Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

tepa-zena

Скопјанец обвинет за убиство при семејно насилство

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Убиство по член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик.Обвинетиот, на 10 мај во раните утрински часови, во куќа на улицата „Перо Наков“,при вршење семејно насилство, со умисла лишил од живот жена со која живеел во заедничко домаќинство и со која имал блиски лични односи. Тој со повеќе удари со раце и нозе во пределот на главата и по целото тело и нанел повеќе телесни повреди – хематоми и скршеници од кои кај неа се развил трауматски шок и настапила смрт.Бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство и можност обвинетиот да ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците, надлежниот јавен обвинител на Судот му предложи да ја продолжи претходно определената мерка притвор за обвинетото лице.​

Скопје | пред 5 години

Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ: Заев и СДСМ се кластерот кој преку поткупот го причини новиот бран што трае од крајот на мај

Бројот на заразени граѓани од Ковид-19 ќе достигне 10.000, а на Зоран Заев поважно му е да развозува мотоцикли. Неговата партија е кластерот која го причини новиот бран што трае од крајот на мај, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Пандемијата само што беше стивната, а Зоран Заев и неговата партија преку систематскиот поткуп на терен во полициски час забрзано ја ширеше заразата.Македонија е рекордер во регионот и црна точка во Европа.Со СДСМ на власт ситуацијата би станувала уште полоша. Тие не се справија со првиот бран и им се случи втор бран во сред лето.Евентуален трет бран со СДСМ на власт би имал катастрофални последици за животот и здравјето на граѓаните, но и за економијата.СДСМ не носеше стручни политики, туку политичко профитерски.Граѓаните и стопанството половина година страдаат заради СДСМ, тоа не смее да продолжи, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ. 

Македонија | пред 5 години

evra

СДСМ:Со новиот буџет на ЕУ за периодот 2021-2027 година, проектирани околу 3 милијарди евра неповратни средства за Северна Македонија

Успешните политики на Владата предводена од СДСМ за изминатите три години и вистинскиот пат по кои ги води граѓаните и државата се потврдува во континуитет. Насоченоста кон европската перспектива на државата и носењето на  европските вредности во неа се препознаени како такви, а потврда за тоа е и вклученоста на земјава во седумгодишната финансиска рамка  од страна на Европскиот совет насловена  „Нова генерација ЕУ“, се вели во соопштението од СДСМ.Имено, во рамките на новиот буџет на ЕУ испрограмирани се и средствата за третата генерација на претпристапна помош ИПА 3 согласно која на Северна Македонија ќе и бидат достапни речиси 3 милијарди евра за овој седумгодишен период.Овие неповратни средства нашата држава ќе ги добие како поддршка во грантови и проекти кои ќе го забрзаат нашиот економски развој и нашиот реформски капацитет.Новата Влада предводна од  СДСМ во периодот кој доаѓа овие средства и проекти треба да ги реализира во областа на транспортот и инфраструктурата, земјоделието, животната средина, економскиот развој, правдата и реформите за владеење на правото и други клучни области кои заеднички се идентификувани со европските партнери.Овие средства се клучна алатка за поддршка на преговорите на Северна Македонија во наредниот седумгодишен период после кој очекуваме во европскиот буџет да бидеме проектирани веќе како држава членка на ЕУ.Заедно со веќе доделената помош за справување со кризата од КОВИД-19 ова е значаен сигнал за нас како држава која веќе ги започнува преговорите со ЕУ.Ова е голем успех кој ја демонстрира европската солидарност, способност за надминување на кризи и донесување на крупни стратегиски одлуки важни за цела Европа.Само проевропска и реформска Влада предводена од СДСМ може, знае и умее да со максимален капацитет да ги искористи овие можности и да го скрати патот на Северна Македонија до членство во ЕУ.Тоа го покажавме со членството во НАТО, ќе го постигнеме и со ЕУ.СДСМ била и останува на страната на интересите на граѓаните и државата, се вели во соопштението од СДСМ.

Македонија | пред 5 години

integra-1

Интегра поднесе тужба до Управниот суд за изборите

Македонската конзервативна партија Интегра поднесе тужба до Управен суд која се однесува на изборниот процес во делот на сумирање и утврдување на резултатите од гласањето.„Бараме повторно спроведување на процес на пребројување на гласачките ливчиња во присуство на претставници од Интегра и други заинтересирани страни. Доколку ова не се прифати Интегра предлага судот да донесе одлука за нерегуларни избори за пратеници на Предвремените парламентарни избори 2020“, соопштија од партијата.Од таму велат дека ДИК не била во објективна можност да ги прикажува резултатите во реално време, од причина што нејзината веб-страница не работела повеќе од 12 часа.„Ставовите на официјалните претставници на ДИК што беа пренесени преку сите електронски медиуми, беше дека нивниот сајт е хакиран, со што не биле во можност да ги прикажуваат резултатите во реално време. Следствено, овој процес на сумирање и утврдување на резултати е контаминиран. На контаминиран процес не може да се заснива утврдување на резултати од гласање“, велат од Интегра.

Македонија | пред 5 години

Sethstat

Утревечер почнува фестивалот „Крај Вардарот Џез“

Во организација на дискографската куќа ПМГЏЕЗ, утревечер со почеток во 19.45 часот започнува џез фестивалот „Крај Вардарот Џез“. Во рамки на двете фестивалски вечери на 23 и 24 јули, во паркот позади Младинскиот културен центар, под отворено небо ќе настапат 7 македонски џез состави.На првата фестивалска вечер настапуваат: скопскиот џез музичар Филип Букршлиев, кој ќе отвири композиции од неговиот соло гитарски албум „Don't go away mad because the Duke is not coming back“. По него настапува веројатно најквалитетниот џез состав во земјава, ветераните „Сетстат“. Скопските „Зулу 3.4“, кои неодамна го издадоа својот втор албум се еден од најинтересните млади џез состави. Вечерта ќе ја заокружи „Кантон6Квартет“ техно-џез хибрид.Следната вечер, в петок на 24 јули, фестивалот ќе започне во 20 часот.Настапува светски реномираниот, македонски џез хармоникаш и мулти-инструменталист Јордан Костов со неговиот квинтет, кој поголемиот дел од времето го минува патувајќи, компонирајќи и соработувајќи со голем број музичари од светот. По него џез триото „Cobalt code unit“. Поимот „уникатно“ е врзан за нивните изданија. За крај, скопскиот состав „Светлост: Одрон Ритуал Оркестар“, луѓе кои со нивниот албум „Odron Ritual Orchestra“, успеаја да влезат во сите порелевантни светски топ листи за најдобар џез албум за 2019 година. Во „Светлост“ членуваат 11 музичари на сцена, што го прави нивниот настап вистинска атракција за публиката.Фестивалот е производ на дискографската куќа ПМГЏЕЗ, која постои од 2018 година и досега има издадено 14 изданија современ македонски џез, а идејни творци се џез музичарот Владан Дробицки и музичарот и продуцент Мирко Попов. Културолошката заложба на ПМГЏЕЗ е пронаоѓање, создавање, снимање, издавање и промоција на квалитетна македонска џез, етно и кросовер музика. Фестивалот е поддржан од Министерството за култура на Р.С.Македонија.„Заинтересирани сме за проширување на опфатот на тоа што традиционално се вика џез. Македонското поднебје е богато со различни жанровски музички родови. Би било штета ова да не се искористи и убаво е правилно да се презентира пред домашната јавност. Самото сознание дека постојат толку прекрасни музичари, кои работат така квалитетна и различна музика, а речиси никој не им обрнува внимание, за нас е повик за акција. Наша примарна намера и фокус е македонска квалитетна џез музика. Тоа ќе промовираме и таква сцена и практика ќе градиме. Секогаш сме отворени кон добри идеи од страна, несомнено има куп квалитетни странски имиња, кои би сакале да ги слушнеме, што веројатно и ќе се случи во иднина. Но, не гледаме поента сите пари, кои ги имаме да ги трошиме на спектакл поради спектакл, туку намерата ни е да вложиме во домашната, автентична музичка сцена. Тоа подразбира фокус на домашни автори“ велат организаторите.Влезницата е симболични 100 денари, а двете фестивалски вечери ќе се одвиваат според сите протоколи предвидени за организација на настани од овој тип, поради актуелната ситуација со коронавирусот.Задолжително е носење маска, столчињата ќе бидат поставени на 2 метри растојание.Организаторите на фестивалот апелираат до публиката да се држи до сите норми на однесување, се со цел да се заштитиме меѓусебе и наедно да покажеме пример дека настаните од културата можат да се одвиваат безбедно и во вакви услови.Бројот на посетители е ограничен на 300 седишта.

Скопје | пред 5 години

evzoni-greece

Од денеска затворен за сообраќај грчкиот граничен премин ,,Ники“, товарните возила во Грција да одат само преку ,Евзони“

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека до граничната служба на граничниот премин „Меџитлија“ од страна на грчката гранична служба од граничниот премин ,,Ники“ , а во врска со новите протоколи на грчката влада за рестрикитивни мерки за ковид-19, доставено е известување дека грчкиот граничен премин ,,Ники“ ќе биде затворен за патнички и товарен сообраќај во периодот од 22.07 (среда) од 00.00 часот до 04.08.2020 (вторник).Сите патнички и товарни моторни возила што планираат да остварат влез и излез од и во Грција во наведениот период, тоа ќе може да го остварат на грчкиот граничен премин ,,Евзони“.

Македонија | пред 5 години

taravari-1

Таравари: Алијанса за Албанците и Алтернатива ќе протестираат против кражбата на гласови

Генералниот секретар на Алијансата за Албанците, Арбер Таравари, вечерва во гостување на ТВ 24 Вести најави дека заедно со Алтернатива идниот понеделник ќе одржат протестен марш со пораката „Доста е“, со цел да го изразат нивниот револт против злоупотреба на гласовите и полнењето на кутиите од страна на ДУИ на изборите.Протестот ќе почне од Чаир, а предвидено е да заврши пред канцеларијата на ЕУ во Скопје и пред Државната изборна комисија (ДИК).Според Таравари, извршена е кражба на гласови во албанскиот блок, поради што поднеле жалби до Управен суд за изборни прекршувања во Петтата и Шестата изборна единица. Но, тој смета дека тие нема да бидат прифатени бидејќи во судот има судии кои се блиски до ДУИ.Во врска со прашањето за формирање Влада, Таравари рече дека за нив се отворени сите опции, но главен услов е ДУИ да не биде дел од парламентарното мнозинство.

Македонија | пред 5 години

Pance

Тошовски: ЦK на ВМРО ДПМНЕ eдногласно го овласти Мицкоски да преговара за ново парламентарно мнозинство

ЦК на ВМРО ДПМНЕ на вечерашната седница донел две крупни одлуки, соопшти на прес – конференцијата, соопшти Панче Тошков, претседател на статутарната комисија на ВМРО-ДПМНЕ.Донесени се две важни одлуки, едната од нив е дека Централниот комитет едногласно го овласти претседателот Христијан Мицкоски да преговара за ново парламентарно мнозинство, а со тоа и да ја состави новата влада. Втората одлука која е донесена вечерва е одлуката за измена на статутот на партијата, во насока на поголема демократизација на партијата, пренесување на поголеми надлежности на членството, органите и телата на партијата, следејќи ги современите искуства на големите европски десничарски партии- рече Тошковски.Со овие промени се ограничува мандатот на претседателите на партијата на 4 години, со право на реизбор уште два пати, но под услов третиот пат да биде избран со гласовите на 2/3 -тини од членовите на партиските органи и тела.ВМРО-ДПМНЕ ја укинува и функцијата почесен претседател и отсега ниту Груевски ниту Георгиевски ја немаат таа функцијаВоедно новиот Статут предвидува и Унија на ветерани, како и форум на интелектуалци на партијата.Во таа насока ја информираме целокупната јавност дека се превземени следниве измени кои поминаа на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.1. Значењето на европските принципи и вредности, државотворниот и демократски капацитет на партијата, како и конзервативната идеологија и заштитата на македонските национални интереси во новиот Статут на ВМРО-ДПМНЕ се истакнати уште на самиот почеток на истиот.Имено во Член 2 од новиот Статут на ВМРО-ДПМНЕ се утврдува дека ВМРО-ДПМНЕ е народна, државотворна, демократска партија со конзервативна идеологија, која што ги застапува и штити македонските национални интереси, негува европски демохристијански традиции и промовира универзални хуманистички вредности.ВМРО-ДПМНЕ ги прифаќа и споделува принципите, вредносните определби и практики на Европската народна партија. “2. Целите и задачите на ВМРО-ДПМНЕ дефинирани со овој статут, ја продолжуваат заложбата на нашата државотворна партија за независна, суверена, самостојна, граѓанска, демократска држава која почитувајќи ги сите вака поставени цели и задачи ќе овозможи подобар живот на македонскиот народ и заедниците во рамки на една унитарна држава која што се стреми да стане членка на Европската унија.3. Во овој статут особено важно е тоа што се потенцира на рамномерната застапеност на жените и мажите во рамки на органите и телата на партијата, како и воедно застапеноста на младите во внатрепартиските структури.4. Со новиот Статут на ВМРО-ДПМНЕ се овозможува примена на начелото на непосредна демократија односно, партијата е должна да им овозможи на сите оние кои што се релевантна група на истомисленици да си го искажат своето мислење и воедно врз основа на таквиот нивен став партијата донесе партиски став кој што во иднина ќе се применува од страна на сите членови на партијата се со цел подобрување на целокупниот општествен живот во Република Македонија.5. ВМРО-ДПМНЕ на Претседателот на партијата, Претседателите на Општинските Комитети, како и на претседателите и членовите на сите органи и тела кои се бираат на конгрес, согласно новиот Статут им го ограничува мандатот на 4 години, при што максимум на истата функција, кој и да било од овие функционери може да се задржи најмногу три мандати и тоа под услов да третиот мандат е избран од страна на партиските органи и тела со 2/3 мнозинство.Исто така со овој Статут, мандатот на сите останати партиски функционери во сите органи и тела на партијата се ограничува на 2 години.6. Барање за одржување на вонреден Конгрес освен претседателот на партијата сега може да поднесат и ½ од членовите на Централен Комитет кои што во споредба со сега се намалува потребниот број на членови на Централниот Комитет, досега беше 2/3 сега е доволен број на ½ за да може да се одржи вонреден Конгрес.7. Се воведува нова партиска функција Претседавач на Централниот Комитет, кој што ќе треба да биде прв меѓу еднаквите на ниво на Централниот Комитет.8. Чекор напред во непосредно демократско одлучување за избор на кандидати за советници во локалната самоуправа, е тоа што во новиот Статут нив директно ќе ги бира Собрание на општинските комитети, односно членовите во рамки на секоја општина. На овој начин ќе се избираат и новите кандидати за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ. А, воедно на овој начин ќе се предлагаат и новите претседатели на општинските комитети.Ова се само дел од значајните измени на овој реформски Статут, кој што ќе треба во иднина да го сплоти ВМРО-ДПМНЕ, да ги зајакне демократските капацитети на една десничарска партија се со цел да дадеме понуда на граѓаните на Република Македонија со кое што ќе се овозможи подобар просперитет на сите нас во Република Македонија.

Македонија | пред 5 години

kucinja-lence

Обвинителката Ристоска ги пронајде кучињата

Обвинителката Ленче Ристоска, која денеска на социјалните мрежи напиша дека ѝ се украдени двете хаски, објави дека кучињата се пронајдени.„Астра е дома благодарение на Јована! Благодарам на сите за вашата помош и поддршка денес. Помошта која денес ја добивме е одраз дека во нашето општество имаме добри, емпатични и луѓе кои сакаат да помогнат.. Навистина немам зборови да ја опишам радоста на членовите на нашето семејство. Не за џабе се рекло дека заедно сме посилни“, напиша Ристоска на „Фејсбук“.Обвинителката утрово објави дека од нивниот семеен двор во тетовското село Лешок ноќеска им биле украдени две слепи хаски, кои мора да се лекуваат поради нивната лоша здравствена состојба.https://www.facebook.com/lence.ristoska/posts/10220045031490318

Македонија | пред 5 години

dui

Алмакос: ДУИ го моли СДСМ да ја формираат новата Влада

Порталот Алмакос објави дека ДУИ го моли СДСМ да ја формираат новата Влада заедно. Во текстот објавен од Алмакос, се наведуваат детали од наводните комуникации со извори од двете партии, пренесува Цивил Mедиа.„Изборите што се одржаа на 15 јули, завршија, и сега веќе започнаа преговорите за формирање на новата Влада. ДУИ во јавноста излез е со барање, или условување за прв премиер Албанец. Но, за тоа која е вистината и што е реално, сведочат две страни. Извори од СДСМ, но и од ДУИ.Извори од ДУИ за Алмакос велат дека нивното барање за прв премиер Албанец е само политички маркетинг за да се зачуваат и тие малку гласови што им преостанале на ДУИ.„Идејата за прв премиер Албанец беше само за да не се изгубат изборите на 15 јули. Ние ја баравме и ја пронајдовме формулата како да ги зачуваме и материјализираме нашите гласови  преку ова барање. Ова апсолутно не е црвената линија за ДУИ“, велат за Алмакос  извори од ДУИ.Според овој извор, за ДУИ е важно да биде дел од  Владата и без премиер Албанец, доколку не се чепнат неколку од управите коишто би влијаеле на поделби во партијата.Од друга страна, порталот Алмакос , за да ги потврди овие информации, се обрати и до СДСМ.Извори од СДСМ за Алмакос велат дека ДУИ веќе ги започнала контактите за формирање на Владата и дека ги објавиле  барањата во врска со формирање на новата Влада:Министерството за финансииГувернер на Народна БанкаГенералштабот 

Македонија | пред 5 години

daniela_rangelova1

Рангелова: За мене беше наменет боксот од „бомбата“ со Игор Јанушев

Во денешното гостување на Отворено на Телевизија 24, Даниела Рангелова од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека додека беше претседателка на Унија на жени на ВМРО ДПМНЕ со Јанушев имала  исклучително лоша соработка.– Соработував со Емил Димитриев и со други генерални секретари, но вакво лошо искуство како со Јанушев не сум имала, бидејќи, не сакам да навредам никого, но Јанушев имаше непочитување кон Унијата на жени. Откако јас се повлеков, жените членки беа поттргнати на страна, се изгубија ингеренциите на жените. Сè се правеше жените да имаат помалку права во партијата и тоа може да се види по резултатите од овие избори, каде ВМРО-ДПМНЕ сега има помалку пратенички отколку во претходниот состав, вели Даниела Рангелова од ВМРО-ДПМНЕ во Отворено на Телевизија 24.Рангелово потенцира дека нема лично нетрпение со Јанушев, туку тој едноставно имал таков арогантен карактер.„Можеби ја слушнавте бомбата во која што Јанушев кажува дека ќе дели шамари? Тоа е за мене! И за боксот е за мене, тоа е во кампањата на Владимир Тодоровиќ во 2013 година кога јас бев обичен член на партијата. Тогаш Јанушев му беше записничар на Миле Јанакиески. И сега истиот тој Јанушев кажува дека е новото раководство, рече Рангелова во гостувањето во Отворено на Телевизија 24.

Македонија | пред 5 години

Haker-2-620x350

Хакерите не интервенирале во изборните резултати, создале само погрешен приказ на бројките

Неофицијално, „Фокус“ дознава дека според првичните наоди на Секторот за комјутерски криминал при МВР, немало интервенирање во податоците, односно изборните резултати кои се внесувале во податочната база.Според неофицијални информации, целта на нападот била да се даде погрешен приказ на бројките, односно резулатите во изборите.Во средата вечерта непосредно по затворањето на гласачките места падна сајтот на ДИК и граѓаните не можеа да ги следат резултатите од изборниот процес, односно да видат која партија колку гласови освоила од обработените гласачки ливчиња. ДИК објави дека се мета на хакерски напад, а случајот го пријавија во МВР.Хакерската група „AnonOpsMKD“ која на денот на изборите го нападна арегатот „Тајм.мк“ денеска објави нова порака преку која им се заканија на сите партии доколку изберат Албанец за премиер. Сепак велат дека не се поврзани со нападот на ДИК. Велат не се поврзани со нападот на ДИК, а за тоа ги посочија нивните „браќа“ од Косово.– Не сме поврзани со нападот на ДИК, за тоа обратете се кај браќата од Косово, а доколку ви треба помош за пронаоѓање на сторителите, отворете „дарквеб“, тие 2-3 „сајбер“ експерти во МВР знаат што е „дарквеб“, ако не ги имате тие „под Кале“, се вели во пораката.

Македонија | пред 5 години

zaev

Заев ќе формира Влада по Илинден, во игра пратеници од помалите партии, каде ќе биде ДУИ?

Додека високи функционери на ДУИ не се симнуваат од ТВ екраните и даваат изјави за домашни и странски медиуми дека патот за формирање на новата влада води преку Мала Речица, тајно се подготвува новото парламентарно мнозинство. Извори во Коалицијата „Можеме“ за Слободен печат велат дека тие ќе формираат нова Влада која ќе ја предводи лидерот на СДСМ Зоран Заев.Политичкиот аналитичар Петар Арсовски за Слободен Печат вели дека како што одбивањето на Албанец премиер им носеше на ДУИ гласови додека траеше кампањата, така сега нивното инсистирање на Албанец премиер може да ги изолира на политичката сцена.– Оттаму главната стратегија на ДУИ во овој период е да ги обедини сите албански партии околу нивната идеја бидејќи така, таа сака да направи што е можно повеќе несогласувања помеѓу сите други партии за таа да остане единствен коалициски избор. Во таа комбинација најлесно им е да почнат со Села бидејќи Беса е помала и е во коалиција со СДСМ, а ДПА на Тачи има само еден пратеник. Така што логичен избор им е таа платформа прво да ја синхронизираат со Села, вели Арсовски.Од Алијансата за Албанците вчера истакнаа дека невозможна мисија е ДУИ и Алијансата да се најдат на исто место.Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска во интервју за А1 он истакна дека процесот на преговори за формирање нов состав на владата ќе почне веднаш по илинденските празници.– СДСМ е голема, широкограда и отворена партија и ќе разговараме за коалирање со сите партии што се подготвени да го прифатат европскиот, демократскиот, слободарскиот концепт и патот што Северна Македонија го оди како земја членка на НАТО. Структурите што заговараат идеи поинакви од демократскиот и европскиот концепт не припаѓаат во идната владејачка коалиција водена од СДСМ бидејќи таквите конфликтни и ретроградни опции или се поразени или се маргинални – рече Заев.Текстот во целост на: Слободен печат

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Филипче и Арслани на средба со младите доктори кои месецов добија лиценца за работа

Министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче, заедно со заменик министерот, д-р Арменд Арслани денеска остварија средба со докторите на медицина, кои месецов го положија стручниот испит и добија лиценца за работа од Лекарската комора на Република Северна Македонија. Станува збор за вкупно 66 новолиценцирани доктори на медицина, од кои повеќе од половина изразиле желба да работат со пациенти со КОВИД-19.На средбата младите доктори ја поздравија измената на Законот за здравствена заштита од јануари, минатата година, со која се овозможи секој дипломиран доктор кој се стекнал со лиценца веднаш да почне со шестмесечна пракса за која првпат добиваат надомест од 30,000 денари месечно.Работата во траење од шест месеци се спроведува во јавните здравствени установи – здравствени домови и општи болници со проширена дејност што вршат дејности и на примарна здравствена заштита, во дејностите на итна медицинска помош и домашно лекување, превентивна здравствена заштита за предучилишни и училишни деца и поливалентна патронажа.Овие мерки се поттик за младите лекари да ја продолжат дејноста во државата, имајќи предвид дека тие се иднината на нашето здравство. Министерството за здравство продолжува со унапредување на статусот на младите лекари, како и условите за работа и третман на пациенти.

Македонија | пред 5 години

3-2

Прв Македонски гинеколог кој работи роботска хирургија

Уште еден огромен меѓународен успех, на кој менаџментот на Болница „Плодност“ е особено горд. Д-р Синиша Трпчевски го доби сертификатот за завршена и положена специјализација по гинекологија и акушерство во Виена, Австрија и воедно е првиот Македонец гинеколог, кој работи роботска хирургија.За време на неговото 5 годишно искуство  во рамките на специјалистичкиот стаж (за разлика од времетраењето на специјализациите кај нас), тој направи многубројни лапароскопски операции и класични операции на карциноми на гениталните органи и над 50 роботски операции.Д-р Синиша Трпчевски е дел од онколошкиот тим во најголемата болница во градот Велс (северна Австрија), четврта по големина во цела земја. Поради фреквентноста на породувањата во болницата, околу 3500 породувања на годишно ниво, се стекна со огромно искуство во оваа област, а во Болница „Плодност“ има направено неколку лапароскопски операции со вадење на лимфни жлезди. Во моментов е ангажиран во одделот за роботска хирургија, каде што досега направил над 50 роботски операции.„Во Австрија сакам да останам уште најмалку 5 години, за да го усовршам занаетот, а потоа ќе се вратам во Болница „Плодност“ со цел да воведеме некои оперативни методи, кои не се работат во Македонија. Во меѓувреме, јас почесто ќе доаѓам во мојата Болница „Плодност“ за одредени потешки операции. Ако се создадат услови, и во „Плодност“ ќе проработи робот, операциите ќе можам да ги извршувам со телемедицина од Австрија – тоа е концептот на современата медицина“, рече д-р спец. асс. Синиша Трпчевски.Менаџерскиот тим на Болница „Плодност“ му посакува што поскоро враќање во матичната болница. 

Македонија | пред 5 години

mancevski

Манчевски го објави резултатот од тестот за коронавирус

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски добил резултат од тестот за коронавирус, кој бил негативен. Тој очекува втор негативен тест за да излезе од изолација.„Првиот тест негативен. До сега водам во негативни тестови со 4:0. Да се надеваме на 5:0. Ако и вториот тест од оваа изолација биде негативен во недела, од понеделник назад во акција. На моите пријатели и колеги кои се позитивни им пожелувам брзо опоравување. Имаа многу слаби симптоми, кои веќе ги немаат и се надевам дека брзо ќе се покажат негативни на тестот. Чувајте се, бидете безбедни и почитувајте ги мерките за лична заштита“, напиша Манчевски.

Македонија | пред 5 години

ruskoska

Русковска тврди дека парите на бизнисмените завршиле во куќата на родителите од Боки 13

Имаме доста материјални докази кои главно произлегоа од вештачењето од телефонот на сега обвинетиот Бојан Јовановски. Што се однесува до парите кои се подигнати од страна на Лилјана Тодоровска и земени веднаш од обвинетата Кристина Блажевска, имаме точно локациски од вештачењето на телефонот дека завршуваат во куќата на неговите родители, имаме и слика имаме и локација, изјави обвинителката Вилма Рускоска денеска пред Основниот кривичен суд во Скопје.Додаде дека имаат материјални докази што одат во поткрепа на обвинението, но и сведочења особено на Агапи Дика и на Лилјана Тодоровска,… за тоа како се одиграло потпишувањето на договорите, преговарањето во „Меѓународен сојуз“ и исказите на оштетените Силјан Мицески и Ардијан Амзоски.Рускоска рече дека на кратко во воведните зборови кажала дека тие се обврзале дека ќе обезбедат државно неизградено земјиште, а донекаде и субвенционирање од страна на државата.-Подетлано за ова ќе видите од самите материјални докази, како и од сведочењата. Што се однесува до перењето пари исто така, не за Бојан, туку за осомничени Јасна Мандиќ и Миле Јовановски образложив зошто сметаме дека кај нив постои перење пари, односно дека парите што ги добил Бојан Јовановски по пат на измама им ги давал на нив да ги уплаќаат како позајмици или враќање на позајмици или донации на БМЈ медија груп, а склоп на оваа окмпанија беше и 1ТВ, рече Рускоска.На новинарско прашање, Рускоска рече дека Бојан Јовановски се служи со лични квалификации.– Тој е обвинет. Мене прво ме направи коруимпиран обвинител, па со ништо не успеа тоа да го докаже и секакви квалификации користи што не му доликуваат. Така да, јас кажав дека може да смисли еден девијантен пример, јас не реков кој. Јас никого до сега ниту во „Рекет“, ниту во овој предмет имам намера лично да навредувам затоа што тоа не е во правец на докажување на фактичка состојба. Бојан и во претходниот случај , а и сега се служи со лични квалификации, рече Русковска.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Нови 163 случаи на коронавирус: Најмногу во Скопје, но и во Охрид и Струга

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1636 тестирања, а регистрирани се 163 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје-52, Куманово-21, Дебар-2, Штип-33, Тетово-4, Струга-7, Велес-2, Битола-5, Охрид-1, Кавадарци-4, Гостивар-17, Струмица-2, Кочани-2, Пробиштип-2, Демир Хисар-3, Македонски Брод-1, Свети Николе-3, Кичево-1, Ресен-1.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 69 оздравени пациенти од: Скопје-41, Дебар-1, Штип-10, Прилеп-4, Тетово-1, Велес-3, Кавадарци-2, Гостивар-6, Пробиштип-1.Нема починати пациенти.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9412, бројката на оздравени пациенти е 4940, на починати е 432, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4040.Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 4350, активни 1892• Куманово 933, активни 247• Дебар 175, активни 112• Штип 640, активни 324• Прилеп 311, активни 54• Тетово 955, активни 302• Струга 377, активни 195• Велес 208, активни 29• Битола 94, активни 49• Охрид 245, активни 130• Кавадарци 33, активни 19• Гостивар 315, активни 207• Гевгелија 19, активни 8 (*6 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 2 на Богданци)• Струмица 33, активни 24• Крива Паланка 22, активни 8• Радовиш 23, активни 19• Крушево 14, активни 9• Кочани 91, активни 23• Пробиштип 45, активни 28• Демир Хисар 18, активни 16• Македонски Брод 10, активни 6• Пехчево 6, активни 0• Берово 4, активни 1• Валандово 6, активни 0• Виница 5, активни 2• Делчево 1, активни 0• Кратово 12, активни 7• Свети Николе 203, активни 188• Кичево 101, активни 82• Ресен 141, активни 57• Неготино 22, активни 2 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 1636 теста се преку: ИЈЗ-729, ЦЈЗ Скопје-10, Авицена-128, Биотек-163, МАНУ -176, Жан Митрев (Филип Втори)-215, Систина со PCR метода -158, Судска медицина -10, ЦЈЗ Битола-25, Инфективна клиника-4, ГАК-18. Досега во земјата се направени вкупно 88179 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 86 пациент. На кислородна поддршка се 34 пациенти, нема пациенти на респираторна машина, информираат од Министерството за здравство.Во болницата во Козле се хоспитализирани 17 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 7 позитивни деца, 1 дете и 1 мајка суспектни на вирусот.Во ГОБ „8 Септември“ примени се 10 нови, вкупно хоспитализирани се 92 пациент. На респираторна машина се 7 пациенти.Во болницата во Битола се хоспитализирани 37, а во болницата во Штип се хоспитализирани 51 пациент. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 132 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19, велат од МЗ.

Македонија | пред 5 години

megunaroden-sojuz

(ВИДЕО) Судењето за „Меѓународен Сојуз“ прекинато, му се слоши на таткото на Боки

Поради влошување на здравствената состојба на таткото на Бојан Јовановски, Миле Јовановски, судењето за „Меѓународен сојуз“ е прекинато на 30 минути, објави ТВ 21.Набрзо дојде и брзата помош која интервенираше.Не е познато дали судењето ќе продолжи.https://www.facebook.com/tv21hd/videos/336489340689873/

Македонија | пред 5 години

received_202246251228264

Отворена манифестацијата „На Зајдисонце“ - 2020

Со почитување на Ковид мерките и во пријатна крајезерска атмосфера вчеравечер во Трпејца на свечен начин беше отворена манифестацијата „На зајдисонце“ 2020.Честа да го отворат деветтото издание  им припадна на младата  Дијана Велјаноска чии експонати  - филигран работен со срма ја красеа сцената и на поп пејачката Верица Пандиловска која отпеа грст свои хитови, убаво прифатени и од публиката во Трпејца.Културно – забавното лето во Трпејца во име на покровителот на општина Охрид за отоврено го прогласи заменик градоначалникот Ристе Николески кој рече:  Дозволете ми на почетокот да го изразам моето големо задоволство  што во невообичаени услови на пандемија од Ковид 19, организаторите со огромна енергија и вложен труд почитувајќи ги здравствените протоколи успеаја да го организираат  годинешното деветто издание на културната манифестација на „На зајдисонце“ во Трпејца. Со тоа во континуитет се нижат алките на  културниот синџир кој од година во година станува се подоминантен на охридската туристичка разгледница.Во древниот Охрид туристичката  населба Трпејца има  исклучително место затоа што нејзините  убавини зачинети со културните и спортски содржини  кои се нудат на овој настан  привлекува се поголем број на посетители од земјава и странство.  Токму затоа Општина Охрид покрај тоа што реализира инфраструктурни проекти  ги подржува ваквите културни  случувања  со кои се збогатуваат алтернативните форми на туризам . Со тоа ги потврдуваме нашите цврсти определби за развој на руралните  и туристички  средини, рече Николески, заменик градоначалникот на општина Охрид .Вечерва од 20 и 30 часот публиката ќе се дружи со академик Миле Миќуновиќ преку промоцијата на неговата најнова книга насловена „Метафора“ во издание на НУ Библиотека „ Григор Прличев“ од Охрид. Во забавниот дел ќе настапи дуото „БЛАЦК МООН“.Претпладнево започна театарската работлиница за деца раководена од актерката Марија Новак а попладнево ќе започне и работилницата „Цртаме на зајдисонце“.Манифестацијата „На зајдисонце“ во Трпејца ќе трае до вторник 28 јули а годинава покрај општина Охрид, финансиски е поддржана од Министерството за култура и Делегацијата на Европската Унија во Скопје. 

Македонија | пред 5 години

20200720_120919

Се чисти депонијата во Бановина

Комуналните служби на Општина Аеродром деновиве спроведуваат акција за расчистување на дивата депонија во местото познато како Бановина во Горно Лисиче.Со цел зачувување на животната средина, Општина Аеродром апелира до граѓаните да се однесуваат совесно и да не фрлаат отпад на јавни површини и надвор од соодветните места за отпад, во спротивно, следуваат казни согласно со  законот.

Скопје | пред 5 години

korona-test

Извештај на ИЈЗ 13-19 јули: Помал број на новозаразени на неделно ниво

Министерството за здравство информира дека Институтот за јавно здравје денес го објави неделниот извештај за периодот од 13 до 19 јули 2020 година, кој што покажува намалување на бројот на новозаболени и оздравени лица, а зголемување на бројот на починати лица во однос на претходната недела.Во дадениот период направени се вкупно 8161 тестирања (1834 помалку од периодот 6–12 јули што се должи и на еден дополнителен неработен ден) и регистрирани се 1038 позитивни случаи на Ковид-19 што е за 35 случаи помалку од претходната недела.Новозаболени се регистрирани во 26 града при што најголем процент на новозаболени има во Скопје (39.9%) и во Штип (14,4%). Во 17 града во земјата, за истиот период, бројот на новопотврдени случаи е под 20.Во овој период се забележува промена на старосната структура на новозаболените во однос на претходните недели при што најголем процент се лица помеѓу 40–49 години 21,1%, потоа лица над 60 години 20,6%, поголем број новозаболени се регистрира кај лица помеѓу 30-39 – 20,4% и  кај лица од 50-59 години - 19,7%. Најмал број на новозаболени има кај децата и тоа 0-9 години – 2,2%, и од 10-19 години – 3,5% од вкупниот број на новозаболени.Од случаите кои се епидемиолошки истражени, хоспитализирани се 88 лица или 9,5 % од новозаболените што претставува намалување за 2% во однос на претходната недела на известување, а кај 275 лица или кај 29,5% регистрирано е присуство на коморбидитети, што е за 2% повеќе од претходната недела.Од вкупниот број на епидемиолошки истражените новозаболени 38,6% имале контакт со потврден случај на Ковид-19, а 12 лица (10 помалку од претходната недела) имале историја за патување во странство во минатите 14 дена.Во периодот 13-19 јули регистрирани се 545 оздравени лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, што е за 472 лица помалку од претходната недела на известување (6 - 12 јули). Пред ова намалување од 40% на неделниот број на оздравени лица, три недели бројот на оздравени лица бележеше раст за околу 40% на неделно ниво.Во периодот 13 до 19 јули, регистрирани се 44 смртни случаи, што е 8 повеќе смртни случаи од претходниот период. Најголем дел од случаите се лица над 60 години, 81,8%. 41 од случаите се починати во болнички услови, а 3 вон болнички. Кај 35 од смртните случаи (79,5%) регистрирани се претходни коморбидитети.На 19 јули 2020 година, според извештаите од болниците КИБФС, ГОБ 8-ми Септември, ИБЗД Козле, Клинички болници Битола и Штип, Општи болници Прилеп, Куманово, Велес и Гостивар, хоспитализирани се 392 лица позитивни на Ковид-19, од кои 102 се на кислородна поддршка, а 5 на механичка вентилација.

Македонија | пред 5 години

soobrakajna-nesreka

Извршен увид на местото на тешка сообраќајна несреќа на патот Прилеп-Битола

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп, заедно со екипа на крим-техника од МВР ОВР Прилеп, извршија увид на патот Прилеп – Битола, каде вчера во попладневните часови се случи сообраќајна несреќа во која едно лице го загуби животот, а едно беше потешко повредено.Според првичните сознанија, во несреќата учествувале три возила – Фиат Дукато со прилепски регистарски ознаки, Ауди А8 со бугарски регистарски ознаки и Фиат Добло со прилепски регистарски ознаки.Во незгодата животот го загуби сопатничка во возилото Фиат Добло, на возраст од 36 години. Сопатникот во возилото Ауди А8, на возраст од 19 години, најпрвин бил хоспитализиран на одделението за интензивна нега во болницата во Битола, а потоа поради сериозноста на повредите е префрлен на Клиничкиот центар во Скопје.Веднаш по извршениот увид, јавниот обвинител издаде наредби за обезбедување траги и предмети кои можат да послужат како доказ за утврдување на причините за несреќата, како и наредба за обдукција врз телото на починатата.​

Македонија | пред 5 години

kucinja-lence

Ленче Ристоска: Од двор ни украдоа две слепи хаски

Oбвинителката, Ленче Ристоска на Фејсбук објави дека од нивниот семеен двор во тетовското село Лешок ноќеска им биле украдени две слепи хаски, кои мора да се лекуваат поради нивната лоша здравствена состојба. Кучињата се чипирани, така што таа апелира до сите ветеринари на кои ќе им се донесат слепи хаски на преглед да ги проверат чиповите.https://www.facebook.com/lence.ristoska/posts/10220041177953982„Ноќеска од нашиот двор во село Лешок некој ни ги украл Астра и Зоне, две слепи хаски со шеќерна болест. Не верувам дека тој што ги украл знае за нивната здравствена состојба, која ако не се третира може да е има фатални последици. Кучињата се ослабени од болеста и лесно препознатливи.Ова е мој прв јавен пост и всушност е апел кој има каква било информација да не исконтактира бидејќи сме загрижени и вознемирени. Нема да покренуваме никакви постапки против лицата кои ги имаат украдено, само да ни се вратат. Кутрињата се чипирани, така што апел до сите ветеринари на кои ќе им се донесат слепи хаски на преглед да ги проверат чиповите.Она што за некој можеби е играчка за нас е дел од семејството! Астра и Зоне се дел од нашето семејство 8 години и со ваша помош се надевам дека ќе успееме да ги вратиме и дека ќе се дел од нашето семејство уште многу години“, објави Ристоска.

Македонија | пред 5 години

mavrovka-objekt

Објект кај „Мавровка“ никна, а никој не знае дали е законска

Течат роковите за Државниот градежен инспекторат кој треба да утврди дали објектот кој што се гради кај трговскиот центар „Мавровка“ е законски или не. Од Инспекцискиот совет на 16 јули испратиле налог до нив да излезат на терен со градежни инспектори од Општина Чаир и да спроведат заеднички надзор, објави telma.com.mk.Први кои дошле на терен да видат што се гради на местото каде што изгоре угостителски објект се комуналните инспектори на Град Скопје. Констатирале градежни работи, но немаат ингеренции за повеќе, па ги алармирале другите институции.Од Општината Чаир се уште немаме информации дали тие издале решение за градба ниту пак дали нивните служби се во тек околу тоа што се случува пред „Мавровка“.Дали инвеститорот на објектот има дозвола за да гради се уште останува непознато за одговорните институции.Текстот во целост на: telma.com.mk.Фото: Телма

Скопје | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања