Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

Makedonski-koncept-press

Петар Богојески: Време е да ја вратиме државата во рацете на граѓаните

Обештетување на граѓаните, одговарање на политичарите за неисполнети предизборни ветувања, следење на имотната состојба и барање доказ за потекло на имот, младите да бидат дел од системот без партиска припадност, враќање на квалитетен образовен систем е само дел од понудата на Македонски концепт на овие избори. Почеток на кампањата беше означен пред просториите на канцеларијата на Европската унија во државава како симбол на вредностите на коишто се стремиме, а сме далеку од нив.„Ние сме тука да Ви кажеме, кои се проблемите и што треба да се направи за да се решат истите, а одлуката е целосно Ваша! Ние сме тука да понудиме решенија, а не да се расправаме со партиите. Време е ова да престане. Време е граѓаните да ја вратат државата во свои раце. Да бидеме свои на своето. Се организиравме за да се избориме за слобода, спокој и солидарност”, изјави Петар Богојески лидер на политичката платформа Македонски концепт.Според Богојески ова е последна шанса да покажеме дека не се согласуваме со политичарите на црно белиот свет во кој живееме.„Сакаме да живееме во спокој! Сакаме нормален живот во фер општество и граѓанска држава, држава без етнички партии, сакаме да се врати ведрината на лицата на нашите граѓани, сакаме баланс помеѓу власта и опозицијата, сакаме слободна политика, обештетување на граѓаните, правда и сигурност кои ќе ги чувствува секој од нас, потекло на имот за сите политичари, финансиска лустрација, ефикасно здравство и реално образование, систем каде ќе има одговорност за политичарите и моќниците, сакаме партнерство со младите, сакаме децата да имаат подобра иднина од нас“, додаде Богојески.Дадениот глас за 10ка на изборната листа е глас за задржување на младите кои знаат дека во оваа земја ако немаш партиска книшка си никој и ништо. Македонски концепт сака да се отворат можностите за младите и тоа преку интензивна помош за почеток на бизниси, за вмрежување со компании со странство. Образованието треба да се врати на квалитет, и да биде систем поставен на темелите на откривање на фактите преку интеракција е единствен начин за напредок. На препознавање навреме на афинитетите на детето и следење на неговиот развој.„Стариот систем се покажа како непоправлив. Мора да изградиме нов, модерен и демократски систем, а стариот полека да згаснува. Сето ова е возможно само со богати граѓани. Имаме богата мафија, богати партии. Редно е да имаме богати граѓани“, смета Богојески и додава дека е време да згаснат етничките политички партии.„Доста е. Ова ни е последна шанса да ги менуваме нештата. Време е да се разбудиме и да ја вратиме државата во рацете на граѓаните. Гласајте за 10ка! Не сакаме да се споредуваме со другите бидејќи немаме криминали и матни зделки за споредба. Имаме јасна идеја и цел и знаеме дека за ваква промена треба време, ама мора да почнеме од некаде. Гласот за 10ка е глас за сите нас! За држава каде политичарите се слуги на граѓаните, а граѓаните се конечно силата во државата!”, изјави Петар Богојески носител на листа под број 10 во изборна едница 1.фото: Македонски концепт

Македонија | пред 5 години

Stevo-Naskovski_2

Македонски концепт: Нудиме проект за Проверка на имотната состојба на политичарите и Закон за финансиска лустрација

Проверка на имотната состојба на политичарите и Закон за финансиска лустрација, се двата проекти што Македонски концепт ги нуди за надминување на длабоката поделба меѓу богати и сиромашни граѓани. Спроведувањето на овие два проекти е со цел да завладее правото и во нашата држава, секој да се соочи со последиците од своите дела и да се стави крај на празните ветувања.Не е нормална ваквата поделба во државата, не е нормално да гледаме како политичарите се богатат а ние сме тивки набљудувачи на нивната алчност. И да знаеме дека сето тоа е спечалено на наш грб. Време е да ја вратиме нормалноста во нашата држава.“Премногу долго сме заложници на празните ветувања на политичарите, и левите и десните, а притоа тие се богатат. Веќе триесет години во оваа држава ниту еден политичар не одговара за своите постапки. Имаме корупција во државата, но дали вистински се бориме против неа. Не, сето тоа е само декларативно. Затоа Македонски концепт ќе се залага за носење Закон за финансиска лустрација. Да се лустрираат оние граѓани кои се стекнало со големо богатство од 1990 до денес. Овој закон ќе побара докази како е стекнато богатството. Доколку не се докаже потеклото, имотот ќе подлежи на данок што е 50 проценти од вредноста на имотот. Ако не се исплати данокот, да се конфискува соодветен дел од имотот. Парите собрани од оваа финансиска лустрација да се наменат за проектот за обештетување на граѓаните. Само на тој начин ќе постигнеме фер амбиент и ќе докажеме на дело дека сакаме да се бориме против криминалот и корупцијата”, истакна Стево Насковски,носител на листата на кандидати за пратеници за ИЕ 5.Нема правда за обичниот граѓанин на сметка на избегнувањето на законот посебно од страна на политичарите. Правдата мора да биде за сите иста и еднаква. Време е секој да го докаже потеклото на своето богатство, а политичарите се први. Затоа Македонски концепт има проект за проверка на имотот на сите политичари со потекло на имот и со систем за следење на нивните сметки. Суштината на овој концепт е потекло на имотот уште додека се кандидираат кандидатите за пратеници или за државни функционери.“Да се биде политичар е поврзано со интегритетот, но којшто граѓаните треба да му веруваат и да му дадат моќ да делува во нивно име. Ние немаме ништо против богати граѓани кои се занимаваат со политика, но потребно е на чесен начин да се стекнале со своето богатство. Ако некој не се стекнал со својот имот на чесен начин, не треба да биде истакната политичка личност во која што граѓаните ќе имаат доверба. И затоа еден од врвните приоритети треба да биде безусловно носење Закон за заплена на имот доколку не се докаже од каде и како е стекнат, како и заплена на имотот на функционери коишто не можат да го докажат неговото потекло”, вели Насковски.Нашата реалност е длабоко поделена во секоја смисла, но најголем е јазот меѓу сиромашни и богати, обесправени и оние што се недопирливи од раката на правдата.“Одговорноста на политичарите е голема, и затоа нивните ветувања треба да се реализираат.  Се изнаслушавме само ветувања и декларативни изјави. Доста се празни ветувања, затоа, секој политичар да одговара за неспроведување на ветувањата од изборната кампања. Што ли не се изнаслушавме изминатите децении, а реализација нула. Доста беше голи ветувања без реализација. Ние сакаме на граѓаните да им обезбедиме нормална држава, држава во која ќе се живее слободно, спокојно и солидарно”, потенцираше Насковски.За воспоставување нормална држава! За апсолутно владеење на правото! За реална благосостојба на граѓаните реализирана преку поддршка и имплементација на проектите врз коишто се базира платформата на Македонски концепт.Доволно беше страдање на македонските граѓани, потребно е да има благосостојба, достоинствен живот, народот треба да расне и да се развива, потребно е да ја изградиме Македонија да биде држава на сите, каде секој ќе има шанса за достоинствен живот.фото: Македонски концепт

пред 5 години

GDU-Nositeli-na-IE

ГДУ: Реформи за повисоки плати за наставниците и помалку часови за учениците

Граѓанско демократската унија (ГДУ) ќе се заложи за итни реформи на образовниот систем со цел децата што побрзо да ги вратиме во школските клупи. Можностите дека и од септември повторно децата ќе се едуцираат преку онлајн настава звучи страшно, не само за родителите, туку и за наставниците кои се свесни дека ниту тие, ниту пак сите деца имаат технички можности од дома да се вклучат во школување од далечина.„Сметаме дека реформите во образованието се наметнуваат со апсолутна итност зашто не смееме како држава да дозволиме да ни се провлече уште една школска година под превезот на божемно учење. Не смееме да уништиме нови генерации поради нефункционалноста на системот. Потребно е подготовка на Национална Образовна Стратегија и тоа во насока на намалување на бројот на часови во основното и средното образование, следено со намалување на бројот на учениците во една паралелка. Со помали паралелки може да се  создадат услови и за воведување на мерките за заштита во училиштата. Уверени сме дека треба да се обезбеди поголема автономија на наставниците во поглед на нивниот индивидуален пристап и реализација на наставата и соодветно зголемување на нивните плати на ниво повисоко од републичкиот просек“, вели претседателот на Граѓанско демократската унија Петар Колев.Според изборната програма на партијата, промени се потребни и во начинот на обука и усовршувањата за наставниците, односно со воведување адекватни обуки според предметите и наставните програми за кои се квалификувани да ги предаваат.Проф. д-р Горан Рафајловски од Факултетот за електротехника и информациски технологии, кој е член на Управувачкиот комитет на Граѓанско Демократска Унија, зборува за коренити промени во образовните процеси во Македонија, особено основците и средношколците.„Потребно е да се создадат услови да во текот на основно и средно образование почне да се  работи според дуалниот принцип, што значи учениците не само да ја следат настава во школските клупи, туку да имаат можност и да работат и за тоа да бидат платени – хонорарно или на одреден период. На тој начин паралелно да се следи фид бекот, или повратната врска што ја има индустријата или услужната дејност или било кои други мали компании за нивните потреби и нивните идни развојни програми да се вклопат и придонесат за едно поуспешно образование. Во однос на високообразовните институции, пак, ние сме носители на проектот финансиран од Министерството за надворешни работи на Германија, „Дијалог Исток-Запад помеѓу високообразовните институции за заеднички вредности и одржлив развој“-DAAD. И проектот ни овозможува да направиме една алка помеѓу Германија, и од таму да ги земеме искуствата во високошколскиот образовен процес и да ги пресликаме во земјите во Западен Балкан, односно Македонија и Албанија“, вели Рафајловски.Итна ‘дебирократизација’ на образовниот систем според ГДУ може да почне уште следната учебна година со напуштање на застарениот модел на репетативно знаење и подигнување на квалитетот на учебниците. Партијата предлага и во министерствата да се формираат и работат Научно Истражувачки Центри.фото: ГДУ

пред 5 години

arben-ziberi

Филипче ќе го смени Зибери, откако објави дека границите се отворени за да се изгласа премиер Албанец

Министерот за здравство, Венко Филипче најави можна смена на директорот на Центарот за јавно здравје-Скопје, Арбен Зибери, кој на „Фејсбук“ објави дека како член на Комисијата за заразни болести, дал придонес за отворање на границите, со цел, тие да дојдат и да гласаат за Албанец да биде избран за премиер. Филипче, повикот на Зибери го нарече евтина и лоша предизборна реторика.„Директорот Зибери не е член на Комисијата за заразни болести. Ова сметам дека е некаква предизборна реторика, евтина и лоша. И со оваа изјава, директорот нема да добие ништо. Целиот овој изминат период Комисијата работи врз основа на медицински индикатори, на медицината како наука, на епидемиологијата. Сметам дека ваква изјава не доликува на доктор, посебно на еден човек кој раководи една таква институција. Јас уште денеска ќе се консултирам со правниците и доколку во овој период може, директорот денес ќе биде сменет“, рече Филипче.Зибери пак, на социјалните мрежи објави повик за иселениците, на кои им порача дека можат да дојдат дома без тестови и изолација, благодарение на придонесот на неговиот придонес, како и придонесот на ДУИ. На крајот од објавата, Зибери напиша: „Зошто да не, дојдете дома за Албанец премиер“.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

janusev-1

Јанушев: Ќе понудиме надеж, ќе понудиме иднина, ќе понудиме извесност

Игор Јанушев носител на изборна единица 3 денеска беше во посета на Велес од каде порача дека ВМРО ДПМНЕ со новата програма ќе понуди надеж иднина и извесност преку огромен број на проекти.„Ќе понудиме надеж, ќе понудиме извесност и ќе понудиме иднина. Ги нудиме надежта извесноста и иднината го нудиме тоа преку зголемувањето на платите и пензиите, преку инфраструктурата изградба  на државата, преку конечно ставање на ред на нешто што беше камен на сопнување на сите претходни влади, а тоа е вистинска реформа во правосудството но исто така реформа во сите останати сектори  образованието, здравството и се она што е битно за сите луѓе кои што живеат во Република Македонија. Да не ги заборавиме земјоделците, културните работници, спортистите. Буквално за сите  имаме издвоено по огромен број на проекти.Дали е тоа денар  за спортистите и  денар  во културата, дали е тоа зголемувањето на пензиите за 20%, дали е приклучок на гасификација за буквално секое домаќинство без пари. Значи со еден вид на кампања која што ќе даде повеќе за секого“, истакна Јанушев.Јанушев како носител на листата на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата „За Обнова на Македонија “  додаде дека исто така во програмата како за цела држава така и има проекти кои се од огромна важност и за Велес.„Она што и те како е битно за Велес е инфраструктурата како еден особено значаен проект за велешани е поврзувањето на Велес преку Прилеп и Битола со грчката граница. Но, исто така да не заборавиме дека исто толку битно е поврзувањето со коридорот 8 и конечно довршување на експресните патишта кои што за жал за 3 години од страна на оваа неспособна власт останаа на истото ниво на кое што беа и пред 3-4 години. Така да она што можам да го ветам пред велешани е еден чесен и искрен пристап еден директен пристап каде што се она што ќе го ветиме и што ќе го кажеме пред граѓаните ќе го исполниме во следните 4 години“, истакна Јанушев.видео: ВМРО ДПМНЕ

пред 5 години

vmro_dpmne

ВМРО ДПМНЕ: СДСМ само глуми грижа за граѓаните, криминалот е нивна карактеристика

Власта предводена од Заев и СДСМ е способна и знае само за криминал. Тие не се грижат за ништо друго освен за личното богатење. Криминалната власт предводена од СДСМ прави само неправди и тоа го чувствуваат сите граѓани без исклучок, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Заев знае само како да ги реализира своите интереси и интересите на неговите блиски. Тој не знае што е животен  стандард за граѓаните. Тој не знае како живеат граѓаните.Заев и владата предводена од СДСМ само прават привид дека нешто работат, дека се грижат за плати, пензии и слично.Не, Заев и СДСМ не знаат ништо од ова. ВМРО-ДПМНЕ знае и истото ќе го спроведува. Затоа ВМРО-ДПМНЕ има јасни политики и мерки за спроведување на истите, мерки за сите граѓани.Македонија мора истовремено да се справува со два вируса, короната и вирусот наречен Заев. Овој вториот е уште поопасен за државата и мора да биде поразен на претстојните избори.СДСМ и Заев покажаа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето кичма. Исправи се Македонијо! Одбери обнова, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.фото: Архива 

пред 5 години

Misajlovski

Мисајловски од Куманово: СДСМ не знае да одговори каде им се проектите бидејќи не постојат, граѓаните знаат дека ВМРО-ДПМНЕ тоа што ветува истото го остварува

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборната листа во Изборна Единица 2, Владо Мисајловски денеска е во посета на Општина Куманово, каде што истакна дека граѓаните се повеќе разочарани бидејќи во Македонија цветаат криминал, корупција, рекети и торби Луј Витон и време е на тоа да се каже доста е и да одговара секој еден што се огрешил.Мисајловски изјави дека време е еднаш да се смени ова што се случува како во Македонија така и во Куманово кое СДСМ го запостави иако со години го има под своја власт.- Потребно е едно ново модерно Куманово бидејќи сега тоа е запоставено иако го имаат со децении под нивна контрола. Куманово заслужува многу повеќе, капитални проекти, поголеми плати, овие граѓани заслужуваат подобар живот да останат во Куманово. Во нашата програма има над 1000 проекти, ќе ги поминеме сите населени места, ќе ги слушнеме сите проблеми кои ги има Куманово и  утре заеднички тие проекти заеднички ќе ги браниме во Собрание и новата влада. Ние тоа го можеме, го ветуваме и ќе го направиме, потенцираше МисајловскиТој посочи дека СДСМ не знаат да одговорат што направиле, постојано лажат во лице дека нешто е направено, прво беа 500 километри автопат, па 600, за да станат 230 и не знаат да одговорат каде се и тие 230, бидејќи не постојат.- Ќе ги прашам каде е Клиничкиот центар, бидејќи и за тоа велеа дека е готово во припреми, а да не ги набројувам и другите случаи. Велат дека 95% од програмата е завршена, си поигруваат со нашата интелигенција. Никој не смее повеќе тоа да го дозволи, нагласи Мисајловски

Македонија | пред 5 години

stoilkovski

ВМРО ДПМНЕ: Цел свет го гледа Ден Дончев како става пари во чанта, ама за Русковска и Јовески нема предмет!

Зоран Заев преку обвинителството в скут, го амнестираше Ден Дончев!  Одлуката на ЈО да не поведе постапка по видеото на кое Ден Дончев, Директорот на најбогатиот ФОНД во Република Македонија, човек вплеткан во процес за „Рекет“, видео во кое Ден Дончев зема снопче пари и го става во чанта - Е СРАМ за сиот правосуден систем во Република Македонија, истакна Наум Стоилковски - Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. Стоилковски додаде:Ова е срамна одлука, срамна изјава дадена од ЈО, ова е срам за секој обвинител во Република Македонија!Одлуката на Љубомир Јовески и Вилма Русковска е одлука на Заев за да го спаси својот Ден Дончев, веројатно само затоа што Ден Дончев знае многу повеќе и можеби ќе му го загрози сиот рекетарски октопод на Зоран Заев сега при кампања!Оваа амнестија за Ден Дончев следи по амнестијата на Зоран Заев за „Поткуп“, неговото криење за „Рекет“, следи по амнестијата за Рашковски, следи по амнестиите на Венко Филипче.Ова не е Јавно Обвинителство, ова е марионета на Заев, за исполнување нарачки! Јавното прислушувано обвинителство не ја исполнува својата должност, не ја исполнува својата основна функција, да го брани јавниот интерес и да постапува по предмети. Јовески и Русковска, како марионети на Заев го претворија ЈО во ФИОКА за застарување и воопшто не отворање на предмети со јасна поврзаност со Заев и неговата забегана банда! За Заев и неговата банда, не се вештачат телефони, барањето мито е донација, видеото за ставање пари во чанта не е доказ!Јовески и Русковска не се ненадлежни, ти се надлежни, но со непостапување до сега повеќе пати направиле злоупотреба на службената положба и овластување!Ден Дончев е амнестиран, помилуван, за снимка каде става пари во чанта, за него нема потреба да се отвора предмет. Тој е близок на Заев, а Заев се фали дека судството му е во пупка, нели без Заев не може!Цел свет го гледа Ден Дончев како става пари во чанта, ама за Русковска и Јовески нема предмет!Цел свет го виде Заев како бара пари во Струмица, ама Русковска и Јовески го ослободија!Сега цел свет го гледа Заев како го амнестира Ден Дончев, а Русковска и Јовески исполнуваат!Цел свет го слушна исказот во судот парите рекетирани во оваа Македонија барајте ги кај Зоран и Вице Заеви, ама Јовески и Русковска не смеат да вештачат телефони!Каков срам за сето правосудство во Република Македонија! „Луј Витон“ и „Трас Трас“!Цел свет гледа и слуша како се рекетираат и како за рекет се злоупотребуваат институции полиција, финансиско разузнавање, како муртинската врска е најсилниот рекетарски момент, ама Русковска и Јовески не гледаат случај!Русковска и Јовески се исполнители и марионети на рекетарското СДСМ, тие се марионети во рацете на криминалот и корупцијата. СДСМ и Заев покажаа дека единствено што можат повеќе – е повеќе криминал, повеќе корупција и повеќе порази и девастации во Република Македонија, истакна Наум Стоилковски - Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 5 години

bolnica-bolnicki-krevet-doktor-620x350

Отфрлена кривичната пријава за лекарска грешка во случајот со пациентот Булент Ибрахим

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Решение за отфрлање на кривичната пријава против три физички и две правни лица за Тешки дела против здравјето на луѓето од член 217 став 2 во врска со член 207 став 1 од Кривичниот законик, а во врска со смртта на лицето Булент Ибрахим.Кривичната пријава од семејството на починатиот се однесуваше на лекарска интервенција извршена врз Ибрахим на 18.02.2019 година, која ја извршил еден од пријавените лекари во изнајмена операциона сала во сопственост на вториот пријавен, а со асистенција на третата пријавена. Според семејството, пријавените очигледно неподобно средство и начин на лекување, како и несоодветни хигиенски мерки со што предизвикале влошување на здравствената состојба на пациентот, кој по оперативниот зафат добил висока температура и сепса. Првопријавениот лекар кој ја извршил интервенцијата, наместо да го упати пациентот на лекување во специјализирана здравствена установа, доаѓал во домот на оштетениот и му давал инфузија. Кога на 21.02.2019 година констатирал дека терапијата што ја препорачал не дава никаков ефект и дека пациентот е во критична состојба, пријавениот со сопствено возило го однел оштетениот во ГОБ „8-ми Септември“, каде и покрај обидите на лекарите да го спасат неговиот живот, тој починал.По приемот на пријавата, Основното јавно обвинителство Скопје го спои овој предмет со предметот кој веќе беше оформен врз основа на допис од Државниот санитарен и здравствен инспекторат за спроведен здравствен надзор врз здравствените установи каде била извршена интервенцијата врз пациентот.Постапувајќи во рамките на своите надлежности, јавниот обвинител ја обезбеди целокупната медицинска документација за третманот на починатото лице и ја проследи до Лекарската комора и до Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија од кои побара да изготват стручно мислење по однос на постапувањето на докторите во конкретниот случај.Лекарската комора со допис го извести Обвинителството дека по спроведен стручен надзор едногласно констатирала дека лекувањето на лицето Булент Ибрахим, условите и начинот на лекување, односно на укажување здравствена заштита билe спроведени без стручни пропусти, согласно упатствата на медицината базирана на докази.Институтот за судска медицина, пак, постапувајќи по наредбата од Основното јавно обвинителство Скопје со допис одговори дека со оглед на тоа што не е извршена ниту судско-медицинска ниту патолошка обдукција врз починатото лице, не може да се утврди причината за смртта на Ибрахим, односно причинско-последичната врска меѓу извршената интервенција и смртта на пациентот. Јавниот обвинител се интересираше за можноста да се изврши ексхумација на телото на починатиот, при што доби одговор дека таква обдукција не би била од корист во смисла на доказна вредност, бидејќи органите и ткивата веќе би биле трулежно променети.Подносителите на пријавата во текот на постапката приложија и приватно вештачење изготвено од лекар – судски вештак од областа на хирургија и трауматологија, кој извршил вештачење врз медицинската документација која му била доставена од семејството и констатирал причинско-последична поврзаност меѓу извршениот оперативен зафат и смртта на пациентот. Јавниот обвинител го повика на распит вештото лице, а при неговото испитување, заради професионална помош од областа на судската медицина, ангажираше и двајца технички советници од Институтот за судска медицина. Во текот на распитот вештакот наведе дека е тешко да се утврди постоење на сепса и таа да се поврза со смртта на пациентот без притоа да биде направена обдукција и во целост се согласи со техничките советници дека е потребно да постои обдукционен протокол, односно дека во конкретниот случај отсуствуваат релевантни докази. Тој се изјаснил дека во конкретниот случај сепсата била една од можностите за настапување на смртта, но не и единствена можност и дека отсуствуваат битни докази за да се утврди причинско-последичната врска.Првопријавениот лекар, кој го извршил оперативниот зафат, пред јавниот обвинител го негираше сторувањето на кривичното дело и потенцираше дека Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Лекарската комора и формираната стручна комисија во Министерството за здравство не констатирале пропусти во однос на неговото постапување како доктор.За постоење на кривичното дело –Тешки дела против здравјето на луѓето од член 217 став 2 во врска со член 207 став 1 од Кривичниот законик потребно е да се утврди значително отстапување од правилата на медицинската наука и струка што како последица придонело за влошување на здравствената состојба на пациентот. Делото е конструирано како деликт на повреда, што значи дека не се инкриминирани лекарски грешки што остануваат во границите на дозволениот ризик, односно немаат таква последица.Врз основа на утврдените факти и прибраните докази во предметот, со оглед на тоа што причинско-последичната врска во конкретниот случај беше невозможно да се утврди, Основното јавно обвинителство Скопје донесе Решение за отфрлање на кривичната пријава против трите пријавени физички лица. Против двете правни лица, пак, кривичната пријава е отфрлена, бидејќи законските одредби од цитираните членови не предвидуваат кривична одговорност за правни лица.Решението за отфрлање на кривичната пријава е доставено до подносителите на пријавата, кои согласно член 288 став 2 од Законот за кривична постапка имаат право на жалба до Вишото јавно обвинителство Скопје во рок од 8 дена по приемот.​фото: Архива

Македонија | пред 5 години

korona-test

Повторно висока бројка на позитивни од КОВИД 19, денеска потврдени 153 нови случаи

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1279 тестирања, а регистрирани се 153 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-66, Куманово-13, Штип-13, Прилеп-2, Тетово-20, Струга-7, Битола-1, Охрид-7, Крива Паланка-1, Кочани-1, Пробиштип-1, Свети Николе-3, Кичево-6, Ресен-12.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 75 оздравени пациенти од: Скопје-47, Штип-13, Прилеп-1, Тетово-3, Струга-2, Велес-1, Охрид-3, Кавадарци-1, Гевгелија-2, Кочани-1, Пробиштип-1.Починати се 6 лица, еден пациент од Скопје, двајца од Штип, еден од Тетово, еден пациент од Охрид и еден од Ресен.Во ГОБ „8 септември“ по прием е починат пациент (53г) од Ресен. Починат е пациент од Скопје (61г), лекуван болнички до 23 јуни.  Во болницата во Штип починаа две лица, пациент (80г) хоспитализиран на 5 јуни и пациент (75г) хоспитализиран на 24 јуни.Во ОБ Охрид почина пациент (68г) години, хоспитализиран на 23 јуни. Денеска институтот евидентира и претходно починат пациент од Тетово (79г).Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5595, бројката на оздравени пациенти е 2166, на починати е 265, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3164. Од вчерашните тестирања три се контролни, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:•       Скопје 2730, активни 1800•       Куманово 723, активни 268•       Дебар 83, активни 31•       Штип 290, активни 184•       Прилеп 240, активни 20•       Тетово 603, активни 355•       Струга 389, активни 107•       Велес 171, активни 30•       Битола 44, активни 15•       Охрид 131, активни 107•       Кавадарци 11, активни 5•       Гостивар 91, активни 52•       Гевгелија 10, активни 4 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)•       Струмица 13, активни 9•       Крива Паланка 13, активни 7•       Радовиш 4, активни 0•       Крушево 6, активни 3•       Кочани 63, активни 27•       Пробиштип 14, активни 9•       Демир Хисар 1, активни 0•       Македонски Брод 3, активни 1•       Пехчево 5, активни 2•       Берово 2, активни 1•       Валандово 6, активни 4•       Виница 3, активни 0•       Делчево 1, активни 0•       Кратово 4, активни 1•       Свети Николе 20, активни 18•       Кичево 16, активни 12•       Ресен 85, активни 83•       Неготино 20, активни 9 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 1279 теста се преку: ИЈЗ –634, ЦЈЗ Скопје-0, Авицена –105, Биотек –140, МАНУ -109, Жан Митрев (Филип Втори) -164, Судска медицина-5,  Систина  со PCR метода -109 и ЦЈЗ Битола-13. Досега во земјата се направени вкупно 55.735 тестирања на ковид -19.  Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 98 пациенти. На кислородна поддршка се 51 пациент, нема пациенти на механичка вентилација.  Во болницата во Козле се хоспитализирани 2 деца сомнителни на ковид и 11 возрасни позитивни пациенти.Во ГОБ „8 Септември“ примени се 14 нови, вкупно хоспитализирани се 135 пациенти. На респираторна машина се 7 пациенти.Во болницата во Битола се хоспитализирани 44, а во болницата во Штип се хоспитализирани 22 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 81 пациент - позитивни и сомнителни на ковид-19.Активни случаи по општини Скопје заклучно со вчера (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)•       Чаир – 416•       Аеродром - 141•       Бутел - 136•       Гази Баба - 151•       Центар – 123•       Карпош – 121•       Сарај – 138•       Кисела Вода – 109•       Ѓорче Петров – 88•       Студеничани – 94•       Шуто Оризари – 77•       Арачиново – 51•       Илинден – 32•       Петровец – 16•       Чучер Сандево – 17•       Сопиште – 12•       Зелениково-2•       Странец – 3•       Нераспределен-7фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Поведена постапка за полов напад врз дете​

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, жител на битолско село, за сторено кривично дело –  Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од член 188 став 1 од Кривичниот законик. Истовремено, јавниот обвинител до Основниот суд Битола поднесе Предлог за определување притвор за осомничениот, бидејќи постојат околности што укажуваат дека постои основан страв дека осомничениот ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоци и дека постои опасност тој да го повтори кривичното дело. Судијата на претходна постапка при Основниот суд Битола го прифати предлогот и со решение определи притвор за осомниченото лице во траење од 30 дена.Обвинителството поведе постапка поради основано сомневање дека осомничениот на 23.06.2020 година во претпладневните часови, ги искористил блиските роднински врски со детето и стекнатата доверба  и  извршил друго полово дејствие врз детето кое не наполнило 14 години. ​фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Скопските занаетчии ќе добијат финансиска поддршка

Градот Скопје со цел да го поттикне развојот на традиционалните занаети во изумирање објави јавен повик за субвенционирање занаетчии во градот Скопје за набавка на потребни алати и репроматеријали за занаети во изумирање за 2020 година.Средствата со кои Градот Скопје ќе ги субвенционира занаетчиите за набавка на потребни алати и репроматеријали се во износ од 80% од нивната вредност, но не повеќе од 50.000 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.Субвенциите важат и за алат и за репроматеријал набавен од 01.01.2020 година, a Јавниот повик трае заклучно со 15.12.2020 година, и ќе биде реализиран по принципот „прв дојден прв услужен“, односно до исцрпување на средствата предвидени за оваа намена со Буџетот на Град Скопје за 2020 година. Во Буџетот на Град Скопје за 2020 година за оваа намена се предвидени  милион денари. Едно лице може да поднесе само едно барање за добивање субвенција.Право на учество на јавниот повик имаат:-  Занаетчии кои не добиле буџетски средства од проекти за субвенционирање од други извори;-  Занаетчиите кои се регистрирани согласно со Законот за вршење занаетчиска дејност и обавуваат занаетчиски дејности во изумирање, кои согласно со обработените податоци бележат намалување на активноста во континуитет, се следните занаети: јорганџија, опинчар,  јажар, крзнар, грнчар, шапкар, ковач, лимар, казанџија, копчар, свеќар, венци, сита, саатчија, ракотворби-корпар, ракотворби-изработка на сувенири, домашна ракотворба, производство на музички инструменти и самарџија);-  Регистрирани занаетчии кои имаат сопствен дуќан или под закуп лоциран во град Скопје, кои при поднесување на барање до Град Скопје за субвенции за набавка на потребни алати и репроматеријали на занаетчиите на подрачјето во градот Скопје за 2020 година, занаетчиите ќе поднесат фактура или фискална сметка за набавените алати и репроматеријали;- Намирени обврски кон државата и вработените;- Започнале со работење најмалку 1 (една) година пред објавувањето на јавниот повик (регистрација/упис во Регистарот на занаетчии).Потребни документи за пријавување:- Пополнетo барање (може да симне од веб-страницата на Град Скопје - www.skopje.gov.mk);- Решение за упис во Регистар на занаетчии, занаетчиска дозвола;- Тековна состојба од Централниот регистар на РСМ не постарa од 6 месеци;- Уверение за платени даноци и придонеси од Управата за јавни приходи на РСМ, не постаро од 3 (три) месеци;- Подмирени обврски кон Град Скопје (комунална такса - фирмарина и данок на имот). Проверка ќе се врши по службен пат во Град Скопје;- Изјава од барателот дека досега не користел средства од други извори за ниту една од  намените;- Оригинал фискална сметка или фактура и извод од деловна банка со датум во период од 01.01-15.12.2020 година;Барањето за субвенција заедно со комплетна документација треба да се достави во затворен плик преку Архивата на Град Скопје на адреса:  Град Скопје, Сектор за локален економски развој, бул. „Илинден“ бр.82, 1000 Скопје (со назнака – Пријава за јавен повик за субвенционирање на занаетчии за набавка на потребни алати и репроматеријали за занаети во изумирање во градот Скопје), најдоцна до 15.12.2020 година.Барањето може да се достави и по електронска пошта, со што комплетната документација наведена во барањето, треба да се достави скенирана на е-mail адресата: subvencii.zanaetchii@skopje.gov.mk 

Скопје | пред 5 години

glasanje

Отворена бесплатната телефонска линија за пријавување повреда на избирачкото право

Во канцеларијата на Народниот правобранител од денеска граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321.Сите непрaвилности може да се пријават во текот на предизборниот период и на денот на гласањето.Телефонската линија ќе функционира секој работен ден од 8 до 16 часот и по пријавите на граѓаните ќе се постапува веднаш, по примениот повик или снимената порака.„Народниот правобранител, со цел заштита на избирачкото право на граѓаните, ќе презема итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои се должни да им обезбедат заштита на нивните загарантирани права“, соопштија од канцеларијата на Народниот правобранител.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

latas-sudenje-32898932

Судскиот предмет на Латас за викендичката во Зелениково, повторно ќе се отвори

Апелациониот суд ја укина првостепената пресуда која ја донесе Кривичниот суд Скопје, со што на новинарот Драган Павловиќ-Латас и неговите браќа Срѓан и Звездан, кои СЈО ги гонеше за бесправно градење викендички во Зелениково во предметот „Тревник“, повторно ќе им се суди.Претседателката на Апелациониот суд, Лидија Димчевска, вели дека не ги знае причините поради кои е донесена одлуката, но потврди дека предметот е вратен кај судијата кој претходно го судел.Според обвинението, во временскиот период од јули 2011 година до јануари 2013 година во општина Зелениково, спротивно на Законот за градење, обвинетите граделе без одобрение од надлежен орган, на земјиште кое е во нивна сопственост.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

tabanovce

Кривична пријава за полициски службеник

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до ОЈО за ГОКК- Одделение за истражување и гонење кривични дела сторени од лице со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, поднесе кривична пријава против лицето М.А. вработен како полицаец во полициската станица за гранична контрола - Табановце, поради постоење основано сомение дека сторил кривично дело – “злоупотреба на службената положба и овластувања“ (по чл.353, став 1 од КЗ на РСМ).Пријавениот на 10-ти овој месец во својство на полициски службеник за пасошка контрола на влез во државава, овозможил влез на малолетно лице А.С. од Кавадарци без да го заведе во електронскиот систем за контрола на патници и возила, а воедно не побарал приложување на негативен ПСР тест за “ковид 19“ од малолетното лице односно не го упатил во државен карантин  со што постапил спротивно на мерките согласно Одлуката на Владата на РСМ.Случајот е откриен истиот ден околу 19 часот кога полициски службеници од Одделението за безбедност на патниот сообраќај при вршење редовна контрола го запреле возилото во кое се превезувало малолетното лице утврдувајќи дека тоа нема регулиран влез во државата ниту негативен ПСР тест и не е упатено во државен карантин. Од страна на Одделот за внатрешна контрола против полицискиот службеник  М.А поднесена е и иницијатива за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност пред надлежната комисија при МВР.фото: Архива 

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Поведени постапки против вкупно 23 лица во Скопје, предложени парични казни

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози против 22 лица кои не го почитувале полицискиот час, односно донесената Одлука за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија.Сите се обвинети дека го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.Еден од нив го прекршил полицискиот час во три наврати, па се товари дека сторил продолжено кривично дело согласно член 45 од Кривичниот законик. За него е предложена парична казна од 100 дневни глоби со поединечна вредност на дневната глоба од 30 евра, додека за сите останати предложени се парични казни од 100 дневни глоби од по 20 евра во денарска противвредност.Освен ова, Основното јавно обвинителство Скопје денеска достави и Предлог за издавање казнен налог за едно лице кое не ја почитувало мерката за строга изолација во објект – државен карантин. Тој исто така е обвинет за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.Надлежен јавен обвинител му предложи на Основниот кривичен суд Скопје за овој обвинет да определи парична казна од 100 дневни глоби при што висината на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност.​фото: Архива

Скопје | пред 5 години

Boki-13-1

Боки 13 на негово барање денеска ќе дава исказ во Обвинителство

Бојан Јовановски денеска ќе дава исказ пред скопското Обвинителство, по негово барање. Според информации на Алсат, тој пред обвинител ќе поднесе неколку кривични пријави како измама, тортура, злоупотреба на службената положба и овластувања, како и лажен исказ.Кривичната Боки 13 ќе ја адресира до неколку функционери.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

stip-radovis

Експресниот пат Штип-Радовиш попладнево нема да биде во прекин

Патот Штип – Радовиш ќе остане отворен за сообраќај, минирањето е одложено, соопшти АМСМ.„Според информацијата од изведувачот на работи ‘Страбаг АГ’, денеска на експресниот пат Штип – Радовиш, кај м.в. Пилав тепе, нема да се изведува минирање и сообраќајот ќе се одвива непречено во двата правци без прекини и застои“, соопштија од АМСМ.Претходно беше соопштено дека патот ќе биде затворен од 12:40 часот.Затоа пак од вчера заради изведување градежни работи, односно асфалтирање, регионалниот патен правец Р2246 Бошков Мост – село Извор, на делот крак – Лазарополе, сообраќајот ќе биде во целосен прекин секој работен ден и сабота од 11:00 до 13:00 часот. Овој изменет режим ќе трае сé до завршување на градежните работи.Сообраќајот на другите патишта се одвива без забрани, по суви коловози, но на одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Втора фаза од авионско прскање против комарци во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека втората фаза од авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци, ќе се изврши на 26.06.2020 година (петок) во раните утрински часови.Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни.Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.фото: Град Скопје  

Скопје | пред 5 години

maska

643 граѓани казнети поради не носење заштитна маска

Во текот на изминатото деноноќие (24/25.06.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија на 366 лица им се издадени решенија за изолација, а 125 лица потпишале изјави засамоизолација. Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката .Исто така по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се   643 прекршоци.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

vreme

Предпладне сончево, попладне пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Попладне на места ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а ќе има и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме.Минималната температура ќе  се движи од 10 до 19, а максималната ќе се искачи до 33 степени. УВ индексот ќе биде 8.До сабота во попладнедневните часови ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурите ќе бидат во позначнителен пораст.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

kosta-3

Георгиески оствари телефонски разговор со американската амбасадорка во земјава Кејт Мари Брнз

На моја голема чест и задоволство денеска остварив телефонски разговор со Амбасадорката на Соединетите американски држави во Република Северна Македонија, Н.Е. Кејт Мари Брнзн напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.Градоначалникот во својата објава додава:Разговаравме за посветеноста и заложбите на локалната и централната власт да постапуваат согласно законските прописи и конечно да се стави ред во управувањето со крајбрежјето на Охридското Езеро, која е една од главните препораки на УНЕСКО.Оваа можност ја користам уште еднаш да упатам огромна благодарност до Амбасадата на САД за интересот за актуелните состојби во Охрид.https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/a.351826178756325/622825304989743/?type=3&theater

Македонија | пред 5 години

VMRO

(ВИДЕО) Мицкоски: Она што ние го започнавме, СДСМ за три години неможеше да го заврши, што е со автопатот Кичево - Охрид?

Прв корона митинг во Охрид. ВМРО ДПМНЕ изборните активности ги започнаа од Охрид. Максимално се почитуваат правилата на Владата. Симпатизерите на политиката на ВМРО ДПМНЕ, сите со заштитна маска на себе, и со потребна дистанца во моментов го слушаат обраќањето на претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски.„Тука сме да си го засилуваме пламенот македонски и да си го зачуваме она што го имаме. Можеа да направат да имаме минимална 500 евра плата, можеа, но ако не возеа мотори, Може да направат реновирани студенски домови, можеа, но да не разнесуваа Луј витон ташни.Македонија ја направија заложник на заболени од корона вирус. Рекордери сме на луѓето кои го губар својот живот. Јас одбрав да се борам против оваа власт и ова раководтво на Зоран Заев и СДСМ.„Ние имаме прецизна програма со проекти и таков тип на кампања ќе водиме, ќе претставуваме проекти. Тоа е допилнителен мотив да ги поттикнеме граѓаните да излезат на 15 јули.https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/videos/1584609788381021/

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Филипче: Општина Ресен брзо изреагира, имајќи ја предвид еволуцијата, овој број не е неочекуван, но е значајно помал од она што можеше да се случи

Денеска, Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче ги посети Клиничката болница и Центарот за јавно здравје во Битола и оствари средба со колегите, медицинските работници кои работат во овие две здравствени установи.„Денеска сум во посета на Клиничката болница, тука, во Битола, којашто практично од почетокот на корона кризата е регионален центар во кој се сместуваат пациенти заболени од ковид-19 од целиот овој регион, не само од Битола, туку и од Охрид, Струга, Ресен. Кадарот навистина се покажа дека е на висина на задачата, лекарите - врвни експерти со огромно искуство во третманот на пулмолошки болести, се покажаа дека и во третманот на оваа болест навистина врвно ја вршат својата работа, пожртвувано 24 часа на работа и на повик, на располагање на пациентите за да добијат соодветна здравствена услуга.“ – изјави Филипче.Од почетокот на оваа недела, во рамките на Центарот за јавно здравје во Битола е ставена во функција и лабораторијата којашто сега ќе прави анализи и за SarsCov2.„Досега овој систем функционираше така што на сите суспектни пациенти им беа земани брисеви и тие беа испраќани во лабораторијата во МАНУ. Резултатите после воспоставувањето на овој систем се добиваат истиот ден, меѓутоа сметам дека оваа лабораторија овде во Битола е една значајна придобивка, заради тоа што ќе може да опслужи поголем број на граѓани и не само пациентите кои се хоспитализираат и коишто го чекаат резултатот.“ – потенцираше Филипче.Во рамките на посетата, Министерот Филипче имаше можност да ги слушне искуствата и предизвиците со кои се соочува медицинскиот персонал во двете здравствени установи.„Разговаравме со колегите лекари и медицински сестри за бројните предизвици со кои се соочуваат, начините на коишто тие можат да се надминат, сè со цел здравствената услуга да биде на соодветно ниво. И не само за пациентите овде во Битола, туку и за целиот регион.“ изјави Филипче и информираше поконкретно за состојбата во битолската болница.„Во моментот се хоспитализирани 32 пациенти од кои само двајца пациенти се од Битола, останатите се од околните градови. Десет пациенти се сомнителни на ковид, се чекаат резултатите да стигнат во текот на денот. Има три слободни кревети и потенцијално доколку треба околу 20тина кои би се ослободиле доколку има наплив на пациенти, што во овој момент не очекуваме, имајќи предвид дека денеска нема ново-дијагностицирани овде во Битола и бројот на активни случаи од градот е навистина мал“- рече министерот Филипче.Одговарајќи на новинарско прашање, тој посочи дека новодијагностицираните случаи во Ресен потекнуваат од семејни настани на кои не се почитувале превентивните мерки. Луѓето не носеле маски, ниту пак го почитувале правилото за неопходната дистанца, што впрочем е случај на територијата на целата држава. Овој бран се должи на непочитување на мерките.„Општина Ресен брзо изреагира. Во соработка и заедничка согласност со неколку компании погоните се затворија во период од десет дена до две недели со што значајно се намалува бројот на контактите и интензитетот на тие контакти коишто можат да донесат до поголем број заболени. Имајќи ја предвид еволуцијата, овој број не е неочекуван, но е значајно помал од она што можеше да се случи доколку немаше затворање на погоните“- одговори Филипче и додаде дека точно се знаат контактите и тие се ставаат во изолација, а согласно ризикот се индицира тестирање.фото: МЗ

Македонија | пред 5 години

Civil

ЦИВИЛ со прашања до партиите за нивните протоколи за заштита од коронавирусот

На кој начин политичките партии придонесуваат кон одржување безбеден изборен процес? – е наслов на прашалникот што ЦИВИЛ го испрати до сите политички партии што учествуваат во изборниот процес, на првиот ден од изборната кампања. Прашањата се јавни и доставени и до медиумите, а објавени се и на медиумската платформа на организацијата.Дали партиите имаат протокол за заштита од коронавирусот и во што се состои тој? Каде е објавен протоколот и на кој начин се известени јавноста и активистите, кандидат(к)ите и партиските функционери на Вашата партија за мерките за заштита од коронавирусот за време на кампањата и изборниот ден?ЦИВИЛ ги праша партиите и за тоа какви мерки за заштита ќе преземат и за време на теренските активности.Дали сите што се ангажирани во Вашата партија имаат обврска да носат заштитна опрема кога се на терен? Дали Вашата партијата обезбеди заштитна опрема за членовите или самите се снабдуваат со неа? Дали Вашата партија обезбеди заштитни средства (дезинфекција, заштитни маски) и дали ќе издадете упатства за одржување растојание на јавните настани? Како ќе се постапува доколку на партиските теренски активности и собири се пречекори бројот од 30 луѓе во затворена просторија, односно 50 на отворено?Што се однесува до придонесот на политичките партии за јакнењето на јавната свест, се поставува и прашањето: Дали и на кој начин Вашата партија спроведува активности за јакнење на јавната свест за потребата гласачите да се придржуваат кон протоколите за заштита од коронавирусот за време на кампањата и на изборниот ден?Одговорите на прашањата се очекуваат најдоцна до 2 јули на полноќ. Организацијата ќе подготви информација што ќе биде објавена на медиумската платформа и ќе биде дел од извештаите од мониторингот.ЦИВИЛ воведе т.н. „корона категорија“ во својот изборен мониторинг, односно во својот мониторинг ќе ги бележи сите случаи на кршење на препораките и мерките за заштита од коронавирусот. фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања