Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

pretor

Младо момче се удави во Претор

Во Претор доцна попладнево се удавил капач. Според очевидци станува збор за млад капач од Ресен, објави Нова Македонија.До давањето дошло откако три млади капачи се возеле на педалинка. Од непознати причини педалинката се превртела. Двајцата млади капачи со пливање излегле на површина, а едното од децата не излегло од водата.Нуркачите трагаат по удавениот капач во Претор.Според тие кои го познавале момчето станува збор за капач на возраст од 16-17 години, жител од селото Јанковец, Ресен. 

Македонија | пред 5 години

lezalka

Филипче: Лежалката на плажа лесно се заменува со болнички кревет

Лежалката на плажа лесно се заменува со болнички кревет. Да ги почитуваме мерките за заштита од ковид-19. Да го зачуваме нашето здравје, но и здравјето на нашите родители, баби и дедовци. Затоа што нема ништо поважно од грижата за нашите најблиски. Носи заштитна маска, одржувај физичка дистанца, не се групирај и често миј ги рацете, напиша на својот ФБ профил министерот за здравство Венко Филипче.https://www.facebook.com/filipce.venko/posts/2452958745011144

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Во Градиште кај две лица од Кичевско, пронајдена марихуана

На 01.08.2020 година во 23,50 часот во полициска станица Охрид приведени се Б.Т.(21) од Кичево и Д.С.(23) од кичевското село Вранештица. При извршена контрола, во нивното патничко моторно возило паркирано кај авто кампот „Градиште“ во Охрид, пронајдена и одземена е опојна дрога марихуана. По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Македонија | пред 5 години

Ivica-Konevski-1

Коневски до Мицкоски: Кога сите треба да се обединиме, ти пак посегна по клеветење и навреди

ФБ статус на Ивица Коневски:Мицкоски, ти повторно се однесуваш срамно и тоа на овој голем ден, на најголемиот македонски празник Илинден.Кога сите треба да се обединиме, ти пак посегна по клеветење и навреди. Сите ние што те повикуваме да си дадеш оставка ѝ посакуваме добро на партијата, а ти очигледно си немоќен да се справиш со искрените критики.Со ова го допре дното и уште еднаш покажа дека не си достоен за функцијата што ја вршиш. Наместо ниски страсти и фрустрации, треба човек кој обединува. Редно е да си одиш од ВМРО-ДПМНЕ.https://www.facebook.com/IvicaKonevski/posts/3054684727982430

Македонија | пред 5 години

straza-3

Верижен судар на Стража, пет лица повредени

На 01.08.2020 во 08,40 часот на магистрален пат Кичево-Скопје, пред превој „Стража“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „рекстон“ сопственост на МВР, управувано од полициски службеник, патничко моторно возило „фолксваген“ со тетовски регистарски ознаки управувано од Ф.Б.(22) од Тетово, патничко моторно возило „опел корса“ со тетовски регистарски ознаки управувано од А.Б.(22) од Тетово и патничко моторно возило „цитроен“ со гостиварски регистарски ознаки управувано од В.Т.(24) од Гостивар. По незгодата со возило на итна медицинска помош возачот на патничко моторно возило „цитроен“ В.Т. со неговите сопатници Ј.Г.(20), В.Г.(23), Г.Т.(20) и Ц.М.(20) сите во Гостивар биле пренесени во Ургентен центар во Гостивар. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Гостивар.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Скопјани се истепале во стариот дел на Охрид, две лица пренесени во болница

На 02.08.2020 година во00,30 часот, на плажата „Сараиште“ во Охрид,нарушен е јавниот ред и мир со физички напад и употреба на стаклен предмет, извршен од Л.Ч.(23) врз Љ.Д.(24) и Д.Ј.(24), сите од Скопје. Љ.Д. и Д.Ј. со возило на Итната медицинска помош се пренесени во Општата болница во Охрид а напаѓачот е приведен. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 5 години

Kosta

Георгиески: Одбележувајќи ги двата Илиндена1903 и 1944, ние славиме за поставување на темелите на македонската државност

Градоначалникот на Охрид , Константин Георгиески  на  сите  oхриѓани  и останати граѓани на  Република Северна Македонија им го честита   2-ри август, Денот на Републиката.– Одбележувајќи  ги двата Илиндена  1903 и   1944, ние   славиме за поставување на темелите на македонската државност. Денес се потсетуваме на херојските дела на сите илинденци и борци  кои  со  своите животи ја   испишаа  македонската историја ,а нивните идеали за слобода и независност станаа наша реалност .Многу години по Илинденското востание и Првото Заседание на АСНОМ  чекорејќи по стапките и водејќи се  според идеалите на нашите херои , обединети и сложни  продолжуваме  посветено да работиме на изградба на модерно, просперитетно и европско општество. Рамо до рамо со модерните демократски држави сме дел од НАТО и смело чекориме кон рамноправно членство во Европската Унија. Продолжуваме посветено и одговорно да ја надградуваме и развиваме нашата татковина во сите сегменти од општественото живеење со цел да обезбедиме подобра иднина за сите нас и нашите поколенија . Нека ни е честит и вековит 2- ри август, Денот на Републиката.  

Македонија | пред 5 години

3

(ФОТО) Охрид го чествува Денот на Републиката

Со оддавање на почит на хериоите од двата Илиндена, Општина Охрид го одбележа 2. Август-Денот на Републиката. Овогодинешните илинденски чествувања се во знакот на 76-годишнината од Првото заседание на АСНОМ и 117 годишнината од Илинденското востание.Во текот на вчерашниот ден, делегација на Општина Охрид предводена од заменик градоначалникот Ристо Николески присуствуваше на пригодниот собир во село Велгошти и положи свежо цвеќе на спомен обележјето на илинденците.Денеска, општинска делегација предводена од Претседателката на Советот на Општина Охрид, Живка Ангелеска положи свежо цвеќе пред спомен обележјата во Градскиот парк во Охрид и спомен обележјето кај Прентов мост.

Македонија | пред 5 години

02082020_PVRSM_Spasovski_2_Avgust-1

Спасовски: Го прославуваме Денот на Републиката под слоганот „Победа за сите“ како симбол на заедништво, а не на поделби

Премиерот Оливер Спасовски, во обраќањето по повод Денот на Републиката од скопското Кале повика на изградба на граѓанско општество за сите, сплотеност и солидарност.Тој се заложи за победи, а не поделби, повикувајќи на обединување во држава која ќе биде слободна татковина на сите граѓани и на сите етнички заедници.„Како и на нашите предци, должни сме им да се спротивставивме на фашизмот гласно и храбро. Борбата со фашизмот и против делбите на нашите граѓани, против сеењето на омраза помеѓу браќа, соседи и другари, е наша света обврска. Нашите партизани застанаа храбро и пркосно наспроти фашизмот, и благодарение на таа храброст и на тој пркос, денес ние имаме држава. И ништо помалку од тоа не смееме да им оставиме на идните генерации. Денес славиме празник и во чест на сите генерации наши сограѓани и сограѓанки кои во нашата слободна држава го вградуваа својот сопствен придонес за да стоиме гордо пред државното знаме и гордо да го зборуваме својот мајчин македонски јазик. Гордо да го славиме македонскиот јазик кој беше заведен како службен јазик во македонската држава токму на Илинден во 1944 година, и кој денес е впишан во личната карта на нашата држава во Обединетите Нации, каде што покрај името Република Северна Македонија, за јазик стои: македонски јазик“, рече Спасовски.Премиерот нагласи дека согласно принципите на Илинден кои не се завртени кон минатото, туку кон иднината, нашиот најјасен патоказ денес е патот кон европските вредности и вредностите на НАТО, како сојуз на кој му припаѓаме како полноправна членка.Осврнувајќи се на кризата со коронавирусот, првиот човек на Владата порача дека  начелата на солидарност и заедништво се попотребни од било кога досега. Спасовски говореше и за договорите со Грција и Бугарија, нагласувајќи дека во духот на илинденците денес подадовме рака за соработка со сите соседи и ја стекнавме нивната доверба.„Благодарение на овие договори Северна Македонија од лош пример се претвори во успешна приказна. Таа стана светла точка на Балканот. Довчерашните резигнирани соседи, станаа наши најсилни лобисти и поддржувачи на меѓународен план. Станавме сојузници. Покажавме и докажавме дека со слога, а не со кавги, државата оди напред кон подобро“, додаде Спасовски.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Мицкоски: Илинденците и сето она за што се бореа е нашата света кауза поради која и постои ВМРО

117 години од Илинденското востание татни комитското УРА за слободна независна и автономна Македонија и 76 години од вториот Илинден кој ја печатираше желбата за слобода и ја круниса таа вековна епопеја на македонскиот народ за своја држава.Илинденците и сето она за што се бореа е нашата света кауза поради која и постои ВМРО, и ова не се само обични букви тоа е кодот на Македонецот преточен во слова зад кои има историска големина, и ако некој мисли дека ВМРО припаѓа само на една историска генерација треба да знае дека пред се тоа му припаѓа на народот, на жените и мажите, на старите, и младите, православните, католиците, муслиманите, евреите и така ќе остане, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од струшкото село Ташмаруништа на граѓаните им го честита Денот на Републиката.Во своето обраќање, Мицкоски се извини за грешките на ВМРО-ДПМНЕ од минатото и порача дека во Македонија мора да има правда, а тој нема да се откаже од таа цел. Ги нападна сите оние кои деновиве бараат одговорност од него за резултатот од изборите.„Денес оние кои се товар во ВМРО душмански жестоко се обраќаат кон ВМРО. Целосно свесен за нивните постапки од минатото, и целосно свесен дека токму овие жестоки по-јаничарени јуришници на власта беа и товар на партијата, сакам јасно и недвосмилено да истакнам дека јас како претседател на ВМРО-ДПМНЕ му се извинувам на народот за сите грешки и неправди кои овие луѓе ги имаат направено. Тие во ВМРО гледаат личен интерес, а јас во ВМРО-ДПМНЕ гледам кауза. Јас повеќе не сакам да ги коментирам, верувам во народот и верувам дека народот сосема јасно разбира за што овде се работи и кој за што се бори, кој ја сака и кој работи за Македонија. Ако оваа темнина е тунелот кој го создаде оваа власт, и во кој сака свесно да опстојуваме, јас ќе ви кажам дека има светло на крај од тунелот. А за тоа светло вреди и треба да се бориме“, рече Мицкоски.Како што рече,  живееме во време на неправди, удари, подмолни струи кои треба да не обесхрабрат и да се откажеме. Секој од нас, вели Мицкоски, треба да знае дека овој ден денес го славиме не затоа што илинденците се откажале, туку затоа што се бореле. А борбата за Македонија е вечна, исто како и идеалот за неа.„Илинденците и сето она за што се бореа е нашата света кауза поради која и постои ВМРО, и ова не се само обични букви тоа е кодот на Македонецот преточен во слова зад кои има историска големина, и ако некој мисли дека ВМРО припаѓа само на една историска генерација треба да знае дека пред се тоа му припаѓа на народот, на жените и мажите, на старите, и младите, православните, католиците, муслиманите, евреите и така ќе остане“, истакна Мицкоски.Додаде дека државата сериозно скршнува од патот на илинденските идеали и дека сето тоа е со намера за да народот биде во апатија и мисли дека сите се исти, а тоа не е така.Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ заклучи дека во Македонија мора да има правда, а не криминал и обвинителство кое го легитимира.Нашата Македонија заслужува подобра иднина, а не заслужува влада која преку огласи бара дивоградби, иако тие стојат пред нејзините очи. Нашата држава заслужува комплетно нова генерација на политичари и смена на транзициските ликови кои се сидрото на оваа држава. А нам ни треба едро и силен ветер да одиме напред, додава претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, нагласувајќи дека државата мора да се врати на илинденските идеали, а тоа е слободата, правдата и заедништвото.„Ова е наша заедничка задача, да ја вратиме среќата кај луѓето, да се врати насмевката, вербата во државата и да се потпираме едни на други“, додаде Мицкоски.Во однос на формирањето на Владата, Мицкоски нагласи дека тоа е натпревар кој се игра до последна минута.

Македонија | пред 5 години

koronavirus-test

166 нови случаи на ковид-19 во земјава, оздравени се 185 пациенти – починати се 4 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1419 тестирања, а регистрирани се 166 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-47, Куманово-17, Дебар-1, Штип-23, Тетово-12, Струга-7, Битола-1, Охрид-3, Кавадарци-9, Гостивар-15, Гевгелија-1, Струмица-1, Демир Хисар-1, Македонски Брод-10, Виница-2, Свети Николе-2, Кичево-12, Неготино-2.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 185 оздравени пациенти од: Скопје-98, Куманово-17, Штип-25, Битола-8, Гостивар-15, Радовиш-2, Пробиштип-1, Свети Николе-12, Кичево-3, Ресен-4.Починати се 4 лица, пациент од Скопје (77г.), пациент од Кичево (72г.), пациент од Штип (58г.) и пациент од Битола (70г.). Сите пациенти се починати во болнички услови.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11054,  бројката на оздравени пациенти е 6882, на починати е 497, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3675. Денес се евидентираат 3 контролни теста и исправка за 1 оздравено лице. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 4901, активни 1372• Куманово 1083, активни 263• Дебар 206, активни 118• Штип 859, активни 428• Прилеп 333, активни 53• Тетово 1057, активни 237• Струга 456, активни 202• Велес 225, активни 22• Битола 143, активни 64• Охрид 277, активни 89• Кавадарци 70, активни 53• Гостивар 465, активни 269• Гевгелија 23, активни 12 (*7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 3 на Богданци)• Струмица 37, активни 21• Крива Паланка 25, активни 11• Радовиш 29, активни 21• Крушево 16, активни 9• Кочани 104, активни 24• Пробиштип 53, активни 19• Демир Хисар 33, активни 27• Македонски Брод 36, активни 31• Пехчево 6, активни 0• Берово 5, активни 1• Валандово 6, активни 0• Виница 18, активни 14• Делчево 5, активни 4 (*4 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 14, активни 8• Свети Николе 224, активни 165• Кичево 172, активни 105• Ресен 146, активни 26• Неготино 27, активни 7 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 1419 теста се преку: ИЈЗ-1058, ЦЈЗ Скопје-23, Авицена-134, Биотек-0, МАНУ -0, Жан Митрев (Филип Втори)-0, Систина со PCR метода -114, Судска медицина -0, ЦЈЗ Битола-72, Инфективна клиника-6, ГАК-12. Досега во земјата се направени вкупно 105357 тестирања на ковид -19.  Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 90 пациенти. На кислородна поддршка се 47 пациенти, 1 на механичка вентилација.Во болницата во Козле се хоспитализирани 10 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 3 деца позитивни, како и 5 пациенти суспектни на вирусот.Во ГОБ „8 Септември“ примени се 7 нови, вкупно хоспитализирани се 96 пациенти. На респираторна машина се 5 пациенти.Во болницата во Битола се хоспитализирани 28, а во болницата во Штип се хоспитализирани 37 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 116 пациенти - позитивни и сомнителни на ковид-19.Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)• Чаир – 170• Аеродром - 156• Бутел - 87• Гази Баба - 139• Центар – 120• Карпош – 120• Сарај – 65• Кисела Вода – 149• Ѓорче Петров – 97• Студеничани – 48• Шуто Оризари – 111• Арачиново – 24• Илинден – 23• Петровец – 17• Чучер Сандево – 8• Сопиште – 21• Зелениково- 8• Странец – 6• Нераспределен- 3

Македонија | пред 5 години

pendarovski

Пендаровски: Годинава Илинден го прославуваме со крупен исчекор кон целосна реализација на стратешките цели

Претседателот на Република Македонија Стево Пендаровски, по повод 2 Август – Илинден, Денот на Републиката, упати честитка до граѓаните на Република Македонија.– Денес, кога одбележуваме 117 години од Илинденското востание и 76 години од Првото заседание на АСНОМ, се сеќаваме на сите знајни и незнајни херои, комити и партизани кои ги дадоа своите животи во борбата за слобода и независна држава. Благодарение на нив, денес живееме во мир и во своја, меѓународно признаена држава. Затоа никогаш не смееме да го заборавиме нивниот придонес и инспирирани од нивното дело треба да продолжиме да работиме на благосостојбата и просперитетот на државата, почитувајќи се меѓусебно. Мораме да бидеме доблесни и да ја признаеме нивната жртва, свесни дека ништо ниту почнува, ниту завршува со нас, се вели во честитката од Пендаровски.Годинава Илинден го прославуваме со крупен исчекор кон целосна реализација на стратешките цели, полноправно членство во НАТО и почеток на преговори со ЕУ, што значи, подвлекува Пендаровски, гаранција за безбедноста, суверенитетот и економскиот напредок, со што ги остваруваме идеалите и визиите и на илинденците и на асномците.– Но, исто така, Илинден годинава го дочекуваме и сред пандемијата со Ковид-19 како огромна закана за здравјето, но и за егзистенцијата и начинот на живот, не само кај нас, туку и во целиот свет. Ова е време кога мораме да се сплотиме и заеднички да излеземе како победници од оваа ситуација. Во оваа борба не ни треба оружје, туку, одговорност, солидарност, дисциплина, трпеливост и слога. Поради сите жртви во минатото и почитта и долгот кон нашите предци, но и поради иднината на нашите деца и на нашата држава, да ги заборавиме сите несогласувања и нетрпеливости и обединети да излеземе како победници, се наведува во честитката од претседателот Пендаровски.

Македонија | пред 5 години

kej

(ВИДЕО) Кејот во 7 часот утрово чист како солза за „нормалните“ гости да уживаат и тренираат

СИНОЌА КЕЈОТ ВО ОХРИД ИЗГЛЕДАШЕ ВАКА:Охрид кој синоќа беше преплавен со туристи и утрово повторно по којзнае кој пат го раздена центарот на градот преплавен со ѓубре, уште во 7 часот утрово е чист, среден и скоро и да не се познава дека до утрото млади лица се пијанеле, јаделе и фрлале ѓубре по улиците, шеталиштата, парковите и во самото езеро.Екипите на ЈП ОХРИДСКИ КОМУНАЛЕЦ го светнаа градот кој во 7 часот наутро беше чист како ѓубре никогаш да немало, а повозрасните луѓе и останатите кои живеат нормален живот од рано утро беа на кејот и по шеталиштата каде спортуваа.Погледнете на видеото како еден повозрасен господин се релаксира и спортува на кејот во Охрид.

Македонија | пред 5 години

krvodaritelska-akcija

Во првите шест месеци годинава вкупно се собрани 20.692 единици крв

Оваа година човештвото се соочи со глобалниот предизвик, пандемијата предизвикана од коронавирусот. Со цел да се сочува здравјето беа превземени низа мерки и правила, кои едноставно се ограничи времето и просторот на сите нас. Но тоа не беше проблем за нашите крводарители, нашите херои кои и во вакви услови го организиираа нивното време се цел да ги покажат нивната хуманост и алтруизам. Секојднево ги посетуваа просториите каде се даруваше крв, тромбоцити и конвалесцентна плазма.Во насока на олеснување на пристапот ЈЗУ Институт за трансфузиона медицина заедно со Црвен Крст на Република Северна Македонија се реорганизираа во однос на крводарувањето во земјата, со цел да се запазат највисоките мерки за заштита на карводарителите и здравствениот персонал, а притоа да се обезбеди континуиран прилив на крвни единици за одржување стабилни количини на крвни продукти.Институтот е во постојана комуникација со Министерството за здравство за состојбата со крвни продукти, а исто така постојано ја следи епидемиолошката состојба во земјата за безбедно спроведување на крводарителските акции, избегнувајќи ризични подрачја опфатени со поголем број на инфицирани.Во изминатите шест месеци успешно се надмина состојбата, односно се обезбеди континуиран прилив на крвни единици со што се избегна можноста да чуствува недостаток на крвни продукти за потребите на витално загрозени пациенти. Тоа не беше случај скоро со сите земји околу нас и подалеку кои јавно се произнесеа за видниот недостаток на крвни продукти.Во првите шест месеци од ова година вкупно се собрани 20.692 единици крв, 165 единици тромбоцитен концентрат и 61 единица конвалесцентна плазма. Благодарност до сите крводарители, дарители на тромбоцити и дарители на конавелесцентна плазма, тие се херои на денешно време. Институт за трансфузиона медицина порачуваат: Дарувај, биди хуман, биди херој!

Македонија | пред 5 години

motor

Малолетник загина во сообраќајка на регионален пат Куманово-Свети Николе

На 01.08.2020 во 22,05 часот било пријавено дека на регионален пат Куманово-Свети Николе, кај с.Доброшане,кумановско се случила сообраќајна незгода во која учествувале моторцикл „јамаха“, управуван од 16- годишен малолетник од с.Доброшане, патничко моторно возило „БМВ“ со кумановски регистарски ознаки управувано од М.М.(24) од Куманово, кој првично го напуштил местото на настанот, а потоа сам се пријавил во СВР Куманово и паркирано патничко моторно возило„југо“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на Т.Т. од Кумнаово.Во незгодата возачот на моторциклот починал на лице место, а од екипа на итна медицинска помош била констатирана смрт. Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и екипа од СВР Куманово.

Македонија | пред 5 години

JZU-Sv.-Erazmo-Ohrid

Во сообраќајна несреќа кај Лагадин повреден полициски службеник моторциклист

На 01.08.2020 околу 19,55 часот на регионален пат во населба Лагадин,Охрид, се случила сообраќајна незгода помеѓу моторцикл сопственост на МВР, управуван од полициски службеник и патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.С.(30) од Маврово. Во незгодата полицискиот службеник се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата„Св.Еразмо“ за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид.

Македонија | пред 5 години

kriumcharenje-migranti

Во возило кај Ваксинце пронајдени 10 лица-мигранти од Пакистан, Сирија и Бангладеш

На 01.08.2020 околу 23,50 часот на локален пат с.Слупчане-с.Ваксинце, полициски службеници од Полициска станица Белановце се обиделе да запрат патничко моторно возило „рено лагуна“ со скопски регистарски ознаки, кое не застанало. Од полициски службеници пред влез на с.Ваксинце, кај селските гробишта било пронајдено возилото, при што возачот го напуштил местото на настанот, а во возилото биле пронајдени 10 лица-мигранти од Пакистан, Сирија и Бангладеш. Мигрантите се сместени во Транзитен центар Табановце за понатамошна постапка и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 5 години

sv-sofija

По недоличното однесување на туристите, физичко обезбедување на црквата Света Софија во Охрид

По реакциите во јавноста за недолично однесување на младите во вечерните часови во предворјето на храмот Дебарско-кичевската епархија ангажираше служба која ќе се грижи за просторот околу црквата и нејзина заштита како културното наследство од непроценлива вредност за православието во целиот свет.Токму тој простор на западната ориентација кон предворјето изминатите денови беше едно од главните собиралишта на помлади лица кои зад себе оставаа купишта ѓубре, амбалажата од се она што го понеле за пиење и јадење.Екипи на ЈП „Охридски комуналец", но и поединци и активисти на Здруженија на граѓани секојдневно во утринските часови се обидуваат да го соберат се она што во текот на ноќта е расфрлано низ градот, особено на најатрактивните локации низ градот.Дебарско – кичевската епархија пред неколку години целосно го уреди дворот на дворот и го огради просторот околу Света Софија, што наиде на бурни реакции од локалното население, најмногу поради блокирањето на преминот низ дворот на црквата од западната страна. Случајот заврши на суд по што портите за влез и излез во Предворјето на црквата повторно беа отворени постојано.извор: МИА

Македонија | пред 5 години

motor

Санкционирани „диви тркачи“ на скопските улици

Секторот за сообраќајни работи при Бирото за јавна безбедност во координација со Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје на 01/02.08.2020 во времето од 19,00 до 02,00 часот спроведе акциска контрола за откривање на возачи на мотори кои организираат и учествуваат во “диви трки“ на подрачјето на Скопје. Притоа санкционирани се 24 возачи на мотори кај кои се констатирани низа прекршоци, а бил одземен еден мотоцикл.

Скопје | пред 5 години

Zoran-Zaev-1

Заев: Горди на славното минато, уште порешително чекориме кон светлата иднина

Претседателот на СДСМ Зоран Заев по повод 2 Август - Денот на Републиката испрати честитка до сите граѓани на Република Северна Македонија:„Почитувани граѓани,Денеска на 2 Август - Денот на Републиката, оддаваме почит кон нашето херојско минато. Нашите славни претци од Илинденското востание и од заседанието на АСНОМ, ги поведоа граѓаните кон слобода, независност и единство и ги поставија темелите на современата, независна и суверена македонска држава, признаена од целиот свет. Борбата за слобода на македонскиот народ и на сите граѓани кои живеат во нашата земја постојано носеше победи со кои заеднички го трасиравме патот напред. Илинден е голем светилник што го покажува правецот кон сигурната иднина, Илинден е победа за сите кои движат напред.Денес живееме во држава втемелена на Крушевскиот манифест и Манифестот на АСНОМ. Идеите и вредностите запишани во овие безвременски документи од нашата историја денеска се наша реалност.Како одговорни граѓани продолжуваме да се водиме од ликот и делата на илинденците и учесниците во Народно-ослободителната борба и со чест и обврска ги реализираме нивните идеали.Заедно со вас, почитувани граѓани, продолжуваме да ја градиме Северна Македонија како слободна, демократска и заедничка држава, земја пријател на регионот и светот.Горди на славното минато, уште порешително чекориме кон светлата иднина – Северна Македонија почитувана држава, полноправна членка на НАТО и проговорач со ЕУ.Нека ни е честит и вековит 2 Август – Денот на Републиката!“ 

Македонија | пред 5 години

116871588_299161314531252_6671696373804482479_n

Честитка по повод Илинден од претседателот на ГДУ-Петар Колев

Честитка од Петар Колев, претседател на Граѓанско Демократска Унија-ГДУ. Во честитката се вели:-Чекор по чекор, со многу жртви и пролеана крв, со многу истрајност, но и неуспеси, разочарувања и предавства, нашите предци успеаја да го реализираат сонот за Македонска држава.Почнувајќи од идејата за автономија, како рефлексија на Берлинскиот договор, минувајќи низ голготата на востанието, пожарите и бегалците, преку двете Балкански војни и нивните катастрофални последици, преку Првата светска војна, идејата за самостојна држава (Македонија на Македонците), преку атентатите и теророт, Втората светска војна и нејзиниот пустош и тоталната светска трагедија, преку Југославија и нејзиниот крвав распад, денес ние живееме во сопствена држава.Зависно од времето, условите и можностите, нашите предци секогаш наоѓале начин да останат посветени на идејата за Македонија и вековниот сон кој денеска е наша реалност.Можеби точно денеска е убаво да се запрашаме дали ние сме достојни нивни наследници? Што направивме со Македонија?Дали е нормално во мирно време и без војни да имаме повеќе „бегалци" отколку по време на востанија и војни?Дали е нормално нашите деца и внуци да ги гледаме преку камери, нашите баби и дедовци да живеат со тие мизерни пензии од 10-12-15000 денари кои не им стигнуваат за лекарства а камоли за нешто друго, да имаме најлош образовен, но и здравствен систем во Европа, а корупцијата и криминалот да се повод за гордост (се снашол човекот).Доблеста, честа и идејата на нашите предци е нешто со кое  ние се гордееме денес, но со што од она што ќе го оставиме после нас ќе се гордеат нашите наследници утре?Да ни е за многу години Илинден!Илинден бабо Илинден, за нас бабо ВЕЛИГДЕН!

Македонија | пред 5 години

mickoski-2

Мицкоски: Треба да ги чуваме илидненските идеали од чија вредност како општество во овие мигови силно отстапуваме

Честитка по повод државниот празник 2-ри Август -Илинден од Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р Христијан Мицкоски. Во честитката се вели:-Илинден е носечкиот код врз кој почива оваа Македонска држава и од тогаш до денес, секоја година на Св. Илија се празнува овој подвиг.117 години од Илинденското востание татни комитското УРА за слободна, независна и автономна Македонија и 76 години од вториот Илинден кој ја печатираше желбата за слобода и ја круниса таа вековна епопеја на македонскиот народ за своја држава.Нашата борба за слобода има константа, се крена илинденското востание, а потоа продолжија партизаните и затоа што тоа е продолжение на сите претходни стремежи и поради својата храброст и пожртвуваност издвојуваше победа, по што дојде слободата и создавањето на државата. А сега, сето ова е обврска која не задолжува да ја одбраниме слободата секогаш кога таа ќе биде нападната.Треба да ги чуваме илидненските идеали од чија вредност како општество во овие мигови силно отстапуваме. Европската Унија сеуште е далеку од нашиот дофат пред се поради неисполнетите реформи, криминалот и корупцијата која силно го гризе секој дел од општествито. Сиромаштијата расте, а граѓаните не се среќни, иселувањето не престанува.Борбата за слобода е константа и таа продолжува. Илинден е нашиот слободарски крик за правдини чија што суштина и цели продолжуваат.Честит Илинден!

Македонија | пред 5 години

rubin

(ВИДЕО) Промовирана книгата „Балканскиот етнички феникс“ од д-р Рубин Земон

Синоќа во Лапидариумот при Музеј куќата на Робевци во Охрид се одржа промоција на најновотo издание на издавачката куќа Авант прес, студијата насловена „Балканскиот етнички феникс (Историско-етнографски аспекти за заедницата на Балканските Египќани)“ од д-р Рубин Земон.За книгата  говореа проф. д-р Ѓорѓи Тоновски и проф. д-р Зоранчо Малинов.За книгата, рецензентите велат:„Трудот е едно од ретките четива со кои во македонската социјална мисла сериозно и интегрално се актуелизира, истражува и се продлабочува знаењето за етничката структура на македонското општество… Тој, не само што ќе ги збогати нашите сознанија за оваа проблематика, туку може да послужи и како провокација за нови истражувања и на евентуални други делови од недоволно истражената етничка структура на балканските општества, вклучувајќи го и македонското.“Проф. д-р Ѓорѓи Тоновски„ Со оваа книга д-р Рубин Земон не само што ги поставува темелите, туку и доаѓа до едни конечни и завршни форми на еден, релативно, нов историски наратив – оној на етногенезата и историјата на балканските Египќани… книгата да предизвика широк интерес, а потоа и целосно преосмислување, т.е. сосем нов поглед и прочит на множество научни концепции, досега сметани за непроменливи аксиоми….На прв поглед книгата на Рубин Земон е типичен балкански феномен, добро познат во контекст на заедничката историја на балканските народи. Сепак, треба да се нагласи дека авторот не застанува тука, туку успева да ги надмине регионалните рамки со вбројувањето на неговите проучувања во контекстот на новата прочит на глобалната историја од Мартин Бернал и неговите следбеници.“Проф. д-р Елена Марушиакова, ипроф. д-р Веселин Попов„… научната мисла не само во нашата држава, туку и пошироко ќе биде запознаена со оваа заедница која за многумина претставува извесна енигма. Имено, децениските напори на авторот за поширока афирмација на заедницата на Балканските Египќани на којашто и самиот припаѓа очигледно вродуваат со плод, а најдобар доказ за сето тоа се и официјалните признанија на реалноста во врска со оваа заедница што доаѓаат од разните балкански држави (Косово, Албанија, Србија, Македонија) на полето на општествено – политичкиот живот.“Проф. д-р Зоранчо Малиновhttps://www.facebook.com/ohrid1/videos/575632346439488/?v=575632346439488Рубин Земон е етнолог односно социо-културален антрополог, роден во Струга, на 25 октомври 1970 година. Докторирал на Етнографскиот институт со музеј при Бугарската Академија на науките во Софија, Република Бугарија, во 2005 година. Бил научен соработник во Институтот за општествени и хуманистички истражувања „Евро – Балкан“ во Скопје, универзитетски професор при Универзитетот „Св. Апостол Павле“ во Охрид. Во 2016 година е назначен за директор на Институтот за општествени и хуманистички истражувања при Универзитетот „Евро – Балкан“ во Скопје.На повеќе наврати е ангажиран како експерт/консултант од страна Советот на Европа, како и ОБСЕ/ОДИХР за различни мисии, проекти и проблематики поврзани со националните малцинства и мултикултурализмот, во разни држави на Европа, особено во земјите на Југо-источна Европа.Позната е неговата активност и во граѓанскиот сектор во земјата и странство како претседател на Сојузот на балканските Египќани, член на претседателството на Македонското етнолошко друштво, член на претседателството на Мрежата за мултикултурно општество и др.Од 2013 година ја иницира и секоја година успешно ја организира како претседател на Програмскиот комитет на годишната Меѓународната конференција за културно наследство, туризам и медиуми, што веќе традиционално се одржува во Охрид за време на празнувањата на Водици, на која учествуваат околу 100-тина научници и стручни лица од земјата и странство.Во 2018 година е назначен за посебен советник на претседателот на Владата на Република Македонија за развој на мултикултурното општество, интеркултурализамот и интер-културните комуникации. Од таа позиција ја иницираше и почетно ја водеше подготовката на владината Националната стратегија за развој на концептот за Едно општество и интеркултурализмот, која всушност е и прва ваква државна стратегија за интеркутурализам во Европа.Во јануари 2019 година Рубин Земон е избран за пратеник во Собранието на Република Северна Македонија.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

(ФОТО) Охридскиот кеј врие како во кошница - никој не почитува Владини мерки

Директорот на агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Љупчо Јаневски постојано ја следи состојбата со Охрид деновиве.Тој вели: Грешките не треба да ги бараме во мерките туку во нас. Грешките не треба да ги бараме во мерките туку во нас. Нашата рамнодушност не донесе до нивно непочитување а сликите со отпадоци низ туристичките места секојдневие. Кога ќе поминеме покрај фрлено шише,лименка не треба да го шутнеме подалеку од нас туку за промена да го кренеме и фрлиме во канта за отпадоци. Промената започнува кога ќе почнеме да ја применуваме и колку да е тешко треба да почнеме со личен пример, напиша на својот ФБ профил директорот на агенцијата за промоција и поддрршка на туризмот Љупчо Јаневски.Предмалку директорот објави фотографии од Охрид вечерва и напиша: Неверојатно но вистинито!Директорот за Скопје 1 вели дека крајно време е да се воведе Туристичка инспекција и туристичка полиција кои се практика во голем број на европски земји.Јаневски објави фотографии за кои појасна дека се од Александар Бачиќ. фото: Александар Бачиќ. 

Македонија | пред 5 години

bacev-1

(ВИДЕО) Илинденска честитка од Бачев: Станете да се бориме, стравот не е оправдување, ако ја изгубиме државата во туѓа држава уште повеќе ќе се плашите

Претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев кој ја предводеше партиската делегација која положи цвеќе на Мечкин Камен, рече:-„Од мое лично име и од име на Единствена Македонија, на македонскиот народ и сите државјани на Република Македонија им го честитам најголемиот празник на нашата држава Илинден и во тој спомен денес дојдовме да положиме цвеќе и да го одржуваме жив споменот на славниот Илинден, храбрите македонци и на нивната борба за слободна и независна Македонија.Ние денеска дојдовме тука еден ден порано.  Утре чествувањето е во организација на претседател на Собрание кој не е Македонец и кој војуваше против македонската држава и македонскиот народ, а ќе дојдат и министри од марионетската влада кои се одродени Македонци со изгубено национално чувство. Затоа сме еден ден порано да положиме цвеќе, бидејќи Илинден е премногу важен, за да утре на истиот да дадеме легитимитет на непријателите на македонското дело.Јас сум сигурен дека не постои Македонец и Македонка кои не си ја сакаат државата. Но, на овој голем и важен ден мора да го изразам големото разочарување, бидејќи ние, оваа генерација Македонци не сме на висината на задачата. Ние ја губиме државата и сето тоа немо го гледаме и си молчиме, како Македонци покажуваме знаци дека го губиме државотворниот капацитет, нешто што е најстрашно.И како оправдување на сето тоа да не се бориме, слушам луѓето биле уплашени. Некои биле уплашени да не добијат отказ од работа, на некои им било ветувано дека ќе ги вработат, некои биле уплашени да не им ја укинат социјалната помош, некои дали ќе добијат пакети со храна, некои биле уплашени дачи ќе извадата дозвола за работа, некои биле упкашени да не и ја земат лиценцата за работа... Уплашени биле луѓето.https://www.facebook.com/JankoBachev66/videos/584119888883321/?v=584119888883321А од друга страна гледаме како државата ни се растура и утре може да се разбудиме во некое друго државно уредување, во бугарско, албанско или било какво. И јас сега прашувам, ако непријателите на македонското дело ја остварат целта и утре се разбудите во некоја друго државно уредување без своја држава, дали тогаш нема да се плашите за својата работа, дали нема да се плашите за социјална помош, за своите дозволи и лиценци... Браќа Македонци и сестри Македонки, тогаш уште повеќе ќе се плашиме оти ќе живееме во туѓа држава и нема да бидеме свои на своето.Време е да станеме и да кажеме ова е наша држава, ние одлучуваме, да понудиме одговор и во име на нашите претходници и потомци, да си ја вратиме државата назад и силно да извикаме: Да, јас бев дел од таа генерација Македонци, и си ја зачував државата. Се додека имаме наша држава можеме да ги оствариме нашите идеали и визии и да си ја направиме државата убаво место за живеење, бидејќи, економската наука ги измислила механизмите како се прави држава со убав стандард. Треба само чесни политичари со силна патриотска и национална определба.Да ве потсетам, не им било лесно и на нашите претходници. Можеле и Гоце Делчев и Даме Груев да си бидат учители, да седат мирни со учителската плата и да не бидат револуционери. Можел и Никола Карев да не се нафати да биде претседател на Крушевската Република. Можел и Питу Гули да не оди на Мечкин Камен. Можеле илјадници Македонци и Македонки да се плашат и да си седат дома и да не одат во планините. Ама ако било така ќе ја немаше Македонија.Моја обврска е да ви го кажам ова. Јас не сум во политката да ја барам довербата со лигавење кон народот, туку со вистината. Станете да се бориме за нашата држава, нашата татковина и да ги запреме овие марионети на „ѕверот“ кои 30 години ни ја уништуваат државата.Во битката за Македонија, Единствена Македонија секогаш ќе биде на страната на македонскиот народ. Илинден е голем и важен ден кој не задолжува да ги победиме непријателите на македонското дело.Браќа Македонци и сестри Македонки, секогаш кога ќе се плашите сетете се на оваа порака сите вие кои сметате дека е соодветна.Нека е честит и вековит Илинден. Нека е вечно делото на двата Илиндена, 1903 и 1944 година. Нека е вечна славата на борците за слободна и независна Македонија. Да ни е вечна Република Македонија“ - се наведува во изјавата од претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев на Мечкин Камен по повод празникот Илинден.

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања