Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

05

Работна средба на министерот Нухиу со амбасадорот на Република Бугарија Ангелов

Денеска, министерот за внатрешни работи  на  Република Северна Македонија д-р Агим Нухиу одржа работна средба со амбасадорот на Република Бугарија во  Скопје Н.Е. Ангел Ангелов.На средбата беа потврдени пријателските односи,  довербата, отсуството на отворени или спорни прашања помеѓу двете држави, соработка во голем број области од взаемен интерес, кои придонесуваат кон ефикасна имплементација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка  и  оддржување на добрососедските односи, особено кон заедничкото делување и придонес во регионалната безбедност.  Соговорниците разговараа и за вонредните парламентарни избори кои се спроведоа во нашата држава и активностите и превентивните мерки  кои Министерството за внатрешни работи во рамки на своите надлежности ги презема во справување со глобалната пандемија „Ковид - 19“.  

Македонија | пред 5 години

kompjuter

Уредник на портал обвинет за откривање на службени тајни од Управата за безбедност

Скопското Основно јавно обвинителство поднесе предлог за обвинение против главен и одговорен уредник на интернет портал за продолжено кривично дело – oддавање службена тајна.Како што информираат од обвинителството, во текот на првата половина на јули, обвинетиот направил достапни за јавноста податоци од Управата за безбедност и контраразузнавање, сегашна Агенција за национална безбедност, до кои дошол на противправен начин.„Според внатрешните прописи на Агенцијата, објавените информации се класифицирани како службена тајна чие откривање има или може да има штетни последици за Агенцијата национална безбедност“, објаснуваат од обвинителството.На 9 јули на интернет порталот и на фејсбук-страница, обвинетиот објавил текст со наслов: „Скандалозни документи од Управата за безбедност и контраразунавање: Синот отстранет од Агенцијата за национална безбедност, затоа што таткото протестирал против промена на името“.На 12 јули, пак, на порталот тој објавил текст со наслов: „(Видео) Христовски: Мојот син е жртва, исклучен од Агенцијата за национална безбедност затоа што УБК ме следела како терорист“.Во двата текста обвинетиот објавил и копии од документи од Управата за безбедност и контраразузнавање – акти од оперативна проверка на лице, кои претставуваат класифицирани информации.​

Македонија | пред 5 години

jelena

Жугиќ: Шилегов лаже за Универзална! Доколку уште не одлучил да руши, зошто троши 11 илјади евра за идејно решение на парк?!

„ Овој објект ќе остане како траен симбол на меѓународната човечка солидарност во обновата на Скопје по катастрофалниот земјотрес од 26 јули 1963 година”, ова е дел од натписот кој стои на влезот на Универзалната сала, објект кој требаше да биде безвременски, но Петре Шилегов реши да го руши за бизнис интереси на поединци, истакна Јелена Жугиќ, Советник во Советот на Град Скопје од ВМРО- ДПМНЕ.Почитувани, ова е извадок од веб страната на Бирото за Јавни Набавки. Овде се гледа дека градот распишал повик за идејно решение за уредување на просторот на местото каде е што сега салата, со парк и летна сцена. За оваа намена Шилегов планира да даде 6000 евра за најдоброто решение, 3000 евра за второ рангираното и 2000 евра за трето рангираното, со што вкупно ќе се потрошат 11000 евра од градската каса. Доколку како што и самиот вели сеуште не одлучил дали ќе ја руши салата, тогаш зошто градот однапред троши 11000 евра? Очигледно во градската каса има премногу пари па Шилегов ги фрла за идејни решенија за кои постои голема можност на крајот тие да завршат во некоја фиока?!Или пак 11.000 евра не се ништо кога станува збор за овозможување на бизнис интереси и потребата да никнат над 50 нови згради на местото на поранешната фабрика „Треска“?! А зошто на пример на местото на Треска не никне парк со убава летна сцена, а концертната сала да си остане на својата постоечка локација?!?Кога сме кај парите врзани за Универзална сала, Шилегов треба да одговори и каде се 30 милиони денари, кои во 2019та градот Скопје ги доби од владата за реконструкција на салата. Дали и на што се потрошени тие наменски префрлени пари?Шилегов и СДСМ немаат основа за правдање. СДСМ и Шилегов се три години на власт во Република Македонија и во град Скопје. Самиот чин што до сега не делувале и не преземале никаква активност за Универзална сала е доказ дека години наназад ги лажат скопјани!Шилегов не смее повеќе да ги манипулира граѓаните и треба веднаш да се откаже од идејата за рушење и да отпочне со реконструкција. Во таа насока предлагаме да се искористи проектот за реконструкција на салата оставен од ВМРО-ДПМНЕ, а со кој ќе се постигнат следниве цели:- Ќе се подржи мислењето на граѓаните за реконструкција, а не за рушење;- Ќе се заштедат средства за нови конкурси и идејни решенија;- Ќе се сочува споменот на хуманост и солидарност на постземјотресно Скопје.Градоначалник Шилегов, надминете ја сопствената суета и послушајте ги граѓаните! Надминете го личниот порив за деструкција и вдахнете живот во веќе постоечкиот објектот. Ќе се изненадите колкава радост носи чинот на создавање и градење, истакна Јелена Жугиќ, Советник во Советот на Град Скопје од ВМРО- ДПМНЕ.

Скопје | пред 5 години

ohrid-lugje-carsija-guzva-turisti

Нови 119 заболени од коронавирус: Најмногу во Скопје, а има и во Охрид и Струга

Во последните 24 часа се направени 1325 тестирања, а регистрирани се 119 нови случаи на ковид-19 во:-Скопје 35-Куманово 15-Штип 17-Прилеп 3-Тетово 4-Струга 3-Велес 3-Битола 8-Охрид 3-Кавадарци 2-Гостивар 8-Крива Паланка 1-Кочани 1-Демир Хисар 5-Берово 1-Свети Николе 1-Кичево 8-Ресен 1Починати се 4 лица, три пациенти од Скопје и пациент од Гостивар.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 89 оздравени пациенти од:-Скопје 22-Куманово 10-Штип 12-Тетово 26-Струга 1-Велес 1-Битола 4-Пробиштип 2-Демир Хисар 1-Кратово 1-Св.Николе 2-Кичево 3-Ресен 4Досега во земјата се направени вкупно 100940 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 10617, бројката на оздравени пациенти е 6020, на починати е 480, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4117.

Македонија | пред 5 години

faler

(ФОТО) Општина Охрид започна кампања за подигање на јавната свест за заштита од „КОВИД 19“

Под слоганот „Летувај безбедно во време на пандемија“, Општина Охрид денес започна кампања за подигање на јавната свест кај посетителите, со цел да се зголеми почитувањето на мерките за заштита од Корона вирусот „Ковид 19“.Подготвени се промотивни флаери кои во текот на наредните денови ќе се делат на повеќе јавни локации, како што се охридската чаршија, градскиот кеј, градскиот плоштад и други фреквентни локации во градот. Во рамки на кампањата ќе бидат опфатени и угостителските објекти, сместувачките капацитети и плажите на охридското крајбрежје.Во флаерот се содржани кратки информации за општите мерки за заштита од Корона вирусот „Ковид 19“ како и кратки пораки за зголемување на одговорноста кај посетителите и летувалците, кои својот годишен одмор го поминуваат во Охрид.

Македонија | пред 5 години

Kosta

(ВИДЕО) Охрид полн со гости, инспекциите од централно и локално ниво ќе контролираат и казнуваат доколку не се почитуваат мерките за КОВИД 19

Градоначалникот Константин Георгиески денеска даде изјава за медиумите во врска актуелните состојби, поврзани со овогодинешната туристичка сезона во Охрид и заклучоците и препораките од последниот состанок на Кризниот штаб на Општина Охрид.– Охрид како најголем туристички центар во нашата држава, ние како охриѓани, сите туристички чинители, ова лето се соочуваме со еден од најголемите и најспецифични предизвици, а тоа е заштита и превенција од Корона вирусот „Ковид 19“ за време на туристичка сезона. На една страна е приоритетот за заштитата на здравјето на граѓаните, а од друга страна се економските аспекти и бенефитот за туристичкиот сектор, кој претрпе најголеми загуби поради актуелната здравствена криза.Иако постојат јасно дефинирани Протоколи за работа на сместувачките капацитети, угостителските објекти и плажите, кои ги донесе Владата на Република Северна Македонија по предлог на Комисијата за заразни болести, најголемата заштита единствено може да се темели само на поединечната одговорност на граѓаните во делот на почитување на сите пропишани мерки за заштита.Сите сме сведоци дека последните десетина дена Охрид е преполн со туристи, а нивниот број традиционално очекуваме да биде најголем во текот на престојниот продолжен викенд. Поради тоа вчера одржавме состанок на Општинскиот кризен штаб  на кој донесовме неколку заклучоци.Наредните неколку денови сите надлежни институции на централно и на локално ниво ќе делуваат координирано и ќе ги вложат сите напори за почитување на законските прописи и протоколите за заштита од Корона висусот „Ковид 19“.Најголемиот проблем во моментот за сите надлежни институции се најавите за организација на бројни музички настани на повеќе локации на отворено, за кои има голем интерес од страна на туристите.Кризниот штаб на Општина Охрид упати препорака до организаторите да не ги организираат и одржуваат настаните доколку немаат капацитети за почитување и спроведување на Протоколот за начинот и условите за организација на настани, кој го донесе Владата на Република Северна Македонија. Исто така Кризниот штаб упати и апел односно препорака и до сите сопственици на локации на кои се закажани овие настани, да не ги изнајмуваат локациите за организација на настани од масовен тип, доколку не постојат услови за почитување на одредбите од овој Протокол.Во моментот ЈП „Билјанини Извори“ има евидентирано резервација на два термини за одржување на јавни музички настани на Градскиот стадион на 7-ми и 8-ми август од страна на една музичка продукција.Просторот на градскиот стадион ќе биде изнајмен и настаните ќе се одржат, само доколку се утврди дека продукцијата ги поседува сите капацитети за да може да го испочитува во целост претходно споменатиот Протокол.Истото се однесува и на просторот во поранешната касарна. Во моментот немаме издадено дозвола за одржување на концертите на оваа локација иако менаџерските куќи ги промовираат настаните и термините за одржување. Значи нема да биде издадена дозвола за користење на просторот, доколку организаторите не ги поседуваат сите капацитети утврдени во одредбите од Протоколот.Општина Охрид не е надлежна за останатите јавни локации во Охрид каде што се закажани концертни случувања и други настани на отворено и единствено може да апелира за почитување на  пропишаните мерки за заштита, изјави градоначалникот Георгиески.Градоначалникот информираше дека со цел да се зголеми почитувањето на мерките за заштита од Корона вирусот „Ковид 19“, Општина Охрид од денес ќе започне Кампања за подигање на јавната свест кај посетителите. Веќе се подготвени промотивни флаери, кои ќе се делат на повеќе јавни локации.https://www.facebook.com/ohrid1/videos/3255664234477144/UzpfSTQ3NTExMTQzMjk5Njc5Mjo5MTkxOTM1OTE5MjE5MDU/ 

Македонија | пред 5 години

montazna-bolnica-4

(ФОТО) Целосно е поставен новиот монтажен објект на Клиниката за пулмологија и алергологија

Министерството за здравство информира дека во рекордно време, за помалку од две недели, заврши поставувањето на новиот монтажен објект - амбулантско поликинички оддел на ЈЗУ Клиника за пулмологија и алергологија, лоциран на просторот меѓу Институтот за патофизиологија и Институтот за ТБЦ.Во новиот објект се наоѓаат четири амбуланти и кабинети со спирометрија, за дифузија и бодиплетизмографија, за бронхијална провокација, за гасни анализи во крвта, за алерголошки тестирања и за ЕКГ, како и две засебни простории за дневни болници за сместување амбулантските пациенти. Сето ова е придружено со сите потребни помошни простории, тоалети и гардеробери за персонал, засебни тоалети за пациенти, чекални, административни соби, стерилни остави, сервер соба, климатизација и слично. Целиот простор ентериерно и екстериерно е оформен така да не постојат бариери и препреки за лица кои користат помагала и лица со попреченост, за кои се предвидени и специјални тоалети согласно стандардите.Во наредните денови се очекува да заврши и опремувањето на внатрешноста со инвентар, немедицинска и медицинска опрема која е донација од Здружението на граѓани Обединета Македонска Дијаспора, а кон средината на август објектот ќе биде целосно готов за прием на пациенти.Поставувањето на новата монтажна амбуланта е со цел оние пациенти кои имаат било каква белодробна симптоматологија целосно да се одделат од сите други пациенти, и во амбуланскиот дел да се направи тријажа на пациентите. Ова е важно за наредниот период, за есенските месеци, во кои што бројот на пациенти со белодробни заболувања вообичаено значајно се зголемува.Од Клиниката за пулмологија појаснуваат дека пациентите со белодробни заболувања, заради хроничната болест на белодробниот систем се во најризичната група за добивање Ковид-19, како и за развивање тешки компликации од вирусот, затоа е посебно значајно поставувањето на монтажната амбуланта, која ќе ги исполнува најсовремените стандарди за работа.

Скопје | пред 5 години

116345717_3410709035614295_5541675502247695804_o

ДА МУ ЈА ВРАТИМЕ НАСМЕВКАТА: 7-годишниот Горазд од Берово настрада во сообраќака, потребна му е наша помош за лекување!

Горазд Лиговски од село Митрашинци, Берово е 7 годишно детенце кое во неделата попладне на ден 26 јули 2020 година во сообраќајна несреќа беше тешко повредено на дел од горниот екстремитет при што во моментот со ампутирана рака се наоѓа во болница Аџибадем Систина.Трошоците за лекување и рехабилитација на Горазд се околу 500.000 денари, досега трошоците ја надминаа сумата од 250.000 денари, при што за понатамошно лекување и рехабилитација ќе бидат потребни најмалку уште толку.Да бидеме хумани да се солидаризираме и да им помогнеме на родителите да ја надминат тешката ситуација со што ќе успеат да ја обезбедат потребната сума за малиот Горазд.Семејството прави напори да се обезбедат телефонски линии за донации за Горазд, а во текот на денот ќе се изготви и fundraiser за директни донации за Горазд на фејсбук.Во меѓувреме ова се сметките за донации за малиот Горазд.МК Сметка: 200002007841113 на име Весна Бошковиќ-Лиговска; Стопанска Банка АД Скопје.

Македонија | пред 5 години

sakir

Реисот на ИВЗ има коронавирус, се заразил од контакт со позитивно лице

Новоизбраниот реис на ИВЗ, Шаќир Фетаху е заразен со короанвирусот. Тој информацијата ја објави на социјалните мрежи каде соопшти дека нема никакви здравствени проблеми, ниту симптоми. Според него, тој сам решил да се тестира, а тестот бил позитивен.„Во моментов, сè е нормално. Јас се придржувам до медицински препораки и сум во домашна изолација“, објави Фетаху.Од ИВЗ пак, велат дека кај нив во изминатиот период имало неколку лица кои биле позитивни на вирусот. Портпаролот Агрон Војника за „А1он“ вели дека кај нив се почитуваат препораките, но потврди и дека поглаварот имал контакт со лица кои биле претходно заразени.„Имаше неколку заразени, доаѓаа гости. Имавме 100 проценти заштита со ракавици, маски, се. Но, оваа болест не знаете од кај може да дојде. Шефот на кабинет на реисот исто така го прележа вирусот, има еден негативен тест, а чека второ тестирање. Јас исто така бев во изолација“, вели Војника.За разлика од претходните години, годинава поради состојбата на реисот, честитката за празникот Курбан Бајрам ја испрати електронски преку медиумите до сите верници.

Македонија | пред 5 години

viber_image_2020-06-19_11-08-46

(ФОТО) Пејачите му покажаа заби на Шилегов, Стефановски му порача да не ја чепка Универзална

Не го чепкајте храмот, порача најдобриот македонски гитарист Влатко Стефановски, кој е само еден од бројните македонски музичари, уметници, артисти кои се приклучија кон критиките од јавноста и граѓаните кон општинските власти и најавата за уривањето на Универзалната сала.Не го чепкајте храмот во кој настапувале Реј Чарлс, Џими Смит, Мек Којтинер, Би Би Кинг, Херби Хенкок, Шарл Азнавур, Дејвид Брн, Фреди Хабард, Чик Кореа, Брајан Фери, Мик Тејлор, Давид Силвијан, Џон Меклафлин, Џое Завинул, Лери Карлтон, Корни Група, Тајм, Ју Група, Индекси, Леб и Сол, ВС трио, Кингс оф Стрингс, Скопје Џез Фестивал… и други бројни уметници од земјава и од странство. Реновирање да, друго нееееееее, напиша Стефановски на Инстаграм.Дефинитивно треба да се направат некакви потези, превземат чекори за Универзална сала да се реновира или да се реобнови на истата локација. Универзална е уметнички музеј, дел од македонската музичка концертна историја. Таму се спомените и почетоците на многу уметници, но и на конзументите на уметноста.Се надевам дека ќе се има слух за да не се урива, туку  ќе пронајде соодветно решение и Универзална ќе го врати стариот сјај како порано“, изјави Влатко Лозаноски – Лозано за „Вистина“.Ребека, во својство на естраден уметник и како еден од основачите на здружението на граѓани за лица со дисфунцкии, хендикеп, ретки болести и посебни потреби „Дајте ни крилја‘‘  се огласи на социјалните мрежи потенцирајќи ја важноста и неопходноста од постоењето на Универзална сала. И тоа не само културен храм, туку и место каде хуманоста безброј пати се покажала на дело, а таа била сведок, протагонист и непосреден учесник и во двете: И во естрадно-уметничките перформанси и во хуманитарните настани и настапи.Владимир Блажев – Панчо уште пред неколку дена повика на бурни реакции.На вчерашниот брифинг скопскиот градоначалник Петре Шилегов се обиде да го оправда распишувањето на Конкурсот за градење на летна сцена на местото на култниот објект. Потенцираше дека досега никој нема донесено каква било одлука за Универзална сала, туку дека има три проекти за Универзална и три опции за тоа што ќе се гради.Првата опција е да се гради нова сала на постојната локација, втората на нова ликација и последната за реставрација на постојната и изградба на нова мултимедијална сала на нова локација. Јас лично би сакал да се реализира третата опција. Со тоа, Универзална во постојната големина би останала, а Скопје би добил нов објект во кој би биле сместени и други културни институции како Театарот за деца и млади, Танец, а би имало и конгресен центар. Јас овие идеи ги отворам, за нив да се произнесе и Владата, стручната јавност но и граѓаните. Ако треба, ќе имаме и референдум за ова прашање, рече Шилегов.Претходно и поранешниот градоналалник Коце Трајановски, како и советниците во Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека зад рушењето на Универзална сала се кријат бизнис-интереси, а Шилегов мора да ѝ даде одговори на јавноста.Локацијата на салата е во истата градска четврт во која се наоѓа и кругот на поранешната фабрика „Треска“, каде со измена на градежниот урбанистички план се планира да се изградат 50 нови згради. За да може станбениот комплекс да се реализира ќе треба да биде застапен и соодветен процент на зеленило, па можеби ете процентот ќе биде исполнет со паркот на местото на концертната сала? Дали Универзална сала станува жртва на бизнис-интересите на градската и извршната власт, праша вчера актерката Јелена Жугиќ.

Македонија | пред 5 години

policija-ohrid

Стотици граѓани казнети бидејќќи не носеле маски

Во текот на изминатото деноноќие по однос на мерката за носење заштитна маска регистрирани се 355 прекршоци, информираат од МВР.Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Денеска и утре земјава со температури од жолта (алертна) фаза, еве ги препораките од МЗ

Според најавата од Управата за хидрометеоролошки работи, информираме дека во текот на следниве два дена (денеска - четврток и утре - петок), целата територија на државата ќе биде зафатена со температури од жолта (алертна) фаза.Согласно Акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението, потребно е да се почитуваат општите мерки за заштита на здравјето, како што се:- Во текот на екстремно топли денови да се остане повеќе во затворени простории (пред се климатизирани), а при неопходен престој на отворен простор во овој период, да се најде можност за почести одмори под сенка;- Да се носи светла и лесна облека, а при директна изложеност на сонце да се носат заштитни очила и капа и да се користи крема со висок заштитен фактор;- Да се внесува помало количество храна, претежно овошје и зеленчук, а помалку масна храна;- Да се внесуваат големи количества течности, најдобро обична вода за пиење, а да се избегнуваат алкохолните пијалаци;- При влегување во возило, потребно е тоа одреден период да се проветри;На хронично болните лица се препорачува редовно да ја земаат препишаната терапија, во консултација со матичните лекари.Поради високите температури и зголемената можност за појава на труења со храна и цревни заразни заболувања, се препорачува задолжително миење на земјоделско-градинарски производи (свеж зеленчук и овошје) пред нивна употреба, термичка подготовка на храната и нејзино консумирање веднаш по подготовката.Комисијата за следење на ефектите од високите температури при Министерството за здравство во континуитет ја следи состојбата и по потреба ќе предлага мерки и активности за минимизирање на евентуални штетни ефекти од високите температури.

Македонија | пред 5 години

rampi

Рампите во Стариот дел на Охрид ќе бидат ставени во функција

Општина Охрид и ЈП „Билјанини Извори“ ги информираат жителите и туристите кои престојуваат во Охрид дека од вечерва на полноќ 31.07.2020 година (петок) ќе бидат ставени во функција поставените рампи за влез и излез во стариот дел на градот.Возилата во овој дел на градот ќе може непречено да сообраќаат само доколку ги имаат регулирано своите обврски согласно актите донесени од страна на Општина Охрид, односно поседуваат картичка за движење во овој дел од градот. Оваа мерка е дел од утврдениот режим на сообраќај за старото градско подрачје и Правилникот за издавање на картички за движење на моторни возила.Функционирањето на рампите ќе биде регулирано електронски од поставената куќарка за наплата на паркинг на улица „Македонски Просветители“ и ќе биде следено преку 24 часовен видео надзор.Жителите кои не поседуваат картички за движење со возила во стариот дел на градот, треба да се обратат во Секторот за комунален развој, сообраќај и улици во Општина Охрид.

Македонија | пред 5 години

plaza-5

Владиниот проект „Дома си е дома“ помош за два туристички сектори, а каде се туристичките агенции?

„Туризмот на респиратор“,„Ни треба помош сега и веднаш“, „Триста туристички агенции ќе стават клуч на врата“, „Државата ќе загуби милионски суми од даноци“, „Автобусите ќе останат паркирани“, „Помош за агенциите значи спас за туризмот“, се само дел од транспарентите на денешниот мирен протест што го организираа туристичките работници.Тие се одлучија јавно да кренат својот глас, по проблемите кои им ги зададе пандемијата, со што се загрози опстанокот на многу туристички агенции, а со тоа и над 700 агенции ќе ставам клуч на своите компании, а  5000 вработени би останале без работа.Македонија е целосно затворена и граѓаните можат да патуваат само во три држави: Србија, Албанија и Турција! Што преставува голем проблем во функционирањето!Владата покажа разбирање за туристичките работници. Преку кампањата „Дома си е дома“ и ваучерите кои се поделија, домашните гости ќе се одмораат во убавата Македонија, со тоа парите ќе останат во земјава, а ова пак е директна  „инекција“ за туристичкиот сектор.Но, каде се туристичките агенции во владиниот план?Ваучерите кој се доделија на граѓаните со ниски примања, не можат да се реализираат преку агенциите, туку директно во хотелите! Голем број од хотелите се одлучија да не одобруваат провизија на ваучерите на агенциите, и цените кој ги одобруваат на агенциите се полоши од тоа што директно клиентот ја добива!Генералниот менаџер на Туристичка Агенција „ВИС ПОЈ“ Охрид, Олег Маленко вели дека надлежните можеа да ги решат проблемите на туристичкиот сектор со еден потег:„Надлежните кои работеа на економските мерки можеа да ги решат проблемите на туроператорите и агенциите, хотелите и приватните станоиздавачи со еден потег. Требаше ваучерите да се користат преку лиценцирани агенции и туроператори, за сместување во домашните сместувачки капацитети. Со тоа ќе се решеа сите сектори поврзани со туристичкото работење. Вака сега имаме решени само два сектори. Ние ги задржавме сите вработени како туроператори и се надеваме во иднина дека ќе бидеме поддржани од надлежните институции. Во секој случај од голема помош ни се мерките КОВИД за ублажување на последиците и истите ги користиме. Го поддржуваме туристичкиот еснаф во сите наредни барања“, вели Маленко.Маленко додава дека туристичките агенции прв пат се соочуваат со ваква ситуација, и дека не им е својствено да бараат помош.„Сакаме само да бидеме рамноправни на пазарот и да имаме услови за работа, а не да бидеме изоставени од ваучерите, кои пак се основна алатка на туристичките агенции и туроператорите“, вели Маленко.Денеска Стопанската комора за туризам упати нови барања до Министерството за економија за втор сет мерки за поддршка за секторот, меѓу кои се и продолжување на мерката субвенционирање на плати (14.500,00ден) и придонеси до крајот на 2020г. со измена за 100% покривање на трошоците за придонеси, во дејностите Туризам и Превоз, ослободување од плаќање на ДДВ и аконтативен данок на добивка до крајот на 2020г., како и субвенционирање на зелен картон за автобусите и минибусите за 2021 година..Конститутивната седница за новиот парламентарен состав е закажана за 4 ти август. Ова дава надеж дека со формирањето на новата Влада, прашањето за проблемите на туристичкиот сектор повторно ќе стане актуелно и новата Влада ќе изнајде начин да му помогне на овој сектор. 

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Зекири: Гладна кокошка просо сонува

„Гладна кокошка просо сонува„ напиша пред неколку часа потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири на својот Фејсбук профил.Овој негов статус доага по пишувањата на весникот на албански јазик Коха, според кој дека е постигнат договор за премиер, со тоа што три години владата ќе ја раководи премиер од СДСМ и една година премиер Албанец, според  концепт на “ротирачки премиер”.Инаку информацијата дека е постигнат договор со ротирачки премир ја демантираше и генералниот секретар на ДУИ, Артан Груби.Тој на Фб напиша дека ДУИ е транспарентна партија и сите процеси ги води со вклучување и известување на граѓаните. Вели дека вестите кои се појавија во медиумите не се потврдени од нивна страна, а кога ќе има нешто ќе ја известат јавноста.

Македонија | пред 5 години

Pozar-1

(ВИДЕО) Голем пожар над Арачиново, гори селската депонија

Голем пожар избувна кај депонијата во близина на село Арачиново. Според надлежните, пожарникарите се веќе на терен и интервенираат со две возила.Според објавените фотографии на социјалните мрежи, може да се забележи дека станува збор за голем пожар.https://www.facebook.com/dragan.antonio/videos/10158607834204804/

Скопје | пред 5 години

bolnica-ohrid

И во Охрид ќе биде поставена монтажна болница со капацитет од 40 легла, со целокупна опрема, се зголемуваат капацитетите за пациенти со КОВИД 19

Кризниот штаб на Општина Охрид денеска одржа состанок на кој покрај постојаните членови, присуствуваa и претставници на Подрачната единица на Државниот пазарен инспекторат, Подрачната единица на Управата за јавни приходи и Подрачната единица на Државниот инспекторат за труд.На состанокот беа донесени следните заклучоци:-Поради зголемениот број на посетители во Охрид и во пресрет на продолжениот празничен викенд, инспекторите на државните инспекторати, заедно со екипи на Инспекторатот при Општина Охрид ќе спроведуваат заеднички и координирани контроли и ќе вршат инспекциски надзор на плажите, угостителските и сместувачките капацитети, во делот на почитување на законските прописи за поставување на урбана опрема и почитување на протоколите за превенција од Корона вирусот „Ковид 19“;-Поради најавите за организација на бројни музички настани на повеќе локации на отворено, на кои се очекува да присуствуваат голем број на посетители, Кризниот штаб на Општина Охрид упатува препорака до организаторите да не ги организираат и одржуваат настаните, доколку немаат капацитети за почитување и спроведување на „Протоколот за начинот и условите за организација на настани“, кој го донесе Владата на Република Северна Македонија. Исто така, се упатува препорака и до сопствениците на локации на кои се закажани овие настани, да не ги изнајмуваат локациите за организација на музички настани од масовен тип, доколку не постојат услови за почитување на одредбите од овој Протокол;-Во тек се активности во делот на зголемување на капацитетите на Општата Болница во Охрид, при евентуален поголем прилив на заразени од „Ковид 19“. Според најавите, ќе биде поставена монтажна модуларна болница со капацитет од 40 легла, со целокупна опрема. Во текот на наредниот период, службите на Општина Охрид ќе започнат со подготвителни градежни активности во кругот на болницата. Ќе се работи на тампонирање на просторот каде што ќе бидат поставени објектите и ќе се врши асфалтирање на дел од улиците во болничкиот комплекс;-Поради зголемениот број на туристи во градот, Општина Охрид деновиве ќе спроведе Кампања за подигување на јавната свест во делот на почитување на мерките за заштита и превенција од Корона вирусот „Ковид 19“, која ќе се одвива на повеќе јавни локации и на социјалните мрежи;-Се упатува препорака до трговците, угостителите, хотелските и сместувачките капацитети да ги почитуваат сите протоколи за работа во текот на наредниот период;– Се упатува препорака до жителите на Охрид и туристите кои во моментот престојуваат во градот, максимално да ги почитуваат сите мерки за заштита и превенција од Корона вирусот „Ковид 19“: да се носат заштитни маски; да се одржува потребна дистанца и да се одржува лична хигиена според препораките.

Македонија | пред 5 години

noze-zena-bolna

Министре Филипче: ВЕ ЗАМОЛУВАМ да испратите амбуланто возило со лекарски тим, да земе една самохрана мајка да ја излекувате

ФБ статус од кој ќе ви се насолзат очите.Добровечер господине Филипче - министер за здраство!Добровечер Македонијо!Господине Филипче пред две години на истиов начин ви се обратив за слична ваква ситоација и навистина ви бев благодарен за брзата реакција и помош која што ја понудивте.Денес пак ВЕ ЗАМОЛУВАМ да испратите едно амбуланто возило со лекарски тим, да ја земете госпоѓа Тања од населба Драчево, да ја сместите во болница и да ја излекувате.Почитуван Министер за здраство, почитувани сограѓани, Тања е самохран родител, беспомошна за работа, социјалната помош и ја укинале бидејки можела да оди со штаки а тоа значи ќе можела да работи (на сликата погледнете и ги нозете).Почитувани, Тања од денес одлучила да застане пред стокомак во населба Драчево и да бара милостина од сите нас за да се прехрани со ќеркичката и да може да си купи лекарства.Тања средовечна жена, многу е културна, срамежлива, тивка, со насолзени очи и испружена рака бара спас од сите нас.Контакт телефон за кој сака да и помогне 076/638-475За крај ќе ви пренесам една убава реченица од еден земјоделец (албанец по националност) кој што од спротива продаваше зеленчук па откако со Тања го завршив разговорот и и подадов колку што ми се можностите, преминав кај земјоделецот да купам нешто од неговите производи. Откако го избрав производот го прашав колку сум должен а тој ми рече: "ДЕНЕС ТВОЈАТА ПОМОШ КОН ОНАА ЖЕНА НЕКОЈ ОДОЗГОРА ЈА ЗАПИША, ЗЕМИ ГО ЌЕСЕТО СО ПРОИЗВОДИТЕЗА ДА ТОЈ ОДОЗГОРА И МЕНЕ МЕ ЗАПИШЕ ПОКРАЈ ТЕБЕ ДОБАР ЧОВЕКУ" - господине Филипче и вас нека ве запише Тој одозгора за сторено добро дело, ВЕ ЗАМОЛУВАМ🙏 https://www.facebook.com/vlado.avramovski2/posts/3133657193376471 

Македонија | пред 5 години

grubi

Груби вели дека вестите кои се појавија во медиумите не се потврдени од нивна страна

По објавата на Коха дека е договорено парламентарно мнозинство и за Албанец премиер, Артан Груби од ДУИ на Фејсбук напиша дека ДУИ е транспарентна партија и сите процеси ги води со вклучување и известување на граѓаните.Вели дека вестите кои се појавија во медиумите не се потврдени од нивна страна, а кога ќе има нешто ќе ја известат јавноста.Според она што го пишува, детали не се договорени иако имало пост изборни разговори со СДСМ, како што додава за доброто на граѓаните и на државата.https://www.facebook.com/GrubiArtan/posts/10221052833984447

Македонија | пред 5 години

turisticki-rabotnici

Туристичките работници: „Државата да покаже дека ни е партнер“

„Туризмот на респиратор“,„Ни треба помош сега и веднаш“, „Триста туристички агенции ќе стават клуч на врата“, „Државата ќе загуби милионски суми од даноци“, „Автобусите ќе останат паркирани“, „Помош за агенциите значи спас за туризмот“, беа само дел од транспарентите на денешниот мирен протест што го организираа туристичките работници.Туристичките работници апелираа дека веќе пет месеци не работат и не остваруваат никаков профит, поради што не можат да ги подмират тековните трошоци и обврски, а доведена е во прашање и нивната егзистенција. Доколку ваквата ситуација продолжи, ќе бидат приморани да стават клуч на врата.Тие пред Владата уште еднаш ги искажаа своите барања и предупредија дека ако државата не реагира веднаш, секторот ќе колабира. Околу 5.000 семејства, рекоа, ќе останат без приходи и исто толку лица ќе треба да се пријават во Агенцијата за вработување.Денеска Стопанската комора за туризам упати нови барања до Министерството за економија за втор сет мерки за поддршка за секторот, меѓу кои се и продолжување на мерката субвенционирање на плати (14.500,00ден) и придонеси до крајот на 2020г. со измена за 100% покривање на трошоците за придонеси, во дејностите Туризам и Превоз, ослободување од плаќање на ДДВ и аконтативен данок на добивка до крајот на 2020г., како и субвенционирање на зелен картон за автобусите и минибусите за 2021 година.Иако уште во јуни директно ги доставија барањата во Министерството за економија, а потоа уште еднаш апелираа на сериозноста на ситуацијата, туристичките работници попладнево повторија дека очекуваат Владата да одговори конкретно како може да помогне.

Македонија | пред 5 години

filipce

Филипче: Состојбата е стабилна, се подготвуваат дополнителни инфективни одделенија во сите општи и клинички болници за есе

Во изјава за телевизија Телма, министерот за здравство доц. Д-р Венко Филипче ја оцени ситуацијата во Ковид-19 стабилна во однос на тоа што повеќе време наназад, од вкупно направените тестови, позитивни се околу 10 до 15 проценти, a со широкиот пристап на тестирање се откриваат и голем број на асимптоматски носители на вирусот. Тој истакна дека кадарот е добро организиран со системот на ротација лекари и медицински сестри од одделенијата за интерна медицина во одделенијата за инфектологија, а болниците имаат сосема доволно капацитети со оглед на процентот на хоспитализирани пациенти. Филипче најави дека наскоро  ГОБ „8 Септември“ ќе почне со редовно работење.„Овој начин на пристап, во однос на индикацијата за тестирање, а тоа е тестирање на сите кои имаат симптоми, меѓутоа и лицата кои се контакти и имаат исклучително висок ризик, е добра стратегија којашто треба да продолжи, заради тоа што се откриваат огромен број асимптоматски носители и со тоа се ставаат во изолација и на тој начин се спречува ширењето на инфекцијата. Еден од најдобрите индикатори како е сега ситуацијата е капацитетот во болниците - има сосем доволно слободни кревети на Инфективната клиника и во ГОБ „8 Септември“. Ние планираме веќе од следната недела да почне и распоредување на пациентите од ГОБ „8 септември“ на Инфективната клиника, имајќи предвид дека таму има сосем доволно слободни кревети и на самата клиника, а целосно е празна и модуларната болница, за да почне редовниот програм во ГОБ „8 Септември“, пред сè во делот на ортопедијата. Добро се менаџира и со бројот на пациенти во инфективните одделенија низ државата, во клиничките и општите болници, секојдневно имаме утринска координација со директорите, во таа смисла сметам дека ситуацијата е апсолутно стабилна и под контрола.“ – изјави Филипче.Филипче се осврна на болничките капацитети кои се подготвуваат за есенскиот бран, како во однос на болничките капацитети кои биле ослободени за Ковид пациенти во ГОБ „8 Септември“, така и за дополнување на капацитетите во сите општи и клинички болници во земјава со модуларни болници, а истакна дека е направен и план за работа на анестезиолозите.„Вкупниот број кревети, кои би требало да бидат наменети за оваа патологија во ГОБ „8 Септември“ би требало да биде некаде околу 75, меѓутоа тоа што е најбитно е физички да се ослободат спратовите каде треба да се сместат пациентите со друга патологија, за што веќе има план. Исто така, има план за работа и помош од лекарите анестезиолози, кои се најбитни во тој процес за повторно воспоставување на оперативниот програм. Меѓутоа, во очекување на есенските месеци, кога очекуваме да има и поголем број пациенти заболени од ковид, но и пациенти заболени од сезонски грип, ние го разработуваме планот за дополнување на капацитетите во сите општи и клинички болници во државата, со цел да се направат мини инфективни одделенија, по примерот на модуларната болница на Инфективната клиника во Скопје за целосно да се одделат болниците од овие одделенија и болниците да останат да ги третираат пациентите од вообичаена патологија. Овие инфективни одделенија ќе ги третираат пациентите заболени од ковид,  физички се одделени, затоа што тоа се сепак пациенти на кои им се потребни и посебни услови.“ – истакна Филипче.Тој информира дека за овој проект кој во текот на следната недела ќе го предложат пред јавноста, се разговара за можноста да биде финансиран од кредитот од Светска банка.„Во текот на утрешниот ден имаме работен состанок на којшто ќе ги образложиме пред експертите на Светска банка сите аспекти на овој проект, при што тоа подразбира подобрување и надградување на инфраструктурата во смисла на болнички кревети, како и на лабораториите, во смисла на тоа секоја болница има своја лабораторија за брзо тестирање, резултати кои ќе бидат готови за 45 минути, и секако планот за распределување на младите лекари, кои се сега лиценцирани пред неколку недели. Голем број од младите колеги, кои завршија и добија лиценци за работа покажаа интерес да работат со овие пациенти. Така што сметам дека ова е еден модел којшто ќе даде одлични резултати, и тоа што со надрадување на сите овие капацитети што ги спомнав и физичкото одделување на пациентите заболени од ковид, ниту една друга вообичаена работа нема да биде компромитирана, ниту ќе се создаваат листи на чекање. “ – вели во изјавата за Телма, министерот Филипче.

Македонија | пред 5 години

zaev-dhe-ahmeti-sot-do-te-bisedojne-per-ndryshimet-e-paralajmeruara-ne-pushtetin-ekzekutiv_5ce3d09a1efc1-750x405-696x376

Коха: Договорена е коалицијата СДСМ, ДУИ и ДПА

Рамките за соработка на владата за следните четири години веќе се поставени. Весникот Kоха дознава дека коалицијата СДСМ-БЕСА ќе коалицира со ДУИ на Али Ахмети, а дел од Владата ќе биде и ДПА, на чело со Мендух Тачи. Со ова, парламентарното мнозинство ќе има 62 пратеници.Официјални лица од обете политички партии потврдуваат за Kоха дека официјализирањето на коалицијата ќе се случи по 4 август, кога се очекува Заев, Ахмети и Билал Касами да ја официјализираат следната влада на јавна средба.Kоха исто така дознава дека е постигнат договор за премиерското место - за СДСМ 3 години и 1 година за ДУИ. Останува само да се договори која партија ќе го има ова место во првата година, велат високи функционери од обете страни за весникот Коха.

Македонија | пред 5 години

soob-2

Сообраќајна несреќа кај Кичево се судрија автомобил и камион за мешање бетон, има повредени

Кај Кичево, во близина на касарната, се случи тешка сообраќајна несреќа, во која учествуваа автомобил и камион за мешање бетон. Во незгодата има и повредени. На местото на настанот има полиција која врши увид, а возилата се пропуштаат наизменично. 

Македонија | пред 5 години

Ohrid-soba

(ФОТО) Со цел да го оцрни Охрид, твитерџика постирала слика од хотел во Лондон

Деновиве Охрид е преполн. Во Охрид претежно летуваат домашни гости. Но како велат, „туѓото е послатко“. За жал пост на ФБ  покажува дека не знаеме да си го чуваме домашното.Гостинка сакајќи да го прикаже Охрид во лошо светло, се пожали дека добила многу мала соба, при тоа приложила фотографија, но не од Охрид, туку од хотел во Лондон.-Какви приказни не измислуваат луѓево за да го оцрнат Охрид еј... Еве ви пример од денес, некоја твитерџика, твитнала приказна која никогаш не се случила, и демек и дале многу мала соба, а уствари сликата што ја ставила е од хотел во Лондон...Немам коментар... Луѓево се забегани.https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10223050144223573&set=pcb.10223050159623958&type=3&theater

Македонија | пред 5 години

koronavirus-test

Денеска нови 188 нови случаи на ковид 19, оздравени се 268 пациенти– починати се 5 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1971 тестирања, а регистрирани се 188 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-44, Куманово-21, Дебар-1, Штип-18, Тетово-24, Струга-21, Велес-1, Битола-5, Охрид-6, Кавадарци-3, Гостивар-23, Крива Паланка-1, Кочани-1, Пробиштип-2, Демир Хисар-1, Македонски Брод-3, Кичево-10, Ресен-1, Неготино-2.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 268 оздравени пациенти од: Скопје-105, Куманово-23, Дебар-2, Штип-1, Прилеп-1,Тетово-41, Струга-22, Велес-5, Битола-3, Охрид-19, Гостивар-12, Радовиш-1, Пробиштип-3, Демир Хисар-1, Св.Николе-12, Кичево-13, Ресен-4.Починати се 5 лица, пациентка од Скопје (62г.), пациент од Битола (74г.), пациентка од Куманово (78г.), двајца пациенти од Тетово (61г. и 76г.). Четири пациенти се починати во болнички услови, а еден вонболнички.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 10503,  бројката на оздравени пациенти е 5931, на починати е 476, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4096. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 4743, активни 1803• Куманово 1023, активни 291• Дебар 193, активни 123• Штип 792, активни 436• Прилеп 327, активни 54• Тетово 1024, активни 251• Струга 439, активни 190• Велес 213, активни 16• Битола 127, активни 66• Охрид 271, активни 86• Кавадарци 54, активни 37• Гостивар 416, активни 251• Гевгелија 22, активни 11 (*7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 3 на Богданци)• Струмица 35, активни 23• Крива Паланка 23, активни 9• Радовиш 29, активни 23• Крушево 15, активни 9• Кочани 97, активни 24• Пробиштип 50, активни 28• Демир Хисар 26, активни 23• Македонски Брод 19, активни 15• Пехчево 6, активни 0• Берово 4, активни 1• Валандово 6, активни 0• Виница 8, активни 4• Делчево 5, активни 4 (*4 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 13, активни 8• Свети Николе 220, активни 180• Кичево 134, активни 89• Ресен 144, активни 36• Неготино 25, активни 5 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 1971 тест се преку: ИЈЗ-956, ЦЈЗ Скопје-24, Авицена-126, Биотек-119, МАНУ -147, Жан Митрев (Филип Втори)-261, Систина со PCR метода -137, Лаор-104, Судска медицина -11, ЦЈЗ Битола-54, Инфективна клиника-18, ГАК-14. Досега во земјата се направени вкупно 99615 тестирања на ковид -19.  Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 9 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 86 пациенти. На кислородна поддршка се 40 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.Во болницата во Козле се хоспитализирани 10 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 4 позитивни деца и 4 пациенти суспектни на вирусот.Во ГОБ „8 Септември“ примени се 7 нови, вкупно хоспитализирани се 98 пациенти. На респираторна машина се 5 пациенти.Во болницата во Битола се хоспитализирани 37, а во болницата во Штип се хоспитализирани 49 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 117 пациенти - позитивни и сомнителни на ковид-19.Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)• Чаир – 257• Аеродром - 193• Бутел - 125• Гази Баба - 177• Центар – 150• Карпош – 158• Сарај – 104• Кисела Вода – 177• Ѓорче Петров – 120• Студеничани – 82• Шуто Оризари – 127• Арачиново – 36• Илинден – 26• Петровец – 19• Чучер Сандево – 12• Сопиште – 21• Зелениково- 8• Странец – 7• Нераспределен- 4 

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања