Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

gubee

(ФОТО) Охрид утрово - смет расфрлан на насекаде

Уште една непроспиена ноќ за охриѓани, поради собиранките на групи млади кои деновиве престојуваат во Охрид. Сликата рано утрово е: купишта смет по охридските улици, ќошиња, но и на најрепрезентативните места од градот, главно шишиња од алкохол, цигари, остатоци од храна...ЈП Охридки Комуналец со целиот капацитет од рано утрово распореден низ целиот регион го расчистува она што го оставиле зад себе гостите, со цел градот празнично да биде чист, но и како што му доликува, и како што сме навикнале да го гледаме. Но до кога? Очигледно до следната собиранка.Охрид деновиве е преполн со гости, главно домашни. Инспекциите и полицијата постојано се на терен  по плажите, но и низ градот. Овие групи покрај тоа што го нарушуваат законот за ред и мир, ги нарушуваат и препораките на Владата за услови на пандемија кои се децидни, задолжителна дистанца и носење заштитна маска. Ниту еден од овие млади луѓе кои се журкаат по цела ноќ, не носи маска, а за дистанца и да не зборуваме. Ваква е ситуацијата скоро во сите населби во Охрид.Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димовски за Скопје 1 вели дека полициските службеници се постојано на терен.„Буквално 24/7 сме на терен. Ја покриваме целата територија која е во надлежност на Секторот.  Контролираме и по плажите и паркинзите, кои се мета на крадци поготово во овој период од годината. Апелирам, граѓаните да внимаваат на своите лични предмети, а секое вознемирување и непочитување на законите да ги пријават во СВР Охрид“, вели Димовски.Охрид и покрајт тоа што деновиве е преполн, кафанџиите неможат да склопат крај со крај. Гостите кои овој период престојуваат во Охрид, си понеле дури и храна од дома, за да немора да купуваат овде. А за вечерни излегувања очигледно се одлучиле во големи групи по цела ноќ, но на отворено, на најпознатите и најрепрезентативни места во Охрид, но со кеси пива и грицки од маркети.Овие групи покрај тоа што го нарушуваат законот за ред и мир, ги нарушуваат и препораките на Владата за услови на пандемија кои се децидни,задолжителна дистанца и носење заштитна маска. Ниту еден од овие млади луѓе кои се журкаат по цела ноќ, не носи маска, а за дистанца и да не зборуваме. фото: Љупчо Грданоски

Македонија | пред 5 години

6

(ФОТО) Охриѓани по цели ноќи неможат да спијат, журки на секое ќоше, смет расфрлан на најрепрезентативните места од градот

Жителите на Охрид, поготово од стариот дел ноќи неможа да спијат. Групи од млади лица, со алкохол и храна се собираат прават неред до раните утрински часови.  Зад нив оставаат купишта смет и расфрлани шишиња од пива.Ова е сликата на стариот дел на Охрид утрово. ЈП Охридски комуналец од раните утрински часови се обидува да го расчисти градот, но до кога? До вечерва која сликата ќе се повтори? Жителите од стариот дел велат:„Дома си е дома“, но дали вака прават и дома? Секоја вечер од 23:00 до 04:00 жителите од Канео, во предворјето на Св. Софија, Сараиште Антички театар е претворено во групни збиралишта, се пие алкохол, се урла, се нема мир...!!!Доколку надлежните не превземат ништо и не ги стопираат овие појави тие се закануваат дека сами ќе го обезбедат мирот. Додаваат дека нити се спие, а неможе ни да се шета. Премногу има недозволени групи на млади, појава која е забранета и од Владата поради пандемијата. Но, не само жителите од стариот дел на Охрид. Ваква е ситуацијата скоро во сите населби во Охрид.Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димовски за Скопје 1 вели дека полициските службеници се постојано на терен.„Буквално 24/7 сме на терен. Ја покриваме целата територија која е во надлежност на Секторот.  Контролираме и по плажите и паркинзите, кои се мета на крадци поготово во овој период од годината. Апелирам, граѓаните да внимаваат на своите лични предмети, а секое вознемирување и непочитување на законите да ги пријават во СВР Охрид“, вели Димовски.Инаку Охрид деновиве е преполн. Но, кафанџиите неможат да склопат крај со крај. Гостите кои овој период престојуваат во Охрид, си понеле дури и храна од дома, за да немора да купуваат овде. А за вечерни излегувања очигледно се одлучиле во големи групи по цела ноќ, но на отворено, на најпознатите и нарепрезентативни места во Охрид, но со кеси пива и грицки од маркети.Овие групи покрај тоа што го нарушуваат законот за ред и мир, ги нарушуваат и препораките на Владата за услови на пандемија кои се децидни,задолжителна дистанца и носење заштитна маска. Ниту еден од овие млади луѓе кои се журкаат по цела ноќ, не носи маска, а за дистанца и да не зборуваме.Дали ќе се стави ред на оваа појава останува да видиме. 

Македонија | пред 5 години

mucunski-696x465

Муцунски до Јанчев: ВМРО не е акционерско друштво па да се „преземе“

Тимчо Муцунски, секретар за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ на Фејсбук пред малку објави реакцијапо интервјуто на градоначалникот Митко Јанчев за порталот Фокус.„За мене терминологијата е многу значајна. „Преземање” се прави на корпоративен ентитет. Постојат повеќе видови на преземања коишто ги познава современото корпоративно управување. За разлика од корпоративниот свет, во науката за политиката и политичката пракса статусот/функцијата во демократските земји се здобива преку демократски методи. „Демократија” и „преземање” се веројатно два најдалечни поими во еден современ политички систем. Во таа смисла, ВМРО-ДПМНЕ не е акционерско друштво, туку политичка партија. Оттука, легитимитетот го дава и го одзема највредниот дел од партијата – членовите“, порачува Муцунски.

Македонија | пред 5 години

120190520_075559

Влада: Иницијатива за итно решавање на проблемот со водоснабдување на селата Синичане и Урвич

Денеска во Владата на Република Северна Македонија се одржа средба на која присуствуваа министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, министерот за локална самоуправа Горан Милески, министерот за внатрешни работи Агим Нухиу, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, градоначалникот на Oпштина Боговиње Албон Џемаили и претставници од месните заедници на тетовските села Синичане и Урвич, а на кој се разговараше за настанатите проблеми со водоснабдувањето во овие две села.Целта на состанокот беше да се разговара со сите засегнати страни за да се разберат причините за настанатата ситуација, како и да се увиди што презела досега Oпштината за решавање на снабдувањето на вода за пиење и наводнување за потребите на локалното население.Министерот Нухиу истакна дека присуството на полициските службеници на местото каде почнаа работни активности минатиов период било исклучиво по барање на жители на околните села и проценка на полицијата по изработен оперативен план, со цел да не дојде до посериозно нарушување на јавниот ред и  мир.Откако сите засегнати страни имаа можност да ги искажат своите мислења во врска со настанатата ситуацијата околу изградбата на водовод за жителите на Синичане, беше утврдено дека полицијата е добредојдена од сите за одржување на редот и мирот, а беше побарано од градоначалникот на  Oпштина Боговиње во текот на утрешниот ден да оствари заедничка средба со претставници од двете села со цел надминување на несогласувањата и изнаоѓање на заедничко решение.Од изнесеното на средбата беше заклучено дека од Општината сè уште не е изготвена потребната проектна документација за изградба на систем за водоснабдување за селото Синичане. Со цел побрзо решавање на проблемот и обезбедување на вода за пиење за жителите, присутните владини претставници изразија подготвеност Владата да даде поддршка на сите засегнати страни и да и помогне на Општината во обезбедување на потребната техничка документација, како би се обезбедило трајно решение за прашањето со снабдување со вода за популацијата во овој регион.

Македонија | пред 5 години

tome

(ФОТО) Кобилата му се повpeдила уште во Скопје, а тој пешки заедно со Илинденската коњаница тргна кон Крушево

Томе Саздов е дел од Илинденската коњаница од Горно Лисиче која пред 3 дена го започна традиционалниот марш до Крушево.Но, неговата кобила се повpeдила уште на дефилето во Скопје, па Томе решил маршот до Крушево да го помине прешки.Коњаницата вчера пристигна во долненско Ропотово, до каде Томе пропешачил 160 километри.Тој е првиот во 42-годишната традиција на оваа коњаница, кој маршот го поминал пешки. https://www.facebook.com/tome.sazdovski/posts/10218443884353050 

Македонија | пред 5 години

prevoznik

(ВИДЕО) Охридски превозник преполн, туристи без маска се забавуваат во комбе

Охридски превозник и покрај владината уредба за користење на половина од капацитетите на возилата, овој продолжен викенд вози со полн капацитет. На социјалните мрежи, се појави видео кое е снимено во комбе кое сообраќа кон плажите на охридското крајбрежје. Луѓето во комбето кое е исполнето до последно седиште се забавуваат на патот кон плажата Славија и не носат заштитни маски.Поради празниците Курбан Бајрам и Илинден, овој викенд е продолжен па затоа граѓаните во голем број се упатија до туристичките места. Ова не е прв случај кога во Охрид не се почитуваат мерките против ширење на Ковид-19. Најавено е дека инспекторите од вечерва ќе започнат со казнување за хаосот на плажите.

Македонија | пред 5 години

gradiste-1

(ФОТО) Плажите во Градиште преполни, мерки не почитува никој

Охридските плажи преполни. На трите плажи „Градиште“ не се почитувала дистанцата од два метри како мерка за заштита од коронавирусот, а не се носат ни заштитни маски.И покрај пандемијата и непочитувањето на Владините мерки,  пазарните инспектори немаат казнето ниту една од фирмите кои поставуваат лежалки и маси, бидејќи плажите немаат легален стопанственик.Цветко Ристески, раководител во Пазарната инспекција за охридскиот регион, вели дека се прибираат информации за прекршителите на мерките, а инспекторите вечерва ќе отидат на плажите за да се сретнат со управителите бидејќи претходно не можеле да ги најдат. Потоа, според него, ќе се одлучи дали фирмите ќе заработат прекршочна казна или ќе се оди чекор понатаму, па ќе бараат кривична одговорност.„На ‘Градиште’ е проблематично. Не може да се обезбеди кој е вршител на дејноста, а во текот на денов, дадовме задолжувања инспекторите вечерва повторно да отидат на плажите, бидејќи лицата кои ги затекнавме се правдаа дека управителот не е тука, во Скопје е. На плажата нема дистанца. Главниот проблем не е во објектите, туку надвор од нив. Ако се констатираат прекршоци, ќе се поднесе прекршочна пријава, а ако повторно не се почитуваат мерките ќе се бара кривична пријава и построга санкција. Прекршочните пријави, според Законот за угостителска дејност се движат од минимални 250 евра до 1000 евра. Контролата по другите плажи покажа дека се почитуваат мерките за заштита од вирусот, но само на оние кои имаат организатори. На пример, пред хотелот ‘Метропол’ се беше во ред, а подолу, спрема универзитетското одморалиште каде има слободна плажа, немаше дистанца. Исто е и со плажата ‘Горица 3’“, вели Ристески за „А1он“.Според него, Охрид има проблем со капацитетите кои се помали споредено со бројот на туристи кои доаѓаат. Тој вели дека се координираат до сите институции и очекува сите да ги преземат потребните мерки за да се справат со прекршителите.Инаку и покрај тоа што од 28 до 30 јули, по плажите на охридското крајбрежје, во полициските контроли констатирани се 216 лица кои не носеле заштитна маски  и истите се казнети, сепак посетителите на плажите не ги почитуваат Владините мерки. 

Македонија | пред 5 години

branimir-jovanovic

Јовановиќ: Македонија ја зголемува цената на струјата за 7,4%, а има највисока сиромаштија и невработеност во Европа

Поранешниот советник на министерот Тевдовски Бранимир Јовановиќ на Фејсбук споредува како другите земји се справиле со кризата предизвикана од ковид-19 без да го оптоварат буџетот на граѓаните.„Шпанија за времетраењето на кризава обезбеди гарантиран пристап до струја, вода и гас за сиромашните, дури и ако не плаќале сметки. Италија ги суспендираше сметките за струја, гас, вода и ѓубре на 2 месеци. Белгија им даде на домаќинствата до 100 евра за сметки за струја и 75 евра за сметки за гас. Словенија ја намали цената на струјата за домаќинствата и малите фирми за 20%. Кипар ја намали цената на струјата за 10% на 3 месеци. Македонија ја зголемува цената на струјата за 7,4%, а има највисока сиромаштија и невработеност во Европа“, напиша Јовановиќ.  https://www.facebook.com/brantscho/posts/10157488457242078

Македонија | пред 5 години

BAJRAM_11092019

Градоначалникот Георгиески упати честитка по повод Курбан Бајрам

По повод верскиот празник Курбан Бајрам, градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески упати честитка до сите граѓани од муслиманска вероисповед. – Со искрени желби за добро здравје и благосостојба, на сите граѓани од муслиманска вероисповед им го честитам празникот Курбан Бајрам. Овој голем празник ги потврдува солидарноста и милосрдието како најголеми човекови вредности и не учи дека меѓусебната почит и добрите дела се основен предуслов за мир и толеранција.Посакувам љубовта и вербата во Бога да ни даваат сила за да продолжиме да чекориме по патот на соживотот, како една од главните придобивки на мултиетничкото богатство на нашето општество.Нека овие празнични мигови донесат радост, добра мисла и мотив да останеме посветени на најважните цели и заеднички да ги премостиме сите премрежја, стои во честитката на градоначалникот Георгиески. 

Македонија | пред 5 години

igraliste

Ќе се реконструира детското игралиште во населба „Христо Узунов“ во Охрид

Во текот на наредните неколку дена ќе се врши реконструција на детското игралиште во населбата „Христо Узунов“.За таа цел се информираат жителите на населбата дека поради безбедност на децата, игралиштето ќе биде привремено затворено и нема да може да се користи.Детското игралиште ќе биде повторно достапно за користење откако ќе бидат завршени работните активности за реконструкција. 

Македонија | пред 5 години

Mal_Ohridski_Maraton-1

Одложено одржувањето на илинденскиот мал пливачки маратон

Поради зголемениот број на туристи во Охрид и специфичните состојби за почитување на протоколите и мерките за заштита од Корона вирусот „Ковид-19“, 41. издание на Илинденскиот мал пливачки маратон е одложено и нема да се одржи на 2-ри август, како што беше претходно најавено.Овогодинешното маратонско издание ќе се одржи во некој од наредните викенди во месец август, а точниот термин за одржување ќе биде дополнително соопштен.Организатор на овој традиционален спортски настан е пливачкиот клуб „Охридски бранови“, а покровител е градоначалникот Константин Георгиески и Општина Охрид.

Македонија | пред 5 години

najcevska

Најчевска: Цената на електричната енергија во Исланд е помалку од два пати поголема од цената на електрична енергија во Македонија

ФБ статус на професорката Мирјана Најчевска:-Просечната плата во Исланд е 4300 ЕВРА.Просечна плата во Македонија е 550 ЕВРА.Тоа значи дека просечната плата во Исланд е поголема од просечната плата во Македонија за 8 пати.Цената на киловат час во Исланд е 0.13 РВРА.Цената на киловат час во Македонија е 0.08 ЕВРА.Тоа значи дека цената на електричната енергија во Исланд е помалку од два пати поголема од цената на електрична енергија во Македонија.Ова, околу најниската цена на електричната енергија.Во 2018 година ЕЛЕМ има остварено најголема добивка од 30 милиони ЕВРА. 

Македонија | пред 5 години

evro-1

Најпрофитабилните енергетски компании - имаат добивки што се бројат во десетици милиони евра

Еден од најпрофитабилните бизниси во земјава е енергетиката која генерира добивки што се бројат во десетици милиони евра. Па така, ЕВН Македонија – Акционерско друштво за услуги Скопје со добивка во износ од 34 040 000 евра е дури и меѓу првите пет најпрофитабилни компании. ЕВН лани успела да ја зголеми добивката во однос на 2018 година кога изнесувала 18 270 000 евра. Со тоа ЕВН од деветто место на листата на ТОП 100 најуспешни компании со вклучен државен сектор скока на петто место по остварена добивка, објави pari.com.mk. Компанијата е меѓу водечките и според остварените приходи.Во текот на минатата година имала приходи од 242 милиони евра и се наоѓа на петто место на листата Топ 100 најуспешни компании со вклучен државен сектор. Претходната година пак била на на третото место, но лани бележи пад на приходите во однос на 2018 година кога изнесувале 369 милиони евра.Државата енергетска компанија ЕСМ пак минатата година генерирала добивка од 3,1 милиони евра, и за разлика од претходната година има драстично намалување на прифитот. Односно во 2018 година имала профит од 27, 2  милиони евра. Па така, ЕСМ според профитот годинава е на 54 место на листата ТОП 100 компании со вклучени државни фирми, а претходната година била на 5 то место. Во однос на приходите, ЕСМ лани имала 207 милиони евра, сума што е нешто помала од тоа што го остварила во 2018 година кога била на петто место според остварен приход, а лани се симнува на шестото место.Државната компанија МЕПСО пак со приходи од 88,7 милиони евра во текот на минатата година се наоѓа на 24 место на листата Топ 100 компании со вклучен државен сектор и во однос на претходната година има пад за едно место, но и мало намалување на приходите. Во однос на добивката оваа компанија лани имала добивка од 7,2 милиони евра и е зголемена во однос на претходната година кога изнесувала 6,4 милиони евра, објави pari.com.mk. Текстот во целост на: pari.com.mk. 

Македонија | пред 5 години

ELEM-Logo-MK

АД ЕЛЕМ реагира на соопштението од ВМРО ДПМНЕ

АД ЕЛЕМ испраќа остра реакција на соопштението на партијата ВМРО ДПМНЕ во кое се упатуваат неосновани и неиздржани критики за работењето на компанија. Таквите коментари се уште понелогични кога ќе се земе предвид историски најголемата добивка на АД ЕЛЕМ во 2018г. од речиси 30 милиони евра, за која информиравме вчера, се вели во реакцијата од АД ЕЛЕМ.Тие додаваат:АД ЕЛЕМ не е компанија ниту на ВМРО ДПМНЕ, ниту на СДСМ, ниту на било која друга политичка опција, туку е компанија на сите граѓани на Р. Северна Македонија. И наместо најголемиот профит што го направила компанијата од нејзиното постоење и кој е профит на сите граѓани на Р.Северна Македонија, да биде поздравен, најмалку што се очекуваше денеска е да биде направен обид тој успех да биде минимизиран со неиздржани и неточни информации. Ако со ова се сакаше да се покрие работењето на компанијата во изминатите години, кога АД ЕЛЕМ работел дури и со загуба од 14 милиони евра во одредена година, тоа е некоректно кон самата држава и граѓаните, со оглед на тоа што компанијата ни припаѓа на сите нас.Во однос на тоа како АД ЕЛЕМ менаџира со водните ресурси во акумулациите, доволно зборува фактот што од продажба на произведените вишоци електрична енергија во 2018 година остварен е приход од 21 милион евра, преку одлично изведените и синхронизирани продажби на вкупно 353.320 MWh енергија со просечна цена за околу 50% повисока од регулираната цена на електрична енергија.Исто така, сакаме да потенцираме дека компанијата не се користи за ,,згрижување и плаќање на семејствата на функционерите на власта”, туку во компанијата се вработени стручни лица кои помагаат за нејзино успешно и профитабилно работење, што се докажа во 2018г. Сите вработени во АД ЕЛЕМ, од прв до последен, без оглед на нивната партиска, политичка или верска припадност, сестручни за својата работа и придонесоа и продинесуваат за успешното работење и за постигнатата добивка од околу 30 милиони евра во 2018г.АД ЕЛЕМ е уверен дека овие изнесени лаги и невистини уште повеќе ќе ги поттикнат нашите 4 700 вработени со нивното домаќинско и одговорно работење да постигнат уште подобри резултати во иднина, се вели во реакцијата од АД Електрани на Македонија.

Македонија | пред 5 години

zxlatev

Златев за Алфа: Веднаш треба да ме притворат, ќе продолжам да објавувам документи од јавен интерес

Ако кривичниот прогон против мене нема политичка позадина веднаш треба да одам во притвор, бидејќи ќе продолжам да објавувам документи од јавен интерес, вели пред камерата на Алфа новинарот Љупчо Златев. Тврди дека зад кривичната пријава за пишан текст, има политички мотиви, директно споменувајќи дека е по нарачка на директорот на Агенцијата за национална безбедност Виктор Димовски.-И утре да добијам ист ваков документ кој има јавен интерес, јас пак ќе го објавам. Тоа значи дека јас јавно кажувам дека ќе го повторам делото. Доколку не е монтиран политички случај, во истиот момент јас треба да одам во притвор, затоа што најавувам повторување на делото. Најавувам и влијание врз сведоците, односно сите оние свиркачи, кои ми ги дадоа овие документи, им реков да се повлечат за да немаат свои реперкусии, вели Златев.Златев заработи кривична пријава откако објави две статии за злоупотреба во Агенцијата за национална безбедност.Текстот во целост на: Алфа

Македонија | пред 5 години

grob-tose

(ФОТО) Наместо вечното почивалиште на Тоше да има достоинствен изглед, тоа е запуштено

Наместо достоинствено вечно почивалиште, гробот на Тодор/ Тоше Проески запуштен. На социјалните мрежи споделена е фотографија како сега изгледа вечното почивачиште на Проевски.https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10222799291680265&set=gm.3249360718457521&type=3&theater&ifg=1 Само за потсетување на 26.06.2019 год Општина Крушево избра идејно решение за уредување на гробот на Тоше Проески. Автор на истото е Жарко Чаушевски, кој бил и единствениот пријавен на конкурсот. Истиот автор победи на конкурсот за уредување на гробот на Проески и пред неколку години, но таа идеја не се реализираше., поради тоа што објектот беше и поголем и поскап.За изгледот и содржините на идејното решение за почивалиштето на Тоше Проески било консултирано и неговото семејство.Вака треба да изгледа избраното идејно почивачиште на Тоше Проески. 

Македонија | пред 5 години

gradinka-2

Комисијата за заразни болести даде препорака за отворање на градинките

Комисијата за заразни болести на денешниот состанок даде препрака да почнат да работат градинките во земјава. За „Фактор“ откриваат дека дозволата се однесува и за државните и за приватните установи кои згружуваат деца од претшколска возраст.Сметаме дека градинките ги исполнуваат условите во кои ќе бидат згрижувани децата. Само 4 до 5 вакви установи во целата земја не ги исполнуваат бараните критериуми, но не може за сметка на само неколку да ги држиме сите градинки затворени. Време е и најмалите да се вратат во установите, а и родителите да почнат редовно на работа. Основно е да се прави поголема контрола, децата да бидат на некој начин редуцирани во групите, во однос на ова, приватните градинки практично целосно ги исполнуваат критериумите, вели д-р. Александар Стојанов, член на Комисијата за заразни болести и директор на Центарот за јавно здравје.

Македонија | пред 5 години

bebe

Бебето родено со 690 грама по три месеци заминува од ГАК

По три месеци и четири дена на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство -Скопје, со престој на одделот за интензивна нега и терапија (ОИНТ), предвремено роденото бебе Инара денеска замина дома како здраво бебе во добра општа состојба.Од Клиниката информираат дека бебето е родено на 27 април годинава и тоа предвреме во 28 гестациска недела, со само 690 грама, а денеска стручниот тим го испиша со 2.120 грама телесна тежина.-Тримесечната Инара денеска првпат ќе влезе во својот дом во скопското село Грчец, по 3 месеци поминати на ОИНТ, период во кој тимот лекари и медицински сестри секојдневно ја следеа нејзината здравствена состојба и заедно со новороденото ги надминаа сите предизвици кои се испречуваа пред нив. Тоа е нашата најмала хероина во 2020 година, родена спонтано, со застој во растот во текот на бременоста, информираат од Клиниката.Началничката на ОИНТ, Рената Димитриоска истакна дека во овој период од три месеци предвремено роденото бебе континуирано било следено и му биле правени редовни контроли на виталните органи кои, сега при испишувањето, се во референтните граници.-Бебето имаше исклучителни проблеми со дишењето кои доаѓаат со незрелоста и малата родилна маса, поради што 40 дена беше приклучено на механичка вентилација (респиратор), а потоа продолжено со неинвазивна (CPAP) вентилација уште 15 дена, што значи дека безмалку два месеци беше со потпомогната дишна функција. Овие мали бебиња често имаат проблем со отворени фетални комуникации (ДАП), кои претежно бараат и хируршки третман. ДАП имаше и нашето бебе, што во одреден период ја компромитираше респираторната функција, меѓутоа успеавме конзервативно да го затвориме, рече Димитриоска.Таа објаснува дека предвремно родените бебиња со екстремно мала родилна тежина се со намалена отпорност и се подложни на потешки инфекции.– И кај Инара се боревме со потешка инфекција која за среќа, беше успешно излекувана. Сепак, во рамки на екстремната незрелост и малата родилна тежина и целокупниот спроведен третман, новороденото го испишуваме во добра општа состојба. Бебето е стабилно и нема значајни оштетување на виталните органи, додаде Димитриоска.

Македонија | пред 5 години

paridenari1

Минималната плата од јули е зголемена на 14.934 денари

Сојузот на синдикати на Македонија потсетува дека минималната плата е зголемена и од јули и изнесува 14.934 денари. Во неа не се вклучени, туку дополнително се пресметуваат додатоците и надоместоците на плата.„Важно е денеска, на последниот ден од месец јули, да ги потсетиме работодавачите дека треба да ги  пресметуваат платите по новата утврдена минимална плата. Не смееме да дозволиме повторно да нè изиграат како со субвенциите за платите“, вели Дарко Димовски, претседател на Сојузот на синдикати на Македонија.Од Синдикатот нагласуваат дека праксата од страна на несовесните работодавачи да ги вклучуваат во минималната плата надоместоците и додатоците мора веднаш да запре.Од таму посочуваат дека зголемувањето на минималната плата треба да биде основа за скалесто зголемување на сите плати на работниците, што може многу лесно да се случи преку почитување на колективните договори.Минималната плата пред јули беше 14.500 денари.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Демократи бараат итно да се СТОПИРА одлуката за покачување на струјата, но и да се преиспита работењето на ЕЛЕМ, МЕПСО, РЕК-Битола

Поскапување на струјата од први август за 7.4 проценти, а гласачите повторно излажени од партиите за кои гласаа. Цената на Електричната енергија за сите потрошувачи се зголемува за 7.4 проценти од први август од страна на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), се вели во соопштението од Демократи.  Тие додаваат:ДЕМОКРАТИ се чудат како можат луѓето од РКЕ да донесат одлука за покачување на електричната енергија во време на историска катастрофална здравствена и економска криза.Како ДЕМОКРАТИ се прашуваме колку можат да бидат луѓето нестручни и нехумани кои ја водат Регулаторната.ДЕМОКРАТИ предлагаат итно да се СТОПИРА одлуката за покачување на електричната енергија од први август за 7.4 проценти во време на најголема здравствена и економска криза, криза која креира невидена невработеност и сиромаштија.Исто така да се преиспита финансиското работењето на ЕЛЕМ, МЕПСО, РЕК-Битола и на другите производители на електрична енергија.На место да се намалат трошоците за оперативното работење и бројот на вработените во овие државни фирми, властите ги ОКУПИРАА и си вработуваат нивни политички послушници и полтрони, а никој не знае колку пари се украдени од овие фирмите во последните триесет години на штета на граѓаните и државата.ДОСТА Е!!!ДЕМОКРАТИ за функционална држава. се вели во соопштението од демократи.

Македонија | пред 5 години

struja

СДСМ: Eвтината тарифа останува останува на сила во истите интервали, се уште сме меѓу земјите со најниска цена на струја во Европа

Регулаторната комисија која ја донесе Одлуката за корекција за цената, е независна и високо професионална институција која во изминативе 2 години направи и спроведе одлични реформи во својот делокруг. Оттука, веруваме дека нивните одлуки се професионално димензионирани во насока на заштита на интересите и на граѓаните и на компаниите, се вели во соопштението од СДСМ.И со корекцијата на цената, Република Северна Македонија и натаму има една од најниските цени на електрична енергија во регионот и во Европа.Пандемијата со коронавирусот што ја зафати нашата земја но и целиот свет го погоди и енергетскиот сектор на глобално ниво.Потрошувачката на струја драстично се намали.Од друга страна, во овој период на вонредна состојба енергетскиот сектор одговори на задачата и граѓаните имаа струја постојано. Дополнително се покажа одговорност и во ваква состојба обезбедено е пролонгирано плаќање на сметките без камати, како и да нема исклучување од енергетските системи во време на вонредна состојба. Ова е резултат на здравите енергетски политики и континуираните инвестиции во зголемување на домашното производство и обезбедување на сигурна и стабилна испорака на електрична енергија.За да се задржи функционалноста на енергетскиот систем во вакви вонредни состојби за потрошувачката кои неминовно следуваат, цената на електричната енергија се корегира за 7,42% односно за сметка од 1500 денари ќе има корекција од околу 100 денари. За да се заштитат граѓаните евтината тарифа останува на сила во дневните и ноќни интервали исто како и до сега.Преку евтината тарифа 15 милиони евра годишно остануваат кај граѓаните, а најголем дел од нив се социјално ранливите групи, пензионерите и невранотените лица кои најмногу ја користат оваа мерка.СДСМ во изминатите 3 години направи сериозни реформи во енергетиката. Се покажа дека реформскиот процес во енергетиката за заштита на потрошувачите, транзицијата на замена на јаглен со сонце- на обновливите извори на енергија и правото на избор се единствениот вистински пат кој гарантира отпорност на енергетскиот сектор и во вакви нови околности за сите, се вели во соопштението од СДСМ. 

Македонија | пред 5 години

antovski

Антовски: СДСМ денес даде амин за најголемото покачување на цената на струјата во Република Македонија до сега

СДСМ денес даде амин за најголемото покачување на цената на струјата во Република Македонија до сега.Регулаторната комисија за енергетика под контрола на СДСМ удри по џебот на граѓаните, истакна Стевче Антовски од ВМРО ДПМНЕ. Тој на денешната прес конференција додаде:Парите кои СДСМ ги потроши за поткуп сега ќе ги враќа во буџетот преку покачени давачки, кои треба да ги плаќаат граѓаните.Домаќинствата низ цела Република Македонија, сега ќе треба да го покријат изборниот поткуп на СДСМ. Имено Регулаторната комисија денеска донесе одлука за покачување на цената на струјата во висина од 7.4%. Со тоа сметката на струја која до сега била 1500 денари станува 1600 денари, а сметка од 3000 станува 3200 денари.Ова е поздрав од Заев до граѓаните. Зголемувањето на цената на струјата во време на корона криза може да го направи власт која се грижи само за себе и своите интереси, власт на која народот и е на последно место.Регулаторната комисија за енергетика која ако беше навистина независно тело, а не партиска комисија ќе знаеше дека обичниот граѓанин едвај го поминува месецот да се прехрани. Секоја зголемена давачка му е товар на буџетот.Ја прашуваме РКЕ: Затоа ли го одложи носењето на цената на струјата пред изборите, за да може сега без жал и одговорност да ја зголеми истата водејќи сметка само за компаниите, но не и за македонскиот народ.Ова е најголемото покачување на струјата во Република Македонија во изминативе 12 години. За тој период земјата немаше вкупно кумулативно покачување на струјата од 8%, а сега имаме покачување од 7.4%. Ова е вистински удар по џебот на граѓаните и нивниот стандард.Изговорот на Регулаторна комисија дека ЕЛЕМ и МЕПСО имаат намалени приходи не држат, затоа што токму овие две претпријатија беа користени како место за вдомување на партиски активисти на високи плати, непосредно пред избори бидејќи се вработени повеќе од 1000 лица.Тоа се работни места кои власта ги делеше во трка по гласови, а плата за истите ќе треба да обезбедат 2 милиони граѓани на Република Македонија преку зголемените сметки за струја.Дополнително загубите се и поради аздисаноста на власта со тендерите во РЕК Битола, каде вртеа камиони на фирми блиски на Заеви.Ова покачување на струјата денес е резултат на расипничкото владеење на СДСМ во изминативе 3 години. Граѓаните допрва треба да ги плаќаат сметките за хаосот кој го причини СДСМ во изминативе години.ВМРО-ДПМНЕ апелираше до Регулаторната комисија за енергетика да ја преиспита намерата за покачување на струјата, затоа што граѓаните не смеат да бидат жртва на лошиот менаџмент на власта, но тие уште еднаш се ставија во функција на СДСМ и на штета на граѓаните донесоа одлука за покачување на струјата.Регулаторна комисија и СДСМ донесоа одлука која граѓаните ќе ги чини пари, а за некого тоа ќе значи и нарушена егзистенција, истакна Стевче Антовски од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 5 години

vlado-misajlovski

Мисајловски: Kупувањето пратеници некако стана заштитен знак на СДСМ

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, вели дека купувањето пратеници станало заштитен знак на СДСМ, за што говори и минатото искуство.„Тоа што работата не им е завршена, не значи дека ‘понуди’ до пратеници нема“, вели Мисајловски. Неговата реакција следи по изјавата на техничкиот премиер, Оливер Спасовски, кој денеска обвинувањата од страна на опозицијата за купување пратеници ги оцени како небулозни.Мисајловски во реакцијата наведува дека од власт која организирала поткуп и фалсификат избори не може да се очекува чесност и принципи.Во однос на изјавата на Спасовски дека СДСМ очекува наскоро да биде формирана новата Влада и нови избори нема да има, Мисајловски вели дека допрва ќе се види дали е тоа така.„Ако е толку уверен дека СДСМ ќе ја формира владата да видиме кој е составот на таа влада, чие ќе биде премиерското место и чуму толку нервоза доколку работите им одат ‘подмачкано’ или да не биде работата кажана низ призмата на еден од нивните потпретседатели ‘гладна кокошка просо сонува’, тоа допрва ќе видиме“, наведува Мисајловски.

Македонија | пред 5 години

mitko

Јанчев: Кога ќе го преземам ВМРО – ДПМНЕ, секојдневното функционирање на партијата ќе се движи во еден сосема поинаков правец

Градоначалникот на Кавадарци од редовите на ВМРО- ДПМНЕ и поранешен потпретседател на партијата, Митко Јанчев, во интервју за „Фокус“ ги открива своите идни планови поврзани со партијата, но и одговара на обвинувањата од страна на лидерот на партијата Христијан Мицкоски.За неговите индиректни обвинувања за потрошен кадар, но и за отворената реакција од страна на Јанчев, кога по парламентарните избори јавно му порача на Мицкоски да се повлече од партијата, за амбициите и целите во иднина, околу тоа во кој правец треба да се движи ВМРО- ДПМНЕ, кавадаречкиот градоначалник ги сподели своите ставови.Фокус: Вие бевте првиот што рече дека Мицкоски после поразот треба да си замине од ВМРО – ДПМНЕ. Дали вие ќе бидете новиот лидер на ВМРО – ДПМНЕ и како планирате да ја преземете партијата?Јанчев: ВМРО – ДПМНЕ ќе дочека подобри денови, кои всушност ги чека одамна. Оваа ситуација не може да биде вечна. На луѓето веќе им е смачено од сите притисоци и тапкањето во место. Потребна е целосна промена, со демократски ставови, со различни мислења, со различни совети од сето тоа на крај да умееме да го извлечеме најдоброто. Едноумието не не води кон успех, премногу субјективно размислување не носи чекор назад. Кога Митко Јанчев ќе го преземе ВМРО – ДПМНЕ, секојдневното функционирање на партијата ќе се движи во еден сосема поинаков правец, а тоа значи европеизација, демократизација, економија и просперитет за секој еден граѓанин во нашата земја.Интервјуто на Митко Јанчев за Фокус во целост на овој линк.

Македонија | пред 5 години

korona-njemacka

Денеска се регистрирани 139 нови случаи на ковид 19, оздравени се 534 пациенти, починаа 6 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1377 тестирања, а регистрирани се 139 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-36, Куманово-11, Дебар-2, Штип-11, Прилеп-1, Тетово-14, Струга-8, Велес-4, Битола-2, Кавадарци-5, Гостивар-16, Струмица-1, Крушево-1, Кочани-1, Пробиштип-2, Македонски Брод-1, Виница-6, Свети Николе-1, Кичево-15, Ресен-1.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 534 оздравени пациенти од: Скопје-353, Куманово-61, Дебар-17, Штип-27, Прилеп-5, Тетово-17, Струга-4, Велес-4, Охрид-3, Гостивар-14, Струмица-4, Крушево-1, Кочани-2, Пробиштип-8, Свети Николе-5, Кичево-7, Ресен-2. Во денешните регистрирани оздравени лица најголем број од оздравените се лица од изминатиот период пријавени збирно од локалните центри за јавно здравје кон ИЈЗ.Починати се 6 лица, пет пациенти од Скопје (66, 67, 34, 67 и 86 години) и пациент од Кочани (76 г.). Пет пациенти се починати во болнички услови, а еден вонболнички.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 10754,  бројката на оздравени пациенти е 6554, на починати е 486, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3714. Од вчерашните 2 теста се контролни и се евидентираат денес. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 4811, активни 1488• Куманово 1049, активни 246• Дебар 195, активни 108• Штип 820, активни 425• Прилеп 331, активни 53• Тетово 1042, активни 226• Струга 449, активни 195• Велес 220, активни 18• Битола 137, активни 72• Охрид 272, активни 84• Кавадарци 60, активни 43• Гостивар 440, активни 260• Гевгелија 22, активни 11 (*7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 3 на Богданци)• Струмица 36, активни 20• Крива Паланка 24, активни 10• Радовиш 29, активни 23• Крушево 16, активни 9• Кочани 99, активни 23• Пробиштип 52, активни 20• Демир Хисар 31, активни 27• Македонски Брод 20, активни 16• Пехчево 6, активни 0• Берово 5, активни 2• Валандово 6, активни 0• Виница 14, активни 10• Делчево 5, активни 4 (*4 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 13, активни 7• Свети Николе 222, активни 175• Кичево 157, активни 102• Ресен 146, активни 32• Неготино 25, активни 5 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 1377 теста се преку: ИЈЗ-516, ЦЈЗ Скопје-23, Авицена-156, Биотек-116, МАНУ -78, Жан Митрев (Филип Втори)-185, Систина со PCR метода -192, Судска медицина -8, ЦЈЗ Битола-68, Инфективна клиника-27, ГАК-8. Досега во земјата се направени вкупно 102317 тестирања на ковид -19.  Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 10 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 84 пациенти. На кислородна поддршка се 46 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.Во болницата во Козле се хоспитализирани 9 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 1 дете позитивно на вирусот, како и 8 пациенти суспектни на вирусот.Во ГОБ „8 Септември“ примени се 15 нови, вкупно хоспитализирани се 100 пациенти. На респираторна машина се 3 пациенти.Во болницата во Битола се хоспитализирани 31, а во болницата во Штип се хоспитализирани 41 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 113 пациенти - позитивни и сомнителни на ковид-19.Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)• Чаир – 171• Аеродром - 171• Бутел - 97• Гази Баба - 145• Центар – 130• Карпош – 136• Сарај – 78• Кисела Вода – 157• Ѓорче Петров – 107• Студеничани – 64• Шуто Оризари – 117• Арачиново – 26• Илинден – 23• Петровец – 18• Чучер Сандево – 9• Сопиште – 23• Зелениково- 7• Странец – 4• Нераспределен- 5

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања