Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

izbori-02

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе тужби до Управниот суд, останува на барањето за физичко пребројување на гласовите

ВМРО – ДПМНЕ останува на барањето за физичко пребројување на гласовите од сите 3.480 избирачки места и најави дека ќе поднесе тужби до Управниот суд.„ВМРО-ДПМНЕ смета дека со одлуката на Државната изборна комисија да ги одбие поднесените приговорите и да издаде решение со таква одлука го наштети изборниот резултат постигнат на предвремените парламентарни избори и со тоа нанесе штета на севкупниот изборен процес, но и врз угледот на Република Македонија. Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе тужби до Управниот суд по решенијата од ДИК“, велат од партијата.ВМРО-ДПМНЕ, велат од таму, поднесе два приговори до ДИК во однос на барање на физичко пребројување на гласачките ливчиња од сите 3.480 избирачки места во државата, заради утврдување на точен и конечен резултат од предвремените парламентарни избори од 13, 14 и 15 јули, како и во делот на свесната кампања со наведување на гласачите за уништување на гласачко ливче.„Сметаме дека се прекршени, односно не се испочитувани ставовите од членот 135 од Изборниот законик, кои што се однесуваат на објавувањето на резултатите. Резултатите објавени по електронски пат не се совпаѓаат со реалните резултати од записниците број 16, а од страна на ДИК беа објавени по законскиот рок од 12 часа за објавување на првичните резултати. Притоа, резултатите објавени на електронската апликација на ДИК не се во согласност со резултатите во записниците број 16, односно со оглед дека поголем дел од резултатите внесени на апликацијата на ДИК не се совпаѓаат со резултатите од записниците број 16, се отвора сомнеж за легитимноста на севкупниот изборен процес“, велат од ВМРО – ДПМНЕ.Од партијата велат и дека бројките објавени од страна на ДИК во Заклучокот за објавување на резултатите, односно вкупниот број на неупотребени гласачки ливчиња заедно со број на употребени важечки и неважечки гласачки ливчиња кои што се објавени во Заклучокот, е помал од бројот на избирачи запишани во Избирачкиот список. Според ВМРО – ДПМНЕ, тоа остава сомнеж за тоа каде се останатите гласачки ливчиња кои што недостасуваат согласно објавениот Заклучок на ДИК.Вториот приговор кој што ДИК го одбил се однесува на неважечките ливчиња, односно за постапката за сумирање и утврдување на резултатите во делот на неправилна примена на член 115 од Изборниот законик, односно за утврдување на едно гласачко ливче за важечко.„Ова е производ првенствено на несоодветниот изглед на гласачкото ливче со кое што се спроведоа предвремените парламентарни избори, односно со изглед спротивен на пропишаната законска норма од член 96 од Изборниот законик. Оваа неправилност доведе до можност за манипулација со гласачите, што беше искористена со свесната кампања водена од политичка опција за наведување на гласачите за уништување на гласачко ливче и тоа да биде прогласено за неважечко“, велат од партијата.

Македонија | пред 5 години

JZU-Sv.-Erazmo-Ohrid

ЈЗУ Св. Еразмо Охрид, прославува јубилеј 70 години

ЈЗУ Специјализирана болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо” – Охрид деновиве прославува 70 годишен јубилеј. Болницата е формирана на 19.07.1950 година како и повеќето болници со таков карактер за да биде „Болница за лекување на коскено – зглобна туберкулоза".Во повеќедеценискиот стручен, кадровски и економски развој, во болницата се создаваат услови, покрај лекувањето на коскено – зглобната туберкулоза успешно да се лекуваат и цела низа други ортопедски заболувања како и да се имплементираат нови методи на лекување на акутната траума и последиците на траумата на локомоторниот систем.Во 1988 година болницата прераснува во "Институт за ортопедија и трауматологија” за да во 1995 година согласно со Законот за здравствена заштита го промени називот во "ЈЗО Специјална болница за ортопедија и трауматологија".Во текот на своето постоење уште од самите почетоци болницата “Св. Еразмо” воспоставила трајни релации со бројни реномирани институции и професионалци од светски ранг како со Научно истражувачки центар за реконструктивна ортопедија и трауматологија „Илизаров“ од Курган - Русија и неговиот основоположник Проф. Д-р Илизаров; соработката со Институтот “Кало” од Берг Плаж, Франција и посети на Проф. Д-р Шопен.Моментално болницата има 253 вработени, од кои 30 доктори специјалисти, 8 доктори на специјализација и 2 доктори на општа пракса, кои секојдневно се соочуваат со здравствените предизвици и успешно лекуваат илјадници пациенти.

Македонија | пред 5 години

soob

(ВИДЕО) Објавена снимка од сообраќајката на патот Куманово – Свети Николе, во која повредени се 4 лица

На Јутјуб вчера е објавена снимка од тешката сообраќајна несреќа што се случи на регионалниот пат Куманово – Свети Николе, близу селото Скачковце. Во судирот меѓу две возила, „шевролет спарк“ и „бе-ем-ве“, беа повредени четири лица.„На 19.07.2020 околу 15:00 часот на регионален пат Куманово – Свети Николе, кај с. Скачковце, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило ‘шевролет спарк’, со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.З. (21) од с. Скачковце, Кумановско, и патничко возило ‘бе-ем-ве’, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ш.Ш. (30) од Куманово. По незгодата, Ш.Ш., М.З. и сопатниците од патничко моторно возило ‘бе-ем-ве’, Г.Ш. (31) и Н.Ш. (62), двајцата од Куманово, биле пренесени во Клиничка болница Куманово за укажување лекарска помош. Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Куманово“, се вели во дневниот билтен на МВР.

Македонија | пред 5 години

ojo-1

ОЈО Скопје: Нема основа за постапување по известувањето на Чулев за ОТА и АНБ

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Резолуција дека нема место за јавнообвинителска интервенција во поглед на поднесеното писмено известување од техничкиот министер за внатрешни работи, кое се однесуваше на кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 од Кривичниот законик и на кривично дело – Несовесно работење во службата од член 353-в од Кривичниот законик.Писменото известување се однесуваше на тоа дека има определени недоследности во функционирањето на Оперативно-техничката агенција (ОТА) и на Агенцијата за национална безбедност (АНБ).Надлежниот јавен обвинител направи проверки во МВР, во ОТА и во АНБ, од каде беа доставени потребните податоци за проверка наводите во известувањето.Од анализата на писменото известување, како и на доставените одговори и податоци, произлезе дека реформата на безбедносниот систем, основањето и функционирањето на ОТА и на АНБ, како и начинот на извршување на нивните надлежности, претставуваат системски прашања и од кривично-правен аспект не постои основ за постапување.​

Македонија | пред 5 години

janko-DIK4

(ВИДЕО) Жестока расправа меѓу Јанко Бачев и членови на ДИК

Јанко Бачев претседател на партијата „Единствена Македонија влезе во жесток дуел со претседателот на ДИК и со членот Елизабета Постоловска и побара освен приговорот да има увид во избирачкиот матерјал. Тој обвини дека тие како партија на изборите настапиле како безимен субјекет, односно ДИК го отстраниле „Никогаш Северна – само Македонија“. Тој обвини дека неговата партија била колатерална штета на овие избори.Иако неколкупати беше предупредуван од претседателот Дерковски дека упатува навреди кон членовите, Бачев жестоко реагираше., не само кон Дерковски туку и кон членот на ДИК Елизабета Постоловска која му образложи дека неговата листа било ставено на име подносител на листата „Единствена Македонија“, односно име кое самата партија го избрала и дека не може да стои различно име на ливчето за гласање.

Македонија | пред 5 години

kekenoski

(ВИДЕО) Кекеновски поднесе кривична пријава против претседателот и членовите на ДИК

„Согласно законот за кривична постапка поднесов кривична пријава против Оливер Дерковски како претседател на ДИК и против сите членови на Државната изборна комисија, поради основано сомневање дека пријавените сториле кривични дела согласно изборниот законик, за повреда и злоупотреба на избирачкото право, повреда на слободата на определувањето на избирачите и извршена измама“, истакна Професор д-р Јове Кекеноски, претседател на Фронт за демократска Македонија (ФроДеМ) и дел од коалицијата „Никогаш северна, само Македонија“.Кекеновски објаснува дека коалицијата „Никогаш северна, само Македонија“ е коалиција составена од повеќе политички субјекти и со овој назив е прифатена и листата на кандидати во сите шест изборни единици, но и како таква е прифатена од страна на Државната изборна комисија.„На 65 тата седница на ДИК со одлука на комисијата е прифатено на овие избори да настапи коалицијата „Никогаш северна, само Македонија“, по што извршено е жребање на кое што јасно може да се види дека станува за Коалиција „Никогаш северна, само Македонија“ која настапува под бр 11 на гласачкото ливче.  Но за жал и на општо изненадување на сите гласачи, симпатизери и јавноста, на гласачкото ливче воопшто го нема името на коалицијата  „Никогаш северна, само Македонија“, која под тоа име го поднесла, под тоа име го примиле и под тоа име е преифатен настапот на оваа коалиција на изборите.Со ова сметаме дека е направена класична злоупотреба на службената позиција, односно можеме да кажеме дека сторителите на овие дела направиле свесна измама на избирачите и истите се доведени во заблуда и се оневозможени да го остварат своето право на глас за коалицијата.Целокупната кампања на оваа коалиција е водена под ова име, граѓаните веќе го препознаваат ова име и кога го барале на гласачкото ливче се фрапирани затоа што името на коалицијата го нема.Ние по пресудата ќе поведеме и постапка за надомест за материјална, и нематеријална штета“, истакна Кекеновски.

Македонија | пред 5 години

Benzinski-pumpi-9

Регулаторна: Цените на горивата се намалуваат!

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за половина односно за еден ипол денар за литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.Од вечерва на полноќ малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,50 денар за литар, со што новите цени ќе изнесуваат 60 односно 62 денари за литар.Дизелот ќе поевтини за половина денар на 53 денари за литар.И Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе поевтини за 0,50 денар на 52,50 денари за литар.Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,370 денари и од вечерва на полноќ ќе изнесува 26,215 денари за килограм.

Македонија | пред 5 години

zabava2

Оформен предмет по допрен глас за организирана забава во угостителски објект во Прилеп

Основното јавно обвинителство Прилеп оформи предмет по допрен глас заради сомненија дека едно правно лице и едно физичко лице – одговорно лице во правниот субјект сториле кривично дело – Непостапување според здравствените прописи од член 206 од Кривичниот законик.Имено, во услови на прогласена пандемија од Ковид-19, спротивно на законските прописи и пропишаните мерки за заштита, во вечерните часови на 18.07.2020 година, во правното лице – угостителски објект била организирана забава на која биле присутни поголем број посетители.Постапувајќи по оформениот предмет, надлежното обвинителство издаде наредби за утврдување на фактичката состојба и евентуалната кривична одговорност, како и за обезбедување докази.​

Македонија | пред 5 години

pistol_001

Пукање од огнено оружје во село Долно Матка

Непознати лица вчера пукале од огнено оружје во село Долно Матка.Според информациите на МВР, инцидентот се случил околу 16 часот, кога во полиција било пријавено дека на кејот на река Треска, неколку непознати лица пукале со огнено оружје.„Полициски службеници излегле на местото на настанот. На земјен пат биле пронајдени повеќе чаури, кои биле подигнати за понатамошна постапка од увидна екипа од СВР Скопје“, соопштија од МВР.Од таму додаваат дека се работи на расчистување на случајот.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Од 504 тестирани медиумски работници, 26 имаат позитивен резултат на коронавирус

Од 504 тестирани медиумски работници, 26 имаат позитивен резултат на коронавирус. Од нив, 20 вработени во медиуми имаат позитивен ИгГ тестот кој покажува дали инфекцијата од вирусот е помината и тестираниот има антитела, а шест лица имаат позитивен ИгМ тестот за акутна фаза на вирусот. За ваквиот епилог од скринингот во медиумите, претседателот на Здружението на новинари на Македонија, Младен Чадиковски, вели дека бројот на заразени не е за занемарување. Епидемиолошките анкети на заразените се во тек, по што ќе може да се утврди како се заразиле медиумските работници.„Ова се податоците кои се сработени до петокот, а се чекаат резултатите и на новинарите кои беа тестирани во Центрите за јавно здравје низ државата. Новинарите и медиумските работници кои се позитивни на ИгМ, во координација со нас ќе треба да направат и дополнително ПЦР тестирање“, велат од Министерството за здравство.Од Здружението на новинари на Македонија велат дека досега е регистрирано дека во две редакции има поголем број на заболени, додека во останатите станува збор за помалку лица.„Бројот не е преголем, но не е ни за занемарување. Со сите кои добиле позитивен резултат, министерството ја продолжува комуникацијата за да видат каде има потреба од ПЦР тестови. Каде и како се заразени, можат да кажат само самите редакции. Како што знам, сите се во самоизолација. Свесноста е поголема од почетокот на пандемијата до сега, а маските се неизбежни и по редакциите од тоа што го имам како сознание од колегите. Само ако се придржуваме до мерките ќе можеме да го спречиме и забавиме ширењето во голема мера“, вели претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски.Засега, нема информација дали некој од заразените, претходно имал симптоми или контакти со заразено лице. Инаку, бесплатниот скрининг на новинар и медимски работници го организираше ресорното министерство по барање на Здраужението на новинари и медумски работници, поради зголемениот обем на работа околу активностите за предвремените парламентарни избори и дополнителната изложеност на вирусот Ковид-19.

Македонија | пред 5 години

galetanovski

Директорот на ЗОО Галетановски бил удрен од пијан возач: Другари добар сум

Утринава директорот на Зоолошка Ѓорѓи Галетановски бил удрен од пијан возач кај Универзална сала.Тој бил веднаш хоспитализиран на Клиника со мали повреди но за среќа е добар, напиша на фејсбук. Нема да го тужи возачот но апелира да не возат пијани и да внимаваат бидејќи го загрозуваат својот а и туѓите животи.“Другари добар сум, да не ме мислите. Ви благодарам на сите.Утринава имав сообраќајна несреќа при што пред универзална сала од споредна улица со брзина пд 90км на час во мене удри возило управувано од шофер во алхохолизирана состојба. Ја сочекав полицијата направи увид и отидов на клиника. Имам повреди но за среќа добар сум. Нема да го тужам приватно дечкото, само ќе порачам возачите да внимаваат и да не возат кога пијат алхохол,бидејќи загрозуваат свој и туѓи животи“ напиша Галетановски на својот Фејсбук профил.

Македонија | пред 5 години

taravari

Таравари: Не сакаме да учествуваме во пазарењата на ДУИ за премиер Албанец

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари порача дека партијата Алијанса на Албанците нема да учествува во пазарењето на ДУИ за премиер Албанец.Таравари во интервјуто за „Слободен печат“ порача дека неговата партија нема да учествува во пазарењето и изборниот трик на Али Ахмети.„Етноцентризмот нема да биде нашата определба, туку доброто на секој граѓанин во оваа држава. За оваа држава да бележи напредок најмалку од сѐ ѝ е потребно да има политичари со тенденција општеството да го делат на ин и аут-групи, „ние“ наспроти „тие“. Ние не сакаме да учествуваме во таков тип пазарења. Она што го направи Ахмети беше повеќе изборен трик, отколку една грандиозна идеја за обединување на Албанците во државата“, порача Таравари.Таравари меѓу другото откри дека Алијансата на Албанците и натаму нема остварено контакт со СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ за можно формирање на влада, а додаде дека е невозможно партијата да се најде во владата заедно со ДУИ.„Нам не ни се одлика валканите политички игри, пресметки и калкулации. Впрочем, со таквото чисто минато и сегашност сакаме да влеземе во идната влада. И по секоја цена ќе се бориме да го задржиме својот интегритет и доследност кон граѓаните. Во таа смисла, невозможна мисија е ДУИ и Алијансата да се најдат на истото место“, изјави Таравари.

Македонија | пред 5 години

3

(ФОТО) Казнети „диви тркачи“ во Скопје, одземени мотоцикли

Секторот за сообраќајни работи при Бирото за јавна безбедност во координација со Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје на 19/20.07.2020 во периодот од 18.00 до 02.00 часот спроведе акциска контрола за откривање на возачи на мотори кои организираат „диви трки“ на подрачјето на Скопје. Притоа санкционирани се 12 возачи на мотори кај кои се констатирани низа прекршоци, а привремено биле одземени три мотоцикли.

Скопје | пред 5 години

Нема фотографија

Времето денеска сончево со мала до умерена облачност

Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност.  Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 27 до 33 Целзиусови степени. УВ индексот ќе биде 9.Во следните денови времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Дневната температура ќе биде во значителен пораст. 

Македонија | пред 5 години

w_56083030

Бројката од саботата на ново дијагностицирани е варијација која се должи на кластер во Штипска конфекција

Во вчерашното гостување во вестите на Канал 5 телевизија, министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче објасни дека бројката од саботата, исто како и некои претходни варијации т.е отскокнувања од некоја вообичаена бројка, се должи на мал кластер во една од конфекциите во Штип.„Една од неколкуте конфекции во кои имаше поголем број заразени е веќе затворена, таму каде што се најдени спорадични случаи вчера во координација со градоначалникот ќе зборуваме со сопствениците, за да видиме дали според епидемиолошките анкети има потреба и тие да се затворат за да се намали ризикот од пренос на вирусот „ –изјави Филипче.Филипче појасни дека високата бројка не е тренд, туку варијација, заради тоа што јасно е идентификуван бројот на ново дијагнсотицирани пациенти и јасно е утврдено со епидемиолошките прашалници кои во голем процент се завршени, од каде потекнува изворот и трансмисијата на вирусот. Во таа смисла, вкупната бројка кога тоа ќе се изземе, е она што е тренд сите овие изминати денови односно целиот изминат период. Еден одреден процент, константен, во однос на вкупниот број на ново дијагнсотицирани отпаѓа на град Скопје, сите други ширум државата.Во однос на пост изборните собири, но и забавите по клубовите, Филипче потенцираше дека постојат протоколи за апсолутно секој настан, секоја организација, без разлика дали е на отворено или на затворено.„Сите мора да се свесни дека тоа е новиот начин на функционирање. И во затворена просторија кога се организираат едукации, полагања испити итн, се седи на дистанца се носат маски. На отворено капацитетите се најмногу 50% исполнети, со јасно обележани места каде треба да стојат луѓето. И на отворено кога има концентрација на луѓе мора да се носат маските" – рече Филипче.Тој посочи дека мора да има поголеми контроли дали се почитуваат мерките и протоколите.„Од целокупниот систем тоа е нешто што сериозно заостануваше или не се извршуваше и тоа мора да се право поригорозно, мора поинтензивно на терен да се прави увид и контрола, да се проверува дали се почитуваат протоколите. Ние не можеме да живееме затворени, не може ниту една земја во светот да живее затворена. Единствена дополнителна мерка на тоа што сега е на сила е рестрикција во движењето што може многу лесно да се избегне ако се почитуваат мерките. “ – потенцираше Филипче.

Македонија | пред 5 години

dik-1

ДИК ги отфрли сите 2.142 приговори

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница ги отфрли сите 2.142 приговори поднесени од партиите за предвремените парламентарни избори.За 1.478 приговори од вкупно 1.982 поднесени од Левица, членовите на Комисијата утврдија дека тие немале потпис од овластениот претставник и немаат печат од подносителот на листата, додека за другите 504 потенцираа дека не се поткрепени со докази и текстот во образложението е ист за сите овие приговори.Партиите имаат право за овие одлуки на ДИК да се жалат до Управниот суд.

Македонија | пред 5 години

missing

Полицијата трага по 15-годишно девојче од Битола

Синоќа во 20.30 часот во СВР Битола, Ф.М.(49) од Битола пријавила дека околу 16.00 часот нејзината ќерка С.М.(15) се оддалечила од семејниот дом на ул. Караорман во Битола по што пријавителката во 17.00 часот контактирала со нејзината ќерка која и кажала дека отпаувала за Прилеп, и се до моментот на пријавување била недостапна. Се преземаат мерки за нејзино пронаоѓање.

Македонија | пред 5 години

dik-sednica

ДИК отфрли 1.478 приговори од вкупно 1.982 поднесени од Левица

Државната изборна комисија (ДИК) отфрли 1.478 приговори од вкупно 1.982 поднесени од политичката партија Левица, бидејќи немале потпис од овластено лице.ДИК попладнево на седница одлучува по 2.142 приговори  поднесени за постапката за гласање и за сумирање и утврдување на резултатите од гласањето на изборите.Алијансата за Албанците и Алтернатива до ДИК поднесоа 151 приговор, а ВМРО-ДПМНЕ достави два.Борис Кондарко на денешната седница на ДИК истакна дека од содржината на поднесените приговори рече дека ДИК согласно закон ги објавува резултатите од гласањето, дадената волја на граѓаните, утврдена, избројана и евидентирана на избирачките места. Сите записници на избирачките одбори биле чисти и ги гледале дека се потпишани од целокупниот состав на одборот.„Имавме регуларни избори. Целата јавност можеше да види каков беше одзивот. ДИК не е шалтер изгубено-најдено, па некоја партија ако ги фалат гласовите да ги бараат во ДИК. ДИК ги утврдува гласовите на граѓаните. ДИК ја почитува волјата на граѓаните. Партиите да не ја мешаат политиката во ДИК, а гласовите да си ги бараат кај граѓаните. Никој не мое да манипулира за надвдони неправилности во работата на ДИК. Ова што се наведува во приговоирите е класично меање на политиката во ДИК, ова е клеветење на изборниот процес Приговорните се целосно паушални и неосновани. Ова важи и за претходно и отфрлените приговори на Левица и за сите наредни приговори кои ќе ги разгледуваме,. Сите имаат исти наводи и основи. ДИК не работи врз основа на фејсбук, туку врз основа на закон.“ - рече Кондарко.Подносителите имаат право одлуките на ДИК, да ги обжалат до Управниот суд.

Македонија | пред 5 години

kosta-2

Градоначалникот на Охрид ги објави 7 дневните реализирани активности на Јавни претпријатија

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески ги објави 7 дневните реализирани активности на Јавни претпријатија. Тој на својот ФБ профил напиша:📌 ЈП „Водовод“▶️Работни активности за нови приклучоци и санација на дефекти на водоводна линија на улица „Абас Емин“, улица „Железничка“, улица „Коста Абраш“ и во село Косел.📌 ЈП „Охридски Комуналец“▶️Aктивности за уредување на јавното зеленило во село Косел, населбите „Далјан“ и „Гоце Делчев“, во потегот кај Извиднички центар и потегот во должина на пешачката патека од каналот „Студенчишта“ до „Горица“;▶️Интензивно миење на јавните пешачки површини, велосипедски патеки и коловози на подрачјето на општината;▶️Хортикултурно уредување на просторот во делот на црквата „Света Недела“ во село Горно Лакочереј.📌ЈП „Нискоградба“▶️ Тековни активности за изведба на атмосферска канализација на крак од улица „Стив Наумов“;▶️Тековни активности за изработка на шахти за фекална канализација на „15-ти Корпус“;▶️Поплочување на крак од улица „Ариф Мустафа“;▶️Вонредни активности за санирање на дефекти на пумпините станици кај „Градското пристаниште“ и кај населбата „Канео“, кои настанаа како резултат од обилните врнежи на дожд.📌ЈП „Градски пазар“▶️Работни активности за санација на справи за вежбање во фитнес зоната во „Холандски парк“;▶️Извршена е санација на клупи на малиот плоштад кај „Мини маркет“.📌ЈП „Билјанини Извори“▶️Тековни работни активности за изградба на новата трибина на градакиот стадион.https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/pcb.638656576739949/638656486739958/?type=3&theater 

Македонија | пред 5 години

Zaev-so-sopstvenikot-na-diskotteka-Avatar-vo-Strumica

ВМРО ДПМНЕ: Дента кога Македонија брои 241 новозаразени, другарите на Заев полнат дискотеки со луѓе без дистанца и заштита

Зоран Заев и неговите пријатели и другари го загрозуваат здравјето на граѓаните. Дента кога во Македонија броевме 241 новозаразени од коронавирус и 8 мртви дискотеки во Струмица сопственост на другарите на Заев се преполни со народ. Без маски, без дистанца, без никаква заштита, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Зоран Заев и неговите другари 3 години го загрозуваат опстанокот на народот економски, а сега го загрозуваат и неговиот живот и здравје, само за профит.Заев покажа дека единствено важни му се парите и профитот, на него и на нему блиските луѓе.Зоран Заев ќе биде единствен одговорен за понатамошното влошување на состојбата со вирусот.Секој нов случај ќе оди на неговата совест.Македонија страда, додека Заев брои профит, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 5 години

koronavirus-test

Денеска се регистрирани 127 нови случаи на ковид 19, починаа 8 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 904 тестирања, а регистрирани се 127 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-57, Куманово-4, Штип-13, Тетово-6, Струга-10, Охрид-7, Кавадарци-1, Гостивар-8, Пробиштип-2, Демир Хисар-1, Кратово-2, Свети Николе-12, Кичево-4.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 83 оздравени лица од: Скопје-35, Штип-8, Тетово-33, Велес-1, Гостивар- 5, Пехчево-1.Починати се 8 лица, пет пациенти од Скопје, еден од Тетово, еден од Струга и еден пациент од Кичево. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти на возраст 70 и 93 години. Во ГОБ „8 септември“ починати се пет лица на возраст 34,45,78 и 87 години, а кај 62 годишен пациент, вирусот е потврден постмортем. Во КБ Тетово почина пациент на 78 години.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9153,  бројката на оздравени пациенти е 4810, на починати е 422, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3921. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:•       Скопје 4271, активни 1885•       Куманово 908, активни 240•       Дебар 173, активни 111•       Штип 582, активни 277•       Прилеп 311, активни 62•       Тетово 944, активни 297•       Струга 361, активни 179•       Велес 206, активни 30•       Битола 88, активни 43•       Охрид 238, активни 123•       Кавадарци 29, активни 18•       Гостивар 294, активни 193•       Гевгелија 19, активни 9 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци, еден е од Дојран)•       Струмица 28, активни 19•       Крива Паланка 22, активни 11•       Радовиш 18, активни 14•       Крушево 13, активни 8•       Кочани 88, активни 20•       Пробиштип 43, активни 27•       Демир Хисар 15, активни 13•       Македонски Брод 9, активни 5•       Пехчево 6, активни 0•       Берово 4, активни 1•       Валандово 6, активни 0•       Виница 5, активни 2•       Делчево 1, активни 0•       Кратово 12, активни 8•       Свети Николе 197, активни 182•       Кичево 100, активни 83•       Ресен 140, активни 59•       Неготино 22, активни 2 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 904 теста се преку: ИЈЗ-433, ЦЈЗ Скопје-25, Авицена-205, Биотек-113, МАНУ -21, Жан Митрев (Филип Втори) –(не доставиле податоци), Систина со PCR метода -88, Судска медицина -0, ЦЈЗ Битола-19. Досега во земјата се направени вкупно 85.820 тестирања на ковид -19.  Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 3 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 94 пациенти. На кислородна поддршка се 44 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.Во болницата во Козле се хоспитализирани 16 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 6 деца позитивни на вирусот.Во ГОБ „8 Септември“ примени се 11 нови, вкупно хоспитализирани се 94 пациент. На респираторна машина се 3 пациенти.Во болницата во Битола се хоспитализирани 35, а во болницата во Штип се хоспитализирани 52 пациент. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 128 пациенти - позитивни и сомнителни на ковид-19.Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)•       Чаир – 280•       Аеродром - 167•       Бутел - 132•       Гази Баба - 195•       Центар – 153•       Карпош – 153•       Сарај – 108•       Кисела Вода – 124•       Ѓорче Петров – 113•       Студеничани – 105•       Шуто Оризари – 97•       Арачиново – 30•       Илинден – 20•       Петровец – 20•       Чучер Сандево – 12•       Сопиште – 18•       Зелениково- 12•       Странец – 7•       Нераспределен- 139

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Филипче бара да се санкционираат журките низ Македонија

Министерот за здравство Венко Филипче преку Твитер побара институциите да спроведат истрага и да ги санкционираат журките низ Македонија кои се организирани без почитување на превентивните мерки и протоколи.– Гледам фотографии на социјалните медиуми од журки и забави во повеќе градови без да се почитуваат протоколите и мерките за заштита од ковид-19. Барам итно институциите – МВР и надлежните инспекторати да спроведат истраги и да ги санкционираат овие собирања на недозволен начин! Младите мора во целост да ги почитуваат мерките за заштита, да носат задолжително заштитни маски, да одржуваат хигиена и дистанца. Клучно е сите да ги почитуваат мерките за да се спречи ширењето на вирусот и секое непочитување на мерките да биде соодветно санкционирано – напиша Филипче.

Македонија | пред 5 години

filipce

Филипче: Доколку се придржуваме до превентивните мерки бројот на заболени ќе се намалува

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче во изјава за Телевизија Сител истакна дека ние сме една од ретките земји која целиот овој изминат период има протоколи за функционирање на компании, бизниси, угостителски објекти, хотели, плажи, базени.„Тие протоколи се темелат на јасни епидемиолошки принципи. Задолжителното носење на маски, одржувањето на физичката дистанца е единствениот начин со којшто ние ќе излеземе од оваа здравствена криза. Доколку се придржуваме до превентивните мерки бројот на заболени ќе се намалува. Единствена дополнителна мерка која може да дојде во предвид во даден момент, индикација за тоа дали да се воведе дополнителна мерка, а тоа е рестрикција во движење се окупираноста и пополнетоста на болничките капацитети. Ние во овој момент индикација за тоа немаме. Не може да живееме затворени и со рестрикција. Епидемијата ќе трае и после пронаоѓањето на вакцината додека не се вакцинира доволен процент на населението“, потенцираше Филипче и додаде дека имаме потпишано писмо до Светската здравствена организација да влеземе во планот за распределба на вакцината тогаш кога ќе бидат на располагање.

Македонија | пред 5 години

strimica

Преполниот струмички клуб го крена на нозе пазарниот инспекторат - од вечерва ќе ги затвораат

Струмичкиот ноќен клуб „Аватар“ не смеел воопшто да работи бидејќи е регистриран како ноќен клуб, а не кафуле. Поради пандемијата на ковид-19 сѐ уште нема дозвола за работа на ноќните клубови, туку само за кафулиња и ресторани, објави СДК.МК.Од Пазарниот инспекторат велат дека во петокот извршиле контрола во овој клуб и биле регистрирани неправилности, по што направен е записник и ќе биде поднесена кривична пријава.„Овој локал е регистриран како ноќен клуб, а дозвола за работа на ноќни клубови поради ковид-19 нема. Затоа тие не смееле воопшто да работат. Не можат да работат како кафуле бидејќи немаат таква дозвола. Исто така, соодветна санкција за сопственикот на клубот ќе има и поради тоа што не се почитувале мерките односно присустните не носеле маски, а имало околу 600 гости“, вели  директорот на Пазарниот инспекторат Стојко Пауновски.Пауновски вели дека отсега дирекно ќе ги затвараат локалите кои работат без дозвола, бидејќи не можат да излезат на крај со газдите, објави СДК.МК.Текстот во целост на: СДК.МК. 

Македонија | пред 5 години

strimica

(ВИДЕО) Голема журка без заштита во Струмичкo диско!

На социјалните мрежи се појавија видеа и фотографии од забави во клубот „Аватар„ во Струмица каде присуствуваат голем број на луѓе без маски не почитувајќи ги здравствените прописи, како коронавирусот воопшто и да не постои.Прекршени се најмалку два закони, од кои најмалку еден е кривично казнен: Собирање во поголема група, и не носење на заштитни средства.Медиумите пишуваат дека ноќниот клуб „Аватар“ е пријавен од страна на Државниот пазарен инспекторат во Јавното обвинителство заради непочитување на здравствените прописи за времена на епидемијата на Ковид-19.https://www.facebook.com/miroslav.pavlovski.7/videos/10220413426280091/

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања