Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

korona-test

Денеска бројот на заразени помал, но починати се 8 лица во 24 часа

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 830 тестирања, а регистрирани се 94 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-49, Куманово-2, Штип-8, Прилеп-1, Тетово-6, Струга-2, Гостивар-13, Кочани-2, Свети Николе-9, Кичево -2.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 42 оздравени лица од: Скопје-27, Штип-1, Прилеп – 8, Тетово-1, Велес-3, Кочани -2.Починати се 8 лица, два пациенти од Скопје, еден од Прилеп, еден од Струга, еден од Охрид, двајца од Гостивар и еден од Кичево.На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа тројца пациенти на возраст од 63, 63 и 60 години, во ГОБ „8 Септември“ почина пациент на возраст од 68 години. Во ОБ Прилеп починат е пациент на 60 години, во ОБ Струга почината е пациентка на 72 години, во Гостивар вонболнички почината е пациентка на 73 години, во Завод за нефрологија во Струга починат е пациент на 67 години.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 8623,  бројката на оздравени пациенти е 4603, на починати е 401, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3619. Денес се евидентира еден конторлен тест и исправка за 4 оздравени лица од Кратово заради техничка грешка. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:•       Скопје 4083, активни 1823•       Куманово 882, активни 214•       Дебар 154, активни 92•       Штип 492, активни 202•       Прилеп 305, активни 56•       Тетово 900, активни 291•       Струга 342, активни 167•       Велес 205, активни 31•       Битола 84, активни 40•       Охрид 229, активни 120•       Кавадарци 27, активни 19•       Гостивар 263, активни 168•       Гевгелија 13, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци, еден е од Дојран)•       Струмица 24, активни 16•       Крива Паланка 19, активни 8•       Радовиш 15, активни 11•       Крушево 12, активни 7•       Кочани 80, активни 12•       Пробиштип 39, активни 24•       Демир Хисар 11, активни 10•       Македонски Брод 9, активни 5•       Пехчево 6, активни 1•       Берово 4, активни 1•       Валандово 6, активни 0•       Виница 4, активни 1•       Делчево 1, активни 0•       Кратово 9, активни 5•       Свети Николе 156, активни 143•       Кичево 88, активни 73•       Ресен 139, активни 73•       Неготино 22, активни 3 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 830 теста се преку: ИЈЗ-298, ЦЈЗ Скопје-13, Авицена-140, Биотек- 0, МАНУ -27, Жан Митрев (Филип Втори) –150, Систина со PCR метода -102, Судска медицина -0, ЦЈЗ Битола-0, КИБФС (Инфективна клиника) -100. Досега во земјата се направени вкупно 81604 тестирања на ковид -19.  Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 3 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 85 пациенти. На кислородна поддршка се 42 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.Во болницата во Козле се хоспитализирани 20 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 8 деца позитивни на вирусот.Во ГОБ „8 Септември“ примени се 7 нови, вкупно хоспитализирани се 94 пациенти. На респираторна машина се 6 пациенти.Во болницата во Битола се хоспитализирани 31, а во болницата во Штип се хоспитализирани 56 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 133 пациенти - позитивни и сомнителни на ковид-19.

Македонија | пред 5 години

dik-sajt

Дуна: Страницата на ДИК беше хакирана преку софтверски тероризам со сили од повеќе странски држави

Апликацијата за следење на резултатите од изборите е беспрекорна, проблемот се јави затоа што страната беше хакирана, велат од компјутерската фирма „Дуна“ откако од вчера од 21 часот сајтот на Државната изборна комисија не функционира, објави СДК.МК.„Ние успешно ја завршивме работата, но страницата на Државната изборна комисија, беше цел на хакерски напад преку т.н. софтверски тероризам со сили од повеќе странски држави. Доколку не постоеше оваа апликација, тогаш резултатите ќе се броеја рачно“, вели Александар Пајковски од „Дуна“.Текстот во целост на СДК.МК 

Македонија | пред 5 години

nezavisni-pratenici

Независна пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски, веднаш, да поднесе оставка

Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ упатува честитки за сите учесници во изборниот процес, кој согласно досегашните извештаи од набљудувачите, помина во мирна и демократска атмосфера, како што и доликува на Република Северна Македонија која ги отпочнува проговорите со Европската Унија.„Со жалење констатираме дека Христијан Мицкоски ѝ донесе пораз на ВМРО-ДПМНЕ, а со тоа, потврда дека на партијата ѝ се неопходни реформи и темелна чистка, со цел нејзина демократизација. Ова е уште еден доказ дека Мицкоски е казнет и од нашето членство, кое не дозволува ВМРО-ДПМНЕ да биде претворена во партија налик грчката Златна зора. На членството му благодариме за стабилната поддршка што ја покажа, за разлика од Христијан, кој донесе само негатива покажувајќи дека не умее да го искористи кадровиот потенцијал на нашата партија и избра да оди со кандидати како министерката на Бранко-Гога и Сафет Бишевац.Изборниот пораз на ВМРО-ДПМНЕ е последица на распарчувањето на партијата кое Мицкоски  го донесе, исклучувајќи ги сите кои мислат различно од него и неколкутемина негови потрчковци. Наместо како лидер, да обединува за силна победа, тој ширеше омраза, лаги и го ситнеше отпорот против владејачката гарнитура. Тој остана настрана и од помирувањето кое е толку потребно во нашето општество.Срамно е немањето доблест за признавање на дебаклот кој ние најавивме дека ќе ѝ се случи на партијата, а со оглед на деструктивните политики водени од Мицкоски. Залудни се оправдувањата дека ВМРО-ДПМНЕго  победила СДСМ и обидите за манипулација на чесното членство. Наместо тоа, Мицкоски, веднаш, без размислување, треба да поднесе оставка за катастрофалниот резултат што ѝ го донесе на партијата. Со себе треба да ги понесе и неговите „лева“ и „десна“ рака, како и сите нивни придружници кои изминативе години во континуитет ја носеа партијата во пропаст, наместо да се залагаат за членство на Република Северна Македонија во Европската Унија и НАТО. 

Македонија | пред 5 години

mitko

Митко Јанчев: Време за промена на раководството на ВМРО ДПМНЕ

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, по поразот на ВМРО-ДПМНЕ на изборите вели дека е време за промена на раководството во патијата.Во изјава за бугарската агенција „БГНЕС“, Јанчев вели дека ова се четврти избори по ред на кои неговата партија бележи пораз, по локалните, референдумот и претседателските избори, следи и загубата на овие предвремени парламентарни избори.„ Јас воопшто не разбирам зошто не го признаваат Договорот за пријателство со Бугарија, како и Преспанскиот договор. Во принцип, ова е лоша политика и лошо раководство на ВМРО-ДПМНЕ. Мора да има приземјување на лидерството, вклучително и промена“, додаде Јанчев.Според него, политичката состојба не е поволна како за ВМРО-ДПМНЕ, така и за СДСМ, бидејќи и двете партии добиле мал број гласови.„Каква и да е победата, СДСМ ги доби гласовите. Нашата партија падна од 470.000 на 320-340.000. Дури и околу 300.000. Оваа бројка сама по себе докажува дека нешто не е во ред. Денес на ВМРО-ДПМНЕ му треба единство и сплотеност, за секој да може да работи правилно и слободно“, истакна Митко Јанчев.На прашањето дали ќе се приклучи на промената на ВМРО-ДПМНЕ, Јанчев категорично одговори: „Да, ќе се придружам!“. 

Македонија | пред 5 години

solza-770x444

Грчева: Имаме нула гласови каде гласале наши членови со семејствата, искрадени сме до коска

Претседателката на партијата Глас за Македонија, Солза Грчева, не е задоволна од исходот од вчерашните предвремени парламентарни избори и од тоа како народот гласаше. Таа обвинува за недоследности на изборните резултати.„Имаме нула гласови каде гласале наши членови со семејствата. Искрадени сме до коска, Глас им сметаше на овие две гарнитури“, вели Грчева.Таа тврди дека од Глас за Македонија, биле украдени гласови и поделени на големите партии. Според Грчева, народот повеќе не треба да биде амнестиран од вината за политичката ситуација во Македонија и вели дека за неа е поразително тоа што граѓаните биле задоволни со „Северна“. „Досега гласаа за популисти и криминалци, а сега за првпат гласаат за човек кој им ветува космодром во Кокино, тоа е нешто што не можам да го разберам веројатно сум од друга планета слетана“, вели Грчева.Вината за ова Грчева, ја наоѓа во лошиот образовен систем кој се уназадува во последните 30 години, па луѓето се поделиле на ваксери и антиваксери. „Сепак не можам да замислам дека сме толку луди, па да гласаме за некој што вертува космодроми“, вели Грчева.

Македонија | пред 5 години

apasiev

Апасиев, обвинува за изборна кражба

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, обвинува за изборна кражба. Тој смета дека на неговата партија и се украдени по 30 – 40 гласови од едно изборно место.„ Искрадени сме од Ново Село, до Кисела Вода – на велико! По 30-40 гласови по изборно место. Наши членови од Карпош кои гласале со цели семејства, на резултатите има 0 гласови!? Тројца пратеници ни крадат во моментов. Луѓе ова е досега невиден изборен грабеж. Ова нема така да помине!“, објави на „Фејсбук“ Апасиев.„ Тројца пратеници ни крадат во моментов“, вели Апасиев Тој смета дека изборната кражба ја следи и неможност за поднесување приговори за вчерашниот изборен резултат. „ Видете ја перверзијата на изборната кражба…Имаш рок од 24 или 48 часа за приговор, ама не ти даваат увид во записниците!? А и ако ти дадат, немаш како да ги споредиш дали бројот на гласови од хартиениот записник е ист со електронски внесените податоци – за да приговараш!?“, пишува Апасиев.Според неофицијалните резултати од изборите Левица освои две пратенички места во новиот состав на Собранието.

Македонија | пред 5 години

pozar-avtomobil

Автомобил кој превезувал гласачки материјал се запалил во движење

Автомобил со кој се превезувал гласачки материјал се запалил во движење. Настанот се случил рано утринава, на автопатот Гостивар-Скопје. Од МВР велат дека гласачкиот материјал не е оштетен и истиот безбедно е доставен до Државната изборна комисија.„Настанот се случил околу 4:30. Во СВР Тетово е пријавено дека моторно возило ‘Форд транзит’ со гостиварски ознаки, управуван од 35 годишен гостиварчанец, во непосредна близина на наплатната станица во Тетово се запалило во движење. Внатре се наоѓале пет членови на општинската изборна комисија во Гостивар кој го носеле избирачкиот материјал во Скопје. Тој не е оштетен. Повикано е друго возило во кое е префрлен и пренесен во Државната изборна комисија“, велат од МВР.Засега не се утврдени причините за пожарот.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

NBRM

Народна банка: Основната каматна стапка и понудата на благајнички записи се непроменети

На 14 јули 2020 година се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика, на којашто беа разгледани најновите економски показатели за домашната економија и движењата на меѓународните и на домашните финансиски пазари, во контекст на поставеноста на монетарната политика.По намалувањето на каматната стапка на благајничките записи во три наврати од почетокот на годината, на оваа седница беше одлучено таа да се задржи на нивото од 1,5%. Намалувањето на основната каматна стапка до нивото од 1,5%, како и досегашното позначително намалување на понудениот износ на благајнички записи, придонесе за натамошно зголемување на ликвидноста на банкарскиот систем и поддршка на кредитните текови во економијата. Со оглед на веќе извршеното олабавување на монетарната политика, на оваа седница беше одлучено каматната стапка на благајничките записи да се задржи на постојното ниво, што е соодветно на тековните економски и финансиски услови. Истовремено, на седницата беше оценето дека ликвидноста ослободена преку основниот инструмент на Народната банка, од вкупно 15 милијарди денари во април и мај, е соодветна, при што беше одлучено на аукцијата на благајнички записи што ќе се одржи денес да се понудат благајнички записи во непроменет износ од 10 милијарди денари.На седницата беа разгледани и најновите економски показатели во домашната економија. Општо земено, ширењето на вирусот ковид-19 во глобални рамки и во домашната економија доведе до негативни ефекти врз деловната активност и влијаеше поизразено врз довербата и очекувањата на фирмите и потрошувачите и во текот на вториот квартал. По забавувањето на растот на економијата во првиот квартал на оваа година, тековно расположливите високофреквентни податоци за периодот април-мај упатуваат на понатамошни негативни ефекти од здравствената криза врз економската активност (продлабочување на падот на индустриското производство и на прометот во трговијата и угостителството, а по растот во првиот квартал, пад се забележува и кај градежништвото).Во однос на инфлациските движења, ценовните промени за вториот квартал се малку повисоки од проекцијата за вториот квартал, но тие се под влијание на фактори на страната на понудата. Во вакви услови, како и при различни насоки на ревизија кај увозните цени и променливост на цените на примарните производи, постои неизвесноста околу проекцијата на инфлацијата за 2020 година од 0%.Нивото на девизните резерви и натаму е во сигурната зона, а остварувањата во текот на второто тримесечје се нешто подобри од очекувањата. Расположливите податоци од надворешниот сектор за второто тримесечје упатуваат на поизразено негативно влијание врз домашната економија од ширењето на вирусот ковид-19 во текот на вториот квартал. Сепак, гледано по месеци, ефектите се најизразени во април, што е во согласност со очекуваната динамика, додека податоците за мај упатуваат на постепено закрепнување и можност за остварување на очекуваниот трговски дефицит според проекцијата за вториот квартал. Од друга страна, податоците за менувачкиот пазар заклучно со јуни упатуваат на пониски нето-приливи од приватните трансфери од очекуваните за вториот квартал, во услови на пад и на понудата и на побарувачката за девизи.Во однос на движењата кај вкупните депозити и вкупните кредити, првичните податоци за јуни покажуваат нивен солиден годишен раст, нешто повисок во однос на проекцијата за вториот квартал од годината.Во периодот помеѓу двете седници на Комитетот, ликвидносната позиција на банкарскиот систем се задржа на релативно стабилно и солидно ниво, што се потврдува и со отсуството на потреба кај банките за задолжување на пазарите на пари. Показателите за домашните финансиски пазари за јуни упатуваат на релативно стабилни движења на девизниот пазар, коишто упатуваат на натамошно постепено подобрување на очекувањата на физичките лица и економските субјекти. Овие случувања беа придружени со солиден раст на девизната ликвидност на банките, за што придонесоа и интервенциите на Народната банка за продажба на девизи. Од почетокот на јули е забележителна умерена нето-побарувачка за девизи од страна на економските субјекти, поради што Народната банка од почетокот на месецот заклучно со 13 јули 2020 година, поретко интервенира со продажба на девизи на банките поддржувачки, во вкупен износ од само 3 милиони евра.Во јуни, првичните знаци за закрепнување на глобалниот економски раст придонесоа за натамошно јакнење на оптимизмот на инвеститорите на меѓународните финансиски пазари, при што беше видлив раст на берзанските индекси. Сепак, неизвесноста околу времетраењето на економското закрепнување на глобално ниво и загриженоста од втор бран од ширење на ковид-19 придонесоа и за умерено надолно придвижување на приносите на најбезбедните државни обврзници во еврозоната и условија натамошна поддршка на економската активност од страна на носителите на монетарните и фискалните политики во светски рамки.Сѐ на сѐ, на седницата на Комитетот беше заклучено дека засега тековите се стабилни и последните макроекономски показатели главно се движат во согласност со очекувањата, при што согледувањата за амбиентот за спроведување на монетарната политика се непроменети во однос на претходната оцена. Неизвесноста и ризиците од идните макроекономски ефекти од пандемијата на ковид-19 и натаму постојат, како во глобални рамки, така и во рамките на домашната економија. Народната банка и во следниот период внимателно ќе ги следи трендовите и потенцијалните ризици, заради соодветна реакција преку приспособување на политиките, доколку тоа е потребно. 

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ победи во најголем број на општини, оптимисти сме за формирање на мнозинство

Народот се определи за промени и за тоа дека живееме во реалност која е тешка и мачна за граѓаните. Има еден непобитен факт, таа мачна и тешка реалност донесе апатија и разочараност на граѓаните од политиката, истакна Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ.Важно е што во Македонија расположението е опозициско, а резултатите покажуваат дека опозицијата освои повеќе гласови од власта. А, ВМРО-ДПМНЕ без Беса во редовите на СДСМ освои повеќе пратенички мандати.ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ победија во 41 општина. ВМРО-ДПМНЕ заедно со Коалицијата победи во Скопје, победи во Ѓорче Петров, во Бутел, Гази Баба, Аеродром, Кисела Вода, Сопиште, Петровец, Илинден, победивме во Македонски Брод, во Велес, Карбинци, Виница, Кратово, Зелениково, Македонска Каменица, Зрновце, Пробиштип, Пехчево. Победивме во Свети Николе, Штип, Чешиново – Облешево. Победивме во Босилово, Гевгелија, Градско, Демир Капија, Василево, Росоман, Кавадарци, Кривогаштани, Могила, Неготино. Победивме во Прилеп, во Вевчани, Дебарца, Охрид, Струга, Демир Хисар, Кичево, Брвеница и Јегуновце.Овој резултат е постигнат во едни тешки околности, силни притисоци, и бројни нерегуларности. Власта спроведе масовен, масовен поткуп. Денес сајтот на Државната изборна комисија не работи. А, добиваме различни информации дека сомнително се броени и изнесувани податоците.И со ова се боревме и во текот на целата кампања. А, не сакаме ова да стане главна тема во кампањата затоа што понудата и обновата е она што им треба на граѓаните. Сето ова ми дава за право дека ВМРО-ДПМНЕ го има најголемиот кредибилитет да се бори за состав на новата Влада. Кога треба да се соочиш со сериозни предизвици, јас сум оптимист затоа што настапуваме чесно и принципиелно. Алтернативата на сето ова е Заев и продолжување на агонијата. Ова е тешка битка и заедно со вас, со граѓаните, ќе победиме.Ова е земја на народот и ВМРО-ДПМНЕ е најголемата политичка сила, истакна Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ. 

Слајдер | пред 5 години

nikoloski-2

СДСМ: ДИК веднаш да ги поправи грешките и да презентира точни резултати пред јавноста

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија им честита на сите граѓани за успешните, демократски и соврмени парламентарни избори на кои победи опцијата која нуди сигурна иднина за Северна Македонија, се вели во соопштението од СДСМ.Заедно со демократското граѓанско мнозинство, СДСМ го победи режимот на ВМРО-ДПМНЕ и го испрати во неповратно минато.Македонската иднина е во сигурни раце, а земјата и народот продолжуваат напред водени од одговорна и прогресивна власт.Според податоците на изборниот компјутерски центар на СДСМ, разликата во корист на коалицијата Можеме изнесува најмалку три мандати, а во податоците презентирани од страна на ДИК забележани се сериозни недостатоци и грешки кои може да даваат неточна слика за конечниот резултат, се вели во соопштението од СДСМ.

Слајдер | пред 5 години

dik

Во ДИК не се знае кој јаде, а кој пие: Рачно се проверуваат сите записници

Конечни резултати од вчерашното гласање на предвремените парламентарни избори се уште нема. Веб-страницата на Државната изборна комисија (ДИК) повторно не функционира. Последните резултати пак кои беа објавени предизвикаа низа нелогичности и сомнежи.Државната изборна комисија денеска соопшти дека се уште се врши прием на материјалите од општинските изборни комисии и рачно се проверуваат записниците за сумирање и утврдување на резултатите од избирачките места (записници бр.16), како и записниците за сумирање и утврдување на резултатите од општините (записник бр. 21), со цел точно да можат да се утврдат неофицијалните конечни резултати.Според последната симулација на ДИК која беше објавена во раните утрински часови, распоредот на силите во новиот парламент би бил: СДСМ – 46 пратеника; ВМРО-ДПМНЕ – 44; ДУИ – 15; Алијанса за Албанците и Алтернатива – 12; Левица – 2 и ДПА – 1 пратеник. Партиите пак во текот на ноќта излегоа со други пресметки.

Македонија | пред 5 години

sobranie-prazno

За 20 дена треба да се одржи конститутивна седница на Собранието

Најдоцна 20 дена од одржувањето на изборите треба да се одржи конститутивната седница на Собранието на Република Македонија, а седницата ја свикува претседателот на претходниот состав, во случајот Талат Џафери.Собранието ќе го сочинуваат 120 пратеници, кои ги претставуваат граѓаните и одлучуваат по свое уверување.Согласно Уставот, пратениците во Собранието се избираат за време од четири години. Во членот 63 од Уставот е предвидено, доколку не се закаже конститутивна седница во предвидениот рок, пратениците сами се состануваат и го конституираат Собранието на дваесет и првиот ден од денот назавршувањето на изборите. 

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Мицкоски изгубил во избирачкото место каде гласал

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски изгубил во избирачкото место каде што гласа, во скопската населба Влае. Според резултатите објавени од Државната изборна комисија, а споределени на социјалните мрежи, во тоа избирачко место победила коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ.Резултат од избирачкото место кај што гласа Мицкоски е спореден и на социјалните мрежи.„'Шпиценкадидатот' Мицкоски не го гласаат ни во неговото маало во Влае, каде што убедливо губи на секои избори! ВМРО-ДПМНЕ, дајте друго дете“, стои во објавата на страната „Сеир“.https://www.facebook.com/seir2017/photos/a.718969051601170/1664768523687880/?type=3&theater

Македонија | пред 5 години

izbori-glasanje-11-92584

На изборите изброени 31.107 неважечки гласачки ливчиња

Вкупно 31.107 гласачки ливчиња се неважечки, регистрира Државната изборна комисија (ДИК) регистрира според обработени 3.421 од 3.480 избирачки места. Бројот на важечки ливчиња изнесува 869.533.Гласале 927.640 граѓани (51 отсто) од вкупно запишаните 1.814 263 во Избирачкиот список.

Слајдер | пред 5 години

izbori-02

Првични неофицијални резултати: СДСМ – 46 пратенички места, ВМРО-ДПМНЕ – 44, ДУИ – 15

Според последните неофицијални резултати на Државната изборна комисија, од преработени 3.421 од вкупно 3.480 избирачки места, коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ освои 46 пратенички места, а ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата 44.ДУИ освои 15 пратенички места, а коалицијата Алијанса за Албанците / Алтернатива – 12. Левица освои две пратенички места и ДПА едно место во Парламентот.   

Слајдер | пред 5 години

mickoski-1

Мицкоски не се обрати синоќа, зошто?

За прв пат во историјата на изборите кои новинарите ги паметат во државава , лидер на една од најголемите партии не излегол пред гласачите да се обрати.Претседателот на ВМРО ДПМНЕ најави дека ќе се обрати денеска.  Дали владее разочарување?„Прв апат се случува после завршување на изборите лидерот на ДПМНЕ да не се појави на прес конференција и ако ништо друго да се заблагодари на граѓаните, членовите на партијата, симпатизерите и сите останати кои го дале гласот за ДПМНЕ на изборите во едни вакви околности со пандемија.  Оставка на цело раководство на партијата . Без исклучок !!!, е еден од коментарите на социјалните мрежи. 

Македонија | пред 5 години

apasiev

Димитар Апасиев најави стрелање

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев на социјалните мрежи напиша стаутс кој предизвика бурни рекации кај јавнота, но и честитки за партијата која е единствена помеѓу помалите која е во тесна трка да добие мандат во Собранието.https://www.facebook.com/defensor.plebei/posts/3140881162643867

Македонија | пред 5 години

hakiran-tajm-mk-696x340

Агрегаторот Тајм.мк бил хакиран

Освен веб страницата на Државната изборна комисија вечерва, која како што рече претседателот на ДИК, Оливер Деркоски била цел на напад од надвор, доцна вечерва е хакиран и агрегаторот Тајм.мк.Кога ќе се отвори интернет страницата на агрегаторот се појавува фотографија со анонимуси со знамето на Вергина и навреди кон сите партии.Засега нема информација кој стои зад пораката

Македонија | пред 5 години

ziberi

(ВИДЕО) ДУИ слави, се слушаат пукотници налик од огнено оружје, но и „Умри Филипче“

Пукотници налик од огнено оружје се слушаат на снимка објавена на социјалните мрежи од скопски Сарај, каде што обраќање имаше и кандидатот за пратеник, но и доскорешен директор на Центарот за јавно здравје-Скопје, Арбен Зибери.Освен еуфоријата и гласното скандирање, во дел од снимката се слуша и извикување како „Умри Филипче“, што најверојатно доаѓа по разрешувањето на Зибери од директорката позиција од страна на министерот Венко Филипче.Гласното скандирање следуваше веднаш по обраќањето на Зибери пред поддржувачите на ДУИ. Од снимката е забележително дека насобраниот народ не ги почитува ниту препораките за заштита од коронавирусот, бидејќи голем дел од нив не носат маски, а пак, оние што носат, ги чуваат под уста.Поддржувачите не одржуваат меѓусебна дистанца, ниту пак дистанца од докторот Зибери.Текстот во целост на: А1ОН

Слајдер | пред 5 години

bacev

(ВИДЕО) Бачев: Народот ќе победи, главата горе Македонци ова е наша земја ние одлучуваме

Претседателот на Единствена Македонија и носител на кандидатска листа на Единствена Македонија и Коалицијата „Никогаш северна - само Македонија“ во изборната единица 4, Јанко Бачев гласаше на избирачкото место број 2845 во ОУ „ Јохан Хајнрих Песталоци“ во скопската општина Центар.

Македонија | пред 5 години

nikoloski-2

Николовски: После цели 18 години прогласуваме победа на парламентарните избори со сигурно водство

„Победа, победа, победа“, вака прес-конференцијата ја започна генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, кој кажа дека СДСМ и коалицијата „Можеме“ води на предвремените парламентарни избори. Според него, од 75 отсто од обработени податоци од изборниот ден, тие имаат убедливо водство. Николовски посочи дека граѓаните го казниле ВМРО-ДПМНЕ за што сега се доказ и гласовите од граѓаните.„ВМРО-ДПМНЕ и скапата бела палата ќе треба да си бараат ново раководство. Коалицијата „Можеме“ според податоците на Централниот изборен штаб, во овој момент, во растечки тренд води со два мандати. Трендот е растечки и ги добиваме и новите информации. Ја имам таа чест како шеф на изборниот штаб да прогласам победа на мојот СДСМ и оваа најголема коалиција. После цели 18 години прогласуваме победа на парламентарните избори со сигурно водство. Во првата изборна единица од 1 со можност на зголемување на бројот на пратеници. Со изедначена битка и со сигурен 10/10. Од третата изборна единица од 1 со можност за зголемување на бројот на пратеници. Со изедначена битка и со сигурен 10/10 во третата изборна единица. И со водство во шестата изборна единица, со тоа што ги очекуваме дополнително резултатите кои се обработуваат. Имаме сигурна, убедена победа од граѓаните во Битола со над 1000 гласа, во Куманово со над 3500 гласа, во Центар над 4100 гласа, во мојата Крива Паланка со над 2500 гласа. Ресен над 1000 гласа. Крушево, Дебар, Долнени, Лозово, многу други општини во сите изборни единици каде граѓаните јасно ја упатија поддршката. Солидна предност и победа имаме во Прилеп и во Берово. Над 1000 гласа победа во Делчево. Победа во Кочани. И да не ги редиме сите останати општини и градови каде граѓаните го поддржаа концептот на коалицијата. Очекуваме ваквиот тренд да расте. Ова покажува дека нашите политики, нашиот одговорен и сериозен пристап, уште еднаш се вреднувани и потврдени, препознаени од граѓантие. Тие го казнија ВМРО затоа што сакаше да донесе опасност“, рече Николовски.Според него, резултатот досега е потврда на храбрите одлуки носени од Владата и претседателот на СДСМ, Зоран Заев во изминативе години. „Негативното деструктивно, незрело и опасно однесување на ВМРО-ДПМНЕ е повторно казнето од граѓаните. Ги слушам од ВМРО-ДПМНЕ и се чудам. Почнаа со информации дека водат со осум, па дека водат со шест пратеници. А сега брифираат дека водат со еден пратеник. Како и да е, за еден час ќе мора да излезат пред граѓаните и јавноста. Во текот на целата кампања кажував и нотирав дека овој 15 јули не само што ќе биде добар, затоа што ќе се потврди овој европски пат и ќе биде обезбедена сигурноста и иднината на сите генерации, туку тој 15 јули ќе се памти како добар ден за ВМРО-ДПМНЕ, таму нека почнат реформите, нека дојдат други луѓе. Нека дојдат чесни луѓе. СДСМ стана оваа година најмодерна, најбрза и најевропска организација и структура, што денес се покажува и потврдува“, додаде Николовски.

Слајдер | пред 5 години

nikoloski-2

Николовски:Очекуваме сигурна победа за СДСМ и чист мандат за коалицијата ‘Можеме’

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, на прес конференција истакна дека според првичните резултати што ги има партијата, тие имаат сигурна победа со огромно водство.Тој рече дека изборите поминале во фер и демократска атмосфера.„Набргу ги очекуваме првите резултати од избирачките места. Со право очекуваме вечерва резултатите да ги потврдат многуте анкети и расположението на граѓаните за што бевме сведоци во текот на кампањата во целата земја. Очекуваме сигурна победа за СДСМ и чист мандат за коалицијата ‘Можеме’. Уште еднаш во оваа пригода им благодарам на граѓаните и институциите бидејќи целиот изборен процес мина во најдобар ред. Очекувам дека и другите политички субјекти ќе им честитаат на институциите и на државата за успешно спроведениот демократски, европски, изборен процес. Првичните резултати кои стигнат до мене од избирачките места покажуваат огромно водство на СДСМ и коалицијата ‘Можеме’“, рече Николовски.Тој им се заблагодари на сите граѓани кои со гласањето придонеле кон изборниот процес.„Денеска, имавме мирен, достоинствен и здравствено безбеден изборен ден, како што ѝ прилега на слободна, демократска, европска држава. Им благодарам на сите граѓани што излегоа да гласаат почитувајќи ги мерките за заштита од коронавирусот и го дадоа својот придонес кон развојот на нашето демократско општество. Чинот на гласање е наш влог во демократскиот прогрес и напредок. Сведоци сме на демократски изборен процес. Во овие вонредни околности уште еднаш потврдуваме дека нашите институции може да се справат со сите предизвици, да обезбедат слободен, фер и демократски изборен процес“, додаде Николовски.

Слајдер | пред 5 години

Damjan-Mancevski1

Манчевски во самоизолација - неговиот возач и заменик министерот позитивни на КОВИД 19

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски преку својот фејсбук профил информираше дека поради позитивниот тест за Ковид-19 на заменик министерот Бајдевски и неговиот возачот, ќе биде во самоизолација.„Каков ден. Се решаваше судбината на државата. Уверен сум дека граѓаните мудро одлучија и решија државата да продолжи напред. Во исто време, откако пројавија симптоми, заменик министерот за информатичко општество и администрација Александар Бајдевски и мојот возач денес се тестираа и се покажаа позитивни на Covid 19. Согласно препораките на епидемиолозите во следните тринаесет дена ќе бидам во самоизолација. Чувајте се и бидете здрави“, напиша Манчевски. 

Македонија | пред 5 години

culev-2

Чулев: Денеска беа евидентирани вкупно 151 настан

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев на денешната прес конференција истакна дека овие парламентарни избори минаа во мирна, фер и демократска атмосфера и се уште еден доказ како за демократската свест на граѓаните така и за капацитетите на институциите, пред сè, на МВР, кое постапуваше крајно одговорно, бескомпромисно и неселективно и во согласност со законските надлежности.Чулев изрази благодарност до сите вклучени во изборниот процес за тоа што тој поминал во демократска и фер атмосфера.„Задоволство ми е и што успеавме во исклучително тешки околности да го дадеме својот максимум да ја обезбедиме безбедноста на овие парламентарни избори“, дополни Чулев.Министерот за внатрешни работи на прес-конференцијата информира и за одредени неправилности и за мерките што биле преземени, како иза постапките што биле поведени.„Заклучно до 20 часот, на сите осум сектори за внатрешни работи, денеска, од отворањето на гласачките места во 7 часот утрово, вкупно беа евидентирани 151 настан, од кои за 31 настан наводите во пријавите по нив не се потврдени. Констатирани се девет прекршоци“, рече Чулев.Тој додаде дека за расчистување на настаните, приведени се осум лица, од кои четири за фотографирање гласачко ливче – три лица за сторени прекршоци и едно кај кое било најдено гласачко ливче.Најмногу прекршоци се пријавени на подрачјето на СВР Струмица – вкупно 38 настани, а по 31 во Скопје и Штип, СВР Битола регистрира 23 настани, СВР Куманово – 14, СВР Тетово – шест и СВР Велес – пет, а најмалку, односно три настани, во Охрид.Пријавите за настаните во најголем дел се за агитирање, вкупно 75,29 за давање поткуп, испишување графити – шест, нарушување на ЈРМ – пет настани, фотографирање гласачко ливче – шест, седум случаи на попречување гласачи и два настана кои се однесуваат на фотографирање гласачи.

Македонија | пред 5 години

Taravari

Таравари: Ние сме во убедлива предност пред ДУИ

Арбен Таравари од Алијансата за Албанците на вечерашната прес-конференција алармира за изборни нерегуларности, но сепак според него Алијансата води пред ДУИ.„Ние сме во убедлива предност пред ДУИ“, изјави Таравари.Според Таравари, имало бугарски воз во две села во Куманово.„Злоупотреби имало и во Сарај, во селата Бојане, Рахович и Глумово. Злоупотреби на гласачите има и во другите изборни единици, но се надевам подоцна нашите екипи ќе ги регистрираат сите и ќе објават на следната прес-конференција“, вели тој.https://www.facebook.com/arbentaravari.mk/videos/971976553261023/

Слајдер | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања