Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

plaza-5

За два дена казнети 216 лица - не носеле заштитна маска на плажа

Oд 28 до 30 јули, по плажите на охридското крајбрежје, во полициските контроли констатирани се 216 лица кои не носеле заштитна маска. Како што информираат од полицијата, ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид-19. По овој основ, во Охрид во текот на јуни и јули изречени се вкупно 672 барања за поведување прекршочна постапка. 

Македонија | пред 5 години

plaza-5

Пазарните инспектори немаат казнето ниту една од фирмите кои поставуваат лежалки и маси - не знаат кој е легален стопанственик

На трите плажи „Градиште“ не се почитувала дистанцата од два метри како мерка за заштита од коронавирусот, но пазарните инспектори немаат казнето ниту една од фирмите кои поставуваат лежалки и маси, бидејќи плажите немаат легален стопанственик.Цветко Ристески, раководител во Пазарната инспекција за охридскиот регион, вели дека се прибираат информации за прекршителите на мерките, а инспекторите вечерва ќе отидат на плажите за да се сретнат со управителите бидејќи претходно не можеле да ги најдат. Потоа, според него, ќе се одлучи дали фирмите ќе заработат прекршочна казна или ќе се оди чекор понатаму, па ќе бараат кривична одговорност.„На ‘Градиште’ е проблематично. Не може да се обезбеди кој е вршител на дејноста, а во текот на денов, дадовме задолжувања инспекторите вечерва повторно да отидат на плажите, бидејќи лицата кои ги затекнавме се правдаа дека управителот не е тука, во Скопје е. На плажата нема дистанца. Главниот проблем не е во објектите, туку надвор од нив. Ако се констатираат прекршоци, ќе се поднесе прекршочна пријава, а ако повторно не се почитуваат мерките ќе се бара кривична пријава и построга санкција. Прекршочните пријави, според Законот за угостителска дејност се движат од минимални 250 евра до 1000 евра. Контролата по другите плажи покажа дека се почитуваат мерките за заштита од вирусот, но само на оние кои имаат организатори. На пример, пред хотелот ‘Метропол’ се беше во ред, а подолу, спрема универзитетското одморалиште каде има слободна плажа, немаше дистанца. Исто е и со плажата ‘Горица 3’“, вели Ристески за „А1он“.Според него, Охрид има проблем со капацитетите кои се помали споредено со бројот на туристи кои доаѓаат. Тој вели дека се координираат до сите институции и очекува сите да ги преземат потребните мерки за да се справат со прекршителите.„Пред бродовите е хаос, полно е со деца, и млади, не одржуваат дистанца. Тоа е под надлежност на бродската служба и тие треба да се справат со проблемот“, вели Ристоски.Ристоски вели дека инспекторите досега не се соочиле со притисоци и закани при постапување и казнување на лица кои не ги почитувале мерките за заштита од вирусот.

Македонија | пред 5 години

policija-ohrid

Засилени полициски контроли во Охрид

Засилени контроли во Охрид. Во текот на престојниот празничен викенд полицијата во Охрид ќе се преземе интензивни превентивни и други мерки со цел зачувување на стабилната безбедносна состојба.Полициските службеници најавуваат дека ќе вршат засилени патролни служби во централното градско подрачје, во периферните делови, по плажите и на паркинг-просторите со цел спречување кражби на вредни предмети по крајбрежието или од паркирани автомобили. Контроли (самостојни, но и во соработка со пазарната инспекција) ќе се вршат и во угостителските објекти, а целта е доследна примена на безбедносно-хигиенските мерки за заштита од Ковид-19, но и почитување на одредбите од Законот за угостителство и другите законски одредби.Во сообраќајот ќе има физичко присуство на полициски службеници кои ќе го регулираат сообраќајот и ќе преземаат мерки за поголема сообраќајна безбедност. Полицијата апелира до граѓаните доследно да ги почитуваат безбедносно-хигиенските мерки, поставената сообраќајна сигнализација, но и да придонесат за стабилна состојба во областа на јавниот ред и мир.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Мијалков: Доколку Мицкоски му дозволи на Заев да ја направи новата влада, да ја ослободи партијата

Ексдиректорот на УБК, како и поранешен партиски функционер, Сашо Мијалков го обвини лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека преку медиумите шири лаги за него и му порача да го искористи времето додека претседателот на СДСМ, Зоран Заев е на одмор, за да ги убеди партиите на Албанците да коалицираат со него.Реакцијата на Мијалков доаѓа откако Мицкоски во телевизиско гостување посочи дека ексдиректорот на УБК одработува за Заев, а пак, поради тоа, судии не закажувале судски рочишта за него. Мијалков повторно посочи дека Мицкоски не заслужува да е лидер на ВМРО-ДПМНЕ.„Мицкоски несериозно целото свое внимание и вниманието на медиумите блиски до него го насочува во објавување на лаги за мене, меѓу многуте и една голема, дека некој судија заборавил да закаже рочиште. Не заборавил никој, туку поротник замина во пензија и според законот за к.п. постапката се враќа од почеток, процес на кој не може ниту јас ниту било кој политичар да влијае. Три години не сум во раководните структури на партијата. Не учествував во изготвување на програмата, а уште помалку во изборот на кадровските решенија. Мицкоски може да лаже колку сака, но вината за поразот е каj него“, напиша Мијалков на социјалните мрежи.Мијалков му порача на Мицкоски дека одработува за Заев и со тоа што медиумскиот простор го троши за пресметка со сопартијци наместо да составува влада.„Пред изборите слушнавме десетици обвинувања за криминал со хидроцентралите, за сомнителни исплати од ЕЛЕМ, за незаконско финансирање на кампањата, за сомнителни договори за локалните избори во Охрид, па дури и за непотизам при вработувањето на факултет. Сепак нема кривична постапка за ниту еден предмет, а уште помалку притвор за Мицкоски. Малку е чудно што Мицкоски обвинуваше дека Заев го контролирал судството и обвинителството, а сега за него нема ни притвор, ни пријава. Затоа легитимно се поставува прашањето дали цената на амнестијата на Мицкоски е губење на изборите и уште колку избори Мицкоски треба да загуби?“ додава Мијалков.Тој смета дека доколку Мицкоски му дозволи на Заев да ја направи новата влада и не успее да испреговара поинакво мнозинство, дефинитивно треба да си замине и да ја ослободи партијата.

Македонија | пред 5 години

mars-ilinden

Свеченостите по повод државниот празник Ден на Републиката – Илинден ќе се одржат без масовни народни собири

Во организација на Владата на Република Северна Македонија, во координација со Претседателот на Република Северна Македонија и со Собранието на Република Северна Македонија, на 2 август, по повод Денот на Републиката – Илинден, ќе се организираат свечени програмски содржини посветени на големиот државен празник, кои оваа година ќе се реализираат согласно препораките од протоколот за одбележување државни празници на Комисијата за заштита од заразни болести.Тие услови оваа година, заради пандемијата со КОВИД-19, ги опфаќаат, бројот на учесниците, здравствено-безбедната организација на местата каде што ќе се одржат свеченостите, транспортот и движењето до локациите, и местата за посетителите и учесниците, со обезбедена дистанца и заштита.За исполнување на препораките од протоколот оваа година содржините на програмите за одбележување се сведени на минимум, само со положување венци со свежо цвеќе на спомен обележјата, со обраќања и без традиционалната културно-уметничка програма и без народните собири на отворено и во угостителските објекти.Свеченостите во овие услови во Крушево, Пелинце и Скопје, со кои ќе бидат одбележани 76 годишнината од Првото заседание на АСНОМ и 117 години од Илинденското востание, се одржуваат со заедничкиот лајтмотив за сите настани „Победа за сите“.Програмата во Скопје ќе се одржи на настан на кој ќе се обрати претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски.Свеченоста, која што ќе се одржи на скопската тврдина Кале, ќе започне со положување свежо цвеќе на споменикот на слободата – „Сила, слава и победа“ и со исполнување на химната на Република Северна Македонија.Владината делегација на скопско Кале ќе ја предводи претседателот на Владата, Оливер Спасовски, во придружба на заменик на претседателот на Владата, задолжен за европски прашања, Бујар Османи, и министерката за финансии, Нина Ангеловска.Во продолжение на церемонијата, венци со свежо цвеќе на споменикот ќе положат и делегации на Претседателот на Република Северна Македонија, на Собранието на Република Северна Македонија, на армијата на Република Северна Македонија, на Сојузот на борците, на дипломатскиот кор, на политичките партии и на други општествено-политички организации.На свечениот дел на скопската тврдина, ќе претходи положувањето свежо цвеќе на спомениците на АСНОМ, и на спомениците на Никола Карев и Методија Андонов Ченто, во центарот на Скопје.Владината делегација што ќе положи свежо цвеќе на овие спомен обележја ја предводи министерот за локална самоуправа, Горан Милевски, кого ќе го придружуваат Музафер Бајрам, министер без ресор задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите и Јани Макрадули, заменик-министер за животна средина и просторно планирање.Оваа година Претседателот на државата Стево Пендаровски ќе се обрати на свеченоста во Меморијалниот центар Пелинце.На свеченоста во Пелинце делегацијата на Владата ќе ја предводи заменичката претседателка задолжена за економските ресори, Мила Царовска, а ќе ја придружуваат министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски и министерската без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска.Во Крушево, на Мечкин камен, настаните ќе се одбележат под покровителство на Собранието на Република Северна Македонија.Владината делегација во Крушево ја сочинуваат заменичката претседателка на Владата и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска и министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.И оваа година, како дел од официјалната програма за свечено одбележување на празникот се вклучени и содржините од Смилево, кои ќе се одржат на 1 август, во сабота, со кои ќе се чествуваат 117 години од Илинден и 78 години од првата борбена акција на Битолско – Преспанскиот Партизански Одред „Даме Груев“.Делегацијата на Владата на свеченоста во Смилево ја сочинуваат Едмонд Адеми, министер без ресор задолжен за дијаспора, министер без ресор задолжен за странски инвестиции Елвир Хасан и заменик министерот за локална самоуправа, Дејан Павлески.Целокупната програма за свечено одбележување на државниот празник Ден на Републиката – 2 август Илинден, од Скопје, Пелинце и Крушево, ќе ја пренесува во живо Националната радиотелевизија.

Македонија | пред 5 години

pistol

Обвинение за предизвикување општа опасност

Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Предизвикување општа опасност од член 288 став 1 од Кривичниот законик.Обвинетиот, на 24 јуни, со  оп­што­о­пас­но дејс­твие предизвикал  зна­чи­тел­на опас­ност за жи­во­тот и те­ло­то на тројца оштетени. Додека оштетените седеле во стан на улица „Никола Грчето“ во Чаир, обвинетиот 33-годишник, инаку нивен сосед, дошол на вратата, започнал да тропа, обидувајќи се насилно да влезе. Во обидот не успеал, бидејќи вратата била заклучена, па започнал да им се заканува.Потоа тој се симнал во дворот позади зградата и од таму започнал да пука кон прозорците и фасадата на станот на оштетените. Од пиштол од непозната марка испукал осум куршуми со калибар 6,35 мм. За да не бидат повредени, оштетените се скриле во спалната соба и настанот го пријавиле во полиција.Ценејќи дека и натаму постојат законските основи поради кои на обвинетиот првично му беше определена мерка притвор, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за продолжување на притворот за ова лице.​

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

СВР Скопје поднесе кривична пријава за „даночно затајување“

Единицата за економски и компјутерски криминал- СВР Скопје при Бирото за јавна безбедност поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против Н.Ј.(56), поради постоење основано сомнение дека сторила кривично дело „даночно затајување“, казниво по член 279 од Кривичниот законик. Пријавената Н.Ј. во текот на 2018 година во 63 наврати реализирала приливи на девизни парични средства од повеќе физички лица од Р.Турција, по пат на брз трансфер на пари, во вкупен износ од 25.750 евра или 1.583.655 денари при што, со намера да одбегне плаќање на персонален данок на доход во износ од 10% од износот на примените средства, не ги пријавила како друг доход и не поднела годишна даночна пријава за 2018 до Управата за јавни приходи.Имено пријавената, согласно одредбите на член 12 од Закон за персоналниот данок на доход, била должна за овој износ да пресмета и плати персонален данок на доход во износ од 158.365,575 денари, кој претставува „износ од поголема вредност“, за кој го оштетила Буџетот на Република Северна Македонија. 

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

МВР: Лажни покани до граѓани за истрага за измама во банка во име на Несторовска

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека денеска до одредени граѓани и правни лица од страна на сторител кој лажно се претставува во име на МВР, односно во име на државниот секретар Магдалена Несторовска, се упатени лажни покани во врска со наводна тековна истрага за измама во банка. Апелираме до граѓаните да не наседнуваат на ваквите измами. Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР презема мерки и активности за законско санкционирање на сторителот. Ги известуваме граѓаните дека Министерството за внатрешни работи не користи електронска пошта за испраќање на покани до граѓани во врска со спроведување на истраги, туку тие покани се испраќаат во хартиена форма, со соодветна процедура. Апелираме до граѓаните воопшто да не ги отварат овие електронски пораки.

Македонија | пред 5 години

filipce1

Филипче: Направена нова кадаверична трансплантација, двајца пациенти добија бубрег од починат донор

Министерството за здравство информира дека утрово на Клиниката за Урологија беа експлантирани два бубрега од 46 годишен пациент кај кој вчера беше потврдена мозочна смрт.„Во моментов, во тек е првата трансплантација на бубрег кај 35 годишна девојка која веќе неколку години е на дијализа, по што ќе следи и втората трансплантација. За жал, овој пат немавме соодветен примател на срцето и тоа нема да биде трансплантирано. Се заблагодарувам на семејството на донорот, кое во моментите на најголема болка одлучи да ги донира органите и да спаси уште најмалку два животи. Да се донесе одлука да се даруваат органите на блискиот во моментите кога го губите засекогаш, е тешко. Потребно е многу сила, многу љубов и хуманост да мислите на нечиј туѓ живот кога го губите саканиот. Луѓето кои носат вакви одлуки се посебни. Бескрајно сме им благодарни што уште еднаш ни покажаа дека живот сепак може да се подари“, изјави министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче.Ова е втора кадаверична трансплантација и четврта од жив донор годинава. На 23 мај од починат донор се трансплантираа срце и бубрези. Претходно имаше уште четири трансплантации на бубрези од жив донор. Во период кога здравствениот систем е под притисок на пациенти со ковид-19, Програмата за транплантација продолжува да се реализира.

Македонија | пред 5 години

struja

Поскапува струјата

Цената на струјата за домаќинствата ќе се зголеми за 7,42 отсто и ќе чини околу 5,9 денари за еден киловат скапа тарифа и 2,9 денари за ефтина тарифа, потврди претседателот на Регулаторната комисија Марко Бислимоски.Како пример, тој посочи дека на сметка од 1 500 денари сега покачувањето би изнесувало уште 100 денари.Поскапување на струјата, како што рече, побарале сите електро-енергетски компании поради проблемите што ги предизвика кризата со коронавирусот ковид-19.ЕСМ, додаде Бислимоски, има намалување на приходите од продажба на вишоци на електрична енергија од 17 милиони евра, а МЕПСО намалување од 11 милиони евра. 

Македонија | пред 5 години

Borce

Правобранителот Борче од Велес е починатиот донор чии органи се донираа

Државниот правобранител за подрачје Велес, Борче Пинов (46) е човекот чие семејство во најтешките моменти покажа огромна хуманост, и по неговата смрт реши да ги донира неговите органи. Како што изјави министерот за здравство Венко Филипче, утрово на Клиниката за Урологија биле експлантирани два бубрега од 46 годишен пациент кај кој вчера беше потврдена мозочна смрт, објави fokus.mk.-Во моментов, во тек е првата трансплантација на бубрег кај 35 годишна девојка која веќе неколку години е на дијализа, по што ќе следи и втората трансплантација. За жал, овој пат немавме соодветен примател на срцето и тоа нема да биде трансплантирано. Се заблагодарувам на семејството на донорот, кое во моментите на најголема болка одлучи да ги донира органите и да спаси уште најмалку два животи-изјави Филипче.Текстот во целост на:  fokus.mk

Македонија | пред 5 години

pendarovski

Честитка од Претседателот Стево Пендаровски, за празникот Курбан бајрам

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот муслимански празник Курбан бајрам, упати честитка до в. д. поглаварот на Исламската верска заедница, реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху и до сите граѓани од исламска вероисповед во Република Северна Македонија.Во продолжение ја проследуваме честитката.„Имам особено задоволство и голема чест, Вам лично, на членовите на Ријасетот, муфтиите, имамите и на сите граѓани од исламска вероисповед во Република Северна Македонија, да Ви упатам најсрдечни честитки по повод празникот Курбан бајрам.Посакувам овој голем празник да ни донесе среќа, радост, љубов и бериќет, и како празник на дарувањето и на солидарноста да нè инспирира да им помагаме на сите оние на кои им е потребна материјална, но и духовна поткрепа. Милосрдието и човекољубието нека бидат дел од нашите животи не само за празничните денови, туку и низ целата година. Да продолжиме искрено и суштински да споделуваме со нашето семејство, со нашите пријатели и со целата заедница.Денес кога целата човечка цивилизација е соочена со пандемијата со Ковид-19 како никогаш досега мораме да покажеме заедништво и слога и сплотени да излеземе како победници. Верувам дека токму со силата на молитвата и со љубовта ќе ги надминеме сите предизвици со кои се соочуваме на личен и колективен план.Во согласност со традициите на заемно почитување и уважување, да се грижиме и да помагаме безусловно на сите наши сограѓани не водејќи сметка за етничката, религиозната или идеолошката припадност. Да продолжиме да го градиме и да го чуваме нашиот заеднички дом, Република Северна Македонија.Ви упатувам најискрени желби за добро здравје, радост и благосостојба“, се наведува во честитката на Пендаровски.

Македонија | пред 5 години

16122019_MZ_Filipche_poseta_Opshta_bolnica_Kumanovo-1

Во Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ во услови на Ковид-19 за 5 месеци извршени се над 50 илјади прегледи и 850 операции

Од Универзитетската клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ информираат дека во изминатиот период, од март до крајот на јули се извршени над 50 илјади прегледи и повеќе од 850 операции. Во просек, месечно, се реализирани 10 илјади прегледи. По прогласената епидемија на Ковид-19 во Република Северна Македонија, оваа установа беше определена како болница во која се вршат хируршки третмани на пациенти кои не се инфицирани со коронавирус.Директорот на Клиниката по хируршки болести „Св. Наум Охридски“, д-р Љубен Арсенков, потенцира дека сите пациенти се примени и ниту еден пациент не бил вратен или упатен во друга здравствена установа поради немање соодветен упат од матичен лекар или специјалист од секундарното здравство.„Направена е реорганизација на работата во поликлиниката за да се намали ризикот од трансмисија на вирусот меѓу персоналот и пациентите. По првичното работење со две ургентни амбуланти, воведено на 23 март, веќе од 18 мај се отворени сите специјалистички амбуланти, кои секојдневно функционираат и покрај тоа што нема закажани термини преку националниот систем МојТермин. Болницата функционира со кадар од 70 доктори, 85 сестри, 36 болничари, 10 лаборанти и 18 рендген техничари. Од вкупниот кадар во установата, 7.5% се ослободени во континуитет по одлука на влада (бременост, хронични болести и друго). Иако се наоѓаме во фаза на реконструкција, беше организиран и изолаторен дел, каде се хоспитализираат пациентите како итни случаи, и им се врши тестирање за инфекција со коронавирусот. Доколку состојбата на пациентот тоа го дозволува, во рок од 24 часа го имаме резултатот, по што се продолжува со третманот“, вели д-р Арсенков. Тој појаснува дека од почеток на јули е спроведен скрининг на вработените за присуство на антитела од COVID-19 и само четири вработени имале позитивен резултат за претходно прележана инфекција. Тоа говори за успешното спроведување на мерките за лична заштита.Инаку, во оваа установа, на 27 февруари 2020г. е формирано координативно тело за справување со коронавирусот и донесени се протоколи за работа во услови на пандемија, со кои максимално се заштитени пациентите кои се прегледуваат, како и пресоналот кој работи во клиниката.„Континуирано работиме на обезбедување адекватна заштитна опрема и услови во кои ќе продолжиме со безбедно работење, со цел подобрување на здравјето на граѓаните и обезбедување највисоко ниво на здравствена грижа“, вели д-р Арсенков.

Македонија | пред 5 години

mavrovka-objekt

Случувањата во „Мавровка“ – круна на безвластие

Прoектoт „Мaврoвкa“ е реaлизирaн oд 1987 дo 1993 гoдина. Задачата беше да се испроектира комплексен објект кој ќе ги спои современото постземјотресно централното градско јадро со старата чаршија, препознатлива со своите архитектонски вредности. По сеoпфaтнa aнaлизa нa лoкaцијaтa вo oднoс нa пoстaвенoстa и вoлуменoт нa идниот објект, тогашниот Грaдски кoмитет зa aрхитектурa и урбaнизaм дaде oдoбрение на Идејниот проект, а подоцна и на Главниот прoект, вели авторот на комплексот „Мавровка“ дипл. инж. арх.Здравко Рафаиловски, објави porta3.mk.Зa жaл додава авторот  вo пoдoцнежниoт периoд, зaпoчнa сaмoвoлиетo нa пoединци кoи дoгрaдувaa делoви во и надвор од oбјектoт, ги узурпирaa зелените пoвршини и ги блокираа пристaпите. Непoврaтнo гo дегрaдирaa пристaпoт и движењето во транспарентното приземјето и плaтфoрмaтa на сутеренoт. Гo дегрaдирaa прoстoрoт нa приземјетo и сутеренот во кој доминираа локали од различни дејности кои пулсираа од утро до доцна во ноќта. „Мавровка“ беше посакувана дестинација за посетители од сите категории. За жал Советот на сосопственици, по повлекувањето на Службата за одржување на АДГ „Маврово“,  немо ги следеше ваквите настани.Нa мoите укaжувaња вo нaдлежните oпштински и грaдски oргaни немaше никaквa реaкцијa, вели авторот.Со децении наназад јавноста, особено стручната, онаа независната, се бори со едно од најголемите зла во нашата држава – дивоградби во режија на урбано – политичката мафија.Од новите скопски ударни дивоградби, секако број еден е таа во ТЦ „Мавровка“, за која и инвеститорот е непознаница !?Но, тиквата конечно напукнува. Јавноста здушно ја очекува егзекуцијата на со сила насадената дивоградба. Само да не биде повторно многупати повторената „кучињата лаат, карванот си врви“.Да се надеваме дека конечно сме на почеток на вистинската борба со урбаната мафија и дивоградбите…, објави porta3.mk.Текстот во целост на: porta3.mk. 

Македонија | пред 5 години

45_Sednica_07302020001

45 та седница на советот на Општина Охрид, еве што беше изгласано денеска

На денешната, четириесет и петта седница, на Советот на општина Охрид, дневниот ред беше надополнет со уште две точки, и тоа Предлог одлука за субвенционирање за купување велосипед на ниво на градот Охрид и Предлог заклучок за трајно решавање на сообраќајот на улица Абас Емин со пресекот на улица Гоце Делчев. Двете точки беа усвоени од страна на советниците.На седницата беа усвоени Предлог – програмите за измени на програмата за спорт и рекреација за 2020 година. за измена на  програмата за активностите на општина Охрид вообласта на образованието за 2020 година. за измени на програмата за социјална заштита  за 2020 година, за измени  дополнувања на програмата други комунални  услуги  за 2020 година, програма за измени  и дополнување на Развојната  програма за изградба на системи за водоснабдување за период од 2020-2022 година, за измени  и дополнување на програмата за изградба на сообраќајна сигнализација за 2020 година, за измени на развојната програма за уредување на  градежно земјиште за 2020-2022 година.Советниците на денешната седница ги усвоија и Предлог – одлуките за измена на распоредот на средствата на  Буџетот на општина Охрид за 2020 година, за давање согласност на општина Охрид за одобрување финансиска помош за град Нови Пазар – Р.Србија, за давање согласност на одлуката на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ – Охрид за ослободување од партиципацијана деца кои посетуваат градинка, за пренесување на правото на користење на ламинат со подлога и лајсни сопсвеност на општина Oхрид на ОУ „Григор Прличев“ Охрид, одлука за за пренесување на правото на користење на ламинат со подлога и лајсни сопсвеност на општина Охрид на ОУ „Свети Наум Охридски“ с. Пештани- Охрид, за  пренесување на правото на користење на ламинат со подлога и лајсни сопсвеност на општина Охрид на ОУ „Свети Климент Охридски“ Охрид,На седницата беа усвоени Предлог измени и дополнувања на развојната програма за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Охрид 2020-2022. Предлог заклучок  за усвојување на информацијата за изготвената студија за валоризација на просторот на Студенчишко Блато  заради негово прогласување за заштитено подрачје. Предлог одлука  за предлагање прогласување на заштитено подрачје Студенчишко блато во категорија – “Парк на природата”.Четириесет и петтата седница на Советот на општина Охрид заврши со поставување на советнички прашања.

Македонија | пред 5 години

mickoski-2

Мицкоски: Следува темелна кадровска реформа во сите структури на ВМРО-ДПМНЕ

Во вечерашната дебатна емисија "Што не е јасно?" на Алфа телевизија гостуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ г. Христијан Мицкоски, кој се осврна на моменталната политичка ситуација, одржаните предвремени парламентарни избори, како и за очекувањата по изборите и можните коалицирања и обезбедувањето парламентарно мнозинство,Мицкоски е дециден дека во ВМРО-ДПМНЕ следуваат големи промени, односно нови кадровски решенија за голем број на функции во партијата, со цел подобрување на структурите и застанување на здрави нозе.Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека во партијата се неопходни промени и тоа е здраво за една голема политичка партија како ВМРО-ДПМНЕ. Голем број на партиски функционери со тек на време се заситуваат од работни обврски, односно не го даваат својот максимум како што тоа е на почетокот, но сечиј придонес е за почит и ничија жртва не смее да се заборави, вели Мицкоски."Во партијата следи голема катарза која што ќе зафати прилично голем дел од структурата, особено онаму каде што таа неопходна поради најразлични причини. Промените се нормална работа и нормално е тие да се случат во одреден период. Во ВМРО-ДПМНЕ ќе се случат голем број на промени и тоа во Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, како и во Општинските Комитети низ државата", додава Мицкоски.ВМРО-ДПМНЕ ќе поработи  на кадровските решенија и истите ќе резултираат со одлични резултати веќе на наредните избори. На партијата и се потребни нови луѓе со визија и енергија кои што со чесна намера ќе придонесуваат за партијата, но пред се за државата. ВМРО-ДПМНЕ ќе биде многу посилно и граѓаните можат да очекуваат далеку подобри денови, заврши Мицкоски.

Македонија | пред 5 години

OHL_4543-2048x1365

Со вечер посветена на Ана Липша Тофовиќ започнува јубилејното Охридско лето

Во знакот на основоположникот на Охридско лето, оперската примадона Ана Липша Тофовиќ, ќе започне годинешново јубилејно 60-то издание на фестивалот Охридско лето.На 4-ти август ќе блесне сцената на Античкиот театар со концертот на арии насловен како ,,Вокални бисери – по стапките на Ана Липша,, во изведба на светски познатите солисти, Марија Јелиќ – сопран, Дарио Ди Виетри – тенор, Иван Томашев – бас и Аманда Стојовиќ – мецосопран во пијано придружба на Миливое Велиќ.-Традицијата на гламурот на Свеченото отворање, најголемите ѕвезди да настапат на Античкиот театар ја продолжуваме и годинава. Овој грандиозен проект на Антички на 4-ти август, датум кога се слави и роденденот на Фестивалот, ќе биде во знакот на првенката на македонската Опера, Ана Липша Тофовиќ која во далечната 1961 год. ја создаде магијата наречена Охридско лето, најави директорката на Охридско лето Наташа Поповиќ на денешната прес конференција.Изразувајќи огромна почит кон Ана Липша Тофовиќ, Поповиќ истакна дека фестивалот знае да ги препознае и вреднува заслугите на сите кои оставиле свој белег на фестивалската сцена и се заслужни за успесите на Фестивалот.-Со сета почит кон нив, горда сум што Охридко лето уште еднаш покажа дека и денес има тим кој може да се справи со сите предизвици, тим за кого најважна е успешната реализација на програмата и задоволната публика. Само така се гради брендот на една врвна институција како што е Охридско лето притоа почитувајќи ја традицијата градена со децении, рече Поповиќ.На отворените сцени, Антички театар, Долни Сарај, Предворје Св Софија, како и Црквата Св Софија од 4-ти до 30 август ќе настапат околу 300 уметници од 19 земји, Србија, Италија, Хрватска, Велика Британија, Турција, Франција, Русија, Грција, Германија, САД, Босна и Херцеговина, Полска Словенија Косово Чешка Албанија и голем број уметници од Република Северна Македонија.-Посебно сме горди што оваа година приоритет им дадовме на нашите македонски уметници, оркестри, театарски куќи. Тоа секако е доказ дека токму тие се столбот на нашата уметничка вредност. Фестивалот „Охридско лето“ е еден од најголемите промотори и афирматори на македонската уметност, на македонските композитори и изведувачи. Секоја година, на својата програма Фестивалот вклучува врвни домашни изведувачи, кои стојат рамо до рамо со оние светските но е и сцена за најдобрите претстави на нашите театарски куќи, смета Поповиќ.Со квалитетна програма и настапи на врвни светски и домашни уметници од 4-ти до 30-ти август ќе се слави 60-годишниот јубилеј на Охридско лето најави музичкиот селектор на Охридско лето Даница Стојанова. Годинешнава јубилејна програма ќе содржи 26 концерти од кои два се во офф-програмата.-Програмата има прекрасна динамика, од самиот почеток до крајот претставува една голема музичка приказна која ќе го одбележи големиот јубилеј од 60 години на фестивалот и ќе ја прослави Уметноста преку различни музички композиции. Ќе чуеме дела од најраниот барок, преку класиката, романтизмот, импресионизмот, до современите светски автори како и дела од македонското класично творештво, изјави Стојанова.На фестивалската сцена ќе настапат врвни имиња како пијанистите Наталија Трул од Русија, Кемал Гекиќ- САД, Фукио саксофон квартет од Шпанија, Дуо Улуџан од Турција, косовскиот гитарист Петрит Чеку, Масимо Мерчели флејта-Италија, мецо сопранот Викена Каменица и Мерита Реџа Тершана од Албанија, Келнскиот гудачки секстет од Германија, Ариан Баке обоа Франција, Дуо Солипс, несекојдневен настан е концертот за четири клавири и оркестар кој ни доаѓа од Чешка, од македонската сцена Марија Ѓошевска, хорскиот ансамбл Про Арс со маестро Сашо Татарчевски, Гордана Јосифова Неделковска, потоа Скопје танцов театар со Рисима Рисимикин, гала оперска вечер под раководство на диригентката Бисера Чадловска како и женскиот балетски ансамбл и оркестар од НОБ, вечер на Музичка Младина со камерниот оркестар „Саша Николовски Ѓумар„ вечер со музиката на македонскиот композитор Томе Манчев (каде ќе настапат Весна Анѓеловска, Маја Шутевска, Љубиша Кировски, Марјан Милошевски, Горан Начевски, Елена Атанасовска, Антоние Весковски) и уште многу ексклузивни уметнички имиња.-Охридско лето како фестивал е со голем интегритет и единствен од државава кој нуди врвен квалитет и како таков е многу познат во целиот свет. Оттука и покрај специфичната состојба и сите пропратни ризици програмата ја правев следејќи ја мојата единствена цел и должност кон Уметноста, како и мојот професионализам односно да се задржи и подигне уште повеќе квалитетот на фестивалот. Ги поканив најдобрите и најхрабрите кои ќе допатуваат од повеќе страни на светот, па и преку океан, со една единствена мисија, за спас на уметноста и културата и нејзино славење во ова чудно време, во градот каде за секој ден има по една црква, каде сонцето гали а езерото тихува, во Охрид градот на светлината и уметноста, рече Стојанова.Драмската програма започнува еден ден по свеченото отворање, а ќе понуди театарски креации од домашните театарски куќи. На програмата се претставите „Сестрите прозорови“ по мотиви на „Три сестри“ од Чехов коавторски проект на Сашо Димоски и Васил Зафирчев во изведба на Театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ Велес, Драмски театар ја носи претставата „Чудесна терапија“ по текст на Даниел Глатауер во режија на Димче Николовски, „Човек, ѕвер и доблест“ од Луиџи Пирандело, во режија на Егон Савин Театар Комедија, премиерата „Полковникот Птица“ од Христо Бојчев, во режија на Андреј Цветановски во изведба на НУ Гостиварски театар, претставата за деца на Театар за деца и младинци „Јованче и Марика“ од браќата Грим, во режија на Давор Драгојевиќ. Фестивалот свечено ќе биде затворен со претставата „Бог на масакрот“ од Јасмина Реза во режија на Билге Емин на НУ Турски Театар, Скопје кој годинава слави 70 годишен јубилеј.Во видео пораката драмскиот селектор Александар Поповски кажа дека Охридско лето во доба на корона звучи како наслов на некој роман.-Овогодинешното издание на Охридско лето се посебни поради две работи. Едната е тоа што славиме 60-години јубилеј, еден многу убав настан а другата е тоа што Фестивалот се случува во едни посебни услови бидејќи времето во кое живееме е посебно. Одлуката сепак да се одржи оваа скратена верзија на фестивалот мислам дека е многу важна. Мораме да покажеме колку е важна уметноста, колку е важна културата. Едноставно е човек да се откаже, многу потешко е да се направи она што ние сега ќе го направиме. Самата драмска селекција преживеа различити промени во однос на тоа како се менуваше самата ситуација… во игра беше Бург театарот од Виена, Националниот театар од Будимпешта, Југословенско драмско позориште… и како се менуваше целата ситуација се обидувавме да следиме и во рамките на тие протоколи да пробаме да го направиме најдоброто. Како резултат на тоа е оваа програма која е направена од театри од нашата држава, рече во видео обраќањето Поповски.Како што кажа Поповски, следејќи ги протоколите годинешните претстави ќе бидат со што помалку актери без нивен контакт на сцена.-Мора да се почитуваат препораките иако контактот е нешто што е многу важен за нас актерите. Тој контакт меѓу нас на сцената, тој контакт со вас публиката е нешто што е многу важно. Ако можам да кажам порака за Фестивалот тоа е – ништо нема да не раздели, порача Поповски. Годинешната драмска програма, според Поповски, ќе направи Фестивалот достоинствено го прослави својот 60-ти роденден.Реализацијата на фестивалските вечери ќе биде строго по утврдените протоколи и мерки дадени од Комисијата за заразни болести и насоките на Министерството за култура. Тоа значи едно поинакво издание во организациска смисла на зборот но по квалитетот на изведувачите на ниво на богатата фестивалска историја со која Охридско лето гордо се претставува во светот.– Како Национална установа за нас најголем приоритет е грижата за јавното здравје водејќи сметка за безбедноста на нашата верна публика и врвните уметници кои ќе бидат дел од годинешново издание, велат организаторите.Во рамките на јубилејното одбележување на годинешното издание оваа година ќе биде промовирана и монографијата „Фестивалска приказна“ од авторите Снежана Анастасова-Чадиковска и Роза Нолчева -Ангеловска.-Достојно за големината на Фестивалот со оваа публикација трајно ќе ја сочуваме богатата историја на нашата најголема музичко сценска манифестација. Овој голем јубилеј, 60 години врвна уметност, го отсликавме и на идејното решение за рекламниот материјал изработено од маркетинг агенцијата „Идеа плус“ потенцира директорката Поповиќ.Фестивалот Охридско лето, кој годинава одбележува јубилеј 60 години успешна приказна, е Манифестација која ја има поддршката од страна на Владата на Р Северна Македонија преку Ресорното министерство за култура, Претседателот на државата кој воедно е и Покровител на Фестивалот а исто така е помогнат и од Општина Охрид и стопанството преку одделни фирми и претпријатија кои финансиски го помагаат фестивалот.

Македонија | пред 5 години

Lista

Владата објави список на компании кои добиле помош, а не ја исплатиле на работниците

Владата ја објави листата на фирми кои зеле државна помош, но на вработените не им исплатиле плати.Целата листа можете да ја видите на следниот ЛИНК.Дел од фирмите под притисок на јавноста вчера почнале да ги исплаќаат платите за работниците. Синдикалните организации побараа кривична одговорност и најстроги санкции за фирмите кои ја злоупотребиле помошта од државата.Неделава од Управата за јавни приходи обелоденија дека сопствениците на 708 компании во Скопје, Тетово, Струга, Гостивар и Куманово зеле пари од државата, но ниту денар не префрлиле на работниците. Околу 3.750 компании, пак, им исплатиле на вработените помалку од минималецот.Најголем дел од компаниите се од дејностите трговија на мало, подготовка на оброци и служење храна, транспорт.

Македонија | пред 5 години

doktor

Пациент нападнал вработена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“

Вработена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ била жртва на физички напад.Таа во полицијата пријавила дека вчера додека била на своето работно место, била нападната од Д.Б.А., пациент на Клиниката за трауматологија.Од МВР велат дека преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 5 години

filipce

Филипче: Светска банка го поддржа прелиминарниот предлог проект за справување со ковид-19

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче денеска одржа работен состанок со експертите од Светска банка, на кој ги образложи сите аспекти од проектот за подобрување и надградување на здравствената инфраструктура, односно брз одговор и справување со ковид-19.На состанокот од страна на Светска банка присуствуваа водечкиот специјалист за здравство Доминк Хазен, одговорната за програмите за човечки развој во канцеларијата на Светска банка во Скопје Бојана Нацева, специјалистот за набавки Антониа Виачка, како и виш специјалист за општествен развој Беким Имери, специјалистот за животна средина Ивана Новаковиќ и програмскиот асистент Јасминка Шопова.„Светска банка го поддржа прелиминарниот предлог проект, кој има одличен концепт за справување со здравствената криза предизвикана од коронавирусот. На состанокот ги образложив сите аспекти кон покривање на итните потреби на здравствениот систем, а тоа е зајакнување на капацитетите на системот за соодветно менаџирање на случаите со ковид-19. Проектот е насочен кон подобрување на дел од здравствените установи, но и обезбедување на лабораториска опрема. Жалам што дополнителната заменичка министерка за финансии целиот овој изминат период го блокираше проектот, а со тоа се ставија во ризик пациентите. Нашиот предлог план е поддржан од страна на Светска банка, но истиот може и да се надополни, тие се флексибилни. Пациентите се на прво место. И токму затоа, со овој проект, ќе го зајакнеме нашето јавно здравство, но и подобро ќе одговориме на предизвикот со ковид-19“, изјави министерот Филипче.

Македонија | пред 5 години

3PFC-infographic_en_EN_mk_MK

Фејсбук го објави започнувањето на Програмата за проверка на факти од трети страни во Северна Македонија

Како дел од борбата против дезинформациите на Фејсбук, компанијата оствари соработка со независни проверувачи на факти од трети страни ширум светот, кои ја прегледуваат и оценуваат точноста на содржината. Денес беше најавено започнувањето на програмата за проверка на факти од трети страни во Северна Македонија со Вистиномер (Фондација Метаморфозис). Исто така, оваа програма започна и во регионот, односно Босна и Херцеговина, Црна Гора и Србија, како и нејзино проширување во Хрватска. Сите партнери на програмата се сертифицирани преку непартиска меѓународна мрежа за проверка на факти.Кога проверувачот на факти ја рангира веста како лажна, Фејсбук ја прикажува подолу во „Новости (News Feed)“, со што значително се намалува нејзината дистрибуција. Ова спречува да се шири измамата и да се намали бројот на луѓе што ја гледаат веста. Страниците и домените што постојано споделуваат лажни вести, исто така, ќе имаат намалена дистрибуција и ќе се отстрани нивната можност за заработка и рекламирање. И кога објавата е одбележана како лажна, Фејсбук ги предупредува луѓето што ја гледаат или се обидуваат да ја споделат објавата дека е одбележана како таква.„Среќни сме што ја започнавме нашата програма за проверка на факти од трети страни во Северна Македонија со Вистиномер (Фондација Метаморфозис). Борбата против лажните вести е одговорност што ја сфаќаме сериозно, затоа постојано работиме на начини да помогнеме да се запре ширењето на дезинформациите на нашата платформа.“ изјави Софи Ајерс, менаџер за стратешки развој на Фејсбук.Оваа програма е во согласност со тројната платформа за развој на софтвер апликации (three-part framework) на Фејсбук за подобрување на квалитетот и автентичноста на вестите во делот „Новости (News Feed)“, при што Фејсбук ги отстранува профилите и содржината што ги кршат нивните Стандарди на заедницата (Community standards) или политиките за рекламирање (ad policies), ја намалува дистрибуцијата на лажни вести и неавтентична содржина како што е кликбејт и ги информира луѓето давајќи им повеќе контекст на објавите што ги гледаат.„Фејсбук е платформата преку која луѓето во нашата земја најчесто наоѓаат, примаат и консумираат информации. Во комбинација со нашите напори да ги поттикнеме читателите да размислуваат критички за кредибилитетот на медиумите и селективно да пристапат кон изворите на информации, веруваме дека партнерството со ФБ е најефикасниот начин за борба против ширењето на погрешни и лажни информации“, вели Бардил Јашари, извршен директор на Фондацијата Метаморфозис.Фејсбук има преку 70 партнери за проверка на факти на повеќе од 50 јазици на глобално ниво и секојдневно инвестира во начини за понатамошно развивање на овие напори

Македонија | пред 5 години

pendarovski

Пендаровски за Фокус: Предност за премиер, но и останатите функции треба да има квалитетот, а не етничката припадност на кандидатите

Кој ќе партиципира во владата зависи од преговорите што ќе ги водат партиите што обезбедија влез во парламентот. Така што, возможна е влада без СДСМ и коалицијата кои освоија најмногу пратеници, или без ВМРО-ДПМНЕ, која е втора партија според истиот критериум. Јасно е дека ако така се договорат, возможна е и влада без партијата што е трета според бројот на освоените мандати“, вели во интервју за неделникот Фокус претседателот Стево Пендаровски.Тој појаснува дека нема да отстапи од уставната норма која предвидува, мандатот за составување влада да го добие партијата или коалицијата која ќе обезбеди мнозинство во парламентот.„Како претседател немам буквално никаков маневарски простор. Членот 90 од Уставот е јасен. Исто така, не се предвидени никакви условувања, како оние од 2017-та, кога флагрантно беше прекршен највисокиот државен акт. Подготвен сум, ако има договор, мандатот да го доделам и пред да заврши уставно определниот рок од 10 дена“, вели Пендаровски.Во однос на преговарачката позиција на ДУИ, која бара премиер Албанец, Пендаровски смета дека е таа легитимна, но според него, само во два наврати, со Никола Кљусев и со Хари Костов, владата не била предводена од претседателот на најголемата партија од власта. Сепак, според него, предност треба да има квалитетот а не етничката припадност на кандидатите за која било функција. 

Македонија | пред 5 години

angelov

Ангеловски: Полицијата е во Синичане за да не се наруши јавниот ред

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека по добиени сознанија околу активностите за изградба на водоснабдителен систем за село Синичане, тетовско, е излезено на лице место на терен, прибавени се податоци и информации и до Основното јавно обвинителство Тетово поднесено е известување за сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“, соопшти на денешната прес конференција портпаролот на МВР Тони Ангеловски . „Потенцираме дека присуството на полициски службеници на местото каде што се почнати работни активности за изградбата на водоснабдителниот систем е во функција на обезбедување на јавниот ред и мир.Наша задача е единствено да бидат преземени сите законски мерки, со цел да се спречи нарушување на јавниот ред и мир на таа локација, за да не дојде до несакани настани со посериозни последици по мирот и безбедноста на граѓаните, и тоа ќе го правиме се додека постои безбедносна проценка дека тоа може да се случи“, рече Ангеловски.Што се однесува до координацијата и соработката со јавното обвинителство, Ангеловски потенцира дека МВР соработува со обвинителството во сите случаи, се разбира и во овој околу истрагата што ја води обвинителството.„Но, ние како институција што е задолжена за одржување на јавниот ред и мир имаме оперативни сознанија и неколку конкретни пријави од локални жители за опасност од сериозно нарушување на јавниот ред и мир и поради тоа, на тоа место има полициски службеници. Повторувам, со цел да се избегне било какво нарушување на јавниот ред и мир. Полицијата е сервис на сите граѓани и ние сме должни да постапиме во вакви случаи, а околу тоа дали и каде треба да се гради водовод ние немаме апсолутно никакви ингеренции туку за тоа се надлежни други институции и тие треба да одлучуваат за тоа“, рече Ангеловски.

Македонија | пред 5 години

koronavirus-ukrepi-

Денеска нови 119 нови случаи на ковид 19, починаа 4 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1325 тестирања, а регистрирани се 119 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-35, Куманово-15, Штип-17, Прилеп-3, Тетово-4, Струга-3, Велес-3, Битола-8, Охрид-3, Кавадарци-2, Гостивар-8, Крива Паланка-1, Кочани-1, Демир Хисар-5, Берово-1, Свети Николе-1, Кичево-8, Ресен-1.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 89 оздравени пациенти од: Скопје-22, Куманово-10, Штип-12, Тетово-26, Струга-1, Велес-1, Битола-4, Пробиштип-2, Демир Хисар-1, Кратово-1, Св.Николе-2, Кичево-3, Ресен-4.Починати се 4 лица, три пациенти од Скопје (65, 66 и 73 години) и пациент од Гостивар (72г.). Сите пациенти се починати во болнички услови.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 10617,  бројката на оздравени пациенти е 6020, на починати е 480, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4117. Од вчерашните 5 теста се конторлни и се евидентираат денес. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 4779, активни 1814• Куманово 1038, активни 296• Дебар 193, активни 123• Штип 809, активни 441• Прилеп 330, активни 57• Тетово 1027, активни 228• Струга 440, активни 190• Велес 216, активни 18• Битола 135, активни 70• Охрид 272, активни 87• Кавадарци 55, активни 38• Гостивар 424, активни 258• Гевгелија 22, активни 11 (*7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 3 на Богданци)• Струмица 35, активни 23• Крива Паланка 24, активни 10• Радовиш 29, активни 23• Крушево 15, активни 9• Кочани 98, активни 25• Пробиштип 50, активни 26• Демир Хисар 31, активни 27• Македонски Брод 19, активни 15• Пехчево 6, активни 0• Берово 5, активни 2• Валандово 6, активни 0• Виница 8, активни 4• Делчево 5, активни 4 (*4 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 13, активни 7• Свети Николе 221, активни 179• Кичево 142, активни 94• Ресен 145, активни 33• Неготино 25, активни 5 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 1325 теста се преку: ИЈЗ-333, ЦЈЗ Скопје-23, Авицена-152, Биотек-218, МАНУ -85, Жан Митрев (Филип Втори)-234, Систина со PCR метода -163, Судска медицина -8, ЦЈЗ Битола-75, Инфективна клиника-15, ГАК-19. Досега во земјата се направени вкупно 100940 тестирања на ковид -19.  Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 3 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 81 пациент. На кислородна поддршка се 40 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.Во болницата во Козле се хоспитализирани 10 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 2 деца позитивни на вирусот.Во ГОБ „8 Септември“ примени се 10 нови, вкупно хоспитализирани се 100 пациенти. На респираторна машина се 5 пациенти.Во болницата во Битола се хоспитализирани 32, а во болницата во Штип се хоспитализирани 44 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 118 пациенти - позитивни и сомнителни на ковид-19.Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)• Чаир – 256• Аеродром - 191• Бутел - 127• Гази Баба - 177• Центар – 152• Карпош – 164• Сарај – 103• Кисела Вода – 175• Ѓорче Петров – 122• Студеничани – 82• Шуто Оризари – 130• Арачиново – 36• Илинден – 26• Петровец – 19• Чучер Сандево – 12• Сопиште – 24• Зелениково- 7• Странец – 7• Нераспределен- 4

Македонија | пред 5 години

116699552_827336824339003_5392535679152705832_n

Поставениот систем за видео надзор на пловните објекти во каналот Студенчишта

По многуте барања од сопствениците на пловни објекти пред се поради обезбедување на поголема сигурност за нивните пловни објекти ЈП "Билјанини Извори" од денес во функција го стави поставениот систем за видео надзор. Истиот се постави каде што се усидрени пловните објекти, како што можете да видите на приложените фотографии, од едната страна на каналот Студенчишта со кој стопанисува јавното претпријатие. Ова е уште еден заеднички чекор кон воспоставување на подобри услови, во овој случај поголема безбедност за пловните објекти, за сите оние кои одлучиле да склучат договор со нас за времено усидрување на своите пловни објекти во каналот Студенчишта.

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања