Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

NAD-0683

Шекеринска од Мечкин камен: На 15 јули младите ќе гласаат за нова македонска развојна економија

Додека СДСМ го рализираше големиот проект – парите кај граѓаните, ВМРО ДПМНЕ беше против секоја идеја и секој предлог парите да се вратат во семејните буџети.Мицковски и ВМРО ДПМНЕ покажаа дека единственото нешто за кое што се грижат претходните 11 години е како да обезбедат повеќе пари за нив и за нивната партија, па и по цена младите во континуитет да ја напуштаат нашата држава.Затоа на 15 јули изборот навистина е едноставен – тоа е избор помеѓу шанса за младите или шанса за ново богатење на ВМРО ДПМНЕ. Во изминативе 3 години навостина имавме фокус како да помогенме младите луѓе полесно да дојдат до подобро работно место. Затоа само за 2,5 години стапката на невработеност кај млади лица падна од 48,6% на 35,3%.Тука не застануваме бидејќи и оваа стапка мора да оди надолу. Тоа ќе го правиме и ќе успееме во тоа само ако обезбедиме и пари и политики кои што ќе отвараат нови работни места, подобро платени, со подобри услови за работа.Со оперативниот план за активни програми и мерки за вработување за 2020 година веќе обезбедивме 1,3 милијарди денари.Тоа значи директна поддршка на младинското и женското претприемништво кое што подразбира грантови за млади и жени во висина од 5 000 евра до 15 000 евра. Тоа во исто време ќе значи и поврат на персоналниот данок на сите нововработени до 29 години во првите две години од нивното ново работно место.Овие пари ќе ги плаќаат работодавачите во буџетот а ние ќе ги вратиме директно назад на сметка на младите до 29 години.Во поранешното „Македонско село“ќе формираме старт ап село, или старт ап вилиџ, кое штоќе нуди физички простор за сите млади кои планираат да почнат со бизнис или веќе почнале со бизнис. Тоа ќе им ги намали трошоците за работа и ќе им даде шансинавистина да го развијат својот бизнис.Ќе подолжиме со мерката со која даваме поддршка од 3 000 денари за секој млад до 23 години кој што со завршено средно образование заминал да работи во производство.Тоа значи дека со овие средства ќе финансираме поголем број на млади да се вклучат во пазарот на труд, и да обезбедат шанса за подобра иднина. Наша цел е во следните 4 години секоја година стапката на невработеност да ја намалуваме за 3% годишно со цел на крајот на мандатот, за прв пат во нашата историја, да стигнеме до едноцифрена бројка на стапката на невработеност.На 15 јули и младите ќе гласаат за нова развојна македонска економија, ќе гласаат за своите пријатели, за сите млади во државата и ќе гласаат повеќе пари повторно да завршуваат во нивните семејни или бизнис буџети. Заокружете го бројот 3 бидејќи парите ќе одат кон граѓаните но и кон младите. 

пред 5 години

brza-pomos

Скопјанец го каснал стршлен па починал во својот стан

49 годишен скопјанец бил пронајден починат од страна на Итната медицинска помош во неговиот стан, на улицата Никола Русински.На местото на настанот била затекната В.М.(57) од Скопје, која изјавила дека претходно добила повик од мажот кој и кажал оти го каснал стршлен и побарал од неа да повика итна медицинска помош.Увид на местото на настанот извршила полицијата, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.

Скопје | пред 5 години

Filipce-2

Филипче на есен очекува поголем замав на коронавирусот

Министерот за здравство, Венко Филипче на есен очекува поголем замав на коронавирусот во земјава. На денешната прес конференција истакна дека се вршат консултации и координации со раководителите на медицинските центри во земјава за подготовки на медицинските капацитети за есенскиот период.-Има пораст на заболени во речиси сите земји во регионот во кои дојде новиот бран. Прогнозите дека вирусот ќе исчезне во текот на летото не се остварија. Вирусот е тука и ќе остане подолго време. Оваа реалност ќе трае и подолго време отколку што се прогнозираше, потенцира Филипче.Тој рече дека наесен вирусот ќе биде посилен и побрзо ќе се шири.–Луѓето нема да може да бидат надвор. Ќе бидат внатре каде инфекцијата може побрзо да се шири. Ние мора да се подготуваме за тој период, предупреди Филипче.Тој додаде дека се размислува некои студентските домови да се користат како сместувачки центри за болни од Ковид-19.

Македонија | пред 5 години

Benzinski-pumpi-9

Еуросупер 95 поевтин за половина денар, еуросупер 98 и еуродизел по стара цена

Од вечерва на полноќ малопродажната цена на бензинот „евросупер БС-95“ се намалува 0,50 денари/литар и ќе изнесува 60,50 денари/литар. Малопродажните цени на бензинот „евросупер БС-98“ и на „евродизелот“ (Д-Е V) остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката од минатата недела (29.6.2020 година).Малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува 0,50 денари/литар и од вечерва на полноќ ќе изнесува 52,50 денара/литар.Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува 0,156 денари/кг и ќе изнесува 25,980 денари/кг.Од 7.7.2020 година максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:моторен бензин „евросупер БС-95“ – 60,50 (денари/литар)моторен бензин „евросупер БС-98“ – 63,00 (денари/литар)дизел-гориво „евродозел БС“ (Д-Е V) – 52,50 (денара/литар)масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 52,50 (денара/литар)мазут М-1 НС – 25,980 (денари/килограм)

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Шекеринска: 11 години ВМРО-ДПМНЕ не држеа изолирани, европската перспектива сега е отворена

Ние ветивме ЕУ и НАТО – и тоа го одработивме за само 2,5 години. ВМРО-ДПМНЕ на сите ни изгубија 11 години – и нам и на нашите деца. Рековме ќе ги решиме најтешките прашања и ги решивме бидејќи кај нас зборот е збор истакна носителката на кандидатската листа на коалицијата „Можеме“ во  петтата изборната единица, заменик претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска во интервју за Прес24.Станавме членка а НАТО, почнуваме преговори со ЕУ, направивме пријатели во светот, ги покачивме платите, 300% ја зголемивме социјалната помош, невработеноста ја намаливме на помалку од 17%, медиумите се сосема слободни и гласни, нагласи Шекеринска.Не можеш, како што правеше ВМРО ДПМНЕ, на избори да велиш - ќе ја внесеме државата во ЕУ и НАТО, ќе ги покачиме платите, ќе се погрижиме за сиромашните и за социјалните случаи, граѓаните ќе имаат повеќе пари – а потоа не само да не го оствариш тоа, туку да ја скараш и изолираш земјата со сите, да ја блокираш цели 11 години, да не се ни обидеш да најдеш решение што ќе ја отвори евроатланската перспектива, силно да се противиш на повисоки плати и како власт и како опозиција, да ги погазиш сите права на своите граѓани, да ја згазиш слободата на медиумите, иднината на сопствената земја - а од друга страна да градиш бела палата и да ги полниш своите и сметките на најблиските извршители со парите на граѓаните низ тајни криминални зделки. Тоа граѓаните го паметат и нема да дозволат да се повтори, истакна Шекеринска.Европската перспектива на државата по 11 години власт на ВМРО-ДПМНЕ е отворена и сега претстои период на нејзино исполнување и во процесот на членство во Европската Унија, додаде Шекеринска.-Преговарачката рамка е промоција на македонскиот јазик како иден службен јазик на Европската Унија. Ние водиме политики на партнерства и пријателства, а македонскиот јазик е признаен и прифатен од целиот свет, впишан во картата на ОН. Договорот со Бугарија која е наш сосед и пријател, е потпишан на македонски јазик. Пропаднаа сите надежи на опозицијата дека ќе можат да го сокријат ова – дека успеавме да се потврдиме во светот со јасен и цврст идентитет - како македонски народ, кој зборува македонски јазик. Ние преку дијалог и пријателство дојдовме до тука, така и ќе продолжиме, порача Радмила Шекеринска, носителка на листата на Коалицијата „Можеме“ во петтата изборна единица, во интервју за Прес24. 

пред 5 години

Dimsa-PRESS-2810-2

Арсовски: СДСМ е мафијашка партија и Македонија ја направи мафијашка држава

Зоран и Вице Заеви директно нарачувале палење на автомобили на сите оние кои се против нивните криминални и криминогени политики.СДСМ стана мафијашка партија, Република Македонија стана мафијашка држава, а кланот Заеви изминативе три години се на врвот на мафијата во државата. Тоа сите го знаат, го слушаат, го гледаат. И она што е најважно на сето тоа мора да се стави крај.Од снимката која излезе низ медиумите, гледаме дека Вице Заев директно нарачувал палење на автомобили преку нивни член на подземјето од Битола, Горан Димовски, Тушникот.Не ни очекуваме дека Вице Заев и Зоран Заев да се дружат со професори и академци, но затоа си имаат работа и се дружат со луѓе кои имаат досиеја, дебели досиеја во полициските документации.Секој се дружи со своите, во овој случај, криминалците се дружат со криминалците.Горан Димовски Тушникот – првиот човек на Вице Заев, Зоран Заев и Стојан Чифлигароски од СВ Инвест бизнис кој инаку е бизнис партнер на Вице Заев е човек со сомнително портфолио, кој во МВР има досие за неколку сериозни кражби на автомобили и тешки кражби од затворени објекти. Ова е кругот на најблиските луѓе на Зоран и Вице Заеви.Горан Димовски Тушникот е човекот кој палел, се заканувал и вршел притисоци по нарачка на Вице и Зоран Заеви.Почитувани,Јасно се гледа односот на Заеви кон државата и граѓаните. Тоа е мафијашко-пазарџиски однос за жал.Доволно беше. И ова ќе прекине уште веднаш после изборите на 15 јули. Почитувани господа од кланот Заеви, никој повеќе не ви се плаши и ќе одговарате за се што сте направиле изминативе три години.Граѓаните додека не можат да врзат крај со крај, додека ја опустошивте државата, Вице, Зоран и останатите изрекетираа и украдоа милиони евра од Република Македонија.Затоа на овие избори Обновата ќе победи, а криминалците како вас ќе одат во затвор по изборите преку транспарентна постапка во судството кое што ќе ги тргнат канџите од кланот Заеви.На 15-ти јули ставаме крај на мафијата во Република Македонија и СДСМ ќе паѓа од власт. А, ден потоа одговорност за сите криминали на кланот Заеви и оваа влада на СДСМ.

пред 5 години

Zivko_Cingo_1

Општина Охрид објави конкурс за најдобар расказ

По повод традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“, Општина Охрид го распишува годинешниот:КОНКУРС ЗА НАЈДОБАР РАСКАЗ Услови за учество на Конкурсот: Право на учество на Конкурсот со свој расказ има секој полнолетен граѓанин на Република Северна Македонија;Трудовите треба да се достават во печатена форма во три примероци под шифра, без лични податоци за авторот, на адреса: ОПШТИНА ОХРИД, ул. „Димитар Влахов“ бр.57 со назнака: ЗА КОНКУРСОТ ЗА РАСКАЗ; Авторското право се докажува со четвртиот примерок;Краен рок за доставување на трудовите е 31.07.2020 г.;Жири – комисијата ќе ги објави резултатите од Конкурсот во дневниот печат најдоцна до 07.08.2020 г.Наградата за најдобар расказ е една и изнесува 30.000 денари. Доставените трудови не се враќаат.

Македонија | пред 5 години

Antic

Општина Охрид со поддршка за новоформираниот градски кошаркарскиклуб „Охрид“

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески и претседателот на кошаркарската федерација на Република Северна Македонија, Перо Антиќ на денешната средба изразија голема благодарност до групата ентузијасти за формирањето на градскиот кошаркарски клуб Охрид и се обврзаа за обезбедување на помош за непречено функционирање на клубот.Претседателот на КФСМ, Антиќ истакна дека е задоволен што постојат ентузијасти кои се борат да ја продолжат кошаркарската приказна во градот и што му овозможуваат на охриѓани повеќе спортски доживувања.Градоначалникот Константин Георгиески, како голем љубител на спортот не себично ја истакна својата поддршка кон новоформираниот клуб и се обврза во скоро време да им обезбеди и финансиска помош.Претставниците на клубот информираа дека ќе се посветат максимално со работа во младинските категории и охридските кошаркарски таленти, и чекор по чекор да  одат напред и од наредна година да се натпреваруваат во прва лига. 

Македонија | пред 5 години

asfalt

Асфалтирани краци од ул. „Момчило Јорданоски“ во Охрид

Деновиве заврши асфалтирањето на краци од ул. „Момчило Јорданоски“во должина од 340 метри односно површина од  2000 метри квадратни. Станува збор за проект кој е дел од годишната програма за работа на Секторот за комунални дејности  и сообраќај и улици  при општина Охрид. Вредноста на проектот е 3 000 000 денари, средства обезбедени од Буџетот на Општина Охрид.  Изведувач на градежните активности е АД „Илинден“ од Струга.Со реализација на проектот се решава деценискиот проблем на жителите од овој дел на градот кои се движеа и сообраќаа во неадекватни услови. 

Македонија | пред 5 години

kosta-1

(ФОТО) Сугаревски во Охрид, лично да ги види инфраструктурните проекти кои општината ги реализира со поддршка на Министерството

Градоначалникот Константин Георгиески денеска оствари средба со Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, кој беше во работна посета на Општина Охрид. На средбата беше разговарано за  инфраструктурните проекти кои општината ги реализира со поддршка на Министерството за транспорт и врски, како и за идните планови за заедничка соработка.Исто така, на средбата беше разговарано и за посветеноста на локалната и централната власт во насока на уредување на крајбрежјето на Охридското Езеро во согласност со Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион и неселективното применување на законските прописи, во делот на исполнување на препораките на УНЕСКО.Министерот и градоначалникот извршија увид на градежните работи  за реконструкција на улицата „Абас Емин“ каде што во моментов се изведуваат работни активности во рамки на првата фаза од проектот, на потегот од крстосницата со булевар „Туристичка“ до крстосницата со улицата „Македонски Просветители“.Проектот за реконструкција на оваа улица е поделен на два дела, првиот дел, за изведба и реконструкција на фекалната, атмосферската и водоводната мрежа на оваа улицата се реализира со поддршка на Министерството за транспорт и врски и со средства од Европската банка за обнова и развој. Вториот дел од инвестицијата кој ќе опфати комплетна реконструкција на коловозната лента и тротоарите во должина од 1100 метри, од крстосницата со булевар „Туристичка“ до крстосницата со улицата „Железничка“ ќе се реализира со средства од Буџетот на Општина Охрид. Вредноста на вкупната инвестиција е околу 40 милиони денари.за транспорт и врски, како и за идните планови за заедничка соработка.Исто така, на средбата беше разговарано и за посветеноста на локалната и централната власт во насока на уредување на крајбрежјето на Охридското Езеро во согласност со Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион и неселективното применување на законските прописи, во делот на исполнување на препораките на УНЕСКО.Министерот и градоначалникот извршија увид на градежните работи  за реконструкција на улицата „Абас Емин“ каде што во моментов се изведуваат работни активности во рамки на првата фаза од проектот, на потегот од крстосницата со булевар „Туристичка“ до крстосницата со улицата „Македонски Просветители“.Проектот за реконструкција на оваа улица е поделен на два дела, првиот дел, за изведба и реконструкција на фекалната, атмосферската и водоводната мрежа на оваа улицата се реализира со поддршка на Министерството за транспорт и врски и со средства од Европската банка за обнова и развој. Вториот дел од инвестицијата кој ќе опфати комплетна реконструкција на коловозната лента и тротоарите во должина од 1100 метри, од крстосницата со булевар „Туристичка“ до крстосницата со улицата „Железничка“ ќе се реализира со средства од Буџетот на Општина Охрид. Вредноста на вкупната инвестиција е околу 40 милиони денари.

Македонија | пред 5 години

kekekoski

Кекеноски: Време е да изберете народни пратеници, наместо партиски платеници и послушници

Зошто ДИК и Комисијата за заразни болести не реагираат на прекршувањето на мерките и препораките за заштита од корона вирусот 19 од страна на политичките партии?.  Во паниката кој се повеке ги фаќа, поголемите политички партии воопшто не ги почитуваат мерките и препораките за заштита и почнаа да одржуваат народни митинзи каде на мал простор собираат (односно ги тераат да се собираат) партиските приврзаници. Притоа воопшто не водат сметка за препорачаната дистанца помеѓу присутните. Ја прашувам Комисијата за заразни болести дали мерките и препораките важат само во маркетите, банките, кафеаните и др институции, а не и при организирање партиски митинзи?  Кој ке ја сноси одговорноста доколку по изборите бројката на новозаразени порасне повекекратно? Затоа во име на Коалицијата ,,Никогаш северна, само Македонија” бараме ДИК и Комисијата да ги казнат сите партии кои одржаа вакви собири и каде ги прекршија мерките и препораките при што свесно ги доведуваат граѓаните во опасност од можна зараза, истакна  проф Јове Кекеновски, претседател на ФРОДЕМ и дел од колицијата „Никогаш северна само Македонија од Кавадарци и Неготино.Тој додаде:Функциите не се побитни од нашето здравје.Во Србија добровоно ги затворија џамиите. Овде партиите треба да се откажат од митинзите и да ги доведуваат во опсаност сопственото членство.Обвинителите се ажурни само кога е во прашање нивната кожа и кога ке им се споменуваат нивните дела и тогаш се закануваат со тужби и опомени пред тужби. Инаку молчат цело време и чекаат налог од партиите на кои им се должни. Уште молчат и не реагираат на ниту една од аудио бомбите кои постојано излегуваат во јавноста иако се работи за сериозни индиции. Од нив гледаме дека она што го правеле едните во минатото го продолжиле сегашниве уште пожестоко. Уцени, крадење, заканување, награди за палење коли на неистомисленици и што уште не. Зато ние нема и понатаму да дозволиме да имаме вави судии и обвинители, нема пресудите да ни ги иктираат политичарите и бизнисмените. НЕма во иднина политичарите и бизнисмените да одлучуваат кој ќе биде процесиуран а кој ослободен.Ние нема да ги праќаме во пензија политичарите и незосвесните судии и обвинители. Ниле го испратиме во КПУ да си го отслужат сторените злодела.2 Затоа Овие избори се битка за Македонија и Македонското. Оваа битка мораме да ја избориме со пенкало. Зошто веруваме дека ке победиме во оваа битка? Затоа што ова е:битка на чесните против арамиите во политиката,битка на достоинствените наспроти подгрбавените,битка на оие кои ја бараат правдата против рушителите на Уставот и законитебитка на оние кои си ги љубат своето, наспроти оние кои го грабаат нашето и распродаваат заедничкото.Затоа на 15 јули драги го бараме и очекуваме со Вашиот глас за нас, конечно да а расчистиме со сите нивДа расчистиме со коие кои нелегално снимаат, уценуваат, рекетираат и диктираат пресуди; и не досиромашуваат и обезличуваатВРЕМЕ Е ЗА ОДГОВОРНОСТ И КАЗНА.ВРЕМЕ ДА ИЗБЕРЕТЕ НАРОДНИ ПРАТЕНИЦИ, НАМЕСТО ПАРТИСКИ ПЛАТЕНИЦИ и ПОСЛУШНИЦИ Ајде да видиме кои ни се противниците?Во ИЕ 1 - проф. поранешна либералка, противник на ДПМНЕ, сега перјаник на ДПСМНЕ и поранешен амбасадор на ДПМНЕ, сега министер на гурбет во СДССМ, човек кој го потпиша Преспанскиот договор напсроти една чиста душа на нашата коалиција г-ѓа Билjана ЏингоВо мојата ИЕ 2 имам против кандидат неуспешен технички премиер кој носеше пиши бриши уредби и поранешен министер од ДПСМНЕ со еден куп кривични пријави. Патем кога овој вториот студираше јас и моите колеги бидете сигурни дека не го учевме на вакви работи.Во ИЕ 3 повторно носител на листа кој е обвинет за милионски криминал кој се штити со помош на функцијата која ја извршува генерален секретар на партија, класичен силеџија наспроти патриотот проф. Вангел СимевВо ИЕ 4 имате поранешен премиер на партијата на власт за кој нема ништо да кажам бидејки делата негови зборуваат, а туке е и еден неработник и партиски прислушник кој за време на неколку пратенички мандати станал милионер наспроти проф д-р Јанко Бачев претседател на Единствена Македонија, вистински и чесен патриотВо ИЕ бр 5 имате амнестиран уметник за кој неговите довчерашни соборци велат дека со своите ортаци требал да подлели 200.000 евра за да ја брани (или по се изгледа растура) државата, и онаа која повеќе од 20 години е во шеќерот наспроти ген. Сек. на партијата Единствена Македонија, вистинси домакин и одговорен човекИ во ИЕ 6 храбриот наш млад соистомисленик и патриот наспроти анонимни доктори кои наместо да си ја гледаат професијата и да се борат против корна вирусот се плеткуваат во политиката, истакна проф. Кекеноски.

Слајдер | пред 5 години

sela

Села од Форино: По 15 јули ќе го ослободиме и Али Ахмети од заробеништво

Коалицијата „Сега е време“ меѓу Алијансата за Албанците и Алтернативата, одржа митинг во село Форино во Гостивар. Носителот на шестата изборна единица, исто така претседател на Алијанса за Албанците, Зиадин Села на почетокот на својот говор, објаснувајќи делови на изборната програма, се фокусираше на ограничување на коцкањето и рече дека во првите сто дена по доаѓањето на власт ќе донесат закон со што казина ќе има во хотели со пет ѕвезди.Тој понатаму рече дека оваа коалиција не бара мандат да го затемни животот на Албанците, туку Албанците да станат слободни и достоинствени, домаќини во својот дом. Села вети дека ако оваа коалиција победи на изборите, ниту еден Албанец нема да биде загрозен заради неговата партиска припадност. Села исто така истакна дека идејата на ДУИ за албански премиер е обид за камуфлажа на дискриминација и угнетување на Албанците.„Не можам да разберам, како сега тие можат да побараат Албанец да биде премиер?“ Тие се на власт 18 години и ја добија поддршката и гласовите на Албанците. Како до сега не ја остварија оваа идеја и што навистина бараат сега “, рече Села, додавајќи дека доаѓа времето на промена, со што рече, по 15 јули, Али Ахмети ќе биде слободен, затоа што досега некогаш беше заробен од страна на ВМРО, а некогаш и од СДСМ.Барајќи поддршка на овие избори, Села истакна дека Албанците треба да гласаат за албанските кандидати, а не за списоците што се дел од, како што рече, каков било договор за коалиција што и служи на другата страна.Шефот на изборниот штаб и генералниот секретар на партијата Арбен Таравари исто така одржа говор на митингот, изразувајќи оптимизам за победа.„Промената што ја започна Гостивар ќе продолжи со Липково и Струга. Претседателе, ви ветувам дека во Гостивар победата над ДУИ ќе биде два спрема еден“, рече Таравари.На присутните им се обратија и кандидатите за пратеници: Газменд Абдија, Елхоме Мемеди, Афан Елези и Халил Снопче. Откривајќи делови од програмата, тие ветија дека ќе бидат вистинскиот глас на Албанците во парламентот, создавајќи над 25.000 слободни работни места, еднаков развој на албанските и македонските региони и одржување на младите во татковината.

пред 5 години

fatime-fetai

Фетаи во самоизолација, нејзиниот колега Гаврил Бубевски бил позитивен на коронавирусот

Обвинителката Фатиме Фетаи, која беше дел од поранешното специјално обвинителство во следните 14 дена ќе биде во самоизолација откако нејзиниот колега обвинителот Гаврил Бубевски бил позитивен на коронавирусот, објави Фактор.мк.Оваа ситуација го одложи утрешното рочиште за случајот Монструм односно убиството кај Смилковско езеро. Фетаи нема да присуствува нити на судењето кое беше закажано за 9 јули а кое се однесува за „Насилството во Центар“. Фетаи за Фактор вели дека се чувствува добро и дека нема симптоми исто како што немал и Бубевски.„ Со колегата работиме заедно и заедно одиме на судења каде седиме еден до друг. Секако ги почитуваме препораките, но според епидемиолошката анкета јас мора да сум дома во самоизолација, вели Фетаи за Фактор.извор: Фактор.мк 

Македонија | пред 5 години

korona6

Денеска регистрирани 78 нови случаи на ковид 19, починаа 5 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 894 тестирања, а регистрирани се 78 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-26, Куманово-4, Дебар-1, Штип-17, Тетово-9, Струга-3, Битола-1, Охрид-1, Гостивар-5, Крива Паланка-1, Кочани-1, Пробиштип-3, Виница-1, Свети Николе-5.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 172 оздравени лица од: Скопје-72, Куманово-53, Штип-20, Прилеп-4, Тетово-10, Велес-1, Гостивар-5, Пробиштип-2, Ресен-4, Неготино-1.Починати се  5 лица, тројца пациенти од Скопје, еден од Куманово и еден пациент од Струга.На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти на возраст од 70 и 80 години.Во ГОБ „8 септември“ починати се пациенти на возраст 77 и 63 години, кај едниот пациент вирусот е докажан постмортем. Во ОБ Струга е починат пациент на 86 години.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7124, бројката на оздравени пациенти е 3199, на починати е 346, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3579. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:•       Скопје 3422, активни 1960•       Куманово 801, активни 194•       Дебар 110, активни 58•       Штип 390, активни 157•       Прилеп 281, активни 51•       Тетово 775, активни 391•       Струга 268, активни 169•       Велес 196, активни 42•       Битола 62, активни 23•       Охрид 205, активни 176•       Кавадарци 21, активни 15•       Гостивар 161, активни 93•       Гевгелија 12, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)•       Струмица 17, активни 9•       Крива Паланка 17, активни 11•       Радовиш 4, активни 0•       Крушево 7, активни 3•       Кочани 75, активни 22•       Пробиштип 29, активни 18•       Демир Хисар 2, активни 1•       Македонски Брод 6, активни 4•       Пехчево 6, активни 3•       Берово 3, активни 0•       Валандово 6, активни 2•       Виница 4, активни 1•       Делчево 1, активни 0•       Кратово 5, активни 2•       Свети Николе 47, активни 42•       Кичево 48, активни 39•       Ресен 122, активни 85•       Неготино 21, активни 5 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 894 теста се преку: ИЈЗ –544, МАНУ -96, Жан Митрев (Филип Втори) -71 и Систина со PCR метода -183. Досега во земјата се направени вкупно 68.059 тестирања на ковид -19.  Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 5 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 90 пациенти. На кислородна поддршка се 53 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.Во болницата во Козле се хоспитализирани 29 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 4 деца позитивни и суспектни на вирусот.Во ГОБ „8 Септември“ примени се 6 нови, вкупно хоспитализирани се 122 пациенти. На респираторна машина се 3 пациенти.Во болницата во Битола се хоспитализирани 37, а во болницата во Штип се хоспитализирани 45 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп и Гостивар се хоспитализирани 94 пациенти - позитивни и сомнителни на ковид-19.Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)•       Чаир – 402•       Аеродром - 155•       Бутел - 170•       Гази Баба - 201•       Центар – 149•       Карпош – 166•       Сарај – 150•       Кисела Вода – 110•       Ѓорче Петров – 115•       Студеничани – 107•       Шуто Оризари – 95•       Арачиново – 51•       Илинден – 35•       Петровец – 17•       Чучер Сандево – 18•       Сопиште – 9•       Зелениково-8•       Странец – 2•       Нераспределен- 0

Македонија | пред 5 години

Budzak

(ВИДЕО) Се руши хотел дивоградба на самиот брег на Охридското Езеро

Се руши хотел дивоградба кој се наоѓа на самиот брег на Охридското Езеро. Акцијата ја спроведува општина Охрид.Акција за уривање на овој хотел првично имаше на 30 септември 2019 год, но општинските екипи тогаш се повлекоја по ветувањето на сопственикот дека сам ќе си го урне објектот. Тогаш општината му даде рок од 20 дена, но сопственикот не само што не го испочитува овој рок, туку до ден денес, немаше отстрането ни една штица од објектот.Хотелот се наоѓа на самиот брег на Езерото и истиот е во близина на бетонската база изградена од советникот Нефи Усеини. Објектот е изграден на земјиште во приватна сопственост без никакво одобрение добиено од Општина Охрид.;Инаку ова е дел од акцијата која локалната самоуправа ја спроведува по препораките на УНЕСКО, и со која се отстранува урбаната опрема и остатоците од објекти кои се лоцирани на крајбрежјето на Охридското Езеро.Се работи за урбана опрема и градби кои се надвор од опфатот на Генералниот урбанистички план. По завршувањето на активностите за отстранување на овој потег од крајбрежјето, ќе се пристапи кон отстранување и на останатите објекти, потпорни ѕидови, шанкови, метални конструкции и настрешници, кои исто така се надвор од опфатот на Генералниот урбанистички план и навлегуваат во КП 1/1 Охридско Езеро.Објектите кои се наоѓаат во опфатот на Генералниот урбанистички план ќе бидат решавани со изготвување на Урбанистичко-планска документација за крајбрежје, согласно Планот за управување со природното и културното наследство на Охридскиот регион.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

(ФОТО) Филипче: Целосно ги реновиравме хируршките сали на Клиниката за ортопедски болести при ТОАРИЛУЦ

Кон крајот на 2018 година, се пуштија во употреба комплетно реновираните хируршки сали на Клиниката за ортопедски болести при ТОАРИЛУЦ - Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар. Направена е комплетна реконструкција на операционите сали по сите светски стандарди.Заменети и надградени се сите постојни инсталации. Има нова климатизација и вентилација на салите со комплетна регулација на воздухот. Вградени се нови оперативни столови и нови светла над нив. Исто така, набавена е и нова надстандардна и софистицирана медицинска опрема.„Условите за третман на пациентите во оваа установа се одлични. Пациентите сега имаат врвна медицинска услуга. Го подигнавме здравствениот систем на едно повисоко ниво. Ги подобривме условите во 32 јавно-здравствени установи, а во моментов се подобруваат условите и во други клиники и болници. Пациентите и вработените во јавното здравство конечно ги ставивме на прво место. Продолжуваме преку инфраструктурно инвестирање да им ја олеснуваме работата на сите здравствени работници, а пациентите да бидат задоволни од здравствениот третман“, изјави министерот Филипче.Целото реновирање чинеше над 30 милиони денари. Најголемиот дел од средствата се преку Фондот за здравствено осигурување, Министерството за здравство и околу 1.5 милиони денари од донации.

Македонија | пред 5 години

grom

Овчар загинал од удар на гром во Свети Николе

Овчар загинал од удар на гром во селото Дорфулија во Свети Николе.Според информациите на МВР, несреќата се случила вчера околу 20 часот. Во полиција било пријавено дека на место викано „Дорфулиски ливади“, Т.Ш.(46) од село Дорфулија, додека напасувал стадо овци, го удрило гром и починал на местото.Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Свети Николе.

Македонија | пред 5 години

8-mi-septemvri

Фокус: Двајца анестезиолози во ек на пандемијата ја напуштаат ГОБ „8 септември“ и заминуваат на работа во приватна болница

Двајца анестезиолози од вкупно 13 во Градската болница „8 септември“ во најголемиот ек на пандемијата со Ковид 19 одлучиле да ја напуштат и да заминат на работа во приватната болница „Систина“, неофицијално дознава „Фокус“.Според информациите на Фокус, тие во петокот се обратиле до директорот на болницата, доктор Кристијан Костов позната како Ковид центар и во која во моментот се носат најтешките случаи за да им потпише отказно решение. извори за Фокус тврдат дека едниот од анестезиолозите претходно веќе работел во приватната болница, но се вратил во Градската болница, од која сега сака повторно да замине.На двајцата анестезиолози за да останат на работа во болницата им било понудено да останат и две недели на одмор, но сепак во најтешките моменти во историјата на оваа болница да не ги оставаат на цедило нивните колеги, кои деноноќно водат битка со пациентите од кои од седум до 12 секојдневно ја губат битката со вирусот.фокус.мк

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Две малолетни деца од Струмица извршиле полов напад врз малолетно девојче

Малолетно лице во Струмица силувано од неговите врсници. Имено, изминатата ноќ во 01:00 часот во СВР Струмица, било пријавено дека на 18.05.2020 во попладневните часови бил извршен полов напад на малолетно лице од страна на други двајца малолетници, информира МВР.Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од полицијата.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Притвор за осомничените кои лишија од слобода државјанка на Италија​

Основното јавно обвинителство Охрид поведе постапка против две лица, на возраст од 19 и 20 години, за кои постои основано сомнение дека го сториле кривичното дело – Противправно лишување од слобода од член 140 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.Двајцата соизвршители, кривичното дело го сториле на 3 јули 2020 година, кога противправно ја лишиле од слобода и го ограничиле движењето на оштетената, државјанка на Република Италија. Првоосомничениот кој имал привремен престој во Италија, во државава пристигнал заедно со оштетената, со намера да ја убеди таа да склучи брак со второосомничениот, негов роднина од Скопје, за да може и тој да замине во Италија. Откако пристигнале, осомничените ја заклучиле оштетената во стан во Охрид и се одалечиле во непознат правец. Настанот бил пријавен од  Амбасадата на Република Италија, по што осомничените биле пронајдени и лишени од слобода.Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид до Основниот суд Охрид достави Предлог за определување на мерката притвор за двајцата осомничени, поради постоење опасност од бегство и можност осомничените да го повторат кривичното дело. Судот го прифати предлогот и со Решение на двајцата осомничени им е определен притвор во траење од по 8 дена.

Македонија | пред 5 години

DSC_8107

Филипче: За првпат преку IPA 3 инструментот ќе инвестираме во одделенијата за интензивна нега ширум земјата

На вчерашната средба во Охрид со специјализантите и младите лекари, министерот за здравство доц. д-р. Венко Филипче ги истакна и можностите кои се нудат на јавното здравство преку усогласувањето со законодавството на Европската Унија, како и новите можности кои ги нудат програмите. Во таа насока тој истакна дека преку IPA 3 инструментот за првпат се дедицирани средства за унапредување на здравствениот систем во нашата земја, наменети за инвестиции пред сè во луѓето и во опремувањето и унапредувањето на одделенијата за интензивна нега ширум земјата.„Усогласувањето со законодавството на ЕУ и за нас отвора нови врати. За првпат во IPA 3 инструментот ќе има пари за здравство, за здравствениот систем. Направивме предлог проекти кои сегменти сакаме да ги зајакнеме. Правилно сме процениле дека најмногу треба да се инвестира во луѓето. Кризата со коронавирусот потврди дека вистинската инвестиција во здравството е прво во луѓето, потоа опремата, за што разговаравме и со ЕУ, и утврдивме дека е најважно да се зајакнат најбитните сегменти во секоја установа - а тоа се одделенијата за интензивна нега.“ – истакна Филипче.Филипче разговараше со младите лекари и специјализанти за важноста на одделенијата за интензивна нега, како во однос на опременоста со современи апарати и целосна инфраструктура, така и со силни и обучени тимови на медицински персонал кои ќе им пружаат соодветна нега и третман на најкритичните пациенти.„Каква е интензивната нега, какви доктори работат таму – тоа е лицето на една здравствена установа. Важно е каква опрема има, каков медицински кадар, лекари и сестри, колку се обучени, каква услуга даваат – тоа е вистинското лице на здравствениот систем и затоа со помош од ЕУ ќе продолжиме и да го зајакнуваме тој сегмент.“ – изјави Филипче и додаде дека е од исклучителна важност да се зајакнат и унапредат одделенијата за интензивна нега во сите поголеми јавни здравствени установи во земјата, како дел или одделно од инфективните одделенија.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Денеска и утре дожд и грмежи од среда сонце

Денеска ќе преовладува променливо облачно претпладне со сончеви периоди и појава на краткотраен дожд, а од пладне нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер понекаде и во форма на невреме. УВ=7И утре според најавата на управата за хидрометеоролошки работи ќе преовладува променливо облачно и нестабилно на повеќе места со пороен дожд, грмежи. Ќе дува засилен северен ветер, кој со помал интензитет ќе се задржи и преку ноќта. УВ=7Стабилизација на времето се очекува од среда. 

Македонија | пред 5 години

bigorski

Одржан спортски настан во чест на јубилејот – 1000 години Бигорски манастир

Денес, на наша голема радост и во пресрет на празникот „Раѓање на свети Јован Крстител – Иванден“, група спортисти, кои многу години наназад практикуваат различни спортски дисциплини во прекрасниот Мавровски регион, ги посветија своите спортски подвизи на големиот Јубилеј – 1000 години од основањето на Бигорскиот манастир, објави канал 5.Учество зедоа спортско-качувачките клубови од нашата земја (СКК Екстрем – Скопје, СКК Карпош – Скопје, СКК Вертикал – Битола, СКК Астибо – Штип, СКК Карпи за секој – Демиркапија), членови на Спортско Качувачката Федерација, под раководство на претседателот г. Владимир Трповски, а нивни предизвик беше да ги качуваат атрактивните и светски познати насоки во Мавровската пештера.Во четвртокот, пак, во попладневните часови, од граничниот премин Стрезимир, тројцата искусни планинари и алпинисти: Марио Шаревски, Маја Бошкоска и Војкан Недковски, за првпат во историјата на македонското планинарење поминаа трансверзала по планинскиот венец Кораб-Дешат-Крчин по следниов правец на движење:Шерупа – Зиберова кула – Голема Корабска Врата (камп)- под Бел Врв и Црна Чука – Кепи Бард – Кобилино Поле (камп 2)- Голем Кораб – Мал Кораб – Боази – Изгревно Езеро – под Дерза, Црн Камен, Шупла Стена – Шкртец (камп 3) – Плоча – Високо брдо – Иноска – Веливар – Св. Недела – Крчин. Притоа, тие поминаа растојание од 70 км, со искачена надморска висина од 4377м., во времетраење 31:48 ч., од кои во активно одење 22:21 ч.Бог да ги благослови сите оние кои зедоа учество и дадоа придонес за реализирањето на овој навистина прекрасен настан, кој успеа да се одржи и во услови на зголемени мерки за заштита и превенција од коронавирусот, притоа не отстапувајќи од наведените владини препораки.извор и фото: Канал 5

Македонија | пред 5 години

page_5.jpg1_

НАЈНОВА ВЕСТ - Почина Енио Мориконе

Во 91 година од животот утрово почина Енио Мориконе, италијански композитор, кој е автор на музиката за познатите филмови  „Професионалец“ и „Беше днаш во Америка“.

Магазин | пред 5 години

Нема фотографија

Јорго Огненоски: Автопатот за Охрид СДСМ и ВМРО ќе го доградат кога автомобилите ќе почнат да летаат

Имаме повеќе проблеми во Охрид, но ќе спомнам некои од поважните.Број еден: И двете владејачки партии веќе осум години зборуваат дека ќе се изгради некој си покриен базен но за жал тој базен се гради со години и од тоа нема ништо. Останато е само столбови од цименто.Со години се гради автопатот. Јас доаѓам и живеев многу години во Америка, многу повеќе од 30 години. Ја пратам ситуацијата. Секој граѓанин во Македонија знае ние за брзо ќе имаме коли кои што ќе летаат, така да извесно време нас патот нема да ни биде потребен. Зборуваме како демократи и подобро е да не го градат.Друга работа што во Охрид е една од најголемите катастрофи а нас УНЕСКО секојдневно ни укажува да го средиме проблемот е со дивоградбите. Се уништува брегот на езерото, се градат дивоградби кој ќе стигне, се гради исто така и во градот. Ние мора тоа да го спречиме. Во Охрид покрај брегот исто има доста ресторани, кафичи кои што последните години плаќале 500 евра годишно концесија или некој не плаќале. Сакам да кажам сега веќе во овој момент има десетина активни дивоградби кои што се градат во Охрид а постои мораториум да не може да се гради ништо.Каде се тие инспектори? Каде е власта? Каде е градоначалникот. Градоначалникот еднаш изјави дека му било страв да се расправа со дивоградбите. Ако е тоа точна изјава тогаш зошто сте се нафатиле да бидете градоначалник. Зошто вас ви е страв? Од кого ви е страв кога вашата партија е на власт?Имаме база која што е на 200-300 метри, база на цимент кој што градат и не можам да сватам кој му дозволи. Сега се слуша дека од непознат сторител базата била изградена. Од непознат сторител! Па тоа не е ливче фрлено на улица па не знаеме кој го фрлил.Доста не’ лажат, доста не’ упропастуваат. Животот ни го уништија. Јас толку време не живеев овде, кога дојдов бев зачуден. Што ние молчиме? На кого му молчиме? На луѓето кои што не’ уништуваат?!Не смееме повеќе. Затоа последен пат ве повикувам, гласајте за “Демократи” заедно здружетесе да креираме функционална држава.Заокружете број 2. Да живее Македонија, истакна Јорго Огненоски од политичката партија “Демократи”.

Слајдер | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања