Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

zbogar

Жбогар: Северна Македонија е чекор поблиску до ЕУ

Евроамбасадорот Самуел Жбогар, на својот профил на „Твитер“ објави дека Северна Македонија е чекор поблиску до ЕУ, после утврдување на Преговарачката рамка на Европската Комисија.„Уште еден важен чекор за Северна Македонија на патот кон ЕУ. Европската комисија го испрати предлог документот на преговарачката рамка во Европскиот Парламент на разгледување од страна на земјите членки“, напиша Жбогар.https://twitter.com/AmbassadorEU/status/1278587239715438592?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1278587239715438592%7Ctwgr%5E&ref_url=https%3A%2F%2Ftv21.tv%2Fmk%2Fzhbogar-ushte-eden-vazhen-chekor-na-severna-makedonija-kon-eu%2F

Македонија | пред 5 години

CD179D86-1BEE-4E44-A30B-0D1BC875C96A

(ФОТО) Травел блогерите во кампања „Македонија, каква што не ја знаеш“

Македонските травел блогери Евгениј Хоуп, Теона Манго и Моника Потер се вклучија во кампањата "Македонија, каква што не ја знаеш", која ја иницираше туристичката агнеција ЈК травел. Дестинациите кои оваа тројка ќе ги посети се добро познати, но она што тие ќе се обидат да го откријат се скриените туристички потенцијали кои се далеку од радарот на домашните туристи.Како да се патува во сопствената земја како турист? Или уште поконкретно, како да не се биде обичен турист, туку патувач и откривач на нови искуства во сопствената земја.„Што ако тргнавме уште рано сабајле, кога во Зовиќ стигнавме во два напладне. Де застани тука, де застани да ги видиш оние камени формации. Од толкава убавина главата ме заболе. Тие нереални погледи што ги сретнав таму само ми го потврдија фактот дека времето има различен проток. Сè беше некако бавно. Попријатно. Стварно се чувствуваш како лик извлечен од некоја епска фантастика." вели Евгениј Хоуп за посетата на Мариово.Ова е време кога голем дел од летото ќе го поминеме во Македонија и треба да се направи убав план како да се искористи максимално.„За Маврово знаев, но за Крушево не знаев дека има можност да се јаваат коњи, а коњите се моја голема љубов, тие кои добро ме знаат ја знаат оваа моја пасија, јавам од својата 8 година. Воодушевена сум од тоа како локалците откриваат начини да понудат нешто поинакво што ќе ги натера домашните гости повеќе да го ценат своето, а не само да се восхитуваме на туѓите дестинации. Сите знаат да одат во ресторан и да нарачаат македонска храна, но она што е поинакво тука е што имате можност да учествувате во нејзиното подготвување. Еве јас прв пат имав шанса да месам леб кој потоа го печевме во селската фурна. Посебно искуство, кое секогаш ќе го паметам" додава блогерката Теона Манго.Македонија нуди и амбиенти и природа и храна и обичаи. Има и градови кои се богати со историја. Креирани се посебни програми, кои од обично патување во Картово, на пример, ќе Ви создадат авантура. Постојат локални херои кои малкумина ги познаваат, а имаат што да му понудат на домашниот турист.„Овој викенд ми беше посебно убав и конечно малку поразличен. Кога веќе се помиривме со реалноста дека дојде јули и патувањата надвор од државата ќе бидат на пауза, открив шанса како поинтересно да ја прошетам Македонија, од она што вообичаено сум го правела. Еве конкретно, сум кајакарела на Матка, но не и на Преспанско Езеро. Сум кајакарела сама, а овде испробав кајак во тандем. Поинакво искуство, а Преспа има една магична тишина која плени" истакна инфлуенсерката Моника Потер.На патувањата, тројцата блогери ги следи младиот и талентиран фотограф Дино Нечевски кој создава фотографии кои како да ве носат далеку - а блиску е."Македонија каква што не ја знаеш" ви нуди да ја почувствувате авантурата - а да бидете сигурни во својата земја - на своето тло со оглед на здравствената криза која го зафати светот.Македонија навистина може да понуди повеќе од она што изгледа познато, па затоа е време е да ја запознаете каква што не ја знаете.Ваучерите за домашен туризам и картичката "Купувам домашно" можат да се употребат за сите домашни дестинации.

Македонија | пред 5 години

DSC_9622

(ВИДЕО) Заев: Утврдена е преговарачката рамка, македонската интеграција забрзува, одиме во ЕУ!

Вчера сведочевме уште една многу важна, историска епизода во нашето движење кон членство во ЕУ. Европската комисија вчера го утврди предлогот за Преговарачка рамка за преговорите за членство во ЕУ и го достави на разгледување до државите членки на ЕУ.Оваа вест уште еднаш потврдува дека чекориме напред по патот што го исцртавме. Северна Македонија оди уште поблиску кон Унијата. Македонската интеграција забрзува, истакна претседателот на СДСМ, Зоран Заев на прес конференција пред Собранието.Оваа вест доаѓа по цели 19 години од потпишувањето на Спогодбата за стабилизација и асоцијација како прв чекор кон интеграцијата кон ЕУ, 15 години од добивањето на кандидатскиот статус за членство во ЕУ, по 11 позитивни препораки за почеток на преговорите и по историската одлука на Европскиот Совет за почеток на преговорите за членство на нашата земја во ЕУ на 26 март оваа година.Очекуваме веќе наредната недела да започне дискусијата по рамката за преговори на експертско ниво, и во периодот пред нас рамката да биде усвоена од државите членки, со што преговорите и формално ќе може да започнат.Со овој предлог на преговарачката рамка се утврдуваат правилата и принципите по кои ќе се одвиваат преговорите на Северна Македонија за членство во ЕУ.Вчерашниот ден е само силна потврда дека нашата татковина сигурно чекори на европскиот пат, пат кој носи суштински реформи, владеење на правото, економски развој, здрава животна средина, силно земјоделие и шанси за подобар живот на сите македонски граѓани, тука - дома.Ова е процес што ни ја носи Европската унија дома. Со отворањето на преговорите ние почнуваме нова фаза од нашето унапредување, нова фаза од македонската европеизација. Започнува побрзо воведување европски стандарди во сите области, наша интеграција во економскиот и политичкиот систем на Европската унија.По членството во НАТО, полека но сигурно го забрзуваме и процесот на интеграција во ЕУ. Двете стратешки определби ги остваруваме во период од само три години. Тоа е успех на Владата, институциите предводени од СДСМ, тоа е успех и на сите граѓани кои се определени иднината да ја градиме во ЕУ.Благодарни сме на историското хрватско претседателство со ЕУ кое ни ја донесе одлуката за почеток на преговорите за членство во март оваа година.Големо задоволство ни е што токму вчера, на првиот ден на германското претседателство со ЕУ е утврдена преговарачката рамка како предлог до државите членки. Убедени сме дека со помош на институциите на ЕУ и под водството на германската канцеларка Меркел во текот на германското претседателство оваа Преговарачка рамка ќе биде усвоена и дека ќе ги започнеме и формално преговорите за членство со прва Меѓувладина конференција отворајќи ги поглавјата од првиот пакет, а тоа се:Поглавје 23- Правосудство и темелни права; Поглавје 24- Правда, слобода безбедност; Економските критериуми; функционирањето на демократските институции; реформата на јавната администрација; Поглавје 5- Јавни набавки; Поглавје 18- Статистика и Поглавје 32- Финансиска контрола.Ова е многу сериозен процес кој може да го води само политичка влада, про-европска Влада, демократска Влада предводена од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и коалицијата „МОЖЕМЕ“. Докажавме дека знаеме и умееме да ја водиме државата по вистинскиот пат, низ стабилни и сигурни води, во патека на постојан развој, стабилност и демократија.Влеговме во НАТО! Денеска, докажуваме: Можеме и во ЕУ!Затоа почитувани граѓани, на 15 јули масовно да излеземе на гласање и да дадеме поддршка овој пат и оваа успешна приказна да продолжи успешно за сите граѓани, за сите нас.Заедно постигнавме многу. И сите знаеме дека заедно ќе постигнеме Уште Повеќе и Уште Подобро. Тоа го знаеме, го умееме и го МОЖЕМЕ!Северна Македонија, македонскиот народ, сите граѓани од сите заедници и ние како власт, покажавме решителност, капацитет, способност и патриотизам да ја издигнеме државата на ниво со европските развиени држави и подготвени да ги браниме интересите на нашата економија, нашето земјоделство, нашата животна средина и се што наше, а воедно е и европско.Во таква држава заслужуваат да живеат сегашните, но и идните генерации, истакна претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Слајдер | пред 5 години

zaev

Заев за последната „бомба“: После два саати и 17 минути седење во кафана, се случуваат грешки

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за последната објавена „аудио снимка во која вели дека ќе соберел „и шарени и шуто и рогато“, а потоа користи и вулгарен речник, денеска одговарајќи на новинарско прашање рече дека тоа е последица на негово долго седење во кафеана.Во „бомбата“ Заев тврди дека тој ја „регистрирал“ Шарената револуција и спомнува бројка од 4,8 отсто, а потоа најавува дека, според кажаното, нема да се однесува фер сп сите кои ќе влезат кај него во коалиција.Заев потсети дека за овие коментари веќе се извинил на Фејсбук и дека членовите на „Шарената револуција“ тоа го прочитале.

Македонија | пред 5 години

kekenovski

Кекеноски: Ќе го укинеме имунитетот на пратениците

Почитувани дами и господа, покрај стратешките определби ние како коалиција подготвивме и краткорочни приоритети, се со цел да докажеме дека , прво сме сериозна коалиција и второ, да сето тоа што ќе го ветиме, дека ќе го реализираме. Краткорочните приоритети се однесуваат на неколку сегменти, ќе кажам еден дел од тие сегменти, бидејќи тие најоперативно можеме да ги реализираме.Во првите тиресет дена од нашиот избор, ќе побараме ургентна промена на Уставот, односно уставни промени со кој што ќе го укинеме имунитетот на носителите на јавни фунции. Кога говорам за имунитет, говорам за имунитетот на пратениците, за имунитетот на претседателот на држава, на судиите и обвинителите, на членовите на републичкиот судски совет, советот на јавни обвинители и Уставниот суд. Значи единствено сметаме дека е реално имунитет да има претседателот на државата и она што посебно сметаме дека нема потреба да се кријат зад имунитето сите носители на јавни фунции, доколку си ја извршуваат функцијата совесно и чесно.Второ, она што ќе се заложиме во првите триесет дена е укинување на енормните патни трошоци кои ги добиваат пратениците кои што доаѓаат од внатрешноста и на сите да им се признава патни трошоци во висина на автобуска карта на редовна автобуска линија.Понатаму, укинување на функцијата заменик министер и заменик претседател на Владата на Република Македонија за спроведување на Рамковниот договор од причина што рамковниот договор е одамна спроведен, меѓутоа од друга страна и се проширени неговите рамки, па од таму ќе се залагаме за негова ревизија.Трето, распуштање на Уставниот суд и нов состав и избор на нов составен од стаменити и стручни персони кои имаат знаење, капацитет и дигнитет, а не како досега партиски послушници кои реагираат на повик на оние кои што ги делигирале и кои што им дале поддршка во институциите.Укинување на Изборниот законик кои протежираат би партизам , наместо мулти партизам и секако укинување на одредбите кои што се однесуваат на техничката Влада на сто дена пред изборите.И шесто од овие краткорочни приоритети гарантираме дека најмногу во шеесет дена од од нашиот  избор  ќе ги изнесеме на површина сите нејаснотии и нелогичности кои се поврзани со носителите на власта како “Рекет 1” и “Рекет 2”, случајот “Империја” и ќе бараме најстроги казни за сите инволвирани страни во овој случај. Ќе ги казниме сите виновници од власта кои му овозможија на поранешниот премиер да побегне од лицето на правдата.Исто така во првите шест месеци од изборите ќе направиме генерално прочивствување на судството, Обвинителството и полицијата во смисла на , го преиспитаме стручниот капацитет на сите овие носители на јавни функции. Понатаму да го преиспитаме потеклото на имот на судиите и обвинителите. Да ги преиспитуваме одлуките кои што тие ги донеле и секаде онаму каде што ќе се утврдат аномалии би требало да ја завршат својата функција и и да сносат соодветна материјална и кривична одговорност.Сигурно дека преиспитување на стекнатиот имот на сите оние кои што биле на власт во последниве дваесет и повеќе години и конфискација на нелегално стекнатиот имот.

Актуелно | пред 5 години

lulieta

Лулјета Ајрулаи: „Македонски Концепт“ преку своите проекти нуди реални и конкретни решенија за проблемите на граѓаните, еве што предлагаме…

Граѓанската платформа „Македонски Концепт“ е единствената граѓанска опција на изборите кои ќе се одржат на 15 јули. „Македонски Концепт“ преку своите проекти нуди реални и конкретни решенија за проблемите на граѓаните, истакна Лулјета Ајрулаи кандидат за пратеник во ИЕ 5 од „Македонски Концепт“ .Проектот „Обештетување на граѓаните“, предвидува дирекно парично обештетување за сите граѓани, кои се ограбени во последниве 30 години во периодот на предолгата и тешка транзиција. Тоа ќе го опфати секој граѓанин на Македонија, согласно мерливи критериуми за утврдување на степенот на индивидуална штета, која е веќе настаната. Рок на реализација: 2021-2026 година. Преку правична распределба на богатството во земјава ќе се дојде до благосостојба во државата. Богати граѓани е нашата цел. Богати и достоинствени граѓани може да изградат Нормална држава.Проектот “Не сте сами” треба да донесе достоинствен живот и грижа за луѓето кои сами се грижат за своите деца. Граѓани и организации, кои имаат експертиза во ова област, „Македонски Концепт“ се обврзува, сите донесени решенија, да ги претставува и да се бори за нивна имплементација, преку наше учество во институциите на државата или преку нашиот граѓански активизам. Самохраните родители, секојдневно се борат со сите искушенија и специфични потреби, кои ги имаат оваа категорија на граѓани во борбата за достоинствен живот.Проектот “Глас на животните”, Македонски Концепт се обврзува да промовира конечно решение за уличните животни, кои се оставени без заштита и нега, сами на себе. Во Кичево особено е нагласен проблемот со уличните кучиња, проблем кој се протега со години наназад и кој ги загрижува и вознемирува граѓаните на Кичево.„Македонски Концепт“ е политичка платформа која произлегува од граѓаните и се залага за подобрување на животот на граѓаните. Доста трпиме неправди и деградиран политички систем, на овие избори имате Последна Шанса да гласате за Нормална држава со заокружување на бројот 10, истакна Лулјета Ајрулаи кандидат за пратеник во ИЕ 5 од „Македонски Концепт“ .

пред 5 години

kolev

(ВИДЕО) Приоритети во предизбормната програма на ГДУ се реформите во администрација и промената на политичкиот систем

Во нашата предизборна програма се обидовме да зборуваме за клучните прашања во општеството, посочувајќи ги како столбови и приоритети. На прво место реформа во политичкиот систем, рационализиција на администрацијата, реформи во здравството, реформи во економијата и образованието како основни столбови во општеството, истакна во интервју за Скопје 1, претседателот на ГДУ Петар Колев.„Затоа ГДУ се залага за намалување на бројот на пратениците во Собранието на РМ на 90 по моделот на Словенија, во првата етпа од првиот мандат, а во вториот мандат нашите размислувања се дека македонскиот парламент може да функционира и со 61 пратеник“, истакна Колев.Собранието е една гласачка машина која се докажа дека е премногу скапа за граѓаните на Р. Македонија. Над 7 милиони евра се трошат за бруто плата за пратенците, а со половина од овие средства би може да се изгради едно современо училште по германски модел во кое би се образовале над 800 ученици. Затоа ние зборуваме за основните приоритети како што се образованието или здравството.„Кога размислуваме за промена на политичкиот систем, за ова година македонското собрание година има буџет од 10 милиони евра. Со половина од овие средства може да се развие охридската , битолската болница или било која друга болница како основен приоритет во општеството, а тоа е здравјето на граѓаните. Затоа ние размислуваме за реформа и во извршната власт со цел рационализација и ефектуирање на работата на администрацијата. Ние од ГДУ веруваме во мала, но ефикасна администрација“.Предлагаме Влада со 15 министри во која нема да има можност за назначување министри без ресор. Ние сметаме дека купување на политички мир во земјава со назначување министри без ресор во Влада е крајно време да престане како пракса во нашата држава бидејќи граѓаните не се должни на луѓе кои реално немаат обврски и не работат ништо да им исплаќаат високи плати и привилегии. Треба да се стави крај на патните трошоци во оваа држава. Нашата агенда е да се намалат јавните трошоци за да останат средства за да се развиваат општествените јавни добра образованието и здравството, кажа Колев.

Слајдер | пред 5 години

106421461_296893568349582_4149720520093601381_n

Треба ли да се коригира биографијата на Љупчо Ристоски ? !

Од како во една телевизиска емисија одговори дека вестите дека бил осуден во САД се неточни и дека се работи за друго лице со исто име и презиме, првиот човек на партијата „Интегра“ ќе мора да ја коригира биографијата која е објавена на нивниот официјален сајт.Во биографијата на ристески стои дека во Владата се ангажирал во 2002 година, а во периодот од 1997 година до 2002 година се занимавал со приватен бизнис, но не е наведено каде живеел и каде го обавувал бизнисот.Ристески одговарајќи на прашањето околу ова рече дека тоа е друг човек со исто име и презиме кој бил угледен бизнисмен, дека тие го нашле човекот, дека го откупиле неговото досие и дека дури осудениот за фалсификување документи го поканале да дојде во Македонија.„Скопје 1“ неколку пати се обиде да добие јасен став од Ристески за тоа дали биографијата е погрешна или пак греѓшката е во изјавата дадена во емисија во живо,  но и на последниот обид од негова страна ни беше одговорено дека нема што да додаде од тоа што го кажал во емисијата на Телма.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Изведено трето колекционирање на хематопоетски матични клетки од донор од нашата земја за пациент од Бугарија

Од Институтот за трансфузиона медицина информираат дека во изминатите два дена се спроведе колекционирање на хематопоетски матични клетки од доброволен донор од нашата земја кој дарува за непознат пациент од Република Бугарија. Донорот врз основа на ХЛА компатибилноста е избран од Македонскиот Регистар на донори на матични клетки при Институт за имунобиологија и хумана генетика кој е дел од Светскиот Регистрар на Донори.„Ова е третпат како донор од Северна Македонија дарува за пациент од друга земја. Клетките се користат за трансплантација на коскена срцевина кај хематолошки болни пациенти. Упатувам голема благодарност за храброста, алтруизмот и хуманоста на донорот кој без двоумење прифати да дарува матични клетки. Со овој чин, спасуваме човечки животи. Спасуваме животи на наши блиски, роднини, пријатели. На пациентот од Бугарија му посакувам побрзо закрепнување“, изјави директорот на Институтот, д-р Седула Усеини.Секој возрасен здрав човек на возраст помеѓу 18 и 50 години може да дарува коскена срцевина во Институтот за имунологија и хумана генетика. Преку подигнување на свеста за хуманост, солидарност и запишување во Националниот дарителски регистар, секој граѓанин може да се понуди да спаси човечки живот дарувајќи коскена срцевина.

Македонија | пред 5 години

misajlovski-i-spasovski

(ВИДЕО) „Жесток“ дуел помеѓу Мисајловски и Спасовски на ТВ 21

Носителите на листи од втората изборна единица Оливер Спасовски, од СДСМ, и Владо Мисајловски од ВМРО-ДПМНЕ со „искри“ пред крајот на специјализираната дебата на ТВ21.извор: ТВ 21

Македонија | пред 5 години

cento

Бачев: Ченто и Михајловски испратија порака од Идризово - Никогаш северна само Македонија

Порака од големите македонски патриоти Јане Ченто и Вили Гајда Михајловски кои се фрлени во занданите на Идризово само затоа што се обземени со љубов кон Татковината, напиша на својот ФБ профил претседателот на Единствена Македонија и водач на коалицијата „Никогаш северна само Македонија“.https://www.facebook.com/JankoBachev66/photos/pcb.695381437706436/695381287706451/?type=3&theater

Слајдер | пред 5 години

mickoski

Мицкоски: Земете си ги подароците бидејќи тие се купени со ваши пари, а потоа завртете им го грбот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва во рамките на кампањата „За обнова на Македонија“ се обрати пред жителите Македонски Брод.Тој им сугерираше да не потклекнуваат и да не им веруваат на подароците од власта што ги добиваат пред изборите со лага дека се работи за помош.„Сепак, земете си ги подароците бидејќи тие подароци се купени со ваши пари. Тоа е арачот на народот. А потоа завртете им го грбот и покажете им го тилот и пратете ги на темната страна на политичката историја на нашата преубава Македонија. Тие не заслужуваат ништо повеќе од тоа, завртете им го грбот“, порача Мицкоски.Пред присутните нагласи дека неговата партија има читанка (како што ја наречена изборната програма), од 360 страници, со план како да се зголемат платите за минимум 25 проценти од просечната во рок од еден мандат.„Минимум 4 милијарди инвестиции домашни и странски. За секој оној што ќе вработи млад човек до 29 години – нула данок. Ќе реновираме болници, докторите да си ги вратиме дома. Да не бидеме извозници на здравствени работници. И 640 милиони евра субвенции за земјоделците и гарантиран откуп. И многу други работи ќе најдете во оваа читанка. Затоа масовно излезете и поддржете ја програмата за обнова на Македонија“, повика во Македонски Брод лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/videos/1482053268665055/

Слајдер | пред 5 години

znaminja-777x437

Македонскиот станува официјален јазик на Европската Унија

Во Предлог-преговарачката рамка за Северна Македонија што денеска ја усвои Европската комисија, одредницата што се користи за именување на јазикот е – македонски (Macedonian), без никакви дополнителни објаснувања или фусноти, дознава „360 степени“. Ова се смета за чин на официјално признавање на македонскиот јазик на ниво на ЕУ и негова промоција во еден од официјалните јазици на Европската Унија во иднина.Северна Македонија ќе мора да го преведе заедничкото европско право (acquis communautaire) на македонски пред официјалното зачленување во Европската Унија, пишува, како што дознаваме, во Предлог-преговарачката рамка, објави „360 степени“ .Прашањето за македонскиот јазик беше формално затворено со Договорот од Преспа, како клучна идентитетска одредница за етничките Македонци од Северна Македонија.Текстот во целост на: „360 степени“

Македонија | пред 5 години

DIK-komisija

ДИК го заклучи избирачкиот список

Денеска е заклучен избирачкиот список, претседателот на ДИК Оливер Деркоски кажа дека  списокот е чист и ги содржи податоците на сите полнолетни граѓани кои имаат наполнето 18 години и имаат државјанство. На Избирачкиот список се запишани точно еден милион 814 илјади 263-ца граѓани.Поделени се во шест изборни единици, а во нив, општина со најголем број гласачи е Куманово со 93 илјади 600, а општина со најмал број гласачи е Лозово – помалку од 2 илјади.На посебни изводи од овој список се: 83 илјади граѓани на привремен престој во странство, илјада и 600 кои отслужуваат затворска казна, 357 сместени во старски домови и 6 лица кои се уште се водат како внатрешно раселени.Оние кои ќе добијат позитивни тестови меѓу 8 и 15-ти јули, нема да можат да гласаат.

Македонија | пред 5 години

nikoloski

Николоски до Заев: На 15 јули кога ќе ти стигаат резултатите од изборите, вратат нема да можеш да ја најдеш од поразот кој што ти следува

Денеска имаме една интензивна агенда во Радовиш и Конче, посетивме неколку населени места во текот на денот, бевме во Аликоч, бевме исто така во Конче, бевме во околни места во Конче и во самото Конче. Попладневно сме тука во Радовиш да се сретнеме со луѓето да поразговараме. Бевме вечерва во Ораовица, во прекрасниот манастир кој што е тука, истакна Александар Николоски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.Ораовица е секогаш бастионот на ВМРО-ДПМНЕ и од тука почнуваат најголемите победи и така сум убеден дека ќе биде на 15 јули.Луѓето кои и во остатокот од четвртата изборна единица ги мачат две маки. Тоа е националното понижување и економското опустошување кое се случува на цела Македонија и во овој крај.Тука интензивно се зборува за проблемот на откупот на тутунот заради законот кој што се донесе од мнозинството на СДСМ а под влијание на зелената мафија, десетици и десетици килограми тутун останаа неоткупени и многу луѓе раскажуваат како во нивните дворови останал тутунот не откупен од минатата година, а остатокот морале да го продадат по многу по ниска цена и пониска класа.Затоа нашето основно ветување во овој дел е удар на зелената мафија кој што удар ќе значи дека на првата седница на влада ќе се донесе закон со кој што закон нема да смее килограм тутун да се увези во Македонија додека не се откупи домашниот и додека не се откупи по фер и гарантирана цена.Исто така разговаравме за условите под кои работата превозниците, има доста превозници тука во Радовиш и спремаме еден пакет на законски решенија кои што ќе помогнат во тој дел. Разговаравме и за развојот на стопанството и индустријата, малите бизниси имавме можност да видиме отворање на еден таков денес.Ќе го стимулираме   со ниски даноци, со бес каматни кредити како и со можност за вработување на млади луѓе до 29 години без никакви дополнителни давачки.Тоа е суштината на ова што е  денес како посета, продолжуваме во текот на вечерта исто така со средби.Сакам една кратка порака да упатам до мојот против кандидат Зоран Заев кој што вчера се уплаши и не дојде на ТВ дуел односно соочување на Канал 5.Слушам дека денеска отишол во Кривогаштани и кажал дека не сум можел да го најдам Кривогаштани. Јас можам да му кажам дека јас го наоѓам и знам каде е ама тој во овие три години колку што е на власт не можеше да го најде и камен таму не стави. А на 15 јули кога ќе почнат да стигаат резултатите таму некаде после 10, 10 ипол, вратат нема да ја најде од големиот пораз кој што му следува. Еве јавно уште еднаш го повикувам да излезе со мене на ТВ дуел еве следна прилика е во петок и заеднички да поразговараме што програма јас нудам, што програма тој нуди, што тој направил досега и дали луѓето треба да му дадат втора шанса или што е тоа што ВМРО-ДПМНЕ ќе го направи во следниот период за мене и на ВМРО-ДПМНЕ да ни дадат шанса, истакна Александар Николоски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

пред 5 години

JovanStruga1

Митревски: Дурловски бил спремен да убие за пари, а нема сила да излезе на ТВ соочување со нашиот носител на листа

Во 2016 година седнавме и се договoривме дека сме различни по многу основи, етничка припадност, верска припадност, професија, по многу други работи, ама имаме иста цел, исти проблеми и дека само сите заедно сплотени можеме да ги решаваме, истакна носителот на листата на коалицијата „Можеме“ во изборната единица 5 Јован Митрески на граѓанската трибина во Струга.Најголем дел од проблемите ги решивме, покажавме дека можеме и по 15 јули ќе продолжиме уште повеќе и подобро, порача Митрески.Зоки ми е брат, Радмила ми е сестра по 27 април, а носителот на другата страна бил спремен да убие за пари, а нема сила да излезе на ТВ соочување со нашиот носител на листа, нагласи Митрески, додавајќи дека тоа ни даде сила да ги решаваме најтешките работи во оваа држава.Во собрание само еден човек не аплаудираше на решавањето на 30-годишниот проблем – членството во НАТО, не аплаудираше што нашата мала земја седи на маса со најмоќните, не се израдува на тоа дека сега треба да зборуваме за економија, инфраструктура, за решавање на проблемите на граѓаните, рече Митрески.Ние ги решаваме проблемите на граѓаните и по 15 јули ќе покажеме сите заедно дека можеме уште повеќе и уште подобро, порача носителот на листата на коалицијата „Можеме“ во изборната единица 5 Јован Митрески на граѓанската трибина во Струга.

Актуелно | пред 5 години

Mickoski-11

Мицкоски од Пласница: Точно знаеме како до 25 % повисока просечна плата во еден мандат

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од Општина Пласница порача дека ова не се обични избори, ова се избори во кои многу внимателно треба да заокружиме за онаа коалиција која ќе ни гарантира и ќе не убеди каква иднина сакаме да имаме, во каква држава сакаме да живееме. Амбиентот во кои се случуваат овие избори е многу поразличен од вообичаениот амбиент кога се случуваат парламентарните избори. За мене не постои дилема туку на 15 рано наутро ќе излезам и ќе заокружам пред редниот број 14 затоа што се одлучува за иднината на мојата земја за иднината на моите два сина но се одлучува и за иднината на мојот народ на сите кои живеат во оваа наша преубава татковина Македонија.Убеден сум во овие 360 страници наречени проект Обнова кои се внимателно направени. Главен приоритет во нашата програма е економијата јас сум апсолутно свесен секаде каде ќе поминете низ Македонија луѓето ќе видат политичар прво што им доаѓа на памет е дека Сега овој дојде да лаже да го подржиме и после да краде. Така завршуваат сите разговори во Македонија затоа што 30 години тонеме во ова политичко мочуриште кое за жал генерации политичари не го убедија нашиот народ да го убедиме во спротивното. Јас сум убеден дека по 15 јули и овие што не веруваат во тоа ќе се убедат дека можело поразлично, дека има политичари кои стојат до зборот. По 15 јули политичарите ќе ги слушаат граѓаните а потоа преку проекти ќе ги решаваат проблемите. Политичарите се ништо повеќе од обични чиновници платени со народни пари. Заврши времето кога политичарите се елита во државата, истакна Мицкоски.Христијан Мицкоски заклучи дека овие последни 3 години се најлоши. Не ги амнестираме ни грешките што во претходните влади ги правеше ВМРО-ДПМНЕ, иако имаше многу добри работи. Но ние учевме од нашите грешки. Внимателно го слушав секој еден од вас внимателно слушав што ме мачи што ве тишти и кога ќе ја добијам можноста да не ги повторувам тие грешки. Од тие грешки да извлечам поука и да се корегирам како претседател и да ги поучам луѓето што ќе бидат во парламентот и што ќе вршат одредени функции да не ги повторуваат истите тие грешки. Учевме овие 30 месеци, не беше лесно имаше многу критика но како велат критика од татко мајка брат сестра не боли туку те прави посилен.Тука пред вас ви велам дека овие 4 години мандат можеби ќе биде најдобриот мандат, затоа што точно знам како до најмалку 25 проценти повисока просечна плата во еден мандат. Само за илустрација нашиот политички противник во 2016 ветуваше живот па 30.000 денари просечна плата и што ли уште не. Во април оваа година просечната плата е 25.800 денари. Во мај 2017 година пред точно 3 години кога ја преземаа владата просечната палта беше 22.800 денари. Со сиот интервенционизам со целата репресија што ја прават врз работниците и работодавачите успеаа само 3000 денари да ја зголемат просечната плата. Да ве потсетам претходната вада од 12.000 денари просечната плата ја зголеми на 22.800 денари и тоа без владин интервенционизам туку со раст на продуктивноста и извозот, вети Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.Сега ќе го видите Заев како ја става раката на срцето и ќе ви вети 34.000 денари, а заборавил претходно што ветувал. Него му требаа 3 години за да ја зголеми платата за 3.000 денари, а сега за 4 години мандат ќе ја зголемеле за 9.000 денари. Ете тоа ќе биде новото ветување на Заев. Но убеден сум во мудроста на граѓаните. После 10 години за прв пат не може да излезете Европа зошто ни ја затвори границата поради пандемијата. Од пред некој ден не можеме да ја напуштиме државата. Нема безвизен режим сето тоа било попусто поради неспособноста на овие политички измамници ние денес сме на дното на Европа, предупреди Мицкоски.Ветуваме најмалку 20 проценти покачени пензии и враќање на старото законско решение. Најмалку 1000 километри реконструирани локални и регионални патни правци. Најнизок данок во Европа од 8 проценти, 0 проценти данок за вработување на млади до 29 години. Да си ги вратиме децата дома. Празна е Македонија, не само селата сега и градовите се празни. Немате со кого здраво да направите. За земјоделците се предвидени најмалку 460 милиони евра субвенции и загарантиран откуп и за лекарите реконструиран и реновиран здравствен систем. Коа ја составувавме програмата во здравството со академик Кедев и доцент доктор Николов многу време посветивме како таа да изгледа. Заедно со професор Силјановска, Каракамишева, Спасеновски, Климовски, и со професор Славески, Андреевски, Лазаров со многу претставници на реалниот сектор. Како да имаме универзитет во првите 1000 во светот. Ние чуда не ветуваме не сме волшебници тоа е невозможно, им се обрати Мицкоски на жителите на од Општина Пласница.Маестро Дурловски е човек кој е сакан дома а почитуван надвор од Македонија. Пред неговите изведби без зборови останува публиката во западно европските земји Америка, Канада, Австралија. Човек што си ја љуби Македонија. Кој си ги почитува соседите, граѓаните. Затоа заокружете го бројот 14, истакна Мицкоски.  

Слајдер | пред 5 години

DSC_9580

Заев од Струга: Во Охрид ги ослободуваме плажите според УНЕСКО, ќе ги ослободиме и во Струга!

Претседателот на СДСМ и носител на кандидатската листа на пратеници во ИЕ4, Зоран Заев вечерва на граѓанската трибина Струга упати јасна порака дека статусот во УНЕСКО на Охридското езеро ќе биде вратен и заштитен и дека по победата на 15 јули уште позасилено ќе продолжат активностите за враќање на статусот на Охридското езеро во УНЕСКО.„Во Охрид ги ослободуваме плажите според критериумите на УНЕСКО, ќе ги ослободиме и во Струга. Одлучни сме да го вратиме статусот на заштитено светско наследство на Охридското езеро. Можете да видите денеска дека градоначалникот на градот Охрид тргна во поход на ослободување на плажите, да ги вратиме онака како што е предвидено според критериумите на УНЕСКО. Ова ќе се случува и во Струга. Охридското езеро е нашиот бисер, нашето богатство кое мора да си го чуваме и да го оставиме во наследство на нашите деца. Ќе го расчистиме крајбрежјето до крај онака како што ни налага УНЕСКО, а потоа ќе се организира сé како што треба повторно во согласност со критериумите на УНЕСКО. Од другата страна на езерото се отстранува, ќе се отстранува и од оваа страна. Секако ова е под надлежност на општините. Очекувам градоначалникот на Струга да го следи примерот, ако не го следи по 15 јули новата Влада ќе му ги одземе надлежностите, ќе ги спроведеме плановите, а на Мерко ќе му ја испорачаме сметката да си ја плати. Нема како поинаку“, порача претседателот Заев од граѓанската трибина во Струга.

Слајдер | пред 5 години

demokrati

(ВИДЕО) Демократи: Граѓаните живеат во многу тешки услови кои се последица на три децениското владеење на профитери и криминалци

ДЕМОКРАТИ во посета на Шуто Оризари- Скопје. Разговаравме за проблемите со жителите и како да ги решиме истите.  За жал како и во други градови и села граѓаните живеат под многу тешки услови кои се последица на три децениското владеење на политичките манипуланти, профитери и криминалци од редовите на СДСМ, ДПМНЕ, ДУИ и нивните коалициски приврзоци, велат од Демократи и додаваат:-Ги повикуваме сите чесни граѓани да ни се придружат да изгради функционална држава. ГЛАСАЈТЕ ЗА ДЕМОКРАТИ, ЗАОКРУЖИ БРОЈ 2!!!https://www.facebook.com/demokratimk/videos/1327098994156446/?v=1327098994156446

Слајдер | пред 5 години

majca

(ФОТО) „Можеме“ на себе, а „Обнова за Македонија“ в раце

Пред изборните ветувања во полн ек. Политичарите под маски, граѓаните исто така. Се прашува ветува, се оди во секој град, село, улица, фабрики, плоштади...И покрај тоа што годинава имаме поинаква кампања од оние на кои навикнавме, сепак партиите наоѓаат начин на граѓаните да им поделат по некоја маица, флаер, програма, капа или пак годинава актеулните маски.Фотографија која се споделува на социјалните мрежи е маж кој очигледно успеал да „ќари“ нешто и од едните и од другите. Имено мажот на себе носи маица од коалицијата „Можеме“, а во рацете кесе со пропаганден материјал од коалицијата „Обнова за Македонија“. фото: ФБ

Македонија | пред 5 години

ok-vmro-dpmne

ВМРО ДПМНЕ Охрид: СДСМ и Георгиески продолжуваат и понатаму да се фалат со проектите на ВМРО-ДПМНЕ, наместо да работат

Со СДСМ и Константин Георгиески селото Лескоец остана без инвестиции и ветените проекти. Безобразно е Георгиески да лаже дека извршиле комплетна реконструкција на Домот на култура во Лескоец кога сите знаат дека тоа беше проект од претходната локална власт преддводена од ВМРО-ДПМНЕ, се вели во реакцијата од ОК ВМРО ДПМНЕ.Тоа е лесно проверливо и може да го види Георгиески во потпишаниот договор за рекоснтрукција на Домот за култура во МЗ Лескоец.Зошто не се донесе отпочнатиот урбанистички план за Лескоец според кој ќе се овозможеше издавање на одобрение за изградба на спортската сала?Средствата Владата на ВМРО-ДПМНЕ ги имаше обезбедено, а сегашната власт веднаш ги пренамени истите во други цели.За ваша информација и локалната и централната власт на ВМРО-ДПМНЕ во Лескоец инвестираа над 2 милиона евра во инфраструктурни проекти.СДСМ за Лескоец знесе најповеќе лаги, а ветените проекти останаа нереалзирани.СДСМ и Георгиески продолжуваат и понатаму да се фалат со проектите на ВМРО-ДПМНЕ, наместо да работат одговорно и посветено за потребите на граѓаните.Со Обновата доаѓаат и проектите во Лескоец, се вели во реакцијата од ОК ВМРО ДПМНЕ.

Актуелно | пред 5 години

ziberi

Ахмети: Со премиер Албанец не го земаме делот на другиот, туку нашиот дел за кој сме пролеале крв

На промоција на кандидатот за премиер на Република Северна Македонија под број 9 кој е предложен од Демократската унија за интеграција беше присутен и претседателот на партијата, Ахмети, објави Макфакс.Ахмети истакна дека се ставени во движење не само земјата и регионот, туку и меѓународни центри, бидејќи правдата е на наша страна и целата врева се крева поради тоа што ние излеговме со наше правно и легитимно барање за премиер Албанец.„Наместо да се радуваат, другите се налутија и се разочараа. Наместо да ја поздрават, тие ја исмеваат. Ние знаеме дека кога се вознемируваат другите имаат голема мака, но не треба толку да се грижат затоа што со премиерот Албанец ќе се зголеми лојалноста на Албанците кон државата, со премиерот Албанец ќе се зајакне интегритетот и суверенитетот на државата, ние не го земаме делот на другиот бидејќи никогаш не сме сакале нешто што не било наше, туку нашиот дел за кој сме пролеале крв“, истакна Ахмети.Во продолжение на неговиот говор пред граѓаните на Куманово рече дека е загрижен од македонските политичари, но и од претседателите на албанските политички партии кои реагираа за идејата на премиерот Албанец во РСМ.„Нашите сограѓани Македонци ме разочараа бидејќи беднаш се исшлашија од идејата за премиер Албанец истакнувајќи дека Албанец не може да биде премиер во РСМ. Од дедо и прадедо со документ ни ја оставија земјата и заедно со Сонцето ние сме тука и никој не може да негира едно легитимно право кое самиот Господ го познава. Како можеше да се избере претседателот на Собранието Албанец и токму тие говореа дека не може да стане, министерот за одбрана Албанец, министерот за внатрешни работи Албанец, претседателот на Врховниот суд Албанец и ништо лошо не ѝ се случи на ова земја, напротив процесите се движат напред, Европа е Европа на различностите. За следниот мандат гледам многу ветувања, но за тој мандат треба една работа да ветува македонската страна, дека ова земја ќе стане членка на Европската Унија и за членство на нашата земја во европското семејство треба да се направат длабоки реформи во правото, да се спроведе ветинг, да се бориме против криминалот и корупцијата и ова може да го направи еден премиер Албанец, истакна Ахмети.извор: Макфакс

пред 5 години

sekerinska

Шекеринска во посета на две охридски фабрики

Носителката на листа на СДСМ во Изборна Единица 5, Радмила Шекеринска денес заедно со претставници на партијата и директорот на „Царинската Управа“ Ѓоко Танасоски ги посетија фабриките „Братство“ и АСП - ПАК.„Охрид не е само познат по природните убавини и туризмот, туку и по успешните домашни компании. Денеска ја посетив компанијата „Братство Инокс“ која е надалеку прочуена по исклучително квалитетни садови за домаќинство и угостителство. Навистина е задоволство да видиш успешна компанија која преку својата умешност и труд се вбројува во редот на најреномираните компании за изработка на садови за домаќинство во Југоисточна Европа. За развој на поголеми вакви бизниси, СДСМ во следните четири години насочува 600 милиони евра кон домашните компании и странските инвестиции“ - истакна Шеќеринска при посетата на фабриката „Братство“ која е производител на познатите во земјава и регионот тенџерињата „Братство“.„На мое големо задоволство денес ја посетивме компанијата „Братство Инокс“ Охрид, која опфаќа повеќе дејности во металната индустрија. Оваа компанија е вистински пример за успешно работење и посветеност на локални стопанственици. Како власт во текот на изминатите три години презедовме значајни мерки за унапредување на економскиот развој.“ - истакна Жаклина Лазареска, кандидат за пратеник на СДСМ од Охрид.„Значи можело и повисоки плати и силен раст на компаниите. Затоа ги поддржуваме македонските фирми. Затоа инвестираме во нови техники и иновации. 👉АСП ПАК од Охрид е исклучително успешна компанија која својот бизнис го гради веќе 31 година при што во последните 24 години секоја година ивестирале по 1-1,5 милион евра. Таргетот на оваа компанија е следните четири години најниската минимална плата да достигне 700 евра. 👏Компанијата нема ниту еден долг, а нашата Влада ја поддржува со 5,3 милиони евра за четиригодишни инвестиции.“ напиша Шеќеринска на ФБ по посетата на АСП ПАК.

Македонија | пред 5 години

08062020_MZ_Filipche_PKZB_Karadzovski_DCJV_Ziberi_pres-konferencija-3

Филипче: Болнички капацитети има доволно - правиме проекција и за нови капацитети не само за сега, туку и за есенските месеци

Министерот за здравство доц.д-р. Венко Филипче по денешната средба со здруженијата на лица со ретки болести, одговарајќи на новинарско прашање поврзани корона вирусот, изјави дека болниците имаат доволен капацитет на болнички кревети, а веќе се прават проекции и за нови капацитети како подготовка за есенските месеци.„Има неколку слободни кревети на инфективната клиника, од 110 вкупно 90 се денеска полни. Целосно е празна модуларната болница каде утре завршува монтажата на централен систем за довод на гасови, што значи дополнителни 70 кревети каде што ќе работи кадар од Институтот за туберкулоза со оглед на искуството на овие лекари и сестри коешто го имаат во третманот на белодробната патологија. Триесетина проценти е исполнет капацитетот на болницата Козле. Има доволен број на слободни кревети во болницата „8 септември“, каде работиме на системот на ротација на кадар. Полуисполнет капацитет има во сите болнички капацитети ширум државата, освен во Охрид и Битола каде што има неколку слободни кревети.“ – изјави Филипче.Тој додаде дека трендовите изминатите неколку денови покажуваат дека се намалува бројот на приеми, во споредба со пред десетина дена кога имаше поголем број на пациенти коишто доаѓаа во болница, а немаше пациенти коишто се испишуваа. Како пример ја наведе Клиниката за инфективни болести каде што вчерашниот ден бележи поголем број на испишани од примени пациенти.„Сепак, ги подготвуваме болничките капацитети како во однос на патеки за соодветен третман, ако даваат и друга здравствена услуга, и правиме проекција и за нови капацитети не само за сега, туку и за есенските месеци кога е можно да се соочиме со уште поголем притисок и со друга патологија од сезонскиот грип.“ – изјави Филипче.Во однос на болницата „8 Септември“ за ротациите на медицинскиот персонал со цел да се одморат, Филипче истакна:„Се постави вчера прашањето за замена на анаестезиолозите коишто работат во одделенијата за интензивна нега. Во изминатите неколку недели тројца анестезиолози се префрлија од приватните болници во болницата „8 Септември“ и се одлична помош за осумте анестезиолози коишто веќе работат таму. Денес ќе имаме состанок со анестезиолозите од КАРИЛ за да се направи замена, ротација на овие луѓе коишто работат во одделот за интензивна нега.“Филипче информираше и дека деновиве ќе биде пуштен и системот за закажување на Мој термин за оние клиники и одделенија каде што лекарите, односно анестезиолозите не ротираат на другите клиники.

Македонија | пред 5 години

WhatsApp-Image-2020-07-01-at-16.35.50-1

Зиадин Села: Срамно, денес во 2020 година се одвива кампања со ветувања за вода за пиење

Зиадин Села и кандидатите за пратеници во шестата изборна единица од Коалицијата „Сега е време“, денес го водат караванот на победничката коалиција на состаноци со граѓаните на Општина Желино. Пред жителите на Дебрце, носителот на списокот на кандидати за пратеници во шестата изборна единица, Зиадин Села зборуваше за проблемите со кои се соочуваат албанските граѓани низ целата земја и го понуди нивното решение, барајќи од граѓаните од оваа област да гласаат на 15 јули за број 5, како единствена алтернатива што носи надеж и „држава за сите“. „Албанците, денес во 21 век, во 2020 година имаат недостиг на вода за пиење. Ова е сериозно. Срамно е што и денес, 30 години по независноста на Македонија и 18 години од Охридскиот договор, по сите тие изборни циклуси, ние сè уште водиме кампања со ветувања за вода за пиење. Во оваа ситуација не донесоа тие кои денес сакаат да ни го измијат мозокот со соништа. За 18 години тие ги имаат сите овластувања и не беа во можност да обезбедат вода за обичниот Албанец. Ние ќе го сториме тоа, но со ваша помош и доверба. Ќе го добиеме тоа што го заслужуваме и зависи од нас, така што на 15 јули да гласаме за промената, да го заокружиме бројот 5, коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива, да ја направиме државата за сите “, рече Зијадин Села од Коалицијата„ Сега е време “.Коалицијата АА-ААА и кандидатите од шестата изборна единица денес реализираат состаноци со жителите на Дебрце, Требош, Палатица, Желино и Стримница во Општина Желино.фото: АА

Слајдер | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања