Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

IMG_5612

Филипче: Со е-рецепт и укинувањето на квотите за лекови во аптеките овозможен е брз и ефикасен пристап на пациентите до терапија во секое време

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција одржана со Министерот за информатичко општество и администарција Дамјан Манчевски на тема електронски рецепти истакна дека проектот за електронско издавање рецепти е почнат уште пред кризата со КОВИД-19 вирусот, а со цел да се избегне непотребното доаѓање на пациентите, пред се на пациентите со хронична болест и кај матичниот лекар и во аптеките.„Ова се покажа дека е еден одличен модел и проект, и токму кризата го докажа тоа, заради тоа што тие категории граѓани и пациенти коишто најмногу сакаме да ги заштитиме во оваа ситуација- пациентите со хронични болести, сега го избегнуваат непотребното одење во лекарските амбуланти. Со оваа алатка се модернизираше процесот на препишување и издавање лекови, без хартија, односно преку електронски рецепт и тоа е нешто што ја олеснува целокупната постапка за издавање на рецептите за пациентите, а од што придобивка имаат не само пациентите, туку и матичните лекари и аптеките, фармацевтите, и секако Фондот за здравствено осигурување“, рече министерот Филипче.Тој потенцираше дека пациентите добиваат ефикасен пристап до лекови. Матичните лекари веќе не се преоптоварени со дополнителна работа, а тоа е пополнување на хартиениот рецепт, туку софтверскиот рецепт е директно достапен во аптеките, а во исто време Фондот за здравствено осигурување има информација за тоа кој матичен лекар, за кој пациент какви лекови препишува.„Системот досега се покажа како успешен, од први мај досега преку овој систем се креирани над три милиони рецепти за хронична, акутна терапија. Воведувањето на електронскиот начин на издавање рецепти е практично надополнување на активностите за целосна достапност до терапиите и лековите за пациентите и граѓаните, која почна минатата година во октомври кога целосно ги укинавме квотите за лекови на рецепт во аптеките ширум државата. Со тоа обезбедивме лекови за сите пациенти, за сите наши граѓани кои имаат потреба од тоа да имаат лек во кој било ден од месецот, се избегнаа гужвите, редиците, се избегна паниката. Таа веќе не постои кај граѓаните и со тоа постигнавме една од нашите цели, преку вистински здравствени политики да го зајакнеме овој сегмент од јавноздравствениот систем“, информираше министерот Филипче.На прес-конференцијата, тој изјави дека сите мерки и проекти кои се реализираат за подобрување на животот и здравјето на пациентите, но и модернизација, односно дигитализација во здравството имаат за цел подобрени, современи здравствени услуги за граѓаните, унапредување на условите и оптимизирање на работата на здравствените работници.

Македонија | пред 5 години

Ohrid-1

(ФОТО) Објавен списокот со на македонски државјани кои одбиле да примат решение за самоизолација, еве кои се...

Државниот санитарен и здравствен инспекторат го објави списокот од 138 македонски државјани кои одбија да ги примат решенијата за самоизолација. Списокот е објавен во пишаните медиуми во Македониjа.Од 138 граѓани, 104 се од Скопје и од приградските населени места.

Македонија | пред 5 години

pistol_001

Жител на Арачиново обвинет за убиство на сопругата

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривичните дела – Убиство од член 123 став 2 точка 2 и Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик.Обвинетиот 39-годишник, на 29 април, во семејниот дом во селото Арачиново, при вршење семејно насилство, со умисла ја лишил од живот неговата сопруга. Тие откако се вратиле од прошетка и влегле во нивната соба, започнале вербална расправија заради брачни недоразбирања. Во еден момент, обвинетиот се упатил кон подрумските простории во куќата каде што неовластено држел огнено оружје – пиштол марка „Pietro Beretta MOD.70” со калибар 7,65 мм. Пиштолот го ставил во џебот од јакната и се вратил во собата каде што била оштетената. Двајцата сопружници продолжиле да се расправаат, а обвинетиот го извадил пиштолот, го вперил кон оштетената со закана дека ќе ја убие и испукал еден куршум во задната страна на главата. Од повредите дошло до пореметување на работата на важни витални центри и настапил смртен исход кај оштетената.Јавниот обвинител до Судот достави и предлог со кој, заради опасност од бегство и можност да влијае врз сведоците, побара да биде продолжен претходно определениот притвор за обвинетиот.Фото: Архива ​

Македонија | пред 5 години

janusev-2

Јанушев: Со обновата предвидовме над 100 милиони евра поддршка за земјоделците годишно

Во посета на Штип денеска беше носителот на изборната единица 3, Игор Јанушев каде кажа дека луѓето се уморни од сите сивила што ги донесе СДСМ и се подготвени за промена и потенцираше дека граѓаните добро ја препознаат понудата на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“.„Она што го гледаме огромната поддршка од народот која што ја добиваме во пресрет на изборите . Луѓето едноставно се уморни доста и е од сите сивила од сите мочуришта во кој што не внесоа СДСМ и Зоран Заев. Она што исто така можев да го видам од разговорот на луѓето е дека веќе ги препознаваат понудата и проектите која што ја имаме дадено кон нив. Имавме интересни разговори пред се во однос на земјоделието. едноставно граѓаните се желни за примени бидејќи знаат дека само со ВМРО-ДПМНЕ државата може да оди напред“, истакна Јанушев.Јанушев како носител на изборната единица 3 на ВМРО-ДПМНЕ додаде дека ветувањата дадени пред земјоделците ќе бидат исполнети и дека земјоделците се ставени во фокусот на програмата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За Обнова за Македонија“.„Она што ние го ветивме пред земјоделците е континуирано најмалку 100 милиони евра субвенции поддршка  за нив но и многу други проекти кои што ќе овозможат пред се подобро искористување на ИПАРД фондовите, но исто така помош при маркетингот на нивните производи. Но она што е најбитно и она што е најкруцијално за сите земјоделци е впрочем навремената исплата на субвенциите а тоа ние како ВМРО ДПМНЕ го ветуваме и тоа за нас ќе биде завет, тоа за нас ќе биде аманет за да можеме да го направиме во следниот 4 годишен период“, рече Јанушев.Дополнително Јанушев додаде дека планирано е завршување на сите проекти воедно и инфраструктурни како патишта и слично кои беа запоставени од СДСМ. Носителот на изборна единица 3, Јанушев дополни дека во фокусот на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде секој граѓанин без исклучок.„Но она исто така што е многу битно е за градот Штип поврзувањето и конечно завршувањето на експресните односно патиштата кои што го поврзуваат Штип, дали е тоа со Кочани дали е тоа со останатите градови кои што во целиот овој период и повеќе години буквално ништо не направија“, истакна Јанушев.„Знаете дека е таква ситуацијата и со Клиничката болница. Овде сме ќе бидеме со граѓаните бевме во целиот овој период од 2 ипол – 3 години со граѓаните и понатака ќе бидеме со граѓаните и ќе работиме за доброто на сите. Буквално битен ни е секој еден човек. И во следните 4 години ќе се потрудиме ниту еден човек да не биде заборавен и буквално секој еден граѓанин да биде приоритет“, нагласи Јанушев.видео: ВМРО ДПМНЕ

пред 5 години

stoilkovski-2

Стоилковски:Заканите по живот се мафијашка порака од Заев?

Дали ова зад мене е централата од каде што се упатуваат повици со закани за ликвидација на Боки 13. Пред само неколку дена тој кажа дека парите од Рекет завршиле кај Зоран и Вице Заеви, пораки во време додека тој дава исказ пред  Јавен обвинител и поднесува кривична пријава?Заканите кон Боки 13  една недела откако тој на суд, пред целата јавност кажа дека милионите од Рекет завршиле кај браќата Заеви, се мафијашки пораки на Заев до Боки 13, истакна на денешната прес конференција Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Боки 13 е човекот кој што сите го видоа како ја носи чантата Луј Витон полна со рекетирани милиони, и самиот тој кажа дека токму тие милиони завршиле кај Зоран и кај Вице Заеви.Затоа ли исказот на Боки 13 наместо да заврши веднаш и да се започне со постапка, завршувањето на неговиот исказ е закажан за 3 јули, односно после цела недела откако се упатени заканите.Се остава ли простор, за дополнителни закани, за упатување на пораки, правно кажано за влијание врз пријавувачот среде исказ за да се предомисли и да ги сокрие вистините, за кој што тој одлучил да зборува?!Се остава ли простор повторно да се сокрие вистината, кој стои зад Рекет и кои се нарачателите на најголемиот скандал во Македонија, за кој што веќе има правосилна пресуда за извршителите?!Никој веќе не верува дека шоуменот Боки 13 е креатор, творец и извршител на милионски рекет. И дека зад тоа нема политички силни фигури, со злоупотреба на државни институции и функции.Уште што треба да се случи за Русковска и Јовевски да се симнат од скутот на Зоран Заев?Ова е грдата слика за мафијашкото милје во земјава на чие чело се наоѓа врхушката на власт, која што ја има заробено Македонија повеќе од 3 години.Македонија повеќе не може да прави компромиси со криминалот, рекетарските здруженија и мафијашките кланови на забеганото СДСМ.СДСМ покажа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето на кичма. Исправи се Македонија! Одбери обнова, истакна на денешната прес конференција Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.видео: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 5 години

Patokazi-ohrid

(ФОТО) Патоказни табли за природните, културните и историските знаменитости поставени во Охрид

Во соработка со Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот, на повеќе локации на територијата на општина Охрид се поставија патоказни табли.Со информативни патоказните табли се означија неколку локации низ стариот дел на градот, како и централното подрачје. Целта на ваквата акција е полесно пронаоѓање на знаменитостите во градот. фото: Општина Охрид

Македонија | пред 5 години

pateka

(ФОТО) Градоначалникот Георгиески со претставници  од Амбасадата на Швајцарија ги разгледаа пешачко рекреативните патеки

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески заедно со претставници  од Амбасадата на Швајцарија  и од Центарот за развој на Југозападниот плански регион,    беше на разглед на пешачко рекреативната патека  којашто води од  Саат кулата до Горна Порта во стариот дел на градов.За уредување на патеката беа обезбедени финасиски средства  преку проектот ” Уредување на атрактивни зони и патеки во Југозападниот плански регион”, во рамки на проектот “Одржлив инклузивен рамномерен регионален развој”,  од страна на Швајцарската агенција за развој, Министерството за локална самоуправа и Општина Охрид.Должината на патеката е 275 метри, со крак од 114 метри. Патеката е изградена од природни материјали, а долж истата се поставени и 24 автентични канделабри.Уредувањето на ова патека придонесува кон зголемување на атрактивните места во Југозападниот плански регион. Посетителите можат да нарпават рута по која од централниот дел на двата рида ќе излезат на источната страна, со што  се зголемува  видливоста на долниот дел од стариот град и на подградието на Охрид.фото: Општина Охрид

Македонија | пред 5 години

08062020_MZ_Filipche_PKZB_Karadzovski_DCJV_Ziberi_pres-konferencija-3

Филипче очекува летово намалување на бројот на заразени, но наесен бројот може повторно да се зголеми

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција истакна дека за време на летниве месеци бројот на заразени со КОВИД 19 да се намали, но предупредува дека потоа ќе следува есента, кога бројот повторно може да се зголеми.„Пред нас имаме летни месеци. Во изминатите 5-6 дена факторот на пренесување е под единица и се надевам дека така и ќе остане и во следниот период и врз основа на тоа ќе видиме и намалување на бројот на пациенти. Ова го кажувам со резерва. Но потоа доаѓаат есенските месеци, луѓето ќе почнат повеќе од времето да го минуваат во затворено, школите ќе почнат со работа и тоа се сериозни ризик фактори, и тоа може да биде многу посериозен предизвик за нашиот здравствен систем од сега, рече Филипче.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

bocvarski

Бочварски: Водата за пиење во Штип е безбедна и покрај инцидентот на Брегалница

Водата во Штип е безбедна за пиење, изјави градоначалникот на општина Штип, Благој Бочварски, кој заедно со заменик-министерот за локална самоуправа и просторно планирање, Јани Макрадули, беа на увид по течението на реката Брегалница, која пред три дена побеле откако во неа се излеа течност од фабрика во ТИРЗ-зоната. Исто така, материјата што истекла не предизвикала оштетувања на животинскиот и растителниот свет.„Јас сум на страната на правдата и мора оваа работа да ја истераме до крај со цел да излезе вистината на виделина. За среќа, бунарите на општина Штип за вода за пиење се безбедни бидејќи се на повисоко ниво и не се допрени од страна на таа материја. Во наредните денови ќе се вршат анализи на водата за пиење од чистата вода што е излезена од филтер-станицата во Штип и секако сировата вода којашто е пред влезот во филтер-станицата и од водата во градскиот водовод“,  истакна градоначалникот Бочварски.Тој кажа дека анализите на Центарот за јавно здравје и ЈП „Исар“ покажале дека водата е со ист квалитет.„Тоа е добрата вест којашто сакаме да ја знаат граѓаните. Дополнително, материјата што е истечена е само транзитно помината низ реката и првите анализи покажаа дека нема никакви оштетувања на животинскиот и растителниот свет“, истакна Бочварски.За потсетување пред три дена Брегалница доби невообичаена бела боја. Беше утврдено дека реката ја загадила фирма добавувач во ТИРЗ-зоната во Штип.фото: ФБ Благој Бочварски

Македонија | пред 5 години

vlado-misajlovski

Мисајловски на средба со пензионерите: Обновата на Македонија ќе донесе за 20 проценти повисоки пензии за пензионерите

Носителот на изборна единица 2 и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски денес оствари седба со пензионерите од општина Бутел, каде што истакна дека во изборната програма Обнова за Македонија е предвидено зголемување на пензиите.ВМРО-ДПМНЕ отсекогаш се грижело за пензионерите, секогаш биле приоритет и се надевам дека со новата програма „Обнова за Македонија“ набрзо тоа ќе го почувствуваат со зголемување на вашите пензии, вели Мисајловски.Мисајловски ја побара поддршката од пензионерите повикувајќи ги да излезат и да дадат поддршка за ВМРО-ДПМНЕ и обновата на Македонија, за заедно да ја променат оваа власт.Сакам да ве замолам сите вас да излезите на 15 јули и да ни дадете поддршка. Да издржиме и да ја промениме оваа власт, бидејќи спротивно нема да се зголемат пензиите, нема да се даваат оние субвенции кои што се давале претходно. Во нашата програма посебно како целна група се предвидени проекти за вас пензионерите. Но, јас не ве гледам само како пензионери, туку како луѓе кои што можете да ни дадете шанса за ние помладите да работиме за вас.фото: Архива

пред 5 години

divonaselje2

Агенцијата за разузнавање тврди дека има нови сознанија за „Диво Насеље“

Имаме нови сознанија за кумановските настани од 2015 година и деновиве треба да имаме средба со Јавното обвинителство да видиме како може да помогнеме за целосно расветлување на случајот, вели за Радио Слободна Европа директорот на Агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу.Сите тајни за „Диво Насеље“ не се закопани со смртта на водачите на кумановската група Бег Ризај и Мирсад Ндрецај. Агенцијата за разузнавање има нови сознанија, а обемна анализа за настанот е предадена во Јавното обвинителство, вели директорот на Агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу во интервју за Радио Слободна Европа, кое во целост ќе се емитуваме в недела. Тој најавува дека Агенцијата претходно била неискрена со Јавното обвинителство и оти наскоро треба да има средба со обвинителите да видат како ќе може да помогнат во расветлувањето на случајот.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

image-26-06-20-12-30

Петкоска: Посебен фокус ќе ставиме на олеснување на процедурите за микро-бизнисите и малите и средни претпријатија

Цврстата определба да ја исправиме македонската економија која освен од власта беше погодена и од пандемијата е нашиот врвен приоритет! Силна економија не може да се замисли без заедничка соработка и силно партнерство помеѓу државата и бизнис-заедницата и поддршка на истата преку креирање на поволни услови за водење бизнис, истакна на денешната прес-конференција на Лидија Петкоска, кандидат за пратеник во ИЕ5.За таа цел, се обврзуваме најпрвин да го подобриме правниот систем, за да ги намалиме правните бариери – непотребните закони, бројните правила и процедури, како и големиот број парафискални давачки кои го ограничуваат бизнисот и истовремено ги зголемуваат трошоците.Дополнително се обврзуваме да ја зголемиме транспарентноста во постапките и да ги намалиме процедурите за добивање на разни лиценци кои ги издаваат државните институции.Посебен фокус ќе биде ставен на олеснување на процедурите за микро-бизнисите и малите и средни претпријатија, за што ќе биде изработен и бесплатно промовиран каталог на економски закони кои се важни за нивното работење.Зголемувајќи ја флексибилноста на пазарот на труд ќе ја унапредиме ефикасноста на претпријатијата, што ќе значи зголемена сатисфакција кај вработените, посебно кај новите родители и вработените кои се стремат кон доедукација и доусовршување.Работодавците ќе добијат можност за пробно ангажирање на нововработени со цел да оценат дали се соодветни за понуденото работно место, а ќе ја разгледаме и можноста за ангажирање за сезонска работа за средношколци и пензионери. На тој начин ќе се намали недостатокот на работна сила, а ќе се зголемат можностите за дополнување на семејните буџети.Младите ќе ги развијат работните навики, одговорноста, етиката и моралот, а работоспособните пензионери ќе го продолжат работниот век без да ги загубат своите пензии.Новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ се обврзува за континуирани реформи за подобрување на бизнис-климата во согласност со препораките на Светска банка, со што ќе го вратиме имиџот кај странските инвеститори кои на нашата земја ќе гледаат како на следна дестинација за бизнис-инвестиција и отворање на нови работни места.15-ти јули е блиску, а изборот никогаш полесен!14 за силен и конкурентен бизнис-сектор!14 за силна и стабилна економија!14 за ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија!14 за обнова на Охрид и Македонија, истакна на денешната прес-конференција на Лидија Петкоска, кандидат за пратеник во ИЕ5.фото: ВМРО ДПМНЕ 

пред 5 години

centa-za-javno-zdravje

Разрешен Зибери, на негово место назначен д-р. Александар Стојанов

Министерството за здравство информира дека е разрешен ВД Директорот на Центарот за јавно здравје Скопје, д-р. Арбен Зибери. Зибери е разрешен заради пласирање на неточни изјави во јавноста со што директно наштети на угледот на членовите на Комисијата за заразни болести, доведувајќи го во прашање кредибилитетот на здравствените институции во борбата со коронавирусот.Министерството информира дека д-р. Александар Стојанов, епидемиолог од Центарот за јавно здравје е назначен за нов ВД директор на Центарот.фото: ednomagazine.org 

Македонија | пред 5 години

durlovski-1

Дурловски: „Обновата на Македонија“ ќе донесе многу проекти кои ќе бидат силен импулс во културниот и туристичкиот развој на Битола

Носителот на изборна единица 5, Игор Дурловски даде изјава од центарот на градот Битола при што посочи дека со „Обновата на Македонија“ ќе се донесат многу проекти кои ќе бидат силен импулс во културниот и туристичкиот развој на Битола.„Битола е град музеј на отворено. Динамичен и жив сведок на силниот дух и моќта на македонската, културна и уметничка традиција. Затоа „Обновата на Македонија“ ќе донесе многу проекти кои ќе бидат силен импулс во културниот и туристичкиот развој на Битола“, истакна Дурловски.Дурловски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ се обврзува дека ќе го обнови сјајот на богатата градска архитектура на Битола со конзервација и реставрација на сите фасади на објектите кои што се заштитено културно наследство во целата Општина.„Овој проект ќе се надоврзе на веќе извршената обнова на фасадите на 50-тина објекти на Широк сокак, кои беа реализирани во 2017-та година и ќе овозможи и останатите сегменти на централното градско јадро да му парираат на Широк сокак со богатствата на своите објекти. Без културна интеракција со минатото нема иднина. Обновата доаѓа“, порача Дурловски од Битола.

пред 5 години

Нема фотографија

Српски државјанин обвинет за тешки дела против безбедноста во сообраќајот​

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен предлог против еден државјанин на Република Србија за кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 4 во врска со член 297 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Обвинетиот на 18 јуни, како учесник во сообраќајот на јавните патишта, не се придржувал кон прописите и со тоа го загрозил јавниот сообраќај и го довел во опасност животот на луѓето. Имено, на критичниот ден тој управувал со товарно моторно возило – влекач марка „Мерцедес Бенз/Акрос“ и приколка „Кассбохрер“ натоварена со четири моторни возила, сопственост на фирма од Р.Србија. Тој се движел по крајната лева сообраќајна лента на булеварот „Киро Глигоров“ и пристигнал на крстосницата со улицата „Индустриска“. Тогаш навлегол свртувајќи лево кон „Индустриска“ без да го почитува првенството на минување на возилата кои доаѓале по булеварот „Киро Глигоров“, иако бил свесен дека поради таквиот начин на управување може да настапи штетна последица.Во тој момент во задниот десен дел од товарното возило и предниот десен дел од приколката бил удрен од моторцикл марка „Кавасаки Z-750“, управуван од лице од Скопје, кој се движел по крајната десна сообраќајна лента на булеварот „Киро Глигоров“, од спротивна насока. Од повредите здобиени во несреќата, возачот на моторциклот починал.Надлежниот јавен обвинител до Судот достави и предлог за определување мерка притвор за обвинетото лице, кое по несреќата привремено беше сместено во Центарот за странци – Прифатен центар Скопје.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Филипче се сретна со новиот реис на ИВЗ - Неопходно е обединување во борбата со коронавирусот

Министерот за здравство Доц д-р. Венко Филипче смета дека е од огромно значење сите општествени чинители активно да се вклучат и да го искористат своето влијание во заедницата во борбата со коронавирусот. Во таа насока, Министерството за здравство иницира заедничка средба на претставниците на владата, невладините организации и верските заедници.„Борбата со вирусот ќе трае, но ние мора да научиме да живееме со него и да се заштитиме. Сметам дека е од огромно значење сите општествени чинители активно да се вклучат, да го искористат своето влијание во зедницата во подигнување на свеста за коронавирусот и потребата од почитување на мерките за лична заштита. За ова е неопходен дијалог на сите општествени нивоа. За оваа цел, Министерството за здравство иницира заедничка средба на претставниците на владата, невладините организации и верските заедници на која ќе ги дефинираме начините за активно вклучување на сите и обединување во борбата со вирусот.„- вели ФилипчеВо контекст на ова, утрово Министерот Филипче оствари и средба со новиот реис на ИВЗ, Шаќир Фетаху.„Фетаху во целост се согласува со ова и ја поздравува иницијативата. Тој посочи дека ќе продолжи да дава максимална поддршка и свој личен придонес во напорите на институциите кои се справуваат со корона кризата во земјата.“- рече Филипче.фото: МЗ

Македонија | пред 5 години

tick-482613_1280

Колку се опасни крлежите и какви проблеми можат да предизвикаат?

Крлежите од родот Ixodes  се преносители на бактерија Borellia burgdorferi причинител на Лајмска болест попозната како борелиоза. Заболувањето го добило името по градот Лајм (Lyme), САД, каде за првпат е откриен голем број случаи со борелиоза. Крлеж кој не е инфициран со бактеријата не може да ја предизвика болеста, а во зависноста од регионот 10-50% од крлежите се инфицирани и потенцијални причинители на Лајмска болест. Глодарите, птиците, кучињата ги прошируваат крлежите во природата.Пред каснувањето, крлежот преку плунка го анестезира местото и убодот е безболен и без оток. Доколку крлежот се извади во првите 24 часа, можноста за појава на инфекција е помала, но пред да се отстрани не треба да се ставаат никакви хемиски средства (алкохол, бензин, ацетон). Вадењето на крлежот треба да се направи во здравствена институција од страна на стручно лице.Најкритичниот период од годината за каснување од крлеж се месеците од мај до септември. Во тој дел од годината, кога се оди во природа, треба да се избегнуваат високи треви, ливади, шуми, да се носи светла облека што ги покрива рацете и нозете или во спротивно да се користат средства против инсекти. Исто така, препорачливо е после престојување во природа да се изврши инспекција на кожата и облеката.Во случај на каснување и пренесување на бактеријата, првите симптоми на болеста се појавуваат една недела до месец дена после каснување од крлежот, а просечно време на инкубација е 7 дена. Прв симптом е црвенило околу местото на убодот кој се шири-еритема мигранс, проследено со температура, главоболка, мускулни и зглобни болки. Хроничната форма на Лајмска болест е мултисистемска болест, на периоди со и без температура и манифестации како артритис, неуритис кои траат со месеци и години.Лабораториско поставување на дијагноза е многу важно. Треба да се спроведе по секој сомнителен убод на крлеж. Во раниот стадиум се препорачува серолошка анализа за Лајмска болест, вклучувајќи и испитување на општите параметри на воспаление: седиментација и CRP.Докажувањето на специфични антитела се вршат со помош на имуноензимски тест (ELISA) и потврда со високо специфична метода -  Western blot, кои се достапни во секоја Synlab лабораторија.Доколку специфичните антитела се позитивни и се има податок за сомнителен убод, треба да се стартува со антибиотска терапија. Во повеќе од 95% заболените оздравуваат.Во светот постои и вакцина која се препорачува кај луѓе кои живеат  во ендемски подрачја и престојуваат подолго време на ливади и во шуми.извор: Element PR and Corporate Communication

Македонија | пред 5 години

arben-ziberi

Зибери: Филипче бурно реагираше за мојата изјава за границите, затоа што чичко ми е кандидат за премиер Албанец

Причината зошто така бурно министерот за здравство Венко Филипче реагираше на мој приватно објавен Фејсбук статус, е тоа што чичко ми Насер Зибери е кандидат за премиер Албанец, а не тоа што сум напишал дека границите се отвараат без тестови и без карантин, изјави за „Слободен печат” директорот на ЦЈЗ Скопје Арбен Зибери.Точно е тоа што Филипче го тврди, дека не сум член на Комисијата за заразни болести официјално. Но, многу пати сум присуствувал на нивните состаноци и сум придонесувал, а нашата институција има свои редовни претставници во Комисијата. Јас бев запрепастен. Не ја ни гледав прес конференцијата, туку новинарите почнаа да ми се јавуваат. А запрепастен сум, зашто ние толку професионално ја вршиме работата во Центарот за јавно здравје Скопје, до толку што министерот сам ме фалел. Многу непотребно влегоа во ова. А зошто да бидам разрешен? За приватен Фејсбук статус во кој што не сум изнел ниту една лага? Ова е смешно. Ова не е за границите, туку за чичко ми Насер, којшто е кандидат за премиер Албанец, значи, ова е политичка пресметка со чичко ми, врз мој грб. А инаку, со Филипче, имаме многу коректен однос, постојано соработуваме и си помагаме во работата, изјави Зибери.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Mak-Koncept-vo-Kumanovo

(ВИДЕО) Караванот на “Македонски концепт“ ги посети општините од втората изборна единица, Ѓорче Петров, Гази Баба и Куманово

Караванот на Македонски концепт вчера ги посети општините од втората изборна единица, Ѓорче Петров, Гази Баба и Куманово. Пред присутните се обратија носителот за ИЕ1 Петар Богојески и носителот за ИЕ2 Снежана Костадиноска-Милошеска.„Пораката која ја испраќаме е иста. Целта на овие посети е директна средба со граѓаните каде ќе ги пренесеме сите наши ставови и проектите од нашата програма. За Ѓорче Петров најзначајни ќе бидат проектот за обештетување на граѓани и проектот за потекло на имот на Политичари, бидејќи Ѓорче Петров е позната општина во која неколку политичари преку ноќ се збогатија и од пекари станаа милионери. Токму поради тоа за оваа општина добро ќе дојде нашиот проект за потеклото на имот на сите политичари во земјава. Би сакал да испратам една порака до нашата политичка конкуренција која започна со нечесна кампања, со злоупотреба на изјави од минатото, злопотреба на нашиот проект јазиците на Македонија и користењето на сите јазици во земјата . Потпишавме кодекс за фер демократски и европски, а ова што го гледаме е се само не се европски избори. Продолжија политичките закани врз нашите активисти. Продолжија навредите по социјалните мрежи и сетоа тоа организирано во партиите и продолжи негативната кампања која дополнително ќе се одрази за намалено излезност на овие избори. Апелирам под итно да престане ова однесување поготово на двата големи политички блокови во земјава“, истакна меѓу другото носителот за ИЕ1 Петар Богојески.„Ние како Македонски концепт ќе се бориме за порамномерен регионален празвој. Не е фер сите средства и сите активности да се одвиваат само во Скопје и само во Општина Центар, а останатото да биде пасивно И безнадежно. Ние мора да ја обновиме цела Македонија да се развива соодветно. Жано е општина Ѓорче Петров на само 7, 8 километи од центарот да биде општина која не го следи развојот од Центарската општина. Заради тоа мора да се фокусираме не вистинска децентрализација во Македонија“, истакна меѓу другото носителот за ИЕ2 Снежана Костадиноска-Милошеска.Богоевски од Куманово кажа дека овој град е со своја специфика, затоа што секога гласа за иста партија.„Секогаш гласаат за СДСМ, но секогаш исто се иселуваат од овој град. Време е граѓаните да поддржат единствено граѓански кандидати, време е да поддржат многу поинакво поведение во политиката и последна шанса е да превземеме се што можеме за да престане ова масовно иселување од сите градовви од Македонија. Куманово мора да препознае разлика и да го поддржи бројот 10, затоа што ова е последна шанса да смениме нешто во оваа наша држава и да живееме во нормална држава“, истакна меѓу другото Богојески од Куманово.Видео Македонски концепт

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ: Обнова на здравството со четири нови клинички центри, нова опрема и повисоки плати за медицинскиот персонал

Македонија ќе се исправи. ВМРО-ДПМНЕ ветува обнова на Македонија. Се обврзуваме на многу работа, труд и посветеност, со цел Македонија да стане модерна и просперитетна земја, рамо до рамо со земјите од ЕУ, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Здравството е еден од главните столбови на нашата програма.Ветуваме дека ќе работиме во насока на креирање на модерно здравство, со врвни и квалитетни услуги. Ќе инвестираме како во болници и апарати, така и во човечки потенцијал.Достоинството на лекарите и медицинските работници мора да биде вратено.Предвидуваме изградба на четири нови Клинички центри: Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, Универзитетски клинички центар „8-ми септември“, кој би работел под административна капа на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, Универзитетска клиничка болница – Штип и Универзитетска клиничка болница Тетово.Лекарите и медицинските работници ќе добијат 20% повисоки плати. Специјализантите ќе имаат гарантирана плата и платени дежурства.Комплетно ќе се посветиме за здравство без хартија, со укинување на рецептите и пружање на услуги само со лична карта.ВМРО-ДПМНЕ нуди квалитет и сигурни резултати. СДСМ рекет, криминал и корупција.СДСМ покажа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето на кичма. Исправи се Македонија! Одбери обнова, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.фото: Архива

пред 5 години

culev-1

Досега МВР евидентирало 22186 прекршоци за неносење лична заштита, од нив во 24 часа 672 прекршоци

Полициските службеници се во првите редови во справување со пандемијата од Covid19 и тие во континуитет преземаат мерки за контрола на почитување на одлуките на владата. Во таа насока, од страна на полициските службеници досега констатирани се вкупно 22186 прекршоци за неносење лична заштита на лицето од кои 672 прекршоци во изминатото деноноќие, напиша на својот ФБ профил министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев.Во координација со Државниот пазарен инспекторат во текот на изминатото деноноќи извршени се 98 контроли во објекти при што не се евидентирани објекти кои не ги почитувале одлуките на владата.На територијата на целата држава на вкупно 763 лица им се издадени решенија за изолација, а 113 лица потпишале изјави за самоизолација. Извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација при што се евидентирани 2 лицa кои не ги почитувале овие мерки.Во државен карантин се спроведени вкупно 9 лица.Во оваа прилика уште еднаш апелирам до сите граѓани да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот и сите заеднички да придонесеме што побрзо животот да биде вратен во нормала, напиша Чулев на ФБ.https://www.facebook.com/NakjeChulev/photos/a.116423386551131/170177421175727/?type=3&theater

Македонија | пред 5 години

08062020_MZ_Filipche_PKZB_Karadzovski_DCJV_Ziberi_pres-konferencija-3

Филипче: Сите сме заедно во оваа битка и секој од нас е важен

На вчерашната прес-конференција, министерот за здравсто Доц. д-р. Венко Филипче упати порака до граѓаните дека мерките за лична зашита, носењето маска, одржувањето дистанца, хигиена и дезинфекција на рацете се единствените мерки за заштита од коронавирусот.„Јас многу пати до сега ја упатувам пораката до граѓаните дека ова се универзални мерки насекаде во светот и, во моментов, единствениот начин да се заштитиме себеси, нашите семејства, пријателите и секако здравствените работници и здравствениот систем во целост.“ – изјави Филипче.Министерот информираше дека нашиот здравствен систем, во овој момент, е целосно прилагоден кон новата состојба.„Ја следиме ситуацијата со болничките капацитети и медицинскиот кадар и на дневна основа, по потреба, правиме прилагодувања и ротации за да одговориме и на овој предизвик. Но она што за нас е најважно, е поддршката на граѓаните, нивно целосно почитување на мерките и солидарност. Ако ова го имаме, многу брзо ќе ја надминеме и оваа состојба. “ – рече Филипче и нагласи дека сега кога во целост, постепено, се враќаме кон редовните животни активности, повеќе од било кога е важно сите да дадеме свој придонес во спречување на ширењето на вирусот, бидејќи сите сме заедно во оваа битка и секој еден од нас е важен.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

liftovi

(ВИДЕО) Лифтовите потенцијални жаришта на коронавирусот - како да ги направиме безбедни?

Медицинските експерти постојано советуваат дека затворените простории треба секојдневно да се проветруваат, но останува отворено прашањето како тоа да го сториме во лифтовите. И покрај тоа што во нив е вградена соодветна вентилација, со самиот факт дека илјадници луѓе мора да користат лифт за да стигнат од и до домот или работното место, постои голема веројатност самите лифтови да бидат жариште на коронавирусот.„Германската компанија МИКРОДЕЛ, основана од македонецот, Димче Поповски, соочувајќи се со коронавирусот, го повика својот тим на експерти да создадат иновативен и револуционерен концепт за чисти и безбедни лифтови. УВ- гермицидал е систем конципиран со софистицирана технологија, ефективно елиминира 99 проценти од бактериите и вирусите во воздухот во лифтот, со што го прави целосно чист и безбеден. Тој е креиран да ги блокира предизвикувачите на заразни болести кои ги има во воздухот, на принцип на тотална стерилизација, и е прочистувач на загаден воздух, појаснуваат од компанијата.Експертите исто така советуваат дека не е доволно само дезинфицирање на лифтовите на класичен начин еднаш дневно, потребни се интелигентни решенија кои ќе бидат активни нон-стоп. Според нив токму лифтовите во работните простории, болниците итн. што се пофреквентни и од оние дома се постојан извор на зараза и пред појавата на Ковид-19.Во Македонија овој софистициран систем за заштита од коронавирусот веќе го имплементира компанијата за лифтови ДАКА.„Потребна е високософистицирана технологија со високи перформанси на молекуларно ниво со препарати и технологија одобрени од Светска здравствена организација (WHO). Државните и приватните институции, станбени и деловни објекти, како и сите останати објекти кои имаат лифтови и проток на луѓе, потребно е да вградат постојана заштита од бактерии и вируси, пред се во моментот, заштита од коронавирусот, а тоа ќе го сторат кога во своите лифтови ќе инсталираат таканаречени УВ системи кои ќе препознаваат, стерилизираат и прочистуваат загаден воздух“, појаснува Примариус др. Данчо Балаловски.Во земјава бројките на заразени од коронавирусот се високи, така што граѓаните треба да бидат заштитени и додека се возат во лифтовите, почитувајќи ги безбедносните мерки од надлежните.

Македонија | пред 5 години

sela

Села го спука Ахмети и најави што ќе прави ако победи

Промената на власта ќе значи и промена на политичкиот менталитет и раководењето со земјата, изјави во Тетово лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села. Албанците во 2016 веруваат дека ќе се урне режим, пола од режимот падна. Нашата коалиција ќе донесе промена и пад и на другиот дел од режимот. Нема да дозволиме нашиот јазик да биде нарекуван јазикот на 20 проценти, туку албански јазик во законот за јазици – рече Села.Тој додаде дека граѓаните на изборите ќе го пратат Али Ахмети во опозиција.-Ахмети 18 години беше на власт и не успеа да ги одбрани интересите на Албанците и сега бара Албанец премиер. Во овие 18 години ти беше премиер на Албанците и имаше на располагање буџет од 60 милијарди и не успеа да обезбедиш елементарни услови за Албанците како училишта и градинки – рече Села.

Македонија | пред 5 години

105645014_10159149521609237_6536859549517500809_n

Почина македонски спортист од корноавирус

Ракометниот клуб Преспа денес соопшти тажна вест за сите свои фанови и прврзаници.По долга борба со коронавирусот животот го загуби претседателот на клубот, Илче Котевски. Информацијата беше споделена на Фејсбук профилот на екипата.Котевски е ресенчанецот за кого пред неколку дена се бараше крвна плазма на социјалните мрежи за Б позитив крвна група. Беше објавено дека лекарот Мирослав Бошковски од Куманово на 35 години донираше крвна плазма за да го спаси животот на четириесетгодишниот пациент што се лекуваше во „8 Септември“.Котевски е поранешен член на екипата на Преспа, а роден е на 27 јули 1978 година.

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања