Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

koronavirus-test

165 нови случаи на ковид 19, оздравени се 128 пациенти – починати се 7 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1454 тестирања, а регистрирани се 165 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-71, Куманово-15, Дебар-1, Штип-10, Прилеп-5, Тетово-20, Струга-3, Велес-1, Битола-3, Охрид-10, Гостивар-14, Пробиштип -4, Македонски Брод-1, Кичево-2, Ресен-5.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 128 оздравени пациенти од: Скопје-97, Штип-11, Тетово-3, Велес-2, Битола-2, Струмица-1, Ресен-11, Неготино-1.Починати се 7 лица, двајца пациенти од Скопје, двајца од Куманово, еден пациент од Струга, еден од Кочани и еден пациент од Неготино.На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починат е пациент (55г). Во ГОБ „8 септември“ починати се двајца пациенти (68г) и (63г).Во болницата во Кавадарци почина пациент од Неготино (56г), во болницата во Кочани пациент (56г).  Во Куманово се починати двајца пациенти на возраст 71г и 79г.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6787, бројката на оздравени пациенти е 2876, на починати е 328, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3583. Од вчерашните тестирања три се контролни, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:•       Скопје 3280, активни 1983•       Куманово 784, активни 232•       Дебар 103, активни 51•       Штип 365, активни 160•       Прилеп 274, активни 48•       Тетово 743, активни 406•       Струга 245, активни 147•       Велес 189, активни 40•       Битола 57, активни 21•       Охрид 190, активни 161•       Кавадарци 21, активни 15•       Гостивар 143, активни 84•       Гевгелија 12, активни 5 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)•       Струмица 16, активни 9•       Крива Паланка 15, активни 9•       Радовиш 4, активни 0•       Крушево 7, активни 4•       Кочани 73, активни 20•       Пробиштип 24, активни 15•       Демир Хисар 2, активни 1•       Македонски Брод 6, активни 4•       Пехчево 6, активни 3•       Берово 3, активни 1•       Валандово 6, активни 2•       Виница 3, активни 0•       Делчево 1, активни 0•       Кратово 4, активни 1•       Свети Николе 34, активни 30•       Кичево 40, активни 34•       Ресен 116, активни 91•       Неготино 21, активни 6 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 1454 теста се преку: ИЈЗ –768, ЦЈЗ Скопје-0, Авицена –98, Биотек –90, МАНУ -180, Жан Митрев (Филип Втори) -143, Судска медицина-11,  Систина  со PCR метода -108, ЦЈЗ Битола-56, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 64.837 тестирања на ковид -19.  Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 3 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 89 пациенти. На кислородна поддршка се 53 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.Во болницата во Козле се хоспитализирани 30 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 5 деца позитивни на вирусот.Во ГОБ „8 Септември“ примени се 18 нови, вкупно хоспитализирани се 130 пациенти. На респираторна машина се 9 пациенти.Во болницата во Битола се хоспитализирани 37, а во болницата во Штип се хоспитализирани 40 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп и Гостивар се хоспитализирани 91 пациенти - позитивни и сомнителни на ковид-19.Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)•       Чаир – 424•       Аеродром - 154•       Бутел - 163•       Гази Баба - 193•       Центар – 143•       Карпош – 167•       Сарај – 148•       Кисела Вода – 121•       Ѓорче Петров – 113•       Студеничани – 113•       Шуто Оризари – 90•       Арачиново – 54•       Илинден – 32•       Петровец – 16•       Чучер Сандево – 19•       Сопиште – 14•       Зелениково-6•       Странец – 2•       Нераспределен- 11фото: Архива

Македонија | пред 5 години

nevreme

(ВИДЕО) Силно невреме со поројни дождови го зафати скопскиот регион

Силно невреме со поројни дождови го зафати скопскиот регион. Успорен е сообраќајот и на автопатот Тетово-Скопје, а возилата се движат со 40 километри на час. Тоа создаде колони и делумно го закочи сообраќајот.

Македонија | пред 5 години

Boki-13-1

Боки 13 поднесе пријави за најмалку 30 лица

Осудениот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски  продолжи со поднесување кривични пријави во скопското обвинителство поврзани со предметите „Рекет“ и „Меѓународен сојуз“.Како што истакна неговиот адвокат, Сашо Дуковски, кривичните пријави се однесуваат на најмалку 30 лица и поради содржината Јовановски бара вклученост на меѓународните институции и амбасадите.„Поради сериозноста на наводите, од страна на пријавителот беше побарано непосредно вклучување на најрелевантните меѓународни институции за заштита на човековите права, особено на најрелевантните свестски амбасади кои имаат свои дипломатско-конзуларни претставништва во Република Македонија поради содржината на тоа што се изјавува“, изјави Дуковски откако минатата недела беа поднесени околу осум кривични пријави, а веројатно тоа ќе продолжи и во следните денови.Пријавите се за кривичните дела измама, изнуда, злоупотреба на службена положба, давање на лажен исказ, противзаконито влијание, но и за несовесно лекување. Боки 13 од обвинителството бара за овие случаи да се вклучат најрелевантните меѓународни институции за заштита на човековите права и странски амбасади. Тој во „Рекет“ доби казна од 9 години затвор, но против него во тек е уште едно судење за случајот Меѓународен сојуз, каде е обвинет за перење пари и измама.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

120190420_222336

Шекеринска се сети на Охрид после три години, во меѓувреме МОЖЕШЕ, но не направи ништо

Шекеринска во 2016 година ветуваше кули и градови, потоа три години никој не можеше да ја види, за сега пак да се појави на реконструкција на улица и да зборува за некои големи капитални инвестиции. Три години не направија ништо за Охрид освен што го заборавија и запоставија. Три години не фрлија ниту една лопата на автопатот Охрид–Кичево. Во Охрид дозволија да владее партиско-урбанистички хаос кој го загрозува статусот на градот и езерото во УНЕСКО, се вели во реакцијата од ВМРО ДПМНЕ.Шекеринска во 2016 година ветуваше кули и градови, потоа три години никој не можеше да ја види, за сега пак да се појави на реконструкција на улица и да зборува за некои големи капитални инвестиции. Три години не направија ништо за Охрид освен што го заборавија и запоставија. Три години не фрлија ниту една лопата на автопатот Охрид–Кичево. Во Охрид дозволија да владее партиско-урбанистички хаос кој го загрозува статусот на градот и езерото во УНЕСКО.Таа ветуваше дека ќе го спречи иселувањето , па дури и дека ќе ги враќа младите назад. Напротив со лошите економски политики уште повеќе ги фрлија граѓаните во сиромаштија и бесперспективност.Очигледно Шекеринска се сеќава на народот само пред избори и им ги нуди истите препакувани лаги од 2016–та година. Во меѓувреме владата на СДСМ, Шекеринска и Заев МОЖЕШЕ но не направи ништо за граѓаните.СДСМ, Шекеринска и Заев покажаа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето кичма. Исправи се Македонијо! Одбери обнова!Таа ветуваше дека ќе го спречи иселувањето , па дури и дека ќе ги враќа младите назад. Напротив со лошите економски политики уште повеќе ги фрлија граѓаните во сиромаштија и бесперспективност.Очигледно Шекеринска се сеќава на народот само пред избори и им ги нуди истите препакувани лаги од 2016–та година. Во меѓувреме владата на СДСМ, Шекеринска и Заев МОЖЕШЕ но не направи ништо за граѓаните.СДСМ, Шекеринска и Заев покажаа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето кичма. Исправи се Македонијо! Одбери обнова, се вели во реакцијата од ВМРО ДПМНЕ.фото: Архива

Актуелно | пред 5 години

Нема фотографија

(ФОТО) Филипче: За две години кадарот во Охридската болница е зајакнат со над 70 здравствени работници

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче денеска ја посети Општата болница во Охрид, каде оствари средба со директорот и вработените во оваа јавно-здравствена установа. Тој ја истакна експертизата и искуството на медицинскиот персонал во многу области и нивниот успех во третманот на  огромен број пациенти во сите изминати години.„Болницата во Охрид е еден од регионалните центри. Уште на самиот почеток се одвои еден дел од болницата, но и експерти, специјалисти, инфектолози кои ќе работат со ковид пациенти. Имаме секојдневна комуникација во однос на трансферот и префрлувањето на пациентите по потреба од една во друга болничка установа, како и трансфер на пациенти во клиниките во Скопје, се разбира за оние потешки случаи. Сакам да им изразам голема благодарност и да упатам честитки пред сé затоа што многу брзо се престроија за време на почетокот на оваа криза, нешто за што ниту еден здравствен систем во светот не очекувал, не бил подготвен дека ќе се случи. Ние покажавме дека можеме за многу кратко време со таква прераспределба на кадар и подготовка на капацитетите на болницата да одговориме на овие предизвици. “ – изјави министерот Филипче.Филипче потенцираше дека во изминатите две години, кадарот во болницата е зајакнат со нови вработувања, примени се над 70 здравствени работници, од кои 17 лекари се веќе пратени на специјализација.„Ние интензивно работевме изминатите две години, многу луѓе се примија во болницата во Охрид. Над 70 здравствени работници, од кои 17 лекари кои се веќе пратени на специјализација. Со тоа покажавме дека водиме сметка за јавното здравство, пред сѐ за еден од најзначајни сегменти во јавното здравство, а тоа се луѓето, докторите, медицинските сестри и останатиот помошен медицински персонал. Тие се столбот на здравствениот систем, а здравствениот систем, како и досега, но сега е уште повеќе видливо е столбот на државата“, изјави министерот Филипче.

Македонија | пред 5 години

03072020_ZPVRSM-i-MO-Sekerinska_rabotna-poseta_Ohrid_2

Шекеринска од Охрид: Владата градеше и гради по план, вложувањето во инфраструктурата е влог во квалитетен живот на граѓаните

Заменичката на претседателот на Владата на Република Северна Македонија и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, денеска имаше работна посета на Охрид, при која посети повеќе точки каде што во соработка со локалната самоуправа на Град Охрид се реализираат серија на инфраструктурни проекти кои се веќе реализирани или се во финална фаза на реализација.При посетата Шекеринска даде изјава за медиуми која интегрално ви ја пренесуваме:„Во Охрид можам да видам една огромна изградбена експанзија која што ги опфаќа најважните патни правци, најважните улици, најважните инфраструктурни проекти за огромен број на граѓани на Охрид и тоа покажува дека многу е важно централната и локалната власт добро да соработуваат, да соработуваат за потребите на граѓаните, но и второ, важно е да инвестираме инфраструктурни проекти, важно е да ги знаеме приоритетите и да градиме навистина по план.Во Охрид се гради по план и во Охрид навистина се решаваат проблеми кои со децении биле одлагани. Денеска сме тука на местото каде што започнува и веќе трае сериозната реконструкција на улицата Абаз Емин. Проект кој е ветуван многу години, проект кој не е направен повеќе од 40 години и денеска целосно се реконструира со средства на Општината и средства на ЕБРД коишто се обезбедени преку Владата.Тоа е проект од околу 45 милиони денари кои, како велат, значи реконструкција после 40 години. Затоа денеска навистина ми е задоволство да бидам тука и да видам како локалната самоуправа, како и буџетот работи во полза на граѓаните. Денеска ќе имаме прилика да видиме 4 инфраструктурни објекти, 4 инфраструктурни проекти коишто се градат во Охрид и коишто ќе значат подобар квалитет на живот и навистина градење по план.Сакам да честитам и на Општината која после долги години зборување, последнава година навистина стори многу за поврзување на граѓаните на Охрид, меѓутоа и за развој на туристичкиот потенцијал на Охрид. Ќе заминеме и во Прва македонска ударна бригада, Охридска бригада, улиците коишто се градат на територија на поранешна касарна. Навистина една градежна експанзија која што е реализирана со пари на Општината Охрид, но и со пари од владиниот Буџет“.

Слајдер | пред 5 години

Skopje-ZOO

Скопје ЗОО добива Авантура парк за деца

Авантура паркот е донација од Агенцијата за млади и спорт, со цел рекреација, спортување и забава за деца од 5 до 12 години. Овој парк ќе биде налик познатите европски авантуристички паркови за најмладите и ќе се простира на површина од 2000 м2, со безбедни реквизити за користење. Наскоро започнуваат подготовките во Ботаничката градина на Скопје ЗОО, а користењето на Авантура паркот ќе биде бесплатно за сите деца.

Скопје | пред 5 години

ohridskoezeromart

На градскиот кеј пронајден давеник

Попладнево  на градскиот кеј во Охрид откриен е давеник.Полицијата врши увид.Засега не се знае причината за давењето,ниту идентитетот на давеникот.Портпаролот на СВР-Охрид Стефан Димоски детали за настанот најави за подоцна.

Македонија | пред 5 години

svr-ohrid

Вработен во МВР станал и советник во Општина Арачиново – внатрешна контрола го разгледува случајот

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе иницијатива за поведување на постапка за утврдување на дициплинска одговорност против Ф.Х. вработен како помлад советник во Одделението за управни работи Скопје при МВР заради констатирана повреда на член 168 од ЗВР и постапување спротивно на внатрешните акти на Одделението за граѓански работи со што сторил потешко кршење на работниот ред и дисциплина.Имено Ф.Х. бил избран за член на советот на општина Арачиново, а во МВР бил вработен каде што ги остварува правата од работниот однос, а пак со ангажманот како општински советник констатирано е дека тој се уште ја претставувал партијата за која бил избран на локалните избори.Истовремено во врска со овој случај задолжен е Одделот за правни работи, судски постапки и управување со човечки ресурси да ги разгледа законските прописи што ја регулираат оваа материја и да преземат активности во однос на ваквото постапување на работникот – посебно со платата и надоместоците од плата.фото: Архива 

Македонија | пред 5 години

Ohridska_brigada

Започнува реконструкцијата на улица „Охридска бригада“

Надлежните служби на Општина Охрид, денес започнуваат со градежни активности за реконструкција и асфалтирање на ул. „Охридска Бригада “ во должина од 527 метри. Во рамки на градежните активности предвидено е замена на стариот тампон со нов, вадење   на стариот асфалт и асфалтирање по целата должина  на улицата. Проектот е дел од Програмата за уредување на градежно земјиште  за 2020 година и е вреден 2 000 650 денари, средства обезбедени од буџетот на Општина Охрид.Изведувач на  работите  е АД  „ Илинден “ – Струга.Поради започнување на градежните активности надлежните служби  упатуваат апел до граѓаните  за внимателно движење на  оваа улица. https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/pcb.628201397785467/628201314452142/?type=3&theater

Македонија | пред 5 години

Donacija

Општина Охрид доби донација на заштитна опрема од делегацијата на ЕУ

Во насока на заштита и превенција од Корона вирусот Ковид 19, Општина Охрид доби донација од заштитни средства и заштитна опрема од страна на Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, како дел од програмата “Preparatory Actions for IPA2020 Municipal Support Programme in North Macedonia”. Донацијата содржи 36 парчиња средства за дезинфекција на раце, 24 парчиња средства за дезинфекција на површини и 900  заштитни маски за еднократна употреба.Општина Охрид упатува благодарност до Делегацијата на Европската Унија за нејзината постојана поддршка и помош во сите сфери на општественото живеење во Општина Охрид.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Заев: СДСМ е посветена на изградба на капитални и вредни проекти за сегашните и идните генерации

Заедно со генералниот секретар на СДСМ и носител на кандидатска листа за пратеници во ИЕ3, Љупчо Николовски, кандидатот за пратеник, Марија Ангелева и градоначалникот на општина Кочани, Николчо Илијев денеска сме на локацијата на којашто се гради браната Речани како дел од хидросистемот „Оризарска река“ да направиме увид во значајниот напредок во изградбата, истакна претседателот на СДСМ Зоран Заев.Станува збор за инфраструктурен проект од големо значење за кочанскиот регион особено за плодното кочанско поле.Оваа брана годишно ќе собира 22 милиони метри кубни вода за 80 илјади еквивалент жители и ќе придонесе за навремено и квалитетно снабдување со вода на 1/3 од земјоделските површини во кочанско, а преку две мали хидроцентрали ќе се произведува и електрична енергија. Вредноста на инвестицијата е 30 милиони евра. Идејата за оваа огромна брана датира од 60-те години на минатиот век. Патот го изгради веќе министерството за земјоделие, а висината на самата брана ќе биде поголема од 80 метри.Покажавме на дело дека и во вонредни услови со целосно почитување на препораките за заштита продолжуваат интензивно градежните работи за изградба на значајни инфраструктурни проекти.Низ целата држава забрзано се градат крупни капитални проекти од витално значење за граѓаните и државата.Градиме по план квалитетна инфраструктура за сите!СДСМ е посветена на изградба на крупни капитални проекти кои ќе донесат долгорочни позитивни ефекти за подобар живот на сегашните и идните генерации.Им оставаме на наште деца вредни капитални проекти, им даваме пример и ги учиме на истите вредности - да продолжат и тие уште повеќе и уште подобро да ја градат и развиваат нашата убава земја, истакна претседателот на СДСМ Зоран Заев

пред 5 години

Нема фотографија

Владата ги усвои протоколите за одржување спортски натпревари, работа на музеи, вршење меѓуградски превоз

На веб страницата на Владата (https://vlada.mk/protokoli-koronavirus) се објавени Протоколот за редовна работа на уплатно-исплатни места на приредувачите на игри на среќа во обложувалница (трета фаза), измени и дополнувања на Протоколот за работа на угостителските објекти за сместување (хотели и други угостителски објекти за сместување).На интернет страницата на Владата се објавени и Протоколот за работа на музеи, галерии и изложбени простори, Протоколот за спроведување на мерки за заштита од Ковид-19 при организација на настани, промотори, рентал компании, видео и аудио продукции и техничка поддршка на овие настани, Протоколот за упис на ученици во јавните ученички домови во учебната 2020/2021 година, Протоколот за работа на танцовите и балетските клубови, Протоколот за вршење на меѓуградски превоз, како и Препораки и упатства за спречување на ширење на КОВИД-19, при влез на македонски и странски државјани во Република Северна Македонија.Денеска е објавен и Протоколот за организирање спортски настани со упатства за стриктно почитување на препораките кои се однесуваат на запазување на здравствената безбедност на играчите и останатите вклучени во натпреварите, кои се организираат без присуство на публика.

Македонија | пред 5 години

korona-test

Во фунција тестовите за брза дијагностика на Ковид-19 за родилки и пациенти пред интервенција

Министерството за здравство информира дека тестови за брза дијагностика на присуство на вирусот Sars-Cov-2 се распределени и истите почнуваат да се користат во лабораторијата на Институтот за јавно здравје, на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби и на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје.Овие тестови иако се ПЦР метода, не се истите кои се користат во лабораториите за рутинско тестирање од ковид. Наменети се за брза детекција на вирусот кај пациенти кои се суспектни на ковид, а на кои им е потребна одредена интервенција.Тестовите за брза дијагностика овозможуваат веднаш после тријажата и добивањето на резултатот за само 40-тина минути да се пристапи кон соодветната интервенција кај пациентот.Брзите тестови веќе се употребуваат на Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, со што значително се олеснува работата на медицинскиот кадар.Со брз ПЦР тест на ГАК ќе се тестираат родилките и на овој начин, веднаш ќе се знае дали родилката треба да биде пренесена на одделението за изолација.  Клиниката за гинекологија и акушерство веќе ја поседува и потребната опрема за обработка на материјалите, истата која се користи за детекција на ХПВ вирусот.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

NAD-9186

Шекеринска: Како е возможно Милошоски да е недостапен за судските органи?

Во гостувањето на ТВ Тера во Битола, заменик-претседателката на СДСМ - Радмила Шекеринска го коментираше новиот закон за ЈО, како и постојаните опструкции со кои се соочуваше правосудството во изминатите години.Таа рече: Јас не можам да сфатам како може еден кандидат за пратеник во нашава изборна единица Антонио Милошоски да не е достапен за судските органи да прими покана за суд. Знаете што ќе се случуваше. Тој е сега во изолација нели. Па може сега да го најдат полесно.Ама пазете партијата која денес зборува дека ќе ја обновеле правната држава нејзините луѓе не одат на суд, не се појавуваат, бегаат. Некој од нас тоа да го направеше секој ден сам за тоа ќе зборуваа.Тие имаат толку валкан образ што можат да си дозволат пред судот да не се појават, додаде ШекеринскаА да се појавуваат на избори да доаѓаат во ДИК, да се потпишуваат да земаат плата како пратеници, тоа можат.  Јас како граѓанин не можам тоа да го сфатам.фото: СДСМ

Слајдер | пред 5 години

direktorka

Директорката на кумановската болница позитивна на коронавирус

Снежана Захариева, директорката на кумановската болница, позитивна на тест на коронавирус.Таа ова го објави на својот профил на „Фејсбук“. Во својата објава напоменува дека  тестирањето го направила вчера во МАНУ, а  утрово го добила резултатот кој е позитивен.Како за добро утро,позитивен резултат од тестот за САРС-КоВ-2.Без маска само дома,5 месеци работа-дома,но имунитетот попушти.Хроничниот стрес и премореноста си го направија своето.Чувајте се. Инаку, тестот го направив вчера на пладне, благодарност до МАНУ за брзиот резултат. https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=10213679275695987&id=1827564213

Македонија | пред 5 години

boki-2-1

И покрај заканите, Боки-13 продолжува со поднесувањето кривични пријави

Бојан Јовановски-Боки 13, осуден во предметот „Рекет“, денеска повторно ќе биде спроведен во Основното јавно обвинителство каде што ќе продолжи со поднесувањето кривични пријави против актуелни функционери на власта.Јовановски на 25 јуни беше во Обвинителството, но тогаш не завршил со поднесувањето на пријавите и записникот останал отворен, по што му закажале нов термин за денеска.Адвокатот на Јовановски, Сашко Дуковски минатата недела изјави дека пријавите се за функционери од државните институции, но и за лица надвор од нив. Притоа, посочи дека кривичните пријави се за дела злоупотреба на службената положба и овластувања, изнуда, измама, давање лажен исказ, несовесно лекување, тортура.Јовановски во случајот „Рекет“ беше осуден на девет години затвор.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

granica-srbija

Денеска ќе се одлучи дали ќе се затворат границите со Србија и Косово

Комисијата за заразни болести  се очекува денеска да разговара за евентуално повторно воведување режим со границите на Србија и Косово или затворање на граничните премини со овие земји.Комисијата за заразни болести активно ја следи епидемиолошката состојба со коронавирусот во регионот и соседните земји и можното враќање на мерките е во насока на превенција од потенцијални ризици по здравјето на населението во Северна Македонија.Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, вчера рече дека одлуката за евентуално затворање на границите нема да биде политичка.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

sv-naum

Денеска сите патишта водат кон Св. Наум

Преподобниот Наум Охридски – Чудотворец има два празника, едниот е во зимскиопт период и се празнува на 5 јануари/23 декември, а другиот во летниот период на 3 јули/20 јуни. Поради тоа што во зимскиот период одењето на манастир било отежнато поради временските услови, а и поради тоа што празникот е непосредно пред големиот празник Рождество Христово – Божик кога верниците се подготвуваат да го празнуваат Рождеството Христово со одлука на Светиот синод е решено празнувањето да се префрли на овој термин.Ако свети Климент Охридски остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот не само на пишување и читање, туку и на други корисни работи, свети Наум остана запаметен како чудотворец, со моќта да лекува и за време на животот и по смртта, да лекува од најразлични болести и луѓе од разни вероисповести, односно сите што искрено и со верба му се обраќале без разлика на вера и народност. Но свети Наум остана запаметен и по заштитата на манастирот, по наградувањето на оние што со добра мисла доаѓале во кругот на манастирот и казнувањето на оние што иделе со намера да направат некоја штета, да го испоганат објектот или да го навредат светителот. Култот на свети Наум зрачел на поширок простор не само во охридскиот крај, туку и во преспанскиот, па дури до Корча, каде што манастирот имал свои имоти. Но култот кон свети Наум бил раширен и во Унгарија и Романија каде што имало иселеници од овие краишта.За животот и дејноста на свети Наум Охридски малку се знае, иако со свети Климент Охридски се најпознатите и најзначајни ученици на светите браќа Кирил и Методиј. Се знае дека учествувал во Моравската мисија, дека во Рим, кон крајот на 867 или почетокот на 868, бил посветен во духовен сан и дека по смртта на Методиј во 885 година преку Бугарија дошол во Македонија. На брегот на Охридското Езеро изградил манастир што го носи неговото име. Умрел во 910 година и наскоро по смртта бил прогласен за светец. Неговите ученици за него напишале житија и служба.Кризниот штаб на Општина Охрид упатува апел до верниците да се воздржат од масовни собири на денот на самиот празник и да ги почитуваат сите препораки за заштита и превенција од Корона вирусот „Ковид 19“.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

pss3

(ФОТО) Лице кое собирало шумски плодови паднало од карпа, го спаси Планинската спасителна служба

Оперативниот центар на Планинската Спасителна Служба при Црвен крст Охрид, во 9:00 часот, прими повик од граѓанин за случена несреќа при пад на лице на карпест терен, со кое заедно биле да собираат шумски плодови, напишаа на својот официјален сајт од Планинската Спасителна Служба. За лоцирање на местото на несреќата беше  искористен СМС системот за лоцирање, кој е воспоставен во рамки на проектот „Регионот Oхридско Eзеро – безбедна дестинација за авантуристички туризам“, финансиран од Европската Унија, програма за прекугранична соработка МК-АЛ. Веднаш по лоцирањето на местото на несреќата, два тима на ПСС се упатија на терен, и во 10:35 часот пристигнаа на местото на несреќата. На повреденото лице, веднаш му беше укажана прва помош, беше запрено обилно крварење и изведена имобилизација на целото тело, по што започна сложена постапка за транспорт и евакуација на повредениот. Поради непристапноста на теренот, беше спроведена една од покомплексните акции за евакуација на повреден, при што беа вклучени 7 спасители од ПСС и соодветна опрема за спасување на деликатен технички терен. По 3 часа и 15 минути, во 13:50 часот, повредениот беше предаден на Итната медицинска помош при Здравствен дом Охрид, која му пружи стручна лекарска помош на лице место и го транспортира повредениот до соодветна здравствена институција, на понатамошно лекување.Со оваа интервенција, која е шеста по ред, се доближуваме до рекорден просек од една интервенција месечно, што уште еднаш укажува на неопходноста од постоење на ефикасен систем за спасување на планина и непристапни терени, особено во регионите во кои интензивно се развиваат различни форми на авантуристички туризам.Ја користиме оваа прилика, уште еднаш да изразиме голема благодарност за пожртвуваноста на волонтерите од Планинската Спасителна Служба при Црвен крст Охрид, како и на припадниците на СВР Охрид и Итната медицинска помош, кои секогаш максимално се ангажираат да помогнат на тимовите од ПСС.На повредениот му посакуваме брзо опоравување од повредите и апелираме до сите љубители на планините и природата, кои се движат во пограничниот регион околу Охридското Езеро, при своите авантури, со себе да носат соодветна опрема, како и опрема за укажување на прва помош и мобилни телефони со полна батерија, на кои претходно ќе ја инсталираат апликацијата за брзо алармирање на ПСС или ќе го меморираат посебниот број за СОС повици 13-112, на кој 24 часа, 7 дена во неделата можат да се обратат за помош, велат од Планинската Спасителна Служба. фото: Планинската Спасителна Служба

Македонија | пред 5 години

vlada-zname-nato

Владата во демантира МВР: Опожареното возило не е во наша сопственост

Владата демантира дека е опожарено возило во нивна сопственост.Опожареното возило „ауди 4“ на улица „Димитар Влахов“, не е во сопственост на Владата, се вели во демантот од Владата.Инаку првичната информација беше дека утрово во 02:30 часот во СВР – Скопје било пријавено дека на паркинг простор на ул.„Кеј Димитар Влахов“, настанал пожар, при што била опожарена сува трева и заден дел на паркирано патничко возило „ауди 4“, без регистарски ознаки, сопственост на Владата на Република Северна Македонија.“фото: Архива

Македонија | пред 5 години

mickoski-1

Мицкоски: Ќе го испитаме потеклото на имотот на сите политичари, ќе почнеме од мојот па се до последниот во земјава

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска од Маврово – Ростуше истакна дека претстојниот период е предизвикувачки и дека граѓаните треба да одлучат во каква држава сакаат да живеат дали во понижена, ограбена и криминална или во земја каде ќе се гради иднината на идните поколенија. Мицкоски истакна дека 15 јули е шанса  граѓаните да си ја вратат  државата на правите патеки со глас за ВМРО- ДПМНЕ и коалицијата „За Обнова на Македонија“ и да се направат проекти за секој граѓанин од програмата „Обнова“.- Пред нас е исклучително предизвикувачки период. Најпрвин имаме околу 10 дена кампања што ни преостанаа и 2 дена молк до денот кога ќе треба да излеземе и да одлучиме во каква Македонија сакаме да живееме. Дали оваа Македонија која што е понижена, омаловажена, опљачкана каде што граѓаните се чувствуваат во сопствената држава граѓани од втор ред, каде што срамот, декаденцијата и поразите се секојдневие или Македонија која што ќе биде татковина за сите без разлика нивната етничка, без разлика на нивната политичка припадност,  верска определба или политичка неопределба.  15 јули е денот кога треба да ја избереме иднината за нашите деца за поколенијата кои што ќе дојдат по нас но истовремено ќе треба и да го обелиме образот на нашите предци  кои што животите ги дале за ова денеска што ние го живееме, истакна Мицкоски.Тој кажа дека политичарите за да бидат пример треба да почнат од себе   и да го  почитуваат уставот и законите. Исто така Мицкоски предочи дека  мора да има силен правен систем кој ќе проверува потекло на имот на политичарите и да се почне од него па потоа со сите политичари вклучително и Зоран Заев и да се истражи  како е возможно со политичка професија да се градат хациенди, станови и да се возат луксузни автомобили. Ќе провериме од прв до последен посочи Мицкоски.- За да биде подобра нашата држава овој пат политичарите треба да почнат самите од себе. И затоа јас велам правда, почитување на законите, почитување на уставот и тоа да биде безусловно. Затоа што без правна држава, без да бодат почитувани законите нема да има ниту добра економија, ниту добра здравствен систем, ниту добро земјоделие, ниту добро образование нема ништо. Прв и основен столб денеска на една модерна современа држава е да има функционален правен систем. А за да има функционален правен систем треба да почнеме од почеток . А ја велам еве почнете од мене , јас првиот ќе бидам доброволец кој што ќе се пријави во новата влада соодветна агенција да го провери неговиот имот и имотот на неговото семејство. На моето семејство, да провериме дали соодветствува со моите приходи, дали можеби нешто сум подскрил . дали имало нешто алашвериш . Ако има подготвен сум да одговарам. Ама втор ќе биде Зоран Заев па и неговото семејство ќе го провериме. Ќе ги провериме сите политичари да видиме кој безмилосно го  крадел сопствениот народ и кој се богател на маката на народот. Сите политичари да докажат од каде им е стекнат капиталот. Да видиме како е тоа возможно да се градат хациенди, станови да се возат скапи возила, да се летува на јахти во монденски зимовалишта. Се ќе провериме од првото до последното појасни Мицкоски.Мицкоски кажа дека ВМРО – ДПМНЕ со своите експерти и во соработка со граѓаните и нивните идеи има програма кога нуди 1.000 проекти кои ветуваат 25 % просечни плати, 20 % поголеми пензии во еден мандат, 640 милиони субвенции за земјоделците, унапредено образование со најмалку еден универзитет во првите 1.000 на Шангајската листа, најнизок данок од 8 % , 1.000 км нови патишта и т.н. Мицкоски увери дека во обновата има политики и проекти буквално за секој граѓанин.- Предвидовме минимум 25 % повисоки  просечни плати за еден мандат со јасна методологија и јасен алгоритам како а не гола  реторика и филозофија. Таму во програмата  предвидовме до 20 % поголеми пензии во еден мандат, предвидевме 640 милиони евра во еден мандат субвенции за земјоделците, таму предвидовме најмалку 1 универзитет во првите 1.000 според листата на Шангај а сега немаме ни во првите 2.000. Предвидовме најнизок данок за работодавачите од 8 % во Европа, предвидовме 0 данок за луѓето до 29 години.  Најмалку 1.000 км нови реконструирани локани и регионални патни правци. Предвидовме во нашата преодна стратегија 18 % ДДВ за угостителите до крај на 2021  на го намалиме на 10 %. Предвидовме ослободување од онаа симболична помош за месеците април и мај и продолжување на истата до август. Има 1.000 проекти и политики буквално за секого рече Мицкоски.Мицкоски ги повика граѓаните на 15 јули  да излезат во што поголем број  и  препорача  да се почитуваат сите здравствени препораки пропишани за денот на гласањето и да го заокружат бројот 14 за држава спротивна од таа што на нуди Заев а тоа е понижена , држава на  лаги криминал и корупција туку за Македонија горда, достоинствена и економски просперитетна.- На 15 јули рано наутро од 7 часот да се заштитиме најпрво а потоа рамо до рамо еден по еден да излеземе и  да го заокружиме реден број 14 бројот пред името на маестро Дурловски бројот што ќе донесе историска најголема победа за коалицијата „За Обнова на Македонија“ која што ја предводи ВМРО- ДПМНЕ. Јас ве повикувам на 15 јули тоа да го сторите масовно. За онаа втората не онаа понижената, излажаната, омаловажената Македонија туку онаа втората горда, достоинствена чесна, честита каква што е Македонија земја на домаќини, домаќинки чесни, верни луѓе, не Македонија на  неранимајковци, луѓе кои што не ја говорат вистината, истакна Мицкоски.

пред 5 години

Нема фотографија

Фалат снимки од два часа од надзорните камери во теретаната каде вежба Мицкоски

Случајот „Теретана“ поврзан со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски не може да биде затворен се додека не се докаже кога е направена снимката објавена на социјалните мрежи од надзорните камери, вели дополнителната-заменик министерка, Славјанка Петровска за „А1он“.Таа смета дека најголемиот сомнеж дека снимката е од период кога Владата ги затвори теретаните се ракавиците и маските кои се гледаат на снимката, а не верува дека се од отсјај, како што кажа техничкиот министер, Наќе Чулев. Петровска за „А1он“ потврдува дека недостасуваат снимки од две надзорни камери.„И јас и министертот читаме исти извештаи, не знам од каде е потребата да се прескокнуваат пишаните редови. Точно е дека во извештајот кој е доставен до ОЈО стои дека во одреден ден, точно наведен со датум, одредени временски интервали, точно наведени со час, минути и секунди недостасуваат видео засписи од две камери. Се работи за ист временски интервал од отприлика 2 часа. И се работи за датум во периодот додека мерките за заштита од вирусот се активни. Овој извештај не е потпишан од помошниците за внатрешна контрола, затоа што овој е извештај кој го подготвува надлежна организациона единица во СВР Скопје и е потпишан од началникот на таа единица“, вели Петровска за „А1он“.

Македонија | пред 5 години

sead-kocan

И Сеат Кочан во изолација во Идризово

Во затворот во Идризово регистриран е првиот затвореник позитивен на коронавирусот.  Покрај заразениот од вирусот, во изолација се уште десет затвореници од неговата и соседната ќелија кои имале контакт со него.Во изолација е и Сеад Кочан кој еосуден на 4,8 години затвор од страна на апелациониот суд, а по обвинението кое го застапуваше пропаднатото СЈО за предметот „Труст“.фото: Архива 

Македонија | пред 5 години

Mrtvo-telo-autopsija-2-620x350

Шеест и шестгодишен скопјанец бил пронајден починат во неговиот стан

Шеест и шестгодишен скопјанец бил пронајден починат во стан на улицата Козле во Скопје.Од МВР информираат дека вчера во полицијата било пријавено дека од куќата во која живеел подолго време се ширела непријатна миризба, а тој речиси една недела не бил забележан од соседите.„Полициски службеници излегле на местото на настанот, каде што бил пронајден починат Т. Т.. Од лекар од итната медицинска помош била констатирана смрт, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција“, велат од МВР.фото: Архива

Скопје | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања