Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

silegov-petre-1-696x365

Скопјани за Универзална сала ќе бидат консултирани на референдум

Референдум на кој граѓаните ќе одлучат што да се прави со објектот на Универзалната сала во Скопје, е една од опциите кои ги најави на денешниот брифинг градоначалникот на Скопје Петре Шилегов.„Постојат три опции кои можат да се случат на Универзалната сала: уривање на салата и изградба на нов објект на постојната локација, уривање на салата со дислокација и заштита на просторот со конкурсот кој што е во тек, и третата е реставрација на постојниот објект и изградба на нов културен објект на друга локација која што ќе биде дополнително определена. Заедничкото решение можно е да се бара и на референдум на кој ќе се изјаснат граѓаните, доколку стручната јавност не успее да најде решение“, рече Шилегов.Според него, следен чекор на Град Скопје ќе бидат посебни конкурси за реставрација и за парк.– Конкурсните решенија треба да бидат предмет на расправа – истакна Шилегов, кој додаде дека сите опции ќе бидат разработени пред да биде распишан референдум. 

Скопје | пред 5 години

prskanje-komarci

Општина Охрид ќе врши теретистична дезинсекција против ларви од комарци

Утре (30.07.2020), општина Охрид ќе врши теретистична дезинсекција против ларви од комарци. Во првиот дел од лаврицидниот третман ќе биде опфатена 500 хектари површина.

Македонија | пред 5 години

univerzalna-sala

ЦИВИЛ повикува на локален референдум за Универзална сала

ЦИВИЛ и организациската единица Зелен Цивил се вклучуваат во неформалната јавна дискусија поврзана со Универзална сала. Овде говориме за објект што претставува симбол на солидарноста, изграден по земјотресот во 1963 година во Скопје, пуштен во употреба во јануари 1966 година. Низ своето повеќе постоење, Универзална сала стана еден од најважните културни центри не само на градот Скопје, туку и за целата земја.Затоа, ЦИВИЛ е на ставот дека овој важен објект заслужува широка граѓанска дебата и одлука за нејзината судбина. Потребно е да се побараат решенија за прашањата и на меѓународно ниво, а конечната одлука да биде донесена по одржување на консултативен локален референдум за судбината на Универзална сала.Поттикнати од колумната на Сашо Орданоски „А зошто да не: градски референдум за „Универзална сала“?, ЦИВИЛ донесе одлука да поднесе иницијатива за локален референдум за Универзална сала, дали ќе се гради на нова локација, дали ќе се реставрира сегашниот објект или ќе се урива, а на негово место ќе се гради парк... За тие и други прашања поврзани со оваа тема, најдобро е да се организира референдум.Златно Славејче, Скопје џез фестивал, концерти, претстави, големи културни, општествени и  се само дел од настаните што се организира во Универзална сала. Овој кај луѓето буди емоции, сеќавања, идентификации со просторот и времето за многу генерации.Од друга страна се аргументите и урбанистичките планови и желбата Универзална сала да добие уште повеќе вредност на мултимедијален центар кој ќе ги задоволува културните и духовни аспирации на граѓаните и ќе биде место во кое ќе се препознаат не само скопјани, туку секој кој е дел од културната и уметничката сцена во земјата.

Скопје | пред 5 години

biljana-1

Заврши деветтото „На зајдисонце“ во Трпејца

Со настапот на ансамблот „Билјана“  и изложбата на  дел од создадените дела на минатогодишната Меѓународна уметничка колонија во Трпејца , синоќа беше заокружено  деветтото издание на манифестацијата „На зајдисонце“.Публиката можеше да ги види делата на : Владисав Богичевиќ  и Јовица Костиќ од Ниш, Србија, Дражен Конатар од Бјело Поље , Црна Гора и нашите Ѓоко Симјаноски и Свето Стефановски.Организаторот – Здружението „За Трпејца со љубов“ под покровителство на општина Охрид и финансиска помош на Министерството за култура и Делегацијата на ЕУ во Скопје во стандардниот термин од 20 до 28 јули понуди бројни културни и забавно – рекреативни настани кои привлекоа големо внимание  меѓу  гостите, охриѓани и мештаните.Завчера  во соработка со НП „Галичица“ се одржа традиционалната прошетка по патеката „Чоколско“ а вечерта со голем успех настапи охридскиот бенд „Броз“ . 

Македонија | пред 5 години

mavrovka-objekt

МВР постапува по дивоградбата кај „Мавровка“

СВР Скопје - Единица за економски и компјутерски криминал постапува за нелегални градежни активности во реонот на Трговскиот центар Мавровка и презема соодветни мерки и активности за утврдување постоење на елементи на кривично дело кое што се гони по службена должност по чл.244-а „Бесправно градење“. За преземените мерки и активности до Основното јавно обвинителство во Скопје е доставено писмено известување согласно Законот за кривична постапка.Единицата за економски и компјутерски криминал и понатаму презема мерки и активности во координација и по насоки на ОЈО Скопје, а по завршување на активностите и комплетирање на документацијата до Основното јавно обвинителство во Скопје ќе достави соодветен поднесок, за што дополнително ќе биде известена јавноста. 

Скопје | пред 5 години

sela-gasi

Гаши: Нема да влагаме во преговори пред ДУИ да го истроши својот легитимитет

Демократската унија за интеграција (ДУИ) треба да проба Насер Зибери да биде премиер, тие добија пратеници заради него и ако не можат тоа да го остварат ќе треба да отстапат и ќе треба да се направат нови комбинаторики и ние како Алијанса и Алтернатива да започнеме преговори. Но, имавме разговори со Зијадин Села и заклучивме дека нема да влагаме во преговори пред ДУИ да го истроши својот легитимитет, истакна денеска лидерот на Алтернатива, Африм Гаши.Тој, во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, нагласи дека Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива на изборите излегла со една програма – држава за сите.– Ние се спротивставивме за идејата премиер Албанец, мислејќи дека тоа е само симболика, а не содржина. И сега не можеме да ги излажеме нашите гласачи кои веруваа на овој концепт за да одбраниме некој друг концепт, посочи Гаши, објаснувајќи го ставот и повикот на Ахмети сите партии да застанат зад идејата на ДУИ. 

Македонија | пред 5 години

01

Конститутивната седница закажана за 4 август

Претседателот на Собранието, Tалат Џафери, го потпиша решението за свикување на првата конститутивна седница која ќе се одржи на 4 август, вторник, со почеток во 12 часот.Од Собранието информираат дека со оглед на новонастанатата состојба со пандемијата Ковид-19 и во согласност со препораките од Комисијата за заразни болести, конститутивната седница ќе се одвива според протоколи и критериуми коишто се утврдени во претходна координација со претседателот на Комисијата за заразни болести д-р Жарко Караџовски, со единствена цел да се намали ризикот од евентуално ширење на заразата од корона вирусот.На пратениците, на гостите и на претставниците на медиумите при влезот во зградата на Собранието ќе им биде мерена телесна температура, по што ќе им биде овозможено да влезат во зградата. На сите влезови ќе бидат обезбедени средства за дезинфекција.Бидејќи станува збор за вонредни околности и е неопходно одржување на задолжителна физичка дистанца меѓу пратениците, конститутивната седница ќе се одржи во Големата сала на Собранието, односно во салата позната во јавноста како Голема купола.Пратениците ќе бидат на соодветна дистанца и ќе им биде обезбедена заштитна опрема. Гласањето на седницата ќе се одвива рачно (со картончиња), а од седницата ќе има директен пренос на Собранискиот канал на Националниот радидифузен сервис МРТ.„Со цел да се обезбеди поголема здравствена заштита, а со оглед на тоа дека станува збор за голем настан, кој ќе се одвива во затворен простор, на сите присутни во зградата им се препорачува да го лимитираат движењето низ зградата и постојано да носат заштитна маска“, соопштија од Собранието.

Македонија | пред 5 години

1I

Нухиу одржа работна средба со Италијанскиот заменик амбасадор Ликуори    

Денеска, министерот за внатрешни работи  на  Република Северна Македонија д-р Агим Нухиу одржа работна средба со заменик амбасадорот на Италијанската  Република во  Скопје г. Алесио Ликуори.На средбата беа потврдени пријателските односи,  довербата, отсуството на отворени или спорни прашања помеѓу двете држави, како и соработка во голем број области од взаемен интерес,  со фокус  на продлабочувањето на досегашната меѓусебна соработка, особено во областите на организираниот криминал и корупцијата, тероризмот, како и борбата против екстремизмот и насилниот радикализам. Соговорниците разговараа и за вонредните парламентарни избори кои се спроведуваа во нашата држава, активностите кои се преземаат по нивното  завршување, како и активностите  кои Министерството за внатрешни работи во рамки на своите надлежности ги презема во справување со глобалната пандемија „Ковид - 19“.

Македонија | пред 5 години

zugic

Жугиќ: Ја руши ли Шилегов Универзална за да ја исполни квотата на зеленило за 50 нови згради кај Треска?!

Градоначалникот Петре Шилегов се обидува со  еден потпис да ја сруши Универзална сала која е симбол на Скопје повеќе од 50 години. Универзална сала, во која се изведени повеќе од стотици концерти, театарски претстави, детски фестивали, разни културни настани. Концертната сала во која се промовирале безброј домашни уметници и започнале многу блескави кариери, истакна Јелена Жугиќ, Советник во Советот на Град Скопје од ВМРО- ДПМНЕ.Салата која е симбол на солидарноста и хуманоста, спомен на илјадници Скопјани, градоначалникот Петре Шилегов сака да ја претвори во градежен шут.Почитувани, иако Шилегов и СДСМ со години играа на емоциите за старо Скопје, тие всушност брутално ги излажаа граѓаните и сега постапуваат спротивно од предизборните ветувања.Иако ветија дека Универзална Сала повторно ќе блесне во полн сјај, дека ќе градат нова или ќе ја реновираат и реконструираат постоечката, сега по три години натегање со Министерството за култура и со Владата, повеќе од очигледно е дека се било само дефокус од нивната вистинска намера. Градоначалникот на Скопје има намера Универзална Сала да ја замени со монтажна сцена и парк во кој веројатно  ќе насади трева од половина милион евра.Шилегов ја излажа јавноста и дека предлог решението за парк го добил од Асоцијацијата на архитекти на Македонија, а ја излажал и самата Асоцијација кажувајќи дека Универзална Сала ќе ја руши затоа што нема пари да ја реновира и реконструира поестоечката. Лага! Петре не пропушта можност, а да не спомене дека градската каса е полна. Очигледно е дека градскиот татко се  расфрла со пари за се и сешто, а симболот на Скопје, храмот на културниот живот на Скопјани децении наназад, за него и неговата партија нема никакво значење.Градоначалникот треба да и одговори на јавноста дали зад рушењето на Универзална Сала се кријат и некои бизнис интереси?Имено, локацијата на салата е во истата градска четврт во која се наоѓа и кругот на поранешната фабрика Треска, каде со измена на градежниот урбанистички план) се планира да се изградат 50 нови згради. За да може стамбениот комплекс да се реализира ќе треба да биде застапен и соодветен процент на зеленило, па можеби ете процентот ќе биде исполнет со паркот на местото на концертната сала!?Дали Универзална Сала станува жртва на бизнис интересите на градската и извршната власт?!Шилегов ја донел оваа срамна одлука  без притоа да ги консултира Скопјани. Брутално и насилнички.Господине Градоначалник, Скопјани не се согласуваат и апелираат да ја повлечете одлуката за уривањето на Универзална Сала. Наместо уривање, Скопје и Скопјани заслужуваат грижа и работа, проекти и капитални инвестиции преку кои Градот Убав ќе се развива како европска метропола, истакна Јелена Жугиќ, Советник во Советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 5 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Лицемерниот Мицкоски молчеше кога неговиот шеф тајно поставуваше споменици и кога Скопје го претвораа во град на стиропор

Лицемерието и партиското профитерство беше и останува главна одлика на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски. Крајно несериозно и лицемерно е за планирањето на Скопје да зборува некој кој уста не отвори кога Градот го облекуваа во фасади од барок и стиропор, се вели во реакцијата од СДСМ на изнесени ставови на Христијан Мицкоски.Истиот тој Мицкоски молчеше кога се менуваа фасадите на улица Македонија. Молчеше Мицкоски и за зградата на ЕЛЕМ за време на неговото директорување.Разликата е огромна. Додека ВМРО-ДПМНЕ узурпираше и ниту еднаш не ги праша граѓаните за мислење, СДСМ е отворена и заедно со граѓаните носи решенија.ВМРО-ДПМНЕ поставуваа споменици сред ноќ, тајно, а СДСМ работи транспарентно, отчетно и отворено.ВМРО-ДПМНЕ ќе остане партијата симбол на расипништво. Доказ за тоа се градбите на ВМРО-ДПМНЕ кои чинеа милиони, а денес се распаѓаат.Наспроти ова расипничко однесување, СДСМ е партијата која покажа како домаќински се работи исклучиво во интерес на граѓаните и на државата. Сѐ што прави СДСМ прави заедно со граѓаните, сѐ што прави СДСМ трае и служи долго,  се вели во реакцијата од СДСМ.

Македонија | пред 5 години

IMG_6104

Македонија и Албанија заеднички преку искуствениот туризам се развиваат во регионот

Македонките Јасминка Поповска од Струга и Катерина Василевска од Охрид се креаторките на Genuine Experiences, поточно жени кои сакаат на локалните или интернационалните туристи во Македонија и соседна Албанија да им овозможат незаборавни искуства.На нивната платформа имаат над педесетина локални занаетчии, домаќинки, спортисти, водичи, професионалци од различни области, од Охрид, Струга, Битола, Демир Хисар, Дебар, Ресен, Скопје, Пешкопеја, Мат, Булкизе, Дибра, кои им ја дадоа довербата, ентузијазмот и им дозволија да ги трансформирааат нивните вештини, знаења, преточени во автентични искуства наменети за туристи.„Одржливиот туризам е иднината на земјава. Ако сакаме да имаме вода за пиење, чист воздух, намалување на отпадот треба да знаеме дека единствената опција ни е принципите на одржливоста да бидат стандарден неодминлив дел во секоја туристичка понуда. Тоа значи дека, уништувањето на планините со тури со џипови треба да е забрането, а не да биде извор на приходи на некои од националните паркови и со нивно одобрување – спроведувано. Едноставно човекот не може бесконечно многу да се шири и да зазема простор од природата туку мора за се да има граница, за да има за сите. Како ние го решаваме тоа преку нашата понуда? Нашите искуства се рурални и урбани. Нудиме искуства со пешачење, со велосипеди, со кајаци“ истакнува Јасминка Поповска, проект менаџер.Тие велат дека во овој регион има прекрасни автентични личности кои имаат многу да споделат и сакаат да им овозможат да го направат тоа преку платформата.„Меѓуграничните региони на Македонија и Албанија изобилуваат со традиции и занаети, кои иако можеби ја немаат истата важност како претходно, би биле исклучително интересни да се споделат со туристите од другите земји. На тој начин го зачувуваме културното наследство и се промовираме пред светот како народ достоинствен и вреден да се посети. Имаме природни ресурси на мала површина, на која може да ни позавидат далеку поголеми држави од Европа и светот. Ние сме привилегирани да живееме толку малку луѓе во една ваква богата земја. Сакаме со тоа да го освестиме локалното население и да им го понудиме на туристите во форма на несекојдневни доживувања и искуства. Гостите не се само пасивни гледачи, туку директно со своите раце учествуваат во процесот на искуството, тоа значи на крај од посетата ќе го имаат првото рачно исплетено ташниче, филигрански привезок, домашен зелник, исплетена кошница...“ додава Катерина Василевска, проектен асистент.Тие потенцираат дека туризмот дефинитивно е приоритет во економијата, кој може да донесе и тоа како многу приходи за локалното население. И не само во Охрид, туку во сите градови и села. Но туризмот мора да се развива одржливо, градовите првенствено да бидат “живи“ за луѓето во кои живеат, а потоа да се изнајдат форми на туризам кои нема да го загрозуваат секојдневниот живот, и нема да ја уништуваат природата.„Ние сме долго време волонтери и локални активисти. За нас овој бизнис е првенствено наш личен обид да покажеме дека бизнисот не мора да биде business as usual, само за пари. Туку бизнисот треба да им помага на локалните луѓе, на нашите соработници да си го реализираат нивниот личен потенцијал. Бизнисот треба да носи можности на населението во местата каде го спроведуваме. Во некои од нашите искуства, туристите ќе бидат отворено запознаени со локалните предизвици и ќе може да донираат, или на друг начин да помогнат. На пример за локалното училиште, за возрасните лица од дадената населба/село, за некои локални акции кои многу значат за тамошното население.“ додаваат двете креаторки на платформата.Платформата www.genuinexperiences.com e дел од проектот „Надвор од границите – воведување паметен туризам и споделена економија“,  реализиран од Здружение за локална агенција за развој – ЛАР Струга, Институт за Истражување во животна средина, градежништво и енергетика (ИЕГЕ), Биолози од Албанија – Тирана и општина Мат, преку ИПА 2 Прекуграничната програма на Северна Македонија и Албанија поддржан од ЕУ.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Крадец влегол во дом на 78-годишна кавадарчанка, ја турнал, одзел пари и побегнал

Во СВР Велес вчера било пријавено дека околу 12:20 часот непознато лице влегло во домот на М.Д.(78) во Кавадарци, ја турнало и пребарувало низ домот, при што одзело пари и си заминало.Оваа информација за МИА ја потврди Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес. Бил извршен увид на местото на настанот.

Македонија | пред 5 години

Karadzovski

Караџоски: Ќе се формираат 16 ковид болници, ќе се зголемат капацитетите за тестирање

Претседателот на Комисијата за заразни болести, д-р Жарко Караџовски во изјава за ТВ21, информираше за подготовките на здравствениот систем за есенските денови кога се очекува коронавирусот, заедно со респираторните вируси, особено инфлуенцата, дополнително да ја зголемат потребата од капацитети на болниците. Тој истакна дека Комисијата за заразни болести и министерот за здравство Филипче имаат подготвено план за проширување на болничките капацитети во 16 града со формирање на ковид болници за сместување, дијагностика и тријажа на пациенти со Ковид-19 со цел целосно да се одвојат од останатите пациенти.„Направивме план од формирање на 16 болници, Ковид 2 болници, што е нешто слично со болницата којашто ја имаме на Инфективна клиника, во коишто ќе имаме сместувачки капацитети, ќе имаме дијагностички капацитети и капацитети за надзор и тријажа, со цел да не влезе пациент во клинички центар болен со Ковид.“ – изјави Караџоски.Дополнително тој информира дека се планира и зголемување на капацитетите за тестирање и дијагностика со вклучување на уште три институции во коишто ќе може да се прави дијагностика што ќе го зголеми дневниот капацитет за тестирање.„Значи на сегашните 11 институции за дијагностика планираме уште три нови што со цел да добиеме уште 200 до 300 брисеви дневно, за да го зголемиме за процентот на брисеви и од 1500 дневно можеби ќе дојдеме и до 2000 на крајот на календарската година.“ – изјави Караџоски.

Македонија | пред 5 години

zname

Петок неработен ден за граѓаните од муслиманска вероисповед

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека 31 јули, петок, Курбан бајрам, првиот ден на Курбан бајрам, е неработен ден за граѓаните од муслиманската вероисповед во Република Северна Македонија.Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од муслиманската вероисповед им го честита празникот Курбан бајрам.

Македонија | пред 5 години

paridenari1

ССМ бара затворски казни за работодавачите кои зеле субвенции за плати, а не им ги дале на вработените

Сметаме дека треба кривично да се одговара и некој да заврши зад решетките, вели Дарко Димовски, претседателот на ССМ,  во емисијата „Утрински брифинг“, по информациите дека над 700 работодавачи земале пари од државата за да исплатат плата како помош поради корона-кризата, а парите не им ги исплатиле на своите вработени.Ваквиот негов став доаѓа на ден по откривањето од Сања Лукаревска, директорка на Управата за Јавни Приходи (УЈП), дека околу 700 фирми аплицирале и добиле финансиска поддршка од државата за исплата на плати за месеците април и мај, но не трансферирале дел од парите на своите вработени.„Некој треба кривично да одговара и да заврши зад решетки. Апелиравме за ова до Управата за Јавни Приходи од каде реагираа во најкус можен рок. Компаниите се лоцирани и согласно законот, заедно со Државниот трудов инспекторат, ќе бидат изречени глоби за исплата на парите што ги должат. Но, тоа не е доволно и мора кривично да се одговора“, истакна Димовски. 

Македонија | пред 5 години

bujar-osmani-talat-dzaferi

Бујар Османи го посети Џафери во болница, па напиша: „Еднаш борец, секогаш борец!“

Вицепремиерот од редовите на ДУИ, Бујар Османи, го посети претседателот на Собранието, Талат Џафери, кој е хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопје.Османи објави фотографија на Фејсбук од собата во која е Џафери, а покрај нив двајцата на фотографијата е и докторот Неџати Јакупи кој е поранешен пратеник и министер од ДУИ.Џафери е сместен на Инфективната клиника од петокот (24 јули). Тој беше примен со повеќе симптоми кои укажувале на присуство на вирусот, а имал и пневмонија, но досегашните тестови, според информациите од неговиот кабинет, се со негативен резултат.https://www.facebook.com/bujar.osmani.942/posts/1320180554852511 

Македонија | пред 5 години

korona-test

ИЈЗ 20-26 јули 2020г.: Намален е бројот на новозаразени и починати

Министерството за здравство информира дека Институтот за јавно здравје денес го објави неделниот извештај за периодот од 20 до 26 јули 2020 година, којшто покажува намалување на бројот на новозаболени и починати лица, а зголемување на бројот на оздравени лица во однос на претходната недела.Во дадениот период направени се вкупно 9563 тестирања (1402 повеќе од периодот 13–19 јули) и регистрирани се 956 позитивни случаи на Ковид-19 што е за 82 случаи помалку од претходната недела. Во периодот на известување 10% од тестираните се позитивни на Ковид-19.Новозаболени се регистрирани во 29 града при што најголем процент на новозаболени има во Скопје (37,3% - благо намалување во однос на претходната недела) и во Штип (16,1% благо зголемување во однос на претходната недела). Во 17 града во земјата, за истиот период, бројот на новопотврдени случаи е под 20.Во однос на старосната структура на новозаболените во овој период најголем процент се лица помеѓу 50–59 години 22,3%, а поголем број на заболени се регистрира и кај лицата помеѓу 40-49 и над 60 години - 19,6% во двете групи. Најмал број на новозаболени има кај децата и тоа 0-9 години – 2,6%, и од 10-19 години – 4,7% од вкупниот број на новозаболени.Од случаите кои се епидемиолошки истражени, хоспитализирани се 127 лица или 14,2%, а кај 279 лица или кај 31,3% регистрирано е присуство на коморбидитети.Од вкупниот број на епидемиолошки истражените новозаболени 44,4% имале контакт со потврден случај на Ковид-19, а 21 лице (9 повеќе од претходната недела) имале историја за патување во странство во минатите 14 дена.Во периодот 20-26 јули регистрирани се 654 оздравени лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, што е за 109 лица или 20% повеќе од претходната недела на известување (13 - 19 јули).Во периодот 20 до 26 јули, регистрирани се 32 смртни случаи, што е 12 смртни случаи помалку од претходниот период. Најголем дел од случаите се лица над 60 години, 84,4%. 29 од случаите се починати во болнички услови, а 3 вон болнички. Кај 26 од смртните случаи (81,3%) регистрирани се претходни коморбидитети.

Македонија | пред 5 години

mak-Nato-1

Македонија ќе донира пари во фондот на НАТО за борба против Ковид-19

Владата на денешната седница ја разгледа и усвои Информацијата за учество на Македонија во Доверителниот фонд на НАТО за борбата против пандемијата на коронавирусот.Како што соопшти владината прес-служба, Владата го задолжи Министерството за финансии, согласно можностите, да издвои пари од Буџетот на Република Македонија за 2020 година, за учество во Доверителниот фонд на НАТО, како израз на посветеноста на Владата да придонесе во заедничките напори на Алијансата за справување со пандемијата Ковид-19.Исто така, денеска е донесена одлука за испраќање на војници од АРМ на Косово, во формација на вод, во составот на КФОР.

Македонија | пред 5 години

KRAK_DAME-GRUEV-

(ФОТО) Реконструкција на крак од улица „Даме Груев“ во Охрид

Деновиве се изведуваат градежни активности од завршната фаза за реконструкција на крак од улицата „Даме Груев“ во населбата „Христо Узунов“.Во текот на денешниот ден беше поставен првиот асфалтен слој на коловозот. Претходно се изврши поплочување на тротоарите од двете страни на улицата со бехатон плочки и се изврши поставување на нови рабници.Овие активности се дел од годишната Програма за уредување на градежно земјиште на Општина Охрид. Според планираното, во текот на наредниот период ќе бидат реконструирани и уште неколку краци од улицата „Даме Груев“.

Македонија | пред 5 години

mickoski-2

Мицкоски: Власта прави обид за купување на пратеници, нудат многу цифри и повластувања, но без успех

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во денешното интервју за централниот дневник на телевизија Сител обвини дека власта на СДСМ прави обид за купување на пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Обнова за Македонија, посочувајќи дека на пратениците им се нудат разни повластувања и привилегии, вртоглави суми, како и амнестии за судски случаи.Ја користам оваа можност во ова денешно интервју да проговорам отворено и за сето она што се погласно се шпекулира изминатите денови во јавноста а тоа се оние обиди да се тргува со пратеници од една или од друга или од трета страна. Јас можам да пренесам дека навистина се згрозувам од тоа што некои од пратениците ми го пренесуваат а тоа како им приоѓаат луѓе кои што се претставуваат од името на луѓето кои што се дел од раководството на СДСМ, па нудат разно разни привилегии за нив, за нивните семејства, се споменуваат шесто, седмо цифрени бројки изразени во евра, амнестии за судски случаи итн. Навистина сето тоа предизвикува брутално згрозување не само кај тие луѓе, туку и кај мене, вели Мицкоски.Од прилика тоа е онаа иднина која што  ја нуди оваа раководство на СДСМ предводено од Зоран Заев и ако некој има некаква дилема дека тоа се случува еве да ја нема, јас лично можам да ви кажам дека неколкумина пратеници кои што се дел од оние 44 а кои што  се дел од Коалицијата за Обнова на Македонија веќе имаат искуство кои им приоѓаат и им го ветуваат тоа, па дури на крај да имаат средба со врвот на раководство на СДСМ, додаде Мицкоски.Претседателот Мицкоски рече дека ваквиот обид за поткуп на пратениците е без успех укажувајќи дека е згрозен од постапката на луѓето кои што сакаат да ја прекројат волјата на граѓаните од овие избори.Се разбила сите тие се брутално одбиени и згрозени, но исто тоа ми го пренесоа мене и јас навистина сум згрозен од ваквите постапки кои што овие луѓе ги прават, по насока на тоа да ја прекројат волјата на граѓаните од овие избори, истакна Мицкоски.Мицкоски изјави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да се бори водејќи се од принципи, децидно отфрлајќи формирање на влада по секоја цена, како и преговорите по диктат и уцени.Ние сме тука стаменити, цврсти, ќе продолжиме да се бориме како што кажав во минатото ние се води од принципи, од нашата програма, реформите кои што треба да се спроведат за подобро утре, никако преговори под диктат и уцени и не во влада по секоја цена, објасни Мицкоски. 

Македонија | пред 5 години

soob-1

(ФОТО) Уште една сообраќајна несреќа во Охрид попладнево со голема материјална штета

Сообраќајна несреќа на пресекот на улицата Галичица со Лазо Трпоски. Во моментов полицијата врши увид, а сообраќајот е пренасочен.Наскоро повеќе ....

Македонија | пред 5 години

tehnicka-vlada

На Владина седница поништени 20 решенија донесени од Чулев за распоредување на работни места

На денешната седница Владата го прифати барањето на министерот за внатрешни работи Агим Нухиу, за поништување на решенијата за распоредување и наредбите за извршување на работни задачи кои ги донесе претходниот министер Наќе Чулев бидејќи се донесени спротивно на Законот за Влада и на подзаконските акти во Министерството за внатрешни работи и на членовите 106, 107 и 154 од Законот за внатрешни работи и на членовите 36, 37, и 38 од Колективниот договор на МВР.Со оваа одлука на Владата се поништуваат 20 решенија за распоредување и наредбите за извршување на работни задачи, донесени од 11 јуни до 24 јули 2020 година, со што работниците ќе се вратат на претходните работни места на кои биле распоредени.

Македонија | пред 5 години

struja

Ќе се се укине ли евтината струја?

Деновиве се очекува РКЕ да ја утврди цената на струјата што граѓаните ќе ја плаќаат во следниот период. Трите компании, државните ЕСМ и МЕПСО и приватната ЕВН веќе ги доставија своите пресметки на материјални трошоци, по што РКЕ ќе ја утврди новата цена. Според информации на Сител се размислува и за укинување на евтината тарифа, која беше воведена пред околу две години. Од РКЕ велат дека во петок ќе се знае. Тогаш треба да се утврди новата цена за топлинска енергија, која според некои информации ќе се намали.Инаку, речиси пред две години владата предводена од СДСМ ја врати евтината тарифа на струја, а ова им беше едно од главните предизборни ветувања. Примената започна од октомври 2017-та. Секој работен ден и сабота од 14 до 16 часот и по 22 часот до 7 наутро граѓаните  имаат можност да ја користат, како и секоја недела преку целиот ден. Според информации на Алсат, заговорнциите на идејата за укинување на евтината струја настапиле со став дека цената на струја во Македонија била најниска во Европа и освен кај нас модел на користење на струја како евтина тарифа нема никаде. Од друга страна, биле изнесени аргументите дека Македонија не може да се споредува со држави со многу повисок стандард и ваквата одлука дополнително би го оптовариле домашниот буџет.

Македонија | пред 5 години

mijalkov-1

Мијалков до Мицкоски: Христијан грешиш, твоите грешки за жал ги плаќа ВМРО ДПМНЕ , а тие резултираа со два изборни порази

Христијан грешиш, а очекувано е да грешиш кога те фаќа паника и мора да се правдаш и да смислуваш приказни за да ги оправдаш грешките, напиша на својот ФБ профил Сашо Мијалков откако беше прозван од претседателот на ВМРО ДПМНе Христијан Мицкоски.Мијалков во својата објава додава:Грешиш како што грешеше постојано овие три години . Твоите грешки, за жал ги плаќа ВМРО ДПМНЕ , а тие резултираа со два изборни порази на Претседателските и Парламентарните избори, а ги загуби и Локалните избори во Охрид и во Ново Село.На сите овие избори, вклучително и на последните ти си тој што директно одработи за СДСМ.Доколку оставиме на Заев и СДСМ да бираат, ке те изберат тебе за да уште десет пати по ред те згазат на избори а ти да ја бараш вината за поразите на друго место, а не во себе и луѓето со кои соработуваш.Ти и сите околу тебе кои се борат да останеш претседател, се тие кои што одработуваат за Заев, затоа што со тебе на чело, ВМРО ДПМНЕ никогаш нема да се врати на победничка патека, а тоа е единствено во интерес на Заев и СДСМ. Човек што разединува и не ја бара одговорноста во себе, нема лидерски капацитет.Еве за парламентарните избори, биди искрен и признај дали понудата за граѓаните беше добра и ги привлече неутралните избирачи ?Дали кандидатите за пратеници кои ти ги избра повлекоа поголем број гласови или го оствари најслабиот резултат во историјата ?Дали ти како „шпицен“ кандидат, успеа да го достигнеш барем последниот резултат на ВМРО ДПМНЕ од 2016 година или освои 150 000 гласови помалку ?Да не се лажеме. Имаш максимална поддршка од мене да составиш влада и во судиското продолжение да го свртиш резултатот. Доколку го сториш тоа, јас ќе бидам првиот кој ќе ти честита. Доколку не успееш, тогаш ќе мора да понесеш одговорност затоа што му овозможи на СДСМ повторно да формира влада.П.С.Барањето на одговорност од тебе и твојот тим, не е напад на ВМРО ДПМНЕ. Обиди се да ја надминеш суетата. Не се поистоветувај со партијата. Не те личи. На ВМРО ДПМНЕ ќе му тргне тогаш кога ќе добие сериозно лидерство!https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=125718742550212&id=109075757547844

Македонија | пред 5 години

mickoski-2

(ВИДЕО) Мицкоски: Сите поранешни сопартијци и функционери кои ме напаѓаат се луѓе кои му помагаат на Зоран Заев

Претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во интервју за ТВ Сител, коментирајќи ги нападите од поранешни сопартијци и функционери потенцира дека тоа се луѓе кои му помагаат на Зоран Заев.„Јас ценам дека овие луѓе не заслужуваат одговор. Бидејќи веќе ме прашавте, можам да кажам дека ова се луѓето кои што најзаслужни се што Зоран Заев веќе три години пустоши низ Македонија и ова се луѓето кои што практично ја доведоа во оваква состојба во која што во 2017 година ја преземав партијата и повторно истите овие луѓе сега се во улога да му помагаат на Зоран Заев во услови какви што се сега да формира владино мнозинство. Ова е последниот товар од кој што се ослободува ВМРО-ДПМНЕ во овие 31 месец откако сум избран за претседател на партијата. Сега, сите тие заедно на купче остануваат да му бидат верен коалиционен партнер на Зоран Заев. Па, јас би му посакал со среќа нека му е со сите овие“, вели Мицкоски.

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања