Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

4-2

Чулев: Се враќам во Агенцијата за разузнавање

Министерот за внатрешни работи во техничката влада Наќе Чулев, кому денеска му завршува мандатот на позицијата, се „прости“ од функцијата и со објава на социјалната мрежа „Фејсбук“.Денес е последен ден од мојот мандат како министер во Техничката влада избрана за спроведување на предвремените парламентарни избори.Во изминатите неколку месеци сите ние, во Министерството за внатрешни работи, но и во државата поминавме низ турбулентен и прилично специфичен период во кој бевме исправени пред значајни и сериозни предизвици. Министерството за внатрешни работи во изминатиот период имаше исклучително важна задача: да го заштити здравјето на граѓаните, да ја гарантира безбедноста на државата и јавниот ред и мир и да организира мирни, безбедни и демократски избори.✅ Во оваа прилика сакам да се заблагодарам пред се на вас - граѓаните кои со своето одговорно однесување дадовте сериозна поддршка на Министерството за внатрешни работи во исполнување на секојдневните задачи и обврски и справувањето со предизвиците кои претходно ги споменав.✅ Воедно, сакам да се заблагодарам на сите вработени во Министерството за внатрешни работи за исклучително високо ниво на исполнителност изминатиот период, а пред се на вработените во мојот кабинет кој со исклучително високо ниво на одговорност, чесност и посветеност, пожртвувано пристапуваа на исполнување на работните задачи и обврските.🗣️ На крајот посакувам и апелирам што поскоро да се формира владиното мнозинство, а тоа ќе значи и враќање на институциите во својот полн капацитет.👔 Јас од утре се враќам на моето претходно работно место во Агенцијата за разузнавање од каде ќе продолжам да давам придонес во областа на безбедноста, а на мојот наследник и колега Агим Нухиу од срце му посакувам успешно извршување на работните задачи во периодот што следи, напиша министерот на ФБ.https://www.facebook.com/NakjeChulev/photos/a.112821600244643/178149967045139/?type=3&theater

Македонија | пред 5 години

DIK-uverenija

ДИК ги врачи уверенијата за претеници, не ги подигнаа само ДПА, Алијанса за Албанците и Левица

Денеска во Државната изборна комисија се одржа свечена седница на која беа доделени уверенијата на избраните пратеници. Освен Левица, ДПА и Алијанса, сите други партии пристигнаа во ДИК и ги подигнаа уверенијата за пратеници.Од партијата Алијанса за Албанците имаа претставник, но бидејќи тој немаше овластување не му беа доделени мандатите. Во името на Демократска унија за интеграција денеска уверенијата ги подигна нивниот претставник, Фитин Лога.Овластениот претставник од Коалиција на СДСМ, „Можеме“, Бранко Георгиевски ги подигна уверенијата на пратениците од оваа Коалиција .Уверенијата на ВМРО-ДПМНЕ  и коалицијата „Обнова на Македонија“ ги подигна генерален секретар Игор Јанушев.

Македонија | пред 5 години

plaza

СДК: Инцидент на градилиштето на „Беко“, полицијата ги запре градежните работи, а инвеститорот се караше

Инспектори заедно со полиција утрово интервенираа на градилиштето на ТЦЦ „Плаза“ поранешно „Беко“ во центарот на Скопје, за да ја стопираат градбата на објектот. Веќе неколку недели, работници за време на викендите изведуваат градежни работи за хотелот иако инвеститорот Борис Стојменов нема дозвола за градба од Општина Центар, бидејќи на сила е мораториумот. Откако полицијата ги запре градежните работи, на градилиштето дојде Стојменов кој се караше со инспекторите, велејќи им дека немаат право да ги стопираат работите и обвинувајќи дека Општината му барала мито од еден милион евра и затоа не му се дава да гради.Градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ за САКАМДАКАЖАМ.МК вели дека ваквите обвинувања на Стојменов се целосно навистинити.„Веќе неколку пати му е издадено решение за стопирање на градежните работи, но и покрај тоа се гради. Повикувам Обвинителството да излезе на терен и да поведе постапка. Додека не се донесе новиот план Мал ринг не смее да се гради”, вели Богдановиќ.Текстот во целост на: САКАМДАКАЖАМ.МК

Скопје | пред 5 години

korona

Нова црна статитика: Девет починати и 137 заразени

Во последните 24 часа се направени 1542 тестирања, а регистрирани се 137 нови случаи на ковид-19 во:-Скопје 60-Куманово 13-Дебар 5-Штип 16-Прилеп 3-Тетово 7-Струга 1-Велес 3-Битола 5-Охрид 1-Гостивар 11-Кочани 1-Пробиштип 1-Демир Хисар 1-Виница 1-Свети Николе 3-Кичево 5Починати се 9 лица, тројца пациенти од Скопје, двајца од Куманово, по еден пациент од Штип и Струга и двајца од Гостивар.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 103 оздравени пациенти од:-Скопје 53-Дебар 3-Штип 1-Прилеп 6-Тетово 7-Велес 5-Битола 2-Кавадарци 1-Гостивар 11-Струмица 1-Крушево 1-Кичево 3-Ресен 9Досега во земјата се направени вкупно 94092 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9934, бројката на оздравени пациенти е 5357, на починати е 460, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4117.

Македонија | пред 5 години

4-2

(ВИДЕО) Нухиу од денеска министер за внатрешни работи

Денеска  во Министерството за внатрешни работи досегашниот министер за внатрешни работи Наќе Чулев, официјално  му ја предаде должноста министер за внатрешни работи на  д-р Агим Нухиу. По  денешното  примопредавање  на должноста, согласно  постоечките законските одредби, Нухиу ќе раководи со министерството  до изборот на нова Влада на Република Северна Македонија, односно до изборот на нов министер за внатрешни работи.

Македонија | пред 5 години

naum-1

Стоилковски:Боки13 е извршител на Рекетот, зад него стојат Заев и СДСМ со моќ да уценат и изнудат рекет

Парите рекетирани во оваа Македонија барајте ги кај Зоран и Вице Заеви. Бизнисменот Амзоски, доколку не го видеше Александар Кирацовски, немаше да го прифати проектот. Бојан Јовановски ја запознал измамената пензионерка на која и беа уплатени 720. 000 евра изрекетирани од еден бизнисмен, Бојан Јовановски ја запознал преку Мила Царовска, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Ова се само дел од фактите за случајот Рекет искажани пред суд.Министрите и функционерите на Зоран Заев и на СДСМ се вмешани во Рекет. Бојан Јовановски, Боки 13, јасно посочува пред суд дека доколку не била нивната поддршка, бизнисмените не би ни седнале со него да преговараат.Рекет во суштина значи изнуда на пари од некој што има моќ – општествена или политичка да исполни или да не исполни определени цели кои што задираат во сферата на делување на рекетираниот.Оттука, јасно е дека Бојан Јовановски е само извршител во Рекетот, а зад него стојат Зоран Заев и СДСМ кои што во моментот на рекетирање имаат моќ да уценат и да изнудат рекетирани пари согласно политичката и општествената  моќ, согласно  функциите кои што ги имаа во државната администрација.Според изјавите на Јовановски, Зоран Заев, Мила Царовска, Александар Кирацовски и кој ли уште се не од функционерите на СДСМ биле дел од рекетарското злосторничко здружување.Царовска била дел од шемата за перење на парите преку Меѓународен сојуз, која што како министерска за труд и социјална политика му помагала на Бојан Јовановски. Кирацовски пак посредувал со бизнисмен кој што понатаму е рекетиран.И до сега по овие изјави пред судот, нема релевантни аргументи од страна на функционерите на СДСМ во насока на нивно негирање на ваквите искази. Тоа потврдува дека целата операција била овозможена и спроведена од функционери на СДСМ.СДСМ е структурата која што се крие зад Рекет, а Зоран Заев главата на октоподот каде што завршиле парите. За ова одговорност мора да има, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 5 години

trpejca

(ВИДЕО) Од рано утрово колони возила кон плажите во Охрид

Плажите во Охрид преполни. Од рано утрово колони возила се упатија кон Охридските плажи. Очекувано, овој викенд, но и следниот празничниот Охрид ќе биде преполн. Снимката на Охрид 1 е од Трпејца, каде се бара место повеќе за паркинг. Иста е ситуацијата и со останатите плажи.Препорака од надлежните е, гостите и домаќините да ги почитуваат препораките на Владата. 

Македонија | пред 5 години

tepacka-4

Битолчанец физички нападнал Ресенчанец во Охрид

На 24.07.2020 година околу 22,30 часот, на пресекот на булеварите „Туристичка“ со „Македонски Просветители“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од М.М.(38) од Битола врз У.А.(34) од Ресен. Против напаѓачот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Мотоциклист излетал од патот Ќафасан – Струга

Дваесет и шестгодишен мотоциклист се здобил со тешки повреди откако излетал од патот Ќафасан – Струга и удрил во дрва.Според информациите на МВР, несреќата се случила вчера околу 19 часот кога М.М.(26) од село Франгово, струшко, со мотоцикл „Сузуки“ со швајцарска национална ознака, изгубил контрола, излетал од коловозот и удрил во дрва покрај патот.Тој се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Медицински центар Струга за укажување лекарска помош.Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Струга.

Македонија | пред 5 години

mitko

Јанчев: На ВМРО ДПМНЕ му треба брз „ремонт“

Градоначалникот на Кавадарци од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Митко Јанчев, повторно го повика раководството на неговата матична партија да преземе одговорност за изгубените избори. Поранешниот потпретседател на најголемата опозициска партија, во интервју за „Слободен печат“ вели и дека „ремонтот“ треба да биде брз.„Секоја раководна функција ги сноси последиците од слабиот резултат. Тоа е секогаш така, не само во политиката. Доблест е да можеш да погледнеш назад, да ги издвоиш грешките, да ги забележиш на лист хартија, а потоа истите тие грешки да ти станат секојдневен потсетник за тоа како не треба. Но, понекогаш сме убедени во тоа дека нашите грешки всушност не се грешки, дека сме целосно во право. Но, секогаш е виновен првиот човек. За жал, и во овој случај е исто. Јас повикав на брз ремонт во партијата, затоа што тоа е мојата матична партија и чувствувам одамна дека треба нешто да се промени“ вели Јанчев за „Слободен печат“.

Македонија | пред 5 години

DIK-1

ДИК ги соопшти конечните резултати од парламентарните избори

Претседателот на ДИК, Оливер Дерковски на денешната седница ги соопшти конечните резултати од предвремените парламентарни избориСпоред заклучокот на ДИК, коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ освоила 46 пратеници, коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ 44, ДУИ 15, АА и Алтернатива 12, Левица два и ДПА еден мандат. Седницата на ДИК беше закажана вчера попладне, откако Управниот суд ги одби сите 185 тужби од политичките партии за предвремените парламентарни избори, со што ги потврди решенијата на ДИК. Во 12 часот во просториите на Комисијата е закажана свечена седница, на која ќе се доделуваат уверенијата на избраните пратеници.

Македонија | пред 5 години

pistol

Притвор за едно лице, почнал да им тропа и вика, а подоцна и да пука кон прозорците

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице поради постоење основано сомнение дека сторило кривично дело – Предизвикување општа опасност од член 288 став 1  од Кривичниот  законик.На 24 јуни, осомничениот со  оп­што­о­пас­но дејс­твие и средс­тво предизвикал  зна­чи­тел­на опас­ност за жи­во­тот и те­ло­то на тројца оштетени. Додека оштетените седеле во стан на улица „Никола Грчето“ во Чаир, осомничениот 33-годишник, инаку нивен сосед, дошол на вратата, започнал да тропа и да им се заканува.Потоа тој се симнал во дворот позади зградата и од таму започнал да пука кон прозорците и фасадата на станот на оштетените. За да не бидат повредени тие се скриле во спалната соба и настанот го пријавиле во полицијаНадлежниот јавен обвинител оцени дека во конкретниот случај постои опасност од криење и бегство на осомничениот, имајќи ја предвид неговата личност, како и особени околности кои го оправдуваат стравувањето дека ќе го повтори кривичнотото дело. Притоа јавниот обвинител имаше предвид дека се работи за лице претходно осудувано за различен вид кривични дела, а ја ценеше и неговата настојчивост и агресивност во намерата за извршување на кривичното дело за кое што се води оваа постапка. Од тие причини до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје доставен е предлог за определување мерка притвор.​

Скопје | пред 5 години

Нема фотографија

Две деца повредени во сообраќајна несреќа, тинејџер удрил во нив и избегал

Деветнаесетгодишен возач со автомобил удрил во две деца во Скопје и избегал. Двете деца биле повредени во несреќата и пренесени се во болница, а едното од нив се здобило со тешки повреди.Според информациите на МВР, несреќата се случила вчера вечер околу 22 часот, на крстосницата од булеварот „Партизански Одреди“ и улицата „Аминта трети“ кога М.Х. (19) со „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, удрил во две деца на возраст од 13 и 12 години, по што избегал.Децата биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што на 12-годишникот му биле констатирани тешки телесни повреди, а на 13-годишникот телесни повреди.Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. Се работи на расчистување на случајот.

Македонија | пред 5 години

apasiev

Апасиев: СДСМ во моментов купува 5 пратеници, сумите достигнуваат пола милион евра

Во тек е операција на СДСМ за поткуп на 5 пратеници со суми од 100 до 500 илјади евра, рече лидерот на Левица Димитар Апасиев на Канал 5.-Ги знам по име и презиме – рече Апасиев.Запрашан за неговиот постизборен статус на фејсбук: „Џабе ни се лижете, сите ќе ве стреламе“, тој рече:„Што напишав-напишав, нема потреба да се правдам, нека повели обвинителството…“.Тој порача дека не ги признава изборните резултати, бидејќи, како што рече, им биле украдени 3 пратеници.-Ова не беа избори, ова беше масакар. 10 милиони евра се истурија директно, 100 милиони евра наоколу. Опцијата беше да нема избори среде пандемија, час порано нели требаше да има избори, а после си отидоа на одмор во Брајчино – истакна Апасиев.

Македонија | пред 5 години

bacev-1

Бачев: На ДИК му недостасуваат 2.013 гласачки ливчиња со кои се прави фалсификат, а ДИК вели тоа било техничка грешка

ФБ статус на претседателот на „Единствена Македонија“, Јанко Бачев:-На ДИК му недостасуваат 2.013 гласачки ливчиња со кои се прави фалсификат, а ДИК вели тоа било техничка грешка (слика 1)Во Струмица веднаш по поставувањето, за цело време на кампањата се тргнуваат моите билборди уредно закупени и платени а надлежните велат било техничка грешка (слика 2).Некако, многу технички грешки на изборите!?https://www.facebook.com/JankoBachev66/photos/pcb.710094042901842/710093416235238/?type=3&theater

Македонија | пред 5 години

upraven-sud

Управниот суд ги одби сите 185 тужби за изборите

Управниот суд ги одби сите 185 тужби што политичките партии ги поднесоа за изборите и ги потврди решенијата на Државната изборна комисија.„Денешните јавни расправи по поднесените тужби од политичките партии: ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ‘Обнова на Македонија’, Единствена Македонија и коалиција ‘Никогаш Северна, само Македонија’ и Демократи се завршени и изреките на одлуките со кои тужбите се одбиени се јавно соопштени во законски предвидениот рок“, велат од судот.Претходно беа одбиени и сите тужби поднесени од Левица, Алијанса/Алтернатива, Интегра. 

Македонија | пред 5 години

dzaferi-talad

Талат Џафери хоспитализиран на Инфективна

Претседателот на Собранието, Талат Џафери е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести во Скопје, неофицијално, поради тешки респираторни проблеми кои ги имал изминативе денови, објави Макфакс.Информацијата за „Макфакс“ ја потврди портпаролот на ДУИ, Артан Груби, кој кажа дека нема повеќе детали поради тоа што е отсутен од државата.Претходно, позитивен тест на коронавирус имаа министерот за образование, Арбер Адеми и министерот за економија, Крешник Бектеши, кои информацијата ја споделија на социјалните мрежи.извор: Макфас

Македонија | пред 5 години

vraboten

(ВИДЕО) Вработен од Град Скопје пцуе и вреѓа граѓани кои чекаат ред

Вработен во една од бараките на Град Скопје, каде што се плаќа данок за имот, на дрзок начин, со гласно викање им се обраќал на граѓани кои чекале ред. Од објавената снимка се гледа како тој ѝ вика на повозрасна жена која чекала ред и поставила прашање, но не само со неа вработениот имал исти однос со сите кои биле пред бараката.https://www.facebook.com/100002973833212/videos/2983159088459856/?__xts__[0]=68.ARBXBEQw_zs4WkJ6DwlkZiuO5moTQGTnwabFxdMV5xugIHELyfMiW6knmEV0IgYnbPNY8QrBrUx47q2wsgD5r14RDsx-VVxQSKQs78Kl1DvbSKSD3eyUsR5XHJfO1Euhi76BucDHYVQCg_ZpbY9W7JK1i_kypTDXSJVBX_cFhUvmbXxZhx4JGdfkzLWcEzij2ImJlf99iWcTVoQp-p7fiIr8GA&__xts__[1]=68.ARCF5bFUasuupOH63kRj2rJPJxT-fkI3Jm9yozr_76WbVd00GgPzz8l55wAFqo0fH1hK-x4x5_u61OeMcadYYGaxgC9mSeY6bLb728SopPKrkJZYdlWx7lIfvg5JqB9rPY4XW94rO3b_8OR7yU3yDO_A00v8EE809c5z2oLvGIAUcJH1bhPamzr2SjCKdTGS2SbwlzOsinou5LftrR9ptSNngA&__tn__=-RСпоред сведочењето на граѓанин кој бил присутен пред Град Скопје, вработениот кој воведувал ред упатил и пцости кон девојка, на која ѝ рекол: „Земи извини ми се ма сељанко една“. За ваквиот инцидент, градоначалникот Петре Шилегов најави дека ќе се спроведе дисциплинска постапка против вработениот. Граѓанинот кој го објави дрското однесување вели дека граѓаните го чекале вработениот еден час пред бараката на Град Скопје, бидејќи, според неговите кажувања, тој доцнел на работа. 

Скопје | пред 5 години

Нема фотографија

Македонските „Анонимуси“ најавија дека следна цел им се извршителите

Анонимните хакери од земјава најавија преку „Твитер“ дека следна цел им се извршителите.„Извршители – убијци – вие сте на ред, спремете се“, се наведува на профилот на анонимната хакерска група.Откако утрово беше хакирана веб-страницата на Министерството за здравство, хакерите на „Твитер“ пишуваат дека тие во ниту еден момент не го загрозиле серверот за е-пошта на здравство, туку направиле екстракт на е-поштата.„Сајтовите и серверот за е-пошта се изгасени од страна на шалабајзерите кои се систем-админи во тие министерства“, се наведува на профилот „AnonOpsMKD“.https://twitter.com/MkdOps/status/1286640165885222912?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1286640353630707712%7Ctwgr%5E&ref_url=https%3A%2F%2Fmakfax.com.mk%2Ftop%2Fd185d0b0d0bad0b5d180d0b8d182d0b5-d0bdd0b0d198d0b0d0b2d0b8d198d0b0-d0b4d0b5d0bad0b0-d181d0bbd0b5d0b4d0bdd0b0-d186d0b5d0bb-d0b8d0bc-d181%2FПретходно од Министерството за здравство објавија дека нивната официјалната веб-страница не функционира, а не функционираат ниту службените е-адреси на вработените во институцијата.Одговорноста за хакерскиот напад ја презеде групата што стои зад профилот „AnonOpsMKD“, а која претходно призна дека е одговорна и за паѓањето на македонскиот агрегат за вести Тајм.мк. 

Македонија | пред 5 години

sovetnik-culev

Изречена најстрога дисциплинска мерка за советникот на Чулев

Во однос на информациите објавени во јавноста во текот на изминатиот период, а за постапување на советникот во Кабинетот на Министерот Чулев на денот на изборите, ја информирам јавноста дека во текот на вчерашниот ден на лицето Зоран Ѓоргевски по предлог на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди му беше изречена суспензија од работното место,  а во текот на денешниот ден по иницијатива на истиот оддел беше спроведена постапка за утврдување на дисциплинска одговорност при што од страна на дисциплинска комисија до Министерот за внатрешни работи беше доставен предлог за донесување на решение за изрекување најстрога дисциплинска мерка.  Предлогот е прифатен од страна на Министерот Чулев и за гореспоменатото лице е потврдена предложената дисциплинска мерка.Во текот на изминатиот период во неколку наврати Министерот Чулев потенцираше дека законите се спроведуваат неселективно без разлика на партиската, верската и национална припадност, а постапувањето во конкретниот случај е уште една потврда за таа заложба.

Македонија | пред 5 години

SILEGOV-1

Вработен во Град Скопје вербално нападнал жена, Шилегов се извини и најави дисциплинска комисија

Во врска со денешниот вербален инцидент помеѓу вработен во Град Скопје во барака 16 и граѓанка која барала услуга од Градот, ја известувам јавноста дека ќе биде формирана дисциплинска комисија во рамките на Градот, која ќе ја утврди одговорноста на вработениот, напиша на својот ФБ профил, градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.Тој во продолжение на својата објава  се извини до госпоѓата која била вербално нападната:Во мое лично име, но и како градоначалник на Скопје, се извинувам на граѓаните и кон госпоѓата која беше вербално нападната. Не постои оправдување за таков однос кон граѓаните !

Скопје | пред 5 години

demokrati

Демократи: Извршителите од денеска продолжуваат со осиромашување на сиромашните

Према податоците од Народна банка на Македонија до март годинава биле блокирани 229.314 трансакциски сметки, од кои 190.183 се на физички лица, а 39.131 се на фирми. Вкупниот број блокирани сметки според објавените податоци е 106.723, од кои 26.000 се компании, а околу 80.000 се физички лица, стои во ФБ објавата на Демократи.Тие додаваат:Да ги потсетиме граѓаните дека Закомот за изврушување беше донесен од владеачките партии кои за жал одредена група на граѓани ги гласаат за да останат на власт и да можат да продолжат да не чуват под модерно ропство.Се додека се на власт СДСМ, ДПМНЕ ДУИ и нивните коалициони привезоци се дотогаш Македонија ќе тоне во длабока црна дупка и народот ќе живее мизерен живот!

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Македонските анонимуси објавија дека ги урнале интернет страниците на пејачките Дуа Липа и Рита Ора

Хакерската група која што се претставува како македонски анонимуси на „Твитер“ објави дека ја урнале интернет страницата на англиската пејачка со албанско потекло Дуа Липа, откако на социјалните мрежи таа објави мапа на Голема Албанија и пораки за Косово.AnonOpsMKD на 22 јули објави дека ја преземале официјалната веб-страница на Дуа Липа и дека тоа го направиле „чисто од научни цели, за оние кои мислат дека немаат капацитет“ и дека сајтот нема да биде функционален еден час, со слика како изгледал истиот по нападот.https://twitter.com/MkdOps/status/1286051429581500418?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1286051429581500418%7Ctwgr%5E&ref_url=https%3A%2F%2Fmakfax.com.mk%2Fzanimlivosti%2Fd0bcd0b0d0bad0b5d0b4d0bed0bdd181d0bad0b8-d185d0b0d0bad0b5d180d0b8-d182d0b2d180d0b4d0b0d182-d0b4d0b5d0bad0b0-d0b3d0b8-d0b1d0bbd0bed0ba%2FНешто подоцна, групата објави дека извршила напад и врз сајтот на уште една позната пејачка со албанско потекло, Рита Ора, тврдејќи дека нејзината страница нема да биде функционална во следните два часа.https://twitter.com/MkdOps/status/1286267742765690881?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1286267742765690881%7Ctwgr%5E&ref_url=https%3A%2F%2Fmakfax.com.mk%2Fzanimlivosti%2Fd0bcd0b0d0bad0b5d0b4d0bed0bdd181d0bad0b8-d185d0b0d0bad0b5d180d0b8-d182d0b2d180d0b4d0b0d182-d0b4d0b5d0bad0b0-d0b3d0b8-d0b1d0bbd0bed0ba%2F„Косово е веќе поставено правилно на сите мапи, како дел од Србија“, напишаа на „Твитер“ групата AnonOpsMKD.Се претпоставува дека оваа група стои и зад хакерските напади на Министерството за образование и Министерството за здравство во текот на вчерашниот ден, како и зад нападот на платформата „Тајм.мк“ на денот на изборите. 

Македонија | пред 5 години

kola-1234

(ВИДЕО) Се запали автомобил во Охрид

Предмалку на Туристичка, во Охрид се запали автомобил. Автомобилот бил паркиран, а сопствениците пазареле во маркет. Веднаш интервенираше противпожарната служба. За среќа нема повредени.https://www.facebook.com/ohrid1/videos/383080235990611/

Македонија | пред 5 години

znm

ЗНМ ги осуди нападите врз Мирослава Бурнс и Љупчо Златев

Здружението на новинарите на Македонија ги осуди заканите кон новинарите Мирослава Бурнс од „Слободен печат“ и Љупчо Златев од „Лидер“.Бурнс во текот на вчерашниот ден добила низа закани на својот личен профил на „Фејсбук“ поради објавување текст за свадба што се одржала во Тетово укажувајќи дека тоа е спротивно на законската регулатива, која се однесува на борбата против епидемијата на Ковид-19.„Бараме од Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство итно да преземат дејства за откривање на лицата што стојат зад профилите од кои ѝ се заканиле на новинарката и да ги изведат пред лицето на правдата. Објавувањето вакви и слични престапи од јавни собири преку кои може да се загрози јавното здравје е од јавен интерес и новинарите во никој случај не треба да добиваат закани за својот живот поради откривање и обелоденување на ваквите групни собири“, велат од ЗНМ.Здружението на новинарите на Македонија го осуди и нападот што се случил вчеравечер во еден скопски локал врз новинарот и уредник на „Лидер“, Љупчо Златев.„Бараме од Министерството за внатрешни работи итно да ги истражи мотивите за нападот, како и лицата што биле вклучени во инцидентот. Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство само преку брза постапка ќе покажат дека постои волја за расчистување случаи во кои има напади врз новинари. Со тоа ќе се придонесе кон обесхрабрување на идни напади, а и ќе се подобри степенот на безбедност на новинарите и медиумските работници“, велат од ЗНМ.Сите видови притисоци и закани кон новинарите и медиумските работници, додаваат од таму, негативно се одразуваат врз слободата на изразување и креираат ефект на самоцензура.„Очекуваме од идната влада сериозно да се зафати со креирање безбедна работна средина за новинарите како еден од најважните предуслови за слободно новинарство“, велат од ЗНМ.

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања