Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

tepacka-1

Во Скопје во училишен двор нападнати и малтретирани малолетници

Синоќа во 20,20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во круг на училиште на ул. „Призренска“, дошле три непознати лица со возило „фолксваген туран“ со непознати регистарски ознаки и истите започнале да ги малтретираат А.К.(18) и двајца 15 годишни и еден 17 годишен малолетник, а потоа физички нападнале други 15 и 16 годишни малолетници нанесувајќи им повреди.По ова од непознатите лица биле испукани 2-3 куршуми во воздух од пиштол, по што напаѓачите го напуштиле местото. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје при што била пронајдена и подигната една чаура. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полицијата.фото: Архива

Скопје | пред 5 години

vmro-1

ВМРО ДПМНЕ: Не очекуваме на Рускоска и Кацарска да им се допаднат спотовите на ВМРО-ДПМНЕ

Не очекувавме на Вилма Рускоска и Добрила Кацарска да им се допаднат спотовите на ВМРО-ДПМНЕ кои ја отсликуваат вистината, исто како што на Македонија не и се допаѓа тоа што во државата се амнестира криминалот.Вилма Рускоска молчи за изјавата дека се дадени 300 илјади евра на Рашкоски и Заев, за 6-те милиони евра изнуда на братот на судијката Димишкова, за туцето пари на Ден Дончев, за тоа како луѓе од власта нарачуваат палење на автомобили и други случаи. Нема потреба од нови амнестии за Заев, обвинителството го прави тоа за него.Очигледно Вилма Рускоска и Добрила Кацарска освен тоа што не реагираат за криминалот во државата, се чини дека стануваат и адвокати на Зоран Заев.Сигурни сме дека јавноста има уште една шанса на дело да ја види нивната  улога, овојпат како цензор на СДСМ против кампањата на ВМРО-ДПМНЕ.Веројатно спотот со приказната за Зоки, Рада, Вицето и ликот Вилма која дава можност политичарите да одберат обвинение за своите противници дополнително ја допрело обвинителката Вилма Рускоска која во името „Вилма“ се препознала себеси како извршител на нарачките од Заев.Во однос на спотот сите совпаѓања со спотот на ВМРО-ДПМНЕ се случајни, освен оние кои не се!А, за второто видео за кое реагира Вилма Рускоска и Кацарска ја отсликува жалната реалност дека Рускоска и Кацарска станаа синоним за неправдите на Зоран Заев и Луј Витон правниот систем во Република Македонија. Истиот тој систем овозможува неказнивост на криминалот, а тоа  ќе се реформира по 15 јули.фото: Архива  

Слајдер | пред 5 години

darijan

Уапсен синот на легендарниот поп пејач Оливер Мандиќ: Даријан ја претепал мајка си

Синот на пејачот Оливер Мандиќ, Даријан (39), бил уапсен во стан во Белград, бидејќи ја претепал својата мајка Мирјана (64).По повикот полицијата веднаш дошла на местото на настанот, а тој ги спречил во извршување на работата, по што веднаш бил уапсен.Одреден му е притвор до 48 часа и изречена му е мерка за забрана за пристап и комуникација со мајката.фото: Kurir 

Магазин | пред 5 години

besa

Беса: ВМРО-ДУИ можат да формираат коалиција, но во опозиција

Слушнав дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, рече дека не го исклучува Движењето Беса како опција за формирање коалиција после изборите. Прво, ВМРО-ДПМНЕ со овој менталитет може само да сонува дека може да има мандат за формирање влада. Едноставно е истата реторика како оние што имаат „соништа“, бидејќи единствените партии кои не се менуваат во концепт и дејствување се поранешниот режим ВМРО-ДУИ и тие се единствените што можат да формираат коалиција, но овој пат во опозиција“, порача Кастриот Реџепи, потпретседател на Движењето Беса.Според него, Движењето БЕСА е убедено во победата на 15 јули, обезбедувајќи целосен мандат и оставајќи го претходниот режим во опозиција.„Коалицијата ‘Можеме’ е концепт на напредок, развој и заложба за обезбедување подобра иднина за граѓаните на Северна Македонија“, додава тој.https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=320628915996031&id=116436536415271

пред 5 години

kacarska

Кацарска: Со ваквата негативна кампања ВМРО ДПМНЕ си прават повеќе штета

Судијката Добрила Кацарска која исто така се најде на еден од последно објавените изборни спотови од страна на ВМРО-ДПМНЕ, за ТВ21 вели дека ова не е прв пат ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски да ја споменуваат во кампања.„Со ваквата негативна кампања сметам дека прават повеќе штета на својата партија. Партиите добиваат државни пари, за да ја рекалмираат својата кампања и своите кандидати“, изјави Добрила Кацарска за ТВ21.Кацарска додава дека со ова, партијата ги злоупотребува парите на даночните обврзници.Инаку во изборен спот на ВМРО-ДПМНЕ, се наоѓа и обвинителката Вилма Рускоска која за ТВ21 вели дека веќе поднела и опомена пред тужба до партијата.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

tepa-zena

Кавадарчанка повредена при расправија со соседите

Синоќа во 20.20 часот во ОВР Кавадарци, Д.С.(58) од Ваташа, Кавадарци пријавила дека истиот ден околу 17.15 часот на ул. „Диме Чекоров“ во нејзиниот двор од семејна куќа, по претходна расправија била физички нападната со дрвен предмет од нејзините соседи Б.П. и неговата сопруга Б.П. која и упатувала навреди и закани. Од нападот таа се здобила со повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полицијата.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

trajkovski

Македонски интернист во Германија: Има луѓе кои не веруваат дека вирусот постои, а сепак болниците се полнат

Горан Трајковски од Скопје веќе пет години живее и работи во Нирнберг, Германија. Истовремето, тој е и специјализант по интерна медицина, а во болницата во која работи, се среќава и со пациенти заразени со Ковид-19.Во нашата земја од почетокот на јуни рапидно почна да расте бројот на заболени од корона вирусот, а Трајковски низ „негови очи“ се обиде да ја искоментира состојбата во нашата држава, објави Фокус.мк. Според него, порастот на бројот на заболени во Северна Македонија може да се должи на неколку работи.„Засилено тестирање и со тоа детектирање на повеќе случаи и намалување на „црната бројка на заразени“.2. Опуштање на мерките што логично води до зголемување на бројот на заразени, но не значи дека е грешен потег. Целта на секоја држава е да се опуштат мерките до ниво на кое што здравствениот систем ќе биде подготвен да се справи со бројот на заболени и на тој начин ќе се обезбеди функционирање на општеството не само на здравствено туку и на социо-економско поле. Поради ова е важно постепено укинување на мерките за да не дојде до нагол наплив на пациенти во болниците и со тоа преоптеретување на системот што придонесува за лоша прогноза на болеста.3. Недоволно почитување и спроведување на мерките од Владата.4. Самата природа на вирусот: да не ја заборавиме силата на природата и дека иако е 21 век, некои работи се надвор од наша контрола“, анализира Трајковски.Како што истакна тој за Фокус , за ваквата ситуација во која се наоѓа моментално нашата земја, треба да се изнајдат креативни решенија, а не да се бараат виновници.„Мерките кои ги презеде државата се истите кои се превземаат во остатокот од светот. Број 1 и најважна мерка применета уште во времето на шпанскиот грип е социјално дистанцирање. До каде ќе се одведе таа мерка зависи од моменталната ситуација, односно тоа е спектрум на мерки почнувајќи од држење дистанца помеѓу луѓето се до полициски час. Другите мерки во однос на обезбедување доволен медицински капацитет и стручност за конкретниот проблем како и работа на изнаоѓање лек/вакцина, експериментални студии секоја држава ги спроведува според своите капацитети“, додава тој.Но, во нашата земја се уште има луѓе кои не веруваат дека вирусот постои и дека е измислен, додека пак од друга страна се полнат болниците со заразени од Ковид-19.„Теориите на заговор се секогаш интересни и примамливи, посебно во ситуација каде што постои голема недоверба во официјалните државни органи. Постои и психолошки бенефит за оној кој верува во одредена теорија на заговор, односно чувство на поголема контрола и на сфаќање на овој комплициран свет. Тоа во комбинација со лошо медицинско или општо образование доведува до таков резултат. Такви ситуации во Германија јас не сум доживеал и не е тема на разговор во круговите во кои јас се движам, но, сигурен сум дека постојат“, додава нашиот соговорник.Текстот во целост на: ФОКУС.МК

Македонија | пред 5 години

Tabeli-juni-9

Во Охрид 161 активен случај со КОВИД 19 и оздравени 9 пациенти

Седмичниот билтен на Центарот за јавно здравје од Охрид што ги опфаќа општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа покажува дека во периодот од 27 јуни до 3 јули лабораториски е дијагностицирано присуство на КОВИД-19 кај 50 лица од Охрид, 52 лица од Струга и 13 лица од Дебар.Изминатата седмица од вкупно земените 280 материјали за испитување 176 се собрани според епидемиолошки индикации (лица кои исполнуваат критериуми за дефиниција на случај) (Охрид и Дебрца 73, Струга и Вевчани 66, Дебар и Центар Жупа 37), а 104 материјали зе земени при скрининг тестирањето со упат од матичен лекар и тоа Охрид и Дебрца 56, Струга и Вевчани 48.На домашно лекување во Охрид се 75 лица инфицирани со короновирусот, во Струга 78 пациенти, а во Дебар десет пациенти. Во Охрид има 161 активен слуачај на коронавирус, во Струга 148, а во Дебар 51. Во овој период оздравени се девет лица од Охрид, десет лица од Струга и четир лица од Дебар. Изминатата седмица се регистрирани седум смртни случаи поврзани со Ковид-19 од кои едно од Охрид и шест лица од општина Струга.Кога станува збор за вкупниот биланс од почетокот на епидемијата заклучно со вчерашниот ден Ковид-19 е регистриран кај вкупно 537 лица во односните општини и тоа 190 лица во општините Охрид и Дебрца, 245 лице во општините Струга и Вевчани и 103 лица во општините Дебар и Центар Жупа. Оздравени пациенти од Охрид се 29, од Струга се 97, а од Дебар и Центар Жупа се 52 пациенти. Во Охридско починати се 5 лица, во струшко 26, а во Дебар и Центар Жупа четири лица.

Македонија | пред 5 години

bacev

Бачев од Куманово: Најбитно е да си ја вратиме државата

Некаде сме на средината од изборната кампања и можам со големо задоволство да кажам дека народот масовно ја прифаќа нашата платформа, денеска сме меѓу кумановчани. Значи нашите стратешки определби во платформата “Битка за Македонија” народот ги препознава.Ова се десет стратешки определби со кои си ја враќаме државата назад, а потоа е многу лесно да ги решиме реалните проблеми на народот. Исто така покрај стратешката платформа предвидуваме 1066 мерки од економскиот дел, затоа народот може да биде спокоен и во таа насока.Сега најбитно е да си ја вратиме државата. Со овие стратешки определби ги поништуваме анти-македонските договори, кој ги склучи оваа марионетска власт со Грција и Бугарија. Го поништуваме фалсификуваниот попис од 2002 година со кој албанците лажно беа прикажани дека се 25,17% и ќе спроведеме реален попис.Големо е задоволството еве денеска и меѓу кумановчани ја делиме нашата платформа. Убеден сум дека веќе народот нема да погреши. Народот веќе нема право на грешка, бидејќи гледате веќе имаме две партии кои што 30 години лажат, крадат ја растураат државата. Тоа всушност не се две партии, тоа е една партија која ние ја нарекуваме “Погреб за Македонија” составена од ДПМНЕ и СДС кој што континуирано го рушат македонскиот народ.Сега ќе видиме дали на 15 јули ќе успеат да го излажат народот ДПМНЕ и СДС. Убеден сум дека овојпат народот ги препознава нивните предавнички политики и нема да згреши на овие избори. На 15 јули ќе престанеме со националните предавства. На 15 јули ќе престанеме со наредбите од странство. На 15 јули ќе победи народот. Затоа овие избори за нас се повеќе од вообичаени избори. Овие избори се всушност референдум на кој што народот ќе одлучи, или ќе се зациментира се што е македонско или ќе победат националните и патриотски сили кои што ќе ја вратат Македонија на изворните архиреденски и атомски принципи.Главата горе македонци ова е наша држава, ние одлучуваме!  На 15 јули гласајте за “Единствена Македонија” и коалицијата “Никогаш северна, само Македонија” да си ја државата назад и да ја направиме Македонија убаво и пристојно место за живеење, порача Бачев во своето обраќање од Куманово.Професорот пак Јове Кекеноски кој е Претседател на Фронт за демократска Македонија (ФроДеМ)  и дел од коалицијата „Никогаш северна, само Македонија“ во Куманово истакна:Она гревчено Никола Димитров на гурбет во СДССМ вчера вели ,,Преспанскиот договор се разбира дека е ратификуван во согласност со Уставот, за него гласаа подоцна и со уставните измени 2/3 од пратениците во Собранието, а го поддржаа близу 610 000 граѓани”.Сакам од патриотското Куманово на овој носител (амал)на туѓиот и сопствениот срам да му порачам дека:Прво: повеќе од 1.200.000 граѓани на Република Македонија не гласаа за прифаќање на Преспанскиот договор и промена на името;Второ: Ако е глув и слеп му порачувам да му го преведат или пак да најдат начин да му соопштат дека постои Решение на ДИК каде Референдумот е официјално констатиран и прогласен за неуспешен,Трето:  Уставните измени се направени со сила, со уцена на дел од пратениците и со амнестирање на пратеници сторители на кривични дела кои се оквалификувани како учество во терористичко загрозување на уставниот поредок,Четврто: Како дипломат кој растеше и учеше во времето на ДПМНЕ можел да се информира дека за пречекорување на службената позиција постои одговорност. Виенската декларација за договорно право и можел нешто да научи наместо да глуми манекен и дечко за сé.Петтто. Овој Димитров нека не мисли дека нема да поведеме постапка за одговорност за неовластено потпишување на Договорот од Преспа. Нека не си прави бајрам со умот дека ке ни избега во некоја држава: Јаноста мора да знае дека Димитров воопшто немал мандат да биде потписник, бидејќи овој договор не е технички, туку суштински, идентитетски. Преспанскиот договор навлегува во внатрешни прашања во рамките на уставното право, според кои единствен што има мандат да потпишува такви договори е претседателот на Република Македонија.Добро е што полицијата го повикала еден од актерите во објавените аудио бомби, меѓутоа бараме неселективност во постапувањето. Сакаме да ги потсетиме дека постојат и други разговори каде се сторени сериозни кривични дела како Давање и примање награда за противзаконито влијание по Член 358-а и 359 од КЗ на РМ каде се правеле напори да се руши СЈО и да се спаси инвлвираните во случајот ИмпрријаЗа време на корона кризава Куманово претрга многу. Претрга од своите. Централната власт и техничкиот премиер му се налутија на градоначалникот, а трпеа граѓаните. На повикот да се воведе посебна состојба во општината Куманово, Централната власт од каприц и поради нерасчистени партиски сметки и математики реагираше мошне доцна. Каде беа пратениците од Куманово и од ИЕ 2 да се вклучат и да ја расчистат оваа трагикомедија која се одигруваше на релација централна –локална власт?. Пратениците молчеа или тивко факаат страна на владата. Ги заборавија оние кои ги избрааа. Е затоа нашите пратеници нема да бидат партиски послушници.Ниските пензии и високите цени за сместување во приватни пензионерски домови им создаваат големи проблеми на пензионерите и нивните семејства. Затоа во првата година од нашиот избор ќе се заложиме да изградиме најмалку 20 старечки домови (од кои 2 во Куманово) по принципот на јавно приватно партнерство за сите стари лица кои имаат ниски примања. На овие лица државата ке им субвенционира најмалку 50% од трошоците за сместување во домовите се сé цел и тие да можат безгрижно да ги минат пензионерските денови.Корона вирусот во Македонија урива црни рекорди, небарем сме во XIV век. Централната власт е немоќна. Техничкиот премиер Вашиот кумановец Оливер се покажа неспособен, а од друга страна бара повторно мандат. За што бара повторно мандат?.За да повторно ја почуствиваме на наша коѓа неговата неспособно. Затоа треба да му се заблагодарите и да го пратоте во историјата. Исто е и со оние насилиниц кои денес слушаме како се закануваа од позиција на власт на избирачите. Зарем повтроно ке избираме вакви неотесанковци, храбри и дрски само кога се на позиција, а кои предат као мачиња и цололат кога се надвор од власта.Затоа на 15 јули драги наши Кумановци го бараме Вашиот глас да расчистиме со сите нивПоранешниве беа класични арамии, а сегашниве софистицирани рекетари;И едните и другите нелегално снимаат, уценуваат, рекетираат и диктираат пресуди;Сегашниве го продадоа името, поранешните асистираа;Меѓусебно се штитат, заташкуваат арамилак и се амнестираатВРЕМЕ Е ЗА ОДГОВОРНОСТ И КАЗНА.ВРЕМЕ ДА ИЗБЕРЕТЕ НАРОДНИ ПРАТЕНИЦИ, А НЕ ПАРТИСКИ ПЛАТЕНИЦИ и ПОСЛУШНИЦИВИДЕО ОБРАЌАЊЕ НА ЈОВЕ КЕКЕНОСКИ

Слајдер | пред 5 години

Screenshot_67

Честитка од Заев за Денот на независноста на САД

Претседателот на СДСМ Зоран Заев, испрати честитка по повод 4 јули, Денот на независноста на Соединетите Американски Држави.Во честитката меѓудругото стои:„На 4 јули 1776 година, пред 244 години, беше усвоена Декларацијата на независност на Соединетите Американски Држави. 4 Јули, Денот на независноста, е најголемиот празник на САД, а воедно е и одлична прилика за прослава на демократските вредности и идеали кои се темел на САД, и кои се заедничка основа на нашето блиско пријателство и стратешко партнерство.Од нашата независност до денес, не сме имале поголем и попосветен партнер и поддржувач како што тоа биле САД. Секогаш биле со нас, и кога ни било тешко, давале помош и поддршка за заедно да ги надминеме премрежјата и проблемите со кои сме биле соочени. Секогаш биле и со нас кога сме постигнувале успеси и кога сме славеле, оти споделената радост со искрени пријатели е поголема радост, а споделениот успех е поголем успех.Благодарение на нивната помош и поддршка, за многу кратко време успеавме да ја вратиме демократијата во нашата држава, да ги зајакнеме нашите институции, да ја поставиме државата во вистинска насока и да ги реализираме нашите стратешки цели.Денес, имаме постабилна држава, посилни институции, поразвиена економија, подобри односи со соседите, и сме полноправна членка на НАТО. Седиме на иста маса со нашите сојузници, рамо до рамо, со САД и со другите НАТО земји членки.Еднаков дел сме од големото транс-атлантско семејство на народи. Заради нашето партнерство и заедничка соработка со САД, нашите граѓани денес уживаат поголеми слободи и права, во постабилна, побезбедна и попросперитетна држава.Секогаш сум искажувал благодарност за срдечната, континуирана и дво-партиска поддршка што Република Северна Македонија ја добивала од САД, во сите мои средби и состаноци со конгресмени, сенатори и други претставници на САД, вклучително и во средбите со поранешниот потпретседател Џо Бајден, сегашниот потпретседател Мајк Пенс и претседателот Доналд Трамп.Остануваме посветени на натамошно унапредување на нашите односи, како традиционални партнери и сојузници во НАТО“.

Актуелно | пред 5 години

ruskovska-skopje1

Русковска доставила опомена пред тужба до ВМРО ДПМНЕ, поради предизборен спот

Шефицата на Основното јавно Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, вчера до Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ преку полномошник доставила опомена пред тужба за клевета. Повод за ваквиот потег на обвинителката, бил дел од содржината на изборниот спот на опозициската коалиција, насловен како „Криминална приказна“.Во предизборниот спот мајката го прашува детето која приказна сака да му ја прочита, а нејзиниот избор паѓа на приказна, која во спотот е прикажана со наслов: „Зоран и илјадниците ветувања“. Во нарацијата како главни протагонисти се спомнуваат „Црвенкапа, Зоран, Вицето и Рада“. Приказната што мајката му ја раскажува на детето, завршува со порака на Зоран до Црвенкапа: „Многу прашуваш ти, ќе ми направиш проблеми. Имам претчувство дека Вилма ќе те викне да си одбереш за што да ти покрене обвинение”.Нарацијата завршува со констатација „…И сите криминално си живееја. Потоа им дојде даскалот“, а спотот завршува со партиската порака „Време е за посреќна приказна за вашите деца“.Обвинителката Русковска потенцира дека одбива да биде поврзувана со која било партија.„Јас како обвинител повеќе од 23 години, во сите предмети по кои сум постапувала сум се водела исклучиво по Закон и доказите кои сум успеала да ги обезбедам. Сакам да потенцирам дека никогаш не сум дозволувала политиката да влијае на моите одлуки. Политичарите се менлива категорија, а ние обвинителите треба нашата функција да ја извршуваме најпрофесионално, законито и според доказите кои сме успеале да ги обезбедиме. Впрочем, и затоа граѓаните не плаќаат.Oд овие причини, одбивам да ме поврзуваат со која било политичка партија и да бидам злоупотребувана вo политички спотови. Не сум член на ниту една политичка партија, нешто што може многу лесно да се провери. Дотолку повеќе, што јас сум единствениот обвинител од осамостојувањето на Македонија, што има поднесено oбвинение против потпретседател на Собрание од редовите на, тогаш владејачката партија, СДСМ“, вели Русковска за Дојче Веле.фото: Архива 

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Моќно видео кое нѐ потсети на суштината на човековото живеење на планетата Земја

Деновиве на социјалните мрежи вирално се прошири навидум едноставно, но моќновидео кое нѐ потсети на суштината на човековото живеење на планетата Земја - што секој од нас прави за светот да биде подобро место за живеење.Одговорите поделени, заклучокот - не правиме доволно, а пораката само една: секој од нас ја има моќта да направи промена.На крајот на денот, личноста зад завесата ја дели истата иднина како вас, иднина во која треба да се вложува, иднина во која го дишеме истиот воздух, иднина во која треба меѓусебно да се почитуваме и да ги прифаќаме различностите, но и да живееме во хармонија со природата - затоа што само така ќе го направиме светот подобро место за живеење.Социјалниот експеримент кој за кратко време доби преку 100.000 прегледи е дел позитивната политичка кампања на партијата ДОМ за претстојните предвремени парламентарни избори, со слоганот „Иднината е зелена!“.https://www.facebook.com/zelenapartija/videos/961243530965642/?v=961243530965642

Слајдер | пред 5 години

Hristijan-Mickoski

Мицкоски: Кој го тераше Заев да прифати сведителствата на дечињата да бидат со новото име, тоа никаде не го пишува во договорот

Синоќа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски гостуваше во „360 степени“ при што посочи дека ултиматумите ќе потсетуваат на предавството и манипулациите на Зоран Заев и СДСМ. И тука нема апсолутно никаква дилема.„Никаде не пишува да се променат сведителствата. Кој го тераше Зоран Заев да ги промени сведителствата, кога ние се уште не сме го отвориле поглавјето“, истакна Мицкоски.Мицкоски додаде дека студенти кои што завршуваат и дипломираат и на диплома на која им пишува Република Македонија, и пак го продолжуваат своето образование во врвните универзитети по светот, и никој не им прави проблем ако пишува на дипломите Република Македонија.„Јас сум сигурен во ова што ви го зборувам,  јас можам и примери да ви ускажам. Има студенти кои студираат без проблем во Франција - Париз, во Швајцарија. Ние имаме дипломци кои по светот студираат со дипломи на кои пишува Република Македонија. Немојте да мислите дека оваа административна пречка го натерала Зоран Заев. Не, затоа што тие кога имаа слабост во сите области корупција, криминал, немање реформи, лоша економија, буквално катастрофа во се, единствено најлесно што останува е вратоврската  и да потпишете една ваква капитулација“, нагласи Мицкоски.             фото: Архива  

Слајдер | пред 5 години

ScreenCapture_2020-7-3-23.05.23.00_00_37_08.Still001

Мицкоски одново најави правда за секого

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар за премиер, во вечерашната емисија „360степени“ на телевизија Алсат, посочи дека секој треба да се соочи со правдата.-Секој треба да се соочи со правдата, без оглед дали тоа бил Никола Груевски, Христијан Мицкоски, Зоран Заев или било кој друг, вели Мицкоски.Мицкоски додаде дека во случајот Рекет имаше исказ дека парите завршиле некаде, а ништо не се случило и никој не ги повика тие луѓе, а на снимките имаше брат на судијка којашто го замрзна имотот на ВМРО-ДПМНЕ, Русковска вели дека снимката била дел од постапката, а никој не го викнал тој човек да даде исказ.-Ние мораме да наметнеме институт на одговорност, имаме првостепена пресуда за случајот Рекет, знаете за заканите по живот коишто ги доби еден од осудените во овој случај, знаете за еден друг случај каде што со исказ за исто така осудено лице се користеше судството во доказна постапка и осуди едно чудо луѓе во затвор на 13, 15, 17 години, вели Мицкоски.

Македонија | пред 5 години

durloski

Заев: Дурловски ќе не убиеше за 200.000 евра

Времето на национализам и лажен патриотизам е завршено. Најголем патриот е оној којшто носи храбри одлуки за иднината. Стратешката цел за членството во НАТО и почеток на преговорите со ЕУ ја остваривме, порача лидерот на СДСМ Зоран Заев, кој е носител на пратеничката листа во 4 ИЕ.-Во преговарачката рамка не случајно е напишано сите акти да се преведат на македонски јазик, на македонски, не на северџански, како што оние од ВМРО-ДПМНЕ ни го навредуваат јазикот – рече Заев на трибина на СДСМ и коалицијата „Можеме“ којашто се одржа на Универзитетот ФОН.Тој посочи дека ДПМНЕ и Мицкоски нема што да им понудат на граѓаните освен стиропор патриотизам бидејќи, како што рече, тие се партијата која 11 години ја урнисуваше економијата, ги крадеше парите од граѓаните и ја уназадуваше државата на секое поле.– Се е исто, тие се луѓето на Груевски. Мисајловски му беше министер и цело време во неговата прва екипа. Мицковски му беше шеф на штаб, генерален секретар, советник, директор на ЕЛЕМ. Игор Јанушев, насилникот што денеска го слушаме што шета по истокот се обидува да добие гласови и зборува за правда, родова еднаквост. Николоски бандит невиден, само Милошоски е поголем бандит од него. Дурловски за 200.000 евра ќе не убиваше, и сега неговото враќање во Парламентот е враќање на местото на злосторството – истакна Заев.

Македонија | пред 5 години

ahmeti

Ахмети му стави кече на Гоце Делчев

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети денеска од Камениот мост се наврати на минатото и порача дека Гоце Делчев соработувал со албански и македонски патриоти и дека не се кае за тоа што изјавил дека треба да се почитува неговата мисија, односно како што вели тој – делчевизмот.-Од ова место, не далеку од тука, Скендербег нѐ гледа. Недалеку од пред 100 години на овој мост имаат поминато Хасан Приштина и Иса Болетини кои никогаш не ги негираа и другите нации кои живееле на овие подрачја. Имало соработка на Албанските патриоти со македонските движења, и не се каам што сум рекол дека треба да се прифати Делчевизмот, значи да се прифати Гоце Делчев бидејќи соработувал со албанските патриоти. Имам порака за новите политичари на ова земја кои прават хомогенизација за едно челично обединување помеѓу нив, само премиерот да не биде Албанец, нека се вратат во минатото и ако имаат почит за Гоце Делчев ќе видат дека тој има одржано говор пред Албанците со бело кече. Ако тие се потомци на Гоце Делчев, ова кандидатура требаше да ги направи среќни, рече Ахмети.

Македонија | пред 5 години

policija-1

Маж од Кочани одбил да стави маска во маркет, пМаж од Кочани одбил да стави маска во маркет, па го нападнал вработениот

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против В.Ѓ.(32) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.На 28.04.2020 пријавениот влегол во маркет каде од вработената му било укажано дека треба да носи заштитна маска. Тој почнал да ѝ  упатува закани, а кога другиот вработен В.С. му рекол да го напушти маркетот, В.Ѓ.  физички го нападнал, користејќи и тврд предмет.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

mickoski-1

Мицкоски: На 15-ти јули доаѓа Обновата на Македонија и времето кога секој ќе одговара за сторен криминал

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски се обрати на собирот во Сопиште од каде што порача дека граѓаните мора да знаат што се направи СДСМ во изминатите три години.Мицкоски истакна дека да се заблагодарува на сите кои од доцните осумдесети и раните деведесети години учествувале во создавањето на суверена и независна држава, фудбалска репрезентација, македонска армија, македонски банкноти.Исто така Мицкоски се заблагодари на целото членство на ВМРО-ДПМНЕ, на сите структури кои се двигател на партијата. Еден од најголемите поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ е исто така коалициониот партнер Љупчо Димовски кој со сите свои постапки покажа дека е ВМРО.Христијан Мицкоски потенцираше дека ова се најважните избори, но не само поради тоа што пред нас е исправен најголемиот предизвик во врска со Ковид-19 вирусот, туку предизвикот за тоа во каква држава сакаме да живееме.Изборот на овие избори е историски. Одлуката е дали сакаме Македонија која ќе биде понижена и посрамена или Македонија со исправена кичма и гордо крената глава.ВМРО-ДПМНЕ ќе мора да ја одбрани државата од сето зло кое сега СДСМ го нанесе на македонскиот народ, но и да ја одбрани честа на сите наши предци.ВМРО-ДПМНЕ преброди многу критики, но тие критики не направија помудри и посилни.На 15-ти јули уште во седум часот наутро ќе се наговести најголемата победа во историјата на Република Македонија. На 15-ти јули Сопиште ќе ја поддржи Гордана Силјаноска Давкова.Оваа апокалипса која што и се случува на Република Македонија мора да престане. Обврска на ВМРО-ДПМНЕ е да ја сопре оваа појава и да ја донесе обновата.Мицкоски истакна дека никогаш повеќе не смее да се дозволи државата да ја водат неразбрани политичари кои би се дрзнале на распродажба да стават национални интереси, само за сопствени придобивки.На 15-ти јули народот ќе го заокружи бројот 14 и ќе го победи Зоран Заев и СДСМ. Тука завршува нивната лажна приказна.Императивот на ВМРО-ДПМНЕ не е ниту криминал, ниту нечесната работа, ниту понижувањето на својот народ, туку Македонија.СДСМ и Зоран Заев за три години не направија ништо од ветеното. Ниту автопати, ниту студентски домови, ниту 500 евра просечна плата, ниту пак ги вратија оние млади луѓе на кои им ги оставија чевлите пред Владата на Република Македонија.СДСМ лажеше за тажни судбини. Ги искористија на подол начин судбините на децата од Смилковско, на Јанушев, Кољо, Младенов.Лажеа за илјада работи, манипулираа со човечки животи. Но за сето тоа ќе има правда. Во првите шест месеци од новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ правдата ќе биде безусловна, а толеранцијата сведена на нула. Таа правда ќе важи за секој подеднакво.ВМРО-ДПМНЕ ќе го започне ветингот од сопствениот двор. Секој политичар ќе мора да докаже како го стекнал својот имот. Да се види кој чесно работел, а кој творел на грбот на народот.Независно за кој политичар се работи и дали е од една или друга политичка партија, правдата ќе важи за секој подеднакво. Без исклучок.Сето тоа е во програмата на ВМРО-ДПМНЕ наречена Проект – Обнова. Испишани 360 страници на кои има над 1000 проекти. Во неа има 25% поголема просечна плата за еден мандат, 20% поголеми пензии за еден мандат, најмалку еден универзитет од првите 1000 во светот. Проекти со јасна методологија за народот да следи, а ВМРО-ДПМНЕ да даде отчет за сработеното.Оваа програма е напишана со врвни професионалци од сите сфери кои се дел од партијата, дел од структурите на партијата, некои и не се дел од партијата но се пријатели кои искрено сакаат да помогнат во обновата на Македонија.ВМРО-ДПМНЕ се обврзува да обезбеди сигурно здравство, а не да стравуваме за животите на нашите сограѓани поради несоодветен пристап. Здравството е еден од најважните темели на една држава.Мицкоски додаде дека во програмата е јасно кажано дека ВМРО-ДПМНЕ посакува НАТО и ЕУ интеграции, но никогаш под туѓ диктат и под уцена за распродажба на националните интереси.Факелот за Македонија ќе гори се додека не екне во полн сјај онака како што заслужува нашата татковина.Мицкоски беше дециден дека нема да дозволи ничив образ да биде оцрнет, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ ќе работи деноноќно за исполнување на сите ветени проекти од изборната програма.На 15-ти јули да се заокружи бројот 14 пред професорката Гордана Силјановска Давкова. Да се поддржи жената која е инспирација сама по себе.Македонија и ВМРО-ДПМНЕ ќе победат и тоа е неминовно.Да е вечно ВМРО-ДПМНЕ!Да е вечна Македонија!

Актуелно | пред 5 години

janusev-1

Јанушев: Промоција и поддршка на македонските компании за настап на странски пазари

Игор Јанушев, носителот на листа на изборна единица 3 и Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ денеска е во посета на општина Делчево каде што ја посети текстилната фабрика Витекс во Делчево.Јанушев посочи дека идната влада на ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на подобрување на животниот стандард на граѓаните, повисока стапка на економски раст, креирање на нови високо платени работни места, зголемување на платите и стандардот на работниците, пораст на домашните и странски инвестиции, но и зголемување на извозот.Јанушев вели дека со проектот Обнова на Македонија се обврзуваат на системска, аналитичка, институционална, финансиска и логистичка и друг тип на државна поддршка за македонските извозни компании и нивна промоција за настап на странски пазари, како и формирање на таканаречени извозни промотори за поддршка на извозот на домашните компании и производи на нови пазара низ светот.Ја посетивме текстилната фабрика „Витекс“ во Делчево. Текстилната индустрија е водечка во овој регион. Затоа во програмата се обврзавме на реализација на повеќе проекти кои се однесуваат на оваа гранка, кои ќе потпомогнат во модернизација и подобрување на извозните перформанси, вели Јанушев.

Актуелно | пред 5 години

Нема фотографија

Шекеринска: Каде беа Мицковски и Дурловски кога Груевски го правеше Охрид - Лас Вегас?

Заменик претседателката на СДСМ, попладнево во Охрид разговараше со охриѓани за приоритетите на СДСМ во областа на инфраструктурата и туризмот. Притоа го презентираше досега сработеното а ја претстави и изборната програма на коалицијата „Можеме“.Во изјавата за медиумите таа потсети на огромната опасност со која се соочува Охрид и охридското езеро за губење на статусот во УНЕСКО и меѓудругото изјави:Охриѓани памтат кој го доведе Охрид и охридско во опасност, паметат дека кога можевме да го изгубиме статусот на УНЕСКО, молчеа и Мицковски  и Дурловски.Тие двајца беа неми извршители на планот на нивниот ментор Груевски да го  претвори Охрид во нов Лас Вегас. Денес охриѓани може да бидат мирни, нивните злодела заминаа во историјата а статусот во УНЕСКО го браниме по секоја цена. Никој не е над законот.Тоа го покажуваме секој ден. Општината Охрид секој ден го ослободува узурпираното крајбрежје. За прв пат нашата влада го донесе планот за управување.Според УНЕСКО, тој требало да биде донесен уште во далечната 2009. Ние ги послушаме експертите и граѓаните. Се што беше добро предложено беше прифатено. Со Албанија работиме мерките да се спроведуваат на двете страни на границата.

Слајдер | пред 5 години

nikoloski-1

Николоски пласира лажна вест за затворање на Дрекслмајер, од фабриката велат, го шириме производството

Голема паника денеска создаде во Тиквешијата  тврдењето изнесено на предизборен митинг во неготинското село Криволак од носителот на изборната листа на ВМРО-ДПМНЕ во четвртата изборна единица Александар Николовски, дека ќе се затвора фабриката „Дрекслмајер“. Тој обвинувајќи ја  СДСМ посочи дека се затворале фабрики во минатото, а сега се затвораат и новите, објави mms.mk.„Беа на власт во деведесетите години ги затворија сите големи гиганти кои тогаш постоеја. Еве ги на власт овие три години пак ги затвораат новите гиганти. Ако во деведесетите години ја затворија фабриката за кабли во Неготино, сега ја затвораат фабриката „Дрекслмајер“ рече Николовски.Порталот пишува дека стапиле во контакт и со службата за односи со јавноста во оваа германска компанија во која се вработени близу 6000 луѓе од тиквешијата и околните градови. Рекоа дека станува збор за лажна вест и дека тие напротив планираат да го зголемуваат производството.Истото во изјава за канал 77 го потврди и градоначалникот Митко Јанчев.„Јас сум изненаден од таквите шпекулации. Имам чести комуникации со менаџментот. Имав комуникација и сега и тие се изненадени од таквите шпекулации. Дрекслмјаер не се затвора, туку напротив, од август почнува со сто процентно производство и ќе се примаат уште работници. Дрекслмајер за наредните пет години има менаџментски  договори  и планови за работи“ изјави Јанчев и апелираше до политичките партии за време на предизборна кампања да не ги мешаат приватните комапнии во нивните настапи.фото: Архива 

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

(ФОТО)Георгиески: Во тек се интензивни градежни активности за реконструкција на неколку важни сообраќајници

Ги препознаваме најважните потреби на граѓаните и особено сме посветени на вложувања во инфраструктурата, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.До сега реализиравме голем број квалитетни проекти, а во тек се интензивни градежни активности за реконструкција на неколку важни сообраќајници, со кои Охрид добива улична мрежа според сите современи стандарди.Со темелен пристап и голема сериозност, продолжуваме да работиме одговорно и домаќински за да обезбедиме подобри услови за сите жители на општината, напиша градоначалникот на ФБ. https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/pcb.628360781102862/628360377769569/?type=3&theater

Македонија | пред 5 години

ohridskoezeromart

Маж се удави во Охридското Езеро, еве ги деталите

Безживотно тело на средовечен маж попладнево е пронајдено во водите на Охридското Езеро. Случајот во полиција бил пријавен од страна на случајни минувачи кои го забележале телото на самиот кеј „Македонија“ во градот.На лице место излезени се екипи на крим техника на СВР Охрид, како и екипа на Службата за итна медицинска помош која ја констатирала смртта.Станува збор за лицето С. Ј. на 49-годишна возраст од Охрид. Причините за настапувањето на смртта ќе ја утврди обдукцијата.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Филипче од Охрид: Платите на докторите специјалисти во „Св. Еразмо“ зголемени за 27 илјади денари

Денеска, министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче ја посети Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“ во Охрид.Во оваа јавно-здравствена установа, согласно протоколите за спречување на ширење на коронавирусот, времено во функција е ставен новиот амбулантски дел, каде се третираат пациенти, како и посебен дел за пациенти со ковид-19.На средбата со директорот и вработените, министерот Филипче се заблагодари на целиот медицински персонал за макотрпната работа и напорите кои ги вложуваат за спас на секој живот, особено сега, во справувањето со пандемијата предизвикана од корона вирусот.„Во изминатите две и пол години значително ги зголемивме платите на сите здравствени работници. Согласно тоа, во просек, доктор специјалист во оваа установа во 2017 година примал 53.015 денари нето плата, а со сите покачувања, сега докторот специјалист во истата установа прима 80.291 денари нето плата. Платата на медицинска сестра со висока школа од  26,740 денари нето во 2017 година, во 2020 година е зголемена на 32.315 денари.“ – потенцираше Филипче.Во Специјалната болница, во изминатиот период значително се подобрени и условите за пациентите и вработените, а во кругот на болницата е отворен и Центар за рехабилитација, едукација и сензорна интеграција за лица со аутизам, АДХД и Аспергер синдром.И покрај процесот на реконструкција во болницата се извршуваат сите предвидени активности по Планот за вид и обем на здравствени услуги во специјалистичко консултативна здравствена заштита и болничка здравствена заштита.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Филипче: Границите остануваат отворени додека не се добијат потребните информации за епидемиолошката слика од соседните земји

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче денеска од Охрид информираше дека Комисијата за заразни болести претпладнево остварила комуникација со претставници на околните земји и до крај на денот се очекуваат информации за состојбата со корона вирусот во целиот регион.Комисијата ја следи состојбата и засега границите остануваат отворени додека не се добијат потребните информации за епидемиолошката слика од соседните земји.„Последните статистики насекаде во светот покажуваат дека пандемијата не спласнува, има се повеќе пациенти, секаде каде се опуштаат рестриктивните мерки има многу нови заразени. Имаме податоци за поголем број заразени и во околните земји. Утрово на Комисијата за заразни болести направивме една интензивна комуникација со претставници на здравствените институции и здравствените власти во сите околни земји со цел да ја согледаме вистинската епидемиолошка слика во целиот регион и дел од тие информации очекуваме да стигнат до крајот на денот“, потенцираше министерот Филипче во изјава за медиумите.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања