Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

vmro_dpmne

ВМРО ДПМНЕ: СДСМ ја донесе државата до питачки стап

СДСМ ја донесе државата до питачки стап. Лошиот менаџмент со државната каса ќе резултира со буџетска дупка од 1 милијарда евра само оваа година. Заев и Нина Ангеловска пет пати го менуваат ставот за кондицијата на македонската економија. За на крај да признаат дека се соочуваме со катастрофа, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.СДСМ не се водеше од интересот на народот, туку од теснопартиските пресметки.Економијата е целосно притисната и без изгледи за раст.Партијата која ветуваше 5-7% раст на БДП годишно, сега и приредува дебакл на економијата, која е на шкрги веќе подолг период.Македонија не може понатаму со СДСМ.Заев и СДСМ мора да си заминат, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 5 години

120190520_075956

Денеска сончево со мала до умерена облачност и со локална појава на дожд

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, во западните делови со засилен западен ветер. Локално ќе има појава на пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме. Попладне времето постепено ќе се стабилизира. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 24 до 31 степен. 

Македонија | пред 5 години

vasko-eftov-e1595016356510

Зошто „наше дете“ не победи на изборите?

Поминаа неколку дена од изборите на 15 јули и веќе можат да се прават првичните анализи за причините да имаме ваква изборна разврска.Филип Петровски во интервју за емисијата Во Центар вели дека победи човекот кој направи се спротивно или на штета на македонските национални интереси. Тој човек го порази Христијан Мицкоски, од кого на сите анкети имаше двојно повисок личен рејтинг.Според Петровски, Мицкоски беше донесен на чело на партијата да биде спроведена токму оваа агенда и сценарио.Повеќе во емисијата Во Центар на youtube, недела во 22 часот!

Македонија | пред 5 години

ulici

Седмичен преглед на реализирани активности од страна на Охридската Локална самоуправа

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески на својот ФБ профил го објави Седмичниот преглед на реализирани активности од страна на Локалната самоуправа📌Асфалтирање на краци на улица „Радојца Новичиќ“;📌Асфалтирање на улици во село Велгошти;📌Се вршат тековни градежни активности за реконструкција на▪️Улица „Охридска Бригада“;▪️Улица „Прва Македонска ударна бригада“;▪️Улица„15 Корпус“;▪️Улица „Абас Емин“;▪️Улица во поранешна касарна;▪️Краци на улица „Даме Груев“ во населбата „Христо Узунов“, напиша градоначалникот на ФБ.https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/pcb.637958943476379/637958876809719/?type=3&theater

Македонија | пред 5 години

apasiel

Апасиев: Поднесовме 1.982 приговори да си ги повратиме тројцата украдени пратеници

Левица на десет минути пред истекот на законскиот рок, во архивата на ДИК, ги поднесе своите 1.982 писмени приговори.-На десет минути пред истекот на законскиот рок, во архивата на ДИК, Левица ги поднесе своите 1.982 писмени ПРИГОВОРИ (уредно спакувани во четири регистратори) – за да си ги повратиме тројцата украдени пратеници!, напиша Димитар Апасиев претседателот на Левица.https://www.facebook.com/PartijaLevica/photos/a.257980395128476/615405816052597/?type=3&theater

Македонија | пред 5 години

mickoski

Случајност или фејсбук поддршка од членови на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и дел од новите пратеници за Мицкоски

Фотографија која на Фејсбук ја објави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски со партискиот шеф Христијан Мицкоски со порака „Одиме до крај! Друга опција немаме Претседателе“, можеби и немаше да претставува изненадување и ќе се подведеше како вообичаен начин на партиска комуникација и меѓусебно бодрење, ако сосема случајно, слична содржина не забележавме и кај идната пратеничка Бети Стаменковска Трајкоска, објави 360stepeni.mk. Одиме до крај!Друга опција немаме Претседателе! Со мудрост до целта!Да живее Република Македонија! 🇲🇰🦁https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10223317710392034&set=a.2248133323848&type=3&theaterПод фотографијата Стаменкска Трајкоска пишува: https://www.facebook.com/betistamenkoska/photos/a.135882034775963/152813723082794/?type=3&theaterОвие статуси само ја поттикнаа новинарската љубопитност, па решивме да направиме мала проверка на Фејсбук профилите на пратениците кои беа избрани од листата на ВМРО-ДПМНЕ на вонредните избори и на членовите на Извршниот комитет на оваа партија, пишува 360stepeni.mk. По отворањето на неколку профили, станува јасно дека во истиот стил, фотографија со лидерот и објава со поддршка, синоќа, со разлика од неколку часа пласирале десетина членови на највисокото партиско раководство и идни членови на македонското собрание од редовите на оваа партија.Без да навлегуваме во тоа дали се работи за случајност или синхронизација, интересно е дека сите што го презеле овој чекор, говорат за тоа дека Мицкоски треба да остане лидер на партија.Претседателот на УМС на ВМРО ДПМНЕ, Јован Јаулески, сликан со лидерот на спортски натпревар порачува „нема откажување“, што логично води до претпоставка дека целта е можеби да се премисли некој што размислува за повлекување.Нашиот избор бил, е и ќе биде Македонија!Нема откажување! Текстот во целост на: 360stepeni.mk.   

Македонија | пред 5 години

pecak

Пецаков: ОК го превзедовме во време кога многу мал број на луѓе ја фаќаа кваката од штабот, сега ја вративме доведбата на гласачите

Коалицијата предводена од СДСМ освои 46, а коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ 44 пратенички мандати. Охриѓанец кој стана пратеник од ВМРО ДПМНЕ од ИЕ 5 е Кирил Пецаков. Тој вели дека самиот ден на изборите, освен делот каде што имаше хакерски упад во системот на ДИК доведе во ситуација многу луѓе да се сомневаат со резултатите, записниците од избирачките места рачно еден по еден се пребројуваа, на два пати од страна на ДИК и се донесоја резултатите.„Нарегуларностите повеќе беа изразени претходните денови со организираниот поткуп и притисок од страна на власта кој се вршеше брз гласачите. На денот го видовме врвот на тие нерегуларности“, истакна за Охрид 1 Пецаков.Што се однесува за барањето на ДУИ според кое бара албанев за премиер Пецаков вели:„Барањата од ДУИ ги знаеме, а ние имаме јасен и прецизен став и црвени линии околу преговарањето и стоиме на тоа. Но, секако сме отворени за преговори поврзани за коалиција кои допрва ќе почнат. Со официјализирањето на нашите мандати како пратеници ќе започнат и преговорите“, категоричен е Пецаков.Тој додава дека она кое го започнале како опозиција во опозиција во 2017 год. па се до денеска во континуитет работат со сите охриѓани.„Од денешен аспект моам да кажам дека не подржаа со огромна доверба, поточно разликата со СДСМ беше 1667 гласа. Ова ќе биде база за понатамошни добри резултати“, вели Пецаков и додава:„Ние ја превзедовеме партијата во едно лошо време кога многу мал број на луѓе ја фаќаа кваката од штабот. Функциониравме без поддршка од луѓе кои претходно биле на одредени позиции, но успеавме и се издигнавме како раководство. Не е случајна победата. Континуираната работа на месните комитети и и Општинакиот комитет го донесоја овој резултат“, категоричен е тој.На прашањето дали може да ни се случи повторно пратеници од ВМРО ДПМНЕ да не ја поддржат матичната партија и да гласаат спротивно на партиските ставови, Пецаков вели:„Никогаш повеќе неможе да се повтори пратеници од ВМРО ДПМНЕ да заминат  и да подржат точка која не е во интерес на партијата. Еве за мене лино ќе кажам, во овој град јас планирам и понатаму да живеам. Пратеничкиот мандат и политиката народско кажано е денес си утре не си, повторно ќе треба со истите луѓе да живеам. На крај од политичката кариера најбитно нешто е образот, така да мојот ќе остане чист поврзано со ВМРО ДПМНЕ“, истакна Пецаков.https://www.facebook.com/ohrid1/videos/208014750538333/

Македонија | пред 5 години

patarina1

Скопјанец превезувал 43 мигранти, но удрил во патарина, па побегнал

Вчера на автопатот Куманово – Скопје, на наплатна станица Миладиновци, товарно возило со скопски регистарски ознаки, управувано од засега непознат возач, удрило во бетонски столб на една од кабините.По незгодата, возачот побегнал од местото,а при преглед во возилото, во товарниот дел биле пронајдени 43 лица мигранти од кои 13 од Бангладеш, 11 од Пакистан, 10 од Сирија, пет од Авганистан и четири од Турција.Во незгодата, едно лице се здобило со телесни повреди. За настанот бил известен Јавен обвинител, а мигрантите биле сместени во прифатниот центар „Винојуг“ во Гевгелија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 5 години

korona-njemacka

Денеска рекордни 241 нови случаи на ковид 19, полинаа 8 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1700 тестирања, а регистрирани се 241 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-73, Куманово-10, Дебар-1, Штип-60, Прилеп-5, Тетово-32, Струга-3, Велес-1, Битола-3, Охрид-2, Гостивар-14, Гевгелија-6, Струмица-4, Крива Паланка-3, Радовиш-3, Крушево-1, Кочани-8, Пробиштип-1, Демир Хисар-2, Виница-1, Кратово-1, Свети Николе-5, Кичево-2.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 51 оздравени лица од: Скопје-40, Битола-1, Пробиштип-1, Демир Хисар-1, Кичево-1, Ресен-7.Починати се 8 лица, по двајца пациенти од Скопје, Тетово и Струга, еден пациент од Гостивар и еден од Струмица.На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа тројца пациенти на возраст 59, 61 и 62 години.Во ГОБ „8 септември“ починаа четворица  пациенти – двајца на возраст од 67 години и двајца 76 годишни пациенти. Во КБ Тетово е починат пациент на возраст од 66Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9026,  бројката на оздравени пациенти е 4727, на починати е 414, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3885. Денес се евидентира еден контролен тест од вчерашните, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:•       Скопје 4214, активни 1868•       Куманово 904, активни 236•       Дебар 173, активни 111•       Штип 569, активни 272•       Прилеп 311, активни 62•       Тетово 938, активни 325•       Струга 351, активни 170•       Велес 206, активни 31•       Битола 88, активни 43•       Охрид 231, активни 116•       Кавадарци 28, активни 17•       Гостивар 286, активни 190•       Гевгелија 19, активни 9 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци, еден е од Дојран)•       Струмица 28, активни 19•       Крива Паланка 22, активни 11•       Радовиш 18, активни 14•       Крушево 13, активни 8•       Кочани 88, активни 20•       Пробиштип 42, активни 26•       Демир Хисар 14, активни 12•       Македонски Брод 9, активни 5•       Пехчево 6, активни 1•       Берово 4, активни 1•       Валандово 6, активни 0•       Виница 5, активни 2•       Делчево 1, активни 0•       Кратово 10, активни 6•       Свети Николе 184, активни 169•       Кичево 96, активни 80•       Ресен 140, активни 59•       Неготино 22, активни 2 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 1700 теста се преку: ИЈЗ-475, ЦЈЗ Скопје-23, Авицена-216, Биотек-174, МАНУ -166, Жан Митрев (Филип Втори) –351, Систина со PCR метода -231, Судска медицина -10, ЦЈЗ Битола-54. Досега во земјата се направени вкупно 84916 тестирања на ковид -19.  Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 17 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 93 пациенти. На кислородна поддршка се 44 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.Во болницата во Козле се хоспитализирани 15 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 7 деца позитивни на вирусот.Во ГОБ „8 Септември“ примени се 12 нови, вкупно хоспитализирани се 87 пациент. На респираторна машина се 5 пациенти.Во болницата во Битола се хоспитализирани 35, а во болницата во Штип се хоспитализирани 51 пациент. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 131 пациент - позитивни и сомнителни на ковид-19.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Бачев бара оставки на членовите на ДИК и рачно пребројување на гласовите

Претседателот на партијата Единствена Македонија, Јанко Бачев и предводник на коалцијата „Никогаш Северна-Само Македонија“ поднесе барање до ДИК за поништување на изборите одржани на 15 јули при што обвини за изборен фалсификат.Тој рече дека преку овој документ бара рачно пребројување на ливчињата и оставка на членовите на Државаната изборна комисија.„Со Заклучокот на ДИК број 08 – 1966/1 од 16 јули 2020 е утврдено дека постојат 1.814.236 гласачи а гласале 942.334 гласачи. Ако од 1.814.236 гласачи се одземат 942.334 гласачи се добива бројката од 871.902 лица кои не гласале, што значи дека толку треба да биде бројката и на неупотребуваните гласачки ливчиња. Но, според напред наведениот заклучок на ДИК, бројот на неупотребуваните гласачки ливчиња изнесува 869.889 што значи дека недостигаат 2.013 ливчиња. Каде се!? Тука се, ама со нив е правен фалсификатот преку т.н. бугарски воз“, изјави Бачев.Тој ја повика ДИК на одговорност и за бршењето на името од гласачките ливчиња на нивата коалиција „Никогаш Северна- само Македонија“. Според него недозволиво е бришењето името во последен момент пред печатењето на гласачкиот материјал, бидејќи при поднесувањето на листата во ДИК се заведени под ова име.„Практично ние на изборите настапивме како безимен субјект без да се наведе покрај редниот број во гласачкото ливче и називот на нашите листи: „Никогаш северна – само Македонија“, како што било кај останатите учесници на изборите. Дотолку повеќе, дваесетдневната предизборна кампања ја водевме со називот „Никогаш северна – само Македонија“, така не препознаа бирачите, така не претставуваа и медиумите пред избирачите, а до самиот изборен ден и во изјавите од ДИК до јавноста бевме така најавувани. Но, во последен момент при печатењето на гласачките ливчиња се прави недозволиво бришење на називот на нашите листи: „Никогаш сверена – само Македонија“, изјави Бачев.Според него недоволниот капацитет на оваа институција се темели и на фактот како што рече дека не ги распределила гласовите како што треба, а сомнеж во целиот процес на пребројување фрла и моментот со паѓањето на серверот на нивната веб-страна.„После завршувањето на изборите и евидентирањето на гласовите од страна на ДИК, целата јавност виде дека од ДИК погрешно се распоредени дури 80.000 гласови. Патем, индикативно е што „падна“ менито/категоријата на веб-страната на ДИК – изборни резултати, која остана невидлива за јавноста при прикажувањето на резултатите како пристигнуваат од избирачките одбори, а веб-страната на ДИК во останатиот дел беше функционална, иако не може да падне само поддомејн/едно мени/категорија, а во останатиот дел веб-страната да остане функционална“, вели тој.Што се однесува до приговорите кои ги поднесе оваа коалација, за бришењето на името и за увид во неважечките ливчиња, ДИК ги информирала дека сите приговори од политичките субјекти, вклучително и нивните ќе ги разгледува на првата седница која се очекува да ја закаже в понеделник. Доколку не се уважат нивните приговори, Бачев најави дека правдата ќе ја бараат пред надлежните судови.

Македонија | пред 5 години

koronavirus-test

Фудбалери од ГФК Охрид позитивни на КОВИД 19

Од второлигашот ГФК Охрид информираат дека тројца нивни фудбалери се позитивни на коронавирус.„Сакаме да Ве информираме дека тројца фудбалери од нашиот клуб се позитивни на вирусот ковид -19. Тестовите на сите чинители во клубот ги извршивме во четвртокот, а денеска ни стигнаа резултатите.Ние како клуб ги презедовме сите мерки и ги почитувавме протоколите, но невидлиот непријател бесчујно навлезе и во нашите редови. Од сега понатаму ќе ги следиме насоките од надлежните институции и ќе постапуваме согласно нивните инструкции“, соопштија од охридскиот клуб.

Македонија | пред 5 години

dik-sednica

ДИК ги корегираше резултатите, пронајде уште 1416 гласачи

Државната изборна комисија попладнево донесе заклучок со кој се вршат исправки на техничките грешки при објавувањето на бројките во четвртокот доцна попладне по предвремените парламентарни избори.Според новите бројки, гласале 943.750 гласачи, а бројот на неважечки ливчиња е 31.564.Во четвртокот кое беа презентирани неофицијалните резултати од изборите, ДИК соопшти дека на предвремените парламентарни избори, што се одржаа во неделата се регистрирани 31.466 неважечки ливчиња. Како што беше информирано на јавна седница на Државната изборна комисија, врз основа на податоците од записниците на општинските изборни комисии и целокупниот материјал утврдено е дека вкупниот број на избирачи е 1.814.236, од кои 942.334 гласале.

Македонија | пред 5 години

vlada-zname-nato

Управниот суд одлучи во полза на Владата и ја поништи одлуката на ДКСК за невладините организации

Во името на граѓаните на Република Северна Македонија Управниот суд на седница одржана на 17 јули, решавајќи по тужбата на тужителот Генерален секретаријат на Влада на Република Северна Македонија преку д-р Драги Рашковски, генерален Секретар на Владата, донесе и јавно ја објави пресудата со која ја уважи тужбата на тужителот Влада на Република Северна Македонија - Генерален секретаријат, и ја поништи одлуката на Државната комисија за спречување на корупцијата како неоснована со што приговорот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова за Македонија“ поднесен од овластен потписник Игор Јанушев од Велес на 07 јули 2020 година до Државна комисија за спречување на корупцијата го одби како неоснован.Оваа одлука на Управниот суд доаѓа по поднесениот приговор на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова за Македонија“ во врска со објавениот „Оглас за финансиска поддршка на здруженија и фондации за мерки со справување со КОВИД-19 кризата“, и со потпишување на договори за финансиска помош за исплати на средства од Буџетот на Република Северна Македонија, во период на изборна кампања за предвремени избори за избор на пратеници во Собранието на Република Северна Македонија.Во образложението на Управниот суд  во врска со отфрлањето на одлуката на ДКСК и на приговорот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова за Македонија“ се наведува дека во конкретниот случај се извршило исплата на средства од Буџет на РСМ, за кое нешто биле донесени одлуки и Програма за давање на финансова поддршка, во вонредна состојба, а исплатата претставувала само реализација на овие одлуки и програми, видно од приложените договори, и дека е ирелевантно дали исплатата е направена пред изборите од 15 јули 2020 година.Дополнително, Управниот Суд во образложението истакнува дека согласно член 9 став 1 од Уредбата со законска сила за прашања поврзани со изборите за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија на 15 Јули 2020 година (објавена во „Службен весник на РСМ“ бр.160/2020 од 15.06.2020 година) од денот на влегувањето во сила на оваа уредба со законска сила па се до денот на престанокот на траењето на вонредната состојба не се применуваат членовите 8-а, 75-г, 75-д и 84-а од Изборниот законик, како и членот 34 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси.Целта на извршување на договорите, образложува Управниот суд, е пред сѐ давање помош на тие кои им е потребна, финансова поддршка заради постоење на светска криза заради пандемијата од КОВИД-19 за што биле приложени докази дека се испочитувани сите процедури од страна на Генералниот секретаријат на Владата на РСМ, а датата на исплатата не е спорна за судот, односно пораното исплаќање значи побрза финансова помош во условите на пандемијата.

Скопје | пред 5 години

apasiev

Левица досега поднесе 425 приговори за изборите

Полиичката партија Левица досега поднела 425 приговори за нарушување на изборниот процес до Државната изборна комисија, а ќе продолжи да поднесува уште во текот на денот.Од партијата нагласуваат приговорите се поднесени по бројни нерегуларности во процесот на броењето и сумирањето на резултатите од гласањето, како и по добиените информации за случени манипулации и фалсификати.„„Овие приговори се однесуваат на голем дел од избирачки места од повеќе изборни единици каде набљудувачите на Партијата, но и други лица кои непосредно беа сведоци на броењето на гласовите, ни дадоа информации за манипулации спроведени од страна на лица на ДИК.Со овие манипулативни активности директно е оштетена Политичката партија Левица, на која ѝ се скратени три пратеници, а директно е нарушено и правото на избор на граѓаните чии гласови не се правилно валоризирани“, велат од Левица.Дополнително, оттука известуваат дека поднесувањето приговори ќе продолжи и во текот на денов, се до завршување на законскиот рок од 48 часа.https://www.facebook.com/PartijaLevica/posts/615122592747586

Македонија | пред 5 години

hemofilija-ruka

Годинава воведена нова иновативна терапија за лицата со хемофилија за значително подобрување на квалитетот на живот

Министерството за здравство информира дека од почетокот на оваа година за лицата со хемофилија е воведена иновативна биолошка терапија, која се администрира поткожно, еднаш неделно во домашни услови од самите лица, со што болните и чести венепункции стануваат минато за овие лица. Со оваа терапија (emicuzumab), дополнително и повеќекратно се намалува честотата од крварења. Со тоа, квалитетот на живот се крева на ниво на кое лицата со хемофилија функционираат комплетно независно, без непотребни отсуства од училиште или од работа.До неодамна профилактичната терапија се спроведуваше само кај деца до 18 години со честа интравенска администрација на концентрати на факторот VIII. Министерството за здравство, во соработка со „Националниот комитет за хемофилија и останати вродени болести на системот за коагулација“, кој ги интегрира сите институции вклучени во здравствената заштита на лицата со хемофилија, како и во соработка со претставниците од граѓанските здруженија, постигнаа значајни резултати во изминатите две години за унапредување на севкупната грижа за лицата со хемофилија и останатите вродени заболувања на системот за коагулација. Главниот фокус беше насочен кон подобрување на снабдувањето со фактори на коагулација, како и да се подигне грижата и квалитетот на живот на овие лица преку спроведување профилактичка терапија, не само кај децата, туку и кај возрасните лица со тешка форма на хемофилија А. Профилактичната терапија е значајна бидејќи на тој начин се избегнуваат трајните оштетувања на зглобовите, предзивикани од честите крварења, кои за жал, понекогаш водат кон траен инвалидитет. Десет пациенти од нашата земја веќе ја користат оваа терапија.-Терапијата се воведе во најкритичниот период за здравството, а Клиниката за хематологија и Институтот за трансфузиона медицина-Центар за хемофилија, во соработка со Министерството за здравство, организираа мобилен тим, кој ги посети пациентите низ земјава и ги едуцираше како сами да ја администрираат терапијата. Со оваа терапија значително се подобрува квалитетот на живот на лицата со хемофилија, па така ако досега пациентите венски примаа терапија трипати неделно, и крвареа од зголбови по пет-шест пати, сега лекот го примаат поткожно, еднаш во неделата, без дополнителен ризикот од крварења. Со оваа терапија значително се подобрува квалитетот на живот и функционирањето на овие лица, кои можат да бидат активни, да одат на работа и да придонесуваат во општеството, информираат од Клиниката за хематологија и од Институтот за трансфузиона медицина-Центар за хемофилија.Во регионот, веднаш по земјите членки на Европската унија: Словенија, Хрватска и Бугарија, Северна Македонија е прва земја, која овој лек го направи достапен за лицата со хемофилија.​Согласно акциониот план за спроведување на „Националната стратегија за хемофилија и останати вродени нарушувања на системот за коагулација за 2019-2029 година“, освен подобрување на третманот на лицата со хемофилија се предвидува и имплементација на сигурен и ефективен третман на хемофилија во нашата држава, како и унапредување на евиденцијата на лицата со вродени нарушувања на системот на коагулација, преку имплементација на национален регистар и редовно ажурирање на сите релевантни медицински информации и соодветни трошоци, како и активности за превенција, рана детекција, третман на компликации и на тој начин кон подобрување на квалитетот на живот на лицата со хемофилија и останати вродени нарушувања на системот на коагулација за да се обезбеди интегрирана нега и навремено справување со можните компликации кај овие пациенти.Во изминатите две години, Министерството за здравство воведе и други нови лекови и терапии за пациентите со ретки болести, меѓу кои: лек за спинална мускулна атрофија, за болеста фамилијарна амилоидна полиневропатија, апластична анемија, ампуларна и таблетарна терапија за пациентите со Гоше, како и лек за терапија за пациентите со идиопатска белодробна фиброза. Исто така, воспоставен е електронски регистар за пациентите со ретки болести, кој ги содржи сите основни информации за пациентите заболени од ретки болести, нивната дијагноза, потребната терапија, соодветната клиника на која се лекуваат, како и лекарот кој ги лекува. Со Националната стратегија за ретки болести, изработена со Фондот за здравствено осигурување, МАЛМЕД, Министерството за труд и социјална политика, граѓанските организации и со пациентите со ретки болести е предвидена имплементација на системски решенија за интегрирана нега и навремено справување со можните компликации кај пациентите со ретки болести.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Времето денеска променливо облачно и нестабилно со пороен дожд грмежи и засилен ветер

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно. На повеќе места ќе има пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 20л/м2), силен ветер, електрични празнења и појава на град.Утринската температура ќе се спушти во интервалот од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 21 до 29 степени.Локална нестабилност ќе има и во недела, а од понеделник до среда следува стабилно време со значителен пораст на дневната температура.

Македонија | пред 5 години

dik-1

До ДИК поднесени 82 приговори

До Државната изборна комисија (ДИК) вчера пристигнале 82 приговори и едно барање за увид во неважечките ливчиња од гласањето.Како што информираат од ДИК, најголем број од приговорите, – 74, се од Алијанса за Албанците, а има и два од ВМРО-ДПМНЕ кои се однесуваат на сумирањето на резултатите од гласањето.До 19 часот и 30 минути вечерва може да се поднесуваат приговори за сумирањето и утврдувањето на резултатите од предвремените парламентарни избори.По завршувањето на роковите, ДИК ќе закаже седница на која јавно ќе ги разгледа и ќе одлучува, соопшти вчера претседателот на ДИК, Оливер Деркоски.

Македонија | пред 5 години

esma

(ФОТО) Ќутата од Есма која е оставштина на Македонија, наместо куќа на хуманоста, стана на хоророт

Куќата на кралицата на ромската песна Есма Реџепова- Теодосиевска и Стево по петти пат е испокрадена, личи на дом од хорор филмовите.  Во овие четири години, откако таа не е мегу нас, неодамна повторно крадци провалиле во домот на кралицата, да ја докусурат оставштината, која и онака е разнесена, објави за mms.mk.-Куќата е заглавена во правни лавиринти. Таа по жеба на Есма и Стево Теодосиевски,  по валиден тестамент е оставштина на Македонија. Цел живот зборувале дека по нивната смрт ќе биде дом на хуманост и на музиката. Тие ја подарија на државата со желба да биде музеј  на хуманост и музика. Но, заглавена е во законската регулатива, со оглед на тоа што е подаден приговор, односно оспорување на тој тестамент, кој го прават внуците од нејзините покојни браќа.  Од тие причини таму се се распаѓа, вели Зорана Костовска, претседателка на хуманитарното Здружение „Кралицата Есма и Стево Теодосиевски“, за mms.mk. -На последната, петта по ред,  се одело до таму да, па крадците откорнале делови од прозорците и алуминиумот се продава за ситна пара. Прозорците се испокршени. Мебелот е распарчан, веројатно крадците барале пари. Уметничките слики од Есма се искршени, дел од купатилото е запалено. Страшен неред и смрдеа излегува од куќата. Крадците вршеле нужда внатре.  Текстот во целост на:  mms.mk.фото: mms.mk.  

Македонија | пред 5 години

bacev-1

Бачев: Државната изборна комисија и официјално го потврди фалсификатот, на ДИК му недостасуваат 2.013 ливчиња

Државната изборна комисија и официјално го потврди фалсификатот. На ДИК му недостасуваат 2.013 ливчиња, напиша на својот ФБ профил претседателот на „Единствена Македонија“ и дел од коалицијата „Никогаш Северна само Македонија“, Јанко Бачев. Тој додава :Ако од 1.814.236 гласачи се одземат 942.334 лица кои гласале, се добива бројката од 871.902 лица кои не гласале, што значи дека толку треба да биде бројот и на неупотребени гласачки ливчиња. Но, според Заклучокот на ДИК што можете да го видите на сликата, бројот на неупотребени гласачки ливчиња изнесува 869 889 што значи недостигаат 2.013 ливчиња. Каде се? Тука се, ама со нив е правен фалсификат, напипа Бачев на ФБ.https://www.facebook.com/JankoBachev66/photos/a.211092309468687/705625243348722/?type=3&theater

Македонија | пред 5 години

grubi

Груби: Подготвени сме за соработка со СДСМ, но само ако Насер Зибери е премиер

ДУИ е стабилен партнер коишто не ги менува ставовите да мора на пет дена да се составува влада со нови партнери. Ние сме сериозни и тоа го знаат и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Подготвени сме за соработка со сдсм, но само ако Насер Зибери е премиер, рече Артан Груби од дуи во денешното гостување на Канал 5 телевизија.

Скопје | пред 5 години

bacev-2

(Видео) Бачев: „Никогаш Северна – само Македонија“ е тргнато од гласачкото ливче по реакција на грчката амбасада

Претседателот на Единствена Македонија, Јанко Бачев, поднесе приговор до ДИК и бара одговорност зошто името на нивната коалиција „Никогаш Северна – само Македонија“ било тргнато од гласачките ливчиња и наместо тоа, останал само редниот број 11.Бачев вели дека се сомнева оти името на нивната коалиција било отстрането од избирачките ливчиња по реакција од страна на грчката амбасада непосредно пред почетокот на изборниот ден.„На овие избори останавме безимени. Во последен момент името на коалицијата беше тргнато од гласачкото ливче. Граѓаните беа збунети, но и ние, кога видовме дека стои само редниот број 11 и празно место. 20 дена водевме кампања под овој назив и бевме прифатени од страна на ДИК и заведени со ова име. Затоа, денес поднесовме приговор по основ на изборна измама и повреда на избирачкото право на подносителот на листата. Немаме потврдено, но колку што разбравме, реакцијата дошла од страна на грчката амбасада, која извршила притисок кај власта и ние останавме безимени. Срамно и штетно е ова што ни го направија“, вели Бачев.Тој се сомнева и во изборна манипулација со гласовите на нивната коалиција за што поднесе уште еден приговор до ДИК, со кој бара увид во над 24 илјади гласачки ливчиња што се водат како неважечки, а според него, требало да бидат гласови на коалицијата.„Имаме 24.066 неважечки ливчиња, на кои е заокружен бројот 11, тоа е глас за нашата коалиција, но до нив стои некаков знак, цртичка или точка и така станале неважечки. Сомнително е како може толку многу гласови да бидат неважечки на ист начин. Затоа, бараме увид во неважечките ливчиња, кои, според сознанијата од набљудувачите на терен, се многу повеќе од оваа бројка“, изјави Бачев.Тој додава дека доколку не ги имало овие работи во изборниот процес, коалицијата би имала најмалку двајца пратеници во Собранието.

Македонија | пред 5 години

miniranje

Утре минирање на делницата Пресека-Песочан, сообраќајот во прекин

Илинден А.Д. Стуга утре во период од 12:00 до 15:00 часот ќе врши минирање на патниот правец Кичево – Охрид, делница Пресека-Песочан.Како што информира АМСМ, поради минирањето сообраќајот ќе биде блокиран во двата правци.

Македонија | пред 5 години

17-4

Денеска почна поставувањето на монтажно-модуларниот амбулантско поликлинички оддел на Клиниката за пулмологија и алергологија

Министерството за здравство информира дека денеска почна поставувањето на контејнерите за монтажно-модуларниот амбулантско поликлинички оддел на Клиниката за пулмологија и алергологија. Овој објект се поставува на просторот помеѓу Институтот за патофизиологија и Институтот за ТБЦ. Целосната монтажа треба да заврши до 30 јули, а кон средината на месец август и објектот да биде подготвен.Во монтажно-модуларниот амбулантско поликлинички оддел ќе бидат лоцирани четири амбуланти и кабинети за спирометрија, за дифузија и бодиплетизмографија, за бронхијална провокација, за гасни анализи во крвта, за алерголошки тестирања и за ЕКГ, како и две засебни простории за дневни болници за сместување амбулантските пациенти.

Македонија | пред 5 години

sela-2

Села: украдените избори нема да бидат прифатени, АА поднесе 74 приговори до ДИК

Алијансата за Албанците поднела 74 приговори до Државната изборна комисија во врска со гласањето на парламентарните избори изминатава среда.Како што објави партискиот лидер Зијадин Села на Твитер, прелиминарните наводи на ОБСЕ/ОДИХР потврдуваат организирано купување гласови и притисокот врз гласачите од страна на ДУИ на разни избирачки места во Кичево, Сарај и Зајас.Села вели дека Коалицијата „Сега е време“ забележала многу други случаи на кршење на изборното законодавство и дека тие ги документираат.„Државните институции да ја завршат својата работа и да обезбедат зачувување на волјата на граѓаните“, потенцирајќи дека украдените избори нема да бидат прифатени.

Македонија | пред 5 години

koronavirus-test

164 нови случаи на коронавирус во Македонија, починаа 5 лица

Во последните 24 часа починале пет лица од коронавирус, а потврдени се 164 нови случаи.Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.612 тестирања, а најмногу нови случаи се регистрирани во: Скопје-59, Свети Николе – 23 и Дебар – 18.Во Куманово-12, Штип- 17, Прилеп-1, Тетово-6, Струга-6, Битола-1, Кавадарци-2, Гостивар-9, Пробиштип-2, Демир Хисар-1, Кичево-6, Ресен-1.Починати се пет лица, тројца пациенти од Скопје, еден од Тетово и еден пациент од Ресен. Во ГОБ „8 септември“ починаа двајца пациенти на возраст од 35 и 65 години. Во ОБ Битола почина пациент од Ресен на возраст од 70 години. Во КБ Тетово е починат пациент на 51 година. Вон болнички услови е починат пациент на 77 години.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 74 оздравени лица од: Скопје-42, Штип-7, Тетово-1, Струга-4, Велес-1, Охрид-6, Кавадарци-3, Свети Николе-2, Ресен-7, Неготино-1.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 8.786, бројката на оздравени пациенти е 4.676, на починати е 406, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.704.На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 87 пациенти. На кислородна поддршка се 43 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.Во болницата во Козле се хоспитализирани 21 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 8 деца позитивни и 1 суспектно на вирусот.Во ГОБ „8 Септември“ примени се 10 нови, вкупно хоспитализирани се 91 пациент. На респираторна машина се 6 пациенти.Во болницата во Битола се хоспитализирани 35, а во болницата во Штип се хоспитализирани 53 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 131 пациент – позитивни и сомнителни на ковид-19.Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)• Чаир – 284• Аеродром – 171• Бутел – 139• Гази Баба – 202• Центар – 151• Карпош – 146• Сарај – 116• Кисела Вода – 123• Ѓорче Петров – 113• Студеничани – 109• Шуто Оризари – 97• Арачиново – 32• Илинден – 21• Петровец – 20• Чучер Сандево – 12• Сопиште – 13• Зелениково- 12• Странец – 7• Нераспределен- 69

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања