Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

toplo-vreme

Сончево со умерна облачност, неделава температури околу 40 степени

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец.  Дневната темпертаура ќе се движи од 27 до 36 степени. УВ индексот ќе достигне 8.Во Скопје и околината, максималната температура ќе достигне до 32 степена.Под влијание на многу топла воздушна маса во текот на неделава ќе преовладува сончево и многу топло време. Особено топло ќе биде од среда кога долж Повардарието максималната температура ќе биде околу 40 степени. Од петок во попладневните часови ќе има услови за локална нестабилност.

Македонија | пред 5 години

stojmenov

Прекршочна пријава за Борис Стојменов по вчерашната расправија

Борис Стојменов заработи пријава по вчерашната расправија со инспекторите на Општина Центар, како и полициските службеници кои ги придружуваа.– На 25.07.2020 во 11.00 часот пред објект во градба на ул.„Даме Груев“ во Скопје, Б.С.(80) од Скопје го нарушил јавниот ред и мир по член 4 и член 13 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, така што се однесувал дрско и непристојно кон инспектори од Секторот за Инспекциски работи од општина Центар, а омаловажувал и полициски службеници кои извршувале службени задачи – се вели во полицискиот записник. 

Македонија | пред 5 години

osmani

ДУИ има 5 главни столба за преговори со албанските партии

ДУИ има нови услови, 5 главни столба за преговори со албанските партии.  Бујар Османи за ТВ21 рече дека многу е важно да се согласат за оваа албанска платформа во политичката трка која треба да биде постојана за албанската политика.1. На изборите не се тркаме со повеќе од две листи.2. Партијата која ќе добие глас повеќе зборува во име на Албанците во другите општини.3. Партиите и пратениците кои имаат глас помалку, даваат поддршка на првата партија која за стратешките линии ќе зборуваат во името на сите пратеници Албанци, а за дневно политички прашања ќе биде главен коректор.4. Пратениците на партиите кои не победиле не водат разговори на страна за да ги ослабнат преговарачките позиции на победничката партија (како во 2006).5. Можност за соработки во разни форми во интерес на граѓаните меѓу албанските политички партии“, истакна Бујар Османи.За време на предизборната кампања коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива идејата на ДУИ за прв премиер Албнец е маркетиншки трик за да се привлечат повеќе гласови. По изборите од оваа коалиција најпрво велеа дека нема шанси за каква било заедничко влегување во коалциија со ДУИ за собраниско мнозинство, за да денеска претставници на АА кажат дека не ја исклучуваат можноста да учествуваат во влада со ДУИ.

Македонија | пред 5 години

113545639_292772995140428_616171590407617162_n

Дали навистина другарите на Мицкоски тргнаа контра него или пак не?

Препукувањата помеѓу актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ не престанува, се бараат оставки од претседателот Христијан Мицкоски дури и од луѓе кои до пред скоро време важеа за негови приврзаници. Никој не објаснува зошто внатрепартиските препукувања сега се пред очите на целата јавност и дали тоа значат нови поделби.Дел од јавноста споделувајќи фотографии на социјалните мрежи прашува дали навидум заострените кавги се театар. На социјалните мрежи се коментира дека Ивица Конески кој важи за близок до Сашо Мијалков, а бара оставка од Христијан Мицкоски, тоа го прави за да им се наметне на групата независни експратеници и Митко Јанчев, кои први, по изборите, побараа да биде ослободен тронот на ВМРО-ДПМНЕ. Шпекулациите одат до таму што се коментира дека крајната цел е Конески да биде избран за нов претседател на партијата со помош неговите пријатели. Но, за точноста на овие тврдења засега нема одговор, а веројатно се ќе се знае откако ќе биде составена Влада и конечно ќе биде заокружен изборниот процес.Коневски: Мицкоски да си поднесе оставка ако изгуби на избори!За потсетување, во ист ден кога Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ очекувано даде поддршка за измени на Статутот на партијата, но и поддршка за Мицкоски да преговара за формирање влада, сѐ уште актуелните пратеници на опозицијата, Никола Попоски и Даниела Рангелова, се приклучија кон повиците за оставка на Мицкоски.Гласовите за оставка на Мицкоски станаа хорДодека дебатите на партиските тела се зад затворени врати, јавно Мицкоски добива и поддршка на Фејсбук. Случајно или не, пред неколку дена и во рок од неколку часа, десетина членови на највисокото партиско раководство и идни пратеници на ВМРО-ДПМНЕ објавија заеднички фотографии со Мицкоски со пораки за поддршка на лидерот.Случајност или синхронизирана фејсбук поддршка од членови на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и дел од новите пратеници за Мицкоски

Македонија | пред 5 години

janko

(Видео) Бачев: Нашата коалиција никогаш нема да ги признае овие избори, ќе почнеме постапка и пред Европскиот суд за човекови права

На 15 јули во Македонија се случи историски скандалозен преседан со планот за колатерална штета на Единствена Македонија на изборите, обвини претседателот на партијата, Јанко Бачев.  Тој истакна дека Единствена Македонија и Коалицијата „Никогаш северна – само Македонија“ никогаш нема да ги признае овие избори со кои, како што кажа, е направен тежок изборен фалсификат. Тој најави дека оваа недела ќе почне постапка и пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур.„Прво, на ДИК по изборите им фалат 2.013 гласачки ливчиња со кои е правен масовен фалсификат по моделот на т.н. бугарски воз. Откако го обелоденивме овој факт, ДИК експресно излезе со одговор дека било „техничка грешка“; второ, моите билборди во Струмица каде беше клучната битка со Заев, веднаш по монтажата се отстранети уште првиот ден од кампањата, иако уредно се платени. По изборите, поднесовме приговор, еве го одговорот, внимавајте добро, пак истата формулација „техничка грешка“, трето, добивме фрапантен податок од терен дека дури 24.066 гласачки неважечки ливчиња се однесуваат на редниот број 11, а тоа се наши гласови. ДИК не дозволува да направиме увид и јавноста официјално да го види овој тежок фалсифика“, рече Бачев.Исто така, додаде тој, во заднина без да знае никој, ДИК го избриша од избирачкото ливче називот „Никогаш северна – само Македонија“ иако листите беа поднесени со тој назив.Еве зошто Единствена Македонија мораше не да биде поразена, туку понижена на изборите според планот на „ѕверот. Но, крајот на „ѕверот“ наближува, велат од коалицијата.https://www.facebook.com/JankoBachev66/videos/295127198424788/?v=295127198424788

Македонија | пред 5 години

izjava-zaev.Still407

Со DMC BALKANS на одмор во „Ресорт Рафаело“

DMC BALKANS ОВА ЛЕТО ВЕ ВОДИ ВО РЕСОРТ РАФАЛЕО - повеќе информации на 046 256 333https://www.facebook.com/ohrid1/videos/1615679628598616/Ова што го гледате на снимките не е некој хотел во Анталија, туку е многу поблиску до нас. Во соседна Албанија на само три и пол часа возење од Охрид и Скопје.Во малото приморско гратче Свети Јован, ( на Албански Шен Џен ) во северниот дел на Албанија лоциран е ресортот Рафаело кој претставува цел комплекс со повеќе од 600 соби кои се комотни и модерно опремени.Во комплексот има 4 конференциски сали, а има и салон за масажа, супер маркет, продавница за летни реквизити.Комплексот е целосно обезбеден со подземен паркинг на два ката кој има капацитет да ги прими сите возила на гостите.Плажата пред Ресорт Рафаело е песочна и доволно пространа, опремена со лежалки и чадори за сонце, а обезбедена е и зона за деца.Ресортот се простира на 30.000 метри квадратни, има вкупно шест ресторани,во кои има пицерија како и фаст фуд ресторан.Тука е и руф топ ресторанот Плаза кој е на 10 тиот кат, а веднаш над него е лаунџ барот кој е на 11 кат.Во руф топ ресторанот Плаза можете да вкусите одлична храна припремена од врвни готвачи, а во понудата се и високо квалитетни вина од Франција и Италија.Од врвот на Плаза се пружа и неповторлива глетка на зајдисонцето на хоризонтот од Јадранско Море.Ресортот има пет базени од кои три отворени, еден затворен и еден полуотворен базен.Ресортот Рафаело поседува уште една плажа која е на 15тина минути возње северно од гратчето Свети Јован и до која се стигнува возејќи низ прекрани предели полни со зеленило и недопрена природа.

Магазин | пред 5 години

rasela

(ВИДЕО) Коњицата тргна кон Мечкин Камен, ја предводи пратеничката Рашела Мизрахи

Пратеничка од ВМРО ДПМНЕ и поранешна техничка министерка за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи заедно со коњаницата „Бигорски Манастир – Патот на црешовото топче“ тргна кон Крушево, по повод празникот Илинден.Мизрахи објави фотографии на својот профил на Фејсбук посочувајќи дека и било чест што ја предводи коњаницата.„Во чест на Илинден заедно со коњаницата „Бигорски Манастир – Патот на црешовото топче“ тргнавме од Зубовце до славното Крушево. Ги пренесуваме спомените за славните Илинденци и како се сака Македонија. Голема е честа да ја предводам коњаницата! Нека ни е лесен патот низ македонските планини до Мечкин Камен!“, напиша Мизрахи.https://www.facebook.com/IgorSkinArt/videos/10223928469338918/

Македонија | пред 5 години

policija-123

Во скопско Грушино пронајдено починато седумгодишно дете во поток

Вчера (25 јули) во попладневните часови во полициското одделение Арачиново било пријавено дека претходно во текот на денот во селото Грушино од својот домот се оддалечил седумгодишниот Ш.Р..Вечерта од страна на полициски службеници детето било пронајдено во потокот крај селото, без знаци на живот.Лекар од итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на Јавен обвинител телото е предадено на обдукција.

Македонија | пред 5 години

policija-1

На непристапен шумски предел во реонот на Негорци пронајден починат мигрант

Во попладневните часови на 25 јули во Регионалниот центар за гранични работи Југ, било пријавено дека на јужната граница, на непристапен шумски предел во реонот на селото Негорци, имало починато лице, најверојатно мигрант.Полициски службеници излегле и на местото викано Жабја Река, кај селото Негорци, го пронашле починатото лице.Смрт била констатирана од лекар од итната медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител, телото било предадено за обдукција. 

Скопје | пред 5 години

sela-2

Алијанса за Албанците и Алтернатива утре ќе маршираат за демократија

Маршот ќе започне во 19 часот од паркот Чаир во Скопје, потоа ќе помине пред Влада и е планирано да заврши пред канцелариите на Делегацијата на Европската Унија.Маршот за демократија не е само протест, туку е јавен израз на волјата на албанскиот граѓанин во Македонија, кој по последните избори смета дека сериозно се оштетени демократијата и начинот на изразување на слободната волја на албанскиот граѓанин, инаформираа во пресрет на утрешниот марш од Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива.Маршот ќе започне во 19 часот од паркот Чаир во Скопје, потоа ќе помине пред Влада и е планирано да заврши пред канцелариите на Делегацијата на Европската Унија.– Како знак на револт за потиснување на највозвишеното право на слободното гласање, овој марш – токму пред седиштето на Делегацијата на Европската Унија во Скопје – ќе испрати јасна порака дека една држава којашто ги започнува преговорите за членство во ЕУ не смее да дозволи дел од нејзините граѓани да бидат лишени од правото да избираат и да бидат избрани, што е основното човеково и политичко право во ЕУ, изјави на прес-конференција портпаролката на Централниот штаб на коалицијата, Нурџан Асановска.Симболи на маршот, посочи таа, ќе бидат националните симболи и симболите на нашите западни сојузници, а слоганите ќе се однесуваат на заштита на демократијата, укажувајќи дека секој друг симбол и кој било друг повик што искажува фобија, омраза или навреда за било кого, е против целта на овој марш.– За да се избегне каква билo можност за инфекција, организаторите се погрижија и за бројот на учесниците. Впрочем, за коалицијата ништо не е поважно од здравјето. Затоа, заштитните маски и одржувањето дистанца, како и грижата за здравјето на учесниците се задолжителни обврски за успешна граѓанска акција, рече Асановска.За маршот е известена и полицијата, а организаторите најавуваат и свои редари за успешен тек.извор: МИА

Македонија | пред 5 години

svadba-1

(ВИДЕО) Свадба во Радовиш и покрај забраните - никој не носи заштитна маска

Во време на пандемија, кога се забранети семејни веселби, свадби и групирања, на социјалните мрежи се појави видео кое се емитува во живо, на свадба во Радовиш.https://www.facebook.com/100009811548415/videos/1195914050745635/На видеото јасно се гледа дена веселбата се одвива на отворено, но ниту еден од присутните не носат заштитна маска, а спротивно на препораките сите се збиени еден до друг. Музичарите исто така немаат маски.За потсетување неодамна во Тетово се одржа свадбена веселба во ресторан во тетово. Но, Пазарните инспектори веднаш го затворија објектот. Инспекторите составиле и записник за постапувањето спротивно на здравствените протоколи во време на пандемија, по што, ќе биде поднесена и соодветна пријава.Во краток период ова е четврта свадбена веселба, и покрај тоа што се забранети. 

Македонија | пред 5 години

koronavirus-test

Денеска регистрирани 152 нови случаи на Ковид-19, нема починати

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1077 тестирања, а регистрирани се 152 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје-39, Куманово-20, Дебар-8, Штип-14,Прилеп-1,Тетово-9, Струга-13, Битола-5, Охрид-3, Кавадарци-5, Гостивар-15, Гевгелија-3, Струмица-4, Радовиш-1, Кочани-1, Демир Хисар-2, Македонски Брод-2, Делчево-3, Кратово-1, Свети Николе-1, Кичево-2.Нема починати пациенти.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 70 оздравени пациенти од: Скопје-23, Куманово-8, Штип-6, Тетово-10, Гостивар-10, Свети Николе-13.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 10086, бројката на оздравени пациенти е 5427, на починати е 460, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4199.Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 4607, активни 1935• Куманово 987, активни 282• Дебар 193, активни 125• Штип 732, активни 380• Прилеп 322, активни 52• Тетово 992, активни 283• Струга 415, активни 206• Велес 212, активни 21• Битола 114, активни 60• Охрид 262, активни 111• Кавадарци 38, активни 21• Гостивар 372, активни 223• Гевгелија 22, активни 11 (*7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 3 на Богданци)• Струмица 35, активни 24• Крива Паланка 22, активни 8• Радовиш 28, активни 23• Крушево 15, активни 9• Кочани 94, активни 24• Пробиштип 47, активни 28• Демир Хисар 24, активни 22• Македонски Брод 12, активни 8• Пехчево 6, активни 0• Берово 4, активни 1• Валандово 6, активни 0• Виница 5, активни 1• Делчево 5, активни 4 (*1 лице од ПЕ Делчево е од Македонска Каменица)• Кратово 13, активни 8• Свети Николе 216, активни 188• Кичево 120, активни 93• Ресен 143, активни 45• Неготино 23, активни 3 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 1077 теста се преку: ИЈЗ-667, ЦЈЗ Скопје-23, Авицена-138, Биотек-78, МАНУ -10, Жан Митрев (Филип Втори)-8, Систина со PCR метода -99, Судска медицина -1, ЦЈЗ Битола-35, Инфективна клиника-3, ГАК-15. Досега во земјата се направени вкупно 95169 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 8 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 83 пациенти. На кислородна поддршка се 40 пациенти, нема пациенти на респираторна машина, соопштува Министерството за здравство.Во болницата во Козле се хоспитализирани 11 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 4 позитивни деца и 8 пациенти суспектни на вирусот.Во ГОБ „8 Септември“ примени се 11 нови, вкупно хоспитализирани се 100 пациенти. На респираторна машина се 3 пациенти.Во болницата во Битола се хоспитализирани 40, а во болницата во Штип се хоспитализирани 46 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 126 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19, информира МЗ.

Македонија | пред 5 години

Dragana1

Драгана е пронајдена жива и здрава !

Пронајдена девојката кој исчезна од скопската населба Влае. Таа е жива и здрава со семејството. За девојката имаше апел за помош да се пронајде, отакако во петокот вечерта ја напуштила семејната сендвичарница во Влае и исчезнала. Семејството на 27 годишната Драгана Бошковска од Скопје, штотуку ја пронашло во обложувалница во скопската населба Кисела Вода.Потрагата е успешна, а Драгана е повторно со своето семејство, информира нејзината сестра заблагодарувајќи им се на граѓаните за солидарноста.

Скопје | пред 5 години

brod

Одбележување на Денот на реката Дрим, oваа година уникатно, на брод

Денеска се одбележува Денот на реката Дрим. Оваа година на поспецифичен начин, поради пандемијата, на брод.Манифестацијата за прв пат започна да се организира во 2014 год  и тоа во четири града од поширокиот Басен на реката Дрим истовремено.Одбележувањето на овој ден претставува потврда дека сите институции во земјата, од министерствата, општините, преку невладиниот сектор се до граѓаните, ја препознаa важноста на ресурсот, но и среќната околност што тој е дел од нашата животна средина.Дејан Пановски Координатор на Дримскиот проек, по повод одбележувањето на Денот на реката Дрим за Скопје 1 истакна дека поважните водни ресурси во светот, посебни оние кои се врзани со значајни еколошки , економски и социјални елементи за општеството, имаат свој Ден.„Реката Дрим како важен воден ресурс со слив кој спојува пет држави не е исклучок од светската пракса. Поентата а воедно и придобивките на ова одбележување е сензибилизација на јавноста за значењето на водните ресурси, потенцирање на прекуграничната соработка и еднаквот на активности и секако внесување за граѓанскиот сектор во процесите на заштита и управување со водните ресурси“, истакна Пановски.Годинава во која главен акцент е Ковид пандемијата, сепак се одржува континуитетот на одбележувањето на манифестацијата.„Според оргиналниот распоред Денот на Дрим е 5.Мај и за тогаш беа планирани сите активности. Пандемијата и состојбите тоа го оневозможија тоа и целиот процес го префрливме за тогаш кога земјите ги олабавија мерките. На црногорската страна настанот веќе се одржа на 7 Јули, на косовска и македонска страна настанот е закажан овој викенд 25-26 Јули, а на албанската страна ќе биде одржан на 5 Септември. Основата на пораката е дека битката за заштита на водните ресурси продолжува и сите овие настани се одвиваат преку виртуелни конференции и предавања и настани организирани со почитување на здравствените мерки. Целта како поддржувачи на овие настани ни беше да се покаже дека и во новата нормалност нема застанување кога се работи за свеста за заштита на природата“, истакна Пановски.Инаку  имплементацијата на Дримскиот проект е при крај. Пановски зборува и за резултатите кои се постигнаа низ имплементацијата на тој проект.„ГЕФ Дримскиот проект е само дел од поширокиот Дримски процес кој како процес ќе биде присутен секогаш. Ние увидовме кои се недостатоците во управувањето со еден ваков исклучително комлексен еколошки но и енергетски ресурс преку Прекуграничната дијагностичка анализа која ја спроведивме.Со таа анализа сега точно се идентификувани состојбите на сливот од аспект на институционална поставеност, биодиверзитетот во сливот, неговата хидрологија, изворите на загадување,врската со храната и енергијата и целата социоекономија на сливот. Врз база на таа анализа изготвена е Стратешката акциона програма кој содржи план на акции за секој од проблемите во сливот. Таа програма на 24.Април 2020 година на видео конференција беше одобрена и потпишана од надлежните политички преставници на државите од Басенот. И врз основа на утврдени приоритети на секоја од земјите веќе пристапуваме кон изработка на проектните фишеа за имплементација на тие мерки, кои ќе ги презентираме на донаторска конференција специјално подготвена за Дримскиот басен“, вели координаторот на проектот.Што се однесува до приоритетите, Пановски вели:„ Македонскиот дел од Дримскиот басен е горниот дел на басенот и содржи во себе три суб- басени. Два езерски (Преспа и Охрид) и еден речен (Црн Дрим). Но во себе ги содржи исклучително важните енергетски капацитети, хидроцентралите на Црн Дрим. Од тој аспект клучмно е да се воспостави континуирана соработка на енергетските компании на земјите од басенот. Нашиот фокус е сега на изработката на Планот за управување со сливот на Охридско Езеро. Тоа е алката што долго недостасуваше во управувањето со целокупниот слив. Ова ќе биде воедно и прв прекуграничен план во согласност со Европската рамковна директива за води. Добрата вест е дека Нацрт Планот е изготвен и сега по него следува консултативен процес за негово финализирање. Втората добра вест е што Планот содржи програма на мерки која опфаќа преку стотина конкретни мерки за санирање на состојбите во сливот и обезбедување на стабилна состојба на езерото и сливот, со надлежност и финансиски проценки. Имавме шанса да поставиме рамка за иднината и тоа го сработивме. Пораката е дека екологизмот треба да го промовираме како култура на живеење. Дека треба да почнеме со носење на одлуки и решенија, а не само констатирање слабости. Јас не сум приврзаник на пароли ниту на патетика, тука на борба со јасни одлуки што смее, а што не смее и на јасни казни за оние кои прават штети врз екосистемот и општеството. Верувам дека новата генерација ќе биде похрабра во носење одлуки и решенија. И да не го потцениме Дрим. Тоа е системот кој ја одредува и иднината на Охридското Езеро и токму тоа покрај другото беше основата да го туркаме Дримскиот процес“, вели Пановски.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

(ФОТО) Делегација на град Скопје положи цвеќе за загинатите во земјотресот во Скопје

Денеска , на градските гробишта во Бутел, домашни  и странски делегации положија цвеќиња пред споменикот на загинатите од  катастрофалниот земјотрес во Скопје, во далечната 1963 година.Во чест на загинатите, венец положи и официјална делегација на Град Скопје, предводена од градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, а составена од секретарот на Град Скопје, Викторија Аврамовска-Мадиќ и претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева. Исто така, цвеќе положи  и делегација на Советот на Град Скопје, составена од советниците Бојан Ивановиќ, Ерџан Селими и Агон Саити.Со положување цвеќиња почит на жртви во земјотресот во Скопје што се случи пред 57 години, дадоа и делегација од државниот врв на Република Северна Македонија, делегации составени од претставници од политичките партии, делегации од општините во градот Скопје, претставници од Црвен крст на град Скопје, претставници од Јавните претпријатија и Јавни културни установи на Град Скопје, претставници од институции во нашава земја, граѓани на Републикава, како и делегации од странство во нашава земја.  

Скопје | пред 5 години

Damjan-Mancevski1

Манчевски: Негативен и финално. Излегувам, доста беше. 5:0

ФБ статус на министерот Дамјан Манчевски:Негативен и финално. Излегувам, доста беше. 5:0.Од утре назад во акција. :)Чувајте се. Носете маска и држете дистанца. Нека не ве лаже летото, особено во туристичките места.https://www.facebook.com/damjan.manchevski.3/posts/3243766092326095

Македонија | пред 5 години

skopje-1

Пендаровски: Секој 26 јули се сеќаваме на кобното утро во 1963, на силниот земјотрес

Солидарноста и заедништвото ни се потребни за да ја надминеме секоја тешкотија со која како општество ќе се соочиме, напиша утрово на својот фејсбук-профил претседателот на државата, Стево Пендаровски, потсетувајќи се на катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје на 26 јули 1963 година.„Секој 26 јули се сеќаваме на кобното утро во 1963 кога силниот земјотрес ги однесе животите на над илјада наши сограѓани, илјадници беа повредени, а многумина ги изгубија своите домови“, напиша Пендаровски.https://www.facebook.com/SPendarovski/posts/3695205090492929Се сеќаваме, додава претседателот, и на солидарноста и помошта која пристигна од целиот свет.„Во тешките денови кога се справуваме со пандемијата на Ковид-19 да се потсетиме дека солидарноста и заедништвото ни се потребни за да ја надминеме секоја тешкотија со која како општество ќе се соочиме“, напиша претседателот во својата објава.

Скопје | пред 5 години

UaYct-

На кејот во Охрид приведен жител од Свети Николе

На ден 25.07.2020 во 02.15 часот на ул.,,Кеј Македонија“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Г.Н.(21) од Свети Николе, поради тоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана. Тој бил приведен и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 5 години

marihuana2

Приведен скопјанец на плажа во Охрид, полицијата му пронашла марихуана

На 25.07.2020 во 23.20 часот на плажа „Парк-Голден Бич“ во Охрид, полициски службеници го лишиле од слобода Е.Л.(32) од Скопје, поради тоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Подобрени условите за престој на пациентите во Клиниката за психијатрија

Во рамки на активностите на Министерството за здравство за унапредување на условите во здравствените установи, во Клиниката за психијатрија во текот на изминатите три години се направија повеќе реконструкции и унапредувања за подобрување на условите за престој на пациентите.Од Клиниката велат дека исклучително е важно пациентите да имаат добри услови за престој, со оглед на тоа што дел од нив престојуваат и подолг временски период, а за подобрување на целокупната здравствена состојба тоа е од неизмерна важност.Клиниката за психијатрија значително ги промени условите и истата е целосно реновирана во изминатите три години, со целосна дигитализација и климатизација, опремена е со нов мебел за пациентите и амбулантите. Целосно е реновиран и амбулантскиот дел и опремени се со нова опрема. Извршена е и реконструкција на покривот на болницата, а направени се и подобрувања во околината на клиниката.За првпат од отварањето на Клиниката за психијатрија во 1993 година, по 27 години, старите рѓосани кревети се заменети со 45 нови со удобни душеци. Во текот на летниот престој на пациентите сега истите можат да го поминат времето и надвор на свеж воздух на неколку локации околу Клиниката каде се поставени нови клупи.Дополнително, во изминатиот период воведени се нови методи за третман на пациентите и најсовремена антипсихотична терапија. Воедно, преку Европски програми (Horison 2020), Клиниката за психијатрија е вклучена и во научно истражувачки проекти.Грижата за пациентите со апликација на подобар и посовремен третман е она што секогаш придонесува до успех во подобрување на добросостојбата на пациентите. Во изминатите три години Министерството за здравство ги унапреди условите на повеќе од 30 јавно здравствени установи со што пациентите добиваат подобри услови и здравствени услуги, а здравствените работници подобри услови за работа.

Македонија | пред 5 години

Skopje

Како се градеше Скопје по катастрофалниот земјотрес

Градот Скоп­је денеска ја одбележува 57-та го­диш­ни­на од ка­та­стро­фал­ни­от зем­јо­трес. Утро­то на 26 ју­ли во 1963 го­ди­на, во 5 ча­сот и 17 ми­ну­ти, зем­јо­трес со ја­чи­на од 6,9 сте­пе­ни спо­ред Ри­хе­те­ро­ва­та ска­ла го срам­ни Скоп­је со зем­ја и го оста­ви гра­дот без си­те вр­ски со све­тот. За­ги­наа 1.070 ли­ца, по­ве­ќе од 4.000 беа по­вре­де­ни, око­лу 200.000 оста­наа без по­крив над гла­ва­та, 28.000 до­мови беа оште­те­ни и не­што по­ве­ќе од 15.000 ста­но­ви беа ур­на­ти. Пр­ви што им при­стиг­на­ле на по­мош на скоп­ја­ни би­ле вој­ни­ци­те и гра­ѓа­ни­те од по­ра­неш­ни­те ју­гос­ло­вен­ски ре­пуб­ли­ки, а вед­наш по­тоа поч­на­ле да при­стиг­ну­ва­ат по­мош и спа­су­вач­ки еки­пи од це­ли­от свет. Спо­ред то­гаш­ни­те из­ве­штаи, 87 стран­ски на­ции ис­пра­ти­ле нај­раз­лич­на по­мош за Скоп­је и по­мог­на­ле во из­град­ба­та на но­во­то Скоп­је. Од то­гаш и Скоп­је го но­си епи­те­тот „град на со­ли­дар­но­ста“.Како се градеше Скопје?Обновата и изградбата на новото Скопје, односно развојот на модерната архитектура го карактеризираат неколку фази. Архитектот проф.д-р Михаил Токарев, во својот труд насловен како Историско-критички поглед на архитектурата, објавен лани по повод 50-годишнината од земјотресот, посочува дека првиот важен насатан во архитектурата е економска реформа во земја­та, со која привремено се забранува инвес­ти­рање во објекти од нестопанските деј­ности, односно во оние од високоградбата, што многу го стеснува прос­то­рот на архитектонското проектирање. Вториот важен настан претставува воведувањето на престижната Бор­би­на награда за архитектурата (1965), која уште повеќе го поттикнува нат­пре­варувачкиот дух меѓу архи­тек­тите во земјата. Професорот Токарев наведува дека развојот на модерната архитектура во Македонија од средината на 60-тите години е директно зависен од општествено-политичката состојба во СФРЈ, но и од економ­ски­те услови кои владеат во Републиката. Со економското зајакнување на земјата, во средината на 70-тите годи­ни започнува позасилена архитектонска активност, со што се создаваат рела­тив­но голем број разновидни квалитетни објекти и во Македонија.За победник на овој конкурс е прогласен афирмираниот јапонски архитект Кензо Танге, кој понудил ком­пактна изградба и релативна изолираност на градскиот цен­тар.     Целата сторија на Фактор.мк

Скопје | пред 5 години

Dragana

(ФОТО) 27 годишна девојка исчезна во Скопје- вака била облечена пред да ја снема

Девојка по име Драгана е исчезната вчера околу 21 часот во Скопје кај Порта Влае, стои во објавата на социјалните мрежи каде се споделува слика од девојката и се бара помош да биде пронајдена.-Апел до сите граѓани, ве молам споделете. Девојката е исчезната, ве молам споделете и помогнете ни да ја најдеме. Исчезната е во околината на Влае. Името и е Драган. Девојчето има психички проблеми, стои во објавата. https://www.facebook.com/suzana.stojanovska/posts/4713724391986849Телефони за контакт:075 450 104 / 070 322 930

Скопје | пред 5 години

korona-11

Годинава во Македонија има дури 2.739 помалку починати во однос на 2019 година

Во првото полугодие од 2020 година, во услови на постоење на коронавирусот, има за 2.739 помалку починато луѓе по сите основи во однос на првото полугодие  од минатата 2019 година.Според Заводот за статистика минатата година во земјава имало повеќе починати отколку родени. 20.446 починале, 10 илјади од починатите биле од кардиоваскуларни заболувања. 19.845 е бројката на новородени во 2019 година, објави Канал 5.Минатата година од јануари до јуни починале 9.249, а оваа година до јуни починале 6.510 што е скоро за 30 проценти помалку. По месеци минатата година и оваа година најмногу починале во јануари. 2 027 минатиот јануари и 1355 овој јануари, што е нормално, поради намален имунитет од студот, поретко излегување надвор на сонце и чист воздух, а со тоа и зголемување на бројот на заболени од разни инфекции.Извор: Канал 5

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

(ФОТО) Во село близу Богданци, нема столб без гнезда на штркови

Жителите на Стојаково од Општина Богданци ќе покренат иницијатива штрковите да им станат заштитен знак и бренд бидејки последниве години значително се зголеми бројот на овие птици преселници. Во селото речиси и да нема електричен столб каде нема гнездо и мали штркови кои почнаа да прават гнезда и по покриви на објекти, објави drnka.mk.Ако во 2018 та во Стојаково биле регистрирани 37 гнезда  со 74 возрасни и 134 млади штркови ова година како што вели Роберт Иванџиков се евидентирани 45 гнезда, 90 возрасни и 153 млади штркови кои овие денови ги прават првите летови. Иванџиков вели дека овие птици бараат чиста и еколошка средина со многу ливади а токму атарот на ова село изобилува со чиста и богата со храна средина.Текстот во целост на: drnka.mk.

Македонија | пред 5 години

plaza-5

(ВИДЕО и ФОТО) Охридските плажи полни

Охридските плажи денеска се полни. Уште од раните утрински часови колони возила се упатија кон плажите. Овој и следниот празничен викенд се очекува дека Охрид ќе го постигне максимумот со гости за оваа сезона. На сите плажи се поставени табли на кои се испишани протоколите од Владата со кои се потсетуваат посетителите на правилата за услови на пандемија.И градоначалникот неодамна посакувајќи им добредојде на сите кои одмараат во Охрид, ги повика гостите да ги почитуваат Владините мерки, како штос е држење дистанца и носење заштитна маска во група.

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања