Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

krov

(ФОТО) Туристите на Охриѓани им се качија на глава, т.е на кров

Охрид е најпознатиот туристички центар во земјава. Познат во целиов регион но и во светов. Години градот бил преполн со гости од домашни и странски, но ова што се случува во моментов за Охриѓани е изненадувачки. Тие вакво нешто не паметат.Од ловење риби во полно капалиште, дивеење со глисери и скутери, миење лежалки во Езеро, пребрзо возење по сообраќајниците, паркирање кој каде ќе стигне само за да не се плати, фрлање смет кој каде ќе стигне, дивеење по најатрактивните локалитети во градот.На социјалните мрежи постојано се објавуваат видеа и фотографии од „чудно“ и недолично однесување. На најновата фотографија која ги вознемири сите, а е споделена на Фејсбук страната Охрид, се гледа како млади лица се качени на кров од куќа во стариот дел на Охрид.Не е познато дали фотографијата е од оваа година, но она што е на неа е крајно вознемирувачко.Прашање кое е неизбежно по вакво нешто: Знаат ли родителите од овие деца каде се? И дали некој размислува какви последици може да настанат само со мало невнимание?Коментар не е потребен.https://www.facebook.com/Makedoija/posts/1373808659476224

Македонија | пред 5 години

zaev-borisov

Бугарија: Договорот за добрососедство со Северна Македонија е еден од најважните настани во регионот

Потпишувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка на 1 август 2017 година ќе остане едно од најважните настани во современоста на нашиот регион, велат од бугарското Министерство за надворешни работи по повод 3 години од потпишувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Македонија.Во соопштението се наведува дека Бугарија останува цврсто убедена дека европскиот проект нема да биде завршен без пристапување на Македонија.– Ја поздравуваме одлуката донесена во март годинава за почеток на преговори за членство со Албанија и Република Северна Македонија. За Бугарија, главниот критериум за подготвеност за приближување кон ЕУ останува одржувањето на искрените добрососедски односи, заедно со владеењето на правото и основните права. Ние веруваме во добрососедските односи како основна европска вредност и во таа смисла целосното и совесно спроведување на Договорот од страна на Република Северна Македонија е клучен услов за понатамошниот напредок на земјата кон интеграцијата во ЕУ – се наведува во соопштението.Се додава дека со потпишувањето на Договорот Бугарија и Македонија направиле важен чекор за воспоставување на односите меѓу двете држави на нивно соодветно ниво како односи меѓу најблиски соседи и пријатели.Бугарското МНР нагласува дека еден од најважните апсекти на Договорот е работата на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања. Во овој контекст, Бугарија очекува Комисијата во најскоро време да ги продолжи своите активности и да оствари вистински напредок во својата работа врз основа на објективно толкување засновано на автентични историски извори засновани врз докази.– Денес, политичарите од двете страни имаат задача да покажат одговорност и да го потврдат изборот што го направија пред 3 години и, врз основа на нашето заедничко минато, да ја изградиме нашата заедничка европска и евроатлантска иднина – соопшти Министерството за надворешни работи на Бугарија.

Македонија | пред 5 години

Kejt-Brns-670x496

Брнз: Новата Влада да се формира во предвидените рокови

Американската амбасадорка во земјава Кејт Мери Брнз во интервју за весникот „Коха“ порача новата влада да се формира во предвидените рокови, со цел да се продолжи борбата против здравствената криза со Ковид-19. Таа исто така вели дека САД ќе соработуваат со сите политички парти во земјата за да се продолжи евроатланскиот пат на Северна Македонија.-Ние очекуваме партиите да се соберат и да ги исполнат роковите. Со оглед на кризата со КОВИД 19 и други важни проблеми со кои се соочува земјата, постигнувањето договор за нова Влада што ќе може да ги реши овие проблеми е приоритет, вели Брнз за „КОХА“.На прашањето за идејата на ДУИ за прв албански премиер, американската амбасадорка оценува дека плуралистичкиот систем на земјава овозможува избор на премиер со гласови на мнозинство пратеници, без оглед на етничката припадност.-Зависи од мнозинството во парламентот што ќе ја изгласа идната Влада.  Одредени квалификации на премиерот и неговата или нејзината способност да ја добие поддршката на мнозинството пратеници се, по природа на вашиот парламентарен систем, одлучувачки фактори тука без оглед на етничката или политичката припадност, рече Брнз.Зборувајќи за приоритетите што треба да ги има следната Влада, амбасадорката Брнз вели дека треба да се искористи моментот.-Новата Влада ќе мора да постави свои приоритети. Од наша гледна точка се надеваме дека таа ќе има за цел да извлече бенефит од моментот кога е овозможено членството во НАТО  и  напредокот кон ЕУ.  Спроведувањето на потребните реформи и решавањето на прашањата на владеењето на правото и корупцијата, вклучително и спроведувањето на правдата со неказнивост, ќе биде клучно за овој процес.  Најважно е да не се изгуби моментот, рече Брнз.Извор:МИА

Македонија | пред 5 години

siluvanje

23-годишен струмичанец силувал малолетно девојче

На 01.08.2020 во 06.00 часот во СВР Струмица, 40 годишна жителка од струмичко село пријавила дека С.К. (23) извршил обљуба врз нејзината малолетна ќерка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 5 години

brza-pomos-2

Почина жена по пад од поткровје

Жена од Батинци почина на лице место по пад од поткровје.Настанот се случил синоќа, а според информациите од полицијата, станува збор за жена на возарст од 34-години.Смртта ја констатирал доктор од итна медицинска помош. На местото на настанот излегла екипа од СВР Скопје и за настанот е запознаен јавен обвинител, по чија наредба телото е предадено на семејството.

Македонија | пред 5 години

soncanje-2

Намалувањето на изложеноста на сонце го намалува ризикот за појава на кожниот рак и стареење на кожата

Клиниката за дерматологија предупредува дека прекумерното изложување на сонце, особено на ултравиолетовите (УВ) зраци од сончевиот спектар, од најраната детска возраст, е главната причина за појавата на меланомот, не-меланотичниот кожен рак и стареењето на кожата. Најголемо влијание имаат изгорениците од сонце, но и долготрајното изложување на сонце без појава на изгореници е ризик фактор за појава на штетните ефекти на УВ зраците. Луѓето со светол тен и светла боја на очите кои лесно горат на сонце, имаат многу бенки или пеги, црвена или светла коса, се со особен ризик за развој на кожен рак и стареење на кожата.„Намалувањето на времето на изложеност на сонце го намалува ризикот за појава на кожниот рак и стареење на кожата. Но, не се препорачува ниту целосното избегнување на изложеност на сонце заради многубројните позитивни ефекти на сонцето, како што се синтезата на витаминот Д, антидепресивното влијание и поволното дејство на кардиоваскуларниот систем.  Најсигурна заштита е да не се излегува на сонце во периодот од 11.00 до 17.00 часот. Особено треба да се внимава кога УВ зрачењето се зголемува заради рефлексијата од снегот, белиот песок или бетонот. Облаците во мал степен претставуваат заштита од сончевото зрачење, додека пливањето во вода или ветер не обезбедуваат заштита.“ – информираат од Клиниката.Од установата препорачуваат кожата да биде заштитена со облека, најдобро густо ткаена, широка облека, да се носи шапка за заштита на лицето, вратот и ушните школки, како и очила со УВ заштита. Важно е да се биде сокриен од сонцето пред кожата да се зацрвени. Сенка од дрвја со густа крошна или од зграда би било идеално решение.Лекарите препорачуваат и да се користат креми со висок заштитен фактор (најмалку SPF 30) за заштита од УВБ зраците кои предизвикуваат изгореници или крем со 4 или 5 ѕвезди на логото со што се овозможува заштита од УВА зраците кои се одговорни за појава на кожен рак и стареење на кожата. Редовното нанесување на заштитен фактор на секои два часа е битно за реактивација на кремот.Луѓето кои примаат лекарска терапија или имаат заболувања кои ги прават особено осетливи на сончевата радијација треба да побараат совет и терапија од своите доктори, а бебињата и малите деца воопшто не треба да се изложуваат на директно сончево зрачење.

Македонија | пред 5 години

plaza-5

Професор Пановски: Подобро да ги затворат плажите отколку да кажат дека луѓето ќе седат на плажа со маска 3-4 часа на 40 степени

Професорот на Медицинскиот факултет, Никола Пановски во изјава за ТВ Телма вели дека е подобро да се затворат плажите, бидејќи задолжителното носење маска не се почитува.„Моментално сум на плажа во Охрид. Има 600-700 луѓе. Маски носат само келнерите и персоналот. Има два-тројца што ја носат под брада. Никој друг не носи маска“, вели д-р Пановски.Според него, протоколите мора да бидат сменети, бидејќи прописите што се носат, како овој за задолжително носење маска на плажа, мора да бидат логични.„Подобро да ги затворат плажите отколку да кажат дека луѓето ќе седат на плажа со маска 3-4 часа на 40 степени. Тоа е мачење. Никој со здрав разум не би го направил тоа, да седи со маска на плажа. Значи, по охридските а веројатно и по останатите плажи, маски не се носат, бидејќи е тоа невозможно“, вели професорот. 

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

7 Дена за Охрид - еве што работеа Јавните претпријатија

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески го објави седмичниот преглед на реализирани активности од страна на Локалната самоуправа.📌 Поставен прв слој асфалт на улица „Охридска Бригада“;📌 Поставен прв слој асфалт на крак од улица „Даме Груев“ во населбата „Христо Узунов“;📌 Реконструкција на внатрешните ѕидови во ОСУ „Свети Климент Охридски“;📌 Тековни активности за поставување на асфалт на улица „Прва Македонска ударна бригада“;📌 Тековни активности за уредување на тротоарите на улица „15 Корпус“;📌 Тековни активности за поставување на фекална канализација на улица „Абас Емин“;📌Тековни активности за изградба на баскет игралиште во населба „Црногорци“;📌Започна кампањата „Летувајте безбедно во време на пандемија“ за подигање на јавната свест кај туристите во Охрид, со цел да се зголеми почитувањето на мерките за заштита од Корона вирусот „Ковид 19“.https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/pcb.646522549286685/646522472620026/?type=3&theater

Македонија | пред 5 години

apasiev

Левица предлага укинување на Регулаторната комисија за енергетика

Политичката партија Левица реагира на поскапувањето на струјата, оценувајќи ја одлуката како ненародна. Eеден од предлозите на Левица е укинување на Регулаторната комисија за енергетика и инкорпорирање на нејзините ингеренции во Министерството за економија.Левица предлага и промена на начинот на функционирање на ЕСМ во однос на продажбата на вишоците, односно ЕСМ да го заштеди водниот потенцијал со целогодишен увоз на одредена количина на електрична енергија по економско прифатлива цена, додека во месеците кога енергијата е скапа да продава од заштедените акумулации, како и мораториум за вработување во овие енергетски компании.Политичката партија обвини дека еден од главните виновници за поскапувањето на струјата се енергетските политики на вицепремиерот Кочо Анѓушев.„Изговорот на социјал-демократите дека плаќаме најниска цена за електрична енергија е дрско манипулирање кога над 400.000 жители живеат на работ на сиромаштија и сведочиме масовно иселување поради социјалната беда, корумпираноста и невработеноста! Потенцираме, генезата на сегашното поскапувањето на електричната енергија има своја историја и никако не е само поради причините кои ги наведе РКЕ, кои би предизвикале поскапување за нешто повеќе од 1.5%, а не повеќе од 7%“, велат од Левица.Партијата ги повикува одговорните да го испитаат работењето на кадровските решенија на Анѓушев, со акцент на одговорниот на Операторот на електропреносниот систем при АД МЕПСО и неговото, како што велат, катастрофално менаџирање со водните ресурси во акумулациите – како и одговорните во ЕСМ задолжени за тендерите за ископ на руда, превоз и ремонти во компанијата.Левица предлага и итна замена на овие кадри со лица со интегритет и стручност, како и нивна одговорност за штетата која ја предизвикале.

Македонија | пред 5 години

koronavirus-ukrepi-

Денеска се регистрирани 138 нови случаи на ковид 19, починаа 7 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1621 тестирања, а регистрирани се 138 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-47, Куманово-17, Дебар-10, Штип-16, Прилеп-2, Тетово-2, Велес-5, Битола-5, Охрид-2, Кавадарци-1, Гостивар-10, Крива Паланка-1, Кочани-5, Пробиштип-1, Демир Хисар-1, Македонски Брод-6, Виница-2, Кратово-1, Кичево-3, Ресен-1.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 144 оздравени пациенти од: Скопје-105, Штип-9, Прилеп-2, Тетово-4, Велес-1, Битола-5, Гостивар-1, Кочани-4, Пробиштип-1, Демир Хисар-2, Берово-1, Кичево-7, Ресен-2.Починати се 7 лица, две пациентки од Скопје (64 и 67 години), пациентка од Македонски Брод (53г.), пациентка од Кичево (41г.), пациент од Битола (27г.), пациент од Дебар (78г.) и пациент од Штип (64г.). Шест пациенти се починати во болнички услови, а еден вонболнички.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 10891,  бројката на оздравени пациенти е 6698, на починати е 493, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3700. Од вчерашните 1 тест е контролен и се евидентира денес. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 4856, активни 1426• Куманово 1066, активни 263• Дебар 205, активни 117• Штип 836, активни 431• Прилеп 333, активни 53• Тетово 1045, активни 225• Струга 449, активни 195• Велес 225, активни 22• Битола 142, активни 71• Охрид 274, активни 86• Кавадарци 61, активни 44• Гостивар 450, активни 269• Гевгелија 22, активни 11 (*7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 3 на Богданци)• Струмица 36, активни 20• Крива Паланка 25, активни 11• Радовиш 29, активни 23• Крушево 16, активни 9• Кочани 104, активни 24• Пробиштип 53, активни 20• Демир Хисар 32, активни 26• Македонски Брод 26, активни 21• Пехчево 6, активни 0• Берово 5, активни 1• Валандово 6, активни 0• Виница 16, активни 12• Делчево 5, активни 4 (*4 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 14, активни 8• Свети Николе 222, активни 175• Кичево 160, активни 97• Ресен 147, активни 31• Неготино 25, активни 5 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 1621 теста се преку: ИЈЗ-729, ЦЈЗ Скопје-24, Авицена-168, Биотек-146, МАНУ -83, Жан Митрев (Филип Втори)-226, Систина со PCR метода -171, Судска медицина -2, ЦЈЗ Битола-53, Инфективна клиника-14, ГАК-5. Досега во земјата се направени вкупно 103938 тестирања на ковид -19.  Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 7 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 89 пациенти. На кислородна поддршка се 49 пациенти, 1 на механичка вентилација.Во болницата во Козле се хоспитализирани 10 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 2 деца позитивни, како и 2 пациенти суспектни на вирусот.Во ГОБ „8 Септември“ примени се 6 нови, вкупно хоспитализирани се 87 пациенти. На респираторна машина се 4 пациенти.Во болницата во Битола се хоспитализирани 30, а во болницата во Штип се хоспитализирани 41 пациент. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 120 пациенти - позитивни и сомнителни на ковид-19.Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)• Чаир – 168• Аеродром - 161• Бутел - 92• Гази Баба - 139• Центар – 128• Карпош – 128• Сарај – 70• Кисела Вода – 158• Ѓорче Петров – 101• Студеничани – 54• Шуто Оризари – 113• Арачиново – 24• Илинден – 23• Петровец – 17• Чучер Сандево – 10• Сопиште – 20• Зелениково- 8• Странец – 8• Нераспределен- 4

Македонија | пред 5 години

zaev-borisov

СДСМ: Договорот со Бугарија затвори децениско прашање и го отвори патот кон членство во НАТО и интеграција во ЕУ

Пред три години, Владата предводена од СДСМ водејќи се од државните и национални интереси, покажа храброст и решителност во решавањето на отворените прашања со соседите.На денешен ден пред три години се потпиша Договорот за присталество, добрососедство и соработка со Република Бугарија, Договор кој затвори повеќедецениско прашање меѓу двете држави, се вели во соопштението од СДСМ.Токму Договорот со Бугарија, а подоцна и Договорот од Преспа  ни донесоа членство во НАТО, отворен процес за преговори за членство во ЕУ, но и копретседавање на Берлинскиот процес годинава со што за прв пат земја која не е членка на ЕУ, зазема лидерска позиција во оваа регионална програма на ЕУ за Западен Балкан.Договорот со Бугарија денес е инспирација за соработка и добрососедство во регионот но и пошироко, а на македонскиот наорд и на сите граѓани во Република Северна Македонија им донесе сигурна, стабилна и безбедна иднина во НАТО и ЕУ.Денес и со Бугарија и со сите останати соседи имаме одлични добрососедски односи и искрени и посветени поддржувачи на евроатлатнскиот пат.Со постигнатиот договор, создадовме модел со кој го поставивме споделеното минато како темел за подобра иднина и подобар живот на нашите граѓани, се вели во соопштението од СДСМ. 

Македонија | пред 5 години

Plaza

(ВИДЕО) Што е тоа социјална дистанца? Охридските плажи преполни

На социјалните мрежи постојано се споделуваат видеа и фотографии од преполни Охридски плажи. И покрај препораките никој не почитува Владини мерки. Каде се инспекциите?И покрај пандемијата и непочитувањето на Владините мерки,  пазарните инспектори немаат казнето ниту една од фирмите кои поставуваат лежалки и маси, бидејќи плажите немаат легален стопанственик.https://www.facebook.com/goce.burzevski/videos/10221580881338654/

Македонија | пред 5 години

koronavirus-kovid-19-pacient-lekari-2

Тетовец раскажува како првпат во животот легнал во болнички кревет поради корона вирусот

Педесет и седумгодишниот Сашо Серафимовски од Тетово првпат во животот годинава морал да помине две недели во болнички кревет поради коронавирусот. Тој целиот живот се занимавал со скијање и досега немал никаков здравствен проблем. Во својата битка со КОВИД-19 тој раскажува дека згрешил што првите неколку дена ги игнорирал симптомите, па потоа тоа го „чинело” две недели болничко лекување на КОВИД-19, објави slobodenpecat.mk. – Беше недела, 28 јуни, цел ден работев дома, па вечерта имав 38 степени температура. Викам, ме „фатила” сончаница поради жешкото време и не обрнав мниогу внимание. Утредента, во понеделникот, преку ден немав некоја тешкотија, ама околу 18 часот имав пак температура 38,5, па се одлучив да земам парацетамол и ефедрол, затоа што ме болеше и глава. Во вторникот повторно температура, но веќе решив да се тестирам за коронавирус. Брис ми зедоа уште утредента, во средата. Во четвртокот ми беше најлошо, затоа што ми се појави стегање во градите, кашлање и слично. Зедов парацетамол, ефедрол и сумамед, објаснува Сашо за првите денови од битката со КОВИД-19.Следувала најлошата информација од рендген што покажал бронхопневмонија, па дефинитивно, според лекарите, морало да има болничко лекување. Бил хоспитализиран во Градската општа болница „8 Септември” во Скопје. Таму увидел дека секој организам различно се бори со коронавирусот.–Во болницата увидов дека секој организам различно се бори и тоа е најголемата битка за секој поединец. Кај мене тоа беше интензивно кашлање, едвај дишев, не може да се опише, не дај боже некој да доживее. Првите два дена немав потреба од кислород. Сатурацијата во крвта ми беше 94-97, сè што е над 93 е добро. Но третиот ден сатурацијата ми падна на 85 и итно реакцијата на докторите беше да ми дадат кислодорна поддршка, со тоа што по потреба ја користев, некои ја користеја цело време многу, така што помина период 3-4 дена. Дури по првите седум дена во болница ми беше подобро, откако добив кислород, антибиотици и витамини, раскажува Сашо.Сашо е воодушевен од третманот на лекарите, медицинските сестри и болничари во скопската болница. Тој смета дека кај него дел од надминувањето на оваа болест е огромното залагање на лекарите и медицинскиот персонал во Градската општа болница „8 Септември”.Текстот во целост на: slobodenpecat.mk. 

Македонија | пред 5 години

janevski

Јаневски: Грешките не треба да ги бараме во мерките туку во нас

Грешките не треба да ги бараме во мерките туку во нас. Нашата рамнодушност не донесе до нивно непочитување а сликите со отпадоци низ туристичките места секојдневие. Кога ќе поминеме покрај фрлено шише,лименка не треба да го шутнеме подалеку од нас туку за промена да го кренеме и фрлиме во канта за отпадоци. Промената започнува кога ќе почнеме да ја применуваме и колку да е тешко треба да почнеме со личен пример, напиша на својот ФБ профил директорот на агенцијата за промоција и поддрршка на туризмот Љупчо Јаневски.https://www.facebook.com/ljupco.janevski.1/posts/3135032303258844

Македонија | пред 5 години

infektivna_klinika-610x400

27 годишно момче од Битола позитивно на КОВИД 19 почина на Инфективната клиника во Скопје

Починатиот пациент 27 годишно момче од Битола, хоспитализиран беше на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби од 27 јули, соопштија од министерството за здравство.Претходно беше хоспитализиран на инфективното одделение во Клиничката болница во Битола.

Македонија | пред 5 години

naum-1

Стоилковски: Едно семејство после поскапувањето просечно во годината ќе треба да плаќа 200евра повеќе за струја

Минаа изборите и стаса сметката за неодговорното работење на Зоран Заев. Струјата поскапува околу 7,5%. Сега граѓаните од свој џеб ќе ги плаќаат скапите тендери кои ги прават Заеви во РЕК и партиските и непотистичките вработувањата кои изминатите години СДСМ и Заев ги правеа во енергетските компании на државата, истакна Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Дополнително, се она што беше преизборен поткуп за наводна поддршка на граѓаните, СДСM побрза да си го земе назад, но неколку кратно повеќе. Згора на се без срам претседателот на РКЕ се фали дека за сметка од 1500 денари зголемувањето ќе било само 100 ден.Почитувани, сметките за електрична енергија не се чист процент за пресметување.  На таа зголемена цена има и ддв од 18%. Оттаму ве уверуваме дека зголемувањето на сметка од 1500 денари ќе биде многу повеќе од 100 денари и ќе се движи и до 500 денари.Или поточно ако се земе предвид дека граѓаните плаќаат во просек сметки по 3000 денари месечно, поскапувањето ќе биде речиси 1000 денари поскапа струја месечно, односно до крајот од годината секое семејство ќе треба да одвојува дополнителни 12 илјади денари или 200 евра повеќе од својот семеен буџет.Она што се фалеа дека го дале со враќањето на ефтината тарифа, денес  го одземаа повеќекратно.Ненародната власт на СДСМ без срам се правда дека сме имале ниска цена на струјата. За жал сега многу земји од регионот ќе имаат пониска цена на електричната енергија од нас, а во исто време и повисок стандард од оној во Македонија.Сега ако се земе само цената на струјата од Македонија поефтина струја плаќаат во Србија, Бугарија, Косово, Албанија, Босна и Херцеговина, Молдавија, Украина.СДСМ  не доведе до питачки стап. Во време на корона криза кога секој е погоден на некој начин од кризата, не можеше да случи поголема катастрофа од ова зголемување на цената на струјата. Кога секое семејство се бори за да го преживее од први до први во месецот,плашејќи се и од здравствената криза, СДСM реши да ги богати енергетските компании. Истите тие кои вработија преку 1000 партиски војници во предизборието. Истите тие кои во ниту еден момент од кризата не беа коректни, па  наплаќаа однапред поголеми сметки, правдајќи се дека не извршиле читање на струјомерите.Дали освен тоа што Регулаторната комисија е партиска и непрофесионална, уште е и во спрега со големите енегетски компании? За жал, сето тоа се прави врз грбот на народот.СДСM не ветија, ама навистина остварија повисока цена на струјата. Евтината тарифа за струјата со која толку многу се фалеа ќе биде неколкукратно повеќе наплатена од џебот на граѓаните. Ова е сериозен удар врз граѓаните.СДСM покажаа дека знаат да функционираат само во криминал и само во грабеж, истакна Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 5 години

zaev-borisov

Три години од потпишувањето на Договорот за добрососедство со Бугарија

Денеска се навршуваат три години откако тогашниот премиер Зоран Заев, и премиерот на Република Бугарија, Бојко Борисов, во Владата го потпишаа договорот за добрососедство, пријателство и соработка.По тој повод, Заев денеска истакна дека со договорот ја отсликува политичката волја за прогрес и решавање на отворените прашања, а со него направен е историски чекор напред.„Создадовме модел со кој го поставивме споделеното минато како темел за подобра иднина и подобар живот на нашите граѓани. Перспективите на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија, а подоцна и Договорот од Преспа со Грција, ни ги донесоа членството во НАТО, отворениот процес за преговори за членство во ЕУ, но и ко-претседавањето на Берлинскиот процес годинава со што за првпат земја која не е членка на ЕУ, зазема лидерска позиција во оваа регионална програма на ЕУ за Западен Балкан. Овој успех стана инспирација и модел за соработка за регионот и пошироко, а македонскиот народ и сите граѓани на Северна Македонија ги потврдија своите најблиски сојузници на европскиот и прогресивниот пат кон подобра иднина“, пишува Заев.Како што додава, рамката на иднината на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка ги упатува владите на двете земји да бидат безрезервно посветени на остварување на перспективите за развој и напредок на односите на Република Северна Македонија и Република Бугарија и за добробит на своите народи.Договорот беше потпишан на македонски и на бугарски јазик, а предвидува бугарска поддршка во македонските евро-атлантски напори за влез во ЕУ и НАТО, соработка на билатерален план, унапредување на транспортните комуникации, олеснување разни царински и гранични формалности. Согласно договорот беше формирана заедничка македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања.https://www.facebook.com/zaevzoran/photos/a.243039092931/10158905407397932/?type=3&theater

Македонија | пред 5 години

rubin

Промоција на книгата „Балканскиот етнички феникс“ од Рубин Земон, во Охрид и Струга

Две промоции на најновотo издание на издавачката куќа Авант прес, студијата насловена „Балканскиот етнички феникс (Историско-етнографски аспекти за заедницата на Балканските Египќани)“ од д-р Рубин Земон ќе се одржат во:-Лапидариумот при Музеј куќата на Робевци во Охрид, на 01.08.2020, со почеток од 20 часот;-Платото пред центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, на 03.08.2020, со почеток од 20 часот.За книгата ќе говорат проф. д-р Ѓорѓи Тоновски и проф. д-р Зоранчо Малинов, а модератор на промоциите ќе биде Милчо Јованоски.При одржувањето на промоциите ќе се запазат сите безбедносни препораки и процедури предвидени поради се' уште актуелната пандемија на коронавирусот САРС-КоВ-2 (болеста Ковид-19).За книгата, рецензентите ќе издвојат:„Трудот е едно од ретките четива со кои во македонската социјална мисла сериозно и интегрално се актуелизира, истражува и се продлабочува знаењето за етничката структура на македонското општество... Тој, не само што ќе ги збогати нашите сознанија за оваа проблематика, туку може да послужи и како провокација за нови истражувања и на евентуални други делови од недоволно истражената етничка структура на балканските општества, вклучувајќи го и македонското.“Проф. д-р Ѓорѓи Тоновски„ Со оваа книга д-р Рубин Земон не само што ги поставува темелите, туку и доаѓа до едни конечни и завршни форми на еден, релативно, нов историски наратив – оној на етногенезата и историјата на балканските Египќани... книгата да предизвика широк интерес, а потоа и целосно преосмислување, т.е. сосем нов поглед и прочит на множество научни концепции, досега сметани за непроменливи аксиоми....На прв поглед книгата на Рубин Земон е типичен балкански феномен, добро познат во контекст на заедничката историја на балканските народи. Сепак, треба да се нагласи дека авторот не застанува тука, туку успева да ги надмине регионалните рамки со вбројувањето на неговите проучувања во контекстот на новата прочит на глобалната историја од Мартин Бернал и неговите следбеници.“Проф. д-р Елена Марушиакова, ипроф. д-р Веселин Попов„... научната мисла не само во нашата држава, туку и пошироко ќе биде запознаена со оваа заедница која за многумина претставува извесна енигма. Имено, децениските напори на авторот за поширока афирмација на заедницата на Балканските Египќани на којашто и самиот припаѓа очигледно вродуваат со плод, а најдобар доказ за сето тоа се и официјалните признанија на реалноста во врска со оваа заедница што доаѓаат од разните балкански држави (Косово, Албанија, Србија, Македонија) на полето на општествено - политичкиот живот.“Проф. д-р Зоранчо МалиновРубин Земон е етнолог односно социо-културален антрополог, роден во Струга, на 25 октомври 1970 година. Докторирал на Етнографскиот институт со музеј при Бугарската Академија на науките во Софија, Република Бугарија, во 2005 година. Бил научен соработник во Институтот за општествени и хуманистички истражувања „Евро - Балкан“ во Скопје, универзитетски професор при Универзитетот „Св. Апостол Павле“ во Охрид. Во 2016 година е назначен за директор на Институтот за општествени и хуманистички истражувања при Универзитетот „Евро - Балкан“ во Скопје.На повеќе наврати е ангажиран како експерт/консултант од страна Советот на Европа, како и ОБСЕ/ОДИХР за различни мисии, проекти и проблематики поврзани со националните малцинства и мултикултурализмот, во разни држави на Европа, особено во земјите на Југо-источна Европа.Позната е неговата активност и во граѓанскиот сектор во земјата и странство како претседател на Сојузот на балканските Египќани, член на претседателството на Македонското етнолошко друштво, член на претседателството на Мрежата за мултикултурно општество и др.Од 2013 година ја иницира и секоја година успешно ја организира како претседател на Програмскиот комитет на годишната Меѓународната конференција за културно наследство, туризам и медиуми, што веќе традиционално се одржува во Охрид за време на празнувањата на Водици, на која учествуваат околу 100-тина научници и стручни лица од земјата и странство.Во 2018 година е назначен за посебен советник на претседателот на Владата на Република Македонија за развој на мултикултурното општество, интеркултурализамот и интер-културните комуникации. Од таа позиција ја иницираше и почетно ја водеше подготовката на владината Националната стратегија за развој на концептот за Едно општество и интеркултурализмот, која всушност е и прва ваква државна стратегија за интеркутурализам во Европа.Во јануари 2019 година Рубин Земон е избран за пратеник во Собранието на Република Северна Македонија.

Македонија | пред 5 години

Konjanici5-960x835

На Гумење, во Крушево ноќеска се тепале коњаници од Лисиче, а полицаец пукал во воздухот да ги смири

На Гумење, во Крушево ноќеска се тепале коњаници од Лисиче, а полицаец пукал во воздухот да ги смири.Како што јавија од МВР, полицискиот службеник кој вршел патролна служба на Гумење, забележал тепачка помеѓу лице од Крушево од едната страна, и петмина скопјани од коњаницата Лисиче од другата страна. Тие меѓусебно си размениле по неколку удари, објави Макфакс. Заради спречување на тепачката, како што информираат од МВР, полицаецот со службениот пиштол испукал еден предупредувачки куршум, пришто тепачката престанала.Со реакција за случајот се огласи и градоначалникот на Крушево, Томе Христоски. Тој вели дека имало повеќе нарушувања на јавниот ред и мир со карање, физички напади, меѓусебни тепачки, групирања, забави, а со тоа и непочитување на мерките, препораките и протоколите. Вели дека во таа насока се преземени соодветни мерки против сторителите.Христовски ги повика граѓаните, особено коњаницата на мирно и достоинствено чествување на празникот „Илинден“.„Во Крушево нема место за насилници, вандали и нивно нечовечко однесување со демонстрирање сила или моќ врз мирното население во пресрет на празникот“, додава тој.извор: Макфакс

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

(ФОТО) Пронајдени 112 стебла канабис во делчевско

Одделот за криминалистичка полиција при Бирото за јавна безбедност во координација со СВР Штип- Надворешна канцеларија за криминалистички работи Делчево денеска (01.08.2020) во атарот на делчевското село Град, во месноста Суви дол пронајде насад со 112 стебла „Канабис сатива“ во висина од 75 см до три метри. По насоки на  јавен обвинител од ОЈО Кочани стеблата се подигнати за вештачење, а се преземаат и дополнителни мерки и активности со цел расчистување на случајот.  

Македонија | пред 5 години

gradiste-1

Министерството за здравство апелира да се почитуваат донесените протоколи за работата на плажите и базените

Во пресрет на продожениот викенд и со оглед на зголемениот број посетители во туристичките места низ државата, Министерството за здравство апелира да се почитуваат донесените протоколи од Комисијата за заразни болести, кои се однесуваат на работата на базените и на плажите во текот на пандемијата со КОВИД-19, како од страна на посетителите, така и од страна на вработените.Препораките опфаќаат правила за однесување на плажите кои се однесуваат на сите вработени лица и посетители за носење лична заштитна опрема на лицето, што го покрива делот на носот и устата, достапни и видливи места за средства за дезинфекција на рацете, физичка дистанца од 1,5 до 2 метра, вклучително и при престој во вода, како и ограничување на бројот на посетители на плажата согласно квадратурата, односно максимум 15 посетители на 100 м² нето површина.Согласно Протоколот за работата на плажите во тек на пандемија со КОВИД-19, освен задолжителното почитување на основните превентивни мерки: носење лична заштита на лицето, држење физичка дистанца од два метра, често миење на рацете со вода и сапун, или со средство за дезинфекција, се предвидува и редовно чистење и дезинфекција на околината на плажите и точното и видливо информирање на посетителите со информативно-едукативен материјал, во однос на почитување на основните превентивни мерки и начинот на однесување, и гласовно информирање за придржување кон препораките.На плажите е задолжително меѓу поставените чадори да се обезбеди минимално растојание од 4 метри, а растојание од 1,5 до 2 метра меѓу лежалките поставени под соседни чадори. Лежалките задолжително да се дезинфицираат пред и по користењето на секој посетител, а секое лице задолжително да постави пешкир на лежалката пред да ја употреби.Се забрануваат групните спортови (како одбојка на плажа), и задолжително е одредувањето лица, кои ќе го контролираат бројот на посетители  и спроведувањето на мерките. На плажите не се препорачува користење гардероби на плажа.Воедно, протоколот за работата на плажите во тек на пандемија со КОВИД-19 ги уредува и санитарно-хигиенски мерки, препораките за вработените, а за користење на угостителски услуги се препорачува почитување на протоколот за угостителска дејност во услови на пандемија со КОВИД-19.Во однос на работата и функционирањето на базените, во протоколот за работа на базените во тек на пандемија со КОВИД-19, покрај почитувањето на основните превентивни мерки за лична заштита, утврдено е пред билетарите задолжително да се обележи растојание (место за чекање) од 1,5 до 2 метра.Исто така, меѓу вработениот и посетителот да се обезбеди растојание од 1,5 до 2 метра или заштитна бариера. Да се препорача и практикува бесконтактно плаќање со кредитни картички и да се обезбеди и препорачува онлајн купување на билети.Користењето на соблекувалните е дозволено по принцип еден посетител во една соблекувална со воспоставување ред од назначени лица од редарска служба.Се препорачува зачестено да се чистат и дезинфицираат соблекувалните на секои два часа (по потреба и почесто). При влез во базенскиот дел, задолжително секој посетител да се истушира и да помине преку хиперхлорирана дезбариера за миење на нозете.

Македонија | пред 5 години

mijalkov

Битка за тронот: Мицкоски против Мијалков и Јанчев! На која страна ќе застанат унгарските медиуми!?

Беснее војната за тронот во ВМРО ДПМНЕ. Се разменуваат удари и напади преку медиумите и преку фејсбук. Во последните два дена нивото на испратени пораку меѓу спротиставените страни се засили. Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервјуто за Сител тие кои бараат негово заминување од лидерското место ги нарече партнери на Заев. Нивните напади не наидуват на поддршка ниту во структурата на партијата ниту во членството, ниту помеѓу граѓаните, оцени Мицкоски, објави vocentar.com. Според Мицкоски, расчистувањето со тие групи е последниот товар од кој што се ослободува ВМРО-ДПМНЕ во овие 31 месец откако сум избран за претседател на партијата. Сега сите тие заедно на купче остануваат да му бидат верен коалиционен партнер на Зоран Заев, па јас би му посакал со среќа нека му е со сите нив.Поранешниот директор на Управата за безбедност и разузнавање и поранешен член на ИК на ВМРО ДПМНЕ, Сашо Мијалков преку својата фејсбук страна го обвини Мицкоски дека намерно губи на избори од Заев за да се спаси од кривични пријави.Пред изборите слушнавме десетици обвинувања за криминал со хидроцентралите, за сомнителни исплати од ЕЛЕМ, за незаконско финансирање на кампањата, за сомнителни договори за локалните избори во Охрид, па дури и за непотизам при вработувањето на факултет.Сепак нема кривична постапка за ниту еден предмет, а уште помалку притвор за Мицкоски. Малку е чудно што Мицкоски обвинуваше дека Заев го контролирал судството и обвинителството, а сега за него нема ни притвор, ни пријава. Затоа легитимно се поставува прашањето дали цената на амнестијата на Мицкоски е губење на изборите и уште колку избори Мицкоски треба да загуби, напиша на својата фејсбук страна Сашо Мијалков.Текстот во целост на:  vocentar.com. 

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Единствена Македонија: Во Берово, еден од најголемите бандити на транзицијата Ванчо Чифлиганец прогласен за личност на годината од новинарите

На свеченост во Берово насловена како „Ноќ на источните оскари“, замислете, еден од најголемите бандити на транзицијата Ванчо Чифлиганец прогласен за личност на годината од новинарите поради, внимавајте добро, успешен бизнисмен, филантроп, донатор, човекољубец, велат од „Единствена Македонија“.Во продолжение тие додаваат:За помладите да знаат, Чифлиганец како еден од најголемите бандити го украде златото во „Бучим„ а во 1992 година за време на ембаргото на Обединетите нации спрема СР Јуославија, од рудникот Бор во Србија прошверцува бакар за Јапонија во вредност од 200 милиони долари за провизија од 20 отсто или зема 40 милиони долари прикажувајќи го како бакар од „Бучим“.Се разбира, Чифлиганец не е крив и не треба да му се лутиме. Народот си сака да го тепаш, пљачкаш, да го ограбиш и на крај пак да си ги сака и гласа џелатите, па, ете, и Ванчо од бандит сега за народот е успешен бизнисмен, филантроп, донатор, човекољубец....Тоа е тоа, народот си сака романтика!Како и да е, ние во Единствена Македонија остануваме на определбата во точката 10 од нашата Платформа „Битка за Македонија„ во која се заветивме на следното: „Ревизија и одземање на украденото во криминалната, нечесната и неправедната приватизација со која е извршен грабеж на општествениот имот кој 50 години наназад го создаваа сите работни луѓе во социјализмот, ревизија и одземање на украденото и во постприватизацискиот период. Со еден збор, одземање на украденото од позиција на власт во изминатите 30 години“, велат од „Единствена Македонија“.https://www.facebook.com/EdinstvenaMAKEDONIA/photos/a.1511008079193674/2364734593821014/?type=3&theater

Македонија | пред 5 години

skolo

ВМРО ДПМНЕ: Власта на Заев во пресрет на новата учебна година нема никаков план и решение

Власта на Заев е тотално изгубена во менаџирањето на кризата со епидемијата од корона вирусот. Ниту на здравено поле, ниту на економско поле, ниту на полето на образованието. Уште еден месец до официјалниот старт на новата учебна година а МОН и Комисијата за заразни болести немаат решение како ќе се одвива образовниот процес, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Затоа ВМРО-ДПМНЕ нуди конкретно решение во 10 точки што треба да овозможи непречен и ефективен процес на едукација на учениците во новонастанатата состојба со епидемијата.Очекуваме Министерството за образование и наука да ги земе предвид нашите предлози и да ги подготви просветните работници, родителите и учениците за новата учебна година.Жалиме што немаше конкретен план за справување со новонастанатата состојба од страна на властите поради која најголема штета им се прави на учениците.Но, за жал како и за многу други аспекти власта на Заев потфрли и во овој аспект и покажа целосна неодговорност, неспособност и неорганизираност. Тие се организирани само кога се работи за криминалот, корупцијата и рекетот. Да се работеше за Луј Витон торби полни со милиони евра, снопчиња пари или пазар со правдата сигурно ќе беа организирани и брзо ќе најдеа решение.Граѓаните не заслужуваат власт на Заев, бидејќи со Заев Македонија тоне, а цвета криминалот, корупцијата и рекетот, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 5 години

transplatacija

За три години изведени се 55 трансплантации на бубрези, 10 се од починат дарител

Од Клиниката за нефрологија информираат дека во последните три години (период 2017-2020), направени се вкупно 55 трансплантации на бубрези. Од вкупниот број, од починат дарител се изведени 10 трансплантации, со што 10 пациенти добиле бубрег.- Во 2020 година, пред почнувањето на ковид пандемијата беа изведени четири трансплантации од жив дарител. Во месец мај 2020 год, во екот на пандемијата беше изведена првата кадаверична трансплантација од која органи добија двајца пациенти (кај еден пациент трансплантираниот бубрег не беше прифатен). Во текот на вчерашниот и денешниот ден тимовите од Клиниките за нефрологија и урологија изведоа две кадаверични трансплантации - двајца пациенти добиваат бубрег. На пациентите им посакуваме успешен тек во процесот на опоравување, порачуваат од Клиниката.Со трансплантацијата на бубрези, пациентите повеќе не одат на дијализа и квалитетот на живот значително им се подобрува.

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања