Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

izbori-02

ДИК ги утврди протоколите за гласање за 13, 14 и 15 јули

Посебниот избирачки одбор (ПИО), кој ќе го спроведе гласањето на 13 јули во домовите на лицата кој што се заразени со Ковид-19 и лицата кој се во самоизолиција (домашен карантин) ќе се состои од здравстени работници и преставници на политичките партии, соопшти денеска Борис Кондарко, член на Државната изборна комисија.Како што објасни Кондарко, на 72 втора седница на ДИК, членовите на ПИО, ќе бидат опремени со лична заштита опрема која се состои од: мантил за еднократна употреба, ракавици за еднократна употреба, заштитна стандардна заштитна маска и средство за дезинфекција. Членовите на ПИО, според утврдените протоколи заштитна опрема ја менуват по завршување на гласањето кај домот на секој гласач, односно толку пати колку што ќе одат да посетат домови на лица каде што има гласање.– Лицето кое гласа задолжително носи заштитна маска преку носот и устата. При самото влегување во просторот (домот) најпрво лицето кое што гласа ги дезинфицира рацете. При влезот на домот на гласачот пред да му се даде гласачкото ливче, на гласачот му се дава заштитна маска доколку ја нема и задолжителни заштитни ракавици. При подавањето на личната карта лицето кое ќе гласа накратко ја симнува маската за идентификација и ја одржува препорачаната дистанца минимум од членовите на избирачкиот одбор, кој исто така се целосно заштитно опремени. Пред да му се даде ливчето за гласање на гласачот задолжително е да ги дезинфицира рацете на кој исто така има заштитни ракавици. По завршувањето на гласањето лицето кое гласа повторно ги дезинфицира рацете. Во целиот процес на гласање задолжително се обезбедува минималната физичка дистанца од еден, до еден и пол метар, информираше Кондарко.Тој воедно рече дека нема да се спроведува дезинфекција на гласачката кутија после секој гласач.Сличен процес на гласање ќе се одвива и на 14 јули, изјави подпретседателката на ДИК, Дитмире Шеху, која истакна дека за разлика од 13 јули, процесот на гласање во домовите на болните, хронилните лица на 14 ќе го спроведат Основнте избирачки одбори (ОИО). Тие според Шеху нема да носат мантили како заштита, заради тоа што не се работи за позитивни случаи од Ковид-19. Но, тие ќе носат заштитна маска, ракавици и одржување на дистанцата. Маската членовите на ОИО треба да ја менуват на секој четири часа.Елизабета Постоловска, како член на ДИК,  ја опиша постапка на гласање на 15 јули и рече дека ДИК е должна пред гласањето во просторите каде што ќе се гласа да спроведе темелно чистење, односно механичко чистење дезинфекција во секое избирачко место во државата без разлика дали се работи за училници во основни и средни училишта, или пак се работи за приватни објекти.– Сите 3 840 избирачки места ќе бидат дезинфицира од ДИК. На денот на гласањето секој гласач е должен да држи пристојно растојание од метар и пол или два пред објектот на гласчкото место, како и пред  влезот на секое гласчко место, и во самото гласачко место. Пред влегување е должен да ги дезинфицира рацете и должен да држи маска.На ниту еден гласач нема да му биде дозволено да влезе во гласачкото место ако претходно не ги дезифицира рацете и не носи маска. Следниот чекор е кога гласачот влегува со маската во избирачкото место и истиот е должен при идентификација на кратко да ја извади маската за да избирачкиот одбор го утврди неговиот идентитет. Рацете ќе треба да се дезифинцира при влезот и излезот на гласачкото место. Избирачките одбори внатре се должни да седат на дозволено растојание од метар до метар и пол, и постојано да носат заштитна маска, како и ракавици со тоа што гласачите наведуваме дека не треба да носат ракавици кога ќе влегуваат во гласачките мест, рече Постоловска.

Македонија | пред 5 години

daniela

Македонски концепт: Остро го осудуваме инволвирањето на деца за водење, црна, неетичка политичка кампања и бараме од надлежните да реагираат

Остро го осудуваме обидот од извесни политички субјекти да ја оцрнат кампањата на Македонски концепт со копирање на нашите симболи и инволвирање на деца во промотивни политички цели. Уште полошо во овој случај се искористени деца за водење црна, неетичка политичка кампања со цел дискредитирање и оцрнување на противникот.Вчера откако карванот на Македонски концепт ги обиколи градовите од 4тата изборна единици помеѓу кои и Струмица и оствари средба со граѓаните на Струмица, од извесен политички опонент, за кој имаме индикации дека станува збор за ОК на ВМРО ДПМНЕ, беа употребени и инструирани малолетни деца кои беа облечени во маички со симболите на Македонски концепт и беа испратени низ градот да делат промотивни материјали.Македонски концепт целосно се оградува од овој потег и остро го осудува овој обид за фалсификат и злоупотреба на деца. Со овој крајно низок чекор неетичноста во политичката кампања ги преминува сите граници.Изборниот тим на Македонски концепт бара од ДИК, ОЈО и МВР итно да постапат и да ги откријат сторителите. За овој настан ќе ја информираме Детската амбасада Меѓаши, ОБСЕ и Хелсиншки комитет!Македонски концепт е платформа која се залага за слобода, спокој и солидарност меѓу сите граѓани на државата и притоа се придржува кон етичките и хумани вредности. Ваквата политичка кампања се коси со сите принципи на Македонски концепт – изјави Даниела Гаврилоска-Јовковска, кандидат на листата на пратеници за изборната единица еден.  

Македонија | пред 5 години

ljubco

Георгиевски во емисијата „Во центар“ обелоденува шокантни информации

Во вечерашната емисија Во Центар која почнува во 22 часот на youtube ќе биде емитувано ексклузивно интервју со поранешниот лидер на ВМРО ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски.Во најавата за емисијата Георгиевски зборува за причините за смена на Борис Стојменов од функцијата министер за финансии и за добиена провизија во Лондон за продажба на Стопанска банка на една грчка банка.Интервјуто трае повеќе од два часа и има ексклузивни и шокантни информации.

Македонија | пред 5 години

korona6

Девет лица починати во земјава од Ковид-19: Седум од Скопје, еден од Тетово, еден од Струга

Починати се девет лица, седум пациенти од Скопје, еден од Тетово и еден пациент од Струга.Во ГОБ „8 септември“ починати се седум лица од Скопје, двајца пациенти на возраст од 62 години, останатите на возраст 56, 59, 74, 88 и 73 години.Во КБ Тетово е починат еден пациент на возраст од 79 години. Во денешната статистика е евидентиран и пациент од Струга починат во „Филип Втори“ (Жан Митрев) на возраст од 84 години.На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 4 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 98 пациенти. На кислородна поддршка се 45 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.  Во болницата во Козле 19 возрасни позитивни пациенти.Во ГОБ „8 Септември“ примени се 8 нови, вкупно хоспитализирани се 129 пациенти. На респираторна машина се 9 пациенти.Во болницата во Битола се хоспитализирани 39, а во болницата во Штип се хоспитализирани 28 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 80 пациенти - позитивни и сомнителни на ковид-19.Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 870 тестирања, а регистрирани се 176 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-61, Куманово-8, Дебар-1, Штип-14, Прилеп-5, Тетово-22, Струга-19, Велес-5, Битола-3, Охрид-14, Гостивар-7, Струмица-1, Кочани-2, Пробиштип-1, Демир Хисар-1, Пехчево-1, Кичево-6, Ресен-5. 

Македонија | пред 5 години

ohrid-carsija-lugje-leto-guzva1

Нови 176 заболени од 870 тестирања, расте процентот на заразени во државава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 870 тестирања, а регистрирани се 176 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-61, Куманово-8, Дебар-1, Штип-14, Прилеп-5, Тетово-22, Струга-19, Велес-5, Битола-3, Охрид-14, Гостивар-7, Струмица-1, Кочани-2, Пробиштип-1, Демир Хисар-1, Пехчево-1, Кичево-6, Ресен-5.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 80 оздравени пациенти од: Скопје-5, Куманово-1, Штип-18, Тетово-30, Битола-2, Гостивар-8, Гевгелија-1, Струмица-1, Кочани-8, Берово-1, Валандово-2, Кичево-1, Ресен-2.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6080, бројката на оздравени пациенти е 2315, на починати е 286, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3479. Од вчерашните тестирања два се контролни, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:•       Скопје 2951, активни 1978•       Куманово 740, активни 283•       Дебар 91, активни 39•       Штип 319, активни 176•       Прилеп 250, активни 27•       Тетово 664, активни 367•       Струга 214, активни 131•       Велес 178, активни 35•       Битола 49, активни 16•       Охрид 163, активни 139•       Кавадарци 14, активни 8•       Гостивар 111, активни 62•       Гевгелија 10, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)•       Струмица 15, активни 10•       Крива Паланка 15, активни 9•       Радовиш 4, активни 0•       Крушево 6, активни 3•       Кочани 69, активни 24•       Пробиштип 15, активни 10•       Демир Хисар 2, активни 1•       Македонски Брод 4, активни 2•       Пехчево 6, активни 3•       Берово 2, активни 0•       Валандово 6, активни 2•       Виница 3, активни 0•       Делчево 1, активни 0•       Кратово 4, активни 1•       Свети Николе 25, активни 23•       Кичево 30, активни 25•       Ресен 98, активни 92•       Неготино 21, активни 10 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 870 теста се преку: ИЈЗ –396, ЦЈЗ Скопје-0, Авицена –99, Биотек –74, МАНУ -153, Жан Митрев (Филип Втори) -29,  Судска медицина-0,  Систина  со PCR метода -71, ЦЈЗ Битола-28, лабораторија Лаор- 20. Досега во земјата се направени вкупно 58.765 тестирања на ковид -19.  Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.Фото: Архива

Македонија | пред 5 години

vucic

Вучиќ сака да биде тренер по кошарка, ја откри професијата по политичката кариера

Српскиот претседател Александар Вучиќ во интервју за српски „Курир“ вели дека доколку не е политичар би сакал да биде тренер по кошарка.„ Би се обидел да работам многу внимателно. Моја неисполнета желба е да тренирам деца. Во некој клуб, земунски „Младост“ или некој од Ушче. Некои пионери или кадети, деца. Тоа ми е најголема желба, вели Вучиќ и додава:„ Но за тоа морам да се запишам на виша тренерска школа, па тоа ми е планот во наредниот период. Можете и да следите како ги полагам испитите. Но сега ми рекоа дека тука има некои проблеми, поинаку е од порано. Ако успеам, можеби еден ден и ќе го остварам својот сон…“ изјави српскиот претседател.фото: Архива

Скопје | пред 5 години

Makedonski-koncept-Bitola_3

(ВИДЕО) Богојески: Време е битолчани да престанат да ги следат корумпираните политичари и да поддржат граѓански пратеници кои ќе носат вистински решенија за проблемите

Решавање на проблемите во Битола, отфрлање на корумпираните политичари, следење на имотната состојба на политичарите и поддршка на кандидатите на Македонски концепт кои со Законот за лустрација и потекло на имот, ќе придонесат за враќање на градот на битолчани, предизборниот карван на Македонски концепт им порача на граѓаните на Битола. Денеска караванот е во посета на градовите од петтата изборна единица, после Битола ќе бидат остварени средби до граѓаните на Охрид, Струга и Кичево.Крајно време е да се направи нешто за да се смени состојбата во градот, а првиот чекор е со поддршка и заокружување на бројот 10 на избирачкото ливче.“Време е Битола и целиот југозападен регион да ја напуштат праксата на следење лажни патриоти и бандити во политиката и конечно да поддржат граѓански листи составени од граѓани кои носат вистински решенија за проблемите. Верувам дека граѓаните на Битола ќе бидат посебно среќни и задоволни доколку ние со наши пратеници во Парламентот го наметнеме законот за финансиска лустрација и потекло на имот на политичарите. Овој закон е предвиден за сите политичари, почнувајќи од мене и останатите политичари од Битола, кои како што се покажа досега се надалеку и нашироко познати по своето криминално поведение за што Битола е доведена во ваква ситуација”, изјави Петар Богојески, Промотор на Македонски концепт, во Битола.При посетата на Битола на карванот на Македонски концепт, средби со граѓаните остарија покрај промоторот, Петар Богојески, уште и носителот на ИЕ 5 Стево Насковски како и кандидатите за пратеници. Насковски им порача на своите сограѓани дека поддршката за Македонски концепт е поддршка за Битола на граѓаните, за политичари со вредности и принципи кои ќе се борат за закони што се суштински за создавање нормална држава и град без корумпирани политичари и лажни патриоти.

Македонија | пред 5 години

koronavirus

Во земјава починаа голем број млади луѓе, без претходно никакви сериозни здравствени проблеми

И покрај тоа што луѓето кои имаат хронични заболувања како што се дијабетес, бубрежно болните, особено оние кои се на дијализа, луѓето со кардиоваскуларни заболувања, оние кои претпеле мозочни удари, претставуваат најризичната група на пациенти од корона вирусот, сепак, според податоците од лекарите, во нашата земја починаа голем број млади луѓе, без претходно никакви сериозни здравствени состојби, објави фактор.мк.И последниот случај, смртта на 40-годишниот ресенчанец, Илче Котевски, ги остави во шок и самите лекари, вработени во ГОБ „8 Септември“.-Се сомневаме дека смртта кај него настапила како последица од пнеумоторакс. Тоа е воздух во белите дробови од скината алвеола. Котевски немаше други хронични заболувања. Дојде во ГОБ „8 Септември“ со тешка пневмонија што е директна последица од Ковид-19. Белите дробови практично му беа распарчени,  вели меѓу другото д-р. Драган Клопчевски, специјалист интернист, во моментов распределен во „8 Септември“, за Фактор.Извор: Фактор.мк

Македонија | пред 5 години

culev

Чулев: Полицијата има право да ги повика на разговор сите за кои постојат индиции дека сториле кривично дело

Полициските службеници имаат право да ги повикаат на разговор сите лица за кои постојат индиции дека сториле кривично дело и тоа ниту е мој избор, а ниту моја одлука. Уште повеќе доколку тие индиции се поткрепени со материјални докази, аудио или видео снимки, се огласи техничкиот министер за внатрешшни работи, Наќе Чулев, откако беше повикан од лидерот на СДСМ, Зоран Заев, МВР да ги свика на разговор и Христијан Мицкоски и Орце Камчев за да се испитаат наводите во новите аудиоснимки.„ Во денешната изјава лидерот на СДСМ јавно ме повика да ги поканиме на разговор и други лица кои се споменуваат во бомбите и уште веднаш ги охрабрувам моите колеги во најкраток можен рок да го направат тоа, но не само оние кои ги спомена тој, туку сите политичари кои изминатиот период беа поврзани, споменувани или во иднина ќе бидат поврзани со некоја од бомбите кои се објавуваат во јавноста, вклучувајќи го и самиот Зоран Заев.Правда за граѓаните мора да има и секој треба да одговара за криминалот кој го направил, особено доколку со тоа го оштетил буџетот на државата. Можеби во техничката влада правдата е поспора, но ги убедувам граѓаните дека после 15-ти јули конечно институциите ќе почнат да функционираат во целост и Министерството за внатрешни работи ќе отпочне засилена борба против криминалот и корупцијата. Функционално Министерство за внатрешни работи кое безусловно и максимално посветено ќе се бори против организираниот криминал и корупцијата е едно од најважните прашања кои граѓаните очекуваат да се реши, но и услов за интеграција на државата во ЕУ и јас цврсто ќе застанам позади реализацијата на оваа заложба“ напиша Чулев.https://www.facebook.com/NakjeChulev/posts/170608887799247

Македонија | пред 5 години

grcija-granica-ne-smeedavnesuvatefood-01-74771-114634-696x406

Протокол за патување во Грција: Прочитајте ги правилата и што треба да направите ако сакате да одите на одмор таму

Специјален образец со лични податоци, траење и адреса на престојот во Грција, ќе треба задолжително да имаат пополнето најмалку 48 часа пред пристигнувањето, сите оние кои од 1 јули планираат да патуваат во Грција, без разлика дали со авион, со брод или преку копнените граници, а ќе добијат единствен баркод (QR) според кој ќе се вршат и тестирањата за Ковид-19, јави дописничката на МИА од Атина.Според протоколите за пристигнувања во Грција, задолжителни за сите, патниците ќе треба да имаат пополнето „Passenger Locator Form (PLF)“, односно образец достапен на специјалната интернет страница https://travel.gov.gr/#/. Откако во неколку чекори ќе ги пополнат сите потребни податоци, што ќе добијат единствен баркод (QR code), според кој ќе се врши и селекција на патниците и кои ќе бидат тестирани за Ковид-19.Образецот во електронска или отпечатена верзија ќе треба посетителите да го покажат при пристигнувањето на граничниот премин, на аеродромот или на пристаништето.Протоколите се речиси идентични без разлика дали патникот доаѓа авионски, бродски или преку копнена граница.Доколку пристигнувањето е со автомобил, автобус, воз или слично, односно преку копнените граници, на царинската и пасошката контрола ќе се проверува баркодот на секој патник.Во зависност од кодот на секое лице, патниците или ќе бидат однесени во делот за тестирање или ќе им биде дозволено да го продолжат патувањето кон нивната крајна дестинација, но ќе добијат информации и упатства од граничните службеници што би требало да направат во случај да им се појават симптоми, односно дека ќе треба да ја конктатираат грчката Национална организација за јавно здравје.Доколку туристот планира да за посети неколку места во Грција, ќе мора тоа да го соопшти, како и планот за следните седум дена.На граничните премини ќе бидат присутни мобилни единици на Национална организација за јавно здравје на Грција кои ќе ги вршат тестирањата за Ковид-19.Според информациите на дописничката МИА од Атина, тестовите ќе се спроведуваат наменски, односно случајниот избор на лица за тестирање ќе биде согласно конкретен алгоритам и пополнетите податоци во образецот.Тестираните лица, потребно ќе биде да останат еден ден во самоизолација во хотелот или туристичкиот објект каде што ќе бидат сместени, сѐ додека да ги добијат резултатите од тестот. Доколку е негативен ќе го продолжат одморот. Во случај да е позитивен, 14 дена ќе бидат во државен карантин во специјално одредените хотели-карантини.Што треба да пополни секој кој планира да патува во Грција?Образецот, односно „Passenger Locator Form (PLF)“, се пополнува електронски преку специјалната интернет страница https://travel.gov.gr/#/ . А на граничните премини може да се покаже или од мобилните телефони или во отпечатена верзија.Во продолжение чекорите за пополнување на формуларот преку копнените граници за сите оние кои планираат да ја посетат Грција.Првото прашање се однесува на начинот на пристигнување, односно дали ќе биде по копно, со авион, со крузер или траект.Откако патникот ќе одбере копно, ќе треба да прецизира дали кај јужниот сосед влегува со автобус, автомобил или воз, а потоа да ги пополни личните податоци, име и презиме, пол, возраст вид на документ со кој патува (и број на пасош или лична карта), број на мобилен телефон и мејл.Доколку патува со автомобил, ќе треба да се внесе и бројот на регистарски таблици, а во формуларот треба точно да се прецизира датумот на влез во Грција, како и граничниот премин.Следната графа се однесува на податоците за постојано живеалиште (земја, град, улица и сл).Доколку во изминатите 14 дена лицето престојувало во друга (не транзит) земја треба да го наведе тоа.Следниот чекор е привремениот престој, односно каде туристот ќе биде сместен во следните 14 дена.Од податоците што се бараат е да се одбере една од 13-те периферии, градот и адреса на сместувањето, а опционално е името на хотелот.извор: МИА

Македонија | пред 5 години

sela-2

Села: Игрите на среќa ќе бидат дозволени само во хотели со 5 ѕвезди

Доколку Алијансата за Албанците и Алтернатива победат на парламентарните избори, игрите на среќа ќе бидат дозволени само во хотели со 5 ѕвезди, истакна претседателот на Алијансата за Албанците Зиадин Села на средби со жителите на селото Пирок.Позицијата на Алијансата за Албанците во врска со законот за игри на среќа, неколку пати јавно е искажано и е веќе вклучена во коалициската програма „Држава за сите“.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

bacev

Бачев: ВМРО ДПМНЕ и СДСМ се „Партија погреб за Македонија“

15 јули ќе биде крај на предавствата. Народот ќе победи. Потребно е разбивање на 30 годишната власт на партијата „Погреб за Македонија“, составена од ДПМНЕ и СДСМ. Оваа партија работи против Македонија, ја продава Македонија. Затоа почитувани избирачи, потребна е национална и патриотска партија во Парламентот. Со „Единствена Македонија“ во Парламентот, наспроти коалициите на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ со албанските партии се ќе биде поинаку, истакна Јанко Бачев, претседател на „Единствена Македонија' и предводник на коалицијата „Никогаш Северна, само Македонија.Бачев во своето обраќање е категоричен:„Кажувам отворено, на 27  април 2017 год, кога се случи државниот удар со насилниот избор на Талат Џафери, „Единствена Македонија“ да беше внатре и со само еден пратеник ќе го спречевме каубојкиот избор на Џафери“.Претседателот на „Единствена Македонија вели додава:„Ајде што 30 години ги трпиме и на глава ни се качија со нивните лаги, со грабежот на околу 15 милијарди евра во овие 30 години, најлошо е сега што ја растураат државата. Но, на изборите ќе се соочат со народот. Јас сум убеден дека сега народот е свесен, дека нема повеќе право на грешка, и ќе одбере национална и патриотска опција во која може да верува“, вели Бачев.Тој е убеден дека на земјава и треба патриотска партија.„Потребна е „Единствна Македонија“ во парламентот. Ќе си ја вратиме државата назад, а потоа лесно е да ги решиме реалните проблеми на народот. Економската наука ги измислува механизмите како се прави богата држава со богат стандард. Потребни се само чесни политичари. Ние од „Единствена Македонија“  излеговме со своите биографии кои се без ниту една дамка и афера во своето долгогодишно работење. Народот треба да бара од секој да ја покаже својата биографија.  Да не им оставаме надеж на ДПМНЕ и СДСМ за нивниот забеган филм. Со „Единствена Македонија“ во парламентот и ќе им порачаме дека неможат да ги продаваат Македонците. Им порачуваме дека сме биле, сме  и ќе останеме Македонци“, вели Бачев.

Македонија | пред 5 години

ohrid-1

Реализирани активности на Јавните претпријатија во изминатите 7 дена

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески на својот ФБ профил ги напиша реализираните активности на Јавни претпријатија во изминативе 7 дена:📌 ЈП „Водовод“▶️Работни активности за нова водоводна линија кај фабрика „Костал“;▶️Санација на јавни чешми на патека кон „Горица“;▶️Санација на дефекти на водоводна линија во близина на „Дрвара“;▶️Активности за санација на девијација водоводна мрежа на булевар „Туристичка“.📌 ЈП „Охридски Комуналец“▶️Поставени се 15 нови садови за отпад со капацитет од 240 литри на фреквентни и лесно пристапни локации во стариот дел на градот;▶️Работни активности за подигнување на нов тревник на реконструираната пешачка патека на булевар „Туристичка“;▶️Завршна фаза од подготвителните активности за формирање на нови парковски содржини и хортикултурно уредување на паркот „Мазија“;.▶️Тековни активности за уредување на јавното зеленило во селата :Горно Лакочереј, Долно Лакочереј, Косел, Подмоље и Лескоец.📌ЈП „Нискоградба“▶️Тековни активности за изведба на приклучоци на фекална канализација на улица „Абас Емин“;▶️Изведба на сливници за собирање на атмосферска вода на „15-ти Корпус“;▶️Чистење и отстранување на дефекти од мрежата на улиците „Караорман“, „Егејска“ „АСНОМ“, „Марко Нестороски“, „15-ти Корпус“.📌ЈП „Градски гробишта“▶️ Работни активности во делот на расчистување и уредување на Охридското крајбрежје, напиша градоначалникот на ФБ.https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/pcb.624630024809271/624629951475945/?type=3&theater

Македонија | пред 5 години

korona-test

ДСЗИ: За сите објавени лица има писмен доказ за неуредна достава на решенијата за самоизолација

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) соопшти дека има писмен доказ односно повратница од АД Пошта за неуредна достава на решенијата за самоизолација, а по реакциите на лицата кои негираат дека одбиле да ги примат решенијата.„За сите лица објавени во списокот ДСЗИ има писмен доказ (повратница) од АД Пошта на РСМ за неуредна достава по неколку основи и тоа: непознат, се иселил, непотполна адреса, непозната адреса“, се наведува во соопштенито.Од ДСЗИ велат дека податоците за лицата кои се објавени во списокот ги добива од ЈЗУ Институт за јавно здравје на РСМ, преку доставен список по електронски пат, од Центрите за јавно здравје, преку епидемиолошките анкети кои ги вршат епидемиолозите од центрите и ги доставуваат до ДСЗИ, потоа врз основа на изјави кои лицата ги пополнуваат при влез во РСМ, а ДСЗИ ги добива преку МВР и за лицата кои изгледуваат од државен карантин, преку списоци кои ДСЗИ ги добива преку Министерство за здравство.ДСЗИ апелира сите граѓани да доставуваат точни податоци ( име и презиме, адреса на живеење, тел. за контакт и по можност email адреса) до здравствените работници кои ја обезбедуваат базата на податоци за издавање на решенија од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

koncept-4

Македонски концепт: ОК на ВМРО ДПМНЕ денеска користеше деца за нанесување штета на нашиот караван во Струмица

Остро го осудуваме обидот од извесни политички субјекти да ја оцрнат кампањата на Македонски концепт со копирање на нашите симболи и инволвирање на деца во промотивни политички цели. Уште полошо во овој случај се искористени деца за водење црна, неетичка политичка кампања со цел дискредитирање и оцрнување на противникот, се вели во соопштението од „Македонски концепт“.Денеска откако карванот на Македонски концепт беше во Струмица и оствари средба со граѓаните на Струмица, од извесен политички опонент, за кој имаме индикации дека станува збор за ОК на ВМРО ДПМНЕ, беа употребени и инструирани малолетни деца кои беа облечени во маички со симболите на Македонски концепт и беа испратени низ градот да делат промотивни материјали.Македонски концепт целосно се оградува од овој потег и остро го осудува овој обид за фалсификат и злоупотреба на деца. Со овој крајно низок чекор неетичноста во политичката кампања ги преминува сите граници.Изборниот тим на Македонски концепт бара од ДИК, ОЈО и МВР итно да постапат и да ги откријат сторителите. За овој настан ќе ја информираме Детската амбасада Меѓаши, ОБСЕ и Хелсиншки комитет!Македонски концепт е платформа која се залага за слобода, спокој и солидарност меѓу сите граѓани на државата и притоа се придржува кон етичките и хумани вредности. Ваквата политичка кампања се коси со сите принципи на Македонски концепт, се вели во соопштението од „Македонски концепт“.

Македонија | пред 5 години

Mak-Koncept-vo-Kumanovo

(ВИДЕО) Три предуслови за формирање Влада, финансиска лустрација, пратеници волонтери и измени во изборниот законик, порача Петар Богојески пред прилепчани

Влада и парламент може да се формира и без политички пазарења и со делење на функции, туку со принципи и вредности. Влада и Парламент кои пред да се формира ќе ги донесат нужните закони за демократизација на земјата, а прв е законот за Финансиска лустрација на политичарите, им порача предизборниот карван на Македонски концепт на граѓаните на Прилеп, Струмица и Гевгелија, при посетата на Изборната единица 4.Единствен начин да докажеме дека не сме сите исти е да станеме дел од парламентот и да покажеме различно поведение и дека со вистински закони може да се формира парламент кој ќе работи за доброто на граѓаните, истакна Богојески.“Предуслов да придонесеме и да се вклучиме во формирање на влада и парламентарниот состав е да се донесе законот за финансиска лустрација на политичарите каде што сите политичари ќе бидат подложни на докажување на потекло на имот па откако ќе биде докажано легалното стекнување на имотот, тие ќе добијат можност да бидат министри.Друг предуслов е донесување на Закон за пратеници волонтери, или народни пратеници како што ги знаат прилепчани, закон со кој пратениците нема да можат да се богатат од патните трошоци така што нема да примаат плата од парламент, нема да патуваат и да наплатуваат патни трошоци, ќе останата во своите живеалишта и законите ќе се донесуваат само еден ден во недела. Со овој наш проект Пратеници волонтери, Парламентот ќе стане институција и вистински народен парламент. Третиот наш предуслов за формирање влада е измени на изборниот законик и прогласување на Република Македонија за една изборна единица, каде што сите ќе биде рамноправни како Законот за финансирање на партиите”, изјави Петар Богојески, Промотор на Македонски концепт, пред граѓаните на Прилеп.Пораките на Македонски концепт, промоторот Богојески им ги пренесе на граѓаните заедно со носителот на листата од ИЕ 4, Жарко Бошкоски како и другите кандидати за пратеници, запознавајќи ги со предностите на проектите на Македонски концепт  и донесување на законите со кои ќе направат промена во државата.Носителот на Изборната единица 4, Жарко Бошкоски пред своите сограѓани истакна колку е важно да придонесат за промена и дека ова е последната шанса да го направат тоа. “Драги сограѓани ова е последна шанса да сториме нешто за нашата држава, не се ова само празни зборови и декларативни изјави, можам да ви ветам нормална држава со програмата на Македонски концепт, законите за кои се залагаме и проектите кои ги имаме. Гласајте за нас, да направиме нормална држава”, истакна Бошкоски.„Заокружување на бројот 10 на избирачкото ливче е поддршка за создавање влада врз вредности и принципи“, им порача Богојески на граѓаните од Прилеп, Струмица и Гевгелија.

Македонија | пред 5 години

mobilen-telefon

Нова аудио бомба: Српскиот тајкун со руски врски Дака дал 300 илјади евра на Заев и Рашкоски

Нова аудио бомба која се појави на „ЈуТјуб“ каналот „Раце Лепливи“, открива фрапантни сознанија и сомневања за криминал од интернационални рамки во кој се врзува името на контраверзниот српски тајкун Миодраг Давидовиќ Дака, Зоран Заев и Рашкоски. Врската за овие три имиња е Зоран Милески Кичеец кој пак е осуден за случајот Рекет.Аудио бомбата опфаќа разговор на Миодраг Давидовиќ Дака и Зоран Милески Кичеец кој кажува дека е пратен директно од Зоран Заев, објави Инфомакс.мк.Разговорот објавен на „ЈуТјуб“ го почнува Зоран Милески кој му кажува на тајкунот Давидовиќ Дака да одат кај Зоран Заев и дека има организирано се. Подоцна се дознава дека Дака и Заев имале директни средби, но и дека биле платени 300 илјади евра.Зоран Милески: Јас бев кај него (Зоран Заев),ми вика знаеш за Дака, доаѓа цело време тука, се сум организирал…Со Рашкоски дали го држиш под контрола. И јас сум реков ДА! И тој ми рече добро ти го работиш ова, јас го правам ова за тебе.Потоа Милески го потсетува Дака дека му дал ветување на генералниот секретар на Владата и близок соработник на Заев, Рашкоски дека е тука ако треба да заврши работа за референдумот за името.Очигледно Давидовиќ Дака е незадоволен бидејќи се чувствува изигран за парите кои ги дал од Зоран Заев и Рашкоски бидејќи не го добил тоа што сака иако платил пари.Бизнисменот Давидовиќ Дака вели: Ги знам тие ваши трикови, Јас вас ви дадов 300 илјади евра и 2000 квадрати работата не е завршена, што саката уште. Јас тебе (мисли на Кичеец) те исплатив и со тебе немам ништо. На што Милески одговара дека има работа сега со Рашкоски.Зоран Кичеец го моли Дака да го однесе кај Зоран Заев и Рашкоски, на што овој одбива бидејќи се чувствува изигран бидејќи не ги исполниле обврските спрема него иако платил 300 илјади евра кеш.Мирослав Давидовиќ Дака: “ви дадов многу пари што сакате уште, само се фолирате, ме правите будала” Мирослав Дака му вика на Кичеец, Заев кажа дека ова го работи заради тебе, со што практично се потврдува дека Заев е длабоко инволвиран во оваа криминална мрежа, објави Инфомакс.мкТекстот во целост на: Инфомакс.мк

Македонија | пред 5 години

DSC_0074

Филипче: Општата болница во Гевгелија одлично се справува во услови на коронавирус

Денеска, министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, беше во редовна посета на Општата болница со проширена дејност Гевгелија. Тој оствари средба со директорот на болницата д-р Митко Крџев, како и со вработените во оваа јавно-здравствена установа.Во текот на епидемијата со Ковид-19, во кругот на болницата беше формиран посебен пункт за земање брис за Ковид-19 со целосно одделен пристап за да се анулира можноста и ризикот од непотребно движење на потенцијално заразени лица. Во просториите нема прием на останати пациенти и комплетно е ставена во функција на потребите на епидемиолошка служба. Екипи од ЦЈЗ и Општа Болница Гевгелија во текот на епидемијата се грижеа за граѓаните на домашно лекување, како и за граѓаните кои беа сместени во државен карантин во хотелите во околината на Гевгелија.„Општата болница во Гевгелија одлично се справува во услови на коронавирус. Нема ниту еден случај на заболен од ковид-19 меѓу вработените во гевгелиската болница. Имаат добар протокол и организиран систем за работа.“ – рече Филипче.Болницата во Гевгелија згрижува и лекува пациенти во одделите за интернa медицина со кардиологија, физикална медицина и рехабилитација, општа хирургија, гинекологија и акушерство, радиодијагностика, неврологија; психијатрија, центар за ментално здравје, оддел за детски болести со постнатално згрижување, офталмологија, оториноларингологија, итна медицинска помош и домашно лекување, за превентивна и стоматолошка здравствена заштита на предучилишни и училишни деца, патронажна служба, био-хемиско лабораториска медицина и патолошка анатомија, а во рамки на болницата функционира и болничка аптека.Во изминатите две години во болницата во Гевгелија, беа реализирани повеќе инвестиции од страна на Министерството за здравство, но и преку преку проектот „Заеднички активности за заштита и подобрување на здравјето на луѓето во прекуграничната област“ (IpA SHIELD II) со финансиска поддршка од ИПА-ППС со Грција.„Вложувањата во изминатиот период беа насочени кон подобрување на условите во болницата, при што беше направена целосна реконструкција и проширување на Дијабет центарот во современ центар кој ги задоволува потребите на граѓаните. Направена е целосна реконструкција на биохемиската лабораторија во современа лабораторија со високи стандарди, изградена е нова болничка аптека. Реконструирани и обновени се и амбулантите за неврологија и ортопедија со урологија, невропсихијатриско одделение, како и болничките соби во физикална терапија. Во оваа установа, целосно е подобрена помошната болничка инфраструктура во смисла на реконструкција на ходници и тоалети за пациенти, а извршени се градежни интервенции и во кругот на болницата – паркингот и оградата", рече министерот Филипче.Во Општата болница во Гевгелија во тек е изградбата на нова хирушка сала. Дел од инвестициите и изведбените работи се реализирани.„Добрата и опремена болница значи многу, како за пациентите кои се третираат од целиот овој регион, така и за здравствените работници кои заслужуваат најдобри услови за работа. Општата болница во Гевгелија покрива подарчје од околу 50.000 граѓани, а заради близината со границата со Грција често се користи за здравствена поддршка и на граничниот премин. Задоволен сум од лекарите, специјалистите и целокуниот персонал, од нивната мотивираност да направат повеќе за пациентите и јавното здравје на подрачјето на кое делуваат. Мило ми е што токму во болницата во која порано имавме недостаток, во моментот имаме 12 специјализанти, а подобрените услови во болницата, зголемените плати на лекарите специјалисти,  верувам ќе бидат дополнителен мотив за нив да останат тука во болницата и да се грижат за здравјето на граѓаните.“, - потенцираше Филипче и додаде дека укинувањето на квотите за лекови на рецепт е една од клучните придобивки имплементирани од Министерството за здравство. Граѓаните имаат лекови во секое време, во кој било период од месецот.Болница има капацитет од вкупно 130 болнички кревети. Болницата во Гевгелија има 233 вработени, 48 доктори (31 специјалист, 5 доктори на медицина и 12 на специјализација), 2 специјалисти стоматолози  и 1 доктор на стоматологија, медицински персонал 132, помошно технички и административен персонал 50.Оваа болница опслужува околу 50.000 граѓани од 4 општини - Гевгелија, Богданци, Дојран и Валандово.

пред 5 години

gazenje

(ВИДЕО) Спотот со кој ВМРО-ДПМНЕ сака да прикаже дека Мицкоски ќе донесе обнова, СДСМ го претстави обнова на режимот

СДСМ почна контра кампања против ВМРО-ДПМНЕ и објави преработка од изборниот спот на ВМРО-ДПМНЕ.Спотот со кој ВМРО-ДПМНЕ сака да прикаже дека Мицкоски е тој што ќе донесе обнова, СДСМ го претстави обнова на режимот. “Одбери обнова на режимот”, се вели во рекламниот спот како дел од контра кампањата на СДСМ против ВМРО-ДПМНЕ. https://www.facebook.com/SDSMakedonija/videos/682728188941977/?v=682728188941977

Македонија | пред 5 години

koronavirus-test

И денес висока бројка, регистрирани 150 позитивни и 9 починати лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1086 тестирања, а регистрирани се 150 нови случаи на ковид-19 во: Скопје – 93, Куманово-7, Штип-3, Прилеп-4, Тетово-12, Струга-3, Битола-1, Охрид-9, Гостивар-3, Кочани-1, Кичево-8, Ресен-5, Неготино-1.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 30 оздравени пациенти од: Скопје-21, Штип-3, Прилеп-2, Тетово-3, Битола-1.Починати се 9 лица, шест пациенти од Тетово и тројца пациенти од Скопје.На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје на 79 години. Во ГОБ „8 септември“ починати се две лица од Скопје на возраст 58 и 81 година и пациент од Тетово на 58 години. Во Тетово починати се пет лица на возраст 63, 60, 77, 72 и 69 години.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5906, бројката на оздравени пациенти е 2236, на починати е 277, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3393. Од вчерашните тестирања два се контролни, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:•       Скопје 2893, активни 1931•       Куманово 732, активни 276•       Дебар 89, активни 37•       Штип 306, активни 181•       Прилеп 246, активни 23•       Тетово 640, активни 374•       Струга 196, активни 114•       Велес 173, активни 30•       Битола 46, активни 15•       Охрид 149, активни 125•       Кавадарци 14, активни 8•       Гостивар 104, активни 63•       Гевгелија 10, активни 4 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)•       Струмица 14, активни 10•       Крива Паланка 15, активни 9•       Радовиш 4, активни 0•       Крушево 6, активни 3•       Кочани 67, активни 30•       Пробиштип 14, активни 9•       Демир Хисар 1, активни 0•       Македонски Брод 3, активни 1•       Пехчево 5, активни 2•       Берово 2, активни 1•       Валандово 6, активни 4•       Виница 3, активни 0•       Делчево 1, активни 0•       Кратово 4, активни 1•       Свети Николе 24, активни 22•       Кичево 24, активни 20•       Ресен 94, активни 90•       Неготино 21, активни 10 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 1086 теста се преку: ИЈЗ –527, ЦЈЗ Скопје-0, Авицена –95, Биотек –125, МАНУ -0, Жан Митрев (Филип Втори) -171, Судска медицина-4,  Систина  со PCR метода -134 и ЦЈЗ Битола-30. Досега во земјата се направени вкупно 57.895 тестирања на ковид -19.  Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 16 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 100 пациенти. На кислородна поддршка се 46 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.  Во болницата во Козле се хоспитализирани 4 деца позитивни и сомнителни на ковид и 17 возрасни позитивни пациенти.Во ГОБ „8 Септември“ примени се 9 нови, вкупно хоспитализирани се 133 пациенти. На респираторна машина се 9 пациенти.Во болницата во Битола се хоспитализирани 44, а во болницата во Штип се хоспитализирани 30 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 75 пациенти - позитивни и сомнителни на ковид-19.Активни случаи по општини Скопје заклучно со вчера (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)•       Чаир – 421•       Аеродром - 147•       Бутел - 137•       Гази Баба - 151•       Центар – 127•       Карпош – 128•       Сарај – 139•       Кисела Вода – 109•       Ѓорче Петров – 86•       Студеничани – 95•       Шуто Оризари – 73•       Арачиново – 54•       Илинден – 30•       Петровец – 18•       Чучер Сандево – 16•       Сопиште – 12•       Зелениково-2•       Странец – 3•       Нераспределен-90

Македонија | пред 5 години

gorica-3

(ВИДЕО) Автомобил падна во Езеро од карпест предел кај Горица 3

Предмалку автомобил падна од карпест предел кај месноста Горица 3 во Охрид.   За среќа автомобилот бил празен. Нема повредени во оваа несреќа.Во моментов се извлекува со брод.

Македонија | пред 5 години

demokrati

(ВИДЕО) Огненовски: 30 години гледаме политички и криминални вработувања

За жал 30 годишното владеење на политичките партии СДСМ, ДПМНЕ, ДУИ и нивните претставници политичките манипуланти, полтрони и криминалци кои што ја ограбуваа Македонија и го осиромашува народот на Македонија, за да можат тие да живеат раскошен, расипнички живот дојдовме во ситуација Македонија да најде во една катастрофална, политичка, економска и меѓуграѓанска и граѓанска, поточно меѓуекничка и етничка криза. сакам да напоменам дека ние треба да имаме една изборна единица со отворени листи, истакна меѓу другото во своето обраќање Претседателот на ДЕМОКРАТИ Јорго Огненовски носител на ИЕ 5.Во продолжение видео обраќањето на Огненовски.https://www.facebook.com/demokratimk/videos/360594941580911/?v=360594941580911

Македонија | пред 5 години

stevo2

(ВИДЕО) Насковски: Тие нека се натпреваруваат во тоа кој е помал или поголем крадец , но ние ќе воспоставиме нови стандарди во политиката

Пред вас е последната шанса за градење на нормална држава. Тоа успешно ќе се направи само врз основа на реална понуда на нови и проекти и замисли кои нема да бидат презентирани за политички поени, туку за подобро секојдневие. Нашите конкуректи, а последниве 30 години владејачки партии ќе ве убедуваат дека сите крадат, дека сите практикуваат непотизам и дека треба да го изберете помалото зло. Но, не сме сите исти. Тие нека се натпреваруваат во тоа кој е помал или поголем крадец , но ние ќе воспоставиме нови стандарди во политиката, истакна меѓу другото носителот на ИЕ5 од „Македонски концепт“, Стево Насковски.

Македонија | пред 5 години

stevo

(ВИДЕО) Насковски: Ова е последна шанса за нормална држава, Заокружете бр 10

Ги повикуваме сите слободни граѓани, конечно да направат разлика. Доста трпиме, на нашето општество му треба Слобода, Спокој и Солидарност. Ова е последна шанса за нормална држава. Заокружете бр 10 за „Македонски концепт“, порача од Охрид, носителот на листата за ИЕ 5 од „Македонски концепт“ Стево Насковски.

Слајдер | пред 5 години

Нема фотографија

На магистралниот пат Струмица – Штип пронајдени 17 мигранти

Седумнаесет мигранти биле пронајдени на магистралниот пат Струмица – Штип, а во нивна близина било пронајдено возило.Според информациите на МВР, вчера во 21 часот под надвозникот, кај клучката за Радовиш, од полициски службеници биле пронајдени 17 мигранти, од кои двајца од Пакистан, еден од Сомалија, пет од Иран и девет од Авганистан.Во близина од надвозникот, покрај патот за Радовиш, било пронајдено и патничко возило „рено лагуна“, со тетовски регистарски ознаки, за кое пронајдените мигранти изјавиле дека биле истоварени од него.По наредба на јавен обвинител мигрантите се предадени во Привремениот транзитен центар Винојуг-Гевгелија за понатамошна постапка. Се работи на расчистување на случајот.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања