Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

pecak-1

Пецаков: Во Собранието на Македонија се обврзувам да бидам претставник на сите граѓани, совеста и чесноста

Кирил Пецаков, дипломиран стоматолог, а за кратко време и до специјализација. Вработен во Здравствен дом во итната стоматолошка служба. Среќно оженет со Д-р  Билјана Пецакова, специјалист орален хирург. Едно малолетно дете Стефан. Главното хоби ми е спортот. Слободното време и времето за приватен живот поради кампањата е ограничено и сведено на минимум, меѓутоа секој слободен момент го поминувам со најблиското семејство и со луѓето кои ме прават среќен. Исто така во слободното време уживам да читам книги.Охрид 1: Како ја оценувате досегашната кампања на политичките партии?Кирил Пецаков: Уште од самиот старт на кампањата од Охрид во средбите со граѓаните се чувствува позитивна и победничка енергија и како се буди оној пиреј во секој еден наш сограѓанин. Мојата заложба и на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија е пристојно однесување како и фер, позитивана и достоинствена кампања.Охрид 1: Ветувате обнова на земјава, но и промени кои ќе ја направат Македонија онаква кaква што сакаме да ја имаме. На што е насочен главниот фокус на вашата програма?Кирил Пецаков: Секоја генерација си има своја борба, а нашите предци ни оставија аманет кој ние како генерација доследно треба да го продолжиме и пренесеме на идните генерации. Обновата е нашата визија за промена на тешката реалност во која живее секој граѓанин. Обнова која ќе донесе повеќе за секого и промени кои ќе ја направат Македонија онаква кaква што сакаме да ја имаме. Главен фокус ќе бидат економијата и здравството. ВМРО-ДПМНЕ пред граѓаните се обврзува на зголемување на економскиот раст и раст на вработеноста, пораст на животниот стандард на граѓаните, подобар и поквалитетен живот за секого. Со посветена работа и реализација на голем број проекти нашите цели ќе бидат зголемување на платите за 25% во период од четири години; Намалување на стапката на невработеност под 10%; Домашни и странски инвестиции во износ од 4 милијарди евра за период од 4 години; и Раст на БДП од 4-5% годишно. Пензиите ќе растат дополнително, при што за еден мандат просечната пензија ќе достигне раст од 20%. Охрид 1: Може ли да наброите дел од проектите кои веднаш би ги реализирале, доколку ја добиете довербата на граѓаните?Кирил Пецаков: Прв проект кој ќе го реализираме е три денари акциза што ги донесе оваа власт, веднаш ќе ги пренамениме во спортски денар, еден дена за образование и денар за култура. Потоа веднаш ќе го укинеме прогресивниот данок и ќе го воведеме рамниот данок Охрид е застапен со капитални проекти во програмата Обнова. Тука најпрвин би ги издвоил Нова детска градинка и нов театар. Понатаму изградба на Магистрален гасовод Битола - Ресен - Охрид – Струга. Завршување со изградба на автопатот Кичево – Охрид. Реконструкција, санација и доизградба на Градското пристаниште и пристаништето во Св. Наум. Набавка на специјален пловен објект за превенција и интервенирање при итни служби во медицинска, противпожарна, спасувачка цел по Охридското крајбрежје.  Изградба на нова 400/110 kV трансформаторска станица во Охрид. Центар за обука и континуирано надградување на знаењето на припадниците на безбедносните структури.Охрид 1: Охрид е туристички град. Што предлагате за развој на оваа туристичка гранка?Кирил Пецаков: Охрид и Македонија повторно ќе бидат во фокусот на вниманието домашните, регионалните и туристите од целиот свет. Туризмот останува приоритет на новата Влада на ВМРО ДПМНЕ. Петте постулати на кои се заснова обновата се институционалната рамка, развојната рамка, развојот на човечки ресурси, маркетингот и промоцијата и новите форми на туризам.Поддршката за граѓаните сметам дека треба да биде многу посеопфатна кога речиси сите граѓани во Македонија се економски и финансиски погодени од кризата. За таа цел се обврзуваме на обезбедување дополнителна еднократна парична помош во висина од 100 евра за сите вработени лица во државата чии примања не надминуваат 15.000 денари. Обезбедување еднократна парична помош во висина од 150 евра за сите невработени лица кои не добиле помош со мерката за национални платежни картички.Обезбедување еднократна парична помош во висина од 200 евра за сите лица кои ги изгубиле своите работни места поради кризата. Со овие мерки вистински ќе им помогнеме на нашите граѓани, но истовремено ќе им помогнеме на домашното стопанство и на туризмот. Поддршка за компаниите од секторот туризам и угостителство ќе оди преку намалување на ДДВ од 18% на 10% за услугите за послужување на храна и пијалаци во сите угостителски објекти до крајот на 2021 година. Ослободување или намалување на надоместокот за лиценци, дополнителни такси или дозволи во угостителството, како лиценци за ноќни клубови, дискотеки, кабареа итн. до крајот на 2020 година. Субвенционирање на автобуски превоз во текот на целата летна сезона од Р. Србија и Р. Бугарија до Охрид. Охридското Езеро како природно богатство мора да го земеме со сериозно и максимално ќе се посветиме и во делот на заштита и во делот на надградување на екосистемот.Охрид 1: Светот , но и Македонија се борат со КОВИД 19. Како ја оценувате досегашната заложба на министертвото за справување со пандемијата, и што вие предлагате за во иднина?Кирил Пецаков: Заштитата на здравјето на граѓаните е прв и најважен приоритет за ВМРО-ДПМНЕ. За таа цел, ќе пристапиме систематски во борбата со коронавирусот во насока на целосно изолирање и спречување на понатамошно ширење. Зајакнување на капацитетите на јавното здравство, зајакнување на инфективните одделенија во земјата и интегрирање и функционално реорганизирање на клиничките болници во земјата. Нов концепт за справување со КОВИД-19 преку нова методологија за тестирање и вклучување на младите лекари и специјализанти. Сите здравствени работници вклучени во борбата со КОВИД-19 во октомври ќе добијат дополнителни 50% од својот личен доход како мотив да продолжат со борбата против опасниот вирус. Сите вработени во Министерството за внатрешни работи, како награда за својот труд, во октомври 2020 година ќе добијат 20.000 денари нето средства за напорите што ги прават за спроведување на мерките за справување со КОВИД-19.Охрид 1: За жал од Македонија секојдневно се иселуваат младите. Дали вие сте размислувале, или размислувате да ја градите вашата кариера надвор од земјава?Кирил Пецаков: Никогаш не сум помислил на напуштање на нашата држава и градење на професионална кариера надвор од Македонија. Планирам тука да останам и тука и професионално да се реализирам и надоградувам.Охрид 1: Во кампања од сите слушаме многу ветувања, но за жал потоа граѓаните се разочаруваат. дали сте подготвени да реализирате се што ветувате овој период?Кирил Пецаков: Во Собранието на Република Македонија се обврзувам да бидам преставник на сите граѓани, совеста и чесноста.  Секогаш да се водам од одговорноста и трудољубивоста. Транспарентноста и отчетноста секогаш моја водилка. Тоа што сме го ветиле пред граѓаните треба да го оствариме затоа што ние сме луѓе коишто делата се нашите показатели.Време е народот да ја земе судбината во свои раце, да го искаже својот револт за ненародното и непринципиелното владеење на СДСМ во изминативе три и пол години и масовно да излезе на гласање за нашата земја да чекори напред за подобра иднина на сите. Ова е последната шанса за спас на Македонија и заедно сплотени и обединети до конечна победа на ВМРО-ДПМНЕ.На 15 јули гордо и достоинствено да излеземе и да го заокружиме бројот 14! 

Слајдер | пред 5 години

lugje-plostad-skopje

Нов раст на процентот на заболени: Нови 199 лица заразени со коронавирусот

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1545 тестирања, а регистрирани се 199 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-90, Куманово-17, Дебар-6, Штип-9, Прилеп-3, Тетово-12, Струга-12, Битола-2, Охрид-4, Кавадарци-2, Гостивар-5, Струмица-2, Радовиш-1, Крушево-1, Пробиштип-3, Демир Хисар-1, Свети Николе-24, Кичево-3, Ресен-2.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 120 оздравени лица од: Скопје-94, Дебар-1, Штип-4, Прилеп-1, Тетово-9, Струга-1, Охрид-6, Гостивар-2, Крушево-1, Македонски Брод-1.Починати се 8 лица, еден пациент од Скопје, еден од Штип, четири од Тетово и двајца пациенти од Струга.На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починати се тројца пациенти на возраст од 24, 63 и 64 години. Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка на возраст од 54 години. Во КБ Тетотво починати сe двајца пациенти на возраст од 70 и 74 години. Во Струга во Завод за нефрологија е починат пациент на возраст од 56 години, во ОБ Струга почина пациентка на возраст од 83 години.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7975, бројката на оздравени пациенти е 4080, на починати е 376, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3519. Од вчерашните тестирања еден е контролен тест, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 3803, активни 1864• Куманово 848, активни 181• Дебар 143, активни 81• Штип 430, активни 165• Прилеп 294, активни 61• Тетово 856, активни 323• Струга 312, активни 156• Велес 201, активни 38• Битола 70, активни 29• Охрид 223, активни 131• Кавадарци 25, активни 17• Гостивар 216, активни 131• Гевгелија 12, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)• Струмица 22, активни 13• Крива Паланка 19, активни 9• Радовиш 5, активни 1• Крушево 10, активни 5• Кочани 76, активни 16• Пробиштип 35, активни 23• Демир Хисар 6, активни 5• Македонски Брод 8, активни 5• Пехчево 6, активни 2• Берово 4, активни 1• Валандово 6, активни 0• Виница 4, активни 1• Делчево 1, активни 0• Кратово 5, активни 2• Свети Николе 112, активни 105• Кичево 68, активни 59• Ресен 134, активни 89• Неготино 21, активни 3 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 1545 теста се преку: ИЈЗ-641, ЦЈЗ Скопје-23, Авицена-208, Биотек-102, МАНУ -134, Жан Митрев (Филип Втори) -228, Систина со PCR метода -181, Судска медицина -0, ЦЈЗ Битола-27, лаборатории од странство-1. Досега во земјата се направени вкупно 76.107 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Македонија | пред 5 години

laze-2

(ВИДЕО) Заедничка изјава за медиуми на кандидатите за пратеници од СДСМ и Коалицијата МОЖЕМЕ Лазе Таневски и Жаклина Лазаревска ИЕ 5

Коалиција „Можеме“ е вистинскиот предводник на патот кон подобра иднина, за нас и идните генерации! Покажавме дека сакаме и умееме да ги промениме работите. Имаме голема храброст и одлучност и заедно со Вас граѓаните, постигнавме многу! Успеавме да направивме пресврт на подобро и ја извадивме државата на прав пат.Денес, нашата убава земја, Северна Македонија, е 30 земја членка на НАТО, а  започнуваме и преговорите со Европската Унија. Имаме јасен план и остваруваме цели за достоинствен живот за сите граѓани.На четири дена пред важниот избор, Ве повикувам на 15 јули да излеземе на гласање и да го заокружиме бројот 3, да покажеме дека занаеме и дека сакаме да продолжиме напред и дека заедно можеме уште повеќе и уште подобро.Убедени сме дека заедно со вас, во Охрид ќе оствариме уште една голема победа, која ќе ни гарантира развој и напредок, за нашиот град и за нашата држава.Сите пристѕни разговараат на прописна далечина меѓу себе, се поздравуваат според Ковид препораките,  На крај сите да полжат како вие вчера гласајте за број 3 Коалицијата „Можеме“ има конкретен план за наредните четири години. Ветуваме реални и остварливи проекти за успешно надминување на негативните ефектите од актуелната здравствена криза, обезбедуваме мерки за уште посилен економски раст, повисоки плати, пензии, соодветни социјални политики, современа инфраструктуира, нови инвестиции, подобро образовани, уште поодговорни институции, ред и праведно општество за сите. Нудиме решенија за вистинските проблеми и приоритетните потреби.Почитувани граѓани, моќта е во ваши раце, со вашата одлука, преку вашиот глас одлучувате дали ќе ја дадете својата доверба на луѓе со интегритет или луѓе кои нудат режимска обнова. Вие одлучувате дали ќе одиме напред во светла иднина или ќе се вратиме назад во темното минато. На 15-ти јули да излеземе на гласање и да го заокружиме бројот 3.Да покажеме дека Охрид знае да ги препознае вистинските и чесни политики и дека заедно со вас граѓаните можеме уште повеќе и уште подобро!Сектор за комуникации СДСМ Охрид

пред 5 години

image-11-07-20-11-59

Пецаков: Нов концепт за справување со КОВИД-19, дополнителни 50% од својот личен доход за здравствените работници и 20.000 денари за вработените во МВР

Заштитата на здравјето на граѓаните е прв и најважен приоритет за ВМРО-ДПМНЕ. Фокусот во здравството мора да го ставаме подеднакво, како на пациентите, така и на медицинскиот персонал. Нашата цел е навремена и соодветна здравствена услуга, задоволни пациенти, задоволен медицински персонал, медицински персонал кој ќе остане тука во Македонија, истакна на денешната прес-конференцијата на Д-р Кирил Пецаков, кандидат за пратеник во ИЕ 5.За таа цел, ќе пристапиме систематски во борбата со коронавирусот во насока на целосно изолирање и спречување на понатамошно ширење.Зајакнување на капацитетите на јавното здравство, зајакнување на инфективните одделенија во земјата и интегрирање и функционално реорганизирање на клиничките болници во земјата.Нов концепт за справување со КОВИД-19 преку нова методологија за тестирање и вклучување на младите лекари и специјализанти. Сите здравствени работници вклучени во борбата со КОВИД-19 во октомври ќе добијат дополнителни 50% од својот личен доход како мотив да продолжат со борбата против опасниот вирус. Сите вработени во Министерството за внатрешни работи, како награда за својот труд, во октомври 2020 година ќе добијат 20.000 денари нето средства за напорите што ги прават за спроведување на мерките за справување со КОВИД-19.Воспоставување на целосно функционален концепт на здравство без хартија, кој подразбира целосна дигитализација на здравствениот и фармацевтскиот систем. Целосна дигитализација на рецепти, упати, извештаи и резултати.Во првите 100 дена Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе воведе дежурни матични лекари во сите региони во Македонија.Предвидуваме граѓаните да можат да ги земат лековите од аптека врз основа на рецепт од лекарите специјалисти, а потоа Фондот да ги рефундира средствата на самите аптеки.Предвидуваме зајакнување на системот на трансплантација на органи преку целосна дигитализација на процесите и листата за трансплантација на органи.На 15 јули вашата поддршка нека биде за ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија, затоа што ние сме луѓе кои работиме и го реализираме ветеното.Гласајте за број 14, за модерно и квалитетно здравство!14 за Обнова на Македонија!Исправи се Македонијо! Одбери обнова, итстакна Пецаков.

пред 5 години

pendarovski

(ВИДЕО) Порака од претседателот Пендаровски по повод 25-годишнината од геноцидот во Сребреница

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, на покана на Претседавачот со Претседателството на Босна и Херцеговина, Шефик Џаферовиќ, преку видео-порака се вклучи во одбележувањето на 25-годишнината од геноцидот во Сребреница.Во продолжение го проследуваме интегралниот текст на пораката:-Пред 25 години се случи геноцидот во Сребреница кога повеќе од 8.000 луѓе, претежно мажи и деца беа систематски убиени, само поради тоа што беа Бошњаци. Ова е, без дилема, еден од најмрачните настани во модерната европска историја за кој не постои никакво рационално оправдување.Некои од злосторниците веќе се соочија со правдата пред Меѓународниот суд. Дел од преживеаните, собраа храброст да им погледаат во очи на своите џелати, и да им простат на оние кои се покајаа за своите злодела. Но, многумина од нив продолжуваат да живеат со ужасните трауми дополнително засилени со негирањето и релативизирањето на вистината за злосторот.Меморијалниот центар и Мајките на Сребреница преку јасна порака, не соочуваат со колективното минато и се совеста на нашата генерација. Тие не поттикнуваат омраза, ниту бараат одмазда, бидејќи со тоа се продлабочува неправдата. Тие само ја бараат вистината и правдата, како предуслов за мирот.Историјата, не само на Балканот, не учи дека идеите за етнички чисти територии, секогаш водат кон трагедии. А, последните балкански војни покажаа дека и по Холокаустот геноцидот може да се повтори. Ако една генерација не зборува, наредната ќе заборави, што создава плодна почва за нови конфликти.Освен сеќавањето, алтернативите се градат преку образованието што промовира солидарност и сочувство кон другите, почитувајќи го вроденото достоинство на секој човек. Единството во различноста се штити преку механизми што се борат против системската неправда.Дваесет и пет годишнината од геноцидот во Сребреница, се случува во период на пандемија на КОВИД-19 којшто секојдневно зема илјадници човечки животи низ целиот свет. Сребреница е сеќавање на опасниот вирус на нетрпеливоста кон различните.Да градиме општества во кои ќе има место за секој од нас. Да направиме дом во кој ќе се прифаќаме едни со други и покрај нашите разлики. Затоа што сите сме луѓе.

Македонија | пред 5 години

mickoski-prilep-kampanja

Мицкоски: Завршува времето на Заев, граѓаните на 15 јули ќе изберат Обнова на Македонија

Денеска сме овде заедно со жителите на Крива Паланка, практично е претпоследен ден од кампањата за предвремените парламентарни избори. Денеска завршуваме овде со собир во Крива Паланка со граѓаните, претходно ќе ги посетиме и Кратово и Ранковце,  истакна Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ.Од она кое што можев до сега да го видам и да слушнам од граѓаните практично е иста сликата секаде тажна, мачна, луѓето не се задоволни од секојдневието, не се задоволни од ова политичко мочуриште наметнато од пандемија повеќе од три години од ова раководство на СДСМ предводено од Зоран Заев кое што гледаме цела кампања ја помина заглавено во минатото, сеуште споменувајќи некаков режим, а имаа повеќе од три години да се справат со тоа кое што они го нарекуваа режим.Наместо денеска да бидат нивни лојални поддржувачи и верен коалиционен партнер имаа можност повеќе од три години да покажат и докажат дека тоа што го тврдеа во минатото е вистина.Но, она што е вистина и е факт е дека ова раководство на СДСМ предводено од Зоран Заев ја донесе нашата држава, нашата Македонија и ја претвори на дното, ја претвори во хибриден режим, а на скалата на Транспарентност Интернационал по нивото на криминал и корупција практично се наоѓаме на 106 место или би рекол на дното во Европа.Ние какао ВМРО-ДПМНЕ изминатите 19 дена, така и денеска зборувавме за нашата понуда,  зборувавме за нашиот проект Обнова кој е испитан на 360 страни, зборувавме како до повисоки плати, повисоки пензии, како до 4 милијарди евра за странски и домашни инвестиции, како до 640 милиони евра субвенции за земјоделците и нов иновативен пристап во земјоделието, како до реформи во здравството, правосудството што е есенција.Така што имавме што да понудиме и имавме успешна кампања и цениме дека поддршката од страна на граѓаните нема да изостане во среда, а потоа да ги засукаме ракавите и сето она кое што сме го ветувале, сето она за кое што се обврзавме да го испорачаме, истакна Мицкоски. 

пред 5 години

vmro_np

ВМРО-Народна партија упатува целосна поддршка на коалицијата „Можеме“

ВМРО-Народна партија упатува целосна поддршка на коалицијата „Можеме“ и генералниот секретар Љупчо Балкоски кој е кандидат за пратеник во изборната единица број 3.Клучните елементи со кои идното парламентарно мнозинство ќе атакува кон реализирање на подобрите економски, демократски но и европски интегративни процеси ќе бидат токму во рацете на пратениците од коалицијата „Можеме“ во која свое учество има и ВМРО-Народна партија, се вели во соопштението од ВМРО НП.Полноправното членство во НАТО но и претстојното отпочнување на преговорите со ЕУ се доволен доказ дека Македонија е на правиот пат па сходно на тоа ВМРО-Народна партија го повикува своето членство, симпатизерите и пријателите со заокружување под реден број 3, да се вклучат во напорите Македонија да биде поперспективна, побогата и целосно интегрирана во Европското семејство, велат од ВМРО НП.  

Актуелно | пред 5 години

orban

(ВИДЕО) Орбан со поддршка за ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан преку видео порака истакна дека дава поддршка на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски. Во своето видео обраќање, Орбан истакна:Почитувани наши македонски пријатели,Ве поздравувам од Будимпешта.Познато ни е дека Вие сега сте исправени пред донесување на важна одлука се подготвувате за важни избори. И ние ги следиме овие работи бидејќи не ни е се исто со каков ќе биде резултатот на овие избори.Ние со Вас судбински сме поврзани. И покрај тоа што ние сме веќе внатре во ЕУ, а вие се уште надвор од неа историите на унгарскиот и македонскиот народ во минатото често пати беа поврзани.Можеме многу да помагаме едни на други. Ние на Вас но и Вие на нас. Од таа причина не е се исто на претстојните избори во Македонија каков резултат ќе постигнат нашите пријатели.Не сакам да порекнам дека изборот е на македонскиот народ  Вие ќе избирате вие можете за себе да одберете влада која ќе ви дава повеќе од досегашната влада на власт.  Сепак ние тука во Унгарија навиваме за нашиот пријател Мицкоски и би сакале како победник да го видиме ВМРО-ДПМНЕ бидејќи во борбата против миграција заедно со нив изградивме таква соработка базирана на национална гордост, а со цел на одбрана на нашите семејства и слободата, која ни влева доверба по прашањето на иднината.Веруваме дека ќе имаат добар настап и се надеваме дека вие ќе ги поддржите и Македонија ќе добие влада со која во годините што ни претстојат ние Унгарците добро ќе соработуваме и заедно ќе градиме поубава иднина и на која влада ќе можеме ќе можам и јас лично да пружиме помош со цел што побргу да станете земја членка на Европската Унија.

Слајдер | пред 5 години

Oliver

Спасовски: Секое гласање за ДУИ е глас за ВМРО-ДПМНЕ

Изборите на 15 јули се референдумски важни, бидејќи гласаме за Сигурност и избираме да продолжиме по правиот пат. Спротивната опција на овој пат е Опасност од обновен режим и тоа никој од нас не сака ни да помисли што ќе значи: нови политички дестабилизации, делби, конфликти дома, кавги со соседите и со светот, нова изолација на државата, нула пари за граѓаните и државата и повторно трауми и милиони преку вашиот грб во истурени раце на Мицкоски и носителите на листи на ВМРО-ДПМНЕ, рече Оливер Спасовски, потпретседател на СДСМ и носител во ИЕ 2 во изјава за медиумите.-Ние постигнавме социјална сигурност, економска сигурност, безбедносна сигурност. Денес нашата држава е членка на најголемиот безбедносен и политички сојуз НАТО. И е на чекор до отворање на преговорите со ЕУ, што веднаш откако тоа ќе се случи ќе значи европски пари за државата – за европски стандарди дома, во нашата земја. Ова се избори коишто бараат од нас да ја покажеме нашата одговорност – колку сме подготвени да ги направиме разликите помеѓу постигнувањата во изминатите 3 години, со 11-годишното тонење на државата и да застанеме во одбрана на тие постигнувања- рече Спасовски.Секое останување дома, истакна Спасовски, е глас за обнова на режимот. Секое гласање за ДУИ е глас за ВМРО-ДПМНЕ. Секое излегување на гласање и избор на бројот 3 е избор на сигурна иднина. Се грижиме за сите. Ве чуваме на сигурно. Дајте ни шанса, останете на сигурно. Број 3, за сигурност и спокој, наместо обновен режим и неспокој. Ајде повторно на 15 јули. За сигурност.

Слајдер | пред 5 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) СДСМ: Таткото и синот Мицкоски преку Машински факултет наплатиле илјадници евра од проекти од државната ЕЛЕМ

На самиот крај од кампањата за парламентарните избори 2020, сакаме да ја информираме јавноста за две теми кои се поврзани директно со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.  Во вторникот до СДСМ е доставен материјал како што е наведено од професор на машинскиот факултет на кој се гледа дека доцент Мицковски и неговиот татко професор Мицкоски покрај тоа што се еклатантен пример за непотизам биле и извршители на договори за работа како ревиденти и консултанти за тендер и проекти во државната компанија ЕЛЕМ, истакна на денешната прес конференција Митко Андреевски, претседател на Комисија за енергетика на СДСМ.Секако тоа не го правеле про-боно, туку фактурирано и наплатено. (во прилог се сумите: 105.020 ; 38.232 ; 32.400 ; 207. 680 денари.) Ова не е ниту морално ниту етички. Покрај директорувањето во ЕЛЕМ, сопственоста на хидроелектрани, фамилијата Мицковски - клан од Машинскиот факултет биле ангажирани за извештаи, евалуација на понуди и тендери од државната ЕЛЕМ.Второ:Додека сите функционери на СДСМ го ставаат на увид секој потрошен денар, транспарентно и отчетно, Мицкоски секоја вечер зборува за идна проверка на имот на политичари! Е ама тој нема анкетен лист, нема доставено ниту до јавноста, ниту до антикорупциска. Нема јавно достапни информации за кои е нормално да има за лидер на опозиција, што има од имот овде во републиката и надвор од неа, тој и неговото семејство. Колку и како заработувал во минатото и денес?Затоа на 15 јули излезете и гласајте, не дозволувајте да се вратат злоупотребите од Груевски, Мицкоски и нивните фамилии, истакна на денешната прес конференција Митко Андреевски, претседател на Комисија за енергетика на СДСМ.

Слајдер | пред 5 години

korona-test

Во јули лиценцирани 66 доктори на медицина – повеќе од половина изразија желба да работат со ковид пациенти

Министерството за здравство информира дека во јули, 66 доктори на медицина го положиле стручниот испит и се стекнале со лиценца за работа од Лекарската комора на Република Северна Македонија.Министерството за здравство стапи во контакт со сите 66 ново лиценцирани доктори на медицина, а повеќе од половината од нив изразија желба да работат со ковид пациенти.„Во услови кога се соочуваме со најголемата светска здравствена криза, имаме 66 лекари повеќе, нови, млади сили во нашиот здравствен систем. Согласно измената која ја направивме на Законот за здравствена заштита од јануари минатата година, секој дипломиран доктор кој се стекнал со лиценца треба да обави шест месечна пракса која за прв пат му е платена со 30,000 денари месечно. Младите лекари се иднината на нашето здравство и ние продолжуваме да вложуваме во нив, во нивната до-едукација и стручност“ –  потенцира министерот Филипче.Работата во траење од шест месеци се спроведува во јавните здравствени установи – здравствени домови и општи болници со проширена дејност што вршат дејности и на примарна здравствена заштита, во дејностите на итна медицинска помош и домашно лекување, превентивна здравствена заштита за предучилишни и училишни деца и поливалентна патронажа.

Македонија | пред 5 години

Nikoloski2

(ФОТО) Николоски: Заев соочен со пораз го сели својот капитал во Бугарија

Мојот противкандидат во 4-тата изборна единица не собра храброст во текот на целата кампања да излезе на дуел со мене, и да се соочи со мене во однос на програмските концепти и определби за во 4-тата изборна единица. Да видиме што ветувам јас и ВМРО-ДПМНЕ за 4-тата изборна единица, а што ветува Зоран Заев и СДСМ за 4-тата изборна единица. Но исто така да видиме и што е досега направено, истакна Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.Она од што најмногу страда Македонија е криминалот и корупцијата, и мислам дека тоа е едно од основните причини зошто избега од едно вакво соочување. Но граѓаните на 4-тата изборна единица ќе го дадат одговорот на 15-ти јули, кога ќе се случи една голема победа на ВМРО-ДПМНЕ.Дека е така, покажува и фактот што Заеви почнаа да го селат капиталот од Македонија. Имено семејството Заеви се јавува како странски инвеститор во Република Бугарија. Јас јавно повикав пред една недела да излезе во јавноста и да каже дали неговото семејство се јавува како странски инвеститор во најмалку две европски држави. Еве едната ја објавувам денес, тоа е Република Бугарија. Но денес нема одговор, и бидејќи нема одговор решив јас да се произнесам на јавноста и да ги презентирам документите. Основното прашање е дали се спремаат за бегство после поразот на парламентарните избори на 15-ти јули. Домашните фирми, односно фирмите во Македонија кои што се во сопственост на Заеви веќе се селат односно мигрираат во Бугарија. Односно тамошните фирми веќе стануваат сопственици на фирмите кои што Заеви ги поседуваат во Македонија. Покрај досега објавените фирми кои што се во сопственост на Заеви во Бугарија, а тоа се: „Ориент Груп“, „Гомасидра“, „Радиша Трејд“. Сите формирани во Бугарија откако Зоран Заев е на власт. Основани се две нови после претседателските избори кога веќе мирисаше на скандалот „Рекет“. Значи свесни дека поразот е неминовен, свесни дека скандалите ќе почнат да излегуваат формираат две фирми во Бугарија.Двете нови фирми кои се во сопственост на Трајче Заев и Бобан Заев истите се основани на 13-ти мај 2019-та година. На иста адреса во Петрич, како и претходните со име „Медикал 420 БГ“ и „Фарма ЕУ БГ“.Во интерес на јавноста ги презентирам документите за овие две фирми, ова е „Фарма ЕУ БГ“ и еве го потписот на основачкиот акт.И втората фирма исто така основана во Бугарија, во Петрич, „Медикал 420 БГ“, исто така потпишан на основачкиот акт.Истите овие две фирми, основани во Бугарија, „Фарма ЕУ БГ“ и „Медикал 420 БГ“ се јавуваат како сопственици на најмалку две фирми во Македонија, а во дел други фирми се јавуваат како малцински  акционери. Сето ова отвора прашање во однос на тоа какви се намерите на семејството Заеви после поразот на парламентарните избори. Свесни дека ќе треба да одговараат за сторениот криминал и корупција кои што ги направија во изминатиот скоро четири годишен период на власт и второ го поставува логичното прашање зошто во текот на целата кампања  Зоран Заев не одговори на моето прашање, а тоа е дали е во состојба да го докаже потеклото на сопствениот капитал и потеклото на капиталот на неговото семејство затоа што ВМРО-ДПМНЕ ветува во програмата За обнова на Македонија е еден од основни носечки проекти во делот на борба против криминал и корупција да биде усвојување на закон со кој што ќе се испита потеклото на капитал на сите луѓе кои што се занимавале со јавен живот во изминатите 30 години. Цела кампања го повикував, цела кампања не одговори, веројатно ова е една од причините.Обновата доаѓа, јас сум сигурен дека вие ќе одберете обнова и дека на 15 јули  ќе се случат промени, а после тоа ќе ја градиме заедно Македонија, економски ќе ја издигаме, но исто така ќе има одговорност за сиот сторен криминал и корупција уште во првите 6 месеци, на тоа јас се обврзувам, на тоа ВМРО-ДПМНЕ се обврзува, истакна Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Слајдер | пред 5 години

vlada-duraki

Во министерството на Дураки, 1.517 вработени не знаат каде одат наработа, немаат ни простории

Најновото Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците, формирано лани во јуни, има 1.517 вработени кои не одат на работа ниту пак имаат простории. На чело на ова министерство е ексминистерот за животна средина Садула Дураки, кој досега нема никаква активност, ниту пак се појавил во јавност, објави САКАМДАКАЖАМ.МК.Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, Собранието по предлог на Владата го изгласа на 27 март 2019, а официјално почна со работа во јуни. Претходно беше Секретаријат за спроведување на Рамковниот договор на чело со вицепремиерот Хазби Лика.  Новото министерство нема своја веб страна, ниту некаде може да се добијат информации за контакт и во кои простории се сместени министерот Дураки и 1.517 вработени.Годишно за работата на ова Министерство од буџетот на државата се трошат по 9,5 милиони евра.Со 1.517 вработени, ова Министерство е едно од најголемите. Повеќе вработени од него имаат само Министерството за внатрешни работи со полицијата (12.000) и Министерството за одбрана со армијата (7.800).Текстот во целост на: САКАМДАКАЖАМ.МК. 

Македонија | пред 5 години

Ivan-srce

(ФОТО) Пациентот на кого му беше трансплантирано срце си оди од болница

Денеска пациентот Иван на кого му беше трансплантирано срце заминува од Клиниката за Државна кардиохирургија на домашно лекување, напиша на својот ФБ профил министерот за здравство Венко Филипче.Тој во својата објава додава:-Горд сум што испишавме историја во јавното здравство, во кардиохирургијата. Горд сум на моите колеги кои покажаа највисока стручност во својата хумана професија. Но, пред сѐ најдлабока почит за семејството на Емилија Динева за алтруизмот што го покажаа на дело. Покажавме дека знаеме и можеме. Продолжуваме максимално да се грижиме и понатаму за Иван и сите наши пациенти!https://www.facebook.com/filipce.venko/photos/pcb.2435029870137365/2435029413470744/?type=3&theater

Македонија | пред 5 години

diskriminacija

17 Политички партии потпишаа Декларација за приоритетно донесување на Законот за недискриминација

Декларацијата за приоритено донесување на Законот за спречување и заштита од дискриминација ја потпишаа 17 политички партии. Политичките партии кои стојат како потписници на оваа Декларација се (по азбучен ред): Алијанса за Албанците, ВМРО-ДПМНЕ, Глас за Македонијa, ДЕМОКРАТИ, Демократски сојуз (ДС), Зелена партија Демократска обнова на Македонија (ДОМ), Либерално демократска партија (ЛДП), Нова социјалдемократска партија (НСДП), Обединета партија за еднаквост на Ромите (ОПЕР), Партијата за движење на Турците (ТХП), Партија за демократски просперитет на Ромите (ПДПР), Партија за економски промени 21 (ПЕП21), Партија на пензионери (ПП), Партија за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР), Сојуз на Ромите на Македонија, Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ) и Твоја партија.Непосредно пред предвремените парламентарни избори, девет мрежи на здруженија на граѓани, кои заедно бројат повеќе од 100 здуженија, испратија барање до сите политички партии кои  учествуваат на предвремените парламентарни избори, за поддршка на Декларација за приоритетно донесување на Законот за спречување и заштита од дискриминација (ЗСЗД) од страна на идниот парламентарен состав.„Од една страна сме задоволни што голем број политички партии ја поддржаа декларацијата. Помеѓу партиите поддржувачки има политички партии со различна идеолошка позадина, различна големина, моќ и искуство во законодавниот дом. Но, од друга страна, за жал, после 10 години од донесувањето на првиот Закон за спречување и заштита од дискриминација сѐ уште има партии кои не ја поддржуваат нашата борба за поеднакво општество без дискриминација. Еднаквоста на граѓаните не е прашање на политичка волја, туку претставува уставна обврска за сите пратеници и за секоја влада, и предуслов за напредок, демократија и благосостојба. Унапредувањето на состојбите во земјата на кое било поле нема да ги даде посакуваните резултати доколку сите граѓани без разлика на различностите не можат да пристапат и под еднакви услови да ги уживаат правата, услугите и можностите“, се вели во соопштението од коалицијата Маргини.Тие апелираат идниот состав на Собранието веднаш да го донесе новиот Закон за спречување и заштита од дискрминација и најавуваме дека активно и будно ќе ги потсетуваме на оваа обврска и на ова ветување.

Слајдер | пред 5 години

w_56083030

Во периодот од 04 до 10 јули, активни случаи со КОВИД 19 во Охрид се 133, во Струга 147, а во Дебар 76 лица

Со цел правовремено и точно информирање на населението кое живее на подрачјето на општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, Центар за јавно здравје Охрид објавува билтен со податоци, информации и препораки за  справувањето со вирусот COVID-19 на неделна основа… За период од 04 до 10 јули 2020 г.Материјали (брис грло и нос) за тестирање на присуство на COVID-19 земени се од вкупно 354 лица и тоа по место на живеење: во општина Охрид и Дебрца 188 лица, во општина Струга и Вевчани 104 лица, а во општина Дебар и Центар Жупа 62 лицОд вкупно земените материјали, 237 се земени по епидемиолошки индикации (лица кои исполнуваат критериуми за дефиниција на случај) (Охрид и Дебрца 119, Струга и Вевчани 56, Дебар и Центар Жупа 62), а 117 материјали зе земени при скрининг тестирањето со упат од матичен лекар-МОЈ ТЕРМИН (Охрид и Дебрца 69, Струга и Вевчани 48, Дебар и Центар Жупа 0)Од тестираните лица во овој период лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 кај 29 лица од општина Охрид, кај 55 лица од општина Струга и кај 35 лица од општина Дебар.Во Охрид 48 пациенти се на домашно лекување, во Струга 46 пациенти се на домашно лекување, а во Дебар 20 пациенти се на домашно лекување.Активни случаи во Охрид се 133, во Струга 147, а во Дебар 76.Во овој период оздравени се 57 лица од Охрид, 54 лица од Струга и 8 лица од ДебарВо овој период починати се 1 лице од општина Охрид, 8 лица од општина Струга и 1 лице од општина Дебар Од почетокот на епидемијата до 10 јули 2020:-лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 на  вкупно 656 лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, од кои на 219 лица во општина Охрид и Дебрца, 300 лице во општина Струга и Вевчани и 137 лица во општина Дебар и Центар Жупа. -оздравени пациенти од Охрид се 86, од Струга се 151, а од Дебар и Центар Жупа се 60 пациенти-од општина Охрид и Дебарца има 6 починати пациенти, од општина Струга се починати 34, а од Дебар и Центар Жупа се починати 5 лица Епидемијата од коронавирусот сеуште трае. Коронавирусот сеуште циркулира меѓу нас. Затоа апелираме на претпазливост, одговорност и разум во однесувањето. Неопходно е да бидеме трпеливи и да ги почитуваме  мерките и препораките од надлежните установи за правилна употреба на заштитна маска, социјално и физичко дистанцирање, често миење/дезинфицирање на рацете, избегнување на било какви собири и групирање. ГРИЖЕТЕ СЕ ЗА ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ И ЗДРАВЈЕТО НА ВАШИТЕ НАЈБЛИСКИ!  

Македонија | пред 5 години

novoizbran-vladika-1

Се средува Св Софија за утрешното хиротонисување на владика Партениј

Денеска се изведуваат завршните работи за утрешното хиротонисување на владика Партениј. Партерните работи во дворот на црквата Св Софија каде ќе се одржи службата ги извршува ЈП Градски Гробишта.Игуменот на Бигорската Обител, отец Партениј на 21 мај годинава беше избран за нов епископ на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија. Со ова Бигорскиот Манастир стана епископско седиште.Синодот на МПЦ-ОА; отец Партениј го избра за владика на седницата на 21 мај  на предлог на Дебарско-кичевскиот Митрополкт г. Тимотеј.Партениј ќе ја има улогата на викарен епископ на дебарско-кичевската епархија и останува во Бигорскиот манастир, каде ќе биде неговото епископско седиште.Отец Партениј е четиринаесетиот владика во Синодот на МПЦ-ОА.

Македонија | пред 5 години

baza-nefi

Базата падна под силен дипломатски притисок координиран со градоначалникот

Граѓаните на Охрид со чудење и воодушевување вчера ја примиај веста дека почнало уривање на базата дивоградба, сопственост на политичарот и бизнисмен од ДУИ Нефи Усеини.Поголем дел од охридската и македонската јавност имаше мислење дека Усеини е недопирлив и дека неговите дивоградби ќе се вечни, додека еден друг дел од јавноста составен од сопственици на дивоградби во базата на Нефи всушност гледаше одбранбен бедем за нивните нелегални објекти.Според информации на „Охрид 1“ во Скопје се одвивала интензивна комуникација на дел од амбасадорите со раководството на партијата ДУИ , на кои јасно и недвосмислено им било укажано дека акцијата за уривање дивоградби ќе продолжи на целиот брег на Охридско Езеро и нема да ја одмине базата на нивниот Нефи Усеини, но нагласено е дека нема да ја одмине ни Струга за каде градоначалникот од ДУИ Рамиз Мерко ( спротивно на фактичката сосотојба на брегот )  тврди дека нема дивоградби и дека ќе им дозволи на сите да ги надградат и прошират објектите.ПОСЛЕ ДВАЕСЕТ ГОДИНИ КОНЕЧНО ПОЧНА ДА СЕ СТАВА РЕДЈавноста во Охрид после 20 години повторно гледа власт која спроведува ред и закон, а актуелниот градоначалник Константин Георгиевски ќе остане запаметен дека во негов мандат се случи акција за ставање крај на дивеењето и узурпацијата на брегот од поедини моќници за кои со години не само што не важеа законите и не постоеше власта, туку сите претходни власти или на одреден начин беа вклопени ( по охридски шупељкани ) во круговите на узурпаторите или немаа храброст и поддршка од властите во Скопје и меѓународниот фактор.НЕФИ СЕ ДОГОВАРАЛ И СО СДСМ И СО ВМРО ДПМНЕЈавноста во Охрид и земјава имаше прилика да види договор за соработка кој Нефи Усеини го потпишал со Томислав Тунтев од СДСМ, додека според добро упатени извори на „Охрид 1“ од ВМРО ДПМНЕ Охрид и „Белиот Дворец“ ист таков договор со посредување и во домот на највисоко позициониран авторитет на минатата власт бил ставен на маса пред претставник на ВМРО ДПМНЕ. Тогаш централата од Скопје дала инструкции да се одбие потпишување на договор со Нефи, а лицето посредник било ставено како што велат од партијата „на мраз“.За да сме поблиску до вистината, од аудио „бомбата“ на која Христијан Мицкоски зборува со Зоран Милески, се слуша јасен став на Мицкоски дека несака соработка со Усеини, па и по цена да се изгубат изборите во Охрид.Но ако објавувањето на договорите со Нефи започна со договорот со Тунтев од 2017, заврши со договорот кој ВМРО ДПМНЕ го правеле со него многу пред тоа, за изборите 2013 година преку објавената аудио „бомба“ во која Александар Николоски кажува дека Нефи не треба да се чепка бидејќи со него е направен договор за некои три згради од по 8 или 9 спратови.Акцијата за отстранување на базата и ставот на новото раководство на ВМРО ДПМНЕ од Охрид кое во 2017 одбило во тоа време значаен авторитет да се потпише договор со Усеини покажува дека новите генерации политичари во двете партии конечно сватиле што не треба да прават и што треба да парават кога се во прашање договарањата за избори во Охрид, но и во кадровските политики за лицата на кои им даваа власт и функции. 

Македонија | пред 5 години

bacev-1

(ВИДЕО) Бачев: Да си ја вратиме државата назад и да ја направиме убаво место за живеење

Пред нас се уште едни избори на 15 јули. Триесет години се менуваат на власт СДС и ДПМНЕ а на земјата не и оди добро. Повторно ги слушаме истите лаги од ДПМНЕ и СДС за кој во изминативе 30 години гледаме беззаконие, криминал, корупција и растурање на државата.Заев го брише името на државата, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ, но од друга страна Мицковски го прифаќа предавството и вели дека нема да ги поништува антимакедонските договори.Заев и Мицкоски се марионети во рацете на ѕверот и работат против Македонија. Тие ја продаваат Македонија. Мицковски не застана со народот на бојкот на референдумот  и не се приклучи на протестите и блокадите против промена на на Уставот. Мицковски му позајми на Заев 8 пратеници за да се изврши националното предавство. Милион и двесте илјади македонци кои го бојкотиравме референдумот, Мицковски не’ нарече фекалии.Ова се сите аргументи од кои можеме да заклучиме дека Заев и Мицковски се како два столба од една фудбалска статива кои цврсто се држат и ја рушат Македонија. Ако се тргне од стативата едниот дирек Мицковски, ќе падне другиот дирек Заев, но Мицковски е потпорен столб на Заев и ниту еднаш не се приклучи со народот за да падне Заев. Затоа, гласот за Мицковски на овие избори е глас за Заев, а глас за Заев и Мицковски на овие избори е глас на националното предавство и грабежот.15-ти јули ќе биде крај на предавството. Народот ќе победи. Потребна е национална и патриотска партија во парламентот. Со “Единствена Македонија ” во парламентот, наспроти коалициите на ДПМНЕ и СДС со албанските партии, се’ ќе биде поинаку.Ајде што 30 години ги трпиме ДПМНЕ и СДС и на глава ни се качија со нивните лаги, со грабежот од околу 15 милијарди евра во овие 30 години, најлошо е сега што ја растураат државата. Но, на изборите ќе се соочат со народот. Ќе видиме дали ДПМНЕ и СДС на 15 јули можат да го излажат народот.Убеден сум дека народот е свесен дека нема повеќе право на грешка и дека ќе одбере национална и патриотска партија во која може да и верува. Потребна е патриотска партија, потребна е “Единствена Македонија”во парламентот. На 15-ти јули ќе си ја вратиме државата назад, а потоа е лесно да ги решиме реалните проблеми на народот.Економската наука ги измислила механизмите како се прави добра држава со висок стандард, потребни се само чесни политичари. Мојата 28 годишна, професионална кариера без ниту една криминална дамка, повторувам без ниту една криминална афера  е силен аргумент да ја побарам довербата од вас на изборите, гордо и со крената глава.Почитувани избирачи, не треба да им оставиме простор на Мицковски и Заев и надеж за нивниот забеган филм. Со “Единствена Македонија”во парламентот им порачуваме дека не можат да ги продаваат македонците, да им се порача дека биле, сме и ќе останеме македонци.Давам збор, ветувам дека нема да ја предадеме Македонија. Нашата земја е нашата татковина “Единствена Македонија ” никогаш нема да ја предаде крвта на илјадници македонци и македонки кој ја пролеаа за нашата горда Македонија.Никогаш нема да го предадеме името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ , кажувам директно и јасно ние од “Единствена Македонија” сме во политиката да ги исправиме и одбраниме највисоките македонски интереси. Македонија е нашиот дом. Онака како што се бориме за нашите домови, ќе се бориме и за Македонија. Ова не е битка за власт, ова не е битка за Јанко Бачев, јас сум небите, ова не е битка на индивидуалци и лидери, тоа е минлива категорија, ова е битка за опстанок на цел еден народ, ова е битка за Македонија, битка која само заедно можеме да ја победиме.Нашата борба е исправна. Ние се бориме да останеме свои на своето. Нашата борба е света должност. Ние ќе се бориме, почитувани избираши од вас и вашата волја зависи тоа дали ќе успееме.Гласајте за “Единствена Македонија” и за коалицијата “Никогаш северна-само Македонија” и бројот 11. Да си ја вратиме државата назад и да ја направиме Македонија убаво место за живеење.

Слајдер | пред 5 години

04052020_MZ_Filipche_press-1

Филипче: Во наредните десетина дена почнуваат подготовки за ослободување на дел од капацитетите во ГОБ „8ми Септември“

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче оствари средба со синдикатот на ГОБ „8ми Септември“ и претседателот на самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита - Љубиша Каранфиловски.На средбата е разговарано по барањето на вработените во болницата, ковид пациентите да останат на првиот каде има централен довод на кислород и инфективното одделение, а другиот дел од болницата да се ослободи и да продолжи да функционира за останататите пациенти.„Имаат сосема легитимно барање и во овој момент не е тешко, ниту невозможно да се одговори на ова. Барањата се да се ослободи еден од катовите во болницата „8ми Септември“, за да може дел од вообичаената работа, особено во делот на кардиологијата да започне да се организира, онака како што беше организирано претходно. Тоа би значело дека од сегашниот број на кревети, помеѓу 70 и 75 и натаму ќе бидат наменети за пациенти со ковид-19, а останатите 20 ќе се ослободат“ - информира министерот Филипче.Филипче ги извести вработените на болницата дека во наредните десетина дена ќе почнат подготовките за ослободување на капацитетите на болницата „8ми септември“, со активирање на модуларната болница која располага со капацитет од 72 болнички кревети и целата потребна опрема, а таму е завршено и поставувањето на централниот довод на кислород.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Денеска сончево со мала до умерена облачност, максималната температура до 36 степени

Денеска во земјава ќе преовладува сончево со мала до умерена облачност. Попладне претежно во планинските региони ќе има услови за појава на изолирана нестабилност со појава на пороен дожд и ретки грмежи. УВ=9За утре метеоролозите најавуваат сончево време со мала до умерена облачност и претежно во западните делови со услови за појава на локален краткотраен дожд и грмежи. Од претпладне ќе почне да дува умерен до засилен северен ветер кој преку денот најизразен ќе биде долж Повардарието. УВ=8

Македонија | пред 5 години

Pancevski-so-sudot-2

Судот му одреди 30 дена притвор на Владмир Панчевски

Триесетдневен притвор му одреди велешкиот суд на поранешниот претседател на кривичниот суд, Владимир Панчевски, поради тоа што не се појавил на рочиште за главна расправа за предметот „АКМИС“, објави Коалицијата за правично судење.„Главната расправа се одложи поради отсуство на обвинетиот и неговиот бранител. Судот на обвинетиот му определи мерка притвор во траење од 30 дена“, велат од коалицијата.Против Владимир Панчевски уште пред една година беше поднесен обвинителен предлог од страна на скопското обвинителство, за злоупотреба на службената положба во врска со системот за управување со судските предмети (АКМИС) во кривичниот суд.Судењето се одложува повеќе од 9 месеци и досега не е почната ни главната расправа.На Панчевски треба да му суди велешкиот суд, за да се избегне евентуална пристрасност бидејќи тој претходно раководеше со кривичниот суд во Скопје.извор: Makfax

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Мицкоски: Ќе дадам се од себе да ја сменам реалноста со штетните договори со Грција и Бугарија

„Нашиот став кон тие прашања ако конкретно алудирате на тие два договори сме го кажале многу пати во минатото, апсолутно ниту имам што да додадам, ниту што да одземам од тоа прашање. Истовремено на многу мои настапи во изминатиов период сум го кажал и последниот наш став, а тоа е поврзан со сето она кажано во минатото дека ние би биле лицемери ако кажеме дека ја игнорираме реалноста“, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при своето гостување на емисијата „Топ Тема“.Мицкоски додаде дека не може да се игнорира реалноста бидејќи се учествува на избори, и си дел од влада каде што за жал постои новата придавка на името. Тогаш тој би бил лицемерен ако пред избирачите и пред граѓаните каже дека тоа не е така. Тогаш граѓаните на тоа сигурно би кажале зошто тогаш учествува на избори.„Моето демократско право е ако со нешто не се сложувам дека ќе се трудам да дадам се од себе за да променам таа реалност ако за нешто ценам дека е ускратено моето елементарно право, ако ценам дека може да биде подобро“, нагласи Мицкоски.Мицкоски посочи дека никогаш нема на пример да се сложи дека Гоце Делчев бил нешто друго, а не Македонец. Не може да се сложи дека македонскиот јазик е дијалект на бугарски.   Не може да се исполнуваат ставки од договорот со јужен сосед предвреме. Нема да се сложи да се откаже од своите сонародници кои живеат во соседните држави. 

пред 5 години

janusev-2

Јанушев: Заев ги ветуваше Гугл и Фејсбук како инвестиции, но веројатно за тоа зборувал со некој пранкер

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев и носител на листата на кандидати за пратеници во ИЕ 3 на гостувањето на телевизија Канал 5 во емисијата „Само вистина“ се осврна на актуелните теми во предизборието и приоритетите со кои ќе стартува обновата.Јанушев се осврна на економијата и што се мора да се направи за земјоделието.„Се обврзуваме  дека годишно ќе има 160 милиони годишно за субвенции, но тоа е важно само ако се исплати навремено, ќе воведеме механизам редовно да ги добиваат субвенциите. Потоа проблемите со откупот на земјоделските производи ќе се надминат, ќе има инвестиции од 80 милиони евра во системи за наводнување бидејќи тоа е голем проблем особено во делот околу Градско и на патот кон кочанско, ќе ги поедноставиме поедноставиме процедурите за субвенции и ИПАРД програмите, ќе се работи на формирање на откупни центри и ве уверувам се што е кажано ќе го реалзираме, имаме план како ќе тече тоа“, рече Јанушев.Се што кажуваме имаме и методологија како ќе го реализиарме, рече Јанушев и додаде дека тука се гледа разликата со СДСМ кои ги ветуваат  и Гугл и Фејсбук.„Но, веројатно Заев и за овие инвестиции говорел со некој пранкер“, рече Јанушев.Јанушев кажа дека освен економијата приоритет е и реформа на правосудството.„Кажавме дека мора да се стартува со ветинг меѓу политиларите. Претседателот Мицкоски рече дека ќе биде прв, еве јас се пријавувам за втор, нопотоа нора да го видиме и потеклото на имотот на другите политичари. По ова ќе видиме кој ќе остане на политичката сцена. А работите се јасни сите слушнаа каде завршувале и парите, тоа го кажа Бојан Јовановски,  а никој од надлежните не изреагира.Затоа ветуваме целосна реформа на обвинителството и судството, мора да се стави крај на нивната политика на Луј Витон обвинителство и трас-трас судство, мора да одговара секој што се огрешил пред законот“, кажа Јанушев.

пред 5 години

ZaevTvTelma

Заев: Во првите 100 дена од мандатот експертска домашна и меѓународна комисија ќе ги постави темелите на прочистување во правосудството

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев вечерва во гостување во Телевизија Телма ги најави процесите што новата Влада предводена од СДСМ и Колаицијата „Можеме“ ќе ги преземе во областа на правосудството.„Тргнувме со прочистувањето на правосудството онака како што укажа Европската комисија тоа да го направиме. Прочистувањето таргетира индивидуална одговорност и преземање на одговорноста наместо колективната со распуштањето на правосудството. Во минатиот период улогата на Владата беше да ги напише законите, со Венецијанска комисија и со Европската комисија тоа го направивме. Во Парламентот задача беше да се изгласаат тие закони и тоа беше направено дури и во областа на двотретинските закони како што е законот за јавното обвинителство. Делот на практичната примена сега доаѓа на повидок. Преку прочистување во правосудството, секој судија што застарувал предмет ќе биде разрешен од експертска домашна и меѓународна мешовита комисија создадена уште во првите 100 дена ќе ги постави темелите на прочистување на правосудството. Антикорупциска комисија преку УЈП и другите институции ќе врши проверка на имот, потекло на пари на судии, обвинители вклучително и на политичари.“ одговори претседателот Заев на прашање кое се однесуваше на планираното прочистување на правосудството.Претседателот Заев образложи дека е здраво за државата во следните 4 неповторливи години да ги максимзираме капацитети, да ги дигнеме стандардите и да ги европеизираме институциите.„Без правна држава и еднакво владеење на законот и правото нема ни економија, нема ни добро здравство, нема ни добро образование. Овде е темелот за се. Затоа велиме уште во првите сто дена стартуваме со оваа постапка за прочеистување на правосудството, ќе има комплетна ревизија и на предметите. Тоа мора да се направи.“ соопшти претседателот Заев во своето гостување на Телма. 

пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања