Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

BeFunky-collage-1

Каде е Христијан Мицкоски ?

Денешната посета на евроамбасадорот Самуил Жбогар на партијата ВМРО ДПМНЕ го отвори прашањето за тоа каде е лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој не го прими амбасадорот и со него се сретнаа Александар Николоски и Томчо Муцунски.НИКОЛОСКИ САКА ДА Е НОВ ЛИДЕР ?Инаку деновиве во политичките кулоари на ВМРО ДПМНЕ се повеќе кружи идејата токму Александар Николоски да е наследник на Христијан Мицкоски. Оваа политичка идеа најмногу циркулира во Охрид, меѓу кадрите кои ја водеа партијата на локално ниво во времето на Никола Груевски, но засега тие јавно не се огласуваат.

Македонија | пред 5 години

Dimche-Arsovski

Арсовски: Лидерите нема да се сретнуваат со дипломати овој период

Портпаролот на ВМРО ДПМНЕ Димче Арсовски во врска со прашањето зошто со евроамбасадорот Самул Жбогар се сретнаа Александар Николоски и Томчо Муцунски, а не со партискиот лидер, за „Скопје1.мк“ изјави дека самите дипломати зазеле став да не се сретнуваат со лидерите на партиите во постизборниот период.„Став е на дипломатите е да не се сретнуваат со лидерите на партиите во овој пост период“ - кратко одговори Арсовски.Ваквиот став на дипломатите до сега не беше соопштен на јавноста.

Македонија | пред 5 години

mars

(ВИДЕО) Започна маршот на Села и Гаши за демократија

Започна маршот во организација на Kоалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива. Како што најави организаторот со марш низ скопските улици, тие ќе го изразат својот револт за потиснување на правото на слободното гласање.Членовите, симпатизерите и поддржувачите на партиите на Села и Гаши тргнаa од паркот во Чаир, а според маршрутата на движење, преку мостот „Гоце Делчев“ и зградата на Владата, планирано е протестната поворка да заврши пред канцеларијата на Делегацијата на Европската Унија.„Токму пред седиштето на Делегацијата на Европската Унија во Скопје – ќе биде испратена јасна порака дека една држава, која ги започнува преговорите за членство во ЕУ, не смее да дозволи дел од нејзините граѓани да бидат лишени од правото да избираат и да бидат избрани, што е основното човеково и политичко право во ЕУ“, велат организаторите на маршот. https://www.facebook.com/ZiadinS/videos/404617120499644/?v=404617120499644

Македонија | пред 5 години

plazi

На плажите во Охрид наместо со маски се оди со маси и столици, мерките ретко кој ги почитува

Гужвите и непочитувањето на мерките за заштита од коронавирусот на плажите во Охрид останаа неказнети од Пазарниот инспекторат, од каде велат дека иако постапувале според законите и прописите, не казниле никого бидејќи толкави им биле ингеренциите. Цветко Ристески, раководител на одделението на инспекцијата во Охрид за „А1он“ вели дека викендов направиле над 50 надзори и издале над 20 опомени, по кои, правните лица постапиле и веднаш ги поправиле неправилностите.Дека мерките за заштита од вирусот не се почитувале се согласува и директорот на Пазарниот инспекторат, Стојко Пауновски кој вели дека се случува да добиваат и лажни дојави со цел инспекторите да бидат пренасочени на далечна локација, а за тоа време фирмите за кои постојат и фотографии дека ги прекршиле мерките да се спасат од контрола.Раководителот на инспекцијата во Охрид, Ристески, вели дека најчест случај со кој се соочиле викендов е непочитување на мерките од страна на физички лица, а не фирмите кои раководат со плажите. Текстот во целост на: А1ОН 

Македонија | пред 5 години

Benzinski-pumpi-9

Поевтинуваат бензините

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во прoсек за 0,26 % во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката од 20.7.2020 година.Малопродажните цени на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 се намалуваат за 0,50 денар за литар и со тоа малопродажната цена на еуросупер БС-95 ќе изнесува 59,50 ден/лит, додека малопродажната цена на еуросупер БС-98 ќе изнесува 61,50 ден/лит.Малопродажната цена на еуродизел (Д-Е V) не се менува, односно останува на исто ниво од 53,00 ден/лит.Малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 0,50 денар/литар и ќе изнесува 53,00 ден/лит.Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,155 ден/кг и од вечерва на полноќ ќе изнесува 26,060 ден/кг.Од 28.7.2020 година максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:Моторен бензин еуросупер БС – 95 59,50 (денари/литар)Моторен бензин еуросупер БС -98 61,50 (денари/литар)Дизел гориво еуродизел БС (Д-Е V) 53,00 (денари/литар)Масло за горење екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 53,50 (денари/литар)Мазут М-1 НС 26,060 (денари/килограм)

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Средба Николоски-Жбогар: ВМРО-ДПМНЕ прави напори на составување на влада на принципиелни основи и европски вредности

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ г. Александар Николоски и секретарот за меѓународна политика на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски денес (27 јули 2020 година) остварија средба со шефот на Делегацијата на Европската Унија Самуел Жбогар.На средбата се разговараше за актуелната политичка состојба и процесите важни за државата.Од страна на ВМРО-ДПМНЕ беше посочено дека партијата прави напори за составување на ново парламентарно мнозинство по одржаните избори, и таквиот процес се базира на принципиелна основа и програмските определби со кои ВМРО-ДПМНЕ настапи на последните избори. За ВМРО-ДПМНЕ е важно да се почитува правото и правната држава и да се направи коалиција темелна на определбите за интеграција на државата во Унијата но и коалиција која ќе ги почитува законите и владеењето на правото.Исто така од ВМРО-ДПМНЕ беше посочено дека изборите поминаа во недемократска атмосфера, со сериозни прекршувања,  организиран поткуп и прекршувања на изборните правила што и беше нотирано од мониторинг мисија на ОБСЕ. Таквиот отворен поткуп и брутално газење на волјата на граѓаните надополнета со функционери на власта кои се фатени во поткуп, а за тоа не одговараат поради спрегата со обвинителство, укажува дека државата не ги исполнува основните критериуми за демократско владеење и во потполност доаѓа до израз хибридниот режим потенциран од повеќе релевантни меѓународни институции.ВМРО-ДПМНЕ посочи дека Република Македонија мора да напредува на патот кон Европската Унија а за да се постигне тоа потребна е нова влада со легитимитет од граѓаните со агенда за суштински реформи кои ќе го подобрат живеењето на граѓаните и санкционирање на криминалот и корупцијата. 

Македонија | пред 5 години

izjava-zaev.Still415

(ВИДЕО) Мала сообраќајка направи големи сообраќајни проблеми во Охрид

Помала сообраќајна незгода се случи предмалку во близина на Лагадин во Охрид. Во несреќата нема настрадани, но заради големите гужви кои се деновиве во Охрид беа предизвикани големи проблеми во одвивањето на сообраќајот.

Македонија | пред 5 години

kriumcharenje-migranti

Кавадарчанец со трактор криумчарел мигранти

Кавадарчанец е фатен како со трактор криумчари мигранти кај нова крстосница кај Градските гробишта. Во неговиот трактор биле пронајдени три лица мигранти – K.С.(22), J.З.(23) и 17-годишник, сите од Авганистан.За настанот се известени Јавен обвинител и Одделението за прекуграничен криминал, мигранти, странци и реадмисија при РЦ за ГР Југ. Возачот Р.К. бил приведен во полициска станица, додека мигрантите се сместени во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ Гевгелија за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 5 години

sela-2

Алијанса на Албанците и Алтернатива ја отфрлија „албанската“ платофма на ДУИ

Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села го отфрли предлогот на ДУИ за петте столба или „албанската платформа“ за преговори со партиите на Албанците. Ова е второ одбивање од Алијансата за ДУИ, откако претходно лидерот на ДУИ Али Ахмети не успеа да ги седне на иста маса претседателите на партиите на Албанците за поддршка за премиер Албанец.Алијансата преку пет столба, еднакво како ДУИ, му одговори на Османи зошто ја отфрла понудената платформа за преговори:1. ДУИ продолжува да биде најразединувачкиот политички субјект до денес. Експонентите на ДУИ, нашите 12 пратеници од Коалиција меѓу Алијансата и Алтернатива, ги претставуваат како 8 + 4.2. Не се фаќај за рака со Лубе Бошковски за да добиеш глас повеќе и да се повикуваш на легитимноста на Албанците.3. Не кради гласови и не ја купувај слободната волја на Албанците, за утре да се повикуваш на некредибилен легитимитет.4. Не ги лажи Албанците, со столбови и со билети, туку исполни го вашето единствено ветување, ветувањето за премиер Албанец, за кое баравте гласови од Албанците.5. За петтиот столб ја прашуваме ДУИ: Каде бевте вие кога беа направени уставните измени?„На Албанците не им требаат вашите столбови, чувајте ги за себе, како и вашите ветувања до граѓаните што ги напуштате веднаш штом ќе завршат изборите – вели Флакрон Беџети“, портпарол на Алијансата за Албанците.Од Беса велат дека прво чекаат покана од ДУИ за разговор за тие теми.-Се додека од ДУИ не добиеме официјална покана, нема ништо да коментираме, велат од Беса.Османи вчера во изјава за ТВ21 рече дека е многу е важно партиите на Албанците да се согласат за „албанска платформа“ во политичката трка, која треба да биде постојана за албанската политика. 

Македонија | пред 5 години

Pancevski-so-sudot-2

Продолжи судењето на екс-претседателот на Кривичен, Владимир Панчевски

Денеска продолжи судењето за поранешниот судија и претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски.Во судница денеска како сведоци беа повикани поранешниот В.Д. претседател на Кривичен, Стојанче Рибарев како и актуелниот шеф на скопска единица Иван Џолев. Панчевски е обвинет за манипулации на АКМИС системот и поради тоа што предметите наместо електронски ги делел на рака кај судии кои сметал дека му се од доверба додека беше на чело на Кривичен. 

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Вратени на старите функции 14 раководни лица во МВР

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека од денеска (27.07 понеделник), согласно  постоечките законски одредби за функционирањето на т.н. техничка влада,  повторно се вратени  на старите раководни функции 14 раководни лица на исто толку организациони единици во министерството, кои беа на овие позиции и пред формирањето на техничката влада.На раководни позиции се враќаат следниве раководители:ТОНИ ЈАКИМОВСКИ – НАЧАЛНИК на СЕКТОР ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ СКОПЈЕ во Биро за јавна безбедностСАШО СМИЛЕСКИ - НАЧАЛНИК на СЕКТОР ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ ОХРИД во Биро за јавна безбедностМАРЈАН КОЦЕВ - НАЧАЛНИК на СЕКТОР ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ ШТИП во Биро за јавна безбедностСЛАВКО ЈОВАНОСКИ -НАЧАЛНИК на СЕКТОР ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ БИТОЛА во Биро за јавна безбедностИГОР КАРАВИЛОСКИ- НАЧАЛНИК на ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ ПРИЛЕП во СЕКТОР ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ БИТОЛА во Биро за јавна безбедностЗЛАТЕ ЈАНЕВСКИ -НАЧАЛНИК на СЕКТОР ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ ВЕЛЕС во Биро за јавна безбедностТАНЧО ПРОЈКОВСКИ- НАЧАЛНИК на СЕКТОР ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ СТРУМИЦА во Биро за јавна безбедностСТОЈАНЧЕ ВЕЛИЧКОВИЌ- НАЧАЛНИК на СЕКТОР ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ КУМАНОВО во Биро за јавна безбедност9. ДЕЈАН АНДОНОВ - ПОМОШНИК НА МИНИСТЕРОТ НА ОДДЕЛ ЗА ВНАТРЕШНА КОНТРОЛА, КРИМИНАЛИСТИЧКИ ИСТРАГИ И ПРОФЕСИОНАЛНИ СТАНДАРДИБРАНКО ТРАЈАНОВСКИ - НАЧАЛНИК НА ОДДЕЛ ЗА СПЕЦИЈАЛНИ ПОЛИЦИСКИ ОПЕРАЦИИ во Биро за јавна безбедност МИТКО ДАНЕВСКИ - КОМАНДАНТ НА ЕДИНИЦА ЗА СПЕЦИЈАЛНИ ЗАДАЧИ ВО ОДДЕЛ ЗА СПЕЦИЈАЛНИ ПОЛИЦИСКИ ОПЕРАЦИИ во Биро за јавна безбедност ЛАЗО ВЕЛКОВСКИ- НАЧАЛНИК на ОДДЕЛ ЗА СУЗБИВАЊЕ НА ОРГАНИЗИРАН И СЕРИОЗЕН КРИМИНАЛ во Биро за јавна безбедностПРИМИСЛАВ ДИМОВСКИ- НАЧАЛНИК на ЕДИНИЦА ЗА ИНТЕРВЕНТНА ПОЛИЦИЈА во Сектор за внатрешни работи СКОПЈЕ во Биро за јавна безбедност14.МАРЈАН ЗДРАВКОВСКИ -ПОМОШНИК НА МИНИСТЕР НА ОДДЕЛ ЗА ИНФОРМАТИКА И ТЕЛЕКОМУНИКАЦИИ

Македонија | пред 5 години

ojo-1

Поднесено обвинение за непочитување на здравствените прописи во хотел во Маврово

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против едно правно и едно физичко лице за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи согласно член 206 од Кривичниот законик.Обвинетиот, како одговорно лице во правното лице – хотел во Маврово, на 6 јуни, спротивно на тогаш важечките прописи и упатства со кои беа определени мерки за спречување и сузбивање на заразна болест, дозволил присуство на гости во угостителскиот објект.​

Македонија | пред 5 години

otpad-2

Владата досега нема одземено ингеренции на ниедна општина во областа на управувањето со отпадот

Владата на Република Северна Македонија информира дека досега не ги одземала ингеренциите за управување со отпадот на ниту една општина во земјата. Надлежноста и обврските за собирање, селектирање, транспорт и депонирање на комуналниот отпад, како и одржување на нестандардните локации за отстранување на отпадот се на единиците на локалната самоуправа, односно општините.Законот за управување со отпадот ја дава единствено можноста Владата на Република Северна Македонија да ја преземе обврската за воспоставувањето на регионалниот систем, доколку општините не го сторат тоа самостојно. Донесувањето на „Одлука за давање согласност“ од страна на сoветот на општината никако не значи одземање на ингеренциите за управување со отпадот, туку се однесува на одлуката за воспоставување на регионалниот систем за управување со отпадот, односно регионалната депонија и придружна инфраструктура.Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) и Владата досега се ангажираа да помогнат во воспоставувањето на системите во сите плански региони преку изнаоѓање на финансиски средства, чие оперирање понатаму сепак ќе биде обврска на општините, здружени преку Меѓуопштински Одбор за управување со отпад и Јавно регионално претпријатие.За Источниот и Североисточниот регион се обезбедени средства преку ИПА 2 програмата. За Југозападниот, Пелагонискиот, Вардарскиот и Југоисточен регион се планираат средства преку ЕБРД, а за полошкиот плански регион се добиени средства од владата на Швајцарија.Што се однесува до Полошкиот регион, беа обезбедени средства за подготовка на Регионален план за управување со отпадот и Стратешка оценка на влијанието врз животната средина. Во согласност со планот, МЖСПП блиску соработува со Швајцарскиот секретаријат за економски прашања (SECO) за инвестирање на 8 милиони евра за изградба на централен објект за управување со отпад – регионална депонија за комунален отпад во Русино, на местото на постоечката нестандардна депонија што ќе ги опслужува граѓаните во сите општини во регионот и изградба на 2 трансфер станици со вкупно инвестициони трошоци од еден милион евра.До започнувањето на функционирањето на јавното регионално претпријатие „ЗЈП Русино/Полог“ и проектните активности за изградба на Русино во стандардна депонија со сите пропратни заштитни мерки согласно законот, обврската за оперирање со постоечката локација во Русино е сè уште надлежност на општина Гостивар и ЈКП Комуналец од Гостивар. Општина Гостивар, преку ЈКП Комуналец од Гостивар има обврска да наплаќа за секој тон депониран отпад кој се одлага на Русино и со тие средства да ја одржува локацијата, со технички услови за заштита на животната средина, спречување на влез на неформални лица, обезбедување од пожари и слично.

Македонија | пред 5 години

kosta-3

(ФОТО) Градоначалникот се сретна со првата охридска експедиција планинари, кои пред 40 години се искачија на „Мон Блан“

Како голем вљубеник во планината и активен планинар, ми претставува особена чест што денеска имав можност да остварам средба со дел од членовите на првата охридска експедиција планинари, кои пред точно 40 години го искачиле највисокиот европски врв „Мон Блан“, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.Големо беше задоволството да се поразговара за деталите и условите под кои храбрите ентузијасти Љупчо Поп Стефанија, Климе Волкан, Миле Битрак, Људмил Цветаноски, Андон Бојаџи, Владимир Тунтев, Владо Бојаџи, Кире Филев, Миле Бавчанџи, го оствариле својот планинарски сон.Охридкиот регион има огромни потенцијали за развој на планински туризам, па токму затоа Општина Охрид во континуитет ги поддржува и ќе продолжи да ги стимулира спортските настани и манифестации кои се во насока на промовирање планинарските спортови и развој на здравите животни навики, напиша градоначалникот на ФБ.https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/pcb.643482109590729/643480199590920/?type=3&theater

Македонија | пред 5 години

korona-test

Денеска се регистрирани 128 нови случаи на ковид 19, починати се 6 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1025 тестирања, а регистрирани се 128 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-52, Куманово-6, Штип-29, Прилеп-2, Тетово-6, Битола-2, Кавадарци-10, Гостивар-13, Кочани-1, Пробиштип-1, Македонски Брод-3, Виница-2, Свети Николе-1.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 137 оздравени пациенти од: Скопје-108, Куманово-2, Прилеп-1, Тетово-11, Велес-1, Битола-3, Гостивар-2, Кочани-2, Кичево-2, Ресен-5.Починати се 6 лица, четири пациенти од Скопје (82, 48, 82 и 60 години), еден пациент од Кичево (52г.) и еден од Струга (75г.). Сите пациенти се починати во болнички услови.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 10213,  бројката на оздравени пациенти е 5564, на починати е 466, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4183. Денес се евидентира еден контролен тест. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 4660, активни 1876• Куманово 991, активни 284• Дебар 192, активни 124• Штип 761, активни 409• Прилеп 324, активни 53• Тетово 998, активни 278• Струга 416, активни 206• Велес 212, активни 20• Битола 116, активни 59• Охрид 262, активни 111• Кавадарци 48, активни 31• Гостивар 385, активни 234• Гевгелија 22, активни 11 (*7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 3 на Богданци)• Струмица 35, активни 24• Крива Паланка 22, активни 8• Радовиш 28, активни 23• Крушево 15, активни 9• Кочани 95, активни 23• Пробиштип 48, активни 29• Демир Хисар 24, активни 22• Македонски Брод 15, активни 11• Пехчево 6, активни 0• Берово 4, активни 1• Валандово 6, активни 0• Виница 7, активни 3• Делчево 5, активни 4 (*4 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 13, активни 8• Свети Николе 217, активни 189• Кичево 120, активни 90• Ресен 143, активни 40• Неготино 23, активни 3 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 1025 теста се преку: ИЈЗ-662, ЦЈЗ Скопје-25,  Авицена-0, Биотек-0, МАНУ -10, Жан Митрев (Филип Втори)-134, Систина со PCR метода -113, Судска медицина -0, ЦЈЗ Битола-59, Инфективна клиника-12, ГАК-10. Досега во земјата се направени вкупно 96194 тестирања на ковид -19.  Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 4 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 85 пациенти. На кислородна поддршка се 41 пациент, нема пациенти на респираторна машина.Во болницата во Козле се хоспитализирани 11 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 4 позитивни деца и 10 пациенти суспектни на вирусот.Во ГОБ „8 Септември“ примени се 10 нови, вкупно хоспитализирани се 106 пациенти. На респираторна машина се 5 пациенти.Во болницата во Битола се хоспитализирани 38, а во болницата во Штип се хоспитализирани 49 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 125 пациенти - позитивни и сомнителни на ковид-19.Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)• Чаир – 265• Аеродром - 207• Бутел - 133• Гази Баба - 193• Центар – 150• Карпош – 164• Сарај – 109• Кисела Вода – 183• Ѓорче Петров – 129• Студеничани – 93• Шуто Оризари – 120• Арачиново – 36• Илинден – 23• Петровец – 20• Чучер Сандево – 12• Сопиште – 22• Зелениково- 7• Странец – 8• Нераспределен- 2

Македонија | пред 5 години

bdm-photo

(ВИДЕО) Нова песна на БДМ и најава за нов албум

Новата, петта по ред песна на македонското продуцентско трио БДМ, зад кое се кријат Бранко и Дуле Вељановски и Мартин Делимитов, е насловена Sunlight. Ова е нивна втора соработка со Алекс Ви, со кого пред една година го снимија хитот Run n’ Hide.Новата песна на БДМ е со електронски тропикал-амбиентален звук. Како и претходните песни, испеана е на англиски јазик, а е во издание на „Парагон Рекорд Лејбел“. Музиката и аранжманот ги направи БДМ, а текстот го сработија заедно со Алекс Ви. Мартин Петровски го сними спотот за песната.„Кога со Алекс Ви работевме на претходниот проект, Run n’ Hide, од самиот процес на креирање произлегоа и многу други идеи за кои сметавме дека можат да прераснат во понатамошни проекти. Една од нив е токму Sunlight,“ велат момците од БДМ.Овој проект се разликува од претходните, бидејќи е работен во периодот кога се воведоа рестриктивните мерки за спречување на ширењето на заразата со Ковид-19, па затоа момците песната ја работеа на далечина.„Водејќи се од здравствените препораки што беа пропишани од надлежните, се договоривме овојпат да пробаме буквално сè да направиме онлајн и без каков било физички контакт. Домашните простории сите ги прилагодивме во работни простории и студија, и ги користевме сите можни апликации за комуникација. Притоа успеавме да добиеме резултат од којшто сме навистина задоволни,“ додаваат тие.Песната ќе се најде на албумот State of Mind на кој БДМ работат во моментов.

Магазин | пред 5 години

saso-smileski

Сашо Смилески назначен за началник на СВР Охрид

Сашо Смилески повторно назначен за началник на СВР Охрид. Тој доаѓа на местото на досегашниот Илија Милески, кој на оваа позиција го назначи техничкиот министер Наќе Чулев, на кого му заврши мандатот.Инаку, Смилески функцијата началник на СВР Охрид ја извршуваше од 29 ти септември 2016 год па се до формирањето на техничката влада пред изборите.Смилески функцијата началник на СВР ја извршуваше и во периодот од декември 2015 до мај 2016.

Македонија | пред 5 години

paridenari1

Исплатата на пензии за месец јули почнува од утре

Исплатата на пензии за месец јули почнува од утре, 28 јули. Со предвремена и етапна исплата на пензиите, што се реализира четврти месец по ред, се овозможува поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот .Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата:– Во вторник, на 28.7.2020 година, исплата на пензии со висина до 11.000 денари;– В среда, на 29.7.2020 година, исплата на пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари;– В четврток, на 30.7.2020 година, исплата на пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари;– В петок, на 31.7.2020 година, исплата на пензии во висина над 18.000 денари.Пензионерите кои користат платежна картичка поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од вторник, 28 јули. Тие можат да ја подигнат јулската пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања.Етапното процесирање на пензиите ќе овозможи спроведување на препораките и мерките за спречување и ширење на вирусот, со оглед на тоа што пензионерите како возрасна група се најранливи.Министерството за труд и социјална политика укажува дека пензиите се сигурни на сметките на корисниците, пензискиот систем е стабилен и функционира без проблеми. Апелираме до пензионерите да се придржуваат до распоредот за исплати, затоа што етапната исплата е направена со цел да се намали метежот пред банките и можностите за загрозување на личното и јавното здравје.МТСП потсетува на обврската за носење лична заштитна опрема којашто ги покрива пределот на носот и устата, како и држење растојание при чекање ред пред и внатре во банките.

Македонија | пред 5 години

Soobrakajci-policija

Прегазен пешак на надвозник за исклучокот за Кондово

Седумдесетгодишен жител на скопското село Мојанци почина откако вчера во него удри автомобил на автопатот Северна обиколница за Скопје, на надвозник за исклучокот за с.Кондово.По незгодата, Т.Н. бил префрлен во комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде што по укажаната лекарска помош им подлегнал на повредите. Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа на СВР Скопје.

Македонија | пред 5 години

kajak-1

„На зајдисонце“ во Трпејца, вечерва „Броз“ утревечер „Билјана“ забава за сите

Од  културно – забавната манифестација „На зајдисонце “ 2020 останаа уште два дена. Ќе бидат исполнети со атрактивни содржини кои се очекува да привлечат уште повеќе гледачи на летната сцена во Трпејца.Денеска заинтересираните за рекреативно пешачење ќе ја откријат патеката Чоколско која е на дофат на Трпејца а е дел од Националниот парк „Галичица“.Во вечерниот термин од 20 часот  ќе гостува  поп групата  „Броз“ која до пред пандемијата од Ковид – 19 ги полнеше кафетериите при секој свој настап во Охрид.И викендов што остана зад нас  во одлично посетената Трпејца од туристи,почитувајќи ги сите мерки за заштита од короната организаторот на културно – забавното лето понуди интересни содржини.Петтата вечер, во петокот помина во знакот на класичната музика  и театарот. На брегот крај езерото за трпејчани и гостите, а подоцна и на фестивалската сцена настапија: Леона Неделкоска (флејта), Наум Палоски (кларинет) и Андреј Пувтоски (хармоника) обајцата од Пештани. Со два раскази и една народна приказна веднаш потоа се претстави Театарската работилница предводена од актерката составена од деца летувалци и деца од Трпејца.Ден потоа  се одржа забавно-рекреативниот  настан ,,Фаќаме риба на јадица", а вечерта мина во знакот на Концертот на евергрин музука со Емилија Маринова и Јане Тодороски.Емилија и Јане со овации беа испратени од страна на публиката и два биса, како доказ за прекрасниот флуид и штимунг на сцената и меѓу публиката.Вчера се  одржа традиционалната кајакарска регата „Номче Митрески“ како потсетување на славното време на Кајакарскиот клуб „Рибар“ од Трпејца.  Вечерта на сцената Кај бунарот помина во знакот на творештвото на македонскиот писател, новинар, публицист и хроничар Данило Коцевски.  Неговата ќерка – новинарката Јана Коцевска и актерката Марија Кондовска потсетија на неговите раскази од книгата „патување за Аркашон“ во која Данило Коцевски има објавено неколку раскази сврзани со Трпејца и трпејчани. -Тоа ни дава за право да кажеме дека Коцевски освен што е хроничар на Скопје ( патем настанот се поклопи со 57 годишнината од скопскиот земјотрес ) дека Данило е хроничар и на Трпејца , рече Јана Коцевска. Синоќа пред нова публика репризно беше прикажана репортажата „Трпејца на дланка“ премиерно прикажана во средата.Деветтото „На зајдисонце“ утревечер ќе биде заокружено со настапот на анасамблот „Билјана“ и изложбата на слики од минатогодишната Втора меѓународна ликовна колонија одржана во Трпејца а во организација на Здружението  „За Трпејца со љубов“.Годинашното ,,На зајдисонце" е под покровителство на Општина Охрид, финансиски поддржано од Министерството за култура  и од Делегацијата на ЕУ во Скопје.

пред 5 години

soobrakajna-nesreka

Се утврдуваат причините за сообраќајна несреќа со смртни последици кај Радовиш

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш вчера изврши увид на регионалниот пат Радовиш-планина Плачковица, каде во сообраќајна несреќа едно лице го загуби животот.Според првичните сознанија, до несреќата дошло кога мотор марка Јамаха, управуван од едно 38-годишно лице, удрил во патничко моторно возило Фолксваген голф со кој управувал возач на возраст од 28 години. Од ударот, моторот излетал надвор од коловозот, во стрмен дол. Со итна медицинска помош моторциклистот веднаш е префрлен во штипската болница, каде им подлегнал на здобиените повреди. Возачот и двајца сопатници во голфот се здобиле со телесни повреди.Јавниот обвинител издаде наредби за обезбедување на трагите пронајдени на лице место, а местото е фотографирано и скицирано. Издадена е наредба за обдукција на починатото лице, како и за анализа на примероци од крв и урина од возачот на другото возило. Дополнително, во насока на утврдување на причините за сообраќајната несреќа, по наредба на јавниот обвинител ќе се врши сообраќајно вештачење.​​

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ: Со СДСМ на власт не може да има добар и квалитетен живот во државата

Владата на СДСМ предводена од Зоран Заев во овој мандат не сработи апсолутно ништо. Не успеа да реализира ниту едно ветување кое го имаше во предизборна кампања, се вели во реакцијата од ВМРО ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.Ветуваа живот за сите граѓани, а живот дојде само за лицата блиски до СДСМ.Нема просечна плата од петстотини евра, нема нов Клинички центар, нема 600 километри нов автопат, нема студентски градови, нема  просечен раст на економијата од 5% годишно како што ветуваа пред да дојдат на власт.Единствени нешто по што ќе остане запаметена оваа влада на СДСМ се криминалните тендери, рекетот, корупцијата.Граѓаните на Република Македонија не го заслужуваат ова, се вели во реакцијата од ВМРО ДПМНЕ. 

Македонија | пред 5 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Следува формирање Влада, подготвени сме да испорачаме резултати согласно волјата на граѓаните

СДСМ е подготвена да работи уште повеќе и уште подобро и го испорача резултатот кој го очекуваат граѓаните. Поддршката на предвремените парламентарни избори од граѓаните е ветер во грбот и јасен сигнал за  продолжување на патот кој го трасиравме. Парите да завршуваат кај граѓаните, да има правда, да бидеме дел од европското семејство, се вели во соопштението од СДСМ.Со победа на СДСМ и коалицијата, гаѓаните недвосмислено потврдија дека сакаат државата да продолжи напред. Нема повеќе враќање назад, нема повеќе режим, неизвесност и несигурност.Граѓаните сакаат да живеат во економски напредна држава со европски вредности дома, држава во која законите се еднакви за сите и држава горда членка на НАТО и рамо до рамо еднаква со најмоќните земји во светот.Следува формирање Влада предводена од СДСМ која ќе испорача резултати согласно волјата на граѓаните, се вели во соопштението од СДСМ.

Македонија | пред 5 години

skopje-gjorce

ДОМ апелира да не се усвои ДУП-от со кој се планираат огромни објекти во Ѓорче Петров

ДОМ апелира да не се усвои ДУП-от со кој се планираат огромни објекти во подрачјето на третата заштитна зона на бунарите Нерези-Лепенец, во општина Ѓорче Петров.Иако со планираните 20% зеленило на парцела, Законот за урбано зеленило формално е применет, во овој план од претходно 80% слободни површини се предвидени само 9% јавно зеленило. Дополнително, изградбата на објекти во третата заштитна зона на бунарите Нерези-Лепенец и копањето во длабочина за реализација на подземни паркиралишта, може да направи огромна штета, велат од партијата.ДОМ инсистира да запре искористувањето на слободните површини во Скопје за изградба на згради и деловен простор. Бетонирајќи ги слободните површини, засекогаш се оневозможува да се постигнат, од постојните 9 м2, со закон утврдените 25 м2 зеленило по жител. Недостатокот на зеленило и зголемувањето на густината на изграденост штетно влијаат на квалитетот на воздухот, локалната клима и квалитетот на живот и здравјето на граѓаните во урбаните средини, додаваат од ДОМ.

Скопје | пред 5 години

8EEA063D-3ED5-4D74-B9C9-FD0063071279

Клиника за инфективни болести: Физикална терапија кај пациентите со Ковид-19 за подобрување на психо-физичкото здравје

Третманот на пациенти болни од Ковид-19 бара мултидисциплинарен и сеопфатен пристап од првата средба со здравствениот работник, па се до неговото заминување.Од Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби информираат дека секој пациент добива третман соодветен на неговата здравствена состојба. Кај пациентите кои се хоспитализирани на Инфективната клиника освен терапиите против Ковид-19, неизоставен дел од лекувањето е и физикалната терапија која придонесува за подобрување на психофизичкото здравје и подобрување на функцијата на респираторниот систем.Физикалната терапија на пациентите кои се хоспитаизирани на Клиниката за инфективни болести поради Ковид- 19 вообичаено се состои од два сегмента: физикална терапија за локомоторниот апарат и физикална терапија за респираторен систем или таканаречена респираторна гимнастика.„Повеќе фактори влијаат врз одлуката со каков третман на физикална терапија ќе се пристапи кон пациентот. Според клиничката слика на локомоторниот апарат има три групи на пациенти - подвижни пациенти, тешко подвижни пациенти и неподвижни пациенти. Додека пак според оштетувањето на респираторниот систем предизвикано од Ковид-19, истите може да се поделат на лесно болни, средно болни и тешко болни. Согласно горенаведените поделби на пациентите и различните комбинации од клинички слики и оштетувања се комбинираат различни типови на вежби. Зависно од менувањето на состојбата на пациентот се менува и пристапот на физиотерапевтот кон пациентот. “ – објаснува Велимир Тричковски,  физиотерапевт кој работи со пациентите со Ковид-19 хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.За да се постигне максимален ефект и да се оспособи пациентот за релативно нормално функционирање во домашни услови, интензитетот на вежбите за локомоторниот апарат последните денови од престојот на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, може да се зголеми по консултација со лекар.Респираторната гимнастика (вежбите за дишење) се изведуваат за превентивни и тераписки цели. Кај пациентите со лесна клиничка слика се препорачува пациентите сами да ги изведуваат вежбите неколку пати во текот на денот со цел да се зајакне мускулатурата вклучена во процесот на дишење. Кај средно-тешките болни, респираторната гимнастика се изведува исклучиво под надзор на физиотерапевт за да се следи моменталната состојба на организмот (сатурација, пулс, притисок, број на респирации). Кај тешко болните пациенти коишто дишат со помош на маска за висока концентрација на кислород се советува длабоко и споро дишење, а кај пациентите кои се поставени на механичка вентилација вежбите за дишење не се изведуваат.Поради непосредниот директен контакт физиотерапевт-пациент и создавањето на близина и чувство на сигурност, физикалната терапијата има голема улога во подобрување и одржување како на физичкото така и на менталното здравје кај пациентите.

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања