Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

koljo-11

(ВИДЕО) Во Скопје се одржа протест ,,Правда за Кољо”

Денес во Скопје се одржа вториот протест ,,Правда за Кољо”, на собраните граѓани го искажаа револтот поради висината на пресудата на убиецот на Никола Христовски-Кољо. Облечени во црни маици, со транспаренти ,,Сакаме правда” и познатото,, Нема правда, нема мир”, и со жолти картони за судството, граѓаните бараат правда за прерано згаснатиот млад живот. Протестот,,Правда за Кољо” беше поддржан од ,,Левица”.https://www.facebook.com/pancevskidarko/videos/10158393766317629/ 

Скопје | пред 5 години

Нема фотографија

Со одлука на Владата се отвораат граничните премини, вежбалните, угостителските објекти во внатрешниот дел и моловите во недела

Министерството за здравство информира дека на денешната 72-ра седница, Владата на Република Северна Македонија ја усвои препораката на Комисијата за заразни болести за отворање на сите гранични премини за движење на патници од петок, 26 јуни 2020 година.Согласно одлуката, отворањето на границите значи непречено движење на патници и возила без приложување на PCR тестови и без упатување во домашна изолација или спроведување во задолжителен државен карантин.Одлуката се однесува на сите сувоземни гранични премини, а од 26 јуни ќе биде укината и забраната за организиран превоз.Владата денеска донесе одлука од 1 јули, среда, да бидат отворени за сообраќај Меѓународниот аеродром Скопје и на Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид.На денешната седница Владата донесе одлука угостителските објекти, од петок, да можат да работат и во внатрешноста на објектот преку соодветен протокол за работа, а се дозволува и работа на теретаните и вежбалните. Од истиот датум, на моловите им се дозволува работа и во неделите.Протоколите за работа кои ќе бидат задолжителни за споменатите економски оператори и институции ќе бидат изготвени до петок, 26 јуни.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

hotelieri-1

(ФОТО) Царовска ги слушна маките на хотелиерите

Денеска во Охрид на средба со хотелиерите од Охрид и Струга беа вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска и заменик-министерот за економија Кирил Колемишевски.Вицепремиерката Царовска рече дека со хотелиерите разговарале за правилната примена на протоколите за отворање и работа на хотелите и другите сместувачки капацитети, во насока на превенција од  КОВИД- 19, како и за актуелната кампања „Дома си е дома“.-Владата додели ваучери за туризам на повеќе од 100 илјади граѓани, половината се веќе доставени до граѓаните, а втората половина се очекува да биде дистрибуирана многу скоро. Целта е нашите сограѓани да ги искористат домашните сместувачки капацитети, за време на годишните одмори, што секој еден граѓанин и работник треба да го има во текот на една година, а воедно ќе ги помогнеме хотелите и угостителите, кои со месеци беа затворени поради одлуките на Владата за полесно справување со коронавирусот, рече Царовска.Заменик-министерот Колемишевски потсети дека над 100 илјади лица со месечен приход кој не надминува 15.000 денари, ќе добијат ваучери за туризам што ќе може да ги искористат во домашни сместувачки капацитети и дополнителна картичка со 3.000 денари за купување на домашни производи и услуги, со што директно се помага на раздвижување на македонската економија.Хотелиерите се надеваат на успешна туристичка сезона, иако се свесни дека ништо нема да биде како порано.-Се надеваме на успешна туристичка сезона, свесни сме дека нема ништо да биде како порано. Имаме нов начин на работа и структура на гости. Очекуваме домашниот туризам да заземе голема бројка во оваа сезона. Се надеваме на успешна сезона, преку искористеност на ваучерите за туризам, доделени преку Владата на граѓаните. Подготвено го очекуваме почетокот на туристичката сезона, рече управителот на хотел Гранит, Перо Кутаноски, во име на хотелиерите од Охрид, Струга и здружението ХOTAM.Кутаноски истакна дека хотелиерите се потполно подготвени да работат во согласност со усвоените протоколи за кои и самите, како што додаде, помогнале во изработката. 

Македонија | пред 5 години

korona-2

Во Србија „цвета“ бизнис со тестови за корона, фалсификуван негативен ПЦР-тест чини 50 евра

Македонските превозници што се приморани при влез во Македонија да покажат ПЦР-тест за ковид-19 не постар од 72 часа, предупредуваат дека во јужна Србија тоа станува добар илегален бизнис. Негативни ПЦР-тестови може да се купат дури и на бензинска пумпа кај Врање, објави Мкд.мк.Македонските граѓани што во татковината се враќаат преку аеродромот во Ниш на македонските безбедносни служби им пријавиле дека уште на самиот аеродром имаат можност за 50 евра да купат фалсификуван негативен ПЦР-тест.И превозниците што влегуваат во Македонија на граничниот премин Табановце пријавуваат дека за 65 евра таков негативен тест без проблем можат да купат по бензинските пумпи кај Врање.Текстот во целост на: МКД.МК 

Македонија | пред 5 години

kosta-2

Франција со силна поддршка на локалната за акцијата за расчистувањето на дивоградбите

Нашата посветеност во насока на почитување на законските прописи во делот на соодветното управување со крајбрежјето на Охридското Езеро, која е една од главните препораки на УНЕСКО, денеска доби голема поддршка од страна на Амбасадорот на Франција во Република Северна Македонија, Н.Е. Кристијан Тимоние, напиша на својот Фб профил градоначалникот на Охрид Константин Георгиески.Амбасадорот Тимоние ги поздрави досегашните заложби и на локалната и на централната власт во рамки на целокупниот процес и сите активности во делот на почитување на Планот за управување со природното и културното наследство на Охридскиот регион.Оваа можност ја користам да упатам јавна благодарност до Амбасадата на Франција во нашата држава за искажаниот интерес во врска со актуелните состојби во Охрид и зачувување на нашите природни и културни богатства кои се заштитени од УНЕСКО, напиша градоначалникот Георгиески.https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/a.351826178756325/622137621725178/?type=3&theater

Македонија | пред 5 години

cair

Заболени од коронавирус по општини во Скопје, Чаир и натаму на врвот

Активни случаи по општини Скопје заклучно со вчера (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје).•       Чаир – 402•       Аеродром - 136•       Бутел - 138•       Гази Баба - 150•       Центар – 131•       Карпош – 116•       Сарај – 137•       Кисела Вода – 98•       Ѓорче Петров – 80•       Студеничани – 86•       Шуто Оризари – 73•       Арачиново – 49•       Илинден – 31•       Петровец – 16•       Чучер Сандево – 15•       Сопиште – 12•       Зелениково-2•       Странец – 4•       Нераспределен-4Денеска, министерството за здравство информираше дека во последните 24 часа се направени 1363 тестирања, а регистрирани се 118 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-55, Куманово-9, Дебар-1, Штип-1, Прилеп-4, Тетово-20, Струга-2, Велес-2, Битола-1, Охрид-9, Гостивар-4, Гевгелија-1, Струмица-2, Свети Николе-1, Кичево-1, Ресен-5.

Скопје | пред 5 години

koronavirus-kovid-19-pacient-lekari-2

Починаа нови четири пациенти со коронавирус, најмладиот од нив се лекувал две недели во болница

Во ГОБ „8 септември“ починати се четири лица од Скопје - пациент (58г) примен на 9 јуни, пациент (73г) хоспитализиран на 26 мај, пациентка (73г) примена во боницата на 22 јуни. Починат е и пациент (72г) на 21 јуни, денеска е потврден неговиот позитивен резултат.На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 9 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 109 пациенти. На кислородна поддршка се 46 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.Во монтажната болница се хоспитализирани 13 пациенти, во болницата во Козле еден возрасен пациент и две деца позитивни на ковид-19.До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 13 нови, а вкупно хоспитализирани 127 пациенти. На респираторна машина се 7 пациенти.Во болницата во Битола се хоспитализирани 31 пациент, а во болницата во Штип се хоспитализирани 20 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 85 пациенти - позитивни и сомнителни на ковид-19.

Македонија | пред 5 години

korona5

Нови 118 заболени од коронавирус, процентот на заболени падна на 8,6 отсто

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1363 тестирања, а регистрирани се 118 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-55, Куманово-9, Дебар-1, Штип-1, Прилеп-4, Тетово-20, Струга-2, Велес-2, Битола-1, Охрид-9, Гостивар-4, Гевгелија-1, Струмица-2, Свети Николе-1, Кичево-1, Ресен-5.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 74 оздравени пациенти од: Скопје-37, Штип-3, Прилеп-5, Тетово-24, Велес-1, Гостивар-4.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5311, бројката на оздравени пациенти е 2048, на починати е 251 а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3012. Од вчерашните тестирања три се контролни, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:•       Скопје 2588, активни 1734•       Куманово 703, активни 250•       Дебар 83, активни 31•       Штип 276, активни 186•       Прилеп 235, активни 17•       Тетово 558, активни 322•       Струга 181, активни 101•       Велес 169, активни 34•       Битола 43, активни 14•       Охрид 120, активни 100•       Кавадарци 11, активни 6•       Гостивар 87, активни 50•       Гевгелија 10, активни 6 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)•       Струмица 12, активни 8•       Крива Паланка 11, активни 5•       Радовиш 4, активни 0•       Крушево 6, активни 3•       Кочани 61, активни 27•       Пробиштип 13, активни 10•       Демир Хисар 1, активни 0•       Македонски Брод 3, активни 1•       Пехчево 5, активни 2•       Берово 2, активни 1•       Валандово 6, активни 4•       Виница 3, активни 0•       Делчево 1, активни 0•       Кратово 4, активни 2•       Свети Николе 17, активни 15•       Кичево 9, активни 6•       Ресен 70, активни 69•       Неготино 19, активни 8 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 1363 теста се преку: ИЈЗ –533, ЦЈЗ Скопје-22, Авицена –73, Биотек –159, МАНУ -145, Жан Митрев (Филип Втори) -179, Судска медицина-13 и Систина  со PCR метода -239 . Досега во земјата се направени вкупно 53,248 тестирања на ковид -19.  Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Македонија | пред 5 години

mickoski-8

Мицкоски: Над 1000 проекти за граѓаните, Македонија мора ја да исправиме и обновиме

Обновата е нашата визија за промена на тешката реалност која ја живее секој еден граѓанин. Обнова која ќе донесе повеќе за секого и промени кои ќе ја направат Македонија онаква каква што сакаме да ја имаме. Следува период на нова надеж, нов исчекор каде ќе покажеме дека не сме сите исти, и дека сме различни од нив. Проектот „Обнова на Македонија“ опфаќа мерки и планови кои се изготвуваа повеќе месеци од врвни експерти од земјава и странство, таа е базирана на директни потреби на граѓаните, кои ја синтентизираат нашата визија во работи со конкретни рокови кон кои јас како човек и мојот тим се обврзуваме дека ќе ја исполниме. Го имате мојот збор, а дадениот збор е најважната обврска врз која почива угледот и честа на секој поединец, истакна денеска Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ.Обновата е нешто кое народот го бара и го чека долго време, а таа подразбира да имате контрола на својот живот, но и контрола врз заедничките судбини. Тоа значи да имате повеќе за да ви биде подобро. Подразбира нова надеж, шанса за сите, подразбира да го сакате своето, да го помните минатото, но и да се борите за иднината. Македонија мора да се промени, а таа промена која сакате да ја видите е токму ОБНОВАТА.ВМРО-ДПМНЕ и целиот интелектуален и експертски тим седи зад еден голем проект. Проектот како што кажав на почетокот се нарекува Обнова. Обнова со над 1000 проекти за секого. Главниот фокус на „Проектот обнова на Македонија“ се економијата, претприемништвото и поддршка на бизнисот, а целта е едноставна, повеќе пари за секого. Ние мораме преку реиндустријализација и константен економски развој да постигнеме стандарди базирани на вредности. На народот потребни му се пари, наместо демагогија, а на државата работа и резултати, наместо неспособност и порази.Нам не ни се потребни мали придвижувања, туку големи чекори напред и големи победи. Затоа се обврзуваме на раст на БДП од минимум 4% секоја година, невработеност под 10%, повисоки плати за минимум 25%, ниски даноци, најниски во Европа од 8%, воведување на реиндустријализација која ќе донесе повеќе пари за секого. И верувам и знам дека Македонската економија можеме да ја направиме да биде прва на Балканот.Обнова која носи убави нешта за работниците, земјоделците, стопанствениците, пензионерите, невработените, младите и старите, мажите и жените, сите оние кои денес заедно со нас на нозе се креваат, се креваат и креваат глава гордо, високо, и се исправаат!За младите кои ќе се вработат мора да има пониски даноци, тие да студираат на барем еден македонски универзитет кој што ќе биде во првите 1000 на Шангајската листа, студентскиот стандард ќе биде сериозно зголемен, и ќе бидат обезбедени серија на мерки кои значат повеќе можности за секој еден од нив. Мора да си ги вратиме децата во нашата земја. Да ги наполниме испразнетите градови и села. За образовните работници, наставниците и професорите ќе извршиме усогласување на платите со Колективниот договор во образованието, за просветните работници во основното и средното образование личен доход од 36.000 денари месечно, за вработените во високото образование до 100.000 денари месечни примања. Ќе обезбедиме целосно реновирање и реконструкција на студентските домови, ќе одвоиме 4 милиони евра за претприемачка иницијатива на млади и одвојување 1 денар од акцизата на нафтените деривати во малопродажбата. Овие средства ќе се користат за развој на спортот, спортската инфраструктура и науката во спортот познат како спортски денар.За земјоделците ќе обезбедиме повеќе пари, субвенции во износ минимум 640 милиони евра во еден мандат и сигурен откуп. Нов концепт во земјоделието, едноставни и брзи процедури, 80 милиони евра за нови водоводни мрежи за еден мандат, кредитен револвинг фонд за откуп на земјоделски производи, повеќе од 50% покривање на трошоците за механизација, добиток и насади, истакна меѓу другото претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Македонија | пред 5 години

23062020_MKOT_Popovski_press-1

Поповски: Со алатката за Фискална транспарентност пред јавноста ги отвораме сите донации наменети за КОВИД-19

Министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, денеска ја промовираше алатката Фискална транспарентност, со која се надгради веб-страницата https://koronavirus.gov.mk/. Станува збор за алатка преку која јавноста ќе ги има на увид сите информации за средствата кои се слеваат и трошат од Буџетот на РСМ, како и евиденција на сите нефинансиски донации добиени како помош, а се наменети за справување со кризата КОВИД-19.„На веб-страницата ќе бидат објавувани, јавни набавки направени од страна на институциите на централно ниво кои се однесуваат на справување со кризата КОВИД-19, податоци за нефинансиски донации на сите институции, податоци за финансиски донации направени на наменските донациски сметки на Генералниот секретаријат на Владата и Министерството за здравство кои автоматски се објавуваат на дневна основа, и податоци за сите исплати од Буџетот на Република Северна Македонија коишто се направени во рамките на буџетската програма „П1 – Мерки за справување со КОВИД-19 кризата“, изјави Поповски.За потребите на оваа алатка направена е и надградба на Електронскиот систем за јавни набавки, за сите веќе реализирани јавни набавки и за сите набавки во иднина, како и надградба на порталот Отворени финансии со делот КОВИД-19. Исто така, Владата ги задолжи министерствата и органите во состав на министерствата, како и самостојните органи на државната управа кои примиле нефинансиски донации, во рок од пет работни дена истите да ги внесат преку административниот панел што е овозможен во рамките на надградбата на веб-страницата и во иднина истите ќе треба да продолжат да ги внесуваат на оваа веб-страница.„Со поврзување на базите на институциите со Електронскиот систем за јавни набавки, ние на едно место и овозможуваме на јавноста да се информира за сите трошења поврзани со кризата КОВИД-19. Затоа ги поканувам институциите да ги користат овие алатки и да покажат проактивност во својата транспарентност, бидејќи транспарентноста на долг рок е најдобра алатка за превенција на злоупотреби во користење на средствата од буџетот на државата“, појасни Поповски.Коронавирусот го смени начинот на живот, и донесе не само здравствена туку и економска криза. Во такви услови кога земјите бараат помош, финансиска, преку Јавни набавки и донации,  Владата ги исполнува заложбите за отвореност, отчетност и транспарентност и тоа не само за функционерите туку и за институциите. Во таа насока преку оваа алатка Владата им овозможува на граѓаните да имаат целосен увид во податоците за набавените и потрошени средства наменети за ковид кризата.фото: Влада

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Ургентниот центар и чекалната на Клиниката за детски болести, комплетно реновирани

Во Универзитетската клиника за детски болести изминатиот период комплетно се реновирани амбулантскиот дел, Ургентниот центар и чекалната за пациентите, со цел унапредување на условите за третман на пациентите, како и условите за работа на персоналот на оваа клиника.Амбуланскиот дел е целосно обновен со нова опрема, извршени се бројни градежни зафати, поставени нови прозорци, нова електрика, а во дел од просториите е променет таванот и подот. Комплетно се  обновени тоалетите за пациентите и персоналот, и набавен е нов мебел, наменет за овие оддели.Со цел непречено функционирање на клиниката во услови на пандемија од коронавирусот, се применуваат посебни мерки за заштита и во таа насока поставени се нови шалтери за прием на пациенти, како и нови столчиња во чекалната на пациентите.Исто така, комплетно се реновирани и опремени клиничката аптека, помошните простории и пералната.Во однос на актуелната состојба со коронавирусот, од Клиниката апелираат до родителите кои имаат потреба да ги донесат своите деца на преглед, да ги почитуваат мерките за заштита препорачани од Министерството за здравство: носење задолжителна заштита на лицето на родителот и детето, одржување најмалку два метра физичка дистанца и честа хигиена на раце.Од Клиниката велат дека децата заслужуваат секогаш повеќе и подобро и најавуваат дека многу скоро продолжува обновата и на другите одделенија на Клиниката.фото: Министерство за здравство

Македонија | пред 5 години

Makedonski-pasos

МВР: Лични карти и пасоши во Скопје ќе се издаваат и во сабота и недела

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните во Скопје дека во периодот до одржувањето на парламентарните избори ќе биде овозможено подигање на готовите лични документи (лична карта и пасош) и во текот на деновите од викендите.Во периодот  до  одржување на парламентарните  избори на  15. 07. 2020, Министерството за внатрешни работи  ќе овозможи,  во седиштето на Одделението за управни работи Скопје  (зградата на МТВ) и подрачната канцеларија “Беко“ подигање на личните документи покрај во редовното работно време (од 07:30-20:00 часот од понеделник до петок) и секоја сабота и недела (27 и 28 јуни и 4, 5, 11 и 12 јули) во периодот од 08:00 до 16:00 часот.фото: Архива

Скопје | пред 5 години

taravari-1

Таравари: Јас не сум против Албанец да биде премиер, ама ајде Ахмети нека ми даде математика како ќе стигнеме до тоа

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари во гостување на ТВ 24 синоќа рече дека идејата за премиер Албанец на ДУИ е само алиби за поразот кој ДУИ ќе го доживее.-Ние не се согласуваме со господинот Ахмети затоа што со ниеден закон не е забрането Албанец да биде министер за внатрешни, министер за финансии, премиер… Зошто тогаш го збориме ова? Оваа демагогија, е кога се спрема да оди во опозиција. Првата вечер кога ќе бидат во опозиција ќе речат прифаќаме само да биде Албанец премиер, и затоа не влегуваме во Влада. А, всушност затоа што изгубиле. Уште сега се знае кој може да биде премиер Мицкоски или Заев. Јас не сум против Албанец да биде, ама ајде Ахмети нека ми даде математика како ќе стигнеме до тоа. Еве и сите албански партии да бидеме заедно, што ќе правиме со 30 пратеници? До 61 како ќе стигнеме? Ахмети ни ја понижува интелегенцијата, вели Таравари.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

protest-1

Учесниците на протестот „Стоп кршење права и слободи, стоп вакцини, стоп 5G антени, стоп лажна пандемија“, треба да платат по 2000 евра

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Предлог за издавање казнен налог против вкупно 15 лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.Обвинетите, на 31 мај, не постапиле според прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за сузбивање и спречување на ширењето на заразната болест COVID-19.  Имено, иако со одлука на Владата било забрането групирање на повеќе од  5 лица на јавни површини, тие се собрале на булеварот „Илинден“ во близина на зградата на Владата, каде учествувале на јавен собир под мотото „Стоп кршење права и слободи, стоп вакцини, стоп 5G антени, стоп лажна пандемија“.  Обвинетите биле затекнати од полициски службеници при извршена контрола на местото на настанот.Надлежниот јавен обвинител предложи на секој од обвинетите да му биде изречена парична казна од по 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност.​фото: Архива

Скопје | пред 5 години

pistol

Скопјанец обвинет за недозволено поседување оружје

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против 24-годишен скопјанец, за кривично дело – Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик.Обвинетиот, на 2 јуни, пред зграда на улица „Струмичка“, неовластено држел огнено оружје – пиштол марка „Глок“ со калибар 9 мм. На критичниот ден тој се движел со моторцикл без регистарски таблици, а на себе носел панцир. Во еден момент го пресретнале непознати лица, кои кон него испукале повеќе проектили, нанесувајќи му повреда во левата потколеница. Обвинетиот возвратил со 6 куршуми, по што се скрил во влез од зграда, а пиштолот се обидел да го скрие во сандаче на ЕВН.Надлежниот јавен обвинител достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка куќен притвор за обвинетото лице, бидејќи се уште постојат основите за тоа – опасност од бегство, можност за влијание врз сведоците и можност да го повтори делото.​фото: Архива

Скопје | пред 5 години

stive-bing

Почина холивудскиот продуцент Стив Бинг, паднал од 27-ми спрат, страдал од депресија поради карантинот

Холивудскиот продуцент Стив Бинг почина на 56-годишна возраст, откако падна од 27-от кат на зграда во Лос Анџелес, објави ТМЗ.Според медиумите, Бинг страдал од депресија поради недостаток на човечки контакт за време на карантинот. Ни полицијата, ниту блиските на починатиот сѐ уште не ја потврдија оваа информација.Бинг е познат по филмовите „Поларен експрес“ со Том Хенкс, „Фати го Картер“ со Силвестер Сталоне и документарецот на Мартин Скорсезе – „Блесок светлина“.Продуцентот има две деца, Демјан Харли од врската со Елизабет Харли и ќерката Кира Бондер, која ги добил со поранешната професионална тенисерка Лиза Бондер.фото: Stuff.co.nz 

Магазин | пред 5 години

23062020_MIOA_Press-1

МИОА објави алатка за пријавување на притисок на работно место во изборен контекст

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, на прес-конференција ја презентираше алатката за пријавување на притисок објавена на веб страната на Министерството. Министерот истакна:„Министерството за информатичко општество и администрација продолжува со воспоставената пракса на објавување алатка за пријавување на притисоци во предизборен период на својата веб страна. Цврсто стоиме на заложбата дека притисоци, уцена и злоупотреба во јавниот сектор нема и нема да има!И за време на оваа кампања, исто како и претходните кампањи во изминатите 3 години, вработените во јавниот сектор ја имаат моќта на лесен и едноставен начин да пријават доколку некој им врши притисок во контекст на изборниот процес.МИОА се обврзува сите пристигнати пријави да ги проследи до надлежните органи, за понатамошно постапување. За ова организиравме и координативни состаноци со ДКСК, Народниот правобранител, Агенцијата за администрација, Државниот трудов инспекторат, Агенцијата за вработување, како и други надлежни институции. Целта е да се обезбедат и гарантираат сите предуслови за фер и демократски избори.Пријавувањето е анонимно, но доколку лицето кое пријавува сака да ги сподели личните податоци, тие ќе бидат заштитени согласно Законот за заштита на личните податоци. За ова веќе се преземени соодветни технички и организациски мерки.Ова е само еден од механизмите кои МИОА ги презема во изминатиот период за целосна професионализација на јавниот сектор. Како што знаете Законот за ВРС е готов и единствено не е во сила само поради нефункционалното Собрание. Законот предвидува транспарентен и професионален избор, високи стандарди и критериуми за раководните позиции и претставува голем исчекор кон деполитизација на јавниот сектор.Дополнително, ја менуваме културата на работење и после долго време, во овие три години јавниот сектор конечно работи согласно описот на своите задачи без притисоци и без да биде во служба на некој друг. Заробената држава е минато. Апелирам до вработените да ја користат оваа алатка и секој евентуален притисок да го пријават“.фото: Влада

Македонија | пред 5 години

televizija

Влада: Продолжен рокот за операторите за пререгистрација на програмските сервиси што ги реемитуваат од 60 на 150 дена

Владата на седницата одржана на 22 јуни донесе измени и дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за време на вонредна состојба, со која се утврдува дека временскиот период во кој операторите беа должни да извршат пререгистрација на програмските сервиси кои ги реемитуваат, од 60 дена е продолжен на 150 дена. Овој рок е продолжен со цел да ја исполнат обврската и да ја достават соодветно пропишаната документација до Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги која треба да ја прибават од странски радиодифузери.  Дополнително, а заради обезбедување на соодветни услови за информирање на јавноста во овој период на прогласена пандемија, со оваа Уредба е определена обврска за задолжително реемитување на програмските сервиси кои се веќе пријавени кај надлежниот регулатор од страна на операторите.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

rek-oslomej

„Екосвест“: РЕК „Битола“ е најголем емитувач на сулфур диоксид во регионот

Емисиите на прашина од РЕК „Битола“ и РЕК „Осломеј“ во 2019 година остануваат слични како и минатите години, но емисиите на сулфур диоксид се дуплирани во споредба со 2018 година, велат од Центарот за истражување за животната средина „Екосвест“, од каде се повикуваат на извештај од „Бенквоч“.Според овој извештај, две и пол години откако законодавството за контрола на емисиите од големи согорувачки капацитети стапи на сила преку Енергетската заедница, нашата земја е сè подалеку од исполнување на обврските.„Покрај загрижувачките вести за целиот регион, извештајот искажува особена загриженост за ситуацијата со РЕК ‘Битола’. Емисиите на прашина повторно се 2,5 пати повисоки од дозволеното, но најголем проблем стануваат емисиите на сулфур диоксид од електраната – тие се дуплирани за само една година, од 52.823 тони во 2018 година во 105.431 тони во 2019 година. Со ова трите блока во комбинатот станаа инсталација со најголеми емисии на сулфур диоксид во регионот, а можеби и во Европа“, велат од „Екосвест“ повикувајќи се на извештајот.Од таму објаснуваат дека сулфур диоксидот е сериозна закана по човековото здравје и по животната средина и предизвикува иритација на дишните патишта и во големи концентрации доведува до сериозни респираторни заболувања.Давор Пехчевски, координатор за аерозагадување во „Бенквоч“ и коавтор на извештајот, вели дека приоритет за излез од ваквата ситуација е да се донесе програмата за имплементација на стратегијата за развој на енергетиката.„Преку оваа програмa ќе се избере зеленото сценарио како најисплатливо и забрзано ќе почне да се спроведува. Ова ќе овозможи во најкраток можен рок да се намалат работните часови на комбинатот и тој да се затвори во определениот рок, а со тоа и да се елимира проблемот со загадувањето што произлегува од него“, вели Пехчевски.Од „Екосвест“ воедно порачуваат дека со забрзана транзиција кон обновливи извори на енергија нема само да го подобри квалитетот на воздухот во Битолскиот Регион, туку и ќе се дојде многу блиску до намалување на емисиите на стакленички гасови.фото: Makedonsko Sonce 

Македонија | пред 5 години

sekerinska-3

Шекеринска: Да ја носите униформата со чест и достоинство

Убедена сум дека ова наше сојузништво и партнерство во кое покажавме дека се можни резултати на секој план, ќе продолжи како и денес. Да Ви посакам да ја носите оваа униформа со чест и со достоинство и како силно и секојдневно потсетување дека посветената работа секогаш носи резултат, нагласи министерката за одбрана Радмила Шекеринска на денешната промоција на новите униформи за припадниците на Армијата, во скопската касарна „Илинден“.Здравствената криза што го зафати нашето целокупно општество, рече  Шекеринска, не ги намали инвестициите во одбраната и секојдневните заложби, и покрај вонредната состојба, за реализација на една од покрупните набавки што се презедоа заедно со оклопните возила.„Заедно во такво партнерство и таков сојуз ја испишавме влезницата за НАТО, заедно го вративме достоинството во оваа професија. Навистина сум горда на овие заеднички достигнувања“, рече министерката Шекеринска.Според неа, последниот период од неколку месеци можеби е најсликовит пример зошто секогаш треба да вложуваме во Армијата.– Верувам во партнерства и сојузи кои се потребни, прогресивни и принципелни, така влеговме во НАТО со работа со принципи со реформи и со резултати, потенцира Шекеринска.Платата и приходите денеска во Армијата, истакна Шекеринска, се зголемени помеѓу 50 и 60 проценти. Зборуваме за нова опрема, веќе долго време, ги користите новите чизми, дневници се исплаќаат на сите и се втор пат зголемени, а колегите инженерци во оваа касарна по 16 години добија нови машини, кои видовме како им помагаат на граѓаните и како го модернизираат полигонот Криволак. Два објекти во оваа касарна се реновираат, истакна министерката.– Ветив пред Вас повисоки плати, платите во Армијата растеа три пати, растеа сите приходи на сите припадници, ветив седум илјади денари станарина, денеска сите оние кои ги исполнуват условите примаат станарина повисока од осум илјади секој месец, истакна Шекеринска.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

migranti

64 мигранти од Бангладеш откриени во камион кај Струмица

Шеесет и четири мигранти биле откриени во камион на регионалниот пат Валандово  – Струмица, соопшти МВР.Вчера околу 19 часот на влез во Струмица полициски службеници забележале камион „ивеко дејли“ со скопски регистарски ознаки за кој имале информација дека превезува мигранти. Возачот го застанал возилото и избегал.Во камионот имало 64 мигранти од Бангладеш. Тие се сместени во ПТЦ-Винојуг во Гевгелија за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.фото: Vatican News 

Македонија | пред 5 години

humanost

(ФОТО) Хуман гест на двајца кичевци за младо момче со посебни потреби

Двајцата млади кичевци, Лавдрим Велиу и Алит Билали гледајќи ги тешкотиите со кои се соочува едно момче од ромска националност со посебни потреби , 20-годишниот Атилан Асаноски, решиле заедно да му помогнат за да му се олесни движењето, Објави Сител.мк.Тие обезбедиле специјален електричен мотор кој ќе му овозможи на Асаноски со помалку потешкотии и поудобно да се движи низ градот.извор: Сител 

Македонија | пред 5 години

osmani

Османи: Време е да ги отвориме аеродромите и границите без ограничувања!

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи на неговиот Фејсбук профил напиша дека е време да се отвораат границите без никакви ограничувања.– Време е да ги отвориме аеродромите и границите без ограничувања!", напиша вицепремиерот Османи.Можноста за целосно отворање на границите без сегашните услови, односно задолжителен ПСР тест и самоизолација ќе биде тема на разговорот со Комисијата за заразни болести и денеска, по што ќе се донесе соодветна одлука.фото: Архива 

Македонија | пред 5 години

urivanje-plaza

Охрид SOS: Ни изгледа дека струшкото крајбрежје ќе остане нечепнато

Градоначалникот на Општина Струга Рамиз Мерко се однесува како да владее со автономна зона, а не како да е дел од една земја во која владеат истите закони за сите! Во Струга немало дивоградби, не требало ништо да се руши, него „баш го бригало што зборувале луѓето“, концесионерите ги спремале плажите за претстојната сезона, општината била затворена поради опасност од КОВИД-19. И таквото однесување му е допуштено и нему и на неговите сопартијци од ДУИ во Охрид, се вели во објавата на ФБ од Охрид SOS.Тие додаваат:Нефи Усеини има бетонска база до самиот брег на Охридското Езеро, има дивоградба среде чаршија, тепа советници на седница на Совет и нема НИКАКВИ реперкусии! Општина Охрид уште не ни одговорила на официјалниот допис кои сѐ концесионери управуваат со плажите на крајбрежјето од 2008 година до денес, која е висината на надоместокот што го плаќале?Дополнително, прашуваме по кои критериуми се почнало со рушењето и по кој редослед се руши? Бараме Влада на Република Северна Македонија да ни достави одлука и план за работа со соодветна динамика и редослед на рушењето. Нам ни изгледа дека струшкото крајбрежје ќе остане нечепнато зашто во моментов со него владее партија која речиси две децении е непрекинато на власт! Видовме како се озаконува криминал од партија која само половина од времето на дуи беше на власт.Дали уредбата со законска сила која владата ја донесе, а се однесува на враќање на плажите во првобитната состојба важи и за Струга? Или таму важат посебни закони? Или не важат закони? Навистина е крајно време државата да застане на патот на дуи, ако имаме функционални институции, секако. Бараме санкции за функционерите на дуи, бараме затворски казни за тие што ги заслужиле, бараме да се оневозможи една криминална група да оперира непречено на штета на јавниот интерес! Или Македонија е уште заробена држава?https://www.facebook.com/OhridSOS/posts/2680237272254913

Македонија | пред 5 години

paridenari1

Ангеловска-Бежоска: Со сигурност можеме да кажеме дека шпекулациите поврзани со курсот на денарот не се поткрепени со економски аргументи

Во сите досегашни епизоди на криза, стабилниот курс на денарот претставува главен фактор на одржување на макроекономската стабилност. Нема компромис во однос на постојниот режим на курсот. Јавноста треба да има потполна доверба во нашата заложба и во нашиот капацитет успешно да продолжиме со постојната монетарна стратегија на стабилен курс на денарот.Ова го истакна гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, во изјава за порталот „Фактор“. Притоа посочува дека и од страна на меѓународните финансиски институции, и од страна на централната банка, повеќе пати е нагласено дека оваа монетарната стратегија во целост одговара на структурните карактеристики на македонската економијата и со определбата за економска и монетарна интеграција во Европската Унија. „Немаме дилеми дека по ова прашање одамна е постигнат општествен консензус.“ – нагласува Ангеловска-Бежоска.Во изјавата за „Фактор“, гувернерката накусо ги коментира и шпекулациите што беа пласирани во врска курсот на домашната валута. Притоа посочува дека појавата на шпекулации околу курсот на денарот не е никаква новина. Без исклучок, секогаш кога се соочуваме со некој шок, за жал тие се присутни.„Со сигурност можеме да кажеме дека шпекулативните тврдења поврзани со курсот на денарот не се поткрепени со економски аргументи. Во услови кога адекватноста на девизните резерви се потврдува преку сите релевантни показатели, нерационално е да се зборува за промена на вредноста на курсот.“ – изјави Ангеловска-Бежоска.Притоа истакнува дека гаранција за стабилноста на курсот не е само високото ниво на девизни резерви, туку и широкиот инструментариум на мерки кои централната банка ги има на располагање и ќе ги искористи во одбрана на курсот, доколку е тоа потребно.„Од економски аспект, промена на вредноста на курсот не може да донесе бенефит за економијата во целина. Напротив. Таа може само да ги зголеми обврските за плаќање на оние чијшто долг е деноминиран во странска валута, да ја намали куповната моќ поради пораст на цените и да го поскапи увозот од којшто многу извозници се зависни.“ – порачува гувернерката.„Интересно е што Народната банка во изминатите неколку години постојано откупуваше вишок девизи на девизниот пазар, со што ги зголемуваше девизните резерви на природен начин. Но, досега никој не шпекулирал за зголемување на вредноста на денарот, што покажува дека обидите за наметнување дебата за прашањето за курсот на домашната валута, за жал не секогаш се од економски карактер.“ – вели Ангеловска-Бежоска.Во изјавата за „Фактор“, таа е децидна дека јавноста треба да биде спокојна – денарот останува стабилен.Оцената дека монетарната стратегија на Народната банка за девизниот курс на денарот е соодветна за македонската економија, веќе години наназад, во рамки на своите согледби ја истакнува и ММФ. Неодамна, ваквата оцена беше посочена и од шефицата на мисијата на ММФ за нашата земја, Берглјот Бјорнсон Баркбу и резидентната претставничка на ММФ за Западен Балкан, Стефани Ебле. Тие истакнаа дека курсот на денарот е клучно сидро на макроекономските политики.фото: Архива

пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања