Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

Orce1906

Ѓорѓиевски: Зоран и Вице Заев со признанието на Боки 13 си купија билет за Идризово

Во нормална правна држава после признанието на главниот осуден во Рекет, дека парите завршиле кај Зоран Заев и Вице Заев, денес тие требаше да бидат со лисици на рацете поради сомнение за сторен криминал, истакна Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.Со ова Зоран и Вице Заев си купија директен билет за во Идризово. Нема криминал во оваа држава, а да не се спомнува името на овие двајца.ЈО молчи и не се осмели да ги викне браќата Заеви ниту на разговор. Ова е втор пат откако сега осудениот експлицитно го посочува Зоран Заев, а ЈО не се воопшто не се интересира за тоа.Зоран и Вице Заев вчера во судот беа посочени како лица кај кои завршиле пари од Рекет, но Зоран Заев е белата мечка за кого ЈО не смее да отвори постапка, иако сите индиции водат директно до него.ЈО, за кое беше релевантен и отвори постапка според исказ на Нинџа, сега молчи на индициите и исказите кои ги дава Бојан Јовановски.Боки 13 е лицето кое ја носеше торбата полна со пари и тој знае каде ја однел. Кога тој ги посочува Заеви, како крајна дестинација за изрекетираните милиони, тогаш тоа би требало да биде доволно силен аргумент Зоран Заев лично да биде повикан во ЈО да даде исказ, и истовремено да му се одземат уредите за електронска комуникација со цел нивно вештачење.ЈО со своето неделување само потврдува дека Зоран Заев не е чист и дека нешто се крие.Очекуваме ЈО веднаш да го повика Заев и да отвори истрага против него. Во спротивно јасно излегува на површина дека ЈО е на тастер токму од Зоран Заев.ЈО и сите кои сега не смеат да отворат постапка против Заев, иако за тоа има искази со воспоставување на правната држава во Република Македонија ќе треба да се соочат со аргуменитите дека го прикривале Рекет.Доаѓа време за одговорност.Изборот е помеѓу обнова која ќе ја донесе ВМРО-ДПМНЕ и измама која ја имаме од Заев и СДСМ. Македонија не заборава, и нашиот народот ќе ја направи разликата, истакна Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.фото: ВМРО ДПМНЕ 

Македонија | пред 5 години

pistol

Скопјанец осомничен за недозволено поседување пиштол

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 24-годишен скопјанец, осомничен за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и трговија до оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик.Осомничениот, на 2 јуни, пред зграда на улица „Струмичка“, неовластено држел огнено оружје – пиштол марка „Глок“ со калибар 9 мм. На критичниот ден тој се движел со моторцикл без регистарски таблици, а на себе носел панцир. Во еден момент го пресретнале непознати лица, кои кон него испукале повеќе проектили, нанесувајќи му повреда во левата потколеница. Осомничениот возвратил со 6 куршуми, по што се скрил во влез од зграда, а пиштолот се обидел да го скрие во сандаче на ЕВН.Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави Предлог за определување мерка куќен притворза осомниченото лице, поради опасност од бегство, можност да се обиде да ги скорие трагите или да го повтори кривичното дело.​фото: Архива

Скопје | пред 5 години

Filipce-2

Филипче: Протоколот за изборите ќе се финализира во следните два до три дена

Во вчерашното гостување во емисијата „Клик Плус“, на ТВ21 министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, во однос за гласањето на предвремените парламентарни избори потенцираше дека гласањето би требало да се спроведе на луѓе кои се на домашно лекување, луѓе кои се во изолација и на луѓе кои имаат хронични болести со цел да им се олесни пристапот до гласањето.„Имаме сосем доволна количина и на заштитна опрема за сите и лекари, но и членови на избирачките одбори коишто треба да ги спроведат изборите. Ги изработивме протоколите. Комисијата за заразни болести најпрво на барање на претседателот на државата, после една од лидерските средби се побара протокол како би се извеле изборите. Може да кажам дека тој протокол е практично протокол којшто се базира на истите принципи на организација на било каков настан, без разлика дали е во надворешни или во внатрешни услови. Исто се запазуваат овие принципи на дезинфекција, маска и дистанца. Врз основа на тој протокол имавме состанок со Државната изборна комисија, произлегоа повеќе прашања на коишто одговоривме. Последното барање е да се даде една малку изменета форма, меѓутоа во континуирана комуникација сме и сето тоа ќе се финализира во следните два до три денови“, истакна министерот Филипче.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

korona-2

Филипче: Широкиот пристап на тестирање можеби не носи поени на Министерството за здравство, но е во интерес на јавното здравје

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче во вчерашното гостување во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 потенцираше дека со широкиот пристап на тестирање на сите контакти од висок ризик за кратко време се идентификувани огромен број на асимтоматски носители на вирусот.„На почетокот на овој бран се соочивме со една ситуација, кластери од семејни настани од каде практично произлегоа позитивни пациенти. Направивме широк пристап на тестирање на сите контакти кои имале висок ризик. Сакавме да ги изолираме апсолутно сите луѓе кај кои ќе детектираме вирус, па дури и тие да се асимтоматски. Овој пристап за Министерството за здравство не носи многу поени заради тоа што има голем број на новодијагностицирани и некој ќе каже дека се разгорува епидемијата, но, апсолутно оди во интерес на јавното здравје. Со вакво тестирање на контактите, а имавме бројни контакти во рамките на семејствата, помеѓу семејствата и надворешни контакти со овие семејства успеавме за кратко време да идентификуваме огромен број на асимтоматски носители на вирусот. Тоа да не се случеше, тие луѓе ќе шетаа низ градот и ќе го ширеа вирусот на неконтролиран начин“, истакна министерот Филипче.Тој рече дека со овој пристап се успеа да се добие една целосна слика за состојбата на епидемијата во Северна Македонија и да се направи план за понатамошно делување.„Точно можевме да предвидиме, согласно процентот на хоспитализациите и тежината на клиничката слика на колку луѓе ќе им биде потребно болничко лекување и согласно тоа да ги планираме капацитетите. Да ги спремиме и болничките кревети, но и кадарот, па и да ги организираме регионалните центри во Тетово, Штип, во Охрид и во Битола, инфективните одделенија во Велес, понатаму во Кавадарци, целосно на „стенд бај“ спремно доколку е потребно да се сместат пациенти.“, изјави министерот Филипче.На прашањето за состојбата во регионот Министерот Филипче истакна дека е во постојан контакт со своите колеги од регионот каде насекаде има зголемување на бројот на нови случаи.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Филипче: Горд сум на здравствените работници, се мобилизиравме за најголемиот здравствен предизвик досега

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, во вечерашното гостување на ТВ21 истакна дека е горд како се справија здравствените работници, кои се мобилизираа да одговорат предизвик кој досега не се случил воопшто.„Целосно го мобилизиравме здравствениот систем, здравствените работници, од сите јавно-здравствени установи, а по потреба и од приватните заради што веќе разговараме со приватните болници. Ваква ситуација на мобилизација, на ротација на кадар немало никогаш во нашата земја", рече Филипче.Тој изјави дека веќе четири месеци здравствените работници непрекинато работат и дека дел од нив се веќе уморни. Истакна дека иако бројот на инфектолози е мал, здравствениот систем соодветно и професионално одговора на предизвикот и истакна дека мобилизација и ротација на здравствените работници во ваков обем немало никогаш ниту во нашата земја ниту во светот.„Горд сум на здравствените работници. Се престроија за нешто за кое никогаш не беа спремни, ниту здравствениот систем кај нас не бил подготвуван да одговори на еден ваков предизвик“, истакна Филипче.На прашањето за извесни обвинувања дека лекарите и медицинскиот персонал кои доаѓаат од внатрешноста не се подготвени, Филипче изјави: „Апсолутно не е точно дека медицинскиот персонал кој дојде од внатрешноста е помалку подготвен за постапување во вакви ситуации. Тоа се искусни лекари и медицински сестри и се крајно професионални".Министерот Филипче упати апел до граѓаните дека со одговорното однесување ќе им се помогне и на лекарите и на медицинските сестри.„Ова не е борба којашто ние сами можеме да ја добиеме. Не може да се постигне од наплив на пациенти којшто можел да се спречи ако граѓаните ги почитувале мерките. Со почитување на мерките се штити инфивидуалното здравје, се штити колективното здравје, се штити здравствениот систем“, потенцираше министерот Филипче.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

02a33223-86b2-49b0-8ce9-f8b6a656aaa0-1

Почина Атанас Ковачески

Почина портпаролот на ЕВН и поранешен новинар Атанас Ковачевски.Тој на јавноста и беше познат од ТВ екраните како новинар, а во последните години како портпарол на ЕВН.Ковачевски претходно работеше во Канал 5 и во МРТВ.

Скопје | пред 5 години

nikolovski

Николовска: Боки сам не може да изрекетира 500 денари од продавница, а не милиони од бизнисмени

Адвокат и член на Правната комисија при ВМРО-ДПМНЕ, Ружица Николовска го даде своето стручно мислење за денешната пресуда за случајот „Рекет“ во гостувањето во телевизија Телма. Според неа зад случајот се кријат високи структури во власта.„Ние овде сега имаме една друга ситуација, зборуваме за поголема структура, за октопод, овие лица кои што денеска беа прогласени за виновни и им беа изречени казни се само извршители. Но нарачателот сметам дека е во повисоките структури на власта“, вели Николовска.Таа не смета дека ниту Катица Јанева, ниту Бојан Јовановски го имаат капацитетот за сами да ја спроведат операцијата „Рекет“.„Зборуваме за милионски суми јас не верувам дека Боки 13 би можел сам да изрекетира ниту 500 денари во маалска продавница, а камо ли да рекетира бизнисмени за милиони без да има поддршка за сето тоа“, посочи Николовска.Николовска истакна дека не беа слушнати забелешките на експертите кога се носеше Законот за јавно обвинителство. Таа посочи дека во законот има катастрофални решнија и небулози.„Jaс морам да ви споменам кога се дискутираше предложениот нов закон за обвинитество, со решенијата  што беа предложени како што беа предложени на која присуствував како експерт. Лично сметам дека во новиот закон има многу решенија кои што се катастрофални кои што не соодстветствуваат со нашата состојба. Што е најжално што реагираат и самите обвините. Во законот има многу небулози од начинот на избор на Јавен обвинител до дисциплинските постапки“, појасни Николовска.

Македонија | пред 5 години

lisici

Приведена осуденичка барана со потерница за издржување 17-годишна казна затвор

Полициски службеници утрово на улицата „Гостиварска“ во Ѓорче Петров привеле 65-годишна осуденичка од Скопје, која била барана со потерница за издржување казна затвор во траење од 17 години за сторени кривични дела – измама и даночно затајување.Б.П. била спроведена во затворот Идризово на издржување на казната.фото: Архива

Скопје | пред 5 години

Irena

ФБ статус: Смешно е да се зборува за било каква доверба во правда во Македонија со овие судии и обвинители

ФБ статус на Ирена Стериовска, граѓански активист:Правосудне пичкематеринеГлупост е да се каже дека после оваа пресуда е вратена довербата во правосудниот систем во Македонија. Уште поголема глупост е глупост после сите овие години политичарите да се вечно виновни за немањето на интегритет на цела една фела. Всушност ем е глупо ем е опасно бидејќи така очекувањето и притисокот од јавноста не е насочен кон оние чија работа е да покажат достојност и интегритет во секакви услови. Па нели тоа е премисата, “ правдата е слепа” а сепак нашишиве судии и обвинители се и тоа како “опулени”.Нека бидат политичарите најлукавите компромитатори, сепак судии и обвинители прифаќаат мито, судии и обвинители тргуваат со влијание, судии и обвинители дозволуваат да бидат компромитирани било од страв, инерција или лукративни причини. Одговорноста е дотолку поголеми бидејќи политичари ги поставуваме ние граѓаните и ако згрешиме “пу ј’зк” за нас но обвинители и судии си имаат свои тела у кои ние немаме никаков пристап и било кој политичар да дојде на власт истата правосудна машинерија ќе ги понуди своите услуги исто како и до сега. Смешно е да со зборува за било каква доверба во правда во Македонија со овие судии и обвинители и без сериозна реформа во начинот на кои тие се избираат.фото: Фб Ирена Стериовска

Македонија | пред 5 години

kosta

(ФОТО) Градоначалникот Георгиески изврши увид на тековните градежни активности во општина Охрид

Градоначалникот Константин Георгиески денеска изврши увид на тековните градежни активности на повеќе локации во општина Охрид, кои се финансирани од општинскиот буџет.На улица „15-ти Корпус“ во тек е отстранувањето на стариот асфалт и се вршат подготвителни работи за поставување на новиот асфалтен слој на коловозот. Во рамки на проектот за реконструкција на оваа улица, се врши и изградба на четири потпорни ѕидови, а во завршна фаза е поставувањето на тротоарските рабници.Градоначалникот беше во посета и на градежните активности за реконструкција на улицата „Прва Македонска ударна бригада“. На оваа улица во моментот се работи на уредување и поплочување на тротоарите со бехатон.Исто така, градоначалникот заедно со тимот на соработници направи увид и на градежните активности за реконструкција на улицата „Абас Емин“ каде што екипите на ЈП „Нискоградба“ вршат изведба на приклучоци за фекална канализација.Беше направен и теренски увид на активностите од првата фаза за поставувањето на атмосферска канализација на улицата „Дејан Војвода“.Во рамки на теренската посета, беше направен увид и на работните активности во населбата „Христо Узунов“ каде што денеска започна реконструкцијата на краци од улицата „Даме Груев“.фото: Општина Охрид

Македонија | пред 5 години

sekerinska

Шекеринска по состанокот на Северноатлантскиот совет на НАТО: Креираме заеднички фонд и залихи од медицинска опрема

Сојузниците во НАТО – Алијансата, меѓу кои и нашата земја денеска донесоа нов оперативен план за справување со пандемијата, како и одлука за создавање на заеднички фонд кој ќе ги покрие итните потреби на земјите – членки, и за креирање на залихи од медицинска опрема, информираше министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, по завршувањето на втората сесија на министерскиот состанок на Северноатлантскиот совет.„Сите 30 сојузници сме соочени со истиот проблем , а тоа е со пандемија која веќе има глобални размери и затоа најдобриот и најефикасниот начин е да имаме единствен став, координиран одговор, да бидеме солидарни во помошта, но и брзи во реакцијата“, рече министерката Шекеринска. Појасни дека заедничкиот фонд ќе се користи за набавка и обезбедување на медицинска опрема, транспорт на опремата, на пациентите и на здравствените работници, додека залихите ќе се креираат преку набавките од овој фонд, но и донации од земјите – членки.Министерката посочи дека НАТО и досега одигра важна улога во поддршка на земјите – членки, но и земјите – партнери во справување со вирусот, преку транспорт на критична медицинска опрема како и подигнување на речиси 100 полски болници. Овој ангажман, рече министерката, на многу начини беше сличен на ангажманот на нашата Армија и во поглед на поддршка на цивилните институции, но и во поглед на искористување на капацитетите на мобилната болница.„ Ако некој имал дилеми, еве точно што значи да сме дел од Алијансата. Тоа значи да учествуваме во одлуки, но и да ги користиме бенефитите на вака организираната акција и солидарност. Тоа значи дека не сме сами и дека не сме мали, туку дека сме дел од навистина најмоќната воено – политичка алијанса. Дека сме дел од поголемо семејство кое се поддржува и помага секогаш кога таа помош е потребна“, рече министерката Шекеринска.На денешната, втора и последна сесија за овој министерски состанок, освен министрите за одбрана на земијте – членки на НАТО се приклучија и високиот претставник на Европската Унија, Жосеп Борел, но и министрите за одбрана на Шведска, на Финска и на Австралија.На новинарско прашање во врска со набавката на новите униформи за припадниците на Армијата, министерката посочи дека се решава прашање кое долги години не било решено.„Навистина ми е задоволство што најпосле и војниците може да се почувствуваат дека се ценети од својата држава, затоа што имаат повисоки плати, затоа што имаат зголемени надоместоци и затоа што кога ќе ја облечат униформата на својата земја ќе се чувствуваат и горди и задоволни и ценети“, рече министерката Шекеринска.

Македонија | пред 5 години

migranti_kola

На автопатот Гевгелија – Скопје граничната полиција во камион пронашла 142 мигранти

На автопатот Гевгелија – Скопје граничната полиција во камион пронашла 142 мигранти, а возачот побегнал од местото.На 10 јуни годинава, утрото полицијата прво го забележала камионот и приклучно возило, како се движи со голема брзина. Тие се упатиле кон камионот со цел да го запрат, а кај стариот пат од с.Милетково кон с.Габрово возачот го сопрел товарното возило и избегал.Регионалниот центар за Гранични работи Југ поднесе кривична пријава против Б.А.(40) и К.Ѓ.(27) двајцата од Гевгелија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело криумчарење мигранти.Фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Boki-13-1

Боки тврдеше дека торбата од Орце била празна, па се предомисли: Дуковски не знае за кои пари зборувал Боки 13

По 36 рочишта, на кои, Јовановски тврдеше дека во торбата земена од куќата на Орце Камчев немало 1.5 милион евра, ниту тој видел пари, а тоа го докажуваше со начинот на кој Зоран Милески-Кичеец ја носел торбата, по изрекувањето на девет годишната затворска казна кажа судот парите да ги бара кај Зоран и Вице Заеви.Сашо Дуковски, адвокат на Јовановски во „Рекет“ во изјава за „А1он“ вели дека не е сигурен дали Јовановски зборел за конкретните пари од Камчев или на рекетите во Македонија.„Ќе треба од него да барате изјава за тоа. Вие гледате дека парите не се најдени. Јас не можам да коментирам каде се парите. И има уште еден факт, не видовме пари. Јас мојата одбрана ја темелам врз основа на тоа што што го имам како доказ. Јас бев полусконцентриран кога тој зборуваше, не сум сигурен дека мислеше на конкретните пари. Не сум сигурен, ќе ја видам изјава. Можеби мислел на парите од рекетите во Македонија, а не на конкретните пари. Не сум сигурен“, рече Дуковски за „А1он“.Обвинителката Вилма Русковска за „А1он“ вели дека Јовановски никогаш не споменал дека парите се кај Заеви во текот на целата постапка која се водела за „Рекет“ и случајот „Меѓународен сојуз“ „Тој никогаш нема споменато такво нешто, ниту во истражната постапка за ‘Рекет’, ниту за ‘Меѓународен сојуз’, не споменал на главна расправа, никогаш. Второ, доколку е условно точно, сигурно Заев нема да му праќа праќа:„Ги видов доказите, ова е чист рекет и морам да постапам’. Јовановски прво тврдеше дека нема пари. Ако немало пари како завршиле кај Заеви? Од почетокот до крајот на првостепената постапка, тој нема кажано една точна работа освен име, презиме и датум на раѓање. Кога беше рочиштето за завршни зборови, немаше исказ кој не му го побив“, рече Русковска за „А1он“.фото: Архива 

Македонија | пред 5 години

zaev

Заев за „Фокус“: Боки лаже зашто јас го пријавив случајот и одбив да му помогнам

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во изјава за „Фокус“ вели дека одбил да му помогне на Бојан Јовановски-Боки 13 за случајот „Рекет“, па затоа тој лаже кога вели рекетираните пари да се бараат кај Вице и Зоран Заев.„Денешната пресуда за овој случај е потврда дека правдата функционира независно за кого станува збор. Заврши времето кога политичари се јавуваа во правосудството за да заштитат прекршители на законот. И покрај тоа што сите докази за случајот познат во јавноста како ’Рекет‘ ѝ се добро познати на јавноста, сепак, Бојан Јовановски вака јавно да лаже е од единствена причина што, според мене, токму јас го пријавив овој случај и секако ги одбив сите барања од него преку посредници за да му помогнам во судскиот процес“, истакна Заев за„Фокус“.Инаку Боки 13 по пресудата во краткото свое излагање истакна дека пресудата е политичка.„Ова е ден на политичка кампања, донесовте политичка пресуда … Парите рекетирани во оваа Македонија барајте ги кај Зоран и Вице Заеви“, истакна Боки 13. фото: Архива 

Македонија | пред 5 години

tepacka-222

Тројца осомничени за обид за убиство во Гостивар

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) и со член 22 од Кривичниот законик.Тројцата обвинети заедно со еден малолетник, на 14 јуни, пред пицерија во Гостивар, се обиделе да лишат од живот едно лице. По банална расправија пред пицеријата, четворицата го нападнале оштетениот и со удари во главата и стомакот му нанеле тешки телесни повреди.Постапувајќи по предлогот на надлежниот јавен обвинител, судија на претходна постапка од Основниот суд Гостивар на тројцата полнолетни осомничени им определи мерка притвор во траење од 30 дена.Фото: Архива

Македонија | пред 5 години

sudenje

Боки 13: Парите барајте ги кај Зоран и Вице Заеви

Осудениот Бојан Јовановски деновиве најави дека ќе достави кривични пријави против вистински сторители на кривични дела во Македонија, а на судијката Васка Николовска-Масевска и порача парите да ги бара од кај Зоран и Вице Заеви, а не кај него.„Донесовте политичка пресуда. Парите барајте ги кај Зоран и Вице Заеви, не кај Бојан Јовановски. Во однос на притворот, сметам дека е тенденциозен. Сите овие месеци е покажен и докажан од ваша страна дека не се работи за обелување на правосудниот систем, туку преку мојот притвор се покажа дека се покажа дека има сплеткани садови. Нема да се дадам во бегство, едвај го чекам први јули, едвај чекам да дозволите да отидам во Јавното обвинителство овие денови за сите вистински сторители на кривични дела во оваа земја. Знам дека ќе ми го продолжите притворот бидејќи така ви е наредено“, рече Јовановски.Претходно, судечкиот совет донесе одлука да го осуди Јовановски на 9 години затвор.

Македонија | пред 5 години

brza-pomos

Бројот на заболени не паѓа: 182 нови случаи на Kовид-19, починати се 6 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1348 тестирање, а регистрирани се 182 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-107, Куманово-14, Штип-4, Тетово-23, Струга-5, Битола-2, Охрид-6, Гостивар-4, Струмица-1, Кочани-1, Берово-1, Ресен-13, Неготино-1.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 33 оздравени пациенти од: Скопје-22, Дебар-1, Штип-1, Прилеп-1, Тетово-1, Велес-2, Битола-1, Кочани-2, Свети Николе-1, Кичево-1.Починати се 6 лица, двајца пациенти од Скопје, двајца од Куманово и двајца од Тетово.Во ГОБ „8 септември“ починати се пет лица – двајца пациенти од Тетово, еден на возраст од 81 година хоспитализиран на 16 јуни и пациент на 72 години хоспитализиран на 12 јуни. Кај тројца пациенти вирусот е потврден постмортем – пациентка од Куманово на 64 години и уште двајца пациенти од Скопје на возраст од 68 и 65 години. Во ОБ Куманово почина пациент на 85 години, хоспитализиран на 10 јуни.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 4664, бројката на оздравени пациенти е 1836, на починати е 216, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2612. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 2243, активни 1507• Куманово 668, активни 219• Дебар 62, активни 10• Штип 254, активни 205• Прилеп 229, активни 16• Тетово 481, активни 297• Струга 147, активни 68• Велес 156, активни 29• Битола 37, активни 9• Охрид 90, активни 71• Кавадарци 8, активни 3• Гостивар 78, активни 52• Гевгелија 8, активни 4 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)• Струмица 10, активни 7• Крива Паланка 10, активни 4• Радовиш 4, активни 0• Крушево 5, активни 2• Кочани 56, активни 23• Пробиштип 11, активни 9• Демир Хисар 1, активни 0• Македонски Брод 3, активни 1• Пехчево 5, активни 2• Берово 3, активни 2• Валандово 5, активни 3• Виница 3, активни 0• Делчево 1, активни 0• Кратово 4, активни 2• Свети Николе 11, активни 9• Кичево 5, активни 2• Ресен 47, активни 46• Неготино 19, активни 10 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 1348 теста се преку: ИЈЗ –570, ЦЈЗ Скопје-32, Авицена –98, Биотек –150, Систина со PCR метода –189, МАНУ -157, Жан Митрев (Филип Втори) -152 и Судска медицина-0. Досега во земјата се направени вкупно 47.793 тестирање на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 7 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 95 пациенти. На кислородна поддршка се 47 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 20 нови, а вкупно хоспитализирани 121 пациент. На респираторна машина се 7, a со потешка клиничка слика се уште 35 пациенти.Во болницата во Битола се хоспитализирани 27 пациенти, а во болницата во Штип се хоспитализирани 22 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 72 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.Активни случаи по општини Скопје заклучно со вчера (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)• Чаир – 336• Аеродром – 125• Бутел – 118• Гази Баба – 128• Центар – 121• Карпош – 103• Сарај – 105• Кисела Вода – 80• Ѓорче Петров – 62• Студеничани – 71• Шуто Оризари – 51• Арачиново – 38• Илинден – 24• Петровец – 12• Чучер Сандево – 8• Сопиште – 12• Зелениково- 1• Странец – 3• Нераспределен-4

Македонија | пред 5 години

Orce1806

Ѓорѓиевски: Боки 13, кој ја носеше ташната со милиони кажа дека парите завршиле кај Зоран и Вице Заев

„Парите од Рекет барајте ги кај Зоран Заев и Вице Заев“, ова не се зборови на некој новинар или политички опонент на СДСМ, ова се зборовите на Боки 13, човекот кој целата јавност го виде како заедно со Зоки Кичеец носи торба Луј Витон полна со изрекетирани милиони, истакна Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.Боки 13 е директниот извршител во Рекет. Парите кои тој ги изрекетирал завршиле директно кај Заеви.Исказот на Боки 13 денеска од суд и претходните докази и аргументи кои ги изнеси се повеќе од доволни Зоран Заев уште денеска да биде повикан во ЈО и да биде отворена истрага против него.ЈО на Русковска премолче и не отвори истрага против Заеви кога Боки 13 од суд кажа дека добил порака од Заев лично на 16 април да се видат и да се соочат со доказите. Тоа се 5 дена пред Зоран Заев како што самиот кажа подоцна откако имаше притисок од целата јавноста во Република Македонија го пријави Рекет случајот токму кај истата Русковска.Што криеше Заев и зошто не го пријавил случајот веднаш?! Менаџирал со докази, прикривал, уништувал или пак изменувал?!Русковска го премолче тоа и не отвори истрага. Исто како што молчи цела година и внимава трагата да не не однесе токму до главата на октоподот а тоа е Зорна  Заев.Зоран Заев е главата на криминалниот октопод. Тој е човекот кој го менаџирал случајот, а ЈО и судот се прават дека од дрвото не можа ја видат шумата.Заев ги лаже граѓаните и институциите во Македонија, а Русковска му дозволува да помине неказнет.По денешниот исказ на Боки 13 очекуваме ЈО итно да смогне сили и храброст и да го повика Зоран Заев на распит, да му го земе телефон на вештачење и да отвори истрага против него.За ваквото непостапување на ЈО и штитење на Заев одговорност ќе има многу брзо.Изборот е помеѓу обнова која ќе ја донесе ВМРО-ДПМНЕ и измама која ја имаме со Заев и СДСМ. Македонија не заборава, и нашиот народот ќе ја направи разликата, истакна Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.фото: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 5 години

Ivanka1806

Василевска: Владата на СДСМ ја финансира НВО на Јасна Мандиќ, обвинета во рекет и директорка на 1ТВ на сега осудениот Боки 13

Владата на СДСМ на 13 јуни по брза постапка во ек на вонредна состојба одлучува да ја финансира и дава дел од колачот од пола милион евра на невладината организација на Јасна Мандиќ, директорката на 1ТВ, на сега осудениот во Рекет - Бојан Јовановски, алијас Боки 13, истакна Иванка Василевска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.Јасна Мандиќ и самата е дел од судскиот процес наречен Рекет 2, а поврзан со меѓународниот сојуз, преку кој како потпретседателка учествувала во перење на над 1 милион евра кои Боки 13 ги изрекетирал од бизнисменот Силјан Мицевски и други лица.Мандиќ моментално се наоѓа во куќен притвор, но тоа очигледно не е пречка владата на СДСМ да и даде дел од пола милионскиот колач. Куќниот притвор во овој случај не е пречка за соработката помеѓу владата на СДСМ и луѓето на Боки 13, кои како што пишуваат медиумите биле дел од шемата за перење на парите од рекетот на Јовановски.Очигледно е дека поврзаноста помеѓу Зоран Заев, СДСМ и главните извршители во аферата Рекет продолжува и понатаму и не застанала со отворање на судските постапки.Ова е скандал. Ова е потценувачки за целата македонска јавност. Од една страна се глуми судски процес, а од друга страна се финансираат истите опфатени во милионски криминал и тоа со пари на граѓаните.Со што ги има задолжено Јасна Мандиќ, обвинета за перење на пари земени од рекетот на Боки 13, директорка на 1ТВ и потпретседател на Меѓународниот сојуз Зоран Заев и СДСМ, за истите да мора да и даваат пари кога истата се наоѓа во домашен притвор?!Знае ли Мандиќ нешто со кое што Зоран Заев не сака да биде запознаена пошироката јавност?!Дали парите кои Јасна Мандиќ ги добила преку својата невладина се надомест за нејзината „коректност“ кон Заев и врвот на власта?!Дали планот на Заев е Рекет да заврши со осудени Боки 13 и Катица, а другите да останат на слобода поради нивното „добро поведение“?!Ова е крајно безобразие и доказ дека Македонија боледува од вирус многу пострашен од Ковид 19. Тоа е вирусот Зоран Заев и СДСМ, кои го имаат метастазирано целото општество.Изборот е помеѓу обнова која ќе ја донесе ВМРО-ДПМНЕ и измама која ја имаме од Заев и СДСМ. Македонија не заборава, и народот ќе ја направи разликата, истакна Иванка Василевска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.фото: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 5 години

18062020_MIOA_MON_press-2

Манчевски и Адеми: Обезбедени ваучери за дигитални вештини за млади до 29 години

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и министерот за образование и наука Арбер Адеми, на денешната прес-конференција ја презентираа уредбата за доделување на ваучери на млади лица за обуки за дигитални вештини.Како што потенцираше министерот Манчевски, целта е да им се помогне на младите подготвени да се соочат со предизвиците кои се резултат на здравствено-економската криза, да бидат конкурентни за работни места каде платите се повисоки и секако поради недостатокот на ИКТ кадар.„Пандемијата предизвикана од КОВИД-19, донесе нови правила на работа и неопходно е сите да се прилагодиме. Дигиталната трансформација и дигиталните вештини се наметнаа за неопходни како никогаш претходно. Преку ваучерите за дигитални вештини, со покривање на половина од трошоците,  им овозможуваме на младите лица да добијат обуки со кои ќе бидат спремни брзо да најдат работа за повисока плата. Предвидуваме да се финансираат обуки за од најосновни до напредни  дигитални вештини. Вкупниот буџет е во износ од 150.000.000 денари“, информираше министерот Манчевски.Правните лица кои ќе се пријават, како и обуките кои ќе ги понудат ќе бидат селектирани од Дигиталниот форум. Дигиталниот форум е независно тело, во кое членуваат претставници на универзитетите со ИКТ студии, четирите стопански комори, ИКТ експерти и двајца претставници на институциите, односно Владата.  Оваа одлука е донесена со цел јавноста да биде сигурна дека селекцијата на обуките ќе биде направена транспарентно и согласно потребите на пазарот на трудот.„Обуките ќе опфатат дигитални вештини за управување со софтверски апликации и хардверски компоненти,  вештини на напредно програмирање, вештини за употреба на дигитални технологии, како и поврзани вештини преку кои се овозможува употреба на информациско комуникациски технологии. Дигиталниот форум ќе ја утврди листата на даватели на обуки за дигитални и обуките за дигитални вештини. Пријавувањето на младите луѓе, исто така ќе оди преку националниот портал uslugi.gov.mk“, рече министерот Манчевски.Министерот за образование и наука Арбер Адеми, се осврна на пакетите мерки кои МОН ги обезбедува со цел помош и поддршка на младите. Станува збор за две уредби од кои првата уредба предвидува доделување средства за набавка на училишен прибор, на средношколци кои потекнуваат од семејства со ниски приходи. Втората уредба предвидува доделување на средства на студенти од семејства со низок приход, за покривање на дел од трошоците за партиципација за студирање или за сместување во студентски дом, односно приватно сместување.„Пријавувањето и за двете уредби на оние кои ги исполнуваат условите е на интернет платформата www.digitalizirajse.mon.gov.mk, односно www.dixhitalizohu.mon.gov.mk. Уредбите се креирани во насока на одржување на ученичкиот и студентскиот стандард, јакнење на личната куповна моќ, како и за поддршка на процесот на стекнување дигитални и ИТ вештини за поголема конкурентност и полесен настап на пазарот на трудот“, заклучи Адеми.

Македонија | пред 5 години

sudenje

Дуковски: Денешната пресуда беше очекувана

Адвокатот на Бојан Јованосвки, Сашо Дуковски, вели дека пресудата што ја донесе судечкиот совет е без докази. Тој додаде дека казната затвор од девет години била очекувана.Дуковски посочи дека постапката нема да заврши тука и најави жалба на пресудата.„Денешната пресуда беше очекувана. Ние од почетокот на овој судски процес знаевме дека ќе се донесе ваква брутална казна. Оваа пресуда најмалку се заснова на докази, всушност нема докази. Вие бевте сведоци, барем тие новинари коишто го следеа судењето, видовте дека  воопшто нема изготвено вештачење. Судот во образложението на денешната одлука за вина се повикуваше на некакви докази. Што  вие како обичен консумент гледате на таа снимка? Гледате 3,5 секунди едно купче пари и потоа гледате еден лик кој ниси чанта во раце како да носи перце. Дали вие знаете дека за најобичните предмети  ширум судовите во државава, за најобичен поткуп од 50 евра на сообраќаен полицаец парите се обележуваат и се фаќа. Дали вие мислите дека доколку тоа навистина така се случило, Бојан Јовановски не би бил снимен од камерите и веднаш уапсен? Ова е една конструкција од самиот почеток, со голема помош на соизвршителот, кој влегува и излегува од притвор кога и како сака. Има двојни аршини.  Овде не завршува нашата борба и мислам дека не е фер што на крајот беше споменато дека во судот во Стразбур била одбиена времената мерка. Судијата требаше да дополни дека времената мерка е навистина одбиена, но прифатена е апликацијата. Во врска со мерката притвор, сите сте сведоци дека во Америка изби граѓанска војна за кривично дело убиство, кое цел свет го виде и е неколку пати потешко кривично дело од ова. Обвинетиот излезе од притвор за три дена со 750 илјади евра гаранција. Споредувајќи го стандардот во Америка и нашиот стандард, се работи за максимум 100 илјади евра. Ние понудивме кауција од 146.000 евра, но тоа не беше доволно. Значи, Америка не знае што е право, таму не владее правна држава, ние си имаме посебно само за нас познато право и затоа по 11 месеци треба да го држиме обвинетиот по секоја цена во притвор. Особено, во ситуација покрај двајца други од истиот предмет на кои им се определени поблаги мерки, а кон него нон-стоп се определува потешка мерка, истакна Дуковски.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

ruskovska

Русковска не е задоволна од изречените казни, најави дека ќе ги обжалат двете пресуди

Обвинителката Вилма Русковска, која го водеше предметот „Рекет“ и го поднесе обвинението до судот, не е задоволна од изречената казна за осудениот Бојан Јовановски, кој доби 9 години затвор, потенцирајќи дека очекувала да биде осуден над 10 години. Русковска најави жалби за двете пресуди.„Што се однесува до веќе осудената Катица Јанева, очекував помеѓу седум и осум години. Тоа беа моите очекувања, а што се однесува до осудениот Бојан Јовановски, апсолутно не сум задоволна. Реално не очекував под 10 години казна затвор. Жалба ќе има за двајцата, од повеќе причини. Ќе видиме што ќе каже Апелацискиот суд. Дали ги задоволив очекувањата на јавноста, ќе треба да каже јавноста, не можам јас да кажам во нивно име“, рече Русковска.Според неа, најголемиот дел од милионите земени од Орце Камчев завршиле во џебовите на Јанева и Јовановски.„Најголемиот дел завршиле кај Бојан Јовановски и Катица Јанева. Тоа е моето лично убедување. Со оглед на  сè што си купувал, а без никаков приход, а и самите знаете, бидејќи вие доаѓате од медиумски куќи, колку чини финансирање  на медиумска куќа на месечно ниво, особено што во тоа време, под договор на дело, кај него беа доста истакнати новинарски имиња“, додаде Русковска.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

nemo-toaelti

(ВИДЕО) Продолжува акцијата за уривање дивопостоавени шанкови во Охрид

Утрово се чисти просторот кај плажата „Горица Три“ која се враќа во првобитна состојба по уривањето на неколку шанкови градени од бетон и камен и отстранувањето на потпорни ѕидови и површини од плажата прекриени со бекатон. Денес се урнати и тоалетите кои не биле приклучени на одводот туку имало изградено септички јами, а се вшри увид и на див приклучок на водоводниот систем.

Македонија | пред 5 години

boki-2

(ФОТО) Боки 13 осуден на казна затвор од 9, а Катица Јанева на 7 години

Судот донесе пресуда за предметот „Рекет“ и го осуди Бојан Јовановски-Боки 13 на 9 години затвор, додека на Катица Јанева и одреди 7 години затвор. Судијката Васка Николовска-Масевска кажа дека судечкиот совет ги ценел сите олеснителни и отежителни околности на сега осудените. Во судската сала присутен беше Јовановски, но не и Јанева, која претходно до судот доставила барање за да не биде спроведувана од нејзиниот дом каде издржува мерка куќен притвор.Пресудата беше соопштена предмалку по шест месеци судење.Во текот на овој судски процес беа презенитрани низа материјални и вербални докази. Во судот е присутен само Бојан Јовановски, додека пак Катица Јанева ќе остане дома.  Сопругата на бизнисменот Орце Камчев, Ана Камчев, која беше еден од клучните сведоци во случајот Рекет на обвинителката Вилма Русковска, во судницата ја слушна пресудата за Бојан Јовановски – Боки 13 и Катица Јанева.https://www.facebook.com/MediumskaInformativnaAgencija/videos/3329047873850528/?v=3329047873850528&notif_id=1592398896827383&notif_t=live_video_explicit 

Македонија | пред 5 години

venko-filipce

Филипче: Го мобилизираме целиот здравствен систем

Министерството за здравство информира дека капацитетите во Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби и Градската општа болница „8 Септември“, преку систем на ротација се зајакнати со медицински кадар со цел подобро и побрзо справување со коронавирусот. Станува збор за 54 доктори и медицински сестри кои се прераспределени од јавно-здравствените установи ширум целата држава.„Го мобилизираме целиот здравствен систем за побрзо да го надминеме и овој бран. Со вклучувањето на дополнителен тим значително ќе им ја олесниме работата и ќе им помогнеме на вработените во овие две установи во справувањето со овој непредвидлив вирус. Сакам да им порачам на сите, да ги слушаме нашите лекари, да се придржуваме до мерките заштита, да не се групираме, да носиме заштитна маска и често да ги миеме рацете. Mораме да бидеме свесни дека само од нас зависи. Да ги почитуваме мерките без исклучок“, рече министерот Филипче.

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања