Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

mizrahi

Мизрахи: Ќе донесеме еднаквост меѓу сите

Рашела Мизрахи, кандидат за пратеник на листата на кандидати од 2 ИЕ денеска пред Музејот на македонската борба се осврна на тоа дека мора да се победи омразата која постои.„Често пати се слуша призвук на антисемитизам во Република Македонија. За мене малку погласно од јануари годинава. Моето семејство е дојдено во Република Македонија по прогонот во 1492 од Шпанија, значи старо скопско семејство. Никогаш не се чувствував поинаква, никогаш не ми беше спомнато зошто моето е вакво или онакво, или дали сум поинаква која е мојата верска или национална припадност. Напротив се чувстував како една од сите и сеуште се чувствувам исто“, рече Мизрахи.Таа даде и одговор и објаснување за тоа што е антисемитизам. Мизрахи кажа „кога ќе се спомне антисемитизам веројатно помислувате на Втората светска војна и оние 6 и пол милиони жртви Евреи, си помсилувате на Аушвиц, Треблинка ги занемаруваме сите останати жртви и тие треба да се споменат не само Евреите“.Мизрахи рече дека занеа „антисемитизам е она кога омразата и гневот ќе преминат во лудило, а лудилото ќе премине во пандемија“.„Зошто е важно да зборуваме за антисемитизам, затоа што во основа е омраза која ги поткопува темелите на демократијата и им се заканува на слободните граѓани. Тоа значи дека антисемитизмот не ги афектира само Евреите, ги афектира сите затоа велиме дека тој почнува со Евреите, но никогаш не завршува со нив. Јас сум длабоко благодарна на сите оние кои изреагираа на оние бурно инсценирани политички нападите врз мене се надевам ќе го вратиме ритамот на живот во кој сите сме еднакви“.

пред 5 години

plaza-grcija

Македонски државјани се обиделе да влезат Грција преку Бугарија, но биле вратени

Околу 10 до 15 автомобили од Македонија и Босна и Херцеговина утрово биле вратени од граничниот премин Промахонас/Кулата на грчко-бугарската граница, откако сакале преку Бугарија да влезат во Грција, објавија грчките телевизии „Скај“ и „Мега“.Конкретниот граничен премин е отворен за влез на туристи во Грција, но само од земјите членки на ЕУ и од третите земји што се најдоа на европската листа, додека пак за македонските државјани, забраната за влез во Грција до 15 јули 2020 важи независно од граничниот премин, јави дописничката на МИА од Атина.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

ohrid-sos-za-tribinata

Охрид SOS удри по Заев, Шекеринска, Танески и Митрески

Охрид SOS објави статус под наслов -МИЖИМЕ!Во својата објава од Охрид SOS пишуваат:Пред неколку дена, на влезот на стариот дел од градот, на платото каде беше некогашната градска библиотека се одржа партиска трибина на СДСМ - Социјалдемократски сојуз на Македонија. Бидејќи на таа кратка средба со своите сопартијци не ги спомнаа овие факти, само да потсетиме за она што беше премолчено. Да не испадне дека тие се спасителите на Охридскиот Регион, а всушност не се. Тие се само дел од напластениот проблем. Великиот Прличев оваа категорија ќе ја нарече лицем светци, срцем в’лци.1. Во 2005 година Владата на Република Македонија, предводена од СДСМ (во мандатот на Проф. д-р Владо Бучковски) донесува одлука за рушење на зградата во која се наоѓала библиотеката од 1965 година. Рушењето е спроведено пролетта 2008 година, за време на мандатот на Александар Петрески. Градежниот шут од објектот е депониран во Студенчишко Блато за да се добие тампонирана зона каде ќе се пресели дирекцијата на ЈП „Охридски комуналец“ и расадникот, а на тоа место ќе никнат десетици згради, кои се градат и денес. Археолозите бараа стопирање на градежните активности за да се извршат сондажни испитувања, бидејќи постоеле сознанија и индиции дека тука имало остатоци на наколни живеалишта и елинистички гробови кои требало да се истражат. Епилогот е непознат. Во своите два мандати, Петрески делуваше сосема спротивно од заложбите кои вечерта ги споделија неговите сопартијци. Само ја постави на пиедестал урбаната мафија и целосно ја отвори Пандорината кутија која до ден денес не може да се затвори. Или тогаш UNESCO беше нешто непознато, кое стоеше само на грбот на Општина Охрид, а во суштина никој не му обрнуваше внимание?2. Лазе Таневски-Кандидат за пратеник во ИЕ5, локален хотелиер, веројатно не можејќи да ги артикулира мислите моментално, односно симултано, се одлучи за читање веќе напишан текст. Се заложи „Охридското Езеро да стане и да остане заштитено како културно наследство, рамо до рамо со сите светски култури.“ Да, добро прочитавте, авторот на текстот езерото го третира како културно наследство. Иако предлог-стратегијата за туризам која наместо професори и стручни лица ја составуваа главно студенти на ФТУ доживеа фијаско и експресно беше повлечена, Таневски ни порача и ни вети „дека Охрид има стратегија за развој на туризмот во наредниве осум години“ но таква стратегија не постои. Напротив во Акцискиот план на Планот за управување со Охридскиот Регион, стратегијата за одржлив туризам е зацртано да се изработи до средината на 2021 година. Би сакале да ја видиме таа стратегија по која Таневски се води. Според него „заштитата на Охридското Езеро ќе биде заедно со развојот на Охрид“, што тоа и да значи. Не го спомна огромниот базен безмалку на брегот на езерото, во хотел „Десарет“ кој од езеро се гледа како неколку метарски бедем. Или бетонските платформи и другите објекти на самиот брег. Не кажа дали своите хотелски објекти ќе ги адаптира кон одржлив туризам или уште ќе се води кон масовниот туризам.3. Носителот на листата, Radmila Sekerinska скоро и воопшто да не го спомна Охридскиот Регион, но беше сосема прецизна кога рече дека „е ова наш заеднички ресурс“ потврдувајќи дека природното и културно наследство на Охридскиот Регион за нив, заедно со нивниот коалиционен партнер Bashkimi Demokratik për Integrim - BDI не е исклучителна универзална вредност, туку само ресурс за искористување и богатење. Тоа го покажуваат и на дело. Константин Георгиески - Градоначалник на Општина Охрид и Edmond Ademi се само параван за јавноста дека постои некаква конструктивност. „На Охрид во нашата програма не нудиме подароци“ рече Шеќеринска, кое делуваше како латинската timeo Danaos et dona ferentes, или по охридски – шо ќе ти се дарој данајски. На толку мандати, функции, постојана присутност како пратеник во собранието, никогаш јасно и гласно не се зазела за Охридскиот Регион, туку какви што ќе се моменталните партиски ветришта така и се поставувала. Нејзината елоквентност не ја прикрива неспособноста и лицемерието.4. На крај, со емотивен почеток и буквален поклон кон Охрид, своето обраќање го започна и Zoran Zaev, нашиот сограѓанин, како што самиот изјави. Ако ја тргнеме настрана лирската патетика, во суштина не добивме ништо конкретно од неговото излагање. Оние излитени фрази дека „Охрид е нашето богатство и нашата гордост и верувам дека сите ќе опстоиме, да ги вратиме природните убавини онака како што критериумите на УНЕСКО тоа го замислиле, а впрочем нашето добро ние ќе си го заштитиме“ се можеби веродостојни за некое мало дете или наивен партиски член. На дело, плановите, законите, уредбите, се скроени за да се протнат партиски или други интереси. Се саботира со децении рамсарската номинација и други битни документи, а овие заложби кажани во Охрид, дури дојде човек до Струга, се изгубиле како ветар по езерската шир. Во Струга не важат. Таму главен е Ramiz Merko - Faqja Zyrtare кој јавно даде до знаење дека него баш го брига. Упорно се толерира нивниот коалиционен партнер, а најлесно е да се обвини само опозициската партија. Оттука, да изјавиш дека „ние работиме, не калкулираме, не водиме рачун само за политичките поени и политичкиот рејтинг, туку работиме искрено, онака како што треба кон државата и кон својот народ да се поставиме“ е тотално и бесрамно лицемерие. На крај, на прашање од присутна на трибината дали има „концепт како да му се помогне на Охрид за да се стави крај во дивеењето на урбанизмот“, Заев изјави дека „Охрид мора да се развива, мора да се гради, мора и да се проширува“. Понатаму додаде дека „и до ден денеска градбите не се сопрени во Охрид“ со што потврди дека наводниот мораториум кој беше донесен беше само на хартија, додека градежните фирми на советникот Нефи Усеини се активни во моментов на десетина локации. Заврши со контрадикторна реченица, дека Охрид го гледа „согласно УНЕСКО, добро организиран, модерно-туристички, а сепак согласно околностите, во делокругот на природната и културна заштита на Охрид согласно стандардите на УНЕСКО.“5. Вториот носител на листата, Јован Митрески од Струга, не кажа ништо, мирен, под маска, немо ја проследи трибината. Иако периодов, изминативе години додека беше пратеник постојано го означувавме, контактиравме, баравме да биде активен, да си ја заслужи барем малку високата плата и бенефиции, тој не направи ништо конкретно за Струга и делот до Радожда, кој, сведоци сме, се уништува со несмалено темпо. Таква марионета безгласна не сме виделе. Ова само покажува колку се немоќни пред ДУИ, колку се рецесивни и опортунисти. Лажни борци за права, еднаквост. А бара втор мандат за себе. Врз основа на што е тоа барање? Нека проценат стружани, нека стават на вага зборови и дела. За жал, овде немаме ни зборови туку молк. Без образ, без совест, без каков било интегритет. Лоботомиран притискач на копче во собраниската сала.https://www.facebook.com/OhridSOS/photos/a.1560641884214463/2687789678166339/?type=3&theater

Македонија | пред 5 години

rada

Шекеринска: Правилата мора да се почитуваат, општина Охрид има силни аргументи против дивоградбата во Лагадин

Ако не почитувате правила на Охридското езеро, кое е заштитено од УНЕСКО, може да замислите што ќе се случи со другите општини, истакна носителката на листата во изборната единица 5 на коалицијата „Можеме“ заменик претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска, во синоќешното обраќање до граѓаните во живото вклучување на Фејсбук.Таа во одговор на прашања од граѓани во врска со случајот на најголемата дивоградба на Охридското езеро, фамозниот хотел во Лагадин нагласи дека градоначалникот на Охрид 7 пати го поништил решението за градба бидејќи било издадено незаконски и второстепената комисија го потврдила тоа и ова решение не смеело да биде издадено.https://www.facebook.com/sekerinska/videos/636156246990592/Но, по оваа постапка предметот заминал на суд и судот го вратил назад и токму тоа е тој пинг-понг што не фрустрира сите како граѓани и создава недоверба и кај судството и кај општините, но и во целата држава, рече Шекеринска.Општината има многу силни аргументи и нема да попушти ниту на притисоци и на можни злоупотреби на судството, бидејќи ако оваа дивоградба се дозволи и се толерира тоа ќе биде знак за сите да не ги почитуваат правилата, порача Шекеринска. 

Слајдер | пред 5 години

donev

Донев и одговори на Шекеринска: Плажата е дадена под концесија во време на СДС за помалку од 50 илјади денари годишен закуп, Коста лошо ве информирал

Радмила, нити нешто знаеш нити нешто конкретно си сработила во твојата очајна политичка кариера. Плажата е дадена под концесија во време на СДС и градоначалникот Ацо Петрески за помалку од 50 илјади денари годишен закуп. Другар ви Коста лошо ве информирал. Единствено што знаете е да ширите пропаганда, невистини и злоба. Додека вие и вашите полтрончиња метастазиравте во транзицијата, ние младите од Охрид бевме скромни и чесни деца од родители стечајци во фирмите кои криминално ги приватизиравте.Родители кои останаа без работа во време кога требаше да не извадат на прав пат и школуваат. Не знаевме што е годишен одмор на море ама преубав и доволен ни беше нашиот Охрид и воопшто не жалиме. Додека вие ја цицавте државата и граѓаните уште од време на Бранко, ние одевме трнлив но чесен пат и денес сме тука со чисто лице и без товар, напиша на својот профил Сашо Донев од ОК ВМРО ДПМНЕ.Донев во својата објава додава:Затоа врати се Скопје и не проповедај на терен кој проплакал од вас. На 15ти јули е правиот момент за конечно да ве пратиме на буништето на историјата каде одамна веќе припаѓате, заедно со сите транзициски политичари и профитери од вашето неславно минато, напиша Донев на ФБ.https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10220922395707334&set=a.1233635078696&type=3&theater

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Шекеринска од Охрид: Поддршка за градоначалникот на Охрид во справување со езерската мафија

Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, која е во работна посета на Охрид денес преку својата страница на социјалната мрежа Фејсбук, изрази директна и недвосмислена поддршка на градоначалникот Константин Георгиевски во справувањето со езерската мафија.Шекеринска напиша: „Му давам силна поддршка на градоначалникот на Охрид, мојот драг пријател Коста! Мора конечно да се расчисти со езерската мафија инсталирана и метастазирана од ДПМНЕ. Дивоградбите на охридското крајбрежје се резултат на 11 години злоупотреба и негрижа за Охрид од страна ДПМНЕ кои освен профитот немаа друг интерес.“

Слајдер | пред 5 години

mak-koncept

(ВИДЕО) Со јавни работи за земја без отпад – чистење на каналите и управување со отпадот

Состојбата на одводните канали е многу лоша и е извор на болести и зарази. Лошата состојба на одводните канали е причината за загадувањето на површинските води, оние води што се користат за наводнување на полјоделските култури се контаминирана со фекалии. Општина Илинден е само едно од местата каде состојбата со отпадот е алармантна и неопходна е изградба на комплетна одводна канализациона мрежа со пречистителни станици со цел да не се исфрла фекална и друга отпадна вода во каналот.“Поголем број од жителите во оваа општина немаат фекална канализација и се уште користат септички јами, кои најчесто се дренираат во каналската мрежа. Голем дел од каналската мрежа поминува низ оваа општина, и веќе многу години е еколошка рана. Тоа мора да се реши веднаш. Прочистителните станици во Општина Илинден решаваат само еден минорен дел од еколошката катастрофа во која запаѓаме. Загадувањето не е нешто што не може да се спречи, само потребно знаење, волја и функционално решение. Со ѓубрето што го создаваме треба да се управува на начин како што управува целиот свет, односно отпадната вода треба да оди назад во природата ама прочистена, а тврдиот отпад да биде рециклиран”, рече Ивица Мицев кандидат на листата на Македонски концепт во ИЕ 3.Општините, селата и градовите, целата држава е депонија, отпад се остава секаде, никој не се грижи за животната средина, грижата за животната средина е индивидуална одговорност на секој од нас и воедно на институциите. Граѓаните заслужуваат да живеат во чиста и здрав животна околина. Институциите треба да си ја завршат својата работа. Македонски концепт има проект за справување со отпадот во Македонија и решение за моменталната ситуација.“Проектот Јавни работи за земја без ѓубре, предвидува истовремено решавање на неколку сериозни проблеми. Како приоритетно проблемот со отпадот од чие решавање ќе произлезе можност за дополнителна заработка за граѓаните. Бенефитите од овој проект започнуваат од чистата животна средина а продолжуваат на намалување на сиромаштијата. Суштинско во нашиот проект е вклучувањето на граѓаните затоа што институциите потфрлија, системот не функционира и станавме земја на отпадот”, објасни МицевПроектот „Јавни работи за земја без ѓубре” соединува три аспекти, справување со отпадот, со сиромаштијата и унапредување на капацитетите на локалниот туризам. Секој што е во можност, а пред се лицата во социјален ризик, секој што сака да го дополни семејниот буџет во слободно време, пензионери, планинари, ученици, ќе може со општествено-корисна и платена работа, да придонесат за справување со енормниот проблем со несоодветното фрлање ѓубре во природата.Дадената поддршка за бројот 10 е глас даден за вас, за нормална држава во која сакате да живеете, во еколошки чиста и безбедна.

Актуелно | пред 5 години

koronavirus-test

Денеска 120 нови случаи на ковид 19, починаа 4 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 954 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-64, Куманово-4, Дебар-4, Штип-2, Прилеп-2, Тетово-14, Струга-5, Битола-3, Охрид-7, Гостивар-2, Македонски Брод-1, Свети Николе-2, Кичево-5, Ресен-5.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 123 оздравени пациенти од: Скопје-17, Куманово-92, Штип-2, Прилеп-1, Тетово-4, Велес-1, Кичево-1, Ресен-5.Во ГОБ „8 септември“ починати се 4 лица од Скопје на возраст од 51, 56, 58 и 67 години.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6454, бројката на оздравени пациенти е 2598, на починати е 306, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3550. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 3134, активни 2049• Куманово 760, активни 211• Дебар 96, активни 44• Штип 347, активни 160• Прилеп 263, активни 37• Тетово 714, активни 394• Струга 225, активни 140• Велес 186, активни 40• Битола 54, активни 20• Охрид 174, активни 150• Кавадарци 18, активни 12• Гостивар 122, активни 66• Гевгелија 10, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)• Струмица 15, активни 10• Крива Паланка 15, активни 9• Радовиш 4, активни 0• Крушево 6, активни 3• Кочани 69, активни 22• Пробиштип 19, активни 11• Демир Хисар 2, активни 1• Македонски Брод 5, активни 3• Пехчево 6, активни 3• Берово 2, активни 0• Валандово 6, активни 2• Виница 3, активни 0• Делчево 1, активни 0• Кратово 4, активни 1• Свети Николе 30, активни 26• Кичево 35, активни 29• Ресен 108, активни 94• Неготино 21, активни 10 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 954 теста се преку: ИЈЗ –232, ЦЈЗ Скопје-0, Авицена –109, Биотек –130, МАНУ -110, Жан Митрев (Филип Втори) -203, Судска медицина-17,  Систина  со PCR метода -109, ЦЈЗ Битола-43, лаборатории од странство-1.Досега во земјата се направени вкупно 61.727 тестирања на ковид -19.  Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 91 пациенти. На кислородна поддршка се 44 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.Во болницата во Козле се хоспитализирани 24 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, две деца позитивни и пет со симптоми на вирусот.Во ГОБ „8 Септември“ примени се 8 нови, вкупно хоспитализирани се 131 пациенти. На респираторна машина се 10 пациенти.Во болницата во Битола се хоспитализирани 38, а во болницата во Штип се хоспитализирани 35 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 85 пациенти - позитивни и сомнителни на ковид-19.Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)• Чаир – 454• Аеродром - 166• Бутел - 173• Гази Баба - 185• Центар – 152• Карпош – 170• Сарај – 163• Кисела Вода – 119• Ѓорче Петров – 118• Студеничани – 111• Шуто Оризари – 87• Арачиново – 52• Илинден – 33• Петровец – 19• Чучер Сандево – 21• Сопиште – 13• Зелениково-4• Странец – 2• Нераспределен- 7фото: Архива---

Македонија | пред 5 години

nezavisni-pratenici

Независна пратеничка група: Мицкоски кочел закони за да штити криминал поради личен интерес

Мицкоски нé лажеше дека се грижи што ќе се уништи партијата, а имал гајле само за некого, свој личен интерес и придобивки, велат од независната пратеничка група.Тие преку медиумите се обратија до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, коментирајќи дека разговорите кои јавно се објавуваат меѓу Мицкоски и Милески покажуваат кој гласал во Собрание по сопствено убедување, а кој бил платен и имал лична корист за да го прави тоа. Велат дека Мицкоски им ветувал: „Со мене ќе ви биде подобро“, а всушност, причината била предметот „Империја“.„Очигледно е дека без срам, Мицкоски ги лажеше и нашите сопартијци на кои им велеше дека главниот интерес е да ги заштити нив од прогон. Но нам државата ни беше пред неговите закани и тоа ‘дали влакно од косата ќе ни фали или не’. Дволичноста и лицемерието на Христијан Мицкоски сега ги слушна и јавноста.Иако одамна сме разочарани од тоа што ѝ се случува на нашата партија ВМРО-ДПМНЕ, сепак, не очекувавме дека Мицкоски може да оди дотаму, да кочи закони за да штити криминал, со цел финансиски бенефит. Мицкоски нè обвинуваше нас дека сме зеле пари да гласаме, а тој се слуша дека само гледа личен интерес. Јавноста сега се увери дека ние одбивме да постапиме спротивно на интересите на нашата држава и нашиот народ, како што тоа го правеа други наши колеги по нарачка од Мицкоски.Нели е срамно Мицкоски по митинзи да се фали дека ќе ја врати правдата, која всушност тој сакал да ја продаде за да му плаќаат долгови и автобуси? До кога ќе се лаже и понижува сопствениот народ за лични интереси?!Заложбата на нашата пратеничка група беше предметите кои ги водеше специјалното јавно обвинителство за сторен криминал да добијат судски епилог и да се знае кој е виновен, а кој обвинет без докази. Успеавме во тоа и покрај сите притисоци, но и закани кои ги добивавме во тој период и се присутни и денес, а доаѓаа од мала група луѓе, по нарачка на ним познати лица.Носењето на Законот за Јавно обвинителство беше нотирано како значаен успех по европскиот пат на нашата татковина. Со него, се елиминираат политичките влијанија, какви што гледаме дека ги имало во минатото. Ние ја обезбедивме правната држава која Мицкоски сакаше да ја урниса.Притисоците кои Мицкоски ги правел врз некои од колегите пратеници и за други закони кои биле во собраниска процедура ќе излезат на виделина, бидејќи на лагата ѝ се кратки нозете. ВМРО-ДПМНЕ секогаш имало сила и луѓе со визија, за да ја променат партијата на подобро. Тоа ќе го кажат и тие околу Мицкоски на 15 јули, кога очигледно е дека тој ќе доживее дебакл“, нагласуваат од Независната пратеничка група.

Македонија | пред 5 години

DSC_0030

Чулев во посета на граничниот премин Аеродром на Меѓународниот аеродром „Скопје“

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев денеска ја посети Полициската станица при граничниот премин Аеродром “Скопје“, кој после неколку месечниот застој поради состојбата со епидемијата од “ковид 19“ од денеска повторно почна со работа. Министерот Чулев покрај средбата со раководството на оваа полициска организациона единица се сретна и со менаџментот на компанијата ТАВ која што стопанисува со аеродромот, предводен од првиот човек на оваа фирма Алперт Ерсој.Од страна на министерот Чулев и менаџментот на компанијата беше истакната досегашната одлична меѓусебна соработка, за што потврда е и фактот дека скопскиот аеродром, во повеќе наврати е избран за најдобар аеродром во Европа, во категорија на аеродроми што опслужуваат до три милиони патници годишно. На средбата министерот Чулев беше информиран за безбедносните и здравствените протоколи коишто ќе се применуваат, при влезот и излезот на патници како на скопскиот така и на охридскиот аеродром со кој исто така стопанисува ТАВ.  Министерот Чулев  изразувајќи благодарност за високото ниво на партнерство  меѓу  МВР и  ТАВ Македонија, нагласи дека е од огромна важност што покрај досегашното одлично економско управување со аеродромите ТАВ и во наредниот период има намера да продолжи со инвестирањето во нашата држава. На средбата со раководството на полициската станица Аеродром, министерот Чулев беше запознат со сите мерките што во рамки на справување со пандемијата од коронавирусот се преземаат од страна на полициските службеници како и околу стандардните оперативни процедури што се применуваат при влез и излез од нашата држава. Притоа, тој беше информиран дека во периодот од 19 март до 30 јуни, односно за време на пандемијата од ковид 19, реализирани беа вкупно 54 хуманитарни летови, од кои 20 за влез во државата и 34 за излез од државата, и по тој основ превезени се вкупно 4531 патник. Од таа бројка, дури 18 летови беа за медицински цели. Денес, во рамки на првиот работен ден на граничниот премин на скопскиот аеродром пристигнале вкупно 292 патници, а заминале  вкупно 448 патници.  Додека од охридскиот аеродром пристигнале вкупно 38 патници, а заминале  вкупно 144 патници. Министерот Чулев ја искористи можноста уште еднаш да потенцира дека полициските службеници изминатиот период се во првите редови во справувањето со коронавирусот и со своето постапување покажаа  исклучително високо ниво на посветеност, одговорност и професионалност. Токму заради тоа, како што истакна министерот Чулев припадниците на МВР ја заслужуваат целата благодарност и почит за работењето и покажаната одговорност и совесност во изминатиот период,  покажувајќи дека не само што беа на висина на задачата туку и дека ја потврдија стратешката определба на МВР да го заштитат животот и безбедноста на граѓаните. 

Македонија | пред 5 години

IMG_0097

(ВИДЕО) Продолжува намалувањето на цените во роаминг за земјите од Западен Балкан

Земјите од Западен Балкан денеска одбележуваат една година од стапувањето на сила на договорот за намалување на цените во роаминг. Нашите граѓани изминатата година зборуваа, користеа интернет и праќаа СМС пораки за цени пониски и до 99%.Конкретно, 5,04 денари за појдовни повици, 2,9 денари за дојдовни повици, СМС пораки се праќаат за 2,63 денари по порака, а цената на МБ интернет е 1,9 денари.Од денеска, дополнително се намалува цената за дојдовни повици и таа сега изнесува 1,5 денари.Согласно договорот, до јули 2021 година цените во роаминг целосно ќе се укинат. Ова е предусловот што Северна Македонија заедно со останатите пет држави од регионот го исполнува со цел воведување на „роаминг како дома“ и со земјите од Европската Унија.На денешниот состанок на министерите задолжени за дигитализација во регионот, Советот за регионална соработка и претставници од Европската Комисија, беше заклучено дека ќе се изработи мапа за следни чекори и рокови за укинување на цените во роаминг помеѓу земјите од Западен Балкан и земјите од Европската Унија.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Филипче: Воведовме 7 нови лекови за лицата со ретки болести

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, денеска оствари средба со претставници на Здруженијата на лица со ретки болести во нашата земја. На средбата, тие разговараа за предизвиците со кои се соочуваат во овој момент кога целокупниот здравствен систем е посветен на третманот на пациенти заболени од коронавирус. Оваа група на пациенти има свои специфики, во однос на типот на терапија, начинот на земање, пристапот до  контролните прегледи.„Во изминатите, повеќе од две години, навистина многу вложивме во Програмата за ретки болести. Се донесоа 7 нови лекови за многу дијагнози за кои пациентите немаа пристап до терапија. Сега имаат најмодерна терапија, која се прима и орално место инфузиите за кои дел од пациентите бараа лекуавње во странство, а сега имаат пристап до терапиите тука во нашите клиники. Количини има доволно. Разговаравме за начинот со кој би се олеснил пристапот, дистрибуцијата на лековите за ретки болести преку инсулинските аптеки или преку патронажните сервиси за пациентите кои се неподвижни. Разговаравме и за надградба на електронскиот регистар, заради тоа што пред нас е еден период во којшто повеќе услугите, пациентите, граѓаните треба да ги добиваат во домашни услови или блиску до нивните домови, во амбуалантите или преку патронажните сервиси за да го избегнат доаѓањето во болници и клиники, а со тоа долгото чекање, и секако ризикот од инфекција“, потенцираше министерот Филипче во изјава за медиумите.Воведени се 7 нови лекови за лицата со ретки болести. Два нови лека за терапија на Гоше и една таблетарна терапија. Овозможивме лек и за лицата со ФАП – фамилијарна амилоидна полиневропатија, апаластична анемија, Пулмонална фиброза, спинална мускулна атрофуја и идиопатска пулмонална хипертензија.„Низ разговори со соодветните лица задолжени за Програмата за ретки болести во Министерството за здравство успеавме да обезбедивме одлуки со кои дел од дијагнозите се ослободени од работни обврски. Уште поважно е дека пристапот до лекарства ни беше овозможен континуирано и без застој благодарение на напорите кои ги вложивме како здружение и нашите барања да не останеме без терапија, бидејќи тоа е критично по животите на пациентите. Она за што денеска разговаравме е како да продолжиме понатака бидејќи очигледно е дека ситуацијата нема да се смири. Нас ни е особено важно услугите колку што е можно да ги добиваме дома. Веројатно овие аспекти ќе бидат разгледани на Комисијата за ретки болести да добиеме патронажни служби и физиотерапевти. Исто така, ни е важно Стратегијата за ретки болести која беше креирана минатата година да биде усвоена тогаш кога ќе се создадат услови за тоа. Очекуваме новиот состав на Парламентот исто така ќе излезе во пресрет за сите барања кои ги имаме врзани со надополнување со законите за здравствена заштита, за лекови, за медицинска грижа и за физиотерапевтски услуги и помагала“, рече Нашата Анѓелеска од Здружението ХАЕ.Ресорното министерство, секоја година го зголемува буџетот наменет за ретките болести. Во 2020 година буџетот за ретки болести изнесува 527 милиони денари, додека пак во 2017 година изнесувал 214 милиони денари.фото: МЗ

Македонија | пред 5 години

ruskovska

После Ременски, и Боки 13 побарал изземање на Рускоска од „Меѓународен сојуз“

Оложено Судењето за „Меѓународен сојуз“ откако на барањето на Фросина Ременски за изземање на обвинителката Вилма Русковска се приклучи и Бојан Јовановски. Боки 13 побарал изземање, велејќи дека Рускоска извршила тортура врз него со нејзиното однесување.„Јас имам сериозни аргументи коишто ќе одат во контект на докажување дека ниту едно дејствие не е кривично дело коешто ниту е објаснето ниту е посочено од самата застапничка на обвинението, тоа е дополнителен аргумент, зошто се бара изземање на јавниот обвинител, бидејќи се сомневаме  за една сериозна селективност и тенденциозност“, рече Фросина Ташевска Ременски, пратеничка.На барањето на Ременски се придружи и Боки 13.„Никогаш пристрасно не сум се однесувала кон ниту еден предмет, а сум ги сработила можеби повеќе од илјада. Нема никогаш да си  дозволам емоции или било што друго да ме води при постапување на предмет“, е одговорот на  Русковска, по барањата за нејзино изземање.Судењето е одложено за 21 јули.

Македонија | пред 5 години

evzoni-greece

Граничниот премин „Евзони“ повторно затворен за туристи

Граничниот премин Евзони требаше да биде отворен од денес, но сепак, во краток временски период овој граничен премин беше затворен, јави РТС.Иако беше кажано дека граѓаните на Србија кои сакаат да одат на море од денес, ќе можат да стигнат до Грција по пократок пат, преку нашата земја, фејсбук-групата Nikana.gr објави дека Евзони е повторно затворен.„Само што добивме известување дека од овој момент граничниот премин Евзони е повторно затворен за туристи и неможе да се влезе во Грција преку овој граничен премин, до понатамошно известување. Промахонас е отворен и ќе остане отворен“, додаваат тие во соопштението.Според неофицијалните информации, граничниот премин Евзони ќе биде затворен до 15 јули.https://www.facebook.com/NikanaTravel/posts/3301582399860797

Скопје | пред 5 години

image-01-07-20-12-40

Бакраческа: Наши приоритети се -чист воздух, соодветен третман на отпад, чиста вода борба со урбаната бучава, урбанизам за луѓе и климатски промени

Ние сме патриоти и го сакаме својот народ. Сакаме младите да растат тука и да растат здрави, а по нас да оставиме здрава и чиста животна средина. Подобрувањето на квалитетот на животната средина е прашање на опстанок на младите во Македонија. Затоа, со граѓаните сакаме да направиме Договор за здрава и чиста животна средина, истакна прес-конференцијата на Д-р Грација Бакраческа, кандидат за пратеник во ИЕ5.Приоритетите на програмата за Обнова на Македонија се: чист воздух, соодветен третман на отпад, чиста вода и речни текови, борба со урбаната бучава, зазеленување на македонските градови и планини, урбанизам за луѓе и климатски промени.Инспекцискиот надзор во животната средина ќе овозможи строг и правичен инспекциски надзор над сите загадувачи на животната средина.Со цел намалување на урбаното загадување на воздухот, ВМРО-ДПМНЕ се обврзува да ги имплементира следните проекти: поддршка за воспоставување јавен транспорт на чисти горива, природен гас и на електричен погон; субвенции за такси превоз без емисија на цврсти честички и без бучава (природен гас и електромобили); поддршка на локалните самоуправи при изградба на велосипедски патеки, пешачки зони, зони на смирен сообраќај; и поддршка за бесплатен јавен градски и државен превоз за сите ученици и студенти.Со спроведување на строг инспекциски надзор над градилишта во делот на емисии во воздух, вода и во отпад се стремиме кон креирање на градилишта без штетни емисии.Со проектот Зазеленување - зелена Македонија се планира засадување 2.000.000 садници од автохтони неалергени видови годишно во руралните и во планинските предели и 500.000 садници во урбаните средини годишно. Секое семејство најмалку еднаш годишно ќе има можност да добие садница и да ја засади на локација по сопствен избор, во својот двор или на јавен простор.Проектот Урбанистичко планирање за Зелена Македонија во соработка со ЕЛС ќе значи: работа по принципите на зелени градови, зелени маала, зелени улици со зелени згради; поддршка при донесување урбанистички планови со 30% зеленило на ниво на маало, детален и генерален урбанистички план; задолжителна обврска за стратегиска оцена на животната средина и кумулативното влијание врз животната средина од планска документација и градежна активност; и донесување законска и подзаконска регулатива за одржување на јавното зеленило и на зеленилото во приватните парцели.Затоа на 15 јули да одбереме обнова. Обнова за здрава животна средина, нови работни места, повисока додадена вредност на нашиот труд и можност за извоз на знаење и на производи.Број 14 за чист воздух, чиста вода и соодветен третман на отпад.14 за заштита на животната средина!14 за обнова на Македонија, истакна прес-конференцијата на Д-р Грација Бакраческа, кандидат за пратеник во ИЕ5.

Актуелно | пред 5 години

krazba

Поднесени обвиненија за разбојништво и кражби во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривични дела – Разбојништво од член 237 став 1 и Разбојничка кражба од член 238 став 1 од Кривичниот законик. Против истото лице и негова соизвршителка е поднесен и Обвинителен предлог за кривично дело – Кражба од член 235 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.Имено, обвинетиот на 11 мај, во влезот на станбена зграда на улицата „Радика“, со употреба на закана дека непосредно ќе нападне врз животот и телото на една оштетена и одзел ранец во кој имало пари и други предмети во вкупна вредност од 26.600 денари. Тој влегол во влезот на зградата по оштетената и и се заканил со пиштол наменет за исфрлање синтетички топчиња со пречник од 6мм под дејство на компромитиран воздух. Побарал оштетената да му ги даде сите предмети кои ги имала кај себе, а потоа и го побарал и клучевите од станот и од возилото. Кога таа се спротивставила, тој на сила и ги одзел клучевите и го напуштил местото.На 15 мај, пред влезот на станбена зграда на улицата „Варшавска“, обвинетиот заедно со обвинетата забележале една оштетена како стои со количка за бебе и дека лифтот во зградата се сервисира. Обвинетата и понудила  на оштетената обвинетиот да и помогне и да и ја качи количката до катот каде што живее. Оштетената ја прифатила понудата и се качиле на третиот кат. Кога оштетената започнала да ја отклучува вратата од станот забележала дека и го нема мобилниот телефон кој се наоѓал во количката и веднаш се упатила кон обвинетиот кој тргнал да си оди, барајќи да и го врати телефонот. Затечен во кражба, тој започнал да ја турка и да ја удира во ѕидовите од влезот, а во еден момент го извадил и пиштолот за исфрлање синтетички топчиња. Притоа се заканил дека ќе ги убие и оштетената и нејзината малолетна ќерка која оштетената за цело време ја држела во рацете. По ова тој побарал да ја отвори влезната врата од станот и да му ги даде сите предмети кои што се вредни, но оштетената се спротивставила и започнала да вика. Тогаш излегле соседите од нејзиниот кат, по што обвинетиот избегал од местото.На 25 мај, пак, од стан на улицата „Драгиша Мишовиќ“, двајцата обвинети одзеле патики и чизми во вкупна вредност од 32.600 денари. Со оштетениот се познавале од претходно, па додека првообвинетиот разговарал со него за да му го одвлече вниманието, второобвинетата останала во ходникот и ги одзела предметите со намера противправно да ги присвои.Надлежниот јавен обвинител со Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за првообвинетиот, бидејќи постои опасност од бегство и можност тој да ги повтори делата што му се ставаат на товар.​

Скопје | пред 5 години

8-mi-septemvri

Кривична пријава и државен карантин за синот на починатата кој предизвика инцидент пред „8 Септември“

Обид насилно да се изнесе тело на почината од коронавирус е причината за инцидентот што вчера се случи во болницата „8 Септември“.Од Министерството за внатрешни работи велат дека кај нив било пријавено дека неколку лица му се заканувале на персоналот што работи во ковид-центарот на болницата, по што интервенирале полициски службеници. Еден од синовите на починатата кој сакал насилно и без почитување на протоколите да го земе телото на неговата мајка бил позитивен на коронавирус, но наместо во изолација, тој дошол пред болницата. Против него ќе биде поднесена и кривична пријава.„По излегување на местото на настанот, полициски службеници затекнале повеќе лица на паркингот пред ГОБ ‘8 Септември’, при што од страна на полициските службеници биле преземени  мерки и активности за преглед на лица и патнички моторни возила, а меѓу нив биле затекнати синовите на починатата кои сакале насилно да го земат телото. Лицето Б.С (29) е приведен во ПС Гази Баба, поради тоа што при проверка во евиденција за лица со решенија за изолација констатирано е дека истиот не го почитувал решението за изолација и е позитовен на Ковид-19“, велат од МВР, за Макфакс.Синот на починатата кој е позитивен на коронавирус е спроведен во државен карантин на сопствен трошок, а ќе му биде поднесена и кривична пријава за непостапување според здравствените прописи.извор: Макфакс

Македонија | пред 5 години

nina

Мој ДДВ се прилагодува на Ковид-19, Ангеловска најави повеќе мали дневни награди

Министерката за финансии денеска на својот официјален Фејсбук профил објави дека наградната игра „Мој ДДВ“ се прилагодува на Ковид-19 состојбата и дека ќе има поголем број дневни награди од по 1.000 денари за сите оние кои скенираат сметки и придонесуваат во борбата против сивата економијаМинистерката најави и променети износи на награди за месечните и главното извлекување.Наместо 10 дневни награди по 1.000 денари, 2.000 денари и 3.000 денари, секој ден ќе се доделуваат по 30 награди од по 1.000 ден. Месечните извлекувања од август за секое коло ќе имаат промена, односно ќе се доделуваат по 15 награди од по 20.000 денари наместо 100.000 денари, информираше Ангеловска.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

trotoar-2

Хортикултурно уреден тротоарот кај училиштето „Григор Прличев“ во Охрид

Тротоарот на „Булевар Туристичка“ пред училиштето „Григор Приличев“ доби хортикултурно уредување. Засадени се дрва кои се протегаат во мал зелен појас прекриен со трева. Овој потег беше раскопан и неуреден, а дрворедот кој беше отстранет беше опасен за минувачите заради трулите стебла на дрвата. Поставен е нов тротоар и нов асфалт на велосипедската патека. Работите на потегот ги изведуваше ЈП ГРАДСКИ ГРОБИШТА – Охрид. 

Македонија | пред 5 години

sovet-Ohrid

Записник од 43 седница на советот на Општина Охрид

Четириесет и третата редовна седница на Советот на општината се одржа преку конференциска врска со употреба на интернет комуникација со почеток во 11:30 часотНа седницата присуствуваа 23 советници, Градоначалникот на општина Охрид д-р Константин Георгиески и претставници на стручните служби во локалната самоуправа и претставници на медиумите.Претседателот на Советот Живка Ангелоска – Со оглед дека е присутно мнозинството од вкупниот број членови на Советот, задоволени се законските претпоставки за одржување на седницата.Претседателот на Советот Живка Ангелоска отвори расправа за записникот од 42-та седница. Бидејќи никој немаше забелешки, записникот беше ставен на поименично гласање.З А П И С Н И К ОД 43-ТА РЕДОВНА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД

Македонија | пред 5 години

todor

(ВИДЕО) Иваноски: Еве зошто да гласате за бр. 10 за Македонски концепт“

Зошто, „Македонски концепт“, затоа што ние не сме партија, ние сме независна листа на граѓани кои сакаат своите проекти и знаења да ги вложат во подобро утре и промени во нашата земја. Затоа, ако сакате да имете пратеници волонтери, ако сакате независната културна сцена да добие своја грантовска поддршка, ако сакате министерствот за екологија и еколошките стандарди да бидат на највисоко ниво тогаш гласајте за 10 ка“, истакна Тодор Иваноски од Битола, кандидат за пратеник од Македонски концепт за ИЕ5.

Актуелно | пред 5 години

Vas_reonski_opstinar

Општина Охрид го започнува проектот“ Ваш реонски општинар“

Општина Охрид започнува реализација на проектот“  Ваш реонски општинар“.  Со проектот Локалната власт се   доближува до  граѓаните  со цел да се   овозможи  на лице место да  се примаат   забелешки  за комуналните  проблеми  со кои тие се соочуваат , да се  увиди  состојбата на самото место односно самата улица и  да се  постапи  по сите забелешки кои се во надлежност на Општина Охрид.Со овој Проект градот Охрид е поделен на 5 реони при што точно се дефинирани границите на секој реон.  За секој реон ќе бидат одговорни по двајца вработени во локалната самоуправа  кои преку теренски активности и средби со граѓаните ќе прибираат информации за сите  нивни проблеми и потреби.Преку  web страната на Општина Охрид и на  телефонски број  072 800 705  охриѓани ќе можат да воспостават непосреден контакт со реонскиот општинар и ќе можат да договараат средби на местото каде е посочен комуналниот проблем .По секоја забелешка или предлог од страна на граѓаните ќе се отвара посебен предмет и истите ќе бидат информирани за начинот на решавање на проблемот и за временската рамка кога ќе се реши истиот.Со ваквиот начин на работа,  преку овој Проект побрзо ќе започнат да се решаваат проблемите на граѓаните и истиот  ќе биде основа за изработка на програмските  активности  од комуналната сфера  на Општина Охрид.фото: Општина Охрид

Македонија | пред 5 години

vmro

Лазаров: Намалување на ДДВ за угостителство и туризам од 18 на 10%, средства за помош на фирмите и ослободување на истите од нивно враќање

На денешната прес конференција ќе промовирам дополнителен сет на мерки и политики кои се дел од преодната стратегија која што ВМРО-ДМПНЕ ќе ја спроведе во првите 100 дена од формирањето на новата Влада за поефикасно справување со здравствено-економската криза во државата, истакна Дарко Лазаров, претседател на Комисијата за економија на ВМРО-ДПМНЕ.Практично, мерките кои ќе ги презентирам денес се однесуваат на поддршка на приватниот сектор и реалната економија со цел амортизирање на економските последици од кризата и многу поважно јакнење на економските фундаменти на државата.Во таа насока, првиот сет на мерки предвидува:-         Продолжување на субвенционирањето на плати за вработените во приватниот сектор за месеците јуни и јули во оние компании кои бележат пад на приходите за повеќе од 30% во изминативе два месеците. Дополнително, ќе се разгледа можноста и потребата од продолжување на оваа мерка и за месец август.Всушност, на овој начин ќе се овозможи зачувување на повеќе работни места кои во моментот се сериозно загрозени поради продлабочување на самата криза.-         Целосно ослободување на компаниите од обврската за враќање на средства по основ на мерката за субвенционирање на плати за месеците април и мај независно од финансиските резултати кои што компаниите ќе ги остварат на крајот на годината.Практично, со ова ослободување ќе се обезбеди сериозен финансиски импулс за компаниите во процесот на целосно ревитализирање на нивните бизнис активности во периодот после кризата.-         На крајот третата мерка во овој сет на мерки се однесува на отворање на нова бескаматна кредитна линија во износ од 10 милиони евра преку Развојната Банка на Македонија која ќе биде наменета за поддршка на сите компании кои имаат финансиски проблеми и проблеми со нарушена ликвидност како последица од кризата.Дополнително, се предвидува сериозна поддршка за секторот Туризам и Угостителство како сектори кои се најпогодени од кризата.За таа цел, ќе бидат имплементирани неколку мерки:-         Прво, намалување на ДДВ од 18% на 10% за секторите угостителство и туризам, мерка која што практично ќе важи до крајот на 2021 година.-         Ослободување или намалување на надоместокот за лиценци, такси и дозволи за угостителските субјекти до крајот на 2020 година.-         И можеби најзначајната мерка за поддршка на туризмот е субвенционирање на трошоците за одмор во домашните туристички капацитети, во износ до 40% (или во висина до 12.000 денари) за сите граѓани кои остваруваат месечни приходи, односно плата не поголема од 20.000 денари.Со оваа мерка вистински ќе се поддржи туризмот и домашните туристички капацитети, но истовремено ќе се обезбеди поддршка и за туристичките агенции преку кои ќе може да се прават самите аранжмани.Понатаму, Вториот сет на мерки во делот на поддршката на приватниот сектор се однесува на јакнување на конкурентноста на македонската економија со посебен фокус на преработувачката индустрија и извозниот сектор како сектори кои имаат најголем потенцијал за поттикнување на македонската економија и забрзување на економскиот раст и развој на земјата во пост-кризниот период.Во таа насока Поддршката за јакнење на конкурентноста на индустријата предвидуваме:-         Поддршка во форма на неповратни грантови за инвестиции во набавка и инсталирање на нови машини и опрема;-         Поддршка за инвестиции во форма на купување лиценци или франшизи за производство;-         Поддршка за инвестиции во градење на нови производни линии или подобрување на постоечките производни процеси;-         Поддршка за воведување нови бизнис и организациски модели;-         Поддршка за воспоставување на современи менаџмент системи за квалитет и стандардизација.Дополнително, предвидуваме Поддршка за јакнење на човечките ресурси и инвестиции во човечки капитал во домашните производни компании-         Таа поддршка ќе биде во форма на поддршка во форма на покривање на дел од трошоците за организирање на специјалистички обуки за инженери и технички персонал во производните одделенија, поддршка за менаџерски обуки со цел стекнување на нови менаџмент алатки за поефикасно управување на самите компании, како и поддршка за организирање на коучинг и менторинг програми со можност за ангажирање на странски консултантни и експерти;На крај почитувани, не помалку важна е Поддршката за извозните компании која е базирана на повеќе конкретни мерки во форма на:-         Неповратни грантови за барање на нови партнери и пазари; како и за инвестиции поврзани со отпочнување на извозен процес на компании кои немаат претходно извозно искуство;-         Реформирање и зајакнување на институционалните капацитети за поддршка на извозот-         Реформирање на Развојната Македонска Банка (РМБ) во Македонска извозна и развојна банка која ќе обезбедува поддршка за извозно ориентирани домашни компании-         Градење мрежа на извозни промотори кои ќе работат со домашните компании во поддршка на извозот на одделни странски пазари;-         Менување на моделот за привлекување на СДИ со таргетирање на конкретни странски компании од одредени сектори кои ќе имаат најголеми потенцијални ефекти за домашната економија. Кога зборуваме за ефекти од странските инвестиции за домашната економија не мислиме само на висината на инвестицијата и бројот на работни места, туку многу повеќе на висината на плати што ќе ги исплаќаат странските компании на домашните вработени и степенот на ангажираност на домашните компании во нивните ланци на снабдување;-         Целосно усогласување на царинските стапки на ниво на соодветните стапки на ЕУ за одделни производи (компоненти) потребни за производство на технолошко-напредни производи. Со тоа ќе се зголеми атрактивноста на земјата за привлекување на компании кои произведуваат технолошко напредни производи, истакна Дарко Лазаров, претседател на Комисијата за економија на ВМРО- ДПМНЕ.

Македонија | пред 5 години

medena-zemja-1

Котевска, Стефанов и Георгиев од „Медена Земја“ поканети за членови на Академијата која доделува Оскар

Режисерите Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, како и продуцентот и монтажер на македонскиот документарен филм „Медена Земја“, Атанас Георгиев, се поканети да бидат членови на Американската академија за филмски уметности и науки.Академијата е светски препознатлива како телото кое доделува Оскар, најпрестижната филмска награда во светот.Во „Класата 2020 година“ Академијата покани вкупно 819 филмски професионалци за нови членови. Оние кои ќе го прифатат членството ќе имаат можност да гласаат во изборот на следните добитници за наградата Оскар.Оваа година од Академијата соопштија дека воделе особено внимание за зголемување на бројот на жени и припадници на етничките и расните малцинства кои ќе бидат дел од оваа институција. Од сите примени 45% се жени, а 36% се припадници на етнички и расни заедници кои досега беа застапени многу малку во Академијата. Половина од новопримените членови доаѓаат надвор од Соединетите Американски Држави, а застапени се филмски професионалци од 68 различни држави.„Медена Земја“ оствари историски успех за земјава со двете номинации за Оскари, во категориите за најдобар странски филм и најдобар документарен филм. Истовремено македонскиот филм стана единствен документарец во историјата на овие награди кој истовремено бил номиниран и во категоријата за најдобар странски филм.фото: Архива

Магазин | пред 5 години

izbori-02

Започна пријавувањето за гласање за изборите на лицата со Ковид-19, во самоизолација и хронично болните

Почнува пријавувањето до Општинските изборни комисии на лицата со Ковид-19 и во самоизолација, на болните, немоќните и хронично болните за гласањето на предвремените парламентарни избори на 15 јули.Известувањата се доставуваат до општинската изборна комисија најдоцна до 8 јули на полноќ, информираат од ДИК.Известувањето може да се даде лично, преку полномошник или по електронски пат на интернет адресата на општинската изборна комисија. Задолжително е и да се достави копија од Решение на Државен санитарен и здравствен инспекторат, како и копија од медицинска документација од специјалист, со која се потврдува здравствената состојба.Овие лица ќе гласаат во своите домови на 14 јули (вторник).фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања