Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

slavjanka

Петровска за објавата на Чулев: Очајници прават очајнички потези

Во врска со фејсбук објавата на техничниот министер Чулев, а во интерес на објективно известување на јавноста поврзано со извршениот претрес во објекти во Штип за наводен поткуп Чулев намерно или заради отсјајот не споделува клучни информации од спроведената истрага, а тоа е дека сите од досега сослушаните граѓани чии лични документи се најдени изјавиле дека личните документи не им се земени заради поткуп туку заради долг. Ова не е кривично дело поврзано со изборите туку кривично дело од областа на економскиот криминал кое допрва треба да се докаже, напиша на својот ФБ профил техничниот заменик министер за внатрепни работи Славјанка Петровска.Таа во објавата додава:Срамно е да се злоупотребува позицијата министер за внатрешни работи и да се соопштуваат невистини, особено кога истрагата е во тек, што впрочем е напишано и во известувањето до ОЈО. Известувањето во кое е наведено дека не се спомнува ниту една политичка партија , а е доставено до ОЈО е потпишано и од началникот и од дополнителниот начлник на СВР Штип. Со ова очигледна е намерата на Чулев да влијае на истрагата и да ја злоупотреби за партиски цели.Ги повикувам професионалните и чесни припадници на Министерството да не подлегнуваат на партиските притисоци и секој сомнеж за кривично дело да го докажат во соодветна постапка со соопштување на факти.https://www.facebook.com/slavjanka.petrovska/posts/10222070719939703

Македонија | пред 5 години

oliver-derkoski-1

Деркоски: Граѓаните масовно да гласаат и да не се плашат за своето здравје

Денеска изутрина, во придружба на полицијата, од печатницата „Киро Дандаро“ во Битола, која ги печатеше гласачките ливчиња и другиот доверлив изборен материјал за предвремените парламентарни избори, тргна изборниот материјал.Според претседателот на ДИК, Оливер Деркоски материјалите ќе бидат доставени до општинските изборни комисии, за да можат тие во текот на утрешниот ден да извршат дистрибуција на материјалите до избирачките одбори.Претседателот на ДИК при преземањето на избирачкиот материјал ги повика граѓаните да излезат масовно на гласање, да не се плашат за своето здравје, затоа што ДИК, како што рече Дерковски, се погрижила да ги обезбеди сите избирачки одбори со доволно заштитни средства, а и оние гласачи кои евентуално нема да носат маски на денот на гласање, да им дадат за да го остварат своето избирачко право.Во печатницата АД „Киро Дандаро“-Битола изработени се 1.814.263 гласачки ливчиња со висок квалитет и со 20 форми на заштита без никава можност за фалсификат, потврди директорот на печатницата во овој град Драги Милошевски.

Македонија | пред 5 години

culev

Чулев: Сопственик на продавница ветувал дека ќе им ги избрише долговите ако гласаат за СДСМ

Сопственик на продавница во Штип ветувал дека ќе им избрише долг на неколку лица, ако на изборите гласаат за СДСМ, објави министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев.„По добиени оперативни информации дека лицето Д. А. од Штип поседува патни исправи и лични карти од повеќе непознати лица од ромска националност кои биле држени како залог за настанат долг во неговата прехранбена продавница, а кој долг наводно би им бил подмирен доколку истите на денот на изборите гласаат за политичката партија СДСМ, побарана и добиена е наредба за претрес на дом и други простории кај конкретното лице со цел обезбедување на материјални докази и целосно документирање на настанот. При извршениот претрес во прехранбената продавница на лицето биле пронајдени четири тетратки во А4 формат во кои имало список со имиња, 69 биометриски лични карти, 18 биометриски патни исправи, 18 стари патни исправи, шест стари лични карти, една дозвола за престој и една здравствена легитимација, за кои постои основано сомневање дека се предмет на кривично дело Поткуп при избори и гласање“, објави Чулев на „Фејсбук“.Пронајдените предмети се одземени, а во просториите на СВР Штип со Д.А. извршен е разговор во однос на околностите поврзани со пронајдените предмети.Чулев апелира до граѓаните да ја пријават секоја активности со која се крши или попречува нивното избирачко право.https://www.facebook.com/NakjeChulev/photos/a.112821600244643/174003437459792/?type=3&theater

Македонија | пред 5 години

rekonstrukcija-1

Георгиески: За неполни три години во Охрид се реализирани значајни инфраструктурни проекти, еве дел од нив ...

За неполни три години во Охрид се реализирани значајни инфраструктурни проекти, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески. Тој во продолжение на својата објава додава:✅Реконструкција на булевар „Туристичка“;✅Реконструкција на улица „Македонија“;✅Реконструкција на улица„Егејска“;✅Реконструкција на улица„АСНОМ“;✅Реконструкција и асфалтирање на голем број помали улици во сите населби и села во општината;✅Поставување на нова атмосферска и фекална канализација;✅Изградба на потпорни ѕидови;✅Партерно уредување на патеки, паркинзи и тротоари.Во моментов се работи на неколку важни инфраструктурни инвестиции⬇️✅Реконструкција на улица „15-ти Корпус“;✅Реконструкција на улица „Абас Емин“;✅Реконструкција на улица „Прва Македонска ударна бригада“;✅Изградба на нова улица во поранешната касарна;✅Реконструкција на улица „Охридска Бригада“.Реализирани се низа инвестиции за подобрување на инфраструктурата во охридските основни и средни училишта⬇️✅Комплетна реконструкција на покриви во ОУ „Христо Узунов“, ОУ „Братство Единство“-Лескајца и подрачните училишта во селата Елшани и Коњско;✅Нова спортска сала, нова дограма, нов покрив и ново осветлување во ОЕМУЦ „Свети Наум Охридски“;✅Реконструкција на покривот и нова опрема во ОСУ „Свети Климент Охридски“;✅Нова дограма за ОУ „Свети Климент Охридски“ и ОУ „Григор Прличев“;✅Значајни инвестиции за подобрување на условите и во ОУ „Свети Наум Охридски“ во Пештани, ОУ „Ванчо Николески“ во Лескоец и ОУ „Живко Чинго“ во Велгошти;✅Реновиран училишниот дом во рамки на ОУТУ „Ванчо Питошески“.➡️Продолжуваме понатаму, посветено и одговорно да работиме за нашиот Охрид. Заедно напред, #Можеме уште повеќе и уште подобро!https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/pcb.632018070737133/632017727403834/?type=3&theater

Македонија | пред 5 години

oruzje

Обвинение за скопјанец за недозолено поседување оружје и муниција​

Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и трговија со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Осомничениот, на 12 јуни, на паркинг на улицата „Методија Андонов Ченто“ во Скопје, неовластено држел огнено оружје кое на граѓаните им е забрането – автоматска пушка со калибар 7,62Х39 мм и 60 куршуми муниција за ова оружје. Освен ова, тој со себе носел и друго огнено оружје за кое не поседувал дозвола – пиштол марка Smith Wesson со калибар 9 мм и 15 куршуми за тој пиштол. Оружјето и муницијата биле пронајдени при личен преглед на  осомничениот и при претрес на неговиот автомобил, на десното совозачко седиште.Со поднесеното обвинение, јавниот обвинител му предложи на Судот на обвинетиот да  му ја продолжи определената мерка притвор, бидејќи постои опасност од бегство на обвинетиот и можност тој да го повтори делото.фото: Архива

Скопје | пред 5 години

kamera

Приведени крадци на велосипеди во Скопје

На 08 и 09.07.2020 од страна на Единицата за внатрешни работи Карпош при  преземени мерки и активности лишени биле од слобода Е.М.(24) и А.И.(22), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела “тешки кражби“ на велосипеди и Х.К.(53) од Скопје поради постоење основи на сомение за сторено кривично дело “прикривање“. Имено двајцата првопријавени извршувале кривични дела “тешки кражби“ на велосипеди, тешки кражби во подрумски простории и тешки кражби во станови на подрачјето на Скопје, по што украденото го продавале кај третопријавениот, кој ги купувал велосипедите за минимална цена и ги препродавал или ги расклопувал во делови.Досега од сторителите се одземени 26 велосипеди, еден апарат за заварување, една бормашина, една брусалица, две рачни стеги, разен рачен алат и лап топ.Во врска со извршените кривични дела ги повикуваме сите оштетени граѓани во Полициската станица Карпош, секој работен ден од 09,00 до 15,00 часот за препознавање на велосипеди.

Скопје | пред 5 години

naum

Стоилковски: Цело СДСМ на чело со Заев и Шекеринска спроведувале рекет!

Целото СДСМ, на купче, на чело со Зоран Заев и Радмила Шекеринска правеле, спроведувале рекет и криминал! Целото раководство на СДСМ е вмешано во овој грозоморен криминален акт. Случајот „Рекет“ и судската фарса е срам за правната држава, но и голема дамка и товар за СДСМ.  Не изминува ден без нов скандал криминален каде што на виделина не излегува некој од раководните лица на СДСМ, истакна Наум Стоилковски - Портпарол на ВМРО-ДПМНЕРадмила Шекеринска е фатена на камера со осудените извршители на грозоморниот рекет, Зоран Заев е снимен како признава за криминали на Шилегов, а до ЈО се поднесени кривични пријави за 40 лица сите од СДСМ вклучително и за Заев, брат му Вице, братучедот Трајче, па Оливер Спасовски, па Мила Царовска, Кирацовски, Горан Сугаревски, Петре Шилегов, Костадин Костадинов и други.Радмила Шекеринска, повеќе пати лажеше дека не била во домот на Боки 13 и дека немала средби со сега осудените за „Рекет“! Сега лаже дека не била прашана за средбите! Соочена со скандалозното видео од домот на Боки 13, прво претпоставува дека е таа, па не демантира дека е снимена, па лаже дека не знае кога би била направена снимката, па лаже дека не била прашана за средбите, а потоа нафрла невистини за содржината на разговорот!Радмила Шекеринска потврдува дека била во домот на Боки 13, дека била во друштво со сопственик на како велат провладина телевизија, била во друштво со специјалната јавна обвинителка и дека таму имале средби и разговарале, кроеле планови, какви планови се гледа од приложеното она што ја тресе јавноста, а тоа е случајот „Рекет“. Значи Радмила Шекеринска потврдува дека е снимена во домот на Боки 13, а претходно лажеше дека воопшто не била во домот на Боки 13 и дека немала средби со сега осудените извршители на „Рекет“.Останува да виси прашањето што бара потпретседател на Влада во друштво на Јавен Обвинител и осуден за „Рекет“, уште колку вакви јавни признанија и видеа се потребни за Јавното Обвинителство конечно да почне да работи?До ЈО се поднесени кривични пријави до 40 лица, сето раководство на СДСМ! Кривични пријави од осудениот извршител на „Рекет“ Бојан Јовановски! А, напоменав претходно дека тука се споменати и Зоран Заев, и брат му Вице, и братучед му Трајче, Оливер Спасовски, Мила Царовска, Кирацовски, Сугарески, Шилегов, Костадин Костадинов и многу други од раководство на СДСМ. Радмила Шекеринска потврдува дека имала средби со осудените, и ЈО се уште молчи!ЈО со Јовески и Рускоска молчат и ќе молчат за скандалите со второстепената комисија, кога со неа раководеше Петре Шилегов, а фирмите на кланот Заеви добиваат тендери? И тоа вчера повторно јавноста беше скандализирана од сознанијата кои што ги доби од тајните снимки објавени на социјалните мрежи.Слушнавте како Зоран Заев признава дека Петре Шилегов, додека бил претседател на второстепена комисија, „трпал пари“. На Заев тоа му било јасно, но дека „тоа било тоа“. Тоа се зборовите на Зоран Заев, на Петре Шилегов кој што признава за злоупотребите и за криминалот на Петре Шилегов додека бил претседател на второстепената комисија, зашто ВМРО-ДПМНЕ повеќе пати алармираше и имаше прес конференции изнесувајќи докази. Но Зоран Заев вели „трпал пари“ и тоа било тоа.Цело СДСМ на чело со Зоран Заев и со Радмила Шекеринска се криминално здружение кое што мора да понесе одговорност! СДСМ е синоним за рекет и за криминал! Македонија повеќе не може да издржи компромиси со криминал! Доаѓа 15-ти јули, заокружете број 14. Исправи се Македонијо, одбери обнова!

пред 5 години

Нема фотографија

Казнет угостител од Дебар, не ги почитувал здравствените прописи​

Основното јавно обвинителство Дебар до Основниoт суд Дебар поднесе Предлог за издавање  казнен налог против едно лице кое го сторило кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.Како управител на угостителски објект, на 12.06.2020 година, обвинетиот послужувал гости по истекот на дозволеното време за работа, односно по 22.00 часот.За стореното кривично дело, јавниот обвинител побара од Судот да му изрече на обвинетиот парична казна во висина од 10 до 100 дневни глоби.​

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

(ФОТО) Новите екоавтобуси почнаа да возат низ учиците на Скопје

Новите екоавтобуси на гас, од германската компанија MAN се дел од возниот парк на ЈСП и од денеска возат по нашите улици, со што Скопје стана дел од европски метрополи коишто користат екоавтобуси. Возачите коишто ги возат новите автобуси на линии 2, 5, 15 и 57, имаа стручна обука од сертифициран возач од Хрватска.Новите автобуси се енергетско ефикасни, во согласност со последните технолошки трендови во оваа индустрија и ги задоволуваат стандардите за емисија на Euro 6. Овој тип на автобуси е прогласен за екоавтобус за 2016 година во Европа, а во Германија ја поседува ознаката „Син ангел“ бидејќи  емитуваат значително помалку ЦО2 и  речиси воопшто не го загадуваат воздухот.Градот одлуката за набавка на ваков тип автобуси ја направи по извршеното тест возење низ Скопје кога пробно сообраќаа 3 различни модели на автобуси на гас и еден електричен автобус од различни производители, вклучувајќи го и автобусот од MAN, а тој според патниците беше најдобро оценет и најсоодветен за јавниот сообраќај во Скопје.Еден екоавтобус заштедува до 25.000 евра гориво на годишно ниво, односно во споредба со потрошувачката на старите дизел автобуси, овие автобуси трошат речиси двојно помалку гориво, што дополнително ќе ги намали трошоците на ЈСП, а истовремено го намалува и загадувањето на животната средина преку издувни гасови.Колку за потсетување, автобусите што беа набавени пред 8 години, 202 двокатни кинески автобуси на дизел, чинеа премногу, се со лош квалитет и секојдневно се расипуваат, а ЈСП со години има проблем со кинеските автобуси поради непостоење овластен застапник, а со тоа и сервисна и техничка поддршка.За разлика од претходните автобуси набавени од старото раководство, за да се избегнат проблемите при одржувањето, овојпат во цената на секој нов MAN екоавтобус е вклучено и одржувањето на автобуси како промена на масло, филтри и лесно отстранливи дефекти во гарантниот период од 3 години, како и специјален наменски алат за сервис и одржување на автобуси, кој е изработен од специјални материјали (комбинација на пластика, алуминиум и нерѓосувачки челик). Еден зглобен автобус чини 334.500 евра, а единечен 268.900 евра.Град Скопје со набавката на новите 33 нископодни MAN CNG автобуси за ЈСП, на претпријатието му овозможи да врши превезување на речиси двојно повеќе патници коишто имаат поголем простор и комоција за движење, што придонесува за побрз проток на патниците низ возилото, со повеќе врати за влез и излез, како и валидатори на предната и на задната врата. Ваков тип на екоавтобуси веќе се користат во јавниот превоз на Шпанија, Норвешка, Унгарија и Полска. Во моментот на улиците на Скопје возат 25 нови екоавтобуси на гас од кои 20 се единечни и 5 зглобни, а во текот на месецот ќе пристигнат и преостанатите 8 автобуси што се дел од договорот што го потпиша Градот за набавка на 33 нови екоавтобуси, односно 21 нископоден автобус со поединечен капацитет од 85 патници и 12 зглобни нископодни автобуси со поединечен капацитет од 149 патници.    

Скопје | пред 5 години

ahmeti

Ахмети: На 15 дајте ми го мечот и после ќе ги видат моите крилја и рамења

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети пред скопјани синоќа изрази увреување дека на 15 јули ќе победат.„Пред нас и пред Вас е кандидатот за премиер на Република Северна Македонија и ова идеја не ја предложивме за да се шегуваме, ја предложивме за да ја оживуваме и материјализираме и тоа ќе го направиме затоа што е наше легитимно право. Жал ми е што моите колеги Македонци толку панично се однесуваат и зошто не излегуваат на дебати за да е соочат со Зибери, не станува збор тука затоа што не е на листата за пратеници, бидејќи и Мицковски од ВМРО не е кандидат но се појавува на дебати. Тие не ги имаат познавањата на Насер“, истакна Ахмети.Барањето на Претседателот на ДУИ, Ахмети до симпатизерите, активистите, албанската младина, албанските патриоти и мисионери, беше на 15 јули да го дадат мечот, за потоа да видат како ќе ги постави крилјата.„Никогаш ниту една војна не сум изгубил затоа што мечот ми беше поклон од борците,никогаш ниту една војна и борба не сум изгубил затоа што мечот ми го подарија патриотите, ниту една војна не сум изгубил и од поголемите противници од мене затоа што мечот ми го подарија мисионерите, на 15 јули заедно Ве повикувам да излезете и да ми го дадете мечот и после ќе ги видат моите крилја и рамења и успешно да се соочувам во секој фронт“, заврши на крај Ахмети.извор: Макфакс

Слајдер | пред 5 години

DSC05928-2

(ФОТО) Се подобруваат условите на Клиниката за нефрологија – реновирањата во завршна фаза

Од Универзитетска клиника за нефрологија информираат дека привршуваат активностите со кои се реновираат оддели и се менува медицинскиот и немедицински инвентар во оваа јавно здравствена установа.Станува збор за комплетно реновирање на првиот кат на клиниката, каде се сместени одделите за интензивна нега, одделот за трансплантација, како и одделот за акутна и хронична дијализа и хируршка сала за обезбедување васкуларни пристапи за хемодијализа (артеро-венски фистули, катетри и сл.).Со реконструкцијата е предвидена комплетна промена на изгледот, која опфаќа инфраструктура, нови тоалети и санитарии и целосна промена на инвентарот.Се обезбедуваат и нови болнички кревети и помошен немедицински мебел. Воедно е направена и комплетна замена на инвентарот во работните простории на медицинскиот персонал.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Денеска сончево и температура до 35 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени.Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 33 степени, јави УХМР. 

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Заев за Алсат-М: ДУИ ќе оди во опозиција, национализмот нема иднина во Северна Македонија

Одговарајќи на прашање поврзано со предлогот на ДУИ за премиер Албанец во емисијата Патот кон на Телевизија Алсат, претседателот Зоран Заев истакна дека тоа е уценувачка порака и дека граѓаните се тие кои одлучуваат кој ќе ја предводи владата.„Пораката која ДУИ ја испратија е генерално уценувачка и тоа не е добро. Оние кои определуваат кој ќе биде премиер тоа се граѓаните. Сето тоа што ДУИ го прави е прочитано. Верувам граѓаните ќе знаат како треба да продолжиме напред.”„Секогаш сме имале чесна и отворена соработка со ДУИ. Дури и кога не сме се согласиле. Секогаш сум бил транспарентен. Го разбирам Ахмети зошто оди со националистичка политика. Но денес граѓаните знаат се. Ние ги обединуваме сите. Не ги делиме. Политичарите кои се враќаат кон национализмот, ќе бидат казнети на овие избори. Тоа граѓаните ќе им го покажат. Национализмот нема иднина во Северна Македонија.“Одговарајќи што мисли за политичката иднина да ДУИ по 15-ти јули, Заев посочи:„И ДУИ сами знаат дека е добро да заминат во опозиција. Да се демократизираат. Да изградат економски став, програма. Јас тоа го кажувам како мое мислење. Граѓаните ќе одлучат. На овие избори јас сум мандаторот на оваа најмултиетничка коалиција во политичката историја на Северна Македонија”, заклучи Заев.

Слајдер | пред 5 години

Ivan-Barbov

Директорот на Неврологија е позитивен на ковид-19

Докторот Иван Барбов, директор на Клиниката за неврологија е позитивен на тестот за коронавирус, и се наоѓа во домашна изолација.Тој за „Слободен печат“ истакнал дека се тестирал со ПЦР метода во Институтот за јавно здравје, поради контакт со позитивни пациенти кои ги прегледувал изминатите денови.„Да не направев тест немаше да знам воопшто бидејќи немам никакви симптоми. Веќе доставив список на моите контакти но сите биле со заштита и претежно на работното место каде постојано носиме заштита“, вели Барбов.

Македонија | пред 5 години

mickoski-1

Мицкоски:За раскрчмување на маса СДСМ и БЕСА овој пат ја редат Македонија, спасот е смена на власта

Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ во своето обраќање во Аеродром рече дека од Аеродром мириса на голема победа на 15 јули и тука се заблагодари на луѓето кои го создаваа општинскиот комитет овде во Аеродром, до ветераните, основачите, Унијата на млади сили, Унијата на жени, коалиционите партнери.Овој митинг сакам да го започнам со еден пријател кој ми кажа дека оној Зоран Заев  за нас македонците е навистина кошмар, но за некои наши соседи е вистински посакуван сон. Јас му велам така е зошто ние секогаш се наоѓаме на дното на неговата агенда на приоритети. Човек не може да биде лидер, а притоа да се срами од родот свој. Таа грешка  имаме заедничка можност да ја корегираме на 15 јули, уште рано наутро да излеземе и да го заокружиме бројот 14, истакна Мицкоски.Тој пред граѓаните од Аеродром потсети на тоа кога СДСМ ја имаат можноста да владеат, да управуваат во Владата и дека нивната матрица се темели на три чекори, дополнително уште еден ако успеат.Ќе дојдат овде ќе застанат со раката на срце и ќе ви зборат за жицата, за семето, ќе кажат многу невистини мислејќи дека на тој начин ќе ја добијат довербата од граѓаните. И доколку ја добијат довербата од граѓаните доаѓа вториот чекор, а тоа е национален срам и третиот чекор пљачкање и криминал и четвртиот е заробено судство за да може да се пресметаат со политичкиот противник или пак да се амнестираат за некој криминал, кажа Мицкоски.Тој од Аеродром спомена дека од Коалицијата СДСМ и БЕСА  на маса е Македонија, да не биде дека не е споменато пред време затоа што првиот чекор е федерализација, вториот чекор е конечно уништување на Македонија и секој оној кој ќе излезе на 15 јули и ќе заокружи пред името на Никола Димитров и за волјата на СДСМ и Беса треба да е свесен дека заокружува за уништување на Македонија.Јас верувам во оној пиреј кој што се буди во секој еден од вас, во онаа пркост што секој со себе ја носи и одлучност да застане и да се бори за својот сон. Попат ќе ви кажат дека попусто се трудите и тоа не треба да ве обесхрабрува, тоа треба дополнително да ве мотивира да продолжите да се борите за сонот, за нашата Македонија онаква каква што сака да биде. Затоа ве повикувам сите застанете до нас, застанете со нас и ајде прво да си ја ослободиме Македонија, побара Мицккоски од граѓаните од Аеродром.Лидерот Мицкоски укажа дека СДСМ ќе ги убедуваат граѓаните дека можеа, можеа многу да направат, но не успееја. Имено тој порача дека наместо да уживаат во привелегиите платени со народни пари, да направат многу за овој народ, можеа и ФБ и Гугл и оној гигант во автомобилската индустрија  да ги донесат, само требаше да работат, но тие ниту знаат, ниту сакаат да работат.Сетете се на правдата. Од правдата успеја сето она кое го ветуваа да го спакуваат во она Луј Витон куферче, да донесат некоја трас- трас одлука, а мирот да го претворат во немир. Немир во душата на родителите на оние дечиња кои грозоморно го загубија својот живот на Смилковско. Во 2016 година им велеше дека ќе ја дознаеле вистината за тој грозоморен чин, а прво кога имаше можност ги ослободи сторителите од затвор. Денес има патриоти кои лежат 15-17 години во затвор затоа што си ја сакале Македонија. Јас се обврзувам дека правда мора да има и мора од некаде да почнеме. Јас ви ветувам дека никој повеќе нема да владее во Македонија, дека тој кој ќе ја има честа да управува со Владата ќе работи исклучи за народот и за волјата на народот. Мораме да покажеме дека ќе биде поинаку се и дека сме поразлични, потенцираше Мицкоски.Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ на овие избори излегува со понуда содржана во 360 страни наречена Проект „Обнова“ и таму има буквално за секој еден граѓанин односно таму може да се најдат  повеќе од 1000 проекти односно како да се дојде до 25% повисока просечна плата во еден мандат, како да се дојде до 20% повисоки пензии и враќање назад на старото законско решение кога пензиите два пати годишно растеа, како до 1000 километри нови реконструирани локални и регионални патни правци, како до најнизок данок од 8% и уште многу други проекти.

пред 5 години

siljanoska

Силјановска: Ние ќе воспоставиме правна држава со силни институции

Професорката Гордана Силјановска Давкова се обрати пред граѓаните од Аеродром и им порача дека сме доведени на ѕидот на срамот. Не смее да има човек, вели Силјановска, кој нема да реагира на она што ни се случува.„Партијата што се нарекува социјалдемократски сојуз стана партија на социјалдеморализиран сојуз, на социјалдотрајен сојуз. Има моменти кога човек не смее да молчи таков е овој момент. Ќе се согласите дека секогаш кога било најтешко во македонската историја се појавувале учителите. Фрлете поглед на листите на едните листи ќе ги познаете петкашите и десеткашите, а на другите оние од транзицијата што прекуноќ се збогатија.Деновиве во очај почнаа да фрлаат летки замислете Тимчо и јас сме биле транзиционите профитери. Јас сум била 2 години во политика а транзицијата трае 30 години. Е тие кој од бебиња се во политики и не се збогатија од пиперки и патлиџани туку од политичкиот статус велат дека повторно транзиционите политичари се во игра, тоа е срамота“, објасни таа.Истакна дека народот треба да се праша дали подобро живее од порано, дали е побезбеден, дали е поздрав дали ги нема корупцијата и криминалот.„Дали непотизмот не цвета, дали администрацијата е подобра. Не многу не! Споредете ги оние кој ги персонализираат партиите, еден прекуноќ збогатен човек и еден учител ама и добар мајстор. Тој со наша помош треба да ја поправи куќата. Може ли со вакво судство да збориме за владеење на правото, се разбира не. Не знам колку бомби паднаа и дознавме интересни работи. Оние кој се повикуваат на право и правда се главните рушители на правото. Ние не сакаме ништо друго освен европски темел на куќата“, истакна Силјановска.Нагласи дека не може да постои економија, образование, социјална заштита и култура, ако нема костур наречен владеење на правото.„Ние знаме како да го направиме тоа, затоа што правото и правдата е на наша страна, а неморалот и заборавањето на етиката се со нив. Затоа се во паника. Бидете убедени дека на 15 јули ќе започне нова ера јас ја викам 4 македонска република во која сите граѓани како индивидуи ќе бидат рамноправни. Македонија е точно мултикултурно општество, но Македонија мора да биде пристојна европска граѓанска држава, повика Силјановска Давкова.

пред 5 години

kekenovski

Кекеновски: Онака како што и замина Груевски ќе биде и вратен, а украдените пари ќе бидат поделени на граѓаните

Се плашиме дека по изборите, ќе ни се преслика здравствената ситуацијата од Србија, порача од општина Ѓорче Петров носителот на листа во ИЕ 2 од коалицијата „Никогаш северна, само Македонија“, Јове Кекеновски.„Неспособниот технички министер, познат по пиши-бриши уредбите, на сметка на мртвите и жртвите се пуштил во ловење гласови. Ветува брда и долини, а не гледа дека бројот на зарзени постојно расте“, посочи Кекеновски.Според него, иста како несовесниот технички премиер е и министерката за правда.„Нејзините пратиски колеги и функционери му овозможија на Груевски да избега во Будимпешта, а таа не мрднува ниту со најмалиот прст да го врати и да одговара за другите злодела“, рече претставникот на коалицијата.Кекеновски пред граѓните се обврза дека доколку коалицијата стане дела од законодаваната и извршната власт, во рок од 90 дена ќе го врати Груевски.„Онака како што и замина, така ќе биде и вратен, а украдените пари ќе бидат поделени на граѓаните“, кажа тој.Коалицијата „Никогаш северна, само Македонија“ смета и дека уставните судии се срам за државата и затоа бара нивна оставка.На крајот од своето обраќање во Ѓорче Петров, Кекеновски рече дека претставниците од коалицијата како дел од извршната власт би имале максимална соработка со единиците на локалната самоуправа, без разлика на нивната партиска припадност.„Ниту еден проект, ниту еден закон кој се однесува до ЛС, не ќе смее да биде донесен без претходно тој да биде консултиран од страна на нашите пратеници со базата од која се избрани“, порача Кекеновски.

Слајдер | пред 5 години

baga

Турски државјани избегале од државен карантин во Скопје, со чаршав кој бил врзан како импровизирано јаже

Двајца државјани на Турција синоќа избегале од државен карантин во Скопје, со чаршав кој бил врзан како импровизирано јаже.Од полицијата информираат дека чаршавот бил пуштен помеѓу првиот и вториот кат од прозорецот на хотелот.„По проверка во собите од полициски службеници било констатирано дека во две соби ги нема А.Ј.(22) и А.Б.(24), двајцата од Турција, кои на 3 јули, врз основ на наредба, а во врска со кривичното дело ,,криумчарење мигранти“, од Полициска станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица биле спроведени во државен карантин, поради позитивен тест на ковид – 19 кај едно од лицата“, велат од МВР.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.фото: Espreso 

Скопје | пред 5 години

dezinsekcija

Утре во Охрид ќе се прска против комарци - пчеларите да ги заштитат пчелните семејства

Согласно Законот за заштита  на населението од заразни болести  (Сл. весник на РМ 66/2004, 139/2008 и 99/2009,  149/2014  и 150/2015), а врз основа на одлуката на Советот на Општина Охрид за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општина   како општа противепидемиска мерка ЈЗУ „Центар за јавно здравје“- Охрид го издава следното  соопштение:Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Охрид  дека  на   ден  10.07.2020 год.  (петок)   екипите на Центар за јавно здравје Охрид  ќе спроведат теристичка (од земја) дезинсекција против комарци. Запрашувањето ќе се врши во период од 22 до 06 часот со апарат за УЛВ ладно запрашување.Со дезинсекцијата ќе биде  опфатено Охридското крајбрежјето на потег од с. Подмоље до  комплексот Св. Наум, територијата на град Охрид, потек на река Грашница, Коселска Река.Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги превземат   соодветните мерки за заштита на на пчелите.Во случај на појава на неповолни временски услови  (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.За сите информации и прашања отворен телефон за контакт во Центар за јавно здравје Охрид е  231 881 и 230 231.

Македонија | пред 5 години

Kosel_07092020001

(ФОТО) Асфалтирани улици во село Косел - Охрид

Деновиве заврши асфалтирањето на 4 улици во село Косел. Овие активности се дел од годишнaта програма за комунален развој, сообраќај и улици на Општина Охрид. Во текот на наредниот период ќе следува асфалтирање на улици на уште неколку локации во општината.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Прирачници за храна за предучилишни и училишни установи

Агенција за храна и ветеринарство и Организација на потрошувачите на Македонија подготвија Прирачници  за операторите кои подготвуваат храна за предучилишните  и училишните установи или кои истата  ја добавуваат. Двата Прирачника содржат важни информации за видот на храната која треба да ја добиваат децата и учениците,  условите на нејзина подготовка  и чување.ПРИРАЧНИЦИ ЗА ОПЕРАТОРИТЕ СО ХРАНА ЗА ГРАДИНКИТЕ И УЧИЛИШТАТА

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Маж со секира ја нападнал сопругата додека спиела, подоцна бил пронајден мртов

Шеесет и едногодишен маж од Скопско утрово со секира ја нападнал својата сопруга додека таа спиела во семејниот дом во населбата Дрма.Како што информираат од полицијата, мажот потоа избегал со возилото, а сопругата била пренесена во комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде ѝ биле констатирани тешки телесни повреди.Неколку часа подоцна мажот бил пронајден починат на нива со повреда на вратот.Полициска екипа извршила увид, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 5 години

Boki-13-1

Боки-13 со кривични пријави против повеќе функционери и бизнисмени

Бојан Јовановски – Боки-13 денеска во Јавното обвинителство поднел кривични пријави против повеќе носители на јавни функции, членови на нивните семејства и бизнисмени.Преку писмо на осум страници, кое рачно го напишал, и кое беше денеска споделено во јавноста преку неговиот адвокат, Боки 13 ја информира јавноста дека пријавите се однесуваат на носители на јавни функции од актуелната извршна власт, лица од бизнис секторот, неколку цивилни лица…. -Почитувани претставници на медиумите, почитувана јавност, стручна јавност, почитувани претставници на дипломатскиот кор во нашата држава, преку оваа соопштение сакам да соопштам неколку важни факти и околности повикувајќи се на начелото на транспаретност и посебно на висок степен на јавен интерес, се наведува на почетокот на писмото Боки 13 кое го прочита неговиот адвокат Сашо Дуковски.Во писмото Јовановски и конкретно објаснува за мотивите за поднесување на кривичните пријави.-Вистина е дека нема ниту „П“ од правната држава туку само еден дерогиран правосуден систем во директна спрега со извршната власт. За да се одбегнат сите шпекулации со ова соопштение ви кажувам дека пријавите се однесуваат на носители на јавни функции, лица политичари кои се дел од актуелната извршна власт, за лица од бизнис секторот, за неколку цивилни лица блиски до политички носители на јавни функции, наведе Дуковски.Бранителот на Јовановски наведе дека Боки 13 бара и заштита од меѓународните претставници во Македонија. Рече и дека денеска нема да заврши поднесувањето на доказите од страна на неговиот клиент туку дека тоа ќе продолжи и во наредниот период. 

Македонија | пред 5 години

mijalkov-2

Мијалков за новите „бомби“: Со Заев ниту сум се договарал, ниту имам договор

Со Зоран Заев ниту сум се договарал, ниту имам договор. Прв пат слушнав за такво нешто од разговорот кој го објавија некои портали, каде што се споменува моето име, вели Сашо Мијалков, поранешниот шеф на УБК, откако денеска беа објавени аудио снимки, на кои се слуша гласот на Зоран Заев како разговара со непознат соговорник и бара „Сашо“ да ја повлече финансиската инспекција од општината Струмица и да се каже дека не е пронајдено ништо сомнително, Објави plusinfo.mk. – Во објавениот разговор не знам ниту за кој Сашо се мисли, но порталот Инфомакс, кој прв го објави разговорот преземен од останатите, извлекува некаков заклучок и ме инволвира мене без воопшто да се обидат да ги проверат информациите. Подолг период истиот портал се обидува да ме дискредитира со невистини и лажни вести. Од ваквите напади најголема штета трпи ВМРО- ДПМНЕ. Малкуте медиуми кои се јасно критички настроени кон власта наместо да се насочат кон анализа на пропустите на оваа влада изминативе три години, тие на неколку дена пред избори се посветуваат на пласирање невистини против мене. Погрешна стратегија, која нема да донесе подобар резултат, а треба да се надминат 454. 577 гласови освоени во 2016 со ваква власт – вели Мијалков.Извор: plusinfo.mk. 

Македонија | пред 5 години

deca

ДУИ и ВМРО ДПМНЕ не го потпишаа барањето за подобар живот на децата со попреченост

Во тек на вчерашниот ден во парк Жена борец во Скопје, по отворениот повик од страна на родители на деца со попреченост, дојдоа претставници на политичките партии од земјава, со цел да го потпишат документот со кој ќе се заложат за исполнување на нивните барања, објави Фокус.мк.Станува збор за кампања иницирана од Маргарита Маги Милошеска, мајка на девојче со попреченост, насловена „Да создадеме свет без граници”. Милошеска мината седмица јавно преку „Фокус”, но и со писмени покани, ги повика лидерите на сите политички партии да дојдат на средбата во паркот, каде со потпис ќе им ја дадат поддршката. На средбата свој потпис како поддршка и еден вид на збор дека ќе се заложат за исполнување на нашите барања за време на својот мандат, ни дадоа СДСМ, Левица, Македонски концепт, Алијанса за Албанците… Од Интегра претставник го зеде документот првин да го разгледа, па ќе не извести дали ќе биде потпишан. За жал, никој од ДУИ не појави на настанот. Од ВМРО ДПМНЕ пак, дојде нивни претставник, но не го потпиша документот со нашите барања, изјави  Милошеска, која исто така е координатор во Ресурсен центар на родители на деца со посебни потреби.извор: Фокус.мкфото: Фокус.мк

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања