Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

Zaev-3

ДПА ја прифати понудата на СДСМ за разговори за учество во новата влада

СДСМ на ДПА и понудил да биде дел од нова владина коалиција. Демократската партија на Албанците начелно е согласна да биде дел од Владата, но било договорено да се формираат работни групи кои ќе ги предводат секретарите на двете партии кои треба да се договорат за деталите.За ова вчера на средба во Клубот на пратениците во Скопје разговарале претседателите на СДСМ Зоран Заев и на ДПА Мендух Тачи. На средбата присуствувале и Радмила Шекеринска и Оливер Спасовски од СДСМ и Азем Садики од ДПА, кој е градоначалник на Студеничани.Информација за средбата на својот фејсбук профил сподели Садики од ДПА.– Ни беше понудена можноста да бидеме дел од идната влада предводена од претседателот на СДСМ, Зоран Заев и ние како партија ја прифативме поканата. Формирани се работни групи кои ќе ги предводат секретарот на ДПА и секретарот на СДСМ, Љупчо Николовски”, напиша Садики на ФБ.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Приведено момче од Србија, илеаглно влегол во замјава без да приложи негативен ПЦР тест

Српски државјанин бил приведен на Граничниот премин Табановце, поради илегален влез во Македонија на ГП Блаце.„Вчера во 23:30 часот во Полициска станица за граничен премин Табановце, при вршење на пасошка контрола на излез од Република Македонија, 26-годишниот М.Д. од Република Србија не приложил изјава за влез со ПЦР тест или транзит и при проверка било   констатирано дека на 02.08.2020 на Граничниот премин Блаце му бил одбиен влез за непоседување на ПЦР тест.По ова било утврдено дека М.Д. остварил илегален влез во Република Македонија, што и го потврдил во разговорот со полицијата.М.Д. бил приведен и предаден на полициски службеници од Куманово за понатамошна постапка“, информира МВР. 

Македонија | пред 5 години

kamion

(ФОТО) Се преврте камион на влезот во Охрид

Се преврте камион кај Мауцкер, на влезот од Охрид. Во моментов на местото на несреќата СВР врши увид.

Македонија | пред 5 години

oruzje

Едно лице обвинето за недозволено поседување оружје и муниција во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик.Обвинетиот, во својот дом на улица „Методија Андонов – Ченто“ во Скопје, неовластено држел оружје и муниција: еден пиштол марка „FEG” со калибар 9 мм Para со рамка со 13 куршуми од тој калибар, еден пиштол KEL-TEC CNC INC со калибар 380 Auto со рамка со 5 куршуми, 17 куршуми со калибар 7.5 mmR, 3 куршуми со калибар 7,62 Х 25 мм, како и 105 куршуми со калибар 9 мм Para. Оружјето и муницијата беа пронајдени и одземени при претрес на домот на осомничениот на 29 јули.Надлежниот јавен обвинител до Судот достави и посебен предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот 22-годишник, бидејќи тој би можел да се даде во бегство или да го повтори кривичното дело.​

Скопје | пред 5 години

policija-123

18 годишно момче од кичевско починало од струен удар

18 годишно момче од кичевско, вчера доцна попладне починало од струен удар. Како што соопшти МВР, нешто по 17 часот вчера во полициската станица во Кичево било пријавено дека момчето се здобило се повреди предизвикани од струен удар во куката на свој соселанец. Веднаш било пренесено во кичевската болница каде што им подлегнал на повредите. Се уште нема информации како дошло до несреќата. Од МВР велат дека нивна екипа извршила увид по што ќе следи целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 5 години

Liban

Нашите војници во УНИФИЛ во Либан се безбедни

Македонските војници кои се дел од мисијата на Обединетите нации во Либан УНИФИЛ се безбедни  и сигурни по огромната експлозија што го стресе главнот град Бејрут вчера попладне, соопшти Министерството за одбрана.„Во мисијата во Либан во моментов се ангажирани тројца припадници на Армијата, кои се распоредени и ги извршуваат своите задачи на безбедни локации надвор од Бејрут“, велат од Министерството за одбрана.По вчерашната експлозија близу пристаништето во Бејрут има повредени морнарички мировници во мисијата УНИФИЛ на ОН.Во експозијата загинаа над 100, а повредени се над 4.000 луѓе.

Македонија | пред 5 години

trajko

Вељаноски: Неизборот на претседател на Собранието е знак за политичката и институционална криза во Македонија

Поранешниот претедател на Собранието, Трајко Велјановски, кој е обвинет за организирање на немилите настани од 27 Април се огласи на Фејсбук со свој коментар по влерашната конститутивна седница на Парламентот,конкретно неизборот на нов претседавач на Собранието.-Кои заклучоци може да се извлечат од вчерашната конститутивна седница на Собранието на Македонија? Прво, истата сеуште не е завршена, туку е прекината после втората точка верификација на мандатите на избраните пратеници. Немаше формирање ниту на Комисијата за избори и именување , ниту предлог од таа комисија за избор на Претседател на Собранието. Второ, Собранието без избран Претседател е неефикасно, бидејќи не може ниту да се закаже нова тематска седница, ниту да се носат закони што е неговата основна надлежност. Но, битната дилема е кој е одговорен за ваквиот исход што Собранието го држи во нефункционален вакум, дали е тоа Претседавачот кој согласно Деловникот ја свикал и водел седницата или некој друг? После изборите во 2016та година во соодветниот рок ја закажав и ја водев конститутивната седница на Собранието и навремено побарав од парламентарните групи да предложат членови за формирање на Комисијата за избори и именување.Одговорот на партиите го чекав предолго, дури до март 2017 година, кога се предложи да се формира горенаведената комисија. Најавите од медиумите и сега предвидуваат одредено одлагање на формирањето на Комисијата за избори и именување, кое може да трае одреден период. Но, Деловникот за жал не му дава на кој и да е Претседавач на конститутивната седница ниту капацитет, ниту институционални механизми по однос на динамиката на двете нејзини битни компоненти, а тоа се формирањето на Комисијата за избори и именувања, како и изборот на Претседател на Собранието. Одговорноста за успешното завршување на овие две точки од конститутивната седница, и од деловничка и од политичка гледна точка, зависи од парламентарните групи и одлуките на политичките партии во процесот на формирање на парламентарно мнозинство.Се додека парламентарните групи не се договорат за претседателот и членовите на Комисијата за избори и именување и се додека политичките партии не се договорат за собраниското мнозинство, претседавачот со конститутивната седница на Собранието не може успешно да ја заврши седницата, без оглед на неговите лични залагања или собраниско искуство. А се додека Собранието не избере Претседател истото ќе биде неефикасна институција, чија вакум состојба ќе биде само уште еден знак за политичката и институционалната криза во која се наоѓа државата. И на крајот некого за иста ваква ситуација го судат и прогласуваат за терориста !!!!!!!!!!!https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=3452650674754052&id=760466610639152

Македонија | пред 5 години

bebe-se-doi

Одбележување Светска недела на доење – поддршка на доењето за поздрава планета

„Поддршка на доењето за поздрава планета“ е годинешното мото на Светската недела на доење, што традиционално се одбележува од 1 до 7 август. Неделата на доење, годинава, се одбележува под посебни околности, во знак на глобалната пандемија со Ковид-19 и според препораките на Светската здравствена организација, со посебен фокус за важноста на соработката, заедништвото и партнерските односи во промоцијата на доењето и пружањето поддршка на младите мајки.Од Комитетот за доење посочуваат дека согласно препораките на СЗО и УНИЦЕФ, мајките треба да ги дојат своите бебиња и доколку имаат Ковид-19, бидејќи придобивките го надминуваат ризикот од зараза. СЗО препорачува мајките кај кои постои сомневање или е потврден Ковид-19 да бидат охрабрени, како и сите други мајки, да почнат или да продолжат со доење. Многубројните предности од доењето за новороденчиња и децата значително го надминуваат потенцијалниот ризик од зараза со Ковид-19.Досегашните научни истражувања покажуваат дека новиот коронавирус COVID-19 не се пренесува преку мајчиното млеко. За време на доењето и контактот со бебето треба да применуваат респираторна хигиена, доколку е можно да носат маска; потребно е да ги мијат своите раце пред и по допирање на бебето со сапун и вода или дезинфициенс на база на алкохол. Миењето на рацете треба да биде најмалку 20–30 секунди, согласно препораките и техниките за правилно миење на рацете, како и редовно чистење и дезинфицирање на површините што ги имаат допрено.Доењето е еден од најважните начини за унапредување и чување на здравјето. Тоа е најдобриот начин на исхрана на доенчињата, ја поставува основата за добро здравје, не само во периодот на детството, туку и во адултната возраст, воедно носи и голем број бенефити за мајките и за општеството во целост. Во согласност со препораките на СЗО доењето треба да е ексклузивно во првите шест месеци од животот, да трае до две години и подолго, паралелно со воведувањето други видови храна по шестиот  месец.Република Северна Македонија со години наназад има имплементирано голем дел од  препораките на Светската здравствена организација, кои имаат за цел да го промовираат и заштитат доењето, формиран е Национален комитет за доење. Воедно, преку Програмата за здравствена заштита на мајките и децата, континуирано  се спроведуваат активности за промоција и заштита на доењето и се вршат обуки на здравствените работници од патронажните служби и превентивните советувалишта во здравствените домови, каде тим од лекар и сестра се постојано на располагање во давањето стручна помош за справување со сите можни предизвици поврзани со доењето. СТРУЧНИ СОВЕТИ ОД КОМИТЕТОТ ЗА ДОЕЊЕ - ОДГОВОРИ НА НАЈЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА ОД ЗА МАЈКИТЕ КОИ СЕ ПРЕД ПОРОДУВАЊЕ И ВО СТРАВ ОД ИНФЕКЦИЈА, НИВНА ИЛИ НА НИВНОТО БЕБЕ: 1. Дали може да се пренесе вирусот од мајката на бебето? Одговорот е дека постојат студии кои се контроверзни, тие коишто пронашле вертикална трасмисија на вирусот се со мал процент од 7 до 10 проценти, а бебињата се без симптоми или со лесна клиничка слика.2. Дали мајките кои се суспектни или COVID-19 позитивни можат безбедно да ги дојат своите бебиња? Одговорот е да, треба и пожелно е да ги дојат своите бебиња, бидејќи ако се престане со доењето, ќе се намали и количеството мајчино млеко, а со тоа и заштитните фактори коишто ги содржи. Мајчиното млеко содржи антимикробни фактори: секреторен ИгА, ИгМ, ИгГ, олигосахариди, лизозими, леукоцити и таканаречени цитокини и антиинфламаторни фактори.3. Дали во мајчиното млеко кај COVID-19 позитивна мајка може да го има SARs- CoV вирусот?  Реализирани се повеќе студии во различни региони од светот и во ниту една од нив не е докажано присуство на вирусот во мајчиното млеко. Тоа значи дека единствен начин на којшто мајката може да го пренесе вирусот на своето дете е преку респираторните патишта. Поради тоа, неопходно е одржување на личната хигиена и задолжителна употреба на заштитни маски при доењето. Во случај кога мајката е со потешка клиничка слика, која бара нејзина хоспитализација пожелно е ако постојат услови да се искористи нејзиното измолзено млеко со помош на медицински сестри. А во случај да е со исклучително тешка клиничка слика може да се користи измолзено млеко од мајка донор. Исто така, според СЗО и УНИЦЕФ, COVID суспектна или позитивна мајка во првите моменти од раѓањето треба да го стави бебето на своите гради, не само заради млекото, туку и заради таканаречениот „skin-to-skin“ контакт, исклучително значаен за емотивната и психолошката поддршка, како за бебето, така и за мајката.

Македонија | пред 5 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Почнуваме сериозни разговори за формирање стабилно мнозинство и Влада која движи брзо напред по европскиот пат

СДСМ започнува сериозни преговори со претседателите на политичките партии, со работни групи, членови на раководствата на партиите, за нов четиригодишен полн мандат на стабилно мнозинство во Парламентот и формирање посветена Влада, која ќе се движи брзо напред по европскиот пат и патот на економијата и на правдата, се вели во соопштението од СДСМ.Разговараме исклучиво за формирање Влада која се грижи за сите граѓани подеднакво, ослободени од какви било етнички предрасуди или национализми, Влада која нема никакви дилеми кога е во прашање нашиот заеднички пат кој се вика “Северна Македонија – Едно општество за сите”.Разговараме за Влада која ќе се бори со криминалот и корупцијата на сите нивоа, а особено внимание ќе посветиме на делот за прочистување на правосудството и на проверката на потекло на пари и капитал кај секој функционер, по пат на систем што заеднички ќе го договориме.Новата Влада предводена од СДСМ ќе донесе и сериозна реформа на јавната администрација, промена која ќе донесе ефикасни, поголем број и побрзи услуги за граѓаните, но и намалување на обемот на администрацијата за 20%, со помал број министри и рационализација на јавните служби.Владата за која разговараме, на првото место од својата европска и граѓанска агенда, ќе ја има новата македонска економија, чии главни принципи се продолжување на раст на платите, вложување во младите и во рамномерниот регионален развој, водење посебна грижа за најсиромашните граѓани и постојана поддршка на домашниот приватен сектор.Тоа го побараа граѓаните на изборите, тоа ќе го испорачаме.Во наредниот период нé чека двојно повеќе работа, но заедно, одговорно и посветено ќе успееме!Затоа што навистина можеме! Можеме уште повеќе и уште подобро, се вели во соопштението од СДСМ.

Македонија | пред 5 години

koronavirus-test

ИЈЗ: Продолжува трендот на помал број новозаразени и починати, зголемен број на оздравени со Ковид-19

Министерството за здравство информира дека R0 факторот на преносливост на вирусот покажува позитивен тренд на намалување, кој изнесува 0,9, а во континуитет речиси еден месец е околу 1. Продолжува и трендот на намалување на бројот на новозаболени и починати лица, а се бележи и значително зголемување на бројот на оздравени лица, во однос на претходната недела, според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје објавен денеска за периодот од 27 јули до 2 август, 2020 година. ИЈЗ известува дека во дадениот период се направени вкупно 9.709 тестирања (146 повеќе од периодот 20–26 јули) и регистрирани се 912 позитивни случаи на Ковид-19, што е за 4,6% помалку од претходната недела.Во периодот на известување благо намалување има и во проценотот на позитивни од тестирани случаи, кој изнесува 9,4% (претходната недела 10% од тестираните беа позитивни). Новозаболени се регистрирани во 28 града, при што најголем процент на новозаболени има во Скопје (27,9% - бележи благо намалување три недели по ред), во Штип (12,2%) и во Гостивар (11,2%). Во 19 градови во земјата, за истиот период, бројот на новопотврдени случаи е под 20. Во однос на старосната структура на новозаболените во овој период најголем процент се лица над 60 години – 22,9%, а поголем број заболени се регистрира и кај лицата на возраст меѓу 30-39 години - 19,4%.Во возрасната група 40-49 години се 17,9% од новозаболените, а во групата 50-59 години - 17,8%. Најмал број е регистриран кај децата од 0 до 9 години - 3,1% и 10-19 години 5,0%.Од случаите кои се епидемиолошки истражени се хоспитализирани 136 лица или 15,7%, а кај 277 лица или кај 32,2% регистрирано е присуство на коморбидитети.Од вкупниот број епидемиолошки истражени новозаболени 38,1% имале контакт со потврден случај на Ковид-19, а 21 лице (исто како и претходната недела) имале историја за патување во странство во минатите 14 дена.Во периодот 27 јули – 2 август се регистрирани 1.032 оздравени лица, кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, што е за 378 лица или 36,6% повеќе од претходната недела на известување (20 - 26 јули). Во периодот 27 јули до 2 август се регистрирани 29 смртни случаи, што е намалување од 14,7%, во однос на минатата недела. Најголем дел од случаите се лица над 60 години - 75,9%.  Во болнички услови се починати 24 од случаите, а пет вон болнички. Кај 23 од смртните случаи (79,3%) се регистрирани претходни коморбидитети.

Македонија | пред 5 години

izjava-zaev.Still421

(ВИДЕО) Филипче со Нина Групер на Охридско Лето

Министер за здравство Венко Филипче кој во 2020 ќе остане запаметен по борбата со Ковид 19, но и по отворените и јавни понуди за брак и средби кои до него ги испраќаа госпоѓици и госпоѓи на отворањето на јубилејното шеесетто Охридско Лето се појави со министерката за финансии Нина Ангелоска.ВИДЕО:

Македонија | пред 5 години

pendaroski

(ВИДЕО) Пендаровски: Колку што културата ни е потребна во мирни времиња, уште повеќе ни е неопходна во време на криза

Пред евидентно редуцираниот број гости на Антички поради КОВИД-пандемијата, Фестивалот „Охридско лето“ за отворен го прогласи покровителот на манифестацијата, претседателот на државата Стево Пендаровски кој упати честитки за шестдецениското опстојување во кое, како што истакна, „врвни македонски, европски и светски уметници нѐ почестија со својата извонредност, тука во Охрид”.Пендаровски нагласи дека организирањето на „Охридско лето” во услови на КОВИД-19 не е воопшто лесно.– Во исто време, ова е фестивал на креативни поединци кои се исправаат наспроти деструктивните тенденции. Се разбира дека од ваквите потфати на уметнички здружувања и политиката може да учи за тоа како се создаваат слободни, отворени, еманципирачки, динамични јадра што ја потврдуваат убавината на различностите. Нужно е да ги задржиме нивото и квалитетот што со себе ги носи фестивалот „Охридско лето”. Колку што културата ни е потребна во мирни времиња, уште повеќе ни е неопходна во време на криза, истакна шефот на државата.

Македонија | пред 5 години

Pancevski-so-sudot-2

Владимир Панчевски осуден на 3 и пол години затвор

Поранешниот претседател на скопскиот кривичен суд Владимир Панчевски е осуден на 3 год и 6 месеци затвор.Одлуката беше донесена попладнево по само 40-тина минути од завршните зборови на одбраната, обвинетиот и обвинителството.Пресудата доцна вечерва ја објави судијата Валентина Ѓорѓиевска од Велешкиот суд. 

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Ахмети му врати на Заев: Премиер не се станува ниту со 46 пратеници!

Ниту со 46 пратеници не се станува премиер, порача лидерот на ДУИ Али Ахмети. Оваа изјава на Ахмети доаѓа како реакција на изјавата на лидерот на СДСМ Зоран Заев кој денеска истакна дека не се станува премиер со 15 пратеници, колку што всушност има ДУИ.-Во оваа ситуација, на сите инволвирани страни им е потребна смиреност, мудрост и да размислуваат за највисоките интереси на државата. Можам да кажам дека ДУИ е фактор на стабилност во земјата. Ние внимателно ги анализираме ситуациите, нема да брзаме. Секоја чекор што ќе го преземаме, ќе го направиме во интерес и корист на државата, мирот, стабилноста и унапредувањето на поголемите процеси, како што се Охридскиот договор, Договорот од Преспа, Договорот за добрососедство, спроведувањто на законот за јазиците, борбата против криминалот и корупцијата. Но, во никој случај да не се избегнува од процесот на Ветинг. Секој ќе биде во партнерство со нас ако се согласув со овие точки. Вклучувајќи го и премиерот – изјави Ахмети за Коха.Тој додава дека засега нема ништо конкретно во однос на разговорите за формирање на новото парламентарно мнозинство.

Македонија | пред 5 години

ohridsko-leto-12

(ФОТО) Започна „Охридско лето“ - посетителите и организацијата ги почитуваат сите протоколи

Започна Фестивалот „Охридско лето“. Најголемата манифестација која се реализира под капата на Министерството за култура,  а под покровителство на Претседателот на Р. Северна Македонија, годинава слави 60 години од своето постоење.  Фестивалот и покрај тоа што годинава што ќе реализира значително помалку настани, поради намалените фестивалски денови, сепак и во ова јубилејно издание наговестува квалитетна, уникатна, атрактивна и возбудливата програма.Фестивалската сцена повторно ќе биде домаќин на најголемите, најславните и најуспешните, велат од фестивалот.Вечерава на самото фестивалско отворање за присутните е задолжително носењето на лична заштита на лицето и сите членови на тимовите задолжени за организација. Покрај тоа годинава има и задолжително одржување на физичко растојание од два метри на сите посетители и сите членови на тимовите задолжени за организација, задолжителна дезинфекција на раце на влез на сите посетители и сите членови на тимовите задолжени за организација.На посетителите уште при самиот влез на Античкиот театар им се мереше температура, а поради вонредните мерки, интерваалот за влез  беше значително зголемен, со цел да не создаваат гужви.Јубилејното фестивалско издание започна во знакот на основоположникот на Охридско лето, оперската примадона Ана Липша Тофовиќ со концертот на арии насловен како ,,Вокални бисери – по стапките на Ана Липша,, во изведба на светски познатите солисти, Марија Јелиќ – сопран, Дарио Ди Виетри – тенор, Иван Томашев – бас и Аманда Стојовиќ – мецосопран во пијано придружба на Миливое Велиќ.На отворените сцени, Антички театар, Долни Сарај, Предворје Св Софија, како и Црквата Св Софија од 4-ти до 30 август ќе настапат околу 300 уметници од 19 земји, Србија, Италија, Хрватска, Велика Британија, Турција, Франција, Русија, Грција, Германија, САД, Босна и Херцеговина, Полска Словенија Косово Чешка Албанија и голем број уметници од Република Северна Македонија.На фестивалската сцена ќе настапат врвни имиња како пијанистите Наталија Трул од Русија, Кемал Гекиќ- САД, Фукио саксофон квартет од Шпанија, Дуо Улуџан од Турција, косовскиот гитарист Петрит Чеку, Масимо Мерчели флејта-Италија, мецо сопранот Викена Каменица и Мерита Реџа Тершана од Албанија, Келнскиот гудачки секстет од Германија, Ариан Баке обоа Франција, Дуо Солипс, несекојдневен настан е концертот за четири клавири и оркестар кој ни доаѓа од Чешка, од македонската сцена Марија Ѓошевска, хорскиот ансамбл Про Арс со маестро Сашо Татарчевски, Гордана Јосифова Неделковска, потоа Скопје танцов театар со Рисима Рисимикин, гала оперска вечер под раководство на диригентката Бисера Чадловска како и женскиот балетски ансамбл и оркестар од НОБ, вечер на Музичка Младина со камерниот оркестар „Саша Николовски Ѓумар„ вечер со музиката на македонскиот композитор Томе Манчев (каде ќе настапат Весна Анѓеловска, Маја Шутевска, Љубиша Кировски, Марјан Милошевски, Горан Начевски, Елена Атанасовска, Антоние Весковски) и уште многу ексклузивни уметнички имиња.Драмската програма започнува еден ден по свеченото отворање, а ќе понуди театарски креации од домашните театарски куќи. На програмата се претставите „Сестрите прозорови“ по мотиви на „Три сестри“ од Чехов коавторски проект на Сашо Димоски и Васил Зафирчев во изведба на Театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ Велес, Драмски театар ја носи претставата „Чудесна терапија“ по текст на Даниел Глатауер во режија на Димче Николовски, „Човек, ѕвер и доблест“ од Луиџи Пирандело, во режија на Егон Савин Театар Комедија, премиерата „Полковникот Птица“ од Христо Бојчев, во режија на Андреј Цветановски во изведба на НУ Гостиварски театар, претставата за деца на Театар за деца и младинци „Јованче и Марика“ од браќата Грим, во режија на Давор Драгојевиќ. Фестивалот свечено ќе биде затворен со претставата „Бог на масакрот“ од Јасмина Реза во режија на Билге Емин на НУ Турски Театар, Скопје кој годинава слави 70 годишен јубилеј.Реализацијата на фестивалските вечери ќе биде строго по утврдените протоколи и мерки дадени од Комисијата за заразни болести и насоките на Министерството за култура. Тоа значи едно поинакво издание во организациска смисла на зборот но по квалитетот на изведувачите на ниво на богатата фестивалска историја со која Охридско лето гордо се претставува во светот.Фестивалот Охридско лето, кој годинава одбележува јубилеј 60 години успешна приказна, е Манифестација која ја има поддршката од страна на Владата на Р Северна Македонија преку Ресорното министерство за култура, Претседателот на државата кој воедно е и Покровител на Фестивалот а исто така е помогнат и од Општина Охрид и стопанството преку одделни фирми и претпријатија кои финансиски го помагаат фестивалот.  

Македонија | пред 5 години

41E2A237-6648-4A08-901B-21D549544DCB

ВИДЕО: Тинејџер од Скопје пали шуми, снима видеа и ги објавува јавно

Тинејџер – пироман од Скопје со запалка потпалува грмушки и го снима пожарот кој го предизвикал, фалејќи се со своето „дело“ на социјалните мрежи.Од видеото не може да се види за која локација станува збор, а истото е споделено на „Тик Ток“, апликација каде младите најчесто објавуваат забавни видеа.Корисниците на социјалните мрежи масовно го споделуваат видеото од пироманот, со надеж дека институциите ќе го истражат случајот.На неговиот профил на „Тик Ток“ јасно се гледа неговото лице, па оттаму полицијата лесно би можела да го лоцира.Шумските пожари се честа појава во летните месеци низ Македонија, а минатото лето најголем беше пожарот на влезот во Велес, кај езерото Младост.Причинител за пожарите најчесто е човечкиот фактор.

Македонија | пред 5 години

siluvanje

Скопјанка силувана во хотел во Охрид

На 04.08.2020 во 05.13 часот во СВР Охрид, 27-годишна скопјанка пријавила дека во соба во хотел во Охрид над неа била извршена обљуба од страна на М.Н. По преземени мерки од полициски службеници од СВР Охрид, М.Н. бил приведен и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 5 години

policija-123

СВР Тетово поднесе кривична пријава против градоначалникот на општина Боговиње

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Џ.А.(49) од с.Боговиње, тетовско, градоначалник на општина Боговиње, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ и против правно лице од с.Боговиње, сопственост на М.А.(51) од с.Боговиње, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.Првопријавениот, во текот на месец јули 2020 година, како градоначалник на општина Боговиње, постапил несовесно во вршење на својата службена должност и овластување и, спротивно на законот, овозможил почеток на изградба на водовод за потребите на граѓаните на с.Синичане, тетовско, без да обезбеди потребна документација и одобрение за отпочнување на градба.Притоа во име на општината, преку Јавното комунално претпријатие, Џ.A. дал насоки да се ангажира економскиот оператор, односно второпријавеното правно лице, чиј сопственик M.A., иако знаел дека за изградбата на водоводот не постои одобрение, го прифатил ангажманот и започнал со градежни активности.

Македонија | пред 5 години

operacija

На Клиниката за кардиологија за првпат самостојно беше изведено стентирање на трауматско раскинување на градната аорта во градниот кош

Од Клиниката за Кардиологија информираат дека за првпат самостојно од тимот лекари беше изведено стентирање на трауматска трансекција на торакална аорта кај 42 годишен пациент.На пациентот му било дијагностицирано раскинување на ѕидот на градната аорта, по сообраќајна незгода со повеќе скршеници на коски и повреда на белите дробови. Ова претставува животно загрозувачка повреда која носи ризик од масивно крварење, без можност за прекин, поради што смртноста е скоро 100%.Итно беше организиран тим од двајца интервентни кардиолози д-р Жан Зимбаков и д-р Оливер Бушљетиќ, васкуларен хирург д-р Мишел Андов и анестезиологот Стефанија Ханџиска.„Стентирањето на аортата, успешно го изведуваме при аневризми (проширувања) на дел од градната  и стомачна аорта. Тоа ни овозможи да ја примениме оваа техника и кај вакви итни состојби, кои се со висока смртност. Овие процедури, заедно со ТАВИ процедурите (не-хируршко поставување на аортна валвула), стентирањето  на артериите на вратот и нозете, се дел од секојдневната работа на клиниката, со голема бројка на интервенци. Тоа е неопходно и основно, пред многу други работи, за да се постигне висок квалитет и успех кај овие процедури. Со високиот број на интервенции и целосната материјална опременост која ја имаме, нашиот центар е единствен и водечки во земјата, и на ниво на најголемите европски центри“, изјави директорот на Клиниката, д-р Жан Зимбаков.Во ангио-сала на клиниката, кај пациентот, во целосна анестезија, беше направена хируршка препарација на артерија на ногата, со што се отвора место во артеријата за да се внесе посебен вид на стент обложен со материјал. Стентот со дијаметар 30 мм и должина 200 мм, беше поставен веднаш после артерија субклавија, односно артеријата која носи крв во левата рака и главата. Сложеноста на оваа процедура е позиционирањето на стентот. Тој треба да го покрие раскинувањето на ѕидот на аортата, кое беше на самиот отвор на артеријата за раката, но притоа стентот да не го прекине протокот на крвта за раката и главата.Процедурата помина уредно, со целосно покривање на оштетувањето на аортата и со зачуван проток кон раката и главата. Артеријата на ногата хируршки беше “сошиена”, а пациентот успешно разбуден после анестезијата.

Македонија | пред 5 години

Mickoski

Мицкоски: Ќе се фокусираме на предлози кои значат борба против криминалот и корупцијата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски најави дека неговата партија ќе биде фокусирана да состави парламентарно мнозинство и да ја состави новата Влада. Тој во своето обраќањето посочи дека ќе има преговори со сите албански, но и со македонски партии. Мицкоски, додаде дека што и да се случи, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат фокусирани кон сите предлози за борба против криминалот и корупцијата.„ ВМРО-ДПМНЕ во изминатиов период и во периодот кој што е позади нас, ќе биде силно фокусирана во формирање на ново парламентарно мнозинство што ќе поддржи Влада која што ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ, Влада која што вистински ќе се справи со предизвиците, а не Влада која ќе фингира справување и од предизвиците ќе создава уште поголеми предизвици само да може одговорноста да ја префрли на друг. Но, што и да се случи, во преговорите кои ќе ги води ВМРО-ДПМНЕ и кои што ги водеше во деновите кои се пред нас, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои што ќе бидат дел од овој парламентарен состав, ќе бидат фокусирани исклучиво во предлози кои ќе значат вистинска борба против криминалот и корупцијата, нешто што претставува исклучителен предизвик за сите политичари бидејќи на овие избори граѓаните силно говореа дека довербата во политичките елити е на најниско ниво“, рече Мицкоски.Тој во обраќањето рече дека со Заев се согласува само во делот дека државата треба да има Влада која ќе биде стабилна и да трае четири години.„ Се согласувам дека се потребни четири години стабилна Влада, која ќе биде реформски ориентирана, Влада која што ќе нема луѓе позади кои ќе има бројни коруптивни афери, луѓе кои во минатото видовме како посегнуваат по мито и корупција, луѓе кои се аболирани за сторен криминал. Да, се согласувам со господинот Заев во една работа, дека е потребна Влада во која ќе партиципираат луѓе кои нема да бидат обременети со криминал и афери од минатото нивно политичко делување, туку вистинска четиригодишна Влада која што ќе ги спроведе сите оние реформи кои се неопходни, пред се реформите во судството, реформите во здравствениот систем“, додаде Мицкоски.извор: Makfax

Македонија | пред 5 години

ohridsko-leto

(ФОТО) Античкиот театар безбеден за уметниците и посетителите

Фестивалот „Охридско лето“ како најголема културна манифестација ги презема сите безбедносни мерки за здраствена заштита за реализација на годинешнава јубилејна програма. Пред вечерашното Свеченото отворање, на целиот простор, сцената и гледалиштето на Античкиот театар, е направена дезинфекција од страна на Центарот за јавно здравје. Ваква заштита ќе се прави и по завршување на концертот. Со тоа обезбедуваме целосна безбедност и заштита како за уметниците така и за публиката.Според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од Пандемијата Ковид 19 ќе се почитуваат и мерките за носење маска, одржување на физичко растојание од два метри на сите посетители и сите членови на тимовите задолжени за организација, дезинфекција на раце на влез на сите посетители и сите членови на тимовите задолжени за организација, мерење на температура на влез за секој посетител, спроведување на коридорски систем на движење на публиката.Според препораките и протоколите на Комисијата за заразни болести, а со цел беспрекорна заштита оваа година Охридско лето настаните ги реализира на отворен простор. Свеченото отворање е на Античкиот театар каде од вкупниот капацитет од 1700 места ќе се намали на 400 односно гостите ќе бидат распоредени на 2 метри растојание на секој втор ред од гледалиштето.

Македонија | пред 5 години

zaev-1

Заев: Разговараме за стабилна четиригодишна Влада која ќе сработи на европскиот и патот на економијата и правдата

Денеска добиваме нов Дом на демократијата на Северна Македонија и на сите македонски граѓани. Нашиот Парламент денеска ја одржа првата конститутивна седница со учество на народните пратеници кои ја изразуваат волјата на граѓаните кои гласаа на Парламентарните избори на 15 јули, истакна Зоран Заев, претседател на СДСМ.Тој додаде:Во име на СДСМ, коалицијата МОЖЕМЕ и на сите 46 избрани наши пратеници, уште еднаш им благодарам на граѓаните за демократскиот капацитет и одговорноста кои беа демонстрирани на изборите – и уште еднаш уверувам дека нашите 46 пратеници, а сигурен сум дека има уште многу такви пратеници во овој состав - заедно ќе покажеме уште поголема одговорност кон сопствениот народ и сопствената држава – ќе градиме независен парламент – ќе ги претставуваме пред се интересите на граѓаните и на државата, пред партиските интереси – ќе му служиме на народот!Државата им припаѓа на сите подеднакво. Државата е наша заедничка одговорност. Со оваа кауза денес се обврзуваме да градиме независен и одговорен парламент, вистински дом на демократијата.Овој наш заеднички дом ќе ја избере и следната демократска, политичка, одговорна, европска Влада. Ние од денеска почнуваме преговори за нов четири-годишен, полн мандат на стабилно мнозинство во Парламентот, мнозинство кое ќе ни донесе стабилна и посветена четири-годишна Влада која е подготвена да сработи.Ќе разговараме исклучиво за формирање Влада која се грижи за сите граѓани подеднакво, ослободени од какви било етнички предрасуди или национализми, Влада која нема никакви дилеми кога е во прашање нашиот заеднички пат кој се вика “Северна Македонија – Едно општество за сите”.Ќе разговараме за Влада која е решена и која ќе се бори со криминалот и корупцијата на сите нивоа – секој ќе си ја носи сопствената одговорност, без разлика дали доаѓа од партија, од општина, од институција, дали е експерт, функционер, познат или непознат.Особено внимание ќе посветиме на делот за прочистување на правосудството и на проверката на потекло на пари и капитал кај секој функционер, по пат на систем што заеднички ќе го договориме.Идните чинители во новата Влада ќе треба да се подготвени и за сериозна реформа на јавната администрација – зборувам за ПРОМЕНА која ќе донесе ефикасно служење на потребите на граѓаните, но и промена со која обемот на администрацијата ќе се намали за 20%. Зборувам за помал број министри и за рационализација на јавните служби, но за поголем број и побрзи услуги за граѓаните.Конечно, Владата за која ќе разговараме, на првото место од својата европска и граѓанска агенда, ќе ја има НОВАТА МАКЕДОНСКА ЕКОНОМИЈА.  Главните принципи се: платите да продолжат да растат, да вложуваме во младите и во рамномерниот регионален развој, да водиме посебна грижа за најсиромашните граѓани и да даваме постојана поддршка на домашниот приватен сектор.Јакнењето на економскиот стандард на сите наши граѓани ќе биде императив на новата Влада.Ние во овој момент почнуваме со сериозни разговори поставени на сериозни принципи кои ќе ни донесат сериозна и посветена - Влада која движи брзо напред по европскиот пат, односно Влада посветена на економијата и правдата. Влада која ги отвора преговорите за членство со Европската Унија и Влада која со секое ново отворено поглавје од преговорите ќе воведува нови европски стандарди за подобар живот, тука во нашата убава земја.Тоа го побараа граѓаните, тоа ќе го испорачаме.Очекувам дека за 10 - 15 дена ќе имаме исход од овие преговори и дека многу скоро ќе ги кренеме македонските институции во полн капацитет да можат да се справуваат со најголемиот предизвик, невидливиот непријател КОВИД-19. Пред нас е есента која носи нова учебна година, нова грејна сезона, нови предизвици на болниците – пред нас е заедничка борба за јавното здравје и за економски напредок.Не` чека двојно повеќе и подобра работа – со ангажман на секој од нас, уверен сум дека заедно, одговорно и посветено - Ќе успееме, истакна Заев.

Македонија | пред 5 години

struja

Најавени протести за поскапувањето на струјата

Независниот синдикат на градежни работници, инженери и трговци го крева гласот против поскапувањето на стртујта. Најавуваат мирен протест поради одлуката за нејзино зголемување за 7,4%, но без ДДВ. Ваквиот потег на власта го оценија како показател за недомаќинско работење. Обвинуваат за популизам и удирање по џебот на граѓаните зашто, според нив, со поскапувањето на струјата од народот се одземаат парите што ги добиле со последното зголемување на минималната плата, објави Алфа.– Најавеното поскапување на струјата од 7,4 проценти заедно со Данокот на додадена вредност од 18 проценти ќе изнесува 8,73 проценти, а во изминатите 14 години струјата поскапела 230 проценти, изјави претседателот на НСГРИТ Атанас Трајковски.По најавеното поскапување, реагираа неколку синдикати, здруженија, но и политички партии, кои побараа од Регулаторна да ја повлече одлуката.Организацијата на потрошувачи смета дека одлуката е несоодветна, бидејќи освен здравјето, во прашање се доведува и економската безбедност на граѓаните.Текстот во целост на: Алфа 

Македонија | пред 5 години

pretor

Пронајдено е телото на 16-годишното момче кое се удави во Преспанското Езеро

По два дена трагање, пронајдено е телото на 16-годишното момче кое се удави во Преспанското Езеро. Од МВР велат дека телото е извлечено и е предадено на обдукција. Првичните информации беа дека детето се удавило откако се превртела педалинката на која било удавеното момче со двајца другари.„ Околу 14 часот во водите на Преспанското Езеро нуркачкиот тим од Единицата за специјални задачи при Бирото за јавна безбедност на МВР го пронајдоа безживотното тело на шеснаесет годишното момче од Ресен. По насоки на јавен обвинител телото ќе биде дадено на обдукција“, велат од МВР.По момчето, освен припадници на МВР, трагаа и нуркачи од Охрид, а се вклучија и локални жители.

Македонија | пред 5 години

Benzinski-pumpi-9

Поскапуваат бензините, поевтинува дизелот

Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика за половина денар се зголемуваат малопродажните цени на бензините, а за истиот износ се намалува цената на дизелот.Малопродажните цени, пак, на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ се зголемуваат 0,50 денари/литар и со тоа малопродажната цена на „евросупер БС-95“ ќе изнесува 60,00 денари/литар, а малопродажната цена на „евросупер БС-98“ ќе изнесува 62,00 денари/литар.Малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува 1,00 денар/литар и ќе изнесува 52,00 денара/литар.Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува 0,351 денари/килограм и од вечерва на полноќ ќе изнесува 25,709 денари/килограм.Од 5.8.2020 година максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:– моторен бензин „евросупер БС 95“ – 60,00 (денари/литар)– моторен бензин „евросупер БС 98“ – 62,00 (денари/литар)– дизел-гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 52,50 (денара/литар)– масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 52,00 (денара/литар)– мазут М-1 НС – 25,709 (денари/килограм)

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања