Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

zname

15 јули неработен - нема да се одработува

Владата на денешната седница, донесе заклучок со кој 15 јули се определува за неработен ден заради непречено спроведување на изборниот процес за предвремените парламентарни избори и истиот нема да се одработува.Владата на денешната 74-та седница го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести, со кој од категориите на лица кои се ослободени од работа и работни активности – родителите на деца до 10-годишна возраст, во овој период да се вратат на работните места само родителите на децата кои се вклучени во воспитно-образовниот процес во училиштата, имајќи предвид дека учебната 2019/2020 година е завршена.Дополнително, институциите кои за време на претстојните предвремени избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија имаат зголемен обем на работа во делокругот на нивната надлежност поврзана со изборниот процес, како на пример Основниот и Вишиот управен суд, Државната изборна комисија и други, да ги вратат во редовен работен процес вработените лица во овие институции кои по различни основи се опфатени и ослободени од работни активности со мерките и препораките на Владата со  цел непречено извршување на редовните законски надлежности поврзани со активностите во изборниот период, информираат од Владата.

Македонија | пред 5 години

skolo

Родителите кои чуваа деца до 10 годишна возраст, а беа ослободени од Владата се враќаат на работа

Владата на денешната 74-та седница го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести, со кој од категориите на лица кои се ослободени од работа и работни активности – родителите на деца до 10-годишна возраст, во овој период да се вратат на работните места само родителите на децата кои се вклучени во воспитно-образовниот процес во училиштата, имајќи предвид дека учебната 2019/2020 година е завршена.

Македонија | пред 5 години

Civil

Смртни закани против ЦИВИЛ, кампањата трае со години, институциите молчат

Утринава, на фиксната телефонска линија на ЦИВИЛ два пати се јави едно лице кое не сакаше да се претстави и кое упати смртни закани до организацијата, која веќе две децении ги промовира и брани човековите права и слободи, слободата на изразувањето, правото на глас, социјалните и работничките права.Во своето анонимно јавување лицето што ја упати заканата, меѓу другото, рече: „Ќе видите вие кога јас ќе ви го уништам животот“. Идентификаторот на телефонскиот апарат на ЦИВИЛ го откри мобилниот телефонски број од кој се јави лицето што упати закани по животот на луѓето на ЦИВИЛ.ЦИВИЛ го пријави случајот со вандализирање во полициската станица 1 (Беко), а телефонските закани ги пријави на телефонскиот број 192, а поднесе и соодветна пријава во полициска станица во текот на денот.Ова не е првпат ЦИВИЛ да биде мета на жестоки напади со говор на омразата, со лажни вести и со закани по животот.Минатата недела, седиштето на ЦИВИЛ беше и вандализирано, паното на ЦИВИЛ беше турнато и врз него беше поставена лопата, а влезната врата беше оштетена.По 27-априлските настани во Собранието во 2017 година, во седиштето на ЦИВИЛ имаше провална кражба кога беа украдени компјутери, опрема и електронска архива. Крадците веројатно не знаеле дека сензитивните податоци се на безбедно и никогаш нема да бидат откриени. Како и да е, иако од местото на настанот беа подигнати отпечатоци од прсти и други докази, случајот никогаш не беше решен.На социјалните мрежи, но и на медиумите, функционери на политички партии, новинари, уредници, директори на јавни институции, па дури и еден генерал, сите блиски до структури со изразена десничарска идеологија, континуирано спроведуваат кампања со лажни вести и говор на омразата, а некои од нив повикуваат и на насилство и физичка елиминација на раководителот на ЦИВИЛ и на самата организација.Институциите, како и организациите на граѓанското општество до сеа не покажаа интерес да ги опоменат, спречат или санкционираат овие напади кои траат подолго од една деценија. 

Македонија | пред 5 години

policaec

(ВИДЕО) Полицаец шамара момче во Скопје

Видео во кое полицаец му удира шамар на момче испратија до редакцијата на Телма загрижени граѓани кои биле сведоци на настанот.Според нивното кажување инцидентот се случил вчера попладне на партизанска во Карпош 4. Најверојатно полицијата го сопрела момчето за тоа што со своето возило поминал на црвено, но по тоа еден од полицајците му удира шамар, а друг го трга на страна и вебално го напаѓа. Телма праша во внатрешната контрола, од каде потврдуваат дека видеото стигнало и до нив утрово. Се работи на препознавање на полицајците по што ќе следува и понатамошна постапка, велат од внатрешната контрола. И според нив првичниот впечаток е дека полицијата без потреба употребила сила, но сепак конечната одлука ќе следува откако ќе се разговара и со припадниците на МВР.Инаку покрај другото тие се на терен а ниту еден од тројцата не носи ниту заштитна маска ниту ракавици и покрај мерките за задолжително носење кога не може да се држи дистанца.

Скопје | пред 5 години

manu

МАНУ: Македонско – бугарскиот јазичен спор не е спор, туку апсурд

Да се дадат вистински аргументирани и научни одговори за континуитетот и еволуцијата на македонскиот јазик и за неговото место во меѓународната славистика и лингвистика е целта на четири капитални изданија за македонскиот јазик, кои денеска беа промовирани на платото пред Македонската академија на науките и уметностите, објави Фокус.мк.Станува збор за дела кои, на иницијатива на Македонската академија на науките и уметностите и со целосна поддршка и вклученост на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и Советот за македонски јазик, излегоа од печат деновиве: „Македонскиот јазик – континуитет во простор и време“, колективна монографија во којашто е даден синтетски преглед на историскиот развој на македонскиот јазик од IX век па сè до неговата кодификација; „Погледи за македонскиот јазик“, меѓународен зборник на трудови во којшто над 40 странски и македонски лингвисти имаат свои прилози за различни аспекти на македонскиот јазик; „Македонска хрестоматија“, избор на позначајни македонски текстови од IX до XX век; и „Лингвистички атлас на македонските дијалекти“, кој дава продлабочен увид во лексичкото богатство на македонските дијалекти, објави Фокус.мк.Извор: Фокус.мк

Македонија | пред 5 години

dik-1

ДИК: На гласање граѓаните нема да може да се оди со маски на кои што ќе има амблеми на политички партии

Државната изборна комисија (ДИК) утре ќе организира симулација на безбедно гласање со примена на сите мерки и здравствени препораки на едно избирачко место на кое што ќе бидат поканети сите медиуми.Ќе биде опфатен целиот избирачкиот процес во реални услови, објави МИА.-Почнувајќи од доаѓањето на граѓаните на избирачкото место, чекањето, влегувањето, дезинфекцијата, идентификација, се што е по закон, со посебно напоменување на сите здравствени мерки кои треба да ги почитуваат граѓаните, но и самите изборни органи и домашните и странскирте набљудувачи, најави Борис Кондарко, член на ДИК.На настанот ќе бидат поканет медиумите, домашни и странски меѓународни мисии, посебно мисијата на ОБСЕ/ОДИХР, од Министерството за здравство, како и претставници на амбасадите. Ќе бидат поканети и учесниците на изборите односно политичките партии.На денешната седница на ДИК беше најавено, исто така дека граѓаните ќе можат да гласаат на изборите на 15 јули со пасоши чија важноста истекла од 18 март наваму, за време на вонредната состојба, имајќи предвид дека тие ќе имаат важност до 31 јули.Кондарко информираше дека на гласање граѓаните нема да смеат да одат со маски на кои што ќе има амблеми на политички партии, бидејќи тоа ќе се третира како агитирање на избирачкото место што е забрането со закон.На 13 и 14 јули, кога гласаат лицата со Ковид-19, во изолација, болни, немоќни и хронично болни, членови на ОИК и на ИО, ќе можат да бидат ослободени од работа доколку има потреба да бидат ангажирани и овие два дена.Елизабета Постолоска член на ВМРО-ДПМНЕ и Дитмире Шеху потпретседателка на ДИК и член на Комисијата предложена од ДУИ, побараа дополнување на дневниот ред, односно менување на упатството на ДИК за гласање на лицата со Ковид-19 и во самоизолација, објави МИА.Постолoска побара нова точка на дневен ред односно менување на упатството за гласање за овие лица, за да се овозможи за гласање да се пријават лица со позитивен тест со Ковид-19 кои не добиле решение од Државниот здравствен и санитарен инспекторат.Како доказ дека се позитивни на Ковид 19 овие лица, како што предложи таа, да можат до Комисијата, односно до ОИК да го достават резултатот од тестот.Потпретседателката на ДИК Шеху рече дека бара дополнување на дневниот ред. Владата, додаде таа, со указ утврди и им даде право да гласаат на лицата кои се со Ковид-19 и лицата кои се во изолација.-Врз основа на информациите од општинските изборни комисии, тие само доставуваат известувања, но затоа што имаат само еден смс или добиле повик од матичниот лекар или од Инспекторатот дека истата личност треба да остане во изолација, додека решенијата ќе им бидат подготвени за кратко време. Досега, тие не успеале да добијат решенија од Инспекторатот дека се во самоизолација, додека крајниот рок за поднесување е 8 јули, појасни Шеху.Ова не беше прифатено од страна на членовите на ДИК, предложен од СДСМ Кондарко и Јанаќие Витанов кои сметаат дека на ден пред завршување на рокот на пријавување на овие лица не може да се менува упатство за гласање на лицата со Ковид-19 и во самоизолација.Рокот за пријавување на гласање на лицата со Ковид 19 и во самоизолација или во карантин завршува утре на полноќ. Освен со полномошник, тие ќе можат да се пријават за гласање и преку апликацијата за пријавување за гласање на овие лица поставена на веб страната на ДИК https://izolacija.sec.mk/.ДИК на денешната седница вршеше избор на нови членови на местата на оние лица кои барале изземање од ОИК или од избирачките одбори.До ДИК има пристигнато голем број барања за изземање од здравствените работници кои ќе бидат ангажирани на 13 јули за гласањето на лицата со Ковид и во самоизолација. Во овие посебни избирачки одбори се избрани 300 здравствени работници. Имало 80 оправдани барања за изземање и 20 неоправдани.Членот на ДИК, Елизабета Постолоска, како што рече, ги замолува здравствените работници на разбирање, додавајќи дека сите сме свесни колку се тие на удар и ангажирани последниве месеци поради пандемијата со Ковид-19.-Ако продолжиме со ваков интензитет на изземање ние нема да можеме да формираме избирачки одбори, рече Постолоска.Државната изборна комисија на денешната седница го отфрли приговорот на Никола Димитров, носител на кандидатска листа во ИЕ 1 на СДСМ поднесен за попречување на изборна кампања за портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилкоски, со барање тој да биде парично казнет за тоа, како што предидува законот и тоа меѓу шест и две илјади евра. ДИК, како што нагласи, Постолоска е ненадлежна за ова и упати Димитров приговорот да го поднесе до Основниот суд.На 9 јули истекува рокот на за пријавување на набљудувачи на предвремените парламентарни избори на 15 јули. Барања за акредитирање домашни и странски набљудувачи до ДИК пристигнуваат секојдневно. Денеска има уште три нови. ДИК досега акредитирала набљудувачи од Амбасадата на Унгарија (10), Асошиејтед Прес (2), од Здружението за Национален Ромски Центар (38), од Амбасадата на Австрија (3), од Ал Џезира (1) , од Амбасадата на Швајцарија (3) и од Здружението Анкциоз 2017 година (796) набљудувачи.До денеска беа акредитирани 1.183 домашни набљудували, од кои МОСТ има 905 и Цивил 278. Вкупната бројка на меѓународните набудувачи е 110, меѓу кои има и од ​​Канадската амбасада во Белград, од ОБСЕ/ОДИХР, и амбасадите на Франција, Албанија, Холандија и на САД.извор: МИА

Македонија | пред 5 години

starica

Малолетник ја пронашол својата баба мртва во бањата и со повреди на главата

Вчера околу 18.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во бања во куќа на ул.„Лука Геров“ во Скопје, 17 – годишник ја пронашол почината, со повреда на главата, неговата баба Е.Т.(81). Од лекар била констатирана смрт. Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Скопје. По наредба на Јавен обвинител телото на починатата е дадено на обдукција.

Скопје | пред 5 години

hotel

(ВИДЕО) И денеска се рушеше хотелот дивоградба во Охрид

Денеска продолжи акцијата за рушење на хотел дивоградба кој се наоѓа на самиот брег на Охридското Езеро. Акцијата ја спроведува општина Охрид.Акција за уривање на овој хотел првично имаше на 30 септември 2019 год, но општинските екипи тогаш се повлекоја по ветувањето на сопственикот дека сам ќе си го урне објектот. Тогаш општината му даде рок од 20 дена, но сопственикот не само што не го испочитува овој рок, туку до ден денес, немаше отстрането ни една штица од објектот.Хотелот се наоѓа на самиот брег на Езерото и истиот е во близина на бетонската база изградена од советникот Нефи Усеини. Објектот е изграден на земјиште во приватна сопственост без никакво одобрение добиено од Општина Охрид.Инаку ова е дел од акцијата која локалната самоуправа ја спроведува по препораките на УНЕСКО, и со која се отстранува урбаната опрема и остатоците од објекти кои се лоцирани на крајбрежјето на Охридското Езеро.Се работи за урбана опрема и градби кои се надвор од опфатот на Генералниот урбанистички план. По завршувањето на активностите за отстранување на овој потег од крајбрежјето, ќе се пристапи кон отстранување и на останатите објекти, потпорни ѕидови, шанкови, метални конструкции и настрешници, кои исто така се надвор од опфатот на Генералниот урбанистички план и навлегуваат во КП 1/1 Охридско Езеро.Објектите кои се наоѓаат во опфатот на Генералниот урбанистички план ќе бидат решавани со изготвување на Урбанистичко-планска документација за крајбрежје, согласно Планот за управување со природното и културното наследство на Охридскиот регион.

Македонија | пред 5 години

janusev

Јанушев: Главен мотив на новата влада предводена од ВМРО-ДПМЕ ќе биде враќање на гордоста на македонецот и македонското национално достоинство

Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборната единица 3 денеска беше во посета на спомен куќата на  Кочо Рацин, еден од најголемите македонски револуционери и основоположник на модерната македонска поезија и литература. Јанушев рече дека како велешани се горди што биле во домот на Коста Солев Рацин, човекот кој преку своето дејствување во целиот свој живот бил носител на авангардата на револуционерната идеја кој  што  се борел за македонштината за македонецот за сопствена држава.Впрочем се она што денеска во оваа кампања ние како ВМРО-ДПМНЕ го нудиме пред граѓаните, покрај се она што го планираме како проекти во инфраструктурата, земјоделието, економијата и финансиите, здравството, образованието и се останато, еден од главните мотиви нешто што ќе биде секако во фокусот после формирањето на новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ враќање на гордоста на македонецот, враќање на македонското национално достоинство, истакна Јанушев.Јанушев потенцираше  дека во овој период се остваруваат средби со граѓаните каде се презентира програмата на ВМРО-ДПМНЕ односно што ВМРО-ДПМНЕ има за план да направи во следните 4 години.Да им покажеме дека е доста на апатијата, доста е на свитканата кичма и наведната глава, дека доаѓа обнова бидејќи дека имаме план за тоа дека знаеме како, поседуваме кадри, дека обновата е на прагот. На 15 јули тоа ќе го потврдиме и доаѓаат подобри денови за секого и пред се повеќе за секого каде што ниту еден граѓанин нема да биде заборавен. Она што се обидуваат да направат е едноставно некои работи во очај бидејќи се свесни дека губат, тлото под нозете им е изгубено, компасот не само што им покажува погрешна насока туку би рекол дека воопшто го немаат, па се обидуваат на овој начин  да ме дискрeдитираат или на некој начин да влијаат на граѓаните преку нарушување на мојата чест и углед. На крајот од денот ако сум направил нешто нема да стојам тука каде што сум. Исто така имам да им порачам една година се противеа и не го носеа законот за потекло на имот на политичарите, тоа ќе биде еден од приоритети после формирањето на новото парламентарно мнозинство  и владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, а после тоа ќе видиме кој од политичарите, ќе видиме дали Љупчо Николовски и Зоран Заев ќе бидат на политичката сцена, порача Јанушев.Јанушев кажа дека е задоволен од начинот на водењето на кампањата, целата структура и сите активисти на ВМРО-ДПМНЕ  се  максимално ангажирани. Според него мотивацијата е огромна се со цел да се тргнат Зоран Заев Љупчо Николовски и  останатата криминално-рекетарска банда со се лошо што направија во изминатите 3 и пол години.ВМРО-ДПМНЕ се разликува од СДСМ пред се од тоа што го нудиме пред граѓаните бидејќи изборот сега се сведува на  криминал и корупција, уцени, закани, палење на автомобили, куферчиња Луј Витон со милионски суми, а од другата страна се нуди чесен и достоинствен пристап, честитост, работа, труд. На крај на денот се сведува дали ќе изберете за Заев или државата, а кога изборот е Заев или Република Македонија мислам дека на граѓаните им е повеќе од јасно за разлика од СДСМ. Ние не го потценуваме народот и сме убедени дека ќе издвоиме убедлива победа на 15 јули, рече ЈанушевТој од Велес додаде дека следната владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата За подобра Македонија се обврзува на реализација  на следните проекти: зголемувањето на платите за 25%, зголемувањето на пензиите за 20%, гасификација до секој дом за сите граѓани, обновите на фасадите со енергетски и ефикасни фасади каде што државата ќе го покрива  половина од трошокот исто така се однесува и на сите велешани, целосната реконструкција на велешката општа болница, автопатот  Скопје- Велес-Прилеп-Битола до границата со јужниот сосед.

пред 5 години

koronavirus-test

120 нови случаи на ковид 19, починаа 5 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1367 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-63, Куманово-4, Дебар-6, Штип-4, Прилеп-2, Тетово-14, Струга-6, Велес-2, Битола-1, Охрид-4, Гостивар-12, Свети Николе-1 и Кичево -1.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 125 оздравени лица од: Скопје-82, Штип-1, Тетово-30, Струга-2, Битола-2, Гостивар-2, Кочани-4, Пехчево-1, Ресен-1.Починати се 5 лица, двајца пациенти од Скопје, еден од Куманово и двајца пациенти од Тетово.На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент на возраст од 65 години. Во ГОБ „8 септември“ почината е пациентка на возраст од 46 години кај која присуството на вирусот е докажано постмортем. Во болницата во Козле е почината пациентка на возраст од 85 години. Во Тетово се починати две лица вон болнички услови на возраст 78 и 76, кај едниот од починатите ковид 19 е дијагностициран постмортем.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7244,  бројката на оздравени пациенти е 3324, на починати е 351, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3569. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:•       Скопје 3487, активни 1941•       Куманово 805, активни 197•       Дебар 116, активни 64•       Штип 394, активни 160•       Прилеп 283, активни 53•       Тетово 789, активни 373•       Струга 274, активни 173•       Велес 198, активни 44•       Битола 63, активни 22•       Охрид 209, активни 180•       Кавадарци 21, активни 15•       Гостивар 173, активни 103•       Гевгелија 12, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)•       Струмица 17, активни 9•       Крива Паланка 17, активни 11•       Радовиш 4, активни 0•       Крушево 7, активни 3•       Кочани 75, активни 18•       Пробиштип 28, активни 17•       Демир Хисар 2, активни 1•       Македонски Брод 6, активни 4•       Пехчево 6, активни 2•       Берово 3, активни 0•       Валандово 6, активни 2•       Виница 4, активни 1•       Делчево 1, активни 0•       Кратово 5, активни 2•       Свети Николе 47, активни 42•       Кичево 49, активни 40•       Ресен 122, активни 84•       Неготино 21, активни 5 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 1367 теста се преку: ИЈЗ-628, Авицена-100, Биотек-134, МАНУ -115, Жан Митрев (Филип Втори) -258, Систина со PCR метода -116, ЦЈЗ Битола-16. Досега во земјата се направени вкупно 69.426 тестирања на ковид -19.  Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 7 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 87 пациенти. На кислородна поддршка се 51 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.Во болницата во Козле се хоспитализирани 27 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 3 деца позитивни и 2 суспектни на вирусот.Во ГОБ „8 Септември“ примени се 13 нови, вкупно хоспитализирани се 115 пациенти. На респираторна машина се 3 пациенти.Во болницата во Битола се хоспитализирани 41, а во болницата во Штип се хоспитализирани 47 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп и Гостивар се хоспитализирани 102 пациенти - позитивни и сомнителни на ковид-19.Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)•       Чаир – 373•       Аеродром - 154•       Бутел - 167•       Гази Баба - 192•       Центар – 144•       Карпош – 158•       Сарај – 140•       Кисела Вода – 108•       Ѓорче Петров – 109•       Студеничани – 107•       Шуто Оризари – 91•       Арачиново – 50•       Илинден – 32•       Петровец – 17•       Чучер Сандево – 18•       Сопиште – 9•       Зелениково-8•       Странец – 2•       Нераспределен- 62

Македонија | пред 5 години

cipras

(ВИДЕО) Ципрас преку упати видео порака испрати поддршка на Заев, СДСМ и коалицијата „Можеме“

Претседателот на грчката партија Сириза и поранешен премиер на Грција, Алексис Ципрас упати видео порака со поддршка на претседателот Зоран Заев, СДСМ и коалицијата „Можеме“.Во видеото, цитирајќи ги македонските поети Блаже Конески и Владимир Мартиновски, Ципрас посочи дека претседателот Заев и СДСМ отворија ново прогресивно поглавје во историјата на Северна Македонија, но и на европскиот Балкан и дека таквото поглавје базирано на соработка, економски напредок и социјална правда, може да продолжи само со СДСМ и Зоран Заев на чело на идната влада.„Пред две и пол години го запознав Зоран Заев. Го препознав во него истото она што го покажуваат многу други лидери. Дека тој не зборуваше за минатото, туку за иднината. Тој не зборуваше за проблеми, туку за решенија. Тој не ги изразуваше балканските несигурности на мала европска земја која се плаши да ја изгуби својата историја, тој ја искажа европската визија за самоуверена балканска земја која се бори за создавање историја. Не историја со војни, нетолеранција и сиромаштија, туку ново прогресивно поглавје во историјата на Европски Балкан, базирано на заемна почит, соработка, толеранција, економски развој и социјална правда. Иднина во ЕУ и во НАТО, како што избра народот на Северна Македонија“, вели Ципрас во видео-пораката.Понатаму додава: „Пред многу години, вашиот голем поет Блаже Конески напиша: ‘Уште рика истата мака во мене, дека сум роден во смачкано племе, сејач на глуво семе’ . Но, во последните две години откако го потпишавме Преспанскиот договор, слушам различна песна на надеж, од новата генерација на Северна Македонија. Владимир Мартиновски вели: ‘Купете две векни мир и семе, да го израснеме назад загубеното време’. Па, и јас, заедно со оваа нова генерација, велам, на 15-ти јули, купете две векни мир и семе, да го израснеме назад загубеното време“, порача Ципрас.

пред 5 години

Kombe

Комбе со мигранти предизвика тешка сообраќајка во Струмица

Комбе со кочански таблички, управувано од возач од Кочани, во кое се превезувале поголем број мигранти, денеска во 11:50 часот предизвика тешка сообраќајка на крстосницата на улиците „Младинска“ и „Браќа Минкови“ во Струмица. Повредени се три лица.– Тројца мигранти се донесени во болницата. Од нив, еден е со потешки, а двајцата со полесни повреди. Потешко повредениот се подготвува за влез во операциона сала, изјави за МИА, директорот на струмичката болница, д-р Наќе Гогов.Според очевидци, комбето се движело со голема брзина и удрило во три возила, од кои две биле паркирани. По несреќата, дел од мигрантите побегнале од местото на сообраќајката.Полицијата врши увид, а повеќе информации се најавуваат за подоцна.фото: Сител

Македонија | пред 5 години

vrhoven-sud

Обвинение за поранешен претседател на Врховниот суд кој ја злоупотребил службената положба и овластување​

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен предлог против  поранешен претседател на Врховниот суд, кој го сторил кривичното дело – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.На 30.11.2018 година во својство  на службено лице – претседател на Врховниот суд на Република Македонија, обвинетиот донел поединечни решенија за сите судии на Врховниот суд со кои им го утврдил додатокот на плата за месец ноември во износ од 35 % од основната плата,  кој согласно законот им следува за посебни услови за работа, постоење на висок ризик и доверливост.Притоа, свесно, со намера потешко да и ги повреди правата, обвинетиот не донел Решение за исплата на додаток на плата во износ од 31.839,00 денари за оштетената – судија во Врховниот суд, која во конкретниот период не користела отсуство од работа. Обвинетиот постапил спротивно на член 7-б од Законот за платите на судиите и член 7 од Правилникот  за додатоци на плата, нивната висина и начинот на утврдување за судиите во Република Македонија донесен од Судскиот совет на Република Северна Македонија, со што го сторил кривичното дело кое му се става на товар .

Македонија | пред 5 години

naum

Стоилковски: Што бара Радмила со Катица кај Боки 13?

Радмила Шекеринска цел ден молчи откако во јавноста вчера излезе снимка од која што се гледа како таа седи во опуштена атмосфера со извршителите во случајот „Рекет“, Боки 13 и Катица Јанева. За кои што половина СДСМ тврдеше дека не ги познава и дека се знаат само од телевизија, истакна Наум Стоилковски - Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Шекеринска мора да одговори за што разговарала со двајца сега веќе осудени за случајот „Рекет“? Уште повеќе, зошто Шекеринска во јавноста ги негираше средбите во домот на Боки13? Што крие Радмила Шекеринска од јавноста, кога не признаваше дека имала средби со Боки13? Што се разговарало на тие средби за кои што таа не сака и сокрива од јавноста?Откако дознавме дека парите од „Рекет“ завршиле кај Зоран и Вице Заев, сега гледаме и дека на Боки13 на гости му одела и Радмила Шекеринска, вториот човек во СДСМ.Видеото кое што беше објавено на социјалните мрежи директно ја покажува сета спрега на СДСМ и нејзината рекетарска влада!Видеото ја покажува блискоста на СДСМ со специјалната јавна обвинителка, сега затвореничка, и како што сами ја нарекуваа, провладината телевизија!Видеото покажува и какви ли се не докази се сокриени од страна на ЈО, јавните обвинители Јовески и Русковска!Што ли уште треба да се појави во јавноста за конечно да се расчисти главата, нарачателите и главните луѓе во случајот „Рекет“?За потсетување, телефоните на сега обвинетите не се вештачени, иако беше посочувано од осудените среде судот, среде судскиот процес за „Рекет“.Беше барано, а ЈО молчи и одби вештачење на телефоните на Зоран Заев, претседателот на СДСМ и шефот на Радмила Шекеринска!Ова е директен доказ за трас-трас судството и Луј Витон обвинителството за неправосудството во Република Македонија. Македонија повеќе не може да издржи компромис со криминалот. СДСМ и Зоран Заев покажаа дека можат само повеќе криминал, повеќе рекет, повеќе корупција, повеќе порази и повеќе понижувања! Да ставиме крај на виткањето на кичмата! Исправи се Македонијо, одбери Обнова, истакна Наум Стоилковски - Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Слајдер | пред 5 години

zaev

(ВИДЕО) Заев до Ахмети:Промашил комплетно, можам да наздравам со вино, но никогаш не сум бил пијан

Лидерот на СДСМ, на прашање на ТВ21 како ја коментира изјавата на неговиот досегашен коалиционен партнер, Али Ахмети дека пиел ракија пред митинг, а потоа се каел за кажаното тој вели:„Ако некој не пие алкохол, Зоран Заев е тоа. А, ја погоди работата човекот. Промашил комплетно. Значи Зоран Заев може со македонско вино, домaшна ракија да наздрави, ама под дејство на алкохол не сум бил никогаш пијан во животот“, рече Заев.Лидерот на ДУИ, Али Ахмети синоќа во гостување на телвизијата Сири во Албанија рече дека, Заев пред митинг пиел неколку чашки ракија, а потоа се каел за тоа што ќе го кажел на митингот.извор: ТВ 21

Слајдер | пред 5 години

ivanka

Василевска: ДКСК да отвори постапка и да ја запре исплатата на пола милион евра кон НВО во ек на избори

Власта на СДСМ префрла половина милион евра во ек на изборна кампања на НВО, а Државната комисија за спречување на корупција молчи.  СДСМ најпрвин ја злоупотребија вонредната состојба и во брза постапка ги распредели средствата на НВО кој е близок до нив За недела дена распишаа оглас, извршија евалуација и доделија над половина милион евра, истакна Иванка Василевска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.ДКСК не најде за сходно да реагира и да види како тоа за 48 часа, колку што изнесуваше рокот за евалуација и избор на проектите, Комисијата која одлучувала за распределување на средствата да прочита над 550 проекти, со над 5.500 пишани страни материјал?! И дали ваквата „брзина“ во избор не ги заинтересира дали зад тоа не се крие веќе однапред договорена работа, кој и колку средства треба да добие?!Имено само за потсетување на ДКСК уште еднаш ќе ги повторам фактите од случајот, распределба на половина милион евра народни пари за изборен поткуп преку НВО. Власта  распишаа оглас на 06.06.2020 година, кој траеше не цели 5 дена односно до 11.6.2020 година до 12 часот и беше со скратена документација, за потоа во рок од само 48 часа, време кое го имаа за да разгледаат 550 проекти и над 5.500 страници материјал да изберат само 40 НВО - кои добија грант.Откако ја злоупотребија вонредната состојба, сега го злоупотребуваат и процесот на изборите. Имено на ден 01.07.2020 година, против законски во тек на официјална кампања на невладините организации им се префрлаат парите од огласот. Затоа денес поднесовме приговор до ДКСК да постапи за прекршување на членот 8-а од Изборниот законик и член 34 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси.Ја повикуваме ДКСК веднаш да реагира во однос на приговорот. Јавно ја повикуваме да ја суспендира постапката за доделување на средства на граѓански организации во период каде што изборната кампања е во полн ек, а воедно и да започне истрага за целокупната постапка за доделување на грантови, започнувајќи од содветноста и законитоста на објавувањето на повикот, завршувајќи со одлуките на владината комисија која одлучувала која организација ќе добие грант.СДСМ ја тоне државата.СДСМ покажа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткање на кичмата. Исправи се Македонијо! Обновата доаѓа, истакна Иванка Василевска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Слајдер | пред 5 години

07072020_ZPVRSM_Kichevo-Ohrid-2

Шекеринска: Автопатот Кичево - Охрид со сите девет клучки, по сите можни грешки на минатата влада е во последна фаза, до крајот на 2021 ќе биде комплетно функционален

Заменичката на претседателот на Владата на Република Северна Македонија и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска денеска изврши увид на градежни работи на автопатот Кичево - Охрид.Изјавата ви ја пренесуваме интегрално:„Претходниве денови слушате многу за автопатот Кичево - Охрид и затоа денеска сум тука за да можеме сите со свои очи да се увериме колку се опасни лагите кои што ги испраќаат оние кои барем на оваа тема би требало постојано да молчат.Автопатот Кичево - Охрид е ветен, почнат, државата ни е задолжена веќе многу години, и после 4 - 5 години владеење на ВМРО ДПМНЕ видовме дека оставиле проект кој е започнат беа документација, без пресметки, без план, меѓутоа единственото нешто што го завршиле било она што го чувме во бомбите а тоа е договор за 15 до 18 милиони евра провизија.Провизијата ја зеле, ама проекти и проектна документација не оставиле. Како Влада наследивме обврска која што беше почната но беше почната и поставена на глава. Овој пример, автопатот Кичево - Охрид е доказ, колку е тешко од кал да извадиш нешто што е оставено без проект, без план, без документација и без ред.Од моментот кога бевме избрани и ја добивме одговорноста покажавме како е да се работи плански. Обезбедивме целосна документација, ги обезбедивме сите неопходни средства, обезбедивме повторно да се работи на делницата Кичево - Охрид. Ако ВМРО ДПМНЕ остави проект од Кичево до Охрид да е автопат без ниту една клучка, успеавме во проектот да се стават 9 клучки кои ќе обезбедат комуникација на населението коешто живее помеѓу овие две општини и започнавме работа на неколку делници од кои само една можете да ја видите овде.Според  информациите на сите оние кои што се вклучени во проектот најголемиот дел од тунелските решенија е завршен, најголемиот дел од тешките точки коишто не беа проектирани како треба се завршени, и откако ја обезбедивме и потребната механизација, работници и потребните средства, повторно се започна изградбата на автопатот Кичево - Охрид. Очекуваме овој автопат со целосна инфраструктура со 9 клучки автопат како што личи во секоја нормална држава да биде завршен до крајот на 2021 година.Ние градиме со план, не градиме на збор, не градиме со провизии. Затоа граѓаните можат тоа да го видат со свои очи. Со свои очи не можеа да го видат она што го градеше ВМРО ДПМНЕ но со свои очи можеа да видат како 15 до 18 милиони евра се дадени за провизија за Груевски и неговата група.Затоа наместо да поставуваат прашања за автопатот Кичево - Охрид овие од ВМРО ДПМНЕ треба да го повикаат Груевски и да му побараат да и ги врати на државата 15-те  до 18-те милиони евра коишто ги зема од овој автопат и го остави неизграден, без тунели и без клучки. На темава ВМРО ДПМНЕ треба и да молчи и да одговара“.

пред 5 години

filipce

Филипче: На денот на изборите ќе биде сосема безбедно да се гласа

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче истакна дека во изминатите четири месеци тој и колегите во Комисијата за заразни болести се целосно посветени да обезбедат препораки, закони и протоколи со кои ќе се спречи ширењето на коронавирусот.„Протоколите кои досега ги подготвивме за повторно отворање на бизнисите и нормализирање на животот по нови правила, се покажаа многу ефикасни. Се докажа дека со почитување на овие протоколи за лична заштита од коронавирусот, целосно е безбедно да се пазари во маркет, да се оди на работа или да се користи јавниот превоз. Тоа е едноставно нашата нова реалност и нов начин на живот“, рече министерот Филипче.Идната седмица се одржуваат предвремените парламентарни избори. Министерството за здравство, во соработка со другите институции, изготви сигурен и ефикасен пртокол за заштита на здравјето на граѓаните при гласање.„Сакам од мое лично име и од името на комисијата, да ве уверам дека на денот на изборите ќе биде сосема безбедно да се гласа и со тоа да го остварите вашето граѓанско право. Гласањето нема да биде помалку безбедно од било која друга нормална активност која ја вршиме секојдневно, како одењето во маркет. Строгиот протокол и негова целосна имплементација се наша должност и одговорност, и се обврзуваме на граѓаните да им обезбедиме сигурна средина во која ќе може да гласаат“, потенцираше министерот Филипче.

Македонија | пред 5 години

migranti

Откриени 211 мигранти кај Гевгелија, приведен возачот

На 06.07.2020 во 23.40 часот во атар на с.Стојаково полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи и миграција- Југ при Бирото за јавна безбедност забележале товарно возило „даф“ со скопски регистарски ознаки, кое се движело по земјен пат од с.Стојаково кон регионалниот пат  Гевгелија – Богданци. Кога се вклучило на патот и се упатило кон Гевгелија, полициските службеници дале знак за запирање на возилото. При контрола, во возилото биле пронајдени 211 мигранти од Бангладеш и Пакистан. Од нив 144 се од Бангладеш, а 67 од Пакистан. Од вкупниот број на пронајдени мигранти 63 се малолетни лица.Мигрантите биле пренесени во Прифатниот транзитен центар во Гевгелија за понатамошна постапка, а возачот Е.П.(27) од Скопје биле приведен во Полициската станица Гевгелија и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Македонија | пред 5 години

DSC_2081

Заев: Во изборна единица 6 ќе ги победиме ДУИ и после тоа оваа партија ќе треба да се реформира

Нам ни беше тешко изминативе години со ДУИ, тие се долго време на власт, 17 години го прават своето, станале моќни, и добро е ДУИ да се реформира откако ќе замине во опозиција, добро е за нив, добро е за државата, добро е да се реформира и ВМРО-ДПМНЕ, порача претседателот Зоран Заев во гостувањето во емисијата Утрински брифинг.– Едно општество за сите е наш концепт и свесен сум дека  на луѓето им треба време, и на Македонците и на Албанците. Ова е прва мултиетничка коалиција, 32 партии застанавме зад кандидатурата на Стево Пендаровски и еве продолжуваме да растеме, како партии и како коалиција. За мене е успех ако ДУИ и Алијансата ги победиме во шестата изборна единица, нашите проекции се дека ќе имаме 6 или 7 пратеници, за разлика од нив кои ќе имаат до 5, затоа што целат само Албанци, а ВМРО ДПМНЕ може да има 2 до 3 пратеници во шестката затоа што одат само на македонските гласови. Јас одамна му кажав на Мицкоски дека ќе губат се додека продолжуваат со ваквата деструктивна политика, посочи Заев

Слајдер | пред 5 години

zaev

Заев на Утрински брифинг: НАТО и ЕУ се завршена работа, сега се посветуваме на домашен план

Овие избори и оваа изборна кампања се поинакви, затоа што нема повеќе ветувања дека ќе бидеме дел од НАТО и ЕУ, тоа е завршена работа, истакна претседателот на СДСМ и носител во изборната единица четири Зоран Заев во гостувањето во емисијата Утрински брифинг.- Дел сме од НАТО, 30 членка сме, почнуваме и преговори со ЕУ. Со соседите сега сме пријатели и очекуваме нивна поддршка во идните процеси, ние надвор ги завршивме работите, сега натпреварот ќе биде што ќе направиме дома. Сега нема Албанци, Бугарија, Грција, НАТО, сега дома ќе работиме на економијата. Фокусот го ставаме на домашните реформи порача Заев, додавајќи дека во следниот период, во следните 4 години, СДСМ и новата Влада ќе покажат дека можat уште повеќе и уште подобро.

Слајдер | пред 5 години

doktor

Натепан лекар од Психијатриското одделение во Тетово- пренесен во болница

Лекар од тетовската Клиничка болница бил нападнат од страна на лице од Боговиње. Како што информираат од МВР, настанот се случил на психијатриското одделение.Според пријавеното, потоа тој бил хоспитализаран во болница во Скопје. Oд полицијата велат дека се работи на расчистување на случајот.

Македонија | пред 5 години

sv-jovan-krstitel

Денеска е Раѓање на свети Јован Крстител – Иванден

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 24 јуни. Денеска е Раѓање на св. Јован Крстител – Иванден. На свети Јован Крстител црквата му посвети неколку празници, и тоа не случајно. Овој светител беше наречен најголем меѓу родените од жена, со што е потврдено неговото посебно место во човечката историја. Тој, заедно со пресветата Дева која ни го роди Бога е врската на стариот и новиот свет, врската на Стариот и Новиот завет. Инаку, денес се празнува почетокот на благовеста за Христос, со што се определува и посебната врска меѓу Синот Божји и последниот пророк на Стариот завет. За тоа зборуваат стиховите од тропарот, кои гласат: се разреши немоста на татковците, т.е. почна непосредната проповед за Христовото доаѓање.Раѓање на Свети Јован Крстител (Иванден) Пророк кој оди пред СпасителотМеѓу поголемите летни празници што македонскиот народ ги празнува со многу обичаи и верувања спаѓа и празникот во народот познат под името Иванден, всушност, празник посветен на раѓањето на свети Јован Крстител.Свети Јован е наречен Крстител затоа што го крстил Исуса, а наречен е уште и Претеча што значи претходник. Со своето учеење тој му претходел на Исус, одел пред него и го најавувал неговото доаѓање. „Јас ве крштевам со вода, а тој што ќе дојде по мене ќе ве крсти со Дух Свети“, говорел свети Јован додека го покрстувал народот.Свети Јован е една од ретките личности во христијанската вера (покрај Исус Христос и Пресвета Богородица) кому Светата црква му посветила повеќе празници: Раѓање на св. Јован Крстител, (Иванден), Отсекување главата на свети Јован Крстител, Собор на свети Јован Крстител итн. Оттука може да види и значењето на овој лик во христијанската вера и воопшто во верувањата на нашиот човек. Во народниот живот и во народното верување свети Јован е значаен и по тоа што тој го има кумството и побратимството, зашто како што се раскажува во преданијата и како што се пее во песните кога светците ги делеле функциите на св. Јован му паднале кумството и побратимството.Свети Петар ‒ кључи од рајови,Свет Илија ‒ сиљни секавици,Свети Јован ‒ кумство, побратимство,Неделица, празник да празнуватИванден е еден од најважните празници кај целиот словенски свет во кој се преплетуваат голем број обичаи и верувања од старата словенска митологија, со празнувањето на денот на раѓањето на св. Јован Крстител. Во народната традиција овој празник е поврзан со летната солстиција, односно со периодот на долгодневницата. Овој празник во годишниот круг празници е симетричен на Божик, денот поврзан со зимската солстиција, односно со периодот на краткодневицата. Овие два празника ги поврзуваат и повеќе обичаи и верувања поврзани пред сè со Сонцето. Во таа насока се и обичаите и верувањата поврзани со огновите. Ритуалите со билките, исто така претставуваат еден од најважните елементи поврзани со Иванден, а тие пак, исто така, се остаток од старите словенски верувања.Според светото предание св. Јован и Исус Христос биле блиски роднини зашто мајката на Јована, Елисавета ѝ била братучеда (според други сестра) на Ана, мајката на Марија, односно тетка на Марија, мајката на Исуса. Во времето кога според предвидувањето на старите пророци требало да се роди Спасителот Евреите биле под ропство на Римјаните. Во тоа време живеел еден чесен и побожен свештеник Захариј со својата жена Елисавета. Тие веќе беа остареле , а немале деца што во тоа време се сметало за голема несреќа и за божја казна за некој голем грев. И двајцата постојано и искрено го молеле Господа да им даде рожба, а Бог ја слушнал нивната молитва. Еднаш кога Захариј во храмот се молел на Бога го слушнал гласот на ангелот Гаврил кој му рекол дека ќе добие син кој ќе се вика Јован. Бидејќи не поверувал, за казна веднаш онемел. Кога му се родил синот според обичајот требало да го носи името на таткото, но кога Захариј го запрашале за името тој бидејќи го изгубил говорот зел штица и на неа напишал: „Нека се вика Јован“. Кога го напишал тоа говорот пак му се вратил и тој раскажал дека детето ќе биде пророк што ќе оди пред Спасителот и ќе му го подготвува патот.Во младоста Јован го сакал животот во пустината. Живеел во некоја пустина во долниот тек на реката Јордан, се облекувал со ткаенини од влакна од камила, а се хранел со скакулци и мед од диви пчели и со корења од билки. Кога наполнил 30 години по Божја волја ја напуштил пустината и се вратил меѓу еврејскиот народ, каде што ги учел луѓето да се покајат и да се подготвуваат за доаѓањето на Спасителот.Јован отворено зборувал против сите неправди, мани и негативности кај луѓето. Грешниците ги повикувал да се покајат и поправат за да им стане достапно царството небесно. Многумина помислиле дека тој е ветениот Спасител на што Јован одговарал: „Јас не сум Христос. Тој е посилен од мене, јас не сум достоен ниту врвците на обувките да му ги одврзам. Јас ве крштевам со вода, а тој ќе ве крсти со Светиот Дух. Мене Господ ме испрати да одам пред него и да му го подготвувам патот“.Со Иванден се поврзани многу обичаи и верувања но најповеќе се однесуваат на билките и верувањето во нивната магиска моќ. Верувањето пак дека тој ден играло Сонцето или дека се превртувало три пати е поврзано со тоа што Иванден се паѓа во најтоплиот период од годината.Од обичаите што се изведуваат на овој ден повпечатливи се оние поврзани со растението папрат. Имено вечерта спроти празникот се бери папрат, а тоа пак е поврзано со верувањето во неговата апотропејска моќ. Папратот се става на постелата и на него се спие за здравје, а рано наутро на самиот ден Иванден се плетат венци што се ставаат во бавчите за да ги чуваат од разни болести, временски непогоди како и други несреќи.Вечерта спроти празникот жените берат цвеќе што се вика Иванден, коешто го ставаат на ковчезите со алиштата за да ги чува од молци. Е. Спространов запишал дека во Охрид на Иванден ги ваделе „рутишчата“, ги распостилале по прозорците за да ги види сонцето и ги оставале да ветрејат. И во зборникот на браќата Миладиновци среќаваме податок дека тој ден во Воден, треви лековити „висеет на дуќаните за да имает повеќе покупници“. За вакво вадење од ковчезите на најубавите облеки пишува и Кузман Шапкарев кој напоменува дека надвор ги чуваат до заоѓањето на сонцето за да не ги јадат молци. 

Магазин | пред 5 години

Нема фотографија

И денеска околу пладне променливо облачно со локален пороен дожд и грмежи

Времето денеска претпладне и околу пладне променливо облачно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе почне да дува силен северен ветер, најпрво во северните, а во текот на денот и во останатите делови, особено вдолж Повардарието, што ќе услови осетно намалување на дневната температура, особено на северот. Ветерот краткотрајно ќе достигнува брзина и над 90 км/час. УВ=7Утре претпладне и околу пладне променливо облачно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе почне да дува силен северен ветер, најпрво во северните, а во текот на денот и во останатите делови, особено вдолж Повардарието, што ќе услови осетно намалување на дневната температура, особено на северот. Ветерот краткотрајно ќе достигнува брзина и над 90 км/час. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната ќе достигне од 24 до 32 степени. УВ=7Од среда следува сончево време со повторен пораст на дневната температура, но со посвежи утра.

Македонија | пред 5 години

IMG_5857

Филипче: Се подготвуваат капацитети за есен

На вчерашната прес-конференција, министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче информираше дека здравствениот систем веќе се подготвува за нов бран на ковид наесен во однос на болнички капацитети и преку организирање на системот на ротации на кадарот. Тој информираше дека целосно е завршена инсталацијата за централен довод на кислород во монтажната модуларна болница која има капацитет од 72 болнички легла и во која се планира да работи тим од Институтот за туберкулоза, како и дека завршена е постапката за нова модуларна амбуланта која ќе биде во близина на Клиниката за пулмологија и ќе служи за тријажа на пациенти.„Монтажната болница, сега е подготвена да прими пациенти. Нема потреба да се носат боци со кислород. Заврши и постапката за ист таков тип модуларна амбуланта и евентуално сместувачки капацитет до Клиниката за пулмологија со цел за да се направи уште еден центар за грижа на пациенти за следниот период, во близина на клиника кај што има експертиза во однос на белодробни заболувања. Поставувањето на новата монтажна амбуланта ќе биде со цел оние пациенти кои имаат било каква белодробна симптоматологија целосно се одделат од сите други пациенти, па дури и во амбуланскиот дел да се направи тријажа на пациентите. Со ова, ќе се растерети амбулантата којашто сега ја користат повеќе интернистички клиники, а каде што влегуваат и пациенти со белодробни заболувања. Ова е важно за наредниот период, а доаѓаат есенски месеци, во кои што бројот на пациенти со белодробни заболувања значајно се зголемува, “, рече министерот Филипче и додаде дека со воа ќе имаме два центри во рамките на Клиничкиот центар, едниот блиску до Клиниката за пулмологија и модуларната болница до инфективната клиника.Според сите анализи и предвидувања, тој потенцираше дека останува претпоставката дека на есен вирусот побрзо и посилно се шири и нема да може луѓето да бидат надвор, ќе бидат повеќе во затворени простории.„Работиме на подготовка на капацитетите на есенскиот период. Имав средба со повеќе директори на повеќе болници во изминатите денови, во Штип, во Охрид, во Битола. Разговараме и ги разгледуваме евентуално дополнителните капацитети кои би можеле да се користат како болнички. Има неколку студентски домови во Охрид и во Битола во кои може да се сместуваат пациенти, но тоа е прашање кое треба да се договори и со Министерството за образование и наука и зависи од тоа како тие капацитети ќе бидат исполнети со студенти. Во следниот период ќе имаме апсолутно целосно спремен план, дополнителни кревети кои би се користеле за капацитетите доколку се наметне потреба во есенските месеци, секако заедно со план за ротација на медицински персонал.“, рече министерот Филипче.

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања