Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

granica

Отворени границите, ќе се отворат и аеродромите во Скопје и Охрид

Од денеска целосно се отвораат сите гранични премини во државата со што македонските државјани и странците ќе можат непречено да се движат без обврска за ПЦР-тест и државен карантин.Одлуката ја донесе Владата во вторникот врз основа на препораките на Комисијата за заразни болести. Владата на истата седница донесе одлука од 1 јули да бидат отворени за сообраќај и Меѓународниот аеродром Скопје и Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид.Останува обврската за почитување на препораките за носење лична заштитна опрема, држење дистанца и честа дезинфекција.Според здравствените власти, отворањето на границите не претставува значаен ризик за зголемување на бројот на новодијагностицирани случаи затоа што локалната трансмисија е најголемиот ризик,.Оценката е дека отворањето на границите со почитување на превентивните мерки (воспоставената контрола на аеродромите и начинот на анкетирање на патници на влез во државата) го сведува на минимум ризикот за зголемување на бројот на дијагностицирани пациенти.

Македонија | пред 5 години

avtobuska-lugje-partizanska-vreme-leto

Се поништуваат решенија за домашна изолација и одење во државен карантин, ова се критериумите

Сите дејствија по решенијата на Државниот санитарен и здравствен инспекторат за периодот 13.06.2020 – 25.06.2020 година за лица под здравствен надзор и домашна изолација и лица во државен карантин се поништуваат.Главниот координативен кризен штаб достави барање до Државниот санитарен и здравствен инспекторат во врска со престанокот на важноста на издадените решенија за домашна изолација за лицата кои се вратиле во Република Северна Македонија со негативен ПЦР тест на КОВИД-19. Денеска (25.06.2020 година), Државниот санитарен и здравствен инспекторат, согласно член 136 став 1 алинеја 4 од Законот за општата управна постапка („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 124/15 и 65/18) донесе Одлука со која го запира извршувањето на сите негови решенија донесени во периодот од 13.06.2020 година до 25.06.2020 година за ставање на лица под здравствен надзор и домашна изолација кои влегле во Република Северна Македонија со негативен ПЦР тест на КОВИД-19 и потпишана изјава, како и решенијата издадени за лица кои се ослободуваат од државен карантин со негативен ПЦР тест на КОВИД-19, по нивното враќање во Република Северна Македонија, од земја со висок/среден ризик за КОВИД-19, а спроведените дејствија по истите решенија се поништуваат.

Македонија | пред 5 години

carsija-lugje-guzva-turisti

Земјава се соочува со бран на вирусот посилен од првиот!

Земјава се соочува со бран на вирусот посилен од првиот. Нови 135 случаи на заразени од КОВИД 19 регистрираше вчера Министерството за здравство. Здравствениот билтен евидентираше и шест починати лица и 75 оздравени пациенти.Советникот на регионалниот директор за Европа на СЗО, д-р Фабио Скано вчера изрази загриженост од она што се случува во земјава, но смета дека ситуацијата може да се стави под контрола со масовно тестирање, идентификување на случаите, нивните контакти и нивно изолирање.– Ова што го гледаме во моментов во Македонија е загрижувачко. Поуката што треба да ја извлечеме е дека до пронаоѓањето на делотворна вакцина, не смееме да се опуштиме, односно да го спуштиме градот. Дејствата што ќе се преземат овие денови, но и во неделите и месеците кои претстојат ќе бидат критично важни со цел да се спречат случаите на новозаразени и да се спасат човечки животи. Оваа моја посета на вашата земја, се случи токму навреме. Она што го гледаме низ светот укажува на заклучокот дека вирусот нема наскоро да си замине. Напротив, тој брзо се шири и коси животи и треба да направиме сè што е потребно да му се спротивставиме на проактивен начин, односно да бидеме пред него, истакна Скано на прес-конференција во Владата.

Македонија | пред 5 години

petar-bogojeski

(ВИДЕО) Петар Богојески: Груевски ни ја нудеше партијата во замена за азил

Петар Богојески беше еден од лидерите на т.н. Реформатори во ВМРО ДПМНЕ. Сега е на чело на Македонски Концепт и со таа идеа ќе се појави на парламентарните избори.Секогаш важеше за човек на Калето и беше близок пријател со поранешниот амбасадор на САД во Македонија, Џес Бејли. Ја имаше силната поддршка на меѓународната заедница и на американската дипломатија во Скопје во процесот на симнување од власт на Никола Груевски.Во ова интервју Богојески кажува некои ексклузивни пикантерии поврзани со тие тајни преговори за заминувањето на Никола Груевски од кормилото на ВМРО ДПМНЕ, па дури ја пласира тезата дека во тој проицес на примопредавањето на власта, на еден месец пред Преспанскиот договор на реформаторите им било понудено тие да ја превземат партијата.Според Богојески таа понуда дошла од близок човек на Груевски а сега еден од највисоките функционери во врвот на ВМРО ДПМНЕ. Како што кажува Богојески во тие преговор Груевски барал азил за себе и за четири свои соработници меѓу кои не се ни Сашо Мијалков, Миле Јанакиевски или Гордана Јанкуловска.Деталите за бегството на Груевски во Будимпешта, според Богојески, биле договарани во канцеларијата на еден од најмоќните луѓе во државата во неговата канцеларија во Собранието на Македонија.Во интервјуто Богојески зборува за обвинувањата дека е неоврховист и бугарофил, дека е човек на Калето кој треба да оневозможи Мицкоски да победи на овие избори, за улогата на Отец Партениј во процесот на бугаризација на Македонија, дали бугарската држава стои зад снимените видеа во аферата Рекет.Богојески негина дека е човек на Сашо Мијалков и тврди дека Христијан Мицкоски е во сопственост на Мијалков.Едно контроверзно и тврдо интервју кое вреди да се погледа! 

Македонија | пред 5 години

SDSM-3

Граѓанска трибина на коалицијата „Можеме“во Охрид

Трибината во Охрид на СДСМ. На трибината се обратија претседателот на СДСМ Зоран Заев, потпретседателка на СДСМ и носителка на изборна единица 5, Радмила Шекеринска и Лазе Танески, кандидат за пратеник.„Едвај чекав да почне овој настан да го поздравам претседателот Зоран Заев. Најголемиот пријател на Охрид и охриѓани, човекот кој помогна да го извади Охрид од калта. Мицкоски после 40 години оваа влада ја зеде целата одговорност да се самираат најкритилчните точки за Охридксиот колектор“, истакна меѓу другото Танески.Танески го потсети Мицкоски за сите инфраструктурни зафати кои ги направила општинската и централната Власт.„Она што за вас беше провизија во претходниве години, за нас се реализација на проекти“, истакна Танески.Танески му даде целосна поддршка на градоначалникот Константин Георгиески. како човек од бизнис секторот во изминативе години ги донесовме најгоелемите оператори. Ние имаме стратегија за Охрид како туристичка дестинација. Цели три години со сите препрепреки направивме многу ама сите заедно.На трибината се обрати и стоматологот д-р Лина Стефаноска. Таа меѓу другото истакна:-Пандемијата е нашиот најголем тест за здравствениот систем, но покажавме како треба да се спротиставиме на истата.Моите колеги и сите ние лавовски се бориме за сечиј живот. Но изборите не треба да се избегнуваат туку да се спроведат со почитување на препораките. Само со превенција може да го победиме невидливиот непријател“, истакна Стефаноска.Носителката на ИЕ 5 носителката и министер Радмила Шекеринска, пред присутните меѓу другото истакна:„„Нас ни се важни изборите, но поважни ни се граѓаните, токму поради тоа сите не следат на видео стриминг. Не случајно почнуваме во Охрид и голем дел од кампањата почнуваме тука. Во Охрид може да ги видите констрастите на дело. Она што ние работиме, и она што другите не работеа. За две и пол години покажавме дека можат да не критикуваат, плукаат, но неможат да не кажат дека сме партија од збор. Сработивме за две и пол години она што неможеа да завршат за 12 години. Минатата недела добивме најпосле нови униформи за секој припадник на нашата армија, обезбедивме за 2,5 години, заради силната поддршка предводена од Зоран Заев, комплетно нова реалност за нашата НАТО Армија, обезбедивме 50 до 60 проценти повисоки плати за секој, обезбедивме нова униформа, обезбедивме нови чизми и ова во ниту една демократска држава на која сакаме да личиме ова не би било вест, ова е нормално ама кај нас не беше нормално оти 11 години тоа не успеја да го направат, 11 години заборавија на армијата. Во моментот кога излеговме и кажавме еве и овој проблем го решивме, нови плати, поголеми плати, нови униформи, нови чизми рекоја ех се фалите со едни униформи. Па ако беа толку лесни да се решат како проблем имаа четири пати повеќе време тоа да го направат, рече Шекеринска.Пред присутните се обрати и претседателот на СДСМ Зоран Заев.„Секогаш кога сум во Охрид, чудно треперам, или е до Охрид или до моето преголемо почитување на Охрид. Охрид е географија и историја. И архелогија и уметност... Охрид е убавина... Сите сме минливи, а само Охрид останува вечен. Тој започна со поклон кон градоначалникот и локалната самоуправа, за спроведување на критериумите на УНЕСКО. Верувам дека законот и овде ќе важи за сите“, истакна Заев.Заев меѓу другото додаде дека како влада за кратко време отвориле перспектива за младите.„Ние не сме Северна Тунгузија, ние сме Северна Македонија. Ние имаме наш признат јазик - македонски. Имаме држава признаена од целиот свет“, истакна Заев.Осврнувајќи се на противникот, Заев додаде „Ќе издржиме, ќе ги фрлиме и маските но што ќе прават нашите противници со тие нивни постојани маски кои што ги носат. Маски на преродбата, маски на лажниот патриотизам, маски сега на обновата. Tие не можат никогаш да ги фрлат тие маски. Затоа почитувани Охриѓани секогаш ќе дојдам со полно со љубов срце кон Охрид затоа што направивме многу, направивме многу за нашата земја, направивме многу и за Охрид.“Осврнувајќи се на сработеното во изминатите две и пол години во Охрид, претседателот Заев истакна „Денес покажуваме дека сме поинакви. 1 милијарда е поддршката кон компаниите и тоа директно со програмите за финансиска поддршка на инвестиции поврзани со работни места. Да отвораат работни места за Охрид и охридскиот регион. Дополнително, 1 милијарда е помошта сега со пакетот од 14.500 денари поддршка за минимална плата.“„Една милијарда е директната помош само кон Охрид, Проаква и колекторот. 500 милиони денари ја раздолживме општината, следни 500 милиони денари се преземањето на долгот од Проаква изградбата на колекторот. 1 милијарда шајки се тоа во Охрид за сметка на  ниту еден денар за 11 години за Охрид на оние другите,“ додаде Заев.     

Слајдер | пред 5 години

antikorupcija

ДКСК: Не постојат правни пречки за разрешување на Зибери

Претседателката на Државната комисија за спречување корупција Билјана Ивановска вели дека не постојат правни пречки за разрешување на директорот на Центарот за јавно здравје – Скопје , Арбен Зибери.„Ние како комисија не гледаме правни пречки за да се спроведе мислата на министерот, дотолку повеќе што во забраните во изборниот законик и во нашиот закон стои дека се забранува покренување постапка за престанок на работен однос. Тој ќе се промени од функцијата, но неговиот работен однос ќе си продолжи и понатаму како што си работел пред да биде директор. Законот вели дека е забрането започнување на постапка за вработување или за престанок на работен однос, значи за престанок на работен однос, а не за престанок на функција“, истакна претседателката на Комисијата, Билјана Ивановска во изјава за Канал 5.Инаку министерот за здравство Венко Филипче најави дека Зибери ќе биде сменет од функција поради неговата изјава во која тој се пофали дека издејствувал Комисијата за заразни болести да предложи отворање на границите со цел да се вратат иселениците и да гласаат на избори за премиер Албанец.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

90525679_10220922589797167_2192514228319944704_o

Маж им се заканувал на медицински лица од поликлиника Ѓорче Петров

Скопјанец им се заканувал и понижувал здравствени работници во поликлиниката Ѓорче Петров, информира МВР.-Изминатата ноќ во 00:15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во поликлиника Ѓорче Петров на бул. Партизански Одреди, 47-годишниот Р.И. од село Кондово, скопско го нарушил јавниот ред и мир со омаловажување и закани по животот на 36-годишниот М.Б. од Скопје и М.К., вработени како медицински лица во поликлиниката. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од полицијата.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Mickoski-11

Мицкоски од Струга: Граѓаните на 15 јули ќе изберат обнова и ќе ја исправат Македонија од неправдите СДСМ и Зоран Заев

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска беше во посета на Струга каде што истакна дека  благодарение на погрешните политики на ова раководство на СДСМ предводено од Зоран Заев, денеска Македонија бележиме рекорди по број на заболени и луѓе кои за жал го губат својот живот и токму затоа сега е најпотребно заедно сите да се исправиме бидејќи само така можеме да ја обновиме Македонија од руината која СДСМ ќе ја остави.Мицкоски пред стружани потенцираше дека во петтата Изборна Единица изборот е јасен, помеѓу Дурловски човек кој е почитуван во целиот свет и покажа и докажа колку се сака Македонија и од друга страна Шекеринска која велеше дека некои прашања не заслужуваат одговор и е човек од времето на транзицијата до денеска донесе многу неправди, пред се во Струга.- Изборот е јасен, нема дилема.  После 15 јули да ги засукаме ракавите и да си ја обновиме Македонија од руината која што ова раководство на СДСМ и Зоран Заев ќе ни ја остават. Денеска го слушам Зоран Заев, вели ќе ја обновеле Македонија, ние една година велиме дека ни треба обнова на Македонија, а нему денеска му текна, дека навистина требало. Прв пат ќе се сложам со Зоран Заев, навистина треба обнова, но тоа нема да го амнестира  од сето разурнување, од сиот срам кој заедно со СДСМ го нанесоа на Македонија и на граѓаните изминативе три години. Имаме тригодишна пандемија наречена СДСМ и Зоран Заев, рече МицкоскиТој изјави дека кога СДСМ и Заев ќе викаат дека можат треба да зборуваат во минато време дека можеле како што можеа да не го продадат достоинството и честа на Македонија и граѓаните, но истите ги распродадоа за пуста власт и пусти пари.- Можевте да донесете подобар живот, како што ветувавте ама не успеавте, донесовте порази и неправда и донесовте разочарувања кај нашите сограѓани. Секаде каде што изминав овие три години е присутно тоа разочарување, безнадежност и безидејност. Повозрасните велат ми замина внукот, ми замина ќерката, ми замина синот. Оние кои останаа тука велат чекам првиот автобус да дојде и јас да се качам и да го напуштам родниот дом. Гледам луѓе кои не ја гледаат иднината сопствената и на сопствените семејства овде. Тоа  можевте, да вратите малку самодоверба кај овие луѓе, да ја кренат  главата гордо и да не се почувствуваат понижени, ама напротив направивте тие луѓе да се разочараат, рече Мицкоски.Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ додаде дека СДСМ ветуваа 5% раст на БДП, ветувате 30.000 денари плата, домашни инвестиции исто како и странски, а донесоа една голема нула, празни ледини, никаде ги нема ниту Фејсбук, Гугл и гигантот од автомобилската индустрија кој го ветуваа.- За жал полињата останаа празни неизградени, а луѓето ги напуштија своите огништа. Тоа е таа сурова реалност која денеска е во Македонија.  Можевте да направите вистински бесплатно здравство како што ветувате, а погледајте ги денеска болниците и клиничките центри низ државата, ветувате клинички центар најпрво во едно предградие во Скопје па друго.  Ветувавте бесплатно образование, поквалитетно образование, а денеска немаме ниту еден универзитет во првите 1000 според Шангајската листа. Ветувавте правда за секого, ветувавте реформи во обвинителството, судството, а донесовте  Луј Витон обвинителство и „трас трас“ судство, истакна МицкоскиТој додаде дека единствено нешто што направи СДСМ е амнестија за самите себе од она кое што му го приредија на македонскиот народ, амнестија од евро за Вицето и евро за црквата и тоа е единствената реформа која што ја направија во судството.- Ветувавте бројчаници на Триумфалната капија во Скопје, па направивте една парада, закаливте еден бројчаник. Колку заврте господине Заев, да заврте ама во вашиот џеб и во џебот на вашето семејство. Јас ви ветувам дека секој денар кој што го завртевте во вашиот џеб и џебот на вашето семејство после 15 јули ќе заврти на бројчаникот кој што го монтиравте  на Триумфаланта Капија во Скопје. Мора правда да дојде. Луѓето ја изгубија надежта затоа што се чувствуваат беспомошни, затоа што гледаат дека нема правда во оваа држава, дека законите не се почитуваат. Законите мора да се почитуваат од Струга до Куманово, од Дебар до Делчево, од Гевгелија до Крива Паланка, изјави МицкоскиТој нагласи дека токму затоа треба да се поддржи Обновата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за да неа подвиткување на кичмата и коленичење пред неразумни политичари кои полнат полнат куферчиња Луј Витон.- Работевме на една читанка, т.н Проект Обнова. Во таа читанка може да се пронајде секој еден граѓанин.  Таму ќе најдете поглавје за земјоделецот, каде што се обврзуваме да обезбедиме 640 милиони минимум. Земјоделецот ќе биде безбеден бидејќи ќе има обезбеден откуп. Не смееме да дозволиме да се сече крошна од јаболка во Ресен, не смееме да дозволиме да се истураат сливите во Пијанец, не смееме да дозволиме да стои необрано житото низ Пелагонија и да не бидат обрани лозовите насади во Тиквешијата, рече Мицкоски.Тој додаде дека во обновата на ВМРО-ДПМНЕ има минумум 20% повисоки пензии од тоа што е денеска. од 8 до 12 милиони во спортот, од 8 до 12 милиони евра годишно назад во културата, од 8 до 12 милиони евра за реновирање на училишта, за најмалку еден универзитет на Шангајската листа, за реновирани студенски домови.Но за тоа да се случи Мицкоски истакна дека потребна е масовност на изборите, да ја одбереме обновата на ВМРО-ДППМНЕ за да можеме да ја исправиме Македонија и да имаме држава која ќе биде пример на Балканот изградена за нашите наследници. 

пред 5 години

stojanoska

Стојаноска: Гостивар и гостиварчани силно посакуваат Обнова на Македонија!

Носителот на листата во ИЕ6 Дафина Стојаноска денеска беше помеѓу граѓаните во Гостивар, каде што оствари мини средби со луѓе од сите етнички заедници кои живеат во градот, како и средба со младите луѓе од Гостивар. Единствениот впечаток кој Стојаноска го има од денешниот ден поминат со своите сограѓани е дека сите сограѓани од сите етникуми се согласуваат за сиромаштијата која што владее во државата. Граѓаните на Гостивар се гневни на СДСМ и Зоран Заев не само поради пустошот и понижувањето врз Македонците во Гостивар, туку и поради пустошот кој им го приредија на сите граѓани кои живеат во Гостивар, независно од нивната етничка припадност.Гостиварчани се спремни да го казнат Зоран Заев. На 15-ти јули ќе му се соопшти веста за неговиот пораз на сите можни јазици кои се употребуваат во Република Македонија, но тоа нема да го спаси од голата вистина дека ќе замине во историјата на најголемите предавници.Гостивар силно посакува Обнова на Македонија!

пред 5 години

stoilkovski-1

Стоилковски:Кој му се заканува на Боки 13 додека дава исказ пред ЈО откако само пред неколку дена на суд кажа дека парите од „Рекет“ завршиле кај Зоран и Вице Заеви?

Кој му се заканува на Сашо Дукоски, адвокатот на Боки 13, додека истиот дава исказ пред  Јавен обвинител, откако пред само неколку дена на суд рече дека парите од рекетот завршиле кај Зоран и Вице Заев?!Кој се плаши од исказот на Боки 13 и неговата содржина?! За преку телефон додека истиот е на суд со неговиот адвокат пред Јавен обвинител да ѕвони од непознат број и со мутиран глас да се закани на адвокатот со зборовите – Ќе те убиеме и тебе и Боки, пазете што зборите, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Настанот како што пишуваат медиумите се случил пред Јавен обвинител и истиот е документиран и е влезен во записник, но и во кривична пријава.Ова е директна закана за убиство. Ова е кривично дело и ги повикуваме институциите веднаш да реагираат.Го повикуваме ЈО веднаш да постапи согласно своите надлежности и да ги открие заканувачите.Зошто и покрај ваквите закани по неговиот живот и животот на неговиот адвокат продолжувањето на исказот на Боки 13 е закажан за 03.07.2020 година, а не во разумен рок.Зошто се остава толкав простор помеѓу првиот и вториот исказ и дали со тоа не се остава простор за можно влијание врз Боки 13 и неговиот втор исказ, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

пред 5 години

Mickoski

Мицкоски од Вевчани: СДСМ три години имаше можност да направи нешто, но тие докажаа дека единствено можат да ја подвиткаат кичмата

Денес претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го посети Вевчани, при што оствари средба со мештаните и посочи дека на 15-ти јули ќе се стави крај на вирусот Зоран Заев, а потоа ќе започне обновата на Република Македонија. Време е Република Македонија да започне да се движи по вистинскиот правец, а тоа ќе биде заедно со ВМРО-ДПМНЕ.„На 15-ти јули е нашата шанса  да го сонуваме сонот кој што сакаме да го сонуваме, но најпрвин треба нив да ги победиме. Најпрвин треба оваа пандемија да ја победиме. И затоа секогаш зборуваме отворено и искрено, отворено и искрено и за нашите слабости. Затоа што човекот е голем онолку колку што може да ги признае и сопствените слабости. Јас како претседател на ВМРО-ДПМНЕ од најголемата и најорганизираната политичка партија во нашата држава научив да живеам со слабостите на луѓето. Но луѓето не треба да научат да живеат со слабостите на властодршците. Затоа што народот е тој кој што дава и тој кој што зема. На 15-ти јули јас сум убеден во мудроста на Вевчани и убеден сум во мудроста и храброста на граѓаните на нашата Македонија дека ќе излезат масовно и масовно ќе ја поразиме оваа пандемија која што ја донесе ова раководство на СДСМ предводено од Зоран Заев, а потоа ќе ги засукаме ракавите и ќе си ја обновиме државата“, нагласи Мицкоски.Мицкоски ги повика граѓаните на Вевчани масовно на 15-ти јули да излезат и да гласаат за  ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“. Да гласаат за обнова на Република Македонија.„Разговаравме со многу луѓе и пред кампањата и сега ќе поминеме за време на кампањата многу градови и многу села и ќе разговараме со многу сограѓани. Истото она што го слушав и пред една година, пред две години, и пред три години истото го слушаме и денес. Тешко се живее, мачно се живее. Од друга страна пак се попусти ни се селата, се попусти ни се градовите, луѓето се иселуваат , младите ги напуштаат домовите, а повозрасните тажат за луѓето кои што ги напуштаат огништата. А, тие пак кои што се останати критикуваат за тешкиот и мачен живот, за беспарицата, за лошата живејачка и лошиот стандард, бесперспективноста и немањето визија од страна на овие властодршци“, истакна Мицкоски.фото: ВМРО ДПМНЕ

пред 5 години

durloski

Дурловски од Вевчани: Македонците се народ кој има обичаи и традиција и кои не изумираат

Носител на изборна единица 5, Игор Дурловски заедно со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го посети Вевчани. Од Вевчани, Дурловски посочи дека сите сме Македонци и веруваме во Македонија. Таа верба не може да ја уништи никој, ниту оваа власт.„Што би правела Македонија без едно Вевчани? Што би правел без вас Вевчанци? Чест и задоволство ми е што сум денес со вас. Секоја година од овде од пркосно Вевчани преку познатиот Вевчански карневал светот се запознава со нашата изворна македонска традиција, која се пренесува од генерација на генерација. И тоа како најскапоцена семејна вредност“, појасни Дурловски.Дурловски додаде дека Вевчанци директно в лице им ја кажува вистината на сите, упатувајќи една силна порака Македонците се народ кој има обичаи и традиција и кои не изумираат.„Затоа сум сигурен дека и овојпат Вевчани ќе ја одбере страната на вистината, и ќе ги земе работите во свои раце. Доста беше, оној кој лаже мора да биде поразен од народот. Време е за промени. Ние ќе го носиме товарот на вистината и со тоа, а и со својот авторитет  ќе дадеме глас на вистината“, појасни Дурловски.Дурловски потсети дека три години пред очите на граѓаните се газеше националното достоинство, се редефинираше идентитетот, ја понижија Република Македонија. Поради оваа власт се е предмет на пазар и ништо не е сигурно.„Овие избори се шанса која не смееме да ја пропуштиме, ова е шанса за нас и за нашите семејства. Ние сме Македонци и веруваме во оваа земја Македонија. Таа верба не можат да ја уништат група на лакоми политичари, кои лесно можат да бидат победени. Да им докажеме заедно дека нема да дозволиме да не потценат и прелажат . Да им докажеме дека сме подобри и помудри од нив“, порача Дурловски од Вевчани.фото: ВМРО ДПМНЕ

пред 5 години

filipce1

Филипче до Зибери: Tоа што сте во изборна кампања не ви дава за право да изнесувате невистини

Препукувањата меѓу министерот за здравство, Венко Филипче и директорот на Центарот за јавно здравје-Скопје, Арбен Зибери и натаму продолжуваат. Откако Филипче најави разрешување, а Зибери се правдаше дека има право на политички ставови изразени преку социјалните мрежи, министерот му порача дека тоа не му дава за право да изнесува лаги и да ја урнисува довербата во Комисијата за заразни болести.„Tоа што сте во изборна кампања не ви дава за право да изнесувате невистини и да ја поткопувате работата и одлуките на Комисијата за заразни болести. Четири месеци градиме доверба и работиме транспарентно. Во ниеден момент не донесовме политички мотивирани одлуки и ова вие добро го знаете. Вашата изјава е неточна, штетна и пред сѐ неколегијална, што исклучително ме загрижува. Моја должност како министер меѓу другото е да го штитам угледот на колегите од комисијата и нивните стручни одлуки. Верувам дека разбирате каква штета нанесувате во овие чувствителни моменти кога заеднички се бориме за иста цел. Го ценам придонесот на сите кои се борат со епидемијата, вклучително и вашиот, но нема да дозволам политичко поентирање на сметка на епидемијата“, му врати Филипче на Зибери.Преписките меѓу министерот и директорот доаѓаат откако Зибери на социјалните мрежи објави дека како член на Комисијата за заразни болести, дал придонес за отворање на границите, со цел, тие да дојдат и да гласаат за Албанец да биде избран за премиер. Филипче ја оцени изјавата како евтина и лоша предизборна реторика и најави правни консултации за разрешување на Зибери. По ова, директорот на Центарот за јавно здравје-Скопје, му порача на Филипче да престане да ја злоупотребува говорницата за изборни цели.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

arben-ziberi

Зибери му се спротистави на Филипче: Јас сум кандидат за пратеник и имам право да имам политички ставови

Арбен Зибери, директор на Центарот за јавно здравје-Скопје преку социјалните мрежи му порача на министерот Венко Филипче кој најави негово разрешување, дека никогаш не ја злоупотребил институцијата со која менаџира. Зибери упати и критики кон Филипче, а најавата за негово разрешување смета дека има изборна позадина.„Министер Филипче, престанете да ја злоупотребувате говорницата на Владата за изборни цели. Јас сум кандидат за пратеник и имам право да имам политички ставови на мојот личен профил на ‘Фејсбук’. Но и покрај ова, во ниту еден момент не ја злоупотребив институцијата со која раководам, нешто што за жал го прави министерот Филипче со овие изјави, кои имаат изборна позадина“, пишува Зибери.Претходно, Зибери на социјалните мрежи објави дека како член на Комисијата за заразни болести, дал придонес за отворање на границите, со цел, тие да дојдат и да гласаат за Албанец да биде избран за премиер.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

siljanoska

Силјаноска Давкова: Наша цел во четиригодишниот мандат е да влеземе во друштвото на илјада универзитети на Шангајската листа

Д-р Гордана Силјаноска Давкова, носител на изборна единица 1 денеска на улица Македонија при отворање на штаб истакна дека како Универзитетски професор и е срам што на Шангајската листа се наоѓаме по 1800-тото место.„Срам  ми е бидејќи  доаѓам од Универзитет да кажам дека сме некаде на 1800 место на Шангајската листа. На перифирејата, на периферијата. Како што сме сега во поглед на хибридниот режим. Скромни сме во целите бидејќи она што го ветуваме ќе го исполниме и затоа нашата цел е  барем во четири годишниот мандат да влеземе  во друштвото на илјада универзитети на Шангајската листа“, нагласи Силјаноска.Силјаноска како носител на листата на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За Обнова на Македонија“ истакна дека во обновата ваучерите ќе бидат за концерти, за спортски настани, а младите до 29 години нема да плаќаат никаков данок за да го внесат својот економски и компетитивен дух овде.„Сите што се по светот ќе ги собериме во една алумни асоцијација, постојано ќе комуницираме, плати ќе понудиме за нив повисоки за да ги задржиме овде“, додаде СилјаноскаСилјаноска посочи дека крајно време е да имаме образование кое е компактибилно со европското. Силјановска исто така истакна дека е крајно време да имаме можност за доедукација да имаме можност за мобилно образование и да ја демократизираме ситуацијата на универзитетите.„Не е универзитетот база осамена, она што се случува во  моментот е сликата на Македонија во мало за жал, таму каде што треба да се негува критичкиот дух, се негува партискиот  поданички дух и повторно имаме битки на ректори чии што статус зависи од партиите. Одлика на антикорупциска не се почитува“, истакна Силјаноска.Таа посочи дека еден од првите предлози е да свикаат уставно-правна комисија бидејќи веќе ги детектирале веќе најголемите мани што произлегуваат од Уставот.„Ветото сетете се формирање на влада, сето тоа мора да има решение овде па и да го оставиме во иднина некому важно е да размислуваме системски“, нагласи  Силјаноска.

пред 5 години

viber_image_2020-06-25_15-52-29

Јорданоски: Време е за фер и демократски избори, и време е да им се покаже на граѓаните дека навистина поинаку е подобро

Денес во локалниот клуб на Граѓанско Демократска Унија-Охрид се одржа работна средба на која присутни беа членовите на Републичкиот изборен штаб на партијата, Генералниот секретер Димче Петкоски кој е воедно и шеф на РИШ и Даниел Јорданоски, носител на ИЕ-5.На средбата се разговараше за активностите кои се извршуваат за време на изборната кампања. Даниел Јорданоски, изјави дека граѓаните немаат повеќе време за чекање.„Мора да се направат радикални промени кои ќе бидат за доброто на сите граѓани во Охрид и вклучително цела Изборна единица-5. Време е за фер и демократски избори, и време е да им се покаже на граѓаните дека навистина ПОИНАКУ Е ПОДОБРО“, истакна Јорданоски.

пред 5 години

DSC_1335

д-р Фабио Скано: Повторното појавување на случаите може да се менаџира

На денешната прес-конференција на Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче се обрати и д-р Фабио Скано, советник на Светската здравствена организација Европа, кој е во посета на нашата земја по покана на Министерството за здравство.Во своето обраќање д-р Скано, најпрвин се заблагодари до Министерот за здравство и Канцеларијата на СЗО за поддршката за да обезбедат целосен пристап до информации и институции и изрази посебна благодарност на Д-р Џихан Тавилах, Шефицата на канцеларијата на СЗО во Република Северна Македонија и на нејзините колеги за поддршката која и ја даваат на Владата во одговорот со Ковид.Д-р Скано во земјава престојува од понеделникот со цел да се подобри разбирањето за еволуцијата на Ковид-19 и влијанието на постојните мерки. Во текот на посетата д-р Скано оствари средби со Претседателот Стево Пендаровски, членовите на Комисијата за заразни болести, Кризниот оперативен центар за Ковид-19, Институтот за јавно здравје, центрите за јавно здравје во Скопје и Тетово, лабораториите и другите здравствени институции кои работат со справување со кризата, како и со поединци од заедницата и верските лидери во земјата.Тој позитивно го оцени одговорот на здравствените власти, особено заложбите на здравствените работници. Д-р Скано го нагласи фактот за поставување одговор на кризата уште пред да се појават случаите: силниот капацитет за тестирање кој овозможи идентификација на пациентите во раните фази на пандемијата, агилната пренамена на здравствените капацитети со што се овозможи соодветна здравствена грижа за пациентите со Ковид-19 и раната заштита на постарите граѓани во домовите за згрижување:„Одговорот кој Владата го постави беше силен и агилен. Особено сум импресиониран од посветеноста на здравствените работници, официјалните здравствени лица и сите оние кои неуморно работат за да ги заштитат луѓето од ковид-19. “ – изјави д-р Скано.Во однос на зголемениот број на новозаразени во земјава тој изјави:„Повторното појавување на случаите може да се менаџира – и во иднина сите напори треба да бидат насочени кон превенција од зголемување на жариштата. Ова е возможно ако Владата и заедницата работат во цврста спрега. Северна Македонија, до неодамна беше од најдобрите примери за одговор на кризата во регионот на Европа и може да биде повторно. Лекцијата е дека се додека намаме вакцина која е успешна, не можеме да „го симнеме гардот“. Акциите кои се преземаат овие денови, и во недели и месеците кои следат ќе бидат критични за да се спречи ширењето на инфекцијата и да се спасат животи. Оваа мисија навистина беше преземена точно на време. Она што го гледаме насекаде низ светот е дека вирусот не запира. Напротив, се пренесува брзо и вирусот убива, и ние треба да направиме се што е потребно за да бидеме пред вирусот.“Како дел од заклучоците д-р Скано истакна:„Треба да ја прошириме добрата работа направена до сега во идентификувањето и изолирањето на сомнителните случаи, да ги тестираме, да ги изолираме болните, неуморно да ги следиме контактите и да ги изолираме. Сега е време сите повторно да се ангажираме, општеството во целина, за да ги идентификуваме случаите и нивните контакти рано и да продолжиме со заштитните мерки. Ова е единствениот начин да бидеме пред вирусот. Целосно разбираме дека социо-економското влијание на јавните здравствени мерки предизвикуваат загриженост бидејќи ги запираат животите и живеењето на  луѓето. Сепак, здравствениот и економскиот интерес не треба да бидат контрадикторни. Одговорот мора да биде соодветен и јавните здравствени мерки треба да бидат прилагодени со нивото на трансмисија на болеста.– додаде претставникот на СЗО.Д-р Скано ја потврди поддршката која СЗО ја дава на нашата земја за да се зајакне одговорот на пандемијата за да се заштитат животите и живеењето на граѓаните.

Македонија | пред 5 години

nikoloski

Николоски: Никогаш во историјата на Македонија не се случило изборен законик да се менува без консензус со опозицијата

Апсолутно очекувам дека ќе имаме фер и демократски избори, но ако ме прашувате дали тоа ќе се случи мислам дека нема да се случи, истакна Александар Николоски, Носител на Изборна единица 4, одговарајќи на новинарско прашање дали очекува фер и демократски избори.„Видовме предизборниот период покажа многу работи. Еве ќе набројам неколку работи, поставена е бомба во објект на мојот колега потпретседателот на партијата, Владо Мисајловски, до денес сеуште немаме никакво сознание кој стои позади тој грозоморен чин кој што можеше да заврши пофатално од тоа што заврши. На само еден ден пред почетокот на кампањата како во Северна Кореја, Владата донесе едностран акт за промена на изборниот законик со кој што правото на опозицијата да има свое претставување во медиумите како и буџетот определен за тоа се намали за половина, за 50%. Никогаш во историјата на Македонија не се случило изборен законик да се менува без консензус со опозицијата без разлика кој бил во опозиција. Ова е прв пат на само еден ден пред почеток на кампањата. Понатака имаме замрзнат имот на нашата политичка партија, имаме притисок и опструкции кон целокупното членство на партијата. Тоа е она што го гледаме досега, а она што го гледаме и пред почетокот на кампањата и откако почна кампањата е еден силен наплив на лажни вести и лични навреди и дискредитација. Но, ние тоа ќе го надминеме, народот е со нас, јас сум убеден дека сето ова што го прават само конта ефект има кај народот, ќе го развие гневот уште повеќе ќе го поттикне гневот и се повеќе луѓе ќе излезат и ќе ја казнат актуелната власт“, истакна Николоски.На прашањето пак како гледа ВМРО-ДПМНЕ на разногласието на Комисијата за заразни болести, Николоски вели:„Тоа е нешто што трае во континуитет некаде таму од почетокот на мај, имено сите дадовме на почеток поддршка на таа комисија за заразни болести да се избори со ова зло, со оваа напаст, која што го зафати светот. Тоа е корона вирусот. Во оној момент кога почна комисијата политички да се управува од страна на Зоран Заев и Венко Филипче, а тоа беше некаде на почетокот на мај, кога да  ја потсетам македонската јавност и локалната јавност во Гевгелија и Венко Филипче и Зоран Заев прогласија победа над корона вирусот. Изјавата на рејсот следуваше малку повеќе, него луѓето му се смеа, ама овие ги сфатија сериозно и почнаа луѓето нормално да функционираат како претходно, што резултираше со еден непосакуван, би рекол дури и неочекуван бум кој што доведе до огромно зголемување на бројот на оние кои што за жал се инфицирани од корона вирусот, а се повеќе луѓе за жал го губат и животот. Во таа насока сите одлуки кои што се донесоа од мај месец до денеска се исклучително политички и беа во функција на остварување на политичка цел, а тоа е целта на Заев беше што порано да има избори со цел луѓето да се уплашени за да не излезат на гласање и на тој начин да проба да помине со помал пораз. Изборите на 15 јули единствено за што ние се залагавме беше да има меѓународен мониторинг и силни здравствени протоколи за никој кој што ќе гласа да не му е здравјето загрозено. Тоа успеавме да го договориме и можам да кажам на сите кои што ме гледаат дека гласањето ќе е безбедно и ќе може безбедно да гласаат. Сите други работи се манипулација, поврзани со покажување на некаква нормалност. Мене ми е жал за тие луѓе кои што седат во Комисијата за заразни болести затоа што врвни стручњаци станаа партиски апарати изманипулирани во партиски цели“, истакна Николоски.

пред 5 години

misajlov

Мисајловски од индустриската зона Речица: Нема странски инвестиции во Куманово, на граѓаните им се потребни проекти а не гола реторика

Денеска сум во посета на Куманово. Досега имав неколку средби, со кумановчани разговаравме за нивните проблеми. Разговаравме за она што навистина сакаа да го слушнат, разговаравме из а она што ни се случува последните децении тука во Куманово. Постојано се ветува од политичарите дека ќе се направат многу работи, но како што знаете СДСМ тука владее многу долго. Нема капитални инвестиции, на ова место позади мене требаше да има десетици странски инвестиции, бидејќи сите ветуваа голема индустриска зона, изјави потпретседателот и носител на Изборната единица 2 Владо Мисјаловски при посета на индустриската зона Речица во општина Куманово.Мисајловски нагласи дека на граѓаните на општина Куманово им се потребни проекти и странски инвестиции за поголеми примања а не само сува реторикакако што тоа го правеше СДСМ изминатиот период.Јас кога бев министер за транспорт овде се започна една постапка и се обезбедија средства за индустриска зона да се испроектира бидејќи без тоа не може. Но , гледам дека ништо од после тоа не е направено. Ако сакаме граѓаните на Куманово да останат тука во Куманово да работата и да имаат добри примања нас ни се потребни странски инвестиции, а не само сува реторика.  СДСМ тоа постојано го прави, со нивните ветувања дека ќе направат живот за сите дека навистина ќе има многу проекти, но реалноста е сосема друга. Реалноста е ова позади мене што го гледате, реалноста е дека нема странска инвестиција, рече Мисајловски.Куманово е најголем град после Скопје каде што нема доволно инфраструктура, каде што нема доволно проекти, нема доволно работни места. Затоа ВМРО-ДПМНЕ тргна на терен да разговара со граѓаните со позитивна кампања преку нашата програма Обнова за Македонија секој еден граѓанин да се пронајде, вели носителот на изборна единица 2 Мисајловски.видео: ВМРО ДПМНЕ

пред 5 години

12042020_PVRSM_Spasovski_chestitka_Veligden

Спасовски, заедно со голем број светски лидери, е потписник на отвореното писмо „Повик за одбрана на демократијата“ во услови на пандемијата со КОВИД-19

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Оливер Спасовски е потписник на отвореното писмо „Повик за одбрана на демократијата“ – отворено писмо иницирано од меѓународни продемократски организации, Меѓународниот институт за демократија и изборна помош (IIDEA/МИДИП) и поддржано од Фондацијата за демократија на Вестминстер зад кое со поддршка застанаа уште 63 организации од светот, а писмото го потпишаа голем број активни и поранешни политички лидери, шефови на држави и влади, како и останати политички и граѓански лидери ширум светот, вклучувајќи 13 нобеловци.Писмото има за цел да ја подигне свеста и да ги мобилизира граѓаните и носителите на политики да ја заштитат демократијата во услови на пандемијата со КОВИД-19, во кое се истакнува дека справувањето со оваа глобална криза не смее да се спроведува на сметка на човековите права на сите граѓани, особено малцинствата и ранливите групи.„Постоечката пандемија претставува сериозен глобален предизвик и за демократијата и таа не смее да биде заобиколена или под закана и луѓето што се грижат за неа мора да смогнат волја, дисциплина и солидарност во нејзина одбрана. Во прашање е слободата, здравјето и достоинството на луѓето насекаде“, се вели во отвореното писмо „Повик за одбрана на демократијата“ – отворено писмо иницирано од меѓународни продемократски организации, Меѓународниот институт за демократија и изборна помош (IIDEA/МИДИП) и поддржано од Фондацијата за демократија на Вестминстер, што го потпиша претседателот на Владата на Република Северна Македонија Оливер Спасовски заедно со голем број организации од светот, и активни и поранешни политички и граѓански лидери.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

mickoski-8

Мицкоски: Споредбите во спотовите на Заев со Бранко и Бучковски се полн погодок, Заев припаѓа на тоа минато, во лагите немаат мера

Денес гледам дека и власта ја прифаќа обновата како термин, и тоа е добро, мене тоа ме радува, иако тоа не ги амнестира од одговорност за разрушувањето кои и го направија на Македонија., напиша на својот ФБ профил претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Тој додава:Воедно морам да прокоментирам дека меѓу посетите на терен и средбите со граѓани погледав спот на власта каде што ги плашат луѓето дека ако не гласате за Заев ќе се врати времето на Бранко, со снимки од транзицијата и извадоци на весници од тоа време. И додека тие се споредуваат со времето пред 5 години, па и со Љубчо или она време на Бранко, сакам да порачам дека ова е ВМРО кое ги надраснува нивните престави за политиката. Ова е ВМРО кое ќе покаже дека научило од грешките и дека знае да ја цени довербата, а спотовите каде Заев се споредува со Бучковски се полн погодок, затоа што тоа се споредби со минатото каде Заев и тие околу него припаѓаат, во тоа транзициско друштво, во тоа минато. А, на народот тоа што вистински му треба е обнова, обнова на достоинството, враќање на гордоста и повеќе пари.Ние тоа ќе го донесеме. ВМРО-ДПМНЕ нема да живее во минатото туку ќе работиме и заедно ќе создаваме за иднината. Македонија ќе ја исправиме и кренеме над сите порази, неправди и предизвици.И сосема на крај, и во лагите требаат да имаат мера. Гледам велат над 90 проценти исполниле од нивната програма. Нема да навлегувам дека програма на овие избори од СДСМ не видовме, ама ако навистина се 90 проценти, тогаш требаше да имаме 500 евра просечна плата, 90 проценти од 500-те километри автопат кои ги ветија да бидат готови, за 90 проценти да имаме почист воздух, докторите да имаат близу 100 илјади плата, за 90 проценти да се подобри во испорачувањето на правдата и борбата против корупцијата. Имаат ли овие луѓе срам, напиша Мицкоски на ФБ.https://www.facebook.com/829371753904952/posts/1588485794660207/ 

пред 5 години

culev

(Видео) Чулев: Поднесена е кривична пријава против директорот на „Еурокомпозит“

Техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, изјави дека е поднесена кривична пријава против генералниот директор на „Еурокомпозит“ и неговиот стручен соработник од Прилеп, поради злоупотреба на службената положба.„Тие со намера да извлечат пари од сметката на фирмата, без консултација со службите во правното лице и одборот на директори пристапиле кон наводна реализација на договор во вредност од 1.725.000 евра за испорака на 15.000 рударски шлемови за фирма во Гана и по цена повеќекратно повисока од реалната. Конкретниот договор за извршување на услугите не е евидентиран во архивата на претпријатието и целосната коресподенција се одвивала преку приватните е-адреси на одговорните лица во претпријатието. Со ова тие нанеле штета на буџетот на претпријатието за повеќе од 3 милиони денари“, истакна Чулев.Kривична пријава e поднесена и против три лица, и тоа раководителот на ЈП „Македонски шуми“ ПШС „Црн Бор“ Прилеп, К.Б и двајца референти Р.Л И К.М. „Тие со пречекорување на границите на своите службени овластувања, односно со неизвршување на својата службена должности и со пропуштање на должен надзор овоможиле извоз на 157 метри кубни огревни дрва – прва класа, а издале испратници спротивно на договорот за купопродажба на огревни држа, како остатоци во сеча – отпад со што нанеле штета во буџетот на јавното претпријатие“, додаде Чулев.Справувањето со криминалот и корупцијата е во фокусот на Министерството за внатрешни работи и во таа насока и во иднина ќе бидат преземени мерки за целосно и неселективно спроведување на законот и казнување на сите оние кои со своите активности ја прекршиле законската регулатива, заклучи Чулев.

Македонија | пред 5 години

15_Korpus

(ФОТО) Финишира првата фаза од реконструкцијата на улица „15-ти Корпус“ во Охрид

Деновиве финишираат градежните активности од првата фаза за реконструкција на улицата „15-ти Корпус“.Во текот на вчерашниот ден завршија активностите за поставување на првиот асфалтен слој на коловозот, на потегот од крстосницата со улица „Железничка“ до мостот на реката „Сушица“.Претходно, во рамки на овој потег се изврши поставување на нова атмосферска канализација и се вршеше уредување на пашачките и велосипедските патеки од двете страни на улицата.Втората фаза за реконструкција на оваа улица, на потегот до влезот на село Лескоец е веќе започната, со изградбата на три потпорни ѕидови. Според планираното, во текот на наредната седмица ќе започне и поставувањето на атмосферската канализација на овој потег.Вкупната должина на улицата „15-ти Корпус“ е 1900 метри.  За овој проект се предвидени 58 милиони денари. Од нив 30 милиони денари се обезбедени од буџетот на Општина Охрид, а 28 милиони денари од ЈП „Државни Патишта“.фото: Општина Охрид

Македонија | пред 5 години

pozarnikari

(ВИДЕО) По градоначалникот во Будва се апсат и пожарникари

Припадници на Посебната единица на полицијата ја блокираа Службата за заштита и спасување во Будва, при што уапсени се седум пожарникари, пренесе „Вијести“.Припадниците на Посебната единица ја напуштиле станицата на Службата за заштита и спасување, а во просториите останале полициски инспектори кои продолжиле со увидот.Како што пренесува ТВЦГ, уапсени се седуммина пожарникари припадници на Службата за заштита и спасување во тој град, поради сомневање дека се дел од криминална група.Повикувајќи се на свои сознанија, црногорскиот јавен сервис пренесува дека началникот на таа служба, Драган Божовиќ, вчера бил уапсен, по налог на Специјалното државно обвинителство и му е одреден притвор од 72 часа.Полицијата во Будва вчера повторно ги уапси градоначалникот Марко Царевиќ и претседателот на општинското собрание, Крсто Радовиќ. фото: PV Informer 

Скопје | пред 5 години

kekenoski

(ВИДЕО) Кекеноски: „Бомбите“ укажуват на еден поразителен факт, а тоа е дека снимањето не престанало

„Од оној момент кога ние цврство склучивме коалиција сме спремни за избори. Бевме подготвени и на 12 ти април, а подготвени сме и сега од причина што имаме сериозна програма и сметаме дека конечно е дојдено време после 29 - 30 години овој народ да ја одбери вистинската опција, бидејќи ги видовме и едните и другите. Ако едните беа арамии другите сега се во улога на крадци. Ако едните се манипулатори, другите се магионичари кои се ветуваат. Се што кажаа се излажаа и едните и другите“, вели за Охрид 1 претседателот на Движењето Фронт за обнова на Македонија ФроДеМ  и дел од коалицијата „Никогаш Северна само Македонија“, про. д-р Јове Кекеноски.Кекеноски додава:„Сметаме дека конечно Република Македонија треба да добие народни пратеници кои нема да зависат од директивата на политичките лидери нема да бидат ориентирани исклучиво на тесно партиските потреби и барања и интереси, туку да работат во интерес на граѓаните на Р Македонија“.За бомбите кои зачестено беа пуштани и од опозицијата, но и од власта, професото Кекеноски вели:„Самот факт што бомбите се злоупотребуваат како од една така и од друга страна укажува дека оваа кампања ќе биде најнегативна и ќе имаме најнечисти избори. Ова укажува на друг поразителен факт кој укажува дека снимањето не престанало иако се донесе закон, иако сите ветија дека нема да има прислушувања, очигледно е дека она што го практикуваше Груевски продолжи да го практикува и СДСМ. Но ова укажува дека има нечесни политичари и кои во политичкиот конкурент гледаат непријател“.За изборите во пандемија, но и за тоа што очекува коалицијата од изборната трка, Кекеноски вели:„Приоритет на сите ни е здравјето на граѓаните, за разлика од другите кои манупулираат со здравјето на граѓаните, и само ќе потсетам дека едните манупулираа дека се грижат за здравјето, а се беше само да се испазарат за 10 дена, дали ќе се одржат или да не се одржат изборите што укажува дека приорит им биле партиски комбинаторики. Морам да потсетам дека ФРОДЕМ и коалицијата „Никогаш северна само Македонија“ уште пред месец дена предложи изборите да се одржат во три до пет дена, се со цел да се заштити здравјето на граѓаните, избирачите но и на членовите на избирачките одбори и тоа е добро што го прифатија во оваа техничка Влада, но не беа коректни да кажат дека тоа е наша идеја, наш предлог. Инаку факт е дека граѓаните конечно да расчистиме и со едните и со другите. Ние мора сериозно да се справиме со корупцијата на судството и криминалот. Не е можно да помине неказнет целиот арамилак, кој сега гледаме дека им служел за партиски цели. Судиите за жал само го преоблекоја дрсот од едните на другите. На не зборувам за бројчаникот кој беше ветен дека ќе врти, но очигледно тој врти во во џебовите на овие кои сега се на власт.На овие луѓе не им требаат луѓе кои ќе грабаат од народот, туку такви кои ќе им овозможат на овој чесен народ да си заработи и не да бидеме на последната скала на сиромаштија. Ќе работиме и на економски план, на привлекување на инвестиции, на прочистување на судството. Ќе се обидеме и на сите можни правни начини да го вратиме нашето вековно уставно име, да се обидеме да го корегираме, па дури и поништиме Преспанскиот договор  бидејќи ги пречекорува границите на виенската декларација за договорно право, што укажува дека некој за реализација на свои цели, запоставувајќи го националниот интерес и достоинство не доведе до ваква ситуација каква што се наоѓаме сега. Ние не велиме дека не сакаме во евроатланска интеграција. Ние можевме да влеземе и во ЕУ и НАТО, но да влезевме исправени како вистински граѓани, а не подгрбавени со свиткана кичма и дезориетирани“, вели Кекеноски.За идејата на Ахмети дека е време во Македонија премиер да биде албанец, Кекеноски вели:„Ние сите овие години ја слушаме ДУИ и мислиме дека конечно е дојдено време да се расчисти со ДУИ и со сите луѓе кои изминативе 20 тина години се на Власт и кои направија голема штата на Р Македонија и на економски и на криминален план. Јас не видов никој од ДУИ да е осуден за некое кривично дело. Јас немам против ни против албанците, ни ромите ни власите, ни египќаните, ни против турците, но чинам дека во оваа држава премиерот не можеме да го бараме по етнички клуч или по различни ставови на одредена етничка групација. На оваа држава и е потребен премиер кој пред се има знааење кој е чесен. На оваа држава и е потребен премиер кој пред се ќе си ја почитува сопствената држава и припадноста дека е македонец во Р Македонија.  Од друга страна пак ни дава сомнеж дека ова е договорено кога се потпишуваше тиранската платформа. Знаеме дека ова палатформа беше договорена помеѓу ДУИ  и бегалецот од Будимпешта, но Заев се обиде да испадне поербап, па ја прошири таа Тиранска платформа. не би ме чудело ништо во позадината на тие договори да има нешто што претседателот на СДСМ им ветил нешто за иднина. Оваа желба едноставно не треба да се реализира. Добро е што албанците се свесни затоа што нас не ни треба човек кој приоритет ќе има на етничката припадност, туку човек чиј приоритет ќе бидат граѓаните и државните интереси Р. Македонија“, вели Кекеноски.https://www.facebook.com/ohrid1/videos/708296216402014/ 

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања