Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

sise

Пет непознати лица нападнале 19-годишник со стаклено шише во Градски парк

Деветнаесетгодишен скопјанец синоќа по полноќ бил нападнат во Градскиот парк кај фонтаната на булеварот „Илинден“.Според пријавеното, тој бил во друштво на А.М., и по претходно недоразбирање бил физички нападнат со стаклено шише од пет непознати лица.Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.фото: Архива

Скопје | пред 5 години

policija-123

Приведени две лица при контрола на угостителски објект во Тетово

Синоќа во 22.50 часот, во угостителски објект во селото Брвеница, тетовско, полициски службеници ги лишиле од слобода Д.К.(62) и Н.С.(48) од селото Голема Речица.Имено, како што информираат од МВР, при спроведена акциска контрола, било констатирано Д.К. кој бил сопственик на угостителскиот објект не ги почитувал протоколите за работа на објектите, а Н.С. одбивал да се легитимира, ги омаловажувал полициските службеници и при извршен претрес кај него бил пронајден нож.По целосно докумнетирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

korona-hrvatska

Нови 185 случаи на ковид 19, починаа 11 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1364 тестирања, а регистрирани се 185 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-96, Куманово-2, Дебар-18, Штип-4, Прилеп-1, Тетово-14, Струга-20, Велес-2, Битола-2, Охрид-7, Кавадарци-2, Гостивар-2, Крива Паланка-1, Пробиштип-1, Свети Николе-2, Кичево-3, Ресен-8.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 41 оздравен пациент од: Скопје-29, Куманово-1, Штип-4, Тетово-2, Велес-4, Гостивар-1.Починати се 11 лица, осум од Скопје, еден пациент од Куманово, еден од Штип и еден од Тетово.Во ГОБ „8 септември“ починаа осум лица-пациент (53г) примен на 17 јуни, пациент (66г) примен на 5 јуни, пациент (67г) примен на 15 јуни, пациентка (65г) примена на 10 јуни, пациентка (73г) примена на 9 јуни, пациент (62г) хоспитализиран на 15 јуни, пациентка (65г) примена на 13 јуни и пациент на (76г).Во ОБ Куманово почина пациент (78г) хоспитализиран на 12 јуни. Во КБ Штип почина пациент (63г) примен на 18 јуни, во Тетово почина пациентка (62г), потврдена позитивна на 17 јуни.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5005, бројката на оздравени пациенти е 1904, на починати е 233, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2868. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:•       Скопје 2440, активни 1653•       Куманово 680, активни 229•       Дебар 81, активни 29•       Штип 264, активни 207•       Прилеп 231, активни 18•       Тетово 515, активни 316•       Струга 169, активни 90•       Велес 164, активни 32•       Битола 38, активни 9•       Охрид 98, активни 79•       Кавадарци 11, активни 6•       Гостивар 81, активни 54•       Гевгелија 9, активни 5 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)•       Струмица 10, активни 7•       Крива Паланка 11, активни 5•       Радовиш 4, активни 0•       Крушево 5, активни 2•       Кочани 59, активни 26•       Пробиштип 12, активни 10•       Демир Хисар 1, активни 0•       Македонски Брод 3, активни 1•       Пехчево 5, активни 2•       Берово 2, активни 1•       Валандово 6, активни 4•       Виница 3, активни 0•       Делчево 1, активни 0•       Кратово 4, активни 2•       Свети Николе 14, активни 12•       Кичево 8, активни 5•       Ресен 57, активни 56•       Неготино 19, активни 8 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 1364 теста се преку: ИЈЗ –576, ЦЈЗ Скопје-31, Авицена –88, Биотек –160, Систина со PCR метода –165, МАНУ -157, Жан Митрев (Филип Втори) -184 и Судска медицина-3. Досега во земјата се направени вкупно 50.384 тестирања на ковид -19.Во рамките на скринингот се направени 77 теста во градинки во Штип и нема позитивни резултати на ковид-19.На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 9 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 101 пациент. На кислородна поддршка се 46 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 20 нови, а вкупно хоспитализирани 133 пациенти. На респираторна машина се 5.Во болницата во Битола се хоспитализирани 35 пациенти, а во болницата во Штип се хоспитализирани 19 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 76 пациенти - позитивни и сомнителни на ковид-19.Активни случаи по општини Скопје заклучно со вчера (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)•       Чаир – 363•       Аеродром - 129•       Бутел - 133•       Гази Баба - 148•       Центар – 126•       Карпош – 115•       Сарај – 125•       Кисела Вода – 86•       Ѓорче Петров – 69•       Студеничани – 78•       Шуто Оризари – 65•       Арачиново – 52•       Илинден – 25•       Петровец – 12•       Чучер Сандево – 9•       Сопиште – 12•       Зелениково-1•       Странец – 4•       Нераспределен-6

Македонија | пред 5 години

SILEGOV-1

Шилегов позитивен на КОВИД 19

Почитувани, би сакал да ве известам дека и покрај сите мерки кои што се превземаа од моја страна за моја лична и заштита на луѓето околу мене, сепак не успеав да се себезаштитам од Ковид 19, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Скопје Петре Шилегов.Тој во својата објава додава:Искрено се надевам дека вирусот го немам пренесено никому.Денешното тестирање покажа позитивен резултат. Клиничката слика е добра, со благо покачена телесна температура и без потреба од хоспитализорање.Ова е доказ дека вирусот не смее да се потцени и дека мора секој од нас да внимава.Чувајте се и чувајте ги другите околу вас, напиша Шилегов на ФБ.https://www.facebook.com/petreshilegov/posts/3286534338237808

Македонија | пред 5 години

mancevski

(ВИДЕО) Министерот Манчевски во посета на општина Охрид

Подобрувањето на ефикасноста на административните службеници, поедноставување на процедурите за издавање на документи и зголемување на бројот на е-услуги за граѓаните, беа дел од темите на кои разговаравме со министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, кој денеска беше во посета на Општина Охрид, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.Заедно со министерот извршивме увид на почетокот на градежните активности за салата „Една точка за услуги“, која е сместена во зградата на општината.Според планот на Министерството за информатичко општество и администрација, овој простор за многу кратко време ќе добие целосно нов изглед и ќе претставува место каде граѓаните ќе можат да добијат информации за сите електронски услуги, достапни на порталот uslugi.gov.mk.https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/pcb.620177008587906/620176825254591/?type=3&theater

Македонија | пред 5 години

Arsovski

Арсовски: Ковачевски вршел рекет од 250.000€

Рекетот и изнудата станаа опис на работно место и занает во редовите на оваа Влада предводена од СДСМ. Изминативе 2 години откако СДСМ ја предводи власта, ние јавно говоревме за секој еден криминал и криминален тендер во РЕК Битола и излегувавме со докази за истите сериозни криминалии кои што ги правеле раководството на СДСМ, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Вчера имавме можност јасно и гласно да чуеме од страна на министерот во МВР, дека поранешниот директор на РЕК Битола и актуелен на ЕЛЕМ, Васко Ковачевски, заедно со неговите соработници вршеле изнуда од 250.000 евра од реномирана фирма која на чесен начин добила тендер од РЕК Битола или доколку оваа фирма не сака да плати 250.000 евра сума рекет, својата работа требало  да ја дадат на блиска фирма до СДСМ.Фирмата која што требало да ја добие работата, односно Васко Ковачевски ја понудил, претпоставувате која е, тоа е онаа фирма СВ Инвест преку која што возеа камионите на Вице Заев.Имено, оваа фирма во моментов кога требало да ја добие работата немала апсолутно никакво портфолие за истата работа. Доколку имаше правна држава, овој случај ќе се најдеше во обвинителството уште пред 2 години, но Вилма Русковска и нејзиното обвинителст го штитеше криминалот на фамилијата Заеви.Најинтересното што можевме да го чуеме вчера е дека целиот случај и доказите кои се предадени во обвинителството е потпишан и од кадарот на СДСМ во организиран криминал, а поранешен директор на БЈБ, Лазе Велковски. Очигледно е дека доказите се толку цврсти што не може ниту таму да бидат сокриени.Секој еден случај за кој сме говореле во јавност се покажа дека е сериозен криминал, а наспроти тоа, Русковска обвинителството не отвори ниту еден случај, бидејќи го штити криминалот на фамилијата Заеви.Васко Ковачевски, заедно со соработниците кои ја вршеле оваа изнуда и рекет за Вице Заев, вклучително и фирмата СВ Инвест треба уште веднаш да си поднесе оставка истиот Васко Ковачевски и сам да се пријави во обвинителството. Замислете колку вакви фирми кои што на чесен начин работеле имаат изрекетирано и уништено фамилијата Заеви заедно со нивните потрчковци како Васко Ковачевски и онаа сателит фирма СВ Инвест.На криминалот во Република Македонија мора и ќе му дојде крајот. Крајот ќе му дојде кога оваа криминална и неспособна Влада предводена од СДСМ ќе падне од власт на 15 јули и веднаш потоа ќе одговара за сиот криминал и ќе се најде зад решетки, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.фото: ВМРО ДПМНЕ 

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ: СДСМ и Заев го претвориле КПУ Идризово во партиска месна организација

После скандалозниот партиски митинг на СДСМ во затворот Идризово мора да има одговорност. Во најмала рака од морални причини за ова требаше уште вчера оставка да си поднесат министерката за правда Рената Дескоска Тренеска, под чија надлежност се затворите, директорот на Управата за извршување на санкции и директорот на затворот Идризово, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.СДСМ го претворил затворот во месна организација во која се одржуваат состаноци, се прават митинзи и се веат партиски знамиња на партијата. Затворениците се повикуваат на Заев, Шекеринска и други партиски функционери и вршат притисок врз лицата на издржување на казна во затворот да гласаат за СДСМ, што е невиден скандал.КПУ Идризово се претворил во месна организација на СДСМ.Повикуваме сите надлежни институции соодветно да реагираат, да биде нотирано предвремен почеток на кампања на СДСМ во институција на државата и истиов настан да биде санкциониран.Со СДСМ добивме партизирана држава, криминал и корупција.Изборот е помеѓу обнова која ќе ја донесе ВМРО-ДПМНЕ и измама која ја имаме со Заев и СДСМ. Македонија не заборава, и народот ќе ја направи разликата, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.фото: Архива    

Македонија | пред 5 години

dui

ДУИ: Ни Заев ни Мицкоски нема да успеат да не спречат Албанец да биде премиер на Македонија

СДСМ и ВМРО може да имаат многу разлики, но кога станува збор за неприфаќање на Албанската заедница во врвот на власта, тие се исти. Но ако ние Албанците се обединиме за премиер Албанец никој од нив не може да не спречи, велат од ДУИ, објави плусинфо.мк.– Ултиматумот на ДУИ за премиер Албанец ќе не оддалечи од коалицијата, наместо да не зближи” изјави претседателот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски, копирајќи го неговиот хомолог од СДСМ Зоран Заев, кој пред само неколку дена строго и се спротистави на идејата за премиер Албанец, истакнувајќи „Ако ДУИ има таков услов за владина коалиција, тогаш ДУИ нема да биде дел од идната влада”. Но овој не е единствениот пример кога СДСМ и ВМРО ја покажуваат нивната истомисленост на власта резервирана екслузивно за македонските партии. Груевски официјално целеше на 61 пратеник нс изборите 2016 година за да го отстрани влијанието на Албанците во политичките одлуки.  Заев истото го потврди во март 2020 година – велат од ДУИ.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

mickoski-4

Мајката на Христијан Мицкоски позитивна на КОВИД 19

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, потврди денеска дека неговата мајка е позитивна на коронавирусот.Според Мицкоски тој немал контакт со неа. Тој додава дека таа е изолирана во нејзиниот дом.  Мицкоски додава дека нема да ги паузира своите активности, оценувајќи дека нема опасност тој да е заразен со коронавирусот.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

korona-virus-3

Д-р Стевановиќ и Д-р Баловски: Вирусот не штеди никого

Во вчерашното гостување во емисијата 360 на алсат-м телевизија, одговарајќи на новинарско прашање за поврзаноста на коморбититетите (претходни хронични заболувања) и смртноста на пациентите, д-р. Милена Стевановиќ објасни дека клиничарите кои работат во третманот со пациентите заболени од Ковид-19 се соочуваат со смртност на пациенти кои имаат претходни хронични заболувања, но и релативно млади луѓе без пријавена хронична болест.„Тоа се пациентите, пред се, со хронични белодробни заболувања, хроничните срцеви болни, ништо помалку пациентите кои имаат покачен крвен притисок, пациентите со дијабетес-посебно оние кои не се добро регулирани и кои веќе имаат компликации од сопствените хронични болести. И обезноста, односно дебелината, е исклучително битна затоа што таа сама по себе „отвора врата“ за низа хронични болести. Дебелината е здравствен проблем кој придонесува и отвора можност за многу болести“ – изјави Др. Стевановиќ и дополни дека возраста и понатаму останува сериозен ризик фактор.Др. Стевановиќ додаде дека и покрај сите напори на здравствените работници, и релативно млади луѓе без пријавена хронична болест ја изгубиле битката со ковид-19.„Не е така мал бројот на хронично болни кои сме ги излекувале. И пациенти во длабока старост, и обезни, и пациенти без еден бубрег и пациенти со сериозни други болести. Но од друга страна, релативно млади луѓе, без пријавена хронична болест, за жал ја изгубија битката со болеста. Апелирам секој еден да ја сфати сериозноста на болеста и секој еден да се придржува до она што постојано го зборуваме, да се придржува до мерките, со цел да го сочуваат своето здравје и здравјето на своето семејство„- изјави Др. Стевановиќ и нагласи дека тука би ги вклучила и децата кои исто така се инфицираат и исто така можат да ја пренесат инфекцијата, иако од досегашното искуство на клиничарите децата имаа брзо опоравување од болеста.Во контекст на ова, пулмолоалергологот Др. Марјан Баловски од ГОБ „8 септември“ потенцираше дека вирусот не штеди никого.„Секако дека луѓето кои имаат посредни заболувања се поранливи, но дефинитивно вирусот не штеди никого. Јас можам да потврдам од моето практично искуство дека сме имале болни со тешки коморбидни состојби на кои сме успеале да им помогнеме, а сме имале за жал и луѓе кај коишто, буквално, сосем здрави добивајќи го вирусот за неколку дена се случува најлошото. “- изјави Др. Баловски и потенцираше дека најголемата помош од граѓаните за здравствените работници е да ги почитуваат мерките за заштита, маска, дистанца, хигиена и дезинфекција на раце. фото: Архива

Македонија | пред 5 години

ohrid-transparentnost

Општина Охрид е најтранспарентна општина во Југозападниот регион

Општина Охрид е најтранспарентна општина во Југозападниот регион на Република Северна Македонија врз основа на Индексот на активна транспарентност, се вели во извештај е подготвен од Центарот за граѓански комуникации со поддршка на Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД).http://www.ccc.org.mk/images/stories/ia2020.pdfПо нивото на транспарентност охридската локална самоуправа го зазеде 14 место помеѓу општините, со резултат од 80,3 % остварени позитивни показатели.Од вкупно 98 институции во кои се мерела активна транспарентност, Општина Охрид е рангирана на 20 место на листата на многу добро оценети институции.Ценејќи ја важноста на точната информација, ОпштинаОхрид и јас како градоначалник ќе продолжаме да се подобрувааме во нивото на транспарентност и објавувањето на важни, веродостојни и точни информации за граѓаните и медиумите.Инаку Општина Охрид во моментот е опфатена со уште едно мерење на нивото на транспарентност во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско учество (Civic Engagement Project), со кој се мониторира отвореноста на 17 институции на локалната самоуправа во Република Северна Македонија. Овој проект го имплемемтираат Фондацијата Метаморфозис, во партнерство со осум локални невладини организации, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид Константин Георгиески.https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/pcb.620060711932869/620060595266214/?type=3&theater

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Викендов ќе се одлучува за отворање на границите без тест и изолација

Министерот за здравство Венко Филипче најави дека викендов со Комисијата за заразани болести ќе дискутираат за отворање на границите од почетокот на следната недела без приложување ПЦР тест и примна на мерките за изолација.-Со оглед на тоа што не можеме да живееме затворени и  тоа што апсолутно целиот регион, еве сега со нови податоци, со исти епидемиолошки ризик, овој викенд ќе имаме состанок со Комисијата за заразни болести и ќе разговараме за отворање на границите од следната недела.  Веднаш после заклучокот после препораката, којшто ќе се темели на анализите, ќе ја соопштиме таа одлука на јавноста, рече министерот Филипче во гостување на ТВ Канал 5.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

kosta

Немањето на подземен катастар ги отежнува работите, но градежните работи ќе се завршат во предвидениот рок

Во моментов е постапка за распишување на шест тендери за летниов период кои треба да ги сработиме. Ќе  се менуваат тоалети по уличишта, ќе се менуваат подови. Во претходниот период за 12 милиони извршивме промена на крововите на 4 училишта, менуваме и дограма. Сега заврши тендерот за промена на дограмата во музичкото училиште, вели градоначалникот на Охрид Константин Георгиески.Градоначалникот додава дека во моментов има активни тендери за асфалтирање на тесни улички за крпење на ударни дупки.„Големите проекти кои почнавме да ги работиме се два големи капитални проекти за нашиот град. Тоа е новиот влез во градот 15 ти корпус, каде рабоотиме заедно до ЈП за државни патишта, коловозот е финансиран од нив во износ од околу 28  милиони, а сите останати работи, изработка на атмосферска канализација, тротоари, велосипедски патеки, осветлување и потпорни ѕидови, сетоа тоа е од општинскиот буџет  и за тоа треба скоро 25 милиони. Овој проект е околу 60 тина милиони“, вели Георгиески.Градоначалникот го образложува и вториот голем проект кој во моментов се изведува, а тоа е комплетната реконструкција на улицата Абас Емин.„Таму сме при крај со првата фаза. Овој проект е многу тежок за работа. Работите одат многу споро. Ние немаме подземен катастар, има многу диви приклучоци. таму менуваме фекална, атмосферска и водоводна линија. Рокот за изработка е 13 месеци. За брзо ќе ја почнеме и втората фаза. Таму имаме средства од 600 000 евра од Европска банка за обнова и развој, а тампонирањето кога ќе завршат подземните фази ќе бидат од општинскиот буџет, околу 25 милиони“, вели Георгиски.Инаку во тек е реконструкцијата и на улицата  „Прва македонска ударна бригада“, каде активностите се во понапредната фаза.„Почнавме со реконструкции на улици во населба Христо Узунов. Ни следи комплетна реконструкција на Охридска бригада, улицата во касарната е готова пред асфалтирање. За овие проекти нема задолжувања, се се финансира од општинскиот буџет, ание како локална самоуправа сеуште ги плаќаме ратите за кредитот земен од минаната локална самоуправа, со кои се направија Питу Гули и Ристо Чадо“, вели градоначалникот.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

televizija

Македонските оператори принудени на прекин на телевизиските програми

Кабелските оператори од утре во знак на протест ќе почнат со времени прекини во реемитувањето на телевизиските канали, освен МРТ.Како што велат операторите во писмото испратено до Владата, Собранието и неколку амбасади во земјава протестот е поради неодржливоста на сегашната правна рамка и наметнатите неуставни обврски.-За време на прекините на екранот ќе ја испишеме причината за истото, со цел да ги запознаеме нашите корисници и општата јавност со она што ги очекува кон почетокот на август оваа година како резултат на донесената Уредба од Влдата- се вели во писмото на кабелските оператори.Одлуката за прекин во емитувањето на каналите ќе биде на сила сѐ додека не се најде решение за спорните одредби со кои се оневозможува реемитувањето.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

evra

Партиите наместо пет, ќе добијат еден милион евра од Буџетот за изборите

Владата на предлог на Министерството за правда донесе Уредба со законска сила за финансирање на политичките партии во 2020 година, со што четири милиони евра предвидени за политичните парти остануваат во буџетот, информираат од Министерство за правда.– Наместо 0,15 проценти од буџетот, политичките партии ќе добијат само 0,04 проценти, или изразено во цифри, ако за финансирање на политичките партии годинава требаше да им бидат исплатени 320 милиони денари, со Уредбата со законска сила за финансирање на политичките партии во 2020 година, на партиите ќе треба да им бидат исплатени вкупно 71.480.556 денари, соопшти Министерств за правда.Изразено во евра, околу четири милиони евра се скратени за исплата и ќе бидат пренаменети во буџетот за справување со последиците од пандемијата, а за политичките партии преостануваат нешто повеќе од милион евра кои ќе треба да биде распределени согласно законските прописи.фото: Архива

Слајдер | пред 5 години

restoran

Продолжено работното време на угостителските објекти

Владата на вечерашната седница, на предлог на Комисијата за заразни болести, донесе измени на Протоколот за отворање и работа на кафетериите и на Протоколот за отворање и работа на угостителските објекти за исхрана.Во согласност со овие измени, ваквите објекти сега ќе можат да работат според работното време утврдено во нивните лиценци, наместо до 22 часот како што досега беше определено со протоколите.Измените стапуваат во сила со денот на нивното објавување во „Службен весник“.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Сончево и топло време со умерена облачност и слаб ветар

Претпладнево ќе преовладува сончево и топло време со умерена облачност и слаб до умерен северозападен ветер, а попладне и кон крајот на денот ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, јавува УХМР.Минималната температура ќе се движи од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 24 до 32 степена. УВ=8Во Скопје ќе биде сончево и топло со умерена облачност и слаб до умерен северозападен ветер. Максималната температура до 30 степени.Од недела ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со почеста појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

IMG_1178

Милевски: Регионалниот туристичко-научен музеј за реткиминерали во Пробиштип ќе предизвика локален и светски интерес

Изградбата на регионален туристичко-научен музеј за ретки минерали во Пробиштип е во завршна фаза, велат министерот за локална самоуправа Горан Милевски и градоначалникот на Пробиштип, Драган Анастасов. Вкупниот буџет на проектот изнесува 9,2 милиони денари, Министерството преку Бирото издвоило 5,6 милиони денари, додека од Општина Пробиштип кофинасирале со 3,5 милиони денари.„Нашата земја е богата со руди и минерали, така што токму овој музеј ќе биде спој на природно богатство и традиција. Музејот во Пробиштип во вистинско време се отвора бидејќи на ниво на општини Пробиштип и Кратово е покрената иницијатива за номинирање на Геопарк во УНЕСКО. Министерството преку Програмата за регионален развој има овозможено средства во висина од 5,6 милиони денари. Проектите кои се реализираат преку Министерство за локална самоуправа за сите нас се од особено значење затоа што имаат трајна вредност и се дел од мозаикот за развојот на нашето општество“ вели Горан Милевски, министер за локална самоуправа.Во музејот ќе бидат изложени минерали од подрачјето на Осоговските планини, но и од останатите делови на Македонија. Осоговските планини се богати со разни видови на метални руди и немeтални минерали, како резултат на што овде егзистираат поголем број на рудници за олово и цинк  како "Злетово" од Пробиштип, "Саса"од Македонска Каменица, "Тораница" од Крива Паланка каде има зеолит и каолин. Ова е единствен ваков музеј во Македонија, со површина од околу 110 м2, а обликот е во форма на кристал од минерал.„Се надевам дека до почетокот на идниот месец комплетно ќе се заврши, во сите фази овој преубав објект кој е белег на нашата општина по која што е познат Пробиштип. Музејот на ретки минерали, единствен во нашата држава, ќе содржи над 250 експонати, не само од рудниците Злетово, но и од останатите рудници во државава. За нас тоа ќе значи развој на туризмот на општината, бидејќи ќе бидеме единствени во државата, исто така ќе претставува мотив за идните генерации да се продолжи една традиција по што е познат Пробиштип, тоа е рударството, со оглед на струките кои што ги имаме и во нашето средно училиште и на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, така што овој проект е од големо значење за наш развој и афирмација на градот“ додаде градоначалникот на општина Пробиштип, Драган Анастасов.Музејот се очекува да го посетуваат странски експерти и туристи, како и студенти од факултетот за рударство и геологија во Штип, Факултет за природни и технички науки, учениците од средните училишта во Пробиштип, Македонска Каменица и Битола. фото: Министерство за локална самоуправа МЛС 

Македонија | пред 5 години

kosta-2

(ВИДЕО) Мерко пречка за Охрид да се раздолжи целосно со државата

Општина Охрид во јануари 2019 имаше долг од околу милијарда и шестотини милиони денари, за денеска истиот значително намален по сите основи изнесува околу 470 милиони. Градоначалникот Константин Георгиески објаснува на кој начин е исплатен најголемиот дел од долговите, но и што е пречката поради која сеуште не е деблокирана сметката на општината.-Во јануари 2019 долгот на општината беше околу милијарда и шестотини, со процесот на раздолжување добивме 500 милиони и во преговорите со доверителите заштедивме околу 270 милиони по однос на камати. Претходно имавме исплатено од сопствени средства преку 100 милиони и сега вкупниот долг на општина Охрид по сите основи е околу 470 милиони. Тука спаѓаат 70 милиони денари кои се долг на општината према министертво за финансии по кредит земен од светска банка за колекторскиот систем. Со поделбата на МЈП ние треба да го префрлиме тој долг на колекторски ситем и на тој начин ние да не должиме пари према државата меѓутоа тука како и према други работи има проблем со градоначалникот на Струга Рамиз Мерко кој не сака да го потпише договорот за превземање на тие средства од причина што некогаш со судска пресуда со извршител се земени средства од сметката на Општина Струга, па сега кога ги завршивме сите работи побара тие средства да му се вратат и со ова го закочи целиот процес. Овие работи ни се останати, за да пристапиме кон деблокирање на сметката на општината“, истакна за Скопје 1 градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.https://www.facebook.com/ohrid1/videos/660201967863892/ 

Македонија | пред 5 години

kosta-intervju

(ВИДЕО)Септички јами и нелегални приклучоци за вода на плажите во Охрид

Откако Владата со Уредба го забрза процесот на уривање на дивоградбите во Охрид и на брегот крај езерото општината веќе неколку дена отстранува урбана опрема, шанкови и други објекти.„Станува збор за еден процес кој што општината требаше да го заврши пред многу години, но тоа не е направено и сега согласно препораките на УНЕСКО и планот за управување со Охридскиот регион, ние сме должни тоа да го направиме. Станува збор за отстранување на некогашни шанкови, урбана опрема, тенди, настрешници, ивичњаци за автопат ставени на плажа до Езерото. Тоа е еден хаос кој владеел на плажите изминатите години. Добар дел од нив, точно е дека биле со одредени договори - концесии, меѓутоа поминати се многу години, а ситуацијата е сега драстично сменета и согласно планот за управување со УНЕСКО во точката каде е дефинирано развивањето на одржлив туризам, стои дека за плажите ќе се изработува урбанистичка документација за плажи, со кои ќе се обезбеди дека нема да се врши бетонирање на брегот, нема да се градат платформи кои навлегуваат во водата, нема да се изведуваат објекти од цврста градба и нема да се испуштаат отпадни води во Езерото. Јас ова не би го дефинирал како акција туку како процес кој ние како држава мора да го исполниме доколку сакаме да ги исполниме препораките од УНЕСКО, а тоа е нешто за што јавноста е цела година добро информирана“ , истакна градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески, за Скопје 1.Градоначалникот вели дека погоден термин за отстранување нема, тоа е еден болен процес, но многу е поболно тоа што таму наоѓаме, категоричен е тој.„Наоѓаме диви приклучоци за вода, нерешена канализациона мрежа од тоалетите на тие објекти, септички јами. Во еден град како Охрид тоа е недозволиво. Ние постепено ќе почнеме да ги средуваме тие состојби. Се надевам дека на тој потег каде што почнавме со отстранување на тие несоодветни градби или „бетонски чудовишта“ во Езерото, ќе успееме да го воведеме во ред тој простор. Најлошо е сега со рушењето сиот тој градежен шут да остане таму, но ќе се потрудиме сето тоа таму да биде расчистено и соодветно уредено. Ова е процес кој ќе трае цело лето, и сите објекти ќе дојдат на ред, затоа  што тоа е нешто што се мора, а не што се сака“, истакна Георгиески.https://www.facebook.com/ohrid1/videos/660201967863892/

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Филипче: Покажаме дека здравствениот систем функционира и може да му се верува

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче во вечерашното гостување во емисијата „Само Интервју“ на телевизија Канал 5 се осврна на медицинскиот кадар и болничките капацитети за третман на пациенти со Ковид-19.Тој изјави дека капацитети во болниците кои згрижуваат пациенти со Ковид-19 има, а поголем предизвик претставува кадарот. Според него, во Скопје има 26 специјалисти по инфективна медицина, и уште толку низ другите градови низ Македонија.„Знаејќи ја оваа состојба, уште на почетокот направивме ротација на кадарот со лекари од другите градови во земјата и од други клиники. Сите тие веќе ротираат и помагаат, пред се во болниците во Скопје каде што е и најголемиот удар“, истакна министерот Филипче.На прашањето за стручноста на медицинските лица кои доаѓаат од другите градови да помагаат на клиниките во Скопје, Филипче најостро демантираше дека здравствените работници од внатрешноста кои се дојдени да помогнат се неспремни или нестручни.„Она што е многу важно е дека докторите од внатрешноста се со огромен број години искуство со пациенти од областа на интерната медицина, инфектологијата, пулмологијата итн. Нивното познавање е на одлично ниво. Ваквите тврдења апсолутно ги осудувам и тврдам дека сите коишто се ангажирани во овој процес имаат одлично ниво на експертиза и знаење. Во сите инфективни одделенија низ државава имало вакви пациенти, ова е болест којашто има сериозна манифестација на белите дробови, на крвта, таа е нова болест насекаде во светот, меѓутоа пристапот, анализите, индикациите за препишување на различна терапија е нешто што се прави по сите светски протоколи и медицината базирана на докази“, потенцираше Филипче.Тој истакна дека целиот медицински кадар вклучен во третманот и лекувањето на пациентите со Ковид-19 е исклучително професионален и искусен во својата област, нашите експерти се признати од СЗО и нивните колеги од околните земји ги упатуваат  да се консултираат со нашите виролози, а здравствениот систем одлично се справува со напливот на заболени од Ковид-19.„Покажавме дека системот функционира, и дека луѓето може да му веруваат на нашиот здравствен систем. Целокупниот наш капацитет е ангажиран во третманот на пациентите со Ковид-19, и специјалисти на инфективната клиника, интернисти и специјалисти од анестезионологијата, сите медицински лица кои директно се врзани за експертизата за третманот на пациенти болни од Ковид-19.“, рече Филипче.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

policija-1

Во Вардар пронајдено тело од 90-годишна жена од Скопје

Во попладневните часови на 18 јуни во скопската полиција било пријавено дека под железниот мост на улицата Васил Чакаларов во реката Вардар било пронајдено тело на 90-годишна жена од Скопје.Од лекар од итна медицинска помош била констатирана смрт.Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатата е дадено на обдукција.фото: Архива

Скопје | пред 5 години

filipce

Филипче: Не постои ниту еден податок дека некој човек се заразил ако ги почитувал мерките

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, во денешното гостување во емисијата „Само Интервју“ на Канал 5 Телевизија потенцираше дека не постои ниту еден единствен податок дека некој човек се заразил ако ги почитувал мерките.„Не постои ниту еден единствен податок, ниту еден анкетен епидемиолошки лист којшто укажува на тоа дека човек се заразил ако ги почитувал мерките. Правевме анализа и направивме увид, или не се носеле маски или имало голем собир со огромен број на луѓе на мала дистанца, или дистанцата не се почитувала во рамките на малите семејни настани. Ова е уште еден показател дека единствен начин да се заштитиме е почитувањето на овие мерките“ – рече Филипче.Одговарајќи на новинарско прашање за зголемениот број на ново дијагностицирани случаи, Филипче објасни дека во изминатиот период се прави интензивно тестирање на контакти, пред се на оние кои се во висок ризик.„Здравствениот систем навреме регираше на коронавирусот, со пристап кој значи интензивна анализа и тестирање на сите контакти на новозаразените, пред се оние кои се со визок ризик. Тоа не доведе во ситуација да имаме навистина голем број на детектирани случаи. Под 15% е бројот на дијагностицирани лица кои се наоѓаат на болничко лекување, додека останатите се со полесни симптоми и се наоѓаат на домашно лекување или се целосно асимтоматски случаи. Асимптоматската трансмисија е една од најголемите слабости насекаде во светот во детектирањето на ширење на вирусот. Затоа заземавме став да имаме вака агресивна стратегија. Идентификување на сите контакти кои имале претходно физички контакт со заболените лица со цел навреме да бидат ставени во изолација, да го пресечеме ланецот на пренос на инфекцијата.“, изјави министерот Филипче и образложи дека во последните денови секаде во регионот има пораст за заразни со ковид-19, но не можат да се споредуваат само бројките на нови случаи, без притоа да се земе предвид структурата на здравствениот ситем, стратегијата и пристапот во тестирањето на секоја од земјите.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Daniel-jordanoski

(ВИДЕО) Јорданоски: Најдоброто што ќе се случи за Македонија на овие избори е што ДУИ конечно ќе замине во опозиција

Избори во земјава на 15 јули. Каков период ни претстои но и колку е народот подготвен за избори, во интервју за Охрид 1 зборува Данел Јорданоски - Кандидат за пратеник и носител на листата на ГДУ во ИЕ 5.„Малку е критичен овој период, затоа што овој период има такви турбуленции и психички туртури и реално народот тешко дека е спремен за избори“, вели Јорданоски.Што се однесува за планот на ДУИ премиер на земјава да биде албанец, претседателот на ОО ГДУ од Охрид вели:„Албанците се две декади заштитени мечки, не одговараат ни пред судот, ни пред правдата ни пред законите. Изминативе години знаеме дека ниту еден функционер на ДУИ не застанал пред лицето на правдата. Од друга страна пак ако зборуваме тоа кој му овозможи на ДУИ таква комоција. За жал проблемот не е кај нив туку кај граѓаните и македонските партии кои изминативе 30 години даваатс е живо само за да дојдат на власт. Нивната цел е власта, а цената која треба да ја платат е небитна. ВМРО ДПМНЕ беше на Власт цели 11 години. за овој период апсолутно се им беше дадено и преку дадено. Кога во еден период од владеењето ВМРО ДПМНЕ имаше 61 пратеник и не им требаше коалиција, тие сепак искоалицираа со ДУИ и направија Власт. Во тие мандати се случи аболицијата на хашките случаеви, нашите отидоа во ХАГ, а тие беа аболицирани. Незамисливо беше и министер за надворешни работи, кој до вчера беше и претседател на собранието тоа му го дозволи ВМРО ДПМНЕ и ако тоа беше фрапантна информација, сепак се случи. И законите за јазиците кои се штампаа и дозволија да се отвори темата за двојазичност. Од тие лицемерни изјави на ВМРО ДПМНЕ кои цело време нафрлаа националистички теми а сепак доволни еа 11 години да процениме какви се.Од друга страна СДСМ кои до 2014, 2015 год со проектот „Вистината за Македонија“ толку силно удираше на ДУИ и не штедеше зборови за да ги нарече криминалци, за по ова за да падне Груевски, заев се фати за таа рачка која дефинитивно испадна трула. Нели во македонија донесоја двојазичниост, нешто за што истиот тој Зоран заев викаше дека тоа неможе да се случи. Многу работи им удоволија, а меѓу другото и претседател на собранието. Овие теми беа незамисливи, како што денес е незамисливо премиер албанец. Етничкото потекло не е проблем, туку наметнувањето на таквата теза од Али Ахмети. Затоа сувишно е да се разговара за овие сестрински партии ВМРО ДПМНЕ и СДСМ, и нивните погледи. Нивниот поглед е удобната столица каде имаат власт. За да дојдат до таа власт не прашуваат ништо, а цената ја плаќа народот. Ние пак стоиме тврдо и сме убедени дека доколку го добиеме гласот на народот нема да направиме никаква коалиција и нема да поддржиме никаква опција во која ќе биде вклучена ДУИ. Овие личнисти за нас имаат премногу политички багаж имаат премногу црни дела зад нив, ни една бомба од Ал чека, ни еден случај не се отвори. Најдоброто што ќе се случи за Македонија на овие избори е што ДУИ конечно ќе замине во опозиција.Јордановски го кажа својот став за тоа како земјава се справувава со здравствената и економска криза, а открива и дел од проектите на партијата.Интервјуто во целост со  Данел Јорданоски - Кандидат за пратеник и носител на листата на ГДУ во ИЕ 5 во продолжение. https://www.facebook.com/ohrid1/videos/320721248920803/

Македонија | пред 5 години

ljupco-janevski

(ВИДЕО) Јаневски: Годинава ќе научиме други елементи во туризмот, затоа што домашните туристи се дијаметрално спротивни од странските

Кампањата „Дома си е дома“  е насочена за домашните туристи,  со цел да граѓаните да се мотивираат во 2020 год, одморот да го поминат во својата земја. Снимањето на промотивните спотови започна вчера. Ќе се изработат 10 тина спотови на десет дестинации во кои ќе прикажеме повеќе од 60 тина атракции кои туристите можат да ги посетат. Станува збор за атракции познати, но и оние кои се подзаборавени, и оние кои воопшто не се знаат, кај нас, како што е „Долината на кактусите“ и многу други.  Сето ова на модерен начин, во видеа од 30 до 40 секунди. Првото видео треба да биде прикажано во среда.„Ние во туризмот од 2008, 2009, 2010 година имаме постојан раст. 2020 требаше да биде пик на три годишното планирање на агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и очекуваме раст помеѓу 15 и 20% раст во бројот на ноќевања и некаде помеѓу 5 и 7 % раст во број на туристи. Дека сме биле на прав пат покажаа и првите два месеци во годината, каде имавме раст помеѓу 15 и 20 % или првиот девизен прилив во првиот квартал во македонската економија се влејани околу 63,7 милиони долари од туризмот, што претставува 0,67 % повеќе од минатата година. Сепак мислам дека 2020 год. ќе научиме други елементи во туризмот, затоа што домашните туристи се дијаметрално спротивни од странските туристи. Нивните барања и очекувања се поразлични. Но кога ќе го „испечеме“ и ова, мислам дека ќе се искачиме едно скалило повеќе и многу работи ќе ги цениме повеќе што ги имаме и повеќе внимание ќе обрнуваме на секој гостин, отколку во минатото“, истакна директорот на агенцијата за промоција и поддрршка на туризмот Јупчо Јаневски.Директорот Јанески истакна дека очекува викендите во Охрид да бидат многу посетувани, исто и во Струга и другите туристички места, а големите градови да се испразнат.„Од 24 февруари 2020 год го создадовме координативното тело во туризмот во кое учествуваат сите туристички комори и асоцијации и сите чинители во туризмот . До денеска се испочитувани околу 95 % од вкупниот број на барања. Во овој сет на мерки се опфатени и туристичките агенции. Знаеме дека нетрпеливоста е многу голема, сакаме да имаме отворени граници и на тој начин да дојдат поголем број на туристи, но сепак треба да бидеме и свесни дека сите мерки кои ги има превземено државата е за заштита на нашите граѓани“, вели Јаневски.Што се однесува до отворањето на граничните премини Јаневски вели:„Ние го предвидуваме отворањето во два сегменти. Прво за домашните туристи со сите протоколи кои започнуваат од 22 ри, а при тоа сите поединечно треба да почитуваме мерки и препораки. За отворање на граници треба да размислуваме за месец месец и половина и тогаш треба да очекуваме гости од регионот. Оваа година ќе ја одбележат домашните и регионалните гости“, вели Јаневски.Во продолжение проследете го во целост интервјуто со директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Љупчо Јаневски.https://www.facebook.com/ohrid1/videos/2697685560464801/

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања