Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

avtomobil

(ФОТО) СТРАШНО: Искршена кола на скопјанец бидејќи на муштерија во маркет му кажал да стави маска

Во маркет предупредил непознато лице дека не носи маска, но кога излегол автомобилот го пронашол со искршени стакла.Новинарот Александар Николиќ Писарев на социјалната мрежа Фејсбук објави фотографии од автомобилот.-Ако во маркет предупредите некого зошто не носи маска, кога ќе излезете може да поминете вака, напиша тој во објавата.https://www.facebook.com/aleksandar.pisarev/posts/3781961078497070

Македонија | пред 5 години

migranti

Се преврте комбе со мигранти кај Струмица

Седум мигранти се повредени откако синоќа околу 20:50 часот се превртело комбе со битолски регистарски таблички на магистралниот пат Струмица-Валандово, кај крстосницата за селото Раборци, соопшти портпаролката на СВР-Струмица, Хризантема Рендевска.Возачот на комбето побегнал, а увид на местото на несреќата извршиле полицијата и јавен обвинител.Во извлекувањето на повредените учествувале и пожарникари од Територијалната против пожарна единица на Струмица, кои употребиле специјални хидраулични алатки за извлекување на патниците.Ова е втора несреќа за два дена во која учествуваат возила кои превезуваат мигранти. Возач на комбе полно со мигранти завчера предизвика тешка сообраќајка на една од главните улици во градот при што беа повредени поголем број мигранти.

Македонија | пред 5 години

nikoloski-1

Нова снимка Николоски - Јанакиески: Местото каде ќе гради Нефи Усеини не смее да се чепка

Втор разговор помеѓу Александар Николоски, носител во изборна единица четири и Миле Јанакиески, ексминистер за транспорт и врски, сега обвинет за криминал во повеќе случаи на СЈО, е објавен на јутуб каналот „Обнова на режимот“. Во овој разговор, се споменува и сегашниот советникот во Општина Охрид, Нефи Усеини од ДУИ, чие семејство е сопственик на градежна компанија. Од снимката се слуша како Николоски не дозволува да се чепка местото каде ќе гради Усеини, бидејќи, тоа му било дел од договорот за избори.„Ало министре“, одговара Николоски, на што Јанакиески возвраќа: „Шефе, има некој план за Охрид, … Гранит кај што ви се зградите, во продолжение на Гранит зградите“, а Николоски му вели: „Оооо никако тоа. Тие се на Нефи, овој бандитов, Албанецот. Згради се тие така?“. Јанакиески вели: „Четири згради се, да“, па Николоски продолжува: „Да, да, од Нефи се тие. Тоа му е дел од договорот, ова, за избирите. По 8-9 спрата се“, а Јанакиески додава: „Не, 5+5 се“, по што, Николоски вели: „Е така, по 6 спрата. Никако молим те“.

Македонија | пред 5 години

0000traktor

Тракторист загина утрово во тешка сообраќајка кај Југокомерц во Кавадарци

Тракторист загина утрово во Кавадарци во тешка сообраќајка кај Југокомерц, кога се судриле трактор и автомобил. Информацијата за МИА ја потврди Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.Тој рече дека не може да даде повеќе детали оти увидот на местото е во тек. Според првичните информации, возачот на тракторот бил роден 1951 година. Возачот на патничкото возило бил пренесен во општата болница во Кавадарци.Синоќа исто така имаше судар на трактор и автомобил кај фабриката Дрекслмаер, при што загина младо лице.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

dik-1

Изборите ќе ги следат над 2.000 домашни и странски набљудувачи

Предвремените парламентарни избори во Северна Македонија ќе ги следат над 2.000 домашни и странски набљудувачи.Според роковникот на ДИК, денеска е последен ден до кога домашните и меѓународните набљудувачи можат да се пријавата за мониторинг на изборите.Досега се акредитирани вкупно 2.148 набљудувачи, од кои 2.018 домашни и 130 странски.Од домашните најбројни се на НВО МОСТ 905, на АКСИОС 2017 – 797, Цивил – Центар за слобода ќе има 278 и Националниот ромски центар – Куманово 38.Меѓу акредитираните меѓународни набљудувачи, според информациите објавени на веб страницата на ДИК, 47 се од ОБСЕ/ОДИХР, Амбасадата на САД ќе има 40, ИФЕС 4, Француската амбасада 13, Амбасадата на Унгарија 10, на Албанија 4, на Австрија и на Швајцарија по 3, на Бугарија и на Црна Гора по 2 и амбасадите на Холандија и на Канада по 1 набљудувач.За известување од изборите досега се акредитирани и десеттина странски новинари.

Слајдер | пред 5 години

zaev-1

(ВИДЕО) Објавен разговорот на Заев со лажната Грета

Руските пранкери Вован и Лексус денеска го објавија разговорот кој експремиерот Зоран Заев го имал со „активистката против климатските промени Грета Тунберг и нејзиниот татко“. Аферата беше откриена минатата есен, а владиниот советник за комуникации Марјан Забрчанец тогаш изјави дека бил разоткриен хибриден напад врз Кабинетот на премиерот и дека разговорот му бил сомнителен на самиот Заев, како и дека знаел дек станува збор за измама.Инаку како што информираа од кабинетот по разговорот веднаш биле направени проверки, а стапиле во контакт и со семејството на вистинската Грета и ги известиле дека некој го злоупотребува нејзиното име. Покрај го Тунберг беше објавено дека Заев е цел на руски пранкери кои со него неколкупати се слушнале претставувајќи се дека се поранешниот украински претседател Петро Порошенко и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. Откако пранкерите ги објавија разговорите на Јутјуб, Владата го зајакна протоколот за телефонски разговори.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Владата: Државјаните на Србија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина за влез во земјата мора да приложат негативен ПЦР тест

Владата на Република Северна Македонија на 75-тата седница што се одржа денеска, донесе дополнување на Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на коронавирус КОВИД-19, со која од државјаните на Република Србија, Република Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина при влез на граничен премин на територијата на Република Северна Македонија, ќе се бара задолжително да приложат медицинска потврда со негативен резултат од тест RT PCR SARS-CoV-2, направен 72 часа пред влез на територијата на нашата земја и да приложат пополнета изјава со лични податоци за местото на престојување и временскиот период на престојот.Одлуката стапува на сила од утре, 9 јули. 

Македонија | пред 5 години

nikoloski-1

Николоски: На 15 јули заедно со граѓаните ќе ги донесеме промените и ќе ставиме крај на бандитите на власта

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски и носител на листа во изборна единица 4, денеска пред граѓаните на општина БогданциЗаеднички да ги направиме промените и да ставиме крај на Заев и криминалната банда, обновата да победи и ВМРО-ДПМНЕ да ја предводи новата влада, вели Николоски.Николоски потенцираше дека народот се чувствува национално понижен и економски истоштен, посочувајќи дека СДСМ и Заев се радуваат на видео порака на оној пред кого потпишаа капитулација на Македонија.Народот е национално понижен и економски истоштен. Национално понижен заради промената на името, заради воведувањето на двојазичноста, заради продажбата на историјата. Понижен затоа што овие бандити на власт се радуваат на видео пораки и спотови од оној пред кого што потпишаа капитулација на Македонија. Понижен затоа што гледаат секој ден како се продава историјата, а економскиот пустош мислам дека и не треба да зборувам, вели Николоски.Николоски додаде младите и цели семејства размислуваат да се иселуваат од државата поради лошата економска состојба.Нема млад човек, нема семејство, млад брачен пар кое што не размислува на кој начин да замине од државата, трајно или барем времено. Тоа е тажната вистина, не само за центарот, и истокот на Македонија, туку за цела Македонија. Го прават тоа од економски причини, но го прават како што самите велат дека нема ред во државата.  Го прават тоа од причина затоа што нема доволно работни места или се слабо платени, но го прават и заради високата корупција која што цвета низа државата од најниско до највисока ниво, рече Николоски.Вистината за Македонија е дека Зоран Заев е најкорумпираниот премиер веќе поранешен, која што оваа држава било кога го имала. Вистината за Македонија е дека прв пат видовме политичар како става пари во торба, вистината е дека видовме и слушнавме како бројни функционери на власта во заминување како се богателе на сметка на народот. И вистината е дека нема никаков ред ни надолу, односно сите кои што се во институциите велат кога може првиот вториот петтиот можам и јас, потенцираше Николоски.Николоски ги повика граѓаните на 15 јули масовно да излезат на гласање за заедно да ги донесат промените и да стават крај на бандитите кои што сега владеат.Едно многу мало малцинство  на нечесни и огромно мнозинство на чесни. Но, тие чесните се погазени, прегазени затоа што во моментот со Македонија бандитите владеат. На тоа ставаме крај на 15 јули за да ја вратиме државата, да ја исправиме државата, затоа што ако продолжи вака Македонија ќе скапе во корупција, изјави Николоски.Николоски додаде дека три години странски инвестиции немаат дојдено во Македонија, а оние кои што планирале да инвестираат ги промениле своите одлуки бидејќи  како што рече тој не сакаат да инвестираат во држава во која што евро оди за Вицето, евро оди за цркватаДека три години странска инвестиција нема дојдено во Македонија. Тие кои требаше да дојдат ги променија одлуките и воопшто не инвестираа а тие кои што почнаа од претходниот период ги влечат своите инвестиции затоа што не сакаат да инвестираат во држава во која што евро оди за Вицето, евро оди за црквата.Домашните инвестиции се плашат да инвестираат, затоа што како велат, како почнеме нешто да работиме прво не напаѓа одговорниот за урбанизам во општината, после тоа не напаѓа градежниот инспектор, после тоа не напаѓа инспекторот за екологија, па локалниот полицаец, па директорот на институцијата, па заменик министерот, па министерот, па ако е покрупно до премиерот или евентуално братучед му или брат му. И затоа не инвестираат во Македонија, и затоа работни места не се отвораат и затоа постојните работни места се доведени во опасност.Тоа ќе го промениме со еден сериозен удар на мафијата, на бандата во Македонија. Уште во првите шест месеци одговорност за сите кои што се огрешиле пред законот како испитување на потеклото на капитал на сите кои се занимавале со јавен живот овие 30 години, да видиме кој работел чесно да знаат граѓаните, а секој кој што не работел чесно да му се оданочи на имотот со 70 проценти и кривично да си одговара.Да бидам искрен веќе не го повикувам Зоран Заев да каже дали е во можност да го докаже потеклото на сопствениот капитал и капиталот на неговото семејство, го повикував со денови, го нема да излезе затоа што е јасно, не е во можност да го докаже, ама ќе треба да одговара пред соодветните органи после 15 јули, кажа Николоски.Во однос на програмата Обнова за Македонија, Николоски порача дека се обврзуваат на формирање на фонд од 200 милиони евра за формирање на мали и средни претпријатија за откуп на земјоделските производи, 80 милиони евра за наводнување во четиригодишниот мандат, гасификација и многу други концепти.  

пред 5 години

Нема фотографија

Спасовски: Гласањето е безбедно, многу е важно граѓаните да излезат да гласаат и да изберат Влада која ќе се справува со здравствено-економската криза

„Ја имаме оваа здравствена и економска криза која ќе трае. Се виде во минатото колку е важно да имаме функционални институции. Собрание кое ќе носи одлуки, ќе менува закони, ќе има контролна улога. Многу е важно граѓаните да ја преземат и судбината и одговорноста во свои раце за Владата која во следните 4 години ќе се справува со кризата. Не можеме постојано да функционираме во вонредна состојба. Протоколите се направени, заштитните средства се обезбедени од државата. Денеска во ДИК е направена и симулација како ќе изгледа гласањето, тоа се сосема безбедно по здравјето и животот на граѓаните. Ништо не е побезбедно да одите во продавница, банка, пошта, автобус.Ги повикувам сите граѓани да излезат и да гласаат, да си носиме заштитна опрема и да и помогнеме на државата со тоа што ќе гласаме“, рече Спасовски во Само вистина.

Македонија | пред 5 години

plaza-1-1

Дивите плажи ќе се уриваат, а уставен не дозволи УЈП и пазарен да ги затвора објектите без концесија

Уставниот суд донесе решение со кое Управата за јавни приходи и Државниот пазарен инспекторат нема да можат врз база на Уредбата од Владата да ги казнуваат и затвораат фирмите кои со истечена концесија, на диво, работат и прават профит на плажите во Охрид, Струга, Дојран и Преспа. Со ова, сите правни и физички лица кои не плаќаат за користење на државното земјиште и го имаат узурпирано, нема да имаат проблем со законот.Од Уставниот суд за „А1он“ велат дека ваквата одлука ја темелат на тоа што донесената Уредба со законска сила не е поврзана со ситуацијата со Ковид-19 и затоа е донесена времена мерка за нејзино стопирање, се до донесување на конечната одлука.„Уредбата има одредби со кои на времените закупци на кои им е истечен рокот, им се наложува да го ослободат земјиштето и да го доведат во првобитна состојба. Оваа уредба спречува користење на плажите од закупците на кои им истекол закупот и немаат договори. Судот не се меша во тоа дали на терен ќе се урива, нема такви ингеренции. Судот кажа дека во вонредна состојба, уредбите кои се носат, треба да имаат врска со Ковид-19. Уредувањето на права и обврски од имотно-правен карактер, немаат врска со Ковид-19“, велат од Уставен суд за „А1он“. Ваквата одлука нема да влијае на отпочнатиот процес за уривање на дивоградби во Охрид и крајбрежјето на Охридското Езеро, бидејќи тоа е според Планот за управување со Светското природно и културно наследство. „Ќе продолжиме со процесот на отстранување на дивоградби согласно правосилните решенија“, велат од Општина Охрид за „А1он“.За разлика од таму, во Струга, тамошниот градоначалник Рамиз Мерко нема доставено ниту список на дивоградби и тврди дека се е легално во градот. Мерко нема отпочнато процес за рушење на дивоградби. „А1он“ објави дека договорите за закуп на плажите во Охрид се истечени пред повеќе години, а последниот во 2018 година. Според истенчените договори за концесија, некои од фирмите што стопанисувале со плажите веќе не постојат, но нивните газди и натаму издаваат лежалки, продаваат храна и пијалаци, остваруваат профит.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Спасовски во Само вистина: Бегството на Мисајловски од втора дебата досега е потврда дека нивнит концепт е режимот

„Вечерва сметав дека заедно со Мисајловски ќе бидеме да ги соочиме аргументите на ниво на концепти, тоа што не дојде и на оваа дебата дава за право да констатираме дека продолжување на режимот е нивниот концепт и претходно бегаа од дебата и соочувања и сега тоа го прават“ рече Спасовски, на почетокот на емисијата „Само вистина“ на ТВ Канал 5.Тој посочи дека ние се заложуваме за слобода и имаме што да кажеме и за сработеното досега со евроатлантските перспективи и за новата развојна економија што ја планираме и продолжуваме по тој пат.

Македонија | пред 5 години

detska-pornografija-1

Порнографски видеа и фотографии со девојки и жени од Гевгелиско препраќани на Вибер, Месинџер

Порнографски видеа и фотографии со експлицитна содржина со девојки и жени од Гевгелија и околината се споделуваат на пораки преку Вибер и Месинџер. Случајот е пријавен во Министерството за внатрешни работи, каде се постапува по него.Екслицитните клипови и фотографии пристигнале до редакцијата на „Слободен печат“, кој случајот го пријавил во МВР.„Слободен печат“ објави дека до нивната редакција пристигнале десетина порнографски клипови и фотографии со експлицитна содржина на кои се гледаат ликовите на девојки и жени од Гевгелија и од Богданци. Овие видеа масовно се споделувале по приватни канали од еден на друг корисник во Гевгелија овие денови, а жените и девојките што се на нив, се мета на јавен линч на своите сограѓани, кои не само што ги споделувале клиповите по пат на системи за пораки, како Вибер и Месенџер, туку и создавале адаптации на логоа од порнографски сајтови насловени како „ГевгелијаХаб“.Од МВР за МИА потврдија дека случајот е пријавен и дека се постапува по него, но напоменуваат дека според досегашните сознанија не станува збор за случај оној налик на „Јавна соба“, кој одекна во јавноста на почетокот на годината. Во тој случај фотографии и видеа со девојки, од кои некои малолетни, се споделувале подолг временски период во групата „Јавна соба“ на социјалната мрежа Телеграм. Некои од фотографиите биле преземени од профили на социјалните медиуми, некои, пак, биле дел од приватна комуникација со поранешен партнер, за потоа да бидат злоупотребени и пуштени во отпег во „Јавна соба“.Од МВР за МИА посочуваат дека во овој случај станува збор пред се за приватно снимени фотографии и видеа, кои биле за лична употреба, а потоа се злоупотребени. Тие, додаваат од полицијата, не се објавуваат во некоја група или на некоја платформа, туку се препраќаат од еден на друг корисник преку пораки на Вибер и Месинџер. Сепак, случајот ќе се испитува и допрва ќе се утврдува за што станува збор. 

Македонија | пред 5 години

Gradonacalnik_-Annotation-2020-07-08-121450

(ВИДЕО) Општина Охрид останува посветена на исполнување на препораките на УНЕСКО

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески денеска на Прес-конференција ја информираше јавноста во врска со сите преземени мерки и активности во текот на изминатата година, во насока на исполнување на препораките на УНЕСКО. Градоначалникот уште еднаш потенцираше дека заложбите на локалната и централната власт за зачувување на светското природно и културно наследство на Охридскиот регион се сериозни и дека во иднина ќе продолжат да се имплементираат сите параметри за заштита, кои ќе овозможат современ развој на долг рок.-Во текот на изминатата година покажавме вистинска грижа за она што е исклучително важно. Одлучивме да повлечеме црвена линија и конечно да му ставиме крај на самоволието и импровизациите во Охридско-струшкиот регион. Со сите мерки и активности кои ги презедовме и ги преземаме во текот на овој процес, ја запираме деградацијата во регионот и ги поставуваме параметрите за заштита и развој на еден долг рок.Во насока на исполнување на препораките на УНЕСКО, се работеше на сите нивоа на одлучување, на спроведување на мерки и носење на решенија, кои се консултирани со врвни експерти. Се радувам што како локална и централна власт имаме огромна поддршка од меѓународната заедница, од амбасадорите и од релевантни меѓународни институции во делот на спроведување на законите, владеење на правото и зачувување на светското наследство.Затоа, уште еднаш упатувам апел до јавноста да го поддржат целокупниот процес и заедно да покажеме дека имаме волја, имаме визија и план за да ги подобриме работите и да го зачуваме нашето непроценливо богатство за идните генерации, истакна меѓу другото градоначалникот на Охрид Константин Георгиески.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Најден удавен маж на брегот на Вардар

Рибари вчера околу 13.30 часот во полиција пријавиле дека на место познато како „Грнчкишки лаки“, на брегот на реката Вардар кај поранешната Фабрика за вештачки ѓубрива „Хемиска индустрија Велес“, пронашле тело на починато машко лице.Како што информира портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски, полицијата извршила увид на местото, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција во Институтот за судска медицина во Скопје.

Скопје | пред 5 години

Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ: Парите наместо кај граѓаните завршија кај Заев, преку рекет и пазарење со правдата

Парите наместо кај граѓаните завршуваа кај Зоран Заев. Изрекетираните милиони со кои се трампала правдата завршуваа во куфери, за кои постои сведоштво дека крајна дестинација имале кај Заеви, се вели во Соопштението до јавноста од ВМРО ДПМНЕ, кое е реакција на изјавата на Зоран Заев.Наместо развој на економијата имаше метастазирање на бизнис империјата на кланот Заеви. Тендери, Лиценци, концесии, грантови и државна поддршка наместо кај стопанствениците завршуваа во партиските фирми, а на секој кој ќе им застанел на патот или бил политички неистомисленик му била палена колата, откако за тоа зелено светло ќе дадел Вице Заев. И за тоа има сведоштво.Јавноста виде со свои очи како директорот на ФЗОМ, ден Дончев става снопчиња со пари во својата чанта, а про-рускиот бизнисмен Дака тврди дека договарал бизнис во Македонија со Заев и за таа цел исплатил 300 илјади евра и 2000 квадрати.Сите овие докази и многу други покажуваат дека со Македонија овие три години владеела мафија, биле создавани мафијашко криминални шеми со кои се богателе мал круг луѓе околу власта, а народот и стопанството осиромашува.Затоа Македонија е на врвот на корумпирани земји во Европа и светот, затоа Економист не вбројува во хибриден режим, затоа според истражување на УСАИД во Македонија во време на власта на Заев е направен финансиски криминал од 18 милијарди , бидејќи власта ја водеше аболициран криминалец.Сега Заев се обидува со препакувани и надградени лаги од 2016-та да ги лаже пак граѓаните. Можеше да направи нешто за народот, но направи само за себе и за екипата околу него. Народот масовно дава поддршка на Обновата затоа што во неа препознава конкретни и реални 1000 проекти со кои се предвидува 25% повисока просечна плата и 20% повисоки пензии до крајот на мандатот на владата на ВМРО-ДПМНЕ. Невработеноста ќе падне под 10%, а Обнова ќе донесе и повеќе работа за младите со 0% персонален данок за млади до 29 години, инвестиции во патишта инфраструктура, најмалку 4% раст на БДП на годишно ниво и слично.СДСМ и Зоран Заев покажаа дека можат само повеќе криминал, повеќе рекет, повеќе корупција, повеќе порази и повеќе понижувања! Да ставиме крај на виткањето на кичмата! Исправи се Македонијо, одбери Обнова,  се вели во Соопштението до јавноста од ВМРО ДПМНЕ, кое е реакција на изјавата на Зоран Заев.

Слајдер | пред 5 години

Нема фотографија

(ФОТО) Еве ги избраните три нови летни сцени во градски парк

Град Скопје во месец мај објави оглас за конкурс за избор на три партерни идејни решенија за „Летна отворена сцена“ на три локации во зелениот појас на Градскиот парк во Скопје.На конкурсот пристигнаа 13 трудови за понудените три локации: во близина на Езерце, во првиот дел на паркот; во близина на Сточарски институт и спроти Кајак кану клубот „Илинден 90“.По разгледување на пристигнатите трудови, Комисијата за оценување за најсоодветни решенија ги избра трудовите со работна шифра „ОМММ“, „Коноид“ и „Конус“, и тоа за:Локација број 1:  Површина во Градски Парк Скопје , која се наоѓа во првиот дел на паркот, односно во непосредна близина на езерцето,  - труд со работна шифра “ОМММ“. Овој труд овозможува долготрајност со минимални трошоци за одржување и минимален физички импакт во езерото со околината. Предложениот дизајн претставува кружна форма на сцената поставена во средина на езерото која ги обединува сите четири страни на езерото. На исток и запад галериски гледачки простор од мостовите, на југ према паркот ниско седење по должината на целиот брег и на север гледалиште во две нивоа, првото по должината на  брегот, второто по целата должина меѓу двете постојни скалила на падината од насипот за пешачката улица. Пристапот до сцената е преку минимално димензионирана рампа од јужната страна каде што има логистички најповолни услови за пристап и транспорт на опрема и на реквизити, со што се создава чувство/илузија дека северното гледалиште на две нивоа е главно гледалиште и дека сцената е ориентирана примарно кон него. Сцената е замислена како едноставна лебдечка плоча над езерото, со дијаметар од 12м и е наменета за изведба на различни културни активности и е поставена на само 20см над нивото на водената површина од езерото.  Локација број 2: Површина во Градски парк Скопје, која се наоѓа спроти Сточарски институт, -  труд со работна шифра „Коноид“. Ова идејно решение за сцената, гледалиштето, па и во однос на хортикултурното уредување, илуминацијата на просторот и материјалите кои се предвидени за ова архитектонско решение овозможува долготрајност и минимални трошоци за одржување.  Предложениот идеен архитектонски проект за отворена летна сцена во Градскиот Парк е воден од идејата за трансформабилност и приспособливост на сцената според различни сценарија на користење на овој простор со минимално влијание врз природата - тогаш кога има организирани настани на летната отворена сцена, но и тогаш кога нема организирани настани.Сцената е составена од неколку делови и тоа од армирано бетонска бина или подиум подигнат 40см над теренот, челична носечка конструкција со два зглоба анкерувани во армирано бетонската подлога со челични папучи заварени за неа во кои налегнуваат дрвените талпи поставени како изводници на коноид врз челичната носечка конструкција. Гледалиштето во овој случај се оформува со преместување на трибините кои, во оној период кога нема организиран настан на сцената, се поставени околу стеблата на поголемите дрвја кои се наоѓаат на локацијата и имаат улога на урбана опрема, клупи наменети за посетителите на паркот. Капацитетот на гледалиштето на сите трибини со седење е за околу 250 лица. Во однос на хортикултурното уредување, предвидено е целосно зачувување на високото зеленило во постојната состојба. Илуминацијата на просторот е обезбедена преку лед светилки вградени во внатрешноста на елементите за седење, (трибините и коцките за седење). Материјалите предвидени за ова архитектонско решение се дрво, челик, бетон и лексан.  Локација број 3: Површина во Градски парк Скопје, која се наоѓа во вториот дел на Паркот, односно во непосредна близина на езерцето, спроти Кајак Кану клубот „Илинден 90, - труд со работна шифра „Конус“. Овој труд  во поглед на архитектонскотото решение за гледалиштето, сцената во вид на пресечен конус и употребата на материјалите за изработка, исто така,  овозможува долготрајност и минимални трошоци за одржување. Предложениот дизајн на сцената претставува една рамка во која како кулиса се појавува еден пресечен конус. Аудиториумот е вкопан со цел да се задоволат стандардите за непречено следење на сценската изведба. Гледалиштето обезбедува сместување на 403 гледачи на седење. Секој ред е со широчина од 160см и освен за седење може да се користи за понеформални собири и токму поради тоа не е предвидено поставување столчиња или друга опрема. Практично теренот е вкопан и нивелиран, а употребата на материјали е сведена на минимум, се со цел да се задржи природниот изглед на местото. Просторот е комплетно пристапен за лица со посебни потреби. Сцената е монтажна, комплетно изведена од челична конструкција. Кулисата која е во форма на пресечен конус се предвидува да биде изведена во бакар, а бочните страни на сцената од челична мрежа, обоена во бела боја. Генералната оценка на Комисијата  е дека конкурсните барања се во голема мера запазени, односно дека е запазена и испочитувана  проектната програма, предложен е уникатен дизајн и предложени се материјали со долговечност за изработка. Исто така, предложените идејни решенија се одликуваат со високи естетски вредности, придонесуваат врз подобрување на културните навики на жителите на град Скопје и одлично се вклопуваат со непосредното опкружување.Град Скопје  најдобрите трудови  ги наградува  со по 70.000 денари за секоја од трите локации и ќе склучи договори со избраните автори.  

Скопје | пред 5 години

Нема фотографија

Заев: Во следниот мандат обезбедуваме уште повеќе пари кај граѓаните за уште подобар економски стандард

Три години СДСМ е посветена на реализација на концептот парите назад кај граѓаните.  Три години обезбедуваме повеќе пари кај секој поединец, во секое семејство. Уште во првите 100 дена од мандатот ја зголемивме минималната плата и тоа за сите сектори без да има дискриминирани работници како што беа тоа вработените во кожарската, чевларската и текстилната индустрија, изјави Зоран Заев, претседател на СДСМ.Денес и по сите противења на ВМРО-ДПМНЕ минималната плата изнесува 14.500 денари. До крајот на новиот мандат ја носиме на 20.000 денари, односно дури за 120 отсто повеќе од минималната плата од 9.000 денари во времето на ВМРО-ДПМНЕ.Во овие 3 години зад нас растеше и просечната плата. Во следниот мандат ќе расте уште повеќе и во следниот. Просечна плата од 34.000 денари е нашата цел до крајот на мандатот и немам сомнеж дека тоа ќе го оствариме.Ја исправивме и неправдата кон стечајните работници. Денес, 12.000 наши сограѓани добиваат по 8.000 денари месечен надоместок, а во следниот период добиваат и домашна платежна картичка од 9.000 денари.Додека многумина не веруваа, а ВМРО-ДПМНЕ силно се противеше, ја воведовме и спроведовме најсериозната и најраспространета мерка со која за првпат државата враќа пари директно на сметките на граѓаните.Со Мој ДДВ за само три квартали вративме 10,7 милиони евра кон граѓаните. Овој проект продолжува и е уште подобар затоа што лимитот го зголемуваме од 600 на 800 денари месечно, од 7.200 на 9.600 денари годишно по корисник.Со концептот парите кај граѓаните не застанавме ниту кога се соочуваме со здравствена и економска криза. Напротив, продолживме да го реализираме уште подобро и уште повеќе.Со домашните платежни картички и со ваучерот за туризам кон повеќе од 324.000 граѓани граѓаните вративме 28 милиони евра за купување на наши, македонски производи и услуги, за посета на наши, домашни туристички центри и објекти.Во следниот период, покрај стечајните работници, домашна платежна картичка од 9.000 денари добиваат и пензионерите со пензии пониски од 15.000 денари, лицата кои се пасивни баратели на работа и самохраните родители.Ова, почитувани е вистински доказ што значи грижа за сите и вистински економски патриотизам.Граѓаните ја гледаат разликата и затоа на 15 јули на целосно здравствено безбедни избори, на гласање со целосна заштита, граѓаните ќе изберат овој концепт да продолжи уште повеќе и уште подобро.На 15 јули граѓаните одбираат да продолжи растот на платите и пензиите, парите да се враќаат во нивните буџети и нема да дозволат обнова на режимот кој ги крадеше парите, изјави Зоран Заев, претседател на СДСМ.

Слајдер | пред 5 години

korona-test

Повторно висока бројка на позитивни од КОВИД 19 и починати во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1794 тестирања, а регистрирани се 163 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-87, Куманово-7, Дебар-2, Штип-10, Прилеп-3, Тетово-16, Струга-8, Охрид-1, Кавадарци-1, Демир Хисар- 1, Гостивар-8, Струмица-1, Кратово-1, Свети Николе-9, Кичево-3, Ресен-5.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 230 оздравени лица од: Скопје-126, Куманово-31, Штип-11, Прилеп-1, Тетово-45, Велес-7, Кавадарци-1, Гостивар-1, Кочани-1, Свети Николе-2, Ресен-2, Неготино-2.Починати се 8 лица, шест пациенти од Скопје, еден од Дебар и еден пациент од Тетово.На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент на возраст од 59 години. На Клиника за токсикологија е почината пациентка на 79 години, кај која присуството на вирусот е потврдено постмортем.Во ГОБ „8 септември“ починати се четворица пациенти на возраст 58, 61,62 и 66 години. Во ОБ Тетово почина пациент на 53 години. Во Филип Втори (Жан Митрев) е починат пациент од Дебар на 52 години.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7406,  бројката на оздравени пациенти е 3554, на починати е 359, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3493. Еден од вчерашните тестови е контролен, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 3573, активни 1895• Куманово 813, активни 174• Дебар 118, активни 65• Штип 404, активни 159• Прилеп 286, активни 55• Тетово 805, активни 343• Струга 282, активни 181• Велес 198, активни 37• Битола 63, активни 22• Охрид 210, активни 181• Кавадарци 22, активни 15• Гостивар 180, активни 109• Гевгелија 12, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)• Струмица 18, активни 10• Крива Паланка 17, активни 11• Радовиш 4, активни 0• Крушево 7, активни 3• Кочани 75, активни 17• Пробиштип 28, активни 17• Демир Хисар 3, активни 2• Македонски Брод 6, активни 4• Пехчево 6, активни 2• Берово 3, активни 0• Валандово 6, активни 2• Виница 4, активни 1• Делчево 1, активни 0• Кратово 6, активни 3• Свети Николе 56, активни 49• Кичево 52, активни 43• Ресен 127, активни 87• Неготино 21, активни 3 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 1794 теста се преку: ИЈЗ-1002, Авицена-102, Биотек-155, МАНУ -123, Жан Митрев (Филип Втори) -209, Судска медицина – 14, Систина со PCR метода -148, ЦЈЗ Битола-41. Досега во земјата се направени вкупно 71.220 тестирања на ковид -19.  Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 89 пациенти. На кислородна поддршка се 57 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.Во болницата во Козле се хоспитализирани 23 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 1 дете позитивно и 1 суспектно на вирусот.Во ГОБ „8 Септември“ примени се 8 нови, вкупно хоспитализирани се 97 пациенти. На респираторна машина се 3 пациенти.Во болницата во Битола се хоспитализирани 45, а во болницата во Штип се хоспитализирани 48 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп и Гостивар се хоспитализирани 106 пациенти - позитивни и сомнителни на ковид-19.Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)• Чаир – 348• Аеродром - 152• Бутел - 155• Гази Баба - 194• Центар – 142• Карпош – 149• Сарај – 129• Кисела Вода – 113• Ѓорче Петров – 108• Студеничани – 107• Шуто Оризари – 84• Арачиново – 45• Илинден – 29• Петровец – 17• Чучер Сандево – 17• Сопиште – 8• Зелениково-9• Странец – 1• Нераспределен- 89

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Мицкоски од Гевгелија: Повеќе од три години ништо не е направено, СДСМ даде лажни ветувања во 2016 година,

Денеска сме овде во Гевгелија. Денеска е ден каде што ќе ги посетиме не само Гевгелија, туку и Дојран, Богданци, Валандово. Ќе разговараме со граѓаните во овие градови, ќе разговараме и со стопанствениците, со луѓето кои што го живеат ова секојдневие во Македонија, истакна Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ.Сакаме практично да ја презентираме нашата програма, сите оние проекти кои се наменети за овој крај, но и наменети генерално за целата држава во следниот 4 годишен мандат на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.Цениме дека ништо не е направено за овој крај изминативе повеќе од 3 години, цениме дека овој крај е исто така жртва на погрешните политики на  ова раководство на СДСМ предводено до Зоран Заев. Од ветувањата кои што беа давани во минатото апсолутно ништо не се испорача. Тука пред се мислам на ветувањата дадени за време на предвремените парламентарни избори во 2016 година, а потоа и на локалните во 2017 година.Овој народ заслужува повеќе и ние цениме дека дојде времето кога овие политички измамници ќе бидат поразени со една голема и убедлива победа на коалицијата која што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ, истакна Мицкоски.

Македонија | пред 5 години

image015

ЕБОР и ЕУ ќе го зголемат финансирањето на МСП на Западен Балкан

Бизнисите ќе можат да ја подобрат конкурентноста по панемијата на корона вирусот.ЕБОР и ЕУ подготвуваат дополнителен финансиски пакет за МСП на Западен БалканПрвата заедничка програма за помош на бизнисите во надминување на влијанијата од корона вирусотДо €70 милиони кредити од ЕБОР и €15 милиони во ЕУ фондови за натамошно кредитирање Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и Европската Унија (ЕУ) ја зголемуваат поддршката на малите и средни претпријатија (МСП) на Западен Балкан, со дополнително финансирање по појавување на  пандемијата на корона вирусот.Банката ќе обезбеди до €70 милиони нови кредитни линии за партнерските финансиски институции за натамошно кредитирање на локалните бизниси во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија. ЕУ ги дополнува овие средства со €15 милиони, кои се наменети за идентификување на најдобрата достапна опрема и технологија, со цел да обезбеди зголемување на конкурентноста на МСП и поддршка на транзицијата кон зелената економија.Земјите од Западен Балкан одговорија на пандемијата на корона вирусот со строги мерки во јавното здравство, кои имаа големо влијание врз економијата. Овие земји страдаат и од глобален економски пад и намалена побарувачка на нивните производи.ЕБОР и ЕУ преку Тимот Европа ги поддржува МСП во нивната амбиција да станат поконкурентни и да пронајдат иновативни решенија за справување со новите предизвици. Средствата ќе обезбедат улови виталните бизниси да продолжат да имаат соодветен пристап до финансиите, да ги задоволат високите стандарди на производите и да бидат добро позиционирани за да ги искористат понудените можностите за извоз во регионот и на Европските пазари.,, Остануваме цврсто посветени на поддршката на бизнисите и во овие тешки времиња,” изјави Пјер Хеилброн, Подпретседател за политика и партнерство, ЕБОР. ,, Нашите дополнитени средства ќе бидат поддршка во обновувањето, растот и подготовката за иднина. Овој ангажман е сведоштво на нашето силно партнерство и соработка со ЕУ и со Западен Балкан.”Оливер Вархели, Комесар на Европската Унија за соседни земји и проширување, изјави: ,, Малите и средни претпријатија се витални за економиите на Западен Балкан, а беа значително погодени од оваа криза. Заради тоа, ја градиме нашата долгорочна соработка со ЕБОР во регионот, за поддршка на МСП, не само во тековното работење, туку и во зајакнување на нивната отпорност и поставување на основа за одржливо обновување.”ЕБОР е една од најголемите институции кои инвестираат на Западен Балкан. До денес, имаат инвестирано над €13 милијарди во над 700 проекти, вклучувајќи клучна инфраструктура, сегменти во МСП и зелената економија.

Македонија | пред 5 години

nikoloski-1

Александар Николоски договарал сообраќајка кај Пресека: Нека се јави Горде на овие нејзиниве од МВР, ќе се организира таа работа

Петти ден по ред, на „Јутуб“ каналот „Обнова на режимот“ се објавуваат разговори од актуелни и поранешни членови на раководство на ВМРО-ДПМНЕ. За разлика од претходните разговори кои беа помеѓу Миле Јанакиески и Игор Јанушев, сега е објавена снимка од Јанакиески и Александар Николоски кој е носител на пратеничката листа во изборната единица четири, на ВМРО-ДПМНЕ. Во разговорот се слуша како Јанакиески му предлага на Николоски да се направи сообраќајка кај Пресека, односно помеѓу општината Дебарца и Охрид каде што се наоѓа и охридскиот аеродром, бидејќи како што се слуша од снимката, слетувале два авиони со Албанци. Со ваквата идејата се согласува и ја прифаќа Александар Николоски.„Кажи шефе“, вели Николоски, по што Јанакиески му кажува: „Александар, слушај сега, идеја со Горде ја зборевме“, а Николоски вели: „Ајде“. Јанакиески продолжува: „Има два авиони Шиптари, следуваат сега во четири, четири и пол. Да направите една сообраќајна несреќа кај Пресека, ситна? Да се …. коли, па МВР увид, ваму-таму. Трактор да се испреврти нешто, сериозно ова ти го зборам“, а Николоски одговара: „Немам ништо против, нека се јави Горде на овие нејзиниве од МВР, ќе се организира таа работа. Не ми е проблем“. Јанакиески продолжува: „… не може некој од членство да излези да чукне некој, трактор со кола, пополека?“, а Николоски одговара: „А да му речам на … од Кичево да организират?“. Јанакиески одговара: „Јави му се на … од Кичево, ама негде накај Охрид нека направи ајде“. Николоски вели: „Океј, кога слетуват авионот?“, по што Јанакиески одговара: „Во четири“.

Македонија | пред 5 години

pavle

Богоевски: Апасиев овој пат ќе влезе во Парламетот, бидејќи веќе одработи за ВМРО ДПМНЕ

Прочитав дека моите статуси им биле предолги и прекомплицирани за читање на „другарите и другарките“ од Левица. Затоа, еве нешто покусо и поедноставно:Да, овој пат апасиев ЌЕ ВЛЕЗЕ во Парламентот. Не поради неговите 387К интеракции на фб или „енгејџменти“ како што ги нарекува патриотот. Уште помалку поради неговиот партиски рејтинг од 1-1.3%, напиша на својот ФБ профил Павле Богоески. Тој во својата објава додава:Ќе влезе, бидејќи веќе одработи за вмро-дпмне и уште поважно, бидејќи на нив им треба гласен шарлатан во Парламентот. Бидејќи им треба некој кој ќе ги извикува нивните највлажни и најнационалистички соништа на сиот глас од собраниската говорница, блокирајќи ги сите процеси кои дпмне ќе треба да ги спроведат ако сакаат да останеме на патот кон ЕУ и давајќи им го совршеното алиби - дека не е од нивната партија и дека „немаат контрола врз него“.Ќе влезе и ќе ги остави во заборав сите носители на листи, пратенички кандидати и „загрижени патриоти“ зад него, како што има направено многу пати до сега.Затоа димче, престани да се криеш зад твоето овогодинешно топовско месо. Не ти доликува, човече, напиша Богоески. https://www.facebook.com/PavleBogoevski/posts/10221769122480343

Македонија | пред 5 години

pazar-struga-2

Стружаните болни од ковид-19 умираат многу почесто од останатите, зошто?

Изразено во проценти, смртноста во Струга е 12% или на секои 100 заболени од ковид-19 умираат 12 пациенти. За разлика од Струга, на подрачјето на Скопје умираат многу помалку, од 4 од 100 заболени со ковид-19Од 26 февруари, кога официјално беше потврден првиот случај на ковид-19 во Македонија, досега починаа 351 лице. Битката со болеста последни ја загубија пациент од Куманово, две лица од Скопје и двајца жители на Тетово, објави 360stepeni.mk. Според последните податоците на Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје, најголем број од починатите се жители од Скопје – 139 лица.Но, тоа што во Скопје има најмногу смртни случаи не значи и дека вирусот бил најопасен во главниот град.Во Струга умираат 12 на секои 100 заболени од ковид-19Ако се земат предвид последните податоци од Центрите за јавно здравје на чие подрачје има барем 100 регистрирани случаи на ковид-19, црн рекордер по бројот на починати пациенти споредено со вкупниот број на заболени е Струга.Таму од вкупно 274 регистрирани пациенти со ковид-19 битката со вирусот ја изгубиле 33 лица. Изразено во проценти, леталитетот е 12% или на секои 100 заболени умираат 12.За разлика од Струга, на подрачјето на Скопје леталитетот е многу понизок и изнесува 4% бидејќи 139-те починати на подрачјето на Центарот за јавно здравје – Скопје се од вкупно 3 487 регистрирани случаи. Тоа значи дека во Скопје умираат 4 од 100 заболени со ковид-19, што е многу пониско од Струга.Текстот во целост на: 360stepeni.mk.  

Македонија | пред 5 години

ustaven

Вонредната состојба и домашната платежна картичка на Уставен

Уставниот суд денеска ќе одржи седница на чиј дневен ред се повеќе иницијативи за оценување на уставноста и законитоста на неколку уредби со законска сила и одлуката за утврдување на постоење на вонредна состојба.Меѓу точките кои  се на дневен ред се и Иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на Член 353 став 5 од Кривичниот законик, кој предвидува казна затвор од минимум пет години за функционери кои го оштетиле буџетот со јавни набавки, потоа домашната платежна картичка намената за купување на македонски производи и услуги за време на вонредна состојба, уредбата за прашања поврзани со изборниот процес, како и одлуката за утврдување на постоење на вонредна состојба од 16 мај 2020 година. 

Македонија | пред 5 години

korona-njemacka

ИЈЗ за 29 јуни - 5 јули: Намалување на број на новозаболени и починати, зголемување на бројот на оздравени

Министерството за здравство информира дека неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 29 јуни до 5 јули 2020 година бележи намалување на бројот на новозаболени и починати, а зголемување на бројот на оздравени лица во споредба со претходната недела на известување.Во овој период направени се вкупно 8.422 тестирања, а регистрирани се 917 позитивни случаи на Ковид-19 што е за 186 случаи помалку од претходната недела. Во последните три недели бројот на новозаболени на неделно ниво бележи пад, како и процентот на позитивни случаи од тестирани. Во периодот од 29 јуни до 5 јули овој процент изнесува 10.9%.Регистрирани се случаи во 25 града при што најголем процент на новозаболени има во Скопје (45.9%) и во Тетово (10,3%). Во 17 града во земјата, за истиот период, бројот на новопотврдени случаи е под 20.Од новозаболените во овој период најголем процент се лица над 60 години 22,9%, потоа лица од 50-59 години - 19,8%, забележано е благо намалување во однос на претходниот период кај лица помеѓу 40–49 години и благо зглемување на процентот кај лица помеѓу 30-39 и 20-29 години. Најмал број на новозаболени има кај децата и тоа од 0-9 години – 3.1%, и од 10-19 години – 4.1% од вкупниот број на новозаболени.Од случаите во овој период кои се епидемиолошки истражени, хоспитализирани се 113 лица или 13,4% што претставува намалување за 4% во однос на претходната недела на известување, а кај 205 лица или кај 25% регистрирано е присуство на коморбидитети.Во периодот 29 јуни до 5 јули, регистрирани се 46 смртни случаи, што е 11 помалку од претходната недела на известување. Најголем дел од случаите се лица над 60 години, 67,4%.  Кај 38 од смртните случаи (82,6%) регистрирани се претходни коморбидитети.Оздравени се водат 613 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, што е за 166 лица повеќе од претходната недела на известување (21-28 јуни). Ова е исто така важен и позитивен индикатор кој влијае на намалување на растот на активни случаи.

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања