Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

Screenshot_5

ВИДЕО: Горат автомобили на паркинг во Ново Лисиче

Засега не е позната причината за избивањето на пожарот или дали евентуално има повредени лица. Автомобилите горат во Ново Лисиче, на последната станица каде застанува автобусот број пет.https://www.facebook.com/vele.veljanovski.1/videos/4824872137538311/?t=0

Скопје | пред 5 години

117715821_10217195710105178_8308301886854524734_n

ФОТО: Велес под вода, уништени се куќи, насади, ниви

„Рано утрово, заедно со кимандирот на ТППЕ Лепидовски посетив повеќе локации каде што има штети од невремето. Најголеми се штетите во Превалец. За денес во 12 часот закажав вонредна седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување. Се организираме за што побрзо да ги санираме последиците.Сите кои имаат штети од невремето ги повикувам да ги пријават во Општина Велес за надлежната комисија да направи проценка на настанатите штети“, напиша градоначалникот на Велес, Аце Коцевски.https://www.facebook.com/akocevski/posts/10217195728345634

Македонија | пред 5 години

gradezni-raboti

Известување за жителите на населбите „Христо Узунов“ и „Даме Груев“ во Охрид

Се известуваат жителите на населбите „Христо Узунов“ и „Даме Груев“,  дека гредежните активности за уредување на на крак од улицата „Даме Груев“ кон населбата „Христо Узунов“ продолжуваат во понеделник (10.08.2020) од 09 до 16 часот со поставување на втор слој асфалт.Затоа потребно е  жителите од овој дел на градот да ги отстранат возилата за непречено одвивање на градежните активности, а дополнително кракот на улицата „Даме Груев“ што води кон населбата „Христо Узунов“ ќе биде затворен за сообраќај во наведениот период. 

Македонија | пред 5 години

skopje

(ВИДЕО) Невреме во Скопје, улиците како реки

Силно невреме го зафати Скопје, при што ги поплави градаските улици и булеварите и предизвика поголеми тешкотии во сообраќајот. Во Кисела Вода се слеваат вистински реки, шахтите се преплавени за атмосферската канализација, а поплавени се речиси сите улици во наслебата.Една од погодените населби е и Зелениково, каде жителите се надвор од своите домови и се справуваат со надојдената вода.Од УМР за утре прогнозираат нестабилно време со можни сини локални врнежи кои може да предизвикаат слив на поголема количина вода во градските средини. Метеролозите очекуваат стабилизација на времето од понеделник.фото и видео: А1 ОН

Скопје | пред 5 години

sv-kliment-5

Денеска се слави св. Климент Охридски Чудотворец и големиот исцелител св. Пантелејмон

На 9 август (н.с.) се празнува споменот на св. Климент Охридски кој е упокоен на овој ден 916 година, а овој ден  Светата православна црква го празнува и споменот на големиот исцелител свети Пантелејмон. Во очи на денот верници и годинава запазувајќи ги сите владини препораки се упатија на поклон во црквата на Плаошник.И годинава верниците имаа можност да се поклонат пред моштите на Св. Климент, по што и им се делеше памукче кое се чува за здравје и среќа.Именден денеска празнуваат: Пантелеј, Панде, Пано, Панка, Панто,Панчо…Големиот македонски и сесловенски просветител свети Климент Охридски Чудотворец починал на денешен ден 916 година. Но бидејќи тој и за време на својот живот именденот го празнувал на 8 декември (25 ноември с.с.) на празникот на Св. свештеномаченик Климент епископ Римски, подоцна неговиот главен празник бил поместен на овој датум, а на денешен ден се празнувал заедничкиот спомен на седумтемина рамноапостолни словенски светители познати како свети Седмочисленици (св. Кирил, Методиј, Климент, Наум, Сава, Горазд и Ангелариј). Св. Климент Охридски Чудотворец е најпознатиот ученик на светите браќа Кирил и Методиј, последен од нив починал и поради тоа денот на неговото упокојување бил земен за нивни заеднички празник.Светиот великомаченик Пантелејмон спаѓа меѓу најпознатите исцелители што лечеле со Божја помош. Настрадал за време на царот Максимилијан кога е вршен страшен прогон на христијаните.Свети Пантелејмон бил многу популарен лекар што лечел од разни телесни и душевни болести. Кога умрел и татко му имотот го раздал на сиромасите, а тој лечел бесплатно. Особено внимателно ги лекувал христијаните што имале рани од мачењето. Поради завист од лекарите бил наклеветен кај царот кој најпрвин се обидел да го врати во идолопоклонство, но Пантелејмон му одговорил дека ниту по цена на животот нема да се откаже од својот единствен Бог Исус Христос. За да му докаже на царот кој е вистинскиот Бог побарал од царот еден безнадежно болен што требало да го лекуваат идолските жреци, односно лекарите неверници. Откако тие не успеале да го излекуваат Пантелејмон и над него го повикал името на Исус по што болниот веднаш оздравел.По тој настан популарноста на Пантелејмон уште повеќе пораснала, а многумина поверувале во Исус Христос и се крстиле. Тоа, пак, уште повеќе ги разгневило лекарите кои од царот побарале да го погуби за да не привлече многумина во христијани. Поради тоа бил мачен, бесен, гребан по телото со остри предмети и горен со оган, а потоа фрлен во казан со растопено олово, но сето тоа јуначки го поднесол. Најпосле царот наредил да се исече со меч заедно со свештеникот Ермолај. Откако бил осуден на смрт, не со страв туку со радост тргнал кон губилиштето пеејќи ги Давидовите псалми. Потоа клекнал да се моли, а во тоа време џелатот замавнал со сабјата и го удрил по вратот, но на општо изненадување на насобраниот народ сабјата се искршила на безброј делови. Додека се молел Пантелејмон џелатот не можел да го погуби, иако повеќепати се обидувал. Дури откако ја завршил молитвата самиот побарал да го погубат. Тоа се случило во родното место Никомидија на 27 јули според стариот (или на 9 август според новиот) календар во 305 година.Црквата која е изградена на Плаошник во Охрид посветена на Св. Климент и Пантелејмон е една од најпосетуваните.Манастирската црква "Свети Пантелејмон" ја изградил свети Климент Охридски кон 893 година. Плаошник уште во старохристијанскиот период бил многу почитуван простор. Тука имало голема поликонхална црква и уште една петобродна базилика, двете со крстилници откриени во поново време.Во 1942/43 година тука се започнати првите археолошки ископи, кога се откриени остатоците од старата црква на св. Климент посветена на св. Пантелејмон и гробот на светителот. Во 1964 - 1967 година се извршени дополнителни археолошки ископувања и извршена е конзервација на остатоците од Светиклиментовата црква.По повод јубилејот „2000 години христијанство во Охрид и Македонија" на иницијатива на Дебарско-кичевската епархија, Заводот за заштита на спомениците на културата и Народен музеј - Охрид и општина Охрид, во почетокот на 1999 година беше прифатена идејата за Возобновување на Светиклиментовата манастирска црква "Св. Пантелејмон" од страна на Министерството за култура на Република Македонија, кое резултираше со одлука на Владата на Р.М. во месец март 1999 година.На 08. XII 2000 година, од страна на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение на сите архиереи на МПЦ, беше осветен и поставен камен-темелникот на новата црква. На тој чин присуствуваше многуброен народ како и целиот државен врв.Светиклиментовата црква "Св. Пантелејмон" целосно е возобновена до крајот на јули 2002 година, на истите темели од времето на св. Климент (IX век) и доградбите (параклисите, северниот и јужниот трем и камбанаријата (XIII-XIV/XV век) со истите материјали и ист пристап на работа како што се работело во старите времиња и во времињата на нејзините поранешни обновувања.Пред скоро време започна да се изработува фрескоживопис во црквата Св. Климент и Пантелејмон на Плаошник.„Се изработува фрескоживопис на празниот простор. Активностите за завршување на целата црква ќе траат околу година и пол. Уметниците кои го изработуваат фрескоживописот се од Македонија“, вели за Охрид 1 митрополитот на дебарско кичевската епархија владиката г.Тимотеј. Во внатрешноста има зачуван живопис од времето на нејзиното обновување во XI-XII, XIII-XIV век и остатоци од постари фази на подови кои денес се презентирани со подни стаклени површини. Стариот под во олтарниот простор и во наосот е возобновен со мермер врз основа на остатоци од стариот оригинален под. Поставена е мермерна олтарна преграда и резбани царски двери, иконостас и гробот на св. Климент. На ѕидовите од северниот трем презентирани се откриените фрагменти од фрескоживописот на старата црква.На 10 август извршено е литијно пренесување на моштите на св. Климент од црквата "Света Богородица Перивлепта" во Возобновената манастирска црква на Плаошник, и се сместени во гробот што самиот си го ископал (оттогаш црквата го носи името "Св. Климент и Пантелејмон").На 11 август 2002 година, Архиепископот Охридски и македонски г.г. Стефан во сослужение на сите архиереи на МПЦ, ја освети Возобновената манастирска црква "Св. Климент и Пантелејмон" на Плаошник.фото: Охрид 1

Македонија | пред 5 години

taravari-1

Таравари: Би прифатилe да бидеме дел од новата Влада заедно со ДУИ, само ако Насер Зибери е премиер

Алијансата за Албанците би прифатила да биде дел од новата Влада заедно со Демократската унија за интерграција (ДУИ), само доколку мандатар биде Насер Зибери, во сите други случаи се за ДУИ да отиде во опозиција.Ова за Телма го изјави Арбен Таравари, од Алијансата за Албанците кои на изборите настапија заедно со Алтернатива и освоија 12 пратенички мандати.„Формирањето на Влада е игра на бројки, нормално, ние сме кажале, ако мандатар е Насер Зибери, ние ќе го поддржиме. Ако не, сите други комбинации кадешто би се нашле со некого со одредени програмски точки и принципи на добро владеење, тука сме да помогнеме и доколку можеме да направиме 61 пратеник без ДУИ“, рече Таравари. 

Македонија | пред 5 години

pendaroski-nurkaci

Пендаровски во Охрид го посети армискиот нуркачки тим од Баталјонот на специјалните сили

Претседателот на државата и Врховен командант на Вооружените сили, Стево Пендаровски, денеска го посети нуркачкиот тим од Баталјонот на специјалните сили на Армијата, што изведува обука во летни услови во Центарот за обука на вода во Охрид.Припадниците на тимот го информираа претседателот Пендаровски за нивните тековни активности, беа прикажани нивните капацитети и способности, како и опремата што ја користат, а беа демоностирани и неколку показни вежби.Нуркачкиот тим во месец јули престојуваше во Атина, Република Грција, каде заедно со грчката специјална единица изведуваше обука за нуркање. Со тоа, единицата започна циклус на соработка со грчката специјална единица, во рамки на заедничката соработка на двете армии на земји-членки на НАТО. Покрај со грчката армија, ваков вид на соработка се реализира со повеќе армии од земји-членки на НАТО.Претседателот Пендаровски на припадниците на нуркачкиот тим, кои своите способности ги имаат докажано и во поддршка на цивилни институции, им посака натамошна успешна работа и изрази очекување да продолжи натамошната успешна соработка со партнерските армии од НАТО алијансата.

Македонија | пред 5 години

117293777_10158703204724726_4799295445897456949_n

ФОТО: Капм Љубаништа во сиот свој сјај!

„Да не помисливте дека денес ќе поминеме без фотки од нашата прекрасна земја и нашата велелепна примитивност?!Немат шанси!Капм Љубаништа во сиот свој сјај!!! Стајте наочари!! Бљешти!“, напиша актерката и активистка, Ирена Ристиќ.https://www.facebook.com/irena.ristic.779/posts/10158703204829726

Македонија | пред 5 години

koronavirus-kovid-19-pacient-lekari-2

200 новозаболени....боли, многу повеќе боли 523 починати

ФБ статус на денис Јанкуловски од Центарот за јавно здравје:200 новозаболени....боли. Секојдневно боли што има речиси ист или приближен број на заболени. Боли што не можеме да се разбереме, немаме комуникација, нема слушање, нема почитување на мерки.Многу повеќе боли 523 починати. Тоа се 523 лица нечии роднини, нечии браќа и сестри, мајки, татковци баби и дедовци, пријатели, комшии, другари, нечии ортаци од патија шах во парк. 523 раскажувачи на приказни од минатото на своите внучиња. 523 родители на наши најдобри другари.523 насмевки, прегратки, радости за родендени, свадби, крштевки.523 Добро утро и Лека ноќ.523 наши луќе, сонародници, сожители, соседи.Боли и еден загубен живот. А 523?!?! Сакате и со зборови?ПЕТСТО ДВАЕСЕТ И ТРИ!!!!!!!!!!!!А дали знаете дека тоа се 523 лица кои и не морале да заболат и починат? Но ете, ја имале таа несреќа да живеат во средина со многу мангупи, мангупи кои од почеток кријат за својата состојба а положиле Хипократова заклетва, мангупи на кои им е побитна свадбата отколку општото здравје, мангупи кои не сакаат да носат маска, не почитуваат дистанца, тие мангупи и непромисленици НЕ МОЖАТ без денска шема, одмор со крајно нехумано однесување, тие едноставно не можат без Viski i dzin to je sada in, за нив препораките од Министерството за здравство се гола вода затоа што се лага и превара освен веродостојните информации од edikojsibezvrska.poglupsajtdanemozedabide.com и кои ги прифаќаат толку лесно и безрезервно да не можеш да поверуваш.Иако можевте многу порано сеуште не е доцна - покажете доблест, покажете малку човечност ако ја има во вас. Имајте милост кон хроничните болни, кон оние кои се ослабен организам и имунитет, можеби вие мислите дека немате такви во близина ама знајте дека и не се така далечни.Ако веќе не се грижите за себе тогаш имајте милост кон останатите кои со ништо не згрешиле да се ваши жртви додека вие лумпувате со столици у вис.Во ова време невреме децении наназад се зголемува бројот на луѓе кому овој и вакви вуриси и бактерии се потенцијален exitus letalis или СМРТ!!!!СМРТ....СМРТ....СМРТ....Не знам како не ви значат овие бројки и како мислите на пример да заврши ова? Ќе дојде некој Хари Потер и ќе рече expecto patronum corona ciao? Дајте совземете се, чукнете се повеќе пати и размислете. Знаете дека и вие може да се заразите или еден на некој линк рече дека сте заштитени?Сите имате некој близок кој е во ризична група, а како што гледате не се само старите лица. Речете си еднаш во овие 6 месеци, чекај бе, може имаат право. Па и нека е вештачки, нека е и направен во некоја лабораторија, нека е се масло на Бил или некој неБил. Што е тоа битно или пресудно? Ако знаете дека е направен во АРЕА 51 помирно ќе спиете? Еве ок, вештачки е?И сега? Што? Ќе смениме нешто во концепцијата на однесување? Има различен settings за природен и вештачки? Полесно е ако е едно а не е друго? Не знам, затоа прашувам.Уф, многу се нервирам што ќе го кажам ова после месеци и месеци ама еве ајде со надеж дека некому ќе светне сијаличката:Корона вирусот е тука и присутен, каков и да е. Дали се со симптоми, лесни, благи или потешки, дали се асисмптоматски - позитивни се сакале да верувате или не. И до вас се, доволно е да погледнете малку подалеку од вашето раме.А заклучно со денес 523 лица за жал тоа го осетија на своја кожа, неповратно. Бог да ги прости.А вам не ви простувам за однесувањето, извинете вака. Па и да не ми извините, исто ви е.Космонауткоhttps://www.facebook.com/denis1971/posts/10217673940787969

Македонија | пред 5 години

105922998_3082254815173169_1883014946108155323_o

(ФОТО) Апасиев до Шеќеринска: Се моли да иде у пи**у матер

Пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев, упати навреда кон ексминистерката за одбрана и пратеничка, Радмила Шеќеринска. Тој и фејсбук статус, на деветнаесет годишнината од масакрот кај Криволак, нарејуваќи ја министерка за одбрана на УЧК.„Се моли Шеќеринска да иде у пи*ку матер. Од Карпалак, па лево!“, напиша Апасиев.https://www.facebook.com/defensor.plebei/posts/3207868405945142

Македонија | пред 5 години

117444459_10157543646592544_4567468582381292701_n

(ФОТО) Велешанец моли за помош, неговиот брат со автомобил излетал во река - бара луѓе да се вклучат во акцијата

„ИТНО ИТНО ИТНО ИТНО!!! Levko Dimovski ве замолува за помош која во моментов и те како му е потребна. Се работи за неговиот брат Спасе Димовски кои се претпоставува дека излетал со кола во река. Уште еднаш ве замолуваме сите што можат да се вклучат во акцијата за негово пронаоѓање и да ја споделат информацијата. Секакво инфо и помош е добредојдена, а телефонскиот број за контакт е 070628167“, напиша диџејот Владимир Блажев ака Панчо од ДНК.https://www.facebook.com/pancho.shortydnk/posts/10157543646277544https://www.facebook.com/photo.php?fbid=3167165300041555&set=a.103096469781802&type=3&theater

Македонија | пред 5 години

vakcina

Филипче: Дел од стратегијата е двојно зголемување на бесплатните сезонски вакцини против грип

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче во изјава за телевизија Алсат истакна дека ресорното министерство презема чекори за зголемување на болничките капацитети со 16 нови ковид центри, зголемување на капацитетите за брза дијагностика, како и зајакнување на медицинскиот персонал во пресрет на есенскиот евентуален нов бран од ковид-19.Тој потенцираше дека се подготвуваат 16 ковид центри по примерот на монтажната модуларната болница, која се наоѓа веднаш до Инфективната клиника. Со овој чекор, се зголемува бројот на болнички кревети во сите болници низ територијата на цела Република Северна Македонија. Преку овој начин, целосно ќе се оделат овие пациенти со ковид-19 од редовните програми на болниците. Во центрите ќе има брза дијагностика. Веднаш да се знае после приемот дали пациентот е носител или не на вирусот. Да се знае по која патека да се движи. Младите лекари, кои добија лиценци за работа веќе прифатија огромен дел од нив пред неколку недели, да работат со своите постари колеги.Во изјавата на телевизија Алсат, министерот Филипче посочи дека дел од стратегијата е двојно зголемување на бесплатните сезонски вакцини против грип. Вакцината нема да биде задолжителна, но е важна мерка за заштита за луѓето од најранливите групи.„Ќе ги вакцинираме сите лица постари од 65 години, пензионери, ќе има вакцина и за здравствените работници, за трудниците…тие коишто сметаме дека најмногу треба да се заштитат. Верувам дека ќе има добар одзив, и дека ќе прифатат вакцинација. Да се заштитат барем од сезонскиот грип, заради тоа што за тоа има заштита-вакцина. Сега гледаме колку е вакцинацијата битна, кога се соочуваме со болест за која што нема вакцина“ - изјави Филипче.

Македонија | пред 5 години

koronavirus-ukrepi-

Денеска 200 нови случаи на ковид 19, починаа 4 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1828 тестирања, а регистрирани се 200 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-65, Куманово-14, Дебар-6, Штип-21, Прилеп-3, Тетово-12, Струга-5, Велес-12, Битола-7, Охрид-4, Кавадарци-7, Гостивар-14, Струмица-1, Крива Паланка-1, Радовиш-4, Кочани-5, Пробиштип-3, Демир Хисар-2, Македонски Брод-4, Свети Николе-3, Кичево-6, Неготино-1.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 15 оздравени пациенти од: Велес-2, Битола-6, Демир Хисар-1, Македонски Брод-1, Кичево-3, Ресен-2.Починати се 4 лица, пациент од Скопје (70г.), пациент од Гостивар (58г.), пациент од Куманово (51г.) и пациент од Македонски Брод (66г.). Два пациенти се починати во болнички услови, два се починати вонболнички.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11754,  бројката на оздравени пациенти е 7622, на починати е 523, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3609. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 5116, активни 1305• Куманово 1139, активни 267• Дебар 216, активни 125• Штип 944, активни 392• Прилеп 344, активни 48• Тетово 1093, активни 208• Струга 478, активни 195• Велес 239, активни 30• Битола 161, активни 71• Охрид 298, активни 90• Кавадарци 104, активни 82• Гостивар 549, активни 313• Гевгелија 24, активни 13 (*7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 3 на Богданци)• Струмица 40, активни 24• Крива Паланка 26, активни 12• Радовиш 33, активни 10• Крушево 16, активни 7• Кочани 113, активни 25• Пробиштип 62, активни 20• Демир Хисар 42, активни 31• Македонски Брод 51, активни 40• Пехчево 6, активни 0• Берово 8, активни 4• Валандово 7, активни 1• Виница 28, активни 24• Делчево 5, активни 4 (*4 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 14, активни 4• Свети Николе 233, активни 121• Кичево 188, активни 115• Ресен 146, активни 17• Неготино 31, активни 11 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 1828 теста се преку: ИЈЗ-868, ЦЈЗ Скопје-20, Авицена-162, Биотек-141, МАНУ -95, Жан Митрев (Филип Втори)-315, Систина со PCR метода -148, Судска медицина -0, ЦЈЗ Битола-61, Инфективна клиника-8, ГАК-10. Досега во земјата се направени вкупно 113619 тестирања на ковид -19.  Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 4 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 80 пациенти. На кислородна поддршка се 37 пациенти, нема на механичка вентилација.Во болницата во Козле се хоспитализирани 14 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 4 деца позитивни на вирусот, а 3 пациенти суспектни на вирусот.Во ГОБ „8 Септември“ примени се 9 нови, вкупно хоспитализирани се 74 пациенти. На респираторна машина се 5 пациенти.Во болницата во Битола се хоспитализирани 28, а во болницата во Штип се хоспитализирани 46 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 123 пациенти - позитивни и сомнителни на ковид-19.

Македонија | пред 5 години

Foto

Делегација од Кабинетот на Претседателот оддаде почит на 10 армиски резервисти загинати кај Карпалак

Делегација од Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, по повод 19-годишнината од загинувањето на 10 армиски резервисти кај месноста Карпалак, денеска положи цвеќе пред спомен-плочата кај месноста Карпалак на автопатот Тетово – Скопје и пред комплексот „Карпалак“ во Прилеп.Во понеделник, 10 август 2020 година, делегација од Кабинетот на Претседателот ќе положи цвеќе пред спомен-обележјата во општина Ѓорче Петров, пред спомен-обележјето во село Љубанци, и во касарната „Илинден“ во Скопје, по повод 19-годишнината од загинувањето на осум армиски резервисти кај месноста Љуботенски бачила, скопско.

Македонија | пред 5 години

protest

„Стоп за грабежот“: Ветинг на судиите и враќање на извршителите во судот

Неформалното здружение на граѓани „Стоп за грабежот“ денеска на прес-конференција побара повторно извршителите да се вратат во рамки на судот.На тој начин, како што велат, ќе имаме поправични судења и поправични процеси и ќе дојдеме повеќе до правда. Бараат и ветинг на судиите.„Бараме ветинг на судиите затоа што во самата судска власт имаме криминални судии. Имаме и во Судскиот совет, кој формално постои и не ги надгледува судиите, односно не си ја работи работата. Тоа е се формално. Судиите и во Оновен 1 и Основен 2, Судскиот совет, обвинителите и Советот на обвинителите не си ја работат работата, изјави Ана Глигорова, член на „Стоп за грабежот“, коешто организираше и протестен марш од пред Министерството за правда до комплексот судови. 

Македонија | пред 5 години

deca

(ВИДЕО) Како туристите го уништуваат Охрид?

На социјалните мрежи се објави видео, со кое деца се „фалат“ што направиле. на видеото се гледа како две деца, во раце држат трето и со главата го удираат во машина играње на кејот во Охрид. Очигледно настанот се случил во раните утрински часови, кога нема шетачи по градскиот кеј.Не е познато дали и колку некое од децата е повредно во оваа „игра“, ако може така да се нарече.Дали родителите од овие деца, но и други како нив знаат каде им се децата и како го поминуваат одморот?

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Ангеловска: Барајте ги сметките, со неиздавање вашите 5 или 18% продавачот ги зема за себе

МојДДВ веќе брои над 315.000 корисници.Барајте ги вашите сметки и скенирајте ги – не само затоа што остварувате право на поврат и може да добиете некоја од дневните и месечни награди туку и поради тоа што учествувате во борбата против сивата економија, против затајувачите!, информира министерката за финансии Нина Ангеловска.„Барајте ги и скенирајте ги вашите сметки затоа што:Дел од пораките во МојДДВ #МојаНаграда.Со неиздавање на сметка вашите 5 или 18% продавачот ги зема за себе, наместо да бидат употребени за доброто на сите!И трговецот кој не го уплаќа вашиот ДДВ во буџетот го користи здравствениот и образовниот систем.Со неиздавање на сметка продавчот прави нелојална конкуренција на чесните продавачи кои си го плаќаат данокот!Со последните измени како одговор на ковид предизвиците беа направени промени во МојДДВ и #МојаНаградаСекој ден по случаен избор се доделуваат 20 награди x 1000 ден. и секој месец 15 награди x 20.000 ден.Повратот на ДДВ за македонски производи сега изнесува 20% и 10% за останатите.Причина плус да ги одбереме домашните производи кога купуваме и со тоа да им помогнеме на домашните компании и македонската економија и причина плус да ги бараме секогаш и секаде нашите сметки и да го јакнеме даночниот морал.Сите можеме да придонесеме! Сега повеќе од било кога мораме да ја зајкнеме борбата со сивата економија која е штетна за нашата економија, за нашето општество, напиша на својот Фејсбук профил Ангеловска.

Македонија | пред 5 години

dimce

Арсовски: Зошто СДСМ крие неколку стотици илјади евра за реклами на социјални мрежи и од каде им се?

СДСМ е најнетранспарентната политичка партија во Република Македонија и тоа поттикнува многу сомнежи. СДСМ овие избори ги изведе на најнедемократски начин, вршејќи најголем изборен грабеж и поткуп на терен. Во извештајот поднесен до ДЗР за потрошени средства во кампањата од страна на коалицијата „Можеме“, СДСМ ги крие трошоците и сумите кои ги потрошиле за одредени ставки и спецификации, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Зошто? Најверојатно сомнителни им се изворите на пари и затоа не се транспарентни да ги објават, колку суми и колкави пари потрошиле за оваа кампања.Доколку внимателно се погледне извештајот, во ниту една ставка не може да се најде извештај и сума колку пари потрошиле СДСМ и коалицијата „Можеме“ за рекламирање и рекламен простор, односно платени, спонзорирани реклами на социјалните мрежи, конкретно на Фејсбук, Инстаграм итн.Очигледно е дека кријат свесно и свесно сакаат да ги изманипулираат граѓаните.Но, да потсетиме, во текот на кампањата излезе анализа од експерти низ медиумите, дека СДСМ дневно троши на социјалните мрежи за реклами околу 27.000 евра на ден, што пак во текот на кампањата достигнува цифра од над половина милион евра реклами, само за на социјалните мрежи.Прашањето е следно, зошто овие суми не ги пријавува СДСМ и од каде им се овие суми на пари за финансирање на социјалните мрежи.Дали можеби тоа се парите од рекетот кој го изрекетираа Заеви и СДСМ во милионски суми, за кој што се уште не одговараа?Дали нетранспарентноста на СДСМ ја потврдува тезата дека СДСМ оваа кампања ја финансирала т.н. „црни пари”?Ова се прашањата на кои што треба да ги одговорат од СДСМ, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Медицински техничар од Шведска во поддршка на колегите на Инфективна клиника

Ханс Јорген Михаел Селберг е медицински техничар од Шведска којшто пристигна во нашата држава на 4 август преку европскиот механизам за цивилна заштита за да им помогне на своите колеги во Универзитетската Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби при нега на пациенти болни од Ковид19.Од Инфективната клиника велат дека Јорген одлично се вклопи во работниот процес со своите нови колеги. Тој им ги пренесе своите искуства на колегите од нашата држава, а тие му помогнаа да се вклучи во работните процеси.„Незимерно сме благодарни на неговата солидарност и желба за помош и се надеваме дека ваквите иницијативи за меѓусебно помагање ќе продолжат и во иднина.“ – изјавуваат од клиниката.Неговиот работен ангажман ќе трае еден месец. За целиот овој период тој ќе работи на Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби.Преку Дирекцијата за заштита и спасување, која е главен координатор на европскиот механизам за цивилна заштита од почетокот на кризата со Ковид-19 досега беше реализирана поддршка за повеќе државни институции во нашата земја меѓу кои и за МЗ.

Македонија | пред 5 години

08082020_VRSM_polozhuvanje_cvekje_Karpalak-1

Владата оддаде почит на загинатите бранители на Карпалак

Во име на Владата на Република Северна Македонија, Драган Василевски, советник за одбрана на претседателот на Владата, денеска, положувајќи свежо цвеќе на спомен-плочата во месноста Карпалак, на автопатот Скопје - Тетово, оддаде почит и учествуваше во одбележувањето на 19-годишнината од за загинувањето на десетмината припадници на резервниот состав на Армијата во оружениот конфликт во 2001 година.Пред спомен обележјето посветено на прилепските бранители, Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушидоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски, венци со свежо цвеќе положи и делегација од Министерството за одбрана и Армијата на Република Северна Македонија, делегација од Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, делегации на прилепската локална самоуправа, претставници од составот на резервните воени обврзници, членови на семејствата и пријатели на загинатите.Споменот и одбележувањето на годишнината од смртта на десеттемина армиски резервисти започна синоќа во Прилеп, каде во име на Владата на Република Северна Македонија, советникот на претседателот на Владата, Драган Василевски, положи свежо цвеќе пред спомен-обележјето во касарната „Мирче Ацев”, како и пред споменикот на бранителите во прилепското село Лениште.

Македонија | пред 5 години

marihuana-vo-torba

Албанската полиција заплeни 32 килограми марихуана чија дестинација била нашата земја

Албанската полиција спречи обид за шверц на марихуана која требало да биде префрлена на македонска територија, преку зелениот појас на албанско – македонската граница кај Струга.– По добиените информации по оперативен пат, спречен е обид за шверц на 32 килограми марихуана. Две лица албански државјани со возило требало на илегален начин да преминат на територија на Северна Македонија, на границата кај Либражд. Запленета е дрогата и возилото со кое се транспортирала дрогата, стои во полициското соопштение на комесаријатот од Елбасан. Посочуваат дека кога ја забележале полициската гранична патрола, двете лицата кои биле во возилото го напуштиле и се дале во бегство,откако претходно со маневрите кои ги правеле со возилото ги довеле во опасност животите на граничните полицајци. Подоцна едниот од нив Л.Н.(43), жител на селото Пискаш Вери, општина Прењас, е уапсен на граничниот премин Ќафасан при обид да замине во Северна Македонија, додека се трага по Л.А.(41), жител на селото Вери, Општина Поградец. Ова е последователна успешна акција на албанската полиција во борбата против недозволената трговија со марихуана чија дестинација била нашата земја.Во четвртокот попладне на граничниот премин „Блато“ кај Дебар, албанската полиција заплени 370 килограми марихуана во камион со лого на произведувач на мебел, при излез од албанската на македонската територија.

Македонија | пред 5 години

prostitutki

Поради сомнение за трговија со луѓе, уапсени 17 женски лица и сопственик на угостителски објект

Инспектори од Министерството за внатрешни работи врз основ на писмена наредба од судија по претходна постапка при Основен суд Гостивар бил извршен претрес во угостителски објект и други помошни простории сопственост на Р.Б.(46) од с. Добридол, поради основано сомнение за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од Кривичниот законик на Република Северна Македонија.При извршениот претрес во угостителскиот објект биле затекнати десет женски лица на возраст од 21 до 39 години од кои три се државјанки на Република Северна Македонија, шест се државјанки од Република Албанија и една е од Република Косово, кои заедно со сопственикот на угостителскиот објект Р. Б. биле лишени од слобода и задржани во полициска станица Гостивар поради основано сомнение за извршено кривично дело трговија со луѓе од Кривичниот законик на Република Северна Македонија и против нив по завршување на постапката ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Македонија | пред 5 години

velosiped

Велосипедист тешко повреден, возачот на автомобилот избегал

Скопјанец на возраст од 24-години била префрлен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ со повреди здобиени од сообраќајна незгода. Од МВР информираат дека тој бил повредена додека со велосипед движел во населбата Илинден и бил удрен од непознато патничко моторно возило управуван од засега непознат возач кој по незгодата го напуштил местото на настанот. На повредениот му биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 5 години

droga-prodazba

Малолетник затекнат како продава дрога

Вчеравечер и во текот на ноќта се уапсени тројца жители на Скопје откако полицијата пронашла дрога, при извршен претрес. Истовремено, полицијата во Неготино поднела известување до Обвинителството во Кавадарци, откако малолетник бил затекнат како набавува дрога, а потоа му ја дал на негов другар за употреба.„Полициски службеници од СВР Скопје на ул.“Митрополит Теодосиј Гологанов“, го лишиле од слобода М.С.(21) од Скопје затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена прашкаста материја. На подрачјето на Гази Баба уапсени се А.Б.(32) и Г.Т.(39) двајцата од Скопје затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок“, информираат од МВР.За случајот во Кавадарци, сега Обвинителството теба да одлучи дали ќе повеќе кривична постапка против 17-годишникот кој бил затекнат како продава дрога пред една година.„ОВР Неготино поднесе известување до ОЈО Kавадарци против 17-годишник од Кавадарци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување употреба на наркотични дроги“. Имено, на 21.09.2019 околу 16.00 часот пријавениот, заедно со свој другар од Кавадарци дошле во Неготино, каде се сретнале со М.Д. од Неготино и откако набавиле марихуана пријавениот му ја дал за употреба на М.Д.. При вршење на контрола од полициски службеници, тие биле пресретнати како употребуваат марихуана, а при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана помешана со тутун“, додаваат од МВР.

Македонија | пред 5 години

MEGA2243

Импресионирачки спој на звуци од флејта и гитара на „Охридско лето“

Македонско-француското дуо „СолиПс“ вчеравечер приреди вистинско уживање со концертот за флејта и гитара што го одржа во црквата „Света Софија“ како дел од програмата на фестивалот „Охридско лето“.Реномираните уметници, флејтистката Елена Стојческа и гитаристот Роман Петио, го започнаа својот настап со Големото концертантно дуо оп.52 за да потоа да го претстават Прелудиумот за попладнето на еден фаун од Клод Дебиси и да го заокружат  првиот дел од концертот со Приказната за тангото на Астор Пјацола. Вториот дел беше посветен  на композиторот Рави Шанкар преку изведувањето на неговата Магична зора на рага Тоди, на Равеловата Пиеса во форма на хабанера, а музичкото доживување заврши со Четири македонски песни за алт, флејта и гитара од композиторот Мирослав Тадиќ.Флејтистката Стојческа доаѓа на „Охридско лето“ по една деценија, и како што рече, посебно е чувството при секој нејзин настап на фестивалскиот подиум.-Пред десет години свирев на „Охридско лето“, а претходно на фестивалот бев во 2002 година. Секое настапување овде предизвикува прекрасни чувства. Посебно е чувството кај мене, секогаш кога се враќам и свирам во Македонија, во овој магичен амбиен во црквата „Света Софија“. Комбинацијата е оригинална, а самиот репертоар, дел е оригинален, дел се транскрипции. Го адаптираме, но звуците добро се вклопуваат, изјави Стојческа.„Охридско лето“ кое одбележува шестдецениски јубилеј, годинава претставува најголемата радост за уметниците од целиот свет кои од почетокот на пандемијата на ковид 19 ги откажаа сите настапи на концертните подиуми пред публиката, се разбира, според сите здравствени протоколи.-Прекрасна е црквата каде што настапуваме и градот воопшто.Големо е задоволството за нас како уметници да се настапи на „Охридско лето“ бидејќи најголем дел од фестивалите се откажани поради коронакризата во светот. Среќен сум што не се откажа и  овој фестивал. Навистина извонреден е целиот труд што е вложен за да се реализира годинешната фестивалска програма, рече гитаристот Петио.Дуото „СолиПс“ во своето деветгодишно постоење бележи настапи на голем број сцени и фестивали ширум Европа. Свири главно музика создавана во 20 и 21 век, но покажува интерес и за музиката што е инспирирана од фолклорот, па така, посебно внимание им  посветува на делата од: Бела Барток, Душан Богдановиќ, Мирослав Тадиќ, Рави Шанкар.Во своите домашни колекции, флејтистката Елена Стојческа и гитаристот Роман Петио имаат бројни награди за нивните музички настапи.   

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања