Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

apasiev

Апасиев повикан во обвинителството, отворен предмет за неговите фејсбук-статуси

Основното јавно обвинителство Скопје по пристигнато известување од Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи отвори предмет за статус на социјалната мрежа Фејсбук, објавен од лидер на политичка партија. Истовремено за истото лице пристигнаа две кривични пријави, поднесени од здружението на граѓани Хелсиншки комитет за човекови права и две физички лица, а се однесуваат на друг статус објавен на социјалните мрежи Фејсбук и Твитер, објави 360stepeni.mk. Основното јавно обвинителство Скопје по оформување на предметот, издаде наредби за електронско документирање на сите спорни статуси од социјалните мрежи кои ги објавил пријавениот, до Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи. Воедно, во насока на утврдување на фактите, надлежниот јавен обвинител го повика пријавеното лице да даде исказ во обвинителството.извор: 360stepeni.mk. 

Македонија | пред 5 години

apasiev

Апасиев демантира дека бил повикан во обвинителство: Никој не ме повикал нигде, ако ме повика, ќе идам со задоволство

А бе, уше нога у Собрание не пуштивме, одма со терор, а? :)Хихихии. Срцки соросписки. Ја у политика сум нов, али у право сум ПРОФЕСОР. Немој мене со овие куршуми.p.s. Никој не ме повикал нигде. Ако ме повика, ќе идам со задоволство и пак ќе ги победиме, напиша на својот ФБ профил Димитар Апасиев.

Македонија | пред 5 години

vardar

Инспекторатoт утврдил дека црвената боја во Вардар не е ниту од „Либерти“ ниту од „Макстил“

Државниот инспекторат за животна средина утврдил дека отпадната вода од колекторот, која се влева во реката Вардар, во близина на Бетонската база – Бетон, е со црвена боја, по што земени се мостри за хемиска анализа. Мострите од отпадната вода се однесени во акредитирана лабораторија и во тек е нивно испитување.Извршен е и вонреден инспекциски надзор кај правниот субјект „Либерти“ АД -Скопје, на ул.16 Македонска бригада б.б. и во моментот на надзорот утврдено е дека погонот Лужилница не е во работен режим, односно производниот процес бил целосно сопрен.„Погонот е запрен со работа на 10.07.2020 година во вечерните часови. При увид во пречистителната станица утврдено е дека во истата доаѓа отпадна вода од погон за пластифицирање на лим и од пречистителната станица истекуваа 210 литри/час отпадна вода која е безбојна.Исто така се изврши визуелен увид и во пречистителната станица на „Макстил“ АД – Скопје и од истата истекуваше безбојна отпадна вода од 100 м3/час.Значи, од извршените увиди и кај двата погореспоменати субјекти нема забележано појава на истекување на црвена отпадна вода“ се вели во извештајот на Инспекторатот.Како што се додава, ниту „Либерти“ АД Скопје ниту „Макстил“ АД немаат пријавено  каков било  инцидент или хаварија во нивните погони, а при увидот во нивните пречистителните станици не е забележано обојување на отпадните води. 

Скопје | пред 5 години

eu-1

ЕУ: Очекуваме стабилна владина коалиција

Eвропската Унија им честита на граѓаните што го остварија своето гласачко право на предвремените парламентарни избори кои се одржаа пред два дена. Во  заедничката изјава  на еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји и шефот на дипломатијата на ЕУ, Џозеп Борел, се вели дека  очекуваат силен парламент и стабилна Влада.„Со нетрпение очекуваме да работиме со силен парламент и стабилна владина коалиција која треба да ја исполни стратешката цел на земјата за интеграција во ЕУ и да ги исполни очекувањата на граѓаните. Ние сме подготвени да продолжиме заеднички да се бориме со пандемијата од Ковид-19 и последиците. Очекуваме властите да продолжат да ги исполнуваат обврските на земјата на патот кон ЕУ, да го одржат и забрзаат реформскиот процес, особено во владеењето на правото, борбата со организираниот криминал и корупцијата, како и понатаму да ги зајакнуваат добрососедските односи“, се вели во изјавата.Според нив, ЕУ ќе продолжи да ја поддржува Северна Македонија на патот кон ЕУ и со нетрпение очекува да се случи првата меѓувладина конференција.Во изјавата тие се повикуваат и на вчерашната оценката на ОБСЕ/ОДИХР за изборите, па нагласуваат дека тие генерално добро организирани и приспособени на ситуацијата со Ковид-19. Кампањата, велат, беше конкурентска и потсетуваат на наодите на набљудувачката мисија дека „правната стабилност“ била нарушена поради ревизиите на законската рамка и последователните владини уредби.„ЕУ очекува политичките чинители, институциите и сите засегнати страни да продолжат да работат заедно и да ги спроведат тие препораки до следните избори“, велат Вархеји и Борел во изјавата.

Македонија | пред 5 години

ukim

Антикорупциската комисија ја запре постапката за избор на ректор на УКИМ

Антикорупциската комисија ја запре постапката за предметот во врска со  избор на ректор на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ – Скопје. Постапката е запрена, велат од Комисијата бидејќи нема основни услови заради состојбата со коронавирусот за доставување уредна достава на уредба до Ректоратот и до ректорот, што е еден од основните услови за понатамошно постапување во согласност со законската регулатива.Постапката по овој предмет е запрена поради ограничените рокови утврдени во членот33, по кој истата беше поведена, се вели во соопштенито од Антикорупциската комисија.

Македонија | пред 5 години

demokrati-1

(ВИДЕО) Реакција на ДЕМОКРАТИ во односот на легитимитетот и кредибилитет на изборите

Реакција на ДЕМОКРАТИ во односот на легитимитетот и кредибилитет на предвремените парламентарни избори 2020https://www.facebook.com/demokratimk/videos/300440591101612/?v=300440591101612

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Струмичанец осомничен за недозволено поседување кокаин

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.Осомничениот, во својот автомобил со струмички регистарски таблици, во левото задно штоп светло, скрил наркотична дрога кокаин со вкупна нето маса од 10,31 грама, спакувама во три полиетиленски пакувања. Дрогата била пронајдена вчера, при претрес од овластени службени лица на наплатната рампа Миладиновци.Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави Предлог за определување мерка притвор за осомничениот 46-годишен жител на струмичкото село Костурино​

Македонија | пред 5 години

zaev3

СДСМ: Граѓаните донесоа важна одлука, новата влада ќе ја води СДСМ

На изборите на 15 јули во фер, слободна, демократска и безбедна атмосфера граѓаните масовно го поддржаа концептот на СДСМ и коалицијата „Можеме“,се вели во соопштението од СДСМ.Иднината е обезбедена, државата продолжува на вистинскиот пат, уште подобро и уште повеќе.Мандатот за составување на следната уште поодговорна и уште поотчетна Влада е кај Зоран Заев, следниот премиер на Република Северна Македонија.Имајќи го предвид изминатиот период исполнет со корона криза и предизборни кампањи, СДСМ се залага во деновите до и околу Илинден граѓаните да може да здивнат од политичките активности на партиите. После Илинден, согласно законските рокови, влегуваме во процес на дефинирање на владината коалиција водена од СДСМ.Законските рокови ќе бидат целосно запазени, државата ќе добие функционални и легитимни институции.СДСМ им честита на граѓаните за демократскиот капацитет со кој донесоа јасна одлука каква Влада и каква држава сакаат во следните четири години, се вели во соопштението. 

Македонија | пред 5 години

nbrm-narodna-banka

Склучен меморандум за соработка помеѓу Народната банка и ОПМ, со којшто се предвидуваат заеднички активности за заштитата на потрошувачите

Народната банка и Организацијата на потрошувачите на Македонија (ОПМ) и заеднички ќе се залагаат за натамошно унапредување на заштитата на потрошувачите – корисници на услугите на банките и штедилниците, во согласност со добрите практики и стандардите во Европската Унија (ЕУ). Се планираат координирани активности за унапредување на регулативата поврзана со заштитата на правата на потрошувачите, како и за обезбедување уште подобро и поефикасно информирање на потрошувачите од страна на банките и штедилниците. Во дел од активностите на Народната банка и ОПМ, акцентот ќе биде ставен и на уште поголема финансиска едукација на населението. Со ваква цел и вакви определби за првпат се склучи меморандум за соработка помеѓу Народната банка, претставена од гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и ОПМ, претставена од претседателката, Маријана Лончар-Велкова.„Во текот на минатата година бевме посветени и на подготовка на нова регулатива за платежните услуги, којашто ќе овозможи и повеќе механизми за институционална заштита на потрошувачите, што е и една од поновите функции на современите централни банки. По почнувањето на корона-кризата, посебно се им посветивме на измените на регулативата со коишто им се овозможи на банките и штедилниците да им излезат во пресрет на кредитокорисниците и да овозможат намалување на нивниот финансиски товар во повеќемесечен период.“ – посочи гувернерката Ангеловска-Бежоска на средбата на којашто беше склучен меморандумот.Таа истакна дека заради успешно остварување на функцијата на заштита на потрошувачите, Народната банка вложува и во едукација на својот кадар во оваа сфера и обезбеди механизми преку коишто може да се следат релевантните искуства од европската централнобанкарска заедница, за да се успее најдобрите европски практики постојано да се спроведуваат и кај нас, во рамките на можностите дадени со регулативата.„Во Програмата за работа на Народната банка за оваа година се опфатени и повеќе активности за унапредување на нашата поставеност како централна банка во оваа сфера. Неодамна е воспоставена и Работна група во рамките на Народната банка, којашто треба да подготви предлог-рамка на активностите во сферата на заштита на правата на клиентите на банките и штедилниците, во согласност со искуствата на европските централнобанкарски практики. Едукативните активности на Народната банка во последните години се насочени кон разработка на конкретни прашања од доменот на банкарските услуги и правата на клиентите. Независно од посветеноста на предизвиците од корона-кризата, ќе продолжиме да работиме и на спроведувањето на овие активности, што се надевам ќе даде видливи резултати во натамошниот период. Токму во тој контекст очекувам дека особено ќе биде важна и плодотворна соработката со ОПМ, преку којашто ќе настојуваме да бидеме и во уште понепосреден контакт со потрошувачите коишто се корисници на услугите на банките и штедилниците.“ – рече Ангеловска-Бежоска.Претседателката на ОПМ, Маријана Лончар-Велкова посочи дека склучувањето на меморандумот со Народната банка ќе придонесе за унапредување на правата на потрошувачите како корисници на финансиските услуги, пред сѐ преку унапредување на законската регулатива, едукација на потрошувачите и транспарентно информирање за продуктите на банките и штедилниците и за правата на потрошувачите при користењето на нивните услуги.„ОПМ во рамките на своите активности во наредниот период ќе се посвети на заштитата на потрошувачите како корисници на финансиски услуги, со посебен акцент на потребата од изработка на водичи наменети за потрошувачите – корисници на потрошувачки и хипотекарни кредити, калкулатори за избор на најповолен кредит како продукт на банките, како и поттикнување механизми за спогодбено решавање на проблемите помеѓу потрошувачите и банките. Во текот на корона-кризата, доставивме и барање до Народната банка во врска со можностите за привремено олеснување на финансискиот товар на засегнатите кредиткорисници, при што беше одбележано дека регулаторните измени коишто тогаш веќе беа донесени се во согласност и со нашите предлози. Секако, ОПМ и натаму ќе ја следи кризата и потребата од проширување на мерките во согласност со потребата на потрошувачите.“ – истакна Лончар-Велкова.Согласно со меморандумот, Народната банка и ОПМ ќе соработуваат и преку спроведување проекти, вклучително и проекти преку коишто ќе се обезбеди подобра информираност на потрошувачите.Во завршницата на средбата на којашто беше склучен меморандумот, Ангеловска-Бежоска и Лончар-Велкова ја истакнаа заемната решеност и подготвеност на Народната банка и ОПМ, приспособувајќи се на условите што ги наметнува состојбата со пандемијата на ковид-19, веќе да се започне со заедничките активности.

Македонија | пред 5 години

vlado-misajlovski

Мисајловски: И покрај целиот изборен фалсификат на власта, граѓаните ја дадоа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ

Тргнавме со негативни анкети од сите страни, но со многу труд, работа и посветеност успеавме да победиме во изборната единица 2.Со целиот изборен фалсификат, енормниот поткуп од владејачката партија, незаконските асфалтирања во тек на кампања во сите населени места, градење на диво канализации и огромни заплашувања од целата листа на СДСМ на чело со премиерот на државата и сите репресивни органи и институции на власта, сепак успеавме да ги победиме, истакна Владо Мисајловски  од ВМРО ДПМНЕ.Јас никогаш нема да го прифатам овој резултат затоа што не ја одликува реалноста и сме сведоци на најголемиот фалсификат во историјата.Но, за мене е важна поддршката од сите граѓани што ни ја дадоа и веруваа во нас и тоа е мојата водилка за борбата секогаш да ја продолжиме.Благодарност до секој еден комитет и член на ВМРО-ДПМНЕ што беше рамо до рамо со мене, благодарност за секој еден што ни ја отвори вратата и што не прими во дворовите и пред зградите, благодарност за моите сопартијци што беа со мене во најтешкото време и никогаш не потклекнаа на ништо, благодарност за сите граѓани што не поддржаа и затоа имајќи ги овие луѓе до себе, најмногу вреди да продолжиме да се бориме за Македонија и за ВМРО-ДПМНЕ, истакна Владо Мисајловски  од ВМРО ДПМНЕ. 

Македонија | пред 5 години

gradinka-2

Приватна градинка во Карпош згрижувала деца во услови на пандемија

Приватна градинка, лоцирана во кругот на основно училиште на ул. Карпошово востание во Скопје, работела и згрижувала деца и покрај забраната поради епидемијата на коронавирус.По претходна пријава од граѓанин, полициски службеници вчера околу 10:30 часот излегле на терен и утврдиле дека градинакта работи и дека се згрижени осум деца, а во неа работат и 12 лица, меѓу кои и директорката Т.И. и сопственичката Е.Н..Во координација со Јавен обвинител, на местото излегле преставници на Државниот санитарен и здравствен инспекторот и Државниот инспекторат за труд. Тие констатирале дека не биле почитувани протоколите за работа на градинки во услови на прогласена пандемија на коронавирус, поради што детската градинка ја затвориле и ги известиле родителите да ги земат децата кои биле згрижени во објектот.И директорката и сопственичката на градинката добија кривична пријава поради непочитување на здравствените прописи за време на епидемијата.

Скопје | пред 5 години

6-2

Ова се новите пратеници според сегашниот распоред на мандати

Државната изборна комисија вчера ги соопшти првите неофицијални резултати од изборите. Според нив, коалицијата на СДСМ и Беса освои 46 мандати, коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ освои 44 пратеници, ДУИ 15, Алијанса за Албанците и Алтернатива 12, Левица освои 2 пратеника и ДПА 1 пратеник.неофицијално ова се пратениците кои ќе влезат во новиот собраниски состав по изборни единици.Коалиција Можеме предводена од СДСМ:Прва изборна единица Никола ДимитровМила ЦаровскаДамјан МанчевскиМоника ЗајковаДарко КаевскиГоран МисовскиКастриот РеџепиМарија ГеоргиевскаВтора изборна единицаОливер СпасовскиСања ЛукаревскаМухамед ЗеќириДаниела МаркоскаМартин КостовскиЉатифе ШиковскаБастри БајрамиТрета изборна единицаЉупчо НиколовскиЈагода ШахпаскаСашко НиколовМаја МорачанинНенад КоциќСоња МихајловскаЉупчо БалковскиМарија АнгеловаИлија НиколовскиЧетврта изборна единицаЗоран ЗаевСоња МираковскаМиле ТалевскиДаниела КолеваПанчо МиновМарија КостадиноваКостадин КостадиновЛолита РистоваПавле ТрајановКоле ЧаракчиевПетта изборна единицаРадмила ШекеринскаЈован МитрескиБисера Стојчевска-КостадиновскаЛазе ТаневскиБети Наумовска-РабаџиевскаЕнес ИбрахимБоби МојсоскиЖаклина ЛазаревскаШеста изборна единицаБиљал КасамиФаница НиколоскаБејџан ИљасФадил ЗенделиКоалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕПрва изборна единицаГордана Силјаноска-ДавковаТимчо МуцунскиСиниша СтојановскиБети Стаменковска-ТрајковскаЉупчо ДимовскиЉупчо ПренџовВелика Стојкова-СерафимовскаВтора изборна единицаВладо МисајловскиРашела МизрахиБране ПетрушевскиИван СтоиљковиќЖаклина ПешевскаДарко КостовскиБојан СтојановскиТрета изборна единицаИгор ЈанушевИван ЈордановБлагица ЛасовскаИванка ВасилевскаСтојан МилановИгор ЗдравковскиМиле ЛефковНикола МицевскиДаниела ХристоваМарија ПетрушевскаЧетврта изборна единицаАлександар НиколоскиАне ЛашкоскаДајанчо ЕфтимовЕли ПановаЗоран ЈованчевПетар РистескиЗдравко ТрајановАнгелина ПетковаЗлатко ПенковЈадранка ПоцковаПетта изборна единицаИгор ДурловскиАнтонио МилошоскиСилвана АнгелевскаКирил ПецаковЈован ЈаулескиОлга ЛозановскаЃорѓија СајковскиЛидија ПеткоскаШеста изборна единицаДафина СтојаноскаАлександар ВелјановскиДемократска унија за интеграција – ДУИПрва изборна единицаИзет МеџитиАрбен ЗибериВтора изборна единицаАрбер АдемиБерат АјдариМерита Колчи КоџаџикуПетта изборна единицаТалат ЏафериИсмаил ЈахоскиАрбана ПашолиШеста изборна единицаАли АхметиФљорин БесимиАрта Билали ЗенделиНасер НурединиБајрам РеџепиВјолца АдемиБајрам КадријаКоалиција на Алијанса за Албанците и АлтернативаПрва изборна единицаСкендер РеџепиАбдула СалиуВтора изборна единицаАфрим ГашиЕљми АзириСафије Садики ШаиниПетта изборна единицаСурија РашидиШеста изборна единицаЗијадин СелаАтнан НезириИлире ДаутиХусни ИсмаилиХалил СнопчеАртина ЌазимиЛевицаПрва изборна единицаДимитар АпасиевТрета изборна единицаБорислав КрмовДемократска партија на Албанците – ДПАШеста изборна единицаМендух Тачи

Македонија | пред 5 години

Hematologija-fot.1

Извршена трансплантација на хематопоетски матични клетки од несроден донор кај пациент со акутна леукемија

Стручниот тим на Универзитетската Клиника за хематологија првпат досега изврши трансплантација на хематопоетски матични клетки од несроден донор кај пациент на 68 годишна возраст, со дијагноза акутна миелобластна леукемија.Од клиниката информираат дека пациентот Иван од Кочани е највозрасниот пациент со акутна леукемија, кој е лекуван со ваков современ тераписки пристап на клиниката. Применето е немиелоаблативно кондиционирање со хемотерапија пред интервенцијата, адаптирано на возраста на болниот и неговите коморбидитети.- Му посакуваме успешен исход од лекувањето и упатуваме благодарност до несродниот хуман донор од Германија, кој на возраст од 21 година одлучи несебично да донира матични клетки и да спаси човечки живот. Воедно, тимот од Универзитетската клиника за хематологија и македонскиот регистер на доброволни донори со континуирана поддршка од Министерството за здравство и во овие сериозни времиња на пандемија овозможија непрекинато одвивање на овие интервенции со клеточен материјал, кој се транспортира од странски донорски регистри, посочи директорката Ирина Пановска-Ставридис.Д-р Пановска-Ставридис потсетува дека во континуитет продолжува кампањата „Биди срцевина, биди херој“, со апел граѓаните да ја покажат својата хуманост и солидарност со зачленување во регистарот, со што ќе станат потенцијални дарители на коскена срцевина.

Македонија | пред 5 години

karticki

До утре треба да се поделат последните платежни картички

Истекува рокот за предавање на домашната платежна картичка на оние граѓани што ги исполнија условите. Банките имаа рок да ги издадат до 18 јули, односно утре, а граѓаните може да ги искористат најдоцна на 15 август годинава.Домашна платежна картичка добија над 324 илјади граѓани, во четири категории. Првата група доби домашна платежна картичка во вредност од 9.000 денари, каде што спаѓаат лица со низок доход, приматели на социјална помош и активни баратели на работа, кои во минатата година немале поголеми приходи од 180 илјади денари, или годинава од јануари до април не повеќе од 60 илјади денари според податоците на УЈП. Во оваа група се опфатени над 114 илјади граѓани.Во втората група се околу 117 илјади лица кои добиваат по 3.000 денари, односно граѓани кои се во работен однос, но чии примања во првите четири месеци не надминуваат 60 илјади денари. Оваа категорија дополнително доби и ваучер за туризам, кој веќе почна да се користи.Во третата група се младите од 16 до 29 години кои се дел од државното образование и кои добија финансиска поддршка по 3.000 денари, а четвртата група ја сочинуваат здравствените работници со поддршка од 40 отсто од последната нето-плата. Целиот проект е проценет на 28 милиони евра и средствата се префрлени кај банките што ги издаваат. До крајниот рок треба да бидат изработени сите картички од листата и да се продолжи со печатење на картичките од усвоените приговори.Оние кои веќе ги добиле картичките истите може да ги користат во: хотели, одморалишта, кампови и други објекти за сместување, туристички агенции и оператори, ресторани, достава и подготовка на храна и пијалаци, супермаркети, продавници за храна, пекарници, мебел, осветлување, производи за домаќинства, книжарници и продавници за книги, спортска опрема, продавници за облека, обувки, предмети од кожа, аптеки, фризерски салони и салони за убавина и други услужни дејности.

Македонија | пред 5 години

migranti_kola

Комбе со мигранти удрило во рампата на наплатната кај Миладиновци

Товарно моторно возило Ивеко во кое имало мигранти, изутрината удрило во рапма, а потоа во бетонска жардињера на наплатната станица кај Миладиновци во близина на Скопје.Како што соопштија од МВР за МИА, во 8:20 часот утрово во СВР Скопје било проијавено дека ТМВ Ивеко со скопски регистарски таблички удрило во рампата и потоа во бетонска жардињера на наплатната станица Миладиновци.Возачот го напуштил местото на настанот, а во визолото била пронајдена група мигранти, информираат од МВР.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Денеска сончево со мала облачност и температура до 34 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Попладне главно во планинските подрачја ќе има услови за локален дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени.В сабота ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења и појава на град.

Македонија | пред 5 години

dik-1

Три партии прогласија победа, ДИК не знае дека има избори, велат граѓаните

На социјалните мрежи грст коментари за предвремените избори, поточно за броењето на гласовите. Дел од нив се со доза на хумор.ВМРО ДПМНЕ: Победивме на избориве!СДСМ: Победивме на избориве!ДУИ: Победивме на избориве!ДИК: Кои избори?, стои во објава на социјалните мрежи.

Македонија | пред 5 години

dik-sednica

ДИК: Коалицијата „Можеме“ освоила 327.329 гласа, а ВМРО-ДПМНЕ – 315.344

Државната изборна комисија на прес-конференција соопшти дека СДСМ и коалицијата „Можеме“ освоиле најмногу гласови на парламентарните избори, односно 327.329 гласа.ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата освоиле 315.344 гласа, ДУИ – 104.587 гласа, Алијансата за Албанците и Алтернативата – 81.297, Левицата – 37.551, ДПА – 13.891, Интегра – 12.291, ГДУ – 3.555 гласа, соопшти претседателот на ДИК, Оливер Дерковски.Според неофицијалните резултати од предвремените избори што се одржаа вчера, коалицијата предводена од СДСМ освоила 327.329 гласа, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата имаат 315.344 гласа, а ДУИ освоила 104.587 гласа.Алијансата за Албанците и Алтернативата имаат освено 81.297 гласа, Левицата добила 37.551 глас, ДПА има 13.891 глас, Интегра добила 12.291 глас, ГДУ добила 3.555, работничката партија МОРО добила 3.245 гласа, Глас за Македонија има 2.801 глас, Единствена Македонија добила 2.604 гласа, СДУ има 2.585 гласа, Твоја има 1.894 гласа, демократите имаат 1.556 гласа и Народната партија на Ромите добила 1.225 гласа.ДИК објави дека СДСМ освоил 46 мандати, а ВМРО-ДПМНЕ има 44 мандати. ДУИ има 15 мандати, Алијансата за Албанците има 12 мандати. Левицата има вкупно два мандата и ДПА еден мандат. Во Првата изборна единица СДСМ има осум мандати, ВМРО-ДПМНЕ има 7 мандати, ДУИ има два мандата, Алијансата за Албанците и Алтернативата добиле два мандата и Левицата има еден мандат.„Во Првата изборна единица коалицијата ‘Можеме’ освоила 54.578 гласа, односно 34,12 проценти. ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата освоиле 50.564 гласа или 31,61 процент. ДУИ освоила 19.672 гласа или 12,03 проценти од гласовите. Алијансата за Албанците освоила 14.143 гласа или 8,84 проценти. Левицата освоила 12.124 гласа во Првата изборна единица или 7,58 проценти. Интегра освоила 2.447 гласа, ДПА има 1.964 гласа, Твоја има 1.210 гласа, Глас за Македонија добила 940 гласа, СДУ има 778 гласа, ГДУ – 530, МОРО – 451, Единствена Македонија има 334 и демократите – 216 гласа“, рече Дерковски.Во Втората изборна единица ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ имаат еднаков број, односно по седум мандати. ДУИ и Алијансата за Албанците со Алтернативата имаат по три мандати. Во Втората изборна единица ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата освиле 47.929 гласа, односно 31,34 процент.Коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ освоила 47.852 гласа или 31,29 процент. ДУИ освоила 22.078 гласа или 14,44 проценти. Алијансата за Албанците и Алтернативата има 20.783 гласа, односно 13,59 проценти. Левицата освоила 5.896 гласа или 3,86 проценти. Интегра има 2.516 гласа или 1,65 процент. ДПА има 1.821 глас, Народната партија на Ромите има 1.225 гласа, Единствена Македонија има 552 гласа, Глас за Македонија има 488 гласа, СДУ има 427 гласа, МОРО има 402, Твоја има 390, ГДУ има 348 и демократите има 236. Во Третата изборна единица ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата имата 10 мандати, СДСМ има 9 мандати и Левицата има 1 мандат.Во Изборната единица три ВМРО-ДПМНЕ добила 71.551 глас или 45,82 проценти. Коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ има 66.853 гласа или 42,81 процента. Левицата освоила 6.939 гласа или 4,44 проценти. ДУИ има 3.331 глас или 2,13 процента. Интегра има 2.364 гласа, ГДУ има 1.448. Алијансата за Албанците и Алтернативата освоиле 992 гласа, МОРО има 773 гласа, СДУ има 473, Глас за Македонија има 456 гласа, Единствена Македонија има 404 гласа, демократите имаат 283 гласа, ДПА има 242 гласа. Во „четворката“ СДСМ освоил 10 мандати, ВМРО-ДПМНЕ има 10 мандати.Во Четвртата изборна единица коалицијата „Можеме“, предводена од СДСМ, освоила 77.195 гласа или 46,76 проценти. ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата освоиле 74.478 гласа или 45,11 проценти. Левицата освоила 6.836 гласа или 4,14 проценти. Интегра има 2.706 гласа или 1,64 процент. Единствена Македонија има 839, МОРО има 703, СДУ, пак, освоила 502 гласа, Глас за Маедконија има 493, ГДУ има 450, демократите – 397, ДУИ има 293 и Алијансата за Албанците и Алтернативата имаат 213 гласа. Во „петката“ СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ имаат еднаков број мандати, односно по осум. ДУИ, пак, доби три мандати, а Алијансата на Албанците со Алтернативата добија еден мандат.Во Петата изборна единица коалицијата „Можеме“, предводена од СДСМ, освоила 56.622 гласа или 36,67 проценти. Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ освоила 55.159 гласа или 35,72 проценти. ДУИ освоила 21.745 гласа или 14,08 проценти. Алијансата за Албанците и Алтернативата имаат 10.716 или 6,94 проценти. Левица освила 4.715 гласа или 3,05 проценти. Интегра има 1.731, ДПА – 781, ГДУ има 739 гласа, МОРО има 543 гласа, Глас за Македонија има 424 гласа, СДУ има 405, Твоја има 294, Единствена Македонија има 293 и демократите имаат 234 гласа.Во последната, односно Шестата изборна единица, ДУИ освоила седум мандати, Алијансата за Албанците и Алтернативата имаат по шест мандати, коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ има четири мандати, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата имаат два мандата и еден мандат има ДПА. Во Шестата изборна единица ДУИ освоила 37.468 гласа или 30,41 проценти. Алијансата за Албанците и Алтернативата имаат 34.450 гласа, односно 27,096 проценти. Коалицијата „Можеме“ освоила 24.229 гласа или 19,67 проценти. ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата имаат 19.663 гласа или 12,71 проценти. ДПА освоила 9.083 гласа или 7,37 проценти. Левицата има 1.041 глас, Интегра има 527 гласа, МОРО има 373, демократите имаат 190 и Единствена Македонија добила 182 гласа.

Македонија | пред 5 години

centar

Информација до здружението на пчелари

Согласно Законот за заштита  на населението од заразни болести ( Сл. весник на РМ 66/2004, 139/2008 и 99/2009,  149/2014, 150/2015 i 37/2016), а врз основа на одлуката на Советот на Општина Охрид за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општина   како општа противепидемиска мерка ЈЗУ Центар за јавно здравје Охрид го издава следното  соопштение:Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Охрид  дека   во деновите 18.07.2020 год.(сабота), 19.07.2020 год. (недела) и 20.07.2020 год. (понеделник) екипите на Центар за јавно здравје Охрид  ќе спроведат теристичка (од земја ) дезинсекција против комарци. Запрашувањето ќе се врши во период од 22 до 06 часот со апарат за УЛВ ладно запрашување.Со дезинсекцијата ќе биде  опфатено Охридското крајбрежјето на потек од с. Подмолје до  комплексот Св. Наум, територијата на град Охрид, потек на река Грашница, Коселска Река.Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги превземат   соодветните мерки за заштита на на пчелите. .Во случај на појава на неповолни временски услови  (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.За сите информации и прашања отворен телефон за контакт во Центар за јавно здравје Охрид е  231 881: 230 231

Македонија | пред 5 години

pozar

Жена починала во пожат во својот дом

Во претпладневните часови на 13 јули во полициската станица во Крива Паланка било пријавено дека на улицата 8 Октомври настанал пожар во куќа сопственост на 57-годишна жена, која како последица на пожарот починала.Пожарот бил изгаснат од противпожарната екипа во Крива Паланка, а полицијата работи на расчистување на случајот.

Македонија | пред 5 години

pistol

Куршум истрелан кон избирачко место додека се пребројувале гласовите

Во вечерните часови на 15 јули во скопската полиција било пријавено дека во градинка на улицата Коста Новаковиќ, додека се вршело пребројување на гласачкиот материјал, се слушнало пукање, а проектил завршил во гласачкото место број 2687.Во тој момент во просторијата биле присутни претседателот и седум члена на изборната комисија.Повредени лица нема, а оштетен е ѕидот низ кој поминал проектилот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 5 години

bacev

Бачев и коалицијата поднесоја приговори до ДИК, вели на гласачкото место останавме безимени

Претседателот на Единствена Македонија, Јанко Бачев, поднесе приговор до ДИК и бара одговорност зашто името на нивната коалиција „Никогаш Северна – само Македонија“ било тргнато од гласачките ливчиња и наместо тоа останал само редниот број 11. Бачев вели дека се сомнева дека името на нивната коалиција било отстрането од избирачките ливчиња по реакција од страна на грчката амбасада, непосредно пред почетокот на изборниот ден.„На овие избори останавме безимени. Во последен момент името на коалицијата беше тргнато од гласачкото ливче. Граѓаните беа збунети, но и ние, кога видовме дека стои само редниот број 11 и празно место. 20 дена водевме кампања под овој назив и бевме прифатени од страна на ДИК и заведени под ова име. Затоа денес поднесовме приговор по основ на изборна измама и повреда на избирачкото право на подносителот на листа. Немаме потврдено, но колку што разбравме реакцијата дошла од страна на грчката амбасада, која извршила притисок кај власта и ние останавме безимени. Срамно и штетно е што ни го направија ова“, вели Бачев.Бачев се сомнева и во изборна манипулација со гласовите на нивната коалиција за што поднесе уште еден приговор до ДИК со кој бара увид во над 24 илјади гласачки ливчиња кои се водат како неважечки, а според него требало да бидат гласови од коалицијата.Имаме 24.066 неважечки ливчиња на кои е заокружен бројот 11, тоа е глас за нашата коалиција, но до нив стои некаков знак, цртичка или точка и така станале неважечки. Сомнително е како може толку многу гласови да бидат неважечки на ист начин. Затоа бараме увид во неважечките ливчиња кои, според сознанијата од набљудувачите на терен, се многу повеќе од оваа бројка“, изјави Бачев.Бачев додава дека доколку не ги имало овие работи во изборниот процес коалицијата би имала најмалку двајца пратеници во Собранието.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

(ФОТО) Детска клиника постави монтажна општа амбуланта за заштита од ширење на коронавирусот меѓу најмладите пациенти

Министерството за здравство информира дека е поставена монтажна општа амбуланта во состав на Универзитетската клиника за детски болести, како дел од активностите за враќање на редовно работење на дел од клиниките, а со цел заштита од евентуално ширење на Ковид-19 кај најмладите пациенти.Во оваа монтажна амбуланта ќе се прегледуваат сите деца кои не се закажани преку електронскиот систем МојТермин. Овие деца досега беа прегледувани во амбулантите во зградата на Детската клиника, а заради актуелната пандемија со Ковид-19, пациентите кои ќе доаѓаат на преглед, и физички ќе бидат дистанцирани од другите пациенти кои се закажани во МојТермин, со цел заштита од ширење на коронавирусот меѓу пациентите.Во новопоставената монтажна општа амбуланта има соба за интервенции, соба за преглед на пациенти, сестринска соба, тоалет, шалтер и чекална за пациентите. Објектот е комплетно климатизиран и ќе функционира согласно сите стандарди за безбеден третман на пациентите. Монтажната амбуланта на Детската клиника е донација од Македонски Телеком.Од Клиниката за детски болести напоменуваат дека децата кои се сомнителни или се со симптоми на Ковид-19 и понатаму ќе се прегледуваат и хоспитализираат во Болницата за белодробни заболувања Козле и на Инфективната клиника.

Македонија | пред 5 години

Iliaja-dimovski

Димовски: Треба рачно пребројување на гласовите со увид од партии, медиуми, организации

Треба да се спроведе РАЧНО ПРЕБРОЈУВАЊЕ НА ГЛАСОВИТЕ, со увид од страна на сите заинтересирани партии, медиуми, организации... !!!Се различно од тоа ќе значи зголемување на недовербата и разочарувањето кај граѓаните... !!!Се друго ќе значи уште поголема криза..., напиша на својот ФБ профил Илија Димовски од ВМРО ДПМНЕ.https://www.facebook.com/ilija.dimovski/posts/10223265133640338

Македонија | пред 5 години

dik-sajt

ДИК поднесе пријава во полиција за хакирањето на сајтот, вчера паднал и сајтот на МВР

Покрај падот на сајтот на Државната изборна комисија ДИК и на Тајм.мк, вчера во текот на денот во траење во неколку часа „паднал“ и сајтот на Министерството за внатрешни работи.Од МВР за МИА информираа дека Секторот за компјутерски криминал работи на откривање на причините за падот на сајтот на полицијата кој вчера бил во прекин неколку часа по што повторно бил активиран.Денеска пријава до МВР поднела само Државната изборна комисија.Претседателот на ДИК Оливер Деркоски изјави дека нападот е пријавен во Министерството за внатрешни работи лично до министерот и оти очекуваат припадници на полицијата да дојдат во Комисијата. Како што кажа Деркоски, станува збор за хакерски напад од надвор и оти случајот ќе се испитува.Хакерска група вчера го хакираше сајтот на агреторот на вести Тајм.мк на кој се појавуваа фотографија на група која себе си се нарекува Анонопсмкд, под мотото „Не простуваме, не забораваме. Очекувајте не“.– Поминаа уште едни „демократски избори“ и како што може да забележиме истата приказна е секои 3-4 години само што овој пат село гори баба на избори оди. Ама што да правиш кога гласачкото тело е еден огромен паразит што гледа само да цица од државна ци*ка додека е заведено од празните ветувања на сите партии во оваа наша прекрасна држава, пишува во дел од пораката на хакерската група.

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања