Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

ulici-klinicki-892982389

Се поплавија улиците и паркинзите во Клиничкиот центар

Улиците и паркинзите во Клиничкиот центар се поплавени по врнежите на дожд изминативе два дена. Паркингот кај Клиниката за стоматологија е целиот под вода и буквално за да излезат докторите и пациентите од возилата и да се движат низ комплексот шлапкаат низ вирови вода, Објави СДК.МК.Уште во текот на градежните работи, вработените на клиниките ги предупредувале работниците дека овој простор постојано се поплавува и да водат сметка да стават повеќе сливници, но овие им одговарале: „Не се секирајте, водата си има природен пад“.Реконструкцијата на улиците и изградбата на новиот паркинг чинеше 70 милиони денари.Текстот во целост на: СДК.МК.фото: СДК.МК

Скопје | пред 5 години

06-7

Се отвора Центар за дејствување во услови на епидемии и други јавноздравствени вонредни ситуации

Пандемијата на КОВИД-19 ја реафирмираше итната потреба од брзи, делотворни и стратешки информации за епидемиите и здравјето, како и потребата од колаборативни механизми што ќе можат да им помогнат на субјектите што работат во полето на јавното здравје во Северна Македонија.Денес, Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје на Северна Македонија го отвараат новиот Центар за дејствување во услови на епидемии и други јавно-здравствени вонредни ситуации во Скопје. Овој центар ќе обезбедува централизирани информации во реално време, следење на состојбите, известување и совети за тоа како да се постапува  во случаи на настани и вонредни состојби поврзани со јавното здравје.Обединувајќи ја на едно место епидемиолошката стручност од Институтот за јавно здравје, Центарот ќе нуди дигитални решенија за еден систем на рано предупредување со цел навремено известување и детектирање на настани поврзани со јавното здравје. Исто така, Центарот ќе ги подобри надзорот и координацијата меѓу епидемиолозите, лабораторискиот кадар и експертите за јавно здравје од десетте Центри за јавно здравје и 21 подрачна единица во Северна Македонија.„Ѝ честитам на Северна Македонија за нејзината посветеност кон јакнењето на капацитетите на јавното здравство за борба против КОВИД-19. Овој нов центар е пионерски пример за тоа како СЗО може, во партнерство со националните надлежни органи, да ја зацврстува здравствената сигурност и да собира што повеќе информации релевантни за јавното здравје кои се потребни не само за борба против актуелната пандемија туку и за идните вонредни состојби што може да се случат во годините пред нас”, изјави д-р Ханс Клуге, регионален директор на СЗО за Европа.СЗО помага околу операционализацијата на Центарот, така што обезбедува технички насоки и еден експерт за јавно здравје кој ќе биде составен дел од националниот тим. Оваа поддршка ја овозможи организацијата USAID која обезбеди неповратна помош за оваа намена. Заедничката надворешна евалуација на подготвеноста на Северна Македонија и на нејзиниот капацитет за одговор на здравствени вонредни состојби, спроведена минатата година, препорача основање на еден ваков центар. Центарот ќе придонесе кон изградбата на националниот систем за одговор на здравствени вонредни состојби и кон исполнување на обврските од Меѓународниот здравствен правилник (МЗП, од 2005 година).На отварање на Центарот, министер за здравство на Северна доц. д-р Венко Филипче и се заблагодари на СЗО за континуираната поддршка во борбата против КОВИД-19.„Овој центар за дејствување при здравствени вонредни состојби ќе биде од критична важност за подготвеноста и реакцијата на државата. За време на епидемии, Центарот ќе работи нон-стоп, т.е. 24/7, 365 дена годишно, така што ќе дава поддршка при носење одлуки, тековно работење, поврзување, информирање на населението за ризиците, (пре)распоредување на персонал, колкав број вработени се потребни, логистика и планирање”, изјави министерот Филипче.За време на настанот, д-р Џихан Тавилах, претставничка на СЗО во Северна Македонија, се осврна на тоа како соработката на СЗО со Министерството за здравство во овој заеднички потфат би можело да ги информира другите земји од Западниот Балкан за тоа како да ги зголемат институционалните капацитети во делот на здравствената сигурност и собирањето информации релевантни за јавното здравје.

Македонија | пред 5 години

siluvanje

25 годишен маж неколку пати извршил обљуба на малолетно девојче

Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 25-годишно лице од село Дебреште, осомничено за продолжено кривично дело – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од член 188 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик.Осомничениот, во временскиот период од почетокот на месец април 2020 година до 20.07.2020 година, во атарот на селата Лажани и Дебреште и во Прилеп, извршил обљуба врз девојче за кое знаел дека нема наполнето 14 години.Тој со девојчето остварил контакт преку социјална мрежа и во април се договориле да се сретнат пред портата од дворното место во куќата каде живеела оштетената. Кога пристигнал, тој побарал од неа да влезе во возилото на совозачкото седиште, со уцена дека доколку не го стори тоа во јавноста ќе пуштел фотографија која оштетената му ја испратила претходно на Фејсбук. Оштетената влегла во возилото, по што тој ја однел на друга локација и извршил обљуба врз неа, иако таа за цело време давала активен отпор.На 18 јули, повторно со уцена, осомничениот ја принудил оштетената да влезе во возилото, па заедно отишле во домот на осомничениот во Дебреште. Таму се задржале се до моментот кога добиле сознание дека во куќата доаѓа полицијата, по барање на родителите на оштетената и по наредба на ОЈО Прилеп, за да го врати девојчето кај родителите. Тогаш со возило кое го возел братот на осомничениот ја напуштиле куќата и отишле во неговата куќа во Прилеп, каде биле оставени сами. Осомничениот, во една од собите, без согласност на оштетената извршил обљуба врз неа.На 20 јули, криејќи се од полицијата, осомничениот ја донел оштетената во стариот дел од куќата каде што живеел во Дебреште и повторно без согласност на оштетената, извршил обљуба врз неа.Против осомничениот, надлежниот јавен обвинител поднесе предлог за определување мерка притвор до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Прилеп. Судијата го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.​

Македонија | пред 5 години

motori

Санкционирани 160 прекршоци на мотоциклисти

Секторот за сообраќајни работи при Бирото за јавна безбедност, во координација со организационите единици за контрола и регулирање на сообраќајот на територијата на Република Северна Македонија на 05.08.2020, во периодот од 17.00 до 23.00 часот, спроведе републичка акциска контрола за откривање и санкционирање на прекршоци сторени од учесници во сообраќајот кои управуваат мотоцикли.Во текот на контролата се констатирани 160 прекршоци кај оваа категорија учесници во сообраќајот, односно 31 учесник управувале мотоцикл пред да се стекнат со право за управување (без возачка дозвола), седум учесници управувале со измината важност на регистрација на мотоциклот, пет учесници управувале со нерегистрирани мотоцикли, 94 учесници не користеле заштитен шлем (кацига), а констатирани се и 23 други прекршоци направени од страна на оваа категорија учесници во сообраќајот. 

Македонија | пред 5 години

nevreme-stajkovci

Спасовски: Никогаш да не се повтори невремето што пред четири години го зафати Скопје

Премиерот Оливер Спасовски денеска на својот Фејсбук порача никогаш да не се заборави и да не се повтори големото невреме, што пред четири години го зафати Скопје.„Со тага се присетуваме на денешниот ден, кога пред четири години Скопје беше погодено од големо невреме кое предизвика поплави во селата Стајковци, Смилковци, Сингелиќ и Арачиново, при што животот го загубија 22 наши сограѓани. Денес животот во овие скопски места е вратен во нормала, за што сведочат асфалтираните улици, исчистените речни корита и нова водоводна мрежа, а граѓаните и денес зборуваат за пружената помош, за херојството и солидарноста кои беа демонстрирани од страна на нашите сограѓани од целата држава“, напиша Спасовски и порача: „Никогаш да не се заборави, никогаш да не се повтори.

Скопје | пред 5 години

zaev

Заев: Ги прифаќам забелешките на новинарите, сите да се потрудиме за подобра комуникација

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев денеска на својот Фејсбук профил напиша дека ги прифаќа забелешките на новинарите за неговиот начин на комуникација по собраниската конститутивна седница.Како што наведува Заев, секој пред јавноста е одговорен за своите постапки.Тој уште порачува и дека нема никаква намера да влијае врз работата медиумите и новинарите.„Добив реакции од различни страни од новинарската фела за изборот на зборови и начинот на комуникација со дел од новинарите во Собранието, по конститутивната седница. Ги прифаќам забелешките на ЗНМ и фелата и во размена на мислења со нив веќе укажав дека сите треба да се потрудиме за подобра комуникација во иднина и дека немам никаква намера да влијаам врз работата на медиумите и новинарите. Секој пред јавноста е одговорен за своите постапки, а сите имаме обврска секојдневно и здружено да работиме на оневозможување на ширењето на лажните вести, на запирање на клеветите, навредите и нападите врз која било индивидуа, вклучително и врз медиумските работници“, пишува Заев на својот Фејсбук профил.

Македонија | пред 5 години

antovski

Антовски: Додека струјата поскапува за 7,5%, ЕЛЕМ распишува јавна набавка на газирана и негазирана вода за скоро 3 милиони денари

Состојбата во буџетот на Република Македонија е катастрофална и затоа власта на СДСМ и Заев удира по џебот на граѓаните. Заради тоа се поскапува струјата за цели 7,5%, со цел да се покрие неспособното и неодговорно работење во изминатите три години. Но да биде уште полошо власта на Заев во екот на зголемување на цената на струјата не престанува ниту со разузданото трошење на народните пари. Тоа го прави токму преку ЕЛЕМ, еден од чинителите поради кои се поскапува струјата, истакна Стевче Антовски од ВМРО ДПМНЕ.Имено на 29 јули, два дена пред поскапувањето на струјата, ЕЛЕМ склучило договор по тендерот за јавна набавка на минерална газирана и негазирана вода која го распишала компанијата во износ од скоро 3 милиони денари или околу 50 илјади евра за потребите на РЕК БИТОЛА. Компанијата која за да го заштити својот профит бараше поскапување на струјата во исто време набавува вода во износ од 50 илјади евра само за РЕК БИТОЛА.Со други зборови народот ќе плаќа поскапа струја за 7,5%, а ЕЛЕМ ќе набавува газирана и негазирана вода од скоро 3 милиони денари или 50 илјади евраОва е само еден од показателите на недомаќинското работење на власта на СДСМ и ЗАЕВ. Тие изминатиот период во енергетските компании кај што платите се далеку над просекот вработуваа партиски војници, непотистички вработуваа роднини на функционери, делеа бонуси, правеа сомнителни милионски тендери, цело време со парите од граѓаните, за сега без срам да бараат народот да им го плаќа нивното неодговорно работење.Со ова покачување, Македонија стана една од државите во Европа во која граѓаните плаќаат највисока цена споредено со просечната плата. Со оваа одлука директно се удира по стандардот на граѓаните во услови на епидемија со коронавирусот. Македонија е единствената земја во регионот и пошироко која во ваква здравствена криза покачува енергенс, кога сите останати или ги задржуваат цените или ги намалуваат.Народот исто така не смее да ја плаќа цената на енормното задолжување од 1 милијарда евра во само три месеци, кое беше злоупотребено за изборен поткуп. Тоа што пред изборите им го даваа на дел од граѓаните со лажичка, сега сите ние ќе треба да го враќаме со лопата.Наместо политикантство потребни се конкретни планови и стратегии со кои Македонија ќе се извади од здравствената, но и економската криза која секој ден ги осиромашува граѓаните на Република Македонија. Со власта на Заев и СДСМ нема ни стратегија, ни план како тоа да се направи. Од нив гледаме само интерес како со јавни набавки да се исцицаат народните пари, додека народот и стопанството се гушат во немаштијата, истакна Стевче Антовски од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 5 години

korona-njemacka

Денеска се регистрирани 113 нови случаи на ковид 19, починаа 6 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1543 тестирања, а регистрирани се 113 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-35, Куманово-12, Штип-23, Прилеп-1, Тетово-5, Струга-1, Битола-7, Охрид-6, Гостивар-15, Кочани-2, Пробиштип-1, Демир Хисар-2, Македонски Брод-1, Валандово-1, Виница-1.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 259 оздравени пациенти од: Скопје-103, Куманово-13, Дебар-1, Штип-75, Тетово-31, Битола-2, Кавадарци-2, Гостивар-19, Кочани-2, Пробиштип-2, Демир Хисар-1, Кратово-2, Свети Николе-4, Ресен-2.Починати се 6 лица, три пациенти од Скопје (64г., 22г. и 83г.), пациент од Куманово (72г.), пациент од Струга (48г.)и пациент од Охрид (75г.). Пет пациенти се починати во болнички услови, еден вонболнички.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11399,  бројката на оздравени пациенти е 7480, на починати е 517, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3402. Денес се евидентираат три контролни теста. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 5000, активни 1231• Куманово 1114, активни 260• Дебар 208, активни 117• Штип 910, активни 381• Прилеп 337, активни 47• Тетово 1071, активни 186• Струга 470, активни 187• Велес 227, активни 22• Битола 153, активни 71• Охрид 288, активни 80• Кавадарци 83, активни 61• Гостивар 513, активни 283• Гевгелија 23, активни 12 (*7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 3 на Богданци)• Струмица 39, активни 23• Крива Паланка 25, активни 11• Радовиш 29, активни 16• Крушево 16, активни 8• Кочани 108, активни 20• Пробиштип 58, активни 21• Демир Хисар 36, активни 27• Македонски Брод 42, активни 36• Пехчево 6, активни 0• Берово 8, активни 4• Валандово 7, активни 1• Виница 26, активни 22• Делчево 5, активни 4 (*4 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 14, активни 5• Свети Николе 230, активни 130• Кичево 179, активни 109• Ресен 146, активни 19• Неготино 28, активни 8 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 1543 теста се преку: ИЈЗ-591, ЦЈЗ Скопје-24, Авицена-166, Биотек-195, МАНУ -133, Жан Митрев (Филип Втори)-202, Систина со PCR метода -161, Судска медицина -10, ЦЈЗ Битола-43, Инфективна клиника-9, ГАК-9. Досега во земјата се направени вкупно 109946 тестирања на ковид -19.  Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 83 пациенти. На кислородна поддршка се 49 пациенти, 1 на механичка вентилација.Во болницата во Козле се хоспитализирани 15 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 6 деца позитивни на вирусот.Во ГОБ „8 Септември“ примени се 10 нови, вкупно хоспитализирани се 78 пациенти. На респираторна машина се 3 пациенти.Во болницата во Битола се хоспитализирани 30, а во болницата во Штип се хоспитализирани 48 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 120 пациенти - позитивни и сомнителни на ковид-19.Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)• Чаир – 164• Аеродром - 139• Бутел - 80• Гази Баба - 121• Центар – 101• Карпош – 110• Сарај – 54• Кисела Вода – 129• Ѓорче Петров – 88• Студеничани – 42• Шуто Оризари – 100• Арачиново – 21• Илинден – 22• Петровец – 17• Чучер Сандево – 8• Сопиште – 20• Зелениково- 6• Странец – 4• Нераспределен - 5

Македонија | пред 5 години

117111639_10219447452516188_9215502632378192564_n-1

МЖСПП: Опасниот отпад од Охис ќе биде изнесен од државата кога ќе дозволат временските услови

Винил хлорид мономерот од поранешната фабрика Охис ќе се преточи и ќе се транспортира од државата веднаш штом ќе дозволат временските услови потребни за безбедна работа со оваа хемикалија, соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање.„Во врска со дезинформациите кои деновиве се шират по социјалинте мрежи за опасноста од цистерната во која што е складиран отпаден винил хлорид мономер во кругот на поранешната фабрика Охис, Министерството за животна средина и простоено планирање ја информира јавноста дека таквите информации се сосема неточни. Имено на 29 јули Држаниот инспекторат за животна средина објави целосен извештај од извршени инспекциски надзори во правниот субјект Еко центар 97, Скопје, во врска со реализација на проектот за безбедно отстранување на хемиски материи од локации и производни погони на АД Охис – Скопје, која и МЖСПП ја сподели на своите комуникациски канали“, се наведува во соопштението.Во извештајот пишува дека е обезбеден висок степен на безбедност на цистерната со инсталирање на систем за ладење кој е поставен за да се одржува температурата на цистерната согласно правилниците за чување на ваквиот вид на хемикалија во сад под притисок.Исто така, велат од Министерството, за преточување и дислоцирање на винил хлорид мономер фирмата „Екоцентар 97“ од Скопје има ангажирано повеќе подизведувачи кои што заедно работат на комплетно решавање на проблемот и тоа со фирма од Германија за печка за палење отпад, со компанија специјализирана за преточување на ваков тип на опасен отпад од Франција и со транспортна компанија од Бугарија која што ги има сите потребни дозволи за транспорт на опасен отпад низ земјите на ЕУ.Од МЖСПП велат дека планираната посета на инженерите од Франција и Италија која што требало да се реализира во март, била одложена поради коронавирусот.Исто така, велат од таму, набавени се и веќе се пристигнати две цистерни со специјализирана намена за складирање и транспорт на винил хлорид мономер во кои ќе се преточува отпадниот винил хлорид мономер и ќе се транспортира до крајната дестинација – Инсенераторот во Германија.„Во моментов, согласно препораките добиени од страна на консултаните од нашата земја и од странство, како и од компанијата преточувач Curium S.A.S. од Франција во наредните два-три месеци нема да има можност да биде направено преточувањето, од безбедносен аспект поради високите температури кои се актуелни во летниот период“, велат од Министерството.

Македонија | пред 5 години

jsp-avtobusi-na-gas-polnaci

Граѓаните со штрафцигери ги крадат полначите за телефони од новите автобуси

Граѓани опремени со штрафцигери се обидуваат да ги украдат полначите за телефони кои ги има во новите автобуси на гас на ЈСП „Скопје“. Откако 33 автобуси беа пуштени во сообраќај секојдневно во нив има контроли во цивилка кои проверуваат дали патниците ги уништуваат возилата. Досега биле фатени четворица граѓани како се обидуваат да ги украдат полначите, објави СДК.МК. „Еден од патниците кој го фативме како со штрафцигер сака да ги извади полначите кои се вградени во држачите, беше 72-годишен пензионер. Во сите четири случаи навремено интервенираа контролорите и не дозволија уништување на дополнителната опрема во автобусите. Случаите се пријавени во Министерството за внатрешни работи. Навистина не ни е јасно зошто ги вадат и крадат, кога тие потоа никако не можат да се користат“, велат од ЈСП „Скопје“.Текстот во целост на: СДК.МК. фото: СДК.МК

Скопје | пред 5 години

covid-19-vakcina

Научниците ширум светот развиваат повеќе од 165 вакцини против коронавирусот и 27 од нив веќе се тестираат на луѓе

Научниците ширум светот развиваат повеќе од 165 вакцини против коронавирусот и 27 од нив веќе се тестираат на луѓе. За вакцините да стигнат во фаза на тестирање на луѓе обично се потребни години истражувања и други тестови, но во овој случај научниците брзаат да произведат безбедна и ефективна вакцина до следната година.  Работата на вакцините почна во јануари со дешифрирањето на геномот на коронавирусот, објави СДК.МК.Од генетските вакцини, кои што користат еден или повеќе гени на коронавирусот за да испровоцираат одговор од имуниот систем, најдалеку е стигната вакцината на американската компанија „Модерна“. Во партнерство со Националните здравствените институти, вакцината на „Модерна“ се покажа како успешна по тестовите на мајмуни. Вакцината е стигната до третата фаза, која што е последна пред добивање одобрение од регулаторните тела. Во третата фаза, вакцината на „Модерна“ се тестира на 30.000 доброволци од 89 места во САД.Од вакцините со вирален вектор, кои што користат вирус да внесат гени на коронавирусот во клетките за да испровоцираат одговор на имуниот систем, најдалеку со развојот е вакцината на британско-шведската компанија „АстраЗенека“ и универзитетот „Оксфорд“. Таа е базирана на аденовирус присутен кај шимпанза и тестовите на мајмуни беа успешни. Вакцината сега е во комбинирана втора/трета фаза на тестови во Англија и Индија и во трета фаза во Бразил и Јужна Африка. Проектот може да донесе вакцина за итна употреба до октомври.Од вакцините базирани на протеини, во втора фаза тестови е вакцината на кинеската компанија „Анхуи Џифеи Лонком“. Компанијата ја развива вакцината во соработка со Кинеската академија на медицински науки.Текстот во целост на: објави СДК.МК.

Македонија | пред 5 години

DSC_8275

Заев - Холштајн: Германија останува нашиот најголем сојузник на патот кон ЕУ

Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска се сретна со амбасадорката на Сојузна Република Германија во Република Северна Македонија, Анке Холштајн.На средбата се разговараше за актуелната политичка ситуација во државата, состојбата со коронавирусот, како и за евроинтегративниот процес и односите меѓу двете држави.Посакувајќи и добредојде на германската амбасадорка, претседателот Заев истакна дека Северна Македонија нема поголем пријател и посилен поддржувач на евроатлантскиот пат од Германија.- Навистина сме благодарни на поддршката што сите овие години ја добиваме од Германија, не само од канцеларката Ангела Меркел, туку и од министри за надворешни работи, од членови на Бунедстагот, од германски европратенииц. За нас е чест и привилегија на европскиот пат да имаме силен и искрен сојузник како што е Германија. Убедени сме дека преку реформите, преку Берлинскиот процес кој за првпат ќе го водиме ние како држава кандидат, дека ќе ги дадеме сите аргументи за отворање на почнување на преговори, додека трае германското претседавање со Унијата, порача Заев.Во однос на политичката ситуација, Заев ја информираше амбасадорката дека СДСМ води сериозни разговори за формирање на ново стабилно парламентарно мнозинство и нова Влада која ќе работи во интерес на граѓаните.- Водиме процес на разговори преку кои ќе обезбедиме сигурно стабилно парламентарно мнозинство преку кое ќе обезбедиме нова, одговорна Влада со полн четиригодишен мандат. Заради преговорите со ЕУ, заради предвидливоста и економската сигурност, потребно е стабилно парламентарно мнозинство и формирање на стабилна одговорна Влада која ќе движи брзо напред. Развој и унапредување на економијата и реформи во правосудството ќе бидат врвните приоритети на новата Влада предводена од СДСМ и тоа ќе го покажеме уште во првите сто дена од мандатот, нагласи Заев.Од страна на амбасадорката Холштајн, беа упатени честитки за успешно организираните фер, слободни и демократски избори на 15 јули и истовремено беше изразено уверување дека Германија продолжува уште повеќе посветено да ја поддржува Република Северна Македонија во остварување на стратешката цел – членството во ЕУ.

Македонија | пред 5 години

policija-policisko-vozilo

Кривична пријава против шест полициски службеници вработени во СВР Скопје

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до Основното јавно обвинитество за гонење организиран криминал и корпуција – Одделението  за гонење на сторители на кривични  дела на лица со полициски овластувања поднесе кривична пријава против шест полициски службеници вработени во СВР Скопје, поради основано сомнение дека на 18.05.2020 сториле кривично дело „малтретирање во вршење служба“ по член 143 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија. По извршените проверки и увидот во безбедносните камери констатирано е дека на настанот претходел друг кривично-правен настан, по што оштетениот бил врзан со лисици за врзување и врз него неосновано била употребена физичка сила, со што биле пречекорени полициските овластувања.Против пријавените полициски службеници поведена е и постапка за утврдување на дисциплинска одговорност во МВР.

Македонија | пред 5 години

arsovski

Арсовски: СДСМ наместо да се справи со пандемијата посегна по гушење на рекламниот медиумски простор за опозицијата

Изборниот грабеж и најнедемократските парламентарни избори во Република Македонија имаат виновник и тоа е СДСМ. Извештајот на Агенцијата за аудиовизуелни медиуми е доволен показател за недемократските избори. СДСМ на почеток на кампањата, на самиот завршеток на вонредната состојба, на ден пред почетокот на кампањата во 23:55, 5 минути пред да заврши вонредната состојба изгласаа уредба каде што им се намалува двојно рекламниот простор на ВМРО-ДПМНЕ во однос на СДСМ, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Наместо СДСМ да се справува со пандемијата која однесе над 500 човечки жртви до сега, тие во вонредната состојба посегнаа по демократскиот процес на изборите, односно посегнаа по рекламниот простор кој што им следува на ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата.Со ова практично изгласаа уредба за медиумски мрак и гушење на опозицијата, каде што тие добија двојно повеќе рекламен простор по медиумите, а ВМРО-ДПМНЕ доби само гушење и не можност да доволно се презентира по медиумите.Со ова незаконски, со кршење на Уставот и законите, СДСМ директно се мешаше во изборниот процес и го ограничи времето на опозицијата, само и само за да може власта сама да манипулира во рекламниот простор кој што за нив испадна  двојно поголем од на ВМРО-ДПМНЕ.Користењето на вонредната состојба за лукративни цели, а не за справување со пандемијата е доволен показател колку биле недемократски овие избори кои поминаа.Токму и поради тоа СДСМ има скоро двојно повеќе време за медиумско рекламно презентирање во однос на ВМРО-ДПМНЕ и нас не стави во подредена состојба.СДСМ е канцерот кој ја јаде демократијата во Република Македонија, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 5 години

2-1

МВР за сообраќајната несреќа на магистралниот пат Кичево – Охрид во која повредени се 4 лица

На 05.08.2020 во 11.15 часот било пријавено дека на магистралниот пат Кичево – Охрид, помеѓу с.Издеглавје и с.Песочани, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „опел корса“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.Р.(34) од Куманово и патничко возило„фолксваген пасат“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.С.Ќ.(51) од Скопје.Во незгодата, М.Р. се здобил со тешки телесни повреди, а Х.В.(23) од Куманово, сопатник во возилото „опел корса“, М.С.Ќ. и уште двајца малолетни сопатници од возилото „фолксвагенпасат“ се здобиле со телесни повреди, констатирани во болницата “Св.Еразмо“ Охрид и Општата болница Охрид, каде што биле пренесени за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Охрид.

Македонија | пред 5 години

MEGA1828

Велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ ја отвори драмската програма на „Охридско лето“

Драмската програма на 60-тото издание на фестивалот „Охридско лето“ беше отворена вчеравечер во предворјето на црквата „Света Софија“ со театарската претстава „Сестрите Прозорови“ во изведба на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ од Велес.Коавтори на овој проект се в.д директорот на Велешкиот театар, Сашо Димоски и актерот Васил Зафирчев кој исто така е дел од овој ансамбл.Според писателот и доктор по драмски уметности, Сашо Димоски, процесот на создавање на претставата „Сестрите Прозорови“ бил мошне напорен, бидејќи како што појаснува, освен документаристика и авторски текстови, голем дел од материјалите произлегле директно и од самите актери.-Чехов е секогаш провокативен. Драмската класика секогаш има што да каже и комуницира со секој контекст. Целта беше да видиме како ќе комуницира со овој контекст сега, со нашата публика и со нас како уметници, но и што ние имаме да кажеме преку Чехов. За таа цел, користевме различни материјали во обликувањето на текстот на изведбата за да добиеме еден мошне комплексен, меѓутоа многу густ, набиен текст којшто во еден поинаков режисерски прочит и во една поинаква актерска игра ќе создаде нешто што клони кон драмските одлики на театарот. Самата постапка на автотематизација и авторефенцијалност која се користи во постдрамските  театарски форми, на крајот создаде производ со кој навистина сум задоволен, вели Димоски.За актерот и коавтор на проектот, Васил Зафирчев, изведбата на претставата токму на сцената во предворјето на црквата „Света Софија“ е посебна зашто како што вели тој, потсилува одредени контексти во неа, особено оние коишто се однесуваат на прашањето на Бог.-Ова е една реминисцентна изведба на претставата во еден многу специфичен, автентичен простор. Самата црква „Света Софија“ со целата нејзина историја, особено со преминот од црква во џамија и потоа повторно во црква, со самото тоа што е споменик на културата и објект заштитен со закон, таа потсили одредени контексти од нашата претстава особено оние кои се однесуваат на прашањето на Бог, или што ќе рече самиот Чехов, дали она што денес ни се случува е всушност последица на тоа наше одвојување и оттргнување од потрагата на Бог во себеси, смета Зафирчев.Во драматуршкиот и режискиот концепт на претставата „Сестрите Прозорови“ е вметнат уште еден лик, ликот на докторот или психијатарот којшто на некој начин ги лекува четворицата протагонисти избегани од драмата на Чехов и сместени во денешна лудница.-Ние се занимаваме со феноменот на бегството  односно што е она што денес во современиот свет на изгубени идеали, на едно општо лудило кое нѐ опкружува и нѐ тера да бегаме во некое внатрешно, индивидуално, сопствено лудило, додава Зафирчев.Публиката на „Охридско лето“ во предворјето на „Света Софија“ уживаше во маестралната изведба на актерите Кети Борисовска, Маја Љутков, Славица Манаскова, Жарко Спасовски и Фаик Мефаилоски.-За месец и половина ја подготвивме претставата со интензивни проби. Ни беше голем предизвик бидејќи не го поставуваме Чехов како Чехов, туку работиме по мотивите на Сашо Димоски и идеите на Васил Зафирчев. И сега кога го одигравме овде, во предворјето на црквата „Света Софија“, сето тоа доби уште поголема магичност, вели актерот Жарко Спасовски.Со театарската претстава „Сестрите Прозорови“ вчеравечер беше промовирана и шестата книга на Сашо Димоски „8/4“ во издание на издавачката куќа „Култура“.-Станува збор за збирка театролошки  студии со многу фотографии и испечатена на два јазици, на македонски и англиски. Еден од текстовите е посветен токму на претставата „Сестрите Прозорови“ и во него е претставен самиот процес на нејзиното создавање, додава драматургот и писател Димоски.И втората вечер од годинашното издание на фестивалот „Охридско лето“ се одржа согласно протоколите за здравствена заштита наметнати од пандемијата на корона вирусот.

Македонија | пред 5 години

maska

Правилната употреба на заштитна маска е клучна во справувањето со ковид-19

Во Република Северна Македонија задолжително е носењето на заштитна опрема за покривање на носот и устата во сите јавни затворени простори како што се средства за јавен превоз, маркети, банки, пошти, амбуланти, болници, институции, како и на отворени простори каде што нема можност за одржување на дистанца од два метри помеѓу граѓаните како што се пазари,отворени трговски центри, тесни улици, автобуски постојки и слично. Важно е маската да се употребува секогаш кога не може да се одржи потребното растојание и како што е дефинирано во протоколите - и на работни места, состаноци, обуки, конференции, настани и собири на отворено, на плажи и слично.Правилната употреба на маската или прекривката за лице е клучна за ефикасно спречување на ширење на вирусот.Пред употреба, потребно е рацете да ви бидат чисти, претходно измиени со сапун и вода (во времетраење од 60 секунди) и откако добро ќе ги исушите да ги дезинфицирате со дезинфекционо средство (во времетраење од 20 секунди) на база на алкохол, па потоа да ја наместите маската. На горниот дел од маската има метален адаптер кој треба да го притиснете со што ќе ја адаптирате маската прилагодувајќи ја истата на носот, а со ова ќе ја прилепите за лицето со што целосно ќе ги прикриете устата и носот.По употреба, внимателно отстранете ја маската ластикот на едниот крај кај увото према другата страна со што помалку допирање на истата. Маската треба да се фрли во отпад со капак со што ќе се заштити и околината од можно дополнително ширење на вирусот. Потоа, повторно измијте ги и дезинфицирајте ги рацете, како на почетокот.Доколку користите платнена маска/ прекривка за лице внимавајте да бидат целосно покриени носот и устата, не ја допирајте од предната страна со раце и во случај да се намокри или извалка променете ја со нова. Маските за повеќекратна употреба мора да се перат по секоја употреба, ставањето и отстранувањето на маската мора да биде проследено со соодветна хигиена на раце.Клучно за справување со вирусот е доследно да се почитуваат протоколите и мерките за заштита од страна на секој граѓанин - носење на лична заштитна опрема - маска, одржување на растојание од 2 метри, честа хигиена и дезинфекција на раце.

Македонија | пред 5 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Приоритет во преговорите за новата влада е борбата со криминалот и корупцијата на сите нивоа

СДСМ води сериозни преговори за формирање на влада со полн четиригодишен мандат, поддржана од стабилно мнозинство во Парламентот, на која еден од главните приоритети ќе и биде борбата со криминалот и корупцијата на сите нивоа, се вели во соопштението од СДСМ.Задача на новата влада е да обезбеди ред и дисциплина во сите институции и да расчисти со криминалот и корупцијата на сите нивоа, без разлика дали некој доаѓа од партија, од општина, од институција, дали е експерт, функционер, познат или непознат.Заеднички ќе биде договорен систем за проверка на потеклото на парите и на капиталот кај секој функционер.  За раководителите кај кои е утврдено нечесно работење следуваат санкции.Тие што во име на граѓаните водат институции, мора да бидат отчетни, транспарентни и чесни и затоа воведуваме законска обврска за јавна објава на сите службени трошоци на сите функционери во извршната, локалната и судската власт.Корупцијата е непријател на граѓаните и на институциите и затоа граѓаните на изборите на 15 јули ни дадоа мандат да се избориме со криминалот и корупцијата на сите нивоa.Во следниот, четиригодишен мандат ќе покажеме дека можеме уште повеќе и уште подобро да работиме во интерес на граѓаните, се вели во соопштението од СДСМ.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Времето денеска облачно со чести врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде претежно облачно со чести врнежи од дожд. Локално ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информира УХМР.Во текот на денешниот ден, како и во текот на ноќта повторно се очекува да наврне поголема количина на воден талог, на места над 35 литри на метар квадратен.  Максималната температура ќе биде во интервал од 23 до 29 степени.Во наредните денови ќе продолжи период на променливо облачно, нестабилно и посвежо време со повремени врнежи од дожд и грмежи.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ: Неспособноста на Заев е подеднакво опасна како корона вирусот и се плаќа со човечки животи

Зоран Заев и Владата предводена од СДСМ и по шест месеци откако се појави корона вирусот немаат стратегија како да се справат со КОВИД19 и последиците кои произлегоа од оваа криза. Заев и СДСМ не обезбедуваат никаква заштита на здравјето на граѓаните, ниту нудат некаква сигурност или излез од ситуацијата, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Бројката на заболени е повеќе од  11 илјади или скоро шест пати поголема од прогнозите на министерот за здравство Венко Филипче. Бројот на починати лица надмина 500. И покрај ова надлежните ниту знаат што е ова што се случува сега, ниту пак што следи на есен. тешко се снаоѓаат и со кластерите.Заев и Владата предводена од СДСМ не знаат ниту како да се справат со последиците од корона кризата.За помалку од 30 дена стартува учебната година и се нема план ниту за образованиот процес. Децата и родителите не знаат дали ќе стартува учебната година со физичко присуство и доколку е така како ќе се одвива наставата или пак образовниот процес ќе се одвива онлајн.Заев и Владата предводена од СДСМ знаат само едно - како да се нанесе штета на граѓаните и државата.Заев и Владата на СДСМ го зголеми јавниот долг за повеќе од една милијарда евра за само три месеци. Нема ниту капитални проекти, ниту пак некој ги видел тие пари, а дополнително на тоа Владата продолжува со ново задолжување.Поради лошите политики, ситуацијата оди на полошо бидејќи ниту Владата, ниту СДСМ немаат план и стратегија за справување со  кризата.Потребни се јасни и стабилни чекори за да се стабилизира ситуацијата. Потребни се политичари кои ќе знаат како да го справат со тоа, а не политичари кои го лажат и крадат својот народ, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 5 години

Opstina_Ohrid-900x312

Концертите закажани за 7 и 8 ми август во Охрид на Градскиот стадион нема да се одржат

Општина Охрид и ЈП „Билјанини Извори“ ја информираат јавноста дека музичките концерти кои беа закажани за 7-ми и 8-ми август 2020 година на Градскиот стадион, од страна на една музичка продукција, нема да се одржат.Просторот на Градскиот стадион нема да биде изнајмен за овие концерти, затоа што е утврдено дека организаторот нема да може во целост да го испочитува Протоколот за начинот и условите за организација на настани, кој го донесе Владата на Република Северна Македонија.Општина Охрид упатува препорака до останатите менаџерски куќи да ги откажат концертните настани во Охрид доколку немаат капацитети за почитување на овој Протокол и спроведување на мерките за заштита од Корона вирусот „Ковид 19“.Во насока на остварување на економскиот бенефит, кој туристичките чинители го имаат од организирањето на ваквите концертни настани, Општина Охрид ќе даде дозвола за одржување на концерти на локации со кои стопанисува општината, само доколку организаторите гарантираат почитување на препораките за заштита, кои се утврдени со одредбите од Протоколот и ја преземат целокупната одговорност за здравствената безбедност на публиката.

Македонија | пред 5 години

mickoski-ahmeti

Лајм: Мицкоски и Ахмети се договориле за влада, а Еленовски да биде премиер

ВМРО ДПМНЕ и ДУИ ги финализираат преговорите за формирање Влада, објави доцна попладнево интернет порталот на албански јазик „Лајм“ повикувајќи се на извор од ВМРО ДПМНЕ.Според информациите на медиумот, дел од договорот меѓу Христијан Мицкоски и Али Ахмети е за премиер да биде избран поранешениот министер за одбрана, Лазе Еленовски, кој на извесен начин го исполнува барањето на интегративците за Албанец премиер. Еленовски има албанско потекло по неговата мајка.„Лајм“ пишува дека она што преостанува е Мицкоски да го убеди претседателот на Левица, Димитар Апасиев да ја поддржи оваа владина коалиција.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Тачи побарал да ја води Финансова полиција?!

Во јавноста почнаа да излегуваат неофицијални информации за преговорите за коалиции, кој што побарал или догворил во првичните контакти за да се стигне до бројката од 61 пратеник. Лидерот на ДПА Мендух Тачи од кандидатот за мандатар Зоран Заев од СДСМ, за да го даде својот глас како поддршка да формира Влада за возврат побарал позиција во Финансиската полиција. Веста ја објави албанскиот портал „Газета Експрес“ кој објаснува дека Тачи сакал да ги истражува трансферите на пари од Иран и Катар.Инаку, пред изборите лидерот на ДПА ја обвини Алтернатива на Африм Гаши дека се финансира со пари од Блискиот Исток.Неофицијално пак од Беса ги побарале министерството за култура, за економија или за локална самоуправа.

Македонија | пред 5 години

isidora-bjelica

Почина писателката Исидора Бјелица

Познатата српска писателка Исидора Бјелица денеска почина во 52 година од животот по долга и тешка битка со болеста. Непријатната вест ја потврди сестрата на Исидора.Неофицијлно Исидора починала во болницата „Свети Сава“.Бјелица беше родена на 10 декември 1967 година во Сараево. Живееше и твореше во Белград. 

Магазин | пред 5 години

120190520_075559

Влада: Усвоена информацијата за програмата на германското претседателство со Советот на Европската Унија

Владата на Република Северна Македонија на денешната редовна 79-та седница ја усвои информацијата за програмата на германското претседателство со Советот на Европската Унија што на седницата ја презентираше амбасадорката на СР Германија во нашата земја, нејзината екселенција Анке Холштајн.На оваа своја седница, согласно заклучокот од седмата седница на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи, Владата ја донесе Одлуката за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија заради зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на Република Северна Македонија и заради постоењето на пандемијата и опасноста од ширењето на КОВИД-19.Со оваа одлука се утврдува постоење на кризна состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија и тоа на подрачјата на јужната и северната граница на Република Северна Македонија, и се активира Главниот штаб при Центарот за управување со кризи кој ќе биде во постојано заседавање и кој има задолжение да изготви акциски план за превенција и справување со влезот и транзитирањето на мигрантите низ територијата на Република Северна Македонија, како и целосен преглед за расположливи човечки и материјално – технички ресурси и план за координирано дејствување.Постоењето на кризната состојба утврдена со оваа одлука ќе трае 30 дена од денот на нејзиното влегување во сила, а сите органи на државната управа се задолжени да преземат мерки и активности согласно прописите за управување со кризи.Владата денеска го разгледа и усвои Извештајот за извршувањето на Буџетот на Република Северна Македонија во периодот јануари – јуни 2020 година.Во полугодишниот извештај за извршување на Буџетот кој е реализиран во услови на пандемијата од КОВИД-19 и во вонредна состојба, во резимето се констатира дека бруто-домашниот производ во првиот квартал (К1) од 2020 година забележа годишен раст од 0,2% на реална основа, при позитивен придонес врз растот на домашната побарувачка и негативен придонес на нето-извозот, во услови на пад и на извозот и на увозот.Бројот на вработени во K1 во 2020 година е повисок за 2,7% во однос на истиот квартал во 2019 година, а бројот на невработени се намали за 8,6%, што резултираше со намалување на стапката на невработеност на 16,2%.Во резимето на Извештајот за извршувањето на Буџетот на Република Северна Македонија во периодот јануари – јуни 2020 година е регистрирано дека стапката на инфлација во првото полугодие од 2020 година изнесува 0,5%, што е главно резултат на зголемените цени на храната за 1,7%, при намалување на цените на енергенсите.Вкупните буџетски приходи се реализирани во износ од 87.437 милиони денари, што претставува 44,4% од планираниот износ за 2020 година, а вкупните расходи на Буџетот на Република Северна Македонија во периодот јануари-јуни 2020 година се реализирани во износ од 113.387 милиони денари, што претставува 46,7% од годишниот план.Согласно извештајот, во периодот јануари-јуни 2020 година остварен е дефицит на Буџетот на Република Северна Македонија од 25.950 милиони денари, што претставува 3,8% од проектираниот БДП за 2020 година, државниот долг на Република Северна Македонија на крајот на првиот квартал од 2020 година изнесува 41,8% од БДП, додека јавниот долг претставува 50,7% од БДП.Владата на Република Северна Македонија денеска ја разгледа и усвои Информацијата за измена на Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица, и ги задолжи Министерството за економија, во соработка со Министерството за труд и социјална политика, Министерството за финансии и Централниот регистар на Република Северна Македонија да подготви предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица и истиот да го достави до Владата на Република Северна Македонија, најдоцна до 15 август 2020 година.На денешната седница беше разгледан и усвоен Извештајот за ревидираниот Акциски план за формализација на неформалната економија 2018-2020, со задолженија за Министерството за финансии, во соработка со релевантните институции, да ја информира Владата на Северна Република Македонија за реализацијата и спроведувањето на новите предложени активности вклучени во ревидираниот Акциски план за формализација на неформалната економија 2018-2020 година на квартална основа, започнувајќи од 1 октомври 2020 година.

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања