Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

Boki-13-1

Боки 13: Мила Царовска ја донесе Лилјана Тодоровска, а имав поддршка од Зоран Заев и од Оливер Спасовски

Бојан Јовановски, обвинетиот во случајот „Меѓународен сијуз“, на денешното рочиште рече дека Мила Царовска, актуелниот вицепремиер за економски прашања и поранешна министерка за труд и социјална политика, ја донела кај него Лилјана Тодоровска, жена која подоцна се испостави дека добила на сметка 750.000 евра и имала задача да ги извлече и да ги предаде парите.- Мојот договор со ГП Пелистер не падна од небо туку беше преку посредници,  а вистиниските посредници ќе се дознаат преку кривичните пријави. Мила Царовска ја донесе Лилјана Тодоровска која е автор на проектот кај мене. Имав и прием и поддршка од Зоран Заев и од Оливер Спасовски, рече Јовановски.Боки 13 додаде дека со Фросина Ременски, исто така обвинета во случајот, се запознал како симпатизер и граѓански активист на СДСМ и дел од Шарената револуција.Тој рече дека првата средба со бизнисменот Силјан Мицевски ја организирал пратеникот Александар Кирацовски и оти на 4 јануари бил потпишан меморандум со Општина Битола.За Проектите за старечки домови, кои според обвинителството се фиктивни, всушност биле реални, со потпишани договори донесени на собрание на невладината организација Меѓународен сојуз и проекти прераснати во платформи, истакна Јовановски– Силјан Мицевски и Ардијан Амзоски ниту се мали деца, ниту деловни неспособни за да бидат измамени. Фактот за мојот коректен однос говори дека не постои измама. Дента кога бев уапсен разговорав со Мицевски. Ми рече, нека ти е среќен пат на одмор, ќе се видиме кога ќе се вратиш. Замислете човек што си го измамил да ти посакува да си поминеш убаво на одмор – рече Јовановски.Во случајот „Меѓународен сојуз“, заедно со Јовановски обвинети се и Јасна Мандиќ, Фросина Ременски, Миле Јовановски и Христина Блажеска за кривичните дела „измама“ и „перење пари“.

Македонија | пред 5 години

petar

Македонски концепт поднесе тужба до Управниот суд

Македонски концепт во текот на вчерашниот ден поднесе тужба до Управниот суд против решението на Државната изборна комисија да не дозволи увид и пребројување на гласачките ливчиња.Со тужбата, Македонски концепт бара да се поништи решението и да ѝ дозволи на партијата да изврши увид на вкупниот број гласови дадени на предвремените парламентарни избори и евидентирање на гласовите дадени за Македонски концепт.Од таму истакнуваат дека овие предвремени парламентарни избори се сè само не фер и транспарентни.„Ние од Македонски концепт не ги прифаќаме изборните резултати и сметаме дека се неверодостојни и нелегитимни. Ова што го видовме како изборно сценарио на 15 јули е груб фалсификат и рушење на сите демократски принципи врз кои треба да се темели една слободна, фер и демократска држава. Македонски концепт за ова ја информира целата домашна и меѓународна јавност”, вели Петар Богојески, промоторот на Македонски концепт.

Македонија | пред 5 години

sveditelstvo

Класен раководител од Кичево наместо да седи во самоизолација, делел свидетелства

Против 46-годишен наставник во Кичево поднесена е кривична пријава поради непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.Од МВР информираат дека тој во својство на професор и класен раководител во основно училиште во Кичево на учениците од класот им доделил свидетелства иако знаел дека потпишал изјава за задолжителна самоизолација.

Македонија | пред 5 години

Foto_PRSM-Pendarovski

Објавен Јавниот повик за признанието „Успешни млади“ за 2019 година

Објавен е Јавниот повик за доставување пријави за признанието „Успешни млади“ за 2019 година, што го доделува Претседателот на Република Северна Македонија. Признанието се доделува како поттик на научноистражувачката мисла и уметничката работа на младите, за резултати постигнати во текот на 2019 година, во осум категории. Право на учество имаат сите граѓан(к)и на Република Северна Македонија што ги исполнуваат условите во јавниот повик, отворен до 18 септември 2020 година.Во продолжение го проследуваме Јавниот повик на македонски јазик. Во прилог го проследуваме Јавниот повик на албански и на англиски јазик.ЈАВЕН ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ПРИЈАВИ ЗА ПРИЗНАНИЕТО„УСПЕШНИ МЛАДИ“ ЗА 2019 ГОДИНА Признанието го доделува претседателот на Република Северна Македонија како поттик на научноистражувачката мисла и уметничката работа на младите во Република Северна Македонија.Признанието се доделува за резултати постигнати во текот на 2019 година, во осум (8) категории:Најдобар/а  млад/а научник/чка во општествените науки;Најдобар/а млад/а научник/чка во хуманистичките науки;Најдобар/а млад/а научник/чка во природно-математичките и техничките науки;Најдобар/а  млад/а  научник/чка во медицинските науки;Најдобар/а млад/а иноватор/ка;Млад талент (за ученици и ученички од средните училишта);Признание за постигнат особен успех и за афирмација на инклузијата (за млади со попреченост);Најдобар/а млад/а уметник/чка.Јавниот повик ги опфаќа сите лица што заклучно со 2019 година навршуваат 35 години, а кои постигнале значајни резултати во соодветната категорија, освен за шестата категорија (млад талент) за која можат да се пријават само ученици и ученички од средните училишта.Пријавените кандидат(к)и треба да достават доказ за исполнување на долунаведените услови (за соодветната категорија):за категориите 1-4: а. Список и копија од објавени научни публикации (во смисла на дефиницијата за „референтна научна публикација“ дадена во Законот за високо образование – „Сл. весник на РМ“ бр. 82 од 8 мај 2018 год.); и/или б. Список и копија од научни книги (авторски монографски изданија) објавени од македонски издавач.за категоријата 5: а. Копија од сертификат за патенти регистрирани од референтна институција; и/или б. Копија од сертификат или друг официјален доказ од референтна институција за признати значајни резултати во областа на иновациите; и  в. Проценка на позитивното влијание на иновацијата во поглед на решавање на одреден проблем и предизвик и во поглед на обемот на целната публика; и г. Економска скалабилност на идејата, односно колку лесно иновацијата може да се репродуцира (без да се копира), со цел во најкраток можен период да реши што поголем број проблеми и предизвици; и д. Иновацијата не треба да ѝ наштетува на животната средина на каков било начин.за категоријата 6: а. Копија од сертификат, диплома или друг официјален доказ за постигнати значајни меѓународни и домашни резултати или награди во различни области (вклучувајќи ги и културата и уметноста) и б. Потврда за статус на редовен ученик во средно училиште; и/или в. Препорака од ментор/професор со кој кандидатот/кандидатката работел/а на одредена тематика и покажал/а извонреден успех.за категоријата 7: а. Вклученост во процесот на инклузивно образование (училиште, факултет); и/ или  б. Постигнат особен успех во образовниот процес; и/или в. Учество  во активности во училишната заедница/факултет; и/или г. Остварено влијание во заедницата со активности што ја подигнуваат свеста за инклузијата на лицата со попреченост.за категоријата 8: a. Список и копија од објавени/изведени уметнички дела (снимки, фотографии и сл.) и б. Список и копија од критички осврти за уметничките дела;  и/или в. Список на награди и признанија за уметнички остварувања.Право на учество имаат сите граѓан(к)и на Република Северна Македонија што ги исполнуваат наведените услови. Горенаведените материјали заедно со биографија и со уверение за државјанство на Република Северна Македонија да се достават во еден печатен и еден електронски примерок (УСБ или Wetransfer линк) до Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, најдоцна до 18.09.2020 година. За подетални информации, обратете се на следната мејл адреса: s.bukla@president.mk, и на телефонскиот број 070 409 181. Препознавајќи ги социо-економските предуслови на поединците како значаен фактор во пристапот и можностите за образование и професионален напредок, со овој повик особено ги охрабруваме сите млади кои припаѓаат на ранливи категории да поднесат апликации за признанието "Успешни млади".

Македонија | пред 5 години

cair

Општина Чаир преку весници ќе го бара инвеститорот на нелегалниот објект кај Мавровка

Локалната власт во Чаир не знае кој гради пред Мавровка. Инвеститорот велат од општината е анонимен и затоа не можеле да го известат дека објектот е дивоградба и треба да се урне. Кога биле на тереб општинските инспектори, лицата присутни на објектот одбиле да го потпишат записникот. Поради ова од општината за Алсат рекоа дека сега  преку објави во весници  ќе го информираат сопственикот дека објектот кој го гради е дивоградба и треба да го сруши до крајот на јули. Ако тоа не го стори сам, тогаш општината ќе го урне, но претходно ќе треба да ангажира и фирма за тоа.Скопскиот градоначалник Петре Шилегов денеска се огради од ингеренции за дивоградбата, но од новата Влада ќе бара Градот да ги добие сите инспекциски надзори.Текстот во целост на: Алсат М

Скопје | пред 5 години

dimce

Арсовски: Коневски тежи минус 4 илјади гласа, добро е што не работеше оваа кампања, па ВМРО-ДПМНЕ повторно си го врати Аеродром

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски преку статус на Фејсбук му упати порака на поранешниот градоначалник на Аеродром Ивица Коневски.Добро е што Ивица Коневски излезе со став, инаку сликата на печалбар од ВМРО-ДПМНЕ не би била потполна.Очигледно адвокатурата му иде толку лошо, што сега има желба да менува професија и да се враќа во политика, каде што пак последните години од кариера му идеше уште полошо од адвокатурата сега.Работава испаѓа - Не умри магаре до зелена трева.И не треба никој да се труди да пишува имиња и презимиња околу печалбарите, сами ќе се јават сите.Е сега малку околу суштината, овие луѓе кои бараат смена на Претседателот Христијан Мицкоски се всушност неславниот багаж кој ВМРО-ДПМНЕ го влечеше како тег во пропаст, а потајно се молеа и работеа да победи СДСМ и на референдумот и на изборите.Сметам јас, а и целото членство, дека е време тој багаж да се истовари, затоа што ВМРО-ДПМНЕ е многу повеќе од тие ликови кои кога велат промени, мислат на тоа - тие да ја управуваат партијата која и тогаш и сега ја гледаат како ДООЕЛ за пари и бизнис. А, слушам веќе и функции си поделиле, па Ивица ќе бил секретар 😂Добра е таа ментална гимнастика на илузијата за која треба да знаат дека домашниот есап и тој на пазар никогаш не излегува.Знаете зошто? Затоа што ВМРО е на народот, на членовите кои се со нејзе и при сите подеми и при сите падови.А, сите оние кои ги полнат провладините медиуми со усти полни со омраза кон ВМРО, а во исто време повикуваат на единство во време кога ВМРО-ДПМНЕ се труди да состави Влада, всушност имаат за задача да му помогнат на Заев.Па, нели е чудно што Ивица Коневски, а и сите други зад кои се провлекуваат афери, скандали и сомнежи немаат проблем со законот и ниту една пријава?Нели е чудно што човекот што го викаат “комшијата” во Аеродром го нема 3 години да каже збор против Зоран Заев и Златко Марин, а денес тера филозофски расправи за ВМРО-ДПМНЕ?Тежината на Ивица Коневски се виде на изборите во 2017, односно “тежи” минус 4.000 гласови. Среќа не работеше во кампања сега, па работите дојдоа на свое место и општина Аеродром со сите населби повторно е победничка и бастион.За на крај, сите овие луѓе кои се дел од багажот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски ќе го остави зад себе. Од тој момент потоа, тој му припаѓа на Заев.ПС Заев, со среќа да си го носиш багажот, напипа Арсовски на ФБ.https://www.facebook.com/1263640805/posts/10223367414354602/?d=n

Македонија | пред 5 години

sovetnik-culev

Суспендиран советникот на Чулев кој пцуеше началник во СВР Тетово

Зоран Ѓорѓиевски, советник на Кабинетот на техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев е суспендиран и против него е поднесена кривична пријава за насилство поради нападот на началникот на Единицицата за безбедност во сообраќајот во СВР Тетово, Зоран Талев на денот на изборите.Дополнителната заменик-министерка, Славјанка Петровска наведе дека против државниот советник поведена е постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и истиот ќе биде суспендиран од работното место до завршување на дисциплинската постапка во МВР.https://www.facebook.com/slavjanka.petrovska/posts/10222179922149690„Во врска со несоодветно и насилничко однесување на припадникот на МВР, Одделот за внатрешна контрола криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР ги заврши потребните проверки за настанот во Тетово кој се случи на 15.07.2020 год при што констатира дека постои основано сомнение дека полицискиот службеник, државен советник за полициски и криминалистички работи на министерот за внатрешни работи сторил кривично дело насилство и малтретирање при вршење служба за што против истиот до ОЈО ГОКК – Одделението за гонење на сторите на кривични дела на лица со полициски овластувања поднесена е кривична пријава“, информира Петровска.

Македонија | пред 5 години

ljubco

Љубчо Георгиевски подготвува адвокатски тим за враќање на титулата почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Првиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, а подоцна и почесен претседател, Љубчо Георгиевски, не е задоволен од последните статутарни измени во неговата поранешна партија и смета дека веќе стекнатото право како почесен претседател на партијата не може да му биде одземено. Тој веќе го подготвува адвокатскиот тим за покренување на тужба против ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи согласно позитивната правна регулатива веќе стекнато право не може да биде одземено, пишува Поглед.мк.Со последните измени во статутот на партијата се укинуваат позициите почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Освен Љубчо Георгиевски, почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ беше и Никола Груевски. 

Македонија | пред 5 години

kekenovski

Фродем ги поздравува статутарните промени, но одговорност и оставки мора да има

По три порази на чело на ВМРО ДПМНЕ и плус еден пораз еден како генерален секретар на партијата заврши епизодната улога на Мицковски и неговата партиска клиентела. ВМРО ДПМНЕ е партија на народот, а не приватна партија и затоа е потребно во најкраток можен рок узурпираната партија да се врати на членството. Затоа бараме од Мицковски да престане да купува време, да престане и понатаму да одработува за туѓи криминални и анационални интереси, да престане да ја срами партијата и итно со целото партиско раководство да поднесе оставка. Неговата неславна епизодна улога заврши во раните утрински часови на 16 јули 2020 година. Оставка ден порано, ден подобро за ВМРО и Република Македонија, се вели во соопштението од Фронт за демократска Македонија.Зарем беа потребни пет години и четири порази по ред некој да се сети (сега кога му е најгусто) дека се потребни промени на Статутот на партијата во насока на нејзина демократизација? ФРОДЕМ тоа го бараше уште во времето додека со партијата раководеше бегалецот од Будимпешта (уште пред 2015 година) кој водеше сулуда партиска и државна политика исчучиво за сопствен и фамилијарен интерес. Заради овие чесни барања членовите на ФРОДЕМ и поддржувачите беа етикетирани како кодоши, предавници, беа исклучувани и тоа од страна на докажаните криминално-кодошки структури на чело на партијата и од нивните наследници. Времето покажа кој е кодош, предавник, арамија, лажен патриот, пресметлив политичар, а која држи до себе и до своите чесни патриотски и национални цврсти заложби и ставови.Да не се соопшти цврст и јасен став на членството и на јавноста по ниту едно прашање, да не се поведе народот во клучните моменти е одлика на плашливци и луѓе кои свесно и намерно калкулираат со приоритетните интереси. Долгото молчење, манипулирањето со јавноста и членството, тајното кокетирање со претставници на меѓународната заедница и обидот да се заштитат криминалците во сопствените редови ја докусурија партијата и ја доведоа до четири порази едно по друго. На вмровците и на Македонците многу побитна им е државата отколку умислената желба лидерот брзо да дојде до удобна премиерска фотеља.ФРОДЕМ безброј пати сиве овие години укажуваше и повикуваше на демократски промени и воспоставување на нови стратешки, програмски и кадровски постулати кои ќе го возобноват компромитираното, криминализирано и руинирано партиско ткиво.  Во таа смисла Мицковски ја имаше поддршката од ФРОДЕМ за неслективно расчистување со криминалните партиски структури, кариеристи, прислужници, бандити, непринципиелни и дезидеологизирани персони желни за власт. Баравме да се стави крај и да им се каже довидување на сите оние кои живееа и профитираа од државата и партијата. Но, за жал сето ова беше игнорирано. Мицковски заради сопствениот комодитет молчеше и не гледаше бидејќи поважни му беа должничко-доверителски односи со тие структури. Патем ја ,,усреќи” партијата со кадри од времето на Бранко Црвенковски и кадри кои за вмровците вела дека се безмозочна маса.Во оваа прилика мораме да го потсетиме наметнатиот лидер Мицковски на неговите зборови: ,,Ако водам следете ме, ако се двоумам потурнете ме, ако ве предадам убијте ме”. Господине Мицковски, благодарение на криминалците во редовите на партијата и патриотите на дневна основа кои те ,,насадија” на лидерската позиција ти не водеше. Заради партијата ние те следевме, а ти не предаде кога ни беше најтешко. Сакаме да ја потсетиме јавноста дека кога ти се двоумеше ние те туркавме, а кога не предаваше многумина молчеа и ти се умилкуваа. За разлика од нив, ние и тогаш и сега сме гласни и искрени. Ова е доблест, а не грев за една партија која го содржи префиксот демократска.Во име на членовите на ФРОДЕМ по којзнае кој пат повторуваме дека ВМРО ДПМНЕ не заслужува и понатаму да ја водат лабилни и неконзистенстни партиски раководни кадри со еден куп кривични пријави зад себе и вмровци по професија и потреба. ВМРО ДПМНЕ беше и мора да остане народна партија, а не дувло на обвинети и осомничени криминални структури, одродници, платеници и политичари на дневна основа. Партијата не може да се рециклира преку стариот поданички материјал и преку неконзистентните и набрзина донесени ставови. Потребна е реална и коренита промена!. Потребна е јасна визија за тоа каде оди Македонија и каква улога треба да има ВМРО-ДПМНЕ во иднина. Секој обид за игнорирање на овие по којзнае кој пат јавно кажани ставови ќе биде уште подлабоко навлегување во ,,чизмите” на поранешниот претседател на партијата.Потребна е политичка одговорност за водењето на калкулантската, несериозна и додворувачка политика и јавно извинување за сторените злодела на поединци кои беа на највисоките раководни партиски и државни позиции. Не може најголема опозициона политичка партија во државава да биде водена од луѓе кои со едно око му намигнуваат на членството, а со друго на политичкиот конкурент и меѓународната заедница, а зад грбот на сите преку тајно договарање да се штитат криминални партиски структури.  Само кристално прочистено и сплотено ВМРО ДПМНЕ може да ги победи мрачните сили кои газат по достоинството на македонскиот народ и кои се обидуваат да создадат држава на северно македонци со историја, традиција и култура од 1945 година, се вели во соопштението од ФРОДЕМ, Фронт за демократска Македонија. 

Македонија | пред 5 години

110214908_2444731759167176_2335716935441593425_o

(ФОТО) Клиниката за нефрологија со комплетно нов лик

Министерството за здравство информира дека на Универзитетска клиника за нефрологија е извршено комплетно реновирање на интензивниот оддел, како и одделите за хронична и акутна дијализа, одделот за трансплантација на бубрег, како и одделот за васкуларни пристапи.Со оваа инвестиција, значително е унапреден квалитетот на здравствената заштита, имајќи предвид дека оваа клиника е единствена установа во државата која третира најкомплексни пациенти со бубрежни заболувања.Со реновирањето е извршена комплетна замена на медицинскиот инвентар, како и инвентарот во помошните простории за медицинскиот персонал, при што е обновена и салата за васкуларни пристапи за пациентите на хроничен хемодијализен програм.Покрај градежните работи, со кои комплетно е променет изгледот на клиниката, направена е целосна замена на болничките кревети и помошна немедицинска опрема. Инаку, во делот на медицинска опрема е набавен нов ЕХО апарат, пациент-монитори за следење витални параметри во единицата за интензивна нега, а извршена е замена на инсталацијата и доводот на кислород. Набавен е и современ хирушки стол и осветлување, а целосно е обновен и инструментариумот, со што значително се подобруват условите како за пациентите, така и за стручниот тим нефролози, кои ги работат сложените процедури, како што се артери-венски фистули, трајни и времени катетери за хемодијализа и сл.Во насока на унапредување на третманот на пациентите со бубрежни заболувања, обезбедени се современи апарати за континуирани методи на хемодијализа за третирање на најкомплексните пациенти со бубрежно затајување, кои бараат интензивна нефролошка нега. Обезбеден е и апарат за процедури за прочистување и замена на плазма кај пациенти со системски заболувања, како што се гломерулонефрити, системски лупус и останати пациенти со комбинирани системски нефролошки, ревматолошки, хематолоши, кардиолошки и пулмонални заболувања, кај кои преземањето на овие терапевтски интервенции се животоспасувачки.Исто така во тек се подготовки на тимови од нефролози и инфектолози за изведување специфични третман кај најтешките пациенти со Ковид-19 инфекции, кај кои е поставена индикација за лекување на такананаречена „цитокинска бура”, според прифатените светски протоколи.

Македонија | пред 5 години

ivica-konevski

Ивица Коневски: Крајно време е за промени во ВМРО-ДПМНЕ

Крајно време е за промени во ВМРО-ДПМНЕ, ова уште еднаш го потврдија последните парламентарни избори, вели во својот допис испратен до медиумите Ивица Коневски,Член на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен советник за град Скопје на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.Според него, повеќе од јасно е дека на партијата и е неопходен добар тим, раководство со капацитет за обединување и демократизација, кои во моментов се клучни за враќање на довербата кај граѓаните.ВМРО-ДПМНЕ отсекогаш имала свој препознатлив печат, кој за жал изминатите неколку години избледе. Но, и покрај сите премрежија, кај многумина од нас не избледе искрената желба партијата да се врати на својот вистински пат, да ги следи современите текови и повторно да стане делотворен чинител во ова општество.ВМРО-ДПМНЕ тоа го има, го може и знам дека ќе успее пак да се издигне на пиедесталот, онаму каде што припаѓа, на првото место. Доаѓаат подобри времиња, вели Ивица Коневски,Член на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен советник за град Скопје на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.  

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Докторка пријавила сомнеж за извршен полов напад врз 6-годишно дете

Докторка пријавила сомнеж за извршен полов напад врз шестгодишно дете во Тиквешко, дознава МИА. Заради заштита на детето, нема да објавиме за која општина станува збор. Од МВР го потврдија случајот за агенцијата.-Вчера, докторка од приватна здравствена ординација пријавила дека на преглед кај неа било донесено дете на шестгодишна возраст, за кое се сомнева дека врз него има извршено полов напад, стои во одговорот на нашето прашање.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 5 години

ahmeti

Али Ахмети: Поканет сум за сведок во Специјалното обвинителство за воени злосторства во Косово

Али Ахмети е повикан за сведок од страна на Специјалното обвинителство за Косово со седиште во Хаг, како што потврди лидерот на ДУИ на својот фејсбук-профил. Тој во објавата наведува дека без двоумење ја прифатил поканата и воспоставил конструктивен и коорперативен контакт со службените лица во Хаг.– Владеењето на правото и постигнувањето на вистинска неселективна правда, локална и меѓународна, се моја постојана цел и обврска во текот на целата моја активност Затоа, би сакал да ве известам дека Специјализираните комори на Република Косово, односно Специјалното обвинителство за Косово, ме покани како сведок и без двоумење ја прифатив поканата и воспоставив конструктивен и кооперативен контакт со службените лица во Хаг. Отсекогаш сум бил поддржувач на неселективната правда и стојам на располагање на правосудството за да ја докажам искреноста на ослободителната војна на албанскиот народ пред геноцидот на српскиот режим на Милошевиќ – напиша Ахмети, без да понуди повеќе детали за конкретната истрага на Специјалното обвинителство во која ќе биде сведок.

Македонија | пред 5 години

poraka-nova

(ФОТО) Провалено во центарот за интелектуална попреченост „Порака нова“, крадците влегле преку кров

Крадци посегнаа по опремата на Центарот за подобрување на квалитетот на животот на лицата со интелектуална попреченост и нивните фамилии „Порака нова“ од Струга. Оваа информација на својот ФБ профил ја објави проект менаџер во „Порака нова“, Анита Гаговска.„Море дедомразовци едни!!! Доста провалвевте од врати и пренџери, сега почнавте и од кровови. Не е Нова година АЛОО. Зш и така ко организација сме динга пари, уште ова капак на све ни требаше. Чуктене ги малку глајте и размислите кому му прајте штата!, напиша на ФБ Гаговска, и при тоа објави две фотографии од таванот од каде што влегле провалниците. https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10157310954076881&set=pcb.10157310954356881&type=3&theater Засега не е познато што крадците зеле од центарот.

Македонија | пред 5 години

bacev-1

(ВИДЕО) Бачев поднесе тужба до Управниот суд - ние практично на изборите настапивме како безимен субјект

Претседателот на партијата Единствена Македонија и предводник на коалицијата „Никогаш Северна само Македонија“, Јанко Бачев поднесе тужба до Управниот суд, откако ДИК го отфрли приговорот за како што вели незаконски избришаното име на коалцијата од гласачкото ливче.„Не е спорно што листите се поднесени со назив „Никогаш Северна , само Македонија„ не е спорно дека листите се поднесени во законски утврден рок, не е спорно дека се поднесени од овластен претставник на коалицијата, не е спорно дека се потврдени од страна на ДИК и дека се утвредени неправилности. Меѓутоа на ваквата неспорна фактичка состојба, ДИК од нему познати причини во заднина и надвор од очите на јавноста го избришал називот на листата „Никогаш Северна, само Макеоднија“ и ние практично на изборите настапивме како безимен субјект“ вели Бачев.https://www.facebook.com/ohrid1/videos/292706398812756/?__tn__=kC-y.g&eid=ARARmbfj4taqFHmoqHiPBb-2J-h1-mq4PmdHfK4tE8A54F3EtP7oq832d1hxhvSUJzZYphfx3UfjFX9P&hc_ref=ARSm3RZAehgRF7_nweaVne9OlLhhpHuKIAfu91Znc0S0PQ60hCUHZY9LrLMceylLudY&fref=nf&__xts__[0]=68.ARB6093hIt7FFijdi-8Ht1MxO6rvq3xxSKXyv4nighYiVhfzoMrhqkM1Uac2ltMtaCzaVoJlemXXVKClThzhFX0G2pPmsh9iv2Bns2wS3mal1C48x9Td1lS8dv0RURM_TKHCPrkm0Q0KtfsYtsVe-tWDClm8XxQsKJdxGQYVhdyNVZilVHzftuOJ1VlldqV8F68SiwXGAWvRa5269tpSkjEmsIyavra3pWDhIgumv9PyTt66Ko_h7BnzCOYJByvQp8j1zzDuwzeSxCK2XAUaVe84u38UWMtU_6AftnKOyt-1k_pB1nq1D0v8cy2jY0kt-LtYXVUE0aZk2V27vaS2kbyx0WP1ZbwavzlYLH_3oCqHZ-XbVHTGIoSvN8pAeioASsjr_fzDBDZQNkSF57IFAdrtfqt_9_1cUbdwAme5UWAizfPfxNmpdLpN4Sohj7U6QO8lGD1b1y96Dt2L6OZ_2g8aicnNl7QqaLKqEOq_G-8MVO587nONcwy-v_Y4XXs9ky7tuIUVTdCaCH0T3SNrBuGKr6ouMmz1kz-g9IEnt7vi1roULHs1hTwtPv1qd_BXJ9Gc9reLfWm5CRPXF7e5KLL881LzPFOcqITESc2yvjtdi07wh74TzaFBo0ph0p4syHAFdXUu_5rLtwC-xs4zY9UpBjgizttEZ-QwF4xSEW4KycwTEWYdyIWkwK83

Македонија | пред 5 години

upraven-sud

Одбиени сите тужби на АА и Алтернатива, Села остварил средби со неколку амбасадори

Сите 75 тужби кои Алијансата за Албанците и Алтернатива ги поднесоа пред Управниот суд  се одбиени.Ваква одлука е донесена и за единствената тужба која ја поднесе полтиичката партија Интегра.Со ова се потврдува одлуката која претходно ја донесе ДИК.Од Алијансата за Албанците преку соопштение информираа дека претседателот на партијата Зијадин Села остварил средба со неколку амбасадори. Села ги навел забелешките за изборниот процес, и како што наведуваат „за организираниот изборен инженеринг од страна на ДУИ.Претседателот на АА во дипломатска офанзива, средба со евроамбасадорот г. Самуел Жбогар, амбасадорот на Франција г. Кристијан Тимоние и амбасадорот на Германија г. Анке Холстеи Денес, претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села заедно со потпретседателот Елми Азири остварија низа средби со амбасадорите на најважните земји на ЕУ. Претседателот Села се сретна со амбасадорот на Европската унија Самуел Жогар, потоа со амбасадорот на Франција Кристијан Тимоние и амбасадорот на Германија Анке Холстеи. На средбите се разговараше за изборниот процес, при што беа дадени сериозни забелешки од претседателот Зијадин Села како резултат на организираниот изборен инженеринг од страна на ДУИ. Понатаму се разговараше за судските постапки иницирани од коалицијата „Сега е времето“, жалбите поднесени до ДИК, Вишиот управен суд, итн., како и за најавените протести за понеделник во одбрана на демократијата под мотото Избори ДА крадење НЕ. На средбите беше покажан посебен интерес за идниот состав на владата, како и за факторингот и легитимната улога на коалицијата АА-ААА. На средбата беше истакнато дека демократизацијата на земјата и предизвиците кон членството на земјата во ЕУ, при што претседателот Села ги извести амбасадорите дека владеењето на правото, интеграцијата на земјата во ЕУ, економскиот развој ќе бидат политички приоритети, за да им се обезбеди подобар живот на граѓаните и еднаква држава за сите. Алијанса за Албанците 22 јули 2020 година, се вели во соопштението од Алијанса за Албанците.Вкупно досега во управниот суд се поднесени 185 тужби.

Македонија | пред 5 години

grubi

Артан Груби ја спушта топката: Време е за умереност, да продолжиме по нашиот евроатлански пат

Време е за умереност, смиреност и да ги засукаме ракавите со цел силно да продолжиме на нашиот евроатлантски пат, напиша денеска на својот фејсбук профил пратеникот на ДУИ Артан Груби, после неколкудневно префрлување во јавноста - за тоа кој со кого ќе формира нова Влада по изборите на 15 јули.„Толку потребните реформи кон вистинско владеење на правото и бескомпромисната борба против корупцијата и криминалот, но и економското закрепнување за да се поправат последиците од ковид-19 со воспоставување на одговорни институции“ напиша Груби на својот профил на Фејсбук.

Македонија | пред 5 години

bektesi

Министерот за економија, Крешник Бектеши, е позитивен на коронавирус

Министерот за економија, Крешник Бектеши, е позитивен на коронавирус.Веста ја сподели тој на социјалните мрежи, коментирајќи дека резултатот го добил денеска, но нема никакви симптоми и се чувствува добро.„Би сакал да ве известам дека и покрај максималните напори и почитување на протоколите, штотуку сум информиран дека сум позитивен на Ковид-19, од тестот направен утрово. За среќа, немам никакви симптоми, а членовите на моето семејство добија негативен тест. Ве повикувам да ги почитувате протоколите, ви посакувам сè најдобро вам и на вашите семејства“, напиша Бектеши.https://www.facebook.com/kreshnik.bekteshi.12/posts/10164085947690061

Македонија | пред 5 години

9D29836F-C9E9-4CEE-9F29-74868F5EE504

Бошкоски му се спротистави на Мијалков

По интервјуто на Сашо Мијалков за Плусинфо, партијата Обединети за Македонија чиј лидер е Љубе Бошкоски упати реакција во која го обвини поранешниот шеф на УБК и екс-висок функционер во ВМРО-ДПМНЕ, дека заедно со неговиот братучед Никол Груевски ја уништиле ВМРО-ДПМНЕ.„Нашата реакција е со цел, во старт да се пресечат обидите да се минимизира победата на двоецот Георгиевски – Бошкоски, кои се синоним за очувување на вмровската идеја, и кои и во 2016-та, и на последните избори, ја поразија политиката која ја всадија токму тој со неговиот братучед, за кои има отворени серозни обвиненија за криминал и злоупотреба на функција. Како партија, со целосна одговорност, тврдиме дека претходното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, предводено од Груевски и Мијалков, ја уништија ВМРО-ДПМНЕ со нивните антидржавни дејствувања“,се вели во реакцијата на Обединети за Македонија.

Македонија | пред 5 години

brza-pomos-2

137 новозаразени, 10 починати, нови случаи и во туристичките центри

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1437 тестирања, а регистрирани се 137 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-64, Куманово-7, Штип-19, Прилеп-1, Тетово-7, Струга-14, Велес-1, Битола-2, Охрид-5, Гостивар-6, Радовиш-2, Крушево-1, Демир Хисар-1, Свети Николе-3, Кичево -4.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 131 оздравен пациент од: Скопје-41, Штип-10, Тетово-11, Струга-25, Велес-3, Охрид-36, Гостивар-5.Починати се 10 лица, пет пациенти од Скопје, двајца од Куманово, по еден пациент од Тетово, Гостивар и Радовиш.На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент на 66 години.Во ГОБ „8 септември“ починати се пет лица на возраст 79,76, 82,61 и 72 години.Во Институтот за белодробни заболувања Козле почина 81 годишен пациент. Во ОБ Куманово е починат пациент на возраст од 80 години. Во ОБ Гостивар е починат пациент на возраст од 63 години, во Филип Втори е починат пациент на 67 години.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9547, бројката на оздравени пациенти е 5071, на починати е 442, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4034. Од вчерашните тестирања, два се контролни, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:•       Скопје 4413, активни 1909•       Куманово 940, активни 252•       Дебар 175, активни 112•       Штип 659, активни 333•       Прилеп 313, активни 56•       Тетово 962, активни 297•       Струга 391, активни 184•       Велес 209, активни 27•       Битола 96, активни 51•       Охрид 250, активни 99•       Кавадарци 32, активни 18•       Гостивар 321, активни 207•       Гевгелија 19, активни 8 (*6 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 2 на Богданци)•       Струмица 31, активни 22•       Крива Паланка 22, активни 8•       Радовиш 28, активни 23•       Крушево 14, активни 9•       Кочани 90, активни 22•       Пробиштип 46, активни 29•       Демир Хисар 19, активни 17•       Македонски Брод 10, активни 6•       Пехчево 6, активни 0•       Берово 4, активни 1•       Валандово 6, активни 0•       Виница 4, активни 1•       Делчево 1, активни 0•       Кратово 12, активни 7•       Свети Николе 205, активни 190•       Кичево 105, активни 86•       Ресен 141, активни 57•       Неготино 23, активни 3 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 1437 теста се преку: ИЈЗ-410, ЦЈЗ Скопје-29, Авицена-136, Биотек-158, МАНУ -135, Жан Митрев (Филип Втори)-322, Систина со PCR метода -164, Судска медицина -12, ЦЈЗ Битола-59, Инфективна клиника-5, ГАК-7. Досега во земјата се направени вкупно 89703 тестирања на ковид -19.  Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 3 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 80 пациенти. На кислородна поддршка се 33 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.Во болницата во Козле се хоспитализирани 17 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 7 позитивни деца, 1 дете и 1 мајка суспектни на вирусот.Во ГОБ „8 Септември“ примени се 11 нови, вкупно хоспитализирани се 91 пациент. На респираторна машина се 6 пациенти.Во болницата во Битола се хоспитализирани 33, а во болницата во Штип се хоспитализирани 46 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 125 пациенти - позитивни и сомнителни на ковид-19.Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)•       Чаир – 275•       Аеродром - 200•       Бутел - 140•       Гази Баба - 206•       Центар – 162•       Карпош – 174•       Сарај – 115•       Кисела Вода – 158•       Ѓорче Петров – 120•       Студеничани – 109•       Шуто Оризари – 105•       Арачиново – 33•       Илинден – 25•       Петровец – 22•       Чучер Сандево – 11•       Сопиште – 20•       Зелениково- 13•       Странец – 7•       Нераспределен- 14

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Мијалков против Мицкоски: Мицкоски и највисокото раководство околу себе става стаклено ѕвоно и ја игнорира реалноста

Сашо Мијалков, поранешен директор на Управата за безбедност и разузнавање, долги години втор човек во партијата, ги коментира резултатите на избори и оценката дека се освоени два пратеника повеќе од најголемиот опонент СДСМ, без пратениците на БЕСА. – Жалам што мора да кажам, но ваквите ставови се навистина незрели и несериозни. Да не знае човек дали да плаче или да се смее. Се плашам дека повторно Христијан Мицкоски и највисокото раководство околу себе става стаклено ѕвоно и ја игнорира реалноста. Повторно со некакви математики кои се разбирливи само за нив, креираат лажна слика и живеат во еден лажен свет. Проблемот е што сега се помалку граѓаните им веруваат. Добар дел и од блиските на Мицкоски не веруваат во оваа лажна слика, но се плашат да кажат дека со политиките кои ги водеа и со неискрениот пристап, не успеаја да обезбедат поддршка од граѓаните. Реалноста гласи дека ова раководство на ВМРО ДПМНЕ го оствари најслабиот резултат во историјата. Од освоените 455.000 гласови на последните парламентарни избори во 2016 година, Христијан Мицкоски падна на 315.000 гласа. Само Љубчо Георгиевски бил полош од него во 2002 година, кога освои 300.000 гласови, а тогаш и тој и Љубе Бошковски беа на црната листа на САД, a позади себе имаа шверц на цигари, нафта,убиства и куп други афери. Затоа сите искрени и чесни членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ се потиштени и разочарани, а само раководството слави победа – вели Мијалков за Плусинфо.– Дали планирате да се активирате и да се вратите во политиката?– Се чувствувам целосно реализиран. Бев дел од ВМРО-ДПМНЕ од нејзиното основање до сега и ке останам и понатаму. Изградивме модерна, силна, конзервативна партија која што ги имаше интересите на Македонија пред се и над се. Во статутот ги вградивме евроатлантските определби. Ова на што актуелното раководство го сведе ВМРО ДПМНЕ е срамно и непрепознатливо. Не планирам да се активирам во политиката но никогаш не знаеме што носи иднината. Како и да е, не можам да го премолчам ова што и го прават на ВМРО-ДПМНЕ. Повторно преку нивни полтрони пуштаат нарачани текстови дека сум стоел зад некои кандидати само за да ме нападнат и мене и нив. Јас стојам зад тоа дека демократски треба да се избере ново раководство доколку не успеат да го исполнат и последното ветување. Сигурен сум дека кој било кандидат ќе има поголем капацитет од сегашните, но треба да се избере најдобриот кој ќе ја поведе партијата во нови победи.…интервјуто во целост прочитајте го тука

Македонија | пред 5 години

pss-4

(ФОТО) При сеча на шума во Опеница повреден вработен во овластена фирма за сечење на дрва

Несреќа при сеча на дрва, на планински терен на потегот од село Косел кон село Опејнца.Според првичните информации, при сечата, поголемо стебло паднало врз еден од работниците и му нанело сериозни повреди. Местото на несреќата беше лоцирано со помош на СМС системот за лоцирање, по што веднаш беше мобилизирана петчлена екипа која се упати на терен и во 10:12 часот пристигна на местото на несреќата, велат од планинската спасителна служба.  Тие додаваат:Кај повредениот, првично беа констатирани повреди во пределот на градите и десното рамо, како и отворена фрактура на лева потколеница. Му беше укажана прва помош, беше целосно имобилизиран и со теренско возило транспортиран до село Косел, од каде во 11:00 часот го презеде возило на Итната медицинска помош и го пренесе во соодветна здравствена установа на понатамошно лекување.На 21.07.2020 година во СВР Охрид, од страна на Планинарската спасителна служба при  Црвениот крст пријавен е повреден работник во шумскиот појас над охридското село Опеница. При извршен увид на местото на настанот од полициски службеници и инспектор за безбедност при работа, констатирано е дека Н.Р.(30) од Охрид, вработен во овластена фирма за сечење на дрва со седиште во селото Лескоец, при сеча на шума го повредил Б.И.(42) од Охрид, вработен во истата фирма. По целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во билтенот од МВР.Инаку ова е седма интервенција на Планинската Спасителна Служба при Црвен крст Охрид од почетокот на годината, со која и покрај КОРОНА кризата, статистички е постигнат рекорден број на интервенции заклучно со месец Јули.Планинската Спасителна Служба, уште еднаш апелира до сите љубители на планината и до оние кои извршуваат одредени стопански дејности на планина, да бидат повнимателни, да бидат подготвени за основно делување во вонредни ситуации, да бидат соодветно опремени за активноста и условите на теренот, како и навремено да се обратат за помош во случај на несреќа, на дежурниот број на ПСС 13112 или на останатите служби СВР Охрид 192, Брза помош 194 или Центар за управување со кризи 195.фото: PSS 

Македонија | пред 5 години

filipce1

Филипче: Нема никаква индикација за дополнителни рестрикции, сите протоколи мора да се почитуваат

Во изјава за Канал 5, Министерот за здравство, доц. Д-р Венко Филипче ја оцени епидемиолошката состојба како генерално стабилна и дека има се помалку пациенти во болничките одделенија, па нема потреба од рестрикции.„Засега нема најава за нови дополнителни рестрикции, апсолутно нема никаква индикација, или пак, кој било параметар да укажува дека ситуацијата се влошува - и во однос на број на новодијагностицирани пациенти, и во однос на број на пациенти кои треба да се хоспитализираат, тој број е константен подолг временски период, некаде околу 10 проценти од вкупниот број активни дијагностицирани пациенти се сместени во болниците и така останува овој тренд, што значи дека добро се менаџира. Така што, генерално мислам дека ситуацијата е стабилна, епидемиолошката состојба ја имаме целосно на увид, имајќи го во предвид масовното тестирање коешто го правиме и така ќе продолжиме и понатаму.“ – оценува Филипче.Тој истакна дека не се планирани рестрикции во работата на економските оператори ниту пак рестрикција во движењето во било кои делови на државата, нагласувајќи дека постојат протоколи и тие треба да се почитуваат, а доколку не се почитуваат треба да се санкционираат прекршителите.„Во однос на прекршувањето на протоколите - има протоколи за работа буквално за сите економски оператори и веќе постапија надлежните инспекторати, како што се Државниот пазарен инспекторат и ДСЗИ, а каде имаше потреба и Инспекторатот за труд, и со тоа се преземени соодветни мерки. Не може да се воведуваат рестрикции заради нечие непочитување на веќе постојните мерки и протоколи. Така што нема никаква индикација дека мерките ќе се заоструваат, повторно апелирам да се почитуваат мерките. Сите економски оператори ги имаат добиено протоколите и никаде нема проблем никаде каде тие се почитуваат.“ – изјави Филипче.

Македонија | пред 5 години

04052020_MZ_Filipche_press-1

Филипче за Канал 5: Го зајакнуваме здравствениот систем за есенските месеци

Во изјава за Канал 5 Министерот за здравство Венко Филипче најави дека веќе на почетокот на август ќе започне да се подготвува ГОБ „8 септември“ со цел постепено се враќа и другата патологија што вообичаено се третира во оваа болница за да не се создаваат долги листи на чекање и ја најави подготовката на 16 болници ширум земјата за есенскиот бран во однос на инфраструктурата, медицинската опрема, лабораториите и кадарот.„Подготвен е планот за надградување на капацитетите на болниците за есенските месеци. На почеток на август ќе ги почнеме и тие процеси, а тоа значи дека секоја од 16-те болници ќе добие монтажна амбуланта и мини одделение, каде ќе бидат сместени тие пациенти за целосно физички да се одделат пациентите болни од КОВИД и евентуално и други инфективни заболувања од останатите пациенти од постојните болници за да можат тие објекти нормално да функционираат.“ – изјави Филипче.Во рамки на подготовките Филипче најави и надградување на лабораториите во сите градови за брзи PSR тестови, како и зајакнување на медицинскиот персонал со млади лекари.„Се надевам дека нема да има нов бран, но ние мора да се подготвуваме, во таа насока е и надградувањето на лабораториските капацитети во секој град за брз PSR тест и во текот на вчерашниот ден имавме состанок со младите лекари коишто добија лиценца за работа минатата недела. Тие треба да почнат со работа, согласно измената на Законот да добијат платено загарантирано работно место, дел од нив веќе покажаа интерес да бидат дел од тимовите во инфективните одделенија и клиники и паралелно на сето тоа почнуваме и процес на обезбедување финансии за нивно трајно вработување. Ова е план кој означува зајакнување и на инфраструктурата, и на медицинската опрема, како и на лабораториите и на кадарот.“ – истакна Филипче.

Македонија | пред 5 години

avtomobil

(ВИДЕО) Во строгиот центар на Скопје се запали автомобил, граѓаните вознемирени

Во строгиот центар на Скопје се запали возило, а бројни граѓани се вознемирени.Од видеата кои се споделуваат на социјалните мрежи се гледа дека станува збори за паркингот пред станбениот блок наспроти зградата на Македонска пошта. Додека запаленото возило гори, сообраќајот непречено се одвива и автомобилите се движат по булеварот.https://twitter.com/el_padrino____/status/1285902342337036288?fbclid=IwAR07RlSUXc5n4oLvy3CfB-FVanNftxMl4VRPLcepfyJP0Q-Z74Qo9rfwLXY

Скопје | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања