Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

izbori-02

Денеска гласаат 716 лица со Ковид-19 и во самоизолација, утре 8.852 болни, немоќни и хронично болни

Денеска ќе гласаат лицата со ковид-19 и во самоизолација, на 14 јули (вторник) болните, немоќните, хронично болните и лицата во затворите и во домашен притвор.Поради состојбата со Ковид-19 за остварување на правото на глас на лицата позитивни на болеста и во самоизолација формирани се околу стотина здравствени избирачки одбори составени од по тројца здравствени работници и претставници на политичките партии.На гласање на 15 јули, сите 3.840 избирачки места ќе бидат дезинфицирани од ДИК. Согласно протоколот, секој гласач е должен да држи растојание од два метра пред објектот на гласачкото место, како и пред влезот на секое гласачко место, и во самото гласачко место. Пред влегување е должен да ги дезинфицира рацете и должен да носи маска. 

Македонија | пред 5 години

angela

Ангела Ѓорѓиевска обвинетата на 19 години затвор за убиството на Пино

Ангела Ѓорѓиевска која беше обвинета за убиството на 26 годишниот Пинета Секондо - Пино, судот ја прогласи за виновна и ја осуди на затворска казна од 19 години.Според пресудата, таа помогнала во извршување на убиството кое според доказите го сторил Али Фуркан кој е во бегство.26-годишниот скопјанец Пино Секондо, кој се водеше како исчезнат од 11 декември, бил убиен и неговото тело било оставено во дупка и покриено со кебе во скопското село Љуботен.Фуркан кој е во бегстрво со пушка го застрелал во главата Пино во присуство на Ангела која помогнала безживотното тело да го внесат во кола а подоцна и да го закопаат во атарот на Љуботен. 

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Бесплатна телефонска линија во канцеларијата на Народниот правобранител на денот на изборите Бесплатна телефонска линија во канцеларијата на Народниот правобранител на денот на изборите

Во канцеларијата на Народниoт правобранител на денот на предвремените парламентарни избори во периодот од 7 до 21 часот ќе функционира беслатната телефонска линија: 0800-54321, на која граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право.Од прес-службата на Народниот правобранител соопштија дека отворени за граѓаните ќе бидат сите седум канцеларии на Народниот правобранител и тоа во Скопје, Битола, Кичево, Куманово, Струмица, Тетово и Штип, со цел да им се помогне во остварувањето и заштитата на нивните избирачки права.Покрај на бесплатната линија, граѓаните ќе можат за заштита на своите права да се јават и на следниве телефонски броеви: Тетово: 044 344-082, Струмица: 034 329- 996, Кичево: 045 228-586, Битола: 047 242-310, Штип: 032 389-701 и Куманово: 031 431-488.„Народниот правобранител, правата на граѓаните ќе ги штити со преземање на итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои се должни да им обезбедат заштита на нивните загарантирани права“, соопштија од прес-службата.Народниот правобранител потенцира дека избирачкото право е уставно загарантирано како еднакво, општо и непосредно и се остварува на слободни избори со тајно гласање и дека никој не смее да биде повикан на одговорност заради остварување на ова право, а повредата на слободата на определување на избирачите и другите повреди на избирачкото право се казниви дела.Народниот правобранител апелира до сите чинители во изборниот процес да ги почитуваат здравствените протоколи утврдени за начинот на гласање.

Македонија | пред 5 години

elvis-prisli

Се самоуби единствениот внук на Елвис Присли

Единствениот внук на американската музичка легенда Елвис Присли починал вчера, потврди менаџерот на неговата мајка Лиза Мари Присли, а локалните медиуми објавија дека станува збор за самоубиство.Бенџамин Кио (27) е пронајден во Калабасас во близина на Лос Анџелес со прострелна рана којашто самиот си ја нанел, изјавиле полициски извори за ТМЗ.https://www.instagram.com/p/By8tI88F-Eo/Менаџерот Роџер Видиновски не открива какви било детали и вели дека Лиза Мари Присли, единственото дете на Елвис од бракот со актерката Присила Присли, е „со скршено срце, неутешна и повеќе од уништена“.TMZ пренесува дека Кио бил музичар и дека се занимавал со глума. Легендата на рокенролот Елвис Присли почина во 1977 година на 42-годишна возраст.

Магазин | пред 5 години

Нема фотографија

Денеска сончево со мала до умерена облачност

Денеска во земјава сончево со мала до умерена облачност, особено во западните делови. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, поизразен ќе биде вдолж Повардарието. УВ=8За утре метеоролозите најавуваат сончево време со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. УВ=8

Македонија | пред 5 години

izbori-02

Почна изборниот тридневен молк

Заврши изборната кампања во која кандидатите имаа 20 дена да ја презентираат својата понуда пред граѓаните, а од вечерва од 12 часот започна изборниот молк кој ќе трае до среда до 21 часот.Во понеделник гласаат лицата кои се во изолација поради пандемијата на коронавирусот, а во вторник болните и изнемоштени лица. За прв пат гласањето ќе трае три дена.На самот изборен ден, граѓаните ќе можат својот глас да го дадат до 21:00 часот.Во Македонија ова се десеттите парламентарни избори од осамостојувањето. 

Македонија | пред 5 години

brza-pomos

Во изминатиот период се набавија 12 нови амбулантни возила и 13 возила наменети за домашно лекување

Министерството за здравство во изминатиот период набави 12 нови возила за Итната медицинска помош и 13 нови возила наменети за единицата за домашно лекување во градот Скопје.Новите 12 возила за брзата помош се опремени со најсовремена медицинска опрема. Шест од вкупно 12 возила се распределија во градот Скопје, а останатите шест во Здравствените домови во Крушево, Кичево, Крива Паланка, Берово, Струга и Дебар. Со овие возила, за двојно е зголемен капацитетот на Службата за итна медицинска помош во Скопје.Тринаесетте возила за Здравствениот дом во Скопје, десет од нив се наменети за единицата за домашно лекување, а останатите возила за секојдневно транспортирање на работните единици во оваа установа.Како никогаш досега, Министерството за здравство инвестираше во нова опрема, возила, човечки капитал, инфраструктура и лекови.

Македонија | пред 5 години

straza-1

(ФОТО) Километарски колони од Охрид кон Скопје

Попладнево колони возила се упатија од Охрид према Скопје. Утре е работен ден, а во среда граѓаните треба да го остварат своето граѓанско право да гласаат на предвремените парламетарни избори секој во својата изборна единица.Но, се почитуваат ли мерките и препораките на Владата и министерството за здравство за спречување на ширењето на Корона вирусот? За жал фотографиите од Стража каде многумина застануваат на освежување и кафе говорат дека скоро никој на себе нема заштитна маска. Покрај тоа што не носат маски, се прекршува и другата препорака за држење дистанца. Спротивно на ова граѓаните кои одмарале викендов во Охрид, во големи групи одмараат на Стража пред да продолжат за Скопје.Загрижува фактот што граѓаните се опуштија и заборавија на Корона вирусот, поготово во време кога секојдневно има над 120 ново инфицирани.Препораките од Владата се актуелни, но, кој ги почитува? 

Македонија | пред 5 години

2020-07-12_19-08-34

Дополнителниот заменик министер во посета на СВР Охрид

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Славјанка Петровска денеска имаше работна средба со раководството на СВР Охрид, на која главна тема беа претстојните парламентарни избори на 15 јули.„Како министерство се соочуваме со нов предизвик, а тоа е организирање и спроведување на фер и демократски избори и јас сум уверена дека и оваа задача успешно ќе ја завршиме. Ве повикувам да го покажете својот личен и професионален интегритет и во постапувањето да се темелите на законски издадени наредби, притоа строго почитувајќи ги правилата на хиерархија и полициско постапување", рече Петровска.Раководството на СВР Охрид информираше дека нема индиции за нарушување на јавниот ред и мир и безбедноста и дека се направени сите подготовки за извршување на зголемениот обем на работа, дефинирани се контактите и координацијата со општинските изборни органи, навремено е извршена обука на полициските службеници за законските права и обврски за време на избори и дека ќе се преземат сите потребни активности за изборите да бидат фер и демократски. 

Македонија | пред 5 години

dimce

Арсовски: Зоран и Вице Заеви фатени во рекет афера од 6 милиони евра

Пред да го кажам она што граѓаните очекуваат да го слушнат, предлагам да слушнеме еден аудио запис, кој денес излезе низ медиумите и граѓаните имаа шанса да го чујат. На оваа снимка се слуша она што целата јавност и граѓаните веќе го знаат, а ние го говориме подолго време, дека сите пари од рекетот кој го зимале оваа претходна влада на СДСМ, велам претходна бидејќи паѓаат на 15-ти јули, завршувале кај Зоран и Вице Заеви, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. Тој продолжи:Почитувани граѓани, готови се.6 милиони евра, 6 милиони евра е сумата која Зоран Заев ја бара и зема преку адвокатот Димишков, имено брат на судијката Димишкова.Зоран Заев е шефот на рекетарската група која го изврши најголемиот рекет за кој слушнала јавноста во Република Македонија.Претходно во друг аудио запис граѓаните слушнаа како самиот Димишков вели дека Зоран и Вице Заеви забегале во барањето на огромни суми на рекет, односно дека барале 6 милиона евра и дека тој ќе се обидел да намали.Очигледно по денешната снимка видовме дека Зоран Заев бил дециден и дека немал намера да намали помалку од 6 милиона евра рекет.Затоа предлагам и замолувам да ја чуеме онаа снимка од адвокатот Димишков каде што објаснува за 6-те милиони евра кои што ги побарале директно Зоран и Вице Заеви.Во оваа снимка се потврдува дека Зоран Заев и Вице Заев диктирале која е сумата на рекетот која треба да биде платена. Повторно ќе кажам готови се, фатени се дека земале рекет.Дополнително, мораме да потенцираме дека Зоран Заев изгубен и избезумен дека е фатен во најголемиот криминал до сега, јавно на ТВ дуел со Претседателот Мицкоски ја лажеше целата јавност дека не го познава адвокатот Димишков.Предлагам да се потсетиме и на тој момент, да ја чуеме и таа лага на Зоран Заев за да биде се комплетно.А, сега би сакал директно да им се обратам на т.н. рекетари, почитувани мафиози во обид, членови на кланот Заеви, ви паднаа маските и ви дојде крајот. Повторно ќе ви кажам готови сте.На грбот на лагите кои им ги пласиравте на граѓаните, изрекетиравте и испокрадовте милиони и милиони евра од бизнисмени, недолжни граѓани и од државата.Ви дојде крајот и ќе одговарате.Разобличени сте.15-ти јули е денот кога конечно ќе сфатите дека оваа држава не е ваша приватна сопственост, а вие не сте ставено во Влада за да крадете и рекетирате.Одговорност за ваков криминал мора да има и верувајте ќе има и ќе ве стигне.Јавното Обвинителство не ни очекуваме дека ќе отворат постапка за овој случај, бидејќи изминативе три години имаа 100-тина шанси да покажат дека не се под диктат на Заев, да го гонат криминалот вклучително директно да го гонат Зоран Заев, но за жал и тие се негови соучесници во целиот криминал.Затоа, после изборите, после 15-ти јули, откако граѓаните ќе одберат Обнова на Македонија и ВМРО-ДПМНЕ ќе формира Влада, ве уверуваме, ве уверуваме вас, ги уверуваме и граѓаните на Република Македонија, секој што се огрешил пред законот, вклучително и цело СДСМ и семејството Заеви што се вмешани во криминал, повторно потенцирам ќе одговараат! Ви дојде крајот, готови сте, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

пред 5 години

ziberi

Зибери: Првиот премиер Албанец, а тоа е најдобриот одговор што можеме да му го дадеме на Заев

Зибери од пред Собранието на Македонија истакна дека “Заедно со 120-те одлични кандидати за пратенци на ДУИ, повеќе од 98 проценти од нив се млади и повеќе од 40 проценти жени, но и заедно со другите партии и воглавно заедно со граѓаните, на 15 јули ќе ја напишеме историјата.Тоа ќе биде датумот што ќе се памети како ден кога првиот премиер албанец на Северна Македонија ќе стане реалност,“, додоавајќи дека „пред само неколку недели, оваа одлична идеја беше само сон. Сега овој сон ќе го реализираме. Верувам во поддршката на илјадници граѓани што ги запознав кога патував низ целата земја, кога ги посетував не само градовите, туку и десетиците мали села. Со оваа одлична идеја, ги активиравме и мотивиравме граѓаните, и не само албанската заедница“.„ Првиот премиер Албанец е многу повеќе од симбол на еднаквост. За мене оваа позиција е алатка за подобрување на животот на граѓаните. На сите граѓани; Албанци, Македонци, Турци, Босанци, Власи, Срби и Роми. Тоа е алатка за достигнување на подобар живот за луѓето, за секој од нас. Тоа е алатка за еднаква правда и еднаква застапеност. Тоа е алатка за повеќе работни места и подобри плати. За подобар живот и подобра иднина. Во првите 100 дена ќе ја зголемам минималната плата за медицинските сестри, наставници и воспитувачи на 600 евра. Ќе предложам социјални пензии за сите жени кои немаат право на работна пензија. Ќе имплементирам политика на нула даноци за граѓани до 35 години, доколку започнат со својата прва работа или го основаат својот прв бизнис. Ќе обезбедиме државни заеми од 20.000 евра за младите семејства да го купат својот прв дом и 20.000 евра државни грантови за млади земјоделци“ – истакна Зибери.Зибери потоа се осврна и на работата на членовите на неговиот кабинет, потенцирајќи дека “Сите членови на мојот кабинет ќе поминат низ ветинг, како и сите политичари, судии, обвинители и државни службеници..„ Ние сè уште имаме потреба од рамноправно општество. Иако, ние веќе постигнавме многу, сè уште не е доволно. Еднаквоста е повеќе од закони и договори, на еднаквоста и требадух. Точно на време, непосредно пред изборите, поранешниот премиер ја тргна маската и го покажа своето вистинско лице, неговото вистинско мислење за нас Албанците, дека не вредиме за 5 пари. Јас нема да одговорам на оваа навреда кон сите Албанци, но, ќе бидат албанските граѓани, тие кои што ќе го дадат својот јасен одговор, на гласачките ливчиња. Со нивното обединето гласање, ќе нè направат доволно силни, за да ја заземеме позицијата Премиер. Првиот премиер Албанец. А тоа е најдобриот одговор што можеме да му го дадеме на Заев. Затоа што вредите!“.На крајот од својот говор, Зибери ги повика сите македонски граѓани, кои се сити од слушање празни ветувања и доживеале 30 години политичка војна, овој пат да заземат став и да гласаат за број 9, за независен, неутрален премиер, за нова ера на политика и крај на владеењето на ВМРО и СДСМ.„ Заедно, ќе создадеме земја во која луѓето живеат еднакви и каде што нашите деца ги имаат сите шанси да ја создадат иднината овде во Северна Македонија. Каде се родени и каде имаат свој дом, На овие избори одлуката е многу јасна: Или ќе го трошите вашиот глас и ќе го задржите македонскиот дуопол на власт, дозволувајќи им да продолжат да владеат и во иднина за своите интереси, или гласајте за бројот 9, за првиот премиер Албанец, за подобар живот за сите нас. Ајде да го оствариме сонот. Гласајте 9. А нашата крајна дестинација, на 15 јули, ќе биде зградата на Владата“ – заврши Зибери.

Слајдер | пред 5 години

korona-njemacka

Денеска 136 нови случаи на ковид 19, оздравени се 123, починати се 6 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 991 тестирања, а регистрирани се 136 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-46, Куманово-6, Дебар-7, Штип-14, Прилеп-1, Тетово-12, Струга-9, Велес-1, Охрид-2, Гостивар-13, Струмица-2, Радовиш-3, Крушево-2, Кочани-1, Пробиштип-1, Демир Хисар-2, Кратово-1, Свети Николе-5, Кичево-4, Ресен-4.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 123 оздравени лица од: Скопје-77, Штип-7, Тетово-15, Струга-1, Велес-4, Битола-2, Гевгелија-1, Кочани-2, Пехчево-1, Кичево-2, Ресен-11.Починати се 6 лица, двајца пациенти од Скопје, еден од Куманово, двајца пациенти од Струга и еден од Гостивар.На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починати се четворица пациенти на возраст од 46, 53, 63 и 69 години. Во ГОБ „8 септември“ почина пациент на возраст од 42 години. Во ОБ Куманово починат е пациент на возраст од 80 години.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 8111,  бројката на оздравени пациенти е 4203, на починати е 382, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3526. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 3848, активни 1830• Куманово 854, активни 186• Дебар 151, активни 89• Штип 444, активни 172• Прилеп 296, активни 63• Тетово 868, активни 320• Струга 320, активни 161• Велес 202, активни 35• Битола 69, активни 26• Охрид 225, активни 133• Кавадарци 25, активни 17• Гостивар 229, активни 143• Гевгелија 12, активни 2 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)• Струмица 24, активни 16• Крива Паланка 19, активни 9• Радовиш 8, активни 4• Крушево 12, активни 7• Кочани 77, активни 15• Пробиштип 36, активни 24• Демир Хисар 8, активни 7• Македонски Брод 8, активни 4• Пехчево 6, активни 1• Берово 4, активни 1• Валандово 6, активни 0• Виница 4, активни 1• Делчево 1, активни 0• Кратово 6, активни 3• Свети Николе 117, активни 110• Кичево 73, активни 62• Ресен 138, активни 82• Неготино 21, активни 3 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 991 теста се преку: ИЈЗ-433, ЦЈЗ Скопје-36, Авицена-126, Биотек-85, МАНУ -112, Жан Митрев (Филип Втори) -14, Систина со PCR метода -156, Судска медицина -0, ЦЈЗ Битола-29. Досега во земјата се направени вкупно 77.160 тестирања на ковид -19.  Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 4 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 87 пациенти. На кислородна поддршка се 55 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.Во болницата во Козле се хоспитализирани 22 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 5 деца позитивни и 1 дете суспектно на вирусот.Во ГОБ „8 Септември“ примени се 7 нови, вкупно хоспитализирани се 95 пациенти. На респираторна машина се 4 пациенти.Во болницата во Битола се хоспитализирани 27, а во болницата во Штип се хоспитализирани 53 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар и Струмица се хоспитализирани 114 пациенти - позитивни и сомнителни на ковид-19.Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)• Чаир – 300• Аеродром - 159• Бутел - 131• Гази Баба - 189• Центар – 138• Карпош – 140• Сарај – 120• Кисела Вода – 108• Ѓорче Петров – 105• Студеничани – 110• Шуто Оризари – 79• Арачиново – 43• Илинден – 23• Петровец – 18• Чучер Сандево – 11• Сопиште – 9• Зелениково- 14• Странец – 5• Нераспределен- 128

Македонија | пред 5 години

nezavisni

Независните од ВМРО-ДПМНЕ открија каде е снимен разговорот со Мицкоски

Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ го осуди јавното објавување на аудио снимките на кои се слуша како Христијан Мицкоски ги убедува независните пратеници дека не е добро да гласаат за Законот за Јавно обвинителство.„Го осудуваме ваквиот нечесен пристап кон нас, снимање и јавно објавување на разговори кои се водени на средба со претседателот на партијата, Христијан Мицкоски, која се одржа во канцеларијата на координаторот Никола Мицевски во Собрание, и на истата беше присутен и тој. Бараме од надлежните органи да истражат кој, како и зошто ги снимал средбите. Како пратеничка група, се оградуваме од ваквите игри кои очигледно се нова режија на некој кој покрај нас, бил присутен на средбата, со цел наше деградирање. Како и досега, НПГ на ВМРО-ДПМНЕ останува транспарента кон јавноста и чесна во пристапот. Нашите заложби секогаш беа искрени и во интерес на функционални институции“, се вели во соопштението.Во однос на снимките, посочуваат независните пратеници, појаснуваме дека на „Јутуб“ се објавени само исечоци од по неколку секунди, а пак средбата и разговорот со господинот Мицкоски траеше подолго.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Десет годишно дете спасено од давење кај Десарет

Благодарение на брзата реакција на посетителите на плажата кај хотелот Десарет и брзата реакција на Итната медицинска помош од Охрид предмалку е спасено 10 додишно детенце од давење.Дознаваме дека детето кое се капело, останало под вода подолго време, на што веднаш реагирале граѓаните кои биле на плажата. Откако го извлекле за многу брзо време стигнала брзата помош која превзела се што треба на лице место, па детето го пренела во Општата болница во Охрид.Од брзата помош, за Скопје 1 ја потврдија информацијата, но не сакаа да откриваат повеќе детали за настанот.  

Македонија | пред 5 години

partenij

Отец Партениј хиротонисан за нов епископ на МПЦ-ОА

Со празнична Божествена литургија одржана во катедралната црква „Света Софија" во Охрид денеска архимандритот Партениј е хиротонисан за нов епископ на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.Предлогот Отец Партениј да биде прогласен за епископ го даде неговиот надлежен архиереј, митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј, што беше едногласно прифатено од сите членови на Синодот на МПЦ-ОА. Отец Партениј ќе биде викарен епископ на Дебарско-кичевската епархија, со титула „Епископ Антаниски", а истовремено ќе ја задржи и својата должност игумен на Бигорскиот манастир каде што ќе биде и неговото постојано седиште.Поглаварот на МПЦ-ОА, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во обраќањето до верниците по повод оваа свеченост истакна дека епископите во црковната традиција се наречени приемници на апостолите и продолжители на нивното дело, со што се истакнува важноста на службата и високата мисија на оние удостоените на тој чин.– На начин како што апостолите го примија духот на вистина на Сионската височина, и ти се удостои да примиш дух на мудрост и разум, на совет и крепост, дух на знаење и богобојазливост, и веруваме дека токму тоа ќе ти помогне и преку новата должност уште побудно да ги надгледуваш доверените души, давајќи им пример на сите…Со денешниот чин преку Светиот дух врз тебе се изли љубовта божја и тој дар ќе ти помага со љубов да им служиш на љуѓето и да ги исполнуваш задолженијата, рече г.г. Стефан.Поглаварот на МПЦ во словото до верниците посочи на некои од предизвиците со кои се соочува македонскиот народ.– За жал, како народ, држава и Црква се уште сме пред портите на правдата и за црковната и националната македонска вистина. Но, силно веруваме дека ќе истраеме и дека ближи денот кога и последните неверни Томи ќе ја разберат и прифатат сета наша македонска вистина. Во таа борба повикани сме сите да учествуваме, и ијерархијата и монаштвото и свештенството и верниот народ и сите кои оваа земја Македонија ја чувствуваат за своја татковина, а црвката Македонска и Охридска за своја духовна мајка. Преосветен владико, внимавај и чувај ја довербата што ти се дава, сите твои постапки и дела нека бидат за доброто на нашиот народ и Црква, та во се да се прослави Бог преку Исуса Христа чија слава и владеење се вечни, истакна меѓу другото поглаварот Стефан.Новоназначениот митрополит Партениј во првата пристапна беседа пред верниците истакна дека да се биде епископ значи да се биде прв, но не во превласта, туку во одговорноста и во служењето на другите за добро.– Кој сака да биде прв, нека да биде последен и слуга на сите. Тоа значи да се биде смирен работник на нивата Божја, служејќи и на тајната. Не само во храмовите Божји туку и во срцата на верниците. Ето зошто ова пристапно слово ќе биде благодарност за сите и за се. Важно е сведоштвото и зборовите, но поважни се делата и жртвата, така ќе оставам сработеното досега што секако е плод не на нашата праведност ами на Божјата благодет, само да говори за нашата посветеност кон татковината и нашиот верен народот. Црквата живее и постои за да го изразува совршеното дело на љубовта…рече меѓу другото митрополитот Партениј.Честитки за новоименуваниот Епископ Антаниски упатија бројни верници дојдени во Охрид само за да бидат сведоци на оваа свеченост.– Луѓето ширум светот денес имаат насушна потреба од градење мостови на љубовта. Мостот по кој чекорам денес го изгради токму архимантритот Партениј кој денеска се хиротонисува во Епископ Анталиски. Познавајќи го цели 14 години, јас и многумина други секојдневно сведочиме како тој го менува светот кон подобро, му дава еден мирен, радосен и љубовен лик. Неговото милосрдие и љубов ги надминуваат човековите граници на етничкото потекло, националноста, полот, возраста, па дури и религијата. Неговото хиротонисување е благослов за Македонија, но и за поширокиот православен свет, рече во оваа прилика еден од верниците присутен на церемонијата.Самиот настан се одржа со засилени мерки за спречување на ширење на коронавирусот и за посетителите беа обезбедени заштитни маски. Бројот на верници околу самата црква беше поголем отколку што дозволува просторот, а истовремено се водеше сметка за препораката за одржување социјална дистанца. Црквата „Света Софија" пред почетокот на церемонијата беше целосно дезинфицирана.извор: МИА

Македонија | пред 5 години

zaev

(ВИДЕО) Заев се кае: Жалиме што поддржавме некои лица од ДУИ, со Мерко се „изгоревме“

Претседателот на СДСМ Зоран Заев вели дека жали што на локалните избори поддржале некои кандидати на ДУИ. Тој во неделното интервју за Радио Слободна Европа, го посочува градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко како личност за која се „изгореле“ со поддршката.„Господинот Мерко. Жалам. Еве зошто жалам. Едноставно е. Може градоначалникот на Охрид да постапува, тоа не е така пријатна надлежност на општините, во Струга не се постапува. Јас сум пријател со градоначалниците, соработував како премиер, помогнавме со 50 милиони евра, со илјадници проекти насекаде, тоа е заедничка наша земја и така треба да се развиваат општините. Но заедно треба да ги преземаме и обврските. Успеавме со Беса да изградиме програма, заеднички концепт во кој веруваме. Концепт на реформи, на економијата, на кревање на стандардот, европеизацијата низ поглавјата и слично“,вели Заев.Заев зборува и за можните коалиции по избори, за справувањето со корона-кризата, за начинот на кој ќе се одвива образовниот процес. Како најголемо разочарување од својата власт ги посочува дел од администрацијата за која вели дека е кочничар и правосудството.„Немате многу опции во политиката во делот на изборот. Да ве потсетам Вас и сите што не следат дека добивме 49 пратеници после „бомбите“, после отворање на целиот криминал,комплетната запустеност на државата и опциите преку бројките наши, кои граѓаните преку гласање ни даваат се опциите кои ви стојат на располагање. Буквално не постоеше друга опција освен коалиција со ДУИ за да може да се направи парламентарно мнозинство. Нормално сите други помали партии беа со пет пратеници, со три пратеници, со два пратеници кои едноставно не даваа опции на возможна парламентарна коалиција за доволно парламентарно мнозинство“,вели Заев.

Македонија | пред 5 години

90525679_10220922589797167_2192514228319944704_o

Тројца млади скопјани се тешко повредени откако со автомобил удриле во бетонска ограда и се превртеле

Тројца млади скопјани се тешко повредени откако со автомобил удриле во бетонска ограда и се превртеле. Несреќата се случила ноќеска на на ул.„5“ во нас.Ѓорче Петров.Според информациите од МВР, сопатникот Д.В.(18) од Скопје се здобил со тешки телесни повреди, а сопатниците Д.Н.(18) и А.Т.(23), двајцата од Скопје, се здобиле со телесни повреди, констатирани во Комплексот Клиники „Мајка Тереза“, каде што биле пренесени за укажување на лекарска помош.Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 5 години

Нема фотографија

Скопјанец се удави во езерото „Младост“ во Велес

Дваесет и осумгодишен скопјанец вчера се удави во водите на езерото Младост во Велес. Според информациите од МВР, М.С. влегол во водата и по кусо време потонал и се удавил.Неговото тело било извадено од водата, а од страна на лекар од Итната медицинска помош била констатирана смрт. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Велес, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на семејството.

Македонија | пред 5 години

motori

Приведени и казнети „диви тркачи“ од скопските улици

Секторот за сообраќајни работи при Бирото за јавна бебзедност во координација со Одделението за безбедност на сообраќајот при Секторот за внатрешни работи Скопје синоќа од 20,00 до 02,00 часот спроведе акциска контрола за откривање на возачи на мотори кои организираат “диви трки“ на подрачјето на Скопје.Притоа санкционирани се 14 возачи на мотори кај кои се констатирани низа прекршоци. Од нив еден моторциклист бил приведен во Полициската станица Карпош, а еден во Полициската станица Чаир поради правење на бучавост над дозволената со нивното движење на моторциклите и поради неносење соодветна документација за истите.Исто така и два моторцикли ќе бидат однесени на технички преглед за понатамошна постапка.

Скопје | пред 5 години

naum-1

Стоилковски: Заеви соочени со пораз, купуваат куќа на грчкиот брег, а во Бугарија ги селат фирмите

Зоран Заев нема одговор за селењето на бизнисите на кланот Заеви во Бугарија! Заеви веќе имаат отворено најмалку пет компании во Петрич, Благоевград, на иста адреса, а две од нив се основани откако во јавноста почна да зборува за масовното рекетирање. Зоран Заев и неговите братучеди го вадат капиталот од Македонија и купуваат имоти во соседните Бугарија и Грција, истакна Наум Стоилковски - Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Заев и неговиот клан соочени со изборниот пораз, но и со најавата дека секој што се занимавал со политика ќе мора да го докаже потеклото на сопствениот капитал и потеклото на капиталот на неговото семејство, го вадат капиталот на кланот Заеви надвор од Македонија!Зоран Заев мора да одговори дали со братучедите, а соочени со изборниот пораз се подготвуваат за бегство од Македонија! Отвораат фирми во Бугарија, но и купуваат куќи и имоти во Грција! Бобан Заев, братучедот на Зоран и Вице Заеви, купил нова голема куќа на грчкиот брег!Ова е еден фрагмент од договорот за куќа на грчкиот брег, ова е потписот на Бобан Заев кој што стои на третата страна од целиот договор!Зоран Заев мора да каже дали позади купувањето имоти на грчките плажи и префрлањето на бизнисите во Бугарија, зад потписите на неговите братучеди, стои лично тој, Зоран Заев?Дали планира бегство од Македонија? Дали планира сокривање на својот капитал и дали планира сокривање на потеклото на тој имот, согласно најавите од ВМРО-ДПМНЕ по изборната победа?Заеви во Бугарија веќе имаат најмалку 5 компании „Ориент Груп“, „Гомасидра“, „Радиша Трејд“, а по отворањето на скандалот „Рекет“ во јавноста, Заеви ги отвораат „Медикал 420 БГ“ и „Фарма ЕУ БГ“. Двете последни со потписи на братучедите на Заеви, на иста адреса како и претходните, во Петрич, соседна Бугарија. Двете последни фирми, се јавуваат како сопственици на најмалку две фирми во Македонија, а во другите фирми се јавуваат како малцински акционери.Зоран Заев до сега не одговори ниту еднаш на прозивките дали е во состојба да го докаже потеклото на сопствениот капитал и потеклото на капиталот на неговото семејство?ВМРО-ДПМНЕ во програмата „За обнова на Македонија“ се обврзува на еден од основни носечки проекти во делот на борбата против криминалот и корупцијата, а тоа е усвојување на Закон со кој што ќе се испита потеклото на капитал на сите луѓе кои што се занимавале со јавниот живот во изминатите 30 години.Македонија повеќе не може да издржи компромиси со криминалот и корупцијата, а СДСМ со Заев покажа дека можат само повеќе криминал, повеќе корупција, повеќе порази и повеќе срам! Исправи се Македонијо, одбери Обнова, истакна Наум Стоилковски - Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

пред 5 години

insulin

Воведени три нови типови инсулин со сертификат за квалитет, кои не се од паралелен увоз

Во изминатиот период се направени суштински реформи во здравствениот систем за обезбедување најквалитетен третман за пациентите со дијабетес мелитус и други ендокринолошки заболувања.Воведени се три нови типови на инсулин - два инсулински аналога, инјектибилни и таблетарни. Сите пациенти со дијабетес сега добиваат оригинални инсулини со сертификат за квалитет, којшто не е од паралелен увоз. Дополнително, се набавени и 10 инсулински пумпи.Во буџетот за годинава се обезбедени 750 милиони денари за набавка на инсулини, инсулински игли, глукагон, ленти за мерење шеќер и пумпи за континуирано снабдување на инсулин. За споредба, во 2018 година буџетот изнесувал 650 милиони денари, а во 2019 година - 692 милиони денари, што покажува котинуиран раст на средствата во буџетот за третман на пациентите со дијабетес.Паралелно со тоа, на Клиниката за ендокринологија е набавена нова медицинска опрема, како и нов најсовремен ехотомографски апарат за преглед на тироидна жлезда и обновен e офталмолошкиот кабинет, кој е збогатен со нови софистицирани апарати за навремена дијагностика и лекување на офталмолошките компликации на дијабетесот.

Македонија | пред 5 години

izbori-02

Во трката за пратеници 1.578 кандидати на 15 коалиции и партии

Граѓаните на Северна Македонија на предвремените парламентарни избори ќе можат да гласаат за кандидатските листи на 15 коалиции и партии со вкупно 1.578 кандидати, од кои 903 се мажи, а 675 жени. Според статистичките податоци на ДИК, по возраст најмногу или 795 се меѓу 30 и 49 години.Изборот се прави со заокружување на редниот број пред кадидатските листи на гласачкото ливче, чиј редослед беше утврден со ждрепка.Партиите на гласачкото ливче ќе ги носат следните редни броеви:1 – Демократска партија на Албанците – ДПА2 – Политичка партија Демократи3 – СДСМ и Коалицијата Можеме4 – Левица5 – Алијанса за Албанците и Алтернатива6 – Глас за Македонија7 – Граѓанско демократска унија – ГДУ8 – Интегра9 – Демократската унија за интеграција – ДУИ10 – Социјалдемократска унија – СДУ11 – Никогаш Северна, само Македонија – Единствена Македонија12 – МОРО работничка партија13 – Народна партија на Ромите14 – ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција за Обнова на Македонија15 – Твоја партијаСо свои кандидатски листи во сите шест изборни единици ќе учествуваат ДУИ, коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ и Беса, коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ „Обнова на Македонија“, политичката партија Интегра, „Никогаш северна, секогаш Македонија“, Демократи, Алијанса за Албанците и Алтернатива, Левица и Работничката партија.СДУ, ГДУ и Глас за Македонија нема да учествуваат во „шестката“, односно поднесоа листи само за изборните единици 1, 2, 3, 4 и 5. „Твоја партија“ доставила кандидатски листи за изборите единици 1, 2 и 5, а Народна партија на Ромите само во втората изборна единица. ДПА има кандидатски листи во пет изборни единици.Носител на листата на СДСМ и коалицијата во првата изборна единица е актуелниот министер за надворешни работи Никола Димитров, техничкиот премиер Оливер Спасовски е во втората, партискиот генерален секретар Љупчо Николовски во третата, во изборната единица четири носител ќе биде лидерот на СДСМ Зоран Заев, петката ќе ја предводи вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шеќеринска, а носител во шестата изборна единица ќе биде лидерот на Беса Билал Касами. Карактеристично за овие листи е тоа што е запазено правилото половина од кандидатите да бидат жени. СДСМ за овие избори направи коалиција со Беса, која на кандидатските листи има 14 члена на партијата.Носители на листите на Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во изборната единица еден е професорката Гордана Силјановска, во двојката Владо Мисајловски, во тројката Игор Јанушев, во четвртата изборна единица Александар Николоски, во петата изборна единица оперскиот пејач Игор Дурловски и во шестата Дафина Стојановска.Претседателот на ДУИ Али Ахмети е носител на кандидатската листа на партијата во шестата изборна единица, Талат Џафери во петтата изборна единица, во тројката носител ќе биде поранешниот министер за економија Беким Незири, во втората изборна единица министерот за образование Арбр Адеми и во првата изборна единица носител е партискиот потпретседател Изет Меџити.Лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села е носител на кандидатската листа на коалицијата со Алтернатива во шестата изборна единица, додека Африм Гаши од Алтернатива во втората изборна единица. Во првата изборна единица носител е Скендар Реџепи, во третата Беким Татеши, во чевртата Валбона Река, а во петата Сурија Рашити.Носител на листата со кандидати за пратеници на ДПА во шестата изборна единица е лидерот на партијата Мендух Тачи. Во првата изборна единица носител е Ниметула Демири, а во втората Орхан Ибрахими. Прв од кандидатите во третата изборна единица е Сами Рушити, додека во четвртата изборна единица ДПА нема да има кандидати. Во петтата изборна единица носител на кандидатската листа е Васви Доко.Носители на листата на Политичка партија Демократи се во ИЕ 1 – Катерина Тодоровска, ИЕ 2 – Христина Гаши, ИЕ – 3 Жарко Кучишки, ИЕ 4 – Никола Бујуклиев, ИЕ 5 – Јорго Огненовски и ИЕ 6 – Изет Зејделовиќ.На Левица носители во ИЕ 1 е Димитар Апасиев, во втората изборна единица е Реџеп Исмаил, во третата изборна единица Борислав Крмов, во четворката Бранко Ристов, во петката – Јована Мојсовска и во Шестата изборна единица Сенада Ибраимова.Носител на кандидатската листа на Глас за Македонија во првата изборна единица е Солза Грчева, во втората Адријана Богдановска Тоскиќ, во третата е Лидија Горачинова Илиева, во четвртата Гоце Златев и во петата Наташа Котлар Трајкова.Носители на листи на Граѓанско-демократска унија се во Првата изборна единица е  Ана Глигорова, во двојката  Есед Јусуфовски, во третата, Петар Колев, во четворката Добре Митрев и во петата Даниел Јордановски.На партијата Интегра – Македонска конзервативна партија носители се: во ИЕ 1 – Љупчо Ристовски, во ИЕ 2 – Александар Главинов, ИЕ 3 – Сузана Чесмаџиска, ИЕ 4 – Воислав Зафировски, ИЕ 5 – Николче Талевски и ИЕ 6 – Виолета Србиновска.Носител на СДУ во Првата изборна единица е Петар Богојески, во втората Снежана Костадиноска Милошеска, во третата Војо Беловски, во четвртата Жарко Бошкоски и во петата Стево Насковски.На Единствена Македонија – носители се во ИЕ 1 – Биљана Чинго, ИЕ 2 – Јове Кекеновски, ИЕ 3 – Вангел Симев, ИЕ – 4 Јанко Бачев, ИЕ – 5 Ацо Николовски и ИЕ 6 – Љупчо Столевски.Носители на листи на МОРО – работничка партија во изборна единица 1 – Атанас Трајковски, во втората Горан Зафировски, во третата Светлана Здравковска, во четвртата – Киро Јовчевски, во петата Жарко Гроздановски и во шестата Иван Јанкуловски.Народна партија на Ромите има листа во втората изборна единица, а носител е Ѓеѓе Демировски.Носител на на кандидатската листа во Првата изборна единица на Твоја партија е Мирјана Најческа, во втората Ѓорѓе Марјановиќ и во петата Илија Тодоровски.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Филипче: Целосно е реновиран и за 30 отсто зголемен одделот за интензивно лекување на Клиниката за неврохирургија

Министерството за здравство информира дека изминатите три години на Универзитетската клиника за неврохирургија се реализирани бројни инвестиции за унапредување на условите за третман на пациентите и кадровско зајакнување на установата.„За 30 проценти го зголемивме капацитетот на одделот за интензивно лекување. Истиот е целосно реновиран и обезбедена е нова медицинска и немедицинска опрема, како и нова централна климатизација на овој оддел. Извршивме комплетно реновирање и на стационарниот оддел на клиниката, со поставување тоалети во секоја болничка соба. Реновирана и целосно опремена е и детската соба, наменета за најмладите пациенти на оваа клиника. Ги подобруваме условите во нашето јавно здравство за подобри здравствени услуги на пациентите и подобри работни услови на здравствените работници“, изјави министерот Филипче.Со цел да се унапреди и осовремени третманот на пациентите на Клиниката за неврохирургија, набавена е нова опрема, како што се монитори за одделот интензивно лекување, ултрасоничен нож за сечење ткива, апарат за анестезија, инфузиомати и перфузори, медицинска опрема за интензивно лекување, медицински колички за терапија, топлинска пумпа, респиратори и друга опрема.Истовремено, се работеше и на кадровско зајакнување на оваа јавна здравствена установа и во изминатите три години на клиниката се реализирани 26 нови вработувања на лекари, медицински сестри, болничари и останат немедицински кадар. Со преземање, на Клиниката се вработени и тројца лекари, кои се на специјализација по анестезиологија.

Македонија | пред 5 години

DSC_5812-1

Заев од Кавадарци: 800 милиони евра за директна финансиска поддршка за земјоделството во следните 4 години

„Во следниот период субвенциите и поддршката за рурален развој ќе бидат 200 милиони евра годишно, 800 милиони евра за 4 години.  Ова е вистинска поддршка, но ќе има и за новите сорти и за отворање на нови винарски визби, за да ја зголемиме дополнително побарувачката на грозјето. Оваа година драги кавадарчани око да не ви трепне, бидејќи ги имате Заев и СДСМ кои можат многу повеќе да сработат и за виното и за грозјето. Трите години бевме до вас и оваа година ќе бидеме до вас. Чесна власт, иако на 15 јули оди на избори а откупот е во септември, веќе во буџетот во април ставивме 5 милиони евра, тоа се 23 милиони килограми по 14 денари да ги откупиме сите. Или 7 денари да покриеме разлика на целото винско грозје и за смедервката и за вранецот. Имаме комплетно решение, нема потреба да стравувавте. Тоа никогаш не се случило во Тиквешијата. Ова е нашето богатство, нашето сонце и нашиот трудољубив народ“, кажа претседателот Заев во своето обраќање на граѓанската трибина во Кавадарци.Тој рече дека државата им стои комплетно за сé на располагање на граѓаните и додаде дека Владата предводена од СДСМ покрила 1 милијарда и 200 милиони евра долгови оставени од ВМРО-ДПМНЕ за спомениците, палмите и галиите, исто така со 50 милиони државата им помогна на општините да се раздолжат и денеска да се на ниво од 1/4 од долговите што ги имаа.„Зборуваа во земјоделството нели ако дојде Заев и СДСМ ќе ги укинеа субвенциите?! Не, не ги укинаа, ги укинаа на тие бандитите Камчевци и другите. И тие 30 милиони евра од големите компании ги пуштивме на индивидуалните земјоделци и сега имаме навремени субвенции, стигаат тогаш кога им требаат на земјоделците. Оваа година беше корона криза, а 95 % од субвенциите се исплатени и секогаш сме тука да слушнеме кога треба на народот веднаш да интервенираме“, заклучи претседателот Заев.

пред 5 години

Hristijan-Mickoski

Писмо од Христијан Мицкоски - Писмо од Македонија

Го пишувам ова писмо како сублимат од сите мои искуства и впечатоци стекнати деновиве, од сето она што го чувствувате сите вие, но и како моја обврска за понатаму. Почитувани граѓани, драги пријатели,Кус е периодот во кој можевте да ме запознаете, да стекнете впечаток за мене и за она што го преставувам и за што се залагам. Знам дека политичарите кои добро ги познавате, силно ве разочарале. И не ви велам безрезервно да ми верувате, но тврдам дека од вашата одлука зависи дали ќе заминат тие кои ве разочарале, и поради кои со право се чувствувате резигнирано кон политиката, или ќе продолжи оваа неподнослива и грда реалност.Вашиот глас ги менува работите. Со негласање им давате право на оние кои ве разочарале да продолжат тоа да го прават. Вашиот глас, пак, ни дава шанса нам, новата генерација политичари, политичари без хипотеки, да ги менуваме работите. Нам ни треба држава и власт која ќе ви служи вам.И нема идеална влада. Јас не ви ветувам чуда, но ви давам збор дека ќе работиме макотрпно и дека сигурно ќе бидеме подобри од оние што сте ги гледале досега. Зашто ниеден успех не дошол без труд и многу пот, многу откажувања и упорност. И не е коцкање ако изберете некој непознат кој ветува успех, но е прокоцкување на сопствената иднина кога му давате втора шанса на некој кој продолжува да губи и да ве разочарува.Не живеете подобро. Тие сакаат да ја поткопаат самодовербата на народот за полесно да управуваат. Сакаат да ви влеат сомнеж и да нè извалкаат нас новите во високата политика за да се одлучите за помалото зло. Но, ова не е игра на поголемо и помало зло, туку промена која ќе донесе повеќе победи и заеднички успеси, зашто сигурно е дека со нив нема да биде подобро.Постојат стотици причини зошто да не гласате за власта, а јас ќе ви дадам неколку силни причини зошто треба да го заокружите бројот 14 и да гласате за коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.Мора да си ја обновиме земјата, економски, политички општествено. Принципите и вредностите да станат начело по кое ќе се раководат политичарите. Потребни се пари за народот, а тоа ќе овозможи подобра иднина, остварување на соништата за силна држава.Запрашајте се добро кому би му дале да ја изгради вашата куќа? На оној кој само ви ветува дека ќе ја изгради најубаво, а никогаш не ставил тула, или, пак, на оној кој знаете дека работи и вистински е подготвен за најдобрите резултати. Не смееме да се помириме со просечноста, туку мора да работиме за најдобри резултати во секое поле.Триесетина години, од независноста до денес, лојални сте кон Македонија, време е таа сега да ви врати.Како човек и како личност со име и чест врз која се потпира моето име, се обврзувам пред вас на обнова која ќе донесе подобрувања во првите сто дена од новата влада. Се обврзувам пред работниците да добијат поголеми плати, пред невработените да им обезбедиме работа која ќе им овозможи пристоен живот и извесност. Пред пензионерите се обврзувам да добијат повисоки пензии и помалку грижи во миговите од животот кога мирот им е најпотребен. Пред земјоделците да имаат платен труд, конечно да бидат свои на своето, а пред стопанствениците се обврзувам да обезбедиме пониски трошоци за правење бизнис, помалку даноци за државата, а повеќе пари за работниците. На младите им велам доаѓаат подобри времиња. Се обврзувам да обезбедиме општество ослободено од политички притисоци, кое ќе се темели на европските вредности и правда. Македонија е Европа, а заедно ќе ја направиме и членка на ЕУ.Ви ветувам дека ќе се борам за правда, а тоа значи за ред, права, но и одговорност. Не смееме да дозволиме пред криминалот да се замижува, а криминалците да поминат неказнето. Сите сме еднакви пред законите. Пред словото на правдата ниту моето ниту името на кој било политичар не смее да значи повеќе од чие било друго име.Испраќам порака до вас кои сте разочарани од политичарите, од трулежот на системот, до вас кои не гледате излез и мислите дека сите се исти. Не се сите исти. Ние сме различни. Ова е последната шанса за спас на Македонија. Спас на државата која ја создале нашите предци, а наша обврска е да ја зачуваме. Ќе се обратам и до симпатизерите и разочараните членови на СДСМ како и припадниците на обоената револуција, добро знаете дека ова што го имате денес не е она за што се боревте, а вие не робувате на работи кои се заробени.Ако сте размислувале да гласате за помалите партии, ви порачувам дека глас за помалите партии е глас за власта. Сега е време за одговорот. Излезете и гласајте, важно е да се гласа, да го чуе Македонија вашиот глас. Од вас зависи сè. А јас сум тука за вас како човек без хипотеки. Човек кој целиот свој живот го поминал во науката и во приватниот сектор. Човек кој не е салонски политичар, туку еден од вас.Државите се градат низ многу искушенија и големи одлуки. Мојот сон е Македонија земја на среќни луѓе, на горда историја и наследство, но и на иднина кои сами ќе ја изградиме. Нашата земја е нашето светилиште околу кое ги градиме нашите судбини, а доаѓа денот кога одлучуваме за нив. 15 јули не е само датум, туку крстосница, меѓник на кој одлучуваме за иднината на нашата земја, за нашите семејства, за вашите деца, за идните генерации.Донесете одлука за себе, за Македонија. А јас се обврзувам дека со целата моја енергија, срце и волја ќе се вложам и нема да ве разочарам.            Исправи се, Македонијо, одбери обнова! проф. д-р Христијан Мицкоски,претседател на ВМРО-ДПМНЕ  

пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања