Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

aerodrom-skopje-2

Од денеска се отвораат аеродромите

Министерството за здравство информира дека согласно одлуката на Комисијата за заразни болести, денеска се отвораат аеродромите во Скопје и во Охрид.Протоколот донесен од комисијата е направен по сите светски стандарди. Во зградата ќе имаат можност да влегуваат само патниците. Тие ќе треба да пристигнат на аеродром три часа пред летот. Со ова, значајно ќе се намали ризикот од гужва. Патниците ќе мора да ги почитуваат принципите на дистанца, задолжително носење на маска и дезинфекција на рацете.Во зградата е поставена и термална камера на влезот од ТАВ, за да се прави термален скрининг на сите патници кои доаѓаат во земјава. Собата за изолација и понатаму ќе функционира, за патниците кои имаат покачена телесна температура. Вработените од Центарот за јавно здравје ќе можат да индицираат и тестирање на патниците на кои ќе утврдат дека тоа е потребно.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

ali-ahmeti

Ахмети сака да продолжи со истите партнери и во идната Влада

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во вечерашното интервју за емисијата “200” на ТВ Алсат, посочи дека би сакал да продолжи соработката со истите партнери и во идната Влада, поточно со СДСМ.-Сега, јас не сакам да прејудицирам, по моето мислење и процена, би било од полза да продолжиме истите партнери, затоа што има прашања кои сме ги започнале“,  истакна Ахмети.На дополнително прашање дека тоа значи оти го преферира СДСМ, тој кратко одговори:-Но, одлучуваат граѓаните.За понудата за премиер Албанец и за кандидатот Насер Зибери, пак, тој рече дека идејата е на ДУИ, но името на кандидатот не е, но не одговори конкретно дали смета дека другите албански партии ќе го прифатат по изборите.фото: Армети

Македонија | пред 5 години

snimatel

Почина уште еден медиумски работник како последица од коронавирус

Снимател и камерман од албанската редакција во Македонската радио-телевизија (МРТ) почина од коронавирусот.Шелон Ахмети почина на 51-годишна возраст.Тој е втор медиумски работник кој ја загуби битката со ковид-19.Пред еден месец по кратко боледување почина и 44-годишниот Беким Бајрамоски од струшкото село Лабуништа, кој работеше во локалната струшка телевизија „Спектра“.

Македонија | пред 5 години

bacev3

Бачев: Ќе спречиме федерализација

Ова е нашата платформа насловена како “Битка за Македонија” , која се дели низ Македонија во 100 000 примероци. Во неа има 10 стратешки определби во која се нашиот план и визија за Македонија.Една од нашите определби е Република Македонија Унитардна држава со една државна власт на нејзината територија. Територијата на Република Македонија е недделива и неотуѓива и без можност за нејзино дезинтегрирање во било какви единки.Ветувам дека ќе ја оствариме оваа определба, бидејќи Македонија е нашата татковина , Република Македонија е нашиот дом. Онака како што се бориме за нашите домови ќе се борие и за Македонија.

Македонија | пред 5 години

8-mi-septemvri

Филипче за инцидентот: Семејство се обидело насила да го земе телото од починат од КОВИД 19

Вечерва во Градската општа болница „8 Септември“, докторка беше нападната од семејство на пациентка која по неколку дена болничко лекување почина од коронавирусот. Во случајот интервенираше полицијата која приведе неколку члена од семејството на починатата. Тие се обиделе насилно да го земат телото без да го спроведат соодветниот протокол за лица починати од ковид-19, напиша на својот ФБ профил министерот за здравство Венко Филипче.Ова е чин на крајно непочитување на сите здравствени работници кои повеќе од 4 месеци деноноќно се борат за секој човечки живот. Ова е дискредитација на нивната работа, нивниот труд и жртва, ризикот на кој се изложени и одрекувањата.Овие луѓе со месеци ги немаат видено своите семејства, ги немаат прегрнато своите најблиски, немаат ден одмор и оддишка од напорната работа. Најостро го осудувам овој инцидент.Колегите кои се борат со преку 100 пациенти сместени во болницата заслужуваат само поддршка и разбирање, а не закани. Цврсто сум уверен дека тие постапиле професионално и согласно протоколите и ги повикувам надлежните да го истражат случајот и да постапат соодветно, напипа Филипче на ФБ.https://www.facebook.com/filipce.venko/posts/2426794620960890?__tn__=-R

Македонија | пред 5 години

zaev-mickoski

ВМРО ДПМНЕ: Мириса на пораз - Заев панично побара од Мицкоски поддршка за вмровски пратеници

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев вечерва на ТВ дуелот на Телевизија 24 самиот си го најави поразот на претстојните парламентарни избори. Заев во паника побара од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ поддршка од пратеници на ВМРО-ДПМНЕ за формирање влада, на што Мицкоски му одговори дека нема пазари за ВМРО-ДПМНЕ, на изборите на СДСМ му следи најголем пораз досега.Имено, Заев изјави дека цената на ДУИ да Албанец биде премиер не може да ја прифати и затоа, без поддршката од актуелниот владин партнер панично побара помош од ВМРО-ДПМНЕ.- Сум спремен со ВМРО-ДПМНЕ и сум спремен да отстапам со разговор со нашите пратеници 13  пратеници на господинот Мицкоски или колку ќе му требаат за 61 пратеници тој да формира малцинска влада или ќе бараме од него да отстапи 6 или коллку ќе ни требаат нас за да може да формираме малцинска влада. Никој не смее под уцени да преговара, изјави МицкоскиНа тоа Мицкоски одговори дека  ВМРО-ДПМНЕ ќе ја предводи идната влада и постојат други кои што се дел од коалицијата „Можеме“ а кои што се дел од пратеничките листи и самите изразуваат желба во иднина да ги поддржуваат политиките на ВМРО-ДПМНЕ.- Математиката не ви е добра страна. И оваа математика е добра за општинските организаии на СДСМ, но после 15 јули на ВМРО-ДПМНЕ нема да му требаат повеќе од 1 или 2 пратеници за да формира влада, а има повеќе кои овој изборен период сакаат да ги поддржат политиките на ВМРО-ДПМНЕ.

Слајдер | пред 5 години

Mickoski-11

Мицкоски од Радовиш: После 15-јули ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за обнова ќе формираат влада

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот на партијата и носителот на ИЕ 4, Александар Николоски вечерва од Радовиш во кампањата "Исправи се Македонијо!' порачаа дека со заокружување на бројот 14 граѓаните избираат обнова на Македонија. Мицкоски ги повика Радовишани да излезат на 15-ти јули и да гласаат против оваа ненародна власт предводена од Зоран Заев. Уште рано наутро, заедно да излеземе и да се обединиме, бидејќи Македонецот секогаш се обединувал кога било најтешко, рече Мицкоски.-Пред нас се парламентарни избори, на кои што ВМРО-ДПМНЕ заедно со народот и коалицијата за обнова на Македонија, е пред историски најголема победа која што ќе се случи на 15-ти јули. Урнавме политичари кои практично ја добија на тацна владата. Политичари кои тоа не го заслужија бидејќи ги загубија последните парламентарни избори одржани во 2016-та година. Впрочем, не можам да се сетам на ни една парламентарна победа на СДСМ последниве 18 години. Така ќе биде и после 15-ти јули. И така СДСМ ќе биде со цели 22 години без победа. Ја клекнаа Македонија на колена, а овие луѓе се практично на власт незаслужено. Секаде каде што поминуваме низ државата, луѓето велат, не сакаме да живееме во ваква држава. Не сакаме вакви луѓе да ја водат нашата држава. Затоа велам, во оваа борба најголем мотив ми е мојот народ, македонскиот народ, рече од говорницата Мицкоски.Од таму Мицкоски порача дека ВМРО-ДПМНЕ се бори и ќе се бори за просперитетна држава која припаѓа на сите граѓани. Држава која под еден кров ќе ги собере и оние кои се десни и оние кои се леви и во центарот, политички определени и неопределени, и Македонци, Власи, Албанци, Турци, Срби, Бошњаци и сите обесправени, омаловажени, покрадени, потчинети и излажани.-Ние втора држава немаме. Тука сме се родиле тука сме се радувале, тука сме тагувале. И токму вреди оваа жртва која заедно со нас, која што ние заедно со народот рамо до рамо ја правиме, за да ја победиме оваа трогодишна пандемија предизвикана од СДСМ предводена од Зоран Заев, а потоа да си ги засукаме ракавите и да си ја обновиме државата. Наместо да ја понижуваат нашата Македонија, да и ја виткаат кичмата и да ја парчат и распарчуваат, требаше да направат нешто, но тие ниту можеа ниту сакаа. Не донесоа ниту правда, ниту мир. Но, наместо правда ни донесоа Луј Витон куферче. А наместо мир, донесоа немир во душите на многумина. Во душите на родителите на оние кои ги дадоа животите во Диво Насеље, на родителите на децата од Смилковско, а пред изборите во 2016-та им ветуваа дека ќе ја дознаеле вистината. Патриотите денеска се судат и лежат по зандани по 15, 16 и повеќе години. Ете таква правда донесе Зоран Заев во државата, рече Мицкоски.По победата на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ доаѓаат подобри години за државата посочи Мицкоски.-Јас ви ветувам дека веднаш после 15-ти јули после формирањето на новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, правда и закон мора да се почитува во целата држава и сите ќе одговарате од прв до последен. Нема пакт со криминалот, порача Мицкоски.На крајот Мицкоски пред жителите говореше за програмата и проектите на ВМРО-ДПМНЕ, на која работеле многу професори, доктори, научници, правници како домашни така и странски, и која ќе се спроведува веднаш чим Коалицијата за обнова дојде на власт. 

пред 5 години

nikoloski-1

Николоски со порака до Заев: Не ги троши украдените пари за пи-ар стратегии, ќе ти требаат после избори за адвокати тебе и на твоите пајташи

Ќе победиме во Струмица и во цела 4 ката. Прави Зоран Заев анкети како што правиме ние и знае дека дебело губи и на ниво на држава и во четвртата изборна единица и затоа слушам со овие украдени пари кои што ги краде од сите вас тука порано ги крадеше само од Струмица затоа што беше најкрими градоначалник кој што градот било кога го имал, сега ги краде од цела држава. Со тие украдени пари ангажирал една ПИ-ар агенција од Србија да му помага што да прави во четвртата изборна единица и седнале во Скопје, па им објаснуваат што е четвртата изборна единица кои има таму, кои се проблеми итн. Ама ја утнале работата Скопје е во првата изборна единица, не е во четвртата изборна единица, Струмица е во четвртата изборна единица, порача потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листата во изборна единица 4 директно од општина Струмица.Николоски го повика Заев да не ги троши украдените пари бидејќи како што рече тој ќе му требаат за адвокати после избори и тоа за поприличен број на адвокати и него и неговите пајташи.Да го повикам од овде да не ги троши парите, ќе му требаат адвокати после избори и тоа за поприличен број на адвокати и него и на пајташиве негови. Пи ар агенции во четврта изборна единица не поминуваат, на струмичко поле, на гевгелиско поле, на прилепско поле, пи-ар агенции не поминуваат. Мотика треба, работа треба. Тие таму се незадоволни, несреќни, со испукани раце, со солзи во очите, таму пи-ар стратези не поминуваат за џабе. Зоран Заев не ги троши за џабе украдените пари, вели НиколоскиВе повикувам на масовна на огромна излезност на 15 јули сите заедно да ставиме крај на овие три години ненародна власт. Знаете дека изборите беа закажани за 12 април основна причина зашто ги одложивме беше пандемијата со корона вирусот. Кога се разговараше за нов датум за избори првата работа која што ја побара ВМРО-ДПМНЕ и ја доби беше добри здравствени протоколи кои што ќе гарантираат на секого кој што ќе излезе на гласање дека здравјето ќе му е заштитено и дека не треба да стравува за сопственото здравје. Тие здравствени протоколи ги имаме и ве молам да ги испочитувате и масовно да излезете на гласање за да на 15 јули ја направиме промената, додаде тој.Николоски истакна дека разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, е во тоа што СДСМ сака луѓе со свиткана кичма,  а ВМРО-ДПМНЕ сака горди Македонци.Тие сакаат вие да седите дома, ние сакаме вие да излезете и да одлучите. Тие сакаат луѓе со свиткана кичма ние сакаме горди македонци. Тоа е суштинската разлика, изјави Мицкоски.Николоски нагласи дека во проектот Обнова за Македонија сериозен дел е посветен на владеење на правото.Во  нашата програма обнова на Македонија имаме сериозен  дел кој што е посветен на владеење на правото. Ќе ги промениме законите за парнична и процесна постапка, за да не може три месеци судијата да заборава да свика рочиште па да почнуваат од почеток судењата. Да не може некој  поротник намерно да се става пред пензија па да стигне до  некаде судењето па да се враќа назад. Да не може по фиока да се чуваат предмети, да не може да се уценуваат луѓе. И да не може  тие што се во бизнис криминална коалиција со било кога да им се завлекуваат судењата. На тоа ќе ставиме точка, имаме добар тим кој што ќе  ја направи таа работа, посочи Николоски.Втора работа. Потекло на капитал, секој што се занимавал со  јавна функција во овие 30 години да си  го докаже потеклото на капиталот и богатството кое што го има. Да видиме кој како  заработил. Ако  може да докаже со среќа да му  е чесно го заработил ако не може како што е редот во секоја нормална европска држава 70 % да си го оданочи од државата да си  оди назад кај  народот тоа што е украдено и плус кривично да си одговара.Николоски рече дека петти ден по ред го повикува Заев да излезе да каже дали може да го докаже потеклото на своето богатство и капитал и на своето семејство.Пет дена го повикувам Зоран Заев да излезе и да каже дали е во можност да излезе и да си го докаже потеклото на имотот потеклото на богатството на неговото семејство кое што во овие 18 години колку што е вкупно на власт стана најбогато семејство во Македонија и најбогато  семејство на Балканот. Пет дена го повикувам пет дена не дава одговор затоа што одговорот е јасен.  Ние тој закон ќе го донесеме и има да се испита на секого на кој  начин и како  се стекнал  со богатството, истакна тој.Николоски посочи дека на Струмица и требаат две работи и тоа расчистување од криминалот и ослободување на народот.На Струмица повеќе од било кој друг град во Македонија и требаат две работи. И треба расчистување со криминалот и ослободување на народот.Крајот им доаѓа. Вие ќе им го напишете крајот на 15 јули. Ништо не им можат да не им се плашат. Да не им  паѓаат  на уцени на поткупи на притисоци. Тоа да им кажете од сите нас тука. Да не им се плашат,  да се ослободат заеднички  да ја ослободиме Струмица од криминалот и корупцијата, нагласи Николоски од струмичкиот плоштад. https://www.facebook.com/NikoloskiA/videos/645400092722610/?v=645400092722610

Македонија | пред 5 години

8-mi-septemvri

Шестмина приведени по инцидентот во „8 Септември“, еден од нив е позитивен на ковид-19

Шестмина се приведени вечерва поради закани кон докторка во Ковид-центарот во болницата „8 Септември“ во Скопје. Меѓу нив е и роднина на починат кој е позитивен на коронавирусот и е спроведен во полициската станица Гази Баба од страна на полицијата со специјални протоколи, откако претходно, бил пријавен дека заедно со други лица се заканувал на докторка, објави Макфакс. Пред болницата „8 Септември” во Скопје распоредени се десетици полицајци.фото: Макфакс

Македонија | пред 5 години

sestra

Здравствените работници во „8 Септември“- барат замена

Да се стопира приемот на нови пациенти со Ковид-19 во ГОБ„Септември“ затоа што веќе нема место место-оделенијата на петте спрата се преполни, а вработените се преморени и исцрпени, бараат од лекарите од болницата, објави novatv.mkТаму во моментот има околу 150 пациенти со Ковид, а на одделите каде што се најтешко болните, каде се приклучени на респиратори и на маски со кислород ситуацијата е драматична.Лекарите велат дека по четири месеци борба со вирусот, тие веќе се на крај на сили.„Ситуацијата е критична. Треба да се стопира приемот на нови пациенти со Ковид-19. Сите сме на крај на сили, особено тие што сме во трите оддели каде што се најтешко болните, во шок соба, интензивна, во Ковид центарот.Последен момент е да ни се најде соодветна замена за да одмориме малку, да пратат анестезиолози и обучени медицински сестри да не заменат“, велат за НОВА лекари од болницата.Текстот во целост на:  novatv.mkфото: novatv

Македонија | пред 5 години

ziberi

За што ќе се бори првиот премиер Албанец? - Мултиетничка химна, задолжително учење албански јазик за ученици од петто

На видеобим, денеска пред Владата беа испишани на албански и на македонски јазик битните програмски определби на владата на ДУИ. Зибери ја изложи програмата само на албански јазик во присуство на 10 министри.Мултиетничка химна, задолжително учење албански јазик, ветинг за сите, флексибилно работно време, фонд за млади и иновации, се само некои од приоритетите на владината програма на ДУИ која на отворено пред владата ги изложи кандидатот за прв премиер Албанец, Насер Зибери.Вицепремиерот Бујар Османи, пак, и член на Демократската унија за интеграција ги објави на својот фејсбук профил петте, како што ги нарече, завети, но и 25 те иницијативи што ќе ги покрене првиот премиер Албанец.Двајца директори со врзани потписи во десетици државни институции, таканаречен етнички погон.Задолжителен албански јазик за секој ученик во петто одделение.Одлучување за лошите страни во Владата за капитални инвестиции.Државната химна да го отсликува мултиетничкиот состав на земјата.Најава за 13 август - државен празник.Висок суд за еднаквост и антидискриминацијаЗадолжително проверување за секој носител на јавен превозЗадолжителен извештај на Судскиот совет на секои 6 месеци за борба против корупцијата на носителите на јавни канцеларииНајмалку една плата за секое семејство50 отсто субвенција од придонеси за секое вработување во приватно претпријатие што ќе вработи Албанец и ќе го подобри фер застапувањетоНулта данок за кое било вработување под 35-годишна возраст600 евра минимална плата за наставници и медицински сестриЗдравствена куќа во секоја општинаСоцијална пензија за секоја жена која нема работен денВода за пиење и канализација за секој домпредучилишно образованиеКазина 1 км од центритеСтручно училиште за секоја општина

Македонија | пред 5 години

zaev-mickoski

Заев: Спремен сум да му отстапам 13 пратеници на Мицкоски, ако ДУИ уценува

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев во вечерашниот дуел изрази подготвеност да му отстапи пратеници на противникот Христијан Мицкоски за тој да формира влада, доколку ДУИ ја уценува СДСМ со премиер кој тие го предложуваат.-Јас сум кандидат за премиер од коалицијата „Можеме“. СДСМ нема да дозволи да биде под никакви уцени. Јас немам проблеми со етничката припадност на кандидатот, но тоа никако да не биде со услов. Јас ќе бидам идниот премиер со тие кои ќе формираме мнозинство.Ако условот на ДУИ биде кандидатот, нема да преговараме со ДУИ. И сум спремен да му отстапам 13 пратеници, во разговор со пратениците, на Мицкоски, оти толку ќе му требаат за 61, за тој да формира малцинска влада. Доколку тој не сака да ми отстапи 6, за јас да формирам малцинска влада. Никој не смее под уцени да преговара, рече Заев.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

milososki

Антонијо Милошоски хоспитализиран на скопската Инфективна клиника

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски е хоспитализиран на скопската Инфективна клиника, дознава „Фокус’“ од извори на клиниката.Според информациите на Фокус, тој бил примен денеска со покачена температура, а неговата состојба во моментов била стабилна.Се уште нема официјални информации дека Милошоски е позитивен на Ковид 19. Пред неколку денови, неговата мајка на својот фејсбук профил објави дека како медицинска сестра, која работи во болницата во Кичево е позитивна на корона вирусот.извор: Фокус.мк

Македонија | пред 5 години

ljubco

Во Центар: Како Сашо Мијалков “стана” најбогат човек во Македонија!?

Сашо Мијалков беше сменет од шеф на военото разузнавање во текот на војната на Косово и бомбардирањето на тогашна СР Југославија, вели Љубчо Геоегиевски во последната емисија Во Центар.На неговата смена инсистираше тогашниот амбасадор на САД во Македонија, Христофер Хил и тогашната министерка за внатрешни работи, Доста Димовска. Причината беше дека Љубе Бошковски како тогашен шеф на ДБК фати неколку камиони кои требаше де шверцуваат оружје во тогашна СР Југославија. Не знам дали за тој шверц беше информиран тогашниот министер за одбрана, Никола Кљусев, но за Мијалков имавме цврсти докази, вели Георгиевски. Поради тоа Мијалков беше сменет од шеф на военото разузнавање, објави Ефтов на „Во Центар“.Неколку недели по тој настан, кај мене дојде неговиот прв братучед Никола Груевски, кој ме замоли, бидејќи е Мијалков останат без работа, а има семејство, дали може да му се најде некое работно место во владата. Така го ставивме Сашо Мијалков да биде советник во владата да може да преживее финансиски, вели Георгиевски во емисијата Во Центар и додава, а денес гледате колкаво е богаството на Мијалков.Според Георгиевски точно е дека кога Сашо Мијалков беше шеф на военото разузнавање дека од Министерството за одбрана изчезна дел од опремата за прислушкување, но дали со таа опрема е реализирана операцијата Големото уво, не можам да потврдам или негирам, вели Георгиевски, објави Vocentar.com.

Македонија | пред 5 години

Ohrid-sos

Охрид SOS: Не можеме а да не ја забележиме иронијата во излагањето на Дурловски

Доколку некој не е упатен во хронологијата на настаните поврзани со природното и културно наследство на Охридскиот Регион, веројатно ова обраќање на носителот на листата на ДПМНЕ, Игор Дурловски би му звучело искрено, позитивно, и би го убедило дека партијата навистина е загрижена за исклучителната универзална вредност која ни е дадена и признаена, стои во објавата на Охрид SOS.Во продолжение на истата од Охрид SOS додаваат:За жал, знаејќи што се случуваше особено изминативе години, не можеме а да не ја забележиме иронијата во ова излагање. Одеднаш, партијата која го надгради и прошири Плаошник со огромни структури поставени врз археолошки наоди, планираше мегаломански хотелски комплекс во нечепната природа во Љубаништа - директна закана за светинаумските извори и мрестилиштата на пастрмка, медитерански плажи, скијачки центар на падини каде снегот и не се задржува па за таа цел требашe да се гради вештачка акумулација во ливадите каде живеат само над 1000 врсти пеперутки, експресен пат среде национален парк, луксузен комплекс во Студенчишко Блато, преку закон за легализација на дивоградби протурка и објекти на самиот брег на езерото и планираше огромни градби на потегот Грашница - Далјан, како резултат на што во 2017 година дојде Реактивна мисија на УНЕСКО, а последователно Охридскиот Регион беше препорачано да се стави на листата Светско наследство во опасност, сега одеднаш загрижена за УНЕСКО статусот, подготвена да работи на зачувување, дури тоа да биде нивен приоритет.Ги прашуваме кој е тој темелен пристап, наместо декларативен, што го спомнува носителот на листата, со оглед дека во предизборната програма не видовме ништо конкретно и темелно поврзано со иднината на Охридскиот Регион? Зошто претходните општински и владини состави на ДПМНЕ не направија „доследна имплементација на препораките на Реактивните мисии на УНЕСКО“? Одеднаш, нема да се дозволеле импровизации во примената на највисоките стручни стандарди и ќе ги отстранеле сите закани кои влијаат на исклучителните универзални вредности. Со што ќе нè убедите дека тоа ќе биде различно од она претходно?Нешто што не беше карактеристично за претходните општински и владини состави на ДПМНЕ, а што доаѓа во облик на ветување во ова видео е дека „со Охрид ќе се управува демократски и преку дијалог со локалните заедници и сите засегнати страни, а во граѓанските организации кои во изминатиов период беа ревносни чувари на охридското богатство ќе гледаме како на конструктивен партнер во сите политики кои ќе се спроведуваат во Охридскиот Регион на централно и на локално ниво“.Жителите на Охридскиот Регион не забораваат и не простуваат, особено кога се работи за уништување на колективно добро, кое ни е дадено како нешто највредно. И претходно зборовите биле слатки, но делата горки. Децениското стампедо остави трајни последици, кои уште не можат да се поправат, а некои вредности се веројатно трајно изгубени, стои во објавата од Охрид SOS.https://www.facebook.com/OhridSOS/photos/a.1560641884214463/2686842594927714/?type=3&theater

пред 5 години

verski-lideri

Верските лидери со предупредување до граѓаните за опасноста од корона вирусот

Средба на лидерите на петте верски заедници споменати во Уставот се одржа денеска во Клубот на пратеници.На покана на директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски, на средбата присуствуваа поглаварот на МПЦ-ОА, Aрхиепископ охридски и македонски, г.г. Стефан, в.д. Реисул Улема на ИВЗ Шаќир еф. Фетаху, бискупот на Католичката црква монсињор Киро Стојанов, суперинтендентот на ЕМЦ, Марјан Димов, а поради оправдани причини отсуствуваше претседателот на Еврејската заедница, Берта Романо Николиќ.Од Комисијата информираат дека на средбата посебно се истакнала значајноста од постојаното негување на култура на толеранција, висока духовност, почит и етичност во односите меѓу конфесиите и во односите со јавноста.Имајќи ја во предвид сериозноста на заканата од пандемијата предизвикана од коронавирусот, која сè повеќе се наметнува како глобален долгорочен проблем, верските лидери споделиле размислувања за предизвиците кои сите нè очекуваат во иднина, но и за сето она што во изминатиот период можело да се стори поинаку или, пак повеќе, како конкретен придонес во справувањето со оваа сеопшта неволја.„Верските лидери упатија едногласен апел до сите граѓани за одговорен однос кон себеси и ближниот, а опасноста од вирусот да ја сфатат како реална и сериозна закана по животот и здравјето. Неуморниот труд на лекарите и на медицинскиот персонал при справувањето со оваа состојба е достоен за почит и пофалба, а најсоодветниот израз на благодарност за нивниот подвиг треба да се покаже на дело, со почитување на изречените мерки од надлежните институции“, се наведува во соопштението од средбата.

Македонија | пред 5 години

vakcina

Бесплатна вакцинација против грип за 60 илјади граѓани од ризични групи

Владата го усвои Акцискиот план за проектот „Бесплатна вакцинација против грип за ризични групи“ за сезоната 2020/2021, според кој бројот на лица што ќе бидат опфатени со оваа бесплатна четиритипна вакцина против сезонски грип од 20.000, се зголемува на 60 илјади граѓани од следните ризични групи: возрасни лица над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени и деца на возраст од 6 месеци до 5 години.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

vlada-zname-nato

Престанува да важи забраната за одржување спортски натпревари, ќе се одржуваат без публика

Владата на Република Северна Македонија на денешната 73-та седница донесе измени и дополнувања на Протоколот за редовна работа на уплатно-исплатни места на приредувачите на игри на среќа во обложувалница (трета фаза), измени и дополнувања на Протоколот за работа на угостителските објекти за сместување (хотели и други угостителски објекти за сместување).На оваа своја седница Владата ги донесе и Протоколот за работа на музеи, галерии и изложбени простори, Протоколот за спроведување на мерки за заштита од КОВИД-19 при организација на настани, промотори, рентал компании, видео и аудио продукции и техничка поддршка на овие настани, Протоколот за упис на ученици во јавните ученички домови во учебната 2020/2021 година, Протоколот за работа на танцовите и балетските клубови, Протоколот за вршење на меѓуградски превоз, како и Препораки и упатства за спречување на ширење на КОВИД-19, при влез на македонски и странски државјани во Република Северна Македонија.На денешната седница Владата донесе одлука за престанок на важењето на забраната за одржување спортски натпревари во колективните спортови и ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести федерациите да го отпочнат организирањето спортски настани со стриктно почитување на упатствата за натпревари без публика и на другите препораки кои се однесуваат на запазување на здравствената безбедност на играчите и останатите вклучени во натпреварите.На денешната седница на Владата е разгледана информацијата по однос на записникот од Шестата седница на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи, одржана на 26 јуни 2020 година, и ја донесе Одлуката за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија заради зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на Република Северна Македонија.Постоењето на кризната состојба утврдена со оваа одлука ќе трае 30 дена од денот на нејзиното влегување во сила, односно од 2 јули, а со тоа се активира и Главниот штаб при Центарот за управување со кризи кој ќе биде во постојано заседавање.Со оваа одлука Владата го задолжи Главниот штаб при Центарот за управување со кризи да изготви акциски план за превенција и справување со влезот и транзитирањето на мигрантите низ територијата на Република Северна Македонија, како и целосен преглед за расположливи човечки и материјално – технички ресурси и план за координирано дејствување, а органите на државната управа да преземат мерки и активности согласно прописите за управување со кризи.На предлог на Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам, Владата денеска ја разгледа и усвои Информацијата во врска со Предлог – национален план за реинтеграција, ресоцијализација и рехабилитација на повратници од странски војски и членови на нивните семејства (жени и деца), и даде согласност на Националниот план.Владата денеска ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на парични права од социјална заштита за јуни 2020 година, и го задолжи Министерството за труд и социјална политика да ги достави податоците за корисниците на парични права од социјална заштита до деловните банки најдоцна до 3 јули 2020 година, на кои им е препорачано да обезбедат достапност на средствата од јунските исплати на паричните права од социјална заштита преку банкомати и во трговските мрежи од 4 јули 2020 година.На оваа своја седница Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои Информацијата и го усвои Акцискиот план за проектот „Бесплатна вакцинација против грип за ризични групи“ за сезоната 2020/2021, според кој бројот на лица што ќе бидат опфатени со оваа бесплатна четиритипна вакцина против сезонски грип од 20.000, се зголемува на 60 илјади граѓани од следните ризични групи: возрасни лица над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени и деца на возраст од 6 месеци до 5 години.

Македонија | пред 5 години

davidovic

Бизнисменот Давидовиќ: Сумата од 300.000 евра не е несразмерна со оглед на големината на проектот

Имам лична и професионална обврска да ја соопштам вистината во врска со снимениот разговор, кој го имав со бизнисменот Зоран Милевски, вели во писмото црногорскиот бизнисмен Миодраг Дака Давидовиќ– Бизнисменот Зоран Милевски го запознав преку угледен белградски бизнисмен, кон крајот на 2016 година. Милевски ми е препорачан како сериозен деловен човек од Македонија, кој е во можност да ми ја пружи потребната поддршка и логистика, поради што и го ангажирав како консултант, преговарач и посредник, во деловни проекти кои сакав да ги реализирам во Република Северна Македонија, пишува Дака.Тој објаснува дека како сопственик на голема површина земјиште во општина Штип, на Брегалница, кое по својата локација е погодно за изградба и работа на мини хидроелектрана и паркови за енергија од ветер, постигнал договор со познати австриски и кинески компании, кои биле подготвени да обезбедат финансиски средрства за реализација на тој проект, додека негова обврска, како сопственик на земјиште, била да обезбеди градежна дозвола и сите останати документи, потребни за реализација на проектот.– Со оглед дека во конкретниот случај се работеше за проект од повеќемилионска вредност, износот од 300.000 евра на име услуги консалтинг, посредување, логистика и застапување пред надлежните органи во Република Северна Македонија, не беше несразмерен со толку голема вредност на проектот. Значи, медиумската квалификација дека се работи за мито е премногу насочена и пресметана, бидејќи во овој деловен однос не постои ниту еден елемент што би укажувал, а камоли одредувал наведена исплата како мито и корупција. Сето ова укажува дека некому е само цел деловно да ме дискредитира и да се обиде да ја спречи реализацијата на започнатите деловни проекти во Република Северна Македонија – вели вели во писмото црногорскиот бизнисмен Миодраг Дака Давидовиќ.Значи, медиумската квалификација дека се работи за мито е премногу насочена и пресметана, бидејќи во овој деловен однос не постои ниту еден елемент што би укажувал, а камоли одредувал наведена исплата како мито и корупција. Сето ова укажува дека некому е цел деловно да ме дискредитира и да се обиде да ја спречи реализацијата на започнатите деловни проекти во Република Северна Македонија.Фактот дека наведените парични средства сум ги исплатил на Зоран Милевски во време на владата на Никола Груевски, а не во време на владата на Зоран Заев, исто така потврдува колку написите се невистинити, а над се со цел и монтирани.Милевски, и покрај сите ветувања и преземени обврски, не успеа да обезбеди ниту една дозвола, ниту презеде какви било активности за реализација на проектот во Општина Штип, а единствено што стори за мене е што ми организираше состанок со премиерот Зоран Заев.Точно е дека на состанокот со премиерот Заев ги изложив своите планови во врска со изградба на мини хидроелектрана и паркови на енергија на ветер. Меѓутоа, соопштено ми беше дека сите концесии за овој вид дејност се по повластени тарифи, веќе доделени, упатувајќи ме кај генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски да  проверам какви се плановите на Владата за идниот период, врзано за доделување нови концесии. Меѓутоа, ниту до денешен ден не добив информација која би укажала дека во иднина би можел да очекувам реализација на наведениот проект.Евидентно е дека Милевски не исполнил ниту една преземена обврска, како и дека не сум реализирал ниту еден деловен проект, така што огромните парични средства што ги вложив во недвижности останаа неактивни и заробени во Република Северна Македонија, поради што не остварив никаква корист. Тоа се укажува дека квалификациите на одредени медиуми  дека во овој случај се работи за мито се неточни и злонамерни и само и штетат на оваа држава, бидејќи ова е лоша порака на сите странски инвеститори кои сакаат да инвестираат во Република Северна Македонија, стои во реакцијата на Давидовиќ.Инаку, ВМРО-ДПМНЕ и денес го повика Јавното обвинителство да отвори предмет за случајот.фото: The world news platform 

Македонија | пред 5 години

boskoski

Целта на Македонски концепт е Закон за пратеници волонтери со кој пратениците нема да се богатат и ќе работат за граѓаните

Пратеници – волонтери – е предлог на Македонски концепт со кој пратениците ќе бидат волонтери во служба на граѓаните. Ова е закон со кој пратениците ќе работат на волонтерска основа, и затоа нема да бидат платени од собрание, нема да патуваат и да користат патни трошоци, нема да користат трошоци за живеалиште.  Овој закон е и еден од условите за Македонски концепт да придонесе и да се вклучи во формирање влада, истакна Жарко Бошкоски, носител на листа за пратеници од граѓанската платформа „Македонски концепт“ за ИЕ 4.“Години наназад слушаме за енормни суми за патни трошоци што ги побаруваат пратениците, слушаме за афери дека пратениците од другите градови имаат сопствени станови во Скопје, кои ги изнајмуваат, а државата на нив им плаќа за престој. Слушаме баснословни суми потрошени во собраниската кафетерија, за плати на пратениците а за возврат што добиваме. Добиваме закони за кои граѓаните не го дале својот глас. Добиваме пратеници кои дејствуваат соодветно партиските цели, Влада и Парламент што се производ на пазарења и договарања. Многу празни ветувања се изнаслушавме во изминативе 20 години, многу поделби, многу разочарувања за граѓаните и фрустрации, зошто некој да троши толку државни пари, пари што граѓаните ги даваат а не работи во корист на истите тие граѓани. Време е за Закон за пратеници волонтери”, рече на Жарко Бошкоски, носител на листата од Изборна единица 4.Македонски концепт има начин како да го реши овој проблем. Пратениците – волонтери, ќе си ја продолжат својата професионална кариера според нивната примарна вокација и ќе останат во своите живеалишта а законите ќе се донесуваат само еден ден во неделата.“Со Законот за пратеници волонтери, Парламентот ќе стане институција и вистински народен парламент. На Македонија и требаат вистински “народни” пратеници, блиски до граѓаните. Пратеници на кои мандатот во Собрание нема да им биде бизнис и печалба, туку ќе им биде чест и можност да служат на народот. Време е да се реализираат ветувањата и да се понудат решенија, наместо само декларативните изјави. Време е да создадеме нормална држава во која пратениците ќе бидат дел од граѓаните и ќе работат за граѓаните”, потенцираше носителот на ИЕ 4, Бошкоски.Пратениците волонтери ќе бидат овозможени да користат слободни денови од работните места, кога заседава Собранието. За тие денови ќе им биде обезбеден и организиран превоз или автобуска карта, без никаков надоместок. Исто ќе биде обезбедена бесплатна храна во собранискиот ресторан. За пратениците кои работат во приватен сектор, државата ќе им надомести дневници на сопствениците на компаниите, кои имаат чест да вработуваат републички пратеник, само за оние денови кога истите се отсутни од работа, поради службени потреби. Оние кои работат во јавен сектор, ќе користат само слободни денови, за кои ќе примаат редовна плата.Македонски концепт има цел да создаде нормална држава со богати граѓани. Нормална држава каде не постои непремостливиот јаз меѓу богатите и сиромашните. Каде парламентот и владата функционираат нормално, не по партиски клуч туку според потребите на граѓаните и во нивни најдобар интерес, истакна Жарко Бошкоски.

Актуелно | пред 5 години

d184d0b0d182d0b8d0bcd0b5-d0b7d0b0-d182d0b221-d0bcd0bed0b8d182d0b5-d0bfd180d0b5d0b4d0bcd0b5d182d0b8-d181d0b5-d187d0b8d181d182d0b8_5d5ab9c98d6c3

Фетаи: Новиот закон за ЈО им дава можност на обвинителите да се справат со криминалот

Со стапување во сила на новиот Закон за Јавно обвинителство ниту борбата за правда застанува, ниту животот тука застанува, порача денеска обвинителката Фатиме Фетаи по денешното рочиште за „Монструм”.„Новите одредби се нова законска рамка што им дава и можности на обвинителите за заедничка борба против криминалот и корупцијата. Начините за нивно користење зависат од обвинителите", истакна Фетаи која беше дел од тимот на поранешното СЈО.Фото: Архива

Македонија | пред 5 години

krazba-market

Вработена во аптека спречила кражба

Вработена во тетовска аптека со викање најверојатно успеала да уплаши непознато лице кое се обидело да изврши кражба во објектот. Откако добила закана и и биле побарани парите од касата, таа почнала да вика и побегнала од аптеката по што без да земе нешто заминало и машкото лице.-Ноќеска во 1 часот, 47-годишната тетовка А.С.Ѓ. во СВР Тетово пријавила дека околу 22 часот во аптека на улица „29 Ноември“ непознато лице и се заканило и ги побарало парите од касата. Меѓутоа, според пријавеното, откако таа избегала од објектот и почнала да вика, лицето заминало без да земе ништо, соопшти СВР ТетовоПолицијата преземаат мерки за расчистување на случајот.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

korona-test

Денеска 126 нови случаи на ковид 19, оздравени се 48 пациенти – починати се 4 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1140 тестирања, а регистрирани се 126 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-66, Куманово-6, Штип-15, Прилеп-3, Тетово-19, Струга-2, Велес-2, Битола-1, Кавадарци-4, Гостивар-2, Пробиштип-2, Свети Николе-1, Ресен-3.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 48 оздравени пациенти од: Скопје-43, Штип-1, Битола-1, Ресен-3.Починати се 4 лица, по еден пациент од Скопје, Прилеп, Тетово и Гостивар.На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Тетово (56г). Во ГОБ „8 септември“ почината е  пациентка од Скопје (56г). Во болницата во Гостивар почината е пациентка (71г) и во Прилеп пациент на 83 години.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6334, бројката на оздравени пациенти е 2475, на починати е 302, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3557. Од вчерашните тестирања еден е контролен, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:•       Скопје 3071, активни 2007•       Куманово 756, активни 299•       Дебар 92, активни 40•       Штип 345, активни 160•       Прилеп 261, активни 36•       Тетово 700, активни 384•       Струга 220, активни 135•       Велес 185, активни 40•       Битола 51, активни 17•       Охрид 167, активни 143•       Кавадарци 19, активни 13•       Гостивар 119, активни 63•       Гевгелија 10, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)•       Струмица 15, активни 10•       Крива Паланка 15, активни 9•       Радовиш 4, активни 0•       Крушево 6, активни 3•       Кочани 69, активни 22•       Пробиштип 19, активни 11•       Демир Хисар 2, активни 1•       Македонски Брод 4, активни 2•       Пехчево 6, активни 3•       Берово 2, активни 0•       Валандово 6, активни 2•       Виница 3, активни 0•       Делчево 1, активни 0•       Кратово 4, активни 1•       Свети Николе 28, активни 24•       Кичево 30, активни 25•       Ресен 103, активни 94•       Неготино 21, активни 10 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 1140 теста се преку: ИЈЗ –489, ЦЈЗ Скопје-0, Авицена –106, Биотек –110, МАНУ -115, Жан Митрев (Филип Втори) -180, Судска медицина-0,  Систина  со PCR метода -120, ЦЈЗ Битола-20, лабораторија Лаор- 0. Досега во земјата се направени вкупно 60.773 тестирања на ковид -19.  Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 8 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 92 пациенти. На кислородна поддршка се 43 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.Во болницата во Козле се хоспитализирани 23 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, три деца позитивни и четири со симптоми на вирусот.Во ГОБ „8 Септември“ примени се 18 нови, вкупно хоспитализирани се 140 пациенти. На респираторна машина се 11 пациенти.Во болницата во Битола се хоспитализирани 45, а во болницата во Штип се хоспитализирани 33 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 74 пациенти - позитивни и сомнителни на ковид-19.Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)•       Чаир – 435•       Аеродром - 160•       Бутел - 155•       Гази Баба - 171•       Центар – 139•       Карпош – 157•       Сарај – 153•       Кисела Вода – 118•       Ѓорче Петров – 115•       Студеничани – 101•       Шуто Оризари – 81•       Арачиново – 53•       Илинден – 33•       Петровец – 19•       Чучер Сандево – 17•       Сопиште – 12•       Зелениково-2•       Странец – 2•       Нераспределен- 84

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ: Амнестија на криминалот нема да има, залудно Заев се радува дека со новиот закон нема да се истражуваат неговите криминали

Заев знае само да гази по правото. Заев го интересира криминалот, рекетот и личното богатење, а не почитувањето на закони. Заев и СДСМ се синоним на криминалот. Корупцијата и криминалот им се работи кои ги прават за добро утро. Заев и СДСМ го заробија правосудниот систем, а од ветуваните право и правда нема ништо. Има само извитоперено право и извитоперена правда по теркот на Заев. Тоа не е ниту право, ниту правда, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.За три години СДСМ само газеше по правото, газеше по законите, газеше по Уставот. За три години СДСМ гази по народот.Заев и СДСМ направија само народот да види што е Луи Вутон обвинителство и трас-трас судство.ВМРО-ДПМНЕ е различно и тоа ќе го видат граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ кога зборува за право и правда, мисли на право и правда засновани на почитување на процедури, закони и Устав.Заев покажаа единствено дека може повеќе криминал, може повеќе корупција и може само порази. Заев и СДСМ не знаат за ништо друго. Доцна е Заев и СДСМ да зборуваат за закони и нивно почитување. Да ставиме крај на виткањето кичма. Исправи се Македонијо! Одбери обнова, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ. 

пред 5 години

hakeri

Веб страната на ФИТР цел на хакерски напад

Веб страната на Фондот за иновации и технолошки развој fitr.mk беше цел на хакерски напад доцна на 28.06 (недела) и во претпладневните часови на 29.06 (понеделник). Нападот е согледан при интервенција од техничка екипа за санирање на последиците и враќање на функционалноста на веб страната и е веднаш пријавен до Одделот за компјутерски криминал при МВР. Во текот на денот се очекува и увид од страна на службени лица од оваа институција и натамошно постапување.Со хакерскиот напад оневозможени се повеќе функции достапни за граѓаните и компаниите, вклучително и аплицирање за тековни јавни повици. Нападот се случува на помаку од 24 часа пред затворање на рокот за доставување на апликации во рамки на Јавниот повик за Технолошки развој за брзо прилагодување од Ковид 19. Јавниот повик е една од мерките од третиот сет владина поддршка за заздравување на македонската економија. Во изминатите 30 дена колку што траеше јавниот повик, над 2.100 микро, мали и средни компании подигнале апликациски пакети, што е рекордно висок одзив од сите досегашни јавни повици.Заради настанатите потешкотии во аплицирањето, како и исклучително високиот интерес кај домашните компании, Фондот донесе одлука да се пролонгира рокот за доставување на апликациите до 03.07 (петок), до 14.00ч.Фондот остро го осудува обидот за нарушување на редовното функционирање на процесите, особено во услови кога на домашните микро, мали и средни компании им е потребна државна поддршка за надминување на последиците од здравствената криза.Фондот останува посветен на својата мисија и поддршката за домашните компании, а транспарентноста, отчетноста и двонасочната комуникација и понаму ни се основен императив во функционирањето и дејствувањето.

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања