Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

zaev-dhe-ahmeti-sot-do-te-bisedojne-per-ndryshimet-e-paralajmeruara-ne-pushtetin-ekzekutiv_5ce3d09a1efc1-750x405-696x376

СДСМ и ДУИ веќе договориле нова Влада?

СДСМ и ДУИ си подадоа рака за идна влада. По три дена преговори, попладнево ги договориле начелата за она што ќе треба да ги обедини. Мир, стабилност, безбедност и соработка во земјата и регионот, здрави меѓуетнички и соседски односи, економски развој, правна држава, чиста животна средина и општествена благосостојба, објави Телма.На терен за парламентарно мнозинство, работи и ВМРО ДПМНЕ. Мицкоски се сретна со Ахмети, но детали од оваа средба се уште нама. Се појави информација дека се договориле Лазар Еленовски да биде ротирачки премиер. Но, портпаролот на ДУИ, Османи, демантираше.Со 15-те пратеници на ДУИ и 46-те на СДСМ, како и еден на ДПА, оваа коалцијата би имала 62 пратеника, со што е неизвесно колку ќе биде стабилна.Претседателот Стево Пендаровски најдоцна другата сабота треба да го додели мандатот на оној кој прв ќе направи мнозинство.Текстот во целост на:  Телма.

Македонија | пред 5 години

zaev-1

СДСМ: Преговараме за Влада со полн мандат поддржана од стабилно мнозинство во парламентот

„СДСМ води сериозни преговори со претседателите на политичките партии, со работни групи, членови на раководствата на партиите, за формирање Влада со нов четиригодишен полн мандат, поддржана од стабилно мнозинство во парламентот“, соопшти партијата.Според СДСМ, преговори се водат за Влада која е подготвена да сработи, да се движи брзо напред по европскиот пат на економијата и на правдата.„Влада која ги отвора преговорите за членство со Европската Унија и Влада која со секое ново отворено поглавје од преговорите ќе воведува нови европски стандарди за подобар живот.Заради подобра заштита на здравјето на граѓаните, за поголема сигурност и економска предвидливост, потребно е стабилно парламентарно мнозинство и шполн мандат на новата Валда која ќе продолжи да работи во интерес на граѓаните и државата.Граѓаните ни ја дадоа довербата на изборите. Во следниот, четиригодишен мандат ќе покажеме дека можеме уште повеќе и уште подобро да работиме во интерес на граѓаните“, се додава во соопштението.

Македонија | пред 5 години

skolo

Основните и средните училишта се очекува да ги отворат вратите на 1 септември

Основните и средните училишта се очекува да ги отворат вратите на 1 септември и да ја започнат новата учебна година со физичко присуство на учениците. Ова го најави министерот за образование и наука во заминување, Арбер Адеми додавајќи дека има доволно време за организирање на образовниот процес, почитувајќи ги сите здравствени протоколи за заштита од Ковид 19, објави Алсат.Адеми е категоричен дека сите училишта треба да обезбедат растојание за учениците независно од бројот на учениците во одредени училишта.„Доколку е организирано во една смена ќе се организира во две смени, доколку е организирана во две смени, ќе има организирање на наставата во три смени и евентуално во четири смени со цел да се одржи физичкото растојание меѓу учениците“.Текстот во целост на: Алсат.

Македонија | пред 5 години

isceznata

Исчезна струмичанка - семејството моли за помош!

Исчезна струмичанката Катја Терзиска. Семејството за Струмица Денес вели дека последен пат е видена денеска во 16:00 часот пред хотел „Тивериопол“ во Струмица. Сите оние кои имаат било какви информации, нека се јават на следниот телефонски број: 078 400 694

Македонија | пред 5 години

evn-rabotnici

Во обид да спаси екипа на ЕВН, жител на велешко село однесен од Вардар

Полицијата трага по исчезнатото лице, С.Н., кое вчера во велешкото село Белештевица, од надојдена вода, заедно со возило, биле однесени кон реката Вардар.Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, вчера во село Белештевица, велешко, на место викано „Лавчани“, С.Н. се обидел со трактор да извлече возило во кое се наоѓала екипа на ЕВН, која отстранувала претходно настанат дефект.Од надојдената вода С.Н. и возилото на ЕВН биле однесени кон реката Вардар. При пребарување на околината од страна на полициски службеници од СВР Велес и локалното население, возилото било пронајдено, додека по С.Н. сѐ уште се трага и се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето. Случајот бил пријавен во СВР Велес.

Македонија | пред 5 години

117

(ФОТО) Денеска е заслугот на Св. Петка, утре е големиот празник

Утре 8 ми август православните христијани го чествуваат празникот  Света Петка-летна. Во очи на денот сите патишта водат кон Велгошти, во Охрид.Манастирот Св. Петка денеска ширум ги отвори портите за верниците. Годинава црковниот одбор, но и верниците максимално ги почитуваат Владините препораки за пандемија.Верниците сите со заштитна маска и со почитување на дистанца стрпливо запалија свеќа за здравје, се поклонаа пред заштитничката, но и пред моштите на светицата. Имено, во православниот каландар постојат три личности со исто име света Параскева – Петка, поради што кај народот најчесто се мешаат и се мисли дека се работи за иста личност. Првата е света Петка – Римјанка, втората света Петка од Иконија и третата света Петка Епиватска, позната и како Трновска. Најпозната меѓу нив е третата на која празникот, познат под името Петковден и со домашни слави се празнува на 27/14 октомври. Поради тоа и другите две се идентификуваат со неа. Ефтим Спространов во записите на обичаи и верувања од Охрид сведочи дека се правело разлика меѓу Петковден, празникот во октомври и света Петка од 26 јули (стар стил). Тој уште сведочи дека на овој ден од градот и од селата оделе на манастирот посветен на света Петка во близината на Охрид.Овие личности името го добиле поради тоа што се родени во петок, а петокот бил ден за подготовка поради тоа што кај Евреите во претхристијанскиот период саботата била празник. Оттука Параскева значи подготовка.Култот кон света Петка кај нашиот народ е многу раширен. Таа се смета за заштитничка од разни несреќи, но и од многу болести. Со нејзиното име се поврзани и чудотворни икони и многу лековити води наречени петочни води. Оттука и празнувањето на петокот како посебно тежок ден во неделата. Според некои записи од минатото во некои наши краишта (на пр. Мариово) петокот се празнувал повеќе од неделата.Св. Петка неколку пати беше предавана на маки, но Господ ја исцелуваше на чудесен начин.. Моштите и беа зачувани, а подоцна пренесени во Цариград. Пострада за Христа во вториот век. Култот кон Света Петка – Летна кај нашиот народ е многу раширен. Таа се смета за заштитничка од разни несреќи, но и од многу болести.На овој ден кој е женски празник жените не би требало да месат, готват или да прават било каква работа во домот како не би го предизвикале гневот на светителката.Според народното верување на овој празник не треба да се работи, бидејќи во спротивно ќе ви трпнат рацете преку целата година. Младите девојки пак, на овој ден треба да берат цвеќиња и со нив да го красат домот како би имало слога и мир. Исто така овој ден девојчињата треба да облечат нови фустани за да ги следи среќата во текот на годината.

Македонија | пред 5 години

skopje-14

Ново зголемување на заразени, намалување на починати: Најмногу заболени во Скопје

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1845 тестирања, а регистрирани се 155 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-51, Куманово-11, Дебар-2, Штип-13, Прилеп-4, Тетово-10, Струга-3, Битола-1, Охрид-6, Кавадарци-14, Гостивар-22, Гевгелија-1, Пробиштип-1, Демир Хисар-4, Македонски Брод-5, Виница-2, Кичево-3, Неготино-2.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 127 оздравени пациенти од: Скопје-40, Куманово-17, Штип-22, Прилеп-6, Велес-2, Битола-2, Гостивар-5, Радовиш-10, Крушево-1, Пробиштип-5, Демир Хисар-1, Македонски Брод-3, Кратово-1, Свети Николе-12.Починати се 2 лица, пациент од Скопје (80г.) и пациент од Штип (74г.). Пациентите се починати во болнички услови.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11554,  бројката на оздравени пациенти е 7607, на починати е 519, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3428. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 5051, активни 1241• Куманово 1125, активни 254• Дебар 210, активни 119• Штип 923, активни 371• Прилеп 341, активни 45• Тетово 1081, активни 196• Струга 473, активни 190• Велес 227, активни 20• Битола 154, активни 70• Охрид 294, активни 86• Кавадарци 97, активни 75• Гостивар 535, активни 300• Гевгелија 24, активни 13 (*7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 3 на Богданци)• Струмица 39, активни 23• Крива Паланка 25, активни 11• Радовиш 29, активни 6• Крушево 16, активни 7• Кочани 108, активни 20• Пробиштип 59, активни 17• Демир Хисар 40, активни 30• Македонски Брод 47, активни 38• Пехчево 6, активни 0• Берово 8, активни 4• Валандово 7, активни 1• Виница 28, активни 24• Делчево 5, активни 4 (*4 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 14, активни 4• Свети Николе 230, активни 118• Кичево 182, активни 112• Ресен 146, активни 19• Неготино 30, активни 10 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 1845 теста се преку: ИЈЗ-853, ЦЈЗ Скопје-35, Авицена-174, Биотек-282, МАНУ -111, Жан Митрев (Филип Втори)-181, Систина со PCR метода -141, Судска медицина -14, ЦЈЗ Битола-42, Инфективна клиника-6, ГАК-6. Досега во земјата се направени вкупно 111791 тестирања на ковид -19.  Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 3 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 80 пациенти. На кислородна поддршка се 42 пациенти, нема на механичка вентилација.Во болницата во Козле се хоспитализирани 17 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 6 деца позитивни на вирусот, а 3 пациенти суспектни на вирусот.Во ГОБ „8 Септември“ примени се 9 нови, вкупно хоспитализирани се 76 пациенти. На респираторна машина се 3 пациенти.Во болницата во Битола се хоспитализирани 28, а во болницата во Штип се хоспитализирани 43 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 115 пациенти - позитивни и сомнителни на ковид-19.

пред 5 години

evzoni-greece

Промена на работно време на Граничен премин „Евзони“

Министерството за внатрешни работи  ги известува граѓаните дека до граничната служба на граничниот премин „Богородица“ од страна на грчката гранична служба од граничниот премини „Евзони“, информирани сме дека  за влез во Република Грција почнувајќи од денеска 07.08 (петок) во периодот од 22.00 до 06.00 часот (по македонско време) воопшто нема да се пропуштаат патници, патнички моторни возила и товарни моторни возила, додека за излез од Република Грција, сообраќајот ќе се одвива нормално и ќе се пропуштат сите патници, патнички моторни возила и товарни моторни возила. Мерката ќе важи во горенаведениот термин до 15.08.2020 (сабота). 

Македонија | пред 5 години

Konsko

(ФОТО) Градежни активности за изградба на потпорни ѕидови во населбата „Рача“ и во селото „Коњско“

Во текот на изминатите неколку дена се изведуваат градежни активности за изградба на потпорни ѕидови во населбата „Рача“ и во селото „Коњско“, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.Со изградба на потпорните ѕидови се решава долгогодишен проблем на жителите во двете населени места и се надминува опасноста од појавување на свлечишта.Овие градежни активности се дел од Програмата за уредување на градежно земјиште во делот за Изградба на потпорни ѕидови и за оваа намена од буџетот на Општина Охрид се издвоени вкупно 3,5 милиони денари.Според планираното, во текот на наредниот период ќе се градат потпорни ѕидови и на уште неколку критични локации во општината, напиша градоначалникот на ФБ.https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/pcb.650183192253954/650183035587303/?type=3&theater

Македонија | пред 5 години

prsteni

Пазарните инспектори упаднале на свадба во Струга, iмало пцуење и колнење

Пазарните инспектори упаднале на свадба во Струга која ја растуриле, а за угостителот во чиј објект се одржала поднеле кривична пријава и парично го казниле. За време на постапувањето, инспекторите биле пцуени и колнети, но не подлегнале на притисокот, вели директорот на инспекцијата, Стојко Пауновски за „А1он“. Тој тврди дека инспекторите не се плашат и ќе постапуваат, без разлика за чиј објект станува збор или во кој град.„Угостителот бил предупреден претходно. Кога вчера била затекната свадбата, организаторот велел дека имал притисок од тие што ја правеле свадбата и не можел да одбие, за таа да не се одржи. Но, и ние мораме да постапуваме. Инспекторите ја растуриле и ќе поднесеме кривична пријава. Имало пцуење, колнење, но ако некој ни дал задача да превенираме и да постапуваме, тоа ќе го правиме. Имало објаснување од свадбарите дека се дојдени од странство, дека никој не им дал информација дека не смеат да се одржуваат свадби, а тие морале да ја направат веселбата. Газдите на објектот каде се одржала свадбата објасниле дека имале линк во Комисијата за заразни болести од каде им рекле дека после ‘Илинден’ ќе можат да се одржуваат свадби и така си испланирале. Но, ѓаволот ни ора, ни копа. Сите ги откажале, освен оваа“, вели Пауновски за „А1он“.Директорот на Пазарниот инспекторат вели дека најчесто имаат закани и притисоци од објекти чии сопственици имаат државни функции. „Притисоците доаѓаат од полицајци, началници, директори кои се сопственици или имаат удел во објектите каде констатираме неправилности. Ние немаме проблем со обичните луѓе. Ние поднесуваме до судот, а тој понатаму треба да одлучи. Инаку, во секој град има инспектори кои се ноќна смена. Има луѓе од инспекторатот кои се ангажирани да ги пратат социјалните мрежи. Најмногу инспектори има во Струга, Берово, Дојран, таму каде се користат ваучерите.Пример, во Охрид има 49 хотели каде може да се користат ваучерите за туризам и тие треба да се контролираат“ објаснува Пауновски. Освен на вчерашната свадба, инспекторите во Струга постапиле и во друг локал каде не се почитувале мерките за заштита од коронавирусот. Пауновски објаснува дека во моментот на постапување, тие биле вербално нападнати, а имало и обиди да се спречи нивната работа со објаснување дека ресторанот е сопственост на директор на затвор. Иако полицајците кои ги придружувале се повлекле надвор, инспекторите го направиле записникот, кој газдата одбил да го потпише. Претходно, пазарните инспектори поднеле кривична пријава за свадба во хотел во Скопје, која ја затекнале на лице место. Таму тие добиле закани од музикантите, но и покрај тоа, бил направен записник.Извор: А1ОН

Македонија | пред 5 години

antovski-1

Антовски: Хаварија во РЕК Битола поради неодговорноста и неспособноста на власта

Јавноста вчера беше информирана дека во РЕК Битола се случила хаварија и дека во прекин е транспортот на јаглен од рудникот Суводол до РЕК БИТОЛА поради дождовите. Ова е само уште еден показател дека енергетиката не страда од природни непогоди, туку од непогодата наречена неодговорно и нестручно работење на власта. Тие постојано бараат изговори и виновници за своите неуспеси. Еднаш тоа е опозицијата, друг пат тоа е дождот, истакна Стевче Антовски од ВМРО ДПМНЕ.Јавноста треба да знае дека поради немање на доволни количини на јаглен уште од 18 јули 2020 година РЕК Битола работи само со еден блок, а според плановите од 15 јули требаше да работат сите три блока. Најголемиот багер за ископ на јаглен повеќе од еден месец е надвор од функција бидејќи е потопен и заглавен во кал, уште пред да се случат вчерашните поројни дождови. За сето ова ВМРО-ДПМНЕ неколку пати ја известуваше јавноста во месец април, мај и јуни. Додека ние ја известувавме јавноста дека најголемиот багер е потопен во вода уште од април, СДСМ се грижеше само како да го спроведе предизборниот поткуп на граѓаните за да може на незаконски начин да ги добие изборите и да не одговара за овие злодела на државниот имот. Исто така и останатите рударски постројки се во неизвесна состојба. Дополнително, поради лошиот квалитет на јагленот се трошат огромни количини на мазут, со што значително се зголемуваат трошоците за производство на електрична енергија. Со ова се загрозува енергетскиот систем во Македонија.Патем, наместо санирање на ваквите состојби ЕЛЕМ и РЕК Битола набавуваат минерална вода во износ од 3 милиони денари, за потоа без срам да бараат и поскапување на струјата во износ од 7,5%. Додека Власта на Заев е заинтересирана повеќе за тоа како да направи некој милионски скандалозен тендер, како непотистички да ги полни енергетските компании со скапо платени вработувања, како да набавува вода наместо механизација, до тогаш ќе ни се случуваат поскапувања на струјата и хаварии во нашите енергетски компании.ВМРО-ДПМНЕ подолго време ја алармира јавноста за погубните политики на „шампионите” во Енергетскиот сектор, посебно за состојбата во РЕК Битола.Доколку и понатаму со РЕК Битола продолжи да менаџира актуелното раководство на Електрани на Македонија, во претстојната грејна сезона ќе се соочиме со далеку подраматични и покомплексни состојби кои може да предизвикаат и целосен колапс во производството на електрична енергија во комбинатот.Исто така ВМРО-ДПМНЕ како одговорен политички субјект кој работи посветено во интерес на граѓаните на Македонија  ја информира македонската јавност дека една од причините за намалената добивка на ЕЛЕМ не се должи на пандемијата на коронавирусот, туку неможноста да ги обезбеди потребните количини на јаглен за производство на електрична енергија. Згора на сẻ, висината на цената по која АД ЕЛЕМ ја продава својата енергија на ЕВН ХОМЕ, празнењето на акумулациите на хидроцентралите, непотребните партиски вработувања со нестручен кадар, негрижата за објектите во РЕК Битола кои се во целост во сопственост на граѓаните на Македонија, направија овој гигант да се соочува со колапс, а сето тоа  резултираше со поскапување на цената на електричната енергија.Затоа им порачуваме: енергетиката не се гради преку ноќ, но може лесно да се уништи преку ноќ, а за жал СДСМ се „експерти“ во уништување, истакна Стевче Антовски од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 5 години

pristaniste-1

Средба во СВР Охрид, на бродарите уште еднаш им беше укажана неопходноста од строго придржување до забраната за групирање на лица

Со цел доследно почитување на одлуките и протоколите за работа на пловните објекти и примена на безбедносно-здравствените мерки за заштита на граѓаните од Ковид-19, во СВР Охрид вчера се одржа работна средба со сопственици и капетани на бродови во Охрид, на која присуствуваа и претставници на Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“ -Регионален центар Запад, претставници на Капетанија на пристаништа-Охрид и на Државниот пазарен инспекторат.На сопствениците и капетаните на бродови посебно им беше укажана неопходноста од строго придржување до забраната за групирање на лица, носење на заштитни средства и користење на дезинфекциони средства во пловните објекти кои се прикотвени на пристаништето или се во движење во водите на Охридското Езеро. Претставници од Одделението за превенција укажаа и на потребата од воведување на редарска служба што ќе се грижи за безбедноста при влез и за време на престојот на патници во бродот, како и редовно информирање преку разглас на патниците за неопходноста од придржување до препораките за носење на заштитна маска и држење на растојание за време на пловидбата.На бродарите им беа презентирани протоколите за работа во делот за работа на угостителска дејност, со посебен акцент за гласна музика и им беше укажано за неопходната примена на мерките за безбедна пловидба и на другите одредби од Законот за внатрешна пловидба.Претставниците на СВР Охрид и на другите надлежни институции најавија континуирани контроли на сите пловни објекти кои се прикотвени или пловат по Охридското Езеро.

Македонија | пред 5 години

117641820_2457436734563345_8801119166294909569_o

ФОТО: Илче од Охрид кој не бил искапен една година заминува во мал групен дом, сега е среќен и расположен!

„Илче од Охрид по десеттина дена лекување и нега на Клиниката за детски болести успеа со плеснување на рачињата и едно големо браво да се збогува со тимот лекари кои се грижеа за него. Илче здрав и расположен си заминува во мал групен дом.Неговата состојба кога беше хоспитализиран беше тешка, а денеска со надеж дека Илче ќе има шанса за подобар живот го испраќаме седнат расположен за игра и насмеан да влезе во новото семејство. Огромна почит за сите здравствествени работници, тимот психолози, дефектолози, лекарите и сестрите кои цело време се грижеа за него!“, напиша министерот за здравство, Венко Филипче.https://telma.com.mk/2020/07/24/%D0%B8%D0%BB%D1%87%D0%B5-%D0%B6%D0%B8%D0%B2%D0%B5%D0%B5%D0%BB-%D0%B2%D0%BE-%D0%BD%D0%B5%D1%85%D1%83%D0%BC%D0%B0%D0%BD%D0%B8-%D1%83%D1%81%D0%BB%D0%BE%D0%B2%D0%B8-%D0%BD%D0%B0-%D1%81%D0%B0%D0%BC%D0%BE-2/

Македонија | пред 5 години

Slobodan-Poposki

„Со срце за Цобе“ - Повик за спас на живот, на Цобе му е потребна нашата помош

Животот знае да биде немилосрден, особено кога на 38 години треба да уживаш во благодетите на семејниот живот и радоста со сопругата и со 5 годишната ќерка, како што е случајот со Слободан Попоски. Тој веќе 10 години се бори со остеодарком, немилосрдна болест која Цобе, како што го нарекуваат најблиските,  успешно ја победува, иако поминал 2 неуспешни операции. Од минатата година тој е на третман со онкохипертермија и хемотерапија. Сите години поминати во лекување и борба против подмолната болест, го чинеа Цобе висока сума на финансиски средства. Тој самиот на страницата gofundme.com повика за помош од сите добронамерни луѓе за следната операција која што чини 50.000 евра, а кои семејството на Цобе не е во можност да ги обезбеди.Овде е потребна нашата помош, да се организираме и да одвоиме колку што можеме за Цобе. Нашата донација од срце - за него значи многу!Број за донацијаA1 (VIP) 143-463Сметка за донација:Донација од Македонија: Трансакциска сметка 200003505609092 Стопанска Банка АД СкопјеДонација од странство во евра: Стопанска Банка АД Скопје, 11 Октомври бр. 7, Бранч СкопјеIBAN CODE: MK 07200003505611129EUR SWIFT CODE: STOBMK2XЦел на дознака: Донација за Слободан ПоповЛинк за донација gofundme: https://www.gofundme.com/f/jay7xw-medical-treatment?utm_source=facebook&fbclid=IwAR0Aah2G0nID_OHCaT779cotBCiAfb6-ElEjFuB4gQaEVpliwRJ5acdeWRk 

Македонија | пред 5 години

struja

ССМ бара, доколку се зголеми цената на струјата, да се зголемат и платите и пензиите

Поскапувањето на струјата е избрзана одлука на Регулаторната комисија за енергетика е ставот на најголемиот синдикат во државава. Доколку покачување на цената на електричната енергија не биде повлечено, потребно е зголемување на сите плати и пензиите, во висина на зголемените трошоци за живот или скалесто за најмалку 7,4 отсто е ставот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ).– Во услови на здравствена криза, која имаше и сѐ уште има големо влијание и врз економијата и врз сигурноста на работните места, како и во услови кога годинава Минималната плата е зголемена за само 2,99 отсто, просечната плата од јануари до мај 2020 година е намалена за 4,18 проценти, а трошоците на граѓаните се зголемени заради кризата не се согласуваме да има зголемување на цената на електричната енергија, а особено не поради тоа што истата ќе падне на грбот на работниците, пензионерите, невработените, односно граѓаните – велат од ССМ.Според неофицијалните информации, ССМ преку своите стручни служби ќе направи пресметки за влијанието на покачените цени не само на струјата, туку на сите производи и тоа ќе го внесе во потрошувачката кошница. Ќе бара скалесто зголемување на платите за толку колку што се зголемат трошоците на живот. Ова значи не само покачување на минималната, туку на сите плати. 

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Не палете стрништа - Град Скопје бесплатно подига остатоци од берба

Градот Скопје ја продолжува кампањата за бесплатно собирање на остатоците од берба за да се спречи палењето на стрништата, а со тоа да се заштити воздухот од загадување. Заинтересираните граѓани може да се јават на телефонскиот број 071 395 395 и да договорат бесплатно подигање на органскиот отпад. Оваа кампања годинава ќе го опфати целиот Скопскиот плански регион.Покрај бесплатното подигање на органскиот отпад, Град Скопје како дополнителна мотивација годинава нуди можност секој што ќе ја искористи оваа поволност, во сезоната на садење да добие околу 30 килограми органско ѓубриво на секои 100 килограми отпад. Овој проект ќе опфати и компостирање на собраниот материјал во објект во сопственост на Градот Скопје.Минатата година оваа кампања за првпат беше организирана од Град Скопје со поддршка од УНДП и МДЦ-Ти.нет и даде одлични резултати - бесплатно подигање на отпадот од бербата од Град Скопје побараа над 120 жители на Скопје, при што беа подигнати, а со тоа беше спречено палењето на околу 700 кубни метри органски отпад.Оваа година, во кампањата за спречување на палењето стрништа се вклучи и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во делот на планирањето на периодите кога се врши бербата на различните земјоделски култури. Во кампањата се вклучи и Халк Банка со поддршка на промотивните активности.Градот Скопје е прва единица на локална самоуправа која спроведува кампања за елиминирање на палењето на нивите и стрништата, за да се намали загаденоста на воздухот, да се зачува плодноста на почвата, но и да се спречи ширењето на евентуални пожари кои неретко предизвикуваат материјални штети, а понекогаш загрозуваат и човечки животи.Ги повикуваме граѓаните да ја искористат оваа поволност и да побараат бесплатно подигање на остатоците од бербата.  

Скопје | пред 5 години

Duo-Solips-BW-1024x683

Вечерва на „Охридско лето“ концерт на Дуото „СолиПс“

Во рамките на фестивалот „Охридско лето“ вечерва ќе настапи дуото „СолиПс“. Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот.Ова дуо формирано во 2011 година го сочинуваат македонско-француската флејтистка  Елена Стојческа и францускиот гитарист Роман Петио. Тие настапуваат на сцени и на фестивали во Франција, Белгија, Чешка, Италија, Русија и Босна и Херцеговина. Од нивните настапи се издвојуваат : „Маскфест“ во Сан Марино, „Форфест“ во Кромериц, Интернационалните фестивал „Сараевска зима“, настапот во Музејот на Скрјабин во Москва, настапот на Неделата на класична музика во Лавоар, во Музејот за уметности во Брисел…Камерниот состав флејта – гитара го привлекува вниманието на композиторите уште на средината од  20 век, од времето на Астор Пјацола и неговата „Историја на тангото“. Дуо  „СолиПс“ свири главно музика создавана во 20 и 21 век од страна на композитори како што се:  Доина Ротару, Масимилијано Месиери, Тору Такемицу, Венсан Еро, Лоренс Шеер или Едисон Денисов. Од друга страна дуо „СолиПс“ исто така, покажува интерес за музиката која е инспирирана од фолклорот, па така, посебно внимание им  посветува на делата од: Бела Барток, Душан Богдановиќ, Мирослав Тадиќ, Рави Шанкар. Во 2016 година премиерно го изведуваат делото „Љубовна песна“ од Масимилијано Месиери, композиција создадена и посветена токму за нив,  како и делото „Сон во сон“ за флејта, гитара, глас, вудблок и електроника. Американскиот композитор Лоренс Шер  делото „Капричиозо“ за флејта и гитара го посветува на дуото „СолиПс“.Флејтиската Елена Стојческа е добитничка на прва награда на Меѓународниот натпревар „АудиМоцарт“ во Роверето, Италија како и на бројни награди од државните натпревари за флејта и камерна музика во Северна  Македонија, како и на натправарите „Буфет-Крампон“  и „Гастон Крунел“  во Франција.Настапувала  како солист со Македонската филхармонија, оркестарот „Хајдн“ од Болцано и Тренто, оркестарот „Пoл Кунц“, Симфонискиот оркестар „Бакау“ како и со оркестарот  „ Француски флејти“. Како рецитален уметник и камерен музичар настапувала во Франција, Италија, В.  Британија, Турција, Луксембург, Холандија, Р.С. Македонија на бројни фестивали. Членка е на ансамблот флејти „Бонсаи“ и на престижниот оркестар  „ Француски флејти“.  Стојческа е добитничка на повеќе стипендии од  „Отворено општество“- Македонија, фондацијата „Албер Русел“, како и од владите на С. Македонија и Франција. Студирала во С. Македонија, Франција и Италија кај реномирани професори како: Пјер-Ив Арто, Петер Лукаш Граф, Винсент Лукас, Аурел Николет, Ирена Графенауер и Бети Станковска. Професор е на Конзерваториумот Ливри-Гарган, како и на Парискиот централен конзерваториум- ЦМА „В.А. Моцарт“.Францускиот гитарист Роман Петио е победник на повеќе натпревари како „Гитарманија“ во Алмада, Португалија и „Гитар Фест“ во Белград, а финалист бил и на натпреварот „Роберт Видал“ во Франција. Како рецитален и камерен музичар настапувал  на повеќе значајни  фестивали во:  Франција, Италија, Чешка, Португалија, Русија, Босна и Херцеговина и Шпанија.Премиерно изведува и снима дела за соло гитара од композиторите Лоренс Шер, Венсан Еро и Масимилијано Месиери. Дипломирал со највисоки оцени во школата за музика „Алфред Корто“ и се стекнува со магистерска од областа на педагогијата од Парискиот Конзерваториум. Студирал со Алберто Понсе и Јудикаел Перој, а се усовршувал на мајсторски курсеви кај Дејвид Расел, Зоран Дукиќ, Лоренцо Микели, Павел Стајдл и Карло Маркионе… Роман е роден во 1987 година, живее и работи во Париз каде предава на Регионалниот конзерваториумот во Л’ај ле Роз. 

Магазин | пред 5 години

mavrovka-objekt

Новинари и граѓани се пријавуваат да ја рушат дивоградбата кај ТЦ „Мавровка“

Со оглед на тоа што досега „никој не се пријавил“ да ја руши дивоградбата на објектот кај Мавровка, двајца новинари на социјалните мрежи се огласија и порачаа дека тие се подготвени бесплатно да ја рушат дивоградбата.За дивоградбата кај Мавровка, Општина Чаир "не знае" кој е инвеститорот.Општина Чаир во меѓувреме распиша тендер за избор на компанија која треба да ја руши дивоградбата, но никој не се пријавил на тендерот, па објектот и натаму стои.Поради ова, повеќе новинари веќе се пријавија да ја урнат дивоградбата, откако прв на тоа повика уредникот на телевизија „Телма“, Дарко Чекеровски.https://www.facebook.com/darko.chekerovski/posts/10158852824413919„Јас се пријавувам за уривање на нелегалниот објект кај Мавровка“, напиша Чекеровски на Фејсбук, по што набрзо се пријавија уште неколкумина новинари.„Затоа што фирма нема да се најде, по примерот на Дарко Чекеровски, и јас се пријавувам доброволно за рушење на дивоградбата кај Мавровка. Не треба дневница, само хилта“, напиша новинарот Огнен Чанчаревиќ.https://www.facebook.com/cancarevik/posts/10159061597079301Покрај Чекеровски и Чанчаревиќ, за уривање на дивоградбата кај Мавровка се пријавија и Томислав Кежаровски, Наташа Стојановска, Златко Крстевски и поранешниот претседател на „ЗНМ“, Насер Селмани.

Македонија | пред 5 години

MEGA2189

Улуџан: Заглавени сме во тешки времиња, но музиката мора да продолжи и да се споделува меѓу луѓето

Спој на младост и виртуозност, како  и разнолика програма на реперотарот на фестивалот „Охридско лето“ приредија вчеравечер турските уметници, виолинистот Озџан Улуџан и пијанистката Бирсен Улуџан кои одржаа концерт што долго ќе се памети.Освен публиката која ги награди со бурни ракоплескања, а по завршувањето на концертот, двапати ги врати на сцената, во амбиентот на акустичната „Света Софија“ ужуваа и самите уметници кои, како што велат, првпат се во Македонија.Пијанистката Бирсен раскажа дека поминале низа турбулентни мигови на незивесност  пред да настапат на „Охридско лето“ и се изненадени  што се првите уметници кои во екот на пандемијата од ковид-19 ја напуштиле Турција за да настапат пред македонската публика во Охрид.-Концертот беше полн со изненадувања бидејќи првпат доаѓаме во Македонија и многу пати ни ги променаа авионските карти, потоа  ни се откажаа летовите, па менувавме летови и тајминг, но сепак стигнавме. Сѐ беше многу добро организирано за настапот. Мислам дека ние сме првите уметници што излегоа од  Турција за време на оваа пандемија за да настапат на фестивал, рече Бирсен.Турските уметници доловија дела од различни композитори во кои уживаше публиката која, исто како и организаторите, максимално ги почитуваше здравствените протоколи за одржување вакви настани.-Свиревме различни стилови, многу разнобојна презентација. Започнавме со Соната за виолина и пијано  е-мол од Моцарт, ја донесовме Свитата за виолина и пијано „Демет“ од турскиот композитор  А.Аднан Сајгун, преку дело на Дебиси, за да завршиме со Соната за виолина и пијано од Штраус чии дела се големи и многу театрални, како опера, додаде пијанистката.Двата биса на вечерта, младите уметници го посветија на големиот македонски композитор Томислав Зографски, изведувајќи ја неговата Свита за виолина и пијано, а потоа и „Полонеза“ од Виењавски.-Заглавени сме во тешки времиња, но музиката мора да продолжи и да се споделува меѓу луѓето. Поради актуелната здравствена ситуација, повеќето концерти се одржуваат од дома и се емитуваат на малите екрани, но „Охридско лето“ е еден од ретките фестивали во светот што годинава и покрај наметнатата здравствена криза, успешно ја продолжи својата долгогодишна традиција. Задоволен сум и од организаторите, и од публиката, изјави виолинистот Озџан Улуџан.Двајцата турски уметници кои инаку се родени во Бугарија, иако млади, зад себе имаат богата музичка кариера, настапувајќи со најреномираните европски камерни оркестри, како и со звучни имиња од светот на класичната музика. Освен како солисти и камерни музичари, братот и сестрата Улуџан се истакнати педагози во својата област.

Магазин | пред 5 години

Soobrakajci-policija

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа на магистралниот пат Велес – Штип

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа на магистралниот пат Велес – Штип, во атар на с.Три чешми. Несреќата се случила помеѓу комбе „фолксваген кеди“ и автомобил „форд ка“.Во незгодата Н.Л. се здобил со тешки телесни повреди, а Д.Б. се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Штип.Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Штип.

Македонија | пред 5 години

gradonaalnik-krvna-plazma

Градоначалникот на општина Гази Баба, донираше крвна плазма

Градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски на Институтот за трансфузиона медицина донираше крвна плазма.„ Многу сум среќен затоа што успеав си го исполнав ветувањето кое си го дадов уште додека се лекував, дека штом оздравам и се создадат услови, ќе дарувам крв за да дадам шанса за успешно лекување, исто како што и јас ја добив таа можност, за што сум бескрајно благодарен. Откако се изборив со инфекцијата на Ковид-19 и по низата испитувања и процедури, се востанови дека ги исполнувам условите за дарување на конвалесцентна плазма. Воопшто не се двоумев и веднаш се пријавив за донирање на плазма“, рече градоначалникот Георгиевски.Тој упати и апел до сите лица кои се избориле со Ковид-19 да даруваат крв, за да им дадам шанса на оние кои допрва ќе поминуваат низ оваа голгота, полесно да ја пребродат.Текстот во целост на: Макфакс

Скопје | пред 5 години

tabanovce

Грчки државјанин приведен на Табановце

На 06.08.2020 во 11.30 часот на Граничниот премин Табановце, на влез во Република Северна Македонија, при контрола на патничко возило „форд“, со германски национални ознаки, управувано од К.К.(60), државјанин на Р.Грција, било констатирано дека сообраќајната дозвола за возилото била фалсификувана, односно било извршено бришење на податоци. К.К. бил лишен од слобода и предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Македонија | пред 5 години

TOARILUC-nova-metoda-foto-1

ТОАРИЛУЦ со нова современа хируршка метода без отворање на рбетниот столб

На Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) првпат е извршена нова хируршка интервенција за перкутано поставување педикуларен шраф на торако-лумбален рбет без класичен пристап, односно без отворање на рбетниот столб.Од Клиниката појаснуваат дека станува збор за воведување нова оперативна метода, која се изведува само со мали странични резови од по два сантиметра. Со тоа се штеди ткивото, има помала постоперативна болка, помала можност за инфекција и пациентот порано се пушта на домашно лекување, што претставува големо олеснување за пациентите, а ќе има и заштеда во буџетот на установата.-После сериозна подготовка со инструменти, импланти и едукација во странство, пристапивме кон имплементација на оваа нова метода, што доведува до сериозен бенефит за пациентите. Новата метода ќе остане наследство на новите генерации спинални хирурзи во државата и претставува современа хируршка метода за третман на пациенти со повреди на рбет и друга патологија, каде е потребна задна стабилизација. Сето ова го направивме со поддршка од министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче, вели директорот на Клиниката за ТОАРИЛУЦ, д-р Илир Хасани.

Македонија | пред 5 години

19052020_Filipche_press

Филипче: Се подготвуваат 16 мини инфективни одделенија, брза дијагностика, отворен нов контролен и координативен Центар

Министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче, во вчерашното гостување во емисијата „Само вистина“, на Канал 5 Телевизија изјави дека здравствениот систем веќе два месеца интензивно се подготвува за есенските месеци со зајакнување на постојните јавно-здравствени установи за третман на пациентите со коронавирус. Тој истакна дека дел од активностите се реализирани, а дел треба да се реализираат. „Веќе е инсталирана модуларна болница до Инфективната клиника. Тоа е капацитет од 70 кревети. Со тоа сериозно се зголемува капацитетот на Инфективната клиника, која има 110 болнички кревети. Понатаму, зголемување на бројот на болнички капацитети во сите 16 болници по овој модел. Со тоа, тие 16 болници би добиле вакви модуларни мини инфективни одделенија со цел самите болници, со сега посебните објекти, да останат целосно „чисти“ за да може нормалната патологија што се работи едноставно да не трпи – пациентите да можат да добијат здравствена услуга, да не се креираат листи на чекање. Исто така, ќе се инсталираат на апарати за дијагностика во сите овие центри за брза дијагноза на вирусот.“, потенцираше министерот Филипче.Тој информираше дека вчера се отвори нов Центар за дејствување во услови на епидемии и други јавно-здравствени вонредни ситуации. „Од вчера првпат функционира новиот контролен и координативен Центар во рамките на Министерството, којшто го отворивме со помош на Светската здравствена организација и каде електронски ќе почнат да се собираат и анализираат сите епидемиолошки податоци од прашалниците, кои ќе се дистрибуираат до соодветните служби до санитарниот инспекторат, Министерството за внатрешни работи. На тој начин многу се олеснува работата, но и увидот во овој епидемиолошки дел од целата оваа стратегија“, рече министерот Филипче.Министерот Филипче изјави дека лекувањето пациенти во одделот за интензивна нега на респираторна машина без разлика од која причина, е медицина во мало, и во неа се вклучени врвни експерти. „Одговорно можам да кажам дека за секој еден пациент е направено се што треба и во однос на стадиумите пред поставувањето во респираторна машина, и во однос на третманот додека се пациентите на респираторна машина. Сите врвни експерти во нашата држава се вклучени во лекувањето преку системот за консултација, па дури и физичко присуствуваа. И анестезиолозите по систем на ротација се присутни во одделенијата каде што се лекуваат пациентите од Ковид-19, коишто се поставуваат на респираторна машина, тоа се експерти со големо искуство во ракувањето со овие машини, затоа што тоа бара и одредено познавање на самата машина, но и во типот на лекување. Тоа лекување на пациент во интензивна нега на респираторна машина без разлика од која причина е - ќе кажам - медицина во мало. Тука се обединети знаења и искуства од многу специјалности.“, посочи Филипче.

Македонија | пред 5 години

Ezerska-Rok-Simfonija

Камелеон и пријателите организираат Езерска рок симфонија

За нив велат дека се вистински охридски бенд - по срце и душа и дека најдобро го отсликуваат сензибилитетот и музиката која се негува во овој град во кој „секогаш се слушала најдобрата музика“.Охридската група Камелеон или Драган Василески, Тони Јованоски, Роберт Милески, Петар Трифуноски и Филип Стојковски по супер успешната прослава на 20-годишнината од постоењето на бендот, заедно со уште многу гости и пријатели, на 16-ти август, со почеток во 18:30 часот, на Градското пристаниште во Охрид ќе одржат голем концерт, кој, според најавите ќе биде вистинско музичко задоволство за сите.- Следејќи ги насоките и високите стандарди кои ги постави групата наназад низ годините, огромно внимание е посветено и на сценскиот изглед и секако звукот, па ветуваме дека ќе имаме вистинско аудио-визуелно уживање за сите посетители. Во самото срце на градот, очекувајте „концерт на вода и музика за душа“. Проверената охридска екипа, потпомогната од Камерниот оркестар од Битола, хорот Vox Lychnidos, Ѓоко Танески, Жармена и Горан Папаз ветуваат забава која долго ќе се памети, порачуваат организаторите.На концертот ќе настапи и 23-годишниот студент на Факултетот за музичка уметност во Скопје Теодор Љушкоски, кој од 2017 година е студент и на Факултетот за музичка уметност во Цирих. Од септември Теодор ги продолжува магистерските студии во Цирих, на отсек кларинет.Организаторите додаваат дека концертот ќе се одржи согласно сите важечки протоколи за одржување на јавни настани.

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања