Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

image-30-06-20-12-34

Петкоска: Ќе изработиме нова Национална стратегија за развој на туризмот со акциски план за 10 години и нејзина целосна имплементација

На развојот на туризмот како значаен сектор за Охрид и Македонија му е посветено посебно внимание во новата програма на ВМРО-ДПМНЕ.Континуираното зголемување на бројот на туристи преку градење на нов модел за развој на туризмот и нови туристички понуди и форми на туризам, јакнењето на маркетинг капацитети со цел промоција на Македонија како атрактивна туритичка дестинација и зајакнувањето на човечките ресурси во секторот туризам и угостителство, се нашата главна цел и стратешки приоритет, истакна на денешната прес-конференцијата на Лидија Петкоска, кандидат за пратеник во ИЕ5.Се обврзуваме за јакнење на развојниот потенцијал на туризмот. Во соработка со домашните факултети за туризам и угостителство, како и реномирани експерти во оваа област, ќе изработиме нова Национална стратегија за развој на туризмот со акциски план за 10 години и нејзина целосна имплементација. Исто така, со вклучување на јавноста и туристичкиот сектор ќе изработиме студија за развој на алтернативни форми на туризам и ќе го одредиме начинот на кој тие ќе се развиваат и унапредуваат во период од 5 години.Се обврзуваме и за воспоставување на критериуми за организација на дестинацискиот менаџмент како главен развоен продукт на туризмот, со што ќе се приклучиме кон светските движења. Практиката на издвојување на средства за финансирање на тур-операторите која се покажа како одлична мерка за привлекување на странските тур-оператори ќе продолжи и во иднина, но нудиме и нови начини на субвенционирање на целогодишен туризам и субвенционирање на недоволно развиените туристички потенцијали.Со цел мотивирање и поддршка на развојот на еколошко одговорни угостителски капацитети, предвидуваме субвенционирање на угостителските капацитети кои врз основа на соодветни критериуми би добиле статус Зелени хотели.ВМРО-ДПМНЕ се обврзува за привлекување на бренд-имиња во угостителството, хотелиерството и трговијата, со цел привлекување на краткотрајни посети од соседството и пошироко. Притоа, ќе вложиме напори за отворање на аутлет центар по примерот на голем број држави.Свесни дека само со квалитетна понуда, нашата земја ќе може да им конкурира на другите држави во намерата за привлекувње на што поголем број туристи, ќе востановиме стандарди и насоки за подобрување на категоризацијата на сите туристички објекти.Со воведување на алатката е-визиторс ќе ги генерираме туристичките, статистичките и економските податоци, кои се неопходни, за да ги следиме показателите за развојот, напредокот и унапредувањето на туризмот и врз нивна основа ќе ги надградуваме целите и политиките за континуиран туристички развој.Бројот 14 за атрактивен и модерен туризам!14 - за јакнење на развојниот потенцијал на туризмот!14 - за континуиран туристички развој на Охрид и Македонија!15 јули - за коренита Обнова на Македонија, истакна истакна на денешната прес-конференцијата на Лидија Петкоска, кандидат за пратеник во ИЕ5.

Македонија | пред 5 години

106499611_316788612684269_8913961431645624114_n

Пронајдени над 100 килограми марихуана во пловен објект на брегот на охридското езеро

Полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал странци и реадмисија –Регионален центар за гранични работи Запад при Бирото за Јавна безбедност во координација со Основното јавно обвинителство Струга како резултат на претходно преземени мерки и активности на 30.06.2020 година во раните утрински часови на регионалниот пат Струга -Охрид во близина на месноста викана ,, Рампа,, кај Струга во пловен објект на брегот на езерото пронајдоа седум торбици со поголема количина на спакувана марихуана со тежина од над 100килограми.Од страна на увидна екипа извршен е увид на лице место , а по собирање на доказниот материјал во координација и по насоки на ОЈО Струга ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело ,, Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги , психотропни супстанци и прекурсорси,, по член 215 од Кривичниот Законик Република Северна Македонија. фото: МВР

Македонија | пред 5 години

plaza-1-1

(ФОТО) И денеска се отстранува урбаната опрема, шанкови и објекти во Канео

И денеска продолжи акцијата која ја спроведува општина Охрид со која се отстранува урбана опрема, шанкови и објекти од плажите. И денеска се отстранува се што е нелегално поставено во Канео.  Акцијата која започна неодамна се спроведува со полициска асистенција нема селективност.Потсетуваме дека акцијата има силна поддршка од амбасадорите во земјава.Инаку Општина Охрид за целата акција на почетокот само кусо информираше дека се преземаат активности за отстранување на урбаната опрема и остатоците од објекти кои се лоцирани на крајбрежјето на Охридското Езеро.„Се работи за урбана опрема и градби кои се надвор од опфатот на Генералниот урбанистички план. По завршувањето на активностите за отстранување на овој потег од крајбрежјето, ќе се пристапи кон отстранување и на останатите објекти, потпорни ѕидови, шанкови, метални конструкции и настрешници, кои исто така се надвор од опфатот на Генералниот урбанистички план и навлегуваат во КП 1/1 Охридско Езеро“, истакнаа од Општина Охрид. 

Македонија | пред 5 години

policija-1

МВР со детали за тракторската несреќа по која две деца се удавија во реката Струмица

Малолетници на возраст од 15 и 14 години, поради тракторска несреќа, вчера се удавиле во реката Струмица.Како што информираат од МВР, 15-годишник од селото Добрејци и 14-годишник од Пиперево, со трактор кој го управувал 14 годишникот, во попладневните часови се упатиле кон местото викано Таре на реката Струмица за да ловат риби.Во еден момент, тракторот се превртел и паднал во реката, а децата се удавиле.На местото на инцидентот извршен бил увид од Јавен обвинител и екипа од СВР Струмица.

Македонија | пред 5 години

Civil

Седиштето на ЦИВИЛ мета на вандализам со заканувачки и навредливи пораки

Седиштето на ЦИВИЛ повторно е мета на вандализам со заканувачки и навредливи пораки. Панелот во дворчето зад седиштето на организацијата што се користи за состаноци и изјави за јавноста е турнат, а врз него е ставена лопата. Натписот со логото на организацијата и натписот „Слободна зона“ веднаш под него се скинати, а пред вратата беа истурени отпадоци. На вратата, со остар предмет е изгравиран зборот „Nazi“ (нацист).Ова не е првпат ЦИВИЛ да биде мета. Освен што организацијата и нејзините претставнички и претставници се постојано под напад од националисти и радикали, па и од високи функционери на одредени политички партии и политички структури.Веднаш по 27-априлските настани во 2017 година, седиштето беше ограбено, кога беа украдени лаптопи и електронската архива на организацијата. Случајот никогаш не е решен.Во 2018 година, на паното на ЦИВИЛ беа испишани вулгарни зборови и симболи. Ноќта помеѓу 29 и 30 јуни, непознатите сторители, со очигледна политичка агенда, се обидуваат да испратат заканувачки и навредливи пораки до организацијата. Случајот веднаш беше пријавен во полиција.ЦИВИЛ е организација за човекови права и слободи, формирана во 1999 година, која ужива огромна доверба и поддршка од граѓанките и граѓаните од сите заедници, со најразлични убедувања и ориентации. Овој вандалски чин може само да ги охрабри сите добронамерни и прогресивни граѓанки и граѓани, а особено членовите и поддржувачите на ЦИВИЛ да продолжат со својата добра работа.

Македонија | пред 5 години

Ljubomir-Joveski-696x464

Јовески за МИА: Сите предмети на СЈО ќе добијат завршница

„Обвинителството нема да ја повтори грешката, кога заради непостапување по конкретните случаи се формира СЈО. Поради тоа, ве уверувам дека овие предмети ќе добијат завршница“, вели државниот јавен обвинител Љубомир Јовески, во интервју за МИА, по повод стапувањето на сила на новиот Закон за јавно обвинителство.Здравствената криза, како што вели Јовески, донесе застој во сите области на живеењето, па така и во работењето на правосудните органи, но истакнува дека обвинителите постапуваат во предметите и по нив ќе се донесуваат одлуки за кои јавноста благовремено ќе биде запознаена.„Обвинителите континуирано постапуваат по сите предмети. Зависно од фазата во која беше преземен секој од предметите, се продолжи со дејствијата и постапките течат. Здравствената криза донесе застој во сите области на живеењето, па така и во работењето на правосудните органи, што беше наметнато од приоритетот да се обезбеди здравјето на сите лица инволвирани во постапките. Напомнувам дека обвинителите постапуваат во предметите и по нив ќе се донесуваат одлуки за кои јавноста благовремено ќе биде запознаена. Предметите на СЈО, Јавното обвинителство ги презема за да продолжат постапките и сторителите на кривични дела да ја добијат заслужената казна. Обвинителството нема да ја повтори грешката, кога заради непостапување по конкретните случаи се формира СЈО. Поради тоа, ве уверувам дека овие предмети ќе добијат завршница“, истакна Јовески.И покрај тензиите со кои беше прослено неговото донесување во февруари, Јовески не очекува опструкции во неговата примена.„Не гледам причина за тоа. Досега јавното обвинителство честопати беше мета на политички препукувања. Законот за јавно обвинителство, чија имплементација ја започнуваме, дава добра основа за јакнење на институцијата и професијата. Силно јавно обвинителство е потребно на нашето општество, на сите нас, на државата. Владеење на правото е темел на секоја демократија и еднаквост на граѓаните“, вели  Јовески во интервју за МИА.извор: МИА

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ најавува дека ќе обезбеди поевтини мобилни услуги

Македонија не смее да продолжи да стагнира. Граѓаните очекуваат државата да тргне напред.       ВМРО-ДПМНЕ има план за обнова на Македонија, на кој се обврзуваме. Граѓаните имаат потреба од намалени цени на мобилни услуги, во таа насока ќе отпочнеме постапка за влез на трет мобилен оператор во Македонија. Што ќе доведе до понуда на услуги со поголем квалитет и понатамошно намалување на цените во мобилната телефонија и мобилниот интернет, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Во 2020 и 2021 ќе продолжи намалувањето на цените на услугите кои граѓаните на Македонија ќе ги добиваат во роаминг во државите од Западен Балкан, а од 2022 цените на тие услуги ќе бидат еднакви со цените на услугите кои се обезбедуваат во Македонија по примерот на RLAH (Roam Like At Home). Ќе се направат напори да се потпишат спогодби и со останати држави, а особено со државите членки на ЕУ.Ќе иницираме формирање на професионално тело за саморегулација на медиумите, под закрила на АВМУ, со учество на релевантните медиумски организации. Намерата на ова тело ќе биде да ја намали потребата за ангажирање на другите државни институции, како судовите или обвинителството, во спорови кои произлегуваат во медиумската сфера. Телото би било репрезентативно на различните новинарски здруженија и медиуми, и преку јавни седници би давало мислење за претставки поднесени од страна на граѓани, носители на јавни функции, стопанственици... кои сметаат дека одреден медиум ги прекршил етичките правила на известувањето кога објавил вест за подносителот. Новинарите кои се соочуваат со тужба, исто така, ќе можат да побараат мислење од телото. Политичките партии кои го поддржуваат формирањето на телото би ги повикале своите претставници да ги почитуваат неговите одлуки, и да се воздржат од судско гонење на новинари доколку телото утврди дека новинарот постапил етички и коректно во известувањето.Дополнително за медиумите ќе се заложиме за ослободување од прекумерна регулација.Зоран Заев изминативе години докажа само дека може повеќе да краде, да рекетира и да се богати. Мора да ставиме крај на овој грабеж. Исправи се Македонијо! Одбери обнова, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.фото: Архива

пред 5 години

Нема фотографија

Од денеска стапува на сила новиот Закон за Јавното обвинителство

Од денеска стапува на сила новиот Закон за Јавното обвинителство, кој беше донесен пред распуштањето на парламентот. Со тоа, престанува важноста на Законот за специјалното јавно обвинителство, каде вчера вработените го имаа својот последен работен ден.Со новиот закон се гарантира дека постапките покренати од поранешното Специјалното јавно обвинителство продолжуваат. Според законот, предметите од надлежност на СЈО, кои, пак, се преземени од јавниот обвинител Љубомир Јовески, се распоредуваат по јавните обвинителства за натамошно гонење.Аудиозаписите и транскриптите од бомбите за предметите покренати по 30 јуни 2017 година можат да се користат само како индиции и на нив не може да се заснова обвинителен акт или обвинителен предлог, односно тие не можат да бидат предложени и употребени како доказ во постапката.Законот предвидува Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, да постапува и за најтешките кривични дела како што се перење пари, злоупотреба на службената положба и овластување, примање поткуп, терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, тероризам, злоупотреба на постапката за јавен повик, како и за кривични дела извршени од организирана група од три или повеќе лица, за кои е предвидена казна затвор од најмалку четири години. Најголем дел од предметите покренати од СЈО во себе содржат сомневања дека обвинетите ги сториле овие кривични дела.фото: Архива 

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Дејкоски: Во селата може и мора,да се креира одржлив развој

Колумна на Перо Дејкоски , кандидат за пратеник на „Македонски концепт“ на ИЕ 5Претстојните парламентарни избори најмногу ќе останат запаметени поради фактот предизвикан од пандемијата на корона вирусот,термин што ни го зарази и животот и јазикот.Ете и јас го започнав ова мое обраќање токму со ова зло иако потрошив многу време како да го избегнам.Едноставно тоа е невозможно.Светот е опседнат со Короната.Секоја средба почнува и завршува со неа. Сите медиуми се преполнети со статистики , анализи , предвидувања,насоки,протоколи,совети,наредби…Од огромниот број податоци за вирусот,за тоа како и каде најмногу се шири,за мене најинтересни се оние кои кажуваат дека заразата најбрзо се шири во населенети места со голем број на жители,особено во оние што се многу загадени.Од вкупниот број заразени во светот доста голем број се од градските средини.Статистиката исто така потврдува дека најризични се затворените простори како болниците,фабриките,домовите за стари лица кои најмногу се лоцирани во градските средини.Сите велат дека после овој шок што го доживеа човештвото светот не може да биде ист.Се вртат многу сценарија за она што не очекува во блиска иднина.Нема многу оптимизам во нив.Особено за економијата,се очекува нејзин драматичен пад во наредниве години.Се потврдува старата вистина дека болеста носи сиромаштија.Во вакви услови,вечната тема развој на руралните средини,за која кај нас со години многу се зборува а малку се прави,добива друга димензија.Во наредните години што претстојат ќе бидеме принудени да се свртиме кон селото и заради нашето здравје и заради нашиот опстанок.Голем број научни студии направени од врвни експерти од областа на социологијата и психологијата,ја нагласуваат предноста на живеењето во селата.Покрај чистата природа погодна за земјоделско производство селото,може да се рече е единственото место за духовна инспирација,бегство од секојдневието,ментална релаксација,со еден збор место каде што може да се организира здрав социјален живот.Како архитект од секогаш сум тврдел дека во селата може, а сега велам и дека мора,да се креира одржлив развој.Валоризацијата на руралните средини е голема шанса за Македонија.Во атарите на македонските села,генерално запуштени и оставени сами на себе,лежат големи потенцијали за развој на земјоделството , сточарството , туризмот , производство на чиста енергија.Се разбира дека развојот на руралните подрачја никако не може да се замисли без стратешки добро осмислена подршка од страна на државата,која треба да биде постојана и долгорочна.Истово важи и за регионот од кој што и јас потекнувам.Многу можности но мала реализација.На прсти можат да се набројат успешните проекти реализирани во струшките и охридските села.Приказната за нив е неприметлива.Можеби неколку од аспект на туризмот и сл.Поради актуелната ситуација со здравствената криза и искушенијата што таа ќе ги донесе се залагам,во договор со државата и локалните самоуправи,што побрзо да се дефинираат приоритетите во инфраструктурните проекти во регионите долж планината Јабланица,на Долни Дримкол,Малесија и Дебрца.Исто така во договор со надлежните од Општините Струга и Вевчани ќе треба да се направи поголем притисок за што побрзо донесување на Законот за прогласување на Јабланица за национален парк.Треба да се поттикнат и да се помогнат луѓето кои живеат во овие региони и компаниите кои гравитираат во тој простор да инвестираат во помали или поголеми капацитети од областа на селскиот туризам и културното наследство во нив,ловиштата и рибарството,печуркарството,производството на здрава храна,пчеларството,мали или поголеми енергетски капацитети кој ќе произведуваат зелена енергија.Во оваа насока треба да се охрабри и да се помогни на населението кое поседува стари куќи тие да бидат реконструирани и зачувани во нивната автентичност.Ова особено е важно за селата од Долни Дримкол,каде сеуште постојат стари куќи кои претставуваат бисер на македонската архитектура и градителство.Со вакви размислувања може подобро да се организираме,пред се во нашиот регион,за да одговориме на некои предизвици што брзо ќе се појават во нашите животи.Почнав и ќе завршам со Короната.Таа покрај паниката , стравот , смртта , сиромаштијата направи и добри работи:Ги закрпи озонските дупки,го прочисти воздухот во големите и малите градски средини,ги исчисти водните потенцијали.Не научи дека помалку е повеќе.Се надевам дека во оваа насока на нас жителите на Република Македонија ќе не свести дека од политички аспект постојат и други.Текстот е посветен на големиот ентузијаст,човекот наречен пркос,патриотот со големо срце и поранешен градоначалник на Општина Вевчани Г-динот Васил Радиноски основоположникот на модерното македонско село.

Актуелно | пред 5 години

janko

БАЧЕВ: Повикувам на масовна излезност на изборите

Пред  нас се уште едни избори на 15 јули. Со голема загриженост слушаме за масовен поткуп на гласачи. Со уште поголема загриженост ги примаме и најавите за неизлегување на изборите на еден дел на народот поради здравствената криза. Свесни сме за оправданоста и причините кој го доведоа народот до тоа, кој се последиците од таквиот чин. Природно и уставно право на народот е да управува со државата преку избори и да ја насочува нејзината иднина, но неизлегувањето на изборите оди во прилог на власта. Тие што сега владеат, тоа и го сакаат, мала излезност.Знаеме дека на овие избори ќе се обидат и да ве заплашат, да ве поткупат, да  ве уценат и да ве скршат. Ако се обидат да ве заплашат, избегнето го конфликтот и не заборавајте, имајте на ум дека деновите на оваа власт се одбројани. Ако се обидат да ве поткупат со пари или со продукти, не ги одбивајте, земете се што ќе ви дадат, тоа е од вашите пари кои со години ви ги крадеа. Ако се обидат со вработување да ве придобијат, не ги одбивајте вработете се, но знајте дека тоа е ваше уставно и законско право кое ви припаѓа вам. Тоа не го прават заради вас, туку пред се заради себе, за да можат и понатаму да владеат, да ја пљачкаат и да ја рушат Македонија.Што и да прават прифатете, но не дозволете да ве скршат, да ви го уништат духот, да ви го срушат достоинството на човек, да ве деморализираат. Од вас и вашата волја зависи се. Судбината е во ваши раце.Ве повикувам заеднички да го најдеме излезот од тунелот во  кој со години се наоѓаме. Мудроста е кај вас. Нашата улога како “Единствена Македонија” е да ги слушнеме, проучиме, обмислиме и се обидеме да ги реализираме вашите идеи и предлози.Ве повикувам, почитувани избирачи, масовно да излезете на изборите на 15 јули. Ние ќе се бориме од вас и вашата волја зависи дали ќе успееме.“Единствена Македонија” и коалицијата “Никогаш северна –само Македонија” ја бара првата шанса на изборите, тоа може да биде и последната шанса за Македонија.

Слајдер | пред 5 години

IMG_3480

Илхан Ќучук: изборите во Северна Македонија - клучен тест за демократска зрелост

По објавувањето дека парламентарните избори во Северна Македонија ќе се одржат на 15-ти јули, постојаниот известувач на Европскиот парламент за Северна Македонија Илхан Ќучук, рече:„На 15-ти јули, граѓаните во Северна Македонија ќе го искористат своето политичко право да одлучат кој ќе управува со земјата во текот на следните четири години, управувајќи го преку клучните фази на барање разговори за пристапување во ЕУ.Под сегашните околности, ги повикуваме сите политички сили во земјата да бидат одговорни и да ги следат обврските согласно Кодексот за фер и демократски избори и да и овозможат на земјата успешно да помине клучен демократски тест.Ги повикуваме властите да обезбедат фер и непречен изборен процес во согласност со меѓународните обврски и стандарди, што ќе се спроведе по соодветни мерки за заштита на здравјето.Политичките партии, релевантните државни тела, вклучително и изборната администрација, граѓанското општество и медиумите, имаат заедничка должност да обезбедат транспарентна, веродостојна и објективна изборна кампања, ослободена од дезинформација и заплашување.Историските договори со Бугарија и Грција се во центарот на европската иднина на Северна Македонија, зајакнувајќи го помирувањето и добрососедските односи низ целиот европски континент.Преку инклузивност, толеранција и позитивна дипломатија, Северна Македонија ја покажа својата заложба за надминување на внатрешните и надворешните поделби, што претставува пример за целото соседство. Продолжувањето на меѓупартискиот дијалог по изборите е од најголема важност за најновата членка на НАТО на која и е потребна политичка сигурност за да напредува во процесот на демократска консолидација и трансформација.По изборите, ЕУ е подготвена да продолжи да ја дава својата поддршка на новоизбраната Собранија и на Владата. По изборите ќе бидат потребни целосно функционални институции, кои се одговорни од ангажирана и посветена опозиција, за да ја водат земјата кон пост-пандемично закрепнување, да продолжат со реформите поврзани со ЕУ и да ги испорачаат европските аспирации на граѓаните на Северна Македонија. Ги поздравуваме напорите на Европската комисија да ја претстават нацрт-рамката за преговори што е можно поскоро и ги повикуваме земјите-членки да ја усвојат без одлагање. "РедоследПредвремените парламентарни избори во Северна Македонија првично беа планирани за 12 април, но потоа беа ставени на чекање заради кризата со вирусот Ковид-19. Земјата сега е водена од техничка влада, која првично беше задолжена да ги организира изборите,  а Собранието во моментов не заседава од март.Северна Македонија ја поднесе својата апликација за членство во 2004 година и стана кандидат за пристапување во ЕУ во 2005 година. На 26 март, Европскиот совет го одобри решението за отворање преговори за пристапување со Северна Македонија и Албанија. Комисијата ги финализира документите кои ги утврдуваат нацрт-рамките што ќе се користат за преговори за пристапување на Албанија и Северна Македонија во ЕУ, откако ќе бидат усвоени од Советот. Објавувањето на пакетот за проширување на Европската комисија е одложено до есента, како резултат на пандемијата Ковид-19.

Македонија | пред 5 години

lence-ristoska

Обвинителката Ленче Ристоска последниот ден во СЈО го опиша како горчиво -сладок

Обвинителката и портпаролка на Специјалното јавно обвинителство, Ленче Ристоска, синоќа на социјалните мрежи , по повод последниот рaботен ден на СЈО, моментот го опиша како горчиво -сладок.„Горчлив е вкусот на разделбата и сите неостварени планови, но слатки се спомените за заеднички совладаните предизвици и споделената енергија. Денес се поздравивме со колегите од стручната и од административно-техничката служба и со истражителите. На вработените во СЈО денес им е последен работен ден и овие луѓе од денес остануваат без работа! Денес мојот стручен соработник ми вика: „Тажно е обвинителке, ко средна школа кога завршуваш, четири години сме заедно, што се не делевме, имаше периоди почесто бев на работа од дома“. И така беше…За мене СЈО беше симбол за борба за идеали, за правда, интегритет, подобра иднина, борба против злоупотреби на системот, на послабите, на зависните, борба против неказнивост. Начинот на кој згасна СЈО, начинот на кој никој не најде храброст изречно да каже дека се укинува институцијата, мислам дека не заслужува коментар, затоа што борбата за правда е вистинска само кога е плод на внатрешен порив за одговорност, првенствено лична, па потоа на сите кои грешеле пред законите, порив за нетолеранција на неказнивост, порив за принципелно и однесување со интегритет“, напиша Ристоска.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

droga-grcija

Над стотина килограми дрога запленета во Охрид

Во полициска акција синоќа во Охрид запленета е над стотина килограми опојна дрога.Наскоро повеќе ...фото: Архива

Македонија | пред 5 години

koronavirus-kovid-19-pacient-lekari-2

Филипче: Лесната форма на болеста може да се лекува во домашни услови

При вчерашната посета на Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле, на новинарско прашање околу домашното лекување, Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче истакна дека и лесната форма на болеста може да се лекува во домашни услови, тоа секако треба да биде под контрола на матичен лекар, но при влошување на состојбата треба навреме и веднаш пациентите да се упатат на болничко лекување.„Лесната форма на болеста може да се лекува во домашни услови под контрола на матични лекари. Но, многу е битно да знаат граѓаните дека и при најмало влошување на состојбата, по препорака на матичен лекар, пациентите треба да се јават во болница. Има болнички капацитети.“ – изјави Фипилче.Филипче истакна дека огромен дел од смртноста кај заболените пациенти е заради тоа што доцна се јавуваат на болничко лекување и дури 50% од смртните случаи се по првите неколку денови од приемот во болница. Заради тоа е неопходно по влошување на симптомите, пациентите веднаш преку матичен лекар да се јават за болничко лекување.„Има многу такви случаи во коишто има влошување на состојбата во домашни услови, има влошување на состојбата и додека се пациентите во болница. Мора да знаат сите дека и најмало влошување треба да се земе крајно сериозно, треба да е сигнал за да се хоспитализира пациентот. “ – изјави Филипче.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Jorgo

(ВИДЕО) ДЕМОКРАТИ со план за спас на културното наследство

Партијата „Демократи“ реагира на состојбата во која е оставен Аквадуктот од римско време во близина на Скопје.https://www.facebook.com/ohrid1/videos/2751306021766807/

Слајдер | пред 5 години

korona-test

Седум вработени во гинеколошко одделение во прилепската болница позитивни на КОВИД 19

Болничарка вработена во акушерско-гинеколошкото одделение во Прилеп инфицирала уште шест свои колеги со кои што работела, други болничарки и медицински сестри, пренесува новинската агенција МЕТА.Вработената ги криела симптомите и продолжила да оди на работа, пишува МЕТА. По нејзина xocпитализација, извршено е тестирање и потврдено дека уште 6 други вработени се позитивни на Koвид-19.фото: Архива 

Македонија | пред 5 години

0000traktor

Две деца загинаа во несреќа со трактор

Две деца на возраст од 14 и 15 години загинаа попладнево управувајќи трактор во општина Босилово.Тие со возилото излетале од мост и паднале во реката Струмица, по што починале на самото место.Едното дете е од селото Пиперово, а другото од селото Добрејци. Несреќата се случила на патот меѓу двете села.На увид е излезен и јавен обвинител заедно со полицијата. Се утврдуваат причините за несреќата.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

ljupco

(ВИДЕО) Ристовски: Не сум јас осудуван во САД, Станува збор за 55 годишен човек со исто име и презиме

Ристески на  гостување на „Телма“ со Богоески и Грчева,  запрашан за денешните написи дека бил осуден на 18 месеци затвор за кривични прекршоци поврзани со даночните власти во САД, револтирано истакна:Немојте да ширите лаги и невистини. Станува збор за 55 годишен човек со исто име и презиме. Може да видиме за кого станува збор. Ќе го поканиме во Македонија да видиме за кого станува збор. Тоа е различен човек. Станува збор за друг човек со исто име и презиме. Немојте со лаги да ми го нарушувате угледот и честа и да ми правите штета“, истакна Ристовски. https://www.facebook.com/111220626921688/videos/1630704543761557/?v=1630704543761557

Македонија | пред 5 години

ljupco-ristovski

Дали Љупчо Ристовски бил суден пред американски суд?

Дали претседателот на „Интегра“ Љупчо Ристовски, во САД по два основи на 15. октомври 1997 год и на 16 јуни 1998 година бил осуден на 18 месеци затвор за кривични прекршоци поврзани со даночните власти во САД. Неговата осуда и казната биле потврдени на 18 април 2000 година.По оваа осуда Ристовски неколку пати поднесувал жалби кои биле одбиени.Деталите за овој предмет може да ги поднесете на овој линк. Во текот на денов во повеќе наврати се обидовме да стапиме во контакт со Ристовски, но тој не одговара на нашите телефонски повици. Му испративме и смс порака на која до овој момент нема одговорено.Очекуваме дека Ристовски ќе се огласи на нашите повици и ќе образложи за што станува збор или пак ќе ја демантира информацијата.Доколку Ристовски сака да демантира, неговиот став ќе го пренесеме во целост.

Македонија | пред 5 години

mickoski-3

Мицкоски: Нема да има привилегирани политичари, обновата значи и еднаквост спрема законот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес заедно со носителот на изборна единица 6, Дафина Стојаноска го посетија населеното место Јегуновце и остварија средба со жителите. Од таму Мицкоски порача дека за две седмици обновата на Република Македонија ќе започне. На 15-ти јули ќе ги стаса казната од народот СДСМ и Зоран Заев.„Изминативе 30 месеци поминав 100-тици илјади километри низ нашата мала но достоинствена, горда татковина. Разговарав со илјадници сограѓани, учев од нив за маката, за тешкиот живот, а тоа се гледа и во нивните очи. Не треба многу човек да е аналитичен, само е доволно да го погледа човека во очи и тогаш во таа длабочина на човечкиот поглед можете се да видите. Може да го видите тешкиот живот но и разочараноста од политичките елити. Велат вие ќе дојдете, ќе заминете, но пак се ќе остане исто, што ќе се менува за нас. Многумина доаѓаа, ветуваа , но за жал ништо не исполнија, или многу малку испорачаа. И токму тоа е велам нашата мотивација за да се фатиме за оваа работа“, појасни Мицкоски.Мицкоски додаде дека дојде моментот кога треба да се бори, да се бори за подобро утро за идните генерации за да останат во преубавата Македонија.„Заврши времето кога политичарите ќе бидат привилегирани. Заврши времето кога политичарите ќе бидат привилегирана каста и нивните семејства. Политичарот треба да биде тука долу со народот и тоа ќе биде првата лекција која што идните народни избраници од Коалицијата „За обнова на Македонија“ ќе ја добијат на 16-ти јули, заедно со читанката наречена „Проект – Обнова“. Тоа ќе биде првата лекција која што ќе мораат да ја знаат. Нема веќе канцелариски политичари, туку заедно со народот ќе бидат за да учат, а тоа што ќе го научат од народот ќе треба да го спроведат“, нагласи Мицкоски.Мицкоски посочи дека секој оној кој што ќе биде дел о Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, кој што ќе има некаква задача, кој што ќе треба да одработи нешто за народот ќе треба да ја знае првата лекција од „Проект – Обнова“. Политичарите треба да се жртвуваат за сопствениот народ. Политичарите треба да го водат народот, а не да се кријат позади него.„Програмата многу внимателно ја создававме, збор по збор, реченица по  реченица, пасус по пасус и тоа со часови, денови и ноќи, заедно со партиските комисии, заедно со многу експерти кои што не се партиски определени кои што се од земјава и кои што се од странство. Заедно со вас претпоставувам ќе се сетите за оние разговори за Македонија, кога заедно со вас ги пишувавме овие 360 страни наречен „Проект – Обнова“. И за секого има по нешто. И на него се обврзуваме на многу работи. Се обврзуваме на најмалку 25%повисоки просечни плати во еден мандат. Се обврзуваме на најмалку 20% повисоки пензии во еден мандат за пензионерите и враќање на старото законско решение. Се обврзуваме на најмалку  1000 километри реконструирани патни правци локални и регионални. Се обврзуваме за младите најмалку еден Универзитет кој што ќе биде на Шангајската листа меѓу првите 1000. Се обврзуваме на реновирани студентски домови, на еден студентски град. А, за земјоделците најмалку 640 милиони евра субвенции и загарантиран откуп во еден мандат“, нагласи Мицкоски.Мицкоски за крај од средбата на граѓаните од Јегуновце вети по победата на ВМРО-ДПМНЕ  ќе започне обновата на Македонија. Македонија по 15-ти јули ќе стане подобро место за живеење.

Слајдер | пред 5 години

siljanoska-1

Силјаноска- Давкова: Заштита на човековата средина ни е приоритет , се обврзуваме за еколошки градови и намалување на загаденоста

Носителката на изборна единица 1 Гордана Силјаноска – Давкова од пред спортската сала „Борис Трајковски“ во населба Карпош порача дека ВМРО- ДПМНЕ ги разгледала  сите барања од граѓаните и од разни организации кои се всушност инкорпорирани во програмата „Обнова“. Таа додаде дека како носител на изборна единица 1 ќе се залага за заштита на една од темелните вредности а тоа е заштита на човековата средина.„Во уставот на Република Македонија една од темелните вредности е заштитата на човековата средина. Но тоа декларативно убаво звучи. Во реалноста повеќе наликуваме на ова зад нас на депонијата. Пред мене се барањата и предлозите за подобра животна средина на Еко планета„ истакна Силјаноска- Давкова.Дополнително Силјаноска - Давкова истакна дека ВМРО- ДПМНЕ и коалицијата „За Обнова на Македонија“ сериозно се залага за еко држава со огромен број на проекти кои ќе бидат со сигурност реализирани.„ За да зборуваме за еко -планета ние прво треба да создадеме еко град, еко држава,па тогаш ќе имаме право да бидеме дел на еко платената. За жал далеку сме од тоа но мислам дека добро граѓаните треба деновиве да погледаат што се случува зад нас. Зошто? Зошто јас сум уверена дека набрзо оваа депонија ќе ја нема а зад неа ќе се вратат прекрасните слики од моето детство на шумата крај Вардар„ кажа Силјаноска – Давкова.На крај Силјаноска – Давкова потенцираше дека ВМРО- ДПМНЕ е одговорна партија и партија која го слуша гласот на народот и граѓаните  дека скоро сите  идеи и сугестии се инкорпорирани во самата програма воедно и оние за заштита на човековата средина.„Не можам а да не кажам дека овие барања и предлози се веќе вградени во програмата„ Обнова за Македонија“ на ВМРО- ДПМНЕ. Значи доаѓа еко времето, доаѓа свеста дека ние сме дел од природата и дека природата е постара од нас и дека мора да живееме во хармонија со неа оти пукајќи по неа си пукаме себеси„ појасни Силјаноска – Давкова.

пред 5 години

2Nikoloski

Николоски до Заев: Ајде на ТВ дуел да ги спротивставиме програмите и концептите

Денеска сме во посета на Дојран, стар и нов Дојран, понатаму Валандово, Богданци, околните населени места, ќе одиме во Удово, Пирава, ќе одиме во Стојаково и во останатите населени места од овој регион да поразговараме со луѓето за она што се нивни потреби, нивни маки, Истакна Александар Николоски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.Но, во исто време да ја презентираме и програмата проект Обнова на Македонија. За овде можам да кажам дека има огромен потенцијал за развој на туризмот, кој што за жал не се развива во изминатиот период и треба многу да направиме, пред се во делот на субвенционирање на оние кои што се занимаваат со туризам, се со цел да можат да дадат подобри услуги кои што ќе можат да привлечат поголем број на туристи.Исто така формирање на бренд Македонија, или бренд Macedonia кој што треба да ја брендира нашата држава, со цел што повеќе туристи да доаѓаат. Знаете дека имаше едни претходни времиња во кој што туризмот силно растеше, а за жал во овие години туризмот стагнира.Понатаму, издвојување на секторот туризам, од министерството за економија и спојување со министерството за култура, со што би се формирало ново министерство кое што би се викало министерство за култура и туризам по примерот на најразвиените светски дестинации, односно најразвиените држави во светот кои што се занимаваат со туризам, за да може да се стави целосен фокус на развојот на туризмот. Тоа е нашето основно ветување во следниот период.Ќе направиме многу за Дојран, многу испуштени прилики имаше изминатиот период кои што ќе ги поправиме. Она кое што нема да го дозволиме е приватизација на водата, знаете дека градоначалникот на Дојран сакаше да ја приватизира водата, знаете дека луѓето се кренаа не референдум и не го дозволија тоа. остануваме цврсто посветени на тоа ветување дека нема да дозволиме приватизација на водата.Ќе ми дозволите оттука од Дојран, слушнав дека пред мене тука бил и мојот против кандидат во четвртата изборна единица Зоран Заев, јавно да го повикам од Дојран да излеземе овие денови на ТВ дуел за да ги соочиме нашите аргументи во однос на четвртата изборна единица, да слушнат граѓаните кој што направил, а што не направил за четвртата изборна единица, а во исто време да ги слушнат нашите идеи, концепти и програма како би можеле на најдобар начин да се претставиме, но и да се соочиме еден со друг, за да можат граѓаните да изберат.Значи, јавно од Дојран го повикувам Зоран Заев на ТВ дуел на кој што ќе можеме да ги спротивставиме нашите програми и концепти за граѓаните јасно да можат да направат разлика и да дадат поддршка на Коалицијата за обнова на Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ и бројот 14, истакна Александар Николоски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

пред 5 години

Dete

Чичко осомничен за малтретирање малолетни брат и сестра

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Запуштање и малтретирање на малолетно лице од член 201 став 1 од Кривичниот законик.На 28 јуни, осомничениот 46-годишник, со грубо запоставување на својата должност за грижа и воспитување, малтретирал две деца на кои им бил чичко. Кога мајката на децата му ги оставила за да ги надгледува, осомничениот едното дете го врзал со внатрешната гума од мопед за стеблото на едно дрво. Детето не можело да се ослободи, па неговата сестра се доближила до дрвото да му подаде шише за да се напие течност. Осомничениот најпрвин ја прекорил, а потоа ја удрил со шлаканица по лицето и со ластегарка по стапалата.Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор, поради опасност од бегство на осомничениот, можност тој да ја попречува кривичната постапка со влијание врз децата со кои е во крвно сродство, како и поради можност да го повтори делото.​фото: Архива

Скопје | пред 5 години

korona-njemacka

Рекорден број на починати и нови 132 заразени

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 868 тестирања, а регистрирани се 132 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-57, Куманово-10, Дебар-1, Штип-13, Прилеп-7, Тетово-19, Струга-3, Велес-4, Битола-1, Охрид-5, Кавадарци-1, Гостивар-6, Пробиштип-2, Свети Николе-2, Ресен-1.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира  оздравени 112 пациенти од: Скопје-42, Штип-40, Прилеп-1, Тетово-16, Велес-1, Гостивар-5, Кочани-2, Пробиштип-3, Свети Николе-2.Починати се 12 лица, пет пациенти од Скопје, еден од Штип, двајца пациенти од Тетово, двајца од Струга, еден од Велес и еден пациент од Гостивар.На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти од Струга на возраст од 60 и 66 години, пациент од Тетово на возраст од 49 години и пациент од Скопје на 72 години.Во ГОБ „8 септември“ починати се четири лица, тројца пациенти од Скопје на возраст 56,69 и 75 години и пациентка од Велес на 68 години. Во болницата во Штип е починат пациент на возраст од 81 година. Во Гостивар е починат пациент на 70 години. Во Тетово е починат пациент на 62 годишна возраст.Во Институтот за белодробни заболувања за деца- Козле почина пациентка од Скопје 83 години, потврдена позитивна денес.

Македонија | пред 5 години

mkd-381349

Скопјанец обвинет за тешка кражба на златен накит

По спроведена претходна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје до надлежен суд поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик.Обвинетиот, на 09.12.2019 година, провалил во куќа на улица „Финска“ во Скопје, насилно отворајќи ја заклучената врата од балконот со нож. По кратко пребарување, одзел златен накит во вкупна вредност од 63.960 денари.Надлежниот јавен обвинител на Основниот кривичен суд Скопје му предложи да ја продолжи претходно определената мерка притвор за обвинетиот, бидејќи постојат околности кои што очигледно укажуваат на опасност од бегство.​фото: Архива 

Скопје | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања