Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

2

(ФОТО) Жбогар го посети Репродуктивниот Центар за Европски елен на НП Галичица

Денеска во рамките на посетата на Охрид, Амбасадорот на Европската Унија во Северна Македонија оствари посета на Репродуктивниот центар за европски елен на Националниот парк Галичица.За потсетување, Репродуктивниот центар се наоѓа на локалитететот „Косто бачило“ и е со површина од 86 хектари, а во него е сместено матичното стадо од 30 единки, од кои 24 женки и 6 мажјаци, а веќе има и подмладок на мали еленчиња.Во рамките на посетата, амбасадорот оствари средба со Директорот на Јавната установа Национален парк Галичица, Васко Паскали, а присутни беа и Раководителот на Одделението за правни, административни и економски прашања на јавната установа – Сања Рилкоска и Соработникот за алтернативни активности при јавната установа – Константин Здравески. Амбасадорот беше информиран и запознат со главните функции на центарот, и тоа: заштита на биодиверзитетот преку активно управување на високопланинските пасишта, заштита на пејсажните и пределските вредности, намалување на ризикот од пожари, подобрување на атрактивноста на Националниот парк Галичица и едукативна функција.На средбата беше дискутирано и за зачувување на природното и културното наследство во НПГ и активностите кои установата ги презема и планира да ги имплементира во иднина. Исто така, Жбогар беше запознат со напредокот и резултатите од спроведувањето на Проектот:„Подобрување на ефективноста во заштитата и управувањето со Националниот парк Галичица", кој е дел од Програмата: „Подобрување на управувањето во заштитените подрачја“, финансирана од Европската Унија, а имплементирана од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), како и информирање за тековните активности и идните планови на ЈУНПГ.Амбасадорот Жбогар ја поздрави иницијативноста и ентузијазмот на установата во остварување на активности за заштита на природата.

Македонија | пред 5 години

zaev3

Заев: Рудник во Иловица нема и нема да има, на ВМРО-ДПМНЕ профитот му е поважен од граѓаните

При денешната посета на Струмичкиот регион, претседателот Зоран Заев беше на средба со жителите на населеното место Иловица.Со граѓаните, претседателот зборуваше за спроведените мерки и политики, решенијата од новата Програма, а главен фокус беше ставен на темата со рудникот за бакар и злато Иловица - Штука.Пред присутните претседателот Заев нагласи дека тој и СДСМ го одржаа зборот и затоа денеска во Иловица нема рудник кој би ја загрозил природата и животната средина.- Кога во 2016 на парламентарните избори и во 2017 на локалните ја баравме вашата поддршка, дадовме збор дека рудници овде нема да има. Денеска стојам пред вас и со гордост можам да ве погледнам затоа што зборот го одржавме. Струмичката котлина, нашиот Огражден ги спасивме од рудникот на смртта. Тешка беше таа борба, ја водевме со години, но верувавме дека ќе успееме и успеавме. Денес, вие граѓаните од Иловица, но и целиот овој крај можете да бидете горди што не дозволивте да се отвори рудник и што заеднички успеавме да ја зачуваме животната средина и оваа наша плодна земја, оваа наша прекрасна природа, порача Заев.Тој се осврна и на ветуваањата на ВМРО-ДПМНЕ за отворање на рудници и нивниот пристап кон интересите на граѓаните.- ВМРО-ДПМНЕ донесе сериозен проблем со концесиите за рудници. Тој проблем посветено го решававме со вас граѓаните и за целото тоа време, ВМРО-ДПМНЕ не само што не се извинија, не само што не признаа дека погрешиле пред граѓаните, туку го гледаме нивниот носител Игор Јанушев, пак рудници ветува, пак нови маки за граѓаните. Тоа само покажува дека во ВМРО-ДПМНЕ само профит ги интересира, не им се важни интересите и здравјето на граѓаните, заштита на природата, не, само профит и пусти пари им се важни. Е затоа ќе си останат во опозиција уште 4 години. Бидете спокојни, во Иловица рудник нема да има, заклучи претседателот Заев.

пред 5 години

siljanoska

Силјановска Давкова: Нема датум за преговори со ЕУ, се изморив од прослави, а не е време за славење

Професор Гордана Силјановска Давкова, носител на листата на кандидати за пратеници од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 1 на дебатата во телевизија 24 се осврна на патот на Македонија кон ЕУ.„Преговарачката рамка не значи датум за преговори. Таа се концентрира на три моменти, принципи, суштина и процедура. Членките на ЕУ откако ќе ја разгледаат имаат право да укажат и да дадат забелешки“, рече Силјановска.Професорката објасни дека со преговарачката рамка не се враќа македонскиот јазик и не станува официјален во ЕУ, тоа што документот е на македонски станува збор за вообичаен пристап треба да се преведе на јазикот на државата.„Има фази јазикот да стане официјален. Сега станува збор за легитимирање на јазикот. Кога ќе ги завршиме преговорите прво ниво е договор, второ правна регулатива број 1 од 1958 година, а  јазиците стануваат службени кога ќе се прифатат амандмани на правната рамка од 1958 и повторно е потребен консензус. Незнаење и на јазичната политика на ЕУ дека само во Европскиот парламент има јазичен мултилингвизам, дури и во Судот за правдата францускиот е службен, во Европската банка англискиот е службен, значи дури по завршување на преговорите кога ќе се соочиме со регулативата од 1958 година тогаш ќе стане официјален“, објасни професор Силјановска.Според Силјановска „нема крај на радоста по не знам кој пат се радуваме“, рече таа и додаде „имам слика на Заев со Димитров, Османи, Анѓушев како ја дочека веста за датум на преговори“.„Се изморив од прослави, не е време за славење зошто овие избори ќе бидат важен критериум за односот кон нас во рамки на првиот кластер“,  рече Силјановска.Она што ме  загрижува, рече Силјановска, и посочи на Коѕијас кога во еден документ вели дека Грција се води од националните интереси, а не од евроинтеграциските аспирации на соседот. Се надевам работите во од, ќе добијат друга димензија, кажа Силјановска. 

пред 5 години

02072020_PVRSM_Spasovski_SredbaSvechenasala-6

Спасовски се сретна со тимот што ја направи првата трансплантација на срце

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски денеска во Владата, придружуван од министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче се сретна со дел од тимот што ја направи првата трансплантација на срце на 23 мај годинава, на кои им додели благодарница за историскиот подвиг, посебно именувајќи ги сите кои учествуваа во сложениот зафат.На средбата присуствуваше и синот на донорот Емилија Динева, Влатко Динев, на кого премиерот Спасовски симболично му врачи благодарница, изразувајќи му огромна благодарност од свое лично име и од име на Владата.„Благодарницата за семејството Диневи, сакам лично да му ја предадам на синот на Емилија Динева, Влатко и да се заблагодарам прво за нејзината лична одлука, а потоа и за согласноста на семејството нејзината одлука да ја претворат во трајно сеќавање за нејзиниот исклучителен хуман гест и желба, своите органи да ги дарува на оние на кои им се во моментот најпотребни за да продолжи друг живот“, рече премиерот Спасовски, кој ја искористи приликата да се заблагодари и на Иван Огненовски, кај кого беше извршена трансплантацијата и на неговото семејство, кои како што подвлече Премиерот, покажаа доверба во домашното здравство и во стручноста на целиот тим и му посака добро здравје.Обраќајќи се кон тимот, лекари и медицински персонал, премиерот Спасовски истакна дека успешната трансплантација на срце е историски резултат и вистински подвиг и сведоштво за висината на експертизата и стручноста на целиот здравствен систем во нашата земја бидејќи опфати голем број здравствени институции и поединци кои се вградени во ова историско остварување.„Во време кога целото наше внимание, сиот наш здравствен систем е ставен во функција на справување со најголемата глобална здравствена криза заради пандемијата со КОВИД-19, вие се обединивте, ги здруживте вашите капацитетите, знаењата, искуството и стручност за да извршите зафат што претставува круна во кардиохирургијата и медицината воопшто“, оцени премиерот Спасовски.Спасовски подвлече дека во изминатите години, Владата силно инвестираше во здравствениот кадар како столб на здравствениот систем - луѓето кои го обезбедуваат здравјето, кои што ја овозможуваат грижата и негата за сите граѓани, потенцирајќи дека тоа ќе продолжи и понатаму со целосна поддршка на министерот Филипче и Министерството за здравство, при што со медицинските работници разговараше за актуелните решенија и активности во здравството.Министерот за здравство Венко Филипче пред присутните истакна дека со оваа постапка се заокружија два големи сегменти во здравствениот систем во нашата земја: трансплантацијата и кардиохирургијата.„Ова е само почеток на една успешна соработка. Со овој чин се подигна свеста да се донира орган. Ги направивме сите подготовки за тоа што треба да значи трансплантација на срце. За кратко време се организираше целата работа и се заврши во најдобар ред. Направивме еден т.н „heart“ тим во којшто членуваат сите кои имаат познавање со кардиохирургијата. Од срце се заблагодарувам на семејството на починатата за хуманоста која ја покажаа на дело“, рече министерот Филипче.Директорот на Клиниката за Државната Кардиохирурхија, д-р Сашко Јовев им се заблагодари на претставниците на Владата за тоа што го препознаа нивниот труд.„Трансплантацијата на срце претставува врв во срцевата кардиохирургија и во медицината воопшто. Но, ова што практично би требало да го препознаеме сега има научен, стручен, човечки мотивиран потенцијал, пред сè во државното здравство кој треба да биде препознаен. Единствено ни треба само малку ветар во грб, а се останато оставете го на нас. Сакам да се заблагодарам на синот на починатата затоа што спасија три животи. Со трансплантацијата не треба да престанеме тука. Оваа програма мора да постои, да опстои, да се развива, а ќе ја развиваме со помош од државата, медиумите и сите мотивирани стручни лица кои го претставуваат тимот“, рече д-р Јовев.

Македонија | пред 5 години

08062020_MZ_Filipche_PKZB_Karadzovski_DCJV_Ziberi_pres-konferencija-3

Министерство за здравство бара итна истрага за маските со евентуално лажните сертификати

Во врска со текстот објавен на порталот irl.mk под наслов „Маски со лажни сертификати за заштита од корона завршиле низ болниците во Македонија, ОЛАФ води меѓународна истрага“, Министерството за здравство информира дека не располага со информации поинакви од она што е објавено во текстот, а е цитирано од МАЛМЕД. На барање на Министерство за здравство, МАЛМЕД достави сосема идентични одговори.Во однос на информациите наведени во гореспоменатиот текст за набавки на маски со фалсификувани сертификати, Министерството за здравство информира дека нема надлежност да постапува и да врши истраги, ниту пак да утврдува веродостојност на дадените документи.Министерството за здравство бара итна, брза и независна истрага од страна на надлежните институции за да се утврди точната состојба. Министерството целосно стои на располагање во рамки на своите надлежности за соработка со сите надлежни институции за да се утврдат евентуални неправилности во посочените продукти и соодветно да се реагира за да се заштити јавното здравје и медицинските работници.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Новинарите ќе добијат бесплатни тестови за КОВИД 19

Министерството за здравство на барање на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) во наредните денови ќе организира бесплатен скрининг за новинари и медиумски работници за Ковид-19.Во последниот период новинарите и медиумските работници кои известуваат на терен за активностите на учесниците во предвремените парламентарни избори, поради зголемениот обем на работа, се дополнително изложени на вирусот КОВИД – 19. Освен тоа, во ЗНМ беше пријавено дека во дел од националните медиуми има нови позитивни случаи на заразени новинари и медиумски работници, но и колеги кои се сомневаат дека се заразени.Поаѓајќи од тоа, но и од потребата да се даде приоритет на новинарите и медиумските работници ќе се спроведе скрининг во два круга. Во првиот круг ќе бидат опфатени новинари и медиумски работници од информативните програми од поголемите медиуми, со цел да се утврди дали и колку од вработените се заразени. Ова ќе придонесе да се спречи ширење на болеста во овие редакции каде има поголем број на лица кои работат во исто време во ограничен простор. Според првичната проценка целта е да се опфатат најмалку 500 новинари и медиумски работници во првиот круг во период од 3 дена, а во зависност од исходот на ова соодветно ќе се планира временската рамка и начинот на спроведување на скринингот и во вториот круг.Поголемите редакции ќе добијат подетални информации во текот на утрешниот ден со цел да се направи соодветен распоред за спроведување на скринингот. За останатите помали редакции, дополнително ќе следат информации за скринингот по завршување на првиот круг.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

mozaik-2

(ФОТО) Во црквата Успение на Пресвета Богородица поставен мозаик

Влезот од црквата Успение на Пресвета Богородица – Каменско од вчера го краси мозаик „ Сите старозаветни пророци кои пророкувале за доаѓањето на просветителот Христос преку Богородица“.Мозаикот е со димензии 2 мери и 20 см и висок 3 метри и 70 см. Истиот го изработи проф. Благоја Кузманоски од Скопје, истакна за Охрид 1 Отец Диме Азески.   Црквата Успение на Пресвета Богородица (позната и како: Света Богородица Каменско) е сместена во строгиот центар на Охрид во близина на чинарот и Старата чаршија. Црквата е изградена и живописана во 17 век, а проширена во 1832 година.Фрескоживописот и иконите на иконостасот се дело на познатиот македонски зограф Дичо Зограф, изработени во 1863 година, а црквата била живописана и втор пат во втор пат во 1924 година. Особено интересен е и резбаниот дрвен иконостас за кој се претпоставува дека е дело на мијачки мајстори.Во дворот на црквата се наоѓа гробот на дебарско-кичевскиот митрополит Антониј.  Неодамна во дворот на црквата беше изградена и осветена крстилница.Црквата „Успение на Пресвета Богородица – Каменско“, покрај тоа што е од непроценливо богатство, таа е и рај за очи и душа.  Во црквата има и галерија на икони во која е изложена постојана поставка на автохтони иконописни дела. Презентирани се 40 икони, како и неколку црковни и богослужбени книги. Поставката содржи неколку икони од 18 век, но преовладуваат икони од 19 век и неколку икони од самиот почеток на 20 век.фото: ФБ Бојана Димче Азески

Македонија | пред 5 години

pozarna

Опожарено возило во сопственост на Владата

На улица „Димитар Влахов“ утрово настанал пожар, при што опожарено било едно патничко возило „ауди 4“ во сопственост на Владата на Република Северна Македонија.– Утрово во 02:30 часот во СВР – Скопје било пријавено дека на паркинг простор на ул.„Кеј Димитар Влахов“, настанал пожар, при што била опожарена сува трева и заден дел на паркирано патничко возило „ауди 4“, без регистарски ознаки, сопственост на Владата на Република Северна Македонија, соопштуваат од МВР.Оттаму информираат дека пожарот е изгаснат од Противпожарната единица од Скопје.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

zatvor

Затвореник во Идризово заразен од ковид–19, десет затвореници во изолација

Во затворот во Идризово регистриран е првиот затвореник позитивен на коронавирусот. Покрај заразениот од вирусот, во изолација се уште десет затвореници од неговата и соседната ќелија кои имале контакт со него.Како што информира директорот на затворот Боби Мојсовски за МИА, затвореникот кој бил од Велес, бил на викенд од 24 до 27 јуни и на 30 јуни пријавил дека има покачена темпаратура при што му е направен тест за Ковид кој бил позитивен.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

dui

По реакција на ДУИ, АВМУ ги повикува телевизиите за баланс во дебатните емисии

До Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги вчера пристигнала претставка од партијата ДУИ која реагира на организирањето дебатни емисии на програмите на медиумите.Во контекст на оваа претставка, Агенцијата ги повика медиумите доколку одлучат да емитуваат дебати, соочувања, интервјуа или специјализирани емисии да обезбедат подеднаков пристап и правичност, избалансираност и непристрасност.„Во овие емисии балансот се постигнува со почитување на принципот на пропорционалност според бројот на потврдени кандидатски листи, што значи дека радиодифузерите се должни да ги канат сите учесници коишто имаат ист број на листи со потврдени кандидати, без оглед дали станува збор за парламентарни или вонпарламентарни субјекти и без оглед на јазикот на кој ја емитуваат програмата“, објаснуваат од АВМУ.Од Агенцијата нагласуваат дека оценката дали се исполнети обврските кои ги имаат радиодифузерите се извлекува по завршување на кампањата, не за секоја поединечна емисија, туку за серијата интервјуа, дебатни емисии или соочувања што радиодифузерот ќе ги организира во текот на кампањата.„Досегашниот мониторинг покажува дека има радиодифузери кои треба да вложат дополнителен напор и да ги поканат сите субјекти со ист број на листи за да обезбедат баланс во дебатите до крајот на кампањата“, посочуваат од АВМУ.

Македонија | пред 5 години

kamera

(ВИДЕО) Камерата ги регистрира крадците на велосипеди, полицијата не ги гледа

Фотографија на крадец кој зема велосипед од дворот во една станбена зграда е објавена на фејсбук-групата „Украдени точаци“. На неколкуте објави се гледа како крадецот им се доближува на велосипедите, а потоа зема еден од нив.Граѓанинот која ја споделил фотографијата навел дека кражбата се случила во населбата Аеродром, а дека крадецот притоа носел и шипка.Објавените фотографии веднаш предизвикаа и бројни реакции на членови на оваа група формирана да се споделуваат фотографии од украдени точаци со цел да бидат побрзо пронајдени. Многумина од граѓаните во своите коментари напишаа дека го препознаваат крадецот кој и порано бил забалежан на надзорните камери во други згради како врши кражби. Но и покрај тоа, тој се уште не бил фатен од страна на полицијата.-Зарем не може да го фатат. На еден куп камери го има истиов. Аман веке!!, стои во една објава. https://www.facebook.com/danee.bezic.71/videos/pcb.3264466106908350/360574234913195/?type=3&theater&ifg=1https://www.facebook.com/danee.bezic.71/videos/pcb.3264466756908285/360574604913158/?type=3&theater&ifg=1

Скопје | пред 5 години

02072020_PVRSM_MNR_press-3

Спасовски и Димитров: Со Преговарачката рамка за преговорите успешно е остварена уште една многу важна етапа во процесот на пристапување на земјава во ЕУ

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Оливер Спасовски во своето обраќање на прес-конференцијата по повод утврдената Преговарачка рамка за преговори со ЕУ, заедно со министерот за надворешни работи Никола Димитров, истакна дека со тоа е остварена успешно уште една многу важна етапа во процесот на пристапување на нашата земја за членство во Европската Унија.„Со оваа одлука се потврдува дека нема отстапувања од процесот што е утврден. Поставени се рамките на патот што ја прават Северна Македонија уште поблиску до членство во Унијата. Интеграцијата на нашата земја во ЕУ го добива заслуженото забрзувањето за да се придружи кон семејството народи обединети околу европската идеја“, нагласи премиерот Спасовски и додаде дека оваа вест дојде по историската одлука на Европскиот Совет за почеток на преговорите за членство на нашата земја во ЕУ на 26 март оваа година.Претседателот на Владата Спасовски потенцираше дека пред нас се чекори што го забрзуваат процесот на европеизацијата на сите сегменти од нашето општество. Процес кој ќе помогне европските стандарди во сите области да ги оствариме и применуваме дома, во нашето општествено и политичко секојдневие.„За само три години, покрај реформите дома, нашата земја направи повеќе историски чекори и на меѓународен план. Ги направивме според највисоките стандарди на дипломатијата и на меѓународната политика. Тоа го препознаа сите водечки демократии во светот и ни оддадоа признанија достојни на држава која сега сите ја посакуваат за партнер. Станавме рамноправен сојузник на земјите членки во најмоќниот воено-безбедносен сојуз на светот - НАТО.  Од вчера го забрзуваме и процесот на интеграција во ЕУ. Ги откочивме процесите за двете стратешки определби на нашата земја, и ги направивме пресудни остварувања за само три години. Ретко кој во регионот покажал такви државнички перформанси, особено за земја која до 2016 година беше оценета како заробена држава“, рече Спасовски на прес-конференцијата по повод утврдениот предлог на Европската Комисија на преговарачката рамка за преговорите за членство на Северна Македонија со Европската унија.Премиерот Спасовски соопшти дека Владата ги донесе уште во јули 2019 сите потребни акти за формирање на тимовите за преговори, а нашите преговарачки тимови веќе го поминаа подготвителниот технички скрининг за сите поглавја, и дека сме подготвени во полн капацитет да ги почнеме и успешно спроведеме преговорите во брз рок.Министерот за надворешни работи Никола Димитров во своето обраќање до медиумите и јавноста нагласи дека Европската Комисија ја исполни својата задача и врз основа на новата методологија предложи преговарачка рамка што е поконкретна, подинамична, поверодостојна, која што на земјите членки им дава простор да учествуваат и тие директно со свои експерти во земјите во преговорите и да учествуваат со сопствен придонес кон извештаите за напредокот.„По вчерашната убава вест од Брисел, токму на првиот ден од германското претседавање со Советот на ЕУ и по усогласување на Преговарачката рамка и нејзино усвојување од страна на Советот, односно земјите-членки, следи првата меѓувладина конференција која што е првиот конкретен чекор и форум за политички и реформски дијалог меѓу Северна Македонија и Европската Унија. За ова е потребна влада со политички мандат“, потенцираше Димитров на прес-конференцијата по повод утврдената Преговарачка рамка за преговори со ЕУ, која што заедно со претседателот на Владата Спасовски се одржа денеска. 

Македонија | пред 5 години

pretepan

Се истепале дедовци во Кавадрци

Во текот на вчерашниот ден во Полициската станица – Кавадарци било пријавено дека на ул.„Страшо Пинџур“ во Ваташа , М.Ј.(73) физички бил нападнат од Д.Т.(80) од Кавадарци.За ова денеска информираше Верољуб Додевски, портпарол на СВР – Велес.По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

koronavirus-kovid-19-pacient-lekari-2

Рекорден број починати од Ковид-19: 15 ја загубија битката и куп хоспитализирани

Починати се 15 лица, осум од Скопје, двајца пациенти од Тетово, двајца од Струга, еден пациент од Охрид и двајца од Гостивар.На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа 3 лица, на возраст 64,73 и 80 години.Во ГОБ „8 септември“ починати се 9 лица, двајца пациенти на возраст од 54 години, останатите на возраст од 60, 61, 75, 45, 74, 57 и 65 години.Две лица од Скопје и Гостивар се починати дома на возраст од 65 односно 82 години. Во болница во Струга е почината пациентка на 67 години.На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 90 пациенти. На кислородна поддршка се 44 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.Во болницата во Козле се хоспитализирани 26 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 6 деца позитивни на вирусот.Во ГОБ „8 Септември“ примени се 7 нови, вкупно хоспитализирани се 123 пациенти. На респираторна машина се 8 пациенти.Во болницата во Битола се хоспитализирани 39, а во болницата во Штип се хоспитализирани 36 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп и Гостивар се хоспитализирани 87 пациенти - позитивни и сомнителни на ковид-19.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Утре Комисијата за заразни болести ќе разговара за евентуално повторно затворање на границите со Србија и Косово

Министерството за здравство информира дека, со оглед на развојот на ситуацијата со корона вирусот во соседството, Комисијата за заразни болести на утрешниот состанок ќе разговара за евентуално повторно воведување режим со границите на Србија и Косово или затворање на граничните премини со овие земји.Комисијата за заразни болести активно ја следи епидемиолошката состојба со корона вирусот во регионот и соседните земји и можното враќање на мерките е во насока на превенција од потенцијални ризици по здравјето на населението во Северна Македонија.По состанокот на Комисијата за заразни болести, Министерството за здравство ќе информира за одлуките на комисијата.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Filipce-2

Нова ужасна статистика: 173 новозаболени од коронавирус

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1653 тестирања, а регистрирани се 173 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-75, Куманово-9, Дебар-6, Штип-8, Прилеп-6, Тетово-9, Струга-14, Велес-3, Охрид-10, Кавадарци-3, Гостивар-7, Гевгелија-2, Струмица-1, Крушево-1, Кочани-4, Пробиштип-1, Берово-1, Валандово-1, Свети Николе-6, Кичево-3, Ресен-3.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 150 оздравени пациенти од: Скопје-105, Куманово-1, Штип-7, Тетово-12, Струга-10, Велес-1, Охрид-4, Гостивар-1, Струмица-1, Кочани-5, Пробиштип-1, Неготино-2.Две лица од Скопје и Гостивар се починати дома на возраст од 65 односно 82 години. Во болница во Струга е почината пациентка на 67 години.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6625, бројката на оздравени пациенти е 2748, на починати е 321, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3556. Од вчерашните тестирања два се контролни, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 3208, активни 2010• Куманово 769, активни 219• Дебар 102, активни 50• Штип 355, активни 161• Прилеп 269, активни 43• Тетово 723, активни 389• Струга 242, активни 145• Велес 189, активни 42• Битола 54, активни 20• Охрид 180, активни 151• Кавадарци 21, активни 15• Гостивар 129, активни 70• Гевгелија 12, активни 5 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)• Струмица 16, активни 10• Крива Паланка 15, активни 9• Радовиш 4, активни 0• Крушево 7, активни 4• Кочани 73, активни 21• Пробиштип 20, активни 11• Демир Хисар 2, активни 1• Македонски Брод 5, активни 3• Пехчево 6, активни 3• Берово 3, активни 1• Валандово 7, активни 3• Виница 3, активни 0• Делчево 1, активни 0• Кратово 4, активни 1• Свети Николе 36, активни 32• Кичево 38, активни 32• Ресен 111, активни 97• Неготино 21, активни 8 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 1653 теста се преку: ИЈЗ –1001, ЦЈЗ Скопје-0, Авицена –101, Биотек –105, МАНУ -112, Жан Митрев (Филип Втори) -138, Судска медицина-6, Систина со PCR метода -161, ЦЈЗ Битола-29, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 63.383 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Македонија | пред 5 години

kosta-5

(ВИДЕО) Силна поддршка за отстранувањето на дивоградбите во Охрид од Европската Унија

Денес амбасадорот на Европската Унија Самуил Жбогар заедно со градоначалникот на Охрид Константин Георгиевски одржа прес конференција на плажата „Горица 3“ која околу 10 години беше узурприана и при чие отстранување се случија помали инциденти.„Плажата е слободна за користење од граѓаните, а посетата на амбасадорот токму на оваа плажа е јасна порака до сите. Особено сум горд што нашите заложби како локална и централна власт во делот на управувањето со крајбрежјето на Охридското Езеро и зачувување на природното и културното наследство на овој регион, денеска добија поддршка, лично од амбасадорот на ЕУ во Република Северна Македонија, Самуел Жбогар, истакна градоначалникот Константин Георгиески.Тој додаде:“Оваа можност ја користам уште еднаш јавно да му ја искажам мојата огромна благодарност и почит за неговата заинтересираност и информираност во врска со актуелните состојби во овој регион.Ме радува фактот што нашите стратешки партнери од ЕУ, кон кои се стремиме да се интегрираме како држава, ги препознаваат и ги ценат нашите богатства кои се под закрила на УНЕСКО и се трудат да го помогнат целокупниот процес.Освен за темата околу имплементацијата на Планот за управување на светскотото природно и културно наследство, во делот на крајбрежјето и соодветно спроведување на постоечките законски прописи, со амбасадорот Жбогар разговаравме и за актуелниот проект за враќање на реката Сатеска во старото корито. Ова е проект кој е многу значаен за Охридското Езеро и истиот се имплементира со помош на средства од ЕУ фондовите. Амбасдарот потенцираше дека ЕУ фондовите се секогаш отворени за поддршка на проекти кои се во насока на заштита на животната средина.Го разбирам интересот на јавноста и на медиумите во врска со сите актуелни прашања деновиве, но со должна почит, би сакал да упатам еден јавен апел до сите охриѓани, до сите засегнати страни во целокупниот процес, да покажат поголемо разбирање и да дадат поддршка на мерките кои се спроведуваат и кои се во насока на сопирање на самоволието и импровизациите кои се случувале со години наназад.Даваме максимални напори да ја поправиме целокупната слика, која години наназад му нанесе големи штети на имиџот на охридскиот туризам, а најмногу во строго заштитената зона на крајбрежјето на Охридското Езеро. Треба сите да сфатиме дека таков тип на урбанизација на крајбрежјето повеќе нема да има.Ве повикувам сите заедно да ја запраме деградацијата на уникатните аспекти на регионот, да го штитиме нашето духовно и материјално наследство и да го чуваме за идните генерации. Само така ќе може да имаме подобри услови за развој на туризмот и подобра иднина, која Охрид ја заслужува“, истакна градоначалникот.ВИДЕО ОД ИЗЈАВАТА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГЕОРГИЕВСКИ„Колку што цениме дека владеењето на правото ќе биде спроведено од оваа страна на езерото, исто така очекуваме дека владеењето на правото ќе важи и за другата страна на езерото па и за целото езеро. Јас сум овде за да помогнам на самиот град Охрид да го зачува статусот на УНЕСКО, но и да се заштити тој статус, односно езерото. Јас гледам и разбирам дека има некои поединци во Охрид но исто така и во околината на Охрид, кои не се грижат многу за статусот на УНЕСКО, туку на прво место ги ставаат нивните приватни интереси“, рече Жбогар.

Македонија | пред 5 години

sv-naum-4

Охридскиот кризен штаб со апел: Воздржете се од масовни собити за утрешниот празник Св. Наум Охридски Чудотворец

Во пресрет на православниот празник „Свети Наум Охридски Чудотворец“, Кризниот штаб на Општина Охрид упатува апел до верниците да се воздржат од масовни собири во предвечерието и денот на самиот празник и да ги почитуваат сите препораки за заштита и превенција од Корона вирусот „Ковид 19“.📢Исто така се упатува АПЕЛ до сите жители и посетители во градот, максимално да се придржуваат до сите мерки за заштита.🔹Да се носат заштитни маски;🔹Да се одржува потребна дистанца;🔹Да се одржува лична хигиена според препораките;🔹Да не се организираат семејни собири и други слични групирања.❗Да бидеме одговорни, да го зачуваме сопственото и јавното здравје, напиша на својот Фб профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/a.351826178756325/627187014553572/?type=3&theater

Македонија | пред 5 години

antonijo

Негативен и вториот тест за Ковид 19 на Антонијо Милошоски

,,И вториот лабораториски наод од земен брис испадна со негативни резултати. Се надевам дека овие неколку денови ќе следи успешно закрепнување и дека наскоро ќе се видиме во добро здравје и расположение, напиша Антонијо Милошоски кој е хоспитализиран на Инфективна клиника поради покачена температура и покрај тоа што тестот бил негативен.Пред неколку денови, неговата мајка на својот фејсбук профил објави дека како медицинска сестра, која работи во болницата во Кичево е позитивна на корона вирусот и кажа дека неколку денови пред да дознае, имала контакт со нејзиниот син. https://www.facebook.com/Antonio.Miloshoski/photos/a.670461269640009/3424003157619126/?type=3&theater

Македонија | пред 5 години

ASNOM

(ФОТО) Заврши реконструкцијата на тротоарите на неколку улици во Охрид

Деновиве завршија работните активности за реконструкција на тротоарот и велосипедскaта патека на булеварот „Туристичка“ на потегот од ОУ „Григор Прличев“ до крстосницата со улица „Даме Груев“, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.Беше извршено поплочување на пешачката патека со бехатон и се изврши асфалтирање на велосипедската патека. Исто така во рамки на реконструкцијата, беше извршена замена на стариот дрворед со нови садници и извршено е соодветно хортикултурно уредување.Реконструкцијата на тротоарот е дел од Програмата за уредување на градежно земјиште за 2020 година. Според планираното, во текот на наредниот период ќе биде извршено и уредување на тротоарот на булеварот „Туристичка“ на потегот од крстосницата со улица „Јане Сандански“ до крстосницата со улица „АСНОМ“, напиша градоначалникот на ФБ.https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/pcb.627111204561153/627111067894500/?type=3&theater

Македонија | пред 5 години

PROTEST-2

Протест на свадбарските работници од Битола, бараат државата да ја укине забраната за семејни веселби и свадби

Свадбарските работници од Битола излегоа на мирен протест на Широк Сокак барајќи од државата да ја укине забраната за семејни веселби и свадби и да донесе протоколи за нивно одржување. На протестот излегоа угостители, музичари, фотографи, цвеќари, лица кои даваат кетеринг услуги, слаткари, златари и од други дејности поврзани со свадбите, објави СДК.МК.„Има музичари кои работат дополнително нешто друго, но има и такви кои егзистираат само од свадби и веселби“, рече Заит Алиу, иницијатор на неформалната група „Свадбарски работници“.По нивни проценки, во земјава има над 20.000 музичари, а годишно се прават 15.000 свадби, од кои најголемиот дел преку лето и тие сега се откажани.Протестот го поддржа и Здружението на естрадни уметници на Македонија. Музичарот Благоја Грујовски рече дека музичката дејност во земјата во 90 проценти егзистира од свадбите, објави СДК.МК.фото: СДК.МК

Македонија | пред 5 години

02072020_MF_Angelovska-1

Ангеловска: Реотварањето на економијата - побрзо, приходите во јуни - подобри од очекуваното

Наплатата на приходите во јуни значително подобра од проекциите, што укажува на тоа дека реотварањето на економијата ќе оди побрзо од очекуваното. За јуни наплатата на приходите во однос на лани е 9,6%, што е подобрување во однос на претходните два месеци. Дури има и натфрлање на одредени давачки за високи проценти во однос на лани како кај персоналниот данок на доход и придонесите. Ова го истакна министерката за финансии Нина Ангеловска на редовната прес-конференција за месечното извршување на буџетот, кои во насока на зголемена транспарентност е одржуваат од почетокот на КОВИД-19 кризата.Во периодот јануари – јуни, вкупните буџетските приходи се остварени на ниво од 44% од ребалансот или во износ од 87,4 милијарди денари. Ова е за 9% помалку во однос на истиот период лани. Процентот на остварување во однос на планот, е речиси ист како и минатата година, посочи министерката, што укажува дека е задржана динамиката на наплата на приходите.„Мора да се напомене дека реализацијата на вкупните приходи во јуни е значајно подобра од очекувањата, – реализацијата на приходите во јуни е за 9.6% пониска во однос на јуни минатата година, додека во сценариото бевме подготвени за 20% пониски. Даночните приходи во првата половина од година бележат пад од 13% на годишно ниво и изнесуваат 47,3 милијарди денари. Досега се реализирани 44% од планот, што е речиси непроменета реализација во однос на планот споредено со лани. Само за јуни, согласно сценариото од ребалансот проекциите беа во надолна линија со очекуван пад од нешто над -20%, додека остварениот пад е -14,4%. Ова е позитивна разлика од околу 700 милиони денари. По падот од 31% и 29% во април и мај респективно, се забележува позитивно придвижување и подобрена наплата кај даноците“, рече Ангеловска.Таа посочи дека како резултат на владините мерки за поддршка на исплата на плати има позитивни движења кај приходите од персоналниот данок на доход каде се забележува раст од 1,7%, како и кај придонесите кои кумулативно од почетокот на годината забележуваат раст од 8%.„И кај ДДВ-то има нагорен тренд. Ако во април и мај падот кај ДДВ беше -43,5% и -33%, во јуни изнесува -7,5%. Негативните стапки опаѓаат во второто тримесечје. Повратот на ДДВ исто така се одвива непречено и фирмите го добиваат повратот во регуларна динамика. Во услови на криза, повратот на ДДВ во првото полугодие од 2020 е повисок за 660 милиони денари споредено со истиот период лани или 6% повеќе. Ублажувањето на падот на приходите од ДДВ,  меѓу другото се должи и на спроведените мерки за поддршка на личната потрошувачка“, вели министерката.Расходната страна во првото полугодие бележи раст на годишно ниво, во најголем дел како резултат на преземените мерки во борба против КОВИД-19 кризата, вели министерката за финансии, така што вкупните расходи изнесуваат 113 милијарди денари, што е зголемување од 9,9% на годишно ниво или 10,2 милијарди денари. Оправданоста за ваквиот пораст на расходите се содржи во исплата на: повисоки пензии, социјална помош, плати, како и поддршка за фирми и граѓани погодени од КОВИД во износ од околу 5,4 милијарди денари или 88 милиони евра. Дефицитот во буџетот во првото полугодие е остварен во износ од 25,9 милијарди или 3,8% од БДП, и е согласно проекциите, односно согласно планираната динамика.„Целта на Министерството за финансии е да обезбеди континуирано извршување на Буџетот, без застој, во законски утврдените рокови – вработените да земат плата, социјално загрозените да ги добијат навремено своите надоместоци, фирмите редовно да ги наплаќаат своите побарување кон буџетските корисници, да нема заостанати обврски, како и навремен поврат на данок. Тука се и мерките за КОВИД, поддршка која државата ја дава на граѓаните и фирмите, во согласност со можностите, преку домашната платежна картичка, преку субвенционираните плати и придонеси, преку одложувањата на плаќањата на даночните обврски. Останува обврската и одговорноста на државата да ги обезбеди и испорачува јавните добра и услуги до сите, особено сега, во овие тешки времиња“, вели Ангеловска.Министерката за финансии посочи дека очекува и во третиот и четвриот квартал од годината постепено опоравување на домашната економија, кое ќе биде поддржано од реализација на третиот сет на мерките наменети за заживување на економската активност.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Тачи го нарече терорист, кандидатот за премиер Насер Зибери

Претседателот на Демократската партија на Албанците, Мендух Тачи во текот на вчерашниот ден остварил средба со граѓани на Гостивар, каде изразил уверување дека опцијата на неговата партија ќе победи на парламентарните избори закажани на 15 јули.Претседателот на ДПА го нападна кандидатот на ДУИ за прв Албанец премиер на земјава, Насер Зибери.„Што ги поврзува Али Ахмети и Насер Зибери? Југославија и национализмот“, запраша Тачи.„Зибери е од 1997-ма година од Гостивар и Тетово. Тој беше вицепремиер, кога државата убиваше со оружје и насилство, тепаше, малтретираше, затвори многу луѓе. Ова е најсилниот аргумент дека овие двајца луѓе се поврзани со истата цел и доаѓаат од истиот извор. Ние овие двајца ќе ги разделиме“, порача лидерот на ДПА.Тачи порача дека неговата партија по изборите на 15-ти јули нема да се откаже од планот за воведување на дводомен парламент. 

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Тетовец тешко повреден во вооружен инцидент

Четириесетгодишен тетовец е тешко повреден откако во него пукале двајца мажи од Тетовско. Инцидентот се случил по куса расправија, по што двајцата мажи испукале неколку куршуми кон сега повредениот и побегнале.Настанот го пријавила сопругата на повредениот маж, која била сведок на нападот.Повредениот Ш.М. веднаш бил пренесен во Клиничкиот центар Тетово, каде што му биле констатирани тешки повреди.Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово, при што се пронајдени и подигнати три чаури и еден проектил од автоматска пушка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

popis

Османи: Да поминат изборите, ќе почнеме со подготовки за организирање попис

Вицепремиерот Бујар Османи денеска најави дека пописот на населението, веројатно, ќе се врати во политичката агенда по изборите.„Да поминат изборите на 15 јули и ќе почнеме со подготовки за организирање попис на населението“, истакна Османи на денешната прес-конференција.Пописот на населението, кој требаше да се одржи во април годинава, беше одложен поради предвремените парламентарни избори. Најавите се дека пописот ќе се реализира во април 2021 година.фото: Архива 

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања