Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

Нема фотографија

Јован Митрески од Струга: Новата стабилна влада на СДСМ ќе го реформира и однесе образованието во 21 век

Ко-носителот на листа на коалицијата „Можеме“ - Јован Митрески, денес во Струга имаше работна средба со наставниците, професорите и другите засегнати страни во образовниот процес во изборна единица 5.На средбата тој истакна:Ова прашање како и многу други не го изоставивме и во Струга. Наша задача е да создаваме услови за подобро образование.  Не бегаме од одговорноста како влада, но мора да бидеме реални, имавме само две ипол години затоа  бараме стабилен мандат од граѓаните.Образованието е најважната алка во развојот на едно општество.Треба постојано да го надградуваме и изнаоѓаме најдобри начини секое едно дете да има пристојни услови и да може да го следи образовниот процес во континуитет.Денес на оваа тема имавме можност заедно со заменик министерката за образование и наука Елизабета Наумовска и кандидатот за пратеник Жаклина Лазаревска да продискутираме на оваа тема со наставниците, професорите и другите засегнати страни ви овој процес и да дадеме импакт во понатамошниот развој.

пред 5 години

3-1

Општинскиот кризен штаб со конкретни превентивни насоки на делување во Битола

Општинскиот кризен штаб во Битола денес повторно се состана и ги разгледа состојбите и последиците по синоќешните врнежи од дожд. На терен делуваа екипи во текот на целата вечер, се интервенираше со пумпи во над 20 објекти, а утринава се работеше на расчистување на улиците и дезинфекција на објектите. По разгледувањето на синоќесшната состојба, беше даден извештај за санацијата на терен.Општинскиот кризен штаб формира 12 екипи со 12 пумпи за превентивно делување на терен во периодот кој што следува. Координатор на активностите е КЈП „Нискоградба“ која на терен постојано ги следи активностите и согласно потребите ќе ги активира екипите. Доколку дојде до нови врнежи и има потреби од интервенции, граѓаните може да ги пријавуваат состојбите на телефонските броеви 193 во Територијалната противпожарна единица и на 195, во Центарот за управување со кризи.

Македонија | пред 5 години

janevski

Јаневски: Во туризмот како и во шахот, голем број на потези веднаш не се јасни

Првиот човек на агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Љупчо Јаневски на својот ФБ профил напиша:Во туризмот како и во шахот, голем број на потези веднаш не се јасни. Целта е 2 милиони ноќевања и секое следно за туристичкиот сектор и македонската економија. Зошто само ДОМА СИ Е ДОМА, напиша Јаневски.

Македонија | пред 5 години

korona-njemacka

Денеска се регистрирани 115 нови случаи на ковид 19, бројот на починати повторо голем

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1032 тестирања, а регистрирани се 115 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-53, Куманово-4, Дебар-6, Штип-3, Прилеп-6, Тетово-8, Струга-13, Велес-1, Охрид-8, Гостивар-5, Пробиштип-1, Свети Николе-1, Кичево-4, Ресен-2.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 40 оздравени лица од: Скопје-26, Велес-2, Гостивар-3, Кичево-3, Ресен-6.Починати се  7 лица, пет пациенти од Скопје, еден од Тетово и еден пациент од Крушево.На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти на возраст од 50 и 70 години.Во ГОБ „8 септември“ починаа пет пациенти на возраст од 56, 62, 64, 65 и 82 години.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7046, бројката на оздравени пациенти е 3027, на починати е 341, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3678. Од вчерашните тестирања еден е контролен, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:•       Скопје 3394, активни 2007•       Куманово 797, активни 244•       Дебар 109, активни 57•       Штип 374, активни 161•       Прилеп 282, активни 56•       Тетово 766, активни 392•       Струга 265, активни 167•       Велес 196, активни 43•       Битола 61, активни 22•       Охрид 204, активни 175•       Кавадарци 21, активни 15•       Гостивар 156, активни 93•       Гевгелија 12, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)•       Струмица 17, активни 9•       Крива Паланка 16, активни 10•       Радовиш 4, активни 0•       Крушево 7, активни 3•       Кочани 74, активни 21•       Пробиштип 26, активни 17•       Демир Хисар 2, активни 1•       Македонски Брод 6, активни 4•       Пехчево 6, активни 3•       Берово 3, активни 0•       Валандово 6, активни 2•       Виница 3, активни 0•       Делчево 1, активни 0•       Кратово 5, активни 2•       Свети Николе 42, активни 37•       Кичево 48, активни 39•       Ресен 122, активни 89•       Неготино 21, активни 6 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 1032 теста се преку: ИЈЗ –480, Авицена –101, Биотек –130, МАНУ -113, Жан Митрев (Филип Втори) -87, Систина  со PCR метода -90, ЦЈЗ Битола-31. Досега во земјата се направени вкупно 67.165 тестирања на ковид -19.  Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 88 пациенти. На кислородна поддршка се 54 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.Во болницата во Козле се хоспитализирани 30 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 4 деца позитивни и суспектни на вирусот.Во ГОБ „8 Септември“ примени се 12 нови, вкупно хоспитализирани се 123 пациенти. На респираторна машина се 5 пациенти.Во болницата во Битола се хоспитализирани 41, а во болницата во Штип се хоспитализирани 45 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп и Гостивар се хоспитализирани 92 пациенти - позитивни и сомнителни на ковид-19.Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)•       Чаир – 415•       Аеродром - 159•       Бутел - 173•       Гази Баба - 207•       Центар – 150•       Карпош – 167•       Сарај – 154•       Кисела Вода – 118•       Ѓорче Петров – 116•       Студеничани – 115•       Шуто Оризари – 93•       Арачиново – 51•       Илинден – 33•       Петровец – 16•       Чучер Сандево – 18•       Сопиште – 13•       Зелениково-7•       Странец – 2•       Нераспределен- 0

Македонија | пред 5 години

20200705_111941

(ФОТО) Се санираат последиците од големото невреме во Битола

По обилните врнежи од дожд, кои синоќа ја зафатија Битола и по целоноќните интервенции на терен од страна на екипите, денес увид на лице место во најпогодените локации во градот, изврши градоначалничкатa на Општина Битола Наташа Петровска, заедно со директорите на јавните претпријатија.„За жал во текот на вчерашниот ден, краткотрајно но сепак драматично, Општина Битола ја зафати невреме. 36 литри на метар квадратен заврнаа за само 15 минути, или во текот на 24 часа 54 литри на метар квадратен, а само за споредба, во Прилепско наврнаа 12 литри на метар квадратен. Тоа потврдува дека бевме на удар на невремето. Но, веднаш, по првите повици, јавните претпријатија, вклучително и пожарната делуваа на терен, се одржа Кризен штаб на кој се информиравме што дотогаш е направено и се дадоа натамошни напатствија на делување, се работеше во текот на целата ноќ на расчистување на критичните точки на терен, а она што следува во текот на денот е расчистување и дезинфекција која е значајна, особено во овие околности“, рече Петровска.Екипите на битолските јавни претпријатија Водовод, Комуналец, Нискоградба и Паркинзи, заедно со екипите на ТППЕ Битола во координација со претставниците од Дирекцијата за зазштита и спасување и Центарот за управување со кризи, во текот на ноќта веднаш по обилните дождови реагираа на терен со севкупната мехаанизација. Интервенциите се одвиваа во населбите Карпош, Јени Маале, на влезот во Битола М5 кај бензинската станица на Лук Оил, кружниот тек на Дулие, Горно Оризари, кај училиштето Тодор Ангелевски, на ул. Дебарска во населбата Баир и на други локации по повик на граѓаните. Се работеше и на испумпување на водата од куќи, станови и установи.„Карактеристично и забележително беше тоа што веднаш по запирањето на дождот, од повеќето критични точки водата се повлече, што покажува дека сепак повеќе дискутабилна била поројноста на дождот, отколку канализациониот систем. Денес ќе имаме новв кризен штаб, на кој ќе имаме согледување за состојбата, но и да имаме целосна подготвеност за она што евентуално би следувало“, посочи Петровска.Граѓаните на терен искажаа особена благодарност за брзата интервенција на општинските јавни претпријатија на терен, чии екипи пожртвувано делувале да се спаси се што е можно.  Крсте Трајчевски, чија визба била целосно поплавена, но и автомобилот до половина, паркиран на ул. Ѓорче Петров, истакна дека овој проблем жителите на улицата го имаат откако се затворил каналскиот систам поради изградбата на ул. „Железничка“ пред десетина години.„Заврна голем дожд, дојде водата и нема кај да избега, зошто каналот, испустот према пругата е затворен. Со новиот пат кога го правеа, со новиот колектор, не пуштија цевка. Каналот ќе се наполни, кога ќе дојде оваа вода од нашата улица тој е веќе полн и водата нема каде да оди. Тоа е голем проблем кој ни го направија. Претходно си имаше канал, си одеше водата надолу. Но кога ја правеа ул. „Железничка“ пред околу десетина години ни го затворија и сега со секој поголем дожд имаме проблеми“, рече Трајчевски.Градоначалничката Петровска посочи дека општината на својата веб страна денес ќе истакне повик до граѓаните кои што претрпеле штети да достават барање, а по комисискиот увид да им се даде одредена помош.

Македонија | пред 5 години

DSC_8260

Филипче од Охрид: Како никогаш досега вложивме во младиот медицински кадар, тие се активно вклучени во креирањето на здравствените политики

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, денеска во Охрид оствари средба со специјализантите и младите лекари  од Општата болница, Здравствениот дом Охрид, Специјализираната болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања - "Свети Стефан" и Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“. На средбата, тие дискутираа за мерките кои се имплементираат, а министерот ги слушна и предлозите и пораките за унапредување на здравствениот систем.„Веќе трета година, вратите на Министерството за здравство се отворени за сите, особено за младите здравствени работници. Тие активно се вклучени во креирањето на здравствените политики, затоа што само тие можат да кажат кои мерки и политики се најдобри за младите специјализанти, лекари, медицински сестри. Во изминатиот период направивме многу за да ги мотивираме и да бидат задоволни од својата работа. Спроведовме низа активности. Нема повеќе лихварски договори. Со измените кои ги направивме во Законот за здравствена заштита, го сменивме времето што специјализантот треба да го одработи во установата по завршување на специјализацијата во траење еднакво на должината на траењето на специјализацијата, како и намалувањето на висината на средствата што треба да ги надомести специјализантот ако предвреме ја напушти установата“, потенцираше министерот Филипче.Тој истакна дека за четиригодишниот период 2019-2022, одобрени се 1000 специјализации и супспецијализации и додаде дека за првпат приватните специјализанти се платени за својот труд. Повеќе од 5000 согласности се дадени за вработување.„Направивме да се чувствуваат вреднувани и мотивирани. Тоа што е најважно се чувствуваат дека се дел од тимот, дел од системот. Ова е многу важно, затоа што само ако се чувствуваат добредојдени во системот, ние може да ги задржиме во нашата земја. Отворивме можности секој млад здравствен работник својата иднина да ја гледа во јавното здравство. Сега, веднаш по добивањето на лиценца, вратите на младите им се отворени за работа со пациенти. Согласно измените во Законот за здравствена заштита тие треба да поминат на работа шест месеци во јавните установи во дејностите на итна медицинска помош, патронажна дејност и поливалентна патронажа“, рече министерот Филипче.На средбата, министерот Филипче посочи дека како никогаш досега е вложено во зголемување на платите на сите здравствени работници. За 40% се зголемени платите на лекарите специјалисти, од 20% до 23% на медицинските сестри, општите лекари до 25%.Младите лекари изразија благодарност за севкупното вложување, особено сега кога земјава се соочува со ковид-19. Тие нагласија дека здравствените власти правилно постапиле со инвестирањето во медицинскиот кадар затоа што во овие моменти се покажа дека здравствениот систем добро се справува со овој вирус.„Со вистинските здравствени политики ќе продолжиме и во следниот период. Инвестирањето во младите е најважно, затоа што тие се иднината во јавното здравство. Продолжуваме со зголемувања во платите и надоместокот за дежурства, подобрување на условите во здравствените установи и набавување на најсовремена медицинска опрема“, истакна Филипче.

Македонија | пред 5 години

D9F509F6-2946-41CF-A297-0BDF7F8B3CA3

ФОТО: Пожар во Охрид, дете со инвалидитет пренесено во болница

Пожар на улица Крали Марко во Охрид ги вознемири соседите. На терен веднаш пристапиле пожарникари кои го локализирале огнот, а подоцна и изгаснале.Неофицијално, дознаваме дека со Итна медицинска помош во болница е пренесено едно лице, односно дете со инвалидитет.Засега нема информации кои се причините за пожарот

Македонија | пред 5 години

fiskalni333

Извлечени добитниците на по 100 илјади денари од „МојДДВ“

Извлечени се петнаесетмина добитници на награда од по 100 илјади денари, кои скенирале сметки во текот на април, мај и јуни.Валентина Ѓуроска, Нацо Запров, Јуле Тасевска Марков, Наталија Грчева, Сузана Антовска, Слаѓана Јовческа, Виолета Георгиева, Славица Димоска, Сузана Димитрова, Ивица Јаначков, Наталија Велиновска, Влатко Масалковски, Мухамед Мамуди, Јасмина Каранфиловска и Ванчо Ѓорѓевски се граѓаните кои беа извлечени синоќа во вечерниот термин на Канал 5 ТВ.Петмина од наградените во петтото коло се од Скопје, по двајца добитници се од Струмица и од Битола и по еден од Прилеп, Гостивар, Охрид, Крива Паланка, Струга и Тетово.Во останатите кола до крајот на годината, односно од август до декември, месечните награди ќе изнесуваат 20.000 денари и секој месец ќе се доделуваат по 15 награди.Граѓаните, преку МојДДВ #МојаНаграда, од први јули, скенираат сметки за трипати повеќе дневни награди отколку порано, односно до крај на годинава секој ден ќе се доделуваат 30 награди од по 1.000 денари.Извлекувањето на втората премија, ќе се одржи во декември, а истата ќе изнесува 1.000.000 денари, наместо 3.000.000 денари, како што беше првично планирано.Доделување на повеќе дневни наградни, но во помал износ во овој период ќе претставува мотив за граѓаните да скенираат фискални сметки и да влијаат на намалувањето на сивата економија. Дополнително намалувањето на износите на месечните награди како и главната награда ќе овозможи сепак да продолжи наградната игра со поставените цели, но со помали износи на награди што пак ќе овозможи одвојување на одредени средства за поддршка за Фондот за помош и поддршка за справување со кризата предизвикана од Ковид-19.При тоа 9,7 милиони денари од наградниот фонд ќе се насочат кон солидарните фондови на Министерството за здравство и Владата за здравствени и социо-економски мерки.Граѓаните кои скенираат сметки и понатаму ќе имаат трикратна корист – ќе придонесат во борбата против сивата економија, ќе добијат поврат на ДДВ, како и можност за вредна награда.Во првото полугодие годинава скенирани се над 85 милиони фискални сметки.

Македонија | пред 5 години

POLICIJA-SOOBRAKAJKA-SKOPJE

Жена застворена во стан, пукање и бодење со нож, фрлени молотови коктели дел од случувањата во Македонија

На 04.07.2020 во 04,00 часот во Полициската станица Карпош, В.Ѓ.(49) од Скопје пријавил дека П.М.Д.(26) од Р.Италија, била заклучена во стан во Охрид, односно противправно лишена од слобода од лицето С.С.(19) од Скопје, кој што бил со привремено живеалиште во Р.Италија. Од полициски службеници од СВР Охрид излезено е на терен и во стан на ул. “Партизанска“ во Охрид, сопственост на Л.С.(60) од Охрид кој го имал изнајмено, била пронајдена П.М.Д., како и лицето Б.Ф. од Скопје, познаник на С.С. Набргу С.С. и Б.Ф. се приведени во СВР Охрид. За настанот е запознат јавен обвинител, а од страна на судија на претходна постапка на двајцата приведени им е одредена мерка во траење од по осум дена. По целосно документирање на случајот против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.На 04.07.2020 околу 21,45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Градската општа болница “Св.Наум Охридски“ бил донесен повреден Ш.П.(29) од с.Батинци, скопско, со повреди од нож, кој за кратко време починал. Во меѓувреме донесен бил и Н.С.(28) од с.Батинци исто така со повреди, а со возило од итна медицинска помош во Комплекс клиники “Мајка Тереза“ пренесени се М.С.(39) од с.Батинци кој бил повреден од огнено оружје, и И.Г.(25) од с.Батинци кој бил повреден со нож. Според првични информации, во двор на угостителски објект во с.Батинци, сопственост на Р.Џ.(27) од село Црн Врв најпрво дошло до нарушување на јавниот ред и мир, а потоа било употребено огнено оружје и нож. Постои основано сомнение дека можен сторител е Н.З. од с.Батинци кој е во бегство и по кого се трага. На местото на настанот била пронајдена една чаура и два неиспукани проектили. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.На 05.07.2020 во 03,50 часот во Полициска станица Прилеп, К.С. од Прилеп, полициски службеник во Полициска станица Прилеп пријавил дека во двор од куќа во негова сопственост на ул. “Киро Крстевски-Платник“ непознато лице фрлило импровизиран молотов коктел кој успел самиот да го изгасне, при што нема повредени лица ниту поголема материјална штета. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 5 години

DSC_0614

Почина доктор позитивен на коронавирус

Во ГОБ ,,8 Септември", на 64 годишна возраст, почина д-р Арификмет Деари, уролог од Тетово. Д-р. Деари беше хоспитализиран заради невролошки проблеми, но и позитивен на ковид-19. По 15 дена болничко лекување ја загуби битката со болеста.@Д-р Деари кој беше само на неколку месеци до пензионирањето, е првиот лекар кој почина од компликации на корона вирусот. Изразувам жалење и длабоко сочуство до неговото семејство.Апелирам до моите колеги здравствените работници да се чуваат и заштитуваат, на работното место соодветно на протоклите, но и надвор од него. Апелирам и до граѓаните да ги почитуваат мерките, да се заштитат себеси, здравствените работници и сите свои сограѓани“, вели министерот Венко Филипче.

Македонија | пред 5 години

08062020_MZ_Filipche_PKZB_Karadzovski_DCJV_Ziberi_pres-konferencija-3

Филипче: Досега се подобрени условите во 32 јавно-здравствени установи

Универзитетската Клиника за пластична и реконструктивна хирургија е целосно реновирана. Комплетно е обновен хируршкиот инструментариум, апаратурата за електро хирургија, неуростимулација и друга специфична апаратура. Третманот на пациентите и квалитетот на услугата е подигнат на високо ниво согласно највисоката медицинска пракса. Со ова, исполнети се сите услови за спречување на интрахоспитални инфекции согласно стандардите на Светската здравствена организација.„Ги подобривме условите во 32 јавно-здравствени установи. Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија е една од тие институции, каде менаџерскиот тим веднаш почна со реновирање и овозможување подобар третман за пациентите. За многу краток период направивме вистински пресврт во јавното здравство. Како никогаш досега инвестиравме во инфраструктура, нова медицинска опрема и вложување во човечкиот капитал. Вакво зголемување на платите како сега немало никогаш во земјава.  Горд сум што здравствените работници се мотивирани за работа. Само преку зголемување на платите и подобрување на условите за работа можеме да ги задржиме во нашата земја“, изјави министерот Филипче.

Македонија | пред 5 години

kekenovski

Кекеноски: Зошто ДИК и Комисијата за заразни болести не реагираат на прекршувањето на мерките од страна на политичарите?

Зошто ДИК и Комисијата за заразни болести не реагираат на прекршувањето на мерките и препораките за заштита од корона вирусот 19 од страна на политичките партии, прашува претседателот на Движењето Фронт за обнова на Македонија ФроДеМ  и дел од коалицијата „Никогаш Северна само Македонија“, про. д-р Јове Кекеноски.• Во паниката која се повеке ги фаќа, поголемите политички партии воопшто не ги почитуваат мерките и препораките за заштита и почнаа да одржуваат народни митинзи каде на мал простор собираат (односно ги принудуваат да се собираат) партиските приврзаници. Притоа воопшто не водат сметка за препорачаната дистанца помеѓу присутните.• Ја прашувам Комисијата за заразни болести дали мерките и препораките важат само во маркетите, банките, кафеаните и др институции, а не и при организирање партиски митинзи?• Кој ке ја сноси одговорноста доколку по изборите бројката на новозаразени порасне повекекратно како последица од непочитување на мерките и препораките?Затоа во име на Коалицијата ,,Микогаш северна, само Македонија” бараме ДИК и Комисијата да ги опоменат и да ги казнат сите партии кои одржаа вакви собири и каде ги прекршија мерките и препораките при што свесно ги доведуваат граѓаните во опасност од можна зараза, вели Кекеноски и додава.Лидерите на политичките партии мора да сфатат дека функциите не се побитни од нашето здравје.https://www.facebook.com/jove.kekenovski/posts/1709149885915091

Слајдер | пред 5 години

bitolla-nevreme-1

(ФОТО) Обилни врнежи во Битола: Поплавени улици и домови

Силен и пороен дожд вечерва поплави улици на неколку локации, на повисоките зони и централното градско подрачје во Битола. Краткотрајниот но обилен дожд проследен со град го оневозможи нормалното одвивање на сообраќајот.За само 15-тина минути попладнево наврнале над 40 литри дожд на метар квадратен, што предизвика поплави на одредени улици и домови во градот, соопштија локалните власти.Надлежните служби интервенирале и со градобијни ракети за растерување на тешки облаци со град.Според информациите од терен, забележани се многу електрични празнења, кои дополнително ги отежнале напорите на службите за враќање на ситуацијата во нормала.Од општина Битола соопштија дека веќе е интервенирано во населбите Карпош, Јени Маале, населбите Баир, Дулие и влезот кај „Лук Оил“ и улицата „Иван Милутиновиќ“.Градските власти информираат дека стапиле во контакт со екипите на ЕВН, за постапување по нивните надлежности, а поддршка на терен ќе даде и Дирекцијата за заштита и спасување.

Македонија | пред 5 години

siljanoska

Силјановска - Давкова: Нема самопочит, без почит кон предците, кон историјата, нема дрво без корен

Од говорницата на митингот во Општина Центар професорката Гордана Силјановска - Давкова носител на ИЕ 1, вечерва најпрвин им се заблагодари за присуството на многубројните центарци, го честиташе македонскиот празник "Денот на борецот", а потоа упати искрени честитки до Соединетите Американски Држави за "Денот на независноста".-Ние народот сме собрани овде. Ние народот имаме право на самоопределување. Никој тоа право не може да ни го одземе. Името е дел од правото на самоопределување. Не е точно дека ние не сакаме да го вратиме. Повторувам. Не само што ги знаеме сите начини, туку ги знаеме и сите постапки. Има место за љубов само кон една татковина. Јас му верувам на оној горд Ирец, Бернард Шо кога вели дека се можете да смените, само татковината не можете. И вели дека битката секогаш е битка за Ирска, за Македонија или за Финска. Пазете во 1876-тата година. Тоа нему му е јасно, а ним не им е јасно. Дури и човекот број еден на СДСМ, Киро Глигоров рече Македонија е се што имаме, рече Силјановска-Давкова.Таа посочи дека ако е денеска "Денот на борецот", а нејзиниот татко бил борец на 17 годишна возраст, се разбира дека постои некој завет кој го дале тие борци.-А тоа е дека она што сме го наследиле не е лично, а не е ни колективно, туку му припаѓа на народот ќе го чуваме и ќе го предадеме на поколенијата по нас. Она ВМРО се буди токму тогаш кога е загрозена Македонија. Не само тука на оваа територија, туку и во Австралија, Канада и Америка. Нема самопочит, без почит кон предците, кон историјата, нема дрво без корен. Ама за жал тие сакаа македонизмот да го импутираат. Да го пресечат коренот на ова дрво. Ние бараме во модерна Европа она што важи за сите народи, а нема народ без малцинства во соседството, да важи и за нас. Ние бараме да се почитува Конвенцијата за заштита на правата на малцинствата и да се почитува Конвенцијата за регионални малцински јазици, рече Силјановска-Давкова од говорницата.На крајот таа порача дека она што ВМРО-ДПМНЕ ќе го спроведува после 15-ти јули ќе биде "ПРАВИ ЛУЃЕ НА ПРАВО МЕСТО". Така најмладите нема да си заминат. На Македонија и треба даскал. Учител. А учителот е пред вас, господинот Мицкоски, заврши Силјановска-Давкова.  

Слајдер | пред 5 години

zs-struge

Села им одговара на Заев и Мицковски: Ако направите македонска влада, ние ќе направиме албанска влада

Коалицијата „Сега е време“ вечерва одржа централен митинг во Струга, под тешки временски услови.Претседателите Села и Гаши денеска ја посетија Лабуништа и потоа од плоштадот Струга, од неговиот роден град, претседателот Села, одговарајќи на Заев и Мицковски за нивната идеја за размена на пратеници за да не бидат условени Албанците да формираат влада,  Села рече: Слушам дека Заев и Мицковски се подготвени да формираат македонска влада, еве ви кажувам многу јасно и отворено, ако создадете влада само со македонски претставници ние ќе ја создадеме нашата албанска влада.Јасно е, немам што да ти кажам, рече Села од Струга.

Слајдер | пред 5 години

gordana

(ВИДЕО) Треска во саботната вечер со Гордана Силјановска Давкова

Професорката Гордана Силјановска Давкова, носител на листата во првата изборна единица на ВМРО-ДПМНЕ, на социјалната мрежа Фејсбук објави видео како танцува.Под видеото таа напиша: „Треска во саботната вечер. Треба да се најде време и за себе!“.https://www.facebook.com/kandidat.za.pretsedatel/videos/2542706529315302/?v=2542706529315302

Македонија | пред 5 години

mickoski-8

Мицкоски: Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ се обврзува да ја намали невработеноста под 10% и да го намали рамниот данок на 8%

-За само две и пол години успеавме да срушиме власт која беше ја окупирала и Македонија која што беше ги окупирала во франги на нашата држава, а за помалку од 10 дена од денеска сите ние ќе имаме шанса на 15 јули за каква држава сонуваме и во каква држава сакаме да живееме ние, нашите семејства, нашите потомци но истовремено  да ги направиме горди нашите предци  за сето она кое што го дале за нашата држава. За помалку од две недели од денеска ние ќе имаме можност дали сакаме на таа наша попатна раскрсница да завртиме лево и да го избереме криминалот, корупцијата или да одиме десно и да ја избереме честа и честитоста. Дали сакаме да избереме лево понижувања, обесправеност или гордост и исправена кичма. Дали сакаме да избереме неколку пати аболирани политичари, луѓе кои се од времето на транзицијата присутни на македонската политичка сцена, потрошени и буквално луѓе од кои не можеш да очекуваш ништо друго освен дополнително да ја парчат и распарчуваат нашата татковина. Или десно тоа се луѓе кои се млади , амбициозни, луѓе мотивирани, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во денешното негово обраќање во општина Илинден.Мицкоски во своето обраќање рече дека е сигурен уште од првата средба од Охрид , а потоа и секаде низ Македонија каде се чувствувала поддршката од народот затоа што народот се ослободил, народот е одлучен и е решителен овие избори на 15 јули да го заокружи реден број 14 за историски најголема победа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција За обнова на Македонија.-Ова раководство на СДСМ ќе дојдат овде, ќе ве погледнат и со раката на срце ќе ја свртат главата на лево или на десно. Ќе слушате за жицата, за семето и така натаму, а она што најмногу ќе го слушате е некоја нова лага. Сега веќе нема 30 000 просечна плата, сега веќе 34 000 денари е просечната плата и ќе дојдат овде пред вас и ќе ја повторуваат таа лага дека можеле. Јас би се согласил дека можеа но, тоа е минато завршено време кое никогаш нема да се повтори затоа што на 15 јули тие ќе заминат заедно  со нивното тешко, мачно, политичко мочуриште на темната страна на историјата, потенцираше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.Претседателот Мицкоски посочи дека доаѓаат нови луѓе кои се подготвени да си ја кренат Македонија од пепел.Едно можам да се сложам со нив дека можеа, да можеа да направат многу подостоинствено место за живеење, да можеа да направат многу подобри услови за живот наместо да ги договараат тендерите во четири очи, а се знае после договорот и исплатата следува арачот и се исплаќа на сите вам познатото место во еден ресторан во југоисточна Македонија по принципот евро за батето, евро за нешто друго. Отприлика таква е нивната филозофија на функционирање и таа непроменлива, таа е константа уште од независноста на Македонија, потсети тој.Мицкоски во своето гостување укажа и на правосудниот систем кој е целосно заробен од власта за да можат да обелат некој дел од минатите нивни владеења.-И ова раководство на СДСМ предводено од Зоран Заев се движеше на повој начин, но за разлика од претходните влади од СДСМ ова ги обедини, ги прошири и надгради сите овие понижувачки и криминални политики од минатото. Овие ги усовршија, буквално докторираа на криминалот и корупцијата, вели Мицкоски.Тој во своето обраќање посочи дека му се случи да ја вида 30 месеци Пелагонија неожнеана, му се случи да ги види од Росаман оние честити земјоделци луѓето кои и кајсијата и праската по улица ги истурија, слично се случи и во Пијанец и Малешевијата со производството на сливи. Имено Мицкоски кажа и за познатото Муртино каде многу домакини имав можност да ги запознаам  и прашам  посочиле дека тежок е животот  затоа што зелката останала на нивата, доматот, краставицата, пиперката и  нема кој да ја купи.-Затоа ние го нудиме Проектот Обнова. Таму ќе најдете најнизок данок во светот, рамен данок од 8% потоа 0 данок за секој оној кој што ќе вработи лице во 29 години, намелен данок на додаден вредност, намален данок за хотелиерите од 18 на 10%,ослободена студенстка партиципација, стапна на невработеност под 10% во еден 4 годишен мандат и уште многу други проекти кои идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги реализира во својот четиригодишен мандат за подобар живот и стандарт на сите граѓани, додаде Мицкоски.  

пред 5 години

rabotnik-600x404

Во Желино почина работник кој паднал од скеле

Утрово во тетовската полиција бил пријавен смртен случај кој настанал при извршување на градежни работи.Имено во тетовскoто село Желино, 57-годишник од селото Глоѓи, паднал од скеле и починал на самото место, а смртта била констатирана и од доктор од итната медицинска помош.Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово.фото: CivilMedia 

Македонија | пред 5 години

mickoski-1

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на 640 милиони субвенции и загарантиран откуп за земјоделците и 4 милијарди домашни и странски инвестиции

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска беше во посета на Петровец од каде што истакна дека Македонија во моментов е окупирана од целосно неспособна и криминална власт предводена од аболицирани политичари до гуша вплеткани во криминални афери и политички криминалМицкоски истакна дека на овие избори граѓаните имаат еден избор бидејќи на една страна се наоѓаат неправда, криминал и понижувања предводени од политичари од транзицијата на СДСМ и Зоран Заев, а од друга страна се наоѓа правна држава со чесни политичари од ВМРО-ДПМНЕ чија главна водилка во работата ќе бидат честа и достоинството.- Ветуваа буквално се, се сеќавате дека велеа ќе донесат живот во Македонија и едно општество за сите, ама излезе едно општество за едно семејство, некако само тоа семејство да живее се поубаво пораскошно и подобро а сите други живеат во беда разочарани да ја напуштаат државата, изјави МицкоскиПретседателот на ВМРО-ДПМНЕ додаде дека наместо правда и реформи во правосудството СДСМ донесе „трас трас“ судски одлуки кога требаше да се тргува со честа и достоинството и на брутален го сменија Уставот, носеа закони по мерка на Заев, како и ослободителни пресуди за Поткуп каде што гледавме еден политичар како бараше евро за бате, евро за нешто друго.- Кога станува збор за обвинителството тука ја проширија и ја надградија работата, донесоа уште поголем срам со куфер Луј Витон и неколку стотици илјади банкноти во евра. Таква реформа донесоа во обвинителството, го трансформираа во Луј Витон обвинителство, а во судството донесоа „трас трас“ реформи кои ним им донесоа слобода, а за граѓаните донесоа репресија страв и криминал, изјави МицкоскиТој посочи дека СДСМ наместо мир донесоа немир во душите на нашите сограѓани, сите се сеќаваат како СДСМ и Заев ги злоупотребуваа случаите на Младенов, Нешковски и да ја ветуваат вистината за да потоа се прават дека не го кажале тоа.Мицкоски истакна дека тоа ВМРО-ДПМНЕ ќе го промени, ќе донесе вистински реформи во судството и обвинителството бидејќи правната држава е најважна за да може вистински да започне обновата на државата, обнова која ќе има над 1000 проекти со кои ќе се подобри животот на секој еден граѓанин во Македонија.- Се обврзуваме на минимум 25% поголема просечна плата во рок од еден мандат, минимум 20% поголеми пензии за пензионерите и враќање на стариот закон кога 2 пати годишно растеа пензиите, најнизок данок во Европа од 8%, невработеност под 10%, за младите оние кои ќе вработат човек до 29 години 0% данок, за угостителите и хотелиерите кои се погодени од кризата ќе се намали ДДВ од 18 на 10% до крајот на 2021 година, рече Мицкоски.Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ се обврза и за студентите ослободување од партиципација во учебната 2020/2021, а нашите иселеници кои сакаат да инвестираат да тие инвестиции ги донесат и бидат безбедни и сигурни.- Минимум 4 милијарди евра домашни, но и странски инвестиции, реформи во здравството каде што тоа ќе биде ориентирано кон пациентот,  ќе најдете минимум 640 милиони евра за земјоделците субвенции, загарантиран откуп и пласман на производот, за да не ги фрлаат производите по реките и патиштата како што тоа го правеа досега, изјави Мицкоски.На крај Мицкоски нагласи дека за сето ова да може да се случи потребно е да се излезе масовно на 15 јули и да се гласа за број 14 и да се поддржи Игор Јанушев кој ја предводи листата на ВМРО-ДПМНЕ, за да може уште веднаш да започне Обновата на Македонија. 

пред 5 години

zaev-dhe-ahmeti-sot-do-te-bisedojne-per-ndryshimet-e-paralajmeruara-ne-pushtetin-ekzekutiv_5ce3d09a1efc1-750x405-696x376

Заев не исклучува постизборна коалиција со ДУИ

Зорн Заев во интревју за МИА, изборната парола на ДУИ за прв премиер Алабанец ја оценува како комплетно популистичка политичка стратегија и националистичка порака, која била присутна во времето на Груевски и Ахмети, но сепак не исклучува можност за постизборна коалиција со ДУИ, доколку партијата се откаже од ова условување.Прв услов за предизборното коалицирање со БЕСА бил заборавање на национализмот.- Со БЕСА имавме три недели речиси секој ден по неколку часа разговори додека ги усогласиме сите ставови, политички и програмски определби. Денеска имаме заедничка програма, која што се вика „Можеме“ и таму зборуваме за сите вредности. Прв услов беше да го заборавиме национализмот, да ја промовитраме еднаквоста во општеството, борбата за секој и неговите права, комплетно се работи за млади луѓе, кои се комплетно растеретени, нормално најголем дел се од албанската етничка заедница или речиси се целосно од албанската етничка заедница и сакаат за својата заедница еднаквост и рамноправност и во правата и во обврските, вели Заев во интерјуто за МИА.Очекува победа на изборите, па дури и поддршка за формирање на една стабилна коалиција, но не исклучува можност и за коалицирање со други партии, а во постојана комуникација за можна постизборна коалиција се со Алијанса на Албанците и Алтернатива.Лидерот на СДСМ, говори и за „бомбите“ кои се карактеристични за оваа кампања, а за кои вели дека веќе поднеле кривични пријави, а на забелешката дека има бомби и за опозицијата истакнува дека пријавени се сите досега.Целото интервју со претседателот на СДСМ, Зоран Заев, заедно со видео материјалот, МИА ќе го објави утре.фото: Архива

Слајдер | пред 5 години

korona6

Денеска се регистрирани 147 нови случаи на ковид 19, починаа 6 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1296 тестирања, а регистрирани се 147 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-64, Куманово-8, Штип-6, Прилеп-3, Тетово-16, Струга-7, Велес-5, Битола-4, Охрид-5, Гостивар-9, Струмица-1, Крива Паланка-1, Кочани-1, Пробиштип-1, Кратово-1, Свети Николе-7, Кичево-4, Ресен-4.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 111 оздравени пациенти од: Скопеј-56, Штип-7, Тетово-36, Велес-2, Битола-3, Гостивар-1, Гевгелија-2, Струмица-1, Свети Николе-1, Ресен-2.Починати се 6 лица, тројца пациенти од Скопје, еден од Куманово, еден пациент од Штип и еден од Берово.На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје (63г). Во ГОБ „8 септември“ починати се двајца пациенти од Скопје (59г) и (63г) и еден пациент од Штип (36г). Во болницата во Штип е починат пациент од Берово (69г), во Куманово пациент (78г).Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6932, бројката на оздравени пациенти е 2987, на починати е 334, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3611. Од вчерашните тестирања два се контролни, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:•       Скопје 3343, активни 1987•       Куманово 793, активни 240•       Дебар 103, активни 51•       Штип 371, активни 158•       Прилеп 277, активни 51•       Тетово 758, активни 385•       Струга 252, активни 154•       Велес 194, активни 43•       Битола 61, активни 22•       Охрид 195, активни 166•       Кавадарци 21, активни 15•       Гостивар 151, активни 91•       Гевгелија 12, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)•       Струмица 17, активни 9•       Крива Паланка 16, активни 10•       Радовиш 4, активни 0•       Крушево 7, активни 4•       Кочани 74, активни 21•       Пробиштип 25, активни 16•       Демир Хисар 2, активни 1•       Македонски Брод 6, активни 4•       Пехчево 6, активни 3•       Берово 3, активни 0•       Валандово 6, активни 2•       Виница 3, активни 0•       Делчево 1, активни 0•       Кратово 5, активни 2•       Свети Николе 41, активни 36•       Кичево 44, активни 38•       Ресен 120, активни 93•       Неготино 21, активни 6 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 1296 теста се преку: ИЈЗ –585, Авицена –99, Биотек –75, МАНУ -158, Жан Митрев (Филип Втори) -209, Судска медицина-1,  Систина  со PCR метода -133, ЦЈЗ Битола-36. Досега во земјата се направени вкупно 66.133 тестирања на ковид -19.  Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 84 пациенти. На кислородна поддршка се 53 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.Во болницата во Козле се хоспитализирани 37 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 5 деца позитивни и суспектни на вирусот.Во ГОБ „8 Септември“ примени се 16 нови, вкупно хоспитализирани се 120 пациенти. На респираторна машина се 6 пациенти.Во болницата во Битола се хоспитализирани 36, а во болницата во Штип се хоспитализирани 42 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп и Гостивар се хоспитализирани 95 пациенти - позитивни и сомнителни на ковид-19.Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)•       Чаир – 409•       Аеродром - 150•       Бутел - 162•       Гази Баба - 189•       Центар – 143•       Карпош – 163•       Сарај – 149•       Кисела Вода – 109•       Ѓорче Петров – 114•       Студеничани – 110•       Шуто Оризари – 86•       Арачиново – 50•       Илинден – 32•       Петровец – 16•       Чучер Сандево – 18•       Сопиште – 14•       Зелениково-6•       Странец – 2•       Нераспределен- 65

Македонија | пред 5 години

mavrovka

Што се гради пред ТЦ ,,Мавровка“ - се поставуваат бетонски столбови

Пред ТЦ ,,Мавровка“ се гради нов цврст објект со арматура и бетон на местото на ресторанот што неодамнаа изгоре до темел. Откако угостителските објекти добија ,,тераси“ неколкупати поголеми од основните дуќани, исто така заградени со цврсти материјали и покриви, сега тие очигледно се надоградуваааат и проширувааат.Никој не дава објаснување дали е ова легално и ако е, кој издал ваква дозвола?, објави „АКО.мк

Скопје | пред 5 години

cestitka

Георгиески упати најискрени честитки по повод 4 Јули Денот на независноста на САД

Во мое лично име и името на Општина Охрид упатувам најискрени честитки по повод 4 Јули Денот на независноста на Соединетите Американски Држави #IndependenceDayОваа можност ја користам уште еднаш да упатам огромна благодарност до Амбасадата на САД во Република Северна Македонија за целокупната поддршка на Охрид во текот на изминатиот период. Изразувам надеж, дека и во иднина ќе продолжиме да го градиме нашето пријателство и стратешко партнерство.https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/a.351826178756325/628956734376600/?type=3&theater

Македонија | пред 5 години

aktivnosti

Седмичен преглед на реализирани активности од страна на општина Охрид

Градоначалникот Константин Георгиески објави седмичен преглед на реализирани активности од страна на Локалната самоуправа. На социјалната мрежа Фејсбук Георгиески напиша:📌Започнаа градежни активности за реконструкција на улица „Охридска Бригада“ во должина од 527 метри;📌Се изврши асфалтирање на краци на улица „28 Април“ и уличка во село Орман;📌Завршија работните активности за реконструкција на тротоарот и велосипедската патека на булеварот „Туристичка“ на потегот од ОУ „Григор Прличев“ до крстосницата со улица „Даме Груев“;📌На улица „15-ти Корпус“ се изврши асфалтирање на пешачката и велосипедската патека од едната страна на улицата;📌На улицата „Прва Македонска ударна бригада“ се реализираат активности за уредување на пешачките патеки од двете страни на улицата;📌На улицата во поранешната касарна се вршат подготвителни работи за тампонирање на пешачките патеки и коловозот;📌На улицата „Абас Емин“ се изведуваат тековните активности за поставување на атмосферска канализација;📌 Во тек се работни активности уредување на тротоарите на краци од улицата „Даме Груев“ во населбата „Христо Узунов“.📌Општина Охрид започна со реализација на проектот „Ваш реонски општинар“.https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/pcb.628801501058790/628801457725461/?type=3&theater

Македонија | пред 5 години

bisevac

Сафет Бишевац позитивен на коронавирус

Сафет Бишевац, кандидат за пратеник од листата на ВМРО-ДПМНЕ, на Фејсбук објави дека е позитивен на коронавирус.Тој вели дека и покрај максималното почитување на мерките, е позитивен на Ковид-19 и дека заедно со семејството ќе биде во изолација.„За жал, нештата понекогаш се случуваат и покрај максимално можно почитување на препораките за заштита. Се чувствувам одлично, засега немам никаков проблем. Заедно со семејството во наредниот период ќе бидеме во изолација, под надзор на матичниот лекар“, напиша Бишевац на Фејсбук.https://www.facebook.com/safet.bisevac/posts/10158375789193350

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања