Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

donacija-SAD

Предадена донацијата од Амбасада на САД за правосудството за справување со Ковид-19

Амбасадорката на САД Н.Е. Кејт Мари Брнз денеска во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија ја предаде донацијата од Соединетите Американски Држави, преку Бирото за меѓународна борба против наркотици и спроведување на законите (ИНЛ). Донацијата со вредност од 35.000 американски долари е наменета како поддршка за намалување на ширењето на КОВИД-19.„Ова е едно исклучително тешко време и навистина е импресивно како правосудните институции тука во Северна Македонија продолжија да ги исполнуваат своите професионални задачи дури и во овие несекојдневни услови. Сакам да ги пофалам за нивната посветеност да ги заштитат животите на нивните вработени и на граѓаните. Мило ми е што ние можеме да помогнеме денеска со оваа донација“, нагласи амбасадорката Брнз.Донацијата што ја предаде Амбасадорката на САД Брнз ја презедоа в.д. претседателот на Врховниот суд м-р Фаик Арслани, Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески и Директорот на Управата за извршување санкции Јовица Стојановиќ.„Оваа донација доаѓа во вистинско време, во момент кога имаме потреба сите заедно да се бориме против пандемијата на КОВИД-19“, рече Арслани.„На сите ни е јасно дека само со координиран пристап, солидарност и тесна соработка ќе ја добиеме оваа битка со многу опасниот коронавирус. САД се многу пати докажан пријател и поддржувач. Тие се со нас во справувањето со сите досегашни предизвици“, додаде Јовески.„Оваа донација всушност ќе ни овозможи да продолжиме со интензивно темпо да ги штитиме нашите штитеници и вработените во казнено-поправните установи, за спречување на ширењето на КОВИД-19“, истакна Стојановиќ.Инаку, во рамките на оваа донација, судовите, Академијата за судии и јавни обвинители, Судскиот совет, јавните обвинителства, Советот за јавни обвинители, затворите и Управата за извршување санкции добија средства за чистење и дезинфекција на површини и антибактериски гелови за дезинфекција и суво миење раце.Така, Амбасадата на САД во Скопје додели вкупно 6.360 пакувања од по половина литар антибактериски гел за дезинфекција и суво миење раце како и 400 средства/раствори од по 10 литри за чистење и дезинфекција на површини, набавени од домашни производители.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Горивата поскапуваат за половина денар по литар

Ново зголемување на цената на горивата,  одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,05 отсто.Новата малопродажна цена на еуросупер БС-95 изнесува 61 денар, еуросупер БС-98 ќе се продава за 63, еуродизел (ДЕ V) за 52,5, а екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 52 денара за литар.Со одлуката на РКЕ за 0,428 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 25,824 денари за килограм.Како причина за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемувањето на референтните цени на бензинот во просек за околу 2,574 отсто и за околу 1,568 отсто кај дизелот во последните седум дена, како и за 0,175 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

06-1

Дерковски: На избирачкиот список има околу 1,8 милион гласачи

Претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Деркоски, и министерот за внатрешни работи, Наке Чулев, на денешната заедничка прес-конференција истакнаа дека тие имаат високо ниво на соработка.„Веројатно в среда ќе го заклучиме избирачкиот список. Се завршија сите потребни активности, обработката на податоците. Не можам да ви ја кажам точната бројка, но околу 1.814.000 гласачи ќе бидат на избирачкиот список на овие избори. В среда дефинитивно ќе ја соопштиме бројката“, изјави Деркоски.Тој одговарајќи на новинарско прашање, кажа дека засега нема голем број  барања за замена на членовите и замениците од избирачките одбори.„Согласно Законот, познати се критериуми коишто треба да се исполнат за да бидете изземени од член и заменик-член на избирачкиот одбор. Јас сум задоволен од тоа што не е голема бројката на таквите барања. Сите треба да бидеме свесни дека треба да дадеме свој придонес како граѓани на оваа држава за да се спроведе избирачкиот процес на најдобар можен начин“, изјави Деркоски.Членовите на избирачкиот список ќе можат да бидат изземени од изборите само доколку имаат сериозни здравствени причини, хронична болест од листата на хронични болести што е објавена на сајтот на Министерството за труд и социјална политика и сериозни семејни причини за кои треба да обезбедите докази.„Избирачкиот список е чист, ги содржи податоците на сите полнолетни граѓани кои имаат државјанство на Република Македонија. Сметам дека континуираното чистење на списокот во ДИК доведува до тоа  овој список да има високо ниво на прочистеност, ако можам така да се изразам. Граѓаните не треба да се грижат дали избирачкиот список е во ред“, изјави Деркоски.Дерковски соопшти дека избирачките места кои не ги задоволувале критериумите за овие избори се заменети со други локации за гласање.Во помалите рурални средини каде што нема услови, ќе се гласа во приватни закупени објекти.Гласачите од дијаспората не се пријавиле во доволен број и затоа тие нема да гласаат на овие избори.Дерковски истакна дека соработката на ДИК со МВР ќе продолжи и понатаму.Улогата на Министерството за внатрешни работи во изборниот процес е јасна, а тоа е: заштита на човековите права и слободи за време на изборниот процес,  максимална безбедност на граѓаните,  овозможување слободно изразување на правото на глас и секако отсуство на секаков вид на толеранција кон сторителите на кривични дела или прекршоци, нивно навремено откривање и спречување да вршат кривични дела или прекршоци насочени против изборниот процес“.Ова меѓу другото го истакна денес министерот за внатрешни работи Наќе Чулев на прес конференцијата одржана во министерството за внатрешни работи а посветена на претстојниот изборен процес на која што присуствуваше и претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Деркоски.“Ова се десетти по ред парламентарни избори од осамостојувањето на нашата држава кои се разликуваат од сите претходни по фактот дека се одржуваат во услови кога земјата е соочена со пандемијата од ковид-19“ потенцираше министерот Чулев. Но, како што нагласи – тој факт не треба да не поколеба во намерата да се овозможи тие избори да поминат во мирна, фер и демократска атмосфера.“Задачата на техничката влада и партиципирање на опозицијата во неа, е во насока на остварување токму на оваа цел. Ние сме цврсто решени дека кога е во прашање регуларноста и законитоста на изборниот процес воопшто нема дилема дека тој треба да биде кристално чист“, изјави Чулев.Според Чулев сите претходни активности на МВР, но и активностите што претстојат, вклучително и денешната промоција на видео и печатените материјали изработени во соработка со Државната изборна комисија,  се јасна демонстрација на таквата намера.“Денес преку оваа прес конференција и преку целата промотивна кампања која ќе се реализира во следниот период испраќаме јасна порака дека нема простор и толаренција за изборен поткуп, но и праќаме порака дека Министерството за внатрешни работи соодветно ќе ги санкционира сите активности кои ќе бидат насочени кон било каква форма на притисок, заплашување и поткуп на гласачите“,  притоа апострофирајќи ја важноста од добрата и тесна соработка помеѓу МВР и ДИК,  којашто сама по себе е од исклучително значење за изборите, потенцираше министерот Чулев.За Чулев неспорно е дека европскиот пат на кој се наоѓа нашата држава и интеграцијата на нашата земја во европското семејство е директно условена од регуларноста на овие избори, а наедно од нивната регуларност зависи и легитимитетот и кредибилитетот на идната влада.“Но, ниту една друга цел не е поважна од фактот дека пред се граѓаните заслужуваат овие избори да бидат мирни и безбедни.  Во таа насока во оваа прилика уште еднаш потенцирам дека Министерството за внатрешни работи ги има ставено на располагање сите свои капацитети со кои ја гарантира безбедноста на овие избори.  Тука ќе споменам дека веќе е формиран Републички оперативниот изборен штаб со кој раководи Директорот на Бирото за јавна безбедност, а во фаза се и обуките на полициските службеници за соодветно постапување на денот на одржување на изборите“ нагласи Чулев.Тој на крајот од своето излагање упати апел до сите политички чинители да ги почитуваат законите, да водат фер и демократска кампања, охрабрувајќи ги граѓаните дека МВР е максимално отворено за сите нивни забелешки и пријави околу изборниот процес а пред се кога е во прашање кршењето на избирачкото право.

Македонија | пред 5 години

janko

(ВИДЕО) Бачев: Партијата „Погреб за Македонија - СДСМ и ВМРО ДПМНЕ“  го погази уставното право за еднаквост на сите партии на изборите

Партијата „Погреб за Македонија“ составена од ДПМНЕ и СДС , воведе вистинска медиумска цензура на изборите за 15 ти јули. ДПМНЕ и СДС на секој час емитувана програма на телевизиите добиваат по 6 минути, а „Единствена Македонија“ и коалицијата „Никогаш Северна, само Македонија“, добиваме само 10 тина секунди, а ова си го направија со уредба со законска сила, истакна претседателот на Единствена Македонија и дел од коализијата „ „Никогаш Северна, само Македонија“, Јанко Бачев.Бачев додава:Партијата „Погреб за Македонија“  го погази уставното право за еднаквост на сите партии на изборите. Заев и Мицкоски се уплашени луѓе штом воведоа медиумски мрак за изборите. Устите им се полни со демократија, владеење на правото, но во реалноста работат сосема друго. Воведоја медиумска диктатура. Нервозата кај Заев и Мицкоски е голема затоа што внатрешните анкети им покажуваат дека „Единствена Македонија е најсилната опозициска партија која може да го сруши нивниот двопартизам и нивната власт.

Слајдер | пред 5 години

DSC_7360

Филипче: Во Козле хоспитализирани дваесетина пациенти, вкупниот капацитет на болницата е шеесетина кревети

Денеска Министерот за здравство доц. д-р. Венко Филипче го посети Институтот за белодробни заболувања кај деца „Козле“ кој од неодамна е пренаменет за згрижување и на возрасни пациенти заболени од ковид-19, како поддршка на двата главни центри во Скопје, Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби и Градската општа болница „8 септември“.Министерот Филипче изјави дека болницата во Козле е установа со огромна експертиза на лекари и медицински сестри во третманот со болни од белодробни заболувања. Дополнет е кадарот со експерти, специјалисти по интерна медицина, пред се од клиничкиот центар во рамките на системот на ротација.„Дваесетина пациенти се хоспитализирани, вкупниот капацитет на болницата е шеесетина кревети со централен довод на кислород, што е многу важно за третманот на овие пациенти. Сакам да им честитам и на менаџерскиот тим, но и на лекарите и сестрите коишто за многу брзо време се престроија и навистина посветено и пожртвувано работат со овие пациенти. Ќе продолжи планирањето, практично секојдневно, но и средно и долгорочно на капацитетите за третман на овие пациенти. Во следниот период предвидени се и други капацитети. Засега нема зголемување на притисокот кон јавно-здравствените установи во однос на тоа што беше тренд минатата недела. Модуларната болница кај инфективната клиника е целосно испразнета. Во овој момент таму се поставува централен довод на кислород, капацитетот на клиниката не е целосно пополнет, има неколку слободни кревети, но со секојдневна координација и разговор се прави прераспределба по потреба согласно капацитетите и согласно кадарот којшто ротира во сите установи каде се третираат овие пациенти во болниците ширум државата освен во Битола каде што има неколку 4-5 слободни места, во другите инфективни одделенија капацитетите се практично полу празни“, потенцираше министерот Филипче.Директорот на Институтот за белодробни заболувања Козле д-р Ангелчо Андоновски изјави дека во моментов во установата има 20 пациенти кои се позитивни на ковид-19. Пациентите се на возраст од 41 до 85 годишна возраст, a има и две позитивни деца.„На кислородна поддршка има двајца возрасни пациенти. Децата се во добра здравствена состојба и во секој момент се очекуваат последните резултати за да бидат испишани“, рече д-р Андоновски. Тој истакна дека функционираат со помош на тимови од инфективната клиника кои ротираат.

Македонија | пред 5 години

Nikoloski29.06.2020

Николоски: Добив поддршка од Иванов, ќе ја направиме Македонија економски силна, а народот национално горд

Потпретседателот и носител на изборна единица 4 Александар Николоски денеска е во посета на Валандово и валандовскиот регион.Николоски оствари неформална средба и со поранешниот претседател на Република Македонија, Ѓорге Иванов од кој што доби поддршка за предвремените парламентарни избори.-Денес сум горд што добив поддршка од Претседателот Ѓорге Иванов. Претседателот Иванов мојот професор од студентските денови од кого научив многу за политиката која сега ја применувам е најчесниот и најискрен Претседател кого Македонија го имала. Далеку најголем патриот на чело на државата. Човек кој се спротистави на националното обезличување на Македонија. Неговата визија и совети се од голема помош за мене во оваа кампања. Денес во неговото родно Валандово разговараме за иднината на Македонија. Ќе ја направиме економски силна, а народот национално горд. Заедно ќе победиме во четворката и во цела Македонија, напиша Николоски на својата официјална фејсбук страница.

Актуелно | пред 5 години

kolev-2

(ВИДЕО) Колев: ГДУ се залага за намалување на бројот на пратеници во Собранието на 90 по моделот на Словенија

Претседателот на ГДУ Петар Колев придружуван од носителот за ИЕ 5 Даниел Јорданоски и кандидатите за пратеници денеска во Охрид ги  соопштија партиските приоритети за овие избори.„За нас главен приоритет е реформата во администрација и промената на политичкиот ситем. ГДУ се залага за намалување на бројот на пратеници во Собранието на Р Македонија на 90 по моделот на Словенија, а во вториот мандат нашите размислувања се дека македонската демократија може да функционира и со 61 пратеник. Собранието е гласачка маѓина, премногу скапа за граѓаните на Македонија. Над 7 милиони евра се трошат на основа на бруто плата за пратеници во Собрание“, истакна меѓу другото Колев.Видео изјавата од претседателот на ГДУ Петар Колев целот во продолжение.

Слајдер | пред 5 години

Нема фотографија

Комисијата за заразни болести даде зелено светло за концерти

Министерот Венко Филипче, истакна дека е спремен протоколот за организирање настани, во кои спаѓаат и музичките концерти, што било договарано на минатонеделните средби со здруженијата на музичари и здруженијата кои организираат на настани. Филипче истакна дека комисијата за заразни болести денеска дозволи да се организираат настани.„Денеска се дозволи да се организираат настани. Капацитетот да биде пополнет не повеќе од 50 проценти на местото каде се органиизира настанот и картите да се продаваат електронски за да не се прават гужви и редици, а исто така задолжително да се носат маски. Станува збор за одличен протокол и здруженијата земаат обврска, што е за пофалба, сами да го контролираат спроведувањето на мерките таму каде што се организираат“, рече министерот.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

image-29-06-20-12-43

Бакраческа: ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на подобрување на кадровската екипираност во здравството

На Охрид и Македонија им е потребно квалитетно и модерно здравство. Затоа ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на подобрување на кадровската екипираност во здравството. Се обврзуваме за континуиран раст на платите на лекарите, стоматолозите, средниот медицински персонал и техничкиот и административниот персонал. Предвидуваме континуиран раст на вредносната капитација кај матичните лекари и стоматолози, како и ревизија на медицинските и стоматолошките пакети; рационализирање на работното време на матичните лекари, зголемување на ефикасноста и ефективноста како и оптимизација на процесите со помалку администрација. Ќе ја коригираме казнената политика, која ќе се пресметува како процент од личниот доход. Временската рамка е 5% во 2022 година и 5% во 2023 година, истакна на денешната прес-конференцијата на Д-р Грација Бакраческа, кандидат за пратеник во ИЕ5.ВМРО-ДПМНЕ се обврзува за ревидирање и проширување на мрежата за секундарна здравствена заштита кај медицинари и стоматолози. Предвидуваме зголемување на основната капитација за осигурено лице кај матични лекари и стоматолози. Ќе го подобриме моделот на плаќање на избраниот лекар и стоматолог.Веднаш по доаѓањето на власт на Владата на ВМРО-ДПМНЕ, Министерството за здравство ќе пристапи кон изработка и реализација на програма за континуирана медицинска едукација со бесплатни едукации и пренос на знаење на здравствените работници, стоматолозите и фармацевтите.ВМРО-ДПМНЕ се обврзува за решавање на проблемот на специјализантите со утврдување на достоинствена минимална плата на специјализантите и платени дежурства; кариерен план и план за специјализација, преку кој ќе се подобри преносот на знаење со менторство; ќе се подобрат условите во установите каде што се врши специјализацијата; бесплатна имунизација за специјализантите и студенти на медицина во втората половина од студиите. Ќе се обезбеди вработување за тројцата најдобри студенти од секој медицински факултет во земјата. Ќе се стимулираат и кофинансираат нови ПЗУ водени од млади лекари.На здравството му е потребна обнова за поефикасна борба со коронавирусот.За изборот на 15 јули граѓаните се едногласни. Тоа е ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за обнова на Македонија.Бројот 14 за потполна верба во јавното здравство.14 затоа што најважно е здравјето на граѓаните.14 за обнова на Македонија, истакна Бакраческа.

Македонија | пред 5 години

kate

Василеска: Охридското езеро не е збирка приватни бехатонски плажи и парапетчиња!

ФБ статус на Катерина Василеска, кандидат за пратеник за ИЕ 5 од „Македонски концепт“.Охридското езеро не е збирка приватни бехатонски плажи и парапетчиња!Охрид не е Лас Вегас па да ги прибере сите коцкари од околината! Галичица не е џипска патека за изживување, ниту касапница за дрва, ниту ловиште за убијци, туку редок еко-системи и дом на многу растенија, животинчиња, љубители на природата.Зарем нашиот прекрасен Охрид, наместо да е рај за сите Македонци, и пред се прекрасен град за живот на самите охриѓани, да заврши како плен во устите на ненаситните хиени кои го демнат деноноќноОхрид – е совршен за рехабилитација на болни. Значи наместо класични сезонски хотели кои работаат 4-5 месеци, треба да имаме рехабилитациони центри кои ќе работаат 12 месеци, и ќе нудат вработување постојано, стабилно и благородно, за различен вид убави хумани професии – лекари, негователи, физиотерапевти, киропрактичари, готвачи на здрава храна, земјоделци-производители, водичи.Охрид – прекрасен за културно музички меѓународни настани. По примерот на Охридскиот Хорски Фестивал.Охрид – идеален за спорт и спортски настани – убави луѓе ќе доаѓаат по примерот на Охрид Трчат,. Паралелно туризам и спорт. Повторно многубројни можности за работа за локалците и за сите Македонци кои би сакале да живеат Охрид.Охрид – центар за истражувачи, научници, академици заинтересирани за културно – природно наследство. Кои ќе се ем туристи вон сезона, ем ќе носат нови идеи, нови луѓе.Ем ќе ни помогнат да ги разбираме и следиме предлозите од ИКОМОС, ИУЦН, УНЕСКО.Охрид – враќање на филмската академија. И отворање на други гранки од познати светски универзитети како дел од нивната интернационална програма. Идеални сме за тоа.Охрид -ценет образовен центар за одржлив туризам,угостителство,гастроноимија. Целосна реформација на упропастениот Факултетот за туризам и создавање современ факултет-почитуван и привлечен и за странски студенти, по примерот на Филмската академија.Толку многу Охриди имаме и можеме.Зарем треба да дозволиме, на сите овие варијанти, а ги има и мн други, Охрид да стане петпарачка дестинација за ефтин масовен туризам?Охрид да биде претворен во градежен парк за грди зградурини кои зјаат празни?Охрид да биде претворен во парапетче?Во бетон?Во приватни плажи каде самите охриѓани ќе немаат пристап?Во викенд населба, каде локалците мака мачат со празните згради?Да се освестиме драги мои охриѓани, кому така лесно го препуштаме нашиот Охрид.

Актуелно | пред 5 години

SEMM-22

Доделени наградите на СЕММ за најдобри новинарски трудови

Советот за етика во медиумите (СЕММ) денеска, преку видео-обраќање на Фејсбук, ги соопшти наградите од конкурсот за најдобри новинарски трудови поврзани со известувањето за пандемијата на коронавирусот (КОВИД-19), предизвиците и последиците од неа.Прво место, според едногласната одлука на 3-членото жири, освои редакцијата на Истражувачката репортерска лабораторија за сторијата на тема „Несигурни дијагнози: Како лажно декларирани холандски тестови за КОВИД од Кина завршија во Македонија, САД и земјите на ЕУ ( https://irl.mk/nesigurni-diagnozi-kako-lazhno-deklarirani-kholandski-testovi-za-kovid-od-kina-zavrshia-vo-makedonia-sad-i-zemite-na-eu/ ). Сторијата опфаќа мошне релевантна и содржајна тема од поширок јавен интерес, којашто открива меѓународна мрежа на злоупотреби во име на профитот во време на пандемија.Втората награда на годинешниот конкурс на СЕММ ја oсвои сторијата со наслов „ТВ 21 влезе во лабораторија, како се обработуваат тестовите со коронавирус“, на авторот Јовица Пауновски, објавена на Телевизија 21 ( ). Се работи за репортажа која носи актуелна приказна од Лабораторијата на Факултетот за ветеринарна медицина, Скопје, каде што се обработуваат брисевите од пациенти со симптоми на Ковид-19. Репортажата ги објаснува постапките во правењето на тестовите за коронавирусот, условите и начинот на којшто се работи и луѓето кои се вклучени.Жирито одлучи на годинешниот конкурс третата награда да ја поделат новинарски трудови на двајца автори.Во првиот случај наградени се ТВ-прилозите „Битката за храна посилна од стравот од КОВИД-19“ (http://play.mrt.com.mk/play/40044?fbclid=IwAR0qHfT0aHf3lMaD_bvW5gj3_x9-GcJyeUx4eU9QasInsXvAfDVxyB5L1Cw ) и „Дијабетот – втор најголем ризик за коронавирусот“ (http://play.mrt.com.mk/play/40094?fbclid=IwAR1exTnKpyt2AYZfi46gwwRG9Gw6gE2za1HHZpSPyfrpWMVnxlpqOpzuKiQ ) на авторката Катерина Топалова, емитувани на МТВ.Вториот серијал третонаградени стории се „Во село Баланци и во Дебар непосредно пред прогласувањето на кризна состојба“ (https://360stepeni.mk/video-360-vo-s-balantsi-i-vo-debar-pred-proglasuvaneto-krizna-sostojba/ ) и „Најголем број од новозаразените во последните недели се од неколку скопски општини и од Тетово – слика од терен“ (https://360stepeni.mk/video-najgolem-broj-od-novozarazenite-vo-poslednite-nedeli-se-od-nekolku-skopski-opshtini-i-od-tetovo-slika-od-teren/ ), на авторот Хекуран Акифи, емитувани во емисијата 360 степени, на телевизија Алсат – М.Освен награди за најдобрите стории, жирито одлучи да додели и две пофалници. Првата пофалница се доделува за новинарскиот труд на авторот Петре Димитров за сторијата со наслов „Македонски маски, визири, тунели за дезинфекција, скафандери: Коронавирусот отвори и нови бизнис можности“ (https://emagazin.mk/makedonski-maski-tuneli-za-dezifenkci-a-skafanderi-koronavirusot-otvori-novi-biznis-mozhnosti/ ) , објавен на порталот Емагазин. Жирито одлучи да му додели пофалница на новинарот Зоран Јованоски, за сториите „Истражување: зошто ги нема, а и ако ги најдете се поскапи – маските, средствата за дезинфекција, ракавиците“ (https://360stepeni.mk/video-istrazhuvane-zoshto-gi-nema-a-i-ako-gi-najdete-se-poskapi-maskite-sredstvata-za-dezinfektsija-rakavitsite/ ) и „Во струшко Лабуништа раздвижено и по 5 починати и 20-ина заразени од коронавирусот“ (https://360stepeni.mk/video-vo-strushko-labunishta-razdvizheno-i-po-5-pochinati-i-20-ina-zarazeni-od-koronavirusot/ ) , емитувани во емисијата 360 степени, на ТВ Алсат М.Со жирито претседаваше Венера Азизи, а негови членови беа и Емилија Петреска Камењарова и Герман Филков.Како што истакна извршната директорка на СЕММ, Марина Тунева, без неуморната работа на медиумите и професионалното известување, на граѓаните ќе им недостигаа многу информации околу пандемијата на коронавирусот, ниту, пак, ќе беа во можност да се справат со мноштвото дезинформации, шпекулации и невистини кои што дополнително ја зголемуваат загриженоста и стравувањето кај јавноста.Јавниот повик на СЕММ беше отворен за сите професионални новинари и редакции, кои објавиле свои стории во медиумите во Македонија, во периодот од 1 јануари до 31 мај годинава. На годинешниот конкурс се пријавија 62 стории од вкупно 35 автори, од кои 28 беа објавени на интернет портали, 10 во печатени медиуми, 13 на телевизија, 8 на радио и 3 на други медиумски платформи.Наградите се доделуваат со финансиска поддршка од УНЕСКО и ЕУ во рамки на проектот „Градење доверба во медиумите во Југоисточна Европа и Турција – фаза 2“. фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Kejt-Brns-670x496

Донација од САД за судовите во вредност од 35.000 долари

Во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија денеска, Амбасадорката на САД Н.Е. Кејт Мари Брнз ќе предаде донација од Соединетите Американски Држави, преку Бирото за меѓународна борба против наркотици и спроведување на законите (ИНЛ). Донацијата со вредност од 35.000 американски долари е наменета како поддршка за намалување на ширењето на КОВИД-19.Во рамките на оваа донација, судовите, Академијата за судии и јавни обвинители, Судскиот совет,  јавните обвинителства, Советот за јавни обвинители, затворите и Управата за извршување санкции ќе добијат средства за чистење и дезинфекција на површини и антибактериски гелови за дезинфекција и суво миење раце. Амбасадата на САД во Скопје ќе додели вкупно 6.360 пакувања од по половина литар антибактериски гел за дезинфекција и суво миење раце како и 400 средства/раствори од по 10 литри за чистење и дезинфекција на површини, набавени од домашни производители.Донацијата која ќе ја предаде Амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Н.Е. Кејт Мари Брнз ќе ја преземат в.д. претседателот на Врховниот суд м-р Фаик Арслани, Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески, и Директорот на Управата за извршување санкции Јовица Стојановиќ.Фото: Архива 

Македонија | пред 5 години

mickoski-1

Андоновски: Има многу позначајни работи кои се случуваат во државава, но интересот го привлече тоа дека сум бил на ручек со Мицксоки

Љупчо Андоновски, советник на министерот Наќе Чулев, кој го придружуваше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во кафеаната на Боемска улица даде исказ во полициска станица. Андоновски пред медиумите го правдаше Мицкоски, велејќи дека тој договорил со газдите на кафеаната да седнат во затворениот дел на објектот, иако тоа беше забрането со уредба донесена од Владата. Според Андоновски, ваквото прекршување на мерките не е значајно како други работи кои се случувале во државата.„Па ништо не се случи, дадов исказ пред колегите, им објаснив како беше настанот. Мене ми е жал што толкаво медиумско внимание предизвика овој настан. Има многу позначајни работи кои се случуваат во државава, но за жал, интересно им беше дека сум бил на ручек со претседателот Мицксоки, им објаснив како беше и сакам сега на сите вас да ви кажам. Сега сакам јас да ви кажам дека јас се договорив со еден од сопствениците, бидејќи не работеше винаријата, го замолив еден од газдите на винаријата дали може да отвори да седнеме со еден пријател, тој не знаеше кој е. Откако отидовме таму, кога виде дека е дојден Христијан Мицкоски, сопственикот не послужи со пијалок, седнавме и поразговаравме околу час, час и половина. Потоа, тој ја напушти винаријата, по него јас“, рече Андоновски.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

mickoski-7

Мицкоски не се појави да даде исказ во ПС Центар за настанот во Дебар маало

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски не дојде да даде исказ во полициската станица во Центар за случајот кога беше затекнат во затворен дел од кафеана на „Боемска улица". Од МВР потврдуваат дека наместо Мицкоски во Полициска станица се појавил неговиот адвокат.На почетокот на месецот инспекторите го затекнаа Мицкоски како седи во внатрешноста на кафана во Дебар Маало иако тоа беше забрането поради ширење на заразата со Ковид 19.Додека Мицкоски со пријатели седел внатре, инспектори на Пазарниот инспекторат беа спречени да влезат и да направат увид со образложение дека просториите се заклучени, а клучот е кај газдата на објектот. На нив им беше дозволен увид откако Мицкоски излегол од внатрешноста на угостителскиот објект.Претходно беше најавено дека против лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде поднесена прекршочна пријава за овој случај.фото: Архива  

Македонија | пред 5 години

vmro

Доктор Стојаноски: Во првите 100 дена ќе дадеме бонус плата за сите лекари и припадници на МВР

Заштитата на здравјето и подигнувањето на квалитетот на здравствените услуги за граѓаните, ќе биде еден од нашите основни приоритети во периодот што следува. Како држава, во моментов, според сите параметри од релевантните и реномирани европски и светски институции, сме оценети како земја која што се уште се води како ризична зона во однос на исходот од справувањето со корона кризата, истакна Синиша Стојаноски, кандидат за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 1 и претседател на комисија за здравство.Постои голема веројатност за нов бран на КОВИД-19 кој што се очекува од месец септември.Оттука, мошне е важно да имаме влада која е посветена и знае како да се справи со потенцијалните предизвици.ВМРО-ДПМНЕ со Преодната стратегија за првите 100 дена влада, се обврзува на зајакнување на капацитетите на јавното здравство. Државата и граѓаните никогаш повеќе нема да се соочат со хаосот во секторот на здравство.Во првите 100 дена ќе формираме национално координативно тело за здравствена дејност, како и целосно нов концепт за функционирање на болниците.Ќе се зајакнат целокупните  болнички капацитети, со акцент особено на инфективните одделенија во земјата, во насока на тоа да го дочекаме подготвени новиот потенцијален пик на корона вирусот.Предвидуваме комплетно спроведување на дигитализација и аплицирање на концептот Е-здравство, односно здравство без хартија.Дополнително во насока на подобра координација и ефективно функционирање, ќе биде извршено интегрирање и реорганизирање на клиниките во Кампусот „Мајка Тереза“ како и клиничките болници ширум државата.Ќе имплементираме целосно нова методологија за тестирање, која ќе опфати тестирање на критични точки, со мобилни тимови на терен, тестирање по случаен примерок, серолошки тестови за откривање на граѓани кои стекнале имунитет на вирусот, како и зголемено широко тестирање на контактите на заболените со Ковид 19.Со цел зајакнување на капацитетите на јавното здравство, планираме вклучување на младите лекари и специјализанти во борбата против Ковид 19.Во првите 100 дена сите здравствени работници ќе добијат еднократна надокнада од 50% од нивниот личен доход, како награда за справување со корона кризата. Исто така во првите 100 дена вработените на Инфективна клиника и ГОБ „Осми септември“ ќе добијат дополнително една плата како бонус за натчовечките напори кои ги вложуваат во борбата со вирусот.Награда за својот труд ќе добијат и вработените во МВР, кои неуморно се бореа во справување со последиците од кризата со вирусот.За да се обезбеди применето и споредбено искуство од други земји, ќе повикаме и искусни тимови на колеги од странство, кои врз база на своето успешно искуство во справување со корона вирусот, ќе ни помогнат во справувањето со кризата и кај нас.Ќе биде извршено модифицирање на протоколите за работа на угостителските објекти. Дополнително ќе се изработат протоколи за заштита и во другите дејности како: спортски сали, фитнес центри, внатрешните делови на рестораните и стопанските дејности, кои во моментот не функционираат, а се со цел постепено отворање и ставање во безбедна функција и на овој бизнис сектор.Помош ќе има и за компаниите, со цел да не се јават нови кластери, како тие во конфекциите во Штип.За таа цел се предвидени средства за дезинфекција, маски, како и помош при безбедно спроведување на процедурите за транспорт на работници и за превентивен скрининг на вработените.Време е да ставиме крај на руинирањето на здравствениот систем!Време е за обнова!Исправи се Македонијо! Одбери обнова, истакна Синиша Стојаноски, кандидат за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 1 и претседател на комисија за здравство.

Македонија | пред 5 години

Kaneo-2

(ФОТО) Продолжи акцијата за отстранување на урбана опрема, шанкови и објекти, денеска во Канео

Рано утрово продолжи акцијата која ја спроведува општина Охрид со која се отстранува урбана опрема, шанкови и објекти од плажите. Денеска се отстранува се што е нелегално поставено во Канео.  Акцијата која започна неодамна се спроведува со полициска асистенција нема селективност.Потсетуваме дека акцијата има силна поддршка од амбасадорите во земјава.Инаку Општина Охрид за целата акција на почетокот само кусо информираше дека се преземаат активности за отстранување на урбаната опрема и остатоците од објекти кои се лоцирани на крајбрежјето на Охридското Езеро.„Се работи за урбана опрема и градби кои се надвор од опфатот на Генералниот урбанистички план. По завршувањето на активностите за отстранување на овој потег од крајбрежјето, ќе се пристапи кон отстранување и на останатите објекти, потпорни ѕидови, шанкови, метални конструкции и настрешници, кои исто така се надвор од опфатот на Генералниот урбанистички план и навлегуваат во КП 1/1 Охридско Езеро“, истакнаа од Општина Охрид. 

Македонија | пред 5 години

Blagica-Lasovska

Отворено писмо од Ласовска, до Заев

Отворено писмо од Благица Ласовска, претседателка на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ до Зоран Заев. Во писмото се вели:Ова отворено писмо го пишувам првенствено како жена, мајка, слободен граѓанин на нашата Македонија.Ова писмо го пишувам по згрозувачкиот атак врз Тамара која учествуваше во видеото кое е дел од кампањата на ВМРО-ДПМНЕ, а кое доаѓа од еден ист центар, чиј ракопис лесно се познава.Посипаа мизогинија, сексизам, шовинизам врз Тамара, и око не им трепнува, во исто време кога устите им се полни со Европа, вредности, магии.И затоа вам Ви се обраќам г-дин Заев, затоа што инспиратор на ваквите напади врз интегритетот врз жената сте токму вие, и за се' понатаму, ќе ве сметам лично одговорен за ваквото варварство.И не само затоа што веројатно со воодушевување ја гледате таа драма со која се гази по женските слободи, туку и поради тоа што не преземате ништо за да го осудите истото.Да не заборавиме дека во Ваше време полицајка се само повредуваше во “Пајак”, затоа што беше немоќна поради хибридниот режим да се спротивстави. Да го споменувам ли антисемтизмот посипан во 21 век врз Рашела Мизрахи чии перјаници денес се блиску до вас во оваа кампања.Тргнавте во атак врз дваесетина години возрасна девојка, затоа што немате што друго да понудите.Атакот врз Тамара е ваш срам, и пример за тоа каков однос имате кон жените во Македонија. И иако тие закани, навреди, и сексизам изгледаат многу бучни по социјалните мрежи, тие се израз на немоќ, доказ за паника и чувството на страв од пораз. И колку погласно се обидувате да атакувате врз жените толку поголем ќе ви биде поразот.Билбордите на кои сте сликани со женски кандидати не ве прави почитувачи на правата на жените туку секојдневниот однос кон нив.И да, очекувам да се извините, поради срамот и атакот на социјалните мрежи од вашите активисти врз млад човек, жена. Тоа е и ваш срам.А Тамара, и сличните како нејзе ќе останат во Македонија, и ќе продолжат со бунтовноста, затоа што за правата на жената постојано се бори, во секој час во овој ден, и насекаде.Иво Андриќ ќе напише “жената стои, како капија, на излезот како и на влезот на овој свет”, очигледно со овој атак врз жените вие излегувате и се пензионирате од светот на политиката. 

пред 5 години

90525679_10220922589797167_2192514228319944704_o

Се расправале за паркинг, па се обидел да го прегази со автомобилот

Гостиварец и кавадарчанец се степале за паркинг во Скопје. По тепачката, гостиварецот се обидел да го прегази кавадарчанецот, по што отишол дома и се вратил со воздушен пиштол.Според информациите на МВР, инцидентот се случил вчера околу 15.15 часот.Во полиција било пријавено дека на ул.„Тодор Чангов“ дошло до нарушување на јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу Н.Т.(40) од Гостивар и Ј.Ј.(40) од Кавадарци, на која, според пријавеното, ѝ претходела вербална расправија поради место на паркинг.Според пријавеното, Ј.Ј. со неговото возило се обидел да го прегази Н.Т., кој притоа се здобил со повреда, по што започнала физичка пресметка меѓу нив.Во еден момент Ј.Ј. отишол до куќата во која престојувал и се вратил со пиштол, додека Н.Т. избегал.По пристигнување на полициските службеници, Ј.Ј. бил затекнат со посочениот пиштол, за кој било утврдено дека е воздушен и кој му бил одземен. Тој бил приведен, а Н.Т. бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Скопје | пред 5 години

106389089_191238758996814_8783204841316849632_n

Радмила Шеќеринска и Фатмир Дехари на „Охридско Лето“

Плакат на кој е Радмила Шеќеринска фотографирана во кабинетот на Фатмир Дехари пред симболите на УЧК утрово осамна на повеќе локации низ Охрид, меѓу кои и на огласната табла на фестивалот „Охридско Лето“ на плоштадот во Охрид.Фестивалот „Охридско Лето“ заради вонредната состојба која траеше до скоро и мерките кои се на сила уште не ја има објавено програмата, па таблата се искористила за политичка активност.Партиите пред секои избори потпишуваат кодекси но скоро никогаш не се почитуваат. 

Македонија | пред 5 години

apteka-kvoti-lekovi

Филипче: Со укинувањето на квотите решивме децениски проблем

Со укинувањето на квотите за лекови на рецепт во аптеките ширум целата држава - решен е деценискиот проблем. Сега, граѓаните имаат достапни лекови во секое време.„Веќе десетти месец како лекови има во секое време, било да е тоа на почетокот, на средината или кон крајот на месецот. Граѓаните имаат редовен пристап до лекови во текот на целиот месец. Тие повеќе не прават домашни залихи и не стравуваат дека ќе останат без потребниот лек. Со оваа мерка која ја имплементиравме најмногу им помогнавме и на пензионерите. Се грижиме максимално за нивното здравје. Горд сум што ги решаваме најкрупните и најважните сегменти од јавното здравство. Докажавме дека пациентот ни е на прво место. Го зајакнавме нашиот здравствен систем. Продолжуваме и во следниот период да го унапредуваме јавното здравство“, потенцираше министерот Филипче.Мерката за укинување на квотите за лекови на рецепт во аптеките започна во месец август 2019 година, како прва фаза во аптеките во регионите на туристичките места Охрид, Дојран, Гевгелија, Ресен и Струга. Минатата година, на први октомври, се укинаа целосно квотите во аптеките на територија на целата држава.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

petar-1

(ВИДЕО) Богојески: Доколку „Македонски концепт“ одлучува во оваа земја, политичари со поведение како господин Рамиз Мерко ќе исчезнат од политичката сцена!

На крајот од денешниот караван на Македонски концепт Богојески од Струга порача: -Доколку Македонски концепт одлучува во оваа земја, политичари со поведение како господин Рамиз Мерко ќе исчезнат од политичката сцена!

Македонија | пред 5 години

siluvanje

Непознат маж нападнал и се обидел да силува 86-годишна жена

Непознато лице вчера се обидело да силува 86-годишна жена во нејзиниот дом во Кочани. Според информациите од МВР, тој физички ја нападнал жената по што и` одзел пари.Извршен бил преглед од лекар, а за настанот бил известен Јавен обвинител. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Кочани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

cveke

(ВИДЕО) Фатени на дело како крадат цвеќе од двор на фирма во Кичево

Безбедносни камери снимија како три возрасни жени крадат цвеќе од двор на фирма во Кичево. Од снимката се гледа како тие откако ќе го искорнат цвеќето од бетонска саксијата, влегуваат во автомобилот со скопски регистарски таблици и заминуваат.Објавувачот на материјалите пишува дека жените кои го украле цвеќето застанале да направат пауза. Во моментот кога една од жените го корне цвеќето, другите две чуваат стража за да некој не ги види. Откако ќе го откорнат цвеќето, поради тоа што им приоѓаат неколку лица, една од нив го остава во бетонската саксија, правејќи се дека ништо не се случува. Потоа, тие продолжуваат со крадењето и цвеќето го ставаат во најлонска ќеса, а мажот кој ги превезува, се качува во автомобилот и тие заминуваат.фото: ФБ

Македонија | пред 5 години

mak-koncept

Македонски концепт: Охрид не смее да биде град со најголема стапка на иселеност, ние имаме планови за развој на градот и регионот

Караванот на „Македонски концепт“ денеска ја промовираше својата програма во Охрид. Пред присутните покрај лидерот Петар Богојески и носителот на листата за ИЕ5 Стево Насковски, се обратија и кандидатите за пратеници Томе Блажески и Катерина Василеска.„Ви се обраќам да го зачувеме сјајот на старото охридско градителско наследство, претставувано години наназад од познатите охридски градители архитекти, Пантелеј Митков, Климент Заров, Викторија Попстефанија, сестрите Хаџиеви, Тодор Паскали, Димитар Зарчев и Павел Балабанов кои ги поставија основите на градителството и урбанизмот во Охрид и пошироко во Македонија“, истакна Томе Блажески, кандидат за пратеник од „Македонски концепт“ во ИЕ5.„Јас имам една цел, а тоа е да ја вратиме светлината на нашиот град на светлината – Охрид. Охрид не смее да биде град со најголеме стапка на иселеност, туку град во кој ќе се чека на ред за вселување од сите кои сакаат да уживаат во оваа убавина. Тоа е она за што јас ќе се залагам на сите начини и со сето мое знаење и со сите членови на „Македонски концепт“ и сите кои сакаат да допринесат за оваа визија, истакна кандидатот за претеник од „Македонски концепт“ за ИЕ 5, Катерина Василеска.

Актуелно | пред 5 години

Нема фотографија

Богојески од Охрид најави проект за заштита на историското и културното наследство

Петар Богојески денеска во Охрид го реафирмираше минатогодишниот проект од Македонски концепт за изградба на автопат Велес – Прилеп – Битола – Охрид.„Ќе се поврзат и Крушево преку Кривогаштани, Демир Хисар преку Бучин, Ресен, Македонски Брод. Тој проект го најавивме на самиот почеток од промоцијата на Македонски концепт минатата година… целосно оправдан од планираните капитални инвестиции во патната инфраструктура“, истакна Богојески во својот пост на социјалните медиуми. Македонски концепт на овие избори е под бројот 10 на избирачкото ливче. Последна шанса за нешто заедно да направиме за подобра држава е главниот слоган на партијата.Македонски концепт од Охрид најави и проект за заштита на историското и културното наследство Македонскиот туристички бисер Охрид е најдоброто место за промоција на проектот на Македонски концепт за заштита на историското и културното наследство, како на градот така и во државата.Тоа денеска од Охрид го порача, Петар Богојески, кој истакна дека „Македонски концепт” тоа ќе го изведе и реализира на начин поразличен од она што, како што рече, досега го правеле бандитите од претходните власти изминатите 30 години.– Историското и културното наследство во земјата ќе го заштитиме вистински на начин како што налагаат европските стандарди. Устите ни се полни со ЕУ, а немаме ниту ронка од нашата одговорност и минимум европско поведение за тоа како треба да се однесуваме кон наследството. Нашиот проект за заштита на историјата ќе биде суштински за отпочнување вистинска ренесанса за презентација на македонското културно и историско богатство пред светот, рече Богојески.Тој истакна дека туризмот после земјоделството треба да биде втората суштинска гранка за развој на стопанството во земјата.– Охридскиот регион преку туризмот може да го храни македонското образование и здравство. Да имаме достоинствено здравство, претходно треба да создадеме достинствен туризам, рече тој.Носителот на Изборната листа на Македонски концепт за 5 ИЕ, Стево Наскоски, ги повика охриѓани да ја искористат „последната шанса” за решавање на проблемите во градот, но и поширокиот регион на Охридското Езеро.– Ние нудиме шанса за комплетирање на заштита на езерото од отпадни води, преку прочистетлни станици на деловите на езерото што не се поврзани со Колекторот. Тука е и проектот „Охрид град музеј” за конзервирање и реновирање на објекти од културно изториско значење во градот со средства од државата.„Македонски концепт” нуди промени и последна шанса за Охрид, Струга и Македонија, изјави Богојески.

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања