Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

bacev-1

(ВИДЕО) Бачев бара државен врв од Православна вероисповед

Коалицијата „Никогаш Северна само Македонија“, предводена од Јанко Бечев лидерот на „Единствена Македонија“,промовираше уште еден како што вели Бачев   стратешки черок, кој ќе го спроведат доколку ја добијат довербата од гласачите.„Трите клучни функции во државата како во сиот нормален свет на запад мора  да се православни македонци.Наша прва задача во парламентот ќе биде да направиме промена на уставот и законот со кој ќе се предвиди дека највисоките државни функции Премиер на државата, Претседател на државата и Претседател на Собранието мора да ги водат православен и македонец. Ова е практика во сите западни и развиени демократии посебно во монархиите. Пример е Англија. Таму без проверка на нивната служба за безбедност, кој го испитува секој кандидат за премиер наназад до четврто колено неможе да биде премиер. Ние тука имавме поразителна ситуација. Во 2017 кога дојде до промена на Власта,, видете ги трите битни функции Ѓорге Иванов беше претседател на државата, тој не е македонец, ама е православен. Зоран Заев како премиер беше македонец, а не е православен. Талат Џафери не е православен и не е македонец. Имавме поразителна ситуација највисоките државни функции да не ги водат македонци и православни“, вели Бачев и додава:„Да не бидат погрешно разбран, ова не е никаков шовинистички испад во втор и трет ешалон слободно можат да бидат припадници на другите националности“, истакна Бачев.Инаку коалицијата „Никогаш Северна само Македонија“, својата платформа ја наслови „Битка за Македонија со 10 стратешки определби. Оваа платформа е поделена низ Македонија во 100 000 примероци.Бачев во име на коалицијата го повика народот масовно да излезе на 15 ти јули, бидејќи како што вели ние како „Единствена Македонија“ и коалиција „Никогаш Северна, само Македонија“ , ја бараме првата шанса на изборите, а тоа може да биде и последната шанса за Македонија.

Македонија | пред 5 години

korona-njemacka

Медицинска сестра од Неготино позитивна на Ковид-19

Медицинска сестра на 57 годишна возраст од Неготино е новиот позитивен  случај на Ковид-19 во Тиквешко. Со мали симптоми, била на домашно лекување.Доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при Центар за јавно здравје Кавадарци за МИА потврди и појасни дека се работело на утврдување на нејзините контакти и нивна изолација.извор: МИА

Македонија | пред 5 години

koncept-4

(ВИДЕО) Социјална правда и обештетување на граѓаните оштетени во транзицијата нуди Македонски концепт во Велес и Штип

Предизборниот караван на Македонски концепт вчера ги посети градовите Велес и Штип од Изборната единица 3.За граѓаните на Велес изјава дадоа Петар Богојески, носител во изборната единица 1 и кандидатот за пратеник во третата изборна единица Елизабета Костова Бочварова. Пред велешани Богојески истакна што е приоритетно за градот и што е потребно за граѓаните на Велес.“Прво што ќе понудиме на граѓаните на Велес е слобода како форма на живот, за Велес и цела Македонија, а второ е спокој, односно извесна иднина за граѓаните. Денес никој нема извесна иднина и не знае што се случува, законите се менуваат секој ден, ни граѓаните и бизнисмени не знаат што се случува. Не се знае што ќе се случи со работните места, или што следи утре. Трето е солидарно поведение каде е проектот за обештетување на граѓаните. Сите граѓани кои се жртви на транзицијата, од сите влади и политичари во изминативе 30 години, да бидат обештетени од буџетот на државата со околу 300 милиони евра годишно или 1,5 милијарда евра за следните 5 години почнувајќи од 2021 година. Овој проект ќе донесе социјална правда и правичност, проект што мора да се реализирани за да имаме барем минимална правда за граѓаните наспроти оние мал број индивидуалци што го приватизираа и ограбија целиот општествен капитал во минатото, а голем број семејства настрадаа во тој процес. Овој проект е многу корисен и важен за целата држава а посебно за Велес како град со многу стечајци”, изјави Петар Богојески.Пред велешани приоритетите на Македонски концепт ги изнесе и Елизабета Костова Бочварова, кандидатот за пратеник со реден број 2 од изборната единица 3.“Особено внимание во Велес треба да се обрати на заштита на животната средина а   Велес се соочува со многу проблеми поврзани со животната средина. Голем проблем е жгурата позади Топилницата, која што треба да се дислоцира, како и потокот во близина на пазарот. Ќе се залагаме за што повеќе зелени површини и оплеменување на Езерото Младост после ланската катастрофа. Со еден збор ќе направиме се за нормална држава”, потенцираше Костова Бочварова.Во Штип карванот на Македонски концепт беше пречекан од граѓаните каде проф. Војо Беловски, кандидат за пратеник во  ИЕ 3, истакна, “Убедени сме во нашата идеја и со чиста совест, продолжуваме напред, на избирачите им понудиме антимафијашка и нормална опција! Никогаш нема да прифатиме да бидеме во мафијашки раце и да бидеме неми актери на политичката сцена! Само со искреност и посветеност, со чесност и интегритет, заеднички ќе се избориме ЗА НОРМАЛНА ДРЖАВА! Доста беше. Време е за алтернативи, народот е заситен од исти нестручни и нечесни фаци. Триесет години народот живее во апатија, депресија, да не кажам потежок збор – на граница на агонија.”„Поддршката за бројот 10 на избирачкото ливче е последна шанса да смениме нешто во оваа наша држава“, им порача Богојески на граѓаните на Велес и Штип.

Македонија | пред 5 години

mickoski-i-kamcev

Нова аудио снимка: Мицковски против закон со кој „Имерија“ ќе продолжи

Ново продолжение од снимениот разговор меѓу лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, осудениот во „Рекет“, Зоран Милески-Кичеец и Слободанка Алексовска која е ексвработена во болницата „Систина“ е објавено на „Јутуб“. Во него, се слуша како Мицкоски зборува дека добил помош од Орце Камчев, со тоа што му ги плати долговите кои ги оставил неговиот претходник Никола Груевски и претходното раководство на партијата.„Ние Зоки се договараме извесен период да се видиме. Не успеавме да се видиме… избориве почнаа. Па ја откажав, па он нешто погреби-могреби таму имаше, па пак јас откажав и така се некако и не можеме да се видиме, вака, објективно да ти кажам. Лично сакам да го видам, затоа што ми помогнал. Кога требало ми помогнал. Тоа што беше долгот кај сестра му од претходнициве мои, знаеш беше присутен на тој разговор кога рече ‘Не треба ништо’. Сега мене, јас пред година и пол кога влегов во паријана немав струја, исклучена кабелска“, а Слободанка Алексовска се надоврзува: „Кога беше најтешко“, по што Мицкоски продолжува:„Парно пред исклучување, немав вода. И такви како него беа неколкумина што мене ми подадоа рака. Мене тоа многу ми значи“ Во разговорот се слуша како Мицкоски вели дека тој е единствениот што се бори против новиот Закон за јавно обвинителство, а со кој процесот за „Империја“ би продолжил. На ова, Зоран Милески-Кичеец вели:„Апсолутно, знам како е. Заедно сме биле, тоа сме го направиле јас и он муабет, нема тука што“, по што Мицкоски додава: „А он беше, јас на нејзе и реков, не знам дали јас нешто можам да помогнам, да не одмогнам“, а Алексовска вели: „Да, неколку пати кажа што е за право, многу пати кажа. Зборев и со Зоки тогаш, толку беше заплеткано се и мене нели, јас одвај те наоѓав, никој не можеше да помогне. Јас му кажав“, по што Мицкоски продолжува:„Таму не е решена работата да знаете. Затоа што овој закон е закон што ќе помине како што ќе помине, како што мислат да помине, за јавно обвинителство тој предмет не е завршен. Напротив. Да знаете. Единствен кој што се бори во моментов сум јас“.

Македонија | пред 5 години

siluvanje

Обид за силyвање во Пробиштип, уапсен 35 годишен маж

На 26.06.2020 во 02:00 часот во Полициската станица Пробиштип, 43 годишна жена од Пробиштип пријавила дека околу 01:00 часот на ул.„Христијан Тодоровски Карпош“ во Пробиштип била физички нападната од Ј.Ј.(35) од Пробиштип, кој се обидел да изврши и обљуба врз неа. Ј.Ј. бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Пробиштип.Се работи на расчистување на случајот.фото:Архива

Македонија | пред 5 години

DSC_0022

Чулев: Очекувам изборите да бидат фер и демократски, граѓаните да не подлегнуваат на притисоци

Во вчерашното гостување во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија министерот Наќе Чулев истакна дека Министерството за внатрешни работи располага со оперативни информации кои говорат дека одредени криминални структури ќе бидат искористени за вршење поткуп и притисок врз гласачите и во таа насока Министерството за внатрешни работи презема соодветни активности на терен.„ Очекувам изборите да бидат фер и демократски и ги повикувам граѓаните да се воздржат од поткуп и да не подлегнуваат на провокации од политички партии и криминалните структури, бидејќи тоа ќе биде најстрого казнето“, истакна Чулев.https://www.facebook.com/NakjeChulev/videos/312448270149666/?v=312448270149666

Македонија | пред 5 години

koronavirus-test

Филипче: Набавивме тестови за брза дијагностика

На вчерашната прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање Министерот за здравство Доц. д-р. Венко Филипче информираше дека е завршена постапката за набавка и дека се стигнати тестовите за брза дијагностика, кои ќе се користат при приемот на пациенти во клиничките болници.„Набавивме тестови за т.н. брза дијагностика, тие стигнаа, и ќе бидат распределени во лабораторијата на Институтот за јавно здравје, Инфективната клиника и Гинеколошко акушерската клиника. Тој тест е готов за 45 минути. Што значи после тријажата и ваквиот брз тест, веднаш ќе се пристапи кон соодветната интервенција.“ – изјави Филипче.Во однос на одложените интервенции на хируршките клиники, Филипче информира дека дел од персоналот од овие клиники помагаат и во другите инфективни одделенија, но има и клиники кои функционираат.„Има добар дел од клиниките коишто  сосем добро ја организираа работата и сега функционираат, како клиниката за хематологија, за гастроентерохепатологија, пулмологија во оној дел за пациенти коишто се ковид негативни и кардиологија, којашто веќе почна да го враќа програмот на откажаните пациенти.“ – изјави Филипче и додаде дека за одложените пациенти, веќе се направени интерни списоци од страна на стручните колегиуми и ќе се викаат пациентите по ред онака како што биле откажувани.фото:Архива

Македонија | пред 5 години

nikola-jankulovski

Никола Јанкуловски реизбран за ректор на УКИМ

Универзитетската изборна комисија ја објави Одлуката за утврдување избран кандидат за ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ според која за ректор на УКИМ е избран досегашниот и актуелен – проф. д-р Никола Јанкуловски од Медицинскиот факултет, објави makpress.mk. Во Одлуката УИК наведува дека таа е врз основа на сумираните резултати од тајното гласање што денеска беше спороведено на единиците во состав на УКИМ. Составен дел од Одлуката е и Записник на УИК од сумираните резултати од гласањето, потпишан од седумте члена на Комисијата, а според кој Јанкуловски освоил 3.604.454 поени. Најмалку од седумте кандидати за ректор на УКИМ освоил кандидатот Јане Ацевски (89.902 поени).Денеска од 12 до 14 часот се гласаше на 22 од 23-те факултети на УКИМ и на пет институти во состав на Универзитетот.. Гласање немаше на Факултетот за драмски уметности зашто оттаму не прифатија нивни професори да бидат во состав на изборна комисија на нивниот факултет, а УИК не им назначи друга комисија. Наставно-научниот и уметнички совет на ФДУ на 23 јуни одлучи да не учествува на изборите со став дека тие треба да бидат одложени поради бројни законски прекршувања на целокупната постапка за избор на ректор, како и со оглед на отпочнувањето на парламентарните избори во државата.УИК наведува дека според доставените записници од изборните комисии, гласањето поминало без проблеми и неправилнсти. Како што е наведено во Записникот во прилог кон Одлукат, според избирачките списоци на единиците, запишани се вкупно 1450 гласачи, од кои 30 гласачки ливчиња за ФДУ, поради одлуката на нивниот Наставно-научен и уметнички совет за неучество, останале во архивата на УИК.Врз основа на член 182 од Статутот на УКИМ, до Комисијата може да се поднесе приговор на Одлуката во рок од три работни дена.Текстот во целост на makpress.mk. 

Македонија | пред 5 години

LOT

Авио компанијата „ЛОТ“ започнува нови летови кон Охрид и Тиват

Полската авио компанија „ЛОТ“ следниот месец ќе воведе нови летови кон Охрид и Тиват. Тоа се случува откако авио компанијата ги објави плановите за започнување на тринаесет нови линии кон Хрватска.Полскиот превозник почнувајќи од 5-ти јули ќе започне со сезонски летови на релација Варшава – Охрид кои ќе се одвиваат три пати неделно. Освен тоа, компанијата најавува  продолжување на линијата Варшава - Скопје од 3-ти јули, што првично ќе се одвива на намалена основа од два лета неделно. Деталите за новите летови Варшава - Охрид се како што следува.LOT Polish Airlines launches three weekly flights to Ohrid:Flight number: LO8545Departure city: WAWDeparture time: 07.15Arrival time: 09.30Arrival city: OHDAircraft type: E195Day operating: -2--5-7RETURNFlight number: LO8546Departure city: OHDDeparture time: 10.30Arrival time: 12.45Arrival city: WAWAircraft type: E195Day operating: -2--5-7Покрај новите сезонски летови на релација Познан – Подгорица кои беа објавена вчера, авио превозникот ќе започне и со летни летови помеѓу полската престолнина и Тиват. Летовите ќе започнат на 5-ти јули и ќе се одвиваат двапати неделно.Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во ноември минатата година ја претстави туристичката понуда на државата на интернационалниот саем за туризам “TTWarsaw” во Полска, придружувана од три домашни тур-оператори. Тогаш директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Љупчо Јаневски изјави дека оствариле останокот со полската авиокомпанија ЛОТ, на кој биле промовирани плановите за 2021 година, како и можноста авиолинијата на релација Варшава-Охрид да прерасне во редовна линија, два пати неделно во текот на целата година. Повеќе од очигледно дека и покрај пандемијата доколку се почитуваат протоколите овие најави ќе се реализираат.Инаку Владата најави дека од 1 јули, ќе се отворат двата меѓународни аеродроми во земјава, во Скопје и Охрид, но засега нема најава кога ќе полета и првиот авион. ТАВ Македонија информираше за протоколите по кои ќе се одвива приемот на патници и мерките кои се преземаат за нивна контрола и заштита.„Она што е најважно за патниците е следното – да пристигнат на аеродромите најмалку 3 часа пред нивниот лет, да стават заштитна маска пред да влезат во терминалната зграда на аеродромот, да ги дезинфицираат обувките и рацете на самиот влез во зградата и постојано да одржуваат физичко растојание", вели генералниот директор на ТАВ Алпер Ерсој.Во аеродромската зграда во иднина ќе можат да влегуваат само патниците. Семејствата и пријателите ќе мора да останат пред објектот. Дали некој патник ќе може да отпатува на посакуваната дестинација ќе одлучува скенирањето со термална камера кое треба да покаже дали има зголемена телесна температура. За да се избегнат турканици на шалтерите, од ТАВ препорачуваат сите патници да ги користат онлајн услугите за регистрација на патници и багаж.Инаку скопскиот и охридскиот аеродром се затворени за патнички летови од 19, односно 16 март годинава. Најавата за нивно повторно отворање не значи дека од истиот ден ќе започнат и летовите. Кога повторно ќе започнат авионските линии зависи од авиокомпаниите како и од земјите до чии дестинации се лета.Според најавите, Европската комисија ќе препорача отворање на границите на ЕУ за туристички патувања од Северна Македонија од 1 јули годинава.Од ТАВ им препорачуваат на сите патници да ги следат веб-страниците skp.airports.com.mk/ и ohd.airports.com.mk/ за да се информираат за измените во редот на летање. Деталите може да ги погледнате на овој линк   

Македонија | пред 5 години

majka-milososki

Мајката на Антонијо Милошоски позитивна на коронавирус

Мајката на Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ е позитивна на ковид-19. Таа објави на својот Фејсбук профил дека и покрај почитувањето на мерките за заштита, како медицинска сестра во болницата во Кичево, сепак завчера ги почувствувала симптоми на покачена температура.„ Должност ми е да Ве известам, дека како медицинска сестра вработена во болницата во Кичево, и покрај почитувањето на сите мерки на претпазливост пропишани од нашата медицинска установа, за жал завчера ги почувствував првите симптоми на покачена температура и направив тестирање во текот на вчерашниот ден. За жал, денешните резултати покажаа дека сум позитивна на вирусот Ковид19.На надлежните епидемиолози им ги посочив сите лица со кои сум имала контакт, меѓу кои мојот сопруг, кој треба да се тестира утре и мојот син Антонијо Милошоски, со кого имав краток контакт на 22.јуни во нашиот дом во Кичево“ напиша Светлана Милошоска.На сите колеги медицинари и на сите граѓани кои се позитивни на овој вирус таа им посака што поуспешно да се изборат со оваа пандемија, а пред се со почитување на заштитните мерки и навремено тестирање.https://www.facebook.com/svetlana.milososka/posts/2639296589654441фото: ФБ

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Мијалков: Ликови како Палевски, прават штета и на партијата и на државата

„Никогаш до сега ликот Палевски не сум го пријавувал за пуштање на нелегални снимки, исто како и за конкретниот претрес вчера за кој што немам поднесено кривична ниту било каква друга пријава. Што се однесува до Палевски моето мислење веќе сум го кажал. Впрочем неговите јавни настапи против НАТО, ЕУ и САД повеќе говорат за тоа чии интереси застапува и брани. НАТО, ЕУ и САД не само што се стратешки приоритети на Македонија, туку се стратешка определба и на ВМРО-ДПМНЕ.Палевски сам по себе не е достоен и не заслужува коментар, но тоа што загрижува се информациите дека некои политички центри и советници се потпираат на него, блиску соработуваат и преку него пласираат лаги и манипулации, а се со цел за моја лична дискредитација и намалување на мојот авторитет и влијание од кое што се исплашени. Ваквите ликови како Палевски и сите кои го храбрат и хранат со дезинформации, прават штета и на партијата и на државата. Да имаа храброст и аргументи немаше да ги пласираат преку лик како него. Што се однесува до конкретниот случај, го повикувам МВР и ЈО да соопштат по чија наредба постапиле.Трагично е што овие ликови и нивните нарачатели, наместо да се фокусираат на изборната битка и освојување на поддршката на граѓаните се занимаваат со измислување на физички пресметки, монтирање на фотографии, а сега и со некакви пријави, стои во демантот на Мијалков, откако Палевски во видеото на фб го обвини дека стои зад прретсресите во мотелот ВИП каде што е во карантин, но и во неговиот дом.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Седмичен преглед на реализирани активности од страна на Локалната самоуправа

Седмичен преглед на реализирани активности од страна на Локалната самоуправа, објави на својот ФБ профил градоначалникот Константин Георгиески.📌На улица „15-ти Корпус“ се изврши поставување на првиот асфалтен слој на коловозот во рамки на првата фаза од проектот за реконструкција на улицата;📌На улицата „Прва Македонска ударна бригада“ се реализираат тековни активности за уредување на пешачките патеки од двете страни на улицата;📌На улицата во поранешната касарна се врши поставување на сливници за атмосферска канализација;📌На улицата „Абас Емин“ се изведуваат работни активности за поставување на атмосферска канализација;📌 Во тек се работни активности за поставување на рабници на тротоарите на крак од улицата „Даме Груев“ во населбата „Христо Узунов“;📌Во соработка со Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот, на повеќе локации на територијата на општина Охрид се поставија патоказни табли.https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/pcb.624068744865399/624068671532073/?type=3&theater

Македонија | пред 5 години

den-noncev

Дончев: Јас сум со семејството, не сум уапсен

Ексдиректорот на Фондот за здравствено осигурување, Ден Дончев, демантира дека бил уапсен и спроведен во полициска станица, како што објавија повеќе портали. Дончев во изјава за „А1он“ вели дека тој е со семејството, а најави и тужби за порталите, кои како што вели, рашириле лажна вест.„Јас сум со семејството, не сум уапсен. Доколку порталите кои објавија дека сум апсен не ги избришат објавите, ќе преземам правни дејствија за моја заштита“, вели Дончев за „А1он“.Дончев бил повикан само на разговор во полициската станица кој траел помалку од половина час. Неофицијално, откако било констатирано дека нема докази против него, тој заминал.„Д.Д. беше поканет со покана за разговор во ПС Карпош и уредно се пријави сам. По извршениот разговор, си заминал“, велат од МВР за „А1он“ .Од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција велат дека МВР постапувало самостојно, а доколку има елементи за сторено кривично дело, тогаш ќе треба да се достави поднесок до нив.Текстот во целост на: А1ОН

Македонија | пред 5 години

ademi

(ФОТО) Георгиески и Адеми извршија увид на работните активности за уредување на крајбрежјето на Охридското Езеро

Заедно со министерот без ресор, задолжен за дијаспората и претседател на Националната комисија за УНЕСКО, Едмонд Адеми, денеска уште еднаш ја потенциравме посветеноста на локалната и централната власт во насока на исполнување на препораките на УНЕСКО и имплементација на Планот за управување со природното и културното наследство на Охридскиот регион, напиша на својот ФБ профил градоначалникот Константин Георгиески.Градоначалникот во својата објава додава:Извршивме увид на работните активности за уредување на крајбрежјето на Охридското Езеро, каде што минатата седмица се вршеше отстранување на урбана опрема и бесправни градби кои се надвор од опфатот на Генералниот урбанистички план.Во рамки на уредувањето беа ангажирани екипи на сите општински јавни претпријатија, при што се изврши подигнување на градежниот шут и несоодветниот материјал, а планирани се и активности за насипување и уредување на плажата со соодветна речна песок.Дел од сопственици на објекти на крајбрежниот појас од населбата „Свети Стефан“ до потегот на крајбрежјето кај „Градиште“, веќе започнаа самостојно да ги отстрануваат поставените нелегални објекти на плажите. Упатуваме апел и до останатите сопственици да постапат по дадените препораки.Процесот на отстранување на урбаната опрема и бесправните градби од крајбрежниот појас на Охридското Езеро, според планираното ќе продолжи по завршување на активностите на уредување и ќе трае се до конечно расчистување на крајбрежјето.https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/pcb.623962758209331/623962574876016/?type=3&theater

Македонија | пред 5 години

Vodno

Украдено државното знаме на влезот на жичарница „Водно“

На 25.06.2020 околу 22.00 часот на влезот- жичарница „Водно“, И.Б. додека извршувал работни обврски како обезбедување, забележал како пет лица го симнале од јарболот државното знаме и заминале во непознат правец.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.фото: Архива

Скопје | пред 5 години

Civil

ЦИВИЛ со осуда на пропагандните спотови со навредлива и понижувачка содржина

На самиот почеток од изборната кампања, се појавија видео спотовите на политичките партии со кои тие се обидуваат да ги убедат граѓанките и граѓаните да гласаат за нив.ЦИВИЛ во целост ги поддржува реакциите во јавноста за првиот спот на ВМРО-ДПМНЕ во кој граѓаните се претставени со свиткани рбети, што претставува навреда, понижување, потсмевање, угнетување, деградација и дискриминација на луѓето воопшто, но особено на жените и на лицата со попреченост. На третиот ден од изборната кампања, јавноста имаше прилика да види и втор спот во кој лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, им нуди иднина на младите преку партиска книшка.Накусо, во најновиот спот, една млада госпоѓа чекира авионски билет на аеродром за да замине „каде било, само не тука”. Во тој момент, се појавува Мицкоски повторно во улога на спасител, а билетот ѝ го заменува со партиска книшка. Исто како во првиот спот, кога со само еден допир успеа да исправи подгрбавена девојка која турка бебешка количка, што е крајно понижувачки на родова основа.Во новиот спот, партиската книшка Мицкоски повторно ја враќа во „мода“ и многу јасно, пред целата јавност, дава до знаење дека, ако дојде на власт, партиската книшка повторно ќе отвора и затвора врати. Останува отворено прашањето, дали Мицкоски најавува враќање на старите методи на уцени и закани врз основа на партиска припадност? Легитимни се и прашањата поставени на социјалните мрежи и во јавноста за тоа дали тие што немаат книшка од ВМРО-ДПМНЕ ќе имаат тука иднина доколку Мицкоски победи на изборите?ЦИВИЛ најостро реагира на ваквите предизборни спотови кои се истовремено понижувачки за луѓето, а особено за лицата со попреченост и за жените. Ваквите спотови можеби не испраќаат директна порака, меѓутоа во најмала рака поттикнуваат создавање на предрасуди и говор на омразата.ЦИВИЛ упатува апел до сите чинители во изборниот процес во иднина да внимаваат какви пораки испраќаат со нивните предизборни пропагандни и медиумски продукти. Навреди, понижување, дискриминација, сексизам се крајно неприфатливи начини на политички натпревар!ЦИВИЛ веќе побара од политичките партии кампањите да ги водат фер, демократски и безбедно, да се однесуваат одговорно кон јавноста и кон законите и демократските стандарди. Од политичките партии се очекува црната пропаганда да ја заменат со позитивни пораки и со идеи кои произлегуваат од нивните програми, за граѓаните да можат да имаат јасна слика за политичката понуда, по што ќе донесат информиран избор на денот на гласањето.

Македонија | пред 5 години

106088491_272783174153772_6965262977275566623_n

Средба на директорот на БЈБ со претставници на ОБСЕ/ОДИХР

Директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски денеска оствари работна средба со претставници од Специјалната мисија на ОБСЕ/ОДИХР за проценка на изборите во Република Северна Македонија, предводена од Тибор Немеш, експерт за безбедност. Г-динот Немеш истакна дека мисијата на ОБСЕ/ОДИХР ги следи здравствените и безбедносните протоколи. Директорот Тасевски упати покана за Специјалната мисија на ОБСЕ/ОДИХР да присуствуваат на Оперативниот штаб кој е формиран за претстојните парламентарни избори и потенцира дека според сите досегашни анализи, нема никакви сознанија дека изборниот процес може да биде нарушен, односно дека Министерството за внатрешни работи во координација со другите надлежни институции ги презема сите неопходни мерки и активности за изборите да бидат мирни и демократски. Директорот Тасевски посочи дека досегашниот тек од кампањата се одвива без проблеми.фото: МВР

Македонија | пред 5 години

Ivanisevic

Горан Иванишевиќ, е позитивен на коронавирус

Поранешниот хрватски тенисер и сегашен тренер на Новак Ѓоковиќ, Горан Иванишевиќ, е позитивен на коронавирус. Тој беше во Белград и во Задар на турнејата „Адрија“ во организација на неговиот играч Ѓоковиќ.Иванишевиќ беше тестиран двапати и двапати беше негативен за коронавирус, но резултатите од третиот тест велат дека сепак бил позитивен. Информацијата Иванишевиќ ја сподели на социјалните мрежи.„За жал, по двата негативни теста во последните 10 дена, само што ги дознав резултатите од денешниот трет тест и позитивен е на Ковид-19. Се чувствувам добро и немам никакви симптоми. Сакам да ги известам сите коишто биле во контакт со мене за фактот дека сум ковид-позитивен и ги замолувам да ги преземат сите неопходни чекори за да се заштитат себеси и своите најблиски. Продолжувам со самоизолацијата што ја започнав порано. Посакувам на сите што се заразени брзо закрепнување“, порача Иванишевиќ на Инстаграм.Иванишевиќ некогаш беше втор тенисер во светот и важи за најдобар хрватски тенисер во историјата.https://www.instagram.com/p/CB5TaK8p77a/

Магазин | пред 5 години

kocenje

Татко прегазил двегодишното дете во скопски Сарај, при обид да го паркира автомобилот

Татко прегазил двегодишното дете во скопски Сарај, при обид да го паркира „мерцедесот“ во дворот. Несреќата се случила доцна синоќа, а детето починало како резултат на тешки повреди.Според МВР, постоел обид да се спаси детето, кое веднаш било пренесено во болница, но докторите констатирале смрт. Сега, телото на детето е дадено на обдукција, а Обвинителството ќе треба да одлучи дали ќе го гони родителот.На местото на несреќата направено е извршен и увид од СВР Скопје.

Скопје | пред 5 години

Civil

ЦИВИЛ: Кажете НЕ на тортурата и насилството

Пред повеќе од 30 години Амнести Интрнешнл ја започна кампањата #StopTorture  со цел жртвите на тортура да добијат глас и храброст во борбата за своите права, спречувањето на тортурата во сите нејзини облици и повикување на одговорност на институциите што премолчуваат на нехуманите дејствија и насилството.На 12 декември 1997 година, со резолуција 52/149, Генералното собрание на ОН го прогласи 26 јуни Меѓународниот ден на Обединетите нации за поддршка на жртвите на тортура, со цел целосно искоренување на тортурата и ефективно функционирање на Конвенцијата против тортура и друг вид на сурово, нечовечно или деградирачко постапување или казнување.ЦИВИЛ, како организација за човекови права и слободи, од самото основање во 1999 година, континуирано работи против тортурата и насилството и ги повикува сите граѓанки и граѓани да бидат будни и да алармираат за сите случаи на насилство и тортура, да бараат одговорност и мерки што би ги спречиле.Тортурата е кривично дело според меѓународното право, и независно дали некоја држава ги потпишала или не меѓународните конвенции, борбата против тортурата и нулта толеранција кон нехуманоста и насилството треба да биде императив за секој поединец или заедница.ЦИВИЛ го осудува секој обид на поробување и поништување на човековите права и слободи преку секој облик на насилство каде и да се случува тоа, во земјата или во светот. ЦИВИЛ ги повикува институциите, особено во овој предизборен период, кога кај дел од политичките структури борбата за власт нема скрупули, да кажат категорично НЕ за насилството и да го санкционираат секој повик на насилство.Првиот чекор кон постигнување на ефикасно справување со насилството во сите свои форми е борбата против говорот на омраза и острото санкционирање на дела од омраза.Затоа ЦИВИЛ, во екот на изборната кампања, ги повикува сите учесници да се воздржат од црните кампањи, говорот на омраза и омаловажувањето на противникот, туку во своите презентации да ги промовираат човековите права и слободи.

Македонија | пред 5 години

skolo-4

Кривична пријава против наставник кој истепал ученик во основно училиште

Наставник во основно училиште во селото Слатино – тетовско доби кривична пријава за малтретирање во вршење на службата.Како што се наведува од МВР, на 24.12.2019 година, пријавениот во својство на наставник, за време на наставата, физички нападнал ученик, при што му нанел телесни повреди.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Филипче: Капацитетот на возилата во итната медицинска помош е зголемен за 150%

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче и директорот на Здравствен дом Скопје д-р Виктор Исјановски, денеска беа во посета на Службата за итна медицинска помош во Поликлиниката Букурешт. Тие разговараа и се информираа за работата на целиот тим во однос на предизвиците со коишто секојдневно се соочуваат при транспортот на пациенти, а пред сѐ со пациентите кои се дијагностицирани со вирусот Ковид-19.„Капацитетот на оваа служба е значајно зголемен во однос на тоа што беше пред 3 години. Сега има практично зголемен капацитет од над 100%-150% - од 7 сега близу 20 функционални возила. Околу 9 екипи се цело време активни на терен. Според најавата на матичните лекари се прави и координација соодветна, а сега ние договоривме нов начин, модул на координација помеѓу службата за итна медицинска помош, матичните лекари и главните болници каде се хоспитализираат пациентите болни од ковид 19 вирусот, а тоа е болницата 8ми Септември, Инфективната клиника и болницата во Козле“, истакна министерот Филипче.Во изјавата за медиуми, тој рече дека доаѓа летен период, каде вообичаено се зголемуваат повиците кон Службата за итна медицинска помош. Во рамките на оваа служба има и служба за патронажни сервиси, домашна посета и сето тоа бара една поинаква координација. Во таа смисла, за време на денешната посета се разговараше и за начините на коишто тоа ќе се прави, со цел значајно да се скрати времето на чекање, посебно во овој летен период кога освен овие пациенти коишто се сега навистина прадизвик за транспорт има и други вообичаени јавувања.„Овие вработени здравствени работници тука, докторите, медицинските сестри, возачите се едни од првите во борбата со овој голем здравствен предизвик и навистина заслужуваат големи пофалби за нивната макотрпна, многучасовна секојдневна работа. Тие се влезени и во бројот на здравствени работници коишто ќе добијат соодветна награда за нивната работа во смисла на зголемување на примањата. Тие се врвни професионалци и се еден од столбовите на нашиот здравствен систем“, истакна министерот Филипче.

Македонија | пред 5 години

Aco-Kabranov

Мутирано АЛО АЛО

Адвокатот Сашко Дукоски  вчера истакна дека пред Бојан Јовановски да биде спроведен во скопското јавно обвителство, за да поднесе кривични пријави, добил телефонски повик, со закани насочени кон Боки 13. По оваа изјава имаше вонредна прес конференција во ВМРО ДПМНЕ, на која портпаролот Наум Стоилковски истакна дека Заканите по животот се мафијашка порака од Заев.На социјлните мрежи низа преписки на оваа тема, но и објави на медиумите. Либертас.мк го објави ставот на новинарот Ацо Кабранов. Во продолжение го пренесуваме во целост:-Вчерашната изјава на адвокатот на Боки 13 која порталите заради атрактивноста, претпоставувам бомбастично ја пренесоа, а богами и ВМРО ДПМНЕ дури и прес конференција одржа, да бидам искрен ич не ме возбуди или трогна, едноставно ми беше смешно и само ме потсети на мутираното АЛО АЛО на кое бев жртва цела една година од истите што сега кукаат дека некој ќе им ја симнел главата. Од сопствено искуство можам да претпоставам кој е инспираторот за вчерашната бомбастична заканувачка прикаска.Да бидам искрен, да не беше сведочењето на Орце Камчев во кое ја раскажа епизодата со мутирано АЛО АЛО на мојот телефон, според кое тој бил сведок на такви сеанси за забава на кои Боки и Сергеј ми се јавувале едноставно да си пополнат време и да ме вознемируваат, напати и со морбидни приказни во кои не беше поштеден и мојот покоен син.Искрено подолго време бев повеќе од вознемирен и дури сега сфатив колку сум бил наивен кога заедно со Бојан пријавивме кај министерот Спасовски и во одделот за сајбер криминал дека сме жртви на сајбер криминал од странци. поточно истражители од некакво Канадско биро за истрага како што се преставуваа.Пријавив и во банката бидејки во тие јавувања мутираниот глас ми ги издиктира личните генералии, адреса на живеење па дури и матичниот број и бројот на трансакциската сметка. И да не гњавам, тоа траеше речиси до лишувањето на Боки од слобода и јас бев во заблуда дека навистина јас и тој сме жртви на одвратно малтретирање, а ни на крај памет не ми беше дека главниот играч или, ако сакате, инспиратор, за жал бил токму Боки, момчето кое јас искрено го почитував, без разлика на сите предрасуди што во јавноста се вртеа околу него. Да знаев порано кои биле вистинските телефонисти-мутанти можеби и јас ќе најдев некој адвокат, тој ќе најдеше заинтересирана партија и ете ти топ прикаска за забава на народот, особено во предизборие.П.С.Нека ми прости Боки, адвокатот негов не оти тој е платен да употреби се за да го одбрани тој кој што го плаќа, ич не се ситам на се што му се случува, но сепак изборот бил негов. А за мутираните АЛО АЛО јавувања никогаш, ама никогаш нема да им простам него и на Сергеј, тие најдобро знаат зошто. Така што, вчерашното запомагање на адвокатот и партискиот прес се само евтина приказна во режија на Боки слична како онаа дека, не дај боже, има рак. Сепак јавноста се забавува ама тврдам, на вакви итроштини тешко дека ќе поверува.Ацо Кабранов за ЛИБЕРТАС

Македонија | пред 5 години

Stip_1

Социјална правда и обештетување на граѓаните оштетени во транзицијата нуди Македонски концепт во Велес и Штип

Предизборниот караван на Македонски концепт денеска ги посети градовите Велес и Штип од Изборната единица 3.За граѓаните на Велес изјава дадоа Петар Богојески, носител во изборната единица 1 и кандидатот за пратеник во третата изборна единица Елизабета Костова Бочварова. Пред велешани Богојески истакна што е приоритетно за градот и што е потребно за граѓаните на Велес.“Прво што ќе понудиме на граѓаните на Велес е слобода како форма на живот, за Велес и цела Македонија, а второ е спокој, односно извесна иднина за граѓаните. Денес никој нема извесна иднина и не знае што се случува, законите се менуваат секој ден, ни граѓаните и бизнисмени не знаат што се случува. Не се знае што ќе се случи со работните места, или што следи утре. Трето е солидарно поведение каде е проектот за обештетување на граѓаните. Сите граѓани кои се жртви на транзицијата, од сите влади и политичари во изминативе 30 години, да бидат обештетени од буџетот на државата со околу 300 милиони евра годишно или 1,5 милијарда евра за следните 5 години почнувајќи од 2021 година. Овој проект ќе донесе социјална правда и правичност, проект што мора да се реализирани за да имаме барем минимална правда за граѓаните наспроти оние мал број индивидуалци што го приватизираа и ограбија целиот општествен капитал во минатото, а голем број семејства настрадаа во тој процес. Овој проект е многу корисен и важен за целата држава а посебно за Велес како град со многу стечајци”, изјави Петар Богојески.Пред велешани приоритетите на Македонски концепт ги изнесе и Елизабета Костова Бочварова, кандидатот за пратеник со реден број 2 од изборната единица 3.“Особено внимание во Велес треба да се обрати на заштита на животната средина а   Велес се соочува со многу проблеми поврзани со животната средина. Голем проблем е жгурата позади Топилницата, која што треба да се дислоцира, како и потокот во близина на пазарот. Ќе се залагаме за што повеќе зелени површини и оплеменување на Езерото Младост после ланската катастрофа. Со еден збор ќе направиме се за нормална држава”, потенцираше Костова Бочварова.Во Штип карванот на Македонски концепт беше пречекан од граѓаните каде проф. Војо Беловски, кандидат за пратеник во  ИЕ 3, истакна, “Убедени сме во нашата идеја и со чиста совест, продолжуваме напред, на избирачите им понудиме антимафијашка и нормална опција! Никогаш нема да прифатиме да бидеме во мафијашки раце и да бидеме неми актери на политичката сцена! Само со искреност и посветеност, со чесност и интегритет, заеднички ќе се избориме ЗА НОРМАЛНА ДРЖАВА! Доста беше. Време е за алтернативи, народот е заситен од исти нестручни и нечесни фаци. Триесет години народот живее во апатија, депресија, да не кажам потежок збор – на граница на агонија.”„Поддршката за бројот 10 на избирачкото ливче е последна шанса да смениме нешто во оваа наша држава“, им порача Богојески на граѓаните на Велес и Штип. 

Актуелно | пред 5 години

korona5

Нови 163 лица позитивни на КОВИД19, починаа 3 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1074 тестирања, а регистрирани се 163 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-70, Куманово-2, Дебар-6, Штип-14, Прилеп-2, Тетово-25, Струга-4, Велес-2, Битола-1, Охрид-9, Кавадарци-3, Гостивар-11, Струмица-1, Крива Паланка-2, Кочани-3, Свети Николе-4, Ресен-4.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 40 оздравени пациенти од: Скопје-6, Куманово-1, Штип-16, Прилеп-1, Тетово-9, Велес-2, Битола-1, Гостивар-2, Кочани-1, Ресен-1.Во ГОБ „8 септември“ починаа три лица, пациент од Ресен (42г) хоспитализиран на 13 јуни и двајца пациенти од Скопје (71г) хоспитализиран на  15 јуни и пациентка (83г) хоспитализирана на 23 јуни.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5758, бројката на оздравени пациенти е 2206, на починати е 268, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3284. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 2800, активни 1862• Куманово 725, активни 269• Дебар 89, активни 37• Штип 304, активни 182• Прилеп 242, активни 21• Тетово 628, активни 371• Струга 193, активни 111• Велес 173, активни 30• Битола 45, активни 15• Охрид 140, активни 116• Кавадарци 14, активни 8• Гостивар 102, активни 61• Гевгелија 10, активни 4 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)• Струмица 14, активни 10• Крива Паланка 15, активни 9• Радовиш 4, активни 0• Крушево 6, активни 3• Кочани 66, активни 29• Пробиштип 14, активни 9• Демир Хисар 1, активни 0• Македонски Брод 3, активни 1• Пехчево 5, активни 2• Берово 2, активни 1• Валандово 6, активни 4• Виница 3, активни 0• Делчево 1, активни 0• Кратово 4, активни 1• Свети Николе 24, активни 22• Кичево 16, активни 12• Ресен 89, активни 85• Неготино 20, активни 9 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 1074 теста се преку: ИЈЗ –476, ЦЈЗ Скопје-0, Авицена –104, Биотек –69, МАНУ -116, Жан Митрев (Филип Втори) -148, Судска медицина-11,  Систина  со PCR метода -114 и ЦЈЗ Битола-36. Досега во земјата се направени вкупно 56.809 тестирања на ковид -19.  Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 2 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 94 пациенти. На кислородна поддршка се 46 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.  Во болницата во Козле се хоспитализирани 5 деца позитивни и сомнителни на ковид и 15 возрасни позитивни пациенти.Во ГОБ „8 Септември“ примени се 16 нови, вкупно хоспитализирани се 144 пациенти. На респираторна машина се 7 пациенти.Во болницата во Битола се хоспитализирани 45, а во болницата во Штип се хоспитализирани 28 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 94 пациенти - позитивни и сомнителни на ковид-19.Активни случаи по општини Скопје заклучно со вчера (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)• Чаир – 421• Аеродром - 143• Бутел - 139• Гази Баба - 149• Центар – 125• Карпош – 125• Сарај – 139• Кисела Вода – 107• Ѓорче Петров – 88• Студеничани – 95• Шуто Оризари – 76• Арачиново – 53• Илинден – 30• Петровец – 18• Чучер Сандево – 17• Сопиште – 12• Зелениково-2• Странец – 3• Нераспределен-51Фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања