Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

Noze

(ФОТО) Во болницата „8 ми септември“ вработени се заштитуваат со кеси за ѓубре

ФБ статус:За инфективната клиника донации од секаде и секакви,  парични, метеријални, заштитни средства ...затоа ние нозете ќе ги штитиме со кеси за ѓубре. Да не има некоја „симболика“ во тоа, еве не знам???https://www.facebook.com/marija.licenoska/posts/10221338618748583

Македонија | пред 5 години

Ohridsko-leto

Охридско лето најавува безбедни мерки за реализација на фестивалот

Фестивалот „Охридско лето“ како најголема манифестација под капата на Министерството за култура а под покровителство на Претседателот на Р. Северна Македонија, годинава слави 60 години од своето постоење. И во ова јубилејно издание ви најавуваме квалитетна, уникатна, атрактивна и возбудливата програма. Фестивалската сцена повторно ќе биде домаќин на најголемите, најславните и најуспешните, велат од фестивалот.Како Национална установа која во своето долгогодишно работење секогаш се води од начелата за грижа на уметниците и публиката Ве уверуваме дека се преземени сите безбедносни мерки за здраствена заштита. Реализација на ова јубилејно издание ќе се одржува според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од Пандемијата Ковид 19. Како организатори на оваа врвна манифестација навремено подготвивме протокол според кој строго се утврдени правилата за заштита претходно дадени од Комисијата за заразни болести. Имено превземени ќе бидат следниве мерки:задолжително е носењето на лична заштита на лицето на сите посетители и сите членови на тимовите задолжени за организација, согласно член (2) од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширењето, сузбивање на заразната болест предизвикана од Коронавирусот COVID-19 и заштита на населението за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.107/20);задолжително одржување на физичко растојание од два метри на сите посетители и сите членови на тимовите задолжени за организација.задолжителна дезинфекција на раце на влез на сите посетители и сите членови на тимовите задолжени за организација.задолжителна дезинфекција на раце на сите посетители и сите членови на тимовите задолжени за организација, за целото времетраење на настанот.задолжително мерење на температура на влез за секој посетител.зголемување на времетраењето потребно за влез и излез на посетителите.Регулирање на препорачаното растојание помеѓу посетителите при влез и излез, од страна на организаторот, преку спроведување на коридорски систем на движење на публиката.Персонализирање на продадените билети, т.е. регистрација на сите посетители при купување на билет (име и презиме и некоја друга соодветна идентификација).Исто така безбедносни мерки ќе бидат превземени и за заштита на уметниците кои годинава ќе се запишат во елитниот уметнички свет и ќе направат едно возвишено и успешно издание на фестивалот кој нуди совршенство на класичната музика и театарот.Во рамките на утврдените протоколи за уметниците ќе се почитуваат и мерките за заштита од времето на нивното доаѓање па се до нивното заминување. Тоа подразбира дека ќе се почитуваат препораките како за нивниот престој така и за нивниот настап, обезбедување на слободен влез на сцена и излез, одржување на безбедно растојание со организаторите и публиката, целосна дезинфекција на сцената пред и после настан, обезбедување редарска служба за нивно непречено движење….Според препораките и протоколите на Комисијата за заразни болести, а со цел беспрекорна заштита оваа година Охридско лето настаните ги реализира на отворен простор. Свеченото отворање е на Античкиот театар каде од вкупниот капацитет од 1700 места ќе се намали на 400 односно гостите ќе бидат распоредени на 2 метри растојание на секој втор ред од гледалиштето.Фестивалот Охридско лето ги почитува препораките за спречување на ширење на коронавирусот КОВИД-19 и во делот на продажбата. За секоја изведба ќе се води евиденција на присутните, затоа при купување на влезниците ќе се побара да го остави име, презиме и контакт број. Билетарницата има поставено заштитна преграда помеѓу билетопродавачот и посетителот, обезбедено средства за дезинфекција за раце и ознаки поставени на два метри растојание пред секоја каса за наплата, за безбедна, безконтактна продажба.Исто така и реализацијата на прес-конференциите во текот на фестивалските денови ќе биде според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од Пандемијата Ковид 19. Протоколот предвидува строго утврдени мерки за заштита:Одржување на прес-конференции на отворен просторЗадолжително носење маскаЗадолжително одржување на физичко растојание од два метриЗадолжителна дезинфекција на раце пред влез на просторот каде се одржува пресотПред новиот здраствен предизвик Ве уверуваме дека одговорно ќе покажеме свесност, совесност и одговорност затоа што секој живот вреди. Како Фестивал со големи вредности на светската културна сцена, посакуваме заедно да допринесеме фестивалот да го задржи епитетот на високо реномиран европски фестивал, велат од фестивалот.

Македонија | пред 5 години

K4rLE-n1-talat-dzaferi-gjorcev-432

Состојбата на претседателот на Собранието, Талат Џафери, е стабилна

Состојбата на претседателот на Собранието, Талат Џафери, е стабилна, информираат од неговиот кабинет.Додаваат дека со оглед на интензивните активности што ги имал во текот на изборната кампања, по препорака на лекарите неопходен му е одмор и мирување.Од кабинетот напоменуваат дека тој направил неколку тестови на Ковид-19 и сите биле негативни.Џафери е хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопје. Според Уставот, тој треба да ја закаже конститутивната седница најдоцна до 4 август.

Македонија | пред 5 години

guzvi

(ВИДЕО) Во градската болница стари лица чекаат и по 4 саати за преглед

Гужви, редови, турканици. Во градската болница стари лица чекаат и по 4 саати за преглед. Вакво видео се појави на социјалните мрежи. Граѓаните се револтирани.https://twitter.com/FurkanSaliu/status/1288057873503748096?s=19&fbclid=IwAR2Hy3nH4SzTAsM7sSA_QqcNTyFnul2ZPI8WmiVjdkiDdsZHH1HZTKAdes4

Македонија | пред 5 години

paridenari1

Газди зеле државна помош место, но парите наместо кај работниците останале кај нив

Управата за јавни приходи нотира неправилности во користењето на државната помош за минимална плата. Бројни фирми користеле субвенции за плати, а не исплатиле ниту денар на работниците.  Ги има од различни дејности: трговија на мало, подготовка на оброци и служење на храна, градежништво и други.Дел од сопствениците на над 700 компании во Скопје, Тетово, Струга, Гостивар и Куманово зеле пари од државата, но ниту денар не префрлиле на работниците или, пак, им исплатиле помалку од минималецот.Како што истакна директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Сања Лукаревска, станува збор за 281 работодавач кои во април примиле финансиска поддршка во износ од 9.995.565 милиони денари, но не ја исполниле обврската за исплата на плата за 722 вработени. Лукаревска посочи дека 427 компании во мај воопшто не исплатиле плата за 984 вработени, иако добиле финансиска поддршка во износ од 13,698,998 милиони денари.Други компании на 52.465 работници им го скратиле и минималецот и исплатиле на сметките на работниците 1,5 милиони евра помалку.Најголем дел од компаниите се од дејностите трговија на мало, подготовка на оброци и служење храна, транспорт.„Управата за јавни приходи располага со детални податоци за искористеноста на финансиската поддршка и будно ја следи состојбата на искористеност на мерките, но и почитување на обврските од законот. Податоците за компаниите кои примиле финансиска поддршка, а не ја исполниле обврската за исплата на платата ќе бидат доставени до Генералниот секретаријат на Владата како носител на мерката и исплатувач на финансиската поддршка од каде истите ќе може да бидат и јавно објавени“, рече Лукаревска.Апелираше до сите работодавачи што не ја испочитувале оваа законска одредба да го направат тоа кон своите вработени, бидејќи целта била да се зачуваат работните места, а не парите да ги земат работодавачите.

Македонија | пред 5 години

Slika-1

Средба Мицкоски- Холштајн: Власта освен што економски го осиромаши народот, организираше масовен поткуп за изборите

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес (28 јули 2020 година) оствари средба со амбасадорката на Сојузна Република Германија г-ѓа Енке Холштајн.На средбата се разговараше за актуелната политичка состојба, изборите и идните стратешки приоритети.Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски посочи дека изборите кои поминаа не може да се оценат за фер и демократски бидејќи власта спроведе низа прекршувања, поткупи и неправилности во текот на гласање со што сериозно се нарушува демократскиот фундамент на изборите. Државата доби и сериозни забелешки за изборите нотирани од мисијата на ОБСЕ.Мицкоски посочи дека освен тоа што власта го осиромаши народот и ја втурна Македонија во тешка финансиска криза спроведе организиран поткуп тежок неколку милиони евра. Со ваквото однесување се докажа дека власта прави озаконување на криминалот и корупцијата како главен супстрат на нивното делување.Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски посочи дека врз основа на добиената доверба од граѓаните и верувајќи во принципите и вредностите кои беа елаборирани од страна на Коалицијата за обнова на Македонија прави напори за формирање на ново парламентарно мнозинство што ќе значи зафаќање со сериозна работа за надминување на тешката криза во која се наоѓа државата.Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски посочи дека потребни се сериозни ангажмани на сите институции во исполнување на европската агенда и напредок на патот кон интегрирање кон Европската Унија. Владата на СДСМ не е способна да испорача резултати кои би биле препознаени од стратешките партнери од Унијата.

Македонија | пред 5 години

kazni

Засилени контроли во Охрид - се носат ли маски во такси и автобуси?

Засилени контроли во Охрид. Инспектори заедно со полициски службеници вршат коннтроли и казнуваат такси автомобили, автобуси и автомобили дали и колку се почитуваат Владините мерки за носење заштини маски.  

Македонија | пред 5 години

korona6

Денеска се регистрирани 102 нови случаи на ковид 19, починаа 5 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1356 тестирања, а регистрирани се 102 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-39, Куманово-11, Штип-13, Прилеп-3, Тетово-2, Струга-2, Битола-6, Охрид-3, Кавадарци-3, Гостивар-8, Радовиш-1, Кочани-1, Демир Хисар-1, Македонски Брод-1, Виница-1, Свети Николе-3, Кичево-4.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 99 оздравени пациенти од: Скопје-49, Штип-2, Тетово-10, Струга-17, Охрид-15, Гостивар-2, Струмица-1, Кочани-1, Кичево-1, Ресен-1.Починати се 5 лица, пациент од Скопје (70 години), пациент од Кичево (72г.), пациент од Куманово (64г.), пациент од Прилеп (48г.) и пациент од Штип (76г.) . Сите пациенти се починати во болнички услови.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 10315,  бројката на оздравени пациенти е 5663, на починати е 471, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4181. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 4699, активни 1865• Куманово 1002, активни 294• Дебар 192, активни 124• Штип 774, активни 419• Прилеп 327, активни 55• Тетово 1000, активни 270• Струга 418, активни 191• Велес 212, активни 20• Битола 122, активни 65• Охрид 265, активни 99• Кавадарци 51, активни 34• Гостивар 393, активни 240• Гевгелија 22, активни 11 (*7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 3 на Богданци)• Струмица 35, активни 23• Крива Паланка 22, активни 8• Радовиш 29, активни 24• Крушево 15, активни 9• Кочани 96, активни 23• Пробиштип 48, активни 29• Демир Хисар 25, активни 23• Македонски Брод 16, активни 12• Пехчево 6, активни 0• Берово 4, активни 1• Валандово 6, активни 0• Виница 8, активни 4• Делчево 5, активни 4 (*4 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 13, активни 8• Свети Николе 220, активни 192• Кичево 124, активни 92• Ресен 143, активни 39• Неготино 23, активни 3 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 1356 теста се преку: ИЈЗ-416, ЦЈЗ Скопје-36,  Авицена-112, Биотек-116, МАНУ -187, Жан Митрев (Филип Втори)-274, Систина со PCR метода -139, Судска медицина -13, ЦЈЗ Битола-47, Инфективна клиника-4, ГАК-12. Досега во земјата се направени вкупно 97550 тестирања на ковид -19.  Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 9 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 87 пациенти. На кислородна поддршка се 40 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.Во болницата во Козле се хоспитализирани 12 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 4 позитивни деца и 2 пациенти суспектни на вирусот.Во ГОБ „8 Септември“ примени се 12 нови, вкупно хоспитализирани се 106 пациенти. На респираторна машина се 5 пациенти.Во болницата во Битола се хоспитализирани 38, а во болницата во Штип се хоспитализирани 49 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 130 пациенти - позитивни и сомнителни на ковид-19.Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)• Чаир – 262• Аеродром - 205• Бутел - 128• Гази Баба - 193• Центар – 150• Карпош – 165• Сарај – 105• Кисела Вода – 179• Ѓорче Петров – 129• Студеничани – 92• Шуто Оризари – 125• Арачиново – 36• Илинден – 25• Петровец – 19• Чучер Сандево – 12• Сопиште – 21• Зелениково- 8• Странец – 8• Нераспределен- 3

Македонија | пред 5 години

iseluvanje-700x540

Туристичките агенции најавија протест, бараат спас за секторот

Туристичките агенции најавија протест кој ќе се одржи во текот на утрешниот ден, поради, како што велат молкот на институциите по нивните барања за спас на секторот.Протестот ќе се одржи утре со почеток во 16 часот.„Сведоци сте на нашата борба во изминатите пет месеци за опстојување на нашиот сектор, поради кризата со КОВИД-19, како и барањата кои во повеќе наврати ги упативме кон сите надлежни институции, Министерство за економија, Министерство за финансии, со цел помош на туристичките агенции, водичи, пратители и превозници, но досега останаа неми за нашите апели и ниту еднаш не добивме никаква надеж дека воопшто ќе бидат истите разгледани“, велат организаторите од туристичкиот сектор.Додаваат дека на протестот се пријавени повеќе од 700 учесници кои ќе се движат по одредена рута и автобуси кои ќе ги пратат. Почетокот на протестот ќе биде симболично пред Дрво Декор, местото од каде некогаш започнуваа реализациите на нивните тури, а ќе продолжи кон Кочо Рацин, 11-ти октомври, Димитрие Чуповски, Васил Главинов, булевар ВМРО, булевар Илинден, до Владата.Планирано е повторно обраќање на дел од учесниците, со цел повторно да се напомене дека пет месеци немаат никакви примања, ниту можност за одржување на функционалноста на нивните сектори.„Доколку државата не ни даде помош ќе бидеме приморани веќе во наредните денови да ставиме катанци на нашите врати. Овој протест нема никаква политичка позадина и строго се оградуваме од било каква поврзаност. Бидејќи истиот се одржува во време на пандемија, уверуваме дека ќе се придржуваме до мерките за заштита како носење на маски и дистанцирање“, велат од туристичкиот сектор.

Македонија | пред 5 години

SILEGOV-1

УНДП за потребите на Град Скопје, донира два дрона и една термална камера

Програмата за развој при Обединетите нации (УНДП), за потребите на Град Скопје, донира два дрона од кои еден со надградба и една термална камера.Донираната опрема, која е во вредност од 1.619.345,00 денари, ќе биде користена за реализација на предвидените активности кои се опфатени во Проектот за урбана отпорност на Град Скопје, како и во рамки на работните обврски на  Секторот за инспекторат.Промањето на донацијата од Програмата за развој при Обединетите нации (УНДП) денеска ќе биде дел од дневниот ред за кој ќе расправа Советот на Град Скопје, во рамките на својата 53-та седница.Покрај оваа донација, Советот на град Скопје на денешната седница ќе расправа и за Одлуката за примање донација од ГЕИНГ Кребс унд Кифер Интернешнл и др. ДОО. Со оваа одлука, Градот Скопје прима донација - Физибилити сообраќајна студија за паркирање на подрачјето на Град Скопје со централно градско подрачје со технички број ПД _103_07/19.Советот на Град Скопје денеска ќе расправа за Програмата за дополнување на Програмата за управување со отпад на подрачјето на град Скопје за 2020 година, а ќе расправа и за поголем број одлуки, меѓу кои за Одлуката за aвелирање на меница издадена од ЈП Комунална хигиена - Скопје, заради долгорочно кредитно задолжување на претпријатието во Комерцијална банка АД Скопје; Одлуката за давање дозвола за вршење на дејност паркирање на “ТИНЕКС МТ ДООЕЛ експорт импорт Скопје“; Одлуката за донесување на Регулациски план на Генерален урбанистички план на Град Скопје 2012-2022 година, за четврт С 15.Покрај овие одлуки, Советот на Град Скопје денеска ќе расправа за поголем број точки поврзани со работата на градските јавни претпријатија, каде што ќе расправа за Одлуката за давање согласност на Извештајот за остварените резултати од работењето на ЈСП Скопје, Скопје, за период јануари-март 2020 година; како и за полугодишниот извештај за работата на ЈП Лајка.

Скопје | пред 5 години

kriumcharenje-migranti

Приведен скопјанец - се обидел да пренесе шест мигранти од Пакистан

На 27.07.2020 околу 20.00 часот кај место викано „Канда“, на магистрален пат Штип – Радовиш, полициски службеници од Одделот за гранични работи и миграции го лишиле од слобода Р.С.(30) од Скопје, кој управувал патничко возило „алфа ромео“, со светиниколски регистарски ознаки, а во кое биле пронајдени шест лица мигранти од Пакистан. При неговото запирање, Р.С. се обидел да го побегне, но бил спречен, а по извршен преглед на возилото било утврдено дека регистарските ознаки припаѓаат на патничко возило „фолксваген“. Р.С. и мигрантите биле предадени на полициски службеници од Полициска станица Свети Николе за понатамошна постапка.

Македонија | пред 5 години

migranti

Во камион кај Струмичко пронајдени 50 мигранти

На 27.07.2020 во 19.30 часот на локален пат кон село Три води, во непосредна близина на „Раборска крстосница“, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Д.Х.(25) од Велес. При контрола на товарно возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, што го управувал Д.Х., биле пронајдени 50 мигранти и тоа 33 од Бангладеш, 15 од Пакистан и две лица од Авганистан. Д.Х. бил приведен и задржан во Полициската станица Струмица, а увид на местото извршиле екипи на Регонален центар за гранични работи и СВР Струмица. По целосно документирање на случајот, против возачот ќе биде  поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 5 години

DIK-1

СДК: Обвинителството за организиран криминал влезе во ДИК, ја испитува набавката на софтвер за веб сајтот

По наредба на судија на претходна постапка, Обвинителството за организиран криминал и корупција со асистенција на Одделот за организиран криминал во МВР утринава рано влезе во Државната изборна комисија да ја одземат, како што дознава САКАМДАКАЖАМ.МК, документацијата од договорот потпишан по преговарање без оглас со компјутерската фирма која не успеа да го одржи и да го работи сајтот на Комисијата на денот на изборите и деновите потоа.Обвинителството најави дека по соопштувањето на конечните резултати од предвремените парламентарни избори, ќе отвори предмет за случувањата во ДИК, за да не влијае врз нејзината работа претходно. Но, САКАМДАКАЖАМ.МК влезе во јавнодостапната тендерска постапка и воочи нерегуларности за тоа како компјутерската фирма која била задолжена да ја одржува вебстраната на Комисијата, добила на јавната набавка недела дена пред изборите.Постапката за набавка на софтвер за веб сајт на ДИК на кој што требаше во живо да се објавуваат резултатите од предвремените парламентарни избори завршила на 8 јули 2020, кога била одбиена жалбата на „Ај Воут“, фирмата која што без проблеми го одржуваше сајтот на ДИК од 2006 година, т.е. од формирањето на ДИК како постојано тело.Текстот во целост на: САКАМДАКАЖАМ.МК    

Македонија | пред 5 години

Mal_Ohridski_Maraton

41-во издание на малиот пливачки маратон

На 2-ри август на големиот национален празник Илинден  во Охрид  ќе се одржи традиционалниот мал пливачки маратон.  Во услови на  пандемија од КОВИД 19, годинешното маратонско издание ќе се реализира по претходно утврдени протоколи. Според  предвиденото  стартот на трката закажан за 10 часот  наместо од хотел „Парк“ како што беше претходно   ќе биде  од месноста „Мазија“, а трката  ќе има кружен тек. Патеката во должина од 2,5 километри се очекува да ја препливаат не повеќе од педесетина  учесници во машка и женска конкуренција.Организатор на настанот е пливачкиот клуб „Охридски бранови“, а покровител е градоначалникот Константин Георгиески и Општина Охрид. 

Македонија | пред 5 години

gimnazija

(ФОТО) Се реконструираат внатрешните ѕидови во ОСУ „Свети Климент Охридски“

Во тек се работни активности за реконструкција на внатрешните ѕидови во ОСУ „Свети Климент Охридски“.Освен санирање и обработка на оштетените ѕидови во дел од училниците и ходниците, се врши и комплетно молерисување на сите училишни простории. За оваа намена од буџетот на Општина Охрид се издвоени 378.780 денари.Според планираното, во текот на наредниот период планирана е реконструкција на училишните простории и во дел од останатите основни и средни училишта на подрачјето на општината, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид Константин Георгиески.https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/pcb.643988012873472/643987742873499/?type=3&theater

Македонија | пред 5 години

univerzalna-sala

ВМРО ДПМНЕ: Шилегов е џелатот на Скопје, со еден потпис реши да ја урне Универзална сала

Петре Шилегов со еден потпис одлучи да ја урне Универзална сала. Најнеспособниот градоначалник на Скопје ќе ја урива салата која буди спомени на илјадници скопјани. На само неколку дена по годишнината од скопскиот земјотрес, Шилегов приреди нов земјотрес, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Шилегов и СДСМ, кои три години ги лажат скопјани дека ќе го враќале духот на вистинското Скопје, вчера одлучија да се сруши Универзална сала, а за тоа ниту ги прашаа граѓаните, ниту стручната јавност, туку сами на своја рака ставија крај на една сала од која произлегле голем број на таленти.Симболот на Скопје, салата во која се организирани голем број на приредби, концерти и настани со кои пораснаа десетици генерации оди во историјата со одлука на Петре Шилегов и СДСМ, тоа е спротивно на сите нивни ветувања во предизборните програми дека ќе ја реновираат салата и дека ќе ја подобрат нејзината функционалност.Петре Шилегов станува џелатот на Скопје, не само што не гради ништо ново, туку го руши и она кое некој друг го направил и го оставил на генерациите по него.Со уривањето на Универзална Шилегов го урива и еден од симболите на солидарноста, од која се изгради постземјотресно Скопје.Петре Шилегов и СДСМ само уништуваат и создаваат хаос, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 5 години

Hepatitis-B-and-C

Светски ден на хепатитис: превенцијата клучна за спречување на пренесување на вирусот

Светскиот ден на хепатитис се одбележува секоја година на 28 јули со цел подигнување на свесноста за глобалното значење на вирусниот хепатитис, заштитата и влијанието врз здравствената состојба.Вирусен хепатитис преставува воспаление на црниот дроб што доведува до негово оштетување. Најчесто е предизвикан од пет главни видови на вируси на хепатитис - А, Б, Ц, Д и Е. Иако клиничката слика на вирусниот хепатитис  е слична независно од причинителот (пожолтување на кожа и склери, болки во стомак, тежина под десен ребрен лак, гадење, повраќање, губење на апетит, замор, темна мокрача) тие се различни вируси кои даваат спрецифични одлики кај поединечните хепатитиси во начинот на пренесувањето, различни дијагностички тестови, исходот на болеста, лекувањето и превенцијата.Хепатитис А и хепатитис Е обично се шират преку директен контакт и преку храна или вода загадени од столицата на заразено лице. Хепатитис Е може да се добие и со јадење недоволно термички обработено месо. Хепатитис Б, хепатитис Ц и хепатитис Д се шират преку контакт со крвта на заразено лице, а хепатитисот Б и Д  и преку контакт со други телесни течности.Постојат многу начини на пренесувањепреку контаминирана крв или крвни продукти, контаминирани игли случајно кај здравствени работници и кај и.в. наркомани, тетоважа, незаштитен секс, при породување од мајка на новореденче.Вирусите на хепатитис А и Е обично предизвикуваат само акутни и краткорочни инфекции кои најчесто спонтано поминуваат. Вирусите на хепатитис Б, Ц и Д може да предизвикат акутни и хронични, па и трајни инфекции. Хроничниот  хепатитис  може да доведе до компликации како што се цироза, слабост на црниот дроб и хепатоцелуларен карцином. Раната дијагноза и антивирусна терапија може да ги спречи или намали можностите за развој на овие компликации.Хепатитис А и Е најдобро може да се превенираат со добра лична хигиена (миење раце со вода и сапун), соодветна хигиена на храната и водата за пиење, подобрување на санитарните услови. Хепатитис Б и хепатитис Ц може да се превенираат со засилени мерки на грижа кај професиите со висок ризик и сексуалното однесување (употреба на кондоми). Не треба да се делат предмети од инфицирани лица. Многу важен поединечен фактор на ризик посебно за хепатитис Ц е интравенската злоупотреба на дрога каде е потребна едукација да не се користат заеднички игли.Се претпоставува дека 325 милиони луѓе во светот живеат со вирусен Хепатит Б и Ц. Во Република Северна Македонија во 2019 година регистирани се 91 заболен од Хепатит Б, а вирусниот хепатитис Ц е регистриран кај 50 случаи.За Хепатитис А и Хепатитис Б постои вакцина како превентивна мерка. Вакцинација за хепатитис Б во нашата земја од 2004 година се спроведува како рутинската за сите новородени, а дополнително се спроведуваат вакцинални програми кои ги опфаќаат ризичните групи како пациенти на дијализа, здравствени работници.

Македонија | пред 5 години

den-drim

Ден на Реката Дрим, годинава се реализира на тема: „ Новата нормалност во заштитата на биодиверзитетот во Дримскиот Басен“

На 26.07.2020 година со посебни мерки и здравствени протоколи, на брод беше одржан главниот настан на овогодишното одбележување на Денот на реката Дрим. Овој настан е дел од одбележувањето на Денот на Дрим во четирите земји кои го делат басенот.Како предходница на овој главен настан во рамките на одбележувањето на Денот на Дрим 2020 на македонска страна беа извршени теренски посети на реките, притоки на Дрим и Охридско Езеро и беа изработени видео материјали за некои од нив.Темата на годинашново одбележување гласеше  „ Новата нормалност во заштитата на биодиверзитетот во Дримскиот Басен“. Реализатори на настанот беа Центарот за одржлив развој од Дебар во партнерство со Регионалниот зелен центар од Охрид.Главниот настан го отвори координаторот на Дримскиот Проект Дејан Пановски во име на Глобалното Партнерство за води – Медитеран , организација која финансиски го поддржува одбележувањето на денот на Дрим како активност во рамките на Дримскиот Проект.„Седма година по ред преку „Денот на Дрим“ целта ни е сензибилизација на јавноста за прашањата на управувањето и заштитата на заедничкиот Дримски Басен. Експертите го изготвија Стратешкиот Акционен План за Дримскиот басен, а политичките претставници на државите го одобрија. И тоа е основниот документ кој содржи мерки за управување и нуди решенија. Тие решенија треба да се следени со јасни политички одлуки во интерес на заедничкото управување со Дримскиот басен кој содржи силен, не само еколошки туку и економски и енергетски аспект“.Пред присутните обраќање имаше Шуип Марку од Центарот за одржлив развој од Дебар како носител на проектот.„Нашата цел е да работиме заеднички и да го заштитиме Дримскиот Басен, но за тоа е потребно активно да се вклучат и надлежните државни институции и заедно да пристапиме кон проблемите со кои се соочуваме. Воедно, сакам да се заблагодарам што оваа година довербата ни беше дадена нам да го реализираме овој проект и сигурен сум дека успеавме да ја подигнеме свеста кај локалното население, тргнувајќи од најмладите од основните училишта.“Предавање на настанот одржа проф. д-р Сузана Патчева на тема „Заштита на биодиверзитетот по текот на реките од сливното подрачје на реката Црн Дрим“.„Заштитата на разновидноста на животинскиот и растителниот свет и одржувањето на  квалитетот на водата  на реките, притоки на Охридското Езеро и реката Црн Дрим се од огромно значење, како на национално така и на локално ниво бидејќи локалното население на тој начин обезбедува здрава животна средина, а истовремено има значајни директни и индиректни придобивки од истото.“Овогодинешниот проект беше насочен и кон најмладите, односно учениците од ОУ Ванчо Николески с. Лескоец и учениците од ОУ Дебрца. За подобра едукација, од страна на истражувачкиот тим беа изработени три едукативни видеа за Белчишкото блато, за реката Црни Дрим и изворите на Реката Црн Дрим кај Свети Наум :Беше организирано предавање по електронски пат од страна на проф. д-р Сузана Патчева, а на крај им беше испратен и прашалник со кој утврдивме дека сите учесници на едукативното електронско предавање се здобија со поголемо знаење, односно го сфатија значењето на Дримскиот басен за целиот регион, како и заштитата на биодиверзитетот.

Македонија | пред 5 години

soob

(ВИДЕО) На излезот од Охрид се судрија автобус и два автомобили

Утрово се случи сообраќајна несреќа на излезот од Охрид, на самиот надвозник, на патот према Струга. Се судрија автобус и автомобил.Дознаваме дека во сообраќајката повредени се три лица кои се пренесени во болницата во Охрид, но засега немаме информација за карактерот на повредите.Наскоро повеќе…

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

30 проценти од младите работат на црно

Вкупно 121.187 невработени лица кои ги евидентирала Агенцијата за вработување во мај годинава.  Македонија се соочува со хроничен проблем на невработеност, а целата ситуација со коронакризата уште повеќе ја влошува состојбата. Бројот на невработени од почетокот на јануари, кога изнесувал 104.409 лица,  до крајот на мај се зголемил за нови 16.800 лица  а конкретно од март до мај – кога ескалира економската криза поради избувнувањето на ковид-19, бројот на невработени се зголемил околу 15.400 луѓе, објави sdk.mk.Ако се навлезе уште подлабоко во официјалните бројки, податоците во овој анализиран период покажуваат пораст на невработеноста кај млaдите во сите возрасни категории.Во мај, во Агенцијата за вработување биле регистрирани вкупно 25.886 невработени лица на возраст од 15 до 29 години, што во однос на  јануари претставува пораст за нови 5.063 невработени млади луѓе. Конкретно, само за пет месеци, бројот на невработени лица од 15 до 19 години се зголемил за 146, кај младите на возраст од 20 до 24 години за 2.458, а бројот на невработени од 24 до 29 години пораснал за 2.459.  Ова покажува дека 21,4% од евидентираните активни баратели на работа во мај биле млади лица.Извор: Агенција за вработувањеСо засилување на здравствената криза, само од почетокот на март до почетокот на јуни, бројот на млади невработени лица се зголемил за нови 3.482  невработени.Освен Агенцијата за вработување, стапката на невработеноста ја мери и Државниот завод за статистика, односно објавува податоци за тоа колку изнесува процентот на невработени во однос на оние кои сакаат да работат (без разлика дали се вработени или не).  На крајот од првото економско тримесечје, највисока стапка (процент на невработени во однос на оние кои сакаат да работат)  на невработеност од 34,9%  е регистрирана кај младите на возраст од 15 до 24 години, а во исто време кај оваа возрасна група е регистрирана и најниска стапка на вработеност од 20,8%.„Овие бројки се очекувани“, вели Бранимир Јовановиќ, економист и еден од поранешните советници во Министерството за финансии.  „Неколку фактори влијаат на зголемување на бројот на невработени млади лица во текот на здравствената криза. Прво, многу млади луѓе беа присутни во најпогодените сектори, како туризмот, угостителството, трговијата. Со затворање или редуцирање на работните места токму од таму се регрутираа и нови невработени млади луѓе. Второ, многу млади луѓе работат со договори на дело, како хонорарци и фриленсери и токму тие најмногу ја почувствуваа кризата останувајќи без работа. Оваа состојба се случува во приватниот, но и во јавниот сектор, каде беа ‘замрзнати’ вработувањата со договор на дело, а овој вид вработувања главно се однесуваат на млад кадар, додека повозрасните веќе се вработени со решенија“, вели Јовановиќ.30%ОД ВРАБОТЕНИТЕ МЛАДИ РАБОТАТ НА ЦРНОТекстот во целост на: SDK.MK 

Македонија | пред 5 години

Ohridska_brigada-1

(ФОТО) Се поставува асфалт на улицата „Охридска бригада“

Во тек се завршни градежни активности за реконструкција на улицата „Охридска Бригада“.Денеска се изврши поставување на првиот слој асфалт, а во текот на наредните денови ќе биде поставен и завршниот слој на асфалт.Проектот за реконструкција на улицата е дел од Програмата за уредување на градежно земјиште за 2020 година. За оваа намена од буџетот на Општина Охрид се издвоени 2.000.650 денари.   

Македонија | пред 5 години

izvestuvanje

Известување за жителите на населбите „Христо Узунов“ и „Даме Груев“ во Охрид

Се известуваат жителите на населбите „Христо Узунов“ и „Даме Груев“, поради асфалтирање на крак од улицата „Даме Груев“ кон населбата „Христо Узунов“,  што ќе се реализира  денеска 28.07.2020 од раните утрински часови, потребно е да ги отстранат возилата за непречено одвивање на градежните активности.Дополнително поради градежните активности за асфалтирање и уредување, кракот на улицата „Даме Груев“ што води кон населбата „Христо Узунов“ ќе биде затворен за сообраќај во текот на утрешниот ден.

Македонија | пред 5 години

Mickoski

(ФОТО) Мицкоски: Борбата на илинденците е нашата кауза

ФБ статус на претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски:„Традицијата е нашето дефинирање. Во чест на светлиот Илинден поддршка за илинденската коњаница. Борбата на илинденците е нашата кауза. Слобода, независност, ВМРО, Македонија“, напиша Мицкоски на ФБ.https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/posts/1617446818430771

Македонија | пред 5 години

olivija

На 104 годишна воздраст почина ѕвездата на филмот „Однесено со виорот“

Добитничката на два Оскара, Оливија де Хевиленд почина мирно од природни причини во неделата во нејзиниот дом во Париз, откако го прослави 104. роденден на 1 јули.Родена како Оливија Мери де Хевиленд во 1916 година во Токио, таа беше последната голема филмска sвезда од златното време на Холивуд.Таа се истакна како партнерка на Ерол Флин во авантуристичките филмови „Капетан Блад“ во 1935 година и „Авантурите на Робин Худ“ во 1938 година.https://www.instagram.com/p/CDHMjq9HAei/Најпозната е по улогата на Мелани Хамилтон во филмот „Одвеано со виорот“ од 1939 година. Таа ја доби првата од петте номинации за Оскар за оваа споредна улога.Престижната награда ја доби во 1946 година за најдобра актерка во филмот „Секому своето“, а потоа во 1949 година за улогата во филмот „Наследничка“.Де Хевиленд е постарата сестра на актерката Џоан Фонтејн.

Магазин | пред 5 години

mars

Коалиција Алијанса за Албанците и Алтернатива: Да ја вратиме демократијата кај Албанците

Ние сме тука вечерва пред Канцеларијата на делегацијата на Европската унија во Скопје да, на крајот од овој марш и во духот на вредностите што ги промовира ЕУ, да го пренесеме ставот на партиите што го организираа овој марш - Алијанса за Албанците и Алтернатива, се вели во коалициското соопштение.Во продолжение на истото додаваат:Ние судиме дека изборите што штотуку завршија, докажаа уште еднаш дека демократијата кај Албанците е безначајна идеја, затоа што зборот избори во албанскиот политички камп стана еквивалентен на зборот кражба. Манипулацијата со волјата на албанските гласачи, што веќе се случува на неколку изборни циклуси и која беше брутално истакната особено на последните избори, е аларм за нас дека ако не реагираме денес, утре може да биде предоцна. Навистина, ние како партија може да се повлечеме од оваа нееднаква и не фер трка за нас, но се плашиме дека албанските гласачи ќе се лизгаат кон диктатурата и на долг рок може да има непожелни и непредвидливи импликации не само за Албанците, кои денес се жртви на државно фаќање.Затоа, ние сме тука вечерва да го наведеме следново:Изборите организирани на 15 јули 2020 година за коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива се најнедемократските избори што некогаш биле организирани во нашата земја. Купување гласови, рекетирање на гласачи, корупција и заплашување на комесарите, узурпација на слободата на избор, гласање за луѓе кои не се тука, злоупотреба на записници и други манипулации со правото на глас се сигнали за нас дека албанското општество во Северна Македонија е заробена од каста мафијаши, кои се преправаат дека се политички партии и повеќе не се занимаваат со изборни понуди, туку се склони само на нелегитимни средства насочени кон грабеж на слободната волја на граѓаните.Овој начин на организирање на изборите, покрај тоа што става дамка на демократијата кај нас, исто така, предизвикува обесхрабрување кај албанските граѓани да учествуваат на изборите кога веќе се знае резултатот од изборите и, уште повеќе, ја убива демократијата, претворајќи се во монизам, диктатура или поточно демократија, што како резултат може да има акумулирано незадоволство што може да еруптира во незамисливи форми.Ова е причината зошто ние сме тука вечерва да се изјасниме дека за нас Демократската унија за интеграција не е победник на овие избори, туку е арамија на албанската политичка волја и, следствено, тој може да ја има легалноста според Државна изборна комисија, но никогаш нема да има легитимност за застапување на албанскиот народ во Северна Македонија.Врз основа на ова, ние бараме од земјите на Европската унија:Да се ​​осуди злоупотребата на правото на глас кај нас и да не се признае легитимноста на ДУИ како претставник на Албанците во Северна Македонија;Со помош на ЕУ, да се започне процесот на радикална реформа на Изборниот законик, така што идните избори да станат пример дека нашата земја ги исполнува европските стандарди за фер и демократски избори.Нашата борба за демократија ќе продолжи и нема да запре се додека не се постигне целосна демократија во албанскиот политички камп. Веќе имаме 12 пратеници кои, без оглед дали ќе бидат дел од мнозинството или не, тие ќе бидат гласот на Албанците за демократија и нема да дозволиме ништо друго да ја замени демократијата во нашата земја. Ако сме земја која има за цел европска интеграција, слободата и демократијата треба да бидат клучен збор за оваа интеграција.

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања