Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

Нема фотографија

МВР не знае од кои ИП адреси е хакиран ДИК, кај ДУНА не е утврден безбедносен пропуст

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика достави известување до Основно Јавно Обвинителство - Скопје во кое ги образложи сите мерки и активности кои беа преземени во насока на расчистување на случајот пријавен од страна на Државната изборна комисија.Имено, во текот на истрагата беа обезбедени податоци и логови за функционирањето на системот и делови од системот за поддршка на изборниот процес во Државната изборна комисија. Податоците беа обезбедени од повеќе институции и компании кои беа вклучени во изборниот процес.Од доставената пријава и анализата на податоците се констатираше дека при крајот на изборниот процес, а особено во текот на објавувањето на прелиминарните резултати бил регистриран DDoS напад кој што бил насочен на страната https://www.sec.mk/ и кој влијаел на оневозможувањето на публикувањето на резултатите од апликацијата на дедицираниот сервер за објавување на прелиминарните резултати.Дополнително при анализата на податоците кои ги добивме од фирмата ДУНА КОМПЈУТЕРИ а се однесуваат на податоци и датотеки извадени од серверите (дата бази и логови од системите) за наша понатамошна анализа за можни проблеми со функционалноста на истите, не е утвредено нефункционирање на системите или застој во процесот на безбедносната афтентикација на корисниците за прием и внес на резултатите од изборните комисии.Секторот за Компјутерски криминал и дигитална форензика во соработка со Јавното обвинителство ги користи сите механизми за меѓународна соработка со интернет сервис провајдери кои се надвор од наша јурисдикција, со цел добивање на податоци за корисниците на нивните сервиси.Истрагата за овој случај продолжува во насока на утврдување на ИП адресите од каде што е пристигнат нападот, собирање на дополнителни информации за утврдување на нарачателот на овој напад како и утврдување дали имало други причини кои влијаеле или се поврзани со неможноста на објавувањето на прелиминарните резултати. 

Македонија | пред 5 години

poraka

Од Трпејца испратена порака до светот за мир и благодарност за луѓето во бело и нивна поддршка во борбата против пандемијата од Ковид -19

Синоќа трпејчани и гостите се дружеа со познатиот Живко Поповски –Цветин , човекот кому максимата му е : „ На светот му се потребни: мир, храна, солидарност, љубов...“ Беше прикажан документарец за него во продукција на МТВ а Цветин ги црташе на лице место и ги подаруваше своите светски познати Цвеќиња на мирот.На крајот од дружбата Цветин и и Милчо Јованоски, член на Здружението „За Трпејца со љубов“ пуштија балон во вид на срце со порака за мир, благососотојба и поздрав до сите здравствени работници во светот за досегашниот ангажман и желба  Ковид пандемијата побрзо да ја снема.Попоски досега  има нацртано и подарено над 55 000 слики „Цвеќе на мирот“ кои се наоѓаат во колекциите на познати државници, политичари,поети, музичари, нобеловци, студенти и ученици, артисти, спортисти и разни хуманитарни организации и здруженија и тоа: Мајка Тереза, Кофи Анан, Бутрос Б. Гали, Горбачов, Буш, Џон Мејџор, Индира Ганди, Хелмут Кол, Л. Скалфаро, Вили Бранд, Жак Ширак,  поети: Десанка Максимовиќ, Андреј Вознесенски, Фатос Арапи, Сретен Перовиќ, Јуре Каштелан, Ферид Мухиќ, Х.Х.Падрон,, Т. Ружевич, Генадиј Ајги, Тед Хјуз, Ежен Гилвик, Паоло Куељо, Блаже Конески, Петре М. Андреевски, Анте Поповски, Гане Тодоровски, Видое Подгорец, Матеја Матевски и др., музичари: Реј Чарлс, Би Би Кинг, Џони Логан, Здравко Чолиќ, Тереза Кесовија, Симон Трпчевски, Милка Ефтимова, актери: Ричард Гир, Клаудија Кардинале и многу другиПоповски има организирано над 300 изложби во земјата (во 150 основни и средни училишта, 30 детски градинки, домови за деца без родители, старски домови, факултети) и во странство, меѓу кои во Полска, Канада, Германија, Романија 1985 год., САД во 1986 год., Загреб (Хрватска) 1987, Белград (Србија) 1989, Њујорк во ООН 1990, во Сан Ремо (Италија) 1995, Австралија (Мелбурн, Сиднеј) 2019 и др.Живко Поповски – Цветин е првиот македонски сликар чија ликовна изложба беше претставена на Интернет, под наслов „52 Цвеќиња на мирот за 52 години на ООН“ во 1997 година, по повод годишнината на ООН. Во 2009 година Поповски беше кандидат за Нобелова награда за мир, каде од 205 кандидати, беше меѓу првите 5 во потесен избор.Неговите слики се наоѓаат на 14 доплатни марки издадени од Црвениот крст на Македонија, на разгледници, на 50 насловни страни на книги, календари, на 10 документарни филмови. Има издадено 3 книги со добиени факсимили по пат на размена  со негови слики на Струшките вечери на поезијата и есеи за „Цвеќето на мирот“.Во 2013 год., Поповски е добитник на Државната награда „Мајка Тереза“, како и многу признанија од Црвениот крст.

Македонија | пред 5 години

naum-1

Стоилковски: Боки 13 не би можел да изрекетира ниту денар, ако зад него не стоело цело СДСМ и владините функционери

Целата влада на Зоран Заев и СДСМ била вмешана во Рекет. Боки 13 на суд вчера јасно кажа дека доколку не била поддршката од функционерите на СДСМ бизнисмените не би ни седнале со него да преговараат, истакна Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. Тој додаде:Ќе цитирам: - Бизнисменот Ардијан Амзовски, доколку не го видеше Александар Кирацовски, немаше да го прифати проектот, кажа Боки 13 вчера пред  судот.Во оваа реченица е содржана целата вистина за милионскиот рекет. Боки 13 не е лица кое има моќ и влијание да рекетира милиони од бизнисмени, ако зад тоа не стојат функционерите на власта на СДСМ.Ова само потврдува дека Боки 13 не можел ниту еден денар да изрекетира доколку не била поддршката од СДСМ.Боки 13 вчера јавно за првпат откри дека дел од шемата за перење на пари преку меѓународен сојуз била и Мила Царовска, која како министерска за труд и социјална политика му помагала на Бојан Јовановски.Боки 13 вчера потврди дека првиот случај со измамената пензионерка на која и биле уплатени 720.000 евра изрекетирани од еден бизнисмен ја запознал преку Мила Царовска.Еден ден откако Боки 13 ги изнесе овие тврдења од Мила Царовска не видовме ниту еден релевантен аргумент во негирање на овој исказ на Јовановски.Според сведочењето на Боки 13 гледаме дека целата операција била овозможена и спроведена од луѓе функционери на СДСМ.СДСМ е структурата која се крие зад сиот Рекет, а Зоран Заев главата на октоподот кај кого завршиле парите. За ова одговорност мора да има, истакна Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 5 години

korona-24.07

Денеска регистрирани се 129 нови случаи на ковид-19, починаа 6 лица

Во последните 24 часа се направени 1535 тестирања, а регистрирани се 129 нови случаи на ковид-19 во:-Скопје 45-Куманово 7-Дебар 1-Штип 25-Прилеп 4-Тетово 9-Струга 5-Битола 6-Охрид 3-Кавадарци 1-Гостивар 9-Кочани 3-Демир Хисар 1-Делчево 1-Свети Николе 3-Кичево 6Починати се 6 лица, пет пациенти од Скопје и еден од Струга.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 109 оздравени пациенти од:-Скопје 60-Куманово 7-Штип 16-Прилеп 1-Тетово 12-Велес 4-Кавадарци 2-Гостивар 6-Виница 1Досега во земјата се направени вкупно 92550 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9797, бројката на оздравени пациенти е 5254, на починати е 451, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4092.https://www.facebook.com/filipce.venko/photos/a.1822571701383188/2445638455743173/?type=3&theater

Македонија | пред 5 години

Pres-konferencija-Mon-Blan-Dokumentarec

Со документарен филм ќе се одбележат 40 години од првото освојување на Мон Блан од охридска планинарска експедиција

И денес им навираат убави спомени од подвигот што го направија пред 40 години, деветчлена охридска планинарска експедиција го искачи 4.810 метри високиот Мон Блан на Алпите, „освојувајќи“ го од француска страна.Владo Бојаџи, Љупчо поп Стефанија, Владимир Тунтев, Михаил Битрак, Андон Бојаџи, Климе Волкан, Миле Бафчанџиев, Људмил Цветаноски и Кирил Филев се запишаа во историјата како прва охридска и трета македонска експедиција која успешно ја заврши оваа алпска авантура. Поврзани во навеза по двајца, Љупчо поп Стефанија, Михаил Битрак, Климе Волкан и Људмил Цветаноски се искачија највисокиот врв во Западна Европа. Имале и потешкотии и силно невреме што ги зафатило и искачување пеш дел што требало да го поминат со жичара, но сето тоа на крајот како да било безначајно во поглед на она што го постигнале.- Крајот на 70-те години во Охрид се појави организирано планинарење, бевме една убава екипа. Често пати одевме на Пелистер и пред да се случи ова, со битолските планинари многу добро соработувавме, секогаш бевме заедно. Тие направија екипа која отиде на Мон Блан. Тоа беше првичната искра што не натера да размислуваме дали можеме и ние. И започнавме со подготовки, речиси цела година, се потсети Љупчо поп Стефанија, раскажувајќи го целиот тек на подвигот.- Оваа иницијатива успеавме да ја оствариме како трета македонска екипа што се искачила на Мон Блан после алпинистите од Матка од Скопје и битолските планинари.Екипата бевме девет планинари, Владо Бојаџи ни беше водич пратител. Искачувањето беше од француската страна, преку Валум превојот каде остана дел од екипата, се искачивме по северозападниот раб. Следната година имавме уште еден мал подвиг, јас и уште двајца планинари се искачивме од италијанската страна. Во планината има многу убави нешта, моменти да се доживеат, да се релаксираш, да наполниш батерии, самиот да се провериш до каде можеш да издржиш физички, ова нема возрасни граници, цел живот може да се занимаваш со овој спорт, ќе се одбере соодветна тура, а заедничко за сето тоа е убавото дружење. Незаборавни спомени кои се паметат цел живот, истакна Поп Стефанија.Михаил Битрак, кој се искачи на врвот и кој за жал не е повеќе меѓу нас уште од детството бил задоен со планинарството. Емоциите навираат бидејќи тој беше човек со големо срце, со љубов спрема еден простор кој за него беше живот. Тој секогаш го споменуваше овој настан, се потсети неговата сопруга Елида Битрак.- Имало една случка која ми ја раскажа и се уште ја носам во мислите. При искачување почнале да му отрпнуваат нозете и рацете, со оглед на тоа штоп немаа соодветна опрема. Планинарејќи ги застанал искусен планинар и му дал на Миле специјални чорапи. Тие чорапи и ден денес ги чуваме за спомен, вели Битрак.Мон Блан не е така наивно да се искачи, последниве години, на годишно ниво зема стотина животи. Имавме долги и напорни подготовки, иако без соодветна опрема, но тоа многу ни значеше при искачувањето. Планинарењето на тоа време не беше популарен спорт, па сега ми е многу драго што ние со нашето искачување, во мал дел инициравме да се развива планинарството. Од една страна е личната сатисфакција, од друга е придонесот поединци да почнат да се занимаваат со планинарство, истакна Људмил Цветаноски.https://www.facebook.com/superradio97fm/videos/292443425415612/?v=292443425415612- Сега имаме планинари во Охрид како Мартин Пејоски, Антонио Додески, Мишко Танески и други. Ако ние сме биле иницијатори за оваа нивна љубов кон планината, значи акцијата за искачување на Мон Блан била успешна. Само еднаш искачете се на планина и ќе ви биде се' јасно. Кога ќе ја видите и почувствувате убавината на планината тоа нема да го заборавите. И секогаш ќе барате да се вартите пак, децицен е Цветаноски.Според Климе Волкан, планинарењето е спорт кој ве исцрпува и заморува, но истовремено и оплеменува. Најзначајна е личната сатисфакција дека сте успеале во нешто.- Планинарењето е спорт кој се разликува од фудбалот, кошарката, бидејќи таму штом постигнете успех имате публика од 10, 15, 20 илјади луѓе кои ќе ве бодрат. Овде задоволството и победата, се победувате самиот себе, ја делите вие и пријателот со вас, најмогу тројца. Тоа не се опишува со зборови, личната сатисфакција дека сте се докажале сами пред себе, рече Волкан.За овој настан, за кој можеби малкумина знаат, на иницијатива на охриѓанецот Кирил Димов- Гафиљ, Супер радио изработи специјален документарен филм „Од Белото езеро до Белата планина - 40 години подоцна“, во кој се споделени спомените и бројни ретки материјали од овој настан.- Зад комплетната продукција и промоција на проектот застана екипата на охридското Супер радио, водечкиот медиум во овој дел на државата. Идејата на Кирил ја прифативме веднаш, затоа што станува збор за настан за кој знаат малкумина, особено од помладите и сметаме дека е навистина автентична, убава и охридска приказна која треба да се раскаже. Охрид има многу, можеби и премногу убави приказни кои само чекаат да бидат раскажани. Времето поминува и за жал дел од нив, заедно со главните херои заминуваат во историјата. Во реализацијата учествуваше дел од нашата екипа. Сценариото и режијата се на Сашо Митан, наратори се Даниела Спасиќ и Даниел Наумоски, додека камерата е на нашиот колека Реџеп Селман. Ова е нешто што треба да остане во историјата на Охрид и ние од срце влеговме во овој проект и се надеваме дека успешно го реализиравме. Останува да го види и публиката и да го даде својот збор за истиот, изјави првиот човек на Супер радио Јане Стефанов.Премиерата на документарниот филм за подвигот на охридските планинари е закажана за недела на OhridPress.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

СДСМ: Над 276 илјади граѓани користат домашна платежна картичка, во македонската економија се вбризгани 17,7 милиони евра

Се потврди и дека концептот на Социјалдемократскиот сојуз, парите назад кај граѓаните, успешно функционира не само во мирни времиња,туку и во време на најголемата светска здравствена и економска криза, истакна Фатмир Битиќи, претседател на Комисијата за финансии на СДСМ.Антикризните мерки на Владата предводена од СДСМ, донесени за помош и поддршка на граѓаните, компаниите, економијата воопшто се покажаа како навремени и вистински.За тоа говорат и бројките, дека преку 276 илјади граѓани веќе добија и користат домашна платежна картичка.При тоа, вкупната вредност на веќе издадените домашни платежни картички до 18.07 e 24,6 милиони евра, од кои веќе се потрошени, односно вбризгани во економијата 17,7 милиони евра преку купување македонски производи и услуги.Со платежните картички реализирани се над 1,2 милиони трансакции. Или поконкретно, граѓаните ги употребиле картичките најчесто во маркетите  89% , рестораните и храна 5%, текстил, облека, обувки 3%, аптеки 2.3%.Или поточно, граѓаните најмногу купувале во маркетите и оствариле промет од  982 милиони денари, текстил,облека и обувки 42 милиони, ресторани и храна 30 милиони денари, мебел 12 милиони, аптеки 10.8 милиони, хотели и туризам 3 милиони денари и останато.Се потврди проекцијата дека домашната платежна картичка има повеќекратен бенефит за граѓаните и економијата, затоа што ја поддржува приватната потрошувачка и домашните производители и услужни дејности, придонесува за раздвижување на економската активност и придонесува за безготовинско плаќање што претставува уште еден механизам во борбата против сивата економија.Поради проширување на листата на граѓани приматели на овие картички, како и позитивен одговор на поднесените приговори, рокот за издавање и достава на домашните платежни картички е продолжен и во текот на оваа недела за граѓаните кои сеуште не ги добиле своите платежни картички.Овие факти и бројки се уште една голема потврда дека СДСМ отсекогаш била и останува да биде партијата која е на страната на граѓаните, на државата.Така продолжуваме и во иднина. Со новата Влада предводена од СДСМ уште повеќе и уште подобро со нови и зајакнати политики кои значат подобар животен стандард за граѓаните и стабилна економија.Граѓаните го препознаа победничкиот концепт на СДСМ кој ја води државата напред и ги носи европските вредности дома, истакна Фатмир Битиќи, претседател на Комисијата за финансии на СДСМ.

Македонија | пред 5 години

opstina-ohrid

Сопствениците на урбана опрема во најкус можен рок да поднесат барање во Секторот за урбанизам

Општина Охрид ги повикува сопствениците на урбана опрема кои не поседуваат одобрение за поставување на урбана опрема, во најкус можен рок да поднесат барање до Секторот за урбанизам и заштита на животна средина, со цел да им биде издадено потребното одобрение.Одобрението за поставување на урбана опрема мора да се поседува во согласност со законските прописи и не е поврзано со одлуката за ослободување од надоместок за поставување на урбана опрема, како дел од економските мерки, кои Општина Охрид ги донесе во насока на намалување на последиците од здравствената криза со “Ковид 19”.

Македонија | пред 5 години

Igraliste_kasarna_07242020001

(ФОТО) Започна изградбата на баскет игралиштето во поранешната касарна во Охрид

Деновиве, започнаа градежните активности за изградба на баскет игралиште во поранешната касарна. Игралиштето е сместено во делот за спорт и рекреација и ќе биде со димензии 22 на 22 метри и површина од 422 м2. Ќе биде поставена специјална подлога за кошарка, а ќе биде опремено со рефлектори , соодветни спортски реквизити и клупи.Баскет игралиштето се реализира во соработка помеѓу општина Охрид и Агенцијата за спорт и млади. Дополнително општина Охрид, после завршувањето на овој проект, планира да го збогати просторот и со други спортски содржини. 

Македонија | пред 5 години

Novafasada_07242020003

(ФОТО) Нова фасада во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“

Започна реализацијата на проектот за  поставување на најсовремена енергетски ефикасна фасада на објектот од ОЕМУЦ „ Св. Наум Охридски“. Станува збор за инвестиција  на Министерството за образование во соработка со општина Охрид. Во рамки на проектот предвидено е  реновирање на училишната работилница.Изминатиов период во оваа образовна институција  беше реконструиран кровот,  променета  е дограмата, а  се поставија нови тавани во сите простории. Објектот доби и ново ЛЕД осветлување.Со средства на општина Охрид наредниов период е предвидено да бидат поставени и нови подови во сите училишни простории. 

Македонија | пред 5 години

skopje_zemjotres-2

Скопје годинава одбележува 57 години од катастрофалниот земјотрес

Скопје и годинава со повеќе активности и манифестации ќе одбележи 57 години од катастрофалниот земјотрес во 1963 година, кога градот се разбуди во урнатини под кои  1.070 лица го загубија животот, а 3.000 беа повредени.Заради условите коишто ги наметна здравствената криза со коронавирусот, планираните  активности на Градот ќе се организираат согласно со строгите протоколи за вакви настани на Владата  на Република Северна Македонија.Општинската организација на Црвениот крст од Кисела Вода во соработка со Институтот за трансфузиологија денеска ја организира традиционалната крводарителска акција. Акцијата, којашто почна во 9 часот и ќе трае до 17 часот, се спроведува по посебни протоколи поради Ковид-19, во Дневниот центар за дарување крв во Домот на хуманитарни организации „Даре Џамбаз“.Традиционално по повод годишнината од земјотресот, Град Скопје и јавните културни установи ќе организираат многубројни настани.Музејот на Град Скопје за во сабота, во 20:00 часот, во Градскиот парк во Скопје, на платото пред споменикот на Гоце Делчев ја организира изложбата „Скопска алеја на меѓународната солидарност“ на Зоја Богдановска, кустос и историчар. Изложбата ќе ја отвори градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.Изложбата се состои од 14 паноа на кои се прикажани клучните мигови по несреќата, на помошта  во добра и волонтери којашто веднаш пристигнала од тогашните југословенски републики, како и солидарноста од светот. Изложбата  преку текстови, фотографии, карти и мапи, на посетителите ќе им понуди  информации за Скопје пред и по земјотресот.Во недела, традиционално, официјални делегации и претставници на институции ќе положат цвеќе пред Споменикот на жртвите од катастрофалниот земјотрес на Градските гробишта во Бутел.Мултимедијалниот настан насловен „МКЦ за Скопје“ ќе се одржи во недела, 26 јули, во паркот на МКЦ по соодветен протокол и почитување на мерките за заштита. Бројот на посетители годинава ќе биде ограничен, влезот ќе биде бесплатен, но со билети коишто  може да се набават преку bileti.mkc.mk.„МКЦ за Скопје“ ќе почне во 19:30 часот со изложбата „Култните градби во Скопје“ – избор на фотографии од проектот „101 најзначајна градба во Скопје“.  Во изложбата се претставени култните градби во  Скопје, а истата ќе биде надополнета и со видеопроекција.  Автори на фотографиите се: Горан Георгиевски, Горан Јакимовски и Владимир Арсовски. Селектор е архитект Ѓоко Радовановиќ, а монтажата на видеото е на Митко Арнаудов.Од 20 часот ќе се одржи промоцијата на  книгата „Скопје: изгубените чевли на градот“ од Иван Шопов, која содржи осумдесетина куси записи посветени на „невидливиот“ дел на градот.Мултимедијалниот настан по повод земјотресот ќе продолжи во 21 часот со претстава „Импров настап“ на „Импров група“. Нивната претстава е заснована на игри за импровизација коишто се адаптирани да се играат пред публика.Од 22 часот во рамки на „МКЦ за Скопје“ ќе почне музичката програма и концертот на бендот „Перија“ – во кој членуваат  Филис, Леа и Кате кои изведуваат музика на перкусии, уд, тамбура и кемане. По нив ќе настапи „21 век“ – бенд на  Васко Атанасоски, Раде Јорданоски и Дени Крстев кои истражуваат експресивна палета на влијанија – од постпанк до македонска традиционална музика, како и бендот „Ен2три“ кој ќе настапи со перформансот „5:17“.Кинотеката и Македонскиот центар за фотографија (МЦФ) по повод 57 години од скопскиот земјотрес, премиерно ќе прикажат два документарни филма: „Првата светска војна, сеќавања” на Роберт Јанкулоски и „Преживеани спомени” на Роберт Јанкулоски и Моника Мотеска. Настанот, насловен „Сеќавања“, ќе почне во 21 часот, на 26 јули.  

пред 5 години

mechkin-kamen

Свеченостите по повод државниот празник 2 Август ‒ Денот на Републиката (Илинден) 2020 ќе се одржат во посебни услови

Организациониот одбор за прослава на празникот при Владата на Република Северна Македонија, во координација со претседателот на Република Северна Македонија и Собранието на Република Северна Македонија за сите настани коишто традиционално се организираат по повод големиот празник, подготвува услови за спроведување на препораките од протоколот на Комисијата за заштита од заразни болести. Тие услови оваа година, заради пандемијата со КОВИД-19, ги опфаќаат бројот на учесниците, здравствено-безбедносната организација на местата каде што ќе се одржат свеченостите, транспортот и движењето до локациите и местата за посетителите и учесниците, со обезбедена дистанца и заштита.За исполнување на препораките од протоколот оваа година содржините на програмите за одбележување се сведени на минимум, само со положување венци со свежо цвеќе на спомен-обележјата, со обраќања, но без традиционалната културно-уметничка програма и без масовни народни собири на граѓани на отворено и во угостителските објекти.Во овие услови, оваа година, свеченостите по повод 2 Август ‒ Денот на Републиката  (Илинден) 2020 со кои ќе бидат одбележани 76-годишнината од Првото заседание на АСНОМ и 117 години од Илинденското востание, ќе бидат со следниот распоред:- Претседателот на државата Стево Пендаровски ќе се обрати на свеченоста во Меморијалниот центар во Пелинце;- Претседателот на Собранието Талат Џафери ќе ги предводи настаните во Крушево, на Мечкин Kамен;- Претседателот на Владата Оливер Спасовски ќе се обрати на свеченоста во Скопје.И оваа година, како дел од официјалната програма за свечено одбележување на празникот се вклучени и содржините од Смилево со кои ќе се чествуваат 117 години од Илинден и 78 години од првата борбена акција на Битолско-преспанскиот партизански одред „Даме Груев“.Целокупната програма за свечено одбележување на државниот празник 2 Август ‒ Денот на Републиката (Илинден) од Пелинце, Крушево и Скопје ќе ја пренесува во живо Националната радио-телевизија.

Македонија | пред 5 години

kosta-mon-blan

Георгиески во чест на 40 годишнината од искачувањето на првата охридска планинарска експедиција на Мон Блан, објави свое фото од највисокиот врв на Алпите

Поминаа 40 години од денот кога за прв пат охридска планинарска експедиција го освои врвот Мон Блан на Алпите, највисокиот врв во Западна Европа од 4.810 метри. За подвигот на Владo Бојаџи, Љупчо поп Стефанија, Владимир Тунтев, Михаил Битрак, Тони Бојаџи, Климе Волкан, Миле Бафчанџиев, Људмил Цветаноски и Киро Филев, на иницијатива на Кирил Димоф- Гафиљ, беше изработена и специјална документарна Тв емисија „Од Белото езеро до Белата планина - 40 години подоцна“, во која се споделени спомените и бројни ретки материјали од овој настан.На овој љубилеј се потсети и градоначалникот на Охрид, Константин Георгиевски.  Тој на својот ФБ профил напиша:Чувството дека се искачувате на високите врвови за да можете да го видите светот, а не светот да ве види вас е највозвишено. Освојувајќи го „Мон Блан“ пред точно четири години успеав да го претворам во реалност мојот голем сон и да реализирам еден важен животен предизвик. Овој успех го гледам како една голема победа над себеси и секогаш ќе го гледам како огромен мотив и поттик за уште многу животни победи, напиша градоначалникот на ФБ. https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/a.326540667951543/641566596448947/?type=3&theater

Македонија | пред 5 години

min-za-zdravstvo

Хакирани веб-страниците на Министерството за здравство и образование

Хакирана страната и на министерствата за здравство и образование. Црна позадина со текст и слика од „Анонимуси“ се појави синоќа на сајтот на Министерството за образование и наука и на Министерството за здравство. Во моментов и двата сајтови се недостапни и воопшто не може да се отворат.Одговорноста за хакерскиот напад ја презема групата која стои зад профилот ANONOPSMKD.-Пак ние. Овој пат најбедното министерство е наш таргет, Министерството за смрт. После се што видовме со наши очи не можеме а да не останеме глевни на сите тие синови и ќерки ставени на позиција да водат министерство за здравство каде што здравјето и животите на сите тука ни зависат! И покрај сите гневни пораки сега ќе испратиме и една добра: за сите медицински лица кои во моментов се во болниците и се борат 24/7 за сите Македонци заболени со ковид-19, ви спуштаме капа и ви се поклонуваме до земја. Секоја чест-стои во порака од хакерите.

Македонија | пред 5 години

svadba

(ФОТО) Закани по живот за новинарката која објави дека се прави свадба среде епидемија

Видео од комбајн во кој се меле жито како метафора, закани дека ќе ја најдат и дека ќе зажали, се само дел од заканувачките пораки кои новинарката Мирослава Брнс ги добива откако преку својот личен профил на „Фејсбук“ објави фотографии од свадбена прослава во време кога таквите прослави и собиранки се забранети.Биг Мама пеела на свадба во „Елита”, инспекцијата го затворила ресторанотКако што потенцираа таа, станува збор за закани од гостите на свадбата на синот на екс амбасадорот во Швајцарија.Полиција ми го обезбедува домот по заканите од објавената свадба ,,дека ќе ме најдат и дека ќе зажалам”. Ми пратија и видео од комбајн во кој се меле жито како метафора. И тоа дочекав. Им благодарам на полицајците за брзата интервенција и на сите над нив што све направија што можеше да се направи. Сепак психолошкиот притисок и терор се огромни. Не е баш убаво да се живее во исчекување дека ,,ќе зажалам и дека ќе ме најдат”. Особено не е убаво кога заканите доаѓаат од гости на свадба на син на екс амбасадорот во Швајцарија кој собрал 200 души во ресторан среде Тетово во пандемија. Сепак, заканата не е дело кое што полицијата ќе го гони по службена должност зашто според нашиот идиотски Кривичен Законик, новинарите не се функционери односно службени лица. Иначе од позитивните вести, многу се згодни полицајциве па тоа некако ме крепи, пишува новинарката.https://www.facebook.com/simonovska.miroslava/posts/3152814464804872https://www.facebook.com/simonovska.miroslava/posts/3154045711348414

Македонија | пред 5 години

detence-so-cerebralna-paraliza

Од чергиче на под, со една чаша млеко на ден и неискапен 1 година, малиот Илче закрпенува на детската клиника

Од чергиче на под, со една чаша млеко на ден и неискапен 1 година, 11- годишниот Илче од Охрид закрпенува на детската клиника во Скопје. Неговиот тест за корона е негативен, и отккао ќе закрепне на клиниката за детски болести веднаш да биде  вселен во малиот групен дом во Демир Капија,објави Телма.Додека министерството за здравство испрати тим да го провери работењето на центарот за социјални работи во Охрид, оттаму директорката обвини дека три дена никој не и кревал телефон за да се згрижи момчето со церебрална парализа. Според, Ајтен Мусли, стравот од пандемијата  и немањето капацитет биле две прични зошто одговорните одбивале да и помогнат.Повикот за спас за Илче стасал до сосетка на улицата „Питу Гули“ во Охрид заради болните крици на момчето.Мајката на Илче е пронајдена по службите во струшко, но го загуби родителското право над него, а заработи и кривична пријава заради пропусти во родителската грижа.Текстот во целост на: ТелмаФото: Телма  

Македонија | пред 5 години

Pancevski-so-sudot-2

Почнува судењето на екс-претседателот на Кривичен Панчевски

Во велешкиот суд денеска треба да почне судењето за поранешниот претседател на Основен суд Скопје 1, Владимир Панчевски.Тој ќе биде донесен од притвор скоро одделение во Шутка откако на минатото рочиште на 10 јули не се појави на судењето па судијата одреди притвор.Панчевски одговара за злоупотреби на АКМИС системот. 

Македонија | пред 5 години

ljupco-zlatev

Нападнат новинарот Љупчо Златев

Утрово во раните утрински часови во еден скопски ресторани во близина на гимназијата „Орце Николов“ бил нападнат новинарот Љупчо Златев, објави КурирНа физичкиот напад му претходела куса вербална расправија.Настанот бил пријавен во полиција и се очекува повеќе детали во текот на денот.Извор: Курир

Македонија | пред 5 години

pistol_001

Пукање на „Пластичарска“, едно лице повредено и пренесено во ургентен центар

Доцна синпќа во Ургентниот центар, „Мајка Тереза“ е однесено едно лице со повреда од огнено оруже. Инцидентот се случил во еден од дуќаните на „Пластичарската“ улица во Скопје после 21:30 часот.Повредениот е сопственик на дуќан во кој влегле неколку непознати машки лица и ги нападнале двајцата синови на повредениот. Кога таткото дошол да види што се случува еден од напаѓачите испукал куршум и го погодил во натколеницата.Се работи на расчистување на случајот.

Скопје | пред 5 години

Нема фотографија

Денеска сончево и топло со температура до 37 степени, попладне дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, информира УХМР.Во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и појава на грмежи. Максималната температура ќе достигне до 37 степени. УВ=8За време на викендот во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во сабота на места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме. Од понеделник следува период на сончево време со пораст на температурите. 

Македонија | пред 5 години

upraven-sud

Управниот суд досега не прифати ниту една од тужбите поднесени од политичките партии

Управниот суд не прифати ниту една од тужбите поднесени од политичките партии во врска со изборниот процес.Негативни одлуки од денешните седници добија Левица, СДУ, Демократи и МОРО – Работничка партија.Утре судиите ќе ги разгледуваат двете поднесени тужби од ВМРО-ДПМНЕ и од коалицијата „Никогаш Северна, само Македонија”.Претходно Управниот суд одби една тужба од партијата Интегра, 75 од коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива, кои нездоволни од овие одлуки најавија протест.

Македонија | пред 5 години

109990051_2194770864001248_3432300407877807358_o

Хотел Тино Св. Стефан ја збогати својата понуда со надворешен базен со солена вода

Хотел Тино Св. Стефан ја збогати својата понуда. Од сега во хотелот Тино, надворешен базен со солена вода.Хотелот Тино е надалеки познат по својата гостопримливост, услуга, квалитетна и разновидна храна, како и мирен амбиент за одмор на душа и тело.Гостите кои престојувале или го посетиле овој хотел, секогаш заминале задоволни со уверување дека повторно ќе се вратат.„Ви Благодариме на сите кои сте не посетиле и да се се гледаме уште многу, многу години“, велат од  менаџерскиот тим на хотелот.Инаку хотелот „Тино“, претставува спој на традиција и квалитет и амбиент кој ја смирува душата. Хотел Тино модерен и атрактивен хотел , дизајниран да ги задоволи сите стандарди и желби на гостите.Оние кои еднаш го посетиле велат дека „Тино“ е „Вистински дом- далеку од дома“.Во склоп на хотелските капацитети кои работат под брендот „Хотел Тино“, работи и реномиран ресторан во кој ќе ги најдете највкусните јадења.

Македонија | пред 5 години

dejan

Пановски: Не со пароли и патетики, туку со одлуки и решенија ќе ги заштитиме водните ресурси

Интервју со Дејан Пановски Координатор на Дримскиот проек, по повод одбележувањето на Денот на реката ДримСкопје 1:Годинава во специјални околности се одбележува Денот на реката Дрим и тоа по седми пат по ред. Која е поентата и кои се придобивките од одбележувањето на овој Ден на реката Дрим?Дејан Пановски: Поважните водни ресурси во светот, посебни оние кои се врзани со значајни еколошки , економски и социјални елементи за општеството, имаат свој Ден. Реката Дрим како важен воден ресурс со слив кој спојува пет држави не е исклучок од светската пракса. Поентата а воедно и придобивките на ова одбележување е сензибилизација на јавноста за значењето на водните ресурси, потенцирање на прекуграничната соработка и еднаквот на активности и секако внесување за граѓанскиот сектор во процесите на заштита и управување со водните ресурси.Скопје 1::Како во оваа година на предизвик на Ковид пандемијата го одржавте континуитетот на одбележувањето знаејќи ги рестриктивните мерки и состојби во сите земји од Дримскиот басен?Дејан Пановски: Според оргиналниот распоред Денот на Дрим е 5.Мај и за тогаш беа планирани сите активности. Пандемијата и состојбите тоа го оневозможија тоа и целиот процес го префрливме за тогаш кога земјите ги олабавија мерките. На црногорската страна настанот веќе се одржа на 7 Јули, на косовска и македонска страна настанот е закажан овој викенд 25-26 Јули, а на албанската страна ќе биде одржан на 5 Септември. Основата на пораката е дека битката за заштита на водните ресурси продолжува и сите овие настани се одвиваат преку виртуелни конференции и предавања и настани организирани со почитување на здравствените мерки. Целта како поддржувачи на овие настани ни беше да се покаже дека и во новата нормалност нема застанување кога се работи за свеста за заштита на природата.Скопје 1: Дримскиот проект е при крај со имплементацијата. Кои цели ги остваривте , кои резултати ги постигнавте низ имплементацијата на тој проект?Дејан Пановски: ГЕФ Дримскиот проект е само дел од поширокиот Дримски процес кој како процес ќе биде присутен секогаш. Ние увидовме кои се недостатоците во управувањето со еден ваков исклучително комлексен еколошки но и енергетски ресурс преку Прекуграничната дијагностичка анализа која ја спроведивме.Со таа анализа сега точно се идентификувани состојбите на сливот од аспект на институционална поставеност, биодиверзитетот во сливот, неговата хидрологија, изворите на загадување,врската со храната и енергијата и целата социоекономија на сливот. Врз база на таа анализа изготвена е Стратешката акциона програма кој содржи план на акции за секој од проблемите во сливот. Таа програма на 24.Април 2020 година на видео конференција беше одобрена и потпишана од надлежните политички преставници на државите од Басенот. И врз основа на утврдени приоритети на секоја од земјите веќе пристапуваме кон изработка на проектните фишеа за имплементација на тие мерки, кои ќе ги презентираме на донаторска конференција специјално подготвена за Дримскиот басен.Скопје 1:  Која би била крајната цел на овој проект или како што вие го нарекувате Дримски процес?Дејан Пановски: Процес подразбира нешто што е континуирано и што нема крај. Но нашите цели во оваа фаза се состојат во три моменти. Првиот е да воспоставиме мрежа за размена на податоци помеѓу земјите во  сливот за што веќе имаме изготвен и одобрен план. Втор момент е изготвувањето на план за управување на целиот Дримски басен од Преспа до Скадар кој ќе биде основа за заедничка работа и за тоа веќе имаме отпочнато процедура. И третиот момент е постигнување на заеднички договор за воспоставување на Заедничка Комисија за управување со целиот басен по примерот на многу далеку поразвиени комисии (Сава, Дунав, Меконг ..) за што веќе ја подготвуваме рамката. Сите овие процеси се поддржани од Дрим Кор Групата која е координативно тело на процесот. Ова се комплексни процеси во кој се судираат низа интереси и приоритети на секоја од државите и затоа Дримскиот процес покрај еколошка има и силна политичка и дипломатска компонента по која се движиме.Скопје 1: Споменавте приоритети. Кои се приодитетите за македонската страна во целиот овој процес?Дејан Пановски: Македонскиот дел од Дримскиот басен е горниот дел на басенот и содржи во себе три суб- басени. Два езерски (Преспа и Охрид) и еден речен (Црн Дрим). Но во себе ги содржи исклучително важните енергетски капацитети, хидроцентралите на Црн Дрим. Од тој аспект клучмно е да се воспостави континуирана соработка на енергетските компании на земјите од басенот. Нашиот фокус е сега на изработката на Планот за управување со сливот на Охридско Езеро. Тоа е алката што долго недостасуваше во управувањето со целокупниот слив. Ова ќе биде воедно и прв прекуграничен план во согласност со Европската рамковна директива за води. Добрата вест е дека Нацрт Планот е изготвен и сега по него следува консултативен процес за негово финализирање. Втората добра вест е што Планот содржи програма на мерки која опфаќа преку стотина конкретни мерки за санирање на состојбите во сливот и обезбедување на стабилна состојба на езерото и сливот, со надлежност и финансиски проценки. Имавме шанса да поставиме рамка за иднината и тоа го сработивме.Скопје 1: Која е завршната ваша порака по повод Денот на Дрим?Дејан Пановски:Пораката е дека екологизмот треба да го промовираме како култура на живеење. Дека треба да почнеме со носење на одлуки и решенија, а не само констатирање слабости. Јас не сум приврзаник на пароли ниту на патетика, тука на борба со јасни одлуки што смее, а што не смее и на јасни казни за оние кои прават штети врз екосистемот и општеството. Верувам дека новата генерација ќе биде похрабра во носење одлуки и решенија. И да не го потцениме Дрим. Тоа е системот кој ја одредува и иднината на Охридското Езеро и токму тоа покрај другото беше основата да го туркаме Дримскиот процес.

Македонија | пред 5 години

Mrtvo-telo-autopsija-2-620x350

Албански медиуми: Исчезнат државјанин на Албанија пронајден мртов во Скопје

Албански државјанин, кој пред неколку седмици бил пријавен како исчезнат, бил пронајден мртов во Скопје, пренесуваат албанските медиуми.– Р.К. кој пред неколку недели беше пријавен за исчезнат, е пронајден мртов во Северна Македонија. Неговото безживотно тело е пронајдено закопано во Скопје. Од извршената ДНК анализа и отпечатоци од прстите, е потврден неговиот идентитет, се вели во извештаите на албанските медиуми.Веб-страницата Балкан веб наведува дека станува збор за Рик Беу (35), жител на местото Кревиди кај Каваја.

Македонија | пред 5 години

apasiev

Управниот суд попладнево ги одби и последните 23 од поднесените 101 тужба од Левица

Управниот суд попладнево ги одби и последните 23 од поднесените 101 тужба од Левица и ги потврди одлуките од Државната изборна комисија, кои оваа партија ги оцени како спорни.Тужбите поднесени од Левица денеска се разгледуваа на повеќе јавни расправи на судот.Освен по тужбите од Левица, Управниот суд денеска треба да одлучи и по тужбите од Социјалдемократска унија, МОРО – Работничка партија и Демократи, чии одлуки ќе бидат јавно соопштени по завршување на расправите.Две тужби има поднесено ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“, а една партијата Единствена Македонија и коалицијата „Никогаш Северна, само Македонија”, за кои Управниот суд ќе одлучува утре.Претходно денеска од Управниот суд информираа дека тужбите поднесени од Интерга, Алијанса за Албанците и Алтернатива, како и едно физичко лице, се одбиваат како неосновани и се потврдуваат решенијата на ДИК.

Македонија | пред 5 години

2-4

Работен состанок на директорот на БЈБ м-р Сашо Тасевски со претседателот на полицискиот Президиум на Чешката Република г. Јан Швејдар

Делегација на Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, предводена од директорот на Бирото за јавна безбедност м-р Сашо Тасевски, денеска имаше работен состанок во Полициската станица за граничен премин и граничен надзор “Богородица” со претседателот на полицискиот президиум на Чешката Република г. Јан Швејдар и Н. Е. Мирослав Томан, амбасадор на Чешката Република. На работниот состанок беше изразена благодарност за поддршката од Чешката Република, особено од Министерството за внатрешни работи и полицијата на Чешката Република, како и за присуството на чешките полициски службеници на јужната граница, кои учествуваат во заеднички операции за зголемен надзор на јужната граница. На работниот состанок се разговараше за состојбата со илегалната миграција, бројот на успешно откриените случаи на криумчарење мигранти, и откриени мигранти, како на самата граница, така и во нашата држава. На состанокот беше потенцирана подготвеноста за продлабочување на соработката и во останатите области од заеднички интерес.

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања