Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

w_56211861

Во трката за пратеници 1.578 кандидати на 15 коалиции и партии

Во Северна Македонија денеска се одржуваат десетите парламентарни избори, петти предвремени избори. Право на глас имаат еден милион 814 илјади и 613 полнолетни граѓани, кои ќе гласаат на 3.480 избирачки места. Овие избори се издвојуваат од досега одржаните во земјата бидејќи се организираат во состојба на пандемија со коронавирусот, гласањето за различни категории граѓани е три дена, а денешниот изборен ден ќе трае два часа повеќе од вообичаеното и е прогласен за неработен.Избирачките места во шесте изборни единици се отвораат во 7:00 часот, а гласањето завршува во 21 часот. Се гласа за 15 политички партии и коалиции кои вкупно имат 1.578 кандидати. Од нив, според статистиката на ДИК, 675 (42,78 отсто) се жени, а 903 (57,22 отсто) се мажи.Гласањето е тајно, со заокружување на редниот број пред подносителот на листата.Сите вклучени во процесот и граѓаните кои ќе одат на гласање задолжително мора да ги почитуваат превентивните мерки за заштита од ширење на коронавирусот, а тоа се носење маска, држење растојание од метар до метар и половина, дезинфекција на раце при влез и при изле од гласачкото место.Освен спецификата поврзана со коронавирусот, на овие избори првпат е дозволено да гласаат и лицата кои до 15 јули наполниле 18 години и се со важечки документи и не се организира гласање во дијаспората бидејќи немаше доволен број пријавени македонски државјани за гласање. Сепак, овие лица доколку се во земјата денеска ќе можат да гласаат на избирачките места на адресата на која што се пријавени.Во Избирачкиот список се запишани еден милион 814 илјади и 613 гласачи. Во изводите на Избирачкиот список се запишани еден милион 729 илјади и 189 лица. Лица кои се иселиле или работат во странство во посебните избирачки изводи се 83.054, а во посебниот избирачки список за лицата во затвор и во притвор се запишани 1.657 гласачи, во старските домови 357 и шест лица се водат како внатрешно раселени.Вчера гласаа болните, немоќните и хронично болните лица, затворениците, лицата во домашен притвор и во старските домови. Според податоците од ДИК, вчера вкупно 7.861 болни и немоќни лица го оствариле правото на глас. Што се однесува до лицата кои се наоѓаат во домови за вонсемејна грижа, од вкупно 357 пријавени избирачи во оваа категорија, гласале 234, а во казнено поправни установи 1.235 лица.

Македонија | пред 5 години

press

(ВИДЕО) ДИК: Денеска гласале вкупно 7861 лице

На вториот ден од гласањето на предвремените парламентарни избори правото на глас го оствариле вкупно 7.861 болни и немоќни лица, соопшти портпаролот на Државната изборна комисија (ДИК) Адмир Шабани, на вечерашната прес-конференција.Тој додаде дека меѓу лицата кои се наоѓаат во домови за вонсемејна грижа, гласале 234 од вкупно 357 пријавени избирачи, а во казнено-поправните установи гласале 1.235 лица.– Овие податоци ќе се докомплетираат кога одредени општински изборни комисии ќе ги достават своите податоци од гласањето на оваа категорија граѓани, и во текот на утрешниот ден ќе објавиме сто отсто од податоците. Од гласачите кои се наоѓаат на издржување казна затвор треба да бидат доставени податоци уште за КПУ Прилеп за да се комплентира бројката во целост. Според досега добиените податоци, излезеноста е 74,53 проценти – посочи Шабани.Своето право на глас денеска можеа да остварат 8.855 болни и немоќни лица, 357 граѓани во 17 старски домови и 1.657 затвореници во 13 казнено-поправни установи. 

Македонија | пред 5 години

Mrtvo-telo-autopsija-2-620x350

Тело на почината жена најдено во стан во Велес

Тело на почината 66-годишна жена било најдено денеска на пладне во стан на улица „8 Септември“ во центарот на Велес, во таканаречената Свиларска зграда, кај поранешна библиотека. Телото било најдено откако во полиција реагирале комшиите поради неподнослива миризба која почнала да се шири од станот на жената, која живеела сама.Полицијата ја повикала екипата на Територијалната противпожарна единица од Велес која ја скршила бравата и влегла во станот каде било најдено безживотното тело на жената, информира за МИА Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.Тој појасни дека била повикана медицинска екипа на Брза помош која констатирала смрт без траги на насилство.Како што информира за МИА обвинителката Гордана Тодорова од ОЈО, по нивно овластување екипа на СВР Велес, не се констатирани траги на насилна смрт, поради што телото на починатата жена не било дадено на обдукција.

Македонија | пред 5 години

culev-1

Чулев: Во Велес уапсено лице што водело списоци за поткупени гласачи

Во текот на вчерашниот ден од страна на велешката полиција извршен бил претрес во домот на 35-годишниот А. М. за кој постои сомнение дека извршил кривично дело поткуп при избори и гласање.Како што информира техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев на „Фејсбук“ , кај 35-годишникот пронајдени и одземени биле еден мобилен телефон и повеќе листови, на кои рачно имало напишано список од речиси 250 лица со лични податоци и матични броеви.„На информативен разговор во просториите на СВР Велес од страна на лицето било посочено дека тој ги направил списоците по претходна насока од друго лице, блиско до локалното раководство на владејачка партија во Велес. На списоците имало име и презиме и матичен број од лица од ромска националност, кои би гласале за политичката партија, а за возврат би добиле финансиски средства“, посочува Чулев, кој во објавата додава дека ваквите насоки на лицето му биле дадени пред речиси една недела, а за реализација на тоа му била ветена материјална корист.https://www.facebook.com/NakjeChulev/posts/175175804009222Од страна на СВР Велес, во координација со ОЈО Велес, се преземаат дополнителни мерки и активности во насока на целосно расчистување и документирање на настанот, како и утврдување на евентуалната вмешаност на други лица, по што ќе следува соодветна кривична пријава.

Македонија | пред 5 години

izjava-zaev.Still400

(ВИДЕО) Булдожери ја уриваат базата на Нефи Усеини

Со булдожери се урива дивоизградената бетонска база на советникот во Општина Охрид, Нефи Усеини. Акцијата за отстранување на нелегалниот објект која започна пред четири дена, продолжи и денес. На терен урива механизација која е ангажирана од Општина Охрид. Со оглед на габаритот на објектот, отстранувањето ќе трае и во наредните неколку денови, најавија од општината.Поставувањето на базата во сопственост на Усеини беше започнато во јуни минатата година на петстотини метри од брегот на Охридското Езеро. За неа, нема потребни одобренија, ниту еколошка дозвола, како што налага Законот за животна средина, па така, објектот е еден од оние кои го загрозува УНЕСКО статусот на целото подрачје. Парцелата на која е изградена базата е во сопственост на Исламската верска заедница, која ја добила преку процесот за денационализација во периодот од 2013 до 2014 година.Покрај базата на Нефи се урива и базата „Биг Стоун“ во близина на касарната во Охрид кај населбата „Црногорци“.

Македонија | пред 5 години

ezero

Детето што се давеше во Охрид го спаси доктор од Кавадарци

Кавадаречки доктор спаси дете што се давеше завчера во Охрид, велат кавадарчани упатени во случајот за ТАЗЕ, кои биле на плажата.-Несреќата се случи на плажа Десерет во Пештани, помина глисер и подзастана но продолжи, за по неколку секунди да се врати повторно назад. Имено, човекот од глисерот забележал дете како лебди во водата, го извади од водата и го донесе на брегот. Се бараше помош од лекар. Кавадарчанецот Ристе Зимоски, доктор и специјализант по хирургија, се стрча кон глисерот мислејќи дека се работи за повозрасен човек на кого му се има слошено. Во истиот момент здогледа дека се работи за 8-9 годишно дете кое е во несвесна состојба. Почна да ги врши сите неопходни работи за да се спаси животот на младото дете, странично го преврте, го иритираше за да исфрли што е можно повеќе вода, детето исфрли поголема количина на вода. Го ставија на носилка и го преместија внимателно под сенка каде се продолжи со масирање и иритирање на детето, да исфрли што е можно повеќе вода. По 10 минути на местото дојде уште една жена лекар, која помогна, во еден момент детето се поврати и се расплака. За отприлика 15 минути дојде брза помош и детето беше префрлено во градска болница Охрид - појаснуваат нашите соговорници.Д-р Ристе Зимоски е специјализант по хирургија, вработен во клиника Жан Митрев.Тој се надевал дека се ќе биде во ред со детето, но бил загрижен бидејќи долго време било останато без кислород.Инаку детето после сите прегледи во Охридските болници е префрлено на Карил во Скопје и е во добра здравствена состојба. 

Македонија | пред 5 години

skopje-5

Активни случаи со КОВИД 19 по општини Скопје денеска, во Чаир 293 како е по другите општини?

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)•       Чаир – 293•       Аеродром - 147•       Бутел - 139•       Гази Баба - 199•       Центар – 144•       Карпош – 148•       Сарај – 118•       Кисела Вода – 101•       Ѓорче Петров – 108•       Студеничани – 109•       Шуто Оризари – 80•       Арачиново – 40•       Илинден – 22•       Петровец – 20•       Чучер Сандево – 10•       Сопиште – 11•       Зелениково- 15•       Странец – 9•       Нераспределен- 80

Скопје | пред 5 години

korona-njemacka

Денеска нови 135 нови случаи на ковид 19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1259 тестирања, а регистрирани се 135 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-76, Куманово-6, Дебар-2, Штип-6, Прилеп-1, Тетово-13, Струга-7, Битола-3, Охрид-1, Кавадарци-1, Гостивар-10, Гевгелија-1, Македонски Брод-1, Кратово-1, Свети Николе-2, Кичево-3, Ресен-1.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 142 оздравени лица од: Скопје-68, Штип-3, Прилеп-1, Тетово-15, Струга-15, Охрид-15, Гостивар-7, Крива Паланка-1, Кочани-1, Пробиштип-1, Кратово-5, Свети Николе-6, Ресен-4.Починати се 4 лица, еден пациент од Скопје, еден од Тетово, еден од Охрид и еден пациент од Кичево. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациентка на возраст од 67 години. Еден пациент на 62 години, кој вчера од Кичево бил донесен во тешка општа состојба во болницата во Битола веднаш бил упатен на Инфективната клиника Скопје, но за време на транспортот починал. Во ОБ Охрид е починат пациент на 86 годишна возраст. Во КБ Тетово е починат пациент на возраст од 72 години.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 8332,  бројката на оздравени пациенти е 4468, на починати е 389, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3475. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:•       Скопје 3952, активни 1793•       Куманово 868, активни 200•       Дебар 153, активни 91•       Штип 463, активни 181•       Прилеп 302, активни 64•       Тетово 885, активни 290•       Струга 337, активни 163•       Велес 203, активни 33•       Битола 73, активни 30•       Охрид 227, активни 119•       Кавадарци 27, активни 19•       Гостивар 240, активни 147•       Гевгелија 13, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци, еден е од Дојран)•       Струмица 24, активни 16•       Крива Паланка 19, активни 8•       Радовиш 8, активни 4•       Крушево 12, активни 7•       Кочани 77, активни 12•       Пробиштип 37, активни 23•       Демир Хисар 8, активни 7•       Македонски Брод 9, активни 5•       Пехчево 6, активни 1•       Берово 4, активни 1•       Валандово 6, активни 0•       Виница 4, активни 1•       Делчево 1, активни 0•       Кратово 9, активни 1•       Свети Николе 120, активни 107•       Кичево 84, активни 71•       Ресен 139, активни 75•       Неготино 22, активни 3 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 1259 теста се преку: ИЈЗ-413, ЦЈЗ Скопје-21, Авицена-104, Биотек-118, МАНУ -140, Жан Митрев (Филип Втори) –232, Систина со PCR метода -152, Судска медицина -0, ЦЈЗ Битола-27, КИБФС (Инфективна клиника) -52. Досега во земјата се направени вкупно 79.392 тестирања на ковид -19.  Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 4 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 88 пациенти. На кислородна поддршка се 53 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.Во болницата во Козле се хоспитализирани 25 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 5 деца позитивни и 1 дете суспектно на вирусот.Во ГОБ „8 Септември“ примени се 4 нови, вкупно хоспитализирани се 83 пациенти. На респираторна машина се 5 пациенти.Во болницата во Битола се хоспитализирани 29, а во болницата во Штип се хоспитализирани 54 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 127 пациенти - позитивни и сомнителни на ковид-19

Македонија | пред 5 години

crkva

Кривична за охриѓанец кој ограбувал цркви во Охридско

СВР Охрид поднесе кривична пријава за Охриѓанец, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“ и сторени кривични дела „тешка кражба“ во обид. Во периодот 22.03. до 24.03.2020 пријавениот, со употреба на подесен алат и физичка силавлегол во три цркви, една во с.Рамне и две во с.Велестово, при што во два наврата не одзел ништо, а во еден случај одзел пари.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Се бара со потерница експретседателот на Кривичниот суд, Владимир Панчевски

Експретседателот на Кривичен суд, Владимир Панчевски се бара со национална потерница која ја распиша МВР по наредба на Основниот суд во Велес. Ова следува откако во петокот, полицајците не успеаа да го пронајдат Панчевски на посочената адреса по наредбата за негово приведување. Потерницата е објавена на сајтот на Министерството за внатрешни работи.„Панчевски Владимир, од татко Здравко , мајка Цвета, роден на 01.05.1974 во Скопје, со живеалиште на ул.Даме Груев бр.7/5-15 во Скопје, се бара по наредба за распишување на потерница на Основен суд Велес К бр.242/2019 од 14.07.2020, а врз основа на решение на судот со кое му е определена мерка притвор, поради постоење на основано сомневање дека сторил кривично дело- “Злоупотреба на службената положба и овластување“ од чл. 353 ст.2 од КЗ“, пишува на сајтот на МВР.На Панчевски судот му одреди притвор откако девет месеци не се појавил на судењето за случајот АКМИС и местењето предмети кај подобни судии во време кога бил претседател на Кривичниот суд.

Македонија | пред 5 години

culev-1

Чулев најави дека ќе бидат повикани сите лица кои објавиле статус да се шкртне „Северна“ на гласачкото ливче

Ќе бидат повикани на разговор лица за објавување статуси на социјалната мрежа „Фејсбук“, по примерот на директорот на Зоолошка градина, Ѓорги Галетановски, најави техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев.„На подрачјето на Скопје, вчера од Единицата за економски компјутерски криминал при СВР Скопје, постапено е по објави на социјалните мрежи во кои имало недолична содржина односно истите содржеле елементи на сторено кривично дело кое што се гони по службена должност. Од страна на полициските службеници извршен е разговор со лицето Ѓ.Г., кој бил сопственик на профилот. Согласно информациите кои ги имам од СВР Скопје, во текот на денешниот ден ќе бидат преземени дополнителни активности, односно и други лица ќе бидат повикани на разговор, а во насока на целосно расчистување на овој, но и на други случаи по што ќе следи соодветен поднесок до ОЈО Скопје“, рече Чулев.Галетановски реобјави статус кој повеќемина го споделуваат на социјалните мрежи, а во него, на комичен начин се повикуваат гласачите кои сакаат да гласаат за одредена партија, да го шкртнат името „Северна“ на гласачкото ливче. Тој потоа се изјасни дека и во полициската станица кажал оти статусот бил шега.извор: Макфакс

Македонија | пред 5 години

mavrovka-38989438943

СДК: Подигнат е првиот кат од објектот кој нелегално се гради пред ТЦ „Мавровка“

Подигнат е првиот кат од објектот кој нелегално се гради пред ТЦ „Мавровка“ на местото на кафулето кое изгоре пред два ипол месеци. Сега се поставува плоча и арматура за бетонски столбови за вториот кат на објектот за кој градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу тврдеше дека нема да биде цврста градба, објави САКАМДАКАЖАМ.МК.Ганиу пред две недели во изјава за САКАМДАКАЖАМ.МК кажа дека не се гради објект туку се враќа кафулето во првобитна состојба како пред пожарот и за тоа му е издадена дозвола од Општината.Текстот во целост на: САКАМДАКАЖАМ.МК.

Македонија | пред 5 години

znm

ЗНМ и СЕММ го осудуваат кршењето на изборниот молк

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) најостро ги осудуваат случаите на, како што велат, грубо прекршување на изборниот молк од страна на повеќе онлајн медиуми во текот на вчерашниот ден, што, како што се наведува во соопштението, претставува сериозно компромитирање на изборниот процес.„Се оди дотаму што медиуми коишто и самите потсетуваат како да се избегнат изборните нерегуларности, со своето известување ги нарушуваат правилата на известување од избори, до степен што си дозволуваат да објавуваат и проценки на изборните резултати и да соопштуваат непостоечки, неофицијални податоци од досегашното гласање. Освен што на овој начин сериозно ги нарушуваат етичките стандарди и норми за известување при избори, со своето известување, овие портали се однесуваат во спротивност и со Изборниот законик, во којшто јасно е наведено дека „за време на изборниот молк престануваат сите облици на изборно медиумско претставување на учесниците во изборната кампања“ и дека се забранети „какви било облици на медиумско известување кои се отворено или прикриено во функција на нечија изборна кампања и можат да влијаат врз одлуката на избирачите“. Дополнително, штетат на самиот изборен процес, станувајќи орудие во рацете на партиски центри“, велат од ЗНМ и СЕММ.Од таму потсетуваат и на фактот дека дел од овие портали се наоѓаат на списокот на Државната изборна комисија за платено политичко рекламирање со парите на сите граѓани, од буџетот, при што, велат од ЗНМ и СЕММ, со непочитувањето на фундаменталните принципи на известување тие се ставаат во ист кош со професионалните редакции.„ Ги потсетуваме медиумите дека изборниот молк е фаза во којашто на гласачите треба да им се овозможи да ги анализираат добиените информации за политичката понуда во текот на кампањата и да одлучат кому ќе му го доделат својот глас. Упатуваме повик до членките на Регистарот на професионални онлајн медиуми (www.promedia.mk) доследно и целосно да ги почитуваат професионалните и етичките стандарди во известувањето и да не послужат како средство за политичка агитација и пропаганда“, пишува во соопштението.ЗНМ и СЕММ ги повикуваат и агрегаторите на вести сериозно да се ангажираат во преиспитување на тоа дали ќе го отстапуваат својот простор за содржини со коишто се заобиколуваат и игнорираат професионалните стандарди и законските одредби.

Македонија | пред 5 години

zname

Среда, 15 јули, е неработен ден за сите граѓани поради одржување на предвремени парламентарни избори

Согласно заклучокот на Владата од 74-тата седница одржана на 7 јули 2020 година, среда, 15 јули, е неработен ден за сите граѓани во Република Северна Македонија поради одржување на предвремени парламентарни избори и истиот нема да се одработува.Оние институции, компании, фирми и организации кои ќе одлучат да работат на 15 јули 2020 година треба да пријават работа на неработен ден до Државниот инспекторат за труд.Според Законот за работни односи и Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството, работодавачот на работникот е должен да му исплати надоместок и додаток на плата за работа на празници и неработни денови утврдени со закон или друг пропис.

Македонија | пред 5 години

dik

ДИК: Резултатите од гласањето на заболените од КОВИД 19 ќе се знаат во среда

Портпаролот на Државната изборна комисија Адмир Шабани на втората прес конференција истакна дека резултатите од гласањето на заболените од КОВИД 19 ќе се знаат во среда.– Гласчките ливчиња се враќаат во кутијата на основниот избирачки одбор без да се отворат. Истата таа кутија се користи и денеска доколку избирачкиот одбор има гласање на болни и немоќни лица. Гласачките ливчиња од гласачите позитивни на ковид-19 и гласачките ливчиња од гласањето на болните и изнемоштени лица се вадат од гласачката кутија пред да започне гласањето в среда, изјави Шабани.Вчера под посебни протоколи гласаа 723 граѓани заразени со КОВИД-19 или во изолација. Денеска ќе се гласаат затворениците, раселените, болни и изнемоштени. Право на глас на предвремените парламентарни избори имаат 1.814.263 гласачи запишани во Избирачкиот список. Гласањето утре ќе трае до 21 часот.

Слајдер | пред 5 години

policija-skopje-koronaviris-1

33 годишен маж од тетовско загина во сообраќајна несреќа на патот Палатица – Желино

Триесет и тригодишен жител на село Палатица, Тетовско, загина во сообраќајна несреќа што се случила на патот Палатица – Желино.Според информациите на МВР, несреќата се случила синоќа околу 23 часот помеѓу автомобил „ауди“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.И.(23) и мотоцикл „јамаха“, без регистарски ознаки, управуван од А.Ј.(33), двајцата од село Палатица.По незгодата, мотоциклистот бил пренесен во Клиничката болница Тетово, каде што починал.Извршен бил увид на местото на незгодата од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Тетово.

Македонија | пред 5 години

korona-njemacka

МЗ: 40% повеќе оздравени лица за една недела

Министерството за здравство информира дека Институтот за јавно здравје денес го објави неделниот извештај за периодот од 6 до 12 јули 2020 година, кој што покажува значително зголемување на бројот на оздравени лица, а намалување на бројот на починати во споредба со претходната недела.Во периодот 6-12 јули регистриран е рекорден број на оздравени лица - 1017  кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, што е за 404 лица или 40% повеќе од претходната недела на известување (29 јуни - 5 јули).Изминатите три недели бројот на оздравени лица расте за околу 40% на неделно ниво. Ова е важен и позитивен индикатор кој влијае на намалување на бројот на активни случаи.Во дадениот период направени се вкупно 9995 тестирања (1573 повеќе од периодот 29 јуни – 5 јули) и регистрирани се 1073 позитивни случаи на Ковид-19 што е за 156 случаи повеќе од претходната недела. Споредбено, процентот на позитивни од тестирани случаи е благо намален, 10,7% позитивни од тестирани за периодот 6-12 јули, наспроти 10,9% за претходната недела. Во последните четири недели процентот на позитивни случаи од тестирани на неделно ниво бележи пад.Новозаболени се регистрирани во 26 града при што најголем процент на новозаболени има во Скопје (42.3%) и во Тетово (8,9%). Во 16 града во земјата, за истиот период, бројот на новопотврдени случаи е под 20.Од новозаболените во овој период најголем процент се лица над 60 години 22,8%, поголем број новозаболени се регистрира кај лица помеѓу 30-39 – 20,1%, потоа кај лица од 50-59 години - 19,3% и помеѓу 40–49 години – 18,8%. Најмал број на новозаболени има кај децата и тоа 0-9 години – 3.7%, и од 10-19 години – 3,3 % од вкупниот број на новозаболени.Од случаите кои се епидемиолошки истражени, хоспитализирани се 114 лица или 11,5 % што претставува намалување за 2% во однос на претходната недела на известување, а кај 270 лица или кај 27,2% регистрирано е присуство на коморбидитети, што е за 2% повеќе од претходната недела.Од вкупниот број на епидемиолошки истражените новозаболени 42,6% имале контакт со потврден случај на Ковид-19, а 22 лица имале историја за патување во странство во минатите 14 дена.Во периодот 6 до 12 јули, регистрирани се 36 смртни случаи, што е 10 помалку смртни случаи од претходниот период. Најголем дел од случаите се лица над 60 години, 69,4%. 35 од случаите се починати во болнички услови, а 1 вон болнички. Кај 29 од смртните случаи (80,6%) регистрирани се претходни коморбидитети. Во последните три недели константно се намалува бројот на смртни исходи на Ковид-19.На 12 јули 2020 година, според извештаите од болниците КИБФС, ГОБ 8-ми Септември, ИБЗД Козле, Клинички болници Битола и Штип, Општи болници Прилеп, Куманово, Велес, Струмица и Гостивар, хоспитализирани биле 350 лица позитивни на Ковид-19, од кои 118 се на кислородна поддршка, а 4 на механичка вентилација.

Македонија | пред 5 години

lisici

Кривична пријава за убиство- ја нападнал и ја удирал со тврд предмет по главата

Единицата за насилен криминал на СВР Скопје при Бирото за јавна безбедност до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје, поднесе кривична пријава против И.Е.(36) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека извршил кривично дело „убиство“, казниво по член 123 од Кривичниот законик.На 03.08.2019 во куќа на ул.„Гарибалди“ во населба Шуто Оризари, во која живеел во вонбрачна заедница со Х.Б.(33) од Скопје, поради меѓусебно недоразбирање, пријавениот физички ја нападнал и ја удирал со тврд предмет по главата, по што  Х.Б. починала на местото. После тоа, пријавениот И.Е. го завиткал телото во најлонски вреќи и ќебе и го оставил во атарот на с.Горно Оризари, скопско, покрај патот кој води од нас.Шуто Оризари кон с.Горно Оризари. Телото било пронајдено два дена подоцна, на 05.08.2019. 

Скопје | пред 5 години

koronavirus-kovid-19-pacient-lekari-2

Нови 168 нови случаи на ковид 19 во земјава, починаа 3 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1470 тестирања, а регистрирани се 168 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-83, Куманово-8, Дебар-2, Штип-6, Прилеп-3, Тетово-26, Струга-5, Битола-2, Охрид-8, Гостивар-8, Крива Паланка-1, Крушево-1, Кочани-1, Пробиштип-2, Македонски Брод-1, Свети Николе-4, Кичево-6, Ресен-1.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 70 оздравени лица од: Скопје-48, Тетово-18, Велес-1, Гостивар-1, Кочани-1, Ресен-1.Починати се 3 лица, двајца пациенти од Скопје и еден од Гостивар.На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти на возраст од 66 и 70 години. Во ГОБ „8 септември“ почината е пациентка на 63 години по приемот, кај која вирусот е потврден постмортем.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7572,  бројката на оздравени пациенти е 3624, на починати е 362, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3586. Од вчерашните тестови два се контролни, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:•       Скопје 3656, активни 1928•       Куманово 818, активни 179•       Дебар 120, активни 67•       Штип 411, активни 166•       Прилеп 289, активни 58•       Тетово 831, активни 351•       Струга 288, активни 187•       Велес 198, активни 36•       Битола 65, активни 24•       Охрид 218, активни 189•       Кавадарци 22, активни 15•       Гостивар 188, активни 115•       Гевгелија 12, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)•       Струмица 18, активни 10•       Крива Паланка 18, активни 12•       Радовиш 4, активни 0•       Крушево 8, активни 4•       Кочани 76, активни 17•       Пробиштип 30, активни 19•       Демир Хисар 3, активни 2•       Македонски Брод 7, активни 5•       Пехчево 6, активни 2•       Берово 3, активни 0•       Валандово 6, активни 2•       Виница 4, активни 1•       Делчево 1, активни 0•       Кратово 6, активни 3•       Свети Николе 58, активни 51•       Кичево 58, активни 49•       Ресен 129, активни 88•       Неготино 21, активни 3 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 1470 теста се преку: ИЈЗ-684, ЦЈЗ Скопје-23, Авицена-112, Биотек-112, МАНУ -121, Жан Митрев (Филип Втори) -235, Систина со PCR метода -150, Судска медицина -14, ЦЈЗ Битола-19. Досега во земјата се направени вкупно 72.690 тестирања на ковид -19.  Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 9 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 92 пациенти. На кислородна поддршка се 62 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.Во болницата во Козле се хоспитализирани 20 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 2 деца позитивни и 3 суспектни на вирусот.Во ГОБ „8 Септември“ примени се 16 нови, вкупно хоспитализирани се 94 пациенти. На респираторна машина се 4 пациенти.Во болницата во Битола се хоспитализирани 44, а во болницата во Штип се хоспитализирани 47 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар и Струмица се хоспитализирани 110 пациенти - позитивни и сомнителни на ковид-19.Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)•       Чаир – 360•       Аеродром - 166•       Бутел - 156•       Гази Баба - 210•       Центар – 156•       Карпош – 153•       Сарај – 140•       Кисела Вода – 114•       Ѓорче Петров – 111•       Студеничани – 121•       Шуто Оризари – 89•       Арачиново – 46•       Илинден – 34•       Петровец – 18•       Чучер Сандево – 18•       Сопиште – 7•       Зелениково- 13•       Странец – 5•       Нераспределен- 11

Македонија | пред 5 години

bolnica

Монтажен амбулантско-поликлинички пулмолошки оддел на Клиниката за пулмологија и алергологија

Во тек се подготвителни активности за новиот монтажен објект на Клиниката за пулмологија и алергологија, кој ќе биде поставен на просторот меѓу Институтот за патофизиологија и Институтот за ТБЦ.Веќе е поставена бетонската плоча како подлога за монтажно-модуларниот амбулантско поликлинички оддел. Кон крајот на неделата ќе почне поставувањето на контејнерите, чија монтажа треба да заврши до 30 јули, а се планира кон средина на август, објектот да биде целосно подготвен.Во новиот објект ќе бидат лоцирани четири амбуланти и кабинети со спирометрија, за дифузија и бодиплетизмографија, за бронхијална провокација, за гасни анализи во крвта, за алерголошки тестирања и за ЕКГ, како и две засебни простории за дневни болници за сместување амбулантските пациенти. Сето ова е придружено со сите потребни помошни простории, тоалети и гардеробери за персонал, засебни тоалети за пациенти, чекални, административни соби, стерилни остави, сервер соба, климатизација и слично. Целиот простор ентериерно и екстериерно е оформен така да не постојат бариери и препреки за лица кои користат помагала и лица со попреченост, за кои се предвидени и специјални тоалети согласно стандардите.Во меѓувреме се работи на изготвување план за потребното ентериерно уредување и обезбедување медицинска и немедицинска опрема.Од Клиниката за пулмологија појаснуваат дека пациентите со белодробни заболувања, заради хроничната болест на белодробниот систем се во најризичната група за добивање Ковид-19, како и за развивање тешки компликации од вирусот, затоа е посебно значајно поставувањето на монтажната амбуланта, која ќе ги исполнува најсовремените стандарди за работа.

Македонија | пред 5 години

atidze

(ВИДЕО) Атиџе пресрќна - повторно има пчелни семејства

„Не ме плаши корона, туку лоши луѓе“, ова беше реченицата, која хероината од документарецот „Медена земја“, Атиџе Муратова ја кажа неодамна за mms.mk, а се однесуваше на оние, кои и ги украдоа пчелите. Оваа порака од  Атиџе сите не растажи, но како таа навистина се чувствува и колку ја боли душата за пчелите, вистински разбраа само пчеларите. По објавувањето на приказната во нашата редакција се јавија од три пчеларски друштва од Штип, кои сакаа да и донираат пчели на Атиџе, за да и ја надоместат штетата и да и ја вратат насмевката.Човек секогаш се чувствува среќен кога помага некому, ама да и се помогне на Атиџе, која целиот живот со чиста душа го распосла пред јавноста, среќата беше преголема и кај пчеларите и кај нас, што пораката допрела до добри луѓе. Кога Атиџе слушна дека некој сака да и подари пчели се расплака од радост. Македонски медиа сервис го организираше превозот, бидејќи мораше да се оди со џипови. Освен пешки, со други возила до таму не може ни да се стаса. Заедно со пчеларите од трите друштва од Штип „Пчеларство Би-мед“, на Игор Костов, потоа „Пчеларство Лонгурови“ на Аксенче Лонгуров и „Пчеларство Миловски“, кои носеа шест семејства пчели, неодамна тргнавме да ја израдуваме Атиџе.Текстот во  целост на mms.mkВидео mms.mk

Македонија | пред 5 години

svetl

(ВИДЕО) „Светлосно шоу“ со улични светилки во Охрид

„Светлосно шоу“ од неколку од уличните светилки и мрак од повеќето исклучени или прегорени улични светилки на „Булевар Туристичка“ и АСНОМ втор ден по ред може да се види на кружниот дек кај покриениот базен кој е во градба.Неколку од светилките трепкаа, а повеќето не работат и просторот тоне во мрак.Осветлувањето во Охрид од 2016 година е предадено на приватната компанија „ ИЦС Ситеми“ од Чешка, која преку ЈПП стопанисува со градското осветлување во Охрид.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Влада: Најостро ги осудуваме нападите врз новинарката Тања Милевска, МВР и ЈО итно да ги расчистат бруталните закани

Владата на Република Северна Македонија најостро ги осудува нападите со говор на омраза врз новинарката Тања Милевска и врз кој било друг новинар и граѓанин воопшто.Владата цврсто стои зад слободата на говор и слободното новинарство и има нула толеранција за заплашување и закани кон новинарите. Безбедно известување и слобода на мисла, говор и делување во медиумите е наша суштинска, сегашна и долгорочна заложба, на која посветено работиме.Родово базираното насилство е друг, но подеднакво важен општествен проблем на кој сите заеднички и солидарно треба да му се спротивставиме и со кој ќе се избориме.Ги повикуваме МВР и Јавното обвинителство веднаш да постапат за расчистување на бруталните закани и родово базираните повици на насилство кон новинарката.

Македонија | пред 5 години

restoran_mokum

Се укина одредбата од протоколот за работа на кафулиња и ресторани на една маса да седат лица кои се во роднинска врска

Владата денеска донесе и измени и дополнувања на протоколите за работа на кафулињата и на угостителските објекти за исхрана со кои се укинуваат ограничувањата за седење на две лица на една маса, како и ограничувањето со кое се определуваше дека на една маса можат да седат четворица само ако се од исто семејство.

Македонија | пред 5 години

covid-19-vakcina

Земјава се приклучува кон глобалната набавка на вакцини за КОВИД-19

Владата на Република Северна Mакедонија на оваа своја седница ја разгледа и усвои Информација за можноста на Република Северна Македонија да се приклучи кон глобалната набавка на вакцини за КОВИД-19, преку COVAX механизмот за обезбедување глобален и рамномерен пристап до безбедни и ефикасни вакцини за КОВИД-19, и го овласти министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче да ја потпише необврзувачкатa изјава за намери за приклучување кон COVAX механизмот, и да учествува во дискусиите за консултации за дизајнот и принципите на работа на механизмот, што ќе се одржат во текот на овој месец.

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања