Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

120190520_075559

Се изедначи акцизата на маслото за греење со акцизата на масло што се користи како погонско гориво

Владата донесе протоколи за работа на казината и автомат клубовите, а решено е ослободувањето од плаќање на износот на аконтациите на данокот на личен доход и на данокот на добивка продолжуваат да важат и за јуни и јули.Владата на 71-та седница одржана на 22 јуни 2020 година го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство за престанување на точката 9 од Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Македонија и со тоа се овозможува да се врати редовната состојба на организиран превоз на патници од и во подрачјето на Општина Тетово, и од општините Теарце, Боговиње, Желино, Врапчиште, Гостивар, Јегуновце, Брвеница, Маврово, Ростуше и град Скопје.На оваа седница е донесен и Протоколот за отворање и работа на приредувачите на игри на среќа во автомат клуб, и Протоколот за отворање и работа на приредувачите на игри на среќа во казино.Владата го донесе и Протоколот за постапување на средните училишта за време на полагањето на квалификацискиот испит во учебната 2020/2021 година.На оваа 71-ва седница на Владата се донесени изменување и дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за акцизите за време на вонредна состојба со кои се изедначи акцизата на маслото за греење со акцизата на маслото кое се користи како погонско гориво и на тој начин да се оневозможи злоупотребата на користењето на гасното масло за греење спротивно на неговата намена. Притоа, истото ќе овозможи и сузбивање на сивата економија, заштита на животната средина, заштита на потрошувачите и пазарот од нелојална конкуренција и ќе се отстранат причините кои го оштетуваа Буџетот на Државата, граѓаните како и компаниите кои работат со нафтени деривати.На оваа седница, Владата донесе измени и дополнувања на Уредбата со законска сила за прашања поврзани со изборите за пратеници во Собранието на 15 јули 2020 година со дополнителен Член 5-а со кој се утврдува дека доколку не се исполнети просторните услови на просторијата во која е сместено гласачкото место или просторијата каде што треба да се спроведува гласањето Државната изборна комисија може да определи друг соодветен простор кој ги исполнува условите за спроведување на гласањето.Со измените на оваа Уредба, се регулираат и правилата за платено политичко рекламирање за политичките партии, како и правилата за обврската на медиумите за бесплатно да ги емитуваат информативните и едукативните кампањи на Државната изборна комисија, кои се определуваат во траење од 30 секунди на секој час.Измените и дополнувањата на Уредбата со законска сила за прашања поврзани со изборите за пратеници во Собранието на 15 јули 2020 година ги утврдува и правилата за распределбата на рекламниот простор на интернет порталите и во печатените медиуми наменет за платено политичко рекламирање, како и начинот и правилата за распределбата на финансиските средства за платено политичко рекламирање обезбедени од Буџетот согласно член 76-д од Изборниот законик.Со донесување на Уредбата со законска сила за изменување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за данокот на личен доход за време на вонредна состојба, што беше донесена на оваа седница, се продолжи мерката за поддршка на компаниите кои претрпеле штети во своето работење поради ширење на коронавирусот КОВИД-19 со ослободување од плаќање на износот на аконтациите на данокот на личен доход и за месеците јуни и јули 2020 година.На оваа седница се донесени измени на Уредбата со законска сила за примена на Законот за данокот на добивка за време на вонредна состојба, со што се продолжи мерката за ослободување од плаќање на износот на аконтациите на данокот на добивка и за месеците јуни и јули 2020 година, како мерка за ублажување на последиците на компаниите кои претрпеле штети во своето работење поради ширење на коронавирусот КОВИД-19.Владата на седницата одржана на 22 јуни донесе измени и дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за време на вонредна состојба, со која се утврдува дека завршил временскиот период во кој операторите беа должни да ја обезбедат потребната документација за пререгистрација на програмските сервиси кои ги реемитуваат, и дека треба да ја исполнат обврската да ја достават соодветно пропишаната документација до Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги која треба да ја прибават од странски радиодифузери. Дополнително, а заради обезбедување на соодветни услови за информирање на јавноста во овој период на прогласена пандемија, со оваа Уредба е определена обврска за задолжително реемитување на програмските сервиси кои се веќе пријавени кај надлежниот регулатор од страна на операторите.На оваа своја седница Владата донесе измени на Уредбата со законска сила за примена на Законот за странци за време на вонредна состојба со цел да се овозможи важноста на дозволата за привремен престој и дозволата за постојан престој да се продолжи и за оние дозволи чиј рок на важење истекува по вонредната состојба.Со Уредбата ќе се овозможи оваа категорија на странци да остварат легален влез во државата и да пристапат кон постапка за продолжување на престојот, за сите видови основи за престој за кои овие постапки се водат преку подрачните единици за странци на Министерството за внатрешни работи. Воедно, со прецизирање на периодот во кој наведените документи можат да истечат, ќе се оневозможат евентуални злоупотреби од страна на лица на кои дозволите за престој им истекле пред воведување на вонредната состојба.Владата донесе Уредба со законска сила за примена на Законот за електронски комуникации во делот на финансирање на ОТА, за време на вонредна состојба, а со цел обезбедување на континуитет на работењето на Агенцијата во текот на 2020 година, односно за непречено извршување на дејноста на Оперативно-техничката агенција, како и спроведување на надлежностите на Агенцијата за електронски комуникации утврдени во закон.Со донесување на оваа Уредбата со законска сила на начин како што е предложена, се овозможува Агенцијата за електронски комуникации да ги оствари своите обврски согласно Законот за електронски комуникации во делот на финансирање на ОТА, а на Оперативно-техничката агенција ѝ се овозможува непречено извршување на надлежностите.На оваа 71-ва седница е донесена Уредба со законска сила за примена на Законот за културата за време на вонредна состојба со цел рокот за донесувањето на нацрт – годишните програми за работа на националните установи од областа на култура за 2021 година наместо до крајот на јуни да биде пролонгиран до 1 август 2020 година.На оваа седница на предлог на Министерството за локална самоуправа е донесено дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за локална самоуправа за време на вонредна состојба со цел да им се даде можност на членовите на советите на општините и советот на Градот Скопје за одржување на седници со употреба на комуникациски средства и по престанокот на траењето на вонредната состојба, а во услови и време кога препораките на Владата за заштита и превенција од КОВИД-19, се сѐ уште во сила.Владата ја измени и дополни Уредбата со законска сила за финансиска поддршка на граѓани и вработени лица со низок доход, млади лица и здравствени работници преку издавање на домашна платежна картичка наменета за купување на македонски производи и услуги за време на вонредна состојба со која правните и физички лица во објектите за трговија на мало се должни да обезбедат посебно обележани рафтови, гондоли и слично, со ознаката „КУПУВАМ ДОМАШНО" на кои ќе бидат изложени македонски производи за продажба на лицата корисници на финансиската поддршка од оваа уредба со законска сила, или да ги означат со видна ознака/етикета/налепница „КУПУВАМ ДОМАШНО" заради нивно лесно препознавање.Согласно Уредбата, за прометот на македонски производи и услуги, правните и физички лица издаваат фискална сметка која задолжително содржи линија за вкупен промет остварен од македонски производи со текст „промет од македонски производи", пресметан данок на додадена вредност од македонски производи прикажан по даночни стапки и вкупен износ на данок на додадена вредност од македонски производи.Уредбата ги задолжува правните и физички лица вршители на стопанска дејност што вршат оn-line продажба преку интернет страници посебно да ги издвојат македонските производи и услуги и да ги означат со видна ознака/стикер „КУПУВАМ ДОМАШНО", како и да постават известување на видно место на насловната страна на интернет страницата, како и на страната за плаќање, со кое ги известуваат купувачите дека со домашната платежна картичка може да плаќаат само македонски производи и услуги кои се означени со ознаката „КУПУВАМ ДОМАШНО".Владата на оваа 71-ва седница, одржана на 22 јуни, ја разгледа и усвои информацијата и даде согласност на измените на Правилникот за висината на надоместокот за извршените работи на Државниот инспекторат за земјоделство, со кои се олеснуваат условите за упис во регистарот на производители на вино на физички лица и мали винарски визби, и ја намали за висината за надоместокот од 10.000 денари на 1.500 денари за винарски визби со капацитет на преработка и чување на вино до 30.000 литри годишно и 5.000 денари за винарски визби со капацитет на преработка и чување на вино над 30.000 литри.Според информацијата, ова намалување на надоместокот нема да ги намали приходите во Буџетот на Државниот инспекторат за земјоделство, туку напротив, ќе ги зголеми заради интересот на околу 100 физички лица и мали винарии да се регистрираат во регистарот на производители на вино.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

vreme

Денеска облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи

Времето денеска облачно и нестабилно, на повеќе места ќе има пороен дожд, грмежи и со засилен ветер, информира УХМР. Локално ќе има пообилни врнежи, наместа во форма на невреме со електрични празнења и засилен ветер.Минималната температура ќе се движи од 11 до 17, а максималната ќе се искачи до 28 степени.Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди, а попладне ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд и грмежи.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

bacev

Битката за Арачиново

Колумна, Единствена Македонијапроф. д-р Јанко Бачев, претседател на Единствена МакедонијаПовторно дојде 22-ти јуни во уште едно потсетување, дека пред деветнаесет години во 4,30 часот започна битката за Арачиново во која загинаа тројца припадници на македонските полициски сили:Никола Пехчевски, Атанас Јанев и Александар Стојчев, а по шест дена, на 28 јуни, на скопските клиники почина и тешко ранетиот Оливер Китановски.Македонската јавност сеуште се замајува со некаква верзија за настанот, според која, се се сведува на тоа дека бранителите се убиени од албанските терористи при акцијата за ослободување на Арачиново, кое, претходно на 9 јуни 2001 година тогашната ОНА го прогласи за слободна територија. И – толку!Сепак, работите не стојат баш така.При акцијата за ослободување на Арачиново, бранителите не загинаа во борба со албанските терористи, туку загинаа од граната на македонската Армија. За време на војната во 2001 година, кога функционира таканаречената широка Влада, припадниците на двете клучни министерства (министерството за внатрешни работи, раководено од Љубе Бошковски од ВМРО-ДПМНЕ, и министерството за одбрана, раководено од Владо Бучковски од СДСМ) поради некоординираност се однесуваа како две непријателски војски.Љупчо Георгиевски и Бранко Црвенковски дури и во војна не седнаа да си кажат, било што било, сега сме во војна, дај да ја браниме државата а после по избори пак ќе се расправаме. Залудени единствено од лична промоција и желбата за власт и за профит, Георгиевски и Црвенковски го правеа спротивното и преземаа работи кои немаат никаква врска со одбраната на државатаЗатоа,  идните генерации ќе бидат згрозени кога читајќи ги книгите од војната ќе видат дека во Арачиново, од некоординираност таму загинаа бранители од граната на АРМ, која не им ги знаеше координатите на припадниците на МВР, што е трагично оти македонски војници и полицајци се испотепаа самите меѓу себе, бидејќи не си ги знаеја координатите.Инаку, овој момент надлежните државни органи се уште го кријат, бидејќи, внимавајте, државата ќе требало да плаќа големи отштетни износи доколку се признае нејзината вина, иако се поставува прашањето – дали воопшто има цена по која можат да се обештетат македонските бранители кои загинаа во одбраната на независноста и територијалниот интегритет и суверенитет на државата.Трагедијата кај Арачиново, како и погибијата кај Карпалак, Љуботен или Вејце, кои се најперфидно местење на македонските бранители, се само во прилог на моето тврдење во годините дека Македонија излезе поразена во воената 2001 како резултат на внатрешните предавства и политичките сценарија на домашните политички актери, а не како резултат на неспособноста на македонските безбедносни сили да се справат со терористичката ОНА.Впрочем, тогашната ОНА на почетокот броеше околу 600 припадници кои се одметнаа во планините за да го рушат уставниот поредок на земјата, а за кои македонската Служба за државна безбедност знаеше практично се – колку се, каде се, зошто се таму, и македонските безбедносни сили можеа да ги решат во секое време. Од јануари до мај 2001, Македонија имаше одврзани раце да се справи со тогашната ОНА.Всушност, Македонија во 2001-ва се победи самата себеси, бидејќи од другата страна имаше виртуелен противник во ОНА која не претставуваше реална опасност оти немаше ниту кадар, ниту можности од логистички аспект да води борба со нас од поголем капацитет.Затоа, токму припадниците на ОНА во Арачиново треба да ја опишат својата голгота во тие денови, во интерес на историјата и дека не беа решени само заради тоа што однапред беше договорено НАТО да влезе во Арачиново и да ги извлече терористите.За волја на вистината, странците направија пресврт по пет месеци од започнувањето на војната кога го измислија Арачиново за да се присили македонската страна на политички преговори, односно да се прекинат воените дејствија и на поинаков начин да се решава кризата, по цена на сите понижувања на македонските безбедносни сили кои храбро го бранеа нејзиниот територијален инегритет.За крај, една од првите задачи на новата легална власт на Единствена Македонија која доаѓа е расветлување на перфидното местење на македонските бранители, односно, вистината за нивното загинување, оддавање достојна почит на бранителите – херои и решавање на проблемите на преживеаните бранители и семејствата на загинатите бранители. Луѓето кои го дадоа својот живот за татковината, ја заслужуваат нашата почит, а не да се гази врз нивната жртва, дадена за нашата држава.Дотолку повеќе, за Арачиново, Карпалак, Љуботен, Вејце, пишувам од 2002 година, но, од страна на властите – целосен молк. Сознанија за предавствата има, но, нема иницијатива од надлежните органи.За Единствена Македонија нема дилема. Мора да се дојде најпосле до официјален одговор не само за Арачиново туку и како, од кого и зошто беа нарачани и договорени масакрите кај Вејце, Карпалак, Љуботенски пат, во кои бранителите беа испратени во заседа и мораа да загинат.Во краен случај, расчистувањето на овие случаи е од интерес не само за семејствата и роднините на загинатите, туку и за Република Македонија, бидејќи не можеме да гледаме напред во иднината, доколку минатото и понатаму не прогонува, односно, неправедната загуба на бранителите останува неразјаснета.Вечна им слава на македонските бранители-херои: Никола Пехчевски (25) Берово, Атанас Јанев (25) Струмица, Александар Стојчев (30) Скопје и Оливер Китановски (21) Велес, кои ги положија животите за Македонија во битката за Арачиново на 23 јуни 2001 година.фото: Единствена Македонија

Македонија | пред 5 години

radmila

(ФОТО) Шекеринска и Георгиески направија увид на градежните работи на „15-ти Корпус“

Заедно со вицепремиерката Радмила Шекеринска и носител на Кандидатската листа на Коалицијата „Можеме“ во Петтата изборна единица, носителот на листата Јован Митрески и кандидатите за пратеници Лазе Таневски и Жаклина Лазаревска, денеска направивме увид на градежните работи за реконструкција на улицата „15-ти Корпус“, напиша на својот Фб профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.Во продолжение на објавата на градоначалникот се вели:Ова е многу значаен инфраструктурен проект за Охрид и плод на заедничките заложби на локалната и централната власт предводена од СДСМ.Продолжуваме заедно со силни инвестиции во инфраструктурата.https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/pcb.621569315115342/621569111782029/?type=3&theater

Македонија | пред 5 години

vasvi-doko

(ВИДЕО) Доко: Голем дел од ветувањата на Ахмети не се реализираа, затоа народот повеќе не му верува

Васфи Доко, претседател на огранокот на ДПА, е првиот албанец од Охрид, носител на листа.„Ова е голема чест и поддршка на албанците од Охрид, Ресен, Битола, Крушево, Долнени, а сигурно и другите етникуми кои се во помал број да можат да го слушнат својот глас, и народски кажано, јас да можам да им бидам поштар на сите нивни барања и реализатор во законодавниот дом“, вели Доко.Тој во интервју за Скопје 1 вели дека ДПА е  подготвена за кампањата.„Ги имаме организрано сите штабови, каде сметаме дека треба да имаме наши претставници, сите си ги знаат своите задачи. Имаме контакти со граѓаните тие не примаат благонаклоно, сакаат да имаат инаков однос спрема нивните потреби, а најголем дел од тие барања се од економски аспект, затоа и во нашата политичка платформа еден од основните двигатели од таа кампања е граѓаните да можат да ги надминат тие финансиски проблеми“, истакна носителот од ДПА за ИЕ5.На прашањето за ставот на Ахмети според кој дошло време албанец да е премиер Доко вели:„Голем дел од ветувањата кои требаше Ахмети да ги реализира во изминатите 18 години, не се остварија. Кога ќе почнеш после пак да ветуваш над тоа народот повеќе не верува. Јас не сакам погрешно да ме разберат и јас како албанец би сакал да има претседател на Влада Албанец, но ние знаеме како се прави сето тоа, потребни се добивање поголем број мандати на пратеници или да има предизборен договор помеѓу партиите од албански и македонски блок. Првата точка од платформата на ДПА е да имаме заменик премиер со право на консензус. “, вели Доко.Доко е категоричен:„Ние немаме друг пат освен  Евроатланските интеграции. Нашата најголема желба се исполни ние сме членка на НАТО, но треба да исполниме и се за да станеме членка и на ЕУ“, вели тој.Што се однесува до програмата според носителот на ДПА за ИЕ5 , партијата има две клучни точки.„Едната е консезуална демократија, со нашиот заменик претседател на Влада каде поготово нашите барања за албанците мора да бидат со наша согласност, а вториот сегмент е буџатот на земјава“, вели Доко.Тој напоменува дека сака да има позитивна кампања, таа да се води со дела и проекти а не со меѓусебни напади.А по изборите Доко вели дека очекува ДПА да биде клучен носител во новата Влада. https://www.facebook.com/ohrid1/videos/798953707305327/

Македонија | пред 5 години

nikoloski-1

Николоски до Шеќеринска: Преговори нема затоа што гледаат дека сте корумпирани, премиер на Франција, Белгија и Италија не седи на маса со корумпиран премиер

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на Изборна единица 4 Александар Николоски смета дека една од причина зошто Република Македонија се уште нема добиено датум за почеток на преговорите со Европската унија се токму криминалните скандали кои што ја тресат земјата со СДСМ на власт.Николоски уште еднаш ја праша Радмила Шекеринска дали после месец дена дознала кој е датумот кога Република Македонија ќе започне преговори со Европската унија, со оглед на тоа што и покрај тоа што тие три пати излегле со информација дека Македонија добила датум за почеток на преговорите, до ден денес Македонија се уште нема започнато преговори со Европската унија.Една од причините се токму овие работи. Ние пред месец дена со Шеќеринска имавме дуел на една друга телевизија и на крајот на тој дуел јас поставив едно прашање сакам да го поновам денес. Кој е датумот? На кој датум Македонија ќе започне преговори со Европската унија, дали во овие месец дена можеби разбравте кој е датумот на кој што ние ќе почнеме преговори со Европската унија, живо сум заинтересиран и јас и граѓаните кој е датумот? На кој датум ќе почне Македонија да преговара со Европска унија. На кој датум ќе биде првата меѓу владина конференција. Затоа што 3 години добиваме датум, во 2018 година Заев излезе на прес конференција во Собрание и кажа го добивме датумот, се сликавте во авион, не знам вие дали бевте пишуваше го добивме датумот. Во 2018 година го добивме датумот, во 2020 година го добивме датумот, а датумот никаде го нема, не можеме да го видиме. Мене ме интересира еве во кампања влегувам сакам да сум информиран, не сум член на влада, од опозиција сум кој е датумот, ја праша Николоски, Радмила Шеќеринска во вечерашниот ТВ ДУЕЛ во емисијата Само вистина на Канал 5 телевизија.Таква работа нема затоа што ги гледаат дека се корумпирани. Премиер на Белгија, претседател на Франција, премиер на Италија и да не ги бројам, со корумпиран премиер не седи на иста маса. Нека се потсети Зоран Заев кога последен пат бил примен во официјална посета на било која европска држава. Знаете кога? Пред да му излезат аферите со директно учество во рекет, затоа што со корумпирани луѓе не сакаат да седат на иста маса, вели Николоски.фото: Архива  

Македонија | пред 5 години

04042020_Sekerinska_Cestitka_1

Шекеринска: ВМРО-ДПМНЕ што не направи ништо ќе пукне од мака, бидејќи нешто што го фрли во бунар пред 12 години, ние го завршивме за три години

Оваа година ќе ја направивме историска, во иста година нашата земја стана член на НАТО и ќе почне преговори со Европската унија, истакна заменик претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска, во емисијата „Само вистина“ на Канал 5.ВМРО-ДПМНЕ што не направи ништо ќе пукне од мака, бидејќи нешто што го фрли во бунар пред 12 години, ние го завршивме за три години, истакна Шекеринска.Зоран Заев пред да отстапи да биде премиер, беше присутен на иста маса со Трамп, Столтенбер, Џонсон, Макрон, Меркел, на маса на која Никола Груевски и никој од ВМРО-ДПМНЕ не може да сонува да припари, и тој премиер не доведе до ова, по сите лаги и колнења, што ВМРО ДПМНЕ ги ширеше цела година да добие членство во НАТО и почеток на преговори со ЕУ, порача Шекеринска.Таа додаде дека цела мината година ВМРО-ДПМНЕ тврдеше дека нема да се случи членство во НАТО, нема да добиете датум за почеток на преговори во ЕУ, се радуваа и во март, сите нивни надежи паднаа како кула карти.И со ширењето на фејк њус од ВМРО-ДПМНЕ станавме членка на НАТО, нагласи заменик претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска, во емисијата „Само вистина“ на Канал 5.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Комисијата со предлог до Владата да се отворат според строгите протоколи казината, автомат-клубовите и апаратите во обложувалниците

На денешната прес-конференција министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче информираше дека на состанокот на Комисијата за заразни болести донесена е одлука да се предложи на Владата да се отворат според строгите протоколи казината, автомат-клубовите и апаратите во обложувалниците. Исто така, ќе се предложи до Владата да почне да функционира јавниот превоз во Тетово, а кон крајот на оваа недела да се отворат теретаните и фитнес-центрите, согласно веќе утврдените протоколи коишто за сите овие оператори Комисијата ги работеше заедно со претставниците на нивните здруженија.Филипче укажа дека е задолжително сите економски оператори во целост да ги почитуваат пропишаните протоколи за заштита на здравјето на клиентите и вработените.„Се повеќе економски оператори почнуваат да работат, но условот секако е тие строго да се придржуваат до донесените протоколи и препораки. Затоа и се изготвени тие препораки, кои досега ги почитуваат најголем дел од компаниите, рестораните, хотелите, и останатите коишто добија дозвола да работат. Апелирам апсолутно до сите целосно да се почитуваат овие протоколи заради тоа што така ќе се заштитат и клиентите и вработените“, изјави министерот Филипче.За отворањето на границите и условите под кои тоа ќе функционира, министерот Филипче образложи дека дополнително ќе биде разговарано во текот на денешниот и утрешниот ден, по што јавноста ќе биде информирана.„Нашата анализа покажува цел регион е во ист епидемиолошки ризик. Утрово имавме дискусија, ќе продолжиме и утре и ќе донесеме одлука. Денеска ќе разговараме и со министерствата за здравство во околните земји.“, рече Филипче.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

sekerinska

Шекеринска: Кампањата зависи од учесниците, ние нема да си играме со здравјето на граѓаните

Кампањата за изборите зависи од учесниците, ние нема да си играме со здравјето на граѓаните, во кампањата со целосно почитување на мерките за заштита, ќе се обидеме да допреме до што повеќе луѓе, бидејќи овие избори ќе бидат во сенка на пандемијата, истакна заменик претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска, во емисијата „Само вистина“ на Канал 5.Фокусот на кампањата, додаде таа, ќе биде што сме наследиле како проблем, што сме решиле, што ќе решаваме во наредните честири години, нашиот став, политики.Ја извадивме земјата од впечатокот дека сите избори се фарса, во изминатиот период покажавме дека можеме да организираме фер и демократски избори, нагласи Шекеринска.Во врска со противкандидатот од ВМРО-ДПМНЕ во Изборната единица 5 Дурловски, Шекеринска рече дека ВМРО-ДПМНЕ не научи ништо од лекциите од минатото, не се научени лекциите од 27 април и злобата кај опозицијата не е минато, но не е на СДСМ да се меша во тоа, како кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт, кога мислеше дека треба да одлучува и за опозицијата.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Screenshot_67

СДСМ ќе поднесе пријави за ВМРО-ДПМНЕ

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, најави пријави против ВМРО-ДПМНЕ поради предвремено започнување на предизборната кампања. Тој вели дека опозициската партија продолжила да се однесува антидржавно, а делењето на партиски пропаганден материјал е кулминација на нивното однесување.„Нивното антидржавно однесување беше обележје во сите овие три години како опозиција. Беше обележје и во време на кризата со коронавирусот. Последен доказ за тоа е предвременото почнување на кампањата од страна на ВМРО-ДПМНЕ, чии носители, кандидати за пратеници, носители, активисти, викендот јавно делеа партиски пропаганден, предизборен материјал што е спротивно на законите и за што ќе добијат соодветни пријави преку институциите“, рече Заев.Според него, СДСМ ги почитува мерките за заштита од коронавирусот, а ВМРО-ДПМНЕ застанала во одбрана на партиските интереси.„Од една страна е СДСМ, посветена на промоција и почитување на мерките и законите, а од друга страна е ВМРО-ДПМНЕ кои не почитуваат закони, а нивниот претседател Мицкоски не почитува мерки и задолжение за заштита од коронавирусот. Додека сите капацитети на државата се ставени во одбрана од пандемијата, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски како по обичај застанаа во одбрана на партиското профитерство, на штета на граѓаните и јавното здравје. Јасно е кој промовира превентивни мерки, а кој свесно и умесно ги крши“, додаде Заев.

пред 5 години

08062020_MZ_Filipche_PKZB_Karadzovski_DCJV_Ziberi_pres-konferencija-3

Филипче: Од Јапонија пристигна антивирусната терапија „Авиган“ за 100 пациенти со Ковид-19

Преку итна неповратна помош, Јапонија го обезбеди лекот Фавипиравир -„Авиган“ за земји погодени од Ковид-19, во партнерство со УНОПС, Канцеларијата за услуги на проекти на Обединетите нации. И Република Северна Македонија од Јапонија доби „Авиган“ за пациенти со Ковид-19.„Добивме „Авиган“ за 100 пациенти. Станува збор за антивирусна терапија, којашто во Јапонија се користи за третман на инфлуенцата од 2014 година. Во тек се бројни клинички студии за пациенти со Ковид-19 и од искуствата во апликацијата веќе има добри резултати, не само во Јапонија, туку и во повеќе земји во светот.“ – информираше на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче и изрази голема благодарност до Амбасадата и лично до амбасадорката на Јапонија за заложбите да се обезбеди количина од лекот и за нашата земја.„Ова е лек кој што се користи „off-label“, значи за да биде дефинитивно потврден дека се користи за овие пациенти, односно за болест предизвикана од коронавирусот потребно е да завршат клиничките студии. Но со оглед што има сличен механизам на дејство како и за другите вируси, очигледно дека има добри резултати кај пациентите во многу земји во светот. Се препишува по строга индикација, после бројни анализи пред сè на крвта, коишто го детектираат имунитетот на пациентот, а коишто се прават и во нашите болнички установи“, информираше министерот Филипче.За да се избегне ширењето на Ковид-19, од голема важност е да се пронајде ефикaсна антивирусна терапија. Во моментот Јапонија спроведува мултицентрична клиничкa студија во повеќе земји од светот во која се испитува ефикасноста на „Авиган“ во третманот на пациентите со Ковид-19. Охрабрувачки се фактите дека генеричките форми на овој лек веќе се одобрени во Русија и Индија за лекување на Ковид -19 и овие генерички форми се применуваат за третман на Ковид-19 и во други земји.Сепак, треба да се има во предвид дека приемната на „Авиган“ во лекување на пациентите со Ковид -19 е сè уште неодобрена индикација, впрочем како и сите други антивирусни терапии кои се применуваат во борбата со овој вирус и треба да се препишува и аплицира под внимателен медицински надзор.

Македонија | пред 5 години

zaev

Заев најави пријави против ВМРО-ДПМНЕ поради предвремено започнување на предизборната кампања

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, најави пријави против ВМРО-ДПМНЕ поради предвремено почнување на предизборната кампања. Тој вели дека опозициската партија продолжила да се однесува антидржавно, а делењето партиски пропаганден материјал е кулминација на нивното однесување.„Нивното антидржавно однесување беше обележје во сите овие три години како опозиција. Беше обележје и во време на кризата со коронавирусот. Последен доказ за тоа е предвременото почнување на кампањата од страна на ВМРО-ДПМНЕ, чии носители, кандидати за пратеници, носители, активисти, викендот јавно делеа партиски пропаганден, предизборен материјал, што е спротивно на законите и за што ќе добијат соодветни пријави преку институциите“, рече Заев.Според него, СДСМ ги почитува мерките за заштита од коронавирусот, а ВМРО-ДПМНЕ застанала во одбрана на партиските интереси.„Од една страна е СДСМ, посветен на промоција и почитување на мерките и законите, а од друга страна е ВМРО-ДПМНЕ,  која не почитува закони, а нејзиниот претседател Мицкоски не почитува мерки за заштита од коронавирусот. Додека сите капацитети на државата се ставени во одбрана од пандемијата, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски како по обичај застанаа во одбрана на партиското профитерство, на штета на граѓаните и јавното здравје. Јасно е кој промовира превентивни мерки, а кој свесно и умесно ги крши“, додаде Заев.

Македонија | пред 5 години

televizija

Здружение на информатичко-комуникациски технологии се спротивставува на тврдењата на Манчевски - велат ги почитуваме законските прописи

Oд Здружение на информатичко-комуникациски технологии реагираат по изјавата на Дамјан Манчевски, министер за информатичко општество и администрација во Владата на РСМВо врска со изјавата на министерот за администрација и информатичко општество, Дамјан Манчевски, изнесена вчера преку профил на социјалната мрежа Facebook, a поврзана со протестот на македонските оператори одржан на 21.6.2020 година, во која меѓу другото вели, цитираме: „Со прекинот на телевизиските канали од страна на операторите е направена повреда на членот 115 од Законот за електронски комуникации“, како домашни компании со странски капитал и носечките оператори во земјава претставени преку Здружението на информатичко-комуникациски технологии, остро се спротивставуваме на овие тврдења и при тоа нагласуваме дека во целост ги почитуваме сите законски прописи кои се однесуваат на нашето работење и шокирани сме од јавно упатената закана преку социјалните медиуми, наведуваат од Здружението.„Во насока на вистинито информирање на јавноста истакнуваме дека протестот кој го спроведоа македонските оператори во текот на вчерашниот ден е реакција на безизлезноста и институционален отпор и апел за што побрза реакција од страна на надлежните поради неуставните обврски наметнати со последните измени на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги донесени во нетранспарентна постапка како последна точка од работата на Собранието на денот на неговото распуштање – 16.02.2020 година, како и Уредбата со законска сила донесена на 29.5.2020 година со која ни се наметна ретроактивна обврска за пререгистрација на сите странски ТВ содржини кои веќе се регистрирани во АВМУ и тоа во рок од 60 дена.Овие законски одредби за нас претставуваат ситуација на Виша сила кои значат реална можност од 8.8.2020 година комплетно исклучување на сите телевизиски канали со што ќе бидат оштетени корисниците на сите оператори, а тоа влијае на правото на избор на ТВ содржини на сите македонски граѓани. Сето тоа не` примора да преземеме акција за да ја подигнеме јавната свест кон проблемите со кои се соочуваме во моментот.Потсетуваме дека и покрај сите напори, реакции и отвореност за соработка, во интерес на корисниците, состојбата со реемитување на телевизиски канали се` уште нема решение и како резултат на оваа состојба бевме принудени да го активираме најавениот времен прекин во реемитувањето на сите телевизиски програми, освен јавниот сервис МРТ и да ја прикажеме реалноста што ќе следува од 8 август 2020 година, доколку не се најде соодветно решение за овој проблем. Прекинот е протест против постојните акти на државата кои го спречуваат нашето нормално работење, а протестот претставува гарантирана уставна категорија и основен правен инструмент во секое демократско општество. Како оператори кои застануваат во одбрана на јавниот интерес и правата на корисниците, сметаме дека не смее да биде ограничено правото на изразување, посебно не со јавно упатена закана преку социјалните медиуми и сме непријатно изненадени од ставот на министерот да констатира или изрекува казни или други забрани дотолку повеќе што повреда на Законот за електронски комуникации може да констатира само овластен инспектор од Агенцијата за електронски комуникации.Како и до сега остануваме отворени за соработка и апелираме да биде разгледано предложеното решение за измена на Законот и на подзаконските акти кои доколку се прифатат ќе добиеме прифатливо решение што ќе превенира ескалација на потенцијалниот медиумски и информативен мрак и ќе придонесе кон донесување на регулативна рамка во согласност со Европските директиви во областа на аудиовизуелните медиумски услуги. Ние понудивме и решение на проблемот, кое со малку добра волја може многу брзо да се имплементира.Што се однесува до корисниците, како оператори и во нашата најава на протестот ги информиравме дека ќе бидат обештетени во согласност со законските обврски“, стои во реакцијата.

Македонија | пред 5 години

kosta-1

(ФОТО) Шекеринска, Георгиески и кандидатите за пратеници од СДСМ извршија увид на градежните зафати во ОЕМУЦ

Како локална самоуправа во текот на изминатата година особено бевме посветени на подобрување на условите во образованието. Реализиравме голем број ифраструктурни зафати во сите основни и средни училишта, напиша на својот профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.🏢Во ОЕМУЦ „Свети Наум Охридски“ покрај изградбата на новата спортска сала, со која значително се подобрија условите за спортување на учениците▶️ Извршена е реконструкција на покривот на училишната зграда;▶️ Извршена е замена на старите дрвени прозорци во училниците со нови пвц прозорци;▶️Поставени се висококвалитетни плочи за спуштен плафон и соодветна лед електрика, во сите училишни простории;▶️Дворното осветлување целосно е заменето со ново лед осветлување.✅Продолжуваме понатаму да инвестираме плански и посветено за подобрување на условите за учениците и подигнување на квалитетот на целиот образовен процес, напиша градоначалникот на ФБ.https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/pcb.621483135123960/621482805123993/?type=3&theater 

Македонија | пред 5 години

mvr-1

Кривична пријава за пет лица од Скопје, играле оро со што ја прекршиле забраната на собирање во група

Секторот за внатрешни работи Скопје до Основното јавно обвинителство во Скопје, ќе поднесе кривична пријава против пет лица – П.Ќ. (50), А.З. (46), Е.Е. (36), Е.Е. (57) и Б.Д. (28) сите од Скопје, поради постоење основано сомнение дека на 24-ти минатиот месец предизвикале опасност од пренесување на вирусот “КОВИД 19“ со што го сториле кривичното дело – “непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, предвидено и казниво по член 206 од Кривичниот законик на РСМ.Имено, пријавените на 24.05.2020 година во периодот помеѓу 09.00 и 10.30 часот, на ул. “Архиепископ Доситеј”, поточно пред зграда бр.6 поради празнично расположение од верскиот празник, се собрале во поголема група од дозволеното играјќи оро, со што ја прекршиле забраната на собирање во група на повеќе од две лица, во паркови и на други јавни места и јавни површини, како и Уредбата за задолжително носење на заштитна маска и држење на социјална дистанца, а со наведените дејствија предизвикале опасност од пренесување на вирусот КОВИД 19. За кривично правниот настан, за кој МВР дозна од видео поставено на социјалните мрежи од страна на пријавените, известен е Јавен обвинител од кого се добиени насоки за постапување согласно член 206 од КЗ.По преземените мерки за идентификување на лицата од видео записот, утврдени се сите петмина пријавени и истите се повикани во Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар за да дадат појаснување за стореното кривично дело кое им се става на товар при што само Б.Д. го негирал извршувањето на кривичното дело.фото: Архива  

Актуелно | пред 5 години

Benzinski-pumpi-9

Од ноќеска поскапуваат горивата

Mалопродажните цени на нафтените деривати од вечерва на полноќ се зголемуваат во прoсек за 1,96%, информираат од Регулаторната комисија.Ова значи дека цените на еуросупер БС-95, еуросупер БС-98, еуродизел (Д-Е V) и на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за еден денар за литар.Од полноќ цената на еуросупер БС-95 ќе изнесува 60,50 денари за литар, еуросупер БС-98 ќе се продава за 62,50 денари, еуродизел (Д-Е V) ќе чини 52 денари, додека малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе биде 41 денар за литар.Цената на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,510 и ќе изнесува 25,396 денари за килограм.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

brza-pomos-2

Нови 90 заразени од 665 тестови, односно 13,5 отсто од тестираните се инфицирани

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 665 тестирања, а регистрирани се 90 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-36, Куманово-2, Штип-8, Тетово-4, Струга-10, Велес-2, Битола-2, Охрид-13, Гостивар-1, Крушево-1, Кочани-2, Пробиштип-1, Свети Николе-2, Ресен-6. Тоа значи дека 13,5 проценти од тестираните биле инфицирани од вирусот.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 48 оздравени пациенти од: Скопје-9, Штип-30, Тетово-1, Велес-1, Гостивар-4, Струмица-1, Кочани-1, Пробиштип-1.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5196, бројката на оздравени пациенти е 1974, на починати е 247 а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2975. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:•       Скопје 2534, активни 1721•       Куманово 694, активни 241•       Дебар 82, активни 30•       Штип 275, активни 188•       Прилеп 231, активни 18•       Тетово 538, активни 326•       Струга 180, активни 100•       Велес 167, активни 33•       Битола 42, активни 13•       Охрид 112, активни 92•       Кавадарци 11, активни 6•       Гостивар 83, активни 50•       Гевгелија 9, активни 5 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)•       Струмица 10, активни 6•       Крива Паланка 11, активни 5•       Радовиш 4, активни 0•       Крушево 6, активни 3•       Кочани 61, активни 27•       Пробиштип 13, активни 10•       Демир Хисар 1, активни 0•       Македонски Брод 3, активни 1•       Пехчево 5, активни 2•       Берово 2, активни 1•       Валандово 6, активни 4•       Виница 3, активни 0•       Делчево 1, активни 0•       Кратово 4, активни 2•       Свети Николе 16, активни 14•       Кичево 8, активни 5•       Ресен 65, активни 64•       Неготино 19, активни 8 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 665 теста се преку: ИЈЗ –217, ЦЈЗ Скопје-34, Авицена –0, Биотек –0, МАНУ -189, Жан Митрев (Филип Втори) -106, Судска медицина-0 и Систина  со PCR метода (за вчера и денес)-119 . Досега во земјата се направени вкупно 51.885 тестирања на ковид -19.  Нема тестирања во рамките на скринингот.На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 13 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 106 пациенти. На кислородна поддршка се 49 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.Во монтажната болница се хоспитализирани 11 пациенти, во болницата во Козле еден возрасен пациент, позитивен на ковид-19.До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 12 нови, а вкупно хоспитализирани 132 пациенти. На респираторна машина се 6 пациенти.Во болницата во Битола се хоспитализирани 33 пациенти, а во болницата во Штип се хоспитализирани 20 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 76 пациенти - позитивни и сомнителни на ковид-19.

Македонија | пред 5 години

the-luxor-melbourne-macedonian-weddings-1

Свадба во Битола: Инспектори го казниле организаторот, па веселбата си продолжила

Инспектори на Пазарната инспекција во саботата вечерта упаднале на свадба во објект специјализиран за масовни забави на периферијата на Битола во потпелистерието, пишува СДК.мк.  Дежурната екипа на државниот пазарен инспекторат добила пријава и фотографии од граѓани дека во еден од познатите битолските ресторани се прави свадба со стотина гости. Фотографиите кои ги добиле инспекторите, гостите на свадбата си ги објавувале на социјалните мрежи со честитки за среќен брак на младенците, додава порталот.Овој пример за прекршување на мерките за заштита од коронавирусот и протоколите за работа на угостителски објекти денеска бил посочен и на седницата на Комисијата за заразни болести. Било речено дека до сега Битола се држела одлично во спречувањето на заразата од КОВИД-19 и дека вакви масовни собири можат да ги зголемат бројките. Според последните информации, во Битола има 11 активни случаи на КОВИД-19, а до сега од почетокот на епидемијата се регистрирани 40 случаи.„Инспекторите веднаш излегоа на терен, направен е записник и поднесена е кривична пријава до Обвинителството кое треба да изрече казни за организаторот на свадбата според членот 205 и 206 за непочитување на препораките на Владата за спречување на ширење на коронавирусот. Во ресторанот имало околу 100 гости, но ние како Пазарна инспекција не можеме и не смееме да ги легитимираме гостите или да ги казнуваме за групирање, тоа е работа на полицијата“, велат од Државниот пазарен инспекторат.Повеќе на СДК.мкФото: Архива/Илустрација

Македонија | пред 5 години

skopje-ulica-soobrakaj-koli

Број на заразени од коронавирус низ општините во Скопје

Активни случаи по општини Скопје заклучно со вчера (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)•       Чаир – 394•       Аеродром - 135•       Бутел - 144•       Гази Баба - 156•       Центар – 137•       Карпош – 116•       Сарај – 137•       Кисела Вода – 98•       Ѓорче Петров – 83•       Студеничани – 86•       Шуто Оризари – 73•       Арачиново – 55•       Илинден – 31•       Петровец – 14•       Чучер Сандево – 16•       Сопиште – 13•       Зелениково-2•       Странец – 4•       Нераспределен-4

Скопје | пред 5 години

w_56083030

Починати девет пациенти, најмладиот е скопјанец на 57 години

Министерството за здравство нотира дека починати се 9 лица, пет од Скопје, двајца пациенти од Тетово, еден од Охрид и еден пациент од Гостивар. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје (90г), хоспитализиран на 15 јуни. На Институот за белодробни заболувања и ТБЦ е починат пациент од Скопје (64г).Во ГОБ „8 септември“ починаа, пациентка (70г) од Скопје, хоспитализирана на 10 јуни,  пациент (61г) од Гостивар, хоспитализиран на 17 јуни и пациент од Скопје (57г), примен на 17 јуни. На барање на семејството е испишан од болница пациент од Скопје (64г), кој починал во кола по заминувaњето. Хоспитализиран бил на 17 јуни во тешка состојба како сомнителен на ковид, а потврден позитивен по приемот.Во КБ Тетово починати се две лица, пациент (60г), хоспитализиран на 20 јуни и пациентка (70г), хоспитализирана на 15 јуни. Во ОБ Охрид вчера е починат пациент (64г), чиј позитивен резултат е потврден денес.

Македонија | пред 5 години

received_588650241790479-696x928

Четири деца, без струја и влага - на кумановчанец му треба наша помош бидејќи државата не го ферма

Ниту еден денар, ниту еден повик од било која институција, општествено одговорна фирма или пак од некој хуман човек. Ништо, како да не постоиме, како моите деца да не се деца, како да не сме луѓе – вака за ,,Фокус” раскажува Денис Василевски од Куманово, чиј апел за помош го објавивме пред околу три недели.Тој живее со сопругата и со четирите деца, од кои две се со попреченост, во доста лоши услови, без струја и вода веќе три години, а неодамна поради кризата со корона вирусот, останал и без работа.Живееле со околу 200 евра месечно, помош која ја добивале од државата, 8.000 денари за трето дете и околу 4.400 денари нега за 13-годишниот син кој има церебрална парализа.-Откако јавно се обратив за помош преку вашиот медиум, очекував дека барем институциите ќе се заинтересираат, дека ќе дојде некој да види како живееме. На свеќи, без вода, без струја, нека дојдат и телевизиски екипи, нека снимаат… Ниту еден телефонски повик од никого не добив, ниту еден денар на сметка… Барем да се реши проблемот со струјата и водата, да ни се донира некој стар мебел, апарати за домаќинство, ништо немаме, појаснува Василевски.За помош на ова кумановско семејство може да се донира на следната сметка: Сабина Василевска 200 002545685937 Стопанска банка, со назнака донација.Број за контакт: 077 854 865.Целата сторија прочитајте ја на Фокус.мк.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

ФОТО: Дивите објекти од плажите во Охрид се отстранети, сега се уредува крајбрежјето

Екипи на општинските јавни претпријатија во координација со Општина Охрид од денес ќе почнат со активности за уредување на крајбрежниот простор на Охридското Езеро, во потегот од Горица 3 до Аквалина каде што во текот на изминатата седмица се вршеше отстранување на нелегални објекти и остатоци од урбана опрема.Оваа седмица ќе се врши расчистување на теренот, подигнување на градежниот шут и несоодветниот материјал (тампон), со кој било вршено насипување на крајбрежјето. До сега се подигнати преку 1000 м3 градежен шут.Во текот на наредните денови ќе се врши насипување и уредување на плажата со речен песок, што е дозволена согласно Планот за управување со светско природно и културно наследство на Охридскиот Регион.„Упатуваме апел до сите сопственици на објекти на крајбрежниот појас од населбата Свети Стефан до потегот на крајбрежјето кај Градиште, како и потегот на крајбрежјето во делот на населбата Канео и во делот на населбата Далјан, кои нелегално поставиле урбана опрема и платформи, а на кои им беше даден рок самите да ги отстранат нелегалните градби, оваа седмица да пристапат кон отстранување на истите.Процесот на отстранување на урбаната опрема и бесправните градби од крајбрежниот појас на Охридското Езеро, според планираното ќе продолжи по завршување на активностите на уредување, (во понеделник на 29.6.2020 година) и ќе трае се до конечно расчистување на крајбрежјето“, соопшти Општина Охрид.

Македонија | пред 5 години

policija-skopje-koronaviris-1

За 25 лица кои не го почитувале полицискиот час и еден што не останал во самоизолација сега се бараат казни

Основното јавно обвинителство Скопје денеска до Основниот кривичен суд Скопје  поднесе предлози за издавање казнени налози против вкупно 26 лица, обвинети за кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.Еден од обвинетите не го почитувал изреченото решение со кое му била определена задолжителна самоизолација, додека останатите 25 постапиле спротивно на одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија и без дозвола се движеле за време на полицискиот час.Надлежните јавни обвинители за сите обвинети лица предложија да бидат изречени парични казни од по 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност.​​

Македонија | пред 5 години

tamara

Се бара повисока казна за осудената во случајот за лекувањето на Тамара

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе жалба на пресудата на Основниот кривичен суд Скопје против една од обвинетите во случајот со лекувањето на девојчето Тамара Димовска од Велес.Постапувајќи по поднесениот обвинителен акт од Основното јавно обвинителство Скопје, а по барање на обвинетата, поради здравствени причини, судот ја раздвои постапката против неа и донесе првостепена пресуда со која ја огласи за виновна и изрече алтернативна мерка – условна осуда со која утврди казна затвор од една година, која нема да се изврши доколку обвинетата во рок од три години по правосилноста на пресудата не стори ново кривично дело.Во жалбата надлежниот јавен обвинител оценува дека првостепениот суд правилно ја оценил фактичката состојба кога нашол дека кај дејствијата на обвинетата се содржани елементите на кривичното дело  несовесно работење во службата од член 353-в став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Но, изречената кривична санкција според Обвинителството не е адекватна на стореното кривично дело и не води до остварување на целите на казнувањето, во смисла на специјална и генерална превенција на ваков вид кривични дела. Од тие причини, надлежниот јавен обвинител побара од Апелациониот суд Скопје да ја уважи жалбата и да ја преиначи пресудата во делот на одлуката за кривична санкција, па на обвинетата даѝ изрече построга санкција, соопшти Обвинителството.Во предметот за лекувањето на девојчето Тамара Димовска, Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителен предлог против вкупно 12 лица за сторено кривично дело несовесно работење во службата од член 353-в став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Обвинителството постапуваше по предметот оформен по допрен глас, кон кого подоцна беше припоена и кривичната пријава поднесена од Хелсиншкиот комитет за човекови права и законскиот застапник на оштетеното дете, сега починатата Тамара Димовска од Велес.Како резултат на многубројните спроведени истражни дејствија во една темелна и сеопфатна преткривична постапка, беше утврдено дека обвинетите пет члена од Првостепената лекарска комисија за одлучување по правото на лекување во странство, во рамките на Фондот за здравствено осигурување го донеле првичното негативно мислење за лекувањето на Тамара Димовска. Мислењето дека не се исцрпени можностите за лекување на пациентот во Република Македонија тие го донеле по истекот на законски предвидениот рок и спротивно на мислењето на Стручниот конзилиум на УК ТОАРИЛУЦ. Постапувајќи по ваквото мислење, двајца од обвинетите во својство на директори на Фондот за здравствено осигурување донеле решение со кое барањето за лекување во странство се одбива како неосновано. Истото решение било потврдено и од обвинетите членови на Второстепената лекарска комисија, а конечно потпишано од обвинетото лице во својство на претседател на Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување, без притоа да се одржи седница на Управниот одбор.Против останатите 11 обвинети лица, кривичната постапка пред Основниот кривичен суд Скопје продолжува и е во фаза на доказна постапка, при што се изведуваат доказите по предлог на одбраната.

Македонија | пред 5 години

Benzinski-pumpi-9

Поскапуваат горивата

Mалопродажните цени на нафтените деривати од вечерва на полноќ се зголемуваат во прoсек за 1,96%, информираат од Регулаторната комисија.Ова практично значи дека цените на ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за еден денар за литар.Така од полноќ цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 60,50 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 62,50 денари, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе чини 52 денари, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе биде 41 денар за литар.Цената на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,510 и ќе изнесува 25,396 денари за килограм.Од Регулаторната комисија објаснуваат дека ваквата одлука следува како резултат на зголемувањето на референтните цени на сите нафтени деривати на светскиот пазар во изминатиот седумдневен период.

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања