Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

mavrovka-objekt

Истече рокот за наоѓање на сопственикот на дивоградбата кај Мавровка, следи постапката за уривање

Истекоа сите законски рокови, од утре почнува постапката за јавната набавка за избирање на економски оператор кој ќе го отстрани безправно изградениот објект кај ТЦ „Мавровка“, во центарот на Скопје.Според решението на овлaстениот градежен инспекторат, сега надлежноста за отстранување на објектот е на Општина Чаир.Во истрагата за бесправнио изградениот објект се вклучи и единицата за компјутерски криминал на МВР.

Скопје | пред 5 години

grcija-granica-ne-smeedavnesuvatefood-01-74771-114634-696x406

Грчкитe гранични премини ,,Дојрани“ и „Ники“ остануваат затворени за сообраќај

Министерството за внатрешни работи  ги известува граѓаните дека до граничните служби на граничните премини „Стар Дојран“ и „Меџитлија“ од страна на грчката гранична служба од граничните премини „Дојрани“ и „Ники“, а во врска со новите протоколи на грчката влада за рестрикитивни мерки  за ковид-19, доставено е известување дека грчките гранични премини  ,,Дојрани“ и ,, Ники“ ќе бидат целосно затворени за сообраќај  до 15.08.2020 (сабота).Сите патнички и товарни моторни возила што планираат да остварат влез и излез од и во Грција до  наведениот период, тоа ќе може да го остварат на грчкиот граничен премин ,,Евзони“.  

Македонија | пред 5 години

sobranie4

(ФОТО) Се е подготвено за Конститутивната седница на новиот парламентарен состав

Конститутивната седница на новиот парламентарен состав се одржува под зајакнати мерки за заштита од коронавирус. Пратениците се со заштитни маски, а на влезот им се мери температура пред да им биде дозволен влез во зградата на парламентот.Поради неопходноста од одржување растојание меѓу пратениците, конститутивната седница ќе се одржи во Големата сала на Собранието, односно во салата позната како Големата купола. Гласањето ќе се одвива рачно, со картончиња.Според Уставот, претседателот Стево Пендаровски е должен да му го довери мандатот за формирање влада на кандидатот на партијата или партиите што имаат мнозинство во Собранието. Мандатарот потоа има рок од 20 дена да формира влада. Ниту една партија го нема потребното мнозинство.На предвремените парламентарни избори што се одржаа на 15 јули СДСМ освои 46 пратенички мандати, ВМРО-ДПМНЕ – 44, ДУИ – 15, коалицијата АА и Алтернативата – 12, Левицата два и еден ДПА.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Почина жената во која синоќа удри автомобил во Охрид

На 03.08.2020 во 18.30 часот, на ул.„Сирма Војвода“ во Охрид, патничко возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(19) од Скопје удрило во пешак М.Т.(58) од Охрид. М.Т. била префрлена за укажување на лекарска помош во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде им подлегнала на повредите. На местото на незгодата бил извршен увид од Јавен обвинител, судски вештак и полициски екипи.

Македонија | пред 5 години

filipce

Филипче: Пациентите со трансплантирани бубрези се во добра здравствена состојба

Од Клиниките за нефрологија и урологија информираат дека двајцата пациенти на кои им беше извршена трансплантација на бубрези се во добра здравствена состојба. Во петокот, на 31 јули беа експлантирани два бубрега од 46 годишен пациент со констатирана мозочна смрт и беа трансплантирани кај 35 годишна жена и 60 годишен маж. По трансплантацијата, пациентите закрепнуваат на Клиниката за урологија.„По трансплантацијата, пациентите закрепнуваат на Клиниката за урологија. Нивната здравствена состојба е стабилна, под континуиран надзор и грижа од страна на лекарскиот тим. Задоволен сум што во изминатите три години изведовме 55 трансплантации, од кои 10 од починат дарител. Во ек на пандемија од ковид-19, продолжуваме со реализација на Програмата за трансплантација. Кон крајот на месец мај изведовме прва трансплантација на срце. Со ова, пациентите имаат нова шанса за живот. Овозможуваме квалитетна здравствена заштита за сите граѓани“, изјави министерот Филипче.

Македонија | пред 5 години

viber_image_2020-08-04_08-36-56

Санкционирани „диви тркачи“ на скопските улици

Секторот за сообраќајни работи при Бирото за јавна безбедност во координација со Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје на 03.08.2020 во времето од 07,00 до 24,00 часот спроведе акциска контрола за откривање на возачи на мотори кои организираат и учествуваат во “диви трки“ на подрачјето на Скопје. Притоа одземени се четири мотоцикли кои ќе бидат упатени на вонреден технички преглед заради контрола на техничката исправност и фреквенција на бучавост.

Скопје | пред 5 години

Нема фотографија

Промена на времето - Следува период на променливо облачно, посвежо и нестабилно време

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, вдолж Повардарието и засилен ветер од југоисточен правец. Кон крајот на денот ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 32 до 37 степени, јави УХМР.Од среда следува период на променливо облачно, посвежо и нестабилно време со честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, а се очекува локално да наврне и поголема количина на воден талог.

Македонија | пред 5 години

pretor

Привремено е прекината потрагата по момчето кое се удави во Преспанското езеро

Потрагата по момчето кое исчезна во водите на Преспанското езеро е привремено прекината поради временските услови.Како што информираат од МВР, потрагата ќе продолжи во текот на утрешниот ден.Нуркачите кон кои се приклучи попладнево и специјалната единица на МВР трагаа по 16-годишното момче од Ресен повеќе од 24 часа.Момчето било на педалинка со двајца негови другари во туристичката населба „Претор“.Претходно денеска, сопственикот на педалинката рече дека таа не се превртела, туку децата скокале од неа.извор: Makfax

Македонија | пред 5 години

sjo

Поранешни вработени во СЈО бараат од Пендаровски да им се извини

Поранешни вработени во Специјалното јавно обвинителство реагираа на говорот на претседателот Стево Пендаровски во Пелинце. Тие велат дека СЈО не го сочинувало само една личност од бараат од претседателот извинување. Реагираат дека тој во обраќањето ги поистоветил сите вработени без исклучок, како да се тие дел од организиран криминал.„Обвинителството не го сочинуваше само една личност, па оттаму крајно некоректно е сите вработени да се поистоветат со постапките на една личност и притоа нивниот труд да биде девалвиран“, велат поранешните вработени преку соопштение.Како што додаваат, ниту една нивна постапка во сега веќе укинатото СЈО, не придонела за распад на институцијата, туку истата е укината со политички договор.„Бидејќи никој, а особено не Претседател на држава, не може и не смее да обвинува од говорница, бараме Претседателот јавно да се извини на сите кои беа дел од Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите и да ја повлече ваквата срамна изјава во најкус рок“ се додава во соопштението.Шефот на државата говорејќи за правната држава во илинденското обраќање, како лош пример го посочи згаснатото СЈО.„Наште граѓани со право се разочарани кога гледаат дека обвинителството кое беше симбол на сите наши надежи за расчистување со организираниот криминал се распоадна како последица на тоа што и самото стана дел од организираниот криминал“, рече Пендаровски.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Жена прегазена на улица Момчило Јорданоски во Охрид

На улица Момчило Јорданоски предмалку се случи тешка сообраќајна несреќа во која со тешки телесни повреди се здоби жена пешак. Таа е пренесена во болницата Св. Еразмо во Охрид.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Пукање и бркотница низ Охридското езеро: Полициски глисер во потера криминалци од Албанија

На 02.08.2020 околу 22,30 часот полициски службеници од Полициска станица „Охридско езеро“ се упатиле наспроти с.Радожда,струшко каде забележале глисер со албански национални ознаки во кој биле две лица кои превезувале предмети за кои постои сомневање дека потекнуваат од кривично дело, како се движи кон Р.Албанија. По издадена наредба од полициските службеници за запирање на глисерот, пријавените не ја испочитувале наредбата и со глисерот неколку пати удриле во службениот пловен објект, по што еден од полициските службеници испукал четири предупредувачки куршуми, а лицата се упатиле кон с.Лин,Р.Албанија. За настанот се известени пограничните органи на Р.Албанија и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 5 години

najnova-vest-skopje-1

Тепачка и бодење со ножици во берберница во Охрид

Тепачка која преминала во бодење со ножици и други остри предмети се случила предмалку во берберница во центарот на Охрид. Според првите сеуште неофицијални информации во инцидентот нема мртви, а настанот се одиграл во берберница лоцирана во близина на старото кино во најстрогиот центар на Охрид.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Доктор Стојкоски: Носат пациент од сообраќајка кој се фали дека пиеле од пладне предходниот ден...

Доктор преку статус, раскажува случка:-На ноќно дежурство, во ниедно време, скоро разденето, ни носат пациент од сообраќајка...Со него придружба, уз муабет се "пофалува" дека пиеле од пладне предходниот ден..Па уште ми нагласува као овај типот не бил обичен, пошто за него бил информиран министерот ( и порано вака кажуваа, обавезно се повикуваат на некој функционер)Е сега..Типот се веселел, си пиел, си ставал постови, сторија од ѓезме со другарчињата и јас сега треба да му ја "мислам" што му е и други колеги да го оправаат ?!Не бе...Треба секоја една пијаница да ги сноси сите трошоци, ама баш сите, за сите учесници во сообраќајката, како да е приватен пациент!Па да си ги плати сите 100 компјутери што му се прават и на него и на другите, гарант пари за пиење нема да му останат за нареден пат!Може звучи сурово, но луѓе не може на преглед да дојдат, не може да си дозволат, умираат не дијагностицирани, а секој еден што од ќеф направил глупост и загрозил и други има предност!Мора на глупоќата крај да и ставиме!!!https://www.facebook.com/aleksandarski1/posts/10158323799036067

Македонија | пред 5 години

Ohrid-1-1

Георгиески: Поради ниската еколошка свест и несовесното однесување на голем дел од гостите - вонредни активности за чистење на Охрид

Поради ниската еколошка свест и несовесното однесување на голем дел од гостите кои престојуваат во Охрид, екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ спроведуваат секојдневни вонредни активности за чистење на повеќе јавни локации во градот, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.Градоначалникот додава:Освен отстранување на несоодветно депонираниот отпад, секое утро се врши и чистење на градскиот парк, градскиот кеј, чаршијата, плоштадот, пристаништето, стариот дел на градот и пешачката патека кон Горица.Ваквите активности за одржување на јавната чистота во градот, ќе продолжат интензивно и во текот на наредниот период.https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/pcb.647691692503104/647691282503145/?type=3&theater

Македонија | пред 5 години

gradiste

(ФОТО) На „Градиште“ се наплаќа и мостарина, заштини маски никој нема

Жестоки реакции на социјалните мрежи за тоа што се случува деновиве во Градиште. Тоше Зафиров премалку објави статус во кој објаснува што затекнал таму. Зафиров пишува:За да го поминеш овој мост, доколку сакаш да одиш на некој од плажите на Градиште треба на овој момци да им платиш 200 ден небаре нивни е мостот.Покрај тоа нивниот арогантен однос на највисоко нивоНе носење на никаква заштитна опрема (Маска, нараквици) со што го загрозуваат здравјето на посетителите.Немаат никаков означен документ дека тие си го купиле мовчето, не издаваат никаква фискална сметка.И ти стваат печат на рака како на животно пред колење.како на прiмер во Ибица - Шпанија ни на една плажа не се наплаќа влез, ниту пак паркинг за кола, затоа секогаш е преполно.Од каде ваква дрскост, прашува Зафиров, некој да ти го ограничи правото на движење.Тој додава:15 минити на оваа паранормална пораја не можев да издржам и си заминав од нашето Градиште. Секоја чест на Градските плажи како: Парк, Кадмо, Голден ... и многу други кои што нудат навистина професионален пристап, напиша Зафиров на ФБ.https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=955176898279816&id=100013625445097

Македонија | пред 5 години

plaza-5

СВР констатира 170  прекршоци за неносење лична заштита на лицето

Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 170  прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид-90, Струга-46, Кичево-30, Дебар-04). Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид 19. Воедно, полициските службеници самостојно, но и во координација со Државниот пазарен инспекторат, извршиле 19 контроли врз угостителски и други објекти со цел, доследна примена на безбедносно-хигиенските мерки за заштита од Ковид 19 но и почитување на одредбите од Законот за угостителство и другите законски одредби.Во текот на празничниот викенд, СВР Охрид спроведе интензивни превентивни и други мерки со цел, зачувување на стабилната безбедносна состојба на подрачјето. Полициски службеници од СВР Охрид но и од други полициски станици кои, деновиве се на испомош во Охрид, реализираа засилени патролни служби во централното градско подрачје, во периферните делови, по плажите и на паркинг просторите со цел, спречување на кражби на вредни предмети по крајбрежието или од паркирани автомобили.За време на празничниот викенд во Охрид, евидентирани се две сообр.незгоди, во првата случена кај населбата „Лагадин“, едно лице се здоби со тешки телесни повреди а во втората, случена на улицата „Ванчо Николески“ во Охрид, возачот на едно возило учесник, откако удрил во паркиран автомобил, го напуштил местото и избегал. За време на празничниот викенд, регистрирани се шест нарушувања на јавниот ред и мир. Истите се целосно расчистени, сторителите се приведени и поднесени се соодветни пријави. Во истиот период, приведени се и околу десеттина лица од Скопје и од други градови поради пронајдена опојна дрога марихуана.Инаку, во текот на јуни и јули 2020 година, во областа на јавниот ред и мир, во Охрид регистрирани се 34 прекршоци  (јуни-24, јули-10) во кои, против  32 сторители,  се поднесени 28 соодветни пријави.Во областа на сообраќајот, во текот на јуни и јули 2020 година, во Охрид, регистрирани се вкупно 66 сообраќајни незгоди (јуни-30, јули-36) во кои, 41 лице (јуни-17, јули-24), се здобиле со лесни телесни повреди а 15 со тешки телесни повреди (јуни-07, јули-08). Притоа, значајно е што во двата месеца, нема сообраќајни незгоди со жртви.СВР Охрид во координација и со другите институциии и денеска продолжува со интензивни мерки  со цел санкционирање на оние кои не ги почитуваат законите.

Македонија | пред 5 години

koronavirus-test

Помалку тестови - помалку позитивни, денеска регистрирани 74 нови случаи на ковид 19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 689 тестирања, а регистрирани се 74 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-14, Куманово-8, Штип-13, Струга-1, Кавадарци-3, Гостивар-22, Кочани-1, Берово-3, Виница-4, Свети Николе-3, Кичево-2.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 90 оздравени пациенти од: Скопје-23, Куманово-1, Дебар-1, Штип-11, Тетово-17, Велес-1, Охрид-1, Кавадарци-3, Гостивар-9, Радовиш-5, Кочани-1, Свети Николе-17.Починати се 3 лица, пациент од Битола (73г.), пациент од Демир Хисар (73г.) и пациент од Скопје (44г.). Сите пациенти се починати во болнички услови.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11128,  бројката на оздравени пациенти е 6972, на починати е 500, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3656. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 4915, активни 1363• Куманово 1091, активни 269• Дебар 206, активни 117• Штип 872, активни 430• Прилеп 333, активни 53• Тетово 1057, активни 220• Струга 457, активни 203• Велес 225, активни 21• Битола 143, активни 63• Охрид 276, активни 87• Кавадарци 73, активни 53• Гостивар 487, активни 282• Гевгелија 23, активни 12 (*7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 3 на Богданци)• Струмица 37, активни 21• Крива Паланка 25, активни 11• Радовиш 29, активни 16• Крушево 16, активни 9• Кочани 105, активни 24• Пробиштип 53, активни 19• Демир Хисар 34, активни 27• Македонски Брод 35, активни 30• Пехчево 6, активни 0• Берово 8, активни 4• Валандово 6, активни 0• Виница 22, активни 18• Делчево 5, активни 4 (*4 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 14, активни 8• Свети Николе 227, активни 151• Кичево 175, активни 108• Ресен 146, активни 26• Неготино 27, активни 7 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 689 теста се преку: ИЈЗ-549, ЦЈЗ Скопје-13, Авицена-0, Биотек-0, МАНУ -0, Жан Митрев (Филип Втори)-0, Систина со PCR метода -110, Судска медицина -0, ЦЈЗ Битола-0, Инфективна клиника-10, ГАК-7. Досега во земјата се направени вкупно 106047 тестирања на ковид -19.  Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 4 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 92 пациенти. На кислородна поддршка се 48 пациенти, 1 на механичка вентилација.Во болницата во Козле се хоспитализирани 10 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 3 деца позитивни, како и 7 пациенти суспектни на вирусот.Во ГОБ „8 Септември“ примени се 7 нови, вкупно хоспитализирани се 95 пациенти. На респираторна машина се 4 пациенти.Во болницата во Битола се хоспитализирани 26, а во болницата во Штип се хоспитализирани 50 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 114 пациенти - позитивни и сомнителни на ковид-19.Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)• Чаир – 168• Аеродром - 156• Бутел - 86• Гази Баба - 137• Центар – 116• Карпош – 118• Сарај – 65• Кисела Вода – 148• Ѓорче Петров – 99• Студеничани – 46• Шуто Оризари – 115• Арачиново – 24• Илинден – 23• Петровец – 16• Чучер Сандево – 8• Сопиште – 21• Зелениково- 8• Странец – 6• Нераспределен- 3

Македонија | пред 5 години

gradiste

(ВИДЕО) Две кривични пријави за журките во Градиште

Поднесени се 2 кривични пријави за забавите организирани во Градиште, на плажите 2 и 3, пренесува  „Слободен печат“.Проблемот нема да заврши само на тие забави, со оглед на тоа што туристите ќе се вратат на своите работни места во приватните фирми и државните институции ширум земјава и за две недели ризикот од ширење на коронавирусот е голем. Во Охрид само петмина пазарни инспектори работат да ги казнат оние што не ги почитуваат протоколите, а на помош викендов им дошле и колегите од Скопје и од Гостивар.„Во овој продолжен викенд, заедно со колегите од Скопје и од одделението во Гостивар, со петнаесет инспектори направени се 75 надзори во 2 дена. На подрачјето на Охрид имаме 2 кривични пријави по членот 206 од Кривичниот Законик конркетно за журки во Градиште, на плажите два и три. На подрачјето на Струга во кафуле покрај Дрим постапивме, но наидовме на попречување па полицијата се вмеша во случајот и се преземаат дополнителни мерки”, велат од Пазарниот инспекторат одделение Охрид, за „Слободен печат“.https://www.facebook.com/iko.aprilia/videos/3272381939486305/Текстот во целост на:  Слободен печат

Македонија | пред 5 години

talat

Талат Џафери ја напушти инфективната клиника – утре ќе претседава со конститутивната седница

Претседателот на Собранието, Тала Џафери изјави дека утре тој ќе ја води конститутивната седница.Џафери денеска ја напушта Клиниката за инфективни болести, каде беше хоспитализиран поради пневмонија и сомнеж за ковид-19.„Се чувствувам добро и мислам дека веќе е извесно дека јас ќе претседавам со конститутивната седница утре“ изјави Џафери.Инаку, седницата е најавена за утре напладне да се одржи во големата сала со купола, каде може да биде обезбедено соодветно растојание меѓу пратениците, собраниските службеници и други лица кои треба да се присутни. 

Македонија | пред 5 години

anastasija

Илиевска: За само три месеци Владата го зголемила јавниот долг за една милијарда евра

За само три месеци Владата го зголемила јавниот долг за една милијарда евра.Јавниот долг кој на крајот од првиот квартал оваа година изнесуваше 5,5 милијарди евра, за само три месеци се зголеми на 6,5 милијарди евра, истакна Анастасија Илиевска од ВМРО ДПМНЕ.Тоа значи дека секое просечно семејство е задолжено за НОВИ 2.000 евра јавен долг и тоа само за последниве ТРИ МЕСЕЦИ!!!Ова е рекорден раст на јавен долг во Македонија за едно тримесечие, речиси 9 процентни поени.Со ова галопирачко темпо на задолжување веќе достигнавме 59,5% од БДП, но согласно Мастришките критериуми за влез во една земја во Европската монетарна  унија, дозволуваат јавен долг од 60%.Со ова темпо на задолжување Македонија набрзо ќе го пробие овој критериум.И покрај  огромниот пораст на јавниот долг од една милијарда евра, проекциите се дека македонската економија годинава може да ја заврши со пад на бруто домашниот производ приближно на 10%, со што логично се  отвора прашањето за која намена беа искористени  овие пари?Овие показатели се резултат на исклучително лошата економска политика на владата, задоцнетите и популистички мерки кои суштински не го помогнаа стопанството.Во цела криза и немаштија дополнително се наметнуваат огромни давачки, како што е поскапувањето на струјата за цели 7,5%.Очигледно е дека Македонија тоне. Пред избори се вршеше класичен поткуп на граѓаните со ваучери, а после избори го товарат секое семејство со поскапи сметки за струја за 200 евра на годишно ниво, 2.000 евра нов долг за три месеци, повисоки трошоци за живот и уништен стандард.Денес повеќе од било кога, потребна ни е стабилна и издржлива стратегија за надминување на кризата во економијата, која што секој ден е се поголема и посериозна.Денес повеќе од било кога потребни ни се ефикасни мерки кои директно ќе му помогнат на стопанството  да ја одржи ликвидноста и да ги задржи работните места.Денес повеќе од било кога потребни се сериозни чекори за подобар стандард и помош на граѓаните, а не мерки за преживување.Потребни се правилни, навремени и суштински чекори за поддршка на стопанството и граѓаните, бидејќи досегашните популистички и маркетниг мерки резултираат со тонење на економијата врз грбот на граѓаните, за што сведок се и податоците.Потребни се цврсти и стабилни чекори за поддршка на стопанството и граѓаните, зашто само така  државата  и економијата ќе може да излезат од овој ќорсокак и да се придвижат напред.Потребна е  итна стратегија за обнова на државата, истакна Анастасија Илиевска од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 5 години

corona

Ковид-19 најризичен за постарите лица, почитувањето на мерките за заштита од сите е клучно за нивна заштита

овид-19 е акутна респираторна болест предизвикана од SARS CoV-2 вирусот што предизвикува поголема смртност кај лица на возраст од над 60 години и кај лица со основни медицински состојби како што се кардиоваскуларни заболувања, хронична респираторна болест, дијабетес и карцином. Објектите за долготрајна нега, како што се геријатриските болници, хосписите за палијативна нега, старечки домови и рехабилитациони центри, се објекти што се грижат за луѓето кои страдаат од понапредната возраст со бројни коморбидитети и затоа заштитата од ширење и пренесување на ковид-19 е исклучително важна.„Лицата кои се лекуваат и престојуваат во установи за долготрајна нега се ранливи популации кои се изложени на поголем ризик за неповолен исход и за инфекција поради престој во близина на други лица. Затоа овие установи мора да преземат посебни мерки на претпазливост за да ги заштитат своите корисници на услуги и вработените. Особено е важно спречување на инфекција и контролните активности може да влијаат на менталното здравје и благосостојба на корисниците на услуги и вработените, особено употребата на лична заштитна опрема и ограничувањето, односно забраната на посетителите и групните активности.“ – посочуваат од ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ - Скопје.Во моментот во установата има полн болнички стационар од вкупно 300 легла, а исполнети се вкупно 269 болнички кревети. Се спроведуваат строги протоколи и засилени заштитни мерки за безбедност како на корисниците на услуги, така и на болничкиот персонал. По кусиот прекин, веќе од 1 јуни установата започна повторно со прием на пациенти со посебна процедура која опфаќа тријажа на корисниците на услуги со цел да се заштитат останатите штитеници од влез на вирус од надвор.Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“- Скопје изработи и ги спроведува упатствата кои овозможуваат безбедна долготрајна нега на корисниците на услуги  во координација со Министерството за здравство и тоа како во однос на превенцијата преку едукација на корисниците на услуги и персоналот, задолжително користење на лична заштитна опрема и зачестена лична хигиена и дезинферкција, така и во однос на физичката поставеност и сместување на пациентите и начинот на извршување на групните активности, контрола и засилен надзор за рана детекција на евентуален случај на Ковид-19 заболен, како и во однос на грижата за Ковид-19 пациент и превенција на понатамошна трансмисија. Со доследно спроведување на сите мерки за заштита од ширење на вирусот, институцијата е безбедна. Од почетокот на пандемијата со Ковид-19 вкупно регистирани заболени во установата биле 5 вработени и 4 корисниците на услуги, а доследното почитување на мерките спречи ширење на вирусот во рамки на установата.Со оглед што вирусот Ковид-19 е опасен за постарите лица кои вообичаено имаат и други коморбидитети, од здравствената установа апелираат за целосно почитување на мерките за заштита – носење на маска, одржување на дистанца и зачестена хигиена на раце, како од страна на повозрасните граѓани, така и од страна на помладите за да се заштитат нивните најблиски кои се најранливи.

Македонија | пред 5 години

pretor

Потрагата по момчето продолжува - педалинката не се преврте тври сопственикот

Педалинката на која се возеше момчето што исчезна вчера во водите на Преспанското Езеро беше исправна и не се преврти, туку момчињата скокаа од неа во водата, изјави за порталот „Сакам да кажам“ Ведат Адемовски, сопственик на педалинките во Претор.,,Децата ја зедоа педалинката и скокаа од неа. Изјавено било дека педалинката се отпревртила, такво нешто нема. Тие скокале од таа педалинка и се случи трагедија. Многу ни е жал. Беа три деца, двајцата излегоа, а ова скокнало и не се вратило повеќе. Можам да кажам дека на четири и пол метри длабочинa e местото каде што исчезна. Јас не бев тука, моето дете беше и тие учат заедно со моето дете. Многу ни е жал. Педалинката беше исправна и не беше полна со вода”,вели Адемовски.Несреќата се случила вчера околу 18 часот. Полицијата сè уште трага по исчезнатато момче од Ресен кое е на шеснаесетгодишна возраст. Водители ги пребаруваат нуркачи, но засега без успех. Во попладневните часови се очекува во потрагата да се приклучи и специјална единица од МВР.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Филипче: Обезбедени 61 единица конвалесцентна плазма за третман на пациенти со Ковид-19

Досега се обезбедени 61 единица конвалесцентна плазма за третман на пациенти со ковид-19, објави денеска на својот ФБ профил министерот за здравство Венко Филипче.Крвна плазма, посочува, може да дарува лице кое оздравело од коронавирус.-Ајде да бидеме хумани и да им помогнеме на пациентите кои сѐ уште се борат со овој непредвидлив вирус. Да ја покажеме нашата грижа, да даруваме и да спасиме човечки живот. Апелирам на солидарност, затоа што нема ништо поважно од нашето здравје и здравјето на нашите најблиски!, напиша Филипче.https://www.facebook.com/filipce.venko/photos/a.1819648248342200/2453782368262115/?type=3&theater

Македонија | пред 5 години

skolo-4

ВМРО-ДПМНЕ: Не смее да се дозволи Заев и неговите неспособни соработници од први септември да предизвикаат хаос и во образованието

Учебната година започнува за еден месец а власта на СДСМ и Зоран Заев е тотално неспособна за да го менаџира образовниот процес. СДСМ и Заев не успеаја да се справат ниту со здравствената криза, ниту со економската, а сега на повидок е уште една криза на поле на образованието, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.СДСМ, МОН и Комисијата за заразни болести која е под политички диктат на Заев не работи во интерес на учениците и просветните работници.Ваквата неажурност, неспособност и хаос кој што го приредува власта мора да заврши.ВМРО-ДПМНЕ нуди  решение во 10 точки:1.Часот во училиштата каде ќе се одвива физичка настава да трае 20 минути, со една паралелка во една училница! наставниците ќе работат со групи по 15, наместо по 30 ученици. Прекувремената работа на наставниците треба да биде со нивна согласност и истата да биде платена.2.Со вака организираниот час од 20 минути училиштата може да рабoтат во 3 смени.3.Предлог часови да бидат снимени и достапни на учениците во секое време. часовите треба да ги снимат во моментот кога ќе ја изведуваат наставата или ден пред тоа кога ќе се подготвуваат за час.4.Наставниците треба да работат од училиште, не од дома. Еден наставник само во една училница да држи час.5.На вака организираниот час може да присуствуваaт деца кои немаат соодветна опрема за да следат онлaјн настава, со сите превземени мерки за заштита. Тие сигурно нема да бидат пoвеќе од 15 во една паралелка.6.За вака да работат наставниците, заедно со општините, треба да се обезбеди по еден компјутер во секоја училница и солидна интернет врска за часот непречено да се одвива.7.За да можат наставниците да работат од училиште треба да се отворат градинките.8.Ако недостасува персонал за организирање на дневниот престој, може да се ангажираат студентите од последните години на студии на наставничките факултети.За практичната настава во средните стручни училишта треба да се организираат учениците по пет во група во повеќе смени.10.Да се одреди една или две унифицирани платформи за спроведување на онлајн настава и за истите да се организира обука.Сето ова ќе значи овозможување на  непречен и ефективен процес на едукација на учениците во новонастанатата состојба со епидемијата.Потребно е МОН навремено да реагира и да ги прифати предлозите на ВМРО-ДПМНЕ, за да ги подготви просветните работници, родителите и учениците за новата учебна година.Власта на СДСМ покажа дека единствено само добро знае да организира криминал, корупција и рекет.СДСМ и Заев потфрлија на секое поле и ја покажаа на дело нивната негрижа, неодговорност и неорганизираност, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ. 

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Денеска топло време со температури до 35 степени

Времето денеска во земјата ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. УВ индексот ќе биде 8.Утринската температура ќе се движи од 11 до 22 степени, а дневната од 27 до 35 степени. 

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања