Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

DSC_6304

Заев: Очекувам граѓаните преку својот глас да дадат правец за следните 4 години

Денеска во мојата Струмица го остварив своето право на глас, секако почитувајќи ги сите безбедносни протоколи со што го заштитив моето здравје, здравјето на избирачкиот одбор, а го исполнив и моето гласачко право и обврска, истакна претседателот на СДСМ, Зоран Заев по гласањето.   Државните институции навистина покажаа капацитет да организираат вака специфични избори со почитување на сите здравствени протоколи, што треба да биде сериозно охрабрување за граѓаните да излезат во максимален број и да дадат правец на државата, преку својот глас и својата определба за да продолжиме  напред по патот по кој чекориме.  Навистина овие се поразлични избори од другите избори, но не се помалку важни. Со резултатот од овие избори ќе знаеме на која позиција, како ќе успееме за следните 4 години, како ќе биде животот на граѓаните за 4 години. Од денешната одлука на граѓаните зависи кој ќе води грижа за здравјето на граѓаните, кој ќе ги отвора и затвора поглавјата со ЕУ, но уште поважно кој ќе се грижи за економскиот раст и развој на сите граѓани во Република Северна Македонија. Верувам дека преку нашата позитивна и промотивна кампања успеавме да ги осигуриме и убедиме граѓаните дека коалицијата предводена од СДСМ е таа што ја очекува најголемата поддршка.  Голема е честа и одговорноста предавањето на гласот од граѓаните за следниот период којшто е пред нас, верувам дека таа чест и одговорност ќе ја употребиме максимално во интерес на граѓаните. Таа чест и одговорност, посебно во времето во коешто живееме, е неповторлива шанса бидејќи се отворени сите патишта за нашата земја. Нека ни е со среќа на сите, верувам дека денешниот ден ќе донесе заеднички успех на сите во државата, истакна Заев.

Слајдер | пред 5 години

policija-123

Полицаец нападнат во струшкото село Велешта

Околу 11 часот, во дворот на училиштето „Зини Хани“ во струшкото село Велешта, В. Ќ (31) и А. Ќ. (28), двајцата од истото село, го нарушиле јавниот ред и мир. Тие упатиле навредливи зборови, а потоа и физички нападнале полициски службеник, кој извршувал службени дејства во врска со предвремените парламентарни избори. По целосно документирање на настанот, против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.

Македонија | пред 5 години

izbori-02

ДИК: До 19:00 часот гласале 45,77% од гласачите

До 19:00 часот излезноста на предвремените парламентарни избори, во сите шест изборни единици е 45,77% отсто од обработени 3.463 избирачки места на кои гласале 830.370 граѓани, соопшти Државната изборна комисија на вечерашната прес-конференција.Според изборни единици:ИЕ 1 – 47,4%ИЕ 2 – 43,4%ИЕ 3 – 51,5%ИЕ 4 – 53,2%ИЕ 5 – 44,8%ИЕ 6 – 35,4%  

Македонија | пред 5 години

Amdi-Bajram

Амди Бајрам демантира дека умрел

Жив и здрав сум, си седам во штабот. Веста дека сум починал, која се прошири на социјалните мрежи, не знам кој ја иницирал прв, само зборува за него каква личност е. Ако, свикнат сум јас на се, вредам, па затоа и вакви ниски удари има врз мене. Го умираа и Чак Норис, го умреа пред некој месец и градоначалникот на Чешиново – Облешево кога беше инфициран од корона вирус. Значи, само во нашата земја има ситуации кога човек треба да демантира дека умрел. Срамота! – во телефонски разговор за ,,Фокус” изјави лидерот на Ромите, Амди Бајрам.Веста дека тој починал денес се прошири на социјалните мрежи. Бајрам, на кого пред неколку месеци му беше ампутирана ногата поради проблеми со шеќерот во крвта, вели дека добро се рехабилитира и се привикнува на новите околности.Текстот во целост на: ,Фокус”

Македонија | пред 5 години

Tatko-el-ceka

Претепан таткото на Ел Чека

На патот Осломеј - Кичево денеска бил претепан Мустафа Ахмети, таткото на Шеќерим Ахмети, познат како Ел Чека, лицето кое од Чикаго објавуваше аудио снимки од разговори на високи функционери, објави МКД.МК.Инцидентот го потврдија и од МВР.Кичевскиот основен Суд, во јануари годинава на Шеќерим Ахмети, познат како Ел Чека, му одреди условна казна затвор од една година, ако во наредните две години не стори ново кривично дело.фото: МКД.МК

Македонија | пред 5 години

sovetnik-culev

(ВИДЕО) На снимката од инцидентот помеѓу советникот од Чулев и началник се слушаат закани, навреди пцости

Освен физичкиот напад, во снимка до која дојде „А1он“ од инцидентот меѓу Зоран Ѓорѓиевски, советник во Кабинетот на техничкиот минситер Наќе Чулев, и началникот на Единицата за безбедност во сообраќај во СВР Тетово, Зоран Талев, се слушаат вербални закани, навреди и пцости.„Да ти го набутам во гз да може јас. Во газот да ти го набутам“, се слуша на снимката, по што, се слушаат и полициските службеници кои интервенираат како ја споменуваат адресата каде се случил инцидентот: „ул. 120, Борис Кидриќ, ќе ни треба …“, а потоа, се слуша продолжение на пцовките: „Мајката во да ти га е**м. Командирската жена да ти га е**м јас. Жената у п**ка да ти ги *бем….Мамицата во пи**а да ти га е**м ја…“Текстот во целост на: А1 ОН

Македонија | пред 5 години

zapaliva-tecnost

Шише со запалива течност фрлено во двор од куќа во Дебреште

Непознат сторител фрлил стаклено шише со запалива течност вчера во двор од куќа сопственост на С.М.(53) во прилепското село Дебреште.Како што соопшти денеска МВР, настанот бил пријавен на вчера во 01.30 часот, а од фрлено стаклено шише со запалива течност, било оштетено предното ветробранско стакло од патничко возило „фолксваген голф“, со прилепски регистарски ознаки, паркирано во дворот, а опожарени биле и огревни дрва во непосредна близина. Пламенот го забележале С.М. и неговиот брат, кои го изгаснале огнот.Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа на Полициската станица Прилеп. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Приведено лице во Скопје кое на гласање влегло со маска со партсики симболи по што викала на висок тон

Околу 13,15 часот на гласачко место бр.„2695“ во ОУ „Ѓорѓија Пулевски“ претседателот на избирачкиот одбор побарал интервенција, бидејќи лице влегло на гласање со маска на лицето на која имало партиски симбол и не сакало да ја смени. При доаѓање на полициски службеници лицето веднаш ја сменило маската и  му било овозможено да гласа, а од страна на полициските службеници е утврдено дека се работи за Е.Т.(37) од Скопје. Лицето потоа почнало на висок тон да се расправа со полициските службеници по што и била дадена наредба да престане и излезе надвор од училиштето за да не го нарушува јавниот ред и мир за време на гласањето, при што истата одбила и продолжила да го нарушува јавниот ред и мир. Лицето е лишено од слобода и против него ќе биде поднесен записник за констатиран прекршок по чл.4„ Нарушен ЈРМ со карање, викање, дрско и непристојно однесување“  и чл.14„ Нарушување на ЈРМ со непочитување на наредба од УПС“  од ЗППЈРМ.По барање на претседателот на избирачкиот одбор на избирачко место бр.0537 во ОУ „Саит Најдени“ во Дебар ул.„Едвард Кардељ“ во 12,55 час побарана е интервенција на полициски службеници поради тоа што А. Д. ( 30) од Дебар со својот мобилен телефон го фотографирал гласачкото ливче. Во 13,15 часот истиот е приведен во ОВР-Дебар.Во 13,10 на гласачко место 0755 во село Осој, општина Кичево заменик претседателот на избирачкиот одбор пријавил дека во просторијата за гласање, Г.М. додека гласал го фотографирал гласачкото ливче, а по барање на членовите на избирачкиот одбор  лицето ги избришало фотографиите. Констатиран е прекршок по член 190 ст 2 од Изборниот Законик. Се преземаат мерки за документирање на настанот од страна на ПС од ОВР Кичево.Во 12:40 часот од страна на претседателот на ИО на гласачко место бр.2909 во ОУ Живко Брајковски во Скопје дека непознато лице наводно сликало гласачко ливче. Од страна на полициски службеници лицето е лишено од слобода и утврдено е дека се работи за Е.Е. (29) од Скопје. Против лицетео ќе биде поднесен соодветен поднесокВо 10,45 часот, М.И. пријавил нарушување најавен ред и мир во Прилеп во дворот на ОУ “Кире Гаврилоски“, каде Џ. П. од Прилеп физички го нападнал Г.Д. од Прилеп. Интервенирано е од полициски службеници од НККР Прилеп, а при прегледот кај лицето  Џ.П  пронајден и одземен бил пиштол марка “ЦЗ“. Се работи на расчистување на случајот.

Слајдер | пред 5 години

drzavna-izborna-izleznost-do-17

ДИК: Одѕивот до 17 часот е 38,78 отсто

На интернет страницата на Државната изборна комисија објавено е дека до 17 часот излезноста е 38,78 отсто од вкупниот број на гласачите. До 17 часот обработени се 3.459 гласачки места од вкупно 3.480. Досега гласале 703.522 избирачи.По избрачки единици излезноста е: ИЕ1 - 41,07%, ИЕ2 - 36,98%, ИЕ3 - 43,85%, ИЕ4 - 43,99%, ИЕ5 - 38,21% и ИЕ6 - 29,6%.Во Изборната единица 1 најголема е излезноста во Македонски Брод 55,61%, во ИЕ 3 - Ѓорче Петров со излезност 41,59%, во тројката - Крива Паланка со 58,7% излезност, во ИЕ 4 - Новаци со излезност од 60,05 отсто, во ИЕ 5 Вевчани - 56,94% и во ИЕ 6 - Тетово со излезност од 33,72 отсто од запишаните гласачи.Претседателот на ДИК, Оливер Деркоски, на прес-конференцијата во 17.30 часот рече до ДИК пристигнале неколку претставки за евентуално нарушување на изборниот процес и неколку приговори во смисла на повреда на избирачко право и на изборен молк, но кажа дека тоа не е нешто посебно што може да го наруши целиот изборен процес.

Слајдер | пред 5 години

izbori-02

До обвинителство испратени известувања за агитирање и давање поткуп и сликање на гласачко ливче

Комисија за следење на евентуални нерегуларности поврзани со извршување на кривични дела против изборите и гласањето ја известува јавноста дека до 17.00 часот изборите се одвиваат во мирна атмосфера, без значителен број изборни нерегуларности.Во основните јавни обвинителства и на електронската адреса izbori@jorm.mk на која граѓаните можат да пријават сомнение за сторено кривично дело поврзано со изборите и гласањето, пристигнаа вкупно 10 известувања за настани случени денеска, во тек на гласањето. Поголемиот дел од нив се однесуваат на агитирање и давање поткуп за гласање за одредени политички партии. Две од известувањата се однесуваат на лица кои го сликале сопственото гласачко ливче при остварување на правото на глас.Комисијата продолжува со натамошна координација на основните јавни обвинителства кои се организирани со дополнителни дежурства на јавните обвинители и постапуваат итно, преземајќи дејствија за расчистување на настаните и утврдување на фактите.​

Македонија | пред 5 години

sovetnik-culev

(ВИДЕО) Советник од Чулев физички нападна началник од Тетово

Државниот советник на Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев – Зоран Ѓорѓевски -Чикаш го нападна Началникот на единицата за безбедност на сообраќај во Тетово, сведочат лица кои се нашле на лице место.Од видеото може да се види агресивното однесување на советникот на министерот Чулев. Инцидентот да прерасне од поголеми размери го спречиле неколкуте униформирани лица, кои биле на местото на настанот.

Македонија | пред 5 години

koronavirus-test

Нови 198 случаи на ковид 19 во земјава, починаа 4 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1382 тестирања, а регистрирани се 198 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-83, Куманово-12, Дебар-1, Штип-21, Прилеп-2, Тетово-9, Струга-3, Велес-2, Битола-11, Охрид-3, Гостивар-10, Радовиш-7, Кочани-1, Пробиштип-2, Демир Хисар-3, Свети Николе-27, Кичево -1.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 97 оздравени лица од: Скопје-71, Штип-7, Тетово-12, Велес-1, Битола-1, Кочани -1, Пробиштип-1, Кичево-1, Ресен-2.Починати се 4 лица, еден пациент од Скопје, двајца од Прилеп и еден од Тетово.На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа четворица пациенти на возраст од 49, 61, 70 и 72 години.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 8530,  бројката на оздравени пациенти е 4565, на починати е 393, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3572. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:•       Скопје 4035, активни 1804•       Куманово 880, активни 212•       Дебар 154, активни 92•       Штип 484, активни 195•       Прилеп 304, активни 64•       Тетово 894, активни 286•       Струга 340, активни 166•       Велес 205, активни 34•       Битола 84, активни 40•       Охрид 230, активни 122•       Кавадарци 27, активни 19•       Гостивар 250, активни 157•       Гевгелија 13, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци, еден е од Дојран)•       Струмица 24, активни 16•       Крива Паланка 19, активни 8•       Радовиш 15, активни 11•       Крушево 12, активни 7•       Кочани 78, активни 12•       Пробиштип 39, активни 24•       Демир Хисар 11, активни 10•       Македонски Брод 9, активни 5•       Пехчево 6, активни 1•       Берово 4, активни 1•       Валандово 6, активни 0•       Виница 4, активни 1•       Делчево 1, активни 0•       Кратово 9, активни 1•       Свети Николе 147, активни 134•       Кичево 85, активни 71•       Ресен 139, активни 73•       Неготино 22, активни 3 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 1382 теста се преку: ИЈЗ-521, ЦЈЗ Скопје-21, Авицена-163, Биотек- 96, МАНУ -159, Жан Митрев (Филип Втори) –223, Систина со PCR метода -160, Судска медицина -0, ЦЈЗ Битола-38, КИБФС (Инфективна клиника) -1. Досега во земјата се направени вкупно 80774 тестирања на ковид -19.  Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 8 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 86 пациенти. На кислородна поддршка се 38 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.Во болницата во Козле се хоспитализирани 20 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 8 деца позитивни и 2 деца суспектни на вирусот.Во ГОБ „8 Септември“ примени се 15 нови, вкупно хоспитализирани се 90 пациенти. На респираторна машина се 7 пациенти.Во болницата во Битола се хоспитализирани 29, а во болницата во Штип се хоспитализирани 53 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 123 пациенти - позитивни и сомнителни на ковид-19.

Македонија | пред 5 години

press

Одѕивот до 15 часот е 31,7 отсто

Според податоците на официјалната интернет-страница на ДИК, од обработени 3 435 избирачки места, на гласање до 15 часот излегле 576 676 лица со право на глас.Во проценти, одѕивот до 15 часот изнесува 31,78 %.По изборни единици, излезеноста се движи од 22,85% во ИЕ6, до 37,24% во ИЕ3. Во ИЕ 1 гласале 34,51 % од запишаните избирачи, а во втората изборна единица одѕивот е 29,96%. Во ИЕ 4 гласале 35,56%, а во ИЕ 5 правото на глас го оствариле 31,51% од избирачите.По обвинувањата дека на избирачко место во Бутел било фотографирано гласачко ливче, портпаролот на Државната изборна комисија Адмир Шабани вели дека инцидент немало. Недоразбирањето било надминато, а процесот на гласање не бил спречен во ниту еден момент.„ Во Бутел се работело за едно недоразбирање кое е надминато. Немало ниту прекин ниту било каков друг инцидент во конкретното избирачко место“, рече портпаролот Шабани. 

Македонија | пред 5 години

zemjotres

Земјотрес со јачина од 2,7 степени југозападно од Скопје, во околината на Ростуше

Земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтер утрово е регистриран 85 километри југозападно од Скопје, во околината на Ростуше, соопшти телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево.Потресот е почувствуван во 10 часот и 44 минути.Земјотресот беше почувствуван од населението во југозападните делови со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Македонија | пред 5 години

izbori-02

Агитација, поткуп, организирано гласање, фотографирање на гласачи - што регистрира МВР од11.00 до 12.00 часот

Во периодот од 11.00 до 12.00 часот во МВР биле пријавени следниве настани во врска со изборниот процес. Потенцираме, ова се добиени пријави по кои постапува МВР односно ја утврдува фактичката ситуација и откако ќе ги утврдиме фактите соодветно ќе ве информираме.- Околу 11.05 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, Ф.А. пријавил дека негов сосед на улица „Гарсија Лорка“ ги зема другите соседи со своето патничко возило и ги убедувал да гласаат за политичка партија во ОУ „26-ти Јули“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.- Околу 11.12 часот во Полициската станица Бит пазар од политичка партија било пријавено дека на гласачко место во ОУ „Никола Вапцаров“ на ул.„Дижонска“, околу 10 лица се движеле околу гласачкото место. Полициски службеници излегле на местото, но такви лица не биле затекнати.- Од политичка партија од Кочани во Полициската станица Кочани било пријавено дека три лица вршат агитација врз гласачи на избирачките места бр.844 и бр.845 во Кочани. Се работи на расчистување на случајот.- Од политичка партија во Кочани во Полициската станица Кочани било пријавено дека пред избирачките места бр.834 и бр.834/1 непознато лице со патничко возило вршело евиденција на лица кои се движат кон гласачките места. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.- Во 11 часот во Полициската станица Кочани, П.П. од Кочани пријавил неправилност при гласањето пред ОУ,,Раде Кратовче“ во Кочани, односно дека З.С. наводно делел пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.- Од политичка партија во Кочани во Полициската станица Кочани било пријавено дека три лица со патничко возило во нас.Оризари носат организирано гласачи на гласање. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.- Од политичка партија во Кочани во Полициската станица Кочани било пријавено дека четири лица ги попречувале гласачите да го остварат своето право во нас.Оризари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.- Во 10.35 часот во Полициската станица Крива Паланка, Н.Т. од Ранковце пријавил дека лице од Ранковце доаѓало до избирачко место број 0987 со повеке луѓе и агитира. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.- Во 11.05 часот во Полициската станица Крива Паланка, М.Т.С. пријавила дека на ул.„8-ми Септември“ неколку лица ги фотографирале граѓаните кои влегуваат да гласаат на избирачко место во градинка ,,Детелинка''. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.- На 15.07.2020 во Полициското одделение Ново Село, било пријавено дека во дворот на училиштето во селото каде биле сместени избирачките места Т.Ќ. вршел агитирање. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.Исто така, по преземени мерки во врска со претходно пријавени настани, кои веќе беа објавени од МВР, утврдено е дека:- Во врска со настанот во кој Е.Е. од Битола пријави дека непознати лица и нуделе пари за гласање, биле преземени мерки и не биле потврдени наводите во пријавата.- Во врска со настанот во кој Ф.Г. од Прилеп, пријавил дека пред ОУ „Климент Охридски“ во Прилеп група на граѓани вршеле агитирање, преземени се мерки и не се потврдени наводите во пријавата.

Македонија | пред 5 години

motor

Инцидент во Охрид поради сообраќајна несреќа

Инцидент во Охрид на кружниот тек на пресекот помеѓу во Туристичка и улицата Стив Наумов. Неофицијално дознаваме дека предмалку избила тепачка поради сообраќајна несреќа во која учествувале два мотори.Од СВР Охрид потврдија дека има инцидент и додаваат дека екипа на СВР е на местото на настанот.Инцидентот не е поврзан со изборите како што се шират лажните вести по социјалните мрежи.

Македонија | пред 5 години

vardar

(ФОТО) Вардар кај Долно Лисиче пак пожолте

Реката Вардар кај Долно Лисиче пак пожолте.Од Инспекторатот на Град Скопје преку нивната Фејсбук страница, посочија дека во координација со директорот на Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) се испратени инспектори на терен.„Ќе се земат урнеци од водата и доколку се работи за истиот сторител од минатиот пат, овој пат казната ќе биде многу поригорозна. Минатиот пат правниот субјект беше казнет со 100.000 евра“, стои во објавата на Инспекторатот. 

Скопје | пред 5 години

Нема фотографија

Во обвинителство пристигнаа пријави за агитација со закани за да се гласа, делење ваучери за гориво, делење на пари за да се гласа

Комисијата за следење на евентуални нерегуларности поврзани со извршување на кривични дела од Глава шеснаесет – Кривични дела против изборите и гласањето од Кривичниот законик и други кривични дела кои би биле сторени при организирањето и спроведувањето на предвремените парламентарни избори,  ја известува јавноста дека до 13.00 часот во основните јавни обвинителства и преку електронската адреса izbori@jorm.mk, пристигнати се неколку известувања за евентуални изборни нерегуларности.Денеска во Основното јавно обвинителство Струмица е доставено известување за лице кое на бензиска станица во с. Василево, нудел ваучери за гориво за да се гласа за определена политичка партија. Обвинителството издаде наредби за обезбедување на видео камери, видео записи и преземање дејствија во насока на утврдување на фактите.Во струмичкото обвинителство примени се известувања за уште два настани, случени вечерта на 14.07.2020 година. Едниот во с. Добрадинци каде околу 21.00 часот лице нудело пари за да се гласа за определена политичка партија. Вториот настан се случил во с. Дражево, каде околу 21.50 часот лице вработено во Центарот за социјални работи вршело агитација со закани за да се гласа за определена политичка партија.Во Основното јавно обвинитлство Кочани се преземаат дејствија за расчистување на вкупно шест настани пријавени до овој момент. Се однесуваат на наводен изборен поткуп и за агитирање со организирано носење гласачи до избирачките места. Се преземаат дејствија за расчистување на настаните.Во Основното јавно обвинителство Скопје добиено е известување за настан во избирачко место во ОУ Петар Поп Арсов. На лице со истечена лична карта не му било дозволено да гласа, по што тој започнал вербална расправија и со мобилен телефон ги снимил членовите на избирачкиот одбор. Јавен обвинител презеде дејствија за расчистување на настанот.На електронската адреса на која граѓаните можат да пријават сомненија за изборни нерегуларности денеска се пристигнати вкупно пет известувања. Преставници на една политичка партија испратија четири известувања за наводен поткуп на гласачи кои се вршеле во избирачки места во Кочани. Известувањата се итно проследени во надлежното Основно јавно обвинителство Кочани и по нив се постапува.Основач на граѓанска организација испрати известување за наводни изборни нерегуларности кои се вршеле преку агитирање на социјалните мрежи. Известувањата се проследени и се предмет на постапување во надлежните обвинителства.По сите известувања се постапува итно и со приоритет, согласно насоките дадени од Комисијата.​

Македонија | пред 5 години

Pancevski-so-sudot-2

Експретседателот на Кривичен суд Панчевски, сам се пријавил во затворот „Скопје“

Експретседателот на Кривичен суд Владимир Панчевски, сам се пријавил во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, откако вчера, Основниот суд во Велес распиша потерница по него, дознава „А1он“. Панчевски пет дена не беше достапен за органите на прогонот, полицијата не го најде во неговиот дом, по што следуваше национална потерница објавена на сајтот на Министерството за внатрешни работи.Нему му е одреден 30-дневен притвор откако откако девет месеци не се појавил на судењето за случајот АКМИС и местењето предмети кај подобни судии во време кога бил претседател на Кривичниот суд.Текстот во целост на: А1ОН

Македонија | пред 5 години

mobilen-telefon

Приведено лице од Скопје кое ја фотографирал просторијата во која се гласа

Од отварањето на гласачките места до сега е регистрирано едно нарушување на јавниот ред и мир, соопшти на прес конференција портпаролот на МВР Тони Ангеловски.„Во 9.50 часот пријавено е дека во избирачко место  во ОУ „Петар Поп Арсов“ во Скопје В. Ш. (47) го нарушил јавниот ред и мир со тоа што започнал расправија со претставници на избирачкиот одбор и во еден момент ја потегнал за чантата претставничката на избирачкиот одбор и со неговиот мобилен телефон ја фотографирал просторијата. Лицето е лишено од слобода, за што е известен дежурен Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство од Скопје“, соопшти Ангеловски.Гласањето на другите избирачки места се одвива мирно, со почитување на протоколите на гласачките места, а од неправилности што се пријавени во МВР има неколку случаи на агитирање, испишани графити на избирачки места, организиран превоз на гласачи до гласачки места, а имаме и неколку пријави за наводно нудење пари за глас.„Потенцирам, ова се добиени пријави по кои постапува МВР односно ја утврдува фактичката ситуација и откако ќе ги утврдиме фактите соодветно ќе ве информираме“, рече Ангеловски.Во 07.30 часот во Полициската станица Бит Пазар во Скопје било пријавено дека пред избирачки места во основните училишта „Цветан Димов“ и „Даме Груев“ биле испишани графити во врска со изборите, а графити биле испишани и на основни училишта на ул.„Коста Абрашевиќ“,на ул.„Браќа Реџепагиќ“ и на ул.„Петре Ѓорѓиев“, кои се во надлежност на ПС Чаир. Исто така, во СВР Велес било пријавено дека во близина на избирачко место во с. Сирково, кавадаречко, биле испишани графити во врска со изборите.„Во полициската станица Крива Паланка се пријавени два случаи на организиран превоз за гласање, а има и четири пријави за агитирање кон гласачи и тоа, на ул.„8-ми Октомври“, на ул.„Јоаким Осоговски“, како и во с.Узем и с. Нерав. Агитирање е пријавено и во СВР Струмица, во с. Пиперево и во Нов Дојран, а во село Самоилово наводно едно лице упатувало закани кон друго лице да гласа за политичка партија. Во Полициското одделение Ново Село граѓанин пријавил дека едно лице од Ново Село одзело лична карта на друго лице и гласало во негово име“, соопшти Ангеловски.Во Полициската станица Радовиш, Ф.В. од Радовиш пријавил дека Б.И. од Радовиш му нудел пари за глас, а во СВР Битола, Е.Е. пријавила дека непознати лица и нуделе пари за глас. Во СВР Битола било пријавено и дека полициски службеник, кој обезбедува избирачко место во училиште во село Дебреште, им кажувал на граѓаните кој број да го заокружат на избирачкото ливче. Веднаш е известен Одделот за внатрешна контрола.„Во СВР Тетово, пак, било пријавено дека во ОУ „Коста Рацин“ во с.Брвеница, тетовско, имало неколку непознати лица кои ги запишувале граѓаните. За сите овие настани се преземаат мерки за расчистување и по утврдување на фактите ќе ја известиме јавноста“, рече Ангеловски.  

Македонија | пред 5 години

svetl

Известување за прекин на улично осветлување во Охрид

Поради санирање на дефект на електроснабдителната мрежа, ќе има прекин на уличното осветлување на дел од булеварот „Туристичка“ на потегот од „Државниот архив“ до спортскиот комплекс „Билјанини Извори“.Прекинот на јавното осветлување ќе биде во периодот од вторник 14.07.2020 до четврток 16.07.2020 година.

Македонија | пред 5 години

ohridski-region

Известување за достава на решенија за данок на имот за 2020 година

Доставата за решенија за данок на имот за 2020 година за Охрид е во тек и истата се одвива преку пошта.Доставата на решенија за данок на имот за 2020 година за другите градови и населени места е завршена.За сите дополнителни информации обратете се на следниот email: danocno.oddelenie@ohrid.gov.mk или на телефон 046/ 262 – 492 локал 171 и 173.

Македонија | пред 5 години

policija-1

Мигрант пронајден во багажник на автомобил во Неготино

Малолетен мигрант бил пронајден во багажник на автомобил во Неготино. Возачот на возилото и другите мигранти кои биле во него избегале.Според информациите на МВР, вчера во 12:30 часот кај тунелите на патот Удово – Демир Капија било забележано возило „бе-ем-ве“, со скопски регистарски ознаки, во кое имало мигранти.Подоцна возилото било пронајдено во непосредна близина на плацот на ЈП „Комуналец“ во Неготино.Еден мигрант, 16-годишник од Сирија, останал во багажникот од возилото, а возачот и останатите мигранти избегале. На местото на настанот бил извршен увид, известен е Јавен обвинител, а возилото било однесено во депото во Кавадарци.Пронајдениот мигрант бил задржан во прифатниот центар во Гевгелија и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 5 години

civil

Цивил: Во изборни места нема средства за дезинфекција, во други се читаат имињата на гласачите, а некаде не работат УВ ламбите

Членовите на Избирачкиот одбор (ИО) во ИМ 2932 во Бутел се зафатени со јадење и пиење, така што проверката со УВ ламбата им е последна од грижите. Проверуваат секој втор или трет гласач со УВ ламбата – е првата информација што ЦИВИЛ ја сподели со јавноста на втората прес конференција за изборниот мониторинг во 10 часот.Во ИМ 2582/1 во Ѓорче Петров нема средства за дезинфекција.На повеќе ИМ на граѓани коишто имаат нова лична карта (издадена во претходните 2 недели) не им се дозволува да гласаат бидејќи ги нема во избирачките списоци. На граѓаните не им се даваат инструкции како понатаму да постапат. Овој случај се регистрира на избирачките места: 2930 во Бутел и ИМ 2611, 2593/1 и 2628 во Карпош.На ИМ 9741 се бележи прекршување на протоколите за асистенција при гласање. На граѓанка со попреченост на видот ѝ било оневозможено да гласа со асистенција.Во Гази Баба, во ИМ 2498 партиски надбљудувач седи до Претседателот на ИО. Кога надбљудувачката на Цивил побарала информација кои се присутните и во кое својство, партискиот надбљудувач и претседателот на ИО дрско ѝ одговориле со зборовите „Па баш на ЦИВИЛ ништо не им кажувам“.„На ЦИВИЛ не морате ништо да му кажете. ЦИВИЛ сѐ знае“ – на шега коментираше претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала кој ги водеше првите две прес конференции од почетокот на изборниот ден.Понатаму, мониторингот на ЦИВИЛ, соопшти и дека на избирачки места 2500 и 2506 во Гази Баба на глас се читаат имињата на гласачите.На ИМ 2695 не работат УВ ламбите, но гласањето не е прекинато.Во ИМ 2704 во Аеродром, партиски надбљудувач го повредува правото на тајност на гласањето, бидејќи седи веднаш зад параванот и гледа за која опција гласаат граѓаните.На ИМ 2809, на една граѓанка ѝ дале гласачко ливче, ја испрскале со спреј и, пред да гласа, Избирачкиот одбор утврдува дека ја нема на Избирачкиот список. Гласачкото ливче ѝ го одземале и не и дозволиле да гласа. Избирачкиот одбор ја упати да се јави до Општинската изборна комисија и дека „таа е виновна што ја нема на списокот“.Членови на партија нудат и вршат превоз на болни и изнемоштени на ИМ 1351 и 1354 во Прилеп.Две лица со кеси со сендвичи, сокови и слатки и им го поделиле на членовите на ИО на ИМ 2690, 2691 и 2692 во Аеродром со зборовите: „Знаете од кого е поздравот!“https://www.facebook.com/civil.mk/videos/2695037060779250

Слајдер | пред 5 години

90525679_10220922589797167_2192514228319944704_o

МВР регистрира осум прекршувања на изборниот молк

За време на предизборниот молк, до 07 часот однсоно отворање на избирачките места, биле регистрирани осум настани од кои шест биле на подрачјето на СВР Скопје и по еден на подрачјето на СВР Струмица – Полициска станица Гевгелија и еден на подрачјето на СВР Велес.На подрачјето на СВР Скопје, во с.Виниче и с.Љубанци биле забележани закачени знамиња на политичка партија во близина на гласачки места. По интервенција на избирачките одбори знамињата се отстранети. Во с.Брњарци во близина на избирачко место забележан е плакат на политичка партија, кој бил отстранет од избирачкиот одбор. Во близина на основното училиште „Његош“(каде што има четири гласачки места) испишани биле графити во врска со изборите. Исто така, во близина на пензионерски дом „Автокоманда“(каде што има две гласачки места) биле испишани графити во врска со изборите. Биле известени избирачките  одбори и во тек е отстранувањето на графитите. Во 06.00 часот во Полициската станица Центар било пријавено дека во дворот на основното училиште „Никола Вапцаров“, во близина на гласачко место биле забележани плакати од политичка партија, кои биле отстранети од избирачкиот одбор. Во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека во Богданци биле расфрлани повеќе флаери од политичка партија. Додека, пак во СВР Велес било пријавено дека во близина на избирачко место бр.2135 имало испишани графити во врска со изборите. Бил извршен увид. 

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања