Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

micov

(ВИДЕО) Коронавирусот не го сопре: Мицов смета дека е „Совршена“

Иако коронавирусот им го смени професионалниот живот и ги оттргна од музиката, сепак, музичарите не се откажуваат од правење нови песни кои треба да бидат хитови. Горан Мицов, објави нова композиција под називот „Совршена“ за кој снимил и видео спот.„Бурното темпо на секојдневниот живот исполнет со бројни настапи , го заменав со повлекување во моето домашно студио, со реализирање на своја авторска музика. Во ова време – невреме поради актуелната состојба добредојдено би било мало опуштање. Би ви бил благодарен доколку ја добијам вашата поддршка со објавување на моите новости“, вели Мицов за новото музичко парче.Текстот на композицијата е на Ирена Митревска, музиката и аранжманот се негови, додека, спотот го работел тој заедно со Гоце Цветков.

Магазин | пред 5 години

skopje-5

Полицаец однесен во државен карантин, наместо во изолација тој се шетал

Во текот на изминатото деноноќие (21/22.06.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија на 566 лица им се издадени решенија за изолација, а 178 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициски службеници извршени се  контроли кај лица во изолација и самоизолација, а  две лица не  ја почитувале мерката за  изолација и самоизолација .Од стапување на сила на уредбата за непочитување на решенијата за изолација и самоизолација од 12.06.2020 до денеска 22.06.2020 година во државен карантин на сопствен трошок спроведени се вкупно 13 лица меѓу кои и еден полициски службеник, а против лицата  ќе бидат поднесени и кривични пријави по член 206 од Кривичниот законик на РСМ. Исто така по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 707    прекршоци.

Македонија | пред 5 години

105563568_693757631197029_5834777053744037373_n-1-960x720

ФОТО: Син на политичар направил судар, па се тепал на Партизанска

Вистински хаос се случувал вчеравечер на булеварот „Партизански одреди“, во близина на хотел „Карпош“.Како што дознава „Република“ од лицата кои се нашле на местото, возило кое движело со брзина над пропишаната, собрало две други возила по патот и предизвикало верижен судир.Возачот на „масерати“ возилото бил Г.Б., син на познатиот и долгогодишен политичар и пратеник во парламентот, кој бил во видно алкохолизирана состојба.

Скопје | пред 5 години

protesti-pance-1

(ВИДЕО) Протест пред средно медицинско во Скопје: Не сите носат маски, а со дистанцата се скарани

Ученици и родители протестираат пред средното медицинско училиште Панче Караѓозов во Скопје, поради тоа што не сакаат да полагаат приемни испити.https://www.facebook.com/tv21hd/videos/915092382328207/Пред влезот на училиштето без соодветна дистанца, а дел од нив и без маска или маска која ја носат несоодветно, се насобрание околу стотина лица.https://www.facebook.com/tv21hd/videos/579101842791982/Непознато е како ќе резултираат протестите, но и дали ќе има санкции поради погрешното носење и неносење на маски, односно, немањето дистанца меѓу лицата кои протестираа.

Скопје | пред 5 години

skopje-sever

Скопје е град со најмногу заразени, Чаир на врвот на локално ниво

Бројот на позитивни на коронавирусот во државава се искачи на 5106, а досега починаа 238 лица. Вчера беа регистрирани 101 нов случај на КОВИД-19, од направени 776 тестирања и пет починати. Институтот за јавно здравје вчера регистрираше 22 оздравени пациенти од кои 11 од Скопје, 10 од Тетово и еден од Велес. Бројот на активни случаи на ниво на држава е 2 942.Од вчерашните регистрирани нови 101 случај на КОВИД-19 во државата, согласно вчерашните податоци, најголемиот број, 57, се од Скопје, со што вкупната бројка на заразени во главниот град достигна 2 498, а активни се 1 699.Чаир и натаму останува општина со најмногу заразени. Заклучно со завчера, бројот на позитивни на коронавирусот е 384. Во Гази Баба, Бутел, Аеродром, Центар, Карпош и Сарај, бројката се движи околу 150 заразени.На Инфективната клиника вчера биле примени пет пациенти, хоспитализирани се 95 пациент, од кои на кислородна поддршка се 45. Во ГОБ „8 Септември“, пак, вчера биле примени девет нови, а вкупно се хоспитализирани 133 пациенти ( седум се на респираторна машина) Во болницата во Битола има 35 пациенти, во болницата во Штип 18 пациенти, а на инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп 81 пациент – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Скопје | пред 5 години

Нема фотографија

Ќе се подгрее ли национализмот додека партиите се борат за победат на изборите

Кампањата за претстојните парламентарни избори веќе е во полн ек, пред започнувањето на официјалната кампања в среда. Предизборните препукувања ги подгреа инцидентот кога експлозивна направа беше фрлена врз продавница во скопската населба Ѓорче Петров, во сопственост на семејството на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, што повлече меѓусебни обвинувања помеѓу опозициската партија и владејачката СДСМ.Лидерот на СДСМ Зоран Заев на терен промовираше инфраструктурни проекти, ДУИ продолжи со темата за премиер Албанец, а на терен беше и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, обвинувајќи ја повторно власта за лошо менаџирање на КОВИД кризата.Претседателот Стево Пендаровски, во интервју за Радио Слободна Европа, во врска подгревањето на националистичките тензии во предизборието, нагласи оти смета дека национализмот не игра битна или доминанта улога пред избори, ниту има пресудно значање за тоа кој ќе биде изборен победник.– Ваквите одредени изблици на национализам мене ми се чини дека се свесно медиумски насочени за да постигнат ефекти кај таргетиран дел од популацијата, вели претседателот на државата, истакнувајќи дека национализмот го поттикнуваат политичките партии кои учествуваат на изборите и сакаат да направат резултат и сметаат дека нивниот партиски електорат сака тоа да го чуе.Во врска со инцидентот со семејната продавница на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мисајловски, Мицкоски вчера на новинарско прашање рече дека разговарал со Мисајловски за фрлената експлозивна направа и ги знае деталите.– Индициите се дека ги знаеме сторителите, врз основа на информациите кои ги добив, патувајќи кон Куманово. Има индиции за сторителите на ова дело, го охрабрувам МВР, СВР Скопје, надлежните, што побрзо да го расветлат ова недело. Јас сум свесен за стравот којшто определени структури политички, политичари го чувствуваат поради дебаклот којшто ќе им се случи на 15 јули и ги повикувам да не конструираат вакви сценарија, бидејќи и после 15 јули треба да има живот во нашата држава, рече Мицкоски.Мицкоски, одговарајќи исто така на новинарско прашање за време на посетата на Куманово, за условите што вчера ги упати ДУИ за премиер Албанец и за прифаќање на бугарските барања, рече дека ДУИ таквиот тип барања можат да ги задржат само во сопствените редови за храбрење на нивното членство.– ДУИ изгледа се чувствува прекомфорно и комотна во ова тригодишната коалиција со СДСМ и мисли дека начинот на којшто функционира со СДСМ, така и со сите останати политички партии. Она што сакам да им го порачам и на нив од Куманово е да внимаваат како се однесуваат, бидејќи на Македонците и на останатите граѓани во Македонија им е дојдено веќе преку глава да бидат граѓани од втор ред. И таков тип на барања можат да ги задржат само во сопствените редови за храбрење и мотивација на сопственото членство, рече Мицкоски.Секретатор на ДУИ Артан Груби вчера на прес-конференција истакна дека ДУИ изборната кампања ќе ја започне со промотивна конвенција на кандидатите за пратеници во Преспа, што ќе се одржи во среда со почеток од 13.00 на отворено, додека кампањата ќе ја заврши во Охрид исто така со собир на отворено.-Причината за овој избор е ветувањето на ДУИ дека ќе биде гарантот на Охридскиот, Преспанскиот и Договорот за добрососедство, бидејќи овие документи и процеси се темел на нашата заедничка држава и на нашата евроатлантска определба. Ова е и основната агенда на првиот премиер Албанец, целосна интеграција во ЕУ и потполна рамноправност во сите сфери: економија, правда, работни места, квалитет на живот и др, рече Груби.

Македонија | пред 5 години

skopje-12

Завршува последната вонредна состојба, почнува кампања и доаѓаат избори

Денеска истекува осумдневната вонредна состојба што ја прогласи претседателот Стево Пендаровски со цел да се спроведат неопходните подготовки за организација на предвремените парламентарни избори на 15 јули.Последната, петта, вонредна состојба беше прогласена на 15 јуни по постигнатиот договор меѓу лидерите на владејачката СДСМ Зоран Заев и на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за терминот за изборно соочување.Шефот на државата ја образложи одлуката за нова вонредна состојба со потребата да се овозможи непречена подготовка на изборите, а особено спроведување на мерки за заштита на јавното здравје за време на изборниот процес, во услови на пандемија на Ковид-19. Осумдневната вонредна состојба беше дадена за да се донесат неопходните одлуки и протоколи за организирање и спроведување на изборите.Предвремените парламентарни избори првично требаше да се одржат на 12 април, но поради кризата со коронавирусот и прогласувањето на првата вонредна состојба во март, со владина уредба изборните дејствија беа прекинати. По повеќенеделни неуспешни разговори, консултации и неколку лидерски средби кај претседателот, власта и опозицијата на средината на месецов конечно постигнаа договор за избори

Македонија | пред 5 години

soba-hotel

Хотелите ги отвораат вратите и ќе работат според овие протоколи

Хотелите од денеска повторно ќе може да примаат гости, по неколумесечната пауза поради воведувањето на мерките за спречување на ширењето на вирусот Ковид-19. Стапува на сила протоколот со кој се уредуваат процедурите за хотелско-сместувачкиот дел на објектите, препораките и мерките за прием и сместување на гостите, ресторанските процедури, употребата на тоалетите, како и препораките за гостите и за постапување при појава на случај со симптоми на Ковид-19.Хотелиерите ќе мора да обезбедат дезинфекциска бариера за обувки пред влезна врата и пулт за дезинфекција на раце. Задолжително е носење заштитна маска од страна на гостите и вработените, мора да има монтажна преграда (шалтер) на рецепција од проѕирна пластика или стакло со отвор во долниот дел (само за манипулирање со клуч и документи), а хигиена на јавните простории и собите со средство кое делува на вируси мора секој ден да се одржува. Обврзно е и редовно проветрување. Посочено е и плаќање со кредитна картичка како степен на заштита за да се намали ризикот од трансмисија на инфекцијата.Се препорачува и во холот при влезот да биде истакната „Welcome“ табла со разбирлив текст за чекорите и препораките кои треба да се почитуваат за време на престојот (носење заштитна маска и дезинфекција на раце), а на рецепцијата ако пултот не е доволно широк да се обезбеди растојание од 1,5 до два метра. Монтажната преграда од проѕирна пластика може да биде заменета со дополнително носење визир од страна на рецепционерот. Може да се нудат единечни или двојни соби со прилагодувања, а во објектите со повеќе кревети дозволено е сместување гости само од едно домаќинство.Протоколот во делот на ресторанските процедури не дозволува служење храна на шведска маса. Не е дозволено ниту послужување гости на стоење на шанк и стоечки маси.Вработените во угостителскиот објект кои послужуваат задолжително треба да носат заштитни маски и често да одржуваат хигиена на раце, а дезинфицирање на масата и столовите пред секој оброк и по завршување е задолжително.Масите треба да се прекриени со хартиени или најлонски чаршафи за еднократна употреба или ако се користат стандардни чаршафи, тие да се перат по секој послужен гостин. Масите не треба да бидат претходно сервирани (доколку објектот има услови да постави средство за дезинфекција на секоја маса – доколку не, гостите може да го користат средството за дезинфекција поставено на влезот од ресторанот според препораките на СЗО).Се забранува и користењето заеднички отворени садови при сервирање кечап, сенф, сосови, масла, сол, шеќери, чаеви, кои се споделуваат на повеќе од една маса.Нужни се и засилени внатрешни контроли на вработените од страна на одговорно лице за одржување на личната хигиена (често миење раце) во сите фази на подготовка, прием и послужување храна, засилени санитарно-хигиенски мерки, пребришување на масите со средство за дезинфекција кое делува на вируси според упатство од производителот при заминување на гостите од секоја маса, како и на крајот на смената задолжително механичко чистење и дезинфекција.Потенцирано е и редовното одржување на тоалетите со задолжително водење евиденција за спроведеното чистење и употреба на соодветни дезинфекциски средства. Како и досега, забрането е користење сушачи за раце во тоалетите. Се наложува задолжително користење хартиени бришачи за раце за еднократна употреба

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

(ФОТО) Што работеа Охридските ЈП во изминатите 7 дена?

Градоначалникот на Охрид на својот ФБ профил ги објави реализираните активности на Јавни претпријатија во изминатите 7 дена. Георгиески напиша:📌 ЈП „Водовод“▶️Нови приклучоци и отстранување на дефекти на водоводната мрежа на улиците:▪️„Даме Груев“▪️„15-ти Корпус“ и▪️„Егејска“.📌 ЈП „Охридски Комуналец“▶️Согласно препораките на Кризниот штаб на Општина Охрид, беше извршена дезинфекција на манастирот „Свети Еразмо“;▶️Во тек се активности за садење нов цветен расад на кружните крстосници на булевар „Туристичка“;▶️Спроведени активности за чистење на окрекот од водите на Охридското Езеро по целата должина на Градскиот кеј;▶️ Тековни активности за уредување на јавното зеленило во село Велгошти.📌ЈП „Нискоградба“▶️Работни активности за изведба на приклучоци на фекална канализација на улица „Абас Емин“;▶️Завршни активности од првата фаза за поставувањето на атмосферска канализација на улица „Дејан Војвода“;▶️Уредување на тротоар на улица „Мите Богоески“;▶️Чистење и отстранување на дефекти од мрежата на улиците „Крум Точков“, „Питу Гули“, „Даме Груев“, „Абас Емин“, „Дејан Војвода“.📌ЈП „Градски гробишта“▶️ Завршна фаза од активностите за поплочување на тротоарот на булевар „Туристичка“.📌ЈП „Градски пазар“▶️Во тек е изработка на метална ограда на ЈЗУ Општа Болница, Охрид;▶️Тековни активности за санација и фарбање на клупите на градскиот кеј, во потегот од каналот „Студенчишта“ до градското пристаниште.https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/pcb.620908501848090/620908371848103/?type=3&theater

Македонија | пред 5 години

mma

Петте телевизии реагираат: Очекуваме Владата да не подлегне на вакви уцени и силеџиство

Македонската медиумска асоцијација која ја сочинуваат 5-те национални телевизии –Алфа, Алсат-М, Канал 5, Сител и Телма –се вчудовидени од денешниот потег на кабелските оператори, со кој цел час беше направен упад во нашите програми, и наместо реемитување на програмата, одеше бланк и некакво соопштение од операторите, се вели во соопштението од ММА.Тие додаваат дека причините за ова самоволие и тешко кривично дело не ни се познати. Кабелските оператори велат дека станувало збор за некаква неуставна законска регулатива, но за спорови околу уставноста на законите се произнесува Уставен суд, а не се прекршуваат договорите за реемитување со телевизиите, и не се малтретираат корисниците и гледачите кои за услугите плаќаат за да гледаат програма. Оние кои произведуваат програма знаат дека екранот е светост, кон црн екран применуваат само оние што не знаат колку е тешка работата да се произведе гледана и квалитетна содржина, туку се научени без никаква надокнада да преземаат содржина и од тоа да прават профити.Особено сме изненадени од самоволието на Дојче Телеком и А1 Австрија, како убедливо најголеми оператори, бидејќи знаеме дека овие компании не би ни помислиле да сторат вакви кривични дела во нивните држави. Една од причините за ваквата аздисаност и крајно некоректно однесување, е и фактот што кабелските оператори постојано нелегално реемитуваат телевизиски канали и програми за кои немаат регулирано авторски и сродни права, за што имаат десетици кривични пријави и тужби, а  јавното обвинителство не постапува против овие осомничени криминалци, со цврсти и обемни докази и аргументација. Непостапувањето на обвинителството доведе до постојано преповторување на истите кривични дела со пиратерија, како и денешното ново кривично дело- а тоа е дрзок упад во програмите на 5 национални телевизии во Македонија –настан без преседан во Европа.Инаку 5-те национални телевизии имаат валидни договори со операторите во кои прецизно стои дека оператроите немаат право на било каква измена на програмата – како што направија денес. Сакаме да ги известиме гледачите дека нашите 5 телевизии целосно ги имаат уредено авторските и сродните права за целата содржина што ја емитуваат, а Управителите за тоа гарантираат под целосна морална и кривична одговорност. Се надеваме дека институциите и обвинителството соодветно ќе реагираат за овие прекршители да немаат можност да го повторат ова исто кривично дело, а дека Владата и институциите ѓе ги заштитат авторските и сродните права како што е насекаде во Европа, и нема да подлегнат на вакви уцени и силеџиство, што сите го видовме вечерва, се вели во соопштението од ММА.

Македонија | пред 5 години

culev-1

Чулев: Ниту Наќе е ’луд‘ како што би рекол Шилегов, ниту пак полициските службеници се виновни што дел од политичарите од власта не водат грижа за сопственото здравје

Министерот Наќе Чулев вечерва преку социјалните мрежи објави статус за ситуацијата со коронавирусот и со низа обвинувања за власта.Тој вели дека коронавирусот е државен, а не политички или партиски проблем, но ги обвинува претставниците на власта дека брзајќи да најдат виновник во спротивните политички редови заборавиле да се грижат за сопственото и за здравјето на граѓани.„Тоа доведе до состојба во која секојдневно имаме фрапантни бројки на новозаразени од коронавирусот, а дел од нив се токму од редовите на СДСМ. Ниту Наќе е ’луд‘ како што би рекол Шилегов, ниту пак полициските службеници се виновни што дел од политичарите од власта не водат грижа за сопственото здравје. Исто така МВР не е виновно што дополнителниот заменик министер Петровска не ги почитува препораките за групирање. За каква одговорност пред граѓаните зборуваме, кога тие со своите постапки покажуваат исклучителна ниска одговорност за своето здравје? Како да очекуваме тие да го заштитат здравјето на граѓаните кога не се способни да го заштитат своето здравје?“, напиша Чулев на ФБ.Министерот апелира политичарите да покажат високо ниво на одговорност.https://www.facebook.com/NakjeChulev/posts/168993161294153

Македонија | пред 5 години

132819825-171591

МИОА: Со прекинот на програмите операторите го прекршија ЗЕК, претплатниците имаат право за надомест на штета

Во врска со денешното исклучување на емитувањето на телевизиските канали од страна на операторите, МИОА би сакала да укаже дека е направена повреда на членот 115 од Законот за електронски комуникации. Членот 115 гласи:Член 115 Операторите кои обезбедуваат пристап до јавна електронска комуникациска мрежа можат, без согласност на корисниците, привремено да го ограничат или прекинат пристапот до нивните услуги, доколку тоа е потребно заради реконструкција, модернизација, одржување или во случај на технички пречки или недостатоци во мрежата.(2) Операторите се должни да ја информираат Агенцијата и да ги известат корисниците за ограничувањата или прекините кои траат подолго од 30 минути:- најмалку 48 часа пред планираната реконструкција, модернизација или одржување или- колку што е можно побрзо, но не подолго од 48 часа, кај ограничувањата или прекините предизвикани од технички пречки или недостатоци во мрежата. (3) Операторите треба да ги преземат сите неопходни мерки, ограничувањата или прекините да траат што е можно пократко.Со оглед на тоа што не се работи за прекин кој е предизвикан заради реконструкција, модернизација, одржување, технички пречки или недостаток на мрежата, јасно е дека се работи за повреда на законот. Последиците за ова дело се дефинирани во членовите 182 и 186 од Законот за електронски комуникации, кои гласат: Член 182 (1) Глоба во износ од 20.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правно лице, односно трговец поединец, ако:36) изврши привремено ограничување или прекин на пристап, спротивно на членот 115 од овој закон;(2)  Глоба во износ од 30% од одмерената глоба за правното лице, односно за трговецот поединец ќе му се изрече и на одговорното лице во правното лице, односно на одговорното лице во трговецот поединец за прекршоците од ставот 1 на овој член. Член 186 (1) На правното лице за сторен прекршок од членовите 180, 181, 182,183 и 184 од овој закон покрај глобата ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана на вршење на определена дејност во траење од шест месеци до три години, а може да му се изрече и прекршочна санкција одземање на предмети со кои е сторен прекршокот.(2) На одговорното лице во правното лице за сторен прекршок од членовите 180, 181, 182, 183 и 184 од овој закон, покрај глобата, ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност во траење од три месеци до една година. (3) На трговец поединец за сторен прекршок од членовите 180, 181, 182, 183 и 184 од овој закон, покрај глобата ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност во траење од три месеци до една година, а може да му се изрече прекршочна санкција одземање на предмети со кои е сторен прекршокот. Покрај ова, сите претплатници на операторите имаат законско право да бараат и право за надоместок на штета од страна на операторите, поради прекршување на одредбите од претплатничките договори и можат да бараат соодветна правна заштита преку Агенцијата за електронски комуникации, како надлежно регулаторно тело. 

Македонија | пред 5 години

televizija

Операторите ја реализираа најавата за времени прекини во реемитување на ТВ програмите

Македонските оператори вечерва во 18 часот ја реализираа најавата за времен прекин на реемитувањето на сите ТВ програми, освен на јавниот сервис МРТВ, во знак на протест поради, како што соопштија, наметнати неуставни обврски во Законот за аудио и аудиовизуелни услуги.– Ја информираме јавноста дека сме принудени да почнеме со времени прекини во реемитувањето на сите телевизиски програми, освен јавниот сервис МРТ од 21 јуни, 2020. Ова се должи на измената на законската и подзаконската регулатива во Законот за аудио и аудиовизуелни услуги, со која на операторите им се наметнуваат неуставни обврски. На овој начин сакаме да го подигнеме нивото на свесност за сериозноста на ова прашање кај пошироката јавност, особено нашите крајни корисници кои ќе бидат најмногу погодени од актуелното законско решение.И покрај сите напори, реакции и отвореност за соработка, во интерес на корисниците, состојбата со реемитување на телевизиски канали нема решение туку сѐ повеќе се комплицира, наведува во соопштение во петокот операторите кои се дел од Здружението на ИКТ при Стопанската комора на Македонија.Причината за ваквиот чекор, стои во соопштението, е усвојувањето на измените и дополнувањата на Законот за аудио и аудиовизуелни услуги по скратена и нетранспарентна постапка, без претходна консултација и расправа. Со овој Закон, на сите оператори им се наметнува обврска да гарантираат за авторските права на програмите кои само ги реемитуваат и за тоа да сносат кривична и материјална одговорност. Реемитувањето на програми и авторските права е согласно ЕУ стандардите и е веќе уставно регулирано со закон. Дополнително, на 29.05.2020, во време на вонредна состојба, донесена е Уредба со која законот е надополнет со уште една обврска на штета на операторите и корисниците која го доведува во прашање натамошното реемитување на телевизиски содржини преку нашата јавна електронска комуникациска мрежа. Оваа Уредба им наметнува обврска на операторите за пререгистрација на веќе регистрираните странски канали во рок од 60 дена, се наведува во соопштението.Сите оператори, се додава, по истекот на овој период, односно на 08.08.2020 ќе треба да ги исклучат странските канали кои ги реемитуваат, поради регулативата која од една страна бара нивна пререгистрација под нови услови без оправдани причини, а од друга страна бара изјави со кои под морална и кривична одговорност операторите би одговарале за нешто за што немаат законска должност ниту пак моќ да го контролираат.– Со оглед на сериозноста на ситуацијата, сметаме дека треба да бидеме транспарентни кон корисниците и јавноста и да алармираме за потенцијалната можност за целосно згаснување на платформите за реемитување на програмските содржини од 8.08.2020 година. Како и до сега отворени сме за соработка и понудивме предлог за измена Законот и на подзаконските акти кои доколку се прифатат ќе добиеме прифатливо решение што ќе го превенира потенцијалниот медиумски и информативен мрак, наведуваат операторите.Сите корисници кои ќе бидат афектирани од оваа одлука ќе бидат обештетени со соодветно намалување на месечната претплата, најавуваат операторите, кои додаваат дека ќе преземат сè во наша моќ да се најде решение, со што ќе се избегнат натамошни штети и ќе се заштитат корисниците и целата јавност.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

zoran

ЗОРАН КРСТЕВСКИ: Прифаќање на минатото

Колумна на универзитетскиот професор Зоран Крстевски, доктор по филозофски науки, мотиватор и тренер за личен развој, за вечер.пресс. Внатрешните борби и страдања нè произлегуваат од лошите удари на судбината, туку од определбата да живееме со вознемиреноста и маката без да се обидеме да го промениме сфаќањето кон случувањата од минатото. Во тој поглед, главното прашање е: Како да ги исфрлиме внатрешниот немир и напнатоста од својот животен стил и да живееме мирно, хармонично и релаксирано?Патот кон мирот и среќата започнува со духовно будење, личносна промена и преобразба во начинот на размислување и дејствување. Позитивната промена произлегува од преиспитувањето на ситуацијата во која се наоѓаме и со барање решение за излез од кризата. Опстојувањето со тело на болка, немир и страдање не ветува мир, среќа и хармонија. Силната волја, иницијативноста и оптимизмот се главните аспекти на позитивната промена.СÈ ВО ЖИВОТОТ Е ПОДЛОЖНО НА ПРОМЕНА, ТАКА ШТО НИШТО НЕ Е ВЕЧНО И ТРАЈНО ЗА ДА НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ПРОМЕНЕТО.Нашето доживување на светот зависи од нашите интелектуални способности и уверувања. Ние го гледаме тоа што очекуваме да го видиме. Го слушаме тоа што очекуваме да го слушнеме. Стварноста е таква, какви што се нашите мисли и емоции. Кога нашите мисли и емоции се позитивни, тогаш напредуваме, уживаме и афирмативно ги воспримаме убавините на животот. Но, доколку сме фокусирани кон неубавите нешта, во тој случај неизбежно стагнираме, страдаме и ги блокираме потенцијалите на личноста.Врзувањето за лошите спомени е како чекорење со железна кугла врзана за ножниот зглоб.За да бидеме среќни и исполнети треба да постигнеме внатрешна хармонија и да ја пронајдеме смислата на сопственото постоење. Внатрешната хармонизираност е плод на совесно, самосвесно и позитивно дејствување. Излезот од кризата првично произлегува од верувањето дека ќе се случи нешто добро. Многу е важно да веруваме во промената, исцелувањето и чудото.Животот постепено се урива кога ќе сфатиме дека не можеме да го подобриме. Песимизмот и стравот од иднината не создаваат позитивни резултати. За да бидеме среќни и исполнети треба да постигнеме внатрешна хармонија и да ја пронајдеме смислата на сопственото постоење. Внатрешната хармонизираност е плод на совесно, самосвесно и позитивно дејствување. Излезот од кризата првично произлегува од верувањето дека ќе се случи нешто добро. Многу е важно да веруваме во промената, исцелувањето и чудото.Суштината на човековото битие не се состои само од телесна структура, туку и од емоционално, ментално и енергетско ниво, кои секое на свој начин влијае врз активирањето на чувството на среќа и хармонијата на личноста.СТРЕСОТ, СТРАВОТ, ТАГАТА, ГНЕВОТ И НЕЗАДОВОЛСТВОТО ПРЕДИЗВИКУВААТ НАШЕТО БИОПОЛЕ ДА БИДЕ РАЗНЕБИТЕНО И ДА СТАНЕМЕ РАНЛИВИ, НЕСРЕЌНИ И НЕМОЌНИ. ДОЛГОТРАЈНАТА ПОДЛОЖНОСТ НА НЕГАТИВНИ ВИБРАЦИИ ГИ БЛОКИРА ПСИХОФИЗИЧКИТЕ ПОТЕНЦИЈАЛИ НА ЛИЧНОСТА И НÈ СООЧУВА СО РАЗНИ БОЛЕСТИ.Кога се чувствуваме емоционално и ментално блокирани, тоа значи дека нашата творечка енергија е задушена, лошо вибрира и нè протечува. На почетокот блокадите обично се предизвикани од пренагласена грижа на совест, чувство на вина и неприфаќање на минатото или од потиснати емоции на страв,  жал и лутина. Последиците од енергетската блокираност се опстојување со емоционален отров и емоционално, ментално, па дури и физичко повлекување во својот интимен свет на живеење.За да ја отстраниме енергетската блокада, потребно е да ги прифатиме болките и страдањата произлезени од минатото и да имаме јасна согледба на состојбата во која се наоѓаме. Прифаќањето и увидот ќе поттикнат опуштање и ослободување од емоционалниот притисок и разбирање на коренот на проблемот – а тој најчесто е производ на негативен став, погрешно убедување или верување во туѓи недобронамерни сугестии.НЕЗАДОВОЛСТВОТО ОД АКТУЕЛНАТА СОСТОЈБА И УВИДОТ ВО СОПСТВЕНОТО ЖИВЕЕЊЕ СЕ КЛУЧНИТЕ ОСНОВИ НА ДЕЈСТВУВАЊЕТО И СОЗДАВАЊЕТО ПОЗИТИВНА ПРОМЕНА. ОТКАКО ЌЕ ПОГЛЕДНЕМЕ ВНАТРЕ ВО СЕБЕСИ И ЌЕ ЈА ОТКРИЕМЕ ВИСТИНСКАТА ПРИЧИНА ЗА НЕРВНАТА НАПНАТОСТ И ВОЗНЕМИРЕНОСТ, ЌЕ ПОЧНЕМЕ ДА СЕ ДВИЖИМЕ КОН ИЗЛЕЗОТ ОД КРИЗАТА.Најголемата опасност произлегува од одржувањето на навиката да опстојуваме со тело на болка. Кога постојано произведуваме хормони на стрес, на тој начин создаваме и серија негативни емоции што активираат зависност. Таквата околност предизвикува некој да биде зависен од расправии; друг од ниски страсти и пороци; трет од љубоморни изблици; четврт од самосожалување или од критичко однесување итн.Излезот ќе го пронајдеме ако во душата вметнеме надеж дека постои решение за очајот, немирот и разочарувањето. Клучот е во комбинирање на трите категории: прифаќање, верување и предавање. Колку повеќе прифаќаме, веруваме и се предаваме на течението на животот, толку побрзо ќе оствариме афирмативни резултати.СЕКОЕ ОПСЕСИВНО ВРЗУВАЊЕ ЗА ПРОБЛЕМОТ МОЖЕ ДА СОЗДАДЕ ПРЕУВЕЛИЧУВАЊЕ НА МАКИТЕ И СТРАДАЊАТА И СТРАВ ОД ПЕРСПЕКТИВИТЕ НА ИДНИНАТА. МНОГУ Е БИТНО КАКО ИМ ПРИСТАПУВАМЕ НА ОГРАНИЧУВАЊАТА И ИСКУШЕНИЈАТА. ПРЕДВРЕМЕНОТО ПОТПИШУВАЊЕ КАПИТУЛАЦИЈА НÉ НОСИ ДОБРО, А НАЈМАЛКУ ИЗЛЕЗ ОД КРИЗАТА.Постои една зен изрека која вели: „Човекот не се дави затоа што паднал во реката туку затоа што останал под површината“. Болките и страдањата се составен дел од судбината, но од поединецот зависи дали ќе биде слаб, пасивен и плашлив во справувањето со животните проблеми и тешкотии.Исходот на борбата неретко зависи од стремежот да се успее, да се победи и да се пројави силен карактер во екот на најголемите ограничувања. Некои потклекнуваат, рационализираат и бараат оправдување за своите слабости, додека други храбро се борат и вложуваат во вистината, правдината и позитивните аспекти на судбината.ОПТИМИЗМОТ, ВЕРБАТА И НАДЕЖТА СЕ МОЌНИ АЛАТКИ ЗА ИЗВЛЕКУВАЊЕ ОД СТРАДАЊАТА.Позитивната психологија укажува дека „ништо не е завршено додека не заврши сè“. Дури и да стигнеме до работ на пропаста или кога сме при самото дно, неопходно е да бараме решение и да веруваме дека ќе успееме да се извлечеме од проблемите. Честопати сè си доаѓа на своето место, само треба да помине време за да спласнат емоциите и да се надминат болките.Состојбата на афект, беспомошност и фрустрираност иницира да гледаме проблеми ѝ таму каде што ги нема. Доколку нашата свест е стеснета, нужно се лимитира и моќта на забележување и толерантно однесување. Во такви моменти потребно е да се смириме, да избегнуваме бурни реакции и разумно да ги согледаме причините за стресот и незадоволството.Во растроена состојба на умот страдаме од недостаток на трпеливост. Наместо да размислуваме опуштено и лесно, ние тоа го правиме со напор. Трепериме и се вознемируваме. Импулсивни сме и своеглави. Анксиозни сме и строги кон себеси и кон другите. Кога сме полни со јад, чемер и тага, тогаш неизбежно страдаме. Кралот Соломон има кажано: „Тагата во срцето го притиска човекот, а добриот збор го развеселува“.Состојбата на афект, беспомошност и фрустрираност иницира да гледаме проблеми ѝ таму каде што ги нема. Доколку нашата свест е стеснета, нужно се лимитира и моќта на забележување и толерантно однесување. Во такви моменти потребно е да се смириме, да избегнуваме бурни реакции и разумно да ги согледаме причините за стресот и незадоволството. Во Новиот завет е запишано: „Кроткиот и смирен дух (кој не е нервозен или вознемирен) е многу драгоцен во погледот на Бог“.Кога сме во мир со самите себе, спиритуално проникнуваме во агенсот што се нарекува космичка интелигенција. Тоа ни овозможува да веруваме дека ако бидеме доволно смирени и бидеме доволно трпеливи – вистинскиот одговор ќе го најдеме веднаш зад аголот. Лао Це кажал: „Музиката во душата може да ја слушне цел универзум. Ако мислата ви е добра, душата распеана и спокојна – позитивната енергија од универзумот лесно ќе дојде до вас“. Асоцијацијата е да веруваме во божјата промисла, да научиме да ги читаме знаците на сопствената душа и да нè отстапуваме од патот што води кон смирението, среќата и хармонијата.Молитвата е пат што овозможува отворање на душата, доверување и примање на радоста. Кога чувствуваме душевна болка треба да посетиме духовен храм и своите мисли и емоции да ги насочиме кон Бога. Чудата се случуваат за лицата кои искрено и посветено веруваат во божествената милост и добрина. Тие знаат дека чинот на промената доаѓа со прифаќањето, покајувањето, проштевањето, себепочитувањето и со создавањето ново посреќно Јас.

Магазин | пред 5 години

avmu

AВМУ: Беса добива минути за политичко рекламирање во рамки на коалицијата

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро ги отфрла обвинувањата дадени во денешната изјава на портпаролката на СДСМ дека Агенцијата ја става партијата ВМРО ДПМНЕ во повластена положба и дека на Движењето БЕСА му се нанесува штета.„Движењето Беса, според листите на кандидати потврдени од Државната изборна комисија е дел од Коалицијата Можеме и според тоа може да добие минути за платено политичко рекламирање исклучиво во рамките на минутите доделени за оваа коалиција“, велат од АВМУ.Оттука наведуваат дека нацрт- верзијата на Упатството за лимитите за платено политичко рекламирање била изготвена пред речиси четири месеци, по што била отворена јавна расправа и биле повикани сите заинтересирани страни да се произнесат по неговиот текст. До усвојувањето на Упатството на 19 јуни, ниту СДСМ ниту БЕСА не доставиле какви било забелешки или предлози. Упатството е донесено едногласно од сите членови на Советот на Агенцијата.„Распределбата на времето за платено политичко рекламирање во сегашното Упатство е направена на потполно идентичен начин како и за Претседателските избори 2019 година, имајќи предвид дека важи истата одредба од Изборниот законик. Во тој изборен циклус, кандидатот за претседател поддржан од СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски доби 4 минути, односно двојно повеќе време од кандидатите поддржани од опозицијата Гордана Силјановска и Блерим Река кои имаа по две минути. Тогаш, СДСМ немаше никакви забелешки или реакции во однос на распределените минути, а сега, иако е применета истата логика, изнесува неосновани обвинувања за Агенцијата, водејќи се од тесни партиски интереси“, велат од АВМУ.Агенцијата во неколку наврати искажа несогласување и јавно и преку реакција до надлежните институции во врска со споменатата законска одредба дека не обезбедува еднакви услови за сите учесници во изборниот процес и дека не е применлива за различните изборни циклуси. И покрај тоа, велат од Агенцијата, и овојпат вложиле напори соодветно да ја имплементираат законската одредба, во корелација со другите одредби од Изборниот законик.Во иднина, политичките партии, наместо вградување свои решенија, креирањето на изборната легислатива да го остават на професионалците, бидејќи легислативата e еден од најзначајните предуслови за спроведување демократски избори, додава АВМУ преку соопштение.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

„Македонски концепт“ нуди нов концепт за реформи во правосудниот систем

Се залагаме за изградба на концепт кој во себе ги обединува правичноста, експедитивноста/ефикасноста и еднаквоста. Ваквиот концепт е една од основите на градењето нормална држава, за која досега многу шанси се прокоцкани. Судот постои заради граѓаните и истиот треба да ги штити правата на граѓаните, а не тој да биде дополнителен проблем при остварувањето на правата на граѓаните, велат искусните адвокати Илија Илијоски и Владимир Бенгиевски за тоа што сѐ треба да се направи за вистински македонскиот правосуден систем, објави МКД.МК.Обајцата адвокати ја составија програмата на Македонски концепт за владеење на правото во Македонија. Тие се согласни со оценката дека сега е моментот и дека ова е последна шанса.Сите досегашни истражувања покажаа дека македонски правосуден систем се соочува со длабока ерозија и евазија во неговата основна задача – правораздавањето, односно носењето одлуки засновани на закон и со правилна и целосно утврдена фактичка состојба. Сведоци сме на сѐ позачестен однос на третата власт во државава чијшто однос е далеку од професионален и во рамки на нормалното однесување на учесниците во судските постапки, пред сѐ судиите и јавните обвинители.„И за жал тоа постојано се провлекува и толерира, а ефектот од истото е разорен за македонското правосудство. Најзасегнати од ваквиот однос на поединци и групи во правосудството, се граѓаните кои после многу затворени врати на кои наидуваат особено во извршната власт, својата надеж ја бараат во судската власт и нејзината моќ и способност да донесе правда за секој граѓанин во оваа држава. Граѓаните бараат конечно правдата да прогледа во Македонија“, вели адвокатот Илијоски.И за неговиот колега Бангиевски, нема ништо спорно во уставната поставеност за тоа дека  судската власт е независна, трета власт, ама…„Така е само декларативно. Во пракса гледаме, на дневна основа што се случува. На оваа тема мислам дека се правени најмногу обиди за менување на работите, но некој посебен резултат нема. Прво, секоја власт прави сѐ да го стави судството под своја контрола. Ова е константа, непроменета 30 години наназад. Иако секоја власт, повторно ќе кажам, декларативно, вели дека е за независно судство и дека не се меша во нејзиното работење, практиката тоа не го покажува. „Бомбите“, односно прислушуваните материјали, кои се пуштија во јавноста, само докрај ги разјаснија работите и ги изнесоа на површина сите валканици“, вели Бенгиевски.Правдата е главен императив на постоењето на судската власт.Илија Илијоски„И спората правда е неправда. Еднаквоста е елементот кој во многу случаи е тотално занемарен, а претпочита еднаквост на страните во постапката односно граѓанинот, корпорацијата, државниот орган, единицата на локална самоуправа кога се странки во определена правна работа, за судот се еднакви и како такви тој треба да ги третира во текот на целокупната постапка без разлика дали се работи за постапка пред основен, апелациски, управен, виш управен или пред Врховниот суд на Македонија. Овој концепт може да се именува како Правда за сите“, вели Илијоски.Бенгиевски вели дека токму судството веќе 30 години е најслабата карика во системот на власта.Владимир БенгиевскиНо, што треба да се направи за да имаме европско судство, затоа што крајно време е нешто суштински да се направи за да се променат состојбите.Текстот во целост на:МКД.МК

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Заев: Целиот коридор 8 се реконструира, целосно се обновува патната мрежа што не поврзува со Бугарија

Огромно е задоволството да се види како патиштата ширум нашата земја забрзано се градат и во вонредни услови со почитување на сите безбедносни протоколи за заштита. Кризата предизвикана од пандемијата со корона вирусот не ги попречи капитални инвестиции. Напротив, имаме забрзано темпо на изградба, истакна Зоран Заев, претседател на СДСМ.Република Северна Македонија се поврзува и внатрешно и кон соседните земји.Заедно со генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски денеска сме во неговиот роден крај да направиме увид во текот на градежните работи од рехабилитацијата на патниот правец Крива Паланка-Ранковце.Целиот Коридор 8 се реконструира, патните правци се обновуваат и за една година граѓаните ќе добијат целосно обновена модерна патна мрежа којашто ја поврзува нашата земја со соседна Република Бугарија. Тоа ќе има позитивен ефект врз поврзувањето на граѓаните од двете земји и врз унапредување на трговските и економски релации помеѓу компаниите.Инвестициите во инфраструктурата се исклучително важни бидејќи отвараат нови работни места, ја движат економијата напред и со тоа го подобруваат животниот стандард на секој граѓанин.СДСМ е силно посветена на изградбата на крупните капитални проекти кои ќе донесат долгорочни бенефити за сегашните и за идните генерации.Изразувам голема благодарност до работниците кои во овие вонредни услови продолжуваат посветено и професионално да работат на реализацијата на овој значаен проект.На изборите на 15 јули кои ќе бидат 100% здравствено безбедни очекувам голема поддршка од граѓаните за СДСМ и коалицијата МОЖЕМЕ за да продолжиме уште повеќе и уште подобро да ја градиме и развиваме нашата убава земја., истакна истакна Зоран Заев, претседател на СДСМ.фото: СДСМ 

Македонија | пред 5 години

mickoski-7

Мицкоски со порака до ДУИ: Барањето за албанец премиер може да го задржите само во сопствените редови за мотивација на членството

Демократската унија за интеграција изгледа се чувствува прекомфорна и комотна во оваа тригодишна коалиција со СДСМ и мисли дека начинот на кој што функционира со СДСМ такви се сите останати политички партии. Она кое што сакам да им го порачам еве и на нив овде од Куманово е да внимаваат како се однесуваат бидејќи на Македонците но и на останатите граѓани во Македонија им е дојдено веќе преку глава да бидат граѓани од втор ред и таков тип на барања може да ги задржат само во сопствените редови за храбрење и мотивација на сопственото членство, истакна претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање, а во врска со изјвата на ДУИ да има Албанец премиер.ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија која се обраќа на сите граѓани без разлика на нивната етничка припадност во Македонија и ќе ја искористам оваа прилик да им се обратам и ним како политичка партија дека ваквата реторика и ваквиот начин на однесување не само што не носи добро туку напротив ја заострува ситуацијата во нашата држава. Ние ќе одговориме соодветно затоа што поминаа времињата кога ДУИ ќе се чувствува комотно и романтично во Владата на Република Македонија. ВМРО-ДПМНЕ е победник на следните предвремени парламентарни избори заедно со Коалицијата „За обнова на Македонија“ и како што кажав на почетокот од овој одговор преку глава им е на Македонците но и останатите граѓани во оваа држава да бидат граѓани од втор ред. Доаѓа вистинска обнова и доаѓа вистинската сила и на Македонците но и на останатите граѓани во Македонија, после 15-ти јули во Владата на Република Македонија и ќе им порачам да внимаваат од сега па натаму како се однесуваат и какви пораки рефлектираат во јавноста затоа што тоа не е добро за сите етнички заедници вклучително и за албанската етничка заедница  во нашата држава, истакна Мицкоски. 

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ со предвремена кампања, без маски, дистанца, со групирања

Несериозниот и неодговорен однос кон здравјето на граѓаните во време на сериозна здравствена криза од страна на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски продолжува. Откако Мицкоски неколкупати демонстрираше непочитување на протоколи и мерки задолжителни во време на епидемија, како седење во кафана во затворен дел, посета на теретана кога тие се забранети за работа , следно се организирањето на собири на граѓани исто така без почитување на задолжителните заштитни мерки, истакна Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ.По партискиот собир на ВМРО-ДПМНЕ во Лисиче кога и самиот Мицкоски ја прекрши забраната за собири и учествуваше во масовен собир каде што имаше и физички поздравувања, без дистанца, а маски ретко кој и да носеше, вчера со ново сценарио опасно за здравјето на граѓаните.Имено, на посетата во Струмица , Мицкоски и членови на ВМРО-ДПМНЕ повторно на дело со прекршување на задолжителните мерки на дистанца, неносење маски и групирање.Но, како тоа да не беше доволно, Мицкоски пред јавноста изјави дека ВМРО-ДПМНЕ за време на кампања ќе биде меѓу народот,нема да се крие зад цитирам: сметачките машини, позади екраните, туку ВМРО-ДПМНЕ ќе биде заедно со народот и во следните 25 дена и во оние 20 дена кои што ќе бидат дел од кампањата, и на крај со порака граѓаните да ги  очекуваат.Уште еден доказ во низата дека за оваа партија не важат никакви правила е и вчерашното делење на флаери на поставените штандови од нивна страна што де факто значи и предвреме започнување со изборната кампања која треба да започне на 24 Јуни.ВМРО-ДПМНЕ од една страна бараа одложување на изборите ,купуваа денови,а како изговор ги ставаа граѓаните, а од друга страна тераат предвремена кампања без заштитни мерки, истакна Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Кузеска: АВМУ работи под диктат, краде минути од партиите во корист на ВМРО ДПМНЕ

ВМРО ДПМНЕ никако да се одвикне да злоупотребива државни институции и органи за лична и партиска корист. Последниот пример е одлуката на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, со којашто партијата ВМРО ДПМНЕ спротивно на Законот е ставена во повластена положба, истакна Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.Ставајќи се целосно во партиска служба, директорот на Агенцијата назначен од ВМРО ДПМНЕ, Зоран Трајчески, не го почитува законот и известувањето на ДИК за распределба на медиумски простор за двете најголеми опозициски партии.Иако во описот се вели дека 6 минути им припаѓаат на двете најголеми опозициски партии, кои на последните избори за пратеници имаат освоено повеќе гласови, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги им наредува на медиумите да ги распределат сите 6 минути единствено на ВМРО ДПМНЕ.Во ваков случај на Движењето Беса кое во коалиција со СДСМ му се нанесува штета.Агенцијата под контрола на ВМРО ДПМНЕ го игнорираше обраќањето на ДИК до Движењето БЕСА да изготви план за медиумско претставување и тоа не ја спречи агенцијата да издаде наредби спротивно на Изборниот Законик.ВМРО ДПМНЕ е навикната да ги контролира медиумите и сиот простор да биде за нив.Остатоците од режимот со последни сили се обидуваат на секој начин да се спасат колку можат. Уште не почнат, ризикуваат да загрозат демократски изборен процес, со што и нанесуваат штета на државата и евроинтегративниот процес.Затоа на 15 јули овие режимски злоупотреби, деструктивност и неодговорност, ќе бидат казнети од граѓаните, истакна Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Македонија | пред 5 години

korona-2

Денеска се потврдени 101 нов случај на ковид 19, починаа 5 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 776 тестирања, а регистрирани се 101 нов случај на ковид-19 во: Скопје-57, Куманово-13, Дебар-1, Штип-3, Тетово- 19, Струга-1, Велес-1, Битола-2, Охрид-1, Гостивар-1, Ресен-2.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 22 оздравени пациенти од: Скопје-11, Тетово-10, Велес-1.Починати се 5 лица, еден од Скопје, двајца пациенти од Куманово, еден пациент од Струга и еден од Гостивар. Во ГОБ „8 септември“ починаа пациентка од Скопје на 77 годишна возраст, примена на 2 јуни и пациент од Гостивар на 45 години, хоспитализиран на 14 јуни. Во ОБ Струга почина пациент на 80 години, хоспитализиран на 15 јуни. Во ОБ Куманово почина пациент на 51 година, примен на 14 јуни. На 19 јуни почината е пациентка од Куманово на возраст од 40 години, потврдена позитивна на 20 јуни.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5106, бројката на оздравени пациенти е 1926, на починати е 238, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2942. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:•       Скопје 2498, активни 1699•       Куманово 692, активни 239•       Дебар 82, активни 30•       Штип 267, активни 210•       Прилеп 231, активни 18•       Тетово 534, активни 325•       Струга 170, активни 90•       Велес 165, активни 32•       Битола 40, активни 11•       Охрид 99, активни 80•       Кавадарци 11, активни 6•       Гостивар 82, активни 54•       Гевгелија 9, активни 5 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)•       Струмица 10, активни 7•       Крива Паланка 11, активни 5•       Радовиш 4, активни 0•       Крушево 5, активни 2•       Кочани 59, активни 26•       Пробиштип 12, активни 10•       Демир Хисар 1, активни 0•       Македонски Брод 3, активни 1•       Пехчево 5, активни 2•       Берово 2, активни 1•       Валандово 6, активни 4•       Виница 3, активни 0•       Делчево 1, активни 0•       Кратово 4, активни 2•       Свети Николе 14, активни 12•       Кичево 8, активни 5•       Ресен 59, активни 58•       Неготино 19, активни 8 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 776 теста се преку: ИЈЗ –346, ЦЈЗ Скопје-13, Авицена –90, Биотек –130, МАНУ -137, Жан Митрев (Филип Втори) -60 и Судска медицина-0. До праќање на извештајот во ИЈЗ не се стигнати податоци од лабораторијата на Систина. Доколку стигнат, ќе бидат внесени во утрешниот извештај. Досега во земјата се направени вкупно 51.160 тестирања на ковид -19.На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 5 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 95 пациент. На кислородна поддршка се 45 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 9 нови, а вкупно хоспитализирани 133 пациенти. На респираторна машина се 7 пациенти.Во болницата во Битола се хоспитализирани 35 пациенти, а во болницата во Штип се хоспитализирани 18 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 81 пациент - позитивни и сомнителни на ковид-19.Активни случаи по општини Скопје заклучно со вчера (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)•       Чаир – 384•       Аеродром - 130•       Бутел - 140•       Гази Баба - 153•       Центар – 133•       Карпош – 114•       Сарај – 130•       Кисела Вода – 95•       Ѓорче Петров – 77•       Студеничани – 84•       Шуто Оризари – 69•       Арачиново – 55•       Илинден – 30•       Петровец – 12•       Чучер Сандево – 12•       Сопиште – 13•       Зелениково-2•       Странец – 4•       Нераспределен-5 фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Miting-dui

(ФОТО) Собир на ДУИ во Охрид, само мал дел од присутните со заштитна маска

Без потребна дистанца , денеска во Воска, Охрид  ДУИ  одржа мини митинг или собир. Само мал дел од присутните имаа маски на себе, но дистанца никој не почитуваше.На фотографиите јасно се гледа дека собраните партиски членови и симпатизери седат еден до друг, збиени, а дел од нив немаат заштита на лицето. Овие фотографии внесоа немир кај граѓаните затоа што овој период е значително зголемен бројот на позитивни на КОВИД 19.Инаку неодамна министерот за здравство истакна дека сите лидери на политичките партии се изјасниле дека здравјето на граѓаните е на прво место, при што се договориле да се почитуваат владините протоколи за заштита.Според ова прдизборна кампања да се одвива согласно препораките и генералните правила за движење, а сите активности во кампањата треба да се одвиваат со почитување на физичката дистанца од 1,5 до 2 метри. Задолжително носење маска или прекривка на устата и носот за време на кампањата, секогаш на затворено и на отворено кога не може да се одржува дистанца.При собири и други наста и пред кампања и во кампањата мора да се почитуваат мерки, а дури и за помали собири да се користат разгласни уреди.Според денешните фотографии на денешниот собир од ДУИ не се испочитува ни една од овие мерки.

Македонија | пред 5 години

tabanovce

На Табановце влезе семејство од Германија, двете деца биле позитивни на КОВИД 19

Две деца на возраст од 5 и една и пол година, кои штотуку влегле преку граничниот премин „Табановце“ во Македонија, враќајќи се од Германија, се заразени со коронавирус, објави САКАМДАКАЖАМ.  Децата веднаш биле однесени во адаптираната болница за Ковид-пациенти во Козле.Како што дознава СДК.мк од МВР, родителите се негативни на вирусот, но и тие најверојатно ќе бидат во двонеделен задолжителен карантин, поради контакт со заразените деца.Семејството патувало со автомобил. Сите се македонски државјани. Поради правилото со законска сила дека за да влезат во Македонија мора да имаат направено тест за коронавирус не постар од 72 часа, четворицата се тестирале во Ниш.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

ezero

Насковски: Охридското езеро е бисерот наш по кој не препознава целиот свет, да си ни вечно и секогаш нај убаво

На денешен ден во 2000 година е прогласен денот на Охридското езеро од страна на локалните самоуправи на трите градови кои лежат на неговиот брег Охрид, Струга и Поградец се со цел поголема заштита како природно наследство од македонска и албанска страна и подигање на свеста за негова заштита како што е одлевањето на отпадните води, урбанизацијата кои стануваат најголемите проблеми со кои се соочува езерото, особено од албанска страна, напиша на својот ФБ профил носителот на ИЕ5 од македонски концепт, Стево Насковски.Насковски во својата објава уште додава:Охридското езеро е бисерот наш по кој не препознава целиот свет, колку што си длабоко толку историја криеш во себе, колку што си убаво уште повеќе се заљубуваме во тебе.Да си ни вечно и секогаш нај убаво ♥️ 0

Македонија | пред 5 години

szo

(ВИДЕО) Светот влегува во нова опасна фаза на ширење на КОВИД-19

Светот влегува во нова исклучително опасна фаза на ширење на КОВИД-19, објави светската здравствена организација. Директорот на СЗО, Тедрос Адханом Гебрејзус  истакна дека човештвото сега се соочува со нова и опасна фаза на пандемијата.„Светот сега е во нова и опасна фаза. Разбирливо, многу луѓе се уморни да бидат дома цело време. Земјите едвај чекаат да ги отворат своите општества и економии. Но, вирусот се шири брзо. Тој сè уште е смртоносен, а повеќето луѓе сè уште се подложни на него“, објасни челникот на Светската здравствена организација.СЗО им порача на луѓето да одржуваат физичко растојание едни од други, да останат дома доколку се чувствуваат лошо, да носат маски кога е тоа потребно и да ги мијат рацете што е можно почесто. извор: СИТЕЛ

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања