Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

ziberi

Насер Зибери предлог на ДУИ за премиер Албанец

Во одморалиштето Претор кај Преспа, ДУИ оддржува промотивна конвенција на кандидатите за пратеници на предвремените парламентарни избори на 15 јули 2020 на кој лидерот Али Ахмети го претстави кандидатот за прв Албанец премиер.Станува збор за Насер Зибери, искусен политичар кој зад себе веќе има три пратенички мандати а веќе бил и министер за труд и социјална политика.Зибери во моментов работи како нотар.

Слајдер | пред 5 години

2406202_sredba_PVRSM-Spasovski_Zemon_2

Спасовски: Честит нека е Денот на Балканските Египќани, заедно продолжуваме по патот кој досега го трасиравме преку концептот „Едно општество за сите“

По повод одбележувањето на 24-ти јуни, Меѓународниот ден на Балканските Египќани,  претседателот на Владата на Република Северна Македонија Оливер Спасовски, прими делегација составена од претходните претседатели на Здружението на Египќаните, основано пред 30 години во нашата земја, предводена од пратеникот д-р Рубин Земон.Здружението, формирано на 24 јуни 1990 година во Охрид е најстарата општествено-политичка организација на оваа заедница на Балканскиот Полуостров, која има за цел заштита и унапредување на културата и идентитетот на Египќаните во Република Северна Македонија, развој  на образованието, заштита на човековите и малцинските права, како и поголемо вклучување на припадниците на оваа заедница во Република Северна Македонија.„Чест ми е што денеска сте тука и особено сме горди што како Влада го изградивме и продолжуваме по патот на почитување на концептот „Едно општество за сите“, почитувајќи ги сите заедници, особено оние помалубројните“, рече премиерот Спасовски, честитајќи го Меѓународниот ден на Балканските Египќани, како и тридеценискиот јубилеј од формирањето на Здружението на Египќаните во Северна Македонија.Спасовски подвлече дека, секоја заедница е важна во државата и Владата ќе продолжи во насока на обезбедување еднаквост, социјална правда, правичност, еднакви можности, вклученост и учество на сите граѓани во одлучувањето и постигнување на општествена кохезија.Учесниците во делегацијата на заедницата на Египќаните, заблагодарувајќи се за приемот, на премиерот Спасовски му изразија поддршка за конструктивните политики на Владата за значително подобрената состојба за разлика од наследената состојба со поделеното општество, говорот на омразата и криминалот од омраза кон „другиот“.Претставниците на заедницата на Египќаните изразија поддршка за преземените политики особено со зголемувањето на политичката претставеност на Египќаните во процесот на донесувањето на одлуките.фото: Влада 

Македонија | пред 5 години

24062020_PVRSM-Spasovski_MTV-Sugareski_delnica-Kumanovo-Stracin_7

Спасовски и Сугарески: На Коридор 8 работиме на создавање на комплетно нова патна мрежа

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски и министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески денеска извршија увид во градежните работи на рехабилитацијата на државниот пат А2, делница Куманово-Страцин.Во изјавата за медиумите, премиерот Спасовски истакна дека во целиот источен и југоисточен регион на нашата земја е во тек интензивна градежна офанзива.„Во целиот источен и југоисточен регион на нашата земја е во тек интензивна градежна офанзива. Завчера бевме во Крива Паланка, а претходниот ден во Валандово за да ги охрабриме изведувачите на голем број инфраструктурни проекти да продолжат со исто темпо и да ги испочитуваат роковите за исполнување на обврските и да се завршат експресните патишта, регионалните, локалните, да финишираат работите на големите системи за наводнување, канализационите мрежи – сите од огромен интерес за граѓаните бидејќи дојдоа како резултат на нивните барања. И денеска сме тука со истата намера“, истакна премиерот Спасовски.Тој потенцираше дека сите проекти се реализираат според планот и дека ќе бидат завршени во утврдените рокови.„Овде се работи на делницата од Куманово до Страцин, долга 16,6 километри. Се рехабилитира комплетната коловозна конструкција со асфалтирање во два слоја и се изведува санација на 3 моста и 10 плочести пропусти. Се гради заштита на косини со армирано бетонски и габионски ѕидови и се поставува заштитна мрежа заради безбедност. Долж делницата се реновираат и градат 7 паркиралишта и 8 автобуски станици и се изведуваат работи за комплетна обнова на хоризонталната и вертикалната сигнализација по целата траса, како и електричното осветлување на патот што поминува низ населеното место Страцин“, информираше премиерот Спасовски.Тој објасни дека и во услови на пандемија градиме по план, современа инфраструктура за современа држава, а градежната офанзива не запира.„Денес, инвестициите во инфраструктурата, во патиштата се инвестиции за подобрата поврзаност на локалните заедници со големите економски центри. Тоа се инвестиции за можности за новата развојна македонска економија. Ги прошируваме капацитетите на меѓународните коридори за да ја подобриме економијата, се проширува патната и граничната инфраструктура на клучните премини Ќафасан и Деве Баир. Тоа е современа инфраструктура за современа економија. Градиме за да ни се развиваат селата подеднакво како и градовите, градиме за секое населено место да е подобро поврзано со останатите. Градиме за да обезбедиме силен локален економски развој, особено во овој дел на земјата кој еден подолг период беше запоставен“, истакна премиерот Спасовски.Тој прецизираше дека оваа Влада наследи хаос со неплански и недомаќински планови за патишта, што непотребно креирало дополнителни трошоци за санирање на штетите, но тоа не ја обесхрабрило Владата.„Напротив, во последните три години со спротивен пристап, со домаќински, чесен и одговорен, европски однос инвестираме во најнеопходните работи за современа држава – инфраструктура за сите, во сѐ она што е важно за граѓаните и државата. Денес Владата предводена од СДСМ интензивно вложува во Куманово и со тоа ја исправа долгогодишната неправда што со години му беше нанесувана на овој град. Рехабилитирани патишта во должина од 112 км и тоа: Куманово-Опае, Куманово – Никуштак, Куманово – Свети Николе, Младо Нагоричане – Пелинце, Куманово – Страцин и Ропалце – Матејче – Липково. Овие регионални патишта околу Куманово никој не ги реконструирал повеќе од 40 години“, потенцираше на крај премиерот Спасовски.Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески во својата изјава истакна дека на Коридор 8 се работи на комплетно нова патна мрежа, преку изградба на нови и реконструкција на постоечките патишта.„Ова е делницата Куманово – Страцин, делот што во моментов го рехабилитираме e во вредност од 7,2 милиони евра, средства од Буџетот на ЈПДП, а во меѓувреме тече тендерска постапка за рехабилитација на дополнителни 15 километри со средства од ИПА програмата. Значи само за рехабилитација на регионалниот пат Куманово-Страцин инвестираме преку 14 милиони евра“, потенцираше министерот Сугарески.Тој објасни дека модернизацијата на Коридор 8 е од клучно значење како за регионално поврзување и зголемена соработка на нашата земја со соседна Бугарија, така и за унапредување на транспортот, брз и безбеден превоз на стоки и патници и генерално создавање услови за зголемена конкурентност и развој на регионот и економски раст на државата.„Во таа насока, Владата предводена од СДСМ инвестира преку една милијарда евра за нова и модерна инфраструктура во државата. Завршивме преку 800 километри патна мрежа, а само во моментов градиме и рехабилитираме преку 400 километри патишта. За изградба и рехабилитација на патниот Коридор 8 во овој момент инвестираме околу 90 милиони евра“, објасни министерот Сугарески.Тој потсети дека покрај рехабилитацијата на регионалниот пат Куманово–Страцин, се рехабилитира и постоечкиот пат Ранковце – Крива Паланка, се реконструира и се гради трета лента на патниот правец Крива Паланка - граничен премин Деве Баир, а во меѓувреме се гради нов експресен пат од Ранковце до Крива Паланка.„Со овие проекти го стимулираме градежниот сектор и приватните бизниси и овозможуваме поволни услови за нови инвестиции и отворање на нови работни места. Накратко, исполнуваме се она што ветивме пред граѓаните. Нашите заложби за модернизација на целокупната инфраструктура во државата се видливи, насекаде се работи со силно темпо и како никогаш досега се инвестира во изградба на патната мрежа.Да создадеме просперитетна, економски стабилна и европска земја е наш врвен приоритет и продолжуваме неуморно да работиме за подобар живот на сите граѓани“, финализираше министерот Сугарески.

Македонија | пред 5 години

edinstvena-makedonija

Единствена Македонија: Злото има име, се вика партија „Погреб за Македонија“ составена од дпмне и сдс и на 15 јули ќе биде поразена

Единствена Македонија и Коалицијата „Никогаш северна - само Македонија“ ја започнува изборната кампања која ќе се води на терен преку непосредни разговори со народот „очи во очи“, преку социјалните мрежи и соопштенија/пресови/изјави преку класичните медиуми, се вели во соопштението од Единствена Македонија.Коалицијата „Никогаш северна - само Македонија“ настапува со кандидатски листи во сите шест изборни единици. Во првата единица носителка е Билјата Џинго членка на Извршниот комитет на Единствена Македонија, во втората Јове Кекеновски претседател на ФРОДЕМ, во третата Вангел Симев член на ИК на Единствена Македонија, во четворката Јанко Бачев претседател на Единствена Македонија, во петтата Ацо Николовски генерален секретар на Единствена Македонија и во шестата изборна единица Љупчо Столевски претседател на Општинскиот комитет на Единствена Македонија Тетово.Република Македонија преживува најтешки моменти од кога било досега. Единствена Македонија како партија која секогаш е на првата линија во одбрана на националните и државните интереси, поаѓајќи од сопствената одговорност не може да стои настрана.Злото во Република Македонија има име. Злото се вика Партијата „Погреб за Македонија“ составена од ДПМНЕ и СДС  кои 30 години лажат, крадат и ја растураат државата и на 15 јуни ќе биде поразена. Затоа, мора да го кажаме нашиот став за иднината на Македонија која ќе се решава на 15 јули - настан од историско значење на кои народот, а не некој странец ќе го даде одговорот - или  ќе се зацементира бришењето на се што е македонско, или, на изборите ќе победат националните и патриотските сили кои ќе ги поништат антимакедонските договори и ревизија и одземање на украдените околу 15 милијарди евра во изминатите 30 годиниСилно веруваме дека десетте стратешки определби се остварливи од нашата Платформа „Битка за Македонија“ која во изминатиот период ја поделивме во 100.000 примероци низ Македонија. Во име на овие определби, го повикуваме македонскиот народ и државјаните на Република Македонија да одлучат. Ние ќе се бориме, од Вас и вашата волја зависи дали во тоа ќе успееме.Единствена Македонија ја бара првата шанса на изборите. Тоа може да биде последната шанса за Македонија.Коалицијата „Никогаш северна - само Македонија“ на избирачкото ливче е под број 11. Настапуваме под слоганот: „Главата горе Македонци. Ова е наша земја, Ние одлучуваме“, се вели во соопштението од Единствена Македонија. фото: Архива

Македонија | пред 5 години

koronavirus

За 24 часа имаме осум починати и 21 хоспитализиран пациент

Починати се 8 лица, двајца пациенти од Скопје, двајца од Куманово, двајца пациенти од Тетово, еден од Велес и еден пациент од Кичево.Во текот на вчерашниот ден, веднаш по приемот, на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина 57 годишен пациент од Велес.Во ГОБ „8 септември“ починаа две лица од Скопје пациент (56г) примен на 11 јуни и пациентка (68г) примена на 13 јуни. Починаа две лица од Куманово, пациентка (47г) примена на 12 јуни и пациентка (59г) примена на 14 јуни.Починаа две лица од Тетово, пациент (78г) примен вчера и  пациентка од (47г), хоспитализирана на 22 јуни.Во ОБ Битола почина пациент од Кичево (61г) хоспитализиран на 21 јуни.На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 4 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 93 пациенти. На кислородна поддршка се 36 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.  Во болницата во Козле 1 дете и 11 возрасни позитивни на ковид-19.Во ГОБ „8 Септември“ примени се 17 нови, 4 пациенти се трансферирани во болницата во Козле. До утрово вкупно хоспитализирани се 124 пациенти. На респираторна машина се 5 пациенти.Во болницата во Битола се хоспитализирани 32 пациенти, а во болницата во Штип се хоспитализирани 23 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 75 пациенти - позитивни и сомнителни на ковид-19.

Македонија | пред 5 години

Megunaroden-Aerodrom-Skopje-02

ТАВ: Од 1 ви јули ги отворараме аеродромите во Скопје и Охрид со нови правила за патување

Согласно Одлуката на Владата на Република Северна Македонија донесена на 23 јуни 2020 година, за повторно отворање на Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид од 1 јули 2020 година, по нивното затворање на 19 и на 16 март годинава, ТАВ Македонија ја информира јавноста дека двата аеродроми ќе се отворат за патнички летови почнувајќи од следната среда, 1 јули, со тоа што воведува нови правила за патување, со цел спречување на влез и ширење на COVID-19. - Во периодот по затворањето на скопскиот и охридскиот аеродром со одлуките на Владата, со цел да се запре ширењето на КОВИД-19 во земјава, интензивно се подготвувавме за повторно отворање на двата аеродроми. Ги следевме искуствата на другите аеродроми во светот со цел да видиме што тие спроведуваат и да ги искористиме најдобрите практики за да понудиме аеродромски услуги кои ќе овозможат соодветна хигиенска и здравствена заштита, со цел патниците, персоналот и партнерите да се чувствуваат безбедно. Притоа ги следевме препораките на Министерството за здравство, Светската здравствена организација (WHO), Агенцијата за воздухопловна безбедност на Европската Унија (EASA), Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ICAO), Меѓународниот Совет на Аеродроми (ACI) и Меѓународната асоцијација за авиосообраќај (IATA), сè со цел да преземеме соодветни мерки навреме. Она што е најважно за патниците е следното – да пристигнат на аеродромите најмалку 3 часа пред нивниот лет, да стават заштитна маска пред да влезат во терминалната зграда на аеродромот, да ги дезинфицираат обувките и рацете на самиот влез во зградата и постојано да одржуваат физичко растојание - вели Алпер Ерсој, генерален директор на ТАВ Македонија. Како што објаснуваат од ТАВ Македонија во однос на Меѓународниот Аеродром Скопје, при Заминувања (Departures), единствен отворен влез за патниците во терминалната зграда ќе биде влезот “Departures C”, при што пред влегување секој патник ќе треба да стави заштитна маска, да ја покаже авионската карта (печатена или на телефон) на нашите агенти за безбедност и потоа да помине преку патосница за дезинфекција на чевлите, а потоа и да ги дезинфицира рацете на безконтактните диспанзери за дезинфекција на раце, поставени на самиот влез од зградата. - По соодветната дезинфекција на обувките и рацете, на сите патници на влезовите во терминалните згради на двата аеродроми, ќе им биде проверена телесната температура, преку термалните камери кои ние како аеродромски оператор ги набавивме, со цел да спречиме влез на вирусот во аеродромските згради, при заминување од државата. По скенирањето со термалната камера, доколку немаат покачена телесна температура, патниците ќе можат да продолжат кон шалтерите за регистрација или саморегистрација. Она што е важно за целата јавност е да знае дека во аеродромската зграда ќе можат да влезат само лицата кои патуваат, а не и нивните семејства и пријатели кои ги испраќаат или ги чекаат да пристигнат - објаснува Ерсој. Како што велат од ТАВ Македонија, информативни знаци во вид на банери, налепници и билборди се поставени насекаде низ аеродромите, со цел да ги потсетуваат патниците да држат физичко растојание, да одржуваат висок степен на лична хигиена и да избегнуваат допирање на површините.- Не е дозволено седење еден до друг на седиштата во чекалните на аеродромот, на Заминувања (Departures), Пристигнувања (Arrivals) и кај Излезите (Gates), туку патниците ќе треба да седат на соодветното физичко растојание, а за таа цел седиштата се посебно обележани, објаснуваат од ТАВ Македонија.  Со цел патниците да се чувствуваат безбедно, ТАВ Македонија го интензивира чистењето и дезинфекцијата на сите површини на аеродромите, додека пак вентилацијата во терминалната зграда е исто така зголемена, со системот за климатизација кој користи F9 нано-хемиски филм-обложени филтри. Дополнително, низ целата терминална зграда на аеродромот поставени се диспанзери со средство за дезинфекција на рацете.- Уште од првиот случај на КОВИД-19 во земјата, почнавме зачестено да чистиме и дезинфицираме, поинтензивно од вообичаеното. Особено на местата на аеродромот каде што патниците најмногу се задржуваат, коишто се најмногу подложни на допирање. На пример шалтерите за регистрација, рачките од вратите и ескалаторите, екраните, држачите, копчињата за лифтови, пунктовите за саморегистрација и завиткување багаж, количките за багаж и сите други предмети идентификувани како најчесто допирани површини, се дезинфицираат 4 пати дневно. Пред реотворањето на аеродромот, сето ова го срочивме во наши нови интерни правила, коишто точно го пропишуваат начинот на дезинфекција и соодветните средства за таа намена - објаснува Ерсој. Со оглед на новите правила за патување наметнати од глобалната пандемија предизвикана од КОВИД-19, некои од аеродромските процедури ќе се одвиваат побавно, вели генералниот директор на ТАВ Македонија. Со цел да се избегне создавање непотребен метеж на шалтерите за регистрација, од ТАВ Македонија ги охрабруваат патниците што повеќе да ја користат опцијата за онлајн регистрација на патници и багаж за летовите од скопскиот аеродром, најмалку 24 часа пред времето на полетување. Истата е достапна преку веб-страницата на аеродромот, каде што преку посебни икони секој патник може да пристапи до делот за онлајн регистрација од веб-страниците на авиокомпаниите.Од ТАВ Македонија нагласуваат дека во делот на безбедносната проверка патниците ќе треба дисциплинирано да ги следат упатствата на агентите за безбедност, и таму, како и при сите процедури каде што се создаваат редици, потребно ќе биде да се држи пропишаното физичко растојание. Сите површини кои се во допир со патници на овој пункт исто така се дезинфицираат зачестено, додека пластичните корпи во кои патниците го ставаат багажот, ќе се дезинфицираат по употребата.При Излез од аеродромската зграда, пред влез во коридорот, патничкиот мост и потоа во авионот, патниците пак ќе треба да ги дезинфицираат рацете, за што и на тие места ТАВ Македонија има поставено диспанзери за дезинфекција на раце.      - Апелираме до патниците да пристигнат на аеродромот најмалку 3 часа пред времето на полетување, затоа што најмалку 1 час пред времето на полетување тие веќе треба да бидат во бординг зоната, односно на Излезите (Gates). Со почитување на засилените санитарни мерки кои ги воведовме и одржување на физичко растојание, пред се од наша страна како аеродромски персонал, а потоа и од страна на патниците, заеднички ќе се заштитиме од коронавирусот. Здравјето е најважната работа за сите нас. Со нетрпение чекаме повторно да ги опслужиме нашите патници, да ги обединиме со нивните семејства и пријатели и да им овозможиме да откриваат нови дестинации - вели Ерсој.Во врска со распоредот на летање, којшто не зависи само од Одлуката на Владата за реотворање на аеродромот за патнички летови, туку и од одлуките на авиокомпаниите, како и земјите до чии дестинации се леташе од Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид, пред коронавирус-кризата, ТАВ Македонија ги упатува сите патници да ги следат веб-страниците на двата аеродроми, каде што ќе бидат објавени најновите распореди на летање. - Со оглед на тоа што информациите за летовите се менуваат многу брзо, а ние како аеродромски оператор ги ажурираме како што ги добиваме од страна на авиокомпаниите, апелираме до сите патници да ги следат нашите веб-страници http://skp.airports.com.mk/ и http://ohd.airports.com.mk/ каде што промените во распоредот на летање се ажурираат во реално време - појаснуваат од ТАВ Македонија.Меѓународниот Аеродром Скопје беше затворен за патнички летови од 19-ти март 2020, додека Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид од 16-ти март 2020, со Одлуки на Владата, со цел спречување на влез и ширење на коронавирусот. Во изминатите 3,5 месеци, на аеродромот во главниот град имаше само хуманитарни, владини, санитарни, медицински и воени летови. Како резултат на запрените операции, ависообраќајот на Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид кој во изминатите 10 години стабилно се развиваше и рушеше рекорди во бројот на превезени патници, во првите пет месеци од 2020 година доживеа сериозен удар. ТАВ Македонија од јануари до мај 2020 забележа 53% намалување на бројот на патници и 47% намалување на бројот на летови, во однос на истиот период од 2019 година.

Македонија | пред 5 години

bregalnica-2

(ФОТО) Реката Брегалница ја загади фирма превозник во ТИРЗ зоната во Штип

Пукнато црево на цистерна на транспортна компанија со која се пренесувала хемикалија за процесот на производство во компанијата Техникал Текстајл во ТИР зоната во Штип, е причина за вчерашната еколошка хаварија и реката Брегалница да биде обоена со густа и бела течност, истакна на денешната прес-конференција градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски.Бочварски истакна дека веднаш по хаваријата вчера во 19:15 часот се земени анализи на водата на влез и на излез од филтер станицата, а  коишто покажале дека квалитетот е согласно правилникот за безбедност на водата според хемиска и бактериолошка анализа.Инаку хемикалијата се излила во кругот на фабриката а од таму во атмосферската канализација, која се слеала во каналот кој води до реката. Во непосредна близина се бунарите за вода за пиење, анализите покажуваат дека не е згадена водата во градскиот водоводен систем и не го загрозува здравјето на граѓаните.https://www.facebook.com/nkarakasov/posts/10223064610389324  

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

(ФОТО) Со новиот стерилизатор Дрисла станува современе депонија

ЈП депонија Дрисла-Скопје набави нов стерилизатор за третман на медицински отпад од познатата италијанска марка ЦИСА, што е иновативен систем целосно автоматизиран со висока технологија и квалитет. Со набавката на стерилизаторот се става крај на неодговорното и несовесно постапување со медицински отпад, односно несоодветната обработка на медицинскиот отпад, којшто потоа завршуваше на Дрисла како обичен отпад, што претставуваше потенцијална опасност за животната средина и за здравјето на луѓето.Новиот стерилизатор е со капацитет од 2 000 литри и може за еден час да третира 350 кг отпад што ќе ги задоволува дневните потреби на депонијата. Системот за третман на медицински отпад е опремен со шредер кој го намалува до 80% неговиот волумен, со сува вакуум пумпа што ќе  придонесе за заштеда на потрошувачката на вода и до 98%, како и систем за заштеда на енергија кој истовремено обезбедува и еколошка безбедност и не дозволува  воздухот што го испушта стерилизаторот да ја загадува околината.Како што најави Градоначалникот Шилегов на прес-конференцијата за враќањето на Дрисла на Град Скопје на почетокот од годинава, Дрисла после долго време на некомпетентност и негрижа во работењето од претходното раководство, денес ова јавно претпријатие полека, но сигурно станува санитарна депонија која применува современи технологии за управување со отпадот со целокупниот нејзин економски потенцијал ставен исклучиво во служба на граѓаните.  

Скопје | пред 5 години

Нема фотографија

МЗ демантира дека Комисијата за заразни болести била против отворање на границите

Министерството за здравство преку соопштение целосно ги демантира и смета дека се невистинити објавените написи во врска со тоа дека Комисијата за заразни болести не препорачала отворање на границите.На состанокот на 22 јуни Комисијата за заразни болести донесе одлука за препорака за отворање на границите и таа одлука заедно со другите одлуки и препораки за отворање на економски субјекти се доставени до Владата на Република Северна Македонија, информираат од Министерството за здравство.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

СДК: Комисијата за зaразни болести воопшто не ѝ предложила на Владата датум за отворање на границите и аеродромите

Комисијата за зaразни болести воопшто не ѝ предложила на Владата датум за отворање на границите и аеродромите без тестови и задолжителен карантин, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК. Членовите на комисијата биле изненадени од синоќешната владина одлука за отворање на границите од петок, а аеродромите од идната среда. Исто така, комисијата не препорачала датум ниту за отворање на теретаните, како и за внатрешноста на кафеаните, како едни од најризичните места за пренос на коронавирусот, поради високите бројки на новозаразени. Тексто во целост на: СДК.МК 

Македонија | пред 5 години

durlovski

Дурловски: Нашата победа е сигурна, тоа го знаат и политичките опоненти

Денес носителот на изборна единица 5, Игор Дурловски се обрати до граѓаните дека му е особено чест што кампањата за парламентарни избори ќе ја започне од својот роден крај Битола.„Нашата победа е сигурна, тоа го знаат и политичките опоненти. На овие избори Коалицијата „За обнова на Македонија“ нуди програма која е одговор на потребите на нашите граѓани и на нивните приоритети“, појасни Дурловски.Дурловски додаде дека е време да се врати достоинството на државата, да се овозможи владеење на правото, да се зајакне економијата, да се консолидира здравствениот систем, да се унапреди и образованието, да се стави на заслужено место македонската култура.„Ова е нашата визија, во која што може да се препознае секој граѓанин и која нуди решенија за најгорливите прашања во Македонија. Сигурен сум дека македонскиот народ ќе го препознае тоа и на 15-ти јули по сите здравствени протоколи на избори ќе го даде својот глас за ВМРО-ДПМНЕ и за Коалицијата „За обнова на Македонија“. Да покажеме дека нивното време заврши. Дека сме посилни од нив, дека Македонија е посилна од се“, нагласи Дурловски.

Македонија | пред 5 години

pazar-struga-3

Поведена постапка за непостапување според здравствени прописи за пет физички и две правни лица во Струга​

Основното јавно обвинителство Струга поведе постапка против вкупно пет физички и две правни лица кои го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.Тројца од обвинетите не се придржувале на забраната за движење на населението на територијата на државата, донесена со Одлука на Владата на Република Северна Македонија. Тие, иако во сила бил полициски час, се движеле низ Струга и околината без да поседуваат соодветна дозвола. За обвинетите, јавен обвинител на Основниот суд Струга му предложи да им изрече парична казна и истата да ја определи во висина од 100 дневни глоби , секоја дневна глоба со вредност од 30 евра во денарска противвредност.Поведена е постапка и против едно физичко лице – управител, кое во својот угостителски објект во село Лабуништа послужувало гости во внатрешниот дел на објектот, иако согласно одлуката на Владата на Република Северна Македонија, угостителите можат да отпочнат да работат од 28 мај 2020 година, но послужувањето на гостите може да се врши само на отворените делови на објектите (тераси) кои се со кровна конструкција, но отворени од три страни. Со поднесениот Предлог за издавање казнен налог, обвинителството од Судот за сторителите побара да им биде изречена парична казна и тоа, за управителот во висина од 100 дневни глоби, секоја од нив во вредност од 30 евра во денарска противвредност, а за правното лице казна од 100 дневни глоби, секоја дневна глоба во висина од 50 евра во денарска противвредност.Ист предлог за парична казна со Предлог за издавање казнен налог, поднесе Основното јавно обвинителство Струга за уште едно физичко лице кое во угостителски објект во Струга послужувало гости во затворен дел на неговиот угостителски објект.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Krvna-palzma

Д-р Усеини: Обезбедени 31 единица конвалесцентна плазма за третман на пациенти со Ковид-19

Од Институтот за трансфузиона медицина информираат дека се обезбедени 31 единица конвалесцентна плазма за третман на 31 пациент со ковид-19. Од нив, 16 се преку постапка плазмафереза и 15 единици преку стандардно дарување на крв.„Во оваа установа е изготвен и протокол за дарување на плазма. Сакам да изразам искрена благодарност кон хуманите дарители кои секојдневно се пријавуваат искористувајќи секаков начин и тоа преку електронскиот формулар на веб-страницата на Институтот, со директно јавување, а во последно време и преку социалните мрежи, само да даруваат и да помагат на нашите пациенти. Овој здравствен предизвик не сплоти и соедини сите нас, за да го победиме вирусот. Министерството за здравство следејќи ги најновите достигнувања на третман на пациенти со ковид-19, даде согласност за да се воведе протоколот за дарување на конвалесцентна плазма и секојдневно ја поддржува кампањата за дарување на плазма“, изјави директорот на Институтот, д-р Седула Усеини.Дарител може да биде секое лице излечено од коронавирус кое ги исполнува условите за дарување плазма наведени во протоколот. Лицето треба да има документиран лабораториски доказ дека било болно од ковид-19, да има два негативни теста во рок од 24 часа, да биде минимум 21 ден без симптоми, по што се прави дополнителен тест (трет) за да се потврди дека нема присуство на вирус. Понатаму, машки дарители или женски дарители кои не раѓале или се негативни на HLA антитела. Исто така, ќе биде земен и примерок за одредување на концентрација и/или титар на неутрализирачки антитела Anti-SARS-CoV-2.Постапката за дарување на плазма се вика плазмафереза и се изведува со високо софистициран клеточен сепаратор. Постапката трае од 40 до 60 минути и се издвојува од 300 до 600 мл плазма, а останатите компонетни се враќат на донорот. Плазмата која е дарувана е течниот дел на крвта кој брзо се надокнадува. Дарител може да биде лице на возраст од 18 до 60 години, со телесна тежина поголема од 60 килограми и кое ги исполнува наведените критериуми.Конвалесцентната плазма содржи антитела против овој вирус создадени од човечкиот организам за сузбивање на болеста. Тие создадени антитела се присутни во плазмата и истите со дарување на конвалесцентна плазма може да се користат во сузбивање на болеста во друго лице со ковид-19.Да даруваме крвна плазма. Да бидеме хумани и да спасиме човечки животи.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Poplavi

(ФОТО) Излеани реки во Tетовско, поплавени се патишта и куќи

Реките во Тетовско се излеаја по интензивните врнежи од дожд, што ноќеска предизвикаа нагло зголемување на водостоите. Поплавени се патишта и куќи.Излевањето на Габровска Река е причина за поплавување и наноси од земја, кал и дрвја на регионалниот пат Тетово –Јажинце помеѓу селата Доброште и Одри.-Патот Тетово-Јажинце e непрооден помеѓу Доброште и Одри поради излевање на речната вода. Се работи на отстранување на наносите од земја, кал и дрвја, објави Исен Асани, градоначалник на општина Теарце на својот Фејсбук профил.Мештаните од Доброште информираат дека поради поплавите оштетен е и асфалтот на коловозната лента на регионалниот пат Тетово-Јажинце. Жители на Јегуновце информираа дека во нивното село има поплавени куќи, Пишува Тетово Инфо.Од АМСМ предупредуваат дека патот Тетово – Јажинце e непрооден помеѓу Доброште и Одри поради излевање на речната вода. Се работи на отстранување на наносите од земја, кал и дрвја. https://www.facebook.com/tetovoinfo/posts/2553088381621723фото: Тетово Инфо 

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

12-годишно дете прободено во грб кај Зелено пазарче

На 23.06.2020 во 19,59 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на плочник во близина на „Зелен пазар“ во Скопје, 12 годишен малолетник бил прободен со остар предмет во пределот на грбот, од непознато лице.Малолетникот  бил пренесен во Градска општа болница„Наум Охридски“ каде од доктор му биле констатирани повреди.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.фото: Архива

Скопје | пред 5 години

izbori-02

Обвинителството преку привремена Комисија ќе следи дали има евентуални изборни нерегуларности​

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија донесе Одлука за формирање привремена Комисија за следење на евентуални нерегуларности поврзани со извршување на кривични дела од Глава шеснаесет – Кривични дела против изборите и гласањето од Кривичниот законик и други кривични дела кои би биле сторени при организирањето и спроведувањето на изборите.Настаните поврзани со претстојните предвремени парламентарни избори, закажани за 15 јули 2020 година, се од општ интерес на јавноста, па оттука, формирана е комисија која проактивно ќе ги следи настаните, во насока на заштита од криминални или други противзаконски дејствија и превентивно делување.За претседател на Комисијата е определен Џељаљ Бајрами, јавен обвинител во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија. Членови на комисијата се јавни обвинители од вишите јавни обвинителства и Основното јавно обвинителство Скопје.Комисијата на дневна основа ќе ги следи сите настани од државата поврзани со процесот на организирање и спроведување на изборите. За оние настани за кои ќе се оцени дека даваат индиции за евентуални сторени изборни нерегуларности, известувањата веднаш ќе се проследат до соодветното основно јавно обвинителство. Во исто време, ќе се дадат задолженија до основните јавни обвинителства за итно постапување, односно да формираат предмет и да преземат дејствија за утврдување на релевантни факти од кои зависи правилната примена на Кривичниот законик.Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, ги повикува граѓанските организации, политичките партии, домашните и меѓународни институции и сите лица кои сметаат дека во некоја постапка има индиции за сторено кривично дело поврзано со изборниот процес, да достават поднесок/пријава до Комисијата за следење на изборни нерегуларности на електронската адреса izbori@jorm.mk.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Спасовски смета дека граѓаните нема да се заразат при гласање, поголем ризик е тоа да го направат на пазар

Техничкиот премиер, Оливер Спасовски, на првиот ден од отпочнувањето на изборната кампања, ги повика граѓаните да излезат и да гласаат на 15 јули, без да се плашат дека ќе се заразат со коронавирусот. Според него, а повикувајќи се на епидемиолозите, доколку гласачите ги почитуваат мерките за заштита, носат маски и држат дистанца, нема да имаат ризик да се заразат од вирусот. Спасовски посочи дека непочитувањето на мерките за заштита од коронавирусот за време на кампањата ќе биде казнето прво од граѓаните, додека пак, злоупотребата на државен ресурс за партиски цели, ќе биде најстрого казнето.„Од денеска започнува изборната кампања за изборите кои ќе се одржат на 15 јули. Овие избори ќе бидат запаметени затоа што ќе се одржат во услови на пандемија каква во светот не се памети во поновата историја. Да си посакаме овие избори да ги паметиме и поради успешно спроведување во вакви услови. Да запишеме дека се спроведени во фер и демократска атмосфера. Нашата држава се наоѓа во значаен период кога се очекува непречено функционирање на сите институции во државната власт. Изборите се решение за да излеземе успешно од оваа здравствена, социјална и економска криза. Потребно ни е ново активно Собрание и целосна, функционална и политичка влада за менаџирање на економската и здравствената криза. Институциите покажаа капацитет за справување со коронавирусот, но следната фаза мора да биде спроведување на изборен процес со максимална заштита на сите во него“, рече Спасовски.Тој очекува професионална соработка меѓу Владата, Државната изборна комисија, набљудувачите, Државната комисија за спречување корупција, Собранието.„Во тек се сите активности за да се обезбедат услови согласно протоколите за безбедна кампања за потребните неопходни услови за работа на ДИК, на сите избирачки одбори, на целиот систем за мониторинг на изборниот процес. Правото на граѓаните да го искористат својот глас нема да го загрози нивното здравје. Се повикувам на епидемиолозите кои потенцираат дека процесот на гласање не ги изложува гласачите на ризик доколку ги почитуваат мерките. На гласачките места се задржуваме од 3-5 минути, што е помалку од нашето одење во маркет или пазар. Значајно е дека треба да ги носиме маските и да одржуваме дистанца. Да си го оствариме граѓанското право, но и обврската да создадеме функционални институции, затоа што во Северна Македонија, граѓаните одлучуваат каков ќе биде системот. За прв пат организираме избори како земја членка на НАТО и како земја која е кандидат која што е во последната фаза за членство во ЕУ за која се подготвува преговарачка рамка. Тоа е уште една мотивација за посебен ангажман за спроведување на изборите по сите европски стандарди“, додаде Спасовски.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

korona-2

Неготинец кој дошол од Германија позитивен на корона вирусот

Неготинец кој дошол од Германија е позитивен на коронавирусот, за МИА утрово потврдија од Центар за јавно здравје Кавадарци. Се работи за лице на возраст од 34 години.Доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог, рече дека лицето немало симптоми и било на домашно лекување. Како што самото истакнало, немало остварени контакти во земјава.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

123

(ФОТО) Товарно возило излета од патот кај Буково, возачот и совозачот тешко повредени

На 23.06.2020 во 11,20 часот било пријавено дека на магистралниот пат Охрид- Ресен во близина на депонијата кај превојот „Буково“, товарно моторно возило “Мерцедес“ со охридски регистарски ознаки управувано од Ѓ.К.(46) од Ресен излетало од коловозот. Во незгодата со тешки телесниповреди се здобиле возачот и совозачот З.Г.(44) од с.Евла-Ресен по што биле пренесени во Општата болница Охрид за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Охрид. фото: Планинска спасителна служба 

Македонија | пред 5 години

janusev

Јанушев: Ветуваме работа, извесност и иднина! Имаме концепт и стратегија!

Денес е почетокот на изборната кампања, и ќе бидам реален и искрен како секогаш. Од СДСМ не очекуваме фер, транспарентна и демократска кампања. Не го очекуваме тоа затоа што СДСМ и Зоран Заев се нервозни бидејќи знаат дека губат. Токму таа нервоза предкампањата ја направи не фер и недемократска. Нема друга земја во Европа каде власта ја започнува со бомба фрлена на имотот на потпретседателот на најголемата партија. Нема друга европска земја каде власта со законски декрет сака да ја збрише опозицијата од медиумите преку преполовување на минутите кои законски и следуваат, нема друга држава каде власта дели пакети поткуп, нема друга европска земја каде секој ден е нов скандал. Ова го прават не затоа што се силни туку затоа што се слаби и уплашени од пораз. Затоа Заев ќе паднеш. И не ги повлекувај луѓето со тебе. ВМРО-ДПМНЕ ќе победи, а така ќе победи и Македонија, истакна Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.Овие 21 ден ќе бидат финалето на една битка за враќање на државата во рацете на народот и преземање на контрола врз нашите судбини. Видовме како не треба и како Заев е неспособен да испорача било каков резултат. Овие луѓе владеат со измама и криминал. Држава во која првиот човек е амнестиран рекетар, а неговите директори ги гледаме со туциња пари со мито. Ова мора да престане.Затоа овие 21 ден се многу важни. ВМРО-ДПМНЕ ќе води кампања преку која ќе биде помеѓу народот низ улиците во градовите и селата. Секој носител со кандидатите за пратеници ќе биде присутни на терен, на средби со граѓаните согласно препораките на здравствените власти. ВМРО-ДПМНЕ не се откажува од непосредната комуникација со народот и апелираме на почитување на мерките за заштита од корона вирусот. На овие избори ќе имаме двојна задача да ја поразиме корона заразата и да го поразиме поголемиот вирус, вирусот на криминал и корупција, а тоа е оваа власт. Ние ја претставивме нашата програма и мерки кои се дел од проектот „Обнова“ со кој е обврзуваме на подобар живот. Ја имаме најдобрата програма во однос на власта која нема ништо освен лаги и манипулации. Очекуваме убедлива победа со двоцифрена разлика во бројот на пратеници во однос на СДСМ.Ги повикувам незадоволните, социјално загрозените, обесправените, работниците, земјоделците, стопанствениците. Ве повикувам сите вас да ни се приклучите. Имаме подадена рака кон секого и за секое прашање ќе дојдеме заедно до решението. Ви ветуваме работа, извесност и иднина. Различни сме од СДСМ. Изборот е помеѓу измама и обнова, помеѓу безидејност и концепт и стратегија, помеѓу криминал и чесност, изборот е помеѓу Заев и Македонија.На овие избори многу е важно да се гласа, само гласот значи став за промени кон подобро, ако не гласате ќе наградите се што досега видовме, а видовме убијци кои се пуштаат на слобода, рекетари кои поминуваат неказнето, директори со мито во рацете, искривена кичма, и сменет идентитет, туѓи платформи и лични интереси. Затоа ние настапуваме со слоганот „Исправи се Македонијо! Одбери обнова“! Само така заедно ќе донесеме успеси, правда и повеќе пари за секого. Само така ќе си ја вратиме државата во рацете на народот и само така ќе покажеме дека Македонија е посилна од сите нив. Убеден сум во победа и подобра иднина. „Исправи се Македонијо, одбери обнова“, истакна Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Актуелно | пред 5 години

Foto_PRSM-Pendarovski

Пендаровски: Апелирам до сите учесници во изборниот процес да придонесат овие избори да бидат фер, слободни и демократски

За првпат од независноста на земјата имаме избори како земја-членка на НАТО и во очекување да ги почнеме претпристапните преговори со Европската Унија. Изборниот процес и изборите мора да бидат спроведени според високи стандарди и критериуми, имајќи ја предвид и нашата евро-атлантска перспектива, истакна претседателот Стево Пендаровски по повод почетокот на изборната кампања за предвремените парламентарни избори. Претседатело додаде:Овие избори се одржуваат во време на пандемијата на КОВИД-19, прогласена од Светската здравствена организација. Во таа насока, на сила ќе бидат посебни здравствени протоколи со цел да им се овозможи на сите граѓани кои ќе одлучат да го искористат своето уставно загарантирано право на глас, да го сторат тоа во безбедни услови и со соодветна заштита.Драги сограѓани, постапувајте според  протоколите за безбедност и заштита при одвивањето на севкупниот процес на избори. При гласањето бидете заштитени, почитувајќи ги мерките, протоколите и држете пропишано растојание.Апелирам до сите учесници во изборниот процес да придонесат овие избори да бидат фер, слободни и демократски, како што и се обврзаа со потпишувањето на Кодексот за фер и демократски избори. Очекувам сите политички партии да организираат кампања во која учеството ќе биде  безбедно за сите, и за кандидатите и за граѓаните. Очекувам од сите политички партии достоинствена кампања, со високо ниво на политичка култура, без дискредитации. Очекувам инклузивна кампања во која ќе учествуваат сите маргинализирани групи и малцинства, во која ќе биде застапуван и нивниот интерес.Од друга страна, очекувам сите институции кои се најповикани и надлежни за спроведување на изборниот процес да работат професионално, во согласност со принципите на отвореност, еднаквост и непристрасност.Слободата на изразување е клучна за да имаме кредибилен изборен процес и граѓаните да добијат релевантни, навремени и вистинити информации со цел самостојно да донесат одлука кому ќе го дадат својот глас. Во услови кога имаме избори без поголеми собири и теренски активности, медиумите имаат уште позначајна улога и затоа е потребно непристрасно и професионално да ја информираат јавноста. Социјалните медиуми ќе бидат значајна алатка во изборната кампања, честопати и како извор на потпалувачки говор и лажни вести кои го поткопуваат демократскиот развој на отворените општества. Апелирам до граѓаните да бидат внимателни и редовно да ги проверуваат информациите кои се пласираат на социјалните медиуми од непознати извори.Дозволете да посакам успешни избори, фер и коректна кампања, на крај вистинската одлука ќе ја донесат граѓаните.Почитувани граѓани, ве повикувам да излезете и да гласате по свое лично убедување, без страв и без притисоци. Одлучете сами на која политичка опција и за каква политика ќе го дадете својот глас и својата доверба, истакна претседателот Пендаровски.фото: Кабинет на Претседател

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Македонија „елдорадо“ за „трговија“ со аудио снимки – дали обвинителството истражува случаи ?!

Дали по процесот низ кој помина општеството со објавувањето на прислушкувани разговори од политичкиот врв во времето на ВМРО ДПМНЕ, Македонија влегува во т.н. пост бомбашки период кога во медиумите скоро секој ден се појавуваат разни снимени разговори во кои се слушаат познати гласови, а за некои објавени содржини дури не е јасно ни зошто се објавуваат бидејќи се од приватна природа и во нив нема никаков јавен интерес, објави politika.com.mk. Деновиве еден адвокат кој на јавноста и е познат од судски процес за еден голем финансиско-правен скандал започнал преговори поврзани со својот клиент и неговата иднина со една партија ? Таму тој доставил нелегално снимени разговори на обвинет во познат случај и сопственик на една приватна компанија за вода кој снимил разговори со обвинетиот пред да биде уапсен. Не е јасно од двајцата кој прв ги доставил снимките, адвокатот или бизнисменот ? Во снимките се слушаат нивни приватни разговори. Неофицијално со овој случај запознаени се и институциите кои го следат и ќе го истражуваат случајот.Официјално до за овие појави обвинителството нема покренато обвиненија и никој не истражуваше од каде излегуваат снимките, но на последната прес конференција ВМРО ДПМНЕ ја смени реториката и почна да користи термин „нелегално стекнати аудио материјали кои укажуваат дека во Македонија се прислушкуваат телефони и простории“ што пак значи дека политичарите најверојатно во меѓувреме добиле информации дека некоја од службите прислушкува преку комуникациските оператори или на терен со бубици.Дали по ова ќе се произнесе и обвинителството и другите институции и ќе поведат истраги во врска со трансферите и нудењето аудио материјали на партиите и други центри на моќ останува да се види во периодот пред нас.извор: politika.com.mk. фото: Архива

Македонија | пред 5 години

mickoski-8

Мицковски во Охрид, а еве каде ќе се носителите на изборни единици

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска ќе го посети Охрид, каде во 20:00 часот ќе има средба со граѓани.Проф. д-р. Гордана Силјановска Давкова, носител на Изборна единица 1 ќе ја посети скопската општина Карпош, и ќе даде изјава пред платото на Драмски театар во 20:00 часот.Владо Мисајловски, носител на Изборна единица 2 ќе го посети Ѓорче Петров и ќе даде изјава за медиуми во 12:00 часот пред црквата Св. Петар и Павле.Александар Николоски, носител на Изборна единица 4 ќе ја посети Струмица, и ќе даде изјава за медиуми во 12:00 часот, на плоштадот пред споменикот на Гоце Делчев.Игор Дурловски, носител на Изборна единица 5 ќе го посети с.Велгошти, каде во 17:00 часот ќе даде изјава за медиуми.Дафина Стојаноска, носител на Изборна единица 6 ќе го посети Тетово, каде ќе има изјава во 12:00часот пред црквата Св. Кирил и Методиј.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

zaev-mozeme

Започнува караванот на Коалицијата „Можеме“, без масовни митинзи и посети на домови

Започнува караванот на Коалицијата „Можеме“, без масовни митинзи и посети на домови. Грижејќи се за здравјето на граѓаните и целосно почитувајќи ги мерките за заштита од Ковид-19, коалицијата „Можеме“ најави дека ќе организира изборна кампaња по строго утврдени протоколи.„За запознавање со понудата коалицијата „Можеме“ на распологање ќе ги стави сите онлајн и дигитални алатки на располагање, како и засилено присуство на традиционалните медиуми.За подобра двонасочна комуникација со граѓаните, ќе се органзиираат средби со целни групи, како и мали трибини во контролирани услови и со точно утврден број на присутни, со целосно почитување на мерките и задолженијата од надлежните институции“, се вели во соопштението.Првата мала, здравствено безбедна трибина ќе се одржи во Струмица на која ќе учествуваат носителите на изборната единица 4 ,претседателот на СДСМ, Зоран Заев и Соња Мираковска.Во текот на оваа недела централниот караван ќе одржи мали собири, целосно здравствено безбедни трибини и во Охрид (четврток) Велес (петок) Општина Центар (сабота) и Куманово (недела).фото: Архива

Македонија | пред 5 години

vreme-1

Денеска сончево, од четврток до сабота повторно нестабилно

Времето ќе биде сончево со умерена облачност и со умерен до засилен ветер од северен правец. Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната од 23 до 31 степен.Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност и со умерен северен ветер. Максималната температура ќе се искачи до 26 степени.Од четврток до сабота повторно во попладневните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања